Инфо МАЦЕФ 170

Page 1

Број 170

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Мај 2017

ИнфоМАЦЕФ МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина `+

Во овој број:

  3    

Од уредникот Активности на МАЦЕФ Новости од Македонија и светот Занимливости Корисни web-адреси Манифестации

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! НАЈАВУВАМЕ: На 6 ЈУЛИ во хотел Александар Палас, МАЦЕФ, во соработка со Агенцијата за енергетика и ГИЗ, организира Регионална конференција со наслов ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТУПРАВУВАЊЕ СО ПОДАТОЦИ. Учесници: Energy Community Vienna, Хрватска, Босна и Херцеговина, Грција, Србија, Албанија, Косово и Црна Гора. Очекуваме согласност и од DG ENERGY од Брисел.

Планираме во месец јуни да организираме 2 обуки и една презентација на софтверската алатка во рамките на проектот multEE. Во тој месец ќе се одржи и завршната конференција во Виена каде што ќе имаме сериозни обврски да водиме 4 дискусиони групи. МАЦЕФ ОРГАНИЗИРА ОБУКА ЗА УСОВРШУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛОРИ. Обврска за продолжување на овластувањата. Ние сме во фаза на подготовка на материјалите. Сите претходно пријавени учесници, ќе добијат информација на нивните адреси. За подетални информации јавете се на нашата електронска адреса. Како што е нормално во животот, два од нашите пријавени проекти за финансирање од ЕУ како и од Владата, не се прифатени. Но ние сме побогати за уште едно искуство и тоа ќе го примениме при следните подготовки на пријави за финансирање на проектни програми. Како и вообичаено, сакаме да го привлечеме вашето внимание на нашите активности: Тркалезна маса: МВП софтверска алатка и 10 нови мерки од БУ методологијата, во рамките на multEE проектот. Средба со претставници на BALKANFORUM Global NDC Conference 2017. На 17 Мај МЕПСО ја презентираше студијата за проценка на вкупните трошоци за интегрирање на ОИЕ во ЕЕС на Македонија. Оваа студија треба да послужи при натамошните анализи за побрзо навлегување на производството на електрична енергија од обновливи извори во Македонија. Се привршуваат активностите за регистрирање на Здружението на лиценцирани енергетски контролори. Поздрав до следниот број

Проф. д-р Константин Димитров ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources) - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацијата на Консултантски организации - на РЕЕЕП, официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ

Се одржа тркалезната маса: МВП софтверска алатка и 10 нови мерки од БУ методологијата На 26ти мај 2017 година, се одржа тркалезната маса: МВП софтверска алатка и 10 нови мерки од БУ методологијата, во хотел Александар Палас, а организирана од проектот мултЕЕ преку локалниот спроведувач – Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ. На работилницата, беше претставен проектот мултЕЕ, со сите резултати кои се остварени до сега. Со оглед на тоа дека проектот завршува ова лето, обемот на резултатите ја даде целосната слика за тоа што беше постигнато во изминатите 2 години работа. Најпрво беше претставена анализата за спроведување на шеми за следење и потврда на резултатите од спроведување на мерки за енергетска ефикасност и координативните механизми во сите земји членки на Европската Унија плус Македонија. Потоа беа претставени предложените измени на методологијата Оддолу-Нагоре, како и софтверската алатка за следење и потврда на резултатите од примена на мерки за енергетска ефикасност. На крајот беа претставени резултатите од анкетата за спроведување на координативните механизми во Македонија. На настанот, активно учество земаа повеќе од 30 учесници и претставници на општините, ресорните министерства, Агенцијата за енергетика на Република Македонија, како и приватниот сектор во Македонија. (СП) Средба со претставници на BALKANFORUM Во просториите на МАЦЕФ организиравме средба со членовите на БАЛКАНФОРУМ (www.thebalcanforum.org) од Приштина. Регионалната соработка особено во делот на енергетиката и енергетската ефикасност беа основа на разговорите. Колегите земаа дел од нашата богата литература, која во изминатите 15 години од дејноста ја создадовме. (КД) Конференција во Берлин: Global NDC Conference 2017 Глобалната НДЦ конференција 2017 се одржа на 3, 4 и 5 мај во Берлин, насловена како : Интегрирано управување, финансии и транспарентност за достигнување на климатските цели, а беше организирана заеднички од LEDS-GP, УНДП и ГИЗ. Претставник од Македонија, а водено и член на надзорниот одбор на LEDS-EEP беше Јасминка Димитрова Капац од МАЦЕФ. Регионалната платформа на Европа и Евроазија (E&E) (LED-EEP) ќе биде регионална платформа на LEDS глобално партнерство (LED-GP) за E&E регионот. Мисијата на LEDS-EEP е да се создаде и да се поддржи заедница на поддржувачи, кои ќе промовираат и имплементираат развивачки стратегии на ниски емисии (Low Emission Development Strategies (LEDS) во рамките на E & E регионот, регион кој е составен од Европа и земјите на регионот на Црното Море. Платформата е дизајнирана за поддршка на peerto-peer учење, размена на знаења, советодавна поддршка, како и подобрување на регионалната координација и соработка меѓу владини и невладини партнери, вклучувајќи ги и академските институции, бизнисот, здруженијата, невладините организации и поединци за да им се помогне на E & E земјите за да се постигне

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 178 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 170

Страница 2

климатски паметен и одржлив економски раст во 21-от век. LEDS-EEP ќе ја оствари својата мисија преку следните цели: * Да се создаде регионално управување со знаењето и комуникациска платформа на LEDS-EEP, за поттикнување на размена на информации и споделување на искуства и експертиза во земјите во Е & Е регионот; * Зајакнување на лидерството, експертизата, координација и поддршка за ефикасно спроведување на LEDS-EEP во сите земји од регионот; * Унапредување на дијалогот меѓу широк спектар на владини и невладини учесници кои ќе имаат влијание од страна на потенцијалните политики на LEDS-EEP; * Обезбедуваат метод на координација на ретки донаторски средства за техничка помош; и * Дејствува како катализатор за унапредување на регионалната соработка, интеграција и развој. (КД) СЕЕРМАП проект На 3 и 4 мај, во хотелот Парк во Белград, се одржа вонредниот состанок на СЕЕРМАП проектот на кој присуствуваа претставници од невладините организации и државните институции од сите земји учеснички во проектот. Од нашата земја учествуваа г. Панче Атанасовски од Агенцијата за енергетика на Република Македонија и г. Жарко Илиевски од Центарот за енергетска ефикасност на Македонија. На состанокот беа презентирани можните сценарија за процесот на декарбонизација на производството на електрична енергија за земјите во Југоисточна Европа и тоа одделно за секоја земја како и заедничко сценарио за целиот регион. Присутните претставници на земјите учеснички во проектот дадоа свои коментари и забелешки на предвидените сценарија. Овие забелешки беа прифатени со цел да се уточнат соодветните сценарија. (ЖИ) Повеќе... Претставување институции

на

СЕЕРМАП

пред

македонските

На 25 мај, во просториите на Агенцијата за енергетика на Република Македонија се одржа првиот од двата состанока за претставување на резултатите од СЕЕРМАП проектот. Претставниците од РЕКК Унгарија ги презентираа сценаријата за декарбонизација на производството на електрична енергија пред м-р Александар Дуковски, директор на АЕРМ, м-р Биљана Петреска, раководител на оддел за инвестиции и за развој од МЕПСО и Властимир Трајковски од Министерството за економија. Присутните на оваа презентација по завршувањето на претставувањето ги дадоа своето размислување и насоки за остварување на овие можни сценарија и нивната практична реализација. Претставниците од РЕКК Унгарија, во просториите на МАНУ, остварија едночасовна средба со м-р Теодора Грнчаровска Обрадовиќ, раководител на секторот за климатски промени при МЖСПП, проф.д-р Наташа Марковска и м-р Александар Дединец од ИЦЕИМ-МАНУ. На оваа средба присутните слушатели ја коментираа можноста за реализација на сценаријата за декарбонизација, но и податоците врз основа на кои сценаријата биле анализирани. Коментарите беа нотирани од страна на РЕКК Унгарија. И двата состанока беа организирани од страна на МАЦЕФ, со несебична помош од страна на АЕРМ и МАНУ. (ЖИ) ИЗРАБОТУВАМЕ ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛИ Издаваме СЕРТИФИКАТИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ Издаваме Изјави/Потврди за исполнување на барања за минимални енергетски карактеристики, потребни за вадење градежна дозвола. Приготвуваме ИЗЈАВИ/ПОТВРДИ за станови кои треба да се понудат на пазар за продажба или изнајмување. Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на

општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика. ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Новости од Македонија ПРОБЛЕМИ – РЕШЕНИЈА На 18.05.2017 во просториите на Скопски саем (Бизнис сала) се одржа стручна презентација на компанијата ЈУБ. Беа опфатени повеќето области, ентериеротправилен избор на материјали, технологии на вградување; екстериер-стручно изведување на топлински изолационен систем, технологија на санирање, обновување на фасадни делови; санирање на внатрешните ѕидови и топлински изолациони системи по поплавување. Исто така беа претставени и новите производи на компанијата за употреба кај надворешни и внатрешни ѕидови. (БК) Прв изложбен центар за електрична енергија во Македонија Македонија доби Изложбен центар за електрична енергија, прв од ваков вид во земјата и регионот, кој е сместен во просторот на старата Хидроцентрала Матка. Изложбениот центар „Матка“ ја раскажува историјата на електричната енергија во Македонија, како и промените што настанале со електрификацијата. Истовремено преку иновативен мултимедијален пристап, експонатите во Изложбениот центар „Матка“ нудат уникатна можност за едукација и интеракција. Покрај експонатите со историска содржина, во Изложбениот центар „Матка“ поставени се и експонати за различните типови производство на електрична енергија, приказ на ресурси, а интерактивните плазма панели и плазма топката, како и Ван де Графт Генераторот нудат допир со електрицитетот. Овој изложбен центар е основан од ЕВН која како општествено одговорна компанија, Изложбениот центар „Матка“ го става на располагање на сите образовни институции во Македонија без надомест со надеж дека содржините што ги има тука ќе бидат дел од образовната програма. На свеченото отворање на Изложбениот центар „Матка“ присуствуваа претставници на Универзитетите во Македонија, средните и основните училишта, како и претставници од Бирото за развој на образованието. Присутните претставници на образовните институции ја потпишаа иницијативата за користење на Изложбениот центар „Матка“ во едукативни цели, во насока на унапредување на образовниот процес. (ВП) Повеќе...

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 170

Страница 3

Обука за финансирање на проекти за енергетска ефикасност во локалните самоуправи Стручни лица, претставници од локалната самоуправа и претставници од банки и приватни фирми, презентираа модели за финансирање и управување на проекти за енергетска ефикасност со модел на јавно-приватно партнерство. На обуката беше претставена и економска анализа на проекти за греење и ладење. Раководителот на Одделението за енергетска ефикасност при општина Карпош г-дин Љупчо Димов во својата презентација го претстави финансирањето на проекти за енергетска ефикасност во локалните самоуправи. Тој истакна дека проектите во општина Карпош придонеле за постигнување на заштеди на потрошувачката за греење во зимски период. На тој начин граѓаните на општина Карпош заштедуваат повеќе средства во својот семеен буџет. (БК) Трибина „Граѓански иницијативи за образование за клима и енергетска ефикасност“ во Струмица Во Струмица, на 24.05.2017, се одржа јавна трибина на тема „Граѓански иницијативи за образование за клима и енергетска ефикасност“, наменета за идните средношколци кои може оваа програма да ја изучуваат во СОУ „Никола Карев“ како едно од петте пилот училишта во кои ќе се имплементира проектот во Македонија. Во Република Македонија се јавува недостаток на квалификувана работна сила со која би се реализирале стандардите за енергетска ефикасност пропишани во правилникот за енергетски карактеристики на зградите и се јавува како предуслов за успешно имплементирање на Европската директива за енергетска ефикасност, велат експертите. (СП) Повеќе...

Новости од светот

Новиот Национален акционен план за енергетска ефикасност на Хрватска наскоро во јавна расправа Новиот четврт Национален акционен план за енергетска ефикасност на Хрватска, кој го опфаќа периодот 2017-2019та година наскоро ќе се најде на јавна расправа , изјавува гдинот Dean Smolar од CEI на конференцијата „Паметни енергетски решенија за одржлив развој“. Наместо досегашните 48 мерки, во НЕАПОТ се 37 мерки, кои би требало да бидат поконкретни и насочени. Смолар нагласува дека Хрватска до 2020та година нема да ги постигне поставените цели од членот 7. Директивата за енергетска ефикасност која се однесува на енергетската ефикасност во непосредна потрошувачка на енергијата, што претставува обврска на снабдувачите и дистрибутери на енергија, според која земјата е под просечното ниво во ЕУ. Одлучено е поставените цели во тој сектор да постигнат 60% од политиката на примената на алтернативните мерки, кој и до одреден степен и го прави, но 40% од поставените цели треба да се постигнат со донесувањето на обврзувачката шема што сеуште не е направено. Новост во новиот Акционен план ќе биде изградбата на капацитет за контролирање на енергетската сиромаштија со помош на две мерки, за што Министерството за градежништво ќе се обиде да привлече средства од ЕУ, а дел од нив ќе биде потребно да се обезбедат внатрешно. Напредокот би требало да се постигне во зелената јавна набавка и во секторот инфраструктура за алтернативни горива. (БК) Повеќе... Продолжува финансирањето на обновата на јавните згради Владата на Хрватска на седница ја прифатила Одлуката за продолжувањето на финансирањето на Програмата за енергетска обнова на зградите од јавниот сектор за периодот 2014-2015. Со оваа одлука поради обезбедувањето на

континуитет во енергетската обнова на зградите на јавниот сектор се продолжува рокот за финансирање на енергетската обнова кои што се во тек или пак се во фаза на преговори, односно за оние кои што ќе се направат договори според финалните постапки на јавната набавка започнати од 31 декември 2015та година. Рокот за финансирање се продолжува до 31 декември 2018та година. (БК) Повеќе... Неискористениот потенцијал на енергетската ефикасност Како што е нагласено во коментарот од Ное ван Хулст, амбасадор на Холандија во Организацијата за економска соработка и развој (OECD), најважно гориво во светот е токму енергетската ефикасност! Со цел да се исполнат главните цели во формирање на политики за подобрување на енергетската сигурност и за намалување на емисиите на јаглерод двооксид и загадувањето на воздухот на најефективен начин – потребно е воведување на силна политика за енергетска ефикасност. Додека во моментов сите енергетски политики се насочени кон страната на снабдување со енергија, експертите сметаат дека истите треба повеќе да се насочат кон страната на побарувачка на енергија т.е. како да ја намалиме нашата потрошувачка? Во текот на изминатите 15 години, на пример, употребата на возила е значително зголемена поради економскиот раст и зголемувањето на бројот на население. Доколку нивоата на ефикасност не беа подобрувани, потрошувачката на енергија во државите членки на Меѓународната Агенција за Енергетика ќе беше за 12% повисока во 2015 година во споредба со реалните бројки. Една од причините поради која воведувањето на политики за заштеда на енергија од страната на потрошувачка е занемарено, се зголемените почетни трошоци што може да им се наметнат на потрошувачите, иако истите би значеле долгорочни заштеди во иднина. (ВП) Повеќе... Следната генерација на соларни ќелии би можеле да се подобрат со нивно редизајнирање на атомско ниво Соларните ќелии ја искористуваат енергијата од сонцето и обезбедуваат соодветна алтернатива на необновливите извори на енергија како што се фосилните горива. Сепак, тие се соочуваат со предизвици како што се скапите производни процеси и слабата ефикасност-количината на сончева светлина којашто се претвора во корисна енергија. Материјалите кои што ја апсорбираат сончевата светлина и се користат кај новиот вид на соларни ќелии покажуваат голем потенцијал, бидејќи тие се со поголема флексибилност и се поефтини за производство за разлика од традиционалните силиконски соларни ќелии. Сепак, новите соларни ќелии брзо се разградуваат во природни услови, намалувајќи ја нивната ефикасност во време од неколку денови. Ова е една причина поради која тие сеуште не се во широка употреба. (БК) Повеќе... Дизел возилата произведуваат 50 проценти повеќе азотни оксиди во споредба со претходните сознанија Студија покажува дека лабораториските тестови на емисијата на азотни оксиди од дизел горивата значително ги потценуваат реалните емисии во светски рамки за скоро 50 проценти. Истражувањето кое е спроведено од Меѓународниот Совет за Чист Транспорт и Анализа на Здравјето на Животната средина, во соработка со научници од Универзитетот од Јорк Стокхолм Институтот за Животна средина; Универзитетот од Колорадо и Меѓународниот Институт за Анализа на Применети системи, истражувале 11 големи пазари на возила претставувајќи повеќе од 80% на продажбата на новите дизел возила во 2015та

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 170

Страница 4

година. Од овие пазари тие откриле дека возилата емитувале 13,2 милиони тони на азотни оксиди во реални услови на возење, што претставува за 4,6 милиони тони повеќе од очекуваните 8,6 милиони тони на тестирањето на возилата во официјални лабораториски услови. (БК) Повеќе...

Занимливости Една третина од термоцентралите на јаглен ќе се затворат со построгите еколошки правила Истражувањето спроведено од Институтот за енергетска економика и финансиски анализи (IEEFA – Institute for Energy Economics and Financial Analysis) покажува дека со построгите еколошки прописи за емисија на издувни гасови би можеле да резултираат со скапи модернизации или затворање на една третина од производните енергетски капацитети на јаглен. Земјите од ЕУ на 28 април дадоа зелено светло за предлогот големите термоцентрали да имаат построги ограничувања во однос на емисиите на сулфурни и азотни оксиди кои се сериозни причинители на повеќе болести. Интересно е дека земјите од поранешниот источен блок кои имаат сериозни капацитети на јаглен (пред се Полска), но и Германија гласале против. (БК) Повеќе... Данска ги укинува субвенциите за произведената енергија од обновливи извори Данска ќе ги укине субвенциите за производителите на енергија од обновливи извори бидејќи има значителен раст на оваа индустрија во последните години. Министерот за енергетика, снабдување и клима на оваа земја г-динот Lars Christian Lilleholt истакнува дека во Данска производството на електрична енергија од јаглен веќе не е поевтина варијанта од обновливите извори на енергија. Тоа го покажуваат компаниите како Vestas (најголемиот светски производител на ветерни турбини), и Dong Energy (најголемиот светски оператор на ветерни централи). Целта на Данска е до 2050 година целосно своите потреби за енергија да ги обезбедува од обновливи извори, а 1/2 од поставената цел треба да се достигне до 2030 година. Се истакнува дека новите постројки кои ќе се градат ќе бидат без субвенции. (БК) Повеќе... Кина го произведе првиот трамвај на вода Во почетокот на април кинеската компанија Сифанг го произведе првиот трамвај во светски рамки со погон на горивни ќелии. Новата технологија на јавниот транспорт за која што на кинеската компанија и биле потребни две години истражување, која ќе може да превозува 380 патници со брзина до 70 km/h. Полнењето на горивните ќелии ќе трае само три минути со кое може да се поминат до 100 km. Бидејќи трамвајот испушта само вода, а температурата на горивните ќелии е под 100 ̊C, поради што нема да произведува азотни оксиди, ќе им овозможи на градовите почист воздух и намалување на оперативните трошоци. (БК) Повеќе... Мал уред кој загадениот воздух го претвора во водородно гориво Водордот претставува еден од најчистите енергетски извори на кој што сериозно се смета во иднина. Група на истражувачи од University of Antwerp и KU Leuven развиле мал уред со чија употреба можно е да се произведува водородно гориво како резултат на прочистување на воздухот. Уредот – филтер за воздух, воедно ги решава двата сериозни еколошки предизвици: добивање на чисто гориво и прочистување на загадениот воздух. Индустриите како едни од големите загадувачи се првите заинтересирани за понатамошно развивање и примена на овој пронајдок. (БК) Повеќе... Европската Унија ја прифати француската шема за развој на обновливите извори на енергија ЕУ го прифати францускиот план за развој на околу 17 GW нова инсталирана моќност во обновливи извори односно во ветерници, биогас и фотоволтаици. Само ветерните централи ќе бараат инвестиција од една милијарда евра за 15 GW инсталирана моќност. Се работи за збир од повеќе мали проекти, при што ќе бидат обезбедени субвенции, но секоја од

централите не треба да надмине бројка од 6 турбини со моќност од 3 MW. (СП) Повеќе...

Корисни интернет адреси

www.energyweek.mk www.reach-energy.eu www.managenergy.net/kidscorner www.energy.eu www.worldbank.org www.motorchallenge.org/ www.kids.evn.com.mk www.display-campaign.org/ www.rexus.com.mk www.europesustainableenergy.com www.ri.com.mk

www.ase.org/ www.erc.org.mk www.republiczeb.org www.sustenergy.org/ www.rec.org www.economy.gov.mk www.ea.gov.mk www.energie-cites.org/ www.reeep.org www.rehau.com.mk

Манифестации Регионална конференција “ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТУПРАВУВАЊЕ СО ПОДАТОЦИ“ Скопје, 6 Јули, Александар Палас Конференцијата е составена од два дела: 1. Презентација на искуства во ЕУ за форми за управување со податоци; 2. Панел сесија со учество на еминентни претставници од регионот и дискусија со учесниците. Организатор: МАЦЕФ, ГИЗ, Агенција за енергетика Дополнителни информации: macef@macef.org.mk; 02 3090 178 Меѓународна конференција за напредоците во науката 30ти август до 1ви септември 2017 Истанбул, Турција Избраните трудови ќе бидат земени во предвид за објавување во списанието Термичко инженерство и Меѓународното списание за напредоците во автомобилската технологија. Исто така сите прифатени трудови ќе бидат објавени на конференцијата. (БК) Повеќе... Конференција за медицината и технологијата 3ти до 4ти август 2017 Дубровник, Хрватска Конференцијата во Дубровник претставува летен собир и како таков основната цел е заеднички да се дискутира за истражувачките проекти, кои според искуствата ги вклучуваат завршените и скоро завршени истражувачки трудови. (БК) Повеќе... Меѓународна конференција за „Напредоците во инженерингот и технологијата“ 6ти до 7ми септември 2017 Будимпешта, Унгарија Оваа конференција е наменета за инжинери, практичари, научници, истражувачи, студенти од целиот свет која исто така ги вклучува лицата од индустријата да ги претстават своите тековни истражувачки активности како и да се поттикнат истражувачки врски помеѓу академијата и индустријата. (БК) Повеќе... Меѓународна конференција за енергијата, животната средина и материјалните системи 13ти до 15ти септември 2017 Поланица, Полска Овој настан нуди платформа за истражувачите од академијата и експерти од индустријата за дискусија на нови предлози, решенија и проширување на резултатите од одржлива енергија и материјали и влијанието на инженерингот и животната средина. (БК) Повеќе...

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија - МАЦЕФ Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; заменик: Д. Трпкоска. Соработници: Ј. Д. Капац, Б. Калиманов, С. Паневски, Ж. Илиевски, В. Поповска.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.