InfoMACEF 186

Page 1

Број 186

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Септември 2018

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина

Во овој број:

      

Од уредникот Активности на МАЦЕФ Од соработниците на МАЦЕФ Новости од Македонија и светот Занимливости Корисни web-адреси Манифестации

ПОЛИТИКИ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ НА ОПШТЕСТВОТО БЕЗ ФОСИЛНИ ГОРИВА – ДЕКАРБОНИЗАЦИЈА

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Во изминатиот месец МАЦЕФ во процесот на јавно наддавање успеа да се избори за изработка на две тригодишна програма за енергетска ефикасност за општините Велес и Гази Баба. Предвидено е договорите да се потпишат во месец октомври и кога почнува да тече и рокот за нивна изработка. Во овој број на нашиот и ваш електронски Информатор Ви го свртуваме вниманието на следните теми: Политики за постигнување на одржлив развој на општеството без фосилни горива декарбонизација Презентација на Kawasaki Gas Turbine Europe GmbH во МАЦЕФ

Во Софија се одржа работен состанок на претставници од неколку земји од регионот со претставници од земјите од ЕУ. Целта е да се приготви потребниот материјал за започнување на ЕУ Проект со горниот наслов, кој сепак може делумно и да се измени во меѓувреме. Присутни беа претставници од следните земји: Унгарија, Австрија, Германија, Хрватска, Румунија, Грција и Бугарија (ЕУ земји) и Србија, Македонија, БиХ, Црна Гора, Албанија и Косово (Западен Балкан). Врз основа на технички податоци ќе треба да се предложат политики за забрзана примена на мерките за Енергетска ефикасност и Обновливи извори на енергија. Презентација на Kawasaki Gas Turbine Europe GmbH во МАЦЕФ

Проект WeBETT МАЦЕФ присуствуваше на „Eкспертска обука за оптимизација на системи за компримиран воздух во индустријата (CASO)“ Во

До читање со следниот број

Јасминка Димитрова Капац ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - ЗЛЕК – Заедница на лиценцирани енергетски контролори - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацијата на Консултантски организации - на РЕЕЕП, официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ

На 18ти Септември 2018 година, во просториите на МАЦЕФ во Скопје се одржа презентација на Kawasaki Gas Turbine Europe GmbH. Презентацијата на производите на Kawasaki Gas Turbine Europe GmbH ја одржа управителот за развој на бизнис на истата компанија, г. Кристијан Атанасовичи од Романија. Овластениот претставник на Кавасаки, пред избрана група на инженери, оствари презентација и размена на мислење за потенцијалот на изградба на нови когенеративни системи со мал и среден капацитет за едновремено производство на електрична и топлинска енергија. За одбележување е продлабочената дискусија која се однесуваше на прашањето: што е економски поповолно - гасна турбина или гасен мотор за когенерација? И одговорот беше очекуван: зависи кој производ повеќе му треба на потенцијалниот корисник - водена пара или само топлинска енергија (за греење/топлифицирање). Очекуваме корисна соработка со оваа реномирана компанија

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 178 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 186

Страница 2

Проект WeBETT Во месец септември активностите на проектот WeBETT беа насочени кон завршување на постоечките анализи и студии на пазарот на електрична енергија во нашата земја, на правната рамка и техничките можности за негово функционирање. Овие документи беа приготвувани во последните два месеци и опфаќаа детално истражување и анализи. Трите завршни извештаи кои беа планирани со почетокот на овој проект се веќе реализирани. Исто така, се реализираа и повеќето административни активности. Во меѓувреме се работеше и на подготовката на материјалите за завршната конфереција од проектот која ќе се одржи во Виена кон средината на месец ноември 2018. На оваа конференција, МАЦЕФ ќе учествува со двајца свои претставници. По завршувањето на оваа конфереција, постигнатите резултати од проектот ќе бидат прикажани на локална конфереција во Скопје. МАЦЕФ присуствуваше на „Eкспертска обука за оптимизација на системи за компримиран воздух во индустријата (CASO)“

економија, Агенцијата за енергетика и Македонската банка за поддршка на развојот. Проектот има за цел да ја намали емисијата на стакленички гасови преку забрзување на трансформацијата на македонскиот пазар за енергетска ефикасност во индустријата (IEE) и поттикнување на: зголемената употреба и побарувачка на најдобрите практики и технологии за IEE, понудата на соодветни услуги за консалтинг и инвестиции, како и поддршка на рамковната политика за IEE. Повеќе Фонд за зелен развој (GGF – Green for Growth Fund) Здружение МАЦЕФ - Скопје е техничка поддршка за ЕКО кредитите кои ги нуди ХАЛКБАНК, а се овозможени од кредитната линија GGF - Green for Growth Fund или ГГФ - Зелено за развој! ЕКО кредитите се наменети за физички и за правни лица за финансирање проекти од енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, намалување на емисијата на јаглерод двооксид, подобрување на животните услови преку промена на топлинската изолација, врати и прозорци, нови системи за греење итн. За повеќе информации обратете се во Центарот за енергетска ефикасност на Македонија - МАЦЕФ на телефонот 3090 178 или eлектронската пошта d.dimovska@momee.org.mk. ИЗРАБОТУВАМЕ ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛИ Издаваме СЕРТИФИКАТИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ Издаваме Изјави/Потврди за исполнување на барања за минимални енергетски карактеристики, потребни за вадење градежна дозвола. Приготвуваме ИЗЈАВИ/ПОТВРДИ за станови кои треба да се понудат на пазар за продажба или изнајмување. Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика. ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Во периодот од 24 до 29 септември 2018 година, во просториите на РЕЦ Македонија, се одржа експертска обука во рамки на Програмата на UNIDO за градење на капцитетити за оптимизација на системи за компримиран воздух во индустријата (CASO). Oваа обука следеше по првата корисничка обука што се одржа во ноември 2017 година и на која беа избрани 15 инженери кои ги исполнија условите за да ја слушаат експертската обука. Теоретскиот и делот за вежби од шестдневната обука се одвиваше во просториите на РЕЦ Македонија, додека еден ден беше предвиден за посета на компанијата домаќин за програмата - Цементарница Титан – Усје во Скопје, при што се посети линијата за компримиран воздух. Претходно, во компанијата домаќин беше монтирана мерна опрема за компримиран воздух, при што, врз основа на резултатите од мерењата се анализираа и дискутираа можностите за оптмизација на реален случај. Учесниците на обуката се обучија самостојно да спроведуваат оцена на системите за компримиран водух во индустријата и да изготиваат мерки за оптимизација на истите. Оваа обука е дел од активностите за развој на пазарот на индустриската енергетска ефикасност на проектот “Поттикнување на пазарната трансформација за енергетска ефикасност во индустријата и забрзување на инвестициите во најдобри практики и технологии во Република Македонија” имплементиран од страна на UNIDO и заеднички извршуван со Канцеларијата на РЕЦ во Македонија, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Новости од Македонија Проект за подобрување на управувањето со цврст отпад во Полошкиот регион На 24ти септември во Општина Тетово се одржа првиот состанок за промовција на почетокот на имплементација на Проектот за подобрување на управувањето со цврст отпад во Полошкиот регион. На настанот присуствуваа министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки, министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, амбасадорот на Швајцарија Сибил Сутера Техада, градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари, градоначалничката на Општина Тетово Теута Арифи и раководителот на Центарот за развој на Полошки плански регион, Фатмир Саити. Во своето обраќање министерот Дураки рече: - Денес сме тука да го одбележиме почетокот на Проектот за подобрување на управувањето со цврстиот отпад во Полошкиот

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 186

Страница 3

регион, кој што има исклучителна важност, и тоа не само за општините во Полошкиот регион, туку и за целата земја. Полошкиот Плански Регион ќе се приклучи во решавањето на проблемот со еколошки несоодветното одлагање на отпадот на општинските и останатите „диви” депонии, кои треба итно да се затворат, или технички да се надградат до стандардите утврдени со закон. Овој проект ќе воспостави соодветен систем за собирање, третман и преработка на комуналниот отпад, систем кој е усогласен со европското законодавство. Ова секако бара практични и финансиски изводливи решенија на приоритетните проблеми, за што посебно сме благодарни на Владата на Швајцарија која несебично го поддржува овој процес. На крај, сакам да посакам многу успех при реализацијата на овој проект, истотака се надевам да, меѓу другото, ќе придонесе и за подигнување на административниот капацитет на Полошкиот Регион, и не само во делот на управувањето со отпадот туку и воопшто во заштитата на животната средина како целина. Повеќе...

производство мора да биде помало или еднакво на годишната потрошувачка на земјоделското домаќинство, според барањата од поканата. Енергијата произведена од такви капацитети мора да се користи за потребите на земјоделското домаќинство корисник, додека сите вишоци можат да се напојуваат во електричната мрежа, без да се наплаќаат за него, и да се користат во периоди на ниско енергетско производство. Повеќе... САД: Градоначалниците во сојуз за згради со „нето нула“ емисија до 2030

Новости од светот ЕБОР со консултации за Нацрт – Стратегијата за енергетскиот сектор Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) отпочнува јавни консултации за нацрт-претстојната стратегија за енергетскиот сектор (ЕСС), која ќе ги води активностите на Банката во секторот во следните пет години. Сегашната стратегија на ЕБОР за енергетскиот сектор стапи во сила во декември 2013 година. Стратегијата на ЕБОР за енергетскиот сектор ги опфаќа активностите на Банката во две области: производство, пренос, дистрибуција, складирање и снабдување со електрична енергија; и екстракција, преработка, транспортирање, дистрибуција, складирање и снабдување со јаглеводороди. Предлог стратегијата за енергетскиот сектор (Стратегија за енергетскиот сектор - ПРОЕКТ) промовира безбедна, достапна и одржлива енергија преку транзиција кон пазарно ориентиран енергетски сектор со ниска јаглероден емисија. Вo предлог Стратегијата се утврдени четири меѓусебно поврзани стратешки насоки: (1) декарбонизација и електрификација; (2) добро функционирање на енергетските пазари; (3) почистa нафта синџири на вредност за гас; и (4) енергетски ефикасни и економии во кои се вклучени голем број на сектори. Со стратегијата се опфатени следните држави: Турција, Полска, Казахстан, Србија, Украина и Мароко. Заинтересираните страни, како што се граѓанските организации и претставниците на индустријата и бизнис заедницата, ќе бидат поканети на средби со претставници на ЕБОР во сите 6 земји кои се опфатени со стратегијата и во Лондон, каде што е со седиште на Банката. Повеќе... Земјоделците во Хрватска со 20,2 милиони евра грантови за ОИЕ проекти Хрватската платежна агенција за земјоделство, рибарство и рурален развој (АПППРР) ги покани барањата за грантови за обновливи извори за кофинансирање на инвестициите на земјоделските производители со цел подобрување на енергетската ефикасност, според поканата достапна на вебстраницата на агенцијата. Грантите за обновливи извори може да се искористат за развивање на капацитети за производство на електрична енергија и / или топлинска енергија од обновливи извори на енергија, вклучувајќи биомаса, за сопствените потреби на земјоделското домаќинство, според поканата. Вкупниот буџет за проектот, кој е дел од хрватската програма за рурален развој за 2014-2020 година, изнесува 150 милиони куни (околу 20,2 милиони евра), се вели во соопштението. Грантовите ќе се движат од 5.000 до 1 милион евра, освен за почетници кои можат да добијат максимум 100.000 евра. Вкупниот инсталиран капацитет на постројката за производство на електрична енергија и / или топлинска енергија мора да биде помал или еднаков на моќноста на земјоделското домаќинство кое го користи грантот, додека планираното годишно

Вкупно 19 градоначалници на градови во САД се здружени во групата C40, која е посветена на климатската акција. Коалицијата предлага план кој ќе обезбеди сите нови згради до 2030 година да имаат „нето нула“ емисија на стакленички гасови. Градовите ги здружија силите со Светскиот совет за зелена градба (World Green Building Council -WorldGBC) за да ги постигнат зацртаните цели. Сите градови во рамките на C40 имаат потпишано документ со кој се обврзуваат до 2030 година, сите нови згради да трошат онолку енергија колку што самите генерираат. Иницијативата е дел од поголем план за „нето нула“ згради до 2050. Зградите генерираат повеќе од половината од емисиите на стакленички гасови кај повеќето градови. Градоначалниците здружени во C40, се посветени на намалување на потрошувачката на енергија. Во оваа група се здружени и Лос Анџелес, Њујорк, Портланд и Сан Франциско. Во градовите во САД „нето нула“ изградбата веќе е во подем последните години. Ваквиот концепт предвидува примена на обновливи извори на енергија како и повторна употреба на енергијата, шт ги прави таквите објекти исклучително енергетски ефикасни и одржливи. Повеќе

Занимливости Последни тестирања на 150MW концентрирана сончева енергија

постројка

на

Компанијата SENER ќе ги започне последните тестирања на постројката Noor Ouarzazate III во Мароко, после завршувањето на синхронизацијата на постројката за концентрирана сончева енергија од 150 MW (CSP) со мароканската мрежа. Со овие пресвртници, компанијата SENER ја започнува последната фаза пред комерцијалното работење на постројката и конечната испорака до клиентот. Оваа постројка е втора единица дизајнирана и изградена од компанијата SENER, со користење на сопствена централна приемна кула и технологија за складирање на топлината со стопена сол. Воедно е и една од првите компании во светот која ја применува оваа конфигурација за комерцијален размер.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 186

Страница 4

Високите перформанси на оваа технологија со стопена сол достигнува повисоки температури во однос на другите технологии на концентрирана сончева енергија (Concentrate Solar Power), што ја максимизира термодинамичката ефикасност - овозможува да управуваат со сончевата енергија во отсуство на сончево зрачење и да одговорат на побарувачката на мрежата. Ова е уникатна карактеристика на CSP која радикално ја менува улогата на обновливите извори во глобалното напојување. Повеќе... Фазниот нуклеарен излез претставува предизвик за одржување на безбедноста на електричната енергија во Швајцарија

Корисни интернет адреси

www.energyweek.mk www.reach-energy.eu www.managenergy.net/kidscorner www.energy.eu www.worldbank.org www.motorchallenge.org/ www.ea.gov.mk www.display-campaign.org/ http://www.moepp.gov.mk/ www.europesustainableenergy.com

www.ase.org/ www.erc.org.mk www.republiczeb.org www.sustenergy.org/ www.rec.org www.economy.gov.mk www.reeep.org www.energie-cites.org/ www.rehau.com.mk www.ri.com.mk

Манифестации

Швајцарија има најнизок јаглероден интензитет на снабдување со енергија меѓу сите земји од ИЕА, благодарение на секторот за електрична енергија без јаглерод, доминиран од хидро и нуклеарното производство. Сепак, со одлуката на земјата во 2017 година за постепено отстранување на нуклеарната енергија, Швајцарија се соочува со значителна транзиција на енергетскиот сектор во наредните децении. Пополнувањето на јазот што го затворија нуклеарната централа, истовремено одржувајќи ниско ниво на јаглерод и високи стандарди за безбедност на снабдувањето, ќе биде предизвик, според прегледот на Меѓународната енергетска агенција за енергетските политики на Швајцарија. И покрај тоа што Стратегијата за енергетска стратегија на земјата 2050 го обележува патот кон економијата со ниска јаглероден гас со повисока енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија за замена на нуклеарната енергија, потребни се поамбициозни реформи во енергетскиот сектор за да се одговори на прашањата поврзани со безбедноста на снабдувањето. Швајцарските капацитети за складирање и резервоари со хидроцентрали се важни ресурси за енергетската транзиција на земјата. Но, Швајцарија се повеќе ќе се потпира на увозот од своите европски соседи за да се задоволи побарувачката за електрична енергија, особено во зимските месеци кога ниските нивоа на вода влијаат врз производството од хидроцентралите. Отворањето на пазарот на електрична енергија за сите потрошувачи ќе донесе иновации и поголем избор за потрошувачите. "ИЕА ја охрабрува швајцарската влада да донесе тековни преговори со Европската унија за договор за електрична енергија за успешен исход, бидејќи и Швајцарија и ЕУ ќе добијат пристап до флексибилни енергетски резерви", рече г-дин Симонс. Швајцарија постигна значаен напредок во енергетската ефикасност, бидејќи енергетската потрошувачка на земјата беше на исто ниво во 2016 година, како што беше во 2000 година, иако нејзиното население се зголеми за 15%, а нејзината економија се зголеми за 30%. Но, постигнувањето на целите на земјата за намалување на емисиите поставени за 2020 година изгледа амбициозно врз основа на актуелните трендови. Дополнителните климатски политики се итно потребни за периодот по 2020 година за да се помогне во постигнувањето на климатските цели на земјата за 2030 година. Повеќе

Интернет настан (Вебинар): Насоки и трошоци за дистрибуција на енергија 31ви октомври 2018 Од 18:00 до 20:00 часот Пријавување на: https://register.gotowebinar.com/register/8416277014042188291 Можностите и трошоците за дистрибуирани енергетски технологии продолжуваат брзо да се развиваат. Овој вебинар ќе даде широк приказ на последните технолошки и трошковни трендови за дистрибуирана енергија. Говорниците на вебинарот ќе се осврнат на најновите случувања во конвенционалните и обновливите дистритивни технологии за производство, вклучително и можностите за складирање на енергија, кои може да ги направат овие енергетски извори посигурни и вредни. Слушателите ќе се стекнат со уникатни карактеристики на овие технологии, ќе се запознаат со конкуренцијата на пазарот и како да ги користат одделно или комбинирано за најголема корист за нивната околна средина. Интернет настан (Вебинар): Заедничка иницијатива за стандардизација две години подоцна: достигнувања и тековни дискусии 9ти ноември 2018 година Од 10:00 до 10:30 часот Повеќе за вебинарот и пријавување на: https://register.gotowebinar.com/regi ster/6122990428162664451 Во октомври 2018 година Заедничката иницијатива за стандардизација (ЈИС) ќе ја заврши својата втора година од оформувањето. Лидерите на иницијативата заедно со спонзорите се уште работат на спроведување на 15-те конкретни акции со цел да се модернизира европскиот систем за стандардизација. Некои од овие акции имаат добро напредувано и нивното влијание ќе има ефекти уште пред крајот на 2019 година, очекуваниот датум за затворање на JIS. Саем: Елеттроекспо Верона (Elettroexpo Verona) Од 10ти до 11ти ноември 2018 година Верона, Италија Elettroexpo во Верона е саем за електроника и комуникациска технологија и е наменет за професионалци и ентузијасти во електронската индустрија, кои на изложбата ќе ги најдат не само најновите технолошки иновации во цивилниот сектор, туку и воената опрема и модерните комуникациски системи. Посетителите на саемот не само што ги гледаат најновите и најиновативните производи, туку и многу, исто така, можат да купат локално по разумни фер цени. Повеќе...

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ Главен уредник: Јасминка Димитрова Капац; Соработници: К. Димитров, Д. Трпкоска, С. Паневски, Ж. Илиевски, М. Димитрова.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.