Инфомацеф бр 163

Page 1

Број 163

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Октомври 2016

ИнфоМАЦЕФ МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Во овој број:

`+  Од уредникот  3    

Активности на МАЦЕФ Новости од Македонија и светот Занимливости Корисни web-адреси Манифестации

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Овој Октомври го искористивме да ги претставиме нашите достигнувања на симпозиумот во Охрид, да приготвиме пријава за прекугранична соработка и да пристапиме кон организирање на состанокот на тимот на проектот multEE (HORIZON 2020) кој ќе се одржи во Скопје. За одбележување е дека обуката за користење на MVP платформата за сите земји учеснички ќе биде токму кај нас. Чест и дополнителни обврски! Продолжуваме со исполнување на нашите зацртани правила:исполнување на највисок квалитет на услуга со максимално почитување на роковите. Цената не влијае на квалитетот! Вашето внимание го насочуваме кон неколку наши активности: Проектот Декарбонизација е прифатен од Инвеститорот. 16ти Меѓународен симпозиум организиран од ЗЕМАК. ЕКОС проектот во завршна фаза. Нашата редовна меѓународна активност, меѓународните проекти REACH, Streetlight EPC и GGF. Во меѓувреме беше реализиран повикот за прекугранична соработка со Албанија. Во согласност со нашето позитивно искуство од оваа програма, повторно приготвивме пријава на овој повик, со прикажана предлог програма. Се надеваме (очекуваме) дека нашата пријава со партнерите од Тирана ќе биде позитивно оценета и прифатена. Со посебо задоволство известуваме дека заеднички со Машински факултет Скопје, превземавме обврска да приготвиме дел од студијата за поефикасно користење на потенцијалот, услугите и технологијата на системот за центарлизирано снабдување со топлинска енергија раководено од компанијата БЕГ. Во ноември мораме да ги завршиме превземените обврски со неколку проекти. Тоа значи дека сите сме на своите работни места и секоја сабота (освен кога сме надвор од државата исполнувајќи ги обврските од меѓународните проекти). Поздрав до следниот број Проф. д-р Константин Димитров ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources) - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацијата на Консултантски организации - на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe

- член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ

Меѓународен симпозиум “ЕНЕРГЕТИКА 2016“- ЗЕМАК На 6 и 7 октомври во Охрид се одржа Меѓународниот симпозиум организиран од ЗЕМАК, кој го организираше по 16ти пат традиционалното собирање на инженерите енергетичари. МАЦЕФ учествуваше со 4 реферати презентирани од: Проф. д-р Константин Димитров-Декарбонизација на електроенергетскиот сектор, утопија или предизвик за Македонија?, М-р Саше Паневски-Моделирање на две референтни згради за Пресметка на реконструкција кон нЗЕБ Преку метода за оптимизација на трошоци и софтверска алатка, Даниела Димовска-Анализа на имплементираните мерки за енергетска ефикасност во улично осветлување во енергетските планови преку софтверот за мерење и потврдување и Жарко ИлиевскиАнализа на постоечката методологија Оддоле-нагоре и развој на нови методи применливи во Република Македонија. Како краен заклучок кој го понесовме е дека не постои доволен интерес кај инженерите т.е. дека во секторот на енергетиката има се помалку кадри кои се трудат да бидат во тек со современите достигнувања или да осознаат што работат другите, во која насока се движат. Завршен проектот Декарбонизација 2050 Во октомври го завршивме проектот “Декарбонизација

на производството на електрична енергија - Визија до 2050 година“, при

што е приготвена брошура на македонски и англиски јазик со тој наслов, како и дополнителен извештај Stocktaking Study за потребите на инвестито-рот - European Climate Foundation. Добивме потврда дека материјалот и Извештајот се прифатени (позитивно оценети) и очекуваме после нашите избори на 11 Декември да пристапиме кон преговори за поголемо ангажирање во оваа насока, со формирање на поголем тим составен од стручни лица од Македонија и од регионот. Проект ЕКОС - Развој на енергетски конкурентно и одржливо стопанство Тоа е проект со кој десет компании од Македонија ќе ја подобрат својата конкурентност преку анализа на потрошувачка на енергија и соодвена примена на мерки за енергетска ефикасност. Во текот на изминатиот месец тимот на МАЦЕФ успеа да ги посети сите компании кои се дел од овој проект. Во следниот период ќе бидат изработени 10 акциони планови во кои ќе биде прикажан потенцијалот за штедење на енергија и план за

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 178 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mkСледете нé и наMACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 163

Страница 2

спроведување на предложените мерки за енергетска ефикасност во претпријатија. Објект ЕлектроШарри-На 5 октомври беше посетен објектот на „Електро Шарри“ првата биогасна централа во нашата земја. Преку оваа посета се добиени информации за начинот на работа, условите, бројот на вработени и корисници, како и производството на оваа компанија. Објект Де Јуре во Гостивар-На 12ти минатиот месец, тимот од проектот ЕКОС изврши посета на објектот на компанијата Де Јуре во Гостивар. При посетата беше извршен увид на системите за греење, климатизација, осветлување, а беа разгледани и сметките за енергија како и веќе пополнетиот прашалник. Објект Универзал трејд-На 18ти минатиот месец, беше направена посета на хотелот на компанијата Универзал трејд во Кавадарци. На оваа посета беше извршен увид во техничката документација на објектот, на сметките за гориво и електрична енергија, како и на системите – потрошувачи на енергија кои се инсталирани во објектот. Беше извршено и термографско снимање за да се оцени состојбата со топлинската изолација на објектот. (ЖИ) Проект РЕАЦХ Во рамки на проектот следниот период ќе бидат реализирани следните проектни активности: 1.посети на останатите 150 домаќинства за да се постигне предвидената бројка од 400 домаќинства по регион и 2.изработка на вториот промотивен видео клип за проектот РЕАЦХ во Македонија. (ЖИ) Повеќе... Прилог на МИМ На 26 октомври локалниот координатор на РЕАЦХ проектот Жарко Илиевски, дипл.маш.инж. од МАЦЕФ, учествуваше во снимање на прилог на Македонскиот Институт за Медиуми (МИМ). Целта на прилогот е прикажување на состојбата со енергетската сиромаштија во Македонија, нејзино дефинирање, мерки и начини на нејзино искоренување. Се надеваме дека нивниот прилог, во кој се прикажани и податоците кои ги доби МАЦЕФ истражувајќи го овој проблем на ниво на нашата држава ќе придонесе за дополнително информирање на јавноста, како и на засегнатите за да се зголеми свесноста за преземање на мерки со цел намалување на енергетската сиромаштија во нашата земја. (ЖИ) Заврши проектот РеПублик_ЗЕБ На крајот на октомври 2016 година, заврши работата на проектот РеПублик_ЗЕБ. Локален спроведувач на проектот во Македонија беше Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ. Во текот на проектот, подготвена беше база на податоци за јавни објекти, изготвена беше заедничка дефиниција на нЗЕБ, со нумерички вредности за секоја земја, вклучувајќи ја и Македонија, избрани беа референтни згради и истите беа моделирани, при што се испитуваа повеќе пакети на мерки на два објекти. Резултатите и анализата за осетливост покажаа дека пакетите на мерки се исплатливи и нЗЕБ е реална опција. Документите погледнете ги на следниот линк. (СП) Повеќе... Проект МултЕЕ Локалниот спроведувач на проектот multEE, Центарот за енергетска ефикасност на Македонија, на почетокот на наредниот месец ќе го одржи партнерскиот состанок во Скопје, пропратен со обука на администратори на платформата MVP. Освен состанок на партнерите на проектот, во Скопје ќе се одржи и обука за администратори за MVP платформата. Администраторите на платформата доаѓаат од 9 земји во Европа, меѓу кои Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Германија, Данска, Литванија, Латвија, Грција и Словачка.

(СП) Повеќе... Проект Streetlight-EPC Втората конференција за проектот Стреетлигхт-ЕПЦ се одржа на 4ти октомври во Салата на Совет на Град Скопје. Беше во организација на проектните партнери Здружение МАЦЕФ и Град Скопје, а имаше за цел да ги претстави сите резултати кои се добиени во период од 01 април 2014 година па се досега како и резултатите кои се очекува да бидат постигнати во последните 6 месеци од проектот. Настанот го отвори Градоначалникот на Град Скопје, г. Коце Трајановски, кој ја потенцира посветеноста на градот Скопје во спроведување на проекти кои промовираат поголема енергетска ефикасност и заштита на животната средина. Потоа, следеа презентациите на г-ѓа Даниела Трпкоска: Проект ДГЕК Улично осветлување стекнати знаења и резултати, Г-ѓа Ивана Спасовска од ВИНТ ДООЕЛ–овластен дистрибутер на Филипс Осветлување: Постоечки технологии на паметни системи за внатрешно осветлување со ЛЕД технологија кои се нудат на пазарот во Република Македонија, г-ѓа Драгана Спасовска од Македонски Телеком: Решенија и искуства за паметни градови, Г-ѓа Соња Тасевска од ХАЛКБАНК А.Д. Скопје: Постоечки кредитни линии за правни лица и Г. Јовица Георгиевски од одделение за улично осветлување, Град Скопје: Најчести пропусти во досегашните тендерски постапки во делот улично осветлување. На настанот имаше повеќе од 40тина присутни претставници од општини, приватни компании чија дејност е одржување на системи за улично советлување, производство и продажба на елементи за улично осветлување. (ДТ) Повеќе... Проект CET_CAP На 13ти октомври здружението МАЦЕФ ја организираше првата обука во рамки на проектот, целна група на првата обука беа инструкторите од автошколите и трите компании кои вршат превоз на патници на целата територија на град Скопје. Темата на обуката беше „Енергетски ефикасен и еколошки транспорт“, практичен аспект за можностите за искористување на постоечките технологии со цел постигнување на енергетски ефикасен транспорт. Втората обука ќе се одржи на 22ри ноември и ќе биде насочена кон усвојување и прилагодување на поголемиот дел од европските стандарди со цел постигнување на енергетски ефикасен и еколошки транспорт во Република Македонија. Целна група на втората обука се Министерство за транспорт и врски, Министерство за заштита на животна средина и просторно планирање, Министерство за економијаСекторот енергетика, Агенција за енергетика, Град Скопје, Општините од Република Македонија, Центрите за регионален равој, Здружение на сообраќајот при стопанската комора на Македонија, Групацијата на лиценцирани такси-превозници и се разбира сите кои беа поканети на првата обука: Автошколите и правните субјекти кои вршат градски превоз на ниво на град Скопје. Целта на втората обука, е да се постави на едно повисоко место потребата од енергетски ефикасни возила, промена на навиките на возачите и намалена емисија на стакленичките гасови на локално и глобално ниво. (ДТ) Фонд за зелен развој (GGF – Green for Growth Fund) Во периодот од 26 до 28 октомври се одржа првата средба помеѓу компанијата Финанс ин мотион (Finance in motion)инвеститор на фондот и техничката подршка Мацсолине (Macsoline) од една страна и компаниите кои се техничка поддршка во 6 држави од вкупно 19, каде што е достапен овој зелен фонд. На средбата учестваше г-ѓа Даниела Трпкоска како претставник на здружението МАЦЕФ, кое пак е техничка поддршка на ХАЛКБАНК преку која се спроведува овој фонд во Република Македонија. Целта на средбата беше да се направи јасна слика за

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ;Следете нé и наMACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 163

Страница 3

целите на фондот во однос на зацврстување на моменталната состојба во постоечките држави каде што е достапен и негово проширување во други држави, потоа беа презентирани досегашните постигнати резултати во државите каде што фондот е достапен, и на крајот се отвори дискусија на која претставниците од компаниите/организациите техничка поддршка од 6те држави ги споделија досегашните искуства во изработка на енергетските извештаи за ЕКО кредитите. (ДТ) Инфо состанок за програмата ИПА Прекуграничка соработка На 5 октомври минатиот месец, претставници на МАЦЕФ учествуваа со свои прашања на информативниот состанок кој го одржа ЕУ делегацијата во салата на Советот на општина Гостивар. Информативниот состанок беше воден од страна на г. Елвис Али од ЕУ делегацијата во Македонија. Како и на преостанатите информативни состаноци, и на овој состанок, г.Али детално го претстави повикот за проекти за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија, при што одговараше и на прашања од присутните претставници на компании и невладините организации. (ЖИ) ИЗРАБОТУВАМЕ ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛИ Издаваме СЕРТИФИКАТИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ Издаваме Изјави/Потврди за исполнување на барања за минимални енергетски карактеристики, потребни за вадење градежна дозвола. Приготвуваме ИЗЈАВИ/ПОТВРДИ за станови кои треба да се понудат на пазар за продажба или изнајмување. Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика. ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Новости од Македонија

ООУ „Димо Хаџи Димов“ - Енергетски пионери На почетокот од грејната сезона, основното училиште ООУ „Димо Хаџи Димов“ го претстави новиот систем за загревање на објектите кои се во склоп на основното училиште. Искористувањето на отпадната биомаса како извор на топлинска енергија, кој ќе се користи за топлинските потреби за греење на околу 3600 до 4000 m². Инсталираниот топлински капацитет на котелот на отпадна биомаса изнесува 267 kW. Отпадната дрвена маса ќе се собира за време на целата година, која потоа со специјалната машина сместена во рамките на основното училиште се преработува во таканаречен „дрвен чипс“. Ова претставува заедничката акција на Општината Карпош, УНДП и Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ), која претставува дел од проектите „Cool Heating“ и „Bio-village“. Градоначалникот на Општина Карпош г-дин Стевчо Јакимовски го изрази своето задоволство од реализацијата на проектот заедно во соработка со ГИЗ и УНДП. Локалната самоуправа на

општината има обезбедено 40000 евра од својот буџет, ГИЗ учествува со финасирање на околу 15000 евра и УНДП има учество во вредност од 20000 евра. Вкупната инвестиција за реализација на проектот изнесува 75000 евра. Од еколошки поглед, дрвениот чипс има помало загадување кон животната средина. (БК) Повеќе... Конференција за мерки за енергетска ефикасност и пристап до финансии за хотелиерство Сопствениците и менаџерите на хотели во Македонија се запознаа со мерките за зголемување на енергетската ефикасност и со финансиските инструменти за имплементација на мерки за намалување на потрошувачката на енергија на денешната „Конференција за мерки за енергетска ефикасност и пристап до финансии за хотелиерство“, организирана преку швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост, во соработка со Министерството за економија и Делта Проект. Амбасадата на Швајцарија го препознава потенцијалот и економските можности на туризмот во Македонија и го поддржува развојот на овој сектор преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост. „Нашата поддршка за развој на туризмот во Македонија, покрај развојот на вештините на туристичките работници на што работиме заедно со Министерството за економија и швајцарската Академија за хотелски менаџмент од Луцерн, е и во насока на промоција и подобрување на енергетската ефикасност во хотелите за да се подобри и нивната атрактивност за меѓународните туристи“, изјави Сибил Сутер Техада, амбасадор на Швајцарија во Македонија. (СП) Повеќе... Стипендии од ЕЛЕМ, ЕВН и МЕПСО за студенти на ФЕИТ Четиринаесет студенти од прва година на електроенергетските насоки на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) кои ја завршиле годината со просек над 8 денеска добија стипендии од енергетските компании АД ЕЛЕМ, ЕВН Македонија и АД МЕПСО. Стипендиите се со месечен износ од по 6.000 денари, а ќе може да ги користат до крај на студирањето доколку го задржат сегашниот просек. Раководствата на енергетските компании и на ФЕИТ на доделувањето на стипендиите истакнаа дека ваквата воспоставена соработка придонела за поголем интерес за студирање на електроенергетските насоки, како и за ангажирање во компаниите. - Ако до пред пет години имавме по 30 студенти кои се запишуваа на енергетските насоки, сега таа бројка достигнува и до 150. Тоа се студенти кои се најдобрите во својата генерација. Компаниите го најдоа својот интерес со тоа што уште на самиот почеток ги избираат најдобрите, пред конкуренцијата, изјави Димитар Ташковски, декан на ФЕИТ. (СП) Повеќе... Успешно реализиран проектот за енергетска ефикасност, финансиран од ЕУ во СОУ„Кузман Јосифоски - Питу“ Во присуство на заменик Министерот за локална самоуправа, Љупчо Пренџов градоначалникот на Прилеп го посети Средното општинско училиште „Кузман Јосифоски Питу“ каде заврши проектот за „Реконструкција и примена на мерки за енергетска ефикасност“, во рамките на Демонстративен пилот проект за одржлива енергија во Прилеп. Општина Прилеп е партнер во проектот „Tематската мрежа на oдржлива енергија на прекуграничните локални власти“ (Sustainable Energy thematic network of cross-border Local Authorities). Проектот е финансиран од ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Грција. Во проектот како партнери се вклучени пет општини во

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ;Следете нé и наMACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 163

Страница 4

прекуграничниот регион: Велес (водечки партнер) и Прилеп од Република Македонија и Лерин (водечки партнер), Ираклија и Висалтија од Република Грција. „Вкупниот буџет на проектот за сите 5 партнери изнесува околу 745.000 евра, а буџетот предвиден за Општина Прилеп е околу 128.000 евра. 85% од финансиските средства се обезбедени од Европската унија, преку ИПА програмата, а 15% е национално кофинансирање. Ние и понатаму како министерство ќе работиме на зголемување на проектите за отворање на вакви капитални дела“-изјави заменик Министерот за локална самоуправа, Љупчо Пренџов. (СП) Повеќе...

Новости од светот

Србија започна со искористувањето на потенцијалот на биомасата Резултатите од проектот „Намалување на пречките за забрзан развој на пазарот на биомасата во Србија“, вреден 30 милиони долари се претставени на конференцијата која се одржа како спореден настан на Саемот за енергија 2016-традиционална манифестација која се одржува секоја година во Белград. Проектот е спроведен од УНДП во партнерство со Српското министерство за рударство и енергија како водечки партнер и со Министерството за земјоделство и заштита на животната средина. Проектот е финасиран од ГЕФ со 2,8 милиони долари, УНДП со 0,3 милиони долари, владата на Србија со 1,8 милиони долари во услуги и нефинансиски придонес и приватните инвеститори. Сепак учесниците на конференцијата за биомаса заклучуваат дека заедно биомасата од шумарството и земјоделството сеуште не се користи на енергетски ефикасен начин, поради што претставува главниот потенцијал за зелени инвестиции. „Сега кога ја имаме законската регулатива, можеме да започнеме со бизнисот со биомасата во Србија“, изјави г-ѓа Ирена Војачкова-Солорано, координатор на УН и претставник на УНДП. Претставени се и резултатите од проектот, вклучувајќи шест нови биогасни когенеративни (комбинирани) централи со инсталирана моќност од 6,32 MW. (БК) Повеќе...

Занимливости

Примена на практични мерки за зголемување на енергетската ефикасност Превземање на мерки за енергетската ефикасност на објектите денес е задолжителна активност уште при проектирање на објектите, а минималните услови што треба да бидат исполнети се пропишани со официјални државни документи. Сепак, барањата за енергетска ефикасност и намалена потрошувачка на енергија стануваат сé построги, што води кон развој на нови технологии и иновативни и практични решенија кои се применливи на различни типови на објекти. Додека во некои згради е доволно само реновирање со поставување на изолација и менување на прозорците, во други потребно е повнимателно да се пристапи кон анализа на потенцијалните мерки за енергетска ефикасност и да се утврдат најповолните и најисплатливите системи. Во поново време топлинските пумпи имаат значајно место на пазарот. Тие се применливи во мали индивидуални куќи, стамбени згради, како и комерцијални објекти и индустриски хали, а се користат за греење, ладење или загревање на санитарна топла вода. Истовремено топлинските пумпи важат за енергетски ефикасни уреди и се поволни од аспект на животна средина. Освен градежни мерки и промена на системите за греење, ладење и санитарна топла вода, значаен придонес кон околината и намалување на потрошувачката на фосилни горива имаат и малите топлани на биомаса за централно снабдување со топлинска енергија на помали региони каде што оваа мерка е исплатлива. Од друга страна пак, во индустријата најприменувана мерка за намалување на потрошувачката на енергија е модернизација на опремата или нејзина целосна замена со нови ефикасни машини и уреди, што вообичаено резултира со брз поврат на инвестицијата. (ВП) Повеќе... Нуклеарна фузија за почиста енергија Нуклеарната фузија е прв кандидат кога станува збор за производство на неограничено количество на чиста и безбедна енергија која не создава емисии на јаглерод двооксид. За разлика од фисијата која произведува нуклеарен отпад,

енергијата од нуклеарна фузија е потполно обновлива и не предизвикува дополнително загадување. Како и да е, сèуште не е познат начинот на кој нуклеарната фузија ќе се примени за производство на електрична енергија. Сега, научниците кои работат на Alcator C-Mod реакторот од МИТ Универзитетот се чекор поблиску до контролирање на процесот на фузија. Овој тим успеа да постави светски рекорд во однос на притисокот на плазмата во реакторот, со повеќе од 2 атмосфери притисок и температура од повеќе од 35 милиони степени Целзиусови. Фузиониот реактор Alcator C- Mod е единствениот компактен, високо магнетизиран реактор со кружна комора. Се очекува овој реактор да работи и во следните 23 години. (ВП) Повеќе... REC со подобрена ефикасност на соларните ќелии Производителот на соларни панели REC најавува дека компанијата развила нова формула како и процес за масовно производство на мулти-кристални соларни ќелии со ефикасност над 20 проценти. Производната серија на ќелии кои се обработуваат во производната линија испорачуваат просечна ефикасност на ќелиите од 20,21 процент, со што најдобро произведената ќелија изнесува 20,47%. Компанијата REC претставува првиот познат производител кој успешно постигнал високо ниво на ефикасност во мултикристалната платформа за индустриско производство. Во почетокот на месец ноември 2016та година, ќе биде применет новиот процес на производните линии во компанијата за делот на интегрираното производство во Сингапур. Со повисока ефикасност на ќелиите, се опфаќа поголем дел од сончевата светлина од соларната ќелија и потоа се претвора во енергија. Како резултат на тоа инвеститорите, сопствениците и корисниците ќе можат да ги увидат придобивките од зголемената ефикасност на своите соларни инсталации. (БК) Повеќе...

Корисни интернет адреси

www.energyweek.mk www.managenergy.net/kidscorner www.energy.eu www.ase.org/ www.worldbank.org www.motorchallenge.org/ www.economy.gov.mk www.display-campaign.org/ www.rexus.com.mkwww.ri.com.mk www.europesustainableenergy.com

www.reachenergy.eu www.republiczeb.org www.sustenergy.org/ www.kids.evn.com.mk www.erc.org.mk www.rec.org www.ea.gov.mk www.energie-cites.org/ www.reeep.org www.rehau.com.mk

Манифестации

Меѓународна конференција за индустрискиот инженеринг и менаџментот во индустријата 3ти до 5ти јануари 2017 Рим, Италија Меѓународната конференција за индустрискиот инженеринг и менаџментот во индустријата цели да обезбеди форум во истражувањето и развојот, професионалната практика во индустрискиот инженеринг и менаџментот во индустријата. (БК) Повеќе... Меѓународна конференција за механичките системи и контролниот инженеринг 2ри до 4ти февруари 2017 Кајсери, Турција Главната цел на конференцијата е да се претстават најновите истражувања и постигнати резултати од научниците кои се поврзани со темите за мехатроничките системи и контролниот инженеринг. Конференцијата обезбедува можности за размена на нови идеи лице влице, да се воспостават бизнис релации или истражувачки врски како и пронаоѓање на глобални партнери за можна идна соработка. (БК) Повеќе... Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија МАЦЕФ Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; заменик: Д. Трпкоска. Соработници: Ј. Д. Капац, Б. Калиманов, С. Паневски, Ж. Илиевски, В. Поповска.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ;Следете нé и наMACEF Facebook


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.