93 infomacef

Page 1

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Број 93

декември 2010

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина

Во овој број:

 Од уредникот  Активности на МАЦЕФ  Истражување за Вас  Новости од Македонија  Новости од светот  Корисни web-адреси  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ

Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ!

Активности на МАЦЕФ Јавна расправа за НЕЕАП На 29-ти декември, во клубот на пратениците се одржа јавна расправа за Првиот национален акциски план за енергетска ефикасност 2010-2018. Основата на нацрт НЕЕАП (развиен од IEE а поддржан од проектот EMEEES), подготвен е од земјитечленки на Енергетската заедница во рамки на Работната група „EETF”: задача 2 од Работната програма. Изработката на овој документ ја овозможи УСАИД преку финасиска и консултантска поддршка. Настанот го отвори министерот Бесими, а го водеше државниот секретар во министерството г-ѓа Катерина Костеска. Клучните поенти од Планот ги презентираше проф. д-р Константин Димитров од МАЦЕФ – раководител на тимот кој го изготвуваше Акцискиот план.

Јавна расправа за НЕЕАП WeBSEFF во Стопанската комора на Македонија Во тек е изработка на СЕАП за град Скопје WidetheSEE – работен состанок во Романија Завршија обуките за опш. администрација преку УНДП Последниот месец во годината го одбележија два покрупни настани во енергетиката и тоа: јавната расправа за Првиот национален акциски план за енергетска ефикасност 2010 -2018 и јавната расправа по повод предлог енергетскиот биланс за 2011 г. МАЦЕФ, во насока на отчетност на работата одржа и Годишно собрание, на кое учество земаа чженовите, соработниците и гости. Беше презентирана изминатата работа како и плановите за активности за 2011 г. МАЦЕФ останува верен на своите активисти во 2011 г. и продолжува во информативната дејност и забрзана подготовка на јубилејниот 100 број на ИнфоМАЦЕФ. Ве покануваме сите ваши текстови, анализи и ставови да ги доставите до редакцијата на списанието или на macef@macef.org.mk најдоцна до месец јули 2011 г. Поздрав од редакцијата,

Проф. д-р Константин Димитров З а М АЦЕФ

МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко во регионот на ЈИЕ. МАЦЕФ е член на меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources). МАЦЕФ е дел од мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net МАЦЕФ e член на REEEP МАЦЕФ е член на Motor Challenge Programme МАЦЕФ иницијатор на KIDS CORNER nна македонски јазик МАЦЕФ е главен организарот на НЕДЕЛА НА ЕНЕРГЕТИКА во Македонија МАЦЕФ е официјален партнер на Sustainable Energy Europe

На јавната расправа учество земаа повеќе од 40 учесници, од повеќе сектори кои играат важна улога во полето на енергетиката како што се: Министерство за Економија-сектор за енергетика, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, МАНУ, најголемите производители на енергија во земјава (ТЕ-ТО, ЕВН, ЕЛЕМ), деловниот сектор (Групација КГЛП при Стопанска комора на РМ) финансиски институции, донаторски организации (АДА, ГТЗ, УСАИД, УНДП), консултанти и експерти, како и невладини организации од областа на енергетската ефикасност и заштита на животната средина. На расправата беше нагласена позитивната оценка и пофалбата од енергетската заедница за квалитетно изработениот Акциски план. Од страна на генералниот секретар беа објаснети чекорите кои владата и министерството ги превземаат и ќе ги превземат во иднина за успешна реализација на акцискиот план. Расправата понуди конструктивни предлози и сугестии во насока на подобрување и успешна реализација. Следниот чекор е формирање на контролна група која ќе го надгледува и контролира остварувањето на активностите и мерките предвидени со акцискиот план. Кредитната линија за ЕЕ и ОИЕ на ЕБОР Во соработка со Стопанската комора на Македонија и локалната канцеларија на кредитната програма на ЕБОР/ЕУ нa 17 декември 2010 година пред заинтересираните стопански субјекти беше претставена Програмата за финансирање на одржлива енергија за Западен Балкан –WeBSEFF. Во продолжение беше претставен и Инструментот за поддршка на конкурентноста на мали и средни претпријатија (МСП). Тимот на WeBSEFF, веќе подолго време соработува со банките учеснички во регионот, а изработува и индустриски Планови за рационално користење на енергијата за заинтересираните кредитобаратели со цел да им помогне на претпријатија да инвестираат во проекти за енергетската ефикасност и

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 177 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 93

Страна 2

обновливи извори на енергија во вредност до 2 милиони EUR по проект. Охридска банка - Societe General и ИК банка се веќе во преговори со клиенти – идни корисници на средствата и поддршката која ги нуди програмата. Поволноста кај овие кредити е готовинскиот грант и тоа: • Проекти за индустриска енергетска ефикасност: општо земено 15%, а 20% за вградување на котли на биомаса и воведување на мали когенеративни/ тригенеративни постројки. • Проекти кои вклучуваат обновливи извори на енергија: 15% за проекти подобни за повластени тарифи и 20% за проекти што не се подобни за користење на повластени тарифи • Проекти за енергетска ефикасност на објекти: 20% Канцеларијата на WeBSECLF е достапна на телефонот 02 3090 130 и 3066 978 Изработка на Програма за енергетска ефикасност на Општина Центар МАЦЕФ преку конкурентен јавен повик на општина Центар, а како резултат на најквалитетна понуда ја доби задачата да изработи општинска Програма за енергетска ефикасност на општината за периодот од 2011-2014, придружена со едногодишен Акциски план за 2011г.

МАЦЕФ, професионално пристапи кон извршување на подготвителните задачи и во тек е анализа на сите потрошувачи на енергија (образовни објекти, градинки, јавно осветление), кои се во надлежност на општината и изработка на енергетски контроли со насоки за подобрување на енергетската ефикасност на истите, како и можностите за намалување на емисиите на CO2. При тоа поставени се мерни инструменти за контрола на потрошувачката на енергија пред и после реконструкции (промена на прозорци) како и термографски снимки на целиот објект и поедини критични места кои не функционираат оптимално (радијатори и сл.).Во следната фаза експертскиот тим на МАЦЕФ ќе изработи комплетна временска и финансиска рамка за спроведување на мерки и реализација на програмата. Целата програма се работи во тесна комуникација со задолжените лица во општината за енергетска ефикасност. (Фотографијата: од енергетската

контрола во ОУ „Коле Неделковски“)

Обука за ЕЕ на Проектот за намалување на климатските промени на УНДП Во декември заврши обуката за енергетска ефикасност наменета за општинската администрација која насочено ќе работи на ЕЕ и ОИЕ. Обуката беше составена од два дела, каде освен теоретските информации, беше спроведена обука и за користење на софтвер за внесување и анализа на енергетска потрошувачка. Оваа алатка им ја олеснува задачата на задолжените за енергетика на општинско ниво со тоа што им дава можност за преглед, споредба и забележување на енергетската слика на објектите кои се во нивна надлежност. МАЦЕФ, специјално за обуката изработи компендиум/прирачник кој ќе може да се користи како потсетник за можностите кои ги нудат мерките за ЕЕ и примената на ОИЕ. Проект Wide the SEE by Succ Mode Од 13-15 декември во Баиле Тушнад, Харгита, Романија се одржа редовен состанок на Управниот одбор и работни средби

на работните групи на проектот Wide the SEE by Succ Mode или Проширување на употребата на термални сончеви колектори во ЈИЕ. На средбите беше дискутирано досега сработеното и следните чекори за забрзување на предвидените резултати од проектните активности. Конкретно, работната група домаќинства работеше на понатамошно разработување на кампањата за подигање на свеста на луѓето за употреба на сончеви колектори во Романија и Унгарија, во која, поради искуството, МАЦЕФ зазема значителна улога. Согласно напатствијата, веќе се изработени дел од рекламните материјали во Виена, Австрија. Исто така, беше заменет и проектен партнер од Бугарија со друг кој работи во истиот сектор, бидејќи добар дел од практичната работа е планирана да се реализира во Бугарија. МАЦЕФ го заврши и Истражувањето на пазарот за стапката на свест и примена на термални сончеви колектори во Македонија. Повеќе детали во следниот број. Проект „Училишен сервис“ Крајот на првото полугодие од оваа учебна година и зимскиот распуст на учениците не значи и крај за активностите на проектот „Училишен сервис“. Напротив, со завршување на работилниците во училиштата се интезивираа активностите околу подготовката на регионалните квизови и финалниот квиз кои ќе се одржат во три региони во републикава на крајот од месец Јануари и почетокот на Февруари во 2011 г. Исто така, во знак на благодарност за училиштата учесници во проектот, во Куманово и Струмица се одиграа две претстави на детската опера „Јованче и Марика“. Сумирајќи ги овогодинешните подготовки и досегашни реализации за „Училишен сервис“ може да се пофалиме со новитети во показните материјали, постери и боенка кои оваа година се со нов дизајн и концепт прилагодени на два наставни јазика, македонски и албански. МАЦЕФ дел од регионален проект МАЦЕФ стана учесник во уште еден регионален проект финансиран од европските фондови. По макотрпната работа и долгото исчекување конечно беше прифатен проектот -EUbuild Energy Efficiency (Проект за секторскa соработка наменет за финансирање на енергетска ефикасност во згради во рамки на ЕУ регулативите) во рамки на ИПА-Социоекономска програма за партнерство. Проектот е раководен од турската асоцијација на производители на градежниматеријали – ИМСАД, а учесници се најразлични чинители од земјите од регионот и ЕУ. Целта на проектот чие официјално започнување е предвидено во наредниот месец, е да се придонесе за развој на финансиските инструменти и механизми со цел да се развијат пазарите и методите за енергетски ефикасни производи во земјите партнери.

МАЦЕФ ИСТРАЖУВА за ВАС

 Закон за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност (Пречистен текст) „Службен весник на РМ“ бр. 154 од 30.11.2010  Правилник за изменување на правилникот за енергетска ефикасност на градежни објекти „Службен весник на РМ“ бр. 169 од 28.12.2010

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 93

Страна 3

МАЦЕФ АНАЛИЗА

Повод за оваа анализа беше вбројувањето на МАЦЕФ на европската карта на организации/агенции кои работат интензивно во секторот на ЕЕ и ОИЕ. Тука можете да се информирате на кој начин можете да имате придобивки од членувањето во оваа мрежа. За почеток ManagEnergy претставува иницијатива за техничка поддршка на програмата Интелигентна енергија на Европската комисија. Улогата на ManagEnergy е да им понуди помош и поддршка на јавниот сектор и нивните советници кои се вклучени во програмата за енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија на локално и регионално ниво. Преземете ја анализата тука

М акедонска еф икасност

oпш тинска

м реж а

за

енергетска

Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци, и Кичево. Во најскоро време очекуваме кон неа да се приклучат и работни организации и институции кои се вклучени во програмите поврзани со енергетската ефикасност.

Годишна членарина:

24 000 денари

Чашка изгласа Програма за енергетска ефикасност МАЦЕФ успешно ја заврши изработката на општинската програма за енергетска ефикасност на општина Чашка, во соработка со г-ѓа Емилија Спировска и г. Димче Ангелов од општинскиот сектор за енергетска ефикасност. Програмата е усвоена од советот, со што стана официјален документ на општината. Програмата се работеше во изминатата година, а како дел од циклусот, задолжените лица поминаа и обука за собирање на податоци организирана од страна на МАЦЕФ. Им пожелуваме успешна реализација на програмата во општина Чашка!

Новости од Македонија Портал за ЕЕ – www.eeportal.mk Во рамките на проектот „Ублажување на климатските промени преку подобрување на енергетската ефикасност во градежниот сектор“ имплементиран од страна на УНДП и Министерстовото за животна средина е развиен нов портал за енергетска ефикасност. Порталот е информациска алатка за енергетска ефикасност во објекти. На оваа веб страница можете да ја најдете целокупната легислатива, подзаконските акти и директиви кои имаат ингеренции во ова поле. Резултати од претседавањето на Република Македонија со Енергетската заедница Во Секретаријатот на Енергетската заедница (ЕЗ) во Виена, министерот Бесими учествуваше на 2-от Брифинг на европскиот дипломатски кор во Енергетската заедница, кој во попладневните часови продолжи со одбележување на „Македонскиот енергетски ден“, во чест на претседавањето на Република Македонија со ЕЗ. Во своето поздравно обраќање пред дипломатите од 50 земји, вклучувајќи ги и оние од Европската комисија, министерот Бесими ги претстави резултати од претседавањето на Република Македонија со ЕЗ: „Оваа година, покрај проширувањето на ЕЗ со Молдавија и Украина и стекнувањето на Ерменија со статус на земјанабљудувач, земјите кандидати ги потврдија аспирациите за евроинтеграции со интензивна и напорна работа во насока на усогласување на националните законодавства со европското. Земјите кандидати посветија посебно внимание на

модернизацијата на постојната енергетска инфраструктура и подготвителните активности за воспоставување на нова“. Повеќе Пуштени во употреба пет мали хидроцентрали Заврши проектот за изградба на пет мали хидроелектрани (Белица 1, Белица 2, Охрид 1, Охрид 2 и Охрид 3) во регионот на Охрид и Струга, по пат на јавно-приватно партнерство меѓу меѓу општинскотоо јавно претпријатие „Проаква“ и домашниот инвеститор – компанијата „Фероинвест“. Обврската на „Проаква“ во проектот е регулирање на имотно-правните односи а според договорот во следните 40 години ќе добива по 31% од остварената добивка од работењето на хидроелектраните во Охрид и 18% од добивката на хидроелектраните во Струга. Сите пет хидроелектрани се веќе пуштени во употреба. Хидроелектраните годишно ќе пласираат по 14.000 MWh електрична енергија, што е доволно да се задоволат годишните потреби на еден помал град во Македонија. Ќе се градат ветерници во штипскиот регион Претставници на корејската фирма „Самсунг хеви индустри“ и на „Инвал „Македонија“, која е дел од шпанската фирма „Инвал“, најавија дека во 2011 година ја почнуваат инвестиција за изградба на ветерници во Штипско. Проектот се најавува дека ќе чини 150 мил. евра за поставување на 40 ветерници. повеќе... Зголемена употреба на ОИЕ во Македонија Владата на Германија додели кредит од 60 мил. евра наменет за ревитализација на шест хидроелектрани и за изградба на ветерни електроцентрали. Со дел од средствата ќе се ревитализираат хидроцентралите „Глобочица“, „Тиквеш“, „Вруток“, „Равен“, „Врбен“ и „Шпиље“, а останатите средства за изградба на ветерни централи кај Богданци. Паркот на ветерни електроцентрали треба да постигне годишно производство од 100 GWh, а вкупната инсталирана моќност на хидроелектраните во системот на ЕЛЕМ ќе се зголеми за 18,31 MW, како и дополнително производство на електрична енергија од околу 50 GWh. Двата проекта се во согласност со Стратегијата за енергетика и Стратегијата за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија. Со тоа се докажува дека двата стратегиски документа нема да останат само на хартија туку дека ќе се спроведуваат. Проектот треба да биде имплементиран до крајот на 2013 година. Јавна расправа по предлог енергетскиот биланс на Република Македонија за 2011 г. На јавната расправа на тема „Предлог енергетски биланс на Република Македонија за 2011 година“, што се одржа во рамки на Седницата на Македонската енергетска асоцијација во просториите на Стопанската комора на Македонија, воведно резиме имаше министерот за економија Фатмир Бесими, а дискусијата ја продолжија претставниците на сите енергетски субјекти во државата. Изработен врз основа на податоците за планираните потреби за поедини видови енергија или енергенси од страна на големите потрошувачи, производителите и снабдувачите во земјава, предлог енергетскиот биланс за 2011 година по извршените усогласувања и анализи направени од Министерството за економија проектира 11% поголема вкупна финална потрошувачка во 2011 година во однос на 2010 година. повеќе

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


ИНФОМАЦЕФ 93

Страна 4

Презентирано средство за продолжување на животниот век на акумулаторите Македонските потрошувачи веќе нема да мораaт да ги фрлаат старите акумулатори, туку ќе можат најмалку двојно да го зголемат нивниот животен век со додавање на регенеративното средство „Повербат“. повеќе... Одржана работилница за ЕУ Директивата за заштита на животната средина преку Кривичниот Закон Во декември во х. Александар Палас, во Скопје, во рамките на ТАIЕХ Програмата, се одржа работилница за ЕУ Директивата за заштита на животната средина преку Кривичниот Закон. повеќе... Обновливите енергии како алтернатива на нуклеарките Во декември во Скопје во организација на ДОМ се одржа трибина на тема: „Обновливите енергии како алтернатива на нуклеарната енергија“. На трибината презентација имаше проф. д-р Уве Хартман, нуклеарен физичар и претседател на Германското друштво за соларна енергија - Берлин. Професорот го пренесе германското искуство во користењето на обновливата енергија, при што за 15 г. Германија успеала да се доближи до квотата од 20% учество на обновливата енергија во севкупното производство на енергија, што е процент што треба да го достигнат сите земји потписнички на Кјото Протоколот до 2020 година. Проф. Хартман истакнува дека од вкупното светско прооизводство на енергија, само 6% е од нуклеарните електрани.

Новости од светот

ЕУ ја фокусира својата политика кон сметките за енергија Советот за енергија при ЕК усвои заклучоци за воведување во пракса на Третиот енергетски пакет, според кој потрошувачите имаат право да добијат информации за потрошувачката на енергија и сите права кои следуваат од страна на „енергетски правобранител“. Земјите членки како дел од националните акциони планови за енергетска ефикасност треба да предвидат воведување на нови технологии како инсталирање на интелегентни мерачи на енергија кај крајните потрошувачи. повеќе Европскиот парламент повикува на обврзувачки цели за заштеда на енергија Европскиот парламент нагласи дека воведување на обврзувачки цели ќе придонесе за интензивирање на напорите за заштеда на енергија, кои веќе се реализираат преку задолжителните цели за искористување на ОИЕ и намалување на емисиите на CO2. За разлика од овие две, постоечката цел за зголемување на енергетската ефикасност за 20% сеуште не е законски обврзувачка. повеќе BOSCH SOLAR ENERGY го претстави новиот e-велосипед Е-велосипедот не ве ослободува од вртење на педалите, но електричниот модул ви дава можност за повремен одмор на нозете. Модулот функционира со полнење на BOSCH литиум-јонска батерија за само два и пол часа. Модулот се напојува со енергија од батеријата која се полни со изворот на енергија, пријател на околината – сонцето. Модулот е тенок и конструиран да ги впива и најслабите сончеви зраци во тешко осветлените предели. Освен овој модул, има уште два составни елементи. Единица за возење која е исто толку тивка како и вртењето на педалите и инструмент поставен на воланот кој ја покажува брзината и состојбата на модулот. Овој производ не ја загадува околината, го користи сонцето како извор и е брз, што е многу важно. повеќе Геотермална енергија за новата железничка станица во Виена Во 2008ма година, започна изградбата на новата железничка станица во Виена. Следната година старата Westbahnhof ќе се отвори како нова по повод собирот BahnhofCity Wien West. Уште позначајно е што новата ќе користи геотермална енергија... повеќе Првата сончева енергетска централа во Србија Ако преговорите завршат успешно, кинезите ќе ја изградат и финансираат првата соларна станица во Србија. Траба да биде лоцирана во Кикинда бидејќи е еден од градовите во Србија со најголем број на сончеви денови во годината. повеќе... Порталот TE-TOL со информации за животната околина Глобалната иницијатива World Summit Award (WSA), која се одржува под покровителство на Светскиот самит на Обединетите Нации за информациското општество, го одбра мобилниот портал на Термалната

енергетска централа Лубљана (TE-TOL) така што Словенија е една од петте најдобри практики во светот од полето на мобилна достапност на информации за животната средина. повеќе... Редок материјал акумулира сончева енергија Научниците откриле дека реткиот материјал Рутениум има способност да ја апсорбира сончевата светлина и да ја зачувува како топлина. Молекулот fulvalene diruthenium (два ароматични прстени јагленик поврзани со преоден метал) на неверојатниот материјал рутениум се исполнува со сончева светлина и се однесува како молекуларна топлинска батерија, зачувувајќи ја топлината ја менува својата структура, но ја задржува стабилноста. Новото откритие ја наговестува следната генерација на солapни системи кои ќе можат насобраната сончева топлина да ја користат подолго време. Научницните покажуваат дека употребата на течниот материјал ќе послужи за произведување на топлинска батерија која ќе може да се користи за греење во домовите. Новиот материјал ќе придонесе за поефикасно искористување на соларната енергија во секојдневата примена. повеќе

Корисни web-адреси www.energyweek.com.mk www.widethesee.eu www.managenergy.net/kidscorner www.worldbank.org www.pep.org.mk www.erc.org.mk www.sustenergy.org/ www.ase.org/ www.motorchallenge.org/ www.rec.org www.energy.eu – Енергетски портал на ЕУ www.euractiv.com/ www.display-campaign.org/ www.energie-cites.org/ www.reeep.org www.kids.evn.com.mk www.europesustainableenergy.com www.kids.evn.com.mk www.moepp.gov.mk www.rexus.com.mk www.rehau.com.mk www.ri.com.mk

Манифестации „Е- Светски саем за енергија и вода„ 8 – 10 февруари 2011, Есен, Германија Манифестација насочена кон истражување на енергетскиот сектор. Повеќе... „Чиста енергија и пасивна куќа 2011“ 10 – 12 февруари 2011, Штутгарт, Германија Меѓународен саем за обновливи извори на енергија и пасивна куќа. Повеќе... Увид на пазарот за јаглерод во 2011тата 1-3 март, 2011, Амстердам, Холандија Поинт карбон, компанија на Thomson Reuters, ве покануваат на настанот. Повеќе... „7ми Конгрес и саем за ЕЕ и ОИЕ“ 13 – 15 април 2011, Софија, Бугарија Учесниците ќе се информираат за најновите трендови, експертски анализи и предвидувања, контакти лице в лице со претставниците од институциите на јавна администрација, инвеститори како и чинители од индустријата на ОИЕ, ЕЕ, енергетски инженеринг, финансии и инвестиции и др. Повеќе... Енергетски менаџмент во културното наследство 6-8 април 2011, Дубровник, Храватска Конференцијата ќе ги прикаже најдобрите практики и стандарди во полето на енергетски инфраструктурна реконструкција, надоградување и енергетска ефикасност генерално во културно наследните згради, со сегашен тренд на енергетска ефикасност. Повеќе... Форум за домаќинста во Европа и централна Азија 4-6 април, 2011, Будимпешта, Унгарија Клучните одлучувачи и чинители во секторот за домување ќе го постават прашањето на пристојно домување и развивање на координирана визија во регионот. Повеќе... Саем ENREG ENERGIA REGENERABILA®, Arad International 7- 9 април, 2011, Арад, Романија Меѓународен саем и конференција за Обновлива енергија и енергетски ефикасна градба и реновација. Повеќе... „6та Конференција за одржлив развој на енергија, вода и системи за животна средина во Дубровник“ (SDEWES 2011) 25-29 септември, 2011 г., Дубровник, Храватска Повеќе...

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; Редактори: м-р М. Димитрова, заменик гл. уредник, Б. Калиманов, Д. Димовска, С. Паневски, И. Петрушевски, Ф. Стојановски, Ж. Илиевски и З. Таревска

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52-1, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.