146 infomacef

Page 1

Број 146

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Maj 2015

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина

Ik

Во овој број:

 Од уредникот

a  Активности на МАЦЕФ

 Новости од Македонија и светот  МАЦЕФ истражува за Вас  Корисни web-адреси  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ

Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Во месец мај двајца вработени од МАЦЕФ преминаа на нови работни места, хиерархиски повисоки и со знатно повисоки месечни плати. Колегата Игор Петрушевски, еден од првите редовно вработени во МАЦЕФ, се префрли на работа во градежната компанијата Трансмет доо, каде што ќе биде Проект менаџер. Тоа работно место го стекна заради својата работна способност и затоа што во меѓувреме, се стекна со потребните овластувања за проектирање, ревизија, надзор и изведба, како и со овластување за енергетски контролор. Колешката М-р Зоја Тареска, дипл. Политиколог, е ангажирана во еден 3 годишен меѓународен проект, како раководител на еден од секторските делови. На колегите им посакуваме успех на новите работни места. МАЦЕФ продолжува со својата дејност во секторот на когенерација. После успешно приготвената студија за пренамена на котларата на Клинички центар Скопје во когенеративна енергана, за што е распишан и тендер за реализација на решението, ја доби задачата да приготви слична програма и за болницата “8 Септември“, заедно со Спортскиот центар “Борис Трајковски“ и пливачкиот базен. Во исто време приготвивме Акционен план за енергетска ефикасност во резиденцијалниот сектор на Република Македонија, за потребите на ЕУ проектот “Strengthening the

Administrative Capacity of the Energy Department in the Ministry of Economy and the Energy Agency“.

Нашата меѓународна активност се реализира со несмалено темпо: Редовни активности на меѓународните проекти multEE, REACH, Streetlight EPC и RePublic_ZEB. Со организирањето на редовниот национален квиз заврши училишниот проект, финасиран од ЕВН Македонија Во меѓувреме ги завршивме енергетските контроли на две повеќекатници во Скопје и Прилеп, за потребите на Хабитат Македонија. Министерството за Економија го објави повикот за пријавување за полагање испит за енергетски контролор. И според “убавиот Македонски обичај“, пријавата на кандидатите изобилува со барање на НЕПОТРЕБНИ (според нас) документи, како што се: образец М1/М2 за доказ на работно искуство (тоа е доказ само дека е некој вработен), Уверение за државјанство (а зошто не се прифаќа лична карта за таа намена?), Уверение дека нема забрана за дејност (а што со тие што се невработени?)... и останати бирократски бисерчиња. Колку да ни служи за “забава“ и да ја разбие политичката драмолетката... Поздрав до следниот број Проф. д-р Константин Димитров ЗА МАЦЕФ

МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources) - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацијата на Консултантски организации - на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ Проект Streelight-EPC Во месец мај започна реализацијата на петтиот работен пакет во кој е предвидено да се изработи тендерска документација за јавна набавка: „Договор за гарантирање на енергетски карактеристики во улично осветление помеѓу општина и приватно претпријатие“. Притоа, беа остварени контакти со сите 18 општини учесници на првата конференција која се одржа на 28-ми април. Следно се очекува да се остварат договорените состаноци на кои ќе биде утврдена понатамошната соработка на општините и тимот на проектот. (ДТ) Трет проектен состанок на REACH проектот Соодветно на планираните активности, на 13 и 14 мај во хотелот ИБИС се одржа третиот проектен состанок од проектот REACH. На овој состанок присуствуваа претставници на партнерските организации: НВО ФОКУС Словенија, НВО ДООР Хрватска, НВО ЕАП Бугарија и домаќинот Центарот за енергетска ефикасност на Македонија - МАЦЕФ. Дводневната програма на состанокот пред сé го опфати прегледот на завршените, тековните и идни активности на проектот и определување на временските рамки за завршување на истите. Беа разгледани сите работни пакети заедно со веќе постигнатите, а се дадоа насоки за навремено постигнување на тековните и идните активности. Воедно, партнерите посебен интерес и време посветија на усовршување на актуелните активности на проектот кој ги опфаќа планираната теренска работа со посета по домаќинствата, како и начините за поголема промоција на проектот меѓу ранливите домаќинства. Општа забелешка од состанокот е дека е потребно поголем ангажман кон медиумска промоција на целта на проектот, како и иновативни начини за промоција кај целната група - загрозените домаќинства. (ЖИ) Нов извештај на Републик_ЗЕБ проектот: Извештај за најдобри практики и листа на корисни технологии за реконструкција на објекти со детални национални податоци Главната цел на проектот е да дефинира исплатливо оптимизирани „пакети на мерки“ базирани на ефикасни технологии со гарантиран

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 178 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 146

Страница 2

квалитет за обнова на јавните објекти кон nZEB кои се стандардизирани и усвоени од градежниот сектор и сопствениците на објекти. МАЦЕФ е локален спроведувач на овој проект во Македонија. Останатите партнери се универзитетите во Торино, Будимпешта и Букурешт, КРЕС од Грција, Енергетски Институт „Хрвоје Пожар“ од Хрватска, БСЕРЦ од Бугарија, ИРЕЦ од Шпанија, ЛНЕГ од Португалија, БРЕ од Велика Британија, ЦТИ од Италија, ЗРМК од Словенија. Овој извештај е дел од работниот пакет 3: Проценка на ситуацијата и анализа на можностите за реконструкција на јавните објекти. Во извештајот, опфатени се најдобрите практики во секоја земја учесник на проектот, достапните технологии заедно со карактеристиките на достапните технологии и техничка и економска анализа на избрани објекти. На крајот, предложени се по 15 пакети на мерки кои се применуваат при реконструкција на објекти кон нЗЕБ. (СП) Повеќе Активна работа на МултЕЕ проектот multEE проектот е финансиран од Европската комисија како дел од Хоризонт2020 програмата. Партнери на проектот, покрај Центарот за енергетска ефикасност на Македонија се и Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH (Германија), Универзитетот од Роскилде (Данска), Еколошки Институт (Германија), Агенција за енергетика на Австрија (Австрија), Енергетски институт Хрвоје Пожар (Хрватска), Институт за физичка енергетика (Латвија), Енергетски институт на Литванија (Литванија), Центар за обновливи извори на енергија и заштеди – КРЕС (Грција) и Агенција за енергетика и иновации на Словачка (Словачка). Општата цел на multEE е да се подобри квалитетот на следење на мерките за енергетска ефикасност и заштедите на енергија и хиерархиското ниво на реализацијата (monitoring). Оваa oпшта цел се очекува да се постигне преку две под-цели: (1) Воведување на иновативни пресметковни случаи во OддолеНагоре (Botom-Up) методологија за да се обезбеди правилно оценување на влијанието на мерките за енергетска ефикасност за потребите на идното планирање на мерките за енергетска ефикасност. (2) Подобрување на вертикална координација помеѓу административните нивоа со цел да се користи целиот потенцијал на интегрираниот метод за следење и верификација развиен во multEE и подобрување на севкупниот квалитет на планирање и спроведување на мерките за енергетска ефикасност на ниво на ЕЗ. (СП)

Билјана Митревска – Младински Совет Охрид од Охрид, Весна Трајковска – Жетва на знаење од Прилеп, Катерина АџиСкерлева – Планетум од Струмица и Даниела Трпкоска – МАЦЕФ од Скопје, како и Искра Тикваровска - ЕВН Македонија и Виктор Мирчевски - Конект. Целта на Летната школа е средношколцитеволонтери да се здобијат со значајно работно искуство и можност за надградување во областите енергија и енергетска ефикасност, а воедно активно учествуваа во сите подготовки за успешна реализација на националниот квиз. Последната активност-Националниот квиз се одржа на 19 мај. На квизот учествуваа сите 12 основни училишта од целата држава, во кои во текот на учебната година беа оформени Зелени енергетски клубови. Реализацијата на квизот вклучуваше два дела, во првиот дел училиштата на посебни штандови ги презентираа сите материјали кои ги имаа изработени во текот на целата година, а во вториот дел беше самиот квиз. На квизот учествуваа по 5 претставници од следните 12 основни училишта: Марко Цепенков – с. Зелениково; Петар Поп Арсов – нас. Карпош; Димитар Македонски – нас. Лисиче; Мирче Ацев – Лисичани; Св. Климент Охридски – Македонски Брод; Јонче Смугрески – с. Обршани; Братство Единство – Дебар;Христо Узунов – с. Другово;Дебрца – с. Мешеишта; Гоце Делчев –Штип; Крсте Петков Мисирков –Радовиш; Гоце Делчев – с. Василево. Квизот се состоеше од вкупно 4 различни игри, игрите беа осмислени така што да се освојат поените беше потребно не само знаење, туку и креативност, реторичност и најмногу среќа, а за добрата атмосфера задолжен беше водителот на квизот Марко Новески. Победници на квизот се: Прво место: ОУ Димитар Македонски, нас. Лисиче, Второ место:ОУ Петар Поп Арсов- нас. Карпош и Трето место: ОУ Јонче Смигрески, с. Обршани. МАЦЕФ им честита на победниците и им посакува многу вакви победи. (ДТ) ИЗРАБОТУВАМЕ ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛИ Издаваме СЕРТИФИКАТИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ Издаваме Изјави/Потврди за исполнување на барања за минимални енергетски карактеристики, потребни за вадење градежна дозвола. Приготвуваме ИЗЈАВИ/ПОТВРДИ за станови кои треба да се понудат на пазар за продажба или изнајмување.

Учество на МОМЕЕ во предлог проект GreenPro Македонската општинска мрежа за енергетска ефикасност – МОМЕЕ, организација под покровителство на Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ, минатиот месец учествуваше во подготовката на предлог проектот GreenPro – чија цел е воспоставување и користење на софтверски пакет за зелени јавни набавки. МОМЕЕ во соодветниот временски рок ги заврши активностите за подготовката на проектот кој пак се пријавува на програмата Хоризонт 2020. Се надеваме дека предлогот во следниот период ќе биде прифатен и соодветно на тоа ќе може да се започне со активностите за негова реализација. МОМЕЕ би сакала да искаже голема благодарност до градоначалниците и советите на општините Демир Капија и Росоман кои несебично дадоа поддршка на овој проект. (ЖИ)

Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика.

Училишен проект – Национален квиз Во месец мај успешно беа реализирани последните активности од Училишниот проект, поточно третата Летна Школа и осмиот Национален квиз. Летната школа се одржа во Струга од 15 до 19 мај, во оваа активност беа вклучени вкупно 19 средношколци волонтери од повеќе градови од Република Македонија, 5 едукатори од сите 4 партнерски организации: Димче Каневчев и

Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk

ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај.

МАЦЕФ ИСТРАЖУВА за ВАС Мрежни правила за дистрибуција на природен гас

„Службен весник на Република Македонија“ бр. 76/2015 од 11.05.2015 година

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ;Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 146

Страница 3

Правилник за следење на функционирањето на енергетските пазари

„Службен весник на Република Македонија“ бр. 83/15 од 20.05.2015 година

МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност

Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци, Кичево и Демир Капија.

Годишна членарина: 24 000 денари

ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Новости од Македонија Започнува проектот „Поттикнување на пазарната трансформација за енергетска ефикасност во индустријата и забрзување на инвестициите во најдобри практики и технологии” Во присуство на министерот за економија Беким Незири, заменик претседателот на Владата Владимир Пешевски, заменик министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски, претставници на Агенцијата за енергетика, Секретаријатот за европски прашања, Делегацијата на ЕУ, УНИДО, донаторската заедница, деловните субјекти, научната јавност, националните консултанти и невладините организации, на 28.05.2015 се одржа почетниот состанок во рамките на проектот „Поттикнување на пазарната трансформација за енергетска ефикасност во индустријата и забрзување на инвестициите во најдобри практики и технологии”, финансиран од програмата на ГЕФ. Министерот за економија Беким Незири во своето обраќање изрази задоволство што со овој проект, како еден од ретките во енергетската ефикасност во индустријата, ќе се придонесе за раст и за конкурентност на економијата во земјата. Според вицепремиерот Пешевски, реализацијата на проектот ќе биде во насока на одржлив индустриски развој и зголемена конкурентност на претпријатијата. „Сметам дека спроведувањето на практични мерки за намалување на потрошувачката на енергија кај поголемите индустриски капацитети што се опфатени со проектот ќе имаат голем ефект на намалувањето на емисиите на стакленички гасови. Очекувам дека индустриските претпријатија што ќе спроведат системи за управување со енергија континуирано ќе генерираат заштеди на енергија, а со тоа и заштеди на финансиски средства со што ќе можат да ја интензивираат својата инвестициска активност и да воведат чисти технологии со што ќе се влијае на заштитата на животната средина и воопшто на рационалното користење на природни ресурси“, истакна Пешевски. (СП) Повеќе Општина Илинден доби енергетско-ефикасен систем за греење и ладење Зградата на општина Илинден доби енергетско ефикасен систем за греење и ладење со користење на алтернативни обновливи извори на енергија. Вакви системи во оваа општина имаат и ОУ „Гоце Делчев“, детската градинка и домот на културата. Општината во соработка со Владата преку Министерството за финансии со поддршка на Меѓународната банка за обнова и развој го реализираше проектот „Енергетска ефикасност во јавните општински установи“.

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски на свеченоста истакна дека користењето на алтернативни извори за затоплување и ладење ќе овозможат заштеди во буџетот на општината и оти во истовреме тоа ќе значи подобрување на условите во образовниот процес, детската заштита, развојот на културата, како и заштита на животната средина. (СП) Повеќе Општините Старо Нагоричане и Радовиш ја добија поддршката за развојот на Програма за енергетска ефикаснот Во просториите на Агенцијата за енергетика на Република Македонија на 07-ми мај се одржа состанок помеѓу градоначалникот на општина Старо Нагоричане, г-динот Милован Стојковски, градоначалникот на општина Радовиш, гдинот Сашко Николов, директорот на Агенција за енергетика, гдинот Александар Дуковски, како и претствници од Агенција за енергетика и Консалтинг компанијата Econoler. Во рамки на проектот “Македонија – Промовирање на енергетска ефикасност во општините, консултантски услуги за техничка поддршка за планирање на енергетска ефикасност и пилот проекти” финансиран од Светска Банка и нејзината Програма за Помош на Управување во Енергетскиот Сектор (ESMAP) за Компопнента А, беше објавен повик за поддршка на општините кои сеуште немаат доставено Програма за енергетска ефикасност и/или Акциски План за 2012-2015 до Агенцијата за енергетика, или немаат добиено позитивно мислење од Агенцијата за енергетика. Значајно е да се напомене дека на повик интерес изразија вкупно 27 општини. Двете општини беа избрани врз основа со критериумот 3, од Категоријата на мали општини со број на население до 20.000 жители од руралните општини беше избрана општината Старо Нагоричане, а од Категоријата на големи општини со број на население над 20.000 од урбаните општини беше избрана општината Радовиш.(ДТ) Повеќе...

Новости од светот

Нова алатка на Европската комисија „Паметна специјализирана платформа за енергетика“ На 28ми мај во Брисел Европската комисија ја промовираше новата алатка „Паметна специјализирана платформа за енергетика“. Новата алатка има за цел да им помогне на Европските региони и државите од ЕУ за целосно искористување на фондовите од Европската унија наменети за обновлива енергија во рамки на политиката за кохезија на Европската унија. Фондовите кои произлегуваат од Политиката за кохезија на Европската унија се достапни за сите проекти кои ќе ги исполнат условите промовирани во стратегијата на Европската енергетска заедница, а се од областите: енергетска ефикасност, обновливи извори на енергија, паметни мрежни системи и енергетско-инфраструктурни проекти. Воедно новата алатка им дозволува на земјите членки на Европската унија да ги споделат стручноста, поттикнување на нови иновативни технологии со ниска емисивност на јаглеродни честички. (ДТ) Повеќе... Хрватска најавува субвенции за енергетски штедливи апарати за домаќинство Кон крајот на месец мај Фондот за заштита на животната средина и енергетска ефикасност ќе објават тендер наменет за граѓаните за субвенционирање на купувањето на енергетски ефикасни уреди за домаќинство со по 800 куни по уред. Ќе се субвенционира купувањето на ладилници, машини за перење и машини за сушење на алишта, а единствен услов е да уредот кој што се купува да биде со енергетска класа A+++, односно да е најштедлив во потрошувачката на електричната енергија и вода. За поттикнување се резервирани осум милиони куни, што значи дека ќе се постигне купување на околу 10000 нови енергетски ефикасни уреди за домаќинство. Притоа, субвенционирањето ќе биде веќе преку регистрирани продавници. Купувањето на субвенционираните уреди ќе се одвива според следниот редослед: купувачот во регистрираните продавници ќе може да го избере саканиот апарат, потоа ќе ги остави своите идентификациони податоци, со што ќе добие идентификационен

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ;Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 146

Страница 4

број и ќе го плати апарат. Во рок од 15 дена од купувањето ќе треба на фондот да се достави барање за субвенционирање со копија од сметката за уредот и идентификационите податоци. По што во рок од месец дена на сметка ќе се рефундираат субвенции во вредност од 800 куни, еднакво за сите уреди на листата независно од тоа колку чинел уредот. Повеќе... Двојно зголемување на енергетските капацитети на јаглен, доколку се остварат плановите на Турција Турција планира двојно да ги зголеми своите енергетски капацитети на јаглен во период од четири години. Алијансата за Здравство и животна средина повикува до Европската Унија за промовирање на одржлив развој во Турција и крај на кредитирањето на нови енергетски проекти на јаглен. Загадувањето на воздухот од постојните енергетски централи на јаглен веќе ја чинат Турција 3.6 милијарди евра на годишно ниво со што се покриваат здравствените трошоци кои се предизвикани од јагленот. Тоа значително би се зголемило со новите енергетски проекти на јаглен. Извештајот „Неплатена здравствена сметка“ открива за здравствените проблеми предизвикани од енергетските централи на јаглен. Ефектите од изложеноста на загадениот воздух предизвикан од употребата на јагленот вклучува предвремена смрт, хронична болест на белите дробови и со срцето. Оваа инвестиција во турскиот енергетски систем ќе предизвика емисија на штетни гасови за период од повеќе од 40 години, според Алијансата за Здравство и животна средина. Емисиите на CO2 од јагленот придонесуваат за климатските промени. Целите на турската влада предвидуваат производство на електрична енергија од домашниот јаглен (лигнит + камен јаглен) ќе биде околу 60 милијарди kWh (60000 MW) до крајот на 2019та година. За 2014та година произведента електрична енергија од домашниот јаглен/лигнит е 34 милијарди kWh. Ова се очекува да се зголеми на 60 милијарди kWh до 2019та година, скоро дупло од производството за четири години. (БК) Повеќе... Гвајана 40.000.000 $ фонд за помош на развој на хидроенергетски проект Гвајана има добиено 40 милиони долари за климатски услуги и е со намера дел од средствата да се искористат за хидроенергетски проект со намалување на цената на електричната енергија. Прифаќањето на средствата беше најавено од кабинетот на Претседателот на Гвајана на 8 мај. Исплаќањето е направено од Владата на Норвешка и претставува резултат на соработката од партнерството Гвајана-Норвешка со севкупни достапни финансиски средства од 190 милиони долари од потенцијално можните 250 милиони долари. Партнерството помеѓу Гвајана и Норвешка е започната во 2009та година и изведени се финансиски исплати како дел од поддршката на земјата за превземањето на амбициозни климатски дејствија. Со што воедно се постигнува намалување на обесшумувањето додека се промовира развојот на одржлив економски развој преку Стратегијата на земјата за Развој со ниски емисии на јаглерод. Гвајана веќе ги користи средствата за различни видови на проекти, од коишто еден е хидроелектричниот проект на водопадите Amaila. Со ова се очекува да се постигнат скоро сите енергетски потреби на земјата, отстранувајќи ја зависноста од фосилните горива и намалување на трошоците на електричната енергија за крајните корисници. (БК) Повеќе...

Занимливости

Обновливиот енергетски пазар вработува 7,7 милиони луѓе ширум светот Според Меѓународната Агенција за Обновлива Енергија (IRENA) околу 7,7 милиони лица се вработени ширум глобалниот синџир на обновливата енергија, што претставува зголемување за скоро 18% во однос на 2014та година. Според годишен извештај за Обновливата енергија и преглед на работните места за 2015та година направен од агенцијата IRENA во 2014 година во овој сектор биле вработени вкупно 6,5 милиони лица. Притоа во однос на технологијата, компаниите кои се во бизнисот со соларната фотонапонска енергија вработуваат повеќе лица споредено со било кој друг дел од пазарот на обновливата енергија. Со што поголемиот дел од лицата се вработени на работни позиции за инсталирање на фотонапонски системи. Гледано од географска страна, компаниите за обновлива енергија од Кина вработуваат повеќе лица од било која друга земја. Од студиите се заклучува дека развојот на обновливата енергија овозможува двојно повеќе работни места или повеќе, споредено со развојот на фосилните горива. Растењето на инвестициите во обновливата енергија и нејзиниот развој, прави нешто повеќе од вообичаеното обезбедување на електрична енергија во земјите ширум светот. Тоа им помага на владите, бизнисите и општествата да се посветат на поширок опфат на критички, меѓусебно поврзани социјални проблеми и проблемите поврзани со животната средина. (БК) Повеќе...

Корисни интернет адреси www.energyweek.mk www.managenergy.net/kidscorner www.erc.org.mk www.ase.org/ www.motorchallenge.org/ www.energy.eu www.energie-cites.org/ www.kids.evn.com.mk www.rexus.com.mk www.rehau.com.mk

www.reachenergy.eu www.eubuild.com www.sustenergy.org/ www.rec.org www.republiczeb.org www.display-campaign.org/ www.reeep.org www.europesustainableenergy.com www.ri.com.mk www.worldbank.org

Манифестации Првата виртуелна меѓународна конференција за науката, технологијата и менаџментот во енергетиката-eNergetics 2015 Од 2-ри до 3-ти јули 2015 Ниш, Србија Целта на конференцијата е да ги соедини заедно водечките експерти и истражувачи во областа на енергијата. За размена на своите идеи, искуства и истражувачки резултати. (БК) Повеќе... Конференција за медицината, науката и технологијата – Дубровник 2015 Од 3-ти до 4-ти август 2015 Дубровник, Хрватска Конференцијата поканува заинтересирани лица за претставување на трудови на теми кои се поврзани со здравството и медицината, применетата наука, технологијата и иновацијата, енергијата, како и одржливоста. (БК) Повеќе... Меѓународна конференција за скорешните трендови во инженерството и технологијата Од 2-ри до 3-ти септември 2015 Истанбул, Турција Конференцијата цели да ги соедини водечките академски научници, истражувачи и академски граѓани за размена и поделба на своите искуства и истражувачки резултати поврзани со сите аспекти на иновациите во инженерството и технологијата. Отворена дискусија за практичните предизвици со кои се соочиле како и прифатените решенија. (БК) Повеќе... Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија - МАЦЕФ Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; заменик:Д. Трпкоска. Соработници: Ј. Д.Капац, Б.Калиманов, С. Паневски, Ж. Илиевски.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ;Следете нé и на MACEF Facebook


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.