Инфомацеф бр 162

Page 1

Број 162

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Септември 2016

ИнфоМАЦЕФ МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина `+

Во овој број:  Од уредникот 3  Активности на МАЦЕФ  Анализа  Новости од Македонија и светот  Занимливости  Корисни web-адресиOД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на  Манифестации МАЦЕФ! Септември како и секогаш досега е “напорен“ месец од повеќе причини: како прво треба да се “навикнеме“ на работа после летните одмори, почнуваат училишните денови, но повеќе од се затоа што многу обврски, кои во летните месеци се одвиваат со успорено темпо, сега мора да се завршат во предвидените рокови. Од тие причини, иако не баш популарна мерка, ние се договоривме да ги работиме и саботите. Во МАЦЕФ се обидуваме да ги почитуваме основните критериуми за напредок: Без обѕир на цената која е договорена, нашата услуга се подразбира дека е со бараниот (висок) квалитет што е нормално при работа со нашите инвеститори од странство, и многу важен елемент, кој не секогаш се остварува ПОЧИТУВАЊЕ НА РОКОВИТЕ! Вашето внимание го насочуваме кон неколку наши активности: Проектот Декарбонизација имаше завршна дискусија. После подготвителните работи, во ЕКОС проектот се организираше и првата обука. Нашата редовна меѓународна активност, меѓународните проекти REACH, Streetlight EPC, GGF и RePublic_ZEB. Во Белград се одржа првиот состанок на учесниците во проектот СЛЕД, во кој МАЦЕФ има 2 претставника и 2 претставника од Агенцијата за енергетика. Учесниците с еприготвуваат за патување во Подгорица, каде ќе учествуваат во обука за користење на софтвер за анализа на електроенергетските системи. Во просториите на РЕЦ се одржа состанок на учесници во развој на СЛЕД проектот и декарбонизацијата на регионално ниво, пред патувањето на нашите претставници во Виена. Заклучокот кој произлезе од состанокот е да се побараат средства за да се продолжи овој корисен проект. Ако спомнавме дека Септември е “напорен“ месец, тогаш Октомври ќе биде “тежок“ месец. Кога го формираме распоредот на активностите, заклучуваме дека немаме доволно луѓе за реализација на сите задачи. Може да се каже – Луѓе има, да има, ама нас ни’ требаат со аналитички способности, а тоа потешко се наоѓа и треба време за да се изградат. Во меѓувреме излезе и повикот за прекугранична соработка со Албанија, кој беше промовиран во објектот на ЕУ делегацијата. Ние се спремаме да учествуваме на овој повик (имаме позитивно искуство со претходно успешно реализираниот и високо оценет проект). Сега сме во разговори со соодветни партнери од Албанија. Нашето учество на јавниот повик на ЕЛЕМ за изработка на студија за изградба на 3 когенеративни постројки, не беше успешно. Хрватската компанија ЕКОНЕРГ ја доби работата бидејќи понуди најниска цена (50% пониска од проценетата на ЕЛЕМ). Нека им е честито добивањето на работиата на колегите од ЕКОНЕРГ, со кои претходно имаме реализирано и заеднички работи. Поздрав до следниот број

ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources) - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transportwww.managenergy.net - Асоцијацијата на Консултантски организации - на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ

ДЕКАРБОНИЗАЦИЈА – Визија за 2050 година Во просториите на Министерството за економија, во соработка со Агенцијата за енергетика МАЦЕФ организираше дискусија на темата: Визија- Дали може до 2050 година Македонија да премине во општество без фосилни горива. Во присуство на претставници од секторите за енергетика, после кусата презентација на основите на Визијата од проф. д-р К. Димитров, се разви плодна, “жешка“ двочасовна дискусија. Основниот заклучок кој произлегува од студијата и дискусијата е: Македонија има доволно потенцијал на обновлива енергија, Може да се очекува успорена потрошувачка на енергија до 2050 година заради примена на мерки за енергетска ефикасност, Но процесот е тежок, захтева знатни финасиски средства, како и ангажирање и здружување на потенцијалот (интелектуален, организациски, деловен). Студијата во својот интегрален формат ќе биде ставена на нашата интернет страница. Проект ЕКОС - Развој на енергетски конкурентно и одржливо стопанство Тоа е проект со кој десет компании од Македонија ќе ја подобрат својата конкутентност преку анализа на потрошувачка на енергија и соодвена примена на мерки за енергетска ефикасност. На 13 септември започна проектот со Обуката за начините и можностите за идентификација, подготовка и реализација на мерки за енергетска ефикасност во претпријатијата. ЕКОС е кампања на Секторот за енергетика при Министерството за економија на Република Македонија, спроведувана од МАЦЕФ - Центар за енергетска ефикасност на Македонија која има за цел практично да укаже на големиот потенцијал за штедење на енергија кај малите и средни претпријатија и да ја ги информира останатите учесници во индустријата за придобивките од нивната примена.

Проф. д-р Константин Димитров

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 178 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mkСледете нé и наMACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 162

Страница 2

Прва посета во рамки на ЕКОС- СВИСЛИОН ДОО Скопје На 15 септември беше остварена посета на компанијата за производство на кондиторски производи „Свислион“ во Скопје. Во текот на посетата беше остварена средба со раководните лица на компанијата како и детални разговори со техничкиот персонал на компанијата. Во текот на посетата беше направена обиколка на котларата, административната зграда и производните погони. Од страна на претставниците на МАЦЕФ беше извршено снимање со термографска камера на опремата и објектите, а се изврши и мерење на составот и температурата на излезните гасови на котловската постројка. Како дел од проектните активности, МАЦЕФ има обврска да подготви анализа на енергетските состојби во компанијата и притоа да изготви соодветен акциски план со мерки за зголемување на енергетската ефикасност на постројките во фабриката. (ЖИ) Проект РЕАЦХ Во рамки на проектот следниот период ќе бидат реализирани следните проектни активности: 1.посети на останатите 150 домаќинства за да се постигне предвидената бројка од 400 домаќинства по регион и 2.изработка на вториот промотивен видео клип за проектот РЕАЦХ во Македонија. (ЖИ) Повеќе... Проектот РеПублик_ЗЕБ Проектот RePublic_ZEB влезе во последниот месец од својата реализација. Во изминатиот период, на проектот се работеше на два работни пакети: Работен пакет 4 Анализа на трошоци/добивки од „пакетите на мерки“ за реновирање до nZEB: Завршена е анализата за осетливост околу пресметките на две референтни згради, училиште и канцеларии, вклучувајќи 6 нЗЕБ пакети на мерки. Анализата на осетливост покажа дека пакетите на мерки за реконструкција кон нЗЕб се исплатливи и остварливи во Македонија и јужна и југоисточна Европа. Работен пакет 5 - Стратегии и насоки кон nZEB: Оваа активност се фокусира на промоција и развивање упатства за забрзување на реновирањето на јавните градби и приближување кон стандардите за nZEB. Целната група за овие правила на работа ги вклучува: градежната индустрија, станбени организации, сопственици на група згради и развивачи. Активностите за промоција ќе бидат придружувани од група на препораки за политики за да се олесни реализацијата на nZEB стандардите во секоја земја. МАЦЕФ започна со изработка на модел договор за нЗЕБ. (СП) Повеќе Проект МултЕЕ Локалниот спроведувач на проектот multEE, Центарот за енергетска ефикасност на Македонија, во изминатиот месец започна со подготовка на партнерскиот состанок кој ќе се одржи во Скопје, Македонија. Освен состанок на партнерите на проектот, во Скопје ќе се одржи и обука за администратори за MVP платформата. Администраторите на платформата доаѓаат од 9 земји во Европа, меѓу кои Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Германија, Данска, Литванија, Латвија, Грција и Словачка.

Исто така, во изминатиот период, завршено беше прилагодувањето на платформата за следење и потврдување на заштедите на енергија преку примена на мерки за енергетска ефикасност – MVP за условите во секоја држава во која се планира да се примени истата. МАЦЕФ ги завршува прилагодувањата на новите случаи од методологијата Оддоле – Нагоре и усвојувањето на влезни параметри. (СП) Повеќе Проект Streetlight-EPC На 21 и 22 Септември, 2016 година, членови на Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ и Град Скопје, присуствуваа на проектниот состанок на Streetlight EPC. Настанот се одржа во хотел Дубровник. На состанокот се дискутираа можностите и пречките за формирање на компании за енергетски услуги, посебно во секторот на јавно и внатрешно осветлување, потпишување на договори со гарантирани енергетски карактеристики и јавноприватно партнерство помеѓу компаниите кои нудат такви услуги и општините. Исто така, се дискутираше досегашната реализација на обврските кои произлегуваат од проектот на локално ниво, како и идните извештаи и анализи. МАЦЕФ заедно со Град Скопје, помогна во подготвување на една проектна документација и направи повеќе анализи за јавно осветлување. Во Хрватска, тимот на проектот направи и 2 посети на најдобри практики, една улица на која старите и неефикасни светилки се заменети со LED, како и еден пример на внатрешно осветлув ање. (СП) Повеќе Првичен состанок на SEERMAP проектот На 22 и 22 септември беше одржан првичниот состанок на SEERMAP (South East Europe Energy Map)проектот на кој учествуваа претставници на невладиниот сектор и енергетскиот сектор од сите земји од Југоисточна Европа.На овој состанок беа присутни двајца претставници на Центарот за енергетска ефикасност на Македонија и двајца претставници на Агенцијата за енергетика на Република Македонија.На состанокот беа ревидирани сознанијата за стратешките планови за производството на електрична енергија во следниот 30-годишен период на сите земји од ЈИЕ, како и нивните планови за целосна декарбонизација на производството. Беа изведени заклучоци за постоечката ситуација во регионот во поглед на производните можности, но и за реалните желби, стратешките намери на секоја од земјите.На истиот состанок беа претставени и партнерските организации и енергетски агенции кои земаат учество во проектот. (ЖИ) Проект CET_CAP Во месец септември здружението МАЦЕФ активно работеше на подготовките на првата обука која треба да се одржи во средината на месец октомври. Целна група на првата обука се инструкторите од автошколите и компаниите кои се занимаваат со превоз на патници на ниво на Град Скопје. Темата која ќе биде обработена во рамки на двете обуки е „Енергетски ефикасен и еколошки транспорт“, обработена од два различни аспекти. Првата обука ќе има повеќе практичен аспект за

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ;Следете нé и наMACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 162

Страница 3

можностите за искористување на постоечките технологии со цел постигнување на енергетски ефикасен транспорт. Втората обука ќе биде насочена кон усвојување и прилагодување на поголемиот дел од европските стандарди со цел постигнување на енергетски ефикасен и еколошки транспорт во Република Македонија. (ДТ)

Анализа

Нуклеарна енергија и одржлив развој: Влијанија од користење на земјиште Во септември 2015 година, земјите членки на Обединетите Нации усвоија агенда за развој во следните 15 години чија цел е целосно решавање на проблемите со сиромаштијата, нееднаквоста и неправдите, како и најважниот проблем – заштита на планетата Земја. Најважни цели истакнати во оваа агенда се 17 цели за одржлив развој (SDGs – Sustainable Development Goals) кои што ги опфаќаат најкритичните области на денешницата. Во извештајот Нуклеарна енергија и одржлив развој на Меѓународната агенција за атомска енергија објавен во Септември е наведено дека нуклеарната енергија значајно придонесува кон одржливото снабдување со енергија и ги разгледува трите аспекти на одржливост: економски, социјален и аспект на животна средина. Интензитетот на искористеност на земјиштето е важен фактор за одржлив развој на енергетиката во секоја држава. Во литературата постојат повеќе методологии за опишување на степенот на искористување и влијание врз земјиштето по различни видови на производни енергетски постројки. Со овие, во предвид се земаат директните и индиректните влијанија од искористување на земјишни површини, вкупната површина, површината што е под директно влијание, процент на ефективна искористеност, моментални и постојани потреби од земјиште, како и отпечаток врз земјиштето (m2по човек). Заклучокот е дека нуклеарното производство на електрична енергија спаѓа во оние технологии кои имаат најмало влијание врз земјиштето. Единствено гасните турбини со комбиниран циклус и хидроелектричните постројки (не вклучувајќи ги реверзибилните ХЕЦ) имаат помал отпечаток врз земјишните површини и тоа 0,26 и 0,2 m2год/ MWh, соодветно, споредено со нуклеарните постројки кои имаат0,78 m2год/ MWh. Ваквиот резултат е предизвикан од фактот дека високата енергетска густина на нуклеарното гориво и малиот волумен на отпадот делумно го намалуваат ефектот од долготрајното уништување на земјиштето поврзано со складирање на нуклеарниот отпад. За споредба, производството на енергија од јаглен остава најголем отпечаток по единица произведена електрична енергија и тоа во текот на целиот животен век на постројката (20,4m2год/MWh). За обновливите извори на енергија, влијанието врз земјиштето е најизразено во текот на нивниот работен век, но доколку се оценуваат во целиот нивен животен век, тогаш може да се заклучи дека имаат поголем отпечаток во споредба со нуклеарните централи. Значи, ако се земе во предвид дека во иднина во најголем дел производство на електрична енергија ќе се остварува од ОИЕ, тогаш е јасно дека нивната изградба ќе биде поврзана со зафаќање на поголема површина, вклучително и изградба на соодветна дистрибутивна и преносна мрежа, во зависност од планираниот вид на производни постројки, така што за оние држави кои целат кон одржливост на енергетскиот сектор, потпирањето врз сигурноста на производството од нуклеарни централи без сомнеж ја задоволува дефиницијата за одржлив развој, гледано од аспект на животна средина.(ВП) повеќе ИЗРАБОТУВАМЕ ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛИ Издаваме СЕРТИФИКАТИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ Издаваме Изјави/Потврдиза исполнување на барања за минимални енергетски карактеристики, потребни за вадење градежна дозвола.

Приготвуваме ИЗЈАВИ/ПОТВРДИ за станови кои треба да се понудат на пазар за продажба или изнајмување. Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност наопштините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика. ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk

МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Новости од Македонија

5 градинки од Велес со топлинска изолација на надворешните ѕидови Општина Велес во изминатиот период активно работеше на спроведување на проектот „Енерџинет“, со кој пет од вкупно шесте детските градинки во Велес добија топлинска изолација на надворешните ѕидови. Вкупната површина на надворешните ѕидови на кои беше поставена топлинската изолација изнесува 2826 m2. Останува да се уреди уште последната градинка, објект кој се наоѓа во месноста Дворови и кој не беше опфатен со овој проект. Обврската за обновување на овој објект ја презема локалната власт. (СП) Повеќе Меѓугранична соработка Македонија – Албанија На 21 септември се одржа информативната средба за претставниците на невладиниот сектор и МСП кои се заинтересирани за пријавување на проекти кои би биле финансирани од средствата определени за повикот за учество вомеѓугранична та соработка меѓу Република Македонија и Република Албанија.На оваа средба меѓу другите, свое обраќање имаа амбасадорот на ЕУ во Македонија, г-дин Семуел Жбогар, како и министерот за локална самоуправа гѓатаШирет Елези кои го отворија повикот. Техничкиот дел на информативната средба беше одржан од страна на претставници од ЕУ канцеларијата и во присуство на повеќе претставници на невладиниот сектор, непрофитни организации и мали и средни претпријатија. Во овој дел, претставниците на ЕУ детално ги опишаа условите, можностите,

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ;Следете нé и наMACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 162

Страница 4

финансиските средства и типот на организации кои можат да се пријават на повикот. На крајот од средбата следеше неколку минутна дискусија и прашања од страна на присутните учесници. (ЖИ)

Новости од светот

Белград добива нова линија за јавен транспорт со нови електрични автобуси Градоначалникот на главниот град на Србија г-динот Синиша Мали и кинескиот амбасадор г. Ли Манчанг присуствуваа на пуштањето во употреба на првите пет електрични автобуси на 1 септември. Возилата коишто се распоредени за опфаќање на цела линија од јавниот транспорт во централниот дел на Белград се купени од Израелско-Бугарската компанија Chariot Motors. Тие претставуваат резултат на соработката со производителот Higer Bus Company Ltd. и производителот на ултра кондензатори Shanghai Aowei Technology Development Co. Ltd, од коишто двете компании потекнуваат од Кина. Г-динот Mali изјавува дека локалната власт планира за обновување на 40 трамваи наредната година, кои треба да се опремат со клима уреди и обезбеди бежичен интернет. (БК) Повеќе... Германија го претставува на светот првиот патнички воз со нула-емисии на штетни гасови, погонуван од водород Воз наречен "Coradia iLint" е развиен во последните две години од француската компанија Alstom. Возот погонуван на водород функционира со искористувањето на резервоарот за водород, кој е поставен на покривот од возот, кој ја погонува горивната ќелија за производство на електрична енергија. Оваа технологија обезбедува нова алтернатива која што е погодна за животната средина за разлика од возовите погонувани на дизел гориво коишто сеуште се употребуваат во поголемиот дел од Германија. Инженерите ја развивале технологијата наречена ‘hydrail’ во последните 15 години, но повеќето со товарните возови. Новиот воз од Alstom ќе биде првиот патнички воз погонуван на водород кој ќе се користи за патувања на подолги растојанија. Со полн резервоар новата локомотива ќе биде овозможена да патува 600 до 800 km. Друга предност е тоа што и при постигнување на најголемата брзина од 140 km/h, единствениот звук кој што се јавува е оној кој го предизвикува движењето на тркалата и отпорот на воздухот. (БК) Повеќе... Официјално започнува израдбата на хидроцентралата Врандук Свеченоста по повод обележувањето на почетокот на изградбата на зелениот енергетски проект вреден 57.4 милиони евра е одржан на територијата на градот Зеница. Хидроцентралата ќе има капацитет од 19,6MW, а годишното производство на електрична енергија би требало да достигне 96GWh. Владата на БиХ во овој проект учествува како коинвеститор со 11,24 милиони евра, а останатите финансиски средства за реализација на проектот се финасирани од Европска Банка за Реконструкција и Развој и Европската Инвестициска Банка. (БК) Повеќе...

Занимливости

Нов патент ги зголемува надежите за зафаќање на јаглерод двооксид Со употреба на мембрански материјал составен од ензими, кој е десетпати потенок од меур, возможно е да се издвои јаглеродниот двооксид од азотот и кислородот и притоа да се забрза неговата растворливост во вода за повеќе од десет

милиони пати. Креаторите тврдат дека овој патент функционира во лабораториски услови и тоа по исплатлива цена од 40 долари за тон. Ако оваа мембрана се постави на постројка на јаглен, тогаш за период од една година можат да се избегнат емисии на CO2 кои заменуваат засадување на нови 63 милиони дрва кои би растеле во период од 10 години. Емисиите на стакленички гасови кои настануваат од согорувањето на јаглен, нафта и гас уште од крајот на 19-тиот век предизвикаа зголемување на количеството на јаглерод двооксид во атмосферата, кое од помалку од 300 ppm, се зголемило на 400 ppm во целиот свет, а забележано е и зголемување на просечната глобална температура за 1°C. Минатиот декември во Париз светските нации постигнаа договор за намалување на емисиите и задржување на глобалното затоплување на помалку од 2°C споредено со прединдустрискиот период, но сепак постојат докази дека сите досега направени национални планови нема да бидат доволни. Иако постојат повеќе методи и технологии за заробување на јаглеродниот двооксид, како и негово претворање во корисно биогориво, сепак тие сè уште се многу скапи и неисплатливи. Новата мембрана чиешто трговско име е CO2 Memzyme нуди нов пристап кон овој проблем и покрај тоа што уште долго нема да биде комерцијално достапен. повеќе

Корисни интернет адреси

www.energyweek.mk www.reachenergy.eu www.managenergy.net/kidscorner www.republiczeb.org www.erc.org.mk www.energy.euwww.sustenergy.org/www.ase.org/ www.worldbank.org www.motorchallenge.org/www.rec.org www.economy.gov.mk www.kids.evn.com.mk www.ea.gov.mk www.display-campaign.org/ www.energie-cites.org/ www.rexus.com.mkwww.ri.com.mk www.reeep.org www.europesustainableenergy.com www.rehau.com.mk

Манифестации

Венеција 2016та – Меѓународен симпозиум за енергијата добиена од биомасата и отпадот 14ти до 17ти ноември 2016 Венеција, Италија Целта на симпозиумот Венеција 2016та е да се даде фокус на напредоците кои се постигнати во примената на технологиите за искористување на енергијата од биомасата и отпадот. Симпозиумот ќе вклучува усна/презентација со постери и работилници. (БК) Повеќе... Меѓународна конференција „Бизнисот, Економијата, Општествени и хуманистички науки“ 10ти до 11ти декември 2016 Белград, Србија Конференцијата ќе ги опфати виталните прашања во бизнисот, економијата, општествените и хуманистичките науки во рамките на повеќето под теми. Целта на конференцијата е поддршка, охрабрување како и обезбедување на платформа за вмрежување, споделување, издавање и одржување на потенцијалниот развој на индивидуалните изучувачи ширум светот. (БК) Повеќе... Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија МАЦЕФ Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; заменик: Д. Трпкоска. Соработници: Ј. Д. Капац, Б. Калиманов, С. Паневски, Ж. Илиевски, В. Поповска.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ;Следете нé и наMACEF Facebook


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.