Инфомацеф бр 174

Page 1

Број 174

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Септември 2017

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина `+

Во овој број:

  3    

Од уредникот Активности на МАЦЕФ Новости од Македонија и светот Занимливости Корисни web-адреси Манифестации

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Во изминатиот месец главните активности беа насочени кон организациски задачи за работење на проектите во следните месеци. Ги завршивме подготвителните организациски работи и пристапуваме кон изработка на Програм и План за Енергетска ефикасност на град Скопје, за наредниот тригодишен период. Потпишан е договорот сo GGF (Green for Growth Fund) за техничка поддршка на Халкбанка при доделување на кредити за набавка на опрема и инсталации поврзани со енергетската ефикасност. Колегата Ж. Илиевски се приготвува за пат во Измир (Турција) за состанок со учесниците во овој проект од неколку земји. За да се задоволат потребите на енергетските контролори, на 20 и 21 октомври го организираме Третиот циклус на обука за Усовршување на енергетски контролори. Усовршување на енергетски контролори втор циклус – условите за пријавување за третиот циклус ќе ги најдете на нашата страница www.macef.org.mk Завршна конференција во Виена на проектот СЕЕРМАП Во очекување сме доставените пријави за продолжување на Овластувањата на енергетските контролори, кои ја завршија обуката за усовршување, да бидат потпишани до средината на месец Октомври. До крајот на месецот очекуваме да ја “видиме“ и првата нацртверзија на Законот за енергетика, а се надеваме дека тој ќе биде поделен во два назависни закони ( за Енергетика и за Енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија). Кога ќе ја добиеме верзијата на Законот/ите, веднаш ќе ја објавиме и на нашиот веб портал и ќе ве поканиме да придонесете за негово оформување. Нашите очекувања (желби) се во него да се дозволи приватните лица да смеат да вградуваат на своите покриви фотонапонски колектори (со определен капацитет) при директно врзување со дистрибутивната мрежа. Со тоа ќе се намали висината на инвестицијата (нема потреба од акумулатори), а веруваме ќе се подобри и квалитетот на електричната енергија во дистрибутивната мрежа (напон). До читање со следниот број

Проф. д-р Константин Димитров ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - ЗЛЕК – Заедница на лиценцирани енергетски контролори - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацијата на Консултантски организации

- на РЕЕЕП, официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ

Усовршување на Енергетски контролори – Втор циклус Вториот циклус за Усовршување на енергетски контролори, во согласност со најавениот интерес и потребите на учесниците, се реализираше на 15 и 16 септември (петок и сабота). Предавањата започнаа во 10 часот, за да можат учесниците кои не се од Скопје, да допатуваат на време, а и да се вратат дома. Основната Програма за Усовршување на контролорите, беше дополнета со предавања кои се поврзани со пресметка на заштедите на енергија од мерки за енергетска ефикасност, според методата Оддолу-нагоре. Оваа метода е и дел од Правилникот за енергетска контрола. При тоа, на обуката беа претставени 40 случаи (приготвени за потребите на земјите членки на ЕУ). Исто така, на обуката беа прикажани основите за користење на софтверската МВП Платформа, која треба да ја превземе Министерството за економија, а да ја користи Агенцијата за енергетика. Овој материјал (книга од 300 страни) беше даден на учесниците во рамките на цената за обука. Со цел да ги прошириме информациите кои се однесуваат на практични решенија, дел од обуката се реализираше во лабораторијата (техничкиот парк) на компанијата Енергосистем. Завршна СЕЕРМАП конференција во Виена На 14-ти септември во Енергетската заедница во Виена, се одржа завршната конференција на проектот СЕЕРМАП, каде што беа презентирани завршните сценарија за декарбонизација на балканскиот регион со визија до 2050 година. На конференцијата свои презентации имаа претставниците од сите вклучени земји од регионот. Од Македонија присуствуваа претседателот Ј.Д. Капац од МАЦЕФ и П. Атанасовски од АЕРМ кој ја презентираше состојбата во Македонија. Започнати се подготовки за продолжување на овој проект, со проширување на групата земји партнери. Повеќе... ИЗРАБОТУВАМЕ ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛИ Издаваме СЕРТИФИКАТИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ Издаваме Изјави/Потврди за исполнување на барања за минимални енергетски карактеристики, потребни за вадење градежна дозвола. Приготвуваме ИЗЈАВИ/ПОТВРДИ за станови кои треба да се понудат на пазар за продажба или изнајмување. Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 178 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 173

Страница 2

општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика. ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Новости од Македонија Моментално не можат да се исполнат целите за рециклирање на амбалажен отпад Асоцијацијата на секундарни суровини и рециклатори при Стопанската комора на Македонија бара соработка со јавните комунални претпријатија и со општините за да може да се остварат националните цели до 2020 година на ниво на држава и да се соберат и рециклираат 60 проценти од отпадот од амбалажа. Ико Бардароски од Асоцијацијата на секундарни суровини и рециклатори на прес-конференција посочи дека потребни се значајни инвестиции во инфраструктурата и во контејнери, како и инвестиции од страна на јавните комунални претпријатија доколку сакаме да ги оствариме зацртаните национални цели. - За исполнување на овие национални цели, коишто се сериозно високи, потребна е инвестиција во инфраструктурата, во контејнери и во подигнување на јавната свест и едукација за отпадот од пакување. Како колективни постапувачи во изминативе пет години имаме инвестирано во над 5.000 контејнери на ниво на држава и повеќе од 3.000 помали садови, рече Бардароски. Повеќе... Македонија ќе го регулира фрлањето храна со закон Македонија фрла по 5.000 тони храна годишно, количини кои може да снабдат 13.000 луѓе со три оброка дневно. За надминување на ваквата состојба се изготвуваат законски измени кои, како што беше речено денеска во Стопанската комора, ќе бидат готови најдоцна до почетокот на идната година, а предвидуваат наместо да се фрла, храната да се донира во хуманитарни цели. Со регулирањето на фрлањето на храната најпрво ќе бидат опфатени маркетите, добавувачите и производителите по што, во втората и третата фаза ќе бидат таргетирани и рестораните, кетеринг службите и домаќинствата. - Македонија е седма во светот по фрлање храна, а штетата од тоа достигнува 10 милиони евра. Најмногу храна фрлаат домаќинствата, дури потоа се рестораните, производителите и добавувачите. Бројките се многу сериозни и веројатно достигнуваат 10 илјади тони годишно, количина која би можела да биде основа за една цела нова социјална програма за загрозените, истакна Блаже Јосифовски, претседател на Асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија“ која е иницијатор на законските измени. Повеќе...

Поништен тендерот за набавка на гумени ленти за РЕК Битола. АД ЕЛЕМ соопшти дека е поништен тендерот за набавка на гумени ленти за потребите на РЕК Битола поради тоа што на последната аукција се понудени повисоки цени од планираниот буџет за нив. - Раководството на АД ЕЛЕМ донесе одлука да го поништи тендерот за набавка на гумени ленти за РЕК Битола. Причина е тоа што на последната, трета аукција, понудените цени во четири лота се повисоки од планираниот буџет за нив, додека во еден лот понудената цена е повисока од реалната на пазарот - се вели во соопштението. Од компанијата појаснуваат дека доколку нема жалби на одлуката и доколку одлуката за поништување на тендерот стапи на сила, тогаш веднаш ќе се пристапи кон распишување на нов тендер бидејќи гумените ленти се неопходни за да може РЕК Битола непречено да работи. Вкупниот буџет планиран за сите четири лота изнесува 258.300.000,00 денари. Од АД ЕЛЕМ информираат и дека предметот во врска со тендерот за ископ на јаглен во РЕК Битола се` уште е на одлучување кај државната комисија за жалби по јавни набавки. Оттаму АД ЕЛЕМ очекува одлука и насоки како да постапи во врска со оваа јавна набавка. Повеќе... Анѓушев: ЕЛЕМ нема да се приватизира АД „Електрани на Македонија“ нема да се приватизира, а обврската согласно новиот закон за енергетика и препораките на Европската унија да се издвои сопственоста на ЕЛЕМ и МЕПСО ќе се реши по примерите во регионот, најави вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. - Мој став е, а и на Владата, дека приватизација на ЕЛЕМ нема да има. Обврската да се издвои сопственоста на ЕЛЕМ и МЕПСО ќе ја направиме на тој начин што различни институции во државата ќе бидат одговорни за МЕПСО и ЕЛЕМ посебно. Тоа е начинот на кој тоа е направено во останатите држави од регионот, прецизира Анѓушев одговарајќи на новинарско прашање по потпишувањето на договорот за ревитализација на ТС „Дуброво“. Тој нагласи дека нема да стане збор за никаква приватизација на ЕЛЕМ, а особено не на МЕПСО. - Законот за енергетика е во фаза на изработка со помош на Енергетската заедница за да бидеме сигурни дека ќе бидат имплементирани сите европски норми, посочи Анѓушев. Повеќе... Просечната малопродажна цена на струјата за домаќинствата пониска од лани Во првите шест месеци од годинава просечната малопродажна цена на електричната енергија за домаќинствата изнесуваше 5,017 денари по киловат-час, што претставува пад од 1,3 отсто во споредба со второто полугодие во 2016 година. Просечната малопродажна цена на природниот гас за домаќинствата за истиот период изнесуваше 31,464 денари по нормален кубен метар. Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 3,417 до 8,084 денари по киловат-час по групи потрошувачи. Просечната цена, пак, на природниот гас без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 15,709 до 22,673 денари по нормален кубен метар по групи потрошувачи. Повеќе...

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 173

Страница 3

Втор двогодишен извештај за климатски промени На 21 септември 2017г. (четврток), со почеток во 9ч., во просториите на Македонската Академија на науки и уметности (МАНУ) се одржа работилница за презентација на резултатите од анализите подготвени во рамките на проектот “Втор двогодишен извештај за климатски промени” поврзани со: • ублажување на климатските промени (опфатени сектори: енергетика, земјоделство, шумарство и користење на земјиштето и отпад); • соодветни механизми за мониторирање, известување и верификација на резултатите (опфатени сектори: снабдување со енергија, згради и транспорт); како и • финансиски и технички потреби во однос на потребните капацитети. Повеќе...

Новости од светот САД искористуваат дел од стратешките резерви на нафта за справување со ураганот Харви Одделот за енергетика на САД дистрибуираше еден милион барели нафта од Стратегискиот резервоар за нафта (СПР) за да им помогне на енергетската индустрија да ги намали високите цени во пресрет на ураганот Харви. Ова е прв пат итните резерви да бидат користени од времето на ураганот Исак, кој затвори 95 отсто од производството на нафта во Мексиканскиот Залив во 2012 година. Повеќе... Роснефт потпиша договор за производство на нафта и снабдување со Кина Руската нафтена компанија Роснефт најави договор за стратешка соработка и долгорочен договор за снабдување со нафта со Кинеската енергетска компанија CEFC. Договорот беше запечатен на маргините на Самитот на БРИКС во Ксиамен, Кина. Според Роснефт, договорот ќе го забрза развојот на истражувачки и производствени проекти во Западен и Источен Сибир. Двете компании, исто така, се согласија да соработуваат во рафинирање, петрохемиски производи и трговија со сурова нафта. Повеќе... Руска фирма потпиша договор за енергетско истражување на јужноафриканската плоча Руската геолошко истражувачка компанија Розгео и јужноафриканската национална нафтена компанија ПетроСА потпишаа договор за оф-шор дупчење на маргините на самитот на БРИКС во Ксиамен, Кина. Договорот е вреден околу 400 милиони долари и ќе трае во текот на следните 10 години. Росгео има за цел да почне да истражува два блока од јужниот брег на земјата. Договорот опфаќа огромен број геолошки истражувања, вклучително и дупчење на истражувачки бунари. Се очекува компанијата да изврши 3D сеизмички операции на 1.500 квадратни милји и гравитационо-магнетни истражувања на над 8.000 милји. Повеќе... Западна Австралија се приклучува на две третини од земјата за да ја забрани фракцијата Најголемата држава во Австралија најави мораториум на хидрауличното фракционирање, попозната како fracking. Западна Австралија (WA) станува петта држава во земјата која го запира процесот на екстракција на нафта, кој се смета за опасен за животната средина. "Ние го цениме нивото на загриженост во заедницата околу фракционирањето во ЗА, и затоа ние иницираме проект за независна научна истрага", рече

министерот за животна средина Стивен Досон во изјавата објавена на неговата веб-страница. Забраната за фракционирање замрзнува повеќе од 380 милиони долари (околу 300 милиони долари) за инвестирање во нови проекти, рече Стедман Елис, оперативен директор на австралиската истражувачка асоцијација за нафтено производство WA. Со последното соопштение, фракционирањето сега е забрането или привремено забрането на скоро две третини од австралиската територија. Повеќе... Курдските избори нема да поттикнат промени на цената на нафтата Турција и Ирак го засилија притисокот врз Курдистан откако полуавтономниот регион на Ирак гласаше за независност. Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган се закани дека ќе го блокира курдскиот извоз на нафта преку турската територија, додека Багдад повика на меѓународен бојкот на курдската продажба на нафта. Курдскиот народ се чини дека главно гласаше за независност во понеделникот, во очекување на конечните резултати. Но, курдската регионална влада соопшти дека гласањето, кое нема да биде признаено на меѓународно ниво, ќе биде појдовна точка за преговори со Багдад, а не за кулминација на вистинска независност. Турскиот претседател го нарече референдумот "нелегален, ништовен и неважечки" и се закани дека ќе го затвори извозот преку гасоводот кој се протега од Курдистан до турското медитеранско пристаниште Џејхан. "Ајде да видиме каде ќе го исцедат бензинот - го контролираме вентилот", рече тој. "Откако ќе го исклучите вентилот, се ќе заврши." Референдумот, исто така, не беше прифатен од Иран, како и од САД, кои тврдеа дека со овој потег ќе се дестабилизира регионот. Повеќе... Геотермална централа во Чиле na 4500 метри Италијанската компанија Enel и чилеанската ENAP, неодмна ја ставија во погон геотермалната електрична централа со инсталирана моќност од 48 MW , лоцирана на 4500 m надморска височина. Централа чија изградба претставува вистински градежен и човечки предизвик, сместена е во најсушната пустина на светот долж брегот на Чиле. Се состои од две единици со моќност од по 24 MW. Технологијата се базира на т.н бинарен циклус (Binary cycle), во регион кој освен екстремната надморска височина е специфичен и по големи промени во температурата. Новата централа ќе биде пресвртница не само за Чиле, туку и за цела Јужна Америка во однос на диверзификацијата на производството на електричната енергија. „ЧЕЗ“ го продава целиот свој имот во Бугарија Чешката електроенергетска компанија ČEZ го продава својот имот во Бугарија, а во моментот води преговори со неименувана компанија за одвоена продажба на термоцентралата во Варна. Друга, исто така неименувана компанија веќе доставила понуда за купување на целокупниот имот на чешката компанија, освен претходно наведената термоцентрала во Варна. Се наведува дека започнати се одвоени преговори со уште три заинтересирани компании. Управата на ČEZ планира да ги донесе сите одлуки во врска со продажбата до крајот на 2017. Повеќе...

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 173

Страница 4

Занимливости

Во Сибир отворена првата соларна централа со руски модули Во Мајминскиот регион во Русија, започна со работа првата соларна централа составена од хетероструктурни модули од домашно производство со висок степен на искористеност, и инсталирана моќност од 10MW. Инвестициите во објектот извесуваат околу две милијарди рубли. Изведувач на работите е компанијата „Солнечнаја енергија“. Електраната е специфична по тоа што во нејзината изградба се користени модули кои овозможуваат солидно искористување на сончевата енергија дури и при облачно време. Се работи за нова генерација силициумски соларни елементи со ефикасност од над 22%. и широк температурен опсег на употреба. Оваа соларна централа чија изградба започнала во мај оваа година, е четврта по ред постројка на компанијата Hevel. Повеќе... EasyJet планира да воведе и електрични авиони во својата флота Британската нискотарифна авиокомпанија EasyJet неодамна соопшти сека во соработка со американската компанија Wright electric создала прототип на електричен авион со домет од 539km . Новите електрични авиони би можеле да покријат околу 20% од летовите на оваа компанија. Исто така, кажано е дека нивната соработка со американската компанија е дел од поширока стратегија за декарбонизација и намалување на бучавата во авиосообраќајот. Европската комисија го нотираше воздухопловството како еден од најбрзо растечките извори на емисии на гасови кои предизвикуваат ефект на стаклена градина. Во моментот се прават напори за решавање на ова прашање. Компанијата KLM е пионер во воведувањето на биогориво уште од 2011 година. Повеќе... Продажба на автомобили во Европа: Бензинците за прв пат по 2009 водат пред дизел возилата Продажбата на нови автомобили со бензински мотори во Европа во првата половина на 2017 година била поголема од продажбата на дизел возилата, што не е забележано речиси цела деценија. Во првите шест месеци од 2017, бензинците имале удел од 48,5% во вкупната продажба на нови возила, соопштува Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA), додека во првата половина на 2016, таа бројка била 45,8 %. Истовремено, побарувачката за дизелот во Европа, опаднала од 50,2% во првата половина на 2016, на 46,3% во истиот период оваа година. Пресметано во број на возила, Европјаните во првата половина на 2017 купиле околу 150. 000 дизел автомобили помалку отколку во истиот период лани. Падот на продажбата на автомобили со дизел мотори го следи зголемениот интерес на купувачите за возила со алтернативни погонски горива (AFV), како што се хибриди, електрични автомобили, како и модели на ТПГ (течен природен гас) и КПГ (компримиран природен гас). Повеќе...

Седиштето на Bloomberg во Лондон е најодржливата канцелариска зграда во светот Новото европско седиште на Bloomberg во Лондон доби оценка 98,5% според рангирањето на одржливоста BREEAM и е најодржливата канцелариска зграда во светот. Зградата е заеднички проект на Foster + Partners и користи 73% помалку вода и 35% помалку енергија од една типична канцелариска зграда. Иновативните технологии за штедење енергија се интегрирани во зградата од преубавите и мултифункционални панели на таваните до бронзените капаци за заштита од сонцето. Повеќе... Онлајн квиз: Колку знаете за енергетска ефикасност? На што најмногу се троши енергија во македонските домови, што најмногу се користи за загревање на домот, од каде најмногу се губи енергијата? Како да препознаете дека вашиот дом има потреба од повеќе изолација? Реши го квизот и #Дознај дали сте енергетски ефикасни, можеби само делумно запознаени или воопшто не знаете што опфаќаат мерките на енергетска ефикасност? Кликни на линкот за да те одведе на онлајн квизот! Повеќе...

Корисни интернет адреси

www.energyweek.mk www.reach-energy.eu www.managenergy.net/kidscorner www.energy.eu www.worldbank.org www.motorchallenge.org/ www.kids.evn.com.mk www.display-campaign.org/ www.rexus.com.mk www.europesustainableenergy.com www.ri.com.mk

www.ase.org/ www.erc.org.mk www.republiczeb.org www.sustenergy.org/ www.rec.org www.economy.gov.mk www.ea.gov.mk www.energie-cites.org/ www.reeep.org www.rehau.com.mk

Манифестации ENERGETICS 14ти до 16ти ноември 2017 Лублин, Полска Ова е важна конференција на енергетската индустрија во Полска. Суштината на ENERGETICS не е само презентација на современа опрема, апарати и технологија за енергетската индустрија, туку и размена на искуства од професионалци од цела Полска и од останатите држави. RENEXPO Interhydro 29ти до 30ти ноември 2017 Салцбург, Австрија RENEXPO® INTERHYDRO конференцијата нуди можности за оператори, планери, развивачи на проекти, инвеститори, локални заедници, добавувачи на енергија, како и политички претставници, научници.

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; Соработници: Ј. Д. Капац, М. Димитрова, С. Паневски, Ж. Илиевски.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.