45 infomacef

Page 1

Број 45

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

МАЦЕФ

Декември 2006

МА ЦЕ ЕФ Ф пр ом мо ов ви ир ра а ен ер ргге еттс скка а еф икка ас сн но ос стт и по чи ис стта а жи во оттн на а ср ед ди ин на а МАЦ про ене ефи поч жив сре Во овој број:

ó Од уредникот ó Центар за енергетска ефикасност на Македонија МАЦЕФ ó Новости од Македонија ó Новости од другите земји ó Корисни web­адреси ó Манифестации

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови на МАЦЕФ! На крајот на календарската 2006 година, можеме да заклучиме дека ќе ја дочекаме Новата Година со надеж за подобри услови за живеење. Јасно дека сме посебно насочени кон тоа да имаме година која е квалитетна во однос на снабдувањето со енергија, а посебно да се забрза процесот на донесување прописи (со обврски) за примена на мерките за енергетска ефикасност – и кај производителите на енергија и кај крајните потрошувачи.

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА ­ МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, основано да делува во рамките на Република Македонија и надвор од неа. МАЦЕФ е член на меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources). МАЦЕФ e член на Асоцијацита на Консултантски организации, нудејќи професионални експертски услуги од својот делокруг на работа, во земјата и надвор од неа. МАЦЕФ е дел од мрежата managenergy формирана од страна на Euro­ pean commission DG Energy and Transport www.managenergy.net . МАЦЕФ е член на БИСЕ Форумот.

Активности на МАЦЕФ Македонија интересна за проекти за CDM (Механизми за чист развој)

Приготвен е нацртот на енергетскиот биланс на Македонија за 2007 година. Континуирано се зголемува потребата за енергенси и сумата која Македонија треба да ја издвојува за нивно купување. Веќе процентот на увозот на енергија е поголем од процентот кој се задоволува од сопствени извори! Воспоставена е соработка со тим од Германија во областа на развивање на методологии на Чисти развојни механизми (CDM) Обуката на претставниците на 4 општини продолжува. Следната фаза е инсталирање на мерни инструменти за добивање јасна слика за условите во објектите сопственост на општините. Завршена е студијата за примена на обновливи извори на енергија (соларни колектори и топлинска пумпа на геотермална енергија) во Заводот за медицинска рехабилитација во Скопје, финасирана од Министерството за животна средина. Реализирана е средба со претставниците на Германската асоцијација за примена на соларната енергија. Се утврдуваат можностите за заеднички активности. Далечинската обука се одвива според предвидениот календар. Сите колеги кои сакаат да присуствуваат на предавањата кои се пренесуваат директно од Рим, ги замолуваме да се најават претходно! Истакнатите членови проф. д­р С. Арменски и проф. д­р М. Димитровски, ја превземаат задачаат за активно раководење со областите Обновливи извори на енергија и екологија. Учесниците во подготовката на овој Информатор Ви пожелуваат здрава, спокојна и успешна Нова Година исполнета со среќа и радост

Високи претставници на германската компанија Перспективс го посетија седиштето на МАЦЕФ. Оваа компанија се занимава со развој на проекти и технологии потребни за изведување на Механизми за чист развој или попознати како CDM – Clean De­ velopment Mechanisms според Протоколот од Кјото. Нивното портфолио брои дваесетина проекти од овој тип на светско ниво. Овие технологии се основа за изработка на Механизми за чист развој. Оваа компанија развива методологија за модернизација на парни котли и горилници, како и промена на горивото. Постигнат е договор резултатите од истражувањата на МАЦЕФ во областа на енергетската ефикасност во котелските постројки во медицинските центри, да послужат како едни од референ­ тните големини при разработката на методологијата. Соработ­ ката претставува продолжување на активностите започнати на семинарот за надградба на капацитети за Климатски техноло­ гии и енергетска ефикасност – Генератори на економски развој и иновации во Лајпциг, Германија. Се реализира детално про­ учување на постројката во Клиничкиот центар во Скопје, раз­ говори со директорот на Клиничкиот центар Г­дин др. Борче Георгиевски, а посебни разговори се остварија и со претстав­

Проф. Д­р Константин Димитров

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099 216 и 3099 432, факс 02 3099 298, e­mail: macef@mf.ukim.edu.mk www.macef.org.mk i blog www.infomacef.wordpress.com


ИНФОМАЦЕФ 45 никот на Министерството за заштита на околината Г­дин. Димитар Младеновски. Фондации за финасирање на активности Заинтересираните колеги кои сакаат да станат активни членови на МАЦЕФ, треба да се јават на нашата адреса, за да ги добијат потребните формулари за зачленување. Колегите со поголемо искуство и резултати во оваа област, со желба да бидат внесени во меѓународниот регистер на експерти, ги замолуваме да контактираат со нас, за да им го доставиме потребниот формулар. Тоа не значи и обврска да се биде член на МАЦЕФ.

Страна 2 продолжуваат континуирано, а учесниците можат да се вклучат и сега, затоа што секое предавање во принцип претставува заокружена целина. На крајот, ќе се обидеме да ги собереме сите предавања и да бидат на располагање на учесниците. Студија за смалување на загадувањето во Заводот за медицинска ерхабилитација во Скопје МАЦЕФ континуирано работи во подрачјето на анализата на можностите за смалување на загадуавњето во медицинските центри, со методи на примена на мерките за енергетска ефикасност.

Македонска Општинска Мрежа за Енергетска Ефикасност Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба и Кичево. Во најскоро време очекуваме кон неа да се приклучат и работни организации и Институции кои се вклучени во програмите поврзани со енергетската ефикасност. Годишна членарина: 24 000 денари Продолжува реализацијата на вториот курс од областа на енергетската ефиакасност со претставниците на 4 општини Продолжува интензивната работа на подготовката на базата на податоци за енергетските потреби и потрошувачката на енергија во објектите кои се сопственост на општините. Податоците се внесуваат во специјализиран програм (кој е предаден на општините), и се анализираат заеднички можните мерки за да се смали потрошувачката на енергија.

Резултатите се обработуваат со псоебни софтверски програми, кои овозможуваат да се добие јасна слика за економската прифатливост на секоја предвидена мерка за енергетска ефикасност, а во исто време се добиваат и резултати за смалената емисија на штетни гасови. Следниот чекор е вградување на мерна опрема во неколку репрезентативни објекти во општините кои ќе служат како репер, при евентуалното спроведување на предвидените мерки за енергетска ефикасност, што зависи од финасиските можности. Далечинска обука Предвидената програма се реализира во согласност со термините кои се објавени на веб страната на оваа мрежа за далечинска обука (desire­net). Во месецот декември посебно беа концентрирани предавањата од областа на одржливиот енергетски развој. Предавањата

Превземената задача (на конкурсот) ја завршивме успешно и студијата е предадена на клиентот – Министерството за шивотна средина. Основните елементи во студијата се замена на горивото мазут со примена на соларни колектори (посебно за подготовка на водата во базенот и балнеологијата) и топлинска пумпа со земјата како топлински извор. Споредени се колекторите на неколку домашни производители и топлинска пумпа од производството на ФОНКО. Резултатите се охрабрувачки, не само заради целосното елиминирање на локалното загадување, туку и заради позитивните економски ефекти. Ангажирање на странски експерти Со цел да се забрза усогласувањето на македонските прописи со стандардите на ЕУ, МАЦЕФ приготви апликација за ангажирање на експерти од Германија, кои би биле во редовен работен однос 2 години.

Реализацијата зависи од повеќе елементи, кои беа дискутирани за време на престојот на Г­ѓа Карин Рау, програм координатор на Центарот за меѓународна миграција. Присуството на еден експерт во Македонија, директно анагажиран во МАЦЕФ ќе придонесе и за остварување на поблиски контакти со слични институции.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099 216 и 3099 432, факс 02 3099 298, e­mail: macef@mf.ukim.edu.mk www.macef.org.mk i blog www.infomacef.wordpress.com


ИНФОМАЦЕФ 45 Европска академија Берлин Во рамките на презентацијата на можностите за соработка меѓу збратимените градови на Европа, проф. д­р Димитров, ја продлабочи соработката со германската асоцијација за примена на соларна енергија (D­r Hartmann), како уште еден аргумент за ангажирање на експерт од Германија во МАЦЕФ.

Страна 3 RENEUER е формирана по иницијатива на претставници на владите, невладините организации и претпријатијата од 8 земји и тоа Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, Македонија, Молдавија, Романија и Хрватска. Основната задача на оваа мрежа е да се ангажира за решавање на проблемите за ефикасна употреба на енергијата и водата во земјите од Југоисточна Европа. RENEUER ги дефинира основните определби во областа на ефикасното користење на енергијата и водата преку анализа на проблемите со кои се среќаваат земјите од Југоисточна Европа и можностите за нивно решавање.

teking@mt.net.mk Новости од Македонија Договорено е при првото организирано презентирање на можностите на производителите на опрема за користење на соларна енергија, активно да партиципираат и колегите од Германија.

Енергетски биланс на Македонија Бруто потрошувачка 10 3 ТЈ Потреба за електрична енергија GWh директни потрошувачи GWh домаќинства GWh загуби GWh дистрибутивни потрошувачи GWh Сопствено производство GWh Потребно да се увезе GWh Нафтени деривати тони Кокс Природен гас 10 6 m 3 n

2006 115,7

4961

824 352 115 014

6794 2947 1217600 122 369

82.22

113

Потребни финасии (милиони евра) Утврдени се и основите за подготовка на заеднички проект пред УЕ од областа на енергетскатае фикасност и примената на соларната енергија. И на крај мала прослава Успешната година вработените во МАЦЕФ и добрите пријатели, скромно ја одбележаа со наздравување за идната година да биде плодна барем како оваа!

Скромно одбележување на завршувањето на успешната година

РЕГИОНАЛНА МРЕЖА ЗА ЕФИКАСНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕРГИЈАТА И ВОДАТА

RENEUER (www.reneuer.com)

2007 133,6 9741 3121 3354 1523

587.3

Колку за потсетување и домашна анализа : ЕСМ дистрибуција беше продадено за вреднбост од околу 225 милиони евра. ЕСМ ЕВН во текот на 2007 треба да наплати енергија во износ од скоро 5000 GWh. Проверете сами која е сумата која се инкасира секоја година. МЕПСО доби само половина од потребните количини струја Македонскиот преносен систем оператор (МЕПСО) на тендерот доби понуда само за половина од вкупните количини на струја за периодот јануари­април 2007 година. Генералниот директор на МЕПСО Атанаско Туневски истакна дека добиле понуди за само 52% од потребните количини или 861 гигават часови струја колку што e побарано да се купи. Освен што добивле понуда за половина од бараното, понудената струја е со ислучително скапа цена. Цената на струја се движи од 56­ 90 евра за мегават, а најскапа е струјата што ќе се купи во јануари и февруари. Извор: Тотал Бизнис Портал ЕЛЕМ ќе го развива бизнисот со топлинска енергија „Електрани на Македонија(ЕЛЕМ)“ се заинтересирани да го развиваат бизнисот со топлинска енергија. Се планира да се прошири дистрибуцијата на топлинската енергија во скопските населби Ченто и Бутел и во други реони. Според најавите проширувањето на овој сегмент од бизнисот на ЕЛЕМ ќе се реализира во 2007 година. Извор: Тотал Бизнис Портал http://www.total.com.mk/ShowNewsAdv.aspx?ItemID=5349&mid= 303&tabId=1&tabindex=0 За ТЕЦ Неготино нов тендер Владата одлучи да објави нов меѓународен тендер за ТЕЦ Неготино. Владата ќе продава 100% од капиталот на ТЕЦ

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099 216 и 3099 432, факс 02 3099 298, e­mail: macef@mf.ukim.edu.mk www.macef.org.mk i blog www.infomacef.wordpress.com


ИНФОМАЦЕФ 45 Неготино, а новиот сопственик ќе мора да изгради и нова тер­ моцентрала веднаш до постојната со инсталирана моќност од 300 мегавати. Новата термоцентрала ќе работи на јаглен, а струјата произведена во новата термоцентрала ќе може да се продава и надвор од земјава. Струјата од сегашната термоцен­ трала ќе биде наманета за домашниот пазар. Извор: Тотал Бизнис Портал http://www.total.com.mk/ShowNewsAdv.aspx?ItemID=5315&mid= 303&tabId=1&tabindex=0 Македонија сака да ја зголеми употребата на руски гас Министерството за економија планира Македонија значително да ја зголеми употребата на руски гас. Министерката Рафај­ ловска ги повика руските инвеститори да се вклучат во реали­ зацијата на енергетските проекти во Македонија. Како можни проекти се изградбата на Топланата во Скопје, гасоводен прс­ тен околку Скопје, изградба на гасоводен систем од Македонија до Косово и гасовод на потегот од Тетово­Гостивар­Кичево­ Неготино. Извор: Тотал Бизнис Портал Светската банка одобри 5,5 милиони долари грант за одржлива енергија на Македонија Бордот на директори на Светската банка на Македонија и одобри грант во износ од 5,5 милиони долари за Проектот за одржлива енергија. Проектот е финансиран од ГЕФ фондот, а се планира и учество на комерцијални банки и корисници на фондот во износ од околу 24,7 милиони долари. Со грантот Светската банка ќе го поддржи развојот на пазарот на ефикас­ ни и обновливи извори на енергија. Ќе се работи и на созда­ вање на институционален капацитет со што ќе се овозможи развој на нов сектор за енергетска ефикансност и обновливи извори на енергија. Цената на струјата останува иста Во јануари ќе се знае дали цената на струјата ќе се зголеми. Регулаторната комисија за енеретика побара од ЕСМ да достави нови пресмети за трошоци и инвестиции со кои ќе може попре­ цизно да го разгледа барањето. Но затоа одобрено е 16% покачување на цената на топлин­ ската енергија испорачувана од АД Топлификација Скопје. ЕВН­ ЕСМ догодина ќе вложи 43 милиони евра Околу 43 милиони евра ЕСМ ќе инвестира во Македонија. Инвестициите ќе бидат насочени кон подобрување на сигурнос­ та во снабдувањето и подобрување на постоечката инфра­ структура. Најголемиот дел од инвестициите или околу 30% ќе се вложат во трафостаници, а останатиот дел од парите ќе се инвестираат во трансформатори и во подобрување на ниско­ напонската мрежа, водови, и набавка на нови броила. ЕБОР нема да стане акционер во „ЕСМ дистрибуција“ Банката не планира заемот што и го даде на компанијата во претприватизацискиот период да го претвори во акции. Рокот од шест месеци во кој ЕБОР требаше да одлучи за акционерски удел во „ЕСМ дистрибуција“ истече во октомври 2006. Ако бан­ ката се откаже од акционерство, австриската компанија ЕВН, која во меѓувреме стана сопственик на „Дистрибуција“, ќе треба да доплати 50 милиони евра. По потпишувањето на купопро­ дажниот договор, ЕБОР уплати 175 милиони од понудените 225 милиони евра, со тоа што дел беше резервиран за Европската банка. Македонец ќе ја регулира енергетиката во регионот Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика на Ма­ кедонија, Славе Ивановски, е избран за прв човек на Одборот

Страна 4 на регулатори на енергетската заедница во Југоисточна Европа. На седницата одржана на 11 декември во Атина, Ивановски до­ бил најмногу гласови на тајното гласање од претставници на регулаторните тела во Хрватска, Црна Гора, Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Албанија, Романија и во Европската комисија.

Новости од другите земји Презентиран е развојот на производството на електрична енер­ гија во изминатиот период. Видливо е учеството на енергети­ ката во глобалното загадуавње, заради малиот процент кој го обезбедува хидро­енергетиката.

Во следните броеви ќе ги прикажуваме трендовите на потрошу­ вачката на јаглен, гас инафта. Корисни web­адреси http://www.newenergyfinance.com/ http://www.total.com.mk/ http://www.create.org.uk/ http://www.euractiv.com/ http://www.energyobserver.com/ Манифестации Четврти енергетски самит ­ „Енергетската иднина на Балканот: Обновливи извори на енергија, когенерација и нуклеарни централи“ 29 јануари 2007, Белград повеќе... Европска конференција за локални енергетски активности 31 јануари – 1 февруари 2007, Брисел и во живо на интернет Шеста последователна конференција за енергетски менаџмент повеќе... Основен семинар за Пасивни куќи 25 Јануари 2007, Берлин повеќе... Интернационален Енергетски Самит 22 – 25 Февруари 2007, Прага Конференцијата ги соединува дистрибутерите и производителите на енергија од Западна Европа и САД, како и како и новите актуелни пазари како Централна и Источна Европа, Индија, Кина и Југоисточна Азија. повеќе... Уредник: Проф. Д­р К. Димитров Центар за енергетска ефикасност на Македонија Тех. Секретар. И.Петрушевски, Н. Парапунов 3а/52 1000 Скопје Тел. 02 3099 216, факс: 02 3061 013 e­mail: macef@mf.ukim.edu.mk

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте не’ на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3099 216 и 3099 432, факс 02 3099 298, e­mail: macef@mf.ukim.edu.mk www.macef.org.mk i blog www.infomacef.wordpress.com


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.