114 infomacef

Page 1

Број 114

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Септември 2012

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина

Во овој број:

 Од уредникот a  Активности на МАЦЕФ  Новости од Македонија  Новости од светот  Корисни web-адреси  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ

Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Активности на сите страни – нé очекува зимскиот период, потребно е да се приготвиме. Па барем да знаеме што нé очекува. А очекувањата на добар дел од граѓаните на Скопје е недоразбирањето со Топлификација и Регулаторната комисија. Верувам дека е време да се предложи нов систем за плаќање кој ќе биде едноставен и разбирлив за потрошувачите. Тоа нé очекува нас, стручните лица кои сме во овој сектор подолг период. Да не чекаме проблемите да ни ги решава судот во Стразбур (како што прочитавме еден колега ја оптужува оваа одлука на Регулаторната комисија и правилникот за снабдување со топлинска енергија). Вашето внимание го насочуваме кон активностите на Министерството за економија кое со младиот и енергичен министер, многу често е во фокусот на вниманието. Сигурни сме дека за тоа е причина и самиот предмет на интерес – енергија – економија – еколигија, неразделна врска. Нашето задоволство од работата е зголемено со манифестацијата за доделување на награди за постигнати резултати при спроведување на мерки за енергетска ефикасност во индустријата преку проектот WeBSEFF. Сеуште очекуваме прилози од неколку колеги кои усмено ни ги соопштија своите успешно реализирани проекти, преку своите компании. Тимот на МАЦЕФ се зголемува – од практикант, г-ца Зоја Таревска е веќе редовно вработена во МАЦЕФ. А во исто време имаме и нов практикант г-дин Мартин Крушаров, дипл. ел. инж. Се надеваме, со прифаќање на нашите предложени меѓународни проекти дека ќе се отвори простор за вработување на нови квалитетни кадри. Поздрав од редакцијата, Проф. д-р Константин Димитров ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources) - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net - Асоцијацита на Консултантски организации - на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ Конференција за поттикнување на енергетската ефикасност во Република Македонија На 12.9. во просториите на хотел Александар Палас, се одржа значајната конференција, под покровителство на Министерството за економија. Конференцијата ја водеше министерот за економија Г-дин Валон Сараќини во придружба на министерот за Животна средина Г-дин Абдилаќим Адеми. Презентации имаа секторот на донатори (УСАИД, ЕБРД, СБ), секторот на производство и дистрибуција на енергија (ЕЛЕМ, ЕВН Македонија), стопанските комори и академскиот сектор.

Проф. К. Димитров го презентира рефератот:

Меѓународно искуство и добри практики во областа на енергетската ефикасност во регионот и европската заедница. Тимот на МАЦЕФ се зголемува Бројот на вработени во МАЦЕФ се зголеми за уште еден член. Честитки за г-ца Зоја Таревска! Таа посветено работеше и ги извршуваше работните задолженија, почнувајќи како волонтер во 2007г. на Училишниот проект на ЕВН Македонија, за да во 2010г. биде ангажирана како практикант/ проектен асистент на повеќе проекти и настани кои ги реализираше МАЦЕФ. Конечно, во месец септември официјално е вработена во здружението. Освен г-ца З. Таревска како официјално нов член на МАЦЕФ, тимот е проширен за уште еден практикант, Мартин Крушаров, електро инженер, студент на постдипломски студии на ФЕИТ и еден волонтер Дејан Ристовски, апсолвент на ФЕИТ од насоката комјутерско системско инженерство и автоматика. М. Крушаров се надоградува веќе три месеци во МАЦЕФ и го охрабруваме и понатака да вложува и да се труди, а Д.Ристовски ја обавува апсолвентската пракса и останатиот дел од тимот му ја дава целосната поддршка и помош. МАЦЕФ ги охрабрува сите млади, амбициозни луѓе да вложуваат во себе, да се надоградуваат и да бараат начин да ги вреднуваат своите квалитети. Искрено, истото им го посакуваме и на нашите нови членови на тимот! Прво претставување на студијата за топлификација на Битола, Могила и Новаци На 12.09.2012 во просториите на Опшина Битола, беше претставена нацрт верзијата на студијата за топлификација на Град Битола. Студијата беше направена од страна на институтот за енергетика и заштита на околината „Еконерг“ од Хрватска, со локална подршка од МАЦЕФ. На состанокот, претставниците на Општина Битола, Еконерг и МАЦЕФ се сретнаа со претставници

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 177 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 114

Страница 2

на јавните претпријатија од Битола и сите други чинители кои имаат свои инсталации на просторот каде што е предвидено да поминува трасата на цевководите за потребата на топлификација на Битола. Заклучокот од состанокот беше дека трасата е оптимално поставена, а можните проблеми ќе се решаваат при изработката на изведбениот проект. (СП) Признанија од ЕБОР (проект WeBSEFF) за компаниите со најдобри енергетски проекти На 25-ти Септември во хотелот Холидеј Ин се доделуваа признанија од ЕБОР на неколку македонски компании кои реализираа проекти во секторот на енергетската ефиаксност и примена на обновливи извори за енергија,. Признанија добија „Европа“– Скопје, „Контихридропласт“ - Гевгелија, „Киро Дандаро“ – Битола и „Беташпед“. Награди беа дооделени и за новинарите со најдобар прилог во овој сектор. Евроамбасадорот Аиво Орав потенцира дека енергетската ефикасност кај компаниите нема да влијае само на намалување на трошоците за енергија, туку ќе ја подобри и нивната конкуреност. Надзор во Цементарница ТИТАН Усје На 17-ти минатиот месец, во новата котлара во Цементарница Усје, беше извршена ладна хидраулична проверка на новиот котел Viessman VITOPLEX 200 во присуство на претставници од инвеститорот, изведувачот, надзорниот орган МАЦЕФ и овластено лице од Македонскиот институт за квалитет - МИК. Оваа постапка, беше извршена според процедурите пропишани во Правилникот за садови под притисок, при што овластеното лице од МИК заклучи дека котелот ги задоволува условите на сад под притисок кој бил подложен на транспорт односно дека транспортот на котелот бил извршен успешно. Исто така, во состав на оваа процедура, се изврши проверка на работата на сигурносните вентили кои се поставени на котелот. (ЖИ) Училишен проект „Зелени енергетски клубови“ Училишниот проект на ЕВН Македонија продолжува да се спроведува и оваа учебна година под името „Зелени енергетски клубови“ како и мината година. Месец септември, освен за учениците е почеток и за проектниот тим, за реализација на новата сезона на проектот. Концептот на проектот не е променет, ќе се спроведува на истата целна група - ученици од 4-6 одделение, кои доброволно ќе членуваат во енергетските клубови. Покрај тоа предвидено е да има отворени денови за претставување на резултатите од активностите на учениците, од кои едниот ќе претставува национален квиз, кон крајот на учебната година. Работниот тим веќе одржа состанок на кој се дефинираа насоките на реализација. Исто така дефинирани се и училиштата кои ќе се посетуваат. Тимовите од МАЦЕФ ќе посетуваат 6 училишта од 6 различни општини и тоа во: Куманово, Тетово, Гостивар, Чаир, Арачиново и Сарај. Училиштата за посета беа назначени од страна на градоначалниците, со што спроведувањето на проектот добива дополнителна вредност бидејќи индиректно придонесува за подигање на свеста во заедницата. Почетокот на работилниците е предвиден за првата половина на Октомври. За време на работилниците едукаторите ќе работат во согласност со активностите од Прирачникот наменет за клубовите и со многу други показни материјали. За таа цел компанијата ЈУБ на МАЦЕФ му донираше надгледни средства – изолациони материјали и системи. (ЗТ) МАЦЕФ ќе се претстави на меѓународниот симпозиум ЕНЕРГЕТИКА 2012 ЗЕМАК оваа година оддбележува еден крупен настан, а тоа е оддржувањето на Меѓународниот симпозиум ЕНЕРГЕТИКА 2012. Во тек се подготовките активности за симпозиумот кој ќе се

оддржи од 04-06 Октомври, на прекрасните предели на Охридското езеро, во хотелите Метропол – Белви. ЗЕМАК одбележува уште еден крупен настан, а тоа е дваесет години од формирањето на Здружението на Енергетичарите на Македонија. За овие години во здружението „продефилираа“ голем број на научни работници, академици, директори на големи компании, експерти од разни области на енергeтиката од Македонија и светот. Во досегашното постоење на здружението беа оддржани голем број на еднодневни и дводневни советувања, седумнаесет меѓународни советувања, со претставници од Европа, Азија, Америка, Јапонија, и балканските земји, и беа публикувани 17 зборници со преку 1700 трудови. На ЕНЕРГЕТИКА 2012 и МАЦЕФ ќе има свои претставници. Инженерите Саше Паневски и Бојан Калиманов ќе го презентираат својот труд „Употреба на сончеви колектори за санитарна топла вода во здравствени објекти“. Повеќе... ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ На нашиот повик се пријавија определен број кандидати. Тој е сеуште отворен и таков ќе остане. Сакаме да привлечеме кандидати кои добро го владеат англискиот јазик, владеат солидно со стандардните компјутерски програми, кои се „писмени“ (знаат да го издвојат битното од помалку битното, да го претстават во јасна кондензирана форма, да знаат како да допрат до потребна информација користејќи интернет) и кои не се плашат од предизвикот да приготват документација врз основа на слични примери, но со помош и контрола на поискусните колеги.

Пријавете се на наш ата електронска адреса!

ПРАШ АЊ А – ОДГОВОРИ Што е тоа енергетски ефикасна куќа?

Уште одамна во историјата луѓето размислувале како куќите кои ги граделе во зима да бидат потопли, а во лето да бидат поладни, т.е. да бидат топлотно удобни. Овој го проучувал и античкиот филозоф Сократ, пред 2500 години. Во литературата ова истражување е познато под наслов „Сократува куќа“. Размислувањата на Сократ се базираат на влијанието на движењето на Сонцето на обликот, изгледот и конструкцијата на куќата. Денес за енергетски ефикасна куќа може да се смета онаа куќа која ги задржува најдобрите услови за живеење, а потрошувачката и загубите на енергија ги сведува на минимално ниво. Тоа подразбира минимална потрошувачка на енергија потребна за загревање и ладење на внатрешноста на објектот при што овој простор ќе претставува здраво и удобно место за живеење. Под удобно место за живеење се подразбира квалитетот на воздухот, влажност и осветлување. Постојат пет главни категории на енергетски ефикасни објекти: • Нискоенергетски куќи (Low Energy House) • Пасивни куќи (Passive House, Ultra-low Energy House) • Куќи со нулта енергија ((Net)Zero-energy House) • Автоном ни куќи (Autonomous Building, house with no bills) • Куќи со виш ок енергија (Energy Plus House) Во наредните изданија на ИнфоМАЦЕФ ќе ви претставиме повеќе иформации за овие објекти... Стручна реализација на Енергетски контроли на градежни објекти. Во нив приложуваме информации кои мерки може да се превземат за да се намали потрошувачката на енергија, потребната инвестиција и период на исплата на инвестицијата.

Стручен тим од МАЦЕФ има реализирано над 100 енергетски проверки за објекти во Македонија.

Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност на општините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 114

Страница 3

ПЛОТАЊЕ - Квалитетно и навремено Плотање CAD цртежи до A0 формат со најсовремена апаратура за само 160 денари по метар квадратен. Виткање и пакување. За неспоменати услуги цената е договорна. ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk

МАЦЕФ ИСТРАЖУВА за ВАС • ПРАВИЛНИК ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА НАЧИНОТ НА

БОДИРАЊЕ НА ПИСМЕНИОТ ДЕЛ ОД СТРУЧНИОТ ИСПИТ ЗА ПРОЦЕНУВАЧИ НА ДОБРАТА И ВЛИЈАНИЈАТА ВРЗ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

„Службен весник на РМ“ бр. 110 од 03.09.2012

• ПРАВИЛА ЗА СНАБДУВАЊЕ ВО КРАЕН СЛУЧАЈ СО ПРИРОДЕН ГАС „Службен весник на РМ“ бр. 111 од 06.09.2012

• ОДЛУКА ЗА ПРЕКИН НА ПОСТАПКАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА КОНЦЕСИЈА

ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ВОДА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОД ХИДРОЕЛЕКТРИЧНИ ЦЕНТРАЛИ НА ЦРНА РЕКА И УЧЕСТВО ВО ЈАВНО ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО СО АД ЕЛЕМ

„Службен весник на РМ“ бр. 114 од 14.09.2012

МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци, Кичево и најнов член Демир Капија.

Годишна членарина: 24 000 денари

ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

Новости од Македонија

Расправа за програмата за реализација на Стратегија за развој на енергетика 2012-2016 година Стручната расправа по предлог текстот на Програмата за реализација на Стратегијата за развој на енергетиката на Република Македонија за периодот 20122016 година, што ја организираше Министерствот о за економија се одржа во Македонската академија на науките и уметностите. Стратегијата за развој на енергетиката на Република Македонија до 2030 година Владата на Република Македонија ја донесе во април 2010 година. На оваа расправа присуствуваше и проф. д-р Константин Димитров од МАЦЕФ и истакна дека претстојните пет години во кои, согласно проекцијата, треба да се вложат 1,2 милијарди евра, ќе бидат само подготовка за новите енергетски капацитети. Методолошки планот е добро подготвен, но останува да се види дали ќе успееме да ги обезбедиме потребните средства, истакна професорот. Исто така, проф. Димитров нагласи дека ако имаме доволно пари, ќе вложиме веднаш во сите објекти и мерки предвидени со Програмата. Нé

очекуваат жешки и тешки години, но во енергетиката мора да се вложува. Добро би било Владата да ги заинтересира приватните инвеститори за концесии преку јавно приватно партнерство, Повеќе... кажа професорот Димитров. Нов зелен кредит на пазарот! Како резултат на позитивните искуства здобиени од проектот ЕУбилд енергетска ефикасност, Алфа Банка промовираше зелен кредит за подобрување на енергетската ефикасност во домаќинствата и за поголемо искористување на обновливите извори на енергија. Кредитот e наменет за домаќинствата, пред сé за користење на сончеви системи за производство на топла вода, но и за инвестирање во енергетски ефикасни решенија за домовите. Главните карактеристики на новиот кредитен производ се дека нема трошоци за апликација, кредитот е без банкарска провизија, 6 месеци грејс период и фиксна каматна стапка за првата година од 4,40% за износи во евра и од 7,00% за денарски износи, што се применува од првата исплата. Повеќе... Над 140 компании може да ги намалат трошоците за електрична енергија Согласно Законот за енергетика и подзаконските акти, Правилата за пазар на електрична енергија, од први јануари следната година, над 140 индустриски потрошувачи се стекнуваат со статусот „Квалификуван потрошувач на електрична енергија“. Тоа значи дека една компанија која има над 50 вработени и годишен обрт од 10 милиони евра, како „квалификуван потрошувач“ ќе има право да набавува електрична енергија на слободен пазар и да биде член на балансна група преку која ќе може да се намали вкупниот трошок за електрична енергија. Операторот на пазар на електрична енергија (МЕПСО) го објави списокот на компании кои од први јануари следната година се стекнуваат со право да се снабдуваат со електрична енергија на слободниот пазар и своето балансирање да го решат преку формирање на балансни групи. Иако сé уште е мал бројот на компании кои се запознаени за оваа можност, од Стопанската комора на Македонија, велат дека постои интерес кај одредени форми кои го имаат статусот квалификуван потрошувач да го намалат трошокот за повеќе... електрична енергија. Одбележан Меѓународниот ден на заштита на озонската обвивка Со работилница и промоција на брошура на тема „Енергетска ефикасност“ денеска беше одбележан Меѓународниот ден на заштита на озонската обвивка - 16 Септември, кој годинава е поврзан со одбележувањето на 25 години од усвојувањето на Монтреалскиот протокол. - Република Македонија од 1997 година е дел од семејството на членки на Протоколот, кој е единствен еколошки документ, усвоен од сите 196 земјичленки на Организацијата на Обединетите нации. Од тогаш во рамки на Министерството за животна средина и просторно планирање постои и Канцеларија за заштита на озонската обвивка која континуирано работи во насока на остварување на главната цел - редукција на 99 отсто од потрошувачката на супстанциите што го осиромашуваат озонот, рече министерот за Повеќе... животна средина и просторно планирање. Собир на експерти за ЕЕ и ОИЕ На 6-ти септември, во Клубот на новинари ДУНА се одржа месечниот собир на експертите од областа на енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија. Овој собир, во организација на Агенцијата за енергетика на Република Македонија, беше предвиден за да ги дефинира размислувањата на присутните претставници во однос на започнување на подготовка на правилникот за енергетска

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 114

Страница 4

ефикасност во транспорт. Причината за ова е фактот што во Република Македонија ваков правилник сеуште не е изготвен. Со оглед на тоа дека транспортниот сектор во Република Македонија е одговорен за околу 21 % од вкупната потрошувачка на енергија, според АЕРМ потребата од ваков позаконски акт е голема, посебно во делот на исполнување на индикативните цели за заштеда на енергија. (ЖИ) Владата ја прекина постапката за проектот ХЕЦ Чебрен и ХЕЦ Галиште поради неприфатливост на доставените понуди Владата донесе одлука за прекин на постапката за доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна Река и учество во јавно-приватно партнерство со АД ЕЛЕМ. Како причина се наведува дека понудата која била доставена од кинескиот конрзоциум CWE&CTGPC – понудата не била во согласност со тендерската документација и некои од барањата биле неприфатливи за владата. Додека понудата од компанијата PPC од Грција, била во согласност со тендерските услови, меѓутоа понудениот процент на акции во износ од 28 отсто на АД ЕЛЕМ во заедничката компанија е премногу низок и од тој Повеќе... аспект не е прифатлив. АД ЕЛЕМ се стекна со Сертификат за успешно воведување на ISO 14001:2004 стандардот за заштита на животната средина АД „Електрани на Македонија” се стекна со сертификат ISO 14001:2004 откако во своето работење целосно го имплементира системот за заштита на животната средина. По извршената стручна проверка на процесот, меѓународната акредитирана сертификациска куќа „СГС Београд“ даде препорака за издавање на сертификатот. Воведените новини во работењето ќе значат заштеда на суровини, зголемена енергетска ефикасност, подобро и полесно управување со трошоците. Меѓу придобивките е и целосната реорганизација и третманот на ресурсите и отпадот кои имаат директно влијание врз животната средина - нагласи Чингоски. Повеќе...

Новости од светот Европскиот парламент го одобри пакетот на мерки за енергетски заштеди Европскиот парламент со големо мнозинство го одобри пакетот на задолжителни мерки за енергетски заштеди во гласањето на 11.09.2012 и се донесе заклучок дека пакетот мерки ќе донесе заштеди од € 50 милијарди евра годишно. Директивата на ЕУ за енергетска ефикасност има за цел да се намали користењето на енергија од 20% до 2020 година преку широк спектар на иницијативи во јавните објекти и во големите организации. Од јули 2015 година, мерките ќе бараат членките на унијата да реновираат 3% од вкупната површина на зградите во сопственост на владините институции. Во меѓувреме, енергетските компании секоја година до 2020 година ќе треба да постигнуваат заштеда на енергија од 1,5% од годишната продажба на енергија на потрошувачите. Откако директива влегува во сила, поголемите компании (но не и малите и средни претпријатија) ќе мора да прават енергетски контроли од страна на квалификувани и акредитирани експерти на секои четири години.Повеќе... Глобалното тргување со јаглерод е чекор понапред Често се посочува дека модерниот свет може да стане почист, побезбеден и поодржлив само ако загадувањето на воздухот или емисиите на јаглерод би можеле да бидат заробени. Тогаш, како аргумент, слободните сили на пазарот ќе ги обезбедат потребните реформи во однесувањето и технолошките иновации. Напорите да се направи ова со емисиите на стакленички гасови досега имаше мешани резултати. Ефективноста на овие пазарно управувани програми во голема мера зависат од вистинската цена на јаглеродот, што во моментов е многу ниска, поради фактот дека не постои единствен глобален јаглероден систем за тргување, само во

поединечни земји. Ова создава проблеми со раммноправноста, кога земјите кои имаат прописи соработуваат со земјите во кои не постојат прописи. Затоа Австралија го поврзува нивниот систем за тргување со емисиите на јаглерод со ЕУ системот (ЕТС), што е од голема важност. Тоа претставува голем чекор кон воспоставување на еден глобален систем. Со меѓународните климатски преговори кои се одвиваат во Бангкок, во тек е воспоставувањето на сличен договор помеѓу сојузната држава Повеќе... Калифорнија, Јужна Кореја и Швајцарија.

Занимливости Глисер на погон на водород, претставен во Кан На престижниот настан за изложување на бродови во Кан претставен е новиот глисер кој е погонуван на ништо друго освен морска вода. Според производителите на бродот, MIG 675 ќе достигне максимална брзина од 113 km/h со користење исклучиво на водород. Компанијата Luxury која произведува луксузни, го има развиено 6,7 метарскиот брод кој е способен за постигнување на брзина од 70 јазли или (113 km/h), како што тврдат без емисија на било какви гасови. Според компанијата Luxury, крузерскиот брод е опремен со водородeн генератор кој e способен за директно производство на водород од морската вода кој потоа може да се користи за напојување на бродот со мотор од 500 коњски сили. Сепак останува нејасно дали тој може да работи на неодредено време на морска вода или потребни се дополнителни горива за напојување на Повеќе... производството на водород.

Корисни интернет адреси Хит на месецот –

EUbuild EE Facebook

www.energyweek.mk www.managenergy.net/kidscorner www.erc.org.mk www.ase.org/ www.motorchallenge.org/ www.energy.eu – Енергетски портал на ЕУ

www.widethesee.eu www.eubuild.com www.sustenergy.org/ www.worldbank.org www.rec.org

Портал за ЕЕ – www.eeportal.mk

www.display-campaign.org/ www.reeep.org www.europesustainableenergy.com www.moepp.gov.mk www.ri.com.mk

www.energie-cites.org/ www.kids.evn.com.mk www.motorchallenge.org/ www.rexus.com.mk www.rehau.com.mk

Манифестации Гео-енергија Европа 2012

4 - 5 декември 2012, Будимпешта – Унгарија

Конференција и изложување. Креатори на политики и експерти од областа на геотермалната енергија ќе земат учество на настанот. Повеќе... Конгрес - Зелена енергетска мрежа

4 до 5 декември 2012, Хамбург, Германија

За време на дводневниот настан ќе се дискутира за стратегии и можните решенија за навремен и ефикасен развој на енергетската мрежа и воедно интеграција на обновливите извори на енергија. Повеќе... Конференција за ветерна енергија во Романија 15 - 16 јануари 2013, Букурешт – Романија Најголемата годишна конференција за ветерна енергија во Романија. Повеќе... Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; заменик: И. Петрушевски. Соработници: М. Димитрова, З. Таревска, Б. Калиманов, Д. Димовска, С. Паневски, Ф. Стојановски, Ж. Илиевски и М. Крушаров

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/51-2, 1000 Скопје, тел. 02 3090 177, 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ; Следете нé и на MACEF Facebook


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.