Инфомацеф бр 164 и 165

Page 1

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Ноември и Декември 2016

Број 164/165

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Во овој број:  Од уредникот  Активности на МАЦЕФ  МАЦЕФ истражува за Вас  Новости од Македонија и светот  Занимливости  Корисни web-адреси  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ -ДВОБРОЈ– И тоа се случи почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Досега 163 пати редовно го приготвувавме секој месец нашиот Информатор, но овој пат бевме принудени информациите да ги “стуткаме“ за два месеца заедно – заради ПРЕЗАФАТЕНОСТ. Од Ноември до 17 Декември секој ден работа – но ги исполнивме договорените обврски во поставените рокови! Иако не зависеше од нас дури се спроведоа Изборите за новиот парламент. Ние се залагаме за спроведување на Ефикасна Енергетска политика. Ви ја честитаме Новата Енергетски Ефикасна 2017 Година, придружена со сите празници. Декември е месец кога се средуваат завршните сметки, си ги честитаме успесите или се тешиме кога не сме добиле некоја работна задача, а силно сме ја посакувале. Но тоа е реалниот живот и така треба да биде! Како и досега, сакаме Вашето внимание да го насочиме кон нашите активности: На редовното годишно собрание, заклучивме дека 2016 година беше финансиски поповолна во споредба со претходната, но и дека 2017 ќе биде доста “напорна“ за да успееме да го реализираме финансискиот план. Обука за спроведување на МВП Платформата Претставен Третиот Акционен План за Енергетска Ефикасност Завршна презентација на достигнувањата со проектот ЕКОС Дијагностички испитувања на простории во БИМИЛК Предадена е студијата СЕАП за општина Велес Редовни активности на меѓународните проекти Загадување од огревно дрво - табела На 30.11. се одржа состанок на “групацијата во формирање“ на лиценцирани енергетски контролори. Проектот ИМЕ превзеде обврска да предложи Статут на новото здружение, како и да обезбеди средства за енергетска контрола на неколку хотели! Очекуваме информација до каде е стасано со оваа иницијатива! Сметаме дека добар дел од загадувањето во градот Скопје, но и во другите градови е предизвикано од согорување на дрвото и пелетите. Биомасата како енергент е полезна кога се размислува за климатските промени. При нејзиното согорување во атмосферата се испуштаат загаувачки материи на ЛОКАЛНО НИВО! А тоа влијае на нашето здравје! А сега е време да наздравиме со Најдоброто од Македонија – чашка вино или ракија! Наздравје!!!! Поздрав до следниот број Проф. д-р Константин Димитров

ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, кое што нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources) - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацијата на Консултантски организации - на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ

Годишно Собрание на здружението МАЦЕФ

МАЦЕФ

за

2016

година

на

На 23ти декември се одржа редовното дванаесетто Годишно собрание за 2016 година. Присуствуваа членови, симпатизери и соработници на здружението МАЦЕФ, а дел од поканетите заради неодложни работни обврски, посакаа успешна работа преку пораки. Во согласност со дневниот ред, собранието го отвори претседателот г-ѓата Јасминка Димитрова Капац, и ги презентираше реализираните активности. Членот на Претседателството проф. д-р Константин Димитров ги претстави годишниот финансиски извештај, финансискиот план и програмата за работа за 2017 година. На годишното собрание беше предложена и изгласана една измена на Статутот на здружението. На крајот од годишното собрание присутните ја поздравија работата на здружението со желба и следната 2017 година да биде подеднакво успешна како и изминатава. (КД) Проект REACH Во месец ноември и декември активностите на проектот REACH се фокусираа на набавката на енергетско ефикасните уреди за 400 енергетски сиромашни домаќинства кои беа вклучени во проектот. Како дел од уредите, беа набавени штедливи светилки, рефлектирачки фолии, продолжни кабли со прекинувачи, изолациони гумени ленти за прозорци, аератори, и др. Зависно од анализата на потрошувачката на енергија и вода, на секое домаќинство ќе му се додели пакет со горенаведените уреди со кои ќе може да ја намали потрошувачката. При тоа, на домаќинството ќе му биде доделен и прирачник со цел подигање на свеста кај членовите на овие домаќинства за ефикасна потрошувачка на енергија. Планираните активности за посета на овие домаќинства ќе се одвиваат и во месец јануари. (ЖИ) Повеќе... Проект СЕЕРМАП

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 178 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 164/165

Во изминатите два месеци во рамки на проектот СЕЕРМАП беа организирани две обуки на кои присуствуваа сите проектни партнери и претставници од јавни иснтитуции од сите земји учеснички. Првата обука се одржа од 15 до 18 ноември, во хотелот Рамада во Подгорица се одржа втората обука од проектот “South East European Electricity Roadmap” (SEERMAP) за претставниците од земјите од ЈИЕ на која присуствуваа и четири претставници од Македонија, и тоа двајца од Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ, како и двајца претставници од Агенцијата за енергетика на Република Македонија. Целта на оваа обука беше запознавањето на присутните со потенцијалното вклучување на ОИЕ во енергетските системи на земјите од регионот во иднина и планови за нивно реализирање. Секоја земја учесничка имаше своја презентација за можностите за вклучување на ОИЕ. Јасминка Димитрова Капац ги претстави тековните активности и можностите на Македонија пред присутните слушатели на обуката. Втората обука се одржа од 13 до 16 декември во Тирана, Република Албанија со која се заокружи циклусот на обуки во рамки на проектот. (ЖИ) Последниот информатор на РеПублик_ЗЕБ проектот стигнува овој месец Четвртиот (и последен!) информатор од меѓународниот проект за реновирање на јавните објекти кон згради со потрошувачка на енергија блиску до нула: Refurbishment of the Public Building Stock Towards Near Zero Energy Buildings – RePublic_ZEB содржи новости за сите реализирани активности на проектот, како и корисни линкови каде што можете да ги видите извештаите кои беа подготвени. За повеќе информации, посетете ја нашата интернет страна: www.republiczeb.org. RePublic_ZEB е проект финансиран од Европската Комисија кој соединува партнери од државите во Југоисточна Европа со цел развивање и промоција на алатки за згради со енергија блиску до нула – Near Zero Energy Building (nZEB). Целта на овој две-иполовина годишен проект е обезбедување на средства за снижување на потрошувачката на енергија во јавните згради до блиску до нула, во согласност со Член 9 од Европската Директива за енергетските перформанси на зградите. Проектот ги опфаќа следните држави: Бугарија, Хрватска, Македонија, Грција, Унгарија, Италија, Португалија, Романија, Словенија и Шпанија (Каталонија). Проектот веќе се ближи кон крајот и сите произлезени резултати ќе бидат достапни на веб страната на проектот. (СП) Повеќе... Обука за МВП системот во Скопје – МултЕЕ проект Обуката за Системот за следење и верификација (МВП) за мерки за енергетска ефикасност, се одржа во Скопје, на 9 ноември, 2016 година, во Хотел Арка. Системот за следење и верификација (МВП) помага на одговорните тела за следење на мерките за енергетска ефикасност и одредување на напредокот кон поставените цели. Системот помага во систематско собирање на

Страница 2

податоци за голем број на планови и мерки, нивното спроведување, енергетски заштеди, емисии на стакленички гасови и трошоци за спроведување. Системот исто така го подобрува процесот на следење и потврдување на резултатите, дозволува навремени поправки на индивидуалните мерки и го подобрува процесот на донесување на одлуки во енергетскиот сектор. (ЖИ) Повеќе... 4 партнерски состанок на МултЕЕ тимот во Скопје Конзорциумот на мултЕЕ проектот се состана во Скопје на 9-10 ноември, 2016 година во Хотел Арка. Дискусијата беше насочена кон напредокот на проектот и наредните чекори. Состанокот беше продолжен со обука за Системот за следење и верификација (МВП), каде беа присутни претставници на 10 држави. (СП) Повеќе... Проект Streetlight-EPC Во месец ноември беше изработена промотивна брошура во која беа презентирани сите спроведени реконструкции на системи за улично и внатрешно осветлување во рамки на проектот. Спроведените проекти претставуваат главна цел на проектот, која сите 9 проектни партнери се обврзани да ја спроведат на ниво на регионот/државата што ја претставуваат. Во моментов брошурата е во завршна фаза и се очекува да биде испечатена до крајот на 2016та година. Дополнително, проектните партнери активно работат на последните проектни активности со кои ќе биде комплетиран проектот. Последниот настан кој е поврзан со овој проект се одржа на 23 декември во организација на проектните партнери МАЦЕФ и Град Скопје, на настанот беа потврдени досегашните стекнати знаења поврзани со реконструкцијата на системите за улично осветлување во општините во Република Македонија и се дадоа препораки дека потребни се доста измени и труд за да може да се надминат препреките и да се стекне взаемна доверба помеѓу општините и приватните компании. (ДТ) Повеќе... Проект CET_CAP Во месец ноември беа спроведени неколку активности со кои беше финализиран неколкумесечниот проект. Најнапред беа одржани неколку состаноци со автошколи од Скопје, како потенцијални проектни партнери. Целта на состаноците беше да се поттикнат автошколите да се приклучат кон пилот активноста: „Следење на потрошувачката на гориво со примена на препораки за ЕКОВозење, како потенцијална можност за намалување на потрошувачката и емисијата на стакленички гасови“. Во рамки на оваа пилот активност се вклучи само една организација – автошколата АРДИ, која несебично вклучи еден автомобил од својот возен парк. Согласно податоците кои беа добиени и методологијата која беше користена, се утврди дека само со следење на препораките за ЕКОВозење има можност за намалување на потрошувачката на гориво и намалена емисија на стакленички гасови од 5%. Дополнително, на 22ри ноември се одржа втората обука за Промовирање на придобивките од ЕКОВозењето. Настанот се одржа во две сесии, во првата сесија беа промовирани ЕУ стратегиите и стандардите во секторот транспорт, обуките за ЕКОВозење и потребата од спроведување на енергетските контроли само за транспортот. Втората сесија

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 164/165

беше насочена кон моменталните технологии кои се застапени во автомобилската индустрија. Целна група на втората обука се Министерство за транспорт и врски, Министерство за заштита на животна средина и просторно планирање, Министерство за економија-Секторот енергетика, Агенција за енергетика, Град Скопје, Општините од Република Македонија, Центрите за регионален равој, Здружение на сообраќајот при стопанската комора на Македонија, Групацијата на лиценцирани таксипревозници и се разбира сите кои беа поканети на првата обука: Автошколите и правните субјекти кои вршат градски превоз на ниво на град Скопје. Во месец декември беа изработени наративниот и финансискиот извештај со кои се заокружи и овој неколку месечен проект. (ДТ) Проект ЕКОС Кампањата ЕКОС финансирана од Министерството за економија на Република Македонија беше финализирана во месец ноември. Во изминатиот месец МАЦЕФ успеа да ги изработи сите 10 Акциони планови за приватните компании кои се пријавија на отворениот повик на Секторот за енергетика при Министерството за економија. Согласно договорните обврски, во општините Босилово, Ѓорче Петров, Струга и Чаир, беа организирани 4 отворени денови. Целта на отворените денови беше да се промовираат постигнатите резултати од акционите планови, како и да се поттикнат приватните компании за воведување на енергетското управување во секојдневната работна рутина. Кампањата беше заокружена со финалниот промотивен настан кој се одржа во просториите на Министерството за економија. На настанот беа промовирани сите 10 акциони планови и мерките за енергетска ефикасност кои се препорачуваат во индустриски објекти. (ДТ) Фонд за зелен развој (GGF – Green for Growth Fund) МАЦЕФ повторно е избран како техничка поддршка за ЕКО кредитите кои ги нуди ХАЛКБАНК, а се овозможени од кредитната линија GGF - Green for Growth Fund ili ГГФ - Зелено за развој! ЕКО кредитите се наменети за физички и за правни лица за финансирање проекти од енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, намалување на емисијата на јаглерод двооксид, подобрување на животните услови преку промена на топлинската изолација, врати и прозорци, нови системи за греење итн. За повеќе информации обратете се во Центарот за енергетска ефикасност на Македонија-МАЦЕФ на телефонот 3090 178 или eлектронската пошта d.dimovska@momee.org.mk. (ДТ) ИЗРАБОТУВАМЕ ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛИ Издаваме СЕРТИФИКАТИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ Издаваме Изјави/Потврди за исполнување на барања за минимални енергетски карактеристики, потребни за вадење градежна дозвола. Приготвуваме ИЗЈАВИ/ПОТВРДИ за станови кои треба да се понудат на пазар за продажба или изнајмување. Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика.

ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Страница 3

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk

МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност

Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци, Кичево и Демир Капија.

Годишна членарина: 24 000 денари

ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Мој став

Податоци за емисија на полутанти при согорување на дрво (биомаса) во домашни печки. Други се вредностите ако се согорува дрво/биомаса во котли до 50 MW. Емисијски фактор

Единица

Вредност

NOx CO NMHOS SOx NH3 TSP PCDD/F Benzo(a)piren Benzo(b)fluoranten Benzo(k)fluoranten Indeno(1,2,3-cd)piren

g/GJ g/GJ g/GJ g/GJ g/GJ g/GJ ng I-TEQ/GJ mg/GJ mg/GJ mg/GJ mg/GJ

50 6000 1200 10 5 850 800 250 240 150 180

Литература

95% интервал на доверливост долен

горен

30 4000 720 6 3,8 510 500 150 180 90 108

150 6500 1500 40 7 1190 1000 300 260 180 200

EMEP / EEA emission inventory guidebook 2009 Печки на дрво и сличен дрвен отпад

TSP – Total Suspended Particles NMVOC –Non-methane volatile organic compound (benzene, ethanol, formaldehyde, cyclohexane, 1,1,1- trichloroethane or acetone) PCDD/F - Polychlorinated dibenzo(p)dioxin and furan

Според тоа био-масата мора да се разгледува како сериозен учесник во загадувањето на локалната атмосфера!

Новости од Македонија

Четврта студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој – СКЕЕОР Студентите на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на 24.11.2016г. ја почнаа тридневната студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој – „СКЕЕОР 2016“. „Со вакви настани студентите имаат можност да се вклучат и да размислуваат на темите опфатени со енергетската ефикасност и одржливиот развој, се подигнува нивната свест за актуелните проблеми во овие области и придонесува кон изнаоѓање нови решенија. На самата конференција, покрај тоа што студентите ќе ги презентираат своите трудови, присутни ќе бидат и претставници од компании, како и професори кои ќе одржат пленарни предавања. Секако организирањето на една ваква конференција не е едноставно и не би било возможно без поддршката од Факултетот за електротехника и информациски технологии, како и компаниите кои застанаа зад конференцијата. Традиционално примарната цел на конференцијата останува иста: да биде мост кој ги поврзува студентите со компаниите и професорите, експерти во оваа област“, вели Андреј Станковски, еден од организаторите на Конференцијата. За деканот на ФЕИТ, Димитар Ташковски, енергетската ефикасност и одржливиот развој се меѓу најактуелните теми на кои се посветува сериозно внимание во светот. „Сведоци сме на значителен напредок во енергетската ефикасност на електротехничките уреди, технологијата на

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 164/165

материјалите и сé поголемото искористување на обновливите извори за енергија. Од друга страна, засегнати од штетните влијанија на фосилните горива врз животната средина, наша обврска е да работиме и истражуваме на ова поле, но и да придонесеме кон зголемување на еколошката свест за денешните и идните генерации. За актуелноста на темата говорат и огромниот број конференции и работилници за енергетска ефикасност и одржлив развој. Се настојува колку што е можно, теоријата да се претвори во реалност. Но, наш впечаток е дека ниту една од овие конференции и работилници не е организирана од студентите и за студентите. Оваа „празнина“ ја дополнува нашата студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој. Исто така, огромен дел од студентските трудови од минатите СКЕЕОР конференции веќе се имплементирани на ФЕИТ и даваат одлични резултати“, вели Ташковски. (СП) Повеќе... Во Штип е направена првата соларна сушара во регионот Новата сушара за овошје и зеленчук која е направена во Штип има капацитет од 100 килограми, а при температура од 70°C, овошјето и зеленчукот се сушат за приближно 9 часа. Оваа сушара работи на принцип на апсорпција и е изработена од еколошки материјали кои не ја загадуваат храната што се суши внатре. Цената на чинење на сушарата засега изнесува 1500 евра, што е всушност 30% поевтино од сушарите што досега се користеа, а кои главно работеа на електрична енергија. Придобивките од овој тип на сушара се големи, бидејќи пред сè се добива квалитетен и поевтин производ, а потребната енергија за сушење е помала за приближно 70% во споредба со конвенционалните сушари. На тестирањето на 23 Ноември, при надворешна температура од 12°C и облачно време, сушарата постигнала температура од 69°C. (ВП) Повеќе... Твининг проектот за јакнење на административните капацитети за спроведување на Рамковната директива за отпад и директивите за посебните текови на отпад На 14.12.2016 година во ЕУ Инфо Центарот во Скопје, локални и странски експерти одржаа презентации на тема управување со отпадот во Македонија, со што беше започнат Твининг проектот за јакнење на административните капацитети за спроведување на Рамковната директива за отпад и директивите за посебните текови на отпад. Овој проект има за цел креирање и воведување на подобрен систем за управување со отпадот, како и создавање на можности за развој и подобрено функционирање на постојните системи за управување со отпадот. Очекуван резултат од проектот е интензивирање на активностите за рециклирање на територијата на Р. Македонија и усовршување на системите за депонирање на сите видови на отпад. „Во областа на управувањето со отпадот голем дел од европските директиви се имплементирани во националното законодавство. Сепак, работата мора да се одвива во континуитет и хармонизацијата со новите директиви кои се донесуваат во оваа област ќе мора да се продолжи, а со цел достигнување на стандардите за заштита на животната средина и здравјето на нашите граѓани“ – изјави Ана Мазнева, раководител на Секторот за отпад при МЖСПП. (ВП) Повеќе... Средношколци од Македонија, Италија, Полска, Турција, Шведска и Португалија заедно ќе учат да ја чуваат животната средина

Страница 4

СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“ заедно со уште пет училишта од Европа, преку проект ќе се обиде да ја подигне свеста кај учениците и целокупната јавност за рециклирање на материјалите и зачувување на животната средина. Со нивното учество во проектот и стекнатото знаење, учениците ќе развијат одговорност кон животната средина и свест за начините на спречување на загадувањето. Дополнително, се очекува стекнатите позитивни навики да се пренесуваат и на другите ученици, следните генерации, родителите и опкружувањето, со цел обезбедување на т.н. доживотно учење. Во рамките на овој проект “GOT POLLUTION? BE THE SOLUTION … RECYCLE!”, чиј што партнер е училиштето Васил Антевски Дрен, во посета на Р. Македонија и Министерството за животна средина и просторно планирање беа професори од петте европски држави: Италија, Полска, Турција, Шведска и Португалија, при што имаа можност да се запознаат со генералната состојба со управување со отпадот во нашата држава, националната регулатива како и постигнатите резултати во делот на рециклирањето. (ВП) Повеќе... Синхронизирано и системско решавање на проблемот со аерозагадувањето во Скопје На научната конференција за аерозагадување, која се одржа на 22.12.2016 година во Скопје се донесоа повеќе значајни заклучоци во врска со загадувањето на воздухот во главниот град Скопје. Во Скопје речиси и да нема безбедно место, со мали разлики на некои приградски населби. Како и да е, најголемите проблеми со кои се соочуваат граѓаните на главниот град се климатските состојби во зимскиот период, големиот удел на греење со фосилни горива и загадувањето со опасни хемиски супстанции во воздухот. Постојат и голем број на депонии на напуштени објекти и процеси кои повеќе не се во функција, така што опасноста на цврстите честички произлегува од големото ниво на токсични супстанции во воздухот, што го наоѓаат својот пат до човечкиот организам преку честичките на јаглен (што всушност претставува активен јаглен) на кои одлично се апсорбираат сите овие токсични материи. Овој проблем може да се спречи со примена на долгорочни мерки за системско решавање на проблемот, во кое решавање треба да се вклучат сите елементи од општеството. (ВП) Повеќе...

Новости од светот

Швајцарија гласаше против предвременото исклучување на нуклеарните централи Мнозинството кантони гласаше против иницијативата за воведување на строга временска рамка за исклучување на нуклеарните реактори, предложена од зелената партија во Швајцарија. Остварувањето на планот на „зелените“ би значело затворање на три од вкупно пет нуклеарни централи во следната година, а затворањето на последната од нив би била во 2029 година. Моментално овие пет централи обезбедуваат околу 40% од електричната енергија во Швајцарија. Активистите за заштита на животната средина тврдат дека нуклеарните централи не треба да работат повеќе од 45 години, што всушност значи дека две постројки треба да се затворат уште веднаш. Меѓутоа бизнисмените и владата ги одбиваат овие ставови со образложение дека истото би можело да доведе до недостиг од електрична енергија или пак поголема зависност од фосилни горива. Постојат и гласини дека швајцарските избирачи секогаш гласаат за она што го препорачува владата и бизнис лидерите, а истото се докажа и овој пат. Секако, Швајцарија редовно е рангирана меѓу светските држави со најдобро развиена економија, а гласачите не би сакале да го нарушат тој статус. Причина повеќе за ваквиот исход од референдумот на 27 Ноември е и фактот дека Швајцарија сепак има долгорочен план за замена на производството на енергија со обновливи извори и

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 164/165

постепено целосно ослободување од зависноста на енергетскиот систем од нуклеарна енергија. (ВП) Повеќе... Европска помош за енергетски ефикасни проекти во резиденцијалниот сектор во Хрватска Фондот за заштита на животната средина и енергетска ефикасност на Хрватска ќе понуди бесплатни правни совети и помош за менаџерите од резиденцијалните згради во проектите за енергетска ефикасност. Првата во серијата на работилници за енергетската ефикасност беше одржана во градот Задар на 3ти ноември, каде беа собрани значаен број на менаџери од резиденцијалните згради или пак друга форма на претставници од резиденцијалните згради. Претставниците од Секторот за енергетска ефикасност, која ја организираше работилницата, верува дека кофинансираните субвенции од 60% за енергетска ефикасност помогнало за појава на интерес помеѓу станарите на градот Задар и непосредната близина на општините во Шибеник. Претходно висината на субвенциите изнесувала до 40% од трошоците. На одржаниот состанок во главниот град на Хрватска Загреб, менаџерот на Фондот г-динот Ljubomir Majdandžić истакнува дека, започнувајќи од оваа година кофинасирањето на програмите за енергетската ефикасност преминува од национално на Европско ниво. Тоа вклучува проекти како Програмата за енергетско реновирање на мултирезиденцијалните згради. Хрватското министерство за Градежништво и просторно планирање веќе има објавено повик за средства во вредност од 147 милиони куни или 19,5 милиони евра, како дел од проектот „Енергетското реновирање на мултирезиденцијалните згради“. (БК) Повеќе... Централа за претворање на отпадот во енергија, ќе биде изградена во Албанија Интегрирана технологија за третирање на отпадот (WtE) ќе гради централа за третирање на отпадот близу градот Фиер. Проектот со вредност од 27,7 милиони евра ќе биде управуван од компанијата којашто е подружница на Интегрирани технолошки услуги и WtE централата ќе бидат префрлени на владата под договор од шест годишна концесија. Според изјавата дадена од Агенцијата за јавни набавки, Интегрирани технолошки услуги била единствениот наддавач за проектот. Градењето на WtE централата е во согласност со стратегијата и политиките за менаџирање на Министерството за животна средина и проектот беше започнат од локалното власт во градот Фиер во месец јули 2015та година. Главната цел на проектот е подобро менаџирање на интегрираниот урбан цврст отпад и негово претворање во електрична енергија. Се очекува дека централата ќе произведува максимум од 180 до 200 тони на цврст отпад дневно што ќе овозможи производство на електрична енергија 3,8MW. Изградбата и пуштањето во функција на оваа централа ќе го реши проблемот со отпадот засекогаш со процесирање на 70000 тони на отпад годишно, што е воедно и предвиденото производство на отпад од околината на градот Фиер. (БК) Повеќе...

Занимливости

Напредни техники во експлоатацијата на јагленот би можеле да бидат клучот во намалувањето на емисиите на јаглерод Покрај толку развиени земји кои ја отвараат темата за намалувањето на нивната зависност од јагленот па дури и отфрлањето на енергијата која се добива со користењето на јагленот во следната декада или две, останува фактот дека јагленот ќе биде актуелен уште долг временски период. Многу од земјите во развој сеуште зависат од јагленот како главен

Страница 5

извор на енергија. Знаеме дека јагленот не претставува чист извор на енергија но тоа не значи дека неможе да се претвори во почист извор на енергија. Новите технологии во ископувањето и процесирањето на јагленот можат да помогнат во намалувањето на штетните емисии. Следејќи го Парискиот Договор, 22 земји имаат поднесено планови коишто вклучуваат учество на напредни технологии во јагленот. Голем дел од сето ова претставува заробувањето на јаглеродот, технологија којашто би можела да ги намали емисиите и го зголеми производството на енергија. Пречката на оваа технологија е фокусирањето на владата кон употребата на обновливата енергија. Додека владите прифаќаат дека заробувањето на јаглеродот и неговото складирање се од големо значење за индустријата, сепак финасиските средства не се насочени кон развојот на потребните истражувања. 10 мегаватна централа во Chennai Индија користи систем развиен од компанијата Carbon Clean Solutions Limited (CCSL) за производство на електрична енергија на комерцијална основа додека заробува 97 проценти од своите емисии на јаглерод. Иако само во пракса на мала енергетска централа, CCSL е уверена дека технологијата е применлива. (БК) Повеќе...

Корисни интернет адреси www.energyweek.mk www.managenergy.net/kidscorner www.erc.org.mk www.ase.org/ www.motorchallenge.org/ www.energy.eu www.display-campaign.org/ www.reeep.org www.europesustainableenergy.com www.rexus.com.mk

www.reachenergy.eu www.eubuild.com www.sustenergy.org/ www.worldbank.org www.rec.org www.republiczeb.org www.energie-cites.org/ www.kids.evn.com.mk www.rehau.com.mk www.ri.com.mk

Манифестации ЕКОЛОГИЈА ’17 Меѓународна конференција за екологијата, еколошките системи и климатските промени од 17ти до 18ти февруари 2017 Истанбул, Турција Организаторите на конференцијата ги покануваат сите заинтересирани да учествуваат со свој апстракт. (БК) Повеќе... Семинар „Следење на развојот на енергетскиот пазар во ЈИЕ“ од 15ти до 16ти февруари 2017 Загреб, Хрватска Како почетен настан , Конференцијата за гасот во Централна и Источна Европа заедно ќе собере преку 150 регионални и меѓународни индустриски чинители, овозможувајќи платформа за дискусија, вмрежување и бизнис. (БК) Повеќе... ХидроТек Албанија од 22ри до 23ти февруари 2017 Настанот е наменет за поддршка на развојот на хидроенергијата во Албанија, зголемувањето на странските директни инвестиции и понатамошна помош во приватизацијата на индустријата во хидроенергијата. (БК) Повеќе...

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија - МАЦЕФ Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; заменик: Д. Трпкоска. Соработници: Ј. Д. Капац, Б. Калиманов, С. Паневски, Ж. Илиевски, В. Поповска.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.