Инфомацеф бр 166

Page 1

Број 166

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Јануари 2017

ИнфоМАЦЕФ МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина `+  Од уредникот  3    

Во овој број:

Активности на МАЦЕФ Новости од Македонија и светот Занимливости Корисни web-адреси Манифестации

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Јануари месец, заради многуте празници во него, е “финансиски најдолгиот“ месец во годината. И покрај многуте празници активностите се одвиваат нормално, ако при тоа како нормално се прифаќа дека сме примиле и неповолни информации. Како прво, нашата пријава за прекугранична соработка со Албанија е оценета позитивно, но сепак не е прифатена за финансирање, затоа што според оценките на ревидентите, не сме во малата група на прифатени пријави (во согласност со средствата кои се на располагање), кои добиле повисока оценка (повеќе поени). Сметаме дека нашата Програма е многу добра и ќе ја понудиме во некоја друга програма со која се обезбедуваат средства за истражувачка работа. И како второ – нашиот тим кој нудеше консултантски услуги при изградбата на Топлификација Битола не е избран. Конкурентските тимови понудиле подобри услови! Не сме многу среќни, но ја прифаќаме реалноста. И не запираме во нашите активности! Прифативме покана да учествуваме во Проект финансиран преку ХОРИЗОН 2020, каде носител е РЕГЕА (Хрватска) и Дојче Телеком. Голем проект со учесници од 15 земји! Како вечни оптимисти, сметаме дека програмот е атрактивен, тимот е добро компониран, и дека ќе биде прифатен за финансирање. Во меѓувреме на покана и лидерство на компанијата ЕКСЕРГИЈА (Гр), учествуваме во понуда доставена до ЕБОР, а се однесува на секторот на ЕЕ во резиденцијалниот сектор. Составот на тимот е многу добро компониран и очекуваме да се најдеме во вториот круг (short listed). Вашето внимание го насочуваме кон неколку наши активности: Продолжуваме со успешната соработка во проектот GGF и во следните две години. Нашата редовна меѓународна активност, меѓународните проекти REACH, Streetlight EPC и multEE. Учество во расправа на ТВ Нова. Релаксација на вработените кај “Баба Цана“. На 26.1. се реализираше средба на потенцијалното Здружение на лиценцирани енергетски контролори, во просториите на ИМЕ. После дискусијата се донесе заклучок правната служба на ИМЕ да приготви 2 Статута на идното здружение. Договорено е, преку гласање во електронска форма, да се усвои еден од статутите, да се дефинира/избере раководство, да се дефинираат финансиските обврски и да се регистрира здружението. Како заинтересирани оснивачи пријавени се 16 организации, но тоа не значи дека и другите лиценцирани фирми не можат да се приклучат, ако имаат интерес за тоа. Врз основа на пријава на јавен повик за избор на правни лица за спроведување на обука за енергетски контролори и усовршување на енергетските контролори МАЦЕФ доби РЕШЕНИЕ за спроведување обуки на енергетски контролори за наредниот 3-годишен период! Поздрав до следниот број

Проф. д-р Константин Димитров

ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources) - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацијата на Консултантски организации - на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ

Во каква состојба е енергетскиот систем во Македонија Во дебатата со учество на директорот на ЕЛЕМ проф. д-р Х. Мицковски, претседателот на одборот за енергетика на СДСМ гдин. М. Андреевски и проф. д-р К. Димитров, дискусијата се насочи кон електроенергетскиот сектор. Основниот заклучок кој произлезе од дискусијата дека потрошувачите имаа обезбедена електрична енергија иако климатските услови знатно ги надминаа предвидувањата и зголемената цена на електричната енергија на берзата. Граѓаните добија убедување дека цената на електричната енергија нема да претрпи промени, покачување, затоа што ќе се избалансира (финансиски) во наредниот период, заради резервите во енергија содржани во снежната покривка.

Прикажано е движењето на цената на електрична енергија (врвна и базна) во месец Јануари (плавата линија означува 100 €/MWh). Проект REACH Во минатиот месец започна последната фаза на проектот REACH во кој активностите се фокусираа на сумирање на резултатите од проектот, како и завршување на теренските активности за распределба на останатите пакети на енергетско ефикасни уреди по енергетски сиромашните домаќинства. Беа обработени податоците од посетите кои беа сумирани како би се воочил ефектот на посетите. Исто така, за потребите на проектот, беше направена и телефонска анкета со

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 178 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 166

Страница 2

цел да се види искуството на домаќинствата со ваквиот тип на помош којшто е доделен од страна на проектот REACH. Добиените информации од анкетата се внесени во веб дизајнирана програма со цел споредување на анкетите од домаќинствата од четирите земји учеснички во проектот. Во тек е оценување на ефектите од проектот во вид на заштеди на енергија и поради тоа крајот на месец јануари беше исполнет со оваа активност. Би сакале да ја најавиме и тркалезната маса за енергетска сиромаштија која е планирана да се одржи кон средината на месец февруари со цел запознавање на сите инволвирани страни за ефектите од проектот РЕАЦХ. (ЖИ) Повеќе... Одржана работилница за 5 нови мерки за Методологијата ОДДОЛУ – НАГОРЕ за мерење и верификација на заштедата на енергија со предложени стандардни вредности Во просториите на Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ, на 24.01.2017 година, се одржа работилница како дел од проектот МултЕЕ, насловена „Презентација на 5 нови мерки за Методологијата ОДДОЛУ – НАГОРЕ за мерење и верификација на заштедата на енергија со предложени стандардни вредности“. На работилница та присутни беа членовите на МАЦЕФ и Агенцијата за енергетика на Република Македонија. Се разговараше најмногу за предложените стандардни вредности и нивната применливост во Македонија, при што дојдовме до многу корисни повратни информации за понатамошното финализирање на новите мерки. Исто така, ја најавуваме наредната работилница од проектот мултЕЕ, каде ќе се прошири бројот на мерки на 10. Истите ќе бидат дискутирани со поширока публика. Работилницата ќе се одржи на 03.02.2017 во Хотел Континентал, Скопје. (СП) Повеќе... Фонд за зелен развој (GGF – Green for Growth Fund) Здружението МАЦЕФ во изминатите две години имаше доста плодна соработка со ХАЛКБАНК – банката преку која се спроведува кредитната линија Фонд за зелен развој (GGF – Green for Growth Fund). Во изминатиот период енергетските консултанти на МАЦЕФ професионално беа вклучени како техничка поддршка во приближно 20 проекти – финансирани од кредитната линија GGF - Green for Growth Fund или ГГФ – Фонд за зелен развој! Заради тоа, Здружението МАЦЕФ е по трет пат покането да биде техничка поддршка на ХАЛКБАНК при спроведување на ЕКО кредитната линија. За потсетување Кредитната линија GGF - Green for Growth Fund или ГГФ – Фонд за зелен развој првата кредитна линија која започна да кредитира еко проекти. ЕКО кредитите се наменети за физички и за правни лица за финансирање проекти од енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, намалување на емисијата на јаглерод двооксид, подобрување на животните услови преку промена на топлинската изолација, врати и прозорци, нови системи за греење итн, и воедно намалување на потрошувачката на енергија и емисиите на СО2 за најмалку 20%. Кредитната линија е достапна во 19 земји низ Југоисточна Европа, Кавказ, Украина, Молдавија, Средниот Исток и Северна Африка. GGF е основано како јавно- приватно партнерство во декември 2009 година од Развојната банка KfW на Германија и Европскиот инвестициски фонд, со финансиска

поддршка од Европската комисија, германското сојузно министерство за економска соработка и развој, Европската банка за обнова и развој и Австриската развојна банка ОеЕВ. За повеќе информации обратете се во Центарот за енергетска ефикасност на Македонија-МАЦЕФ на телефонот 3090 178 или eлектронската пошта d.dimovska@momee.org.mk. (ДТ) МАЦЕФ Прослава Повеќегодишната заедничка работа придонесе колегите меѓу себе да се чувствуваат како една фамилија. И јасно дека е потребно да се “отпуштиме“ во пријатна атмосфера.

Вработените, со членовите на своите фамилии, на софра со македонски специјалитети, во придружба на музика поминаа една убава вечер. ИЗРАБОТУВАМЕ ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛИ Издаваме СЕРТИФИКАТИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ Издаваме Изјави/Потврди за исполнување на барања за минимални енергетски карактеристики, потребни за вадење градежна дозвола. Приготвуваме ИЗЈАВИ/ПОТВРДИ за станови кои треба да се понудат на пазар за продажба или изнајмување. Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика. ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Новости од Македонија Субвенции за вградени ПВЦ и алуминиумски прозорци Министерството за економија годинава воведува нова мерка за енергетска ефикасност наменета за домаќинствата, покрај веќе постојните субвенции за сончеви термални колекторски системи, а тоа е субвенционирање за вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци. Огласот за овие субвенции ќе биде објавен до крајот на месецов и ќе трае до крајот на август.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 166

Страница 3

Според министерот за економија, за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата за 2017 година Министерството за економија обезбеди 20 милиони денари, при што се надоместуваат до 50 % од направените трошоци, но не повеќе од 500 евра во денарска противвредност по домаќинство. Надоместокот на дел од средствата за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци ќе можат да го остварат лицата кои во своите домови имаат купено и вградено ПВЦ или алуминиумски прозорци, во периодот од денот на објавувањето до денот на завршувањето на јавниот оглас. Притоа, доделувањето на надоместокот ќе се врши по принципот „прв дојден прв услужен’’, сѐ до искористување на предвидените средства за оваа намена. Во однос на мерката која предвидува надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинствата за 2017 година, која се спроведува по осми пат, министерот Кучи истакна: „Годинешниот буџет успеавме да го зголемиме, па наместо досегашните 6 милиони денари, обезбедивме 16 милиони денари, додека условите остануваат исти, односно се надоместуваат до 30 % од направените трошоци, но не повеќе од 300 евра во денарска противвредност по домаќинство“. (СП) Повеќе... Летна школа 2017 на Отворениот регионален фонд за енергетска ефикасност Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа – Енергетска Ефикасност (ORF-EE), имплементиран од страна на Германското друштво за интернационална соработка (GIZ), заедно со Енергетската Заедница од Виена, организираат Летна школа 2017. Летната школа ќе се одржи во Охрид во Конгресниот Центар на Универзитетот св Кирил и Методиј, во периодот помеѓу 26-ти август и 2-ри септември 2017 година, а Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии е домаќин оваа година. Школата е наменета за студентите на магистерски или докторски студии, младитe експерти, истражувачи, невладиниот сектор, вработените во јавните институции итн. кои доаѓаат од Европа и пошироко. Тема на школата ќе биде енергија и други релевантни под-теми кои се поврзани со енергијата како главна тема. Предавачи на програмата ќе бидат реномирани високо квалификувани експерти од Европската Унија и регионот. (СП) Повеќе... Презентирани резултати од твининг проектот за квалитет на воздухот На 26ти јануари, министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети се обрати на завршниот настан на Твининг проектот “Понатамошно зајакнување на капацитетите за ефективна имплементација на европското законодавство во областа на квалитетот на воздухот”, на кој домашни и експерти од Финска и Австрија ги презентираа резултатите постигнати со неговото спроведување. Во рамките на проектот беа зајакнати административните капацитети за спроведување на мониторингот на квалитет на воздух, се изготви инвентарот на емисии на загадувачките супстанци на национално ниво, се подобри дисперзионото моделирање за оценка на квалитетот на амбиентниот воздух и се спроведе кампања за дополнителни мерења на составот на PM10 честичките со цел утврдување на уделите на изворите на емисии. Исто така, се изготви извештај за состојбата со квалитетот на воздухот во изминатата декада, се подобрија функционалностите на порталот за квалитет на воздух, се изготвија плански документи за подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје и Тетово, а за прв пат беа опфатени и активности поврзани со здравствениот аспект и влијанието на квалитетот на воздухот врз здравјето на луѓето – истакна министерот Амети.

Твининг проектот се спроведуваше 21 месец (мај 2015-јануари 2017год.) и е со буџет од 1,1 милиони евра. Главната институција – корисник на проектот е Министерството за животна средина и просторно планирање. Институтот за јавно здравје, Град Скопје и други општини исто така беа вклучени во проектните активности. Главни партнери од земјите-членки на ЕУ беа Финскиот метеоролошки институт и Агенцијата за животна средина на Австрија. Како дел од активностите беа вложени напори и за подобрување на јавната свест за прашањата поврзани со квалитетот на воздухот. За таа цел беше дизајнирана кампања за подигнување на јавната свест и зголемување на придонесот на граѓаните во подобрување на квалитетот на воздухот во секојдневниот живот. Воведни обраќања на настанот имаа и шефот на делегацијата на ЕУ, H.E. Самуел Жбогар и претставникот од Министерството за надворешни работи на Финска, аташе Анти-Веико Каутонен. (ДТ) Повеќе...

Новости од светот Инвестициите во енергетиката сèуште не се доследни на одлуките донесени на Парискиот Договор за климатски промени од 2015 година Додека инвестициите во ветерна и сончева енергија како и во електрични возила се на добар пат кон усогласување со барањето за ограничување на порастот на глобалното затоплување на 2°C, сепак инвестициите во останатите ниско јаглеродни технологии заостанува. Во неколку држави, нуклеарните капацитети застаруваат, во исто време не се превземаат позначајни инвестиции за нивна замена, а недостатокот на производството од нуклеарните централи тешко се заменува со производство од обновливи извори. Според извештајот на Меѓународната Агенција за Енергетика што се однесува на инвестициите во енергетиката за 2016 година во светски рамки, инвестициите во технологии за зафаќање и складирање на јаглерод допрва ќе се зголемуваат. Како и да е, и покрај големите вложувања во неефикасни термоцентрали, она што треба да се превземе во следниот период е наоѓање на соодветна замена за авио-горивата, тешкиот и бродски транспорт, како и зголемување на технолошките инвестиции кои заедно ќе придонесат кон трансформација на енергетскиот систем и постигнување на поставените цели за развој на енергетиката во светот. (ВП) Повеќе... Романија ќе започне со финансии во Зелената економија Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе започне во Романија да го спроведува на новиот олеснителен финансиски фонд за зелена економија, висината на финансиите на овој фонд изнесуваат 70 милиони евра и имаат за цел подобрување на енергетската ефикасност во сектороот на згради за домување. Банката има намера да ангажира консултантска компанија која ќе ги спроведе сите потребни активности за промоција и спроведување финансискиот фонд, притоа агенцијата која ќе биде избрана ќе има задача да ги координира и следи инвестициите и ќе подготвува извештаи за текот на распределување на инвестициите. Во првите 18 месеци ќе бидат на располагање над 900 000 евра за спроведување на зелени проекти, со можност да достигне повеќе од 3 милиони евра, без ДДВ. Овој проект се очекува да започне во март 2017 и се проценува дека ќе трае 36 месеци. Романската економија се карактеризира со доста голем интензитет на потрошувачка на енергија и емисии на јаглерод, притоа резиденцијалниот сектор е најголем потрошувач на финална енергија. Ваквата состојба во Романија се должи на фактот дека на приближно 90% од фондот на згради е потребно да се изврши модернизација. (БК) Повеќе...

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 166

Страница 4

Хрватска со највисоки капитални трошоци во проекти за ОИЕ во ЕУ Хрватска се соочува со еден од најголемите капитални трошоци за изградба на ветерни и сончеви електрани во Европската унија, кои се најмалку 2 пати повисоки од трошоците кои ги има Германија. Иако во изминативе 2 години Хрватска успеа да ги намали капиталните трошоци за овие проекти, сепак инвестициите не бележат значително зголемување. Според истражувањето кое е направено во Хрватска во рамки на проектот „Прицетаг“, ваквата состојба наведува дека за поттикнување на домашниот пазар потребна е стабилна енергетска политика. Во студијата изработена од страна на компанијата Старфиш Енерги е наведено дека доколку се набљудува проценетиот просечен капитален трошок (eng. Weighted Average Cost of Capital - WACC) во Хрватска, се утврдува дека проектите за ветерни и сончеви електрани имаат трошок од 7 до 9 %, додека пак најмалку ризичните инвестиции како што се автопати и други инфраструктурни проекти остваруваат капитален трошок од 6%. (БК) Повеќе...

хидроелектраната Итаипу според тој показател е втора со инсталиран капацитет од 14 GW. Потребно е да се нагласи дека степенот на корисно дејство на ХЕ Итаипу е 96%, а дури 97% од вкупниот проток на вода е искористен за производство на електрична енергија. Хидроелектраната покрива 18% од вкупните потреби за електрична енергија во Бразил и 82 % од потребите за електрична енергија во Парагвај. (БК) Повеќе...

Корисни интернет адреси

www.energyweek.mk www.managenergy.net/kidscorner www.energy.eu www.ase.org/ www.worldbank.org www.motorchallenge.org/ www.kids.evn.com.mk www.display-campaign.org/ www.rexus.com.mk www.europesustainableenergy.com www.ri.com.mk

www.reachenergy.eu www.republiczeb.org www.sustenergy.org/ www.rec.org www.erc.org.mk www.economy.gov.mk www.ea.gov.mk www.energie-cites.org/ www.reeep.org www.rehau.com.mk

Занимливости

Манифестации

Обновливи авионски горива Како дополнување на напорите на авионските компании да воведат обновливо гориво за нивните авиони, владите на државите ширум светот постигнаа договор околу креирањето на пазарни мерки за меѓународниот авионски сообраќај. Овој договор е дел од друг поголем план за инвестиции во воздухопловството – зголемена употреба на обновливи горива и намалување на емисиите на јаглерод од оваа индустрија. Во оваа 2017 година може да се очекуваат голем број на објави од авиокомпании кои почнале да користат обновливи горива, но и за значајни подобрувања на инфраструктурата за производство на вакви горива. (ВП) Повеќе...

Централно - источна европска конференција 2017 Од 15ти до 16ти февруари 2017 Загреб, Хрватска Конференцијата има за цел да ви помогне да го развиете вашиот бизнис во регионот на Централна и Источна Европа и ќе ви овозможи да се искористат предностите на можностите кои се достапни на овој пазар. (БК) Повеќе...

Европски пари за бугарските хидроцентрали За ревитализација на хидроенергетскиот комплекс Белмекен – Сестримо – Чаира и ХЕ Вача 1 во Бугарија, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе издвои 37 милиони евра. Компанијата НЕК која ќе располага со овие средства, ќе учествува со вкупно 30% од вкупната инвестиција во проектот, кој опфаќа проектирање, производство, испорака, монтажа, надзор, испитување и пуштање во погон. Со овој проект се опфатени вкупно пет хидроцентрали со инсталирана моќност: РХЕ Чаир 864 MW, ХЕ Белмекен 75 MW, ХЕ Сестримо 240 MW, ХЕ Момина Клисура 120 MW и ХЕ Вача 1 14 MW. (ВП) Повеќе... ХЕ Итаипу со ново рекордно производство на електрична енергија Според американскиот хидроенергетски портал hydroworld.com, хидроелектраната Итаипу во 2016 година остварила рекордно производство на електрична енергија од 103,09 TWh. Со тоа електраната која е изградена на реката Парана на границата помеѓу Бразил и Парагвај го задржа водечкото прво место во годишно производство на електрична енергија на светско ниво. Иако, хидроелектраната Три долини во Кина според инсталираниот капацитет од 22,5 GW е најголема, а

IRES2017 – 11та Интернационална конференција за складирање на обновливата енергија 14ти до 16ти Март 2017 година Дизелдорф, Германија Конференцијата има за цел да ги претстави последните достигнувања и искуствата во однос на складирањето на обновливата енергија. Презентерите ќе ги анализираат и ќе дискутираат за можностите за прилагодување и потребите за складирање на енергијата во секторите производство на електрична енергија, топлинската енергија и секторот транспорт/ сообраќај. (БК) Повеќе... Конференција - Денови на светската одржлива енергија Од 1ви до 3ти март 2017 Велс, Австрија Конференцијата претставува еден од најголемите настани во оваа област во Европа, а воедно е комбинација на поголем број настани за одржлива енергија и тоа: 8 конференции за енергетска ефикасност, биомаса и одржливи згради; 4 интерактивни настани (Саем, Платформа за соработка, Организирани посети и Презентација на постер-пораки). На настанот ќе бидат прикажани сите најнови технолошки информации, политики пазари и ќе биде понудена платформа за размена на нови контакти и можности за развој на нови бизниси. (ДТ) Повеќе... Изложба и форум за Енергетска ефикансост и обновлива енергија Од 7ми до 9ти март 2017 Софија, Бугарија Изложбата на ЕЕ и ОИЕ ги става во преден план постојните технологии од областа на енергијата и воедно претставува отскочна точка за лансирање на иновативни производи. Со што во Југоисточниот регион од Европа се олеснува развојот на енергетскиот сектор и го поттикнува зголеменото користење на технологиите кои придонесуваат за заштеда на енергија. (ДТ) Повеќе...

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија - МАЦЕФ Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; заменик: Д. Трпкоска. Соработници: Ј. Д. Капац, Б. Калиманов, С. Паневски, Ж. Илиевски, В. Поповска.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.