InfoMACEF 198 / 199

Page 1

Број 198/199

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Септември/Октомври 2019

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Во овој број:

       

Од уредникот Активности на МАЦЕФ Настани во Македoнија Новости од Македонија Новости од светот Анализа Корисни web-адреси Манифестации

OД УРЕДНИКОТ Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Септември и октомври се месеците кога сме на прагот на почнувањето на грејната сезона – значајни поради неопходните подготовки за истата. Дали ги проверивте вашите системи за греење? Радијаторите треба да се чисти, како и вашите оџаци, за системот да работи со полна ефикасност и исправно. За нас, овие месеци се исполнети со многу работни активности. Во овој двоброј, ќе читате за интересни и корисни содржини поврзани со нашите актовности, како и активностите на останатите чинители во овој сектор. Ве насочуваме кон следниве содржини: Фонд за зелен развој Изработка на Програма за енергетска ефикасност на општина Долнени Стратегија за искористување на обновливи извори на енергија на територијата на Општина Велес Проект ОРМАК МАЦЕФ ја нуди на општините својата експертиза и помош при изработка на техничка документација за улично осветлување при примена на ЕСКО моделот, според препораките предложени од Светска банка. Исто така нудиме помош при изработка и целосна изработка на тригодишните Програми за енергетска ефикасност и Акциски план, усогласени со препораките на Светска банка. Ви нудиме основни информации за потенцијалните можности за штедење преку Cashback картичката (бесплатна), но уште повеќе за потенцијалот за заработка од илјадници купувачи од 51 земја, како маркетер во платформата на Lyconet и My World. Потенцијал да се заработува од промет, а не од профит. Доставуваме одговор во рок од 24 часа на секое индивидуално прашање. До читање со следниот број

Јасминка Димитрова Капац ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - ЗЛЕК – Заедница на лиценцирани енергетски контролори

- мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацијата на Консултантски организации - на РЕЕЕП, официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ Изработка на Програма за енергетска ефикасност на општина Долнени МАЦЕФ започна со изработката на Програмата за енергетска ефикасност на општина Долнени. Најпрво, за потребите на изработката на Програмата, тимот на МАЦЕФ во септември и октомври изврши теренска посета на сите објекти под управа на општината. Освен прибирањето на потребните податоци, направени беа и неопходните термовизиски снимања на објектите. Како дел од подготовката на програмата, тимот на МАЦЕФ направи и состаноци со општината Долнени, на кои беа одредени приоритетите на оштината, како и нејзините стратешки определби, поврзани со потрошувачката на енергија и енергетската ефикасност. После теренските посети, тимот на МАЦЕФ започна со подготовката на програмата, која се очекува да биде финализирана во текот на ноември, 2019 година. За повеќе информации, посетете го нашиот веб портал, www.macef.org.mk, како и нашата Facebook страница: @macefmk. Стратегија за искористување на обновливи извори на енергија на територијата на Општина Велес Во изминатите два месеци, финализирана беше Стратегијата за искористување на обновливи извори на енергија на територијата на Општина Велес. Стратегијата ја доби својата финална форма, која е во согласност со потребите на општината Велес, како и со потребите и барањата на нашата држава и Европската Унија. Таа ги следи националните и регионалните стратешки определби, како и поставените цели, пренесени на општинско ниво. Стратегијата беше усвоена од страна на советот на Општина Велес, и со тоа стана официјален стратешки документ на истата, кој ќе бидереализиран во наредните десет години. Проект ОРМАК Во изминатите два месеци, продолжија активностите во рамки на проектот ОРМАК на тимот на МАЦЕФ. Се вршат пресметки на постројката и воедно се врши дизајнирање на истата. Административните активности се извршуваат соодветно на планираното темпо и проектираните резултати. Во согласност со договорот и обврските кои ги има МАЦЕФ кон Фондот за иновации, се влезе во третиот квартален период на спроведување на проектот. Се очекува зголеменото ниво на активности да продолжи и во наредните месеци. Фонд за зелен развој (GGF – Green for Growth Fund) Здружение МАЦЕФ - Скопје е техничка поддршка за ЕКО кредитите кои ги нуди ХАЛКБАНК, а се овозможени од

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 178 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 194/195 кредитната линија GGF - Green for Growth Fund или ГГФ - Зелено за развој! ЕКО кредитите се наменети за физички и за правни лица за финансирање проекти од енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, намалување на емисијата на јаглерод двооксид, подобрување на животните услови преку промена на топлинската изолација, врати и прозорци, нови системи за греење, нова поефикасна опрема итн. За повеќе информации обратете се на телефонот 3090 178 или eлектронската пошта d.dimovska@momee.org.mk. ИЗРАБОТУВАМЕ ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛИ Издаваме СЕРТИФИКАТИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ Издаваме Изјави/Потврди за исполнување на барања за минимални енергетски карактеристики, потребни за вадење градежна дозвола. Приготвуваме ИЗЈАВИ/ПОТВРДИ за станови кои треба да се понудат на пазар за продажба или изнајмување. Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика. ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Новости од Македонија Покана за учество на Наградата Energy Globe од страна на Амбасадот на Energy Globe за Македонија Драги потенцијални победници на наградата Energy Globe, Ве охрабрувам и ве потсетувам дека пријавите за реализирани проекти кои влијаат на намалување на климатските промени можете да ги доставувате заклучно со 21 ноември 2019 година по електронски пат на https://www.energyglobe.info/en/participation/ Проектите за поттикнување на одржлив развој со фокус на заштеда на ресурси, подобрување на квалитетот на воздухот како и обновлива енергија се добредојдени. Нема големи и мали проекти, доволно е да има потенцијал за реплицирање. Физички лица, компании, организации како и локални самоуправи можат да пријават проекти. Може даа се пријават повеќе проекти, а учеството е бесплатно. Искрено Ваша, Македонка Димитрова, Амбасадор на Energy Globe за Македонија Општина Василево објави тендер за реконструкција на јавното советлување според ЕСКО модел. На 29.10.2019, Општина Василево, на страната на Бирото за јавни набавки, објави Оглас за јавна набавка за воспоставување на јавно приватно партнерство за реконструкција и одржување на јавното осветлување во општина Василево преку воведување мерки за енергетска ефикасност според ЕСКО Модел. Краен рок за доставување

Страница 2 на понудите е 06.12.2019 година во 12,00 часот. Сите заинтересирани, можат да дознаат повеќе информации на следниот линк: Повеќе... Ангеловска – Милер: 120 милиони долари од Светска банка за инфраструктура, енергетска ефикасност и модернизација на пензискиот и земјоделскиот сектор Светска банка ќе даде поддршка од околу 120 милиони долари за финансирање на пет проекти со кои ќе се подобри локалната инфраструктурата, ќе се модернизира пензискиот сектор и земјоделството, ќе се подобри енергетската ефикасност на јавните институции и ќе се обезбеди пристап до висококвалитетни широкопојасни услуги. Министерката за финансии Нина Ангеловска и гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска со потпретседателот на Светска банка (СБ) за Европа и Централна Азија Сирил Милер, со директорот на СБ за Западен Балкан Линда Ван Гелдер и со извршниот директор на Групацијата на СБ за Конституенцата во која е Р. Северна Македонија Кун Дејвитсе, за време на Годишните средби на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд кои се одржуваат во Вашингтон, разговараа и за потпишување договор со Светска банка за обезбедување 70 милиони евра за реализацијата на Проектот за изградба и рехабилитација на локални патишта. Преку Проектот за изградба и рехабилитација на локални патишта општините со проекти за локалните делници ќе можат да ги искористуваат средствата за да ја подобрат локалната инфраструктура. Преку Проектот за енергетска ефикасност во вредност од 25 милиони евра ќе се вложува во подобрување на енергетската ефикасност на јавните објекти во општините, како и подобрување на енергетската ефикасност на објектите на јавните институции. Повеќе... Панел дискусија „Обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност за подобра животна средина“ Новиот Закон за енергетика што беше донесен лани и е целосно во согласност со новите директиви за заштита на животната средина и за поттикнување на инвестициите во обновливите извори, веќе почна да се имплементира, објавени се неколку јавни повици и во тек е евалуација на сите понуди за градење на фотонапонски централи, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Говорејќи на панел дискусијата „Обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност за подобра животна средина“, што се одржа во организација на Институтот за комуникациски студии, Бектеши нагласи дека истовремено при крај е изработката на законот за енергетска ефикасност, за кој очекуваме во третиот квартал од оваа година да го усвои Владата, а потоа да продолжат сите процедури во Собранието. Министерството, како што посочи Бектеши, спроведува три мерки за енергетска ефикасност и за поттикнување на користењето на обновливи извори на енергија, како градење на соларни колектори, замена на дрвните прозорци со Пе-Ве-Це и набавка на печки на пелети од страна на домаќинствата. Тој информира дека во текот на оваа недела ќе биде објавен огласот за печки на пелети, додавајќи дека интересот кај граѓаните е голем и се очекува голем успех на споменатата програма.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 194/195 Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов во обраќањето на памелот изјави дека природниот гас може да се користи совршено за сите енергетски потреби, наведувајќи дека основните карактеристики на овој реагенс е тоа што најмалку 20 проценти е помала емисијата на штетните гасови и речиси воопшто не ослободува сулфурот. Тој смета дека е многу важно земјава да влезе во процес на терцијална гасификација, односно гасот да биде достапен за широка потрошувачка, односно до домаќинствата. Повеќе... ПроКредит Банка во соработка со ЕБОР нуди кредити за енергетска ефикасност со можност за грант до 20% Со поддршка од 1 милион евра од Европската Банка за обнова и развој (ЕБОР), ПроКредит Банка АД Скопје започна со понуда на кредити за поттикнување на зелени инвестиции и енергетска ефикасност во домаќинствата преку GEFF Програмата. Кредитите се наменети за граѓани и здруженија за домување кои планираат инвестиции во подобрување на енергетската ефикасност на станбените објекти како што се: инвестиции во нови топлотни или геотермални пумпи, купување на печки/котели на гас или биомаса, прозорци, инсталација на соларни панели, изолација на ѕидови, покрив или подови, инвестиции во колектори за топла вода и слично. Овие инвестиции ќе придонесат за намалување на трошоците за потрошувачка на енергија и ќе ја зголемат удобноста на живот на домаќинствата. Финансирањето на ЕБОР е под GEFF – Програмата за поддршка за зелена енергија кои ја одобруваат зелената технологија која придонесува за подобра животна средина. GEFF во Западен Балкан е дел од интернационалната GEFF програма за финансирање на зелената економија на Европската Банка за Обнова и Развој која обезбедува финансии за секторот за домување како и за бизниси кои обезбедуваат енергетска ефикасност и енергетски обновливи производи и услуги за домаќинствата со цел намалување на емисијата на гасови кои создаваат ефект на стаклена градина и подобрување на квалитетот на живеење. Со кредитите поддржани преку GEFF програмата, граѓаните остваруваат право за апликација за грант дури до 20% од вкупниот износ на инвестицијата. Сите заинтересирани граѓани кои го реновираат својот дом или градат нова куќа може да одберат некои од 4.000 производи кои се на располагање преку Селекторот на Технологија, онлајн каталогот на сите одобрени технологии од следниов линк. Повеќе...

Новости од светот Шкотска со енергијата од ветерот снабдува двојно повеќе домаќинства Шкотските ветерници имаат многу успешна прва половина од годината и произведоа доволно електрична енергија за напојување скоро двојно повеќе од домаќинствата. Шкотската влада има за цел да покрие половина од потрошувачката на обновлива енергија до 2030 година. Со анализирање на податоците за енергијата на ветрот собрани од WeatherEnergy, шкотските ветерници обезбедија 9.831.320 MWh електрична енергија меѓу јануари и јуни 2019 година, или доволно енергија за напојување на 4,47 милиони домаќинства во текот на шестмесечен период. Ова е речиси двојно поголема

Страница 3 од 2,46 милиони домаќинства во Шкотска, објави WWF Шкотска. “Ова се неверојатни бројки, а шкотската револуција на енергијата на ветерот силно граби напред. Овие податоци покажуваат дека искористување на изобилството копнени ветерни потенцијали во Шкотска може да обезбеди чиста енергија на милиони домови не само во Шкотска, туку и во Англија. Крајно време е британската влада да го отвори нашиот пазар на ветерната енергија“, вели Робин Паркер, менаџер за програма за климатски и енергетски политики на WWF Шкотска. Повеќе... Холандија ќе ја ограничи брзината на возилата за да го намали загадувањето со азот Холандија ќе ја ограничи брзината на возилата на максимум 100 км/ч во рамките на итните мерки за намалување на загадувањето со азот. Владата на премиерот Марк Руте со соочува со криза поради судската пресуда од мај годинава, кога беа одложени илјадници градежни проекти затоа што Холандија со години ги крши ограничувањата на дозволената количина азот во околината, како што утврди Европската унија. За емисијата на азот најпрвин се одговорни возилата, односно автомобилите, камионите и многуте возила за достава и градежните машини кои трошат дизел гориво. Азотот во водата и во почвата главно доаѓа во форма на нитрати кои се наоѓаат во земјоделските ѓубрива и во канализацијата и предизвикуваат прекумерно размножување на алгите. „Ова не е популарна мерка и никој не ја сака, но ќе послужи за општото добро“ изјави холандскиот премиер. Тој додаде дека мора да се спречи непотребното губење на работни места. Градежните активности беа стопирани со судска одлука за околу 18.000 проекти врзани за автопатишта, аеродроми, електрани на ветар и станбени проекти. Холандскиот истражувачки институт предвидува пад на приходите од градежните активности за 8% до 2021 година, а потенцијално се загрозени околу 40.000 работни места. Повеќе... Меркел сака да изгради милион станици за полнење на електрични автомобили во Германија На патот на германската визија за целосна независност од фосилните горива за десетина години отсега стои една препрека – немањето доволно станици за полнење, кои се релативно ретко и премногу оддалечени една од друга. Канцеларката Ангела Меркел објави дека германската влада сака 1 милион станици за полнење во земјата до 2030 година. Со оглед на тоа дека моментално во Германија има околу 20.000 станици за полнење, тоа значи дека до 2030 година треба да се изградат дури 980.000. Германската канцеларка нагласи дека во тој амбициозен план мора да учествува индустријата за електрични автомобили, што значои дека производителите мора да издвојуваат одредени суми пари за градење на станиците, иако уште не е прецизирано дали тоа ќе им се наплатува преку посебно даноци и придонеси. Оваа изјава доаѓа во пресрет на четвртиот состанок на германската влада со индустријата, на кој ќе се дискутира за

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 194/195 начинот на кој двете страни можат да ја забрзаат транзицијата кон елктрични патнички возила. Колку и да изгледа амбициозен овој план, може да се оствари затоа што германските производители на ењектрични автомобили веќе и самите градат станици за полнење и пројавуваат интерес за учество во изградбата на големи мрежи од станици за да се зголеми продажбата на електрични автомобили. Повеќе... Населба со нула емисија на гасови во Дубаи На 20 километри од центарот на Дубаи е изграден мал град, кој има за цел да стане зелена оаза во пустината. Населбата има за цел да ја произведува целата енергија што им е потребна од Ограден со ѕид од дрвја, на околу 20 километри од висококатниците во центарот на Дубаи, лежи мала населба со соларно напојување која има за цел да стане зелена оаза во пустината, пишува Ројтерс. Познат по своите сјајни облакодери, трговските центри со климатизација и објекти за скијање во затворен простор, Дубаи одамна е спротивност на еколошката одржливост. Но, Обединетите Арапски Емирати планираат да ја променат таа репутација, со низа проекти насочени кон тоа повеќе од 40 отсто од енергијата да доаѓа од обновливи извори и да се намали потрошувачката за исто толку проценти до 2050 година. Приватната населба „Одржлив град“ во 2016 беше отворена за првите жители и е дизајнирана да троши помалку енергија и вода. Составена е од 500 вили во кои живеат речиси 3.000 луѓе, но има и комерцијален простор и џамија. Населбата има за цел да ја произведува целата енергија што им е потребна од обновливи извори. „Одржливиот град е жива лабораторија за тестирање на идните технологии и решенија“, вели Карим Ел-Џиср, раководител на Институтот СЕЕ, истражувачки центар на компанијата Дајмонд девелоперс, која го изгради градот. Тој вели дека кога започнале со проектот пред шест години им се чинело како сон. „Денес веќе не е тешко, утре сите ќе треба да го сторат тоа“, додаде тој. Повеќе...

Занимливости „По патиштата на Никола Тесла“ прва научно-туристичка рута на свет Научно-културнотуристичката рута „По патиштата на Никола Тесла“ влегува во процес на сертификација, како прва службена културна рута на Советот на Европа посветена на некој иноватор и научник. На проектот веќе неколку години работат членовите на меѓународниот Кластер на патиштата на културата и експерти од Хрватска, Србија, Словенија и Соединетите Американски Држави, пренесува РТС. Со оглед на тоа дека опфаќа два континента, ова е воедно и прва научно-културна- туристичка рута на свет. „Го претставивме проектот во Букурешт и очекуваме да стане не само прва сертифицирана рута на Советот на Европа, туку и прва рута на УНЕСКО посветена на некој иноватор“, навела претседателката на управниот одбор на Кластерот, Мануела Граф.

Страница 4 Потсетила дека архивот на Никола Тесла е веќе под заштита на УНЕСКО како вредно светско наследство. Рутата ги поврзува Хрватска, Србија, Словенија, Австрија, Унгарија, Чешка, Франција и Соединетите Држави. Повеќе... Дански универзитет ја соларни панели во боја

усовршува

изработката

на

Данскиот Технички Универзитет (DTU), Данскиот технолошки институт и неколку компании, се здружени во новиот истражувачки проект за тестирање и усовршување на нови видови соларни панели, кои покрај другите карактеристики ќе можат и да се обојат, односно да се прилагодат на карактеристиките на секоја зграда. Целта е панелите да се обојат, но без нарушување на нивните енергетски перформанси. Многу различни методи на боење на соларните ќелии веќе се тестирани – и во Данска и во други земји. Но, проблемот е во тоа што боењето го намалува капацитетот на соларните ќелии. Компанијата Danish Solar Energy Ltd. веќе развила нова метода за производство на обоени соларни панели. Методата подразбира поставување соларни панели зад посебен проѕирен филм кој ги покрива, но незначително влијае врз нивните перформански. Повеќе...

Корисни интернет адреси www.ase.org/ www.managenergy.net/kidscorner www.sustenergy.org/ www.worldbank.org www.motorchallenge.org/ www.ea.gov.mk www.display-campaign.org/ http://www.moepp.gov.mk/ www.europesustainableenergy.com

www.erc.org.mk www.energy.eu www.rec.org www.economy.gov.mk www.reeep.org www.energie-cites.org/ www.rehau.com.mk www.ri.com.mk

Манифестации „Придобивки од спроведувањето на енергетска ефикасност во индустриите во Република Северна Македонија“ 21 ноември 2019 година Скопје. Македонија На 21 ноември (четврток) 2019 година во хотелот Александар Палас, Скопје, УНИДО и Канцеларијата на РЕЦ во Македонија, заедно со Стопанската комора и Агенцијата за енергетика на Република Северна Македонија, организираат национален промотивен настан за енергетска ефикасност во индустријата (ИЕЕ) насловен како „Придобивки од спроведувањето на енергетска ефикасност во индустриите во Република Северна Македонија“ Повеќе... Regional Energy Market Connectivity Balkans-Project Closing 5ти декември, 2019 Хотел Регент, Тиват, Црна Гора Повеќе...

in

the

Western

Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ Главен уредник: Јасминка Димитрова Капац; Соработници: К. Димитров, Д.Трпкоска, С. Паневски, Ж. Илиевски, М. Димитрова.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.