LIFE бр. 48

Page 1




СОДРЖИНА

LIFE ПОРТРЕТ: СЕРГЕЈ АНДРЕЕВСКИ

ОД ДРУГА ПЕРСПЕКТИВА: ФЛОРА КАДРИУ

LIFE ФОКУС: ТРИ ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ТОШЕ ПРОЕСКИ

ЕДИТОРИЈАЛ: ИНДИВИДУАЛНОСТ

30

Поинаквата реалност на гумното Во овој „портрет на уметникот“, Сергеј Андреевски само за LIFE ги илустрираше ѕидовите на една стара куќа во неговата Слоештица и ни раскажа за Арт-Гумното, за уметниците, за енергијата што ја црпи од селото, за неговото творештво...

12

Горда сум на моите чеда Интервјуто со Флора Кадриу ни ја прикажува од друга перспектива пратеничката на Нова демократија. Таа зборува за нејзината професија – актерството, за историјата на нејзиното семејство, за домот, љубовта и блискоста со нејзиниот сопруг и двете деца

Најважно е да живее неговата музика Три години по смртта на Тоше Проески, музички награди и улици го носат неговото име, се прават споменобележја во негова чест, се фотографираат и позираат како компензација за одредена донација или помош...

20

16

ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК Атанас Кировски ЗАМЕНИК НА ГЛАВНИОТ И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК Билјана Црвенковска АРТ ДИРЕКТОР Кире Галевски РЕДАКЦИЈА Тони Димков Силвана Жежова Марија Дивитарова Влатко Галевски Катарина Стојанова Васко Марковски Игор Ивковиќ Роберт Смилески Анета Ивановска Марија Илиќ Патриција Костовска Серјожа Неделкоски

ГРАФИЧКИ УРЕДНИК Златко Пармаковски ФОТОГРАФИЈА Ивана Кузмановска Андон Давчев ЛЕКТОР Виолета Караџовска - Стојанова

СТРУЧНИ СОРАБОТНИЦИ LIFE тема Дејан Дуковски

19 уредник на мода Александар Ношпал

51

ИЗДАВАЧ НИД ФОРУМ ПЛУС ДООЕЛ СКОПЈЕ „11 ОКТОМВРИ“ 33А 1000 СКОПЈЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ТЕЛ: +389 2 32 30 940 ФАКС: + 389 2 32 30 942 МАРКЕТИНГ АЛЕКСАНДРА ЕВТИМОВА MARKETING@FORUM.COM.MK АДМИНИСТРАЦИЈА/ФИНАНСИИ ЈУЛИЈА ПЕТРОВСКА ПРЕТПЛАТА: 828,00 ДЕНАРИ ГОДИШНА 414,00 ДЕНАРИ ШЕСТМЕСЕЧНА ПРЕТПЛАТА НА СМЕТКА: ФОРУМ ПЛУС ДООЕЛ СКОПЈЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ТУТУНСКА БАНКА АД СКОПЈЕ СМЕТКА БР. 210060041050180 ПЕЧАТИ ДАТА ПОНС СКОПЈЕ ISSN 1857-5005

музика Александар Гавровски

86 убавина Фоте Ѓамовски (Panache)

62


настани

ЖЕШКА ТЕМА: НОВАК ЃОКОВИЌ

Светски тенисер и подеднакво добар шоумен Тенисерот Новак Ѓоковиќ со златни букви ја испишува историјата на српскиот тенис во светот. Исклучително талентиран и упорен, сигурно чекори кон шампионското место на АТП-листата и полека го остварува неговиот детски сон.

ОХРИД НИЗ ОЧИТЕ НА ВЛАДИМИР ВАСИЛЕВСКИ – ЧЕТКАР

Носталгичен и кога е дома Прошетавме со Четкар низ Охрид и го откривме на поинаков начин, таков каков што заслужува да биде. Четкар со страст зборуваше за Античкиот театар, со спокој за Канео, со возбуда за кајчето и со љубов за градот.

СПОРТ: НЕДАН ПАНОВСКИ

РЕПОРТАЖА: ГОНДАР, ЕТИОПИЈА

Летањето е подобро од секс Недан Пановски, „уметник“ за прецизно летање на радио контролирани авиони, ни раскажува за својата најголема пасија - летањето

Егзорцизам со макијато и музика Роберт Смилески, нашиот патник низ светот, ни раскажува (со текст и со слики) за Гондар, некогашната престолнина на Етиопското Кралство, за звуците на Е´thiopiques и за најубавото макијато.

76

104

50

6 не-блог 9 КОШУЛАТА НА СРЕЌНИОТ ЧОВЕК политикон 24 ОВА НЕ Е ГЕРМАНИЈА! стил 38 СВЕТСКИТЕ ПИСТИ КАЈ НАС креативци 42 CHIC-UNDERCOWEAR ♀ 48 ЖЕШКО шуш-буш 56 од а до ш 60 МОНОГАМИЈА ♂ 66 ЖЕШКО технологија 72 популарна наука 75 ВЉУБЕНИ ГАЛАКСИИ филм 81 ШРЕК галерија 83 дежурен тв-холичар 89 МИСЛАМ ДЕКА ИМАМЕ ХИТ театар 90 ИБЕН НАГЕЛ РАСМУСЕН

92 БОРЕЦ ЗА ВИСТИНСКИТЕ ВРЕДНОСТИ книга

94

44

календар

98 ТИВКИОТ МИЛИОНЕР траги низ времето

И НЕГОВИОТ ТЕСТАМЕНТ патување дома ПЕЛИСТЕР ЗА ПОЧЕТНИЦИ панорама

МОМЕНТИ СО... Доц м-р Александар Ношпал, уредник на мода, прави одличен вовед за својата прва колумна, чија понатамошна „задача“ ќе биде да ни ја открива разликата меѓу она што значи 100% свила и 100% полиестер!

Не постои совршенство, сe` e живот Милан Кундера АЛФА РОМЕО И ЏУЛИЕТА Кристијан Ивановски во рубриката „Брзина“ ни ја претставува Алфа Ромео „Џулиета“ и заклучува дека оваа убавица е мевлем за очите и душата

фитнес Наташа Ангелевска

СО ПАУЕР ПИЛАТЕС ДО УБАВО ОБЛИКУВАНО ТЕЛО Наташа Ангелевска, инструкторка за фитнес и пилатес, ви ја претставува програмата Пауер Пилатес на вежби за затегнување и обликување на вашето тело

здрава храна Гордана Деан Поп-Христова

СЕЗОНСКА ИСХРАНА – ВРАЌАЊЕ КОН ПРИРОДАТА Д-р Гордана Деан Поп-Христова препорачува сезонска исхрана: да го следиме природниот ритам и да го консумираме она што ни го нуди нашето поднебје во овој дел од годината

68

СЕРИОЗЕН ДЕЧКО, СЕРИОЗЕН БЕНД Aлександар Гавровски разговараше со идејниот творец и лидер на „Беј Д’ Фиш“, Огнен Анастасовски, за бендот, за македонската музика, за идните проекти... ФОРМА И КОНТРАСТ Фоте Ѓамовски од студиото Panache во овој број на LIFE магазин претставува две негови креации и објаснува која е тајната што прави кратката коса да делува софистицирано и авангардно

брзина Кристијан Ивановски

81

89

Емилија Пендева на пошироката јавност `и е позната од спотот за песната „Лејди“ на Тоше Проески. По кратката кариера како модел, Емилија се посветува на нејзината љубов - тетовирањето. Како тату-артист работи една година, а дополнително студира моден дизајн и мултимедија на ФОН. Девојката од нашиот едиторијал ужива да тетовира и да биде тетовирана, и повеќе сака да е зад објективот отколку да позира, па професионалната фотосесија за „Life магазин“ е прво нејзино вакво искуство.

o Кире Галевски

ДА БЕ, ДА Дејан Дуковски со својата колумна „одговара“ на темата на бројот сосема индивидуалистички и оригинално: се цитира самиот себеси, од пред 15 години!

100 112 маса за двајца 111 ОРИЕНТ ЕКСПРЕС ноќен живот 114 таротскоп 118

ИЗЛЕГУВА СЕКОЈ ПРВ ЧЕТВРТОК ВО МЕСЕЦОТ


настани

6

LIFE О К Т О М В Р И

ГОЛЕМА РЕТРОСПЕКТИВНА ИЗЛОЖБА НА ЧЕМЕРСКИ Големата ретроспективна изложба на еден од најплодните македонски сликари Глигор Чемерски беше отворена по говорот на министерката за култура Елизабета Канчевскa Милеска и звуците на гитарата на маестралниот Влатко Стефановски. Даут-пашин амам и Чифте амам беа претесни за љубителите на уметноста и уметниците кои дојдоа да се запознаат со дел од педесетгодишното творештво на Чемерски. Две илјади квадратни метри беа премалку за да го соберат се` она што овој уметник има да го прикаже. Со оваа изложба авторот бележи 50 години творештво, а се претставени повеќе од 250 слики, скици, студии, фотопринтови од неговите мозаични изведби во Кочани и претседателската вила на Водно. Изложбата ќе трае два месеца, а ќе биде издадена и богата монографија.


настани БИМИЛК ПЕКОРИНО - СИНЕРГИЈА НА ИТАЛИЈАНСКА ЕКСПЕРТИЗА И МАКЕДОНСКА ТРАДИЦИЈА Во пријатна атмосфера, збогатена со добра музика и прекрасна храна, битолската млекарница ИМБ ги промовираше новите двата типа пекорино: пекорино тип за рендање и консумен тип. Станува збор за препознатлив македонски производ кој со својот квалитет рамноправно може да се носи и со најпознатите светски сирења. Бимилк Пекорино е произведено од 100% квалитетно овчо млеко од контролирани и селектирани фарми. Претставува синергија на италијанска експертиза и македонска традиција, тип сирење со одличен квалитет. Името пекорино насекаде во светот е прифатено како тип тврдо италијанско сирење.

ЏОЛИ СЕ ВСЕЛИ ВО НОВА ВИЛА Анџелина Џоли успешно ја завршила првата недела од снимањето на филмот кој е нејзино режисерското деби и во медиумите веќе се појавија првите фотографии од куќата во која таа и децата се сместени во Будимпешта. Станува збор за вила вредна околу три милиони евра, во која деноноќно има и телохранители на познатата актерка. Анџелина за овој привремен дом издвојува 15 илјади евра месечно, а за тие пари на располагање има 2.800 квадратни метри и двор. Како што и барала, добила десет соби, затворен базен, вински подрум, гаража, сауна. Сета опрема и мебел во куќата биле проценети на повеќе од 50 илјади евра. Децата веќе тргнале на училиште во унгарската престолнина, а наскоро ќе им се придружи и Бред Пит.

7 LIFE О К Т О М В Р И

МОДНА РЕВИЈА НА „АСТИБО“ Гламурозен моден настан се случи во Сули ан. На модна ревија беа претставени колекциите „Elegance“, „Catwoman“ и „Classic“ на „Астибо“ преку кои македонската публика имаше можност да се информира за она што е тренд на светската модна сцена. „Астибо“ е докажан македонски моден бренд наменет за жени со стил, полни со самодоверба и кои секогаш сакаат да изгледаат соодветно на приликата.

ГОЛЕМА ИЗЛОЖБА НА ДЕЛА ОД ГОГЕН „Тејт модерн“, Лондон, Велика Британија (30 септември 2010 – 16 јануари 2011) Големата есенска поставка на дела од францускиот импресионист Пол Гоген, која ја подготви лондонската галерија „Тејт модерн“, е прва голема изложба со делата на овој сликар во последниве 50-ина години. Поставката вклучува преку 100 дела од разни фази на сликарството на Гоген, од Европа па се` до Тахити, кога се насликани и неговите најпознати дела од „зрелата фаза“, со живи бои и симплифицирани форми. Изложбата инкорпорира и повеќе значајни слики, потоа скулптури и цртежи, како и документарна секција која ја истражува комплексноста на животот на авторот и неговите влијанија во делата на други ликовни уметници.



не-блог

ама дефинитивно скопска колумна. Далеку од тоа дека не-блог ќе биде колумна само за Скопје, особено затоа што ја пишувам еден убав, свеж и сончев ден на мојата тераса со најубав поглед на Охридското Езеро, после еден исто толку прекрасен, дождлив и мирислив ден поминат во Слоештица кај Сергеј и Ирена. Како и да е, ова е скопска колумна од проста причина што е видена и почувствувана низ очите на една скопјанка. Во Слоештица велат дека си богат онолку колку што имаш сливи. За ракија. А во Скопје? Како мериш колку си богат? По тоа колку „пријатели“ имаш на „Фејсбук“? Ја знаете приказната за царот кој оболел од чудна болест, болеста на незадоволството? Колку и да имал, што и да правел, царот бил болен од мака, просто се исушил. Дошле мудреците и лекарите, мудрувале што мудрувале, па го изнашле лекот. Царот треба да ја облече кошулата на најсреќниот човек на светот и ќе оздрави. Видел – не видел, испратил царот гласници низ царството да го бараат најсреќниот човек. Патувале тие надолж и нашироко, го измериле секое парченце од царството, но не нашле среќен човек. Секому по нешто му недостасувало, оти вирусот на незадоволството е подмолен и тежок. Враќајќи се назад, разочарани и уплашени, гласниците здогледале едно овчарче. Си лежело во тревата крај овците, си гледало во облачињата и си пеело од сe` срце. Застанале овие, па го запрашале како живее, дали има пари, па среќен ли е? Овчарчето искрено си одговорило дека не е богат, ама не е ни сиромав, оти за јадење има, а цел ден си е на воздух и ужива. И да, тој за себе си мисли дека е најсреќниот човек на светот. Се израдувале царевите луѓе! Само една молба имаме за тебе, момче. Да ни ја дадеш кошулата, со азно ќе ја платиме. Се свртело момчето зачудено и одговорило: добри луѓе, та јас немам кошула! Ние скопјаните, за жал, одамна сме ги заборавиле убавите работи. Како да уживаш во она што е од Господ (или од Природа, што би рекол Спиноза, Барух де) дадено. Не се качуваме ни на Водно повеќе, половина од нас Матка со очи не ја виделе (евентуално до „Мечкина дупка“ на кркање и назад), одиме в Охрид на одмор, а не знаеме каде е Вевчани... Во Скопје мислам дека си богат онолку колку што имаш време! Време за шетање, време за молчење, време за децата, за љубената личност, за самотија... време за уживање. Време да отидеш до Охрид

и до Слоештица, да гo видиш Пелистер, или сите заштедени пари да ги дадеш за едно фантастично патување во Гондар, Етиопија. И токму затоа не-блог е и најскопска и нескопска колумна, бидејќи Скопје не може да го „биде“ без сите други волшебни места. Кога почнавме да го „преоблекуваме“ „LIFE“ и да му даваме нов живот, сфативме дека правецот во кој треба да го „поднасочиме“ за да биде токму она што сакаме е многу едноставен: „LIFE“ треба да биде магазин за животот во сите негови аспекти. Да дава друга перспектива на работите, личностите и настаните – онаа интимната, скриената страна. Да ги става во фокус работите кои ни значат, а можеби веќе сме ги подзаборавиле или не ги забележуваме. Во тој процес на исцртување, доцртување и дошминкување на магазинот, решивме дека секој број на „LIFE“ ќе обработува една тема. Темата, според нас - овој прекрасен, откачен, посебен тим неверојатни индивидуалци: пишувачи, фотографи, дизајнери – требаше да биде (филозофски и духовно, пред сe`) суштинска за секого. И токму темата треба да е најтесно поврзана со она што го викаме „животен стил“ – во вистинската, есенцијалната, целосната смисла на зборот. Животен стил не е облека, шминка, храна или предмет. Не е „здрав“ или „нездрав“ живот, „водење љубов“ или „секс“, „Хард кор“ или „Емо“. Животен стил е филозофија на живеење, став, печат, тетоважа која не се брише. Тоа е она што нe` дефинира како индивидуи, што нe` прави она што сме. Индивидуалноста е темата на овој број. Премногу користена, филозофска, веќе видена? Без разлика, таа нe` дефинира нас. Ги дефинира и луѓето за кои ние пишуваме: уметници, дизајнери, тату-артисти, политичари, писатели, музичари, спортисти, поети... Го дефинира, впрочем, и не-блог... Уште два-три збора за не-блог, прв и последен пат. Не-блог ќе дише со белите дробови на „моето“ Скопје. Ќе ги мириса октомвриските жолти лисја, дождот, ѓубрето од преполните, заборавени контејнери, мемливите подруми на старите згради на „Илинденска“ (нека ги има што подолго)... Ќе си к’снува чкембе чорба со лукче во „Чамо“, полнети пиперки во „Гурманче“ на „Водњанска“, домашна ракија и наливно винце... Ќе сака палачинки, ќе сака природа, тесни стари улички, скришни места, јаболка и сливи од водњанските дворови... Ќе слуша „моја“ музика, вистински поп, како оној на Беј Д’ Фиш, или вистински рап како оној на Легијата. Ќе сака добри луѓе и ќе мрази политика. Не-блог ќе го сака животот таков каков што е, убав, тажен, прекрасен... со или без кошула!

LIFE О К Т О М В Р И

дамна се спремам да пишувам колумна за Скопје. Блоговска, урбана, О смешна и тажна, цинична и автокритична,

¢ Билјана Црвенковска

9

КОШУЛАТА НА СРЕЌНИОТ ЧОВЕК


10

LIFE О К Т О М В Р И


ПОИНАКВАТА РЕАЛНОСТ НА ГУМНОТО

СЕРГЕJЈ АНДРЕЕВСКИ, ПОРТРЕТ НА УМЕТНИКОТ


ликарот Сергеј Андреевски веќе шест години се С вложува себеси и своето уметничко искуство во развивањето на Меѓународниот центар за уметност и одржлив развој „Арт поинт – Гумно“ во село Слоештица, Демир Хисар. Авторот, кој во своето 25-годишно ликовно творештво се претстави на повеќе од 400 групни и шеесетина самостојни изложби, повеќе од триесет пати беше во Америка, а патувањата и изложбите низ Европа речиси престана да ги брои, сега повторно го открива мирот и спокојството на просторот во кој го помина своето детство. И не само тоа, туку во Слоештица е вреден и искрен домаќин кој за шест години им понуди гостопримство на дваесетина уметници од Германија, Шкотска, САД, Данска, Мексико, Франција. Уметничката точка „Гумно“ досега ги поттикна креативните потенцијали на Гејл Тастин од САД и Лоне Сиберг од Данска, на Кристијан Ротман од Берлин и британскиот уметник Леон Пачет, на американскиот уметник Дик Робертс, кој веќе е вљубен во Македонија, на бруклинските уметници Ерика Харис и Сет Ладман. Годинава на престој во Слоештица дојдоа уметниците Елизабет Рос од Мексико и Пауло Гајад од Бразил, чии творештва ја отсликуваат уметноста на Латинска Америка. Креатив-

ниот печат на сите уметници остава свои траги во галеријата на „Арт поинт – Гумно“, но и по стрмните селски улички, низ падините на планината, во длабочината на Бела Река и по должината на мостот кој не води никаде, а е средиште на манифестацијата „Славење на пирејот“, посветена на великанот на пишаниот збор, Петре М. Андреевски. Поттикнати од неговите приказни, објавени во многубројните збирки раскази, со намера да ја допреме духовната димензија на просторот во Слоештица, едновремено и да ја почувствуваме енергијата која им дава полет за уметничка креација на автори од целиот свет, го посетивме „Арт поинт – Гумно“. Низ разговор со Сергеј Андреевски се обидовме да разоткриеме барем еден мал дел од магијата на времето и просторот во Слоештица.

¢

Тони Димков

o Кире Галевски

Кога сум во Слоештица пронаоѓам друга убавина на животот


уметниците тука можат да видат како луѓето работат, како се хранат, како го обработуваат полето, какви се односите меѓу луѓето. Додека уметниците шетаат низ селото, селаните ги канат кај себе на гости. На тој начин уметниците се запознаваат со нашето гостопримство, ја допираат земјата, ги гледаат растенијата. Тука имаме и мала бавча каде што самите ги собираат плодовите. Доаѓаат и луѓе кои живеат во големи градови и никогаш не виделе или не допреле домашно животно, кои тука ги има насекаде околу нас. Тие моменти секогаш прават уметникот да се чувствува поинаку. Кога од Бруклин, од Њујорк, уметникот Сет Ладман дојде во Слоештица, секое утро самиот сакаше да им помага на фармерите во селото околу грижата за домашните животни и толку се зближи со едно теле што откако Ладман си замина, фармерот ми кажа дека телето си го барало својот уметник. Хранејќи ги животните, уметниците навистина можат да почувству-

Практично, како започна целата работа? Всушност, станува збор за семеен центар во кој сите се вклучени во работата, и сопругата Ирена и синот Меглен и ќерката Воскресија. Сите се дел од работата и од просторот, и духовно и физички. Кога го формиравме центарот, со сопругата разговаравме за тоа дека дедо ми се` што почнуваше, го почнуваше од гумното. Денот го почнуваше и го завршуваше на гумното. Всушност, Македонецот порано најголем дел од денот го поминувал со работа на гумното. Затоа во насловот на центарот е вметнато гумното, бидејќи сега гумното го претворивме во една поинаква реалност во смисла на креирање на уметноста и живеење со уметноста.

портрет LIFE О К Т О М В Р И

Што уметничкиот центар „Арт поинт – Гумно“ им нуди на уметниците? Како прво, им нуди сместување, потоа секогаш се обидуваме да им ја понудиме најдобрата македонска храна. Иако правиме и интернационални рецепти, сепак, во зависност од уметниците и нивните желби, подготвуваме храна со локални производи од Демирхисарскиот крај. Со месо, млеко, сирење, им правиме локални специјалитети. Ги запознаваме со околината, организираме посета на Крушево, Битола, Охрид, посета на манастирот во Слепче. Стана вообичаена практика да ги однесеме уметниците на овие места и да им ја отвориме вистинската душа на Македонија. Во Скопје има убава, градска енергија, но мислам дека тоа не е суштината на Македонецот. Затоа го формиравме центарот во Слоештица, во Демир Хисар, бидејќи

Нема граници во уметноста и секогаш има врска меѓу новиот технолошки развој и она што е наречено вештина на создавањето

Лично, на што ви асоцира Слоештица? Роден сум во Скопје, но секое лето доаѓав тука и детството го поминував со дедо ми Мито и баба ми Менка, од кои ги научив основните начела во животот, кои ако не ги научев од нив, сега немаше да бидам тоа што сум. Тоа се оние суштински работи што секој човек ги осознава уште додека е многу мал. Со дедо ми речиси секој ден одевме во планината. Таму бев заедно со птиците, со целата безгрижност и со сите негови мудрувања. Со талентот што го имаше татко ми го раскажуваше тоа што целиот живот го зборуваше дедо ми. Голем дел од приказните што ги објави татко ми, му ги раскажа дедо ми. Сите тие мудрости, сите тие приказни, бидејќи дедо ми исто беше раскажувач и многу се интересираше за историјата на Македонија, ни ги дадоа насоките како да го направиме концептот на уметничкото гумно.

13

Кој е уметничкиот концепт на „Арт поинт - Гумно“? „Арт поинт – Гумно“ не е класична ликовна колонија, туку сосема поинаку е конципирано. Всушност, станува збор за уметници на резиденција, која можеби е единствена од таков вид на Балканот. Тука уметниците престојуваат долго време, не само десетина дена, како што тоа е случај со ликовните колонии. Во Слоештица уметниците можат да престојуваат и повеќе од два месеца. Им дозволуваме да седат и да работат колку што сакаат, односно да имаат доволно време да се изразат себеси, да се запознаат со нашата средина, со нашиот начин на живот и тоа да ги испровоцира да направат нешто што во своето творештво не би го направиле во сликарско ателје дома.

Тоа се реалните, но кои се метафизичките придобивки за уметниците кои се одлучиле да дојдат во Слоештица? Понекогаш мислам дека Македонија е како Шкотска. Овде луѓето им раскажуваат разни приказни на уметниците, како приказните за вампирите, за духовите, но во селото доаѓаат и вистински мечки и волци. Тоа е реалноста на амбиентот, тоа не се само приказни. Сите возбуди кои ќе ги доживеат тука, сигурно нема да им се случат ако ги однесете во Охрид и ги сместите во хотел, каде што се` средено. Тука е поинаку. Исто и кучињата се дел од овој простор, секојдневно се со уметниците, играат, ги допираат. Во принцип, сите уметници сакаат животни. Активна е соработката и со двојката Јелена и Владе Цветановски, кои на Бела Река во селото изградија театарска сцена. Често ги носиме уметниците таму и чудно им е што е направена сцена на мост кој не води никаде. Сите тие работи за нив носат возбуда.

life

ваат како е да се живее на село и како функционираат тие едноставни релации меѓу луѓето и домашните животни.

На кој начин се прави изборот на уметниците кои доаѓаат на престој во „Арт поинт - Гумно“, во Слоештица? Многу патувам и обично сакам да видам како уметниците работат и сакам нивното творештво да го видам лично, а не само преку Интернет, бидејќи мониторот често дава лажна слика, а на Интернет може да се претстават и лажни вредности. Бидејќи соработувам со многу уметнички институции од Европа и од САД, истите со посредство на нивни комисии прават избор и испраќаат уметници на престој во Слоештица. Тие институции гарантираат дека уметниците што ги испраќаат се креативни, оригинални и посебни. Ние држиме до тоа уметниците да се посебни во секоја смисла, и како луѓе и како творци.


портрет life

Притоа ние сакавме нашето гумно да дочекува гости од светот. Има многу ликовни колонии и работилници каде се присутни македонските уметници, но помисливме дека ќе биде добро нашиот центар да биде интернационален, и покрај убавините на селото, странските уметници преку менталитетот на луѓето што живеат во Слоештица да ги запознаваме и со менталитетот на Македонецот. Не знам дали тоа може да се почувствува во Скопје така како што се чувствува тука. Во Слоештица поинаку се живее. Тука времето понекогаш едноставно – стои. Во такви услови е полесно да се ѕирне во душата на луѓето што живеат на овој простор. Спокојот на пределот овозможува полесно да се открие и сопствената душа. Кога ќе погледнеш внатре во себе, тогаш е дадена можноста и во сопствените творби да создадеш нешто друго, нешто што дотогаш не си знаел дека постои во тебе. Тоа беше суштината на создавањето на центарот за уметност „Арт поинт – Гумно“.

14 LIFE О К Т О М В Р И

Колку центарот ви помага да го создавате сопственото творештво? Сето ова што го правам во уметничкиот центар е независно од моето творештво, дури и многу малку работам како сликар во периодите додека имаме гости на Гумното, бидејќи тогаш сум вистински домаќин и организирам се` што треба за ним да им биде удобно, да им биде достапно се` што им треба и да можат без проблем да креираат. Секако, кога немаме гости на резиденција, тогаш доаѓам сам, сликам и работам на моето творештво. Во која творечка фаза сега се наоѓа сликарот Сергеј Андреевски? Лично, кога ќе се вратам назад, мислам дека најкреативните моменти во мојот живот беа кога имав триесетина години, само што тогаш не бев сигурен дека тоа што го правам е тоа што навистина треба. Сега сум сигурен, сега знам што правам, сега сум поискусен, доволен ми е еден потег за да излезе нова слика. Не случајно велат дека зрелоста често е пресудна за оформувањето на делото. На пример, кога креирам слика, сега ми треба многу пократко време отколку порано. Со сегашното искуство до резултатот стигнувам за многу пократко време. Тоа е резултат на искуството.

Додека ги правевме фотографиите за ова интервју, успеавте да илустрирате една стара куќа со нови цртежи по ѕидовите!? Како се добива инспирацијата за брзи цртежи? Богатството на светот што го има во еден уметник – тоа го нарекуваме талент. Во последно време некои велат дека талентот не е важен, бидејќи со новите медии доволно е уметниците да имаат идеи, а потоа други ќе им ги реализираат. Нема потреба уметникот лично да го создава делото. Постојат цели студија кои изведуваат уметнички проекти. Меѓутоа се` уште верувам дека има разлика и точно чувствувам кои луѓе имаат талент. Нормално, талентот се надградува. Тука е и упорноста во животот. Треба да се биде упорен. Ако се верува во нешто, треба да се биде упорен. Еднаш го сретнав Унковски во Метрополитен во Њујорк, и тогаш тој ми рече дека во Њујорк успеваат само најупорните. Има многу вистина во тоа бидејќи знам многу помалку талентирани луѓе кои успеале затоа што биле упорни. Од друга страна, знам многу големи таленти кои не се упорни. Затоа е важна упорноста, особено денес, кога има помалку квалитет, но има голема конкуренција меѓу уметниците. Тоа што фасцинира во вашето творештво е ритамот на работа. Често сте учествувале на различни ликовни перформанси и хепенинзи каде што целата работа била базирана на ритамот. Каков е тој ритам? Ритамот е многу важен за мене. Првпат со музика почнав да сликам некаде по завршувањето на академијата, што значи многу одамна. Тоа беше првиот јавен настап каде што сликав со музика и на една од манекенките интервенирав врз нејзината бела кошула ставајќи неколку бои. Тоа беа првите моменти кога почнав во живо да сликам пред публика. Потоа тоа го направив во Јапонија, во Шкотска и на разни други места. Меѓутоа, едновремено забележав дека емотивниот дел од перформансот кога сликам во живо нема врска со сликата. Тоа е чин сам за себе. Тоа е самиот перформанс. А како го доживуваат луѓето? Кога ја слушам музиката која има свој ритам, особено во Шкотска, каде што сликав со музика во афро-ритам и со тапани кои држат тензија, забележав интересна работа. Истото многупати


ВО СУШТИНА, ЧОВЕК ЦЕЛ ЖИВОТ СО СЕБЕ НОСИ СОДРЖИНА ШТО ЦЕЛИОТ ЖИВОТ ЈА НАДОПОЛНУВА

Уметноста веќе го следи брзиот технолошки развој и не можеме да предвидиме каква ќе биде нејзината иднина. Колку технологијата оди во прилог на вашата уметност или можеби брзиот развој на технологијата повеќе и`пречи на уметноста? Мислам дека е добро технологијата да се развива. Не ми пречи развојот на технологијата. На пример, компјутерите сега самите прават музика, но вистинските вредности на музиката се содржани во класичната музика. Никогаш не сум бил тврдокорен да се држам само до една техника, или до еден вид сликарство. Кога бев на колонија во Египет, сите работеа со камери, и со нови медиуми. Тогаш се сетив дека можам со батерија да сликам во воздухот, а еден фотограф ги сликаше моите потези на небото. Нема граници во уметноста и секогаш има врска меѓу новиот технолошки развој и она што е наречено вештина на создавањето. И секогаш има нови резултати. Само што ќе помислам дека сум ги потрошил сите мои идеи, пак ќе се појави нешто ново. Иако, во светски рамки, има помалку квалитет од претходно. Има премногу уметници кои премногу експериментираат, а многу помалку навлегуваат во длабочината на уметничкиот чин и на уметничкото дело. За разлика од порано кога имаше уметници кои беа многу подлабоки.

Значи во денешната уметност недостига влез во длабочината на уметноста и на самите себе? Мислам дека порано нашите уметници повеќе комуницираа со светот. Сега некако компјутерот е доволен за информација. Тука е мојот проблем со компјутерите. Компјутерите имаат една информација, но суштината е друга. Можеш на Интернет да видиш како изгледа Сахара, но ако отидеш во Сахара и го допреш песокот, тогаш ќе почувствуваш нешто сосема друго. Тоа се два света: на реалноста и на лажната реалност, или како што некои ја нарекуваат, виртуелната реалност, која е многу возбудлива и многу е заводлива, но, сепак, не е реална. Реалноста е во овие камења, кои треба да ги допреш, да видиш и да почувствуваш колку се студени. Убаво изгледаат на компјутерскиот монитор, но, за жал, не се реални се` додека не ги допреш со раката. Тука малку сум носталгичен, бидејќи сметам дека светот оди во еден правец што луѓето веќе се толку отуѓени што им е доволна таа виртуелна реалност. И ми пречи што се задоволуваат со тоа. Сепак, ние сме луѓе, едно се емоциите, а друго се допирите, едно е да зборуваш со некого на телефон, а сосема друго е да му испратиш имејл. Разликата е во емоциите. Иако компјутерот е прекрасна работа за брза комуникација со светот, сепак, недостигаат емоции во таквиот вид комуникација. Дали тоа значи дека вистинската реалност ја пронаоѓате во Слоештица? Слоештица е друга, за мене, малку бајковита реалност. Кога гледам во зеленилото на околината, во врвовите на планината, го чувствувам мирот и спокојството на Слоештица. Летово со син ми Меглен се качивме на врвот од планината. Кога ќе се искачи горе, човек се чувствува како птица. Тука има и многу орли кои крикаат. Тоа е многу убав звук. Тоа е звукот на слободата, а без слобода не може да се биде уметник. Ако се нема внатрешна слобода, не верувам дека може да се креира. ¿

портрет life

сум го правел со групата „Мајовци“. Тие се велемајстори бидејќи имаат ритам, ама има и аритмија во нивната музика. Но, има еден ритам што тече цело време и тоа што е интересно додека ги слушам, тие прават целиот да сум како во бунило, како во транс. Некогаш кога сликам со нивната музика, отпосле гледам што се случило. За време на сликањето со нивниот ритам дури не ни гледам што се случува со сликата. Тоа е убавината на трансот во сликањето со музика. Трансот ми го дава мојот ритам и кога го слушам нивниот ритам се појавува внатрешен ритам што го слушам додека сликам. Врската е кога двата ритма, музичкиот и внатрешниот, ќе се спојат на сликата.

15 LIFE О К Т О М В Р И

Сето тоа што сум го направил досега ме формирало како личност, како човек, како уметник


од друга перспек тива

ФЛОРА КАДРИУ

ГОРДА СУМ НА МОИТЕ ЧЕДА

¢ Катарина Стојанова

16

LIFE О К Т О М В Р И

o Ивана Кузмановска o семејна архива

Верувам дека мал дел од јавноста знае дека вие, всушност, сте актерка. Како еден уметник се најде во светот на политиката. Зошто не продолживте со актерството, туку преминавте во политиката? По професија сум актер, припаѓам токму на културната димензија. Кај нас поголема популарност и значење имаат политичката сцена и политичките актери отколку драмските актери и драмско-сценската дејност. Што се однесува до поврзаноста помеѓу културата и политиката, да, поврзаноста е многу голема, затоа што и во политиката и во театарот дејствието се одвива на сцена. Разликата е во тоа што, во театарот постои една сцена, а во политиката дејствието се одвива на повеќе сцени. Самите политички актери, како и драмските актери се носители на процесите и ги играат своите ролји според потребите на политичкиот субјект, како и според потребите на граѓаните. Но, како се најдов во политиката... Со политика почнав некаде во 2003 година, незадоволна од сето она што се случуваше во сферата на културата што се однесува


Досега никогаш не сум говорела за моите родители, дедо и прадедо. Сум сметала дека секоја личност треба самата да се докаже, но денес е дојдено времето кога слободно можам да говорам за нив и за нивните успеси

ФЛОРА КАДРИУ СО СИНОТ

Од какво семејство потекнувате, во какво семејство живеете сега? Какво семејство градите? Кои се вашите размислувања за релациите во него? Потекнувам од интелектуално семејство. Мојот прадедо бил пратеник во првиот состав на Парламентот во Албанија. Тој е избран од регионот на Тирана, каде што во тоа време главен град бил Драч, и тоа некаде околу 1930 година, заедно со Ахмед Зогу и други познати личности од албанската историја. Можеби оттаму ми е генот за занимавање со политика, не знам, затоа и го споменувам овој момент. Мојот дедо

е Мехмед Вокши. Дипломирал албански и италијански јазик на Универзитетот во Рим и е еден од првите професори по албански јазик кој бил повикан да биде професор во Тирана. Татко ми во поранешна Југославија беше генерален директор на „Макоплод“, фирма основана во Скопје, со огромен број претставништва низ поранешна Југославија. Интересно за него е дека имаше вработено некаде повеќе од 600 работници, луѓе на коишто во најтешките моменти во комунизмот им беше забрането вработување поради политички причини. Почина млад и јас останав без татко на 14 години. Мајка ми, пак, е една од основоположниците на албанскиот театар. Актерка која од 60-тите години активно се занимаваше со оваа дејност. Горда сум на моите родители, на моите предци. Свесна сум дека не треба да се

17 LIFE О К Т О М В Р И

на Албанците во Република Македонија. Во тој период Албанците имаа само една културна институција од државен карактер на ниво на целата држава - Албанскиот театар. Имаше мал број институции кои би биле надлежни за различни дејности од сферата на културата. Сметав дека постои потреба за подобрување на условите и можностите за креирање, развивање и презентирање на културните вредности и добра на албанската култура во Македонија. Тоа беа причините поради кои одлучив да навлезам во политичкиот живот, иако сметам дека во државните институции не треба да има политизација. Во минатото, проектите од сферата на културата биле оние коишто алармирале за ситуацијата во самото општество, ги исмејувале владините конјуктури и ја буделе и потсвеста кај граѓаните. Доколку имате политизација, таквите проекти не можат да се реализираат и да бидат достапни до јавноста.

од друга перспек тива

ФЛОРА КАДРИУ СО НЕЈЗИНАТА ЌЕРКА


од друга перспек тива

ФЛОРА КАДРИУ СО СОПРУГОТ

18

LIFE О К Т О М В Р И

повикуваме на успесите што ги постигнале нашите предци и досега никогаш не сум говорела за тоа кои се моите родители, дедо и прадедедо. Сум сметала дека секоја личност треба самата да се залага за да се докаже во професијата, во околината и во општеството. Но, денес е дојдено времето кога слободно да можам да говорам за нив и за нивните успеси. Што се однесува до моето семејство, мајка сум на две деца, ќерка и син, и горда сум на моите чеда. Ќерка ми има 26 години, синот има 18 години и јас сум многу горда што успеав да ги воспитам, а можеби и што Господ ми даде такви чеда кои се стабилни личности и не создаваат проблеми. Се трудам релациите и односите во семејството да се базираат на меѓусебна почит и блискост. Мојот сопруг е вработен во Албанскиот театар и е човек од сферата на културата. Сметам дека без негова поддршка не би можела да го постигнам тоа што го постигнувам во политиката. Во семејството постои љубов, разбирање и подготвеност за помагање во добро и во лошо. Многу е важно да направиме некое добро дело по што ќе бидеме запаметени засекогаш, затоа што големите луѓе не умираат никогаш. Она што останува по нас е доброто однесување и правење добро на другите. Секогаш сум подготвена да им помогнам на другите и тоа ме прави среќна.

кога сум си рекла дека сакам да заминам некаде и да бидам сосем сама. А свесна сум дека не можам и дека, всушност, не сакам! Не сум човек кој сака самотија. Постојано ми е потребно друштво и сакам да комуницирам со луѓе. Заврши Рамазанскиот пост и празникот Бајрам. Колку верските празници ве исполнуваат и ви причинуваат задоволство, а колку чувствувате притисок во тие денови, особено кога станува збор за одредени обичаи? Задоволство е кога ја гледате трпезата богата, кога околу неа се собираат блиските луѓе. Самите Рамазански пости и самиот месец претставува задоволство. Според Куранот, тоа е свет месец и значи да бидете посмирени, добронамерни, подготвени за толеранција, подготвени со насмевка да ги дочекувате сите. Да им помагате на луѓето кои не се во добра финансиска состојба и од тој аспект сметам дека празникот има една хумана димензија - целиот тој месец, како свет месец за нас муслиманите. Традицијата околу одредени празници мислам дека веќе од ден на ден се губи. Современиот живот и прифаќање на другите култури, особено западната, модернизацијата на општеството придонесува да се променат и обичаите кај сите народи.

Мора да се забележи дека навистина Што најмногу сакате да работите и каде го наоѓате се грижите за вашиот изглед... мирот и спокојството? Колку често имате потреба ...Не сакам да оставам впечаток дека не се грижам за да отпатувате некаде? својот изглед. Самодовербата е многу важна, а кај жените Мирот и спокојството го наоѓам во семејството, дома. Но, исто така, таа може да се изгради и преку ги наоѓам и во друштвото на моите најблиски, изгледот. Секоја жена треба да се во друштво на мојата сестра, со моите внуци и Многу е важно да направиме пријателите. Најчесто не е важно каде сте, тунекое добро дело по што ќе бидеме грижи за себе, бидејќи доколку вие се чувствувате добро, тогаш и ку со кого сте. Имало моменти кога сум била запаметени засекогаш, затоа што големите луѓе другите ќе ве гледаат така и повеќе премногу уморна и кога сум почувствуване умираат никогаш ќе ве почитуваат. ла потреба за опуштање. Имало моменти


life т е м а

вид дневник на креда. Поентата беше, секој ден во неколку реченици да запишеш едно кредо, еден, да кажеме, животен став. По еден месец, запишувајќи и натаму, да почнеш да ги читаш кредата од претходниот месец. Да ги провериш ставовите. Да видиш дали и натаму веруваш во истите. Моите ставови овде се од мојот ментален дневник пред петнаесет години. Ова се исечоци од едно интервју, дописка за „Маргина“ со Abbe Buzzoni. Ни сам не знам дали денес би ги запишал истите ставови... Како и да е... Можеби е само чиста мрза во прашање, ама надолу се цитирам дваесет и петгодишниот себе: „Успех е да можеш да го работиш тоа што го сакаш. А и што значи да бидеш успешен на еден простор помал од едно предградие на Москва? Евентуално, директна комуникација со Господ? Таму сме, кај што сме. Така е, како што е. Или си дел од колективната параноја или си параноично неколективен. Живеам на моите пар квадратни метри. Имам добар компјутер и пазарот не ми е далеку. Немам потреба за некакви посебни признаници за успех. Немам потреба нешто некому да му докажувам. Немам потреба од самозаљубеност. Немам потреба од биење битки во некои си квази духовни гладијаторски арени и терање вистина преку трупови. Барем, не свесна потреба. Пар луѓе кои јас ги сакам, постојат за мене, се надевам дека постојам и јас за нив. Се` другото е лук и вода“. „Не мислам да ја трошам младоста на уринирање во ветер. Се прскаш... Едноставно, не ме интересира овој тон на утопување во сивилово... Од каде толкава симптоматична потреба за бавење со колективните паранои...“ „Уринирањето во ветер им го оставам на тие што имаат време. Се согласувам дека мора да постои една ’критична маса‘ луѓе кои ќе постават ниво. Систем на вредности. Меѓутоа само во позитивна смисла. Во смисла на креативност. Сe` друго е искомплексирана злонамерност. Фамозната збирштина на негативна енергија под разни општи заменки како ’тие‘ или ’некои‘ се главните генератори на кризиве... Кои се тие ’некои‘? Направиле нешто да биде подобро? Или постојат како непостоечки аморфни маси на локално ’надркано‘ дејствување на кружокот на импотентни крвопијци со привремен наслов ’некои‘. Сe` е тоа иста магија. Ист круг. Е, тој

круг не ме интересира. Па доста е од интелектуални мастурбации. Ако ништо друго, немам време. Едно уринирање можеби е еквивалент на пола општење, ама две уринирања не се еквивалент на едно општење... Лесно е да кажеме што не чини, туку ајде да направиме како чини. Жалосно е ако луѓе со позитивна енергија решат да се бават со самоуринирање. Нема да имаат време да бидат креативни, нешто да создадат. Башка, прскаат и од страна. Критичкиот однос и став, апсолутно ќе се види во она што го работат“. „Чир на стомак е често заболување овде. Сите имаат чиреви. Многу длабок и долгорочен медицински проблем. Проблемот и хаосот во македонската култура не може да се реши со глобални концепти, концесии или консолидации. Сигурно може да се реши со добри филмови, претстави итн... Не може да се реши колективно. Ќе го решат, евентуално, разни индивидуалци. То ест, на операциона маса“. „Ако не би бил во состојба да се почувствувам како гад, би можел константно, бесчувствително и несвесно да бидам гад. Доколку не би било така, не би имало ни проблем. Нашата волја, нашето однесување и дејствување е секогаш одредено со извесен контекст. Со некои други. Обично, дежурни гадови. Ако е контекстот лош, ако успееш да го лоцираш како таков, бегај. Кој успева да се извлече, успева. Ако не... Ќориот го водел слепиот. Човек што секогаш е во право, што не е способен, што не е доволно чувствителен да може да се почувствува повремено како гад, дефинитивно е гад“. „Важен е ставот, позата кон она што го... примаш. Секое ново силно влијание е и еден вид духовно силување. А, твојот личен печат мора да стане неминовен. Многу стрип-цртачи цртаат како Мебиус, ама Мебиус е еден. Мораш да го апсолвираш. Да замислиме сликар што после Малевич, слика бели платна. Едноставно, никој денес не смее да си дозволи да измислува топла вода покрај бојлер. Се разбира освен ако не го прави свесно и намерно. Во нашиов век има повеќе уметнички правци и теории, отколку во сите векови заедно. Баш поради брзината на времево и количината на информации, секое право уметничко дело, во кое се гледа апсолвираност на искуства, е субверзивно. Ако не друго, барем во однос на самото себе. Во оваа смисла фразата ’институции на ситемот‘ е депласирана. Одамна отидоа химените...“

LIFE О К Т О М В Р И

а време на студиите, мојот професор Горан Стефановски ни зададе интеЗ ресна ментална вежба. Да водиме еден

¢ Дејан Дуковски

19

Документ „Зеро“

ДА БЕ, ДА


фокус life

20 LIFE О К Т О М В Р И

НАЈВАЖНО Е ДА ЖИВЕЕ НЕГОВАТА МУЗИКА

¢ Силвана Жежова

o Андон Давчев o Филип Поповски

ТРИ ГОДИНИ ПО СМРТТА НА ТОШЕ ПРОЕСКИ, МУЗИЧКИ НАГРАДИ И УЛИЦИ ГО НОСАТ НЕГОВОТО ИМЕ, СЕ ПРАВАТ СПОМЕН-ОБЕЛЕЖЈА ВО НЕГОВА ЧЕСТ, СЕ ФОТОГРАФИРААТ И ПОЗИРААТ КАКО КОМПЕНЗАЦИЈА ЗА ОДРЕДЕНА ДОНАЦИЈА ИЛИ ПОМОШ. ВО ХРВАТСКА СЕ ПРАВИ СПОТ ЗА „НАСЛОНИ ГЛАВУ“, ВО СТРАНСТВО СЕ ОБРАБОТУВААТ ЧЕТИРИ ПЕСНИ, А ИМА МАТЕРИЈАЛ ЗА УШТЕ ЕДЕН АЛБУМ НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК. ДАЛИ ЛИКОТ И ДЕЛОТО НА ТОШЕ СЕ ЧУВААТ НА ВИСТИНСКИ НАЧИН И ДАЛИ ЗА ОВИЕ ТРИ ГОДИНИ РАБОТИТЕ МОЖЕА ДА СЕ ПРИДВИЖАТ ВО ПОИНАКОВ ПРАВЕЦ?


фокус life македонската попикона Тоше Проески. За семејството - непребол, за музичката сцена непроценлива загуба. Спомен-обележјето во форма на музичкиот инструмент лира која го означува почетокот на улицата „Тодор Проески“ во центарот на градот, споменкуќата на Гумење и манастирот „Св. Преображение“ се места во Крушево посветени на ликот и делото на балканската музичка ѕвезда. Сепак, по две години незапаметена посетеност на градот, организирани посети со автобуси и ужалени обожаватели кои оддаваа почит на неговиот гроб, интересот спласна. Помина хистеријата со која народот беше зафатен по неговата смрт, а остана само непреболот на најблиските. Неговите родители се` уште двапати дневно го посетуваат неговото вечно почивалиште и ги палат кандилата во манастирот. Крушевчани, пак, времето го сметаат пред и по Тоше. И на балканската музичка поп-сцена повеќе ништо не е исто. Нема пејач кој може да предизвика емоции кај публиката како што нему му успеваше кога пееше на сцена. Продукцијата остана сиромашна за квалитетна поп-музика. По неговото ненадејно и прерано заминување, најважно беше да живее она за што и самиот живееше - музиката. Оваа мисија се исполни преку издавањето на албумите „The Hardest Thing“, „Још увијек сањам да смо заједно“, спотовите, двата големи концерти. Неговите песни во Хрватска се` уште се на врвот на музичките топ-листи, а во Македонија се чувствува неговото отсуство во етерот. „Фановите“ се едногласни во констатацијата дека музиката на Проески се` повеќе недостасува во медиумите. Веројатно и не му е местото меѓу целиот невкус што се емитува во етерот. Од него има уште многу неиздадени песни кои публиката треба да ги слушне. ВИСТИНИ И ЛАГИ Меѓународната фондација „Тоше Проески“, основана во јануари 2008 годинa, е формирана со цел чување на споменот на благородниот лик и дело на Тоше Проески, но и продол-

жување на неговата дејност на полето на музиката и хуманоста. На почетокот од основањето, во првите две години до неа стигнуваа безброј предлози поврзани со активностите посветени на Проески, но во последната година интересот е стивнат. Според зборовите на Славен Ристески, зет на Тоше, Фондацијата слабо стои и финансиски. Сите приливи најмногу ги употребувале за хуманитарни цели, а помагале и во организацијата на концертите. За сите иницијативи одлучува семејството, но и најблискиот тим соработници од Србија и од Хрватска. Многу работи се направени без нивна дозвола, а против пиратеријата и нелегалнaта продажба на книги и албуми за сликички се борат преку „Сити рекордс“ и „Пинк“ во Србија и „Хит рекордс“ во Хрватска. До сега не е поднесена ниту една тужба за злоупотреба. „Иако долги години бев инволвиран во кариерата на Тоше, сепак не можам сам да одлучувам за работи поврзани со продолжувањето на музичкиот дел од приказната. За да не згреши семејството, се консултираме со Љиљана Петровиќ, Миро Буљан и Мирослав Рус. Се плашам од кич, кочевме колку можеме работите да не излезат од контрола и мислам дека некои работи можеа да се направат подобро. Многу луѓе, меѓу кои и семејството, згрешивме бидејќи првите две години бевме во шок па донесувавме непромислени одлуки. Подоцна ќе речевме дека можело и поинаку да се направи. Фондацијата нема пари и тешко работиме бидејќи сите донации се за манастирот. Помагаме на луѓе, на институции, школуваме музички таленти. За да се направи концерт има трошоци, а, за жал, за последниот и немаше толку спонзорства, се` помала е заинтересираноста. Предлозите за одредени активности поврзани за неговиот лик и дело пристигаа првите две години од несреќата, сега е стивнато. Многу малку песни се пуштаат по медиумите и од тој однос сум крајно разочаран. Хонорарите за изведените песни во Хрватска се на сметката на хрватското Здружение за заштита на правата на изведувачите (ХУЗИП), но парите се` уште не се исплатени па ќе видиме што може да се направи“, вели Славен Ристески, кој

21LIFE О К Т О М В Р И

а 16 октомври се навршуваат три Н години од смртта на


ВО КОНАЦИТЕ НА МАНАСТИРОТ „СВ. ПРЕОБРАЖЕНИЕ“ ИМА СОБА ИСПОЛНЕТА СО ПРЕДМЕТИ ПОСВЕТЕНИ НА ТОШЕ

фокус life

22 LIFE О К Т О М В Р И

„Во последно време само свири, не пее. Само ќе кажам дека е единствениот претставник од семејството кој зборува за Тоше и сите активности поврзани за неговиот лик и дело. Револтиран неговиот прв настап беше на три и полгодишна возраст кога Тоше имаше концерт на плоштадот во Крушево. Често со вујко е од некоректниот однос на одредени медиуми кои пишувајќи невистини за пејачот сакаат да дојдат до поголеми тиражи. При- му пееја дома. Тоше ќе пуштеше само музика, а Кристијан измислуваше текст па таквите средби се претвораа во семејни казната во српски „Таблоид“ за тоа дека Тоше наводно е жртва шеги. Доцна навечер Тоше ќе ми се јавеше по телефон и ќе ме на мафијата, ја смета за чиста лага. тераше да го однесам Кристијан во неговиот кревет за кога ќе „Нема вистина во пишувањето за заговорот за убиство или се врати доцна по полноќ, да биде со него. Чудно беше и тоа нешто слично. Станува збор за класична несреќа. Не не` иншто во песната ’Мое малечко’ како да се збогува од него. Во тересираат ниту пишувањата за сопственикот на ’Аворд‘, госеден период Тоше сакаше песни со тажни содржини, како за подинот Ласто Николовски, кој наводно кариерата на Тоше ја збогување“, додава Ристески. финансирал со нелегални пари. Тој важно вложи во неговата На Гумење повеќе не можат да се видат тезгите на кои се кариера, а неговиот бизнис не не` интересираше ниту нас нипродаваа различни дребулии поврзани за Тоше. Славен ги ту, пак, Тоше, кој беше одушевен што се најде таков човек за да спречил продавачите во нивната работа, бидејќи на нелегален вложи во него. Не е така како што се пишува, бидејќи приказначин заработувале без дозвола од семејството. Тие реагираните се резултат на неуспешно изнудување рекет“, додава нале и на работата на кафулето „Планет“, кое според Ристески шиот соговорник. почнало да работи како мал музеј кој ја продава приказната Родителите на Тоше се поштедени од приказните кои се пиза Тоше. шуваат за него. Не гледаат ниту телевизија - телевизорот им е Љиљана Петровиќ, менаџерката на Тоше, и семејството пуштен на каналот со цртани филмови. контактираат кога има повод поврзан со концерт или издавање „Кога ќе излезе нешто ново од него, ќе ме прашаат дали тој песна или албум. Таа одамна живее во околината на Ниш и се пее и потоа почнуваат да плачат. Беа и во Ерусалим. Баба ми го занимава со одгледување лаванда на големи површини. сонуваше дека е таму, па појдоа да го бараат. Ги посетија сите места што ги беше посетил и тој. Тоше оттаму се врати малку разочаран, велеше дека местото е искомерцијализирано. Тој по- СПОМЕН-ДЕЛА инаку го замислуваше. Многу приказни се вртеа околу неговото „Општината Крушево учествуваше во донесувањето на урбанистичките планови кои беа поврзани со сите градби кои асоцираат на липоследно патување, но малку е вистина“, додава Славен. кот и делото на Тоше Проески. Овде влегуваат патот до манастиКристијан, синот на Славен и Дора, беше премногу поврзан со рот и месноста Вршник каде што се наоѓа неговиот вујко. Откако ја сфатил вистината крстот. Улицата ’Маршал Тито’ е преимедека Тоше повеќе не е меѓу нив, се` помалку Помина хистеријата со која народот нувана во ’Тодор Проески‘ и е комплетно зборува за него. За неговиот музички талент беше зафатен по неговата смрт, реновирана. Во соработка со семејствоСлавен не сака да говори, велејќи дека вреа остана само непреболот то финансиравме и поставување споменмето ќе покаже дали тој, како што го нарена најблиските обележје во вид на музичка лира која го коа медиумите, е новиот наследник на Тоше.


фокус life

23 LIFE О К Т О М В Р И

ди и треба да се заврши до крајот на гоозначува почетокот на улицата. Собранидинава. Во неа ќе бидат сместени сите ето на РМ донесе одлука за градење МеНа пуштaњето во употреба на значајни работи поврзани со животот меморијалната фонтана со ликот моријален центар, односно уредување на Тоше Проески, семејството беше и кариерата на најголемата македонна гробното место на Тоше и изградба на покането, но не и консултирано ска музичка ѕвезда, ќе биде пренесена црква во близина на гробиштата. Елекза неговата изградба собата на Тоше во Крушево, музичкото тричната енергија за крстот ќе ја плаќа студио, сите предмети од куќата во ЗлоОпштината, а ќе ги покрие и тршоците за куќани, музичките албуми, облеката, фотографии, награди, икоуредувањето на самото место. По смртта на Тоше евидентен бени. Ќе недостасуваат работите земени од несовесните граѓани ше бројот на туристи кои го посетија градот, а потоа имаше застој. кои ја посетуваа семејната куќа додека беше отворена една гоНо, со неколку проекти како ’Крушево етно град’ и манифестацијата ’Крушевска република’, бројот на туристите се зголеми и работи- дина по неговата смрт. Спомен-домот се гради по иницијатива на граѓаните од цела Македонија кои собраа околу 5.000 потпите тргнаа кон подобро. Крушево е туристичка дестинација од поси за изградба на спомен-куќата. веќе аспекти. Треба да се уреди околината на езерото со цел да На христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица, во се направи еден спортско-рекреативен центар за да привлечеме спортисти. Последните две години се продадени 150 куќи, а цената населбата Ново Лисиче беше пуштена во употреба меморијалната фонтана со ликот на Тоше Проески. Семејството беше поканена квадратен метар достигна 500 евра, што е највисока до сега. Осто на пуштањето, но не и консултирано за неговата изградба. вен што се продаваат недвижностите, Општината направи две лоНа 5 октомври фан-клубот од Македонија ќе организира макации за викенд-населби. Едната населба веќе е продадена и сите нифестација „Ѕвездено небо“ пред платото на Домот на АРМ. кои ги купија тие локации треба да ги градат во стилот на крушевФондацијата им даде целосна поддршка со тоа што ќе им отстаската куќа за да се запази автентичноста на самиот град“, вели Вапи некои материјали кои не се видени до сега. ско Дамчески, градоначалник на Крушево. На 16 октомври, на тригодишнината од неговата смрт, ќе се Манастирот „Св. Преображение“, кој освен на Тоше стана дуосвети крстот и ќе се пушти спомен-плочата во Нова Градишка. ховно одморалиште и на сите негови посетители, доби струја Концерт во негова чест можеби ќе се одржи во јануари. и пат, а со тоа се исполнија уште две негови желби. Се` уште се Тоше загина на пат кон Загреб во близина на Нова Градишка, гради, а догодина треба да биде и осветен. На осветувањето ќе на 16 октомври 2007 година. Зад себе ги остави албумите: „Небиде пуштена и црковната песна „Облечи се во Христа“, препекаде во ноќта“ (1999), „Синот Божји“ (2000), „Ако ме погледнеш ана и со музика од Тоше. во очи“ (2002), „Ден за нас“ (2004), „По тебе“ (2005), „Божилак“ Спомeник во негова чест ќе биде изграден до стадионот во Нова Градишка од каде полета хеликоптерот со посмртните останки на (2006) и „Игри без граници“ (2007). Покрај музичката големина и поп-пејачот. Две години по ред на 16 октомври маратонци трчаат од талент, Тоше останува запаметен и по своите хумани дела, за што оправдано ја носеше титулата амбасадор на УНИЦЕФ. Последниродното Крушево до Нова Градишка. Оваа година се најавува погоот, незаборавен концерт на 5 октомври 2007 година на Градскиот лема манифестација со хепенинг и збратимување на двата града. стадион во Скопје имаше токму таква мисија. ¿ Спомен-куќата во Крушево на Гумење интензивно се гра-


политикон

Ова не е Германија! ¢ Марија Дивитарова

24 LIFE О К Т О М В Р И

ледано низ очите на еден Германец, лустрацијата не може да се спроведе одеднаш, потребни се години и години за процесот на Г прочистување на општеството да биде конечно завршен. „Во Германија поминаа речиси 20 години од донесувањето на Законот за лустрација. Секоја година имаме повеќе од сто илјади барања за отворање досиеја. Би рекол дека тоа е долгорочна задача, што не би завршила за две-три години“, вели Хелге Хајдемаер. Германец чија функција има долго и сложено име, а значи дека раководи со владината германска служба која ги истражува досиејата на поранешната Демократска Република Германија. Тоа е тело слично како македонската Комисија за лустрација, кое сe` уште им ги става на увид на луѓето досиејата што со децении ги водеше познатата Штази, или со цело име Министерство за државна безбедност кое, всушност, ја имаше улогата на тајна служба. За Германците, кои се една од водечките европски нации и чија економија е број еден на стариот континент, не е ниту чудно, ниту опасно тоа што лустрацијата трае речиси две децении. Процесот

тие го сфаќаат како клучен за демократијата бидејќи сметаат оти имаат право да ја знаат, како што ја нарекуваат, црната страна на тогашниот режим. За нив е важно лустрацијата да се спроведе до крај бидејќи, како што вели Хајдемаер, тоа ја зајакнува довербата во политичките институции. „Кога знаеме дека некој што работел за поранешните сили не е дел од нив, можеме да им веруваме на овие политички институции, имаме шанса демократијата да стане позитивна вредност. Можеби луѓето така ќе сфатат што значи демократијата наместо диктатурата“, вели Хајдемаер. Но, тоа е германска перспектива на нештата. Германскиот народ покажа неверојатна доблест да се соочи со грдата страна на комунистичкото минато и да ги објави имињата на оние кои соработувале со тајните служби и на тој начин граделе кариера или стекнувале лична корист. Само лани во германскиот парламент беа пронајдени петмина поранешни шпиони, соработници на тајната полиција. Беа


патишта процесот да помине или со други закони или да не се комплетира. Словенците, на пример, ја спроведоа лустрацијата со закон за судовите донесен во 1999 година, Хрватска не спроведе целосна лустрација, а Србија има Комисија од средината на 2003-та формирана веднаш по усвојувањето на Законот за одговорност за кршење на човековите права. Овој закон важи до 2013-та, но лустрацијата не се реализира до крај. Во Албанија, Уставниот суд го укина законот за лустрација со образложение дека е спротивен на Уставот и дека ги крши човековите права. Македонскиот закон за лустрација е донесен пред две години, но почна да се спроведува сега. Законот значи дека освен пропишаните, се воведува уште еден услов за некој да може да биде функционер, а тоа е да не бил информатор на тајните служби. Ова се покажа како премногу лизгав терен за транзициски општества како македонското. Ова, сепак, не е Германија! Во германскиот случај, како што објаснува Хајдемаер, има една предност што имаше и друга, слободна Германија. Ги поддржавме, вели тој, сите сили што сакаа да се справат со минатото. „Како што гледаме, кај нас, тоа е процес што трае со години“, вели Хајдемаер. Почнувајќи од 1991 година, германската лустрација беше планирано да трае 15, но тој рок се пролонгираше за уште пет години, па би требало да заврши идната година. Но, германското општество сe` уште со несмален интензитет се интересира за тајните досиеја и за имињата на тогашните кодоши и не е исклучено да има ново продолжување на процесот зашто, велат, лустрацијата е добра за демократијата или, ако сакате попрецизно, таа е мерило за демократската зрелост на земјата. Костова вели дека како и да се спроведува македонската лустрација, процесот треба да продолжи, или со нејзини зборови, „колку и да е монтипајтонски, не значи дека треба да дигнеме раце од него“.

политикон

откриени преку истражување на еден весник и предизвикаа голема јавна дебата. Хајдемаер вели дека тоа ја придвижи земјата напред. Но, многу појужно од Германија работите не се така едноставни. Македонија со недели се дави во лустрациска жабокречина и надмудрувања кој бил, а кој не бил кодош, или кој бил помал, а кој поголем кодош. Работата е во тоа што не постои силна политичка волја лустрацијата да се спроведе и еднаш засекогаш да се стави точка на процесот. Ако се прашува Јадранка Костова, новинар кој долги години се занимава со лустрацијата, ова што сега се случува е лажна политичка волја. „Се` она што се случуваше од почетокот на иницијативата за донесување на законот до денес се сигнали кои упатуваат на тоа дека сево ова е глумење политичка волја. Проблем е самиот модел што го имаме, прво целта на лустрацијата е да се дојде до деконспирација на доушничката мрежа. Со вака моделиран закон таа мрежа треба да остане поконспиративна и потајна“, вели Костова. Наместо да биде процес кој ќе го стабилизира општеството, лустрацијата дојде како нов ринг за политичка борба. Па така, прво Љубчо Георгиевски прати отворено писмо до премиерот Никола Груевски. Кажа дека токму меѓу коалициските партнери на премиерот се крие кодош. Па Комисијата за лустрација се посомнева дека извесен судија од Уставен суд соработувал со тајните служби. Па почнаа нагаѓањата кој од деветтемина уставни судии би можел да биде „нечист“? Потоа претседателот на Уставен, Трендафил Ивановски, лично се бранеше пред Комисијата дека не е кодош и дека станува збор за политичка местенка. Всушност, како што рече, неговото досие е фалсификат. Излезе и пратеникот Борис Стојменов, со слична реторика дека неговото име се валка во политички цели. И партиите се вмешаа во целата каша и ја претворија лустрацијата во уште еден политички циркус. Но, тоа е балкански синдром, бидејќи ниту една земја од регионот не ја заврши лустрацијата до крај. Се наоѓаа некои заобиколени

25 LIFE О К Т О М В Р И

За Германците, кои се една од водечките европски нации и чија економија е број еден на стариот континент, не е ниту чудно, ниту опасно тоа што лустрацијата трае речиси две децении.


02 322 16 35 www.panache.com.mk


Искрено ваш, доц. м-р Александар Ношпал, моден дизајнер, костимограф, професор по моден дизајн и декан на Факултетот за дизајн и мултимедија на Универзитетот ФОН

моменти со...

Ми претставува огромно задоволство да ви се обратам вака, директно, преку пишан збор, со изминати 18 години посветени на креација, наука и предаденост кон она што денес се нарекува најголем социолошко-естетски феномен, а толку неизбежен и секојдневно присутен – модата. Верувајте, и јас самиот не знаев како да ја започнам оваа моја колумна, толку важна за мене во овој момент. Домашното воспитување ми налага, како секој културен граѓанин на едно цивилизирано општество, да ви се претставам, иако многумина веќе сте запознаени со мојот лик и дело, најчесто преку медиумите. Едноставно, да имате претстава за мојот личен кредибилитет, зад кој ќе бидат во иднина потпишани многубројни пофалби, но и критики. После едно среќно и безгрижно детство поминато во мојот град Скопје, исполнето со големи сништа за вечен живот меѓу раскошни фустани како оние на големите мајстори Диор и Баленсијага, но замислувајќи ги своите музи облечени во строгите и гламурозни костими како оние на Шанел и Сен Лоран, успеав (со многу напор и убедување!) да стигнам во градот на светлината, Париз, и конечно да се доближам до она што се вика животен сон. Студентски денови исполнети со страст, полет и среќа, впрочем она што секој млад човек го посакува, посебно кога визијата за иднината му станува јаве. За една година наместо три во рака ја имав дипломата за она што Французите го нарекуваат стилист по Висока мода, она што дава влез во волшебниот таинствен свет на сјајот и гламурот. Влез во белите ателјеа на мадам Гре, на Лакроа, на Моленак, на Версолато, сe` што во оној момент значеше гордост, успех и радост. Рамо до рамо со Наоми, Линда, Надја, Амбер, Шалом, легендарните убавици впишани засекогаш во историјата на модата. За три години, повторно нов доказ – диплома за моделист на Висока мода, награден со Гран-при од личности како Кастелбажак, Рабан, месје Пакито и многу други ликови од светот на убавиот костим. Враќање во реалноста, во земјата на чудата, како Алиса во некој кошмар. Повторно Скопје, не толку сјајно и светло, сменето, расчленето, потонато во мракот на еден нов почеток. Работа во моето ателје во Дебар Маало, изолиран, осамен, разочаран, а гласот на неколку клиенти: „Дојдов кај мојот шнајдер!“, сe` уште одекнува во мојата глава. Но, животот продолжува, сепак сум човек што долго време живееше со парискиот „joie de vivre“. Првите чекори во „Тетекс“ и приказната за македонскиот успех почнува. Наплив од клиенти, луѓе од шоу-бизнисот, концерти, театарски претстави, градење на првата модна куќа „Систина“, забави, луди забави, пријателства и декаденција. Помош и почит кон колеги и новинари (ако некој од нив заборавил, нека се потсети сега, време е!), Македонската модна формација, желба и љубов да се из-

гради поубава иднина, не сам, туку сите ние заедно, ние - модните дизајнери. И конечно, растргнатост. Премногу работа, проекти, притисок. Премногу за еден уметник. Спас и бегство во Лондон. Посветеност на науката, а преку неа и кон самиот себе. Чистење на мозочните сиви клетки, празнење на некои стари досиеја, запишување нови и трајни вредности. Несвесно, но сигурно, уште еден доказ за тоа кој сум и што сум. А отсега и магистер. Почеток на нов живот и нови луѓе, повторно назад во Скопје, помудар, созреан и прочистен. Еден нов пат како професор, и најпосле декан. А, во блиска иднина и доктор, којзнае?! Тоа сум јас, драги мои! Без срам, со многу сеќавања и, еве ме, конечно, во ново издание. Тука сум да се борам против сe` она што се вика шунд. Кичот е сепак нешто што може да се искористи како инспирација. Тука не сум да предавам, иако секој ден тоа го правам, туку да споделам неколку мислења и да поставам неколку прашања, истите оние кои секојдневно си ги поставувате и вие. Тука сум да градам, да творам, да развивам. Тука сум да кажам дека ние не сме само од онаа страна на ѕидот, талентирани и неписмени. Тука сум да зборувам за убави, но и за лоши нешта, спремен да давам и да примам. Тука сум за вас и со вас. Се сеќавам, во минатото, пред многу години, штотуку вратен од Запад, кога купував ткаенини, најчесто во Старата чаршија, љубезните продавачи најчесто ги делеа ткаенините на свила и штоф. Без разлика дали тоа беше навистина свила, волна или полиестер, тенките беа свила, проѕирните муслин, а дебелите штоф или кепер. Работите почнаа да се менуваат, патот на свилата дојде до Скопје, а ние сепак го привлекуваме и сe` уште го почитуваме неговото величество полиестерот. Зашто, не се гужва, не се пегла, евтин е и практичен. Како многумина меѓу нас денес. Сакам преку овие неколку реда зборови во иднина да ви ја опишам убавината на свилата, на рафинманот, на начинот на кој таа се употребува и искористува, онака како што знаат само оние „petites mains“ да го прават тоа со нивните тенки прсти во Високата мода. Да ви ја откријам разликата меѓу она што значи 100% свила и 100% полиестер! Некои ќе мислат исто, некои спротивно, некој ќе се смее, а некој ќе плаче. Важно сите да се забавуваме, јас додека пишувам, а вие додека читате.

27 LIFE О К Т О М В Р И

ДРАГИ ПРИЈАТЕЛИ НА УБАВОТО И СТИЛОТ,


блуза, пантолони и ремени - Calliope чевли - Victor Chevignon


едиторијал

ИНДИВИДУАЛНОСТ

Карактеристика што секој сака да ја поседува, а сепак да не ги разоткрие тајните на нејзиното постоење. Таа е дива, необична, а сепак смела и доволно екстравагантна. Во бегство од обичното, а следена од убавото. Индивидуалноста претставена преку младата Емилија Пендева и нејзиниот ангел заштитник – уметноста.

29

LIFE О К Т О М В Р И

Фотографија: Кире Галевски Уметничка реализација: Александар Ношпал Модели: Емилија Пендева Илија Илов (Моделс Ин) Стилисти: Митко Занов Андреј Ѓоргиевски Шминка: Елена Арсовска (Panache) Фризура: Бојан Стојановски (Panache)


бунда и ремен на глава - Calliope кратки пантолони од џинс - Miss Sixty ремен и алки - Terranova


31 LIFE О К Т О М В Р И

интервју


бунда - Marella џинс - Miss Sixty марама околу гради и тенки ремени - Calliope


LIFE О К Т О М В Р И

33

елек - Calliope блуза од пулејки, џинс и паричник - Miss Sixty качкет - Terranova


34 LIFE О К Т О М В Р И


35 LIFE С Е П Т Е М В Р И

туника и ѓердани - Terranova пантолони од џинс, јакна и ракавици - Miss Sixty


јакна, шапка и ремени околу нозе - Calliope џинс и чизми - Miss Sixty ремен - Terranova торба - VIA


фустан - Calliope, алки - Terranova, чевли - Miss Sixty


СТИЛ

СВЕТСКИТЕ ПИСТИ КАЈ НАС 1

38

LIFE О К Т О М В Р И

5

4 ДЕРЕК ЛАМ ЕСЕН – ЗИМА 2010


СТИЛ

3

1 Q крзнена јакна – MISS SIXTY (11.890 ден.) 2 Q тесно здолниште – MANGO (1.999 ден.) 3 Q памучна кошула во две бои – CАLLIOPE (699 ден.) 4 Q кожни чизми – VIA (32.990 ден.) 5 Q кожен колан на врзување – MANGO (1.990 ден.) 6 Q брош – 4U ACCESSORIES (990 ден.)

6

39

LIFE FE О К Т О М В Р И

2


СТИЛ

1

40

LIFE О К Т О М В Р И

3

ПОЛ СМИТ ЕСЕН – ЗИМА 2010

1 Q кожна јакна – HUGO BOSS (44.900 ден.) 2 Q памучна блуза – SPRINGFIELD (1.090 ден.) 3 Q памучни пантолони – CALLIOPE (1.599 ден.) 4 Q патики од велур кожа – SPRINGFIELD (2.390 ден.) 5 Q кожен ремен во две бои – TERRANOVA (699 ден.)


СТИЛ

СВЕТСКИТЕ ПИСТИ КАЈ НАС 2

5

подготвил: Александар Ношпал асистенти: Митко Занов и Андреј Ѓоргиевски модно студио: Моделс Ин

41 1 LIFE О К Т О М В Р И

4


А ТОЛКУ МАЛКУ МАТЕРИЈАЛ

CHIC-UNDERCOWEAR ДОЛНА ОБЛЕКА... ТОЛКУ МНОГУ ДА СЕ КАЖЕ,

креативци

Како би го дефинирале вашиот стил? Многу нослив, еклектичен спој на автентичен крој со проткаени КИЧ елементи на принтови и бои, и нималку едноставност. Кое модно парче, според вас, е најтешко да го дизајнирате? Долна облека... Толку многу да се каже, а толку малку материјал. Кој или што претставува за вас главен извор на инспирација? Многу фактори: Најчесто моите или туѓи фрустрации... и соодветно на нив, бунтувањето со околината и со самиот себе... Во која област од вашата работа најмногу уживате (или која област од вашата работа ви претставува најголемо задоволство)? Кога плодот на мојата работа ќе го видам на улица на насмеана личност. Која е вашата икона на стил и добар вкус? Сите женски фигури од потесното семејство, на чело со г-ѓа Мама. Кое дело, автор или личност од областа на уметноста, литературата или архитектурата најмногу ве импресионира? Целата поп-арт култура како движење, најмногу поради едноставноста на целата филозофија околу консумеризмот во тоа време, и фактот што нејзините претставници доживеале да уживаат во плодовите на творештвото. Кои се вашите планови за иднината? Да се реинвентирам со секоја наредна колекција.


www.chic-undercowear.com chicundercowear@gmail.com facebook: chic undercowear

креативци LIFE О К Т О М В Р И

CHIC-UNDERCOWEAR

Роден во Скопје во студената ’84-та, во тогашната социјалистичка република. Со поминатото детство во доцните осумдесетти и раните деведесетти се создавала еклектичната естетика на креаторот на тоа што денес значи CHIC-UNDERCOWEAR. Социјалната и модна свест ја почнува од својата петта година кога децидно одбива да биде придружуван од својата мајка и потполно сам си го избира и купува првото парче гардероба. Подоцна се восхитува од фантастичните крзна на својата баба и сите парчиња со енормни потполнки на својата мајка, со целата таа фама околу нивното купување во Солун или Трст, веќе доволно свесен за тоа што понатаму би сакал да биде неговата животна окупација. По завршувањето на средното уметничко училиште во Скопје, заминува за Милано каде што конечно се сретнува со реалната модна индустрија и сите нејзини добри и лоши страни. Па така, уште како студент макотрпно работи за многу еминентни италијански брендови: FIORUCCI, FORNARINA, за суми коишто потоа биле вложувани во еден пар GUCCI чевли без трошка каење... После неколку поминати години и борба со суровоста на модната индустрија таму, решава да се врати во Македонија каде што по некој сплет на околности, почнува да работи за македонски фирми како ’фриленс‘ дизајнер. Конечно, пред една година се раѓа идејата за своја етикета и како експеримент почнува целата приказна за брендот CHICUNDERCOWEAR со непознатиот дизајнер, без никаква претенциозност дека нешто ново е измислено - туку е само еден различен начин на претставување пред нашиот консумент. Колекцијата е претежно составена од носливи парчиња што го опфаќаат секој дел од женската гардероба, потполнета и со мини колекција на асесоари концептуално соодветни на тековната линија. Дизајнерот живее и работи во Скопје. До кога? Се надева, што подолго...

43

ПРОФЕСИОНАЛНА КАРИЕРА:


жешка тема

Новак Ѓоковиќ

СВЕТСКИ ТЕНИСЕР 44 LIFE О К Т О М В Р И

И ПОДЕДНАКВО ДОБАР ШОУМЕН

ТЕНИСЕРОТ НОВАК ЃОКОВИЌ СО ЗЛАТНИ БУКВИ ЈА ИСПИШУВА ИСТОРИЈАТА НА СРПСКИОТ ТЕНИС ВО СВЕТОТ. ИСКЛУЧИТЕЛНО ТАЛЕНТИРАН И УПОРЕН, СИГУРНО ЧЕКОРИ КОН ШАМПИОНСКОТО МЕСТО НА АТП ЛИСТАТА, КАДЕ МОМЕНТНО Е ВТОР. ЃОКОВИЌ Е НАЈДОБАР ТЕНИСЕР МЕЃУ ШОУМЕНИТЕ И НАЈДОБАР ШОУМЕН МЕЃУ ТЕНИСЕРИТЕ. ПОКРАЈ ФАНТАСТИЧНАТА ИГРА, НА ПУБЛИКАТА И Е СИМПАТИЧЕН ПОРАДИ РУШЕЊЕТО НА СТЕРЕОТИПНИОТ ОДНОС НА ТЕНИСКИТЕ ИГРАЧИ. ЌЕ ОСТАНЕ ЗАПАМЕТЕН И ПО ОДЛИЧНАТА ИМИТАЦИЈА НА ИГРАТА НА НЕГОВИТЕ КОЛЕГИ, КОИ НИКАКО НЕ МОЖЕА ДА МУ СЕ НАЛУТАТ, ТУКУ САМО ДА СЕ НАСМЕАТ. НОВАК ЕДНОСТАВНО ЗНАШЕ КАКО, ОСВЕН ОД СУДИИТЕ, ДА СОБЕРЕ ПОЕНИ И ОД ПУБЛИКАТА.


жешка тема

подготви: Силвана Жежова

o АП

тот, истата онаа реченица која одамна ја слушнав од Моника Селеш кога беше девојче“, изјави Јелена Генчиќ, која за тенискиот развој на Ѓоковиќ се грижеше до неговата 12-та година. „Јелена е наш семеен тренер. Таа го создаде Новак, а тој и ` должи многу. Му всади посебен однос кон спортот и животот. Така работи и со Марко и Ѓорѓе. Верувам дека и тие ќе успеат бидејќи Јелена никогаш не погрешила во процените“, изјави Срѓан, таткото на Новак. Ѓоковиќ потекнува од семејство на спортисти, неговиот татко уште од мали нозе бил скијач, а подоцна и професионално се натпре-

ПАТОТ КОН ЅВЕЗДИТЕ На 16-годишна возраст постигна врвни резултати поради кои можеа да му позавидат многу постари тенисери од него. Својата професионална кариера Новак ја започна во 2001 година на 14-годишна возраст. Таа година освои тројна титула и стана првак на Европа (сингл,

E

РОДИТЕЛИТЕ НА НОВАК, СРЃАН И ДИЈАНА, ПО ПОБЕДАТА НАД ФЕДЕРЕР

варувал во овој спорт. Работел како инструктор во престижната Генексова школа за скијање на Копаоник каде ја сретнал неговата идна сопруга Дијана. Нивните средби на белите патеки и љубовта кон планината ги споила и приватно. „Новак се развиваше, требаше да се следи во сe`, а немавме доволно финансии. Општеството како по правило подоцна ќе се сети на талентираните деца, откако ќе почнат да освојуваат медали и признанија. Можете да замислите како ни беше кога на дванаесет и пол години првпат замина од дома. Три месеци беше во Германија, во Минхен, во Тениската академија на Никола Пилиќ кој за него се грижеше како за свое дете. Но, тоа имаше и свои добри страни. Новак започна да се осамостојува порано, па подоцнежните подолги отсуства од дома не му паѓаа тешко“, изјави во една прилика неговата мајка Дијана. Семејството му е голема поддршка не само од трибините туку и во животот. „Најбитно е да имате луѓе околу вас кои ќе ви бидат поддршка до крајот на животот. Нормално има моменти и кога сакам да бидам сам. Фала Богу, тие знаат да препознаат кога поддршката ми е потребна и имаат можност да бидат со мене. Семејството е најголема вредност и негуваме заемна љубов. Да не беше татко ми и неговиот став, денес немаше да бидам тоа што сум“, често истакнува Новак во интервјуата.

45 LIFE О К Т О М В Р И

СЕМЕЈСТВО И ПОЧЕТОЦИ Ѓоковиќ првите чекори во тенисот ги направи на четиригодишна возраст, во тенискиот камп на Јелена Генчиќ на Копаоник. Легендата на југословенскиот тенис за него искоментира дека е најголемиот талент кој го сретнала по Моника Селеш. „Никогаш нема да заборавам кога четиригодишно момче дојде во кампот со тениска торба уредно спакувана за вистински професионален тренинг. Го прашав кој му ја спакувал торбата, ми одговори дека самиот тоа го направил. На прашањето што сака да биде кога ќе порасне, без размислување ми рече: прв тенисер на све-


жешка тема LIFE О К Т О М В Р И

46

дабл и екипно). По одигрувањето на повеќе престижни и пет ИТФ-турнири, го зазеде 40. место на најдобрите јуниори во светот. Во 2003 година го освои првиот АТП-поен, а по влезот во светот на професионалците ја прескокна половина листа најдобри тенисери. На последниот фјучерс играше полуфинале, а на патот до него го надигра 16 години постариот Француз Салвес, човекот кој во деведесеттите беше пет години меѓу првите сто на светот. По челинџот во Белград во почетокот на февруари 2005 година, донесе одлука во иднина да се посвети на професионалните турнири и патот кон врвот на листата на професионалните тенисери. Истата година се пласираше на 80. место на светската ранг-листа. Наредната година по освојувањето на првиот АТП-турнир стана најмладиот играч во топ 20, сезоната ја заврши на одличното 16. место. Во 2007 година ја освои првата титула од Мастерс серијата на петтиот Гренслем турнир во Мајами. Неколку недели подоцна српскиот тенисер одигра полуфинале на Ролан Гарос и Вимблдон за потоа да го освои турнирот во Монтреал, совладувајќи ги првите тројца тенисери во светот: Роже Федерер, Рафаел Надал и Ендрју Родик. На Отвореното првенство на Америка стигна до своето прво Гренслем финале каде беше поразен од Федерер. Наредните две години одигра повеќе од десет финалиња, а на победничкото место се искачи во Дубаи, Пекинг, Базел, Париз. Победата на овие турнири му овозможи да се доближи до втората позиција која му беше животен сон. Оваа година ќе ја памети по четири големи достигнувања, во февруари тој се искачи на второто место на АТП-лис-

тата, по првпат во својата професионална кариера, а исто така постигна и значајни резултати со српската репрезентација. По неодамна завршеното Отворено првенство на Америка Ѓоковиќ одигра натпревар за паметење кога го победи Роже Федерер и во финалето се сретна со првиот тенисер на светот, Рафаел Надал. Иако не успеа да го надвладее, тоа беше уште една негова игра која ќе влезе во аналите на светскиот тенис. „Голема е фрустрацијата да се игра против Рафе, бидејќи е сe` подобар. Му симнувам капа, тој е вистински шампион, добра личност и фантастичен пример за спортистите. Ќе биде најдобар тенисер во историјата“, изјави Ѓоковиќ по одиграниот натпревар. Шпанскиот ас, по крајно возбудливата игра му оддаде признание на Новак за фантастичната игра. „Сакам да му честитам на Новак за одлично одиграниот натпревар. Но, посебно сакам да го пофалам начинот на кој го поднесе поразот, иако одлично тактички го имаше подготвено мечот. Им покажа на децата како треба да се однесува еден спортист во тешки моменти. Новак е голем играч и уверен сум дека наскоро ќе освои еден трофеј на Грен-слем турнир“, му возврати Надал. Со пласманот во финалето, Новак доби 860 илјади долари и второ место на АТП-листата. Ѓоковиќ е победник и на првиот АТП-турнир во Белград, Отворено

првенство на Србија. Турнирот организиран по иницијатива на претпријатието на семејството на Ѓоковиќ, „Фемили спорт“,од страна на организаторите беше прогласен за исклучително важен настан за развојот на тенисот во Србија. НОЛЕ ПРИВАТНО Секој има свој идол, а така е и со Новак Ѓоковиќ. Негов избор е Американецот Пит Сампрас, за кој изјави дека му се допаѓа како сервира, но и како се однесува на теренот. Зборува англиски и германски јазик, во слободно време сурфа на интернет, гледа филмови, слуша музика која го опушта, а понекогаш и излегува со пријателите. Сака домашна храна, салати и негазирани сокови. Од средината на 2006 година негов тренер е Марјан Вајда, со кого соработката е полн погодок. Иако медиумите често го поврзуваа со неговите колешки Ана Ивановиќ, Марија Шарапова и со многу познати девојки, Новак има долгогодишна врска со белграѓанката Јелена Ристиќ со која заедно живеат во Монте Карло. „Се навикнав на тоа медиумите да создаваат слика за мене како што тие

Се навикнав на тоа медиумите да создаваат слика за мене како што тие сакаат и тоа е она што го нарекувам товар на популарноста. Млад сум, сакам добра забава, но во стабилна врска сум со девојка која во потполност ме прави среќен. Таа е љубовта на мојот живот


жешка тема АНА ВИНТУР, УРЕДНИЧКАТА НА „ВОГ“ И МИРКА ФЕДЕРЕР

сакаат и тоа е она што го нарекувам товар на популарноста. Млад сум, сакам добра забава, но во стабилна врска сум со девојка која во потполност ме прави среќен. Таа е љубовта на мојот живот“, изјавил Новак за неговата девојка која честопати го бодри од трибините. Новак е најдобар тенисер меѓу шоумените, но и најдобар шоумен меѓу тенисерите. Имитирањето на играта на неговите колеги, до бескрај ја забавуваше публиката на терените и гледачите пред малите екрани. Неговата смисла за хумор даде една нова димензија на натпреварите и внесе свежина меѓу љубителите на овој спорт. Вљубениците на тенисот подеднакво ја очекуваа неговата игра, но и забавната страна на неговата личност. Освоените турнири ги прославува на мирна вечера во ресторан, а не на луди забави како што мисли публиката, бидејќи натпреварите се прилично исцрпувачки. ФИНАЛНИОТ И ПОЛУФИНАЛНИОТ МЕЧ НА ГОДИНЕШНИОТ ФЛЕШИНГ МЕДОУ ГО ПРОСЛЕДИЈА БРОЈНИ СВЕТСКИ ЅВЕЗДИ, МЕЃУ КОИ ДОНАЛД ТРАМП СО СОПРУГАТА МЕЛАНИЈА, ЧАРЛИЗ ТЕРОН, ДЕЈВИД ДУХОВНИ И ТЕА ЛЕОНИ, УРЕДНИЧКАТА НА „ВОГ“ АНА ВИНТУР, АКТЕРКАТА ЛИВ ТАЈЛЕР, МАНЕКЕНКАТА БАР РАФАЛИ СО НЕЈЗИНОТО МОМЧЕ ЛЕОНАРДО ДИ КАПРИО, РОБЕРТ РЕДФОРД, БРЕДЛИ КУПЕР, ГРЕЈС ЏОНС.

„За да се дружам со некој, мора да ме импресионира како човек а не како позната личност. Запознав многу светски ѕвезди кои ги сакав како мал, а сега доаѓаат на натпреварите. Сепак, тоа не е доволно за вистинско пријателство. Во една прилика, на еден од турнирите каде што настапував, покрај моите родители седеше Роберт де Ниро и навиваше за мене. Со Ана Ивановиќ бевме кај него и неговата сопру-

ЛИВ ТАЈЛЕР

га Грејс на вечера, се запознавме и тие станаа мои навивачи. Слични сме по тоа што секогаш е подготвен за шега. Многу е пријатен и непосреден“, изјави Ѓоковиќ за дружењето со славните ѕвезди. На годинешниот Отворено првенство на Америка во ложата со родителите на најпознатиот српски тенисер се најде и нашата манекенка Бојана Васиќ, која две години живее во Њујорк и студира менаџмент. Според изјавите на нејзините родители, Бојана и Новак биле пријатели и се дружеле заедно со друштво од ексјугословенските простори кое се собирало во одреден ресторан во Њујорк. Бојана добила и рачен часовник со посвета од Ѓоковиќ како и карти за проследување на сите турнири. Во навивачката ложа на Ѓоковиќ беше видена и популарната српска пејачка Наташа Беквалац, која сама во Рим проследи негов натпревар. Ова нејзино појавување на трибините ги подгреа шпекулациите за наводната врска меѓу популарниот тенисер и поп-пејачката. Тие цело време ги демантираат овие гласини, со изговор дека Данило Икодиновиќ, сопругот на Наташа, и оваа позната пејачка се блиски пријатели со семејството Ѓоковиќ. Во тешките моменти по сообраќајката на српскиот репрезентативец во ватерполо Икодиновиќ, семејството Ѓоковиќ им пружи најголема поддршка. Ѓоковиќ освен што е одличен тенисер и забавувач, успешно се снаоѓа и во улогата на манекен, па досега има учествувано на неколку модни ревии. Неодамна снимаше и кампања за брендот „Серџо Такини“. Српскиот тенисер дефинитивно е омилена личност на забавите на светскиот џет-сет, а иако многу млад, успешно се носи со тежината на славата која му ја донесе неговата љубов кон тенисот. ¿ Новак едноставно знаше како, освен од судиите, да собере поени и од публиката

47 LIFE О К Т О М В Р И

ДОНАЛД ТРАМП СО СОПРУГАТА МЕЛАНИЈА


Јелена Спенџарска е девојката што го води Слаткар во шопинг. За себе вели дека е слободна, духовита и темпераментна - токму каква што ја гледаме и во спотот „Шопинг“. Работи како фотомодел и манекенка пет години, а неодамна ги заврши и студиите по новинарство. Јелена има учествувано во повеќе музички и рекламни спотови, водителка е на неколку интерактивни квизови по нашите ТВ-канали, а дел е и од екипата на Радиски фестивал 2010 година.

Фотографија: Кире Галевски Фризура и шминка: студио „Panache“ Mодно студио: „Црнокрак“ Kостим за капење: „Golden Point“


49

LIFE О К Т О М В Р И


ОХРИД НИЗ ОЧИТЕ НА ВЛАДИМИР ВАСИЛЕВСКИ - ЧЕТКАР

Носталгичен и кога е дома


51 LIFE О К Т О М В Р И


низ очите на...

ПРЕКУ ЧЕТКАР ОТКРИВМЕ ЕДЕН ПОИНАКОВ ОХРИД, ТАКОВ КАКОВ ШТО ЗАСЛУЖУВА ДА БИДЕ. СО СТРАСТ ЗБОРУВАШЕ ЗА АНТИЧКИОТ ТЕАТАР, СО СПОКОЈ ЗА КАНЕО, СО ВОЗБУДА ЗА КАЈЧЕТО И СО ЉУБОВ ЗА ГРАДОТ

¢ Силвана Жежова 52 LIFE О К Т О М В Р И

o Кире Галевски

а се види Охрид низ очите на музичарот Владимир Василевски - Четкар најпрво Д значи да се погледне во историјата и митологијата за градот. Пред да заминеме на сите оние места кои нему му значат, Четкар раскажуваше за свадбата на Кадмо и Хармонија, за Дионис и неговите нимфи и за старото име на градот Енхелеа, што во превод значи „градот на јагулите“. Сите овие приказни поврзани за неговиот град одлично ги знае и се негова инспирација во креирањето музика. Толку е вљубен во Охрид, што и кога е таму му недостасува. Живее во Њујорк, на Менхетен, а секоја година си доаѓа за да се види со семејството и пријателите, но и да ужива во убавините на градот како кога бил дете. За него е успех што кафето во „Аквариус“ и погледот на езерото се` уште ги доживува на наивен детски начин. Тој е непосреден и топол во комуникацијата со неговите сограѓани на кои, освен убава свирка, им подарува најискрени насмевки и прегратки. Благодарение на таквиот однос, две охридски семејства кои имаат куќи со неповторлив поглед кон езерото во населбата Канео, ги отворија вратите и овозможија фотографирање во нивните дворови. Тука Четкар позираше со јаболко, како штотуку да излегол од

рајот. За разлика од Ева, одолеа на искушението да го гризне сочниот и црвен плод, веројатно затоа што е маж. Таа привилегија повторно `и ја остави на жената за да го повтори библискиот грев. Во размислувањата за животот и духовноста која ја негува со сите негови сетила како да е собрана сета источна духовна мудрост која посочува на похрабар и порамнотежен живот исполнет со изобилство и радост. Преку Четкар ние откривме еден поинаков Охрид, таков каков што заслужува да биде. Со страст зборуваше за Античкиот театар, со спокој за Канео, со возбуда за кајчето и со љубов за градот. Да, раскажуваше за љубовните приказни од митологијата, ги посетивме сите места за кои е поврзано неговото детство, сегашност и иднина, а за неговата љубовна приказна слушнавме дека е поврзана со една Маја. За нас таа остана неоткриена како легенда - раскажана, но незапишана. Танцот на голите самовили околу огнот во Љубаниште, романтичните моменти на дивите плажи после Градиште и што точно Дионис правел со неговите нимфи се приказни кои ни ги препушти на фантазијата. Охрид е град на чудата, овде човековата фантазија станува реалност, а животот на Четкар е жива потврда за тоа.


Од „Аквариус“ се упативме кон Античкиот театар, значајно место за детството и кариерата на Четкар. Овде се одржаа три важни концерти за него како музичар. Првиот го означи стартот на кариерата, а последниот беше потврда дека е на вистинскиот пат во создавањето и испишувањето на една музичка приказна создадена според сопствени ноти. „Тука седам и се потсетувам на играта со другарите како мало дете, кога беа откриени само неколку реда од Античкиот театар . Игравме Индијана Џонс и баравме скриено богатство. Откако почнаа целосно да го откриваат, замислувавме дека еден ден овде повторно ќе има концерти и претстави. И навистина тоа почна да се остварува преку Охридско лето и други независни концерти. Местото повторно се користи за она за што и било направено пред повеќе од 2.000 години. Има многу антички театри низ светот, но вообичаено се наоѓаат на периферијата или во градовите кои веќе не постојат. Охридскиот антички театар се наоѓа во срцето на градот кој непрекинато живее веќе неколку милениуми. Токму затоа овој шарм на Антички е многу редок. Фантазирав да свирам овде и тоа ми се оствари во 2003 година во рамките на Охридско лето кога беше мојот прв голем солистички концерт. Се претставив пред полн

КАНЕО – ДУХОВНО СМИРУВАЊЕ И НЕГУВАЊЕ НА ЕМОЦИИТЕ На Канео нашиот соговорник го пронаоѓа својот духовен мир. Секое годишно време на ова

место за него е посебна магија која секогаш ја доживува поинаку. „Со другарите доаѓавме во текот на целата година и имавме време да развиваме поинакви емоции. Местото од духовен и природен аспект е уникатно, тоа е симбол на градот и на Македонија. Кога сум нервозен или вознемирен, доаѓам тука и се смирувам. Духовното во себе го одржувам преку сите мои сетила: преку прекрасни пејзажи, преубави мозаици, уметнички дела, преку прекрасна музика, природа, птици, жуборењето на водата. Сето тоа е многу тешко да се дефинира, но резултатот е неверојатен и неопислив со зборови. Најголем успех за мене е ако со истиот интензитет го чувствувам местото како порано. Тоа е како кога првпат слушаш музика, кога си дете ја доживуваш на најнаивен и најемоционален начин. После Академијата не секој ја задржува таа наивност. Стануваш премногу критичен и аналитичен. Се обидов да заборавам малку на Академијата и да ја вратам наивноста во мене. Сметам дека така можам да ги напишам најубавите дела. Да ги имаш двете, односно да го задржиш и едното и другото е многу тешко. Академијата, за жал, понекогаш може да го скрши уметникот. Хуманоста и непосредната поврзаност со пријателите, фамилијата и градот ми даваат стабилна основа каде што можам да се навратам и да почнам да работам со истиот ентузијазам“.

На прашањето дали е носталгичен кога е во Њујорк, нашиот соговорник одговори: „За Охрид ме фаќа носталгија и кога сум тука. Тоа е изрека на Гауди за Каталонците, дека се толку носталгични, што се носталгични и кога се дома. И јас го чувствувам истото за Охрид и Македонија. Многу би бил емотивно празен доколку не дојдам во лето. Поврзан сум со фамилијата. Да не беа тие, немаше да бидам тоа што сум сега. Мојот татко со занает ме школуваше на Беркли. Тој се занимава со производство на различни видови четки, па од фамилијарниот занает доаѓа и мојот прекар – Четкар“.

низ очите на...

Патувањето низ Охрид со Четкар најпрво го започнавме од „Аквариус“ каде што не` чекаше на најубавата маса со прекрасен поглед на Канео и Галичица. Подоцна во разговорот ни откри дека останува верен на местата кои традиционално ги посетува и каде сака да ги негува спомените. Овде ги направивме првите фотографии, и иако им го нарушивме мирот на гостите, никој не ни забележа. „Уште кога ’Аквариус‘ се отвори пред дваесет години, доаѓав со мајка ми и татко ми. Беше уникатен, оригинален и актуелен и таков остана до ден-денес. Овде се случи еден од моите први настапи, заедно со Тијана Тодевска. Потоа често имав свирки, а годинава одржав прекрасен концерт со лондонскиот квартет по концертот во Антички и пред настапот на Нишвил џез-фестивал. Атмосферата беше опуштена, клупска, и тоа беше еден од најдобрите настапи летово кој во исто време ми овозможи да се сетам на првите свирки. И после толку време ми остана чувството на наивно доживување на пиењето кафе овде и погледот кон езерото како кога сум бил мал. Се отворија и нови места кои исто така се добри и во ред е да има различна понуда. Сепак, најмногу ги поддржувам култните кафулиња и клубови меѓу кои е и најстариот џез-клуб во Македонија ’Џез ин’. ’Ликвид’ ми е исто така едно од драгите места во градот. Ако нешто препознаам дека е добро, останувам верен на тоа и не правам компромиси. Трендот е моментален, а стилот е вечен“.

театар, што беше еден неверојатен момент и прво поголемо и позначајно искуство во кариерата на кое ќе се сеќавам цел живот. И минатогодишниот и годинешниот концерт беа магични, бидејќи театарот се наполни со прекрасна публика која зрачеше со максимално позитивна енергија. Успехот е уште поголем ако се земе предвид колку тешко е да се наполни таков театар со музика која не е толку комерцијална. Сигурно дека ќе продолжам со традицијата да свирам на ова место кое го знам откога знам за себе. Секаде е убаво да настапуваш, но дома, на местото каде што си пораснал, е тоа е посебна хемија“. Ова ни го раскажа Владимир седнат на врвот на Антички театар каде бевме само ние, по некој турист и охриѓанецот Тунте кој во Владимир го препозна неговиот брат Васил. Од него дознавме дека и двајцата браќа личат на нивната мајка Славица.

КАЈЧЕ, РИБОЛОВ И ПОСЕТА НА ДИВИТЕ ПЛАЖИ Спомените за кајчето се врзани за ловењето риба на блинкер со најблиското семејство. Се станувало многу рано, кога ѕвездите на небото се надвиснати блиску до езерото. Постојат оган, вода, небо, земја, и во Охрид – кајче. „Освен за ловење риба на блинкер, со другарите кајчето го користевме да одиме на плажа во Градиште. Возевме по неколку часа. Кога пеевме се создаваше прекрасно ехо од Галичица и карпите во околината. Уште го чуваме нашето кајче кое беше бојадисано во бела и кафеава боја. Во него се чувствуваш како да си дел од езерото. Најомилено место ни беше на средината на езерото каде водата е најчиста и најдлабока. После Градиште има фантастичен предел со многу диви плажи кои се идилични, диви и нечепнати“.

LIFE О К Т О М В Р И

АНТИЧКИ ТЕАТАР – СОНИШТАТА СЕПАК СЕ ИСПОЛНУВААТ

53

„АКВАРИУС“ И „ЏЕЗ ИН“ НАИВНО ДОЖИВУВАЊЕ НА КАФЕТО И ЕЗЕРОТО


низ очите на...

ЊУЈОРК, ЊУЈОРК

54 LIFE О К Т О М В Р И

ОХРИД - ГРАДОТ ЈА ГУБИ АВТЕНТИЧНОСТА „Aко не се сочува историјата, нема иднина за градот. Езерото е од редок вид и такви во светот нема многу. Сум бил на фантастични места, како Карибите и Хаваи, но редок е спојот на историјата и убавината. Охрид ми е драг во септември кога можам да се релаксирам и на вистински начин да ги доживеам неговите убавини. Јас барам некој поинаков Охрид и поинаква слика за него. Ми пречи што во центарот на Охрид се испреплетуваат турбо-фолк звуци, тие не припаѓаат на ова место. Жалосно е да има кич таму каде што не му е местото. Убави работи се случија од археолошки ас-

пект, но ликот на градот се промени по неприроден пат. Нека се сочува автентичноста, бидејќи каде и да одиме, културата е многу важна, а ние ја губиме доброволно. Денес е реткост да се слушне традиционална охридска музика. Турбо-фолкот го оддалечи народот од самиот себе. Кичот ќе земе данок со духовното здравје. Има многу добри чалгаџиски групи, но, за жал, речиси и да нема место за таа музика. Во рестораните не гледам ниту традиционална храна на менијата, и затоа мислам дека Охрид треба поинаку да се развива. А тоа, пак, ќе повлече поинакви туристи“. ¿

БОРБА СО КОНКУРЕНЦИЈАТА На деветти октомври Четкар ќе настапи на Бродвеј во познатиот клуб „Иридиум“ на Менхетен. „Иридум“ и „Блу ноут“ се можеби најголемите ривали, а во „Блу ноут“ веќе имал три концерти во ударни термини во престижната програма „лејт најт шоу“. Неговите настапи побудиле голем интерес кај трагачите по таленти кои му понудиле да свири во „Иридиум“, како битно место за гитаристи и млади таленти. „Во туристичките каталози и магазини за Њујорк како препорака за места кои треба да се посетат е и ’Иридиум’. Можноста која ми е дадена е неверојатна, бидејќи настапувам сабота навечер. Ќе свирам со мојот

њујоршки квартет кој е во мешан состав: Јапонец, Афроамериканец и двајца Балканци. На седми јануари ќе настапам во БАМ (Бруклинска академија за музика) што е многу важно за мојата кариера. Воедно соработувам со диџеј Димитри од Париз и со Том Молтон. Тие луѓе ми дадоа признание и многу ми помогнаа во кариерата. Њујорк е битно место за еден уметник бидејќи има незамислива конкуренција, а конкурентноста во која било смисла е показател за зрелоста на една нација. Јас како Македонец ја промовирам државата бидејќи сум со македонски пасош и уметничка виза. Им велам на уметниците да се обидат. Еве, јас сум таму, работам и живеам од тоа“.


САША БАРОН КОЕН КАКО ФРЕДИ МЕРКЈУРИ

Телевизиската серија „Mad Men“ („Момците од Медисон“) и годинава е прогласена за најдобра драмска серија на доделувањето на американските ТВ-награди „Еми“, а најдобра хумористична серија е „ Модерно семејство“, со што е прекинато владеењето на „30 Rock“. Жирито се изјасни дека „Момците од Медисон“ е „брилијантен“ приказ на американската рекламна агенција од 60-тите години на минатиот век, што се емитува на американската кабелска ТВ-мрежа „AMC“. Оваа серија трета година по ред е прогласена за најдобра драмска серија.

шуш-буш

„МОМЦИТЕ ОД МЕДИСОН“ НАЈДОБРА ДРАМСКА СЕРИЈА

Британскиот актер Саша Барон Коен ќе го игра Фреди Меркјури во филмот за групата „Квин“, изјави гитаристот на бендот Брајан Меј. Автор на сценариото е Питер Морган кој го напиша и сценариото за филмот „Фрост/Никсон“, а новиот проект сe` уште нема наслов. Почетокот на снимањето на филмот е закажан за следната година и ќе биде фокусиран на настапот на бендот „Квин“ на хуманитарниот концерт „Лајв ејд“ од 1985 година. Нивниот настап на стадионот Вембли, кој траеше 21 минута, кога ги изведоа „Bohemian Rhapsody“, „We are Тhe Champions“ и „Radio Ga Ga“, се смета за еден од најдобрите рок-настапи.

БИЈОНСЕ СО НОВ АЛБУМ

55 LIFE О К Т О М В Р И

По двегодишна дискографска пауза пејачката Бијонсе снима нов албум, а првиот сингл може да се очекува кон средината на месецов. Веста ја откри Лос Да Мистро, кој е еден од продуцентите на хитот „Single Ladies“ откако на својот профил на „Твитер“ напишал дека е во студио на снимање со познатата пејачка. Бијонсе изјавила дека меѓу песните ќе има уште антологиски синглови за жените и да го очекуваме нејзиното појавување за три недели. Во очекување на новиот албум на аренби дивата, како продуценти ќе се запишат и Ни-Јо кој минатиот месец исто така бил во студио со Бијонсе и Мери Џеј Блајџ.


шуш-буш

ЏЕЈМС БЛАНТ И ПОСВЕТИ ПЕСНА НА ПРВАТА ЉУБОВ

Џејмс Блант и` посвети песна на својата прва љубов, чие име ни по долги години од раскинувањето на врската не сака да го открие. Британскиот триесет и шестгодишен пејач вели дека песната „You are Beautiful“ не само што е негов најголем хит, туку и дека му е најмила бидејќи ја посветил на неговата прва љубов. Пејачот кој не сака да зборува за приватниот живот, открива дека и на новиот албум ќе има нешто од таа прва љубов. За неа откри дека е среќно мажена жена која веќе има и деца. Пејачот неодамна го најави и најновиот албум кој се очекува во продажба овој месец.

КАЈЛИ ИМАШЕ „НЕЗГОДА“ СО ФУСТАНЧЕТО Кајли Миног блесна на Миланската модна недела. Се појави во кусо златно фустанче, но несакајќи да покаже „премногу“ имаше проблеми при излегувањето од автомобилот. Во златното фустанче Кајли Миног го покажа совршеното тело и уште еднаш ја потврди титулата џебна Венера. На ревијата на италијанскиот дизајнер Емилио Пуши, Кајли се довозе во црниот лимен љубимец. Откако помалку несмасно се подместуваше на задните седишта, успеа да излезе пред фотографите.

ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ДОБИ СИН

Сопругата на британскиот телевизиски готвач Џејми Оливер, Џулс, роди син. Мајката и бебето се чувствуваат добро, им порача Оливер на обожавателите. Џулс и Џејми веќе имаат три ќерки, Петал Блосом Рејнбоу, која има 17 месеци, Џејзи Бу Памела (шест години) и Попи Хани Роузи, која има осум и пол години.

56

LIFE О К Т О М В Р И

РАСКОШНАТА ВИКТОРИЈА СО ДВЕ ГЛАВИ ПОНИСКОТО МОМЧЕ Шведската секс-бомба Викторија Силвстед, Миланската модна недела ја искористи и за шопинг. За да може полесно да ги помине сите скапи дуќани, го понесе и своето момче, милионерот Маурис Дабах, кој и` ги носеше торбите и плаќаше. Викторија и Маурис на улиците на Милано го привлекоа вниманието со големата разлика во висината. Згодната Викторија своите и онака долги нозе уште повеќе ги истакна со високите потпетици.


НАТАША АНГЕЛЕВСКА, ИНСТРУКТОРКА ЗА ФИТНЕС И ПИЛАТЕС, ВИ ЈА ПРЕТСТАВУВА ПРОГРАМАТА ПАУЕР ПИЛАТЕС НА ВЕЖБИ ЗА ЗАТЕГНУВАЊЕ И ОБЛИКУВАЊЕ НА ВАШЕТО ТЕЛО. ОВАА КОМБИНАЦИЈА ОД ДИНАМИЧНИ И СТАТИЧНИ ВЕЖБИ ГО ЗАБРЗУВА МЕТАБОЛИЗМОТ, ЈА ПОДОБРУВА ЦИРКУЛАЦИЈАТА, ГИ СОГОРУВА МАСТИТЕ И ЈА ОФОРМУВА МУСКУЛАТУРАТА НА ВАШЕТО ТЕЛО

фитнес

¢ RАнгелевска Наташа

o Ивана Кузмановска

а самиот почеток, Пауер Пилатес се вежба пет дена неделно. Тренингот Н трае од 50 минути до еден час, а најдобри резултати ќе добиете доколку паузите помеѓу два тренинга не се подолги од 48 часа. При започнување со оваа програма на вежби, вообичаено е да чувствувате замор и да ви се чини дека не можете да издржите ни половина час од тренингот, но на крајот чувството е сосема поинакво бидејќи ќе бидете полни со енергија! Специфичниот начин на дишење кој се спроведува при изведувањето на вежбите ќе ви помогне да го намалите стресот, кој е еден од главните фактори кои предизвикуваат лош сон или несоница. Недостигот од сон, пак, го пореметува природниот биоритам на организмот и доведува до зголемена потреба за храна и неправилна исхрана. Овие вежби ќе ви помогнат да се ослободите од стресот и да ја одржите хармонијата на вашето тело и дух, а со тоа да стекнете и подобра физичка кондиција и совршено обликувано тело. Откако ќе ги постигнете саканите резултати, ќе биде доволно вежбите да ги изведувате трипати во неделата. Постојат три нивоа на Пауер Пилатес, вежби кои може да ги изведува секој, без разлика на годините и физичката кондиција.

ШТО ВИ Е ПОТРЕБНО ЗА ВЕЖБАЊЕ? R Простирка за лежење R Мала топка тешка 1 кг

КАКО ДА ГИ ИЗВЕДУВАТЕ ВЕЖБИТЕ? Во овој број на „LIFE магазин“ ви претставуваме получасовна програма на вежби кои заемно се надополнуваат. Вежбите треба да ги изведувате без пауза и веднаш да преминувате од една вежба (позиција) во друга. Концентрирајте се и посветете повеќе внимание на дишењето. Целиот циклус вежби треба да го повторите трипати.

57 LIFE О К Т О М В Р И

СО ПАУЕР ПИЛАТЕС ДО УБАВО ОБЛИКУВАНО ТЕЛО


фитнес

4

1

„АКТИВНА МАЧКА“ (ги активира мускулите на рацете, градите, грбот, стомакот, задникот и нозете)

2

„СТРАНИЧНА СВЕЌА“ (ги истегнува и зајакнува мускулите на рацете, градниот кош, грбот, стомакот и нозете)

A

A

Спуштете се на подот така што ќе бидете потпрени на дланките и колената. Рацете треба да ви се исправени, дланките да се поставени под рамената, а колената под колковите. Вдишете, испружете ја десната нога паралелно со подот истовремено пружајќи ја левата рака нанапред, како да сакате нешто да дофатите. Задржете се во оваа позиција 2-3 секунди (позиција А). Потоа испуштете го воздухот, свиткајте ги лактите и колената навнатре, повлечете го торзото нанадвор, виткајќи го грбот така што десното колено и левиот лакот ги повлекувате накај градите (позиција Б). Ова движење направете го 15 пати од едната, а потоа и од другата страна. Напредна верзија: Откако ќе ја усовршите вежбата, истата можете да ја работите со тежинска топка од 1 кг во раката (како на фотографијата).

58

LIFE О К Т О М В Р И

Б

Од позицијата „активна мачка“, сега се поставувате во „планк позиција“ (или попозната како позиција на склек): дланките ви се поставени на подот, во иста линија со рамената, а нозете се исправени (А). Испуштете го воздухот и ротирајте го телото на десно. Подигнете ја десната рака над главата (Б). Задржете се во оваа позиција додека не вдишите и издишите пет пати. Потоа се враќате во почетната положба (А) и истото го повторувате на левата страна. Ротирајте од позиција А во позиција Б 8-10 пати.

Б

„ПЛАНК“ СО ПОДИГАЊЕ НА НОГАТА (ги активира мускулите на стомакот, рацете, задникот, грбот и задната ложа)

3

A

„МОСТ ВО СТРАНА СО СТРАНИЧНИ ДВИЖЕЊА НА РАКАТА И НОГАТА“ (ги активира страничните стомачни мускули, колковите, внатрешната страна на бутовите и рацете)

A

Од позиција на „страничен мост“ сега се враќате во „планк позиција“ (А). Земете воздух и кренете ја десната нога, притоа внимавајќи задникот да остане во иста линија со рамената (Б). Останете во оваа положба три секунди, потоа издишете и вратете се во почетната „планк позиција“. Повторете го истото и со левата нога. Сработете ја наизменично вежбата 8-10 пати.

Б Од позицијата на странична свеќа ја повлекувате десната нога, ја виткате во коленото и се потпирате на неа. Левата рака ја кревате над главата, а левата нога е исправена и допрена на подот (А). Вдишувате и ја кревате левата нога, истовремено спуштајќи ја левата рака кон ногата. Останете во оваа позиција (Б) две секунди. Повторете ја вежбата 15 пати, потоа сменете ја страната. Напредна верзија: Откако ќе ја усовршите оваа вежба, истата можете да ја работите со тежинска топка од 1 кг во раката (како на фотографијата)

Б


A

6

СКЛЕК СО ТОПКА (ги активира градните мускули и мускулите на рацете)

A

A Од почетната „планк позиција“ се спуштате надолу и лактите ги припојувате до телото. Потпирајќи се на дланките, ја подигате главата нагоре, истовремено кревајќи ги рамената и градите. Истегнете ги стомачните мускули - свиткајте го горниот дел од телото наназад (А). Вдишете и издишете 2-3 пати во оваа позиција, а потоа полека спуштете ги градите на подот (Б). Повторете ги движењата 6-8 пати.

Б

фитнес

8

ИСЧЕКОРУВАЊЕ НАПРЕД (ги активира мускулите на задникот, нозете и бутовите)

9

ПОЗИЦИЈА „СТОЛЧЕ“ (ги активира мускулите на задникот) Од позиција „кобра“ сега ги свиткувате колената, ја поставувате левата дланка на топката, а десната дланка ви е долу, под агол од 90 степени. Со рацете свиткани во зглобовите се спуштате надолу, задржувајќи се две секунди (А), а потоа се враќате во почетната позиција. Повторете ја вежбата 10-12 пати.

7

„КАМИЛА“ (го истегнува предниот дел од телото, ги активира грбните мускули и мускулите на задникот, го опушта ’рбетниот столб и ја подобрува циркулацијата)

Застанете исправено и раширете ги нозете во ниво со рамената (А). Ставете ги рацете напред и вдишете, исчекорете со левата нога и застанете кога левиот бут ќе ви биде во паралелна позиција со подот (а левото колено во иста линија со глуждот). Исправете ги рацете (Б). Повторете го движењето 12 пати со секоја нога.

A

Б Од почетната позиција на исчекорување (А), спуштете го задникот кон подот, како да сакате са седнете на столче. Задржете се во позиција кога колковите ќе дојдат во иста линија со колената и подигнете ги рацете нагоре (Б). Останете во оваа положба пет секунди и повторно вратете се во позицијата А. Повторете го движењето 12 пати.

Б

Клекнете и седнете на петиците. Ставете ги дланките на петиците и подигнете ја карлицата истовремено земајќи воздух. Главата благо наслонете ја наназад. Продолжете да вршите притисок сe` додека бутовите не дојдат во права линија со телото. Издишете и вратете се во почетната позиција.

59 LIFE О К Т О М В Р И

5

„КОБРА“ (ги активира грбните мускули, стомакот и внатрешниот дел на бутините)


од а до ш

МОНОГАМИЈА РЕАЛНОСТ ИЛИ САМО ПРИМАМЛИВ ИДЕАЛ

ОВА Е ВРЕМЕ ВО КОЕ ПРОПАЃА МИТОТ ДЕКА ЖЕНИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ СКЛОНИ КОН МОНОГАМИЈА ОТКОЛКУ МАЖИТЕ.

60

LIFE О К Т О М В Р И

¢ Анета Ивановска

ногу двојки се решаваат да отпочнат заеднички живот со отворена можност М во нивниот емотивен и сексуален живот да се појават и други луѓе. Некои за ваквата можност се одлучуваат после долгогодишна моногамија без оглед дали во таков „излет“ ќе се впуштат двајцата или само еден од партнерите. Ваквите одлуки сигурно не можат да бидат лесни бидејќи неминовно ги повлекуваат прашањата за заемната доверба и верност. Отворениот однос при ваквиот стил на живеење сепак не е гаранција дека довербата нема да биде нарушена. Но, зошто воопшто доаѓа до вакви ситуации на отфрлање на моногамијата? Премногу сексуализираното општество во кое живее најголем дел од светот е една

очигледна причина. Сексуалните скандали на ѕвездите непрестајно се некаков „битен фактор од планетарно значење“ за публиката (дали веќе ни здодеа „тажната“ љубовџиска судбина на Тајгер Вудс?), телевизиските серии, филмовите, мошне агресивно пропагираат стил на живеење кој сосема те негира од модерната сцена на секојдневното живеење ако во сопствената биографија не наредиш цел список љубовно-сексуални афери. И се разбира, сето тоа резултира со куп испокршени срца. Од друга страна, истото тоа општество ја зема и претпочита моногамијата како најпогодна норма за стабилен цивилизиран живот. Романтичниот идеал додека „смртта не нe` раздели“ се култивира како поле на


идеалната моногамна врска? Како е тоа можно кога и натаму онаа топлина во срцето и бескрајното разбирање со другата личност не исчезнуваат од нашата реалност? Науката (овојпат неврологијата) нуди одговор на оваа дилема во одбрана, односно, потврда на моногамноста кај човекот. Според неа, кога чувствуваме привлечност и љубов кон некого, во игра се хормоните тестостерон, естроген, допамин, серотонин, окситоцин и вазопресин. Научниците сметаат дека последните два се одговорни за она што го доживуваме како приврзаност кон една личност, односно нe` прават моногамни. Како да го одржуваме нивото на сопствените хормони се чини дека е тешка задача, дотолку повеќе што на Мајката природа моногамијата воопшто не и` е својствена. Сепак, од сопствените искуства сите ние сме свесни за еден непобитен факт - дека човечкото битие поседува способност да ја надитрува и надминува природата. Наспроти научните објаснувања, општествената заднина на моногамијата е прилично контроверзна. Во антрополошките и историски наоди за нејзиното потекло, воопштено се зема дека во пораната човечка историја моногамната заедница му служела на мажот за да го осигура потеклото преку своето потомство. Тоа значело дека жената е онаа која мора да биде верна. Со развојот на цивилизацијата и концептот на правно наследство, оваа тенденција не исчезнува, напротив, се јавуваат многу силни и политички притисоци врз женското сексуално однесување. Потеклото на моногамијата исто

така силно е поврзано со Европа и Католичката црква која за своите лукративни цели и за задржување на моќта, ја проповедала моногамијата како доблест и идејата дека прељубата е грев. Накратко, корените на општествената моногамија се во контролирањето на женската сексуалност, за мажот да може да ја следи и одржува својата лоза. Оттаму, моногамијата историски се поврзува со женската опресија низ човечката историја. Во современата социјална средина (особено во западните и прозападните култури) повеќе од сигурно е дека емотивната и сексуалната нерамноправност меѓу мажите и жените практично не постои. Ова е време во кое пропаѓа митот (исчезнува опресијата) дека жените се повеќе склони кон моногамија отколку мажите. Реалноста сe` повеќе потврдува дека рамноправноста по ова прашање станува нова норма. Вооружени со подеднакви ресурси за освојување што повеќе партнери, и едните и другите доживуваат исти ситуации и минуваат низ исти состојби. Растурени семејства, чувства на повреденост од една страна или, пак, нова љубов полна страст која се вгнездува во уште една моногамна идила, се само некои од резултатите кои ги носат овие искуства. Тогаш, каков став би бил најправилен кон прифаќањето или отфрлањето на моногамијата? Помеѓу биолошките факти и општествените норми и предрасуди, останува самите да си составиме соодветна комбинација која ќе го означува и оправда најдоброто нешто што ни е на располагање сопствениот избор.

61 LIFE О К Т О М В Р И

проекција на нашата природна потреба за љубов, разбирање, емотивно и духовно реализирање со еден, доживотен партнер. Отфрлањето на моногамијата, сепак, не е резултат на современоста ниту, пак, нејзиното прифаќање или одбивање е само поради општествените тенденции. Биолозите одамна имаат расчистено дека моногамијата ни најмалку не е типична во природата. На некој начин, биолошките истражувања нe` наведуваат да размислуваме дека моногамијата е, всушност, неприродна. Меѓу цицачите само три до пет проценти од 5.000 видови, вклучувајќи го и човекот, одржуваат моногамни заедници, а како најверни се покажуваат дабарите, волците и лилјаците. Птиците, со дури 90 проценти, долго време беа сметани за најмоногамни. Но, оваа бројка која во доцните шеесетти ја дал познатиот орнитолог Дејвид Лак, денес е изненадувачки поинаква. Во последнава деценија истражувањата на биологот Симон Грифит од австралискиот универзитет Меквари и неговите колеги, во врска со екстра спарувањето на птиците, покажуваат дека од 130 видови кои вообичаено се третирале како моногамни, дури 86 проценти се склони кон прељуба. Земајќи ги предвид биолошките истражувања, Дејвид Бараш и Џудит Липтон, авторите на една од најпознатите книги на оваа тема, „Митот за моногамијата“, сугерираат дека остварувањето на моногамијата е исклучително тешко, но сепак, не и невозможно. Според ова, дали би требало да се помириме со сопствената биологија и да престанеме со занесот кон

од а до ш

На Мајката природа моногамијата воопшто не и` е својствена


убавина

62 LIFE О К Т О М В Р И

ФОРМА И КОНТРАСТ Кратката коса најчесто се поистоветува со мажественоста. Но правилата постојат за да бидат изменети. Не секогаш кратката фризура дава андроген изглед и строга форма. Спротивно од тоа, таа е функционална, лесно одржлива и практична во секој поглед, посебно земајќи го предвид брзиот начин на живеење на една современа и модерна млада жена. Сигурно си го поставувате прашањето: како да ја скратите вашата коса, а таа да не делува строго и остро, туку софистицирано и авангардно? Тајната на нашите предлози се крие во формата и адаптирањето на колоритот кон неа. Првата солуција претставува игра на контрастот, како во бојата така и во формата.


убавина LIFE О К Т О М В Р И

Со почит, Panache.

63

За да се избегне класичната контрастна комбинација црно-бело, темната боја се заменува со една иновативна, несекојдневна нијанса, во случајов виолетова, нанесена на пократките делови од фризурата. Подолгиот средиштен дел на косата е истакнат со посветла боја, а за добивање волумен и полесно моделирање на должината се користи техниката „undercut“. За постигнување современ изглед се препорачува блага асиметрија во предниот дел на фризурата. Доколку вашата коса е кадрава, ви го нудиме истото решение, само изработено во една боја (по можност иновативна), со цел да се истакне квалитетот и формата на влакното, а најбитно е да се адаптира бојата и формата на косата на карактерните црти и изразот на ликот. Станува збор за исти форми, изработени и приспособени кон различен тип коса, но пред се` кон индивидуалноста и различноста на типот на девојка или млада жена.


здрава исхрана

СЕЗОНСКА ИСХРАНА

ВРАЌАЊЕ КОН ПРИРОДАТА

¢ Гордана Деан Поп-Христова

64 LIFE О К Т О М В Р И

о имаме заборавено времето кога знаевме кое овошје во кој период Г од годината доаѓа на нашата трпеза. Тоа беше време кога се` уште имавме врамнотежен однос со природата и во точно определено време од годината го јадевме токму тоа што е најхранливо за нашиот организам. И како што се менува се` околу нас на патот кон глобализацијата, така се менуваат и нашите навики во исхраната. Не размислуваме дали е сезона на одредено овошје и зеленчук, туку го купуваме она што изгледа убаво, што може да стои со денови во фрижидер без да го смени обликот или да изгние. Забораваме дека оваа храна е преполна со пестициди кои можат да предизвикаат алергии, труења и други нарушувања во организмот. Во Македонија ја имаме таа среќа што се` уште можеме да си дозволиме органски одгледувана храна и таа секогаш би треба-

ло да биде нашиот прв избор. Во западните земји органската храна е луксуз кој не може да си го дозволи секое семејство. Кога се одлучуваме за органска, здрава храна, ние автоматски го следиме ритамот на природата, бидејќи оваа храна расте во одредени годишни времиња и не е секогаш достапна како вештачки одгледуваната храна. Есента и зимата се дел од годината кога организмот е поосетлив, метаболизмот забавува, почесто се јавува замор, пад на имунитетот, депресија и здравствени проблеми. Природата затоа има идеално решение: се појавуваат јаболка, тикви, зелка, кељ, калинка... Ние само треба да го следиме природниот ритам и да го консумираме она што ни го нуди нашето поднебје во овој дел од годината. Со доаѓањето на есента треба да го зголемиме количеството на масло во исхраната. Најдобро е тоа да биде маслиново масло, а се препорачува и

масло од сусам кое е добро за постудените денови затоа што го грее организмот. Во овој период, најмногу застапени треба да бидат разните видови варива, со додаток на морков, магдонос и друг коренест зеленчук. Особено е важна термичката обработка, бидејќи е препорачливо околу 70 проценти од храната да биде топла. Тоа не значи дека храната треба да се преварува - некогаш е доволно краткотрајно готвење на пареа. Навиката да пиеме чаеви во есен и зима е позитивна, но исто така е добро да се пијат и цедени овошни сокови мешани со зеленчук (морков, цвекло, брокула). Најдобро е да ги исфрлиме слатките од исхраната: наместо чоколада и кекси, подобро е да се консумираат компоти кои традиционално се приготвуваат во нашите краеви и се одлична замена за индустриските слатки. Покрај компотите, одлична замена за благо е сувото овошје.


здрава исхрана ЈАБОЛКО Јаболкото е овошје кое ни е најдостапно, а истовремено е и најздраво. Тоа изобилува со витамини и минерали, го јакне имунолошкиот систем, помага во борбата против вирусите и бактериите и ги неутрализира слободните радикали. Секојдневно консумирање на ова овошје го намалува холестеролот, го регулира варењето и го детоксицира организмот. Јабол-

кото му дава енергија на организмот, бидејќи содржи јаглехидрати, гликоза и фруктоза. Позитивно делува против замор и намалена концентрација. Јаболкото содржи и серотонин така што делува позитивно на расположението, го намалува стресот и помага при проблемите со спиење. КОСТЕНИ Костените се вкусни и хранливи. Тие даваат енергија во деновите кога температурите се пониски. Енергетската вредност им е многу висока поради големо количество скроб, но затоа имаат низок процент на масти. Костените содржат и многу витамин Ц. ПЕЧУРКИ Печурките би требало почесто да се наоѓаат на нашето мени. Преполни се со протеини, железо, цинк, витамини и минерали, а имаат малку калории и можат да се користат во исхраната како замена за месо. Тие изобилуваат и со селен кој го нема доволно во

другата храна. Печурките имаат антиоксидантно, антибактериско и антивирусно дејство, го намалуваат крвниот притисок и холестеролот, а истовремено ги чуваат бубрезите, црниот дроб, срцето и нервниот систем. ТЕМНОЛИСНАТ ЗЕЛЕНЧУК Спанаќот, кељот, блитва и другиот темнолиснат зеленчук се богати со бетакаротен, витамините Ц и Е како и со лутеин кој го штити видот. Овој зеленчук штити од рак затоа што е богат со фолати, а делува на цврстината на коските поради количеството калциум и магнезиум. Се препорачува темнолиснатиот зеленчук да го имаме на менито барем три пати неделно. ЖИТАРКИ Житарките се важни во есенската исхрана, а интегралниот ориз, кој може да се приготвува на многу различни начини, треба што почесто да го заменува белиот ориз. Житарките се главен извор на јаглехидрати и

протеини, а интегралниот ориз ги содржи сите есенцијални аминокиселини и незаситени масни киселини. Минералите (калиум, калциум, железо, магнезиум, цинк, силициумска киселина) и витамините (Б1, Б2, Б3, Б5, Б9 и Е) се наоѓаат во надворешниот дел од зрното - во лушпата. Затоа се препорачуваат токму интегралните житарки. СОЈА Луѓето кои редовно консумираат соја имаат помал ризик од кардиоваскуларни заболувања, а жените кои секојдневно ја имаат на менито (по пример на жените во Јапонија) практично немаат проблеми со менопаузата. Сојата во исхраната доведува до смалување на нивото на холестерол и ја намалува кршливоста на коските. Таа изобилува со витамин Е, лецитин, магнезиум и со протеини. Кај луѓето кои се алергични на млечни производи и лактоза, таа е успешна замена за млеко.

65 LIFE О К Т О М В Р И

ТИКВА - КРАЛИЦА НА ЕСЕНТА Тиквата е зеленчук кој многу придонесува за вашето здравје. Таа го зајакнува имунитетот, го подобрува варењето, го поттикнува исфрлањето на отровите од организмот, го смалува нивото на холестерол, а делува и смирувачки за нервниот систем. Тиквата се подготвува едноставно, доволно е да се испече во рерна и да се зачини со малку цимет - за вкусен и здрав оброк. Печените семки од тиква покрај тоа што се вкусни, се пребогати со витамин Б и протеини и даваат енергија.



Фотографија: Филип Поповски

Во ово В вој бр број о наа „LLIFEE магази ин“ н ви гоо претс т таавува в ме М рт Ма р ин и Вид идое о вс ое вски ки, ро ки роде ден на 12 март 198 де 986 гооди ина, магист ги стер ст е по чо ер ч вееччкки ре р ссуурс рси на Љубља љ нски иот о држ р авен ун нив и ер ерзи рзи ите тетт и сп спор ор рти т ст с. „Не ссее зан „Н а им и ав авам а со м маанекенств тво, тукку со моделлсттво. М дн Мо нитте пист стти нее ссее мо м ј пр п едиз извик, меѓѓут утоа оа саккам да сее слликам и тоа о го прав а ам ав а какоо хоби во по п следдниве в некколк годин ку ини““, ве в ли л за сеебе Мартин Видоевски. На Марти тин сп пор орто от му е секојдневие повеќќе од 10 годин : сноубординг, веј ни ејкб к ор рдинг (wake board ding)) и маунтаин бајјк се негов о атаа пасијаа, а одличната фигуура ја одрж ва со кондиц жу ицис и ки и тре ренинзи покрај кејот на Вардар. „Внимава в м на исх схра р натаа, се хранам зд з раво, одбегнувам да јадам сла латки и да пијам газирани пијалаци, но не сум роб на ништо“, додава Мартин.


брзина

(Alfa Alfa) Romeo & Giulietta

68 LIFE О К Т О М В Р И

¢ Кристијан Ивановски Во вистински италијански дух, со потсетување на легендарниот модел од 60-тите години на минатиот век, ви ја претставуваме „Алфа Ромео Џулиета“!

Шнираме? „Убавина“ претставува ква-

то е убавина? Како можеме да ја дефи-

литативна карактеристика на некој предмет или личност, чија перцепција предизвикува интензивно задоволство и префинето чувство во мозокот. Со оглед на тоа што сите луѓе се различни, кај сите индивидуално се толкува убавината. Но, кога станува збор за Алфа Ромео, едноставно насекаде почнува да преовладува чувството за префинета, елегантна, фасцинирачка убавина. „Џулиета“ претставува замена за веќе дотраениот модел „147“, кој е речиси 10 години на пазарот. Рака на срце, среќни сме што во Алфа Ромео конечно се одлу-

чија за промени, бидејќи моделот „147“ ги исцрпи сите можни ресурси. Ретко кога се случува автомобил кој го носи логото на Алфа Ромео да пројде незабележано. Новата „Џулиета“ припаѓа на оние модели на Алфа по кои ќе си го искривите вратот, неуморно следејќи го секое нејзино движење. Новиот претставник на Италијанците во компакт-класата ги носи гените од суперспортскиот автомобил „Alfa Romeo 8C Competizione“, чие појавување во 2006 година означи почеток на ново поглавје во историјата на Алфа. Пред неколку години, се појави малечкиот „МиТо“ и успеа да му ги помати сметките на


на покривот наведува поинаков заклучок, сепак, просторната понуда во „Џулиета“ е на завидно ниво. Со оглед на тоа што „Џулиета“ освои најмногу поени на краш-тестот на EuroNCAP, таа е сега најбезбеден автомобил во компактната класа. За успешно дефилирање на оваа убавица по улиците се грижат 3 бензински и 2 дизел мотори, сите со турбо натполнење. Два од бензинците имаат зафатнина од 1.4 литри и развиваат 120, односно 170 КС. Основниот дизел има зафатнина од 1.6 литри и развива 105 КС, додека поголемиот има зафатнина од 2.0 литри

брзина

тенцираат динамичките можности на овој автомобил. Во внатрешноста плени чувството на префинетост и квалитет. Чистите и прегледни инструменти, го следат теркот на Алфа, односно стрелките се поставени во строга вертикала надолу. Распоредот на командите на средишната конзола изгледа ергономски прифатлив, иако можеби контролите за клима-уред се за нијанса прениско поставени. Седиштата, кои можат да бидат преслечени во кожа, изгледаат како да се извадени од најновиот каталог за елитен италијански мебел. Иако ниското спуштање

ALFA ROMEO 8C COMPETIZIONE Суперспортскиот автомобил на Алфа за првпат се појави уште во 2003 година на Авто-салонот во Франкфурт. Потребни беа дури три години додека Италијанците да почнат да го произведуваат автомобилот кој никого не остави рамнодушен. Прекрасната креација се произведе во ограничен број примероци и сите беа продадени уште пред да се произведат. Срцето на оваа убавица има зафатнина од 4.7 литри и развива 450 коњски сили. Тоа е доволно за спринтот до 100 км/ч да одземе само 4,2 секунди и да трае сè до 293 км/ч.

69 LIFE О К Т О М В Р И

веднаш станува јасно дека „Џулиета“ ја има моќта да ве опие на начин што е незамислив за другите производители. Маркантната предница инспирирана од моделот „8С“, високите странични рабови, ниското спуштање на покривот и вонземските задни светла, ја прават „Џулиета“ мевлем за очите и душата. Ниската поставеност и широката трага само ги по-

I

веќе етаблираниот стилски автомобил „МИНИ“. Сега „Џулиета“ напаѓа со сите расположиви средства, во класата каде царуваат „VW Golf“ и „Форд Фокус“. Битката нема да биде лесна, бидејќи „Голф“ ги нуди сите можни посакувани квалитети, а „Фокус“ нуди врвно возачко искуство и одлична практичност. Но, доволен е само еден поглед врз сите три возила, и


брзина

PEUGEOT 3008 HYBRID4

ALFA ROMEO DNA Системот наречен „DNA“ за првпат го видовме кај помалиот „МиТо“. Имено, станува збор за систем кој го менува карактерот на возилото, во однос на вашите лични преференци. „DNA“ е кратеница од Dynamic - Normal - All weather, и претставува избор на три различни начини на работа. Dynamic овозможува одлично спортско возачко искуство, поради побрзата реакција на педалот за гас, потврдото управување и погласното озвучување од издувните цевки. Normal е

ПОСЛЕДНОТО ДЕЛЧЕ ОД СЛОЖУВАЛКАТА прилично јасно – овој начин се избира за исполнување на секојдневните обврски, кога нема потреба од брзање. Управувањето е полесно, звукот е потивок. All weather се избира кога подлогата станува лизгава. При вакви услови, електрониката дозволува да има пролизгување на погонските тркала, без притоа да му штети на системот за стабилност. Идејата зад DNAсистемот може да се објасни како „Максимално уживање во возењето, без оглед на условите“.

Кросоверот на Пежо е нешто особено, бидејќи во себе ги соединува семејниот автомобил, караванот, моноволуменот и SUV. Сега, Пежо ни ја претставува и хибридната верзија „Пежо 3008 Хибрид 4“. Ова е првиот автомобил во светот, кај кој хибридниот погон е создаден од дизелагрегат и електромотор.

На овој начин се обезбедува моќен погон на сите тркала, ниска потрошувачка и голема еко-свесност, бидејќи хибридот развива максимална моќност од 200 КС, троши само 3,8 литри на 100 километри и ја чува природата, исфрлајќи само 99g/km CO2. Продажбата на хибридниот модел на „3008“ треба да започне следната пролет.

CITROEN DS4

ШКОЛА ЗА ДИЗАЈН

и развива 170 КС. Најмоќниот мотор во понудата е бензинец со зафатнина од 1.8 литри, кој развива фантастични 235КС. Вистинските познавачи знаат дека токму кај Алфа, добар дел

за едно вакво врвно стилско и возачко достигнување? Интересно, но цените за „Алфа Ромео Џулиета“ на македонскиот пазар, почнуваат од сосема прифатливи 18.990 Ретко кој помислуваше дека појавувањето на „Ситроен DS“, некаде кон средината на минатиот век ќе остави толку силен впечаток. Имено, повеќето автомобили од тој период имаа свои квалитети, но овој автомобил имаше стилистички и технолошки достигнувања кои беа далеку пред своето време. Сега, „Ситроен“ се навраќа кон убавото минато. Неодамна бе-

ше претставен моделот „DS3“, кој претставува врвно стилистичко и дизајнерско достигнување. Овојпат бројката е за едно зголемена, но вредностите се истите. Фантастичен стил, прекрасни дизајнерски решенија во внатрешноста и надворешноста, практичност, уживање во возењето, и секако, еколошка свест. Зарем е можно да се посака повеќе?

PORSCHE MACEDONIA WEEKEND DRIVE

70

LIFE О К Т О М В Р И

ПОВЕЛЕТЕ, ПРОБАЈТЕ И САМИТЕ САМИТЕ!

од шармот отпаѓа на врвните „вокални“ способности. Тоа значи дека, за вистинскиот љубител на автомобилите, симфонијата која ја свири Алфа Ромео низ издувот, е иста како концерт на Бетовен, Бах, Моцарт и Чајковски одеднаш. Веројатно веќе се прашувате која цена треба да се плати

евра, за основниот модел. Дизелската понуда почнува од 20.690 евра, додека за најскапиот модел „Quadrifoglio Verde“ ќе треба да одвоите 26.900 евра. Имајќи предвид за каков автомобил станува збор, можеби се очекуваше цените да бидат повисоки. Среќни сме што не е така. ¿

Променливо време, прекрасни автомобили, уште попрекрасни девојки, новитети, забава итн... Сите овие карактеристики го одликуваа „Porsche Weekend Drive“, кој се одржа на 25-ти и 26-ти септември, во близина на спортскиот комплекс „Борис Трајковски“. За волја на иронијата и инает кон организаторот, почетокот на дождливата сезона се покажа во вистинско светло, прикажувајќи

ги сите можни видови дожд, познати на метеорологијата. Но, тоа не беше доволно силна препрека за вистинските љубители на автомобилите, кои дојдоа во голем број со цел подобро да се запознаат со моделите на „Ауди“, „Фолксваген“ и „Шкода“. Секако, добредојдена беше и можноста за тест-возење. Целиот настан беше крунисан со претставувањето на новото чедо на „Ауди“, моделот „А1“.



технологија

СУДИР НА АНДРОИД ТИТАНИТЕ

VS

Името му е Desire, HTC DESIRE. Во моментов е еден од најпосакуваните и најпродаваните мобилни телефони во светот. Во него е „спакувано“ се` она што го посакувате од еден телефон: голем екран на допир, Андроид 2.1 оперативен систем, камера од 5 мегапиксели и сите комуникациски алатки што живот значат. Спореден со својот најголем конкурент, Samsung Galaxy S, HTC Desire има помал екран и послаб квалитет на видео снимање, но од друга страна корисничкиот интерфејс и изборот на „виџети“ е далеку подобар. За крај: Едноставно, Desire е телефон со одлични перформанси. Чиста десетка!

Борбата за освојување на мобилниот универзум кулминираше во последниве неколку месеци, со појавувањето на HTC Desire, iPhone 4 и секако Samsung I9000 Galaxy S. Експертите никако не можат да се согласат кој од нив е вистински најдобар: тестираат, споредуваат, анализираат и се расправаат, а заклучокот е секогаш различен. Силните страни на Galaxy S се: одличниот AMOLED екран и HD видеоснимање; маани има малку: камерата нема блиц , а изборот на „виџети“ е ограничен (споредено со HTC Desire). За крај: 10! За кого и да се одлучите, нема да згрешите.

МЕГА ПЕРФОРМАНСИ

72 LIFE О К Т О М В Р И

МИКРО ИГРАЧКИ

Таблет-компјутерите многу брзо станаа сериозна конкуренција на лаптопкомпјутерите, а најверојатно ќе „изедат“ и дел од колачот на „умните“ телефони кои нудат „сè во едно“ - и повеќе. Неодамнешната анкета на истражувачката компанија „Форестер“ покажа дека 14% (или 27 милиони) од американските потрошувачи ќе купат таблет-компјутер наредната година. Воедно, анкетата покажува дека покрај пионерот на мини-светот, фамозниот iPad на „Епл“, Американците се заинтересирани и за неговите конкуренти – кои ги има сè повеќе од ден на ден.

Dell Streak Андроид „таблетот “ кој го промовираше „Дел“ ова лето е нешто помеѓу персонален компјутер и „умен“ телефон. Помал е од iPad и лесно се носи, ги има сите можности и софтверски „играчки“ кои ги имаат Андроид-телефоните, 5 мегапиксели камера и екран со multi-touch опција, а најважно е што функционира како мобилен телефон. Прашањето е само зошто би го одбрале „Дел“, а не вистински телефон?


технологија

во најава...

SONY ERICSSON XPERIA X8 Новата Андроид „бонбона“ на Sony Ericsson, долго време позната под шифрата „Шакира“, пристига на пазарот како XPERIA X8 – поекономична и поедноставна варијанта на фамозниот X10. Големината на X8 е некаде помеѓу X10 и X10 mini – згоден е за носење в џеб, со симпатичен дизајн, но е прилично осетлив на удари. Екранот е поголем од оној на „мини“, а камерата има само 3,2 мегапиксели споредено со 5-те на неговиот претходник. За крај: доколку сте „фан“ на овој бренд, а сакате ем да бидете економични, ем вашиот мобилен да биде впечатлив – грабнете ја „Шакира“ штом ќе пристигне. А кој не би?

NOKIA N8 Вљубениците во Nokia со нетрпение го очекуваат фамозниот N8 – т.н. „вистински одговор“ на iPhone 4. Овој „ас во ракавот“ на Nokia, прв од новата генерација телефони со Symbian ^3 оперативен систем, изгледа како микс од фантастични елементи: голем екран на допир, камера од дури 12 мегапиксели, HD видеоснимање и емитување преку HDMI кабел, 16 GB внатрешна меморија и алуминиумска маска. Слабости? Телефонот е прилично голем, а прашање е и дали Symbian успеале да им одговорат на „Епл“ и Андроид. За крај: останува да видиме – се работи ли за „чудото од дете“ на финскиот гигант, или, пак, за уште една изгубена битка?

Toshiba Libretto W100 LIFE О К Т О М В Р И

Samsung Galaxy Tab На почетокот на септември, „Самсунг“ се појави со долгоочекуваниот Galaxy Tab., кој работи на Андроид оперативен систем. Како што велат во Самсунг, оваа „играчка“ нуди „нова галаксија можности“. Помал е од iPad, но е доволно голем да може комотно да се „сурфа“ , да се чита електронска пошта и да се гледаат видеа, а покрај HD видеоемитување то и снимањето, тука е и флеш поддршката. Предност: може да се користи како мобилен телефон на 3G-мрежа, преку интерфон или bluetooth слушалка.

73

Во август годинава „Тошиба“ го претстави првиот мини-компјутер на светот со два екрана. Која е предноста? Воедно е и „таблет“ и „мини-лаптоп“: можете да го завртите вертикално и да го читате текстот преку двата екрана – како книга, или пак да го отворите како лаптоп и да пишувате на долниот екран каде што ќе ви се појави пристојно голема тастатура на допир. Од поваќните спецификации, Либрето има 26 GB RAM меморија, Интел пентиум U5400 процесор и Windows 7 оперативен систем.


технологија

XBOX 360 SLIM / KINECT ЗА XBOX 360

„ГЕЈМИНГ“ РЕВОЛУЦИЈА? Новата Xbox 360 Slim конзола е се` она што претходната не беше: помала и поелегантна, неспоредливо потивка, со 250GB харддиск и безжично поврзување (Wi-Fi). Но приказната за Xbox не би била толку интересна доколку завршуваше тука. Вистинската револуција во играњето ја воведува Kinect за Xbox 360, систем базиран на 3D-камери кој го „лови“ движењето на вашето тело – без далечински управувач. Споредено со Wiimote и Playstation Move, Kinect овоз-

СОЛАРЕН ПОЛНАЧ

I-СОНЧАЈТЕ ГО i-Phone

можува целосна слобода на движење, а вашиот аватар во играта совршено ги имитира движењата на вашето тело. Или не толку совршено? Тестовите покажуваат дека Kinect не е ни приближно толку идеален: тежок е за користење, не е прецизен а информациите доцнат. Сепак, „Мајкрософт“ заслужува почит не толку поради самиот производ (станува збор за прв ваков обид), туку поради правецот во кој ја менува „гејминг“ индустријата.

Се тревожите што вашиот i-миленик брзо ја троши батеријата, а вие сте постојано во движење? Решението го има Dexim со P-flip полначот на соларна енергија. Едноставно, го ставате телефонот во полначот кој наликува на пластична навлака, соларните панели се активираат и полнењето започнува. Батеријата се полни со истата брзина без разлика дали времето е сончево или облачно – за целосно полнење се потребни околу 12 часа. P-flip е достапен за i-Phone 4 и 3GS, како и за „Блекбери“, а производителот ја цени оваа „играчка“ 80 американски долари.

STARCRAFT II: WINGS OF LIBERTY (PC, Mac) Стратегиите „во вистинско време“ се враќаат на голема врата, за што е доказ и продажбата на Старкрафт II. Оние што се запознаени со старата Старкрафт знаат што точно да очекуваат од „приказната“ во која Теранците, Зерг и Протосите се борат за ресурси и за превласт. Дежа ви? Да, но само тој дел. Откога ќе ја искусите Старкрафт на секој начин: графиката, сценариото, on-line начинот на игра, ќе заклучите дека играта е одлична. Навистина одлична.

MAFIA II (PC / PS3 / XBOX 360) Доколку GTA е вашата омилена игра, можеби ќе сакате да ја пробате и Мафија II, уште една класична гангстерска приказна. Можеби, а можеби и не. Визуелното доживување во Мафија II е моќно со целата архитектура и стил на Њујорк од средината на минатиот век, но, од друга страна, на играта и ` недостасува динамика (со исклучок на неколку возбудливи пресметки).

74 LIFE О К Т О М В Р И

CIVILIZATION V (PC, MAC) Да, Сид Мејер се враќа со „Civilization V“, на огромна радост на неговите „фанови“. Човекот едноставно си ја знае работата. Civ 5 концепциски сосема наликува на Civ 4, има одлична графика и изменет (и многу поинтересен) концепт на борба. Иако забелешките се дека нема голем напредок во концептот од Civ 4, прашањето е дали вистинските вљубеници би прифатиле нешто комплетно различно?


популарна наука

ВЉУБЕНИ ГАЛАКСИИ лични фотографии на три телескопи коишто регистрираат различни светлосни спектри. „Антена галаксиите“ се оддалечени од Земјата 62 милиони светлосни години. Нивната колизија, која започнала пред повеќе од 100 милиони години и се` уште трае, го иницирала создавањето на милиони ѕвезди во облаци од прашина и гас. Најмасивните ѕвезди од овие галаксии веќе ја завршиле својата еволуција и експлодирале како супернови. Фотографиите се снимени од страна на опсерваторијата „Чандра“ и вселенските телескопи „Хабл“ и „Спицер“, во 1999, 2003, 2004 и 2005 година. Сликата од „Чандра“ е рендгенска, со сина боја, и ги прикажува големите облаци од вжештен меѓуѕвезден гас кој е резултат на експлозии на супернови. Податоците од „Спицер“ ја покажуваат инфрацрвената светлина на облаците од прашина, кои се загреани од новородените ѕвезди. Најсветлите облаци се наоѓаат во делот каде што се преклопуваат двете галаксии. Податоците од „Хабл“ кои се оптички имаат жолта и кафена боја и ги откриваат старите ѕвезди и регионите во кои се формираат нови ѕвезди. Бледите објекти на фотографијата претставуваат јата од илјадници ѕвезди.

75 LIFE О К Т О М В Р И

ваа сосема нова и фантастична слика од двете „Антена галаксии“, која неодамна ја објавија Големите О опсерватории на НАСА, е композиција од неколку раз-



НЕДАН ПАНОВСКИ ОД СКОПЈЕ Е УМЕТНИК-ВАЈАР ПО СТРУКА И „УМЕТНИК“ ЗА ПРЕЦИЗНО ЛЕТАЊЕ АВИОНИ - ОД ХОБИ

77 LIFE О К Т О М В Р И

ЛЕТАЊЕТО Е ПОДОБРО И ОД СЕКС


спорт

¢ Марија Илиќ

o Кире Галевски

С

ветот на авионите му го открил дедо му Пеце, во излогот на првата и во тоа време единствена продавница за ракетни модели во поранешна Југославија – „Направи сам“ во Скопје. Раскажува дека не било лесно од купишта делчиња да се состави авионче, но дека ќефот бил огромен.

Од спортскиот аеродром „13 Мај“ во близина на Белград, Недан се врати со освоено второ место на првиот државен натпревар за основно прецизно летање F3A во Србија. По „заслуга“ на Недан, како единствен натпреварувач од странство дојден со специјална покана од организаторите, овој државен натпревар стана меѓународен.

„Во продавничката 'Направи сам' кај Јоцо, моми понуди да одберам само помеѓу два основни жеше да се купат делчиња кои сам си ги се„скоро готови“ авиони. Прашав зошто, но тој рече чеш, лепиш и правиш авион. Таквото авионче можеше да го леташ со ластик или со рака. дека може да ми продаде само еден од тие два. Јоцо, Бог да го прости, продаваше од најосСфатив! Тој „прочита“ дека не сум подготвен новни до најкомплицирани авиони. Беше да летам некој покомплициран модел, бидејќи многу тешко сосема сам да моделираш еден да контролираш таков авион без искуство и авион .Ти даваа еден куп делчиња кои требаше да се состават според нацрт-планот. Но, се тренинг е многу тешко. Разочаран, излегов вљубив од прва и почнав да правам мали ави- оттаму и отидов дома да размислам. Другиот ден се вратив и си го купив мојот прв авион“. ончиња и ракети“. Хобито од детските денови вистински се разгорува кога сосема случајно во Париз наидува на продавница за модели. Тоа е вистинскиот почеток на една нова приказна со љубовта кон авионите која се родила во минатото.

78 LIFE О К Т О М В Р И

„Сакав да купам авион и влегов во продавница за модели. Мислев дека ќе ме чини околу двесте евра, но моделите кои мене ми се допаѓаа, чинеа повеќе од двојно. Немав поим што се` ми треба за да составам еден авион. Бев одушевен од повеќе модели, но тој

По враќањето во Скопје почнува сериозно да навлегува во техниките на летањето. Негови инструктори се Дејан Саздовски и Коста Егеец од Аероклубот „Скопје“. „По втората година ми здодеа тоа авионче, ги надминав основните техники на радиоконтролирање, па Дејан и Коста повторно ми излегоа во пресрет. Немав скршен денар и не можев да си дозволам да купам подобар авион. Ми извадија од плакар брзинско моделче, тркачки авион. Летајќи

го тој авион, сфатив дека не ми се предизвик тркачките авиони, туку акробатските. Бев маѓепсан од авионите. Немав автомобил, а сакав секој ден да одам на спортскиот аеродром Стенковец. Ме носеше мајка ми, па другарите, луѓето од Аероклубот, а одев и со велосипед. Толку ми беше 'филм' летањето“. По година и половина пауза од активно летање, Недан службено заминува во Израел каде што се запознава со искусни моделари. Оттаму си купува половен авион „Венус 2“, со кој ги учи и најдобрите акробации. Недан е единствен пилот во Македонија кој лета таканаречени „IMAC“ и „3-де“ акробации. Денес, Недан барем трипати неделно оди на спортскиот аеродром Стенковец и таму го минува денот. Ми се пофали со последниот авион, купен од Америка, кој му го донесе второто место на последниот натпревар во Србија. На прашањето дали му е предизвик еден ден да пилотира вистински авион, ми вели дека себеси не се гледа во кабина. Сон му е да


спорт

По неколку минути забораваш дека станицата ти е в раце. Ти си авионот!

седне зад управувачот на акробатски авион, но, како што вели, шансите тоа да се случи во Македонија се речиси никакви. Во моментов, целта му е да стане почитуван пилот на радиоконтролирани авиони, во кругот на моделарите. „Не ми е целта да станам светски шампион. Верувам во себе, ќе се натпреварувам и понатаму, но реален сум и знам дека конкуренцијата е неверојатна. Мене не ме импресионира самото моделирање на авионите и процесот на склопување. Уживам да ги летам авионите, да правам акробации во воздухот и да го почувствувам неверојатниот адреналин кога го кревам авионот од земјата кон небото. По неколку минути забораваш дека станицата ти е в раце. Ти си авионот! Такво е чувството. Не знам како се чувствуваат другите кои го прават истото, но за мене чувството е подобро и од секс“. Недан раскажува за негови колеги, пасионирани моделари, кои при моделирањето на еден авион не само што се трудат да биде што поверодостоен со вистинските авиони, туку додаваат и неверојатни детали. Знаат да направат и авиони кои летале за време на светските војни, да вметнат пилоти со шмајзери, да го насликаат и бојадисаат авионот исто како и самиот оригинал, па дури и звукот што го испушта при летањето да биде автентичен.

Недан по професија е дипломиран вајар и се занимава со уметност, како што вели, „од памтивек“. Тврди дека мора да бидеш уметник за да ги реализираш своите идеи на небото и од летањето да направиш атракција и спектакл. Впрочем, секое необично хоби, кога се сака, се претвора во уметност за себе. ¿

79 LIFE О К Т О М В Р И

„Еден таков авион е бесценет и 'фанатиците' кои прават вакви модели знаат да работат на тоа и со години. Интересно е што кога ќе дојде време да се испроба во воздух тоа ремек-дело, конструкторите обично немаат срце сами да го испробаат. Најчесто тоа за нив го прави друг пилот. Одредени моделари одат дотаму што плаќаат некому да и м го врши пробното летање“.


ако мене ме пр аша т е филм

ПОСЛЕДНОТО ПОГЛАВЈЕ ¢ Влатко Галевски

ОВОЈ ФИЛМ Е ДОВОЛНО САМО ДА СЕ СЛУША ерувам дека на секој кој малку посериозно се занимава со филмска критика, а тоа В подразбира и определен филмски стаж,

LIFE О К Т О М В Р И

80

би рекле, движечки креативен и технолошки елемент во целокупната филмска индустрија. Возрасните, кои поради желбата и обврската на своите деца да им нудат богат анимиран материјал (во домашни услови или во кино), се прилично упатени во оваа

E

воопшто не му е лесно да пишува на тема – анимиран филм. Пред сe` поради предрасудата дека таквите филмови се главно наменети

за најмладата филмска публика и дека ние, возрасните, не сме особено компетентни да ги цениме нивните вредности. Сепак, почнувајќи од Дизни па сe` до денешно време, цртаниот филм (сосема неупотреблива формулација за новата анимирана продукција) е значаен и,


филм

„Шрек 4“ како веќе да ги исцрпи сите раскажувачки резерви на неговите автори

ИЗИ А (EASY A) Со овој филм Ема Стоун се искачи на врвот на скалата на популарност во Америка, а беше рангирана како 49-та од најжешките 100. Но, во овој филм има и една друга девојка чија кариера е во нагорна линија. Името и е Аманда Бинс, посттинејџерка од филмовите „Лак за коса“ и „Што сакаат девојките“. Машкиот дел од екипата на филмот не би го коментирале.

Бен Афлек и Џереми Рејнер. Сосема привлечна комбинација за припадничките на понежниот пол. Само, филмот има една мана. Не е женски. Ама, кој ќе го знае. И „Опасна кутија“ (The Hurt locker) беше машки филм, а го режираше жена (Кетрин Биглоу). Бен Афлек во овој филм се појавува и како режисер. Засега најгледан филм во САД во септември.

81LIFE О К Т О М В Р И

ГРАДОТ (THE TOWN)


филм

Најпривлечното во „Шрек“ се позајмените гласови

МЕСТО НА ЗЛОТО: ПО ЖИВОТОТ (RESIDENT EVIL: AFTERLIFE)

ЕДИ МАРФИ — МАГАРЕТО

МИК МЕЈЕРС КАКО ШРЕК

продукција. Така, сe` почесто ја слушаме основната поделба на анимираните филмови според фирмите кои ги произведуваат. Нешто како моден бренд, дали е подобар Ив Сен Лорен или Пјер Карден? Кај „цртаните“ борбата главно се води помеѓу „Дрим воркс“ и „Пиксар“. Како и да е, „Шрек“ по ова четврто (и последно) свое издание стана исклучително значаен и квалитетен бренд, како поради квалитетот на продукцијата така и поради финансиските ефекти. Податоците од бокс-офисот велат дека за четирите филма се потрошени 535 милиони долари, а заработувачката само на киноблагајните досега е милијарда и 300 милиони долари. Тука не се пресметани ефектите од дивиди-продажбата и профитот од една цела индустрија за текстил, играчки и сувенири кои се занимаваат со Шрек и (не)пријателите. „Шрек 4“, сеедно што е спакуван во 3Д-технологија, како веќе да ги исцрпи сите раскажувачки резерви на не-

КАМЕРОН ДИЈАЗ КАКО ФИОНА

говите автори, а тоа веројатно ќе се одрази и на гледаноста на филмот. Бидејќи кај нас немаме услови да го гледаме во неговиот оригинален формат (3Д, ИМАКС), „Шрек“ го губи и оној технолошки гламур кој дополнително треба да ги ангажира сите сетила, а настрана што најмладите имаат и проблем со читањето на титловите. Хрватите одамна, и тоа на високопрофесионално ниво ги натсинхронизираат филмовите за деца, кои денес, патем речено, мошне рано почнуваат со совладување на англискиот јазик. И кај нас веќе се најавуваат првите синхронизирани детски филмови за големо платно. Во едно сум сосема сигурен. Најпривлечното во „Шрек“ се позајмените гласови. Американците тој сегмент во филмовите го довеле до совршенство.

Главните (вокални) ликови се и од претходните продолженија. Мик Мејерс како Шрек и Камерон Дијаз како Фиона се супериорни во „актерството“ на цртаните јунаци, нивните гласови и интонации се во совршена синхронизираност со мимиките, расположенијата и реакциите на Шрек и Фиона. Речиси се замислувате дали анимациите се правени откако тие го одглумиле текстот или постапката е обратна. Но, врвот на ова „aктерство во сенка“ секако се гласовите на Еди Марфи кој го озвучува Магарето и Антонио Бандерас како Мачорот во чизми. А новата ѕвезда во филмот е ликот на негативецот Рампелстилскин озвучен од извонредниот Волт Дорн. Вистинско уживање е да се следат креациите на овие мајстори на дикцијата, интонацијата и драматиката. Ако мене ме прашате... не барајте од вашите деца да ви го прераскажуваат филмот, отидете и вие во кино, има моменти кога навистина ќе уживате и од срце ќе се насмеете. ¿

Мила Јововиќ... и сe` е кажано. Уште ако се знае дека оваа вамп-жена нема предрасуди околу разголувањето, јасно е зошто за само 20 дена во септември филмот во САД инкасира 60 милиони долари. Успешниот рецепт за гледаност е комбинација од жанрови: трилер, СФ, акција, хорор... убави жени и многу специјални ефекти.

ВОЛСТРИТ: ПАРИТЕ НИКОГАШ НЕ СПИЈАТ (WALL STREET: MONEY NEVER SLEEPS) По 13 години Оливер Стоун се врати на берзата. Повторно со Мајкл Даглас, но без Чарли Шин. Очигледно големите ѕвезди не сакаат да си конкурираат. Но, затоа играат Сузан Сарандон, Ели Волач, Џош Бролин, Френк Лангела, Кери Малиган... Филмот почна да се прикажува пред само две недели, но се чини дека ни оддалеку не е на рамниште на досегашните филмови на Оливер Стоун.

82 LIFE О К Т О М В Р И

АЛФА И ОМЕГА (ALPHA AND OMEGA) Хиперпродукцијата на цртани филмови во Холивуд никако не запира. Сепак, изгледа дека квалитетот на филмовите не е на највисоко ниво. Како и да е, кога станува збор за цртани филмови, на кината им е загарантирана добра продажба на билети. На штета на родителите, се разбира! Приказна за двојка млади волци кои патуваат во странство и имаат многу авантури. Потоа се враќаат дома?! Позајмувачи на волчешките гласови се Џастин Лонг, Хајден Пенетиер, Денис Хопер, Дени Гловер и Кристина Ричи.


на манифестацијата „20. Интернационална фотосцена Келн“, каде со германскиот уметник Денис Тис се претставија со заедничката изложба „Експерименти со фотографијата“. Сегментот на Паскали носи наслов „Меридијани“ и станува збор за нејзин најнов циклус што е започнат во 2009 година и се` уште е во процес на реализација. „Во проектот ’Меридијани‘ ги фотографирам градовите, претставувајќи ги во една меридијална издолжена слика. Луѓето и архитектурата се соединуваат во вертикалниот простор обидувајќи се да го задржат своето значење. Досега се обидував да ја доловам широчината на градот, која ме импресионираше со својата бескрајност, повторување, луѓето и величината на архитектурата во која заедно функционираат. Сега сакам да ја освојам височината на градот. Вертикалата во која се гледаат небото и земјата, а луѓето и архитектурата се наоѓаат во неговата средина докажувајќи дека се тука и се дел од градот. Досега проектот е работен во повеќе градови, како Париз, Москва, Брисел, Ватерло, Венеција, Скопје, Токио. Практично, моите ’Меридијани‘ ме натераа да ги ’ловам‘ градовите низ светот, сакани, посакувани, познати, значајни, како во минатото така и денес, кои оставиле трага и сведочат со својата хоризонтална и вертикална постојаност“, вели Ирена Паскали. Првото претставување на „Меридијани“ се случи во „Арт галерија 7“ во Келн во период од 3-ти до 26 септември. Речиси истовремено, со изложба во градот Ритген се претстави со проектот „Совладан простор“. Третата активност во текот на септември беше учеството на нејзиното видео „Есенс“ на 13. Биенале за компјутерска уметност во Гладбах.

Авторскиот проект „Кураторска работилница“ (Curatorial workshop) на македонскиот историчар на уметноста, Горанчо Ѓорѓиевски, е претставен во градската галерија во Љубљана, Словенија. Во основа, проектот има многу едноставна идеја која во процесот на реализација доби на тежина. Имено, авторот, односно кустосот, се фотографира со одбран уметник во контекст на неговото уметничко творештво. Така, со Горанчо досега се фотографираа уметничките групации ИРВИН и „Зеро“, уметниците Александар Станкоски, Жанета Вангели, Ирена Паскали, Игор Тошевски, Атанас Ботев, Урош Ѓуриќ и други. Изложбата досега е презентирана во Скопје, Белград и во Њујорк. Горанчо Ѓорѓиевски работи како кустос во Националната галерија на Македонија.

галерија

ПРЕЗЕНТИРАЊЕ НА КУРАТОРОТ

ОТВОРЕНО ГРАФИЧКО СТУДИО – МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕ

ПРИФАЌАЊЕ НА АПСУРДОТ Стрип-цртеж реализиран во ликовна техника. Емотивна реалност изразена со повеќеслоен визуелен концепт. Филозовската смисла на животот употребена како лајт-мотив. Комплексното животно искуство на личноста може да се претстави на безброј начини. Тоа е чувството кое се раѓа откако ќе ја погледнете изложбата „Догматското прифаќање на апсурдот како доблест“ на Васил Чулев. Авторот, кој десетина години живееше во Италија, своите визуелни фантазии ги преточи во конкретни дела со кои апсурдите на секојдневјето ги принесе пред очите на гледачот. Изложбата, поставена во Отвореното графичко студио при Музејот на град Скопје, навистина вредеше да се забележи.

LIFE О К Т О М В Р И

изуелната уметница Ирена Паскали влезе во динамичен период на претставување на своето В творештво. На почетокот на септември учествуваше

МЕСТНА ГАЛЕРИЈА, ЉУБЉАНА

83

ПАНОРАМА НА МЕРИДИЈАНИТЕ

ЕКСПЕРИМЕНТАЛНИ ФОТОГРАФИИ НА ИРЕНА ПАСКАЛИ

¢ Тони Димков


гаерија

ГА ЛЕ РИ ЈА

ДА ЖИВЕЕ РЕВОЛУЦИЈАТА

ДИЈАЛОГ СО УРБАНИОТ ПРОСТОР

Летово, во Музејот за современа уметност во Сан Диего се отвори Viva la revolution, голема изложба која ги обединува најголемите светски стритартисти. Меѓу другите, можат да се видат дела од Бенкси, Шепард Фери, Блу, Инвејдер...

СЛОЖУВАЛКА ЗА СЕЧКАЊЕ Оваа креативна штица за сечкање е производ на холандското дизајнерско студио „OOOMS“. Покрај симпатичниот изглед, можете да забележите дека има и многу практична примена.

ПТИЧЈИ ГРАД СО ПИКСЕЛИЗИРАН ИЗГЛЕД

84 LIFE О К Т О М В Р И

„Спонтанград во Рајското дрво“ е името на оваа скулптурна инсталација од арт-колективот „Лондон филдворкс“. Се состои од 250 дрвени куќички за птици и има за цел да ја подигне јавната еколошка свест.

НОВИ ОЛИМПИСКИ ПОШТЕНСКИ МАРКИ

Британската Кралска пошта ја издаде втората серија поштенски марки по повод ЛОИ во Лондон 2012. За 30. Олимпијада ќе бидат издадени 30 марки на кои ќе бидат илустрирани сите спортови од Олимписките и Параолимписките игри. Третата последна серија ќе излезе во 2011 година.


МОДА ЗА ЅИДОВИ

галерија

¢ Златко Пармаковски

85 LIFE О К Т О М В Р И

Трине Андерсен е дизајнерка од Данска која изработува тапети и џиновски ѕидни лепенки. Идејата ја добива преуредувајќи го својот дом, па набрзо станува позната по својот бренд „ferm LIVING“. Како што самата има речено: „Преправајте се дека купувате облека - ова е само мода за вашите ѕидови“.


музика

¢ Александар Гавровски

o Кире Галевски

СЕРИОЗЕН ДЕЧКО

СЕРИОЗЕН БЕНД На пошироката јавност `и е познат како идејниот творец и лидер на „Беј Д’ Фиш“ (Bei The Fish), бенд кој во последно време е се` поприсутен и на домашните и на регионалните ТВ-станици. Додека преслушувавме некои нови, се` уште недовршени песни во неговото студио, разговаравме со Огнен Анастасовски, еден од најталентираните домашни музичари: дипломиран контрабасист, композитор, продуцент, мултиинструменталист и вокалист со прекрасен глас.

рецензии THIS IS HAPPENING LCD Soundsystem

86

LIFE О К Т О М В Р И

(DFA / EMI 2010)

Ако ги сфатиме сериозно сите интервјуа и изјави на Џејмс Марфи од оваа година, тогаш можеме со сигурност да заклучиме дека станува збор за последниот албум на „LCD Soundsystem“. Заокружување на една прекрасна музичка бајка започната со нивниот деби-албум, пресликана на вториот „Sound of Silver“ и заокружена на „This is Happening“. Песните како „You Wanted a Hit“ и „Home“ јасно укажуваат дека ова е последниот албум на највозбудливиот состав на новиот век. Џејмс Марфи: дојдов, видов, победив.

MY PERSONAL HOLIDAY Bernays Propaganda (PMG recordings / Направи заедно 2010) Вториот албум на скопскиот рокенрол состав „Bernays Propaganda“, наследник на минатогодишниот „Happines Machines“ (македонски албум на годината за 2009-та според „Канал 103“). Во време кога домашната музичка сцена изгледа витална и свежа како никогаш досега, „Bernays Propaganda“ делуваат како бенд што се позиционираше на самиот врв. Цврст рокенрол звук, ангажирани текстови, пеколни настапи во живо. Песни како „Намести фризура и гладувај“, „Се плашам од луѓе“, „Овој ден да помине“, „VIP in Paradise“. „My Personal Holiday“: задолжително четиво за сите вљубеници во (домашниот) рокенрол.


музика ОФИЦИЈАЛНА ДИСКОГРАФИЈА: „What Are You Fighting For?“, E.P. (PMG Recordings 2006) „Look Up!“, L.P. (E-Go East Records 2007) „Marat / Sade“, музика за театарска претстава (PMG Recordings 2009) „Time To Get Things Right / Music About All About“, двоен L.P. (PMG Recordings / Circle Production 2009)

STRANGE WEATHER, ISN'T IT?

!!!

(Warp records 2010) Еве еден школски пример за албум кој носи свежина со секое наредно преслушување. Четвртиот албум на американскиот рокенрол состав „!!!“ е возбудливо издание со кое тие потсетуваат на својата креативност и способност да направат исклучително возбудливи песни, нешто на што подзаборавивме ако се земе предвид нивниот претходен албум, просечниот „Myth Takes“. „!!!“ – „Strange Weather, Isn't it?“: Најди, купи, слушни.

работите се ставени на „стенд-бај“. Имаме начелен договор дека тоа ќе го завршиме во првиот слободен момент. Да се вратиме на „Беј Д’ Фиш“. Мислиш ли дека оваа постава на бендот со Владимир Настевски–Цевка

ARK Брендон Пери (Cooking vinyl 2010) Вториот соло-албум на лидерот на никогаш непрежалените „Dead Can Dance“, наследник на „Eye of the Hunter“ од 1999 година. Музичар кој не престанува да не` заплиснува со убавина која просто извира од секој стих и секој звук на неговата музика. „Ark“ е фантастично музичко доживување кое има моќ да ве однесе далеку од проблемите на овој свет и удобно да ве смести во вашата лична утопија. Албум на годината? Се разбира...

87 LIFE О К Т О М В Р И

До каде е твојот хип-хоп проект? Во неврзаните разговори што сме ги воделе, зборуваше со многу ентузијазам за него… Главниот „виновник“ за овој проект, Драган од „ Ла Колони Волвокс“, во моментов е ангажиран со својот матичен бенд, така што

E

Огнен Анастасовски е музичар кој неуморно работи. Што за тебе претставува „Беј Д’ Фиш“, а што останатите музички проекти? Кои се твоите приоритети? „Беј Д’ Фиш“ е еден од главните приоритети во мојот живот, а како поминува времето, работите стануваат се` посериозни. Минатата година го издадовме вториот албум, а за следната го подготвуваме третиот. Од друга страна, јас не би се откажал од ништо. Работата на различни музички полиња е составен дел од секојдневието.


музика

на тапани е вистинската за изведување на вашите песни во живо? Долго време настапувавме како трио. Кога дојде Цевка, се случи еден интересен момент: по неколку недели заеднички проби, на една проба тој не дојде. Решивме да правиме проба без него. Тогаш сфативме колку Цевка се вклопил во бендот и внел нешто свое, внел динамика и свежина. А, дали оваа постава е вистинска за нашиот звук – не знам. Важно е да можеш да седнеш на маса, да разговараш, јадеш и пиеш со луѓето. Ако можеш да го правиш тоа, тогаш можете и да свирите заедно. Ми се допаѓа како стојат работите во бендот и се надевам дека ќе останат така уште некое време. Живите настапи на бендот зачестија во последниве неколку години. Мислиш ли дека е тоа требаше да се случи порано? Јас сум во принцип студиски глушец. Сакам да работам тука, никој не ми пречи, мирен сум... Требаше порано да почнеме да работиме на настапите во живо, но не бевме подготвени за тоа. Би рекол дека и сега не свириме толку колку што е потребно, но сепак доволно од аспект што живееме во Македонија. Од друга страна, секое излегување на бина ни е сосема ново и незаменливо искуство. Уживаме во тие моменти. Во последно време живна видеопродукцијата на „Беј Д’ Фиш“ и тоа видно се почувствува… Видеата ги работиме со луѓе што сакаат да работат со нас и самите ни приоѓаат, сосема ентузијастички. Таа енергија и ентузијазмот за рабо-

тење поради самата работа, а не за пари, не сакаме да ја изгубиме поради возраста или затоа што сега сме сериозен бенд. Ако некој направи добро видео за наша песна, утре ќе направи и за некој друг, и ако е добар на крајот ќе го наплати својот труд. Да го завршиме разговорот со домашната музичка сцена, како ти ја доживуваше како млад музичар? Мислиш ли дека има некои нови деца спремни да ја продолжат работата? Јас никогаш особено не сум ја следел музичката сцена, вклучително македонската. Пред некоја вечер ги гледав „Канон“, имаа добар концерт. Тотално „откачив“ на „Љубојна“, дури почнав да мислам дека и јас би го работел истото… Повеќе сакав да разговараме за нејзиното влијание врз тебе како дете. Посета на концерти на домашни бендови… Која рокенрол сцена? Реално, кога ние бевме мали–веќе свиревме – ние, нашата генерација („Бензона“, „Бумбикс“, „Суперхикс“...). Од постарите свиреа само „Архангел“. Се сеќавам на едно интервју со Ристо Вртев од тоа време, го прашаа за архивата на македонска народна музика којашто скапува во МТВ. Неговиот одговор беше дека, ако така стојат работите, целото тоа музичко богатство и треба да пропадне. Па утре, здравје, да дојде некоја нова генерација и да ја исправи неправдата. Проблемот е што во моментот истото се случуваше и со рокенролот кај нас. Се чекаше да дојдат нови деца. И (се смее), еве не`, мислам дека сме тука и дека работиме на вистинскиот начин: „Бернајс Пропаганда“, „Фолтин“, „Љубојна“, Сашко Костов… ¿

¢ Тони Димков

ИНТЕНЗИВНА ЏЕЗ-ДОЗА

РАЗНОВИДНОСТА НА ПОНУДАТА ОТСЕКОГАШ ГО КАРАКТЕРИЗИРАЛА МУЗИЧКИОТ СЕНЗИБИЛИТЕТ НА СКОПЈЕ ЏЕЗ-ФЕСТИВАЛ

ОМАР СОСА

88

LIFE О К Т О М В Р И

ога станува збор за комуницирање со модерните времиња преку музиката, тогаш К Скопје џез-фестивал е директен линк кон актуелното европско и светско творештво. „Џезмузиката не е стил, туку јазик“, потенцира Јури Хонинг, холандски музичар кој ќе настапи на првата вечер на фестивалот во рамките на полноќната програма во клубот „Хард рок“. Претходно, скопскиот џез-фестивал ќе го отворат Омар Соса и неговиот квартет со кој го сними најновиот албум „Afreecanos“, како и Марија Пија де Вито, која ќе го претстави проектот „Mind the gap“.

Разновидноста на понудата отсекогаш го карактеризирала музичкиот сензибилитет на Скопје џез-фестивал. Ако првата вечер започнува со кубански музичари кои во својот израз носат афрокубански етно-влијанија вткаени во џез-колорит, а потоа настапува исклучителната вокалистка на европската современа џез-сцена, Марија Пија де Вито, тогаш на крајот на вечерта Јури Хонинг, со својот саксофон и двете стилски различни (џез и рок) гитари, дефинитивно ќе ја потврди тезата дека џезот е јазик, а не стил. Гитаристот Лари Карлтон, откако осумнаесет пати беше номиниран и три пати стана

ЛАРИ КАРЛТОН

ЈУРИ ХОНИНГ

добитник на наградата „Греми“, со сигурност го знае тоа. Всушност, сите музичари кои настапувале и ќе настапат на Џез-фестивалот во Скопје посакуваат да се слушне и да биде разбран нивниот музички јазик. Сакаат да ги пренесат своите емоции и да добијат повратна и искрена реакција од публиката. Годинашната интензивна џез-доза Скопје џез-фестивал ќе ја понуди од 21 до 24 октомври на вообичаените локации: Универзална сала, МОБ и клуб „Хард рок“. За публиката останува само да ги прифати, разбере и во иста мера да возврати на вибрациите на џез-музиката.


Нам ни е навистина супер. МАКЕДОНСКИ дејство се случува на село. Немаме мрднато ни со маДијалозите се приказна НАРОДНИ лиот прст, а сме ја наслесама за себе: сценаријата диле телевизијата како циПРИКАЗНИ како излезени од перото вилизациска придобивка, на двоецот Sинго – Велија; па сега произведуваме ТВактерската екипа без желба програма. Онака како што за живот; режијата ко да го ние мислиме дека треба, носи потписот Латас – Секуонака како што сме си заловска; музиката, фала богу, мислиле. Производот? Неја нема. Новите македонски ретко генијален: со многу народни приказни се типилош хумор, без вкус, често чен македонски ендемски против сите правила диквид, направени со силување тирани од употребата на на делото на собирачите подвижните слики. Макена народни умотворби донците и телевизијата и изградени врз успехот - една убава приказна… и оригиналната идеја на серијалот започнат од РТС во те ме мене повторно во осумдесеттите. мојата омилена позиФактот што Колозов ција. Фотелјата - удобна; веќе не е меѓу нас и има огнозете - испружени; кафето ромна празнина со вистин- силно; далечинското - на ски кастинг за улогите на дофат; сликата - кристално Царот и Господ е најмаличиста. Треба да престанам от проблем. Пред да видам да размислувам за Црнокако новокомпонираните македонски приказни изглегорците и како тоа нивната ТВ-продукција е оригинална даат на телевизија, наивно мислев дека отсуството на и ендемска речиси како и нашата. Најдобро ќе биде да Ѓорѓи Колозов ќе биде клучниот проблем. се нурнам во синиот свет. Денеска на менито: македонИзбегнувајте ги овие ТВ-приказни, освен ако не сте ски народни приказни. мој тип на ТВ-холичар и можете да уживате во лошите Вистина е дека станува збор за еден од најуспешникостими и бајатата актерска игра или, пак, знаете да се те, па ако сакате и најдобрите македонски ТВ-продуксмеете кога ситуацијата бара солзи. ти. Имаме приказна (добра приказна), имаме солиден Ах, да, замалку ќе заборавев… Пред некој ден, на практерски тим и ентузијастички настроена ТВ-екипа. Да ва програма налетав на вистинска македонска народна нема забуни: овде зборувам за оригиналните народни приказна снимена во 1987. Беше неподносливо наивна, приказни, лансирани и направени од Радио-телевизија но имаше нешто симпатично во целиот производ. МожеСкопје во осумдесеттите години. би тоа беше Црна Арапина… Бев заборавил дека постои овој македонски ТВпроизвод, се` додека не налетав на „новите“ филмуваП.С. Постои една приказна која отсекогаш ме фасцинини македонски приказни... Сега нема никогаш да ги рала. Силјан Штркот. Има фантастични елементи, одзаборавам. А1 и Сител на најлош можен начин успеале лично дејствие, прекрасни описи и цврста, јасна поука да ги вратат во игра притоа уништувајќи ги сите убавини на крајот. Никој не ни помислил да ја филмува. Филмушто со себе ги носат приказните ревносно собирани од ван, Силјан Штркот би го направил Цепенков среќен Миладиновци, Цепенков, Чуповски… Прво, тоа не се тие човек. За жал, тој тоа не е. приказни. Овие се некои нови, овие ги немам прочитано. Низ нив само провејуваат некои мотиви од оригиналните народни приказни. Најчесто нема ниту мотиви, туку Александар Македонски само обична, плитка приказна со (каква-таква) поука чие

дежурен тв-холичар

МИСЛАМ ДЕКА ИМАМЕ ХИТ

89

LIFE О К Т О М В Р И

Е


театар

ИБЕН НАГЕЛ РАСМУСЕН

ОД ТЕАТАР ОДИН

¢ Игор Ивковиќ

o Ивана Кузмановска Еуџенио Барба и Интернационалната школа за театарска антропологија, но никогаш македонската публика немала можност одблиску да види и чуе што точно значи театарска антропологија. Ќе можете ли сега да ја објасните оваа дефиниција? Мислам дека ова прашање треба да му го поставите лично на Еуџенио Барба, затоа што тој се Колку е лесно или тешко да интересираше и истражуваше на се биде водечкиот актер во „ТЕАТАРОТ НЕ МОЖЕ И НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ ХЕРМЕТИЧКИ полето на театарската антропотеатарот кој го предводи логија многу години пред да го Еуџенио Барба? ЗАТВОРЕН СИСТЕМ. ТОЈ МОРА СЕКОГАШ ДА БИДЕ основа сегашниот театар ОДИН. Тоа е многу одговорна задача и ОТВОРЕН КОН РАЗЛИЧНОСТИТЕ И ДА ГИ ПРИФАЌА“, Тој често патуваше во Индија, ги навистина ми е чест, морам да ВЕЛИ ПРВАТА АКТЕРКА ОД ТЕАТАРОТ ОДИН, НА има гледано претставите „катапризнаам. Не би се нарекла прва ЖИВАТА ЛЕГЕНДА ЕУЏЕНИО БАРБА, КОЈА БЕШЕ ВО кали“ и другите видови индиски актерка во театарот на Еуџенио танци. Практично, јас за првпат Барба, туку повеќе лидер или коСКОПЈЕ, НА ФЕСТИВАЛОТ МОТ се сретнав со оваа дефиниција со ординатор на групата. Многу е една постара група актери која ја важно да се најде начин како да имавме во театарот ОДИН кога истражувавме многу на полето на тесе координира една голема група. Особено во големите проекти. Но, атарот. Во тоа време, Барба ја основаше и Интернационалната школа исто така, задоволство ми е и кога работам со малите групи. За повеќе за театарска антропологија. Таму Барба зборуваше повеќе за неговите од 40 години, успеав да го споделам своето актерско искуство со горазмислувања за театарот. Еуџенио никогаш нема настапувано како лем број млади луѓе и тоа навистина ми причинува големо задоволство, но и одговорност. Во театарот ОДИН се случува да работиме една актер, никогаш нема „глумено“. Но, тој на неговите работилници или, пак, кога работи некој проект постојано ја нагласува координацијата претстава неколку години. Тоа е принцип востановен од Барба, чија меѓу телото и умот. Еден актер мора постојано да функционира и со цел е да се истражува на полето на театарот, на полето на креирањето физичките и со менталните предиспозиции. На пример, какво специна актерската ролја. Во такви случаи координацијата меѓу екипата е фично движење може да направи раката под одлична координација одговорна задача. со разумот? Какви специфични движења може да направи актерското тело под координација со умот, со неговото лично актерско искуство? Во многу од учебниците за театар, сме читале и учеле за теаИли, кои сличности можеш да ги најдеш, на пример, во сите различни тарот ОДИН, за театарската антропологија како дефиниција, за

90

LIFE О К Т О М В Р И

Колку долго работите во театарот ОДИН, со Еуџенио Барба? Дојдов во театарот ОДИН, кога тој се пресели во Осло, Норвешка. Тоа беше во далечната 1964 година. Тогаш почна да се основа ОДИН театарот, а официјалниот старт ни беше во 1966 година. Повеќе од 40 години сум во овој театар.


театар „Г-ЦА ЈУЛИЈА“ ВО МКЦ На 11 октомври, на сцената на МКЦ премиерно ќе биде изведена претставата „Вежба по Госпоѓица Јулија на Јохан Август Стриндберг“ во режија на Деан Дамјановски. „Станува збор за работа која се концентрира врз присуството и физичкото поведение на изведувачот на сцената и кај која текстот и ликовите претставуваат своевидна база од која ја започнуваме нашата работа. Она што претставува основен фокус во процесот е тенката линија помеѓу поимите (или „конструкциите“) актер - лик и човек - актер“, цели режисерот Дамјановски. Во претставата учествуваат Катерина Аневска, Јасмина Василева и Златко Митрески.

Што мислите дека е најважно: да се поседува физички или ментални предиспозиции или, пак, комбинација од двете? Мислам дека нема потреба од вакво категоризирање. Најважно е на почетокот да си го креирате вашиот сопствен актерски јазик за да бидете свесни за вашето тело, за вашиот ум, но и за вашиот глас. Да бидете свесни за се` што треба да го откриете и развиете и со текот на годините, откако ќе ги осознаете сите овие работи и кога ќе ја достигнете таа точка, најтешкото е да не дозволите да се повторувате и секако да најдете ново решение како да се одигра следниот нов карактер. Всушност, тоа е предизвикот кај секој актер и тоа е причината поради која ние не старееме.

Како се подготвувате вие за една ваша ролја? Со практични, физички вежби, ментални или, пак, истражувате? Јас не би ги нарекла вежби, туку нови начини на однесување. Секогаш целам кон тоа да направам нешто различно кога работам на некој нов карактер. Пронаоѓам некој нов реквизит и започнувам да работам со него. На пример, се обидувам да најдам начини како можам да го искористам тој реквизит, дали е различен од останатите реквизити кои сум ги користела во минатото итн. Во претставата тоа ви придонесува за успешно креирање на ролјата. Тоа го правам најчесто во последниов период со претставите на кои работиме. Дали досега имате гледано некоја македонска претстава? Не. Зошто? Па јa немав таа можност... во овие неколку дена на МОТ, имав можност да гледам неколку од програмата на фестивалот, но не и македонска. Првпат сум во Скопје и тоа само три дена, од кои во најголем дел ги поминувам со работилници, состаноци и изведби на нашите две претстави. Со фестивалот МОТ договоривте копродукциска соработка. На каков проект ќе соработувате? Тоа е за новата продукција која ќе ја води Еуџенио Барба. Ќе соработуваме со европски театри меѓу кои, се надеваме, и од Македонија.

ТЕАТАР 007 ВО УНИВЕРЗАЛНА САЛА Од 5 октомври, со претставата „Отпушоци“, работена според романот „Последната нова година“ од Николо Аманити, Независниот ТЕАТАР 007, ја почнува новата сезона, на сцената на Универзална сала. Покрај ТЕАТАР 007, во рамките на Независната театарска сцена во Универзална сала ќе работат и Војо Цветановски, првиот дипломиран пантомимичар во Македонија, и режисерот Ристе Алексовски. На репертоарот се претставите „Ќелавата пејачка“ од Ежен Јонеско, „Игра“ работена според култните раскази на Данил Хармс, а веќе од следниот месец ТЕАТАР 007 ги најавува премиерите на „Сината птица“ на Морис Метерлник (куклена претстава за деца) и „Магија еделвајс“ според текстот „Балканот не е мртов“ на Дејан Дуковски.

„ВОНДЕРЛЕНД ТЕАТАР“ ВО „ХАВАНА“ Од неодамна во ноќниот клуб „Хавана“ почна со работа уште една независен театар. Тандемот Нела Витошевиќ и Васил Христов, го основаа „Вондерленд театарот“ кој има за цел, како што изјавуваат, да направат обид да излезат од застарените текови во нашите театри: „Бараме алтернативен и современ медиум да ги изразиме нашите идеи, зашто во институционалните театри најчесто сме обврзани да работиме нешто не го сакаме, што ни е наметнато. Така, со тек на време, или ќе паднете во тешка депресија или ќе се откажете од театарот и ќе отиде во политика" вели режисерката Витошевиќ. Првата претстава која ја имаше „Вондерленд театар“ беше „Брод за кукли“ од Милена Марковиќ, во режија на Нела Витошевиќ. Во неа играат: Ирена Ристиќ, Николина Кујача, Наташа Петровиќ, Славиша Кајевски, Игор Ангелов, Благој Веселинов. Музиката е на Огнен Анастасовски од „Беи Д' Фиш“, костимите се на Росица Мршиќ, а продукцијата е на „Круг“ или на Дејан Крајчевски и Васил Ѓуроски.

91 LIFE О К Т О М В Р И

култури? Какви искуствени сличности може да се најдат кај однесувањето на сцена кај актерите од Индија, на пример, со оние од Бали, па дури и со актерите кои играат Комедија дел арте, Шекспир итн. Тоа се принципите на театарската антропологија. Тоа секако не значи увезување различни ритуали или театарски форми од другите традиции, туку идејата е да се најдат заедничките принципи на работа и истите да се пренесат во искуството и работата на актерот, односно театарската група. Театарот не може и не смее да биде херметички затворен систем. Тој секогаш мора да биде отворен кон различностите и да ги прифаќа. Не во смисла на синкретизам, мешање различни јазици и култури на сцената, туку автентично да се вметнат различните театарски техники и да бидат инкорпорирани во театарскиот свет.


книга

ГУРМАНСКО ЕДРЕЊЕ Анита Палческа и Гордана Челебиќ (МЛАДИНСКА КНИГА)

Едриличарскиот клуб ПАМПУР (Прва авантуристичка македонска поморска ударна регата) и книгоиздателството „Младинска книга“ ги здружија своите сили, вештини и умеења со цел на македонските читатели да им ги откријат тајните на морињата и океаните, да им го доближат едрењето, во една заедничка книга да ги опфатат нишките што го поврзуваат човекот со природата. Исто така, нивна цел е на едноставен и ведар начин да им покажат на луѓето, кои денес живеат активно и динамично, дека исхраната може да биде квалитетна, иако јадењата се зготвени брзо, и да им понудат идеи и полезен прирачник за секоја мала и голема кујна.

ПАЛИНДРОМ СО ДВЕ Н Ѓоко Здравески

(АНТОЛОГ)

Младиот поет Ѓоко Здравески направи многу симпатична промоција на својата деби-збирка поезија „Палиндром со две н“. Поигрувајќи со терминот палиндром од насловот на книгата, промоторите Никола Маџиров, поет, и Владимир Мартиновски, поет и годинашен добитник на наградата „Браќа Миладиновци“, низ палиндроми ја растајнија врската меѓу поетот Ѓоко и мистериозната Анна. Атмосферата на промоцијата во Младинскиот културен центар звучно ја исполнија составот „Партитативен генитив“ и дел од бендот „Саут парк“. Суштината на поезијата на Здравески ја открива книжевната рецензија на Јасна Котеска, која вели: „Прекрасна љубовна збирка, нешто како обнова на едноставниот, а длабок спој на љубовта и поезијата на македонски јазик“.

МЕ САКАШ ЛИ ПОД ДОЖДОТ Александар Русјаков

92 LIFE О К Т О М В Р И

(ИЛИ-ИЛИ)

Издавачката куќа „Или-или“ објави шест приказни за љубовта споени во книгата „Ме сакаш ли под дождот?“ на Александар Русјаков. Станува збор за книжевно деби на автор кој со серискиот филм „Приказни за љубовта и свршувањето“ дипломираше на Факултетот за драмски уметности во Скопје, потоа стана еден од авторите на анимираната хумористична серија „Еднооки“, а досега ја има објавено само поемата „Недовршена љубовна приказна“ во списанието „Разгледи“. Заеднички именител на расказите во новата книга е љубовта, погледната и раскажана од различен агол, но на крајот повторно е ставен прашалник.

¢ Тони Димков

o Ивана Кузмановска

ФРОСИНА НАУМОВСКА, ПОЕТЕСА

БОРЕЦ ЗА ВИСТИНСКИТЕ ВРЕДНОСТИ

ПРЕД ДА ЗАМИНЕ НА ПОСТДИПЛОМСКИ СТУДИИ ВО ФИЛМСКАТА АКАДЕМИЈА ВО ПРАГА, РЕЖИСЕРКАТА И ПОЕТЕСА, ФРОСИНА НАУМОВСКА, ГИ ОТКРИВА ИЗВОРИТЕ НА СВОЈАТА КРЕАТИВНОСТ реативното пишување е специјалност на Фросина Наумовска. Станува збор за поК етеса која завршила филмска и ТВ-режија на Факултетот за драмски уметности во Скопје и, едновремено, за режисерка која со поетскиот израз ја предава суштината во своите филмски дела. Дилема не постои бидејќи и во двете области досега има освоено награди, за најдобра необјавена поетска збирка на книжевната манифестација „Караманови средби“ во

2006 година, за најдобра авторска песна „Пред дождот“ на поетските средби „Илинден“ и за најдобра режија на студентскиот филм „Аце Слеш“ на ИФФК „Браќа Манаки“ во 2008 година. Покрај театарските претстави што ги постави во Куманово, неодамна ја промовираше својата прва збирка поезија „Модерен светец“ („Макавеј“, 2010). Во септември замина на тригодишни постдипломски студии на ФАМУ во Прага, каде ќе го надградува своето филмско искуство.


книга

Секој човек мора да престане да се срами да чувствува

ДИЛЕМА Ме Ме Ме Ме Ме на

спасија кога се убивав сакаа кога се мразев смееја кога очајував трпеа кога ги газев ставија не сакајќи голема мака:

Дали ќе Ме намразат штом почнам да се сакам?!

Со поезијата сакам да укажам дека никој не е совршен

Кој талент треба човек најмногу да го поседува за да биде добар поет? Да биде добар поет, човекот мора да престане да се срами да чувствува. Тука, пред се`, треба да се нагласи ранливоста и начинот на справување со сопствената кршливост во однос на разорноста на еден општествен систем. Откако ќе се совлада оваа древна вештина, се` друго е полесна, макар изненадувачки непоетична, сериозна работа.

Дали сопствените мисли можат да се постават во равенство со сопствената внатрешна интима? Луѓето кои ги кријат од себе своите порази и не ризикуваат никогаш, сметајќи дека така нешто можат да добијат, еднакво се однесуваат и кон своите песни. Сум запознала талентирани луѓе кои за ништо на светот не би ги објавиле своите најинтимни стихови. Тие не можат да разберат дека токму со таквите стихови многу повеќе се доближуваат до професионализмот кој толку очајно го посакуваат, наспроти обвиткувањето на стиховите со вештачки иновативна содржина и форма.

Колку искуствата од созревањето даваат храброст пред другите да се исповедаат сопствените мисли? Искуствата од созревањето се еден многу плоден творечки двигател, посебно кога се најлоши. Ова го дознаваат, порано или подо-

Што е тоа што со својата поезија би сакале да им го кажете на луѓето? Со поезијата сакам да укажам дека никој не е совршен, барајќи го совршенството во моќта на единката–не да победува, но, едноставно, да остане своја. Нехерметично шифрирани,

конкретните пораки со филозофскопсихолошка содржина, нудат, доколку се избегне аверзијата кон врзаниот стих (каков доминира), зачудно откритие: вештата форма, која отскокнува од трендовскиот слободен стих, открива содржина во која ставовите кон поимите длабоко и прецизно се објаснуваат. Дали поезијата се` уште ја има моќта да го менува животот на луѓето? Поезијата секогаш имала моќ да го менува животот на луѓето кои сакаат да направат промена. Својата инертност во однос на промената, други, пак, ја оправдуваат со евтино тврдење дека поезијата е мртва. Ако луѓето ги изгубиле вредностите, не значи дека и тревата престанала да расте. Кои се причините за вашето заминување во Прага? Во следните три години во Прага ќе стекнувам поголемо искуство во филмското режирање низ теории и вежби на постдипломските студии на универзитетот ФАМУ, како стипендист на Министерството за наука и образование. Овој дарежлив гест е со намера да го освежи македонскиот поим за филм, кој доживува извесно стагнирање. Верувам дека ќе напишам и стихови за земјата на Кафка, запознавајќи нови, поинакви луѓе. ¿

LIFE О К Т О М В Р И

цна, повеќето писатели, па се случува и намерно да прават лоши животни избори во недостиг на инспирација. Не ретко животот им завршува трагично, поради сопствената допинг-грешка врзана со изреката: кој преживее ќе раскажува. Пишувањето во тој случај станува чистење на гревовите–што не е трагично, доколку целото творештво не се заснова на еден ваков принцип на креација.

93

Што прво сте посакале да бидете: филмска режисерка или поетеса? Најпрво сакав да станам писателка. Пишував книжиња за деца кога и самата бев дете. Тогаш многу повеќе читав, за подоцна да откријам дека најубавите приказни се, всушност, наменети за возрасните. Желбата, се надевам, ќе ми се исполни по објавување на првиот роман „Ниска латентна револуција“ до крајот на годинава, со критика и предговор од Венко Андоновски кому сакам да му заблагодарам за отвореноста кон младите автори.


календар

КАЛЕН октомври ноември

16.10. Симфониски концерт за деца Музика од филмовите „Хари Потер“ и „Пиратите од Карибите“ 20.10. „Слушајте филм“ на фестивалот „Браќа Манаки“ 28.10. Симфониски концерт, диригент: Борјан Цанев, солист: Марија Ѓошевска - пијано

07-09 октомври

DE:SONANZ ФЕСТИВАЛ

07-28 октомври

94 LIFE О К Т О М В Р И

Македонска филхармонија Свечено отворање, концерт за деца и настап на „Браќа Манаки“. Филхармонијата фати одличен ритам веќе од самиот почеток на сезоната: 07.10. Отворање на концертната сезона, диригент: Јануш Пшибилски (Полска), sолист: Никола Бенедети-виолина (В.Британија)

Кинотека на Македонија

09

октомври

Национална галерија на Mакедонија Ретроспективната изложба на сликарскиот виртуоз Глигор Чемерски, чии дела се богатство за очите и за душата, е најзначајниот ликовен настан во октомври: 50 години творештво Глигор Чемерски во Даут-пашин амам и Чифте амам

08-27

Ден на заштита на филмското богатство: 27.10, 20.00 ч. „Крајот на војната“ Режисер: Митко Панов

По втор пат во Скопје се одржува de:sonanz, фестивал на електронска музика, визуелни уметности и нови медии. Не пропуштајте! 07.10, 20.00 – 24.00 ч, Музеј на современа уметност: Sutsche & Fello, Time Art Ensemble, Mehmet Can Ozer 08.10, 22.00 – 04.00 ч, Клуб Хавана: Cluster, Byetone, Tam Tam Delia, Axiotomic, Душко Јаневски 09.10, 22.00 – 04.00 ч, Клуб Хавана: Pantha du Prince, Danton Eeprom, Zombie Zombie, Makara, Brothers for Real

Кинотечната програма во текот на октомври содржи не толку стари филмови, но, во секој случај, станува збор за понови наслови кои сте ги пропуштиле и кои задолжително треба да ги видите: 8-9.10, 20.00 ч. „Жега“ (Heat) Режисер: Мајкл Ман 10-13.10, 20.00 ч. „Патот на пиштолот“ Режисер: Кристофер МекКвери 14-16.10, 20.00 ч. „Вештерката од Блер“ Режисер: Дениел Мајрик 17-19.10, 20.00 ч. „Студен планина“ Режисер: Антони Мингела 20-21.10, 20.00 ч. „Малцински извештај“ Режисер: Стивен Спилберг 22-23.10, 20.00 ч. „Франкенштајн“ Режисер: Кенет Брана 24-26.10, 20.00 ч. „Вообичаено сомнителни“ Режисер: Брајан Сингер

октомври Универзална сала „ИГРА“ Театарот 007 своето ново гнездо го свива на сцената на Универзална сала. Со претставата „Игра“, работена по кратки текстови од Данил Хармс, режисерот и актерите почнаа да го градат новиот репертоар на својот независен театар. Режисер Игор Ивковиќ, 20.00 ч.

15-16 октомври

ДРАМСКИ ТЕАТАР „ХАМЛЕТ“ (ПРЕМИЕРА) Почна новата сезона во Драмски театар. Покрај редовниот репертоар, во текот на месецот ќе се одржи и премиерата на новиот „Хамлет“. Автор: Вилијам Шекспир, режисер: Дејан Пројковски, 20.00 ч.


16-22

21-24

ИФФК „БРАЌА МАНАКИ“ БИТОЛА

СКОПЈЕ ЏЕЗ-ФЕСТИВАЛ

октомври

календар

НДАР октомври

Октомври во Скопје е во звуците на џезот. Програмата на Скопје џез-фестивал, по вкус на вљубениците во оваа музика: 21.10., 20.00 ч, Универзална сала: Omar Sosa Afreecanos Quartet Maria Pia de Vito „Mind the Gap“

октомври

20

октомври Кино „Рамстор“ „ПОЧЕТОК“ (INCEPTION)

Клуб „Колосеум“ „NOUVELLE VAGUE“

октомври

КЛУБ „КАСТРО“ Еден од најактивните скопски музички клубови. Програмата на „Кастро“ содржи многу реге, ска, хип-хоп и рок-музика. Еве ја најавата на вечерите со странски групи: 19.10 21:00 „Монозид“ (Лајпциг, Германија) и „Беда Експрес“ (Скопје, МКД) 23.10 21:00 „Обитс“ (Њујорк, САД) и „Хахаха“ (Скопје, МКД)

24. 00 ч., Клуб „Хард рок“: Yuri Honing Wired Paradise 22.10, 20.00 ч, Универзална сала: Larry Cartlon trio Hamilton de Holanda quinteto 24.00 ч., Клуб „Хард рок“: Paula Morelenbaum 23.10., 20.00 ч., Универзална сала: Flat Earth Society Patricia Barber quaertet 24.00 ч, Клуб „Хард рок“: The ethnics feat. Nona Hendryx „Avant House“ 24.10., 20.00 ч., Македонска опера и балет: Trygve Seim/Frode Halti Terje Rypdal & Bergen Big Band „Crime Scene“ 24.00 ч, Клуб „Хард рок“: Aronas

95 LIFE О К Т О М В Р И

19-23

Научнофантастичниот трилер „Почеток“ некои го нарекуваат „Матрикс на квадрат“, други му предвидуваат кандидатура за Оскар. Секако, овој шпионски трилер треба да се види. Режисер: Кристофер Нолан Улоги: Леонардо ди Каприо, Џозеф Гордон - Левит, Елен Пејџ

Промо-настан број два за „Таксират“ број 12! Француските музичари, кои станаа глобално познати со преработките на познати њувејв и панк теми изведени во босанова стил, во Скопје доаѓаат во рамките на нивната продолжена европска турнеја.


траги низ времето

ТИВКИОТ МИЛИОНЕР И НЕГОВИОТ ТЕСТАМЕНТ

96

LIFE О К Т О М В Р И

ОБЈАВУВАЊЕТО НА ИМИЊАТА НА ДОБИТНИЦИТЕ НА НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА ТЕКОВНАТА ГОДИНА ПОВЕЌЕ ОД ЕДЕН ВЕК Е НАЈЗНАЧАЈНИОТ СВЕТСКИ НАСТАН ВО ОКТОМВРИ


и негативна страна. Технолошкиот развој не секогаш значи брз развој на човековата мисла. Прогресивните идеи ретко се прифаќаат во моментите на нивната појава, а често се потребни повеќе десетици години за нивно етаблирање во животот на луѓето. Новите идеи и изуми ја покажуваат својата вистинска страна дури откако ќе бидат откриени сите аспекти на нивната употребна вредност. Таков е случајот и со динамитот, кој на почетокот беше многу ефикасна алатка во индустријата. Неговата подоцнежна употреба во воени цели ја покажа неговата негативна страна. Изумителот, Алфред Берхард Нобел, кој се збогати со производство на динамит, рамнотежата ја врати со тоа што 94 проценти од своето богатство го остави во наследство на прогресивните идеи и изумители од следните генерации. Според биографските податоци, Алфред Нобел е роден на 21 октомври 1833 година во Стокхолм, Шведска. Неговото семејно стебло има потекло од Олоф Рудбек, најпознатиот технички

гениј во Шведска во 17. век, ера во која Шведска е моќна држава во северниот дел на тогашната Европа. Роден е како трето дете на Емануел и Каролина Нобел. Во 1842 година семејството се преселило во Санкт Петербург, Русија, каде младиот Алфред се здобил со своето образование. Студирал хемија кај професорот Николај Николаевич Зинин. На 18-годишна возраст заминал во САД, каде продолжил со студиите по хемија, а извесен период работел и кај пронаоѓачот Џон Ериксон. Во Шведска се вратил откако банкротирал семејниот бизнис на неговиот татко. Во 1860 година Нобел почнал да прави експерименти со нитроглицерин обидувајќи се да пронајде начин да го стабилизира високоиспарливиот материјал. Првиот период на експерименти бил проследен со голем број фатални инциденти, вклучувајќи ја и експлозијата во 1864 година, кога загинале неговиот помал брат Емил и уште четворица работници во фабриката. По извесно време Алфред успеал да открие дека мешавината на нитроглицеринот со порозната прашина на материјалот наречен кјеселгур дава најдобри резултати. Откритието било патентирано

во 1867 година и било наречено динамит. Потоа Нобел почнал да гради фабрики за производство на новиот изум во Хамбург, Стокхолм, Њујорк и во Калифорнија. Експлозивниот материјал се користел во градежништвото и во рударските компании, но големи количества купувала и војската. Хемиските истражувања на Нобел придонеле и за развојот на вештачката гума, кожа, свила и скапоцените камења. Алфред Нобел често патувал и многу брзо научил течно да зборува шест јазици. Во своето слободно време многу сакал да пишува поезија, романи и драми. Инспирацијата за поезијата ја пронаоѓал во делата на Шели и на Бајрон. Пред крајот на животот ја објавил трагедијата „Немезис“, а запишал и голем број афоризми. Покрај истражувачката работа многу се интересирал за прашањата поврзани со социјалниот живот и мирот во светот. Неговите размисли биле сметани за премногу радикални во неговото време. Често знаел да нагласи дека „динамитот поуспешно од илјада конвенции ќе доведе до мир во светот“ и „штом мажите ќе откријат дека цели армии за еден миг може да бидат сосема

траги низ времето

ародот мудро ја препознал вечната вистина дека се` што се случува во Н светот и на Земјата има своја позитивна

97 LIFE О К Т О М В Р И

¢ Тони Димков


траги низ времето

уништени, тие сигурно ќе се придржуваат до златниот мир“. Во текот на целиот живот Алфред Нобел имал три големи љубови, но никогаш не се оженил. Бил познат по тоа што секогаш бил во движење. Францускиот писател Виктор Иго го нарекувал „најбогатиот вагабонт во Европа“. Милионерот, пак, еднаш самиот себеси се опишал со зборовите: „Патетично полуживо суштество, кое треба да биде задавено од некој хуман доктор“. Неговата единствена желба била да не го погребаат жив. Во моментите на неговата смрт, 10 декември 1896 година, Нобел беше еден од најбогатите луѓе во светот и сопственик на неколку фирми кои доминираа во индустријата на експлозивите. Придонесот што Нобеловата награда го дава за човештвото е непроценлив, не во материјална, туку во цивилизациска смисла. Тестаментот, фондацијата и наградата што Нобел ги остави на човештвото се вистинската вредност на наследството на шведскиот иноватор и филантроп.

Животот го градиме врз песочна основа и колку повеќе старееме, толку понестабилна станува основата

ТЕСТАМЕНТ Милионерот Алфред Нобел (18331896) во својот тестамент потпишан во 1895 година напишал дека неговото богатство секоја година ќе се дели „на луѓето што во претходната година биле најзаслужни за унапредувањето на човештвото“. Неговото богатство во тоа време имало вредност од 31 милион шведски круни, кои денес би вределе околу 1,5 милијарда круни (194 милиони долари). Тој решил од богатството да се формира инвестициски фонд за да се овозможи долг живот на наградите. Во својот тестамент определил пет категории: физика, хемија, медицина или психологија, литература и мир. Првите награди биле доделени во 1901 година, шест години по смртта на Нобел во Сан Ремо, Италија. Банката на Шведска во 1968 година додала своја награда во чест на Нобел - за економски науки.

98

LIFE О К Т О М В Р И

НОБЕЛОВА НАГРАДА

Шведскиот хемичар, пронаоѓач, индустријалец и филантроп, Алфред Берхард Нобел (Стокхолм, 21 октомври 1833 - Сан Ремо, 10 декември 1896), во 1867 година го пронајде динамитот. До својата смрт во 1896 година патентира 355 изуми. Се збогати од производството на динамит. Во тестаментот од 1896 година остави фонд од 9,2 милиони долари за доделување награди за вонредни достигнувања во подрачјето на физиката, хемијата, медицината, литературата, за залагањето за мир и за економија - Нобелова награда. Наградата денес се состои од златен медал, плакета и чек на 10 милиони круни. Може да ја добие едно лице, да ја поделат тројца или да и` припадне на организација.

ЛАУРЕАТИ Строгите правила во Нобеловиот тестамент често доведувале до интересни моменти околу доделувањето на наградата. Тестаментот налага наградите да бидат доделени како признание за откритија кои се направени „за време на претходната година“. Сепак, некои од наградите што биле доделени за откритија, а подоцна биле дискредитирани, беа причина да се доделуваат признанија на оние научни откритија кои го издржале тестот на времето, што е спротивно на тестаментот. Така, наградата за литература најчесто се доделува за кумулативно животно дело. Наградите за мир често се доделуваат неколку години по настаните кои треба да бидат признаени. На пример, Кофи Анан бил награден со награда за мир во 2001 година, што е четири години откако станал Генерален секретар на ООН. Наградите во научните области на физиката и хемијата секогаш бараат значајноста на признаените достигнувања да биде „тестирана од времето“. Така, индискиот научник Субраманијан Чандрасекар ја подели Нобеловата награда за физика во 1983 година за неговото работење на ѕвездената структура и еволуција од 1930 година. Меѓу гигантите кои ја добиле Нобеловата награда се: Алберт Ајнштајн, Вилхелм Рентген, Пјер и Марија Кири, Макс Планк, Нилс Бор, Вернер Хајзенберг, Винстон Черчил, Ернест Хемингвеј, Албер Ками. Добитници на Нобеловата награда од балканските простори се Иво Андриќ, Мајка Тереза и Орхан Памук. Лауреати кои одбиле да ја примат Нобеловата награда се Жан-Пол Сартр и То Ле Дук. На тројца германски лауреати Хитлер им забранил да ја примат наградата, а Борис Пастернак од својата татковина, Советскиот Сојуз, беше принуден да ја одбие наградата. Најнаградуван е Меѓународниот комитет на Црвениот крст, со три Нобелови награди за мир, а основачот на Црвениот крст, Анри Динан, е добитник на наградата за мир на првото нејзино доделување во 1901 година.



пат ување дома

ПЕЛИСТЕР ЗА ПОЧЕТНИЦИ ИМА МНОГУ ПРИЧИНИ ДА ГО ПОСЕТИТЕ ПЕЛИСТЕР, БАРЕМ ЕДНАШ ДА СЕ ОДДАЛЕЧИТЕ ОД ГРАДОВИТЕ, КОЛКУ И ДА Е ПОЕДНОСТАВНО ДА ОРГАНИЗИРАТЕ ВИКЕНД ВО НЕКОЈ ДРУГ ГРАД. ВЕ ВОДИМЕ ВО ДВЕ СЕЛА ШТО ЌЕ ВЕ УБЕДАТ ДЕКА ВРЕДИ ТОА ДА СЕ НАПРАВИ. АКО ВИ Е ПРЕМНОГУ ЗА ПОЧЕТОК, БИТОЛА НЕ ВИ БЕГА - ГРАДОТ Е НА ПЕТНАЕСЕТИНА МИНУТИ ВОЗЕЊЕ ОД ДИХОВО И МАЛОВИШТА

¢ Васко Марковски o Филип Поповски

100

LIFE О К Т О М В Р И

дамна се подготвувавме за оваа средба. Веќе станува неподносливо себепрекорувањето што толку долго ја одложуваме средбата со О Пелистер. Се` нешто ќе се испречи пред патот - некоја нова обврска, некој нов изговор, некое место што треба да го видиме пред да ни созрее моментот за да појдеме таму. Се` некако градот е поедноставно решение Битола со кафињата на Широк сокак, таинствената чаршија, ресторани со вкусни јадења, шармантниот животен стил на битолчани. Но, доста е. До кога Пелистер ќе биде само апстрактен поим што сме го среќавале во учебниците, во делот за природните убавини - моликите, Пелистерски очи, врвот на планината Баба на кој се наоѓа антената на предавателот и ледничките езера од одјавната шпица на националните телевизиски канали, гордост на Битола, национален парк или репер во синонимите на градот. Влегуваме во автомобил и одиме да го видиме! Но, со усул. Врвот ќе го видиме кога ќе бидеме подготвени за тој подвиг.

ДИХОВО Зад нас се безмалку 200 километри. По кусата кафе-пауза кај пријателите од Туристичкиот информативен центар во Битола, пристигнуваме во Дихово, едно од двете села што ги одбравме да бидат јадицата што треба да ја загриземе пред да се вљубиме во Пелистер: Дихово и Маловишта. Селото е на седум километри од западниот излез на Битола, на патот кон Охрид, веднаш лево пред таблата со натпис „Национален парк Пелистер“. До пред триесетина години, Дихово било центар на потпелистерските села. Некогаш било село со две училишта, каде што доаѓале да учат и деца од соседните села - денес работи само едното, со 5-6 деца од Дихово. Останале околу 300 семејства - преку зима живеат во Битола, лете и во потоплите месеци доаѓаат во Дихово главно повозрасни луѓе. Лете се собираат многу повеќе, кога доаѓаат луѓето што се иселиле во далечините - во Шведска, Америка и во Австралија. Но, како што ќе ви кажат


101 LIFE О К Т О М В Р И

пат ување дома


пат ување дома

102 LIFE О К Т О М В Р И

луѓето што ќе ги сретнете, Дихово се менува. Во последниве две години името на селото им станало познато на многу луѓе, од Македонија и странци, кои тука нашле привлечно место за одмор, во една од двете вили што пречекуваат туристи: Вила „Патрис“ - направена во „модерен“ стил, и Вила „Дихово“ - типична селска куќа, од камен, чии домаќини решиле да останат доследни на традицијата. Движејќи се накај селото забележувате дека нешто сепак се движи, дека луѓето од селото, како што велат и гласините што кружат околу името Дихово, решиле да развиваат селски туризам: пицерија „Оскар“, ресторан „Дихово“, ресторан „Селска идила“ и луѓе со гостопримлива насмевка, раздвижени околу бавчите, овоштарниците, сандаците со пчели. „Има многу што да се види. Пред се`, природата. Од една страна е планината, врвот Пелистер, шумата. Од друга страна е реката. Овој мир што можат да го најдат овде, не можат да го најдат на ниедно друго место. Од друга страна, можат

да ја доживеат традицијата, да бидат пречекани од гостопримлив народ. Кај и да отидете, без разлика дали ќе ве видат првпат во животот, ќе ве поканат на кафе, на ракија“, не` пречека Билјана Георгиевска, родена во Дихово, која работи како туристички водич во Битола. Тргнавме да ги видиме местата што го прават селото привлечно за многу посетители-намерници. Куќи од камен накитени со низи пиперки, домаќински стокмени дворови со лозници и луѓе што спокојно си работат по нешто по дворовите заборавени убавини за луѓето од градовите. „Правиме кори. На други места ги викаат јуфки, губи - овде се кори. Сега ги ставаме да се сушат. Во зима ги вариме. Се прават со јогурт, сирење и јајца, се варат, се потпржуваат и се печат во рерна. Кога се готови, доаѓа како гибаница. Денес, модерно, младите ги јадат варени, со кечап“, ни рече една диховчанка, една од многуте жени што сукаа кори во дворовите, срамежливо обидувајќи се да го одбегне фотоапаратот. На неколку чекори оттаму ја за-

познавме тетка Љуба, диховчанка отселена во Битола, која често е во Дихово каде што црпи енергија за животот во градот. „Овде е живот за живеење. Да живееш, да работиш, да имаш сила. Оди во град, ќе почнеш да јачиш. За човек во нашите години. За младите, не знам. Ќе одам до бавча, ќе копнам овде, низ дворчето. Вчера ги корнев цвеќињата - ќе си најдам работа. Таму - пред телевизор. Кај да одиш?“, ни рече тетка Љуба. Ќе ви биде малку еден ден за да можете доволно да се изнауживате во се` што ќе видите. Прошетките покрај реката Сапунчица и природните езерца во нејзиното корито - „капејнци“ - опуштеното откривање на планината дишејќи питом свеж воздух, бараат многу повеќе. Одвојте викенд и сместете се во една од вилите. Првата јадица ја загризавме. МАЛОВИШТА Прво што ќе ве пречека во Маловишта е нешто што можеби сте го заборавиле - мирисот на се-


пат ување дома LIFE О К Т О М В Р И

те, кога влегувате од тремот во храмот, кога ќе ги Австралија. Сега, доаѓаат само на лето. Тие што останаа, одат на дрварење, по боровинки, имаат видите мајсторски изработените фрески и раскошниот иконостас од длабоко изрезбано дрво. по два-три коња - тоа е животот“, ни рече Ташко Палигора, човекот што се грижи за поголема- Мигови на тихување. Свеќа и молитва. Изнената црква во селото, додека ја отвораше капијата дувањата уште не завршиле. Се качуваме на галеријата, еден кат погоре. Пред нас се отвора гана „Света Петка“. лерија икони, грижливо чувани и конзервирани Селото најпрвин било подигнато во подолните делови на планината, населено со луѓе што - фасцинантна збирка која ќе ве повикува повторно да дојдете во Маловишта. работеле со коњи, превозници. И до ден-денес Времето е кусо. Го користиме последното останала специфичната блискост на луѓето од „убаво сонце“ за фотографирање и се упатуваме Маловишта со коњите. кон автомобилот. Покрај вратите не` пречекува Црквата ќе ве изненади. Откако ги слушнавѕид од гајби натоварени со боровинки, подготвеме основните податоци за историјата на селото, ни да се претстават пред откупувачите. Во далевеќе ни беше јасно зошто е толку голема и толку раскошна. Храмот бил димензиониран да вдо- чините зад селото се крие врвот, Пелистер. Ова е само почетокот. Запознавањето. Следниот пат ќе ми и до 3.000 луѓе, колку што живееле некогаш ги видиме и четирите помали цркви. Заминуваме во Маловишта, во златните времиња, 1856 година, кога се заработувало многу, кога не било теш- од Маловишта и Дихово, кроејќи нови планови. Кога-тогаш ќе ги видиме и Пелистерски очи, плако семејствата да двојат по некој златник за да нинарскиот дом и антената на предавателот што направат раскошна црква. зрачи радиобранови до Сахара, до нордиските Раскошот ќе го забележите веднаш. Тоа ќе земји, до Атлантикот. ви го навестат камените релјефи покрај врати-

103

ло, мирис на лепешки. Излегувате од автомобилот и се адаптирате на просторот. Барате накај каде да тргнете. Разгледувате наоколу, го анализирате стилот на градбите - куќите наоколу и маркантниот храм што ќе ве изненади кога ќе погледнете над селото. Нозете самите ќе ви тргнат натаму. Додека се искачувате по калдрмисаните патеки ве пречекува второто изненадување - ’ржењето на коњите. Разменувате поздрави со луѓето што ќе ги сретнете по пат. Станувате свесни дека дотогаш не сте биле во село каде што ќе видите толку многу коњи на едно место. Каде и да се свртите - луѓе со коњи натоварени со боровинки. Го распрашавме нашиот домаќин, да ни објасни. „Ех, живот. Селски живот. Сите се по боровинки ојдени, угоре. Сезонава се погоди. Годинава доста собраа, а и уба' цена имаат. Кој можел, доста собраа. Закрепна селото. Сега селото е 120-130 луѓе. Младите мораат да бегаат, поради децата, нема школо. Некогаш бевме 3.000 луѓе. Отидоа по цел свет - во Грција, во Романија, во


п а т у в а њ е н а д в ор

¢ o Роберт Смилески

104 LIFE О К Т О М В Р И

ЕГЗОРЦИЗАМ СО МАКИЈАТО И МУЗИКА

КОГА КАКО ПОДАРОК ОД ЕДЕН МОЈ ПРИЈАТЕЛ ОД АВСТРАЛИЈА ДОБИВ ДИСК СО МУЗИКА ОД ЕТИОПИЈА СО ИМЕ Е´THIOPIQUES, ВЕЌЕ ЗНАЕВ ДЕКА ТОА НЕ Е СЛУЧАЈНОСТ. НА МОЕТО ДОТОГАШНО ИНТЕРЕСИРАЊЕ ЗА ТАА НЕВЕРОЈАТНА ЗЕМЈА, ОВА ТРЕБАШЕ ДА ЗНАЧИ ДОПОЛНИТЕЛЕН ЗНАК ДЕКА СЕ ДВИЖАМ ВО ВИСТИНСКАТА НАСОКА. ТАТНЕЖИТЕ ОД ТАПАНИТЕ НА МАЈКА АФРИКА ПОТАЈНО ПОВИКУВАА, А ЗВУЦИТЕ НА Е´THIOPIQUES СТАНУВАА МОЈА СЕКОЈДНЕВНА ПРИСПИВНА МАНТРА. ТИЕ МАЃЕПСУВАЧКИ НОТИ ЧЕСТО СЕ ШИРЕА ОД ШЕСТИОТ КАТ ВО МОЈАТА ЗГРАДА ВО СКОПЈЕ НАОКОЛУ И НЕКОГАШ КАКО ДА ОДЅВОНУВАА ОД ИСПРАЗНЕТИОТ МОКАР БУЛЕВАР ДО РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ...


105 LIFE О К Т О М В Р И

п а т у в а њ е н а д в ор

ПОЛИЊА СО ТЕФ И ЖИТО БЛИЗУ ГОНДАР, ЕТИОПИЈА


п а т у в а њ е н а д в ор

НЕОЧЕКУВАНО ДРУШТВО НА ЕТИОПСКИТЕ ПАТИШТА

НА ПАТ ЗА ГОНДАР Во ушите ми одекнуваа истите звуци - етиопики во Етиопија на слушалки добро заглавени во моите ушни школки, веќе полуфункционални од африканските прашини. Патувам со брзина на мрзливо магаре. Поамбициозните магариња натоварени со се` и сешто одамна се пред нас - казнетите патници на комбето за превоз на луѓе и стока. Возиме нагоре и на пат повеќето направен од макадам. До Гондар остана уште малку време, според возачот, уште многу според моето досегашно искуство: научив одамна, во Африка времето на патување не се смета, туку се релативизира за да се преживее.

106

LIFE О К Т О М В Р И

ДВА СОВРШЕНИ ФИЛЏАНА ЕТИОПСКО МАКИЈАТО

КРАТКО МАКИЈАТО Гондар, некогашната престолнина на Етиопското Кралство, е вгнезден високо во облаците, на надморска височина од над 2.000 м. Ова инаку подзаспано гратче веројатно со најмногу замоци по глава на

жител на планетава живееше за пазарниов ден. Разделбата со речиси распаднатото комбе беше без трошка жал - тоа продолжи да се тркала до Аксум, а јас веднаш знаев каде ќе запрам најпрво. Ќе седнам

на кафе и ќе соберам душа за да го истражувам градот. Пред мене имаше едно старо кино во арт деко стил со свое кафуле и отворена тераса, а каде има маса и столче во Етиопија, има и добро макијато.


ФРЕСКИ ОД ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА БЛИЗУ ГОНДАР

107 LIFE О К Т О М В Р И

п а т у в а њ е н а д в ор

ЕДЕН ОД МНОГУТЕ ГОНДАРСКИ ЗАМОЦИ


п а т у в а њ е н а д в ор

САМУЕЛ, ВООРУЖЕН ВОДИЧ ПО СИМИЕНСКИТЕ ПЛАНИНИ

108

LIFE О К Т О М В Р И

ЕTHIOPIQUES Пиењето кафе во Етиопија е сериозна работа и процес кој трае. Додека се пие кафе, главно се слуша прекрасна етиопска музика. Им дозволувам на мојот мозок и душа да запливаат во немапираните територии на овие звуци кои те размрдуваат и те тераат да мрдаш во ритамот на песните. Дојден сум на изворот на Етиопиките, на музичките колекции издадени минатата деценија под француска етикета. Етиопските колекции се мешавина на фанк, соул и џез-музика кои на маестрален начин балансираат помеѓу модерните текови и традиционалната етиопска музика. Со својата музика повторно Етиопија ја соедини Африка со стариот антички свет со кој некогашното етиопско царство Абисинија било во допир. Со музиката таму се живее и умира. Нивниот најнов поп-идол, Теди Афро, е можеби попопуларен и од нивниот претседател. Теди Афро го има на чаршафите по рестораните, на маичките од веселите босоноги деца и во весниците, каде тој со својот бунтовен дух го креира јавното мислење на оваа земја. Кога ќе се присетам на Етиопија денес, всушност во себе си прелистувам слики од прекрасните пејзажи и звуците на Теди Афро чиј хипнотичен глас ечеше од сите агли каде имаше минимум услови за тоа – струја и радиоапарат или касетофон.

СЕМ И НЕГОВАТА ДЕВОЈКА , ГОНДАР

ГОНДАРСКА ВЕЧЕРНА САБОТНА ТРЕСКА Некаде помеѓу гладните но весели и неуморни деца, меѓу православните свештеници кои истеруваат сида од болните во своите манастири и другите ликови во Гондарскиот универзум, случајно се сретнав со Самуел кој ми беше водич низ околните Симиенски Планини со неверојатна убавина. Самуел одеше вешто по стрмните карпи на планините, пееше песни од „Фифти сентс“, носеше пушка, пица за ручек и секогаш насмевка на неговото лице. Сем е олицетворение на новата младина на Гондар, која знае како да го искористи статусот на овој град – заштитен од УНЕСКО. Тој со шарм и со пот заработува за пристоен живот за себе и за неговата девојка која во иднина сака да му стане и негова жена, бидејќи ја сака, а и е од добра фамилија. Бркајќи ги најубавите глетки низ Симиенските Планини и ретките ендемични гелада бабуни, се раѓаше инстант пријателство кое вечерта се зацврсти со излегување до доцна во автентична гондарска кафеана со жива музика и весела атмосфера. Во темната и зачадена кафеана со земјен под се разлеваше гласот на пејачката со бел фустан од етиопски мек памук и скромни шари. После првото пиво „Сент Џорџ“ бев готов да станам и со пејачката и со најтемпераментните гости да заиграм. На музиката во Етиопија се игра само со рамениците кои се движат во сите насоки во коишто ти дозволуваат зглобовите, се плеска со рацете следејќи го ритамот, и се повторува „сап, сап“ онолку пати колку што трае УЛИЧНА СЦЕНА, ГОНДАР музичката екстаза. После првите мигови и веќе сите се смееја и плескаа со рацете - чудниот странец од Македонија со искрена љубов кон тамошните луѓе и музика играше на негово и на задоволство на сите присутни. Танцувањето траеше до доцна во ноќта. Таму некаде високо, во гондарската кафеана, сите заедно, во темната африканска ноќ, бевме доброволно подложени на колективен егзорцизам, борејќи се на тој начин против сите зла и неправди на светов – со песна, пријателски прегратки и разбирање со поглед, како да се знаеме цел еден живот. Сап, сап, сап, сап...


СМЕСТЕНА ВО ЦЕНТРАЛНИОТ ДЕЛ НА ИТАЛИЈА, ТОСКАНА ГИ СОБРАЛА ВО СЕБЕ СИТЕ УБАВИНИ, СИТЕ БОИ И ВКУСОВИ - ЖИВОПИСНИ СЕЛСКИ ПРЕДЕЛИ, ПРЕБОГАТИ ВИНОГОРЈА, МАСЛИНОВИ ДРВЈА, ГРАДОВИ ИЗГРАДЕНИ СПОРЕД ВИЗИИТЕ НА ГОЛЕМИТЕ РЕНЕСАНСНИ МАЈСТОРИ, ГЕНИЈАЛНИ УМЕТНИЧКИ ДЕЛА, И ХРАНА И ВИНО ПО МЕРКА НА СТАРИТЕ БОГОВИ.

„Кјанти“ (Chianti) е најпознатото црвено италијанско вино, гордоста на Италија и Тоскана. „Кјанти“ се прави од грозјето од сортата „санџовезе“, со многу мала мешавина од друго грозје, како на пример „каберне совињон“. Најдоброто „Кјанти“ е од регионот „Кјанти Класико“, но вреди да се проба и т.н. „Кјанти Руфина“. Најдобрите вина и од двата региона се оние кои се оставени да стареат, и тие ја имаат назнаката „Ризерва“. Уште едно одлично вино кое се прави од грозјето „санџовезе“ е „Брунело ди Монталчино“ (Brunello di Montalcino). „Брунело“ е уште едно име за „санџовезе“, додека Монталчино е местото каде што се произведува. Ова вино, доколку стареело пет години пред да се пушти во продажба, може да биде назначе-

но како „Ризерва“. Пробајте го и „Росо ди Монталчино“ (Rosso di Montalcino), уште едно црвено вино од истиот производител, кое треба да се пие додека е младо. Блиску до Монталчино се наоѓа Монтепулчано, домот на „Вино Нобиле ди Монтепулчано“ (Vino Nobile di Montepulciano). Ова е уште едно импресивно тосканско црвено вино, кое повторно се прави од „санџовезе“ и не треба да се меша со вината кои се прават од грозјето „монтепулчано“. Квалитетното и најпознато тосканско бело вино доаѓа од Сан Џимињано, со типично име „Вернача ди Сан Џимињано“ (Vernaccia di San Gimignano) и е најдобар придружник на оние јадења од италијанската кујна кои „бараат“ бело вино. Сите овие вина се означени како „DOC“ или „DOCG“, што е знак за највисок квалитет. Тоа не значи дека вината кои не ја носат таа назнака, како на пример т.н. „Супертоскански“ вина или наливните, домашни вина („Вино ди Тавола“) не се квалитетни. Едноставно, ако барате висок квалитет, проверете дали на шишето стои „DOC/DOCG“.

LIFE О К Т О М В Р И

За Тоскана велат дека е можеби најубавиот од регионите во Италија, иако во Италија се` е волшебно. Тоскана е преубава во октомври, бидејќи тогаш се случува „вендемиа“ – есенската жетва на грозје, и се` мириса на сено, на есен, на шира, на љубов... Покрај прекрасните градови, Фиренца, Сиена, Пиза, во Тоскана се наоѓа и Кјанти, „престолнината“ на најпознатото италијанско вино.

109

ТОСКАНСКИТЕ ВИНА

патување надвор

СИТЕ ВКУСОВИ НА ТОСКАНА


патување надвор

САЛАТА ПАНЦАНЕЛА состојки: сув леб (стар 2-3 дена), домати, краставици, кромид, лук, свеж босилек, маслиново масло, балзамик оцет, сол, бибер

Една од најпознатите тоскански салати е Панцанела, која се прави со стар, тврд леб, домати и босилек. Тосканците секогаш наоѓаат начин да го искористат бајатиот леб. Во случајот на Панцанела, лебот се натопува со малку вода, се остава да отстои и потоа се цеди. Врз лебот се ставаат сечкани домати, краставици, тенко сечкан кромид, толчен лук и многу босилек. Се зачинува со маслиново масло, балзамик оцет, сол и бибер.

ШПАГЕТИ „АЛ АМАТРИЧАНА“ состојки: 3-4 чешниња лук, сланина исечена на коцки, 1 исечкан кромид, домати (свежи или од конзерва), пекорино сирење, свеж босилек, маслиново масло, сол, бибер, малку шеќер,се` чаша црно вино

110

LIFE О К Т О М В Р И

Шпагетите „Ал Аматричана“ се познато (и многу вкусно) италијанско предјадење. Се приготвуваат на едноставен начин. Прво се пропржува кромидот и лукот во маслиново масло, а потоа се додава сланината и се пржи додека не потемни. Се додава црното вино, се крчка некое време (речиси додека не испари) и на крај се додаваат доматите, зачинети со сол и бибер, и малку шеќер да се неутрализира киселоста. Кога сосот ќе се згусне, се додава свежиот босилек. Во меѓувреме се варат шпагетите со малку сол. Италијанците ги сакаат ал денте (тврдички) и никогаш не сосема исцедени (мора малку од водата да се измеша со сосот). Кога ќе бидат сварени, се ставаат внатре во сосот и се враќаат на шпоретот, да провријат уште малку за да „впијат“. Се служат со рендано пекорино (или пармезан како замена) и црно вино.

ЧОКОЛАДНА САЛАМА

БИФТЕК ВО КАБЕРНЕ СОС

состојки: 180 грама мелени бисквити (Petite Beurre), половина филџан шеќер, 150 грама стопен путер, 2 жолчки, 1/4 филџан какао во прав

состојки: 4 големи парчиња бифтек, морска сол, 3 лажици крупно мелен бибер, 2 лажици маслиново масло, 1 филџан црвено вино (каберне совињон), 2 лажици путер

Овој типичен тоскански десерт е еден од омилените на мајка ми, бидејќи е многу вкусен, а брзо и едноставно се приготвува. Стопете го путерот и оставете го да се олади. Матете ги жолчките со шеќерот, а потоа додадете го путерот и какаото (доколку сакате колачот да има потемна боја, додадете повеќе какао). Здробете ги бисквитите, но оставете некои прачиња да бидат поголеми, за колачот вистински да наликува на салама. Вмешајте ги бисквитите во остатокот и целата маса со рацете замесете ја во форма на салама. Завиткајте ја саламата во алуминиумска фолија и оставете ја да се смрзне (околу 30 минути). Извадете ја 10 минути пред да ја послужите на собна температура, а потоа исечете ја на тенки парчиња. Можете да ја послужите и со шлаг и свежо овошје.

Нежно исушете го бифтекот со салфетка. Посолете го и ставете бибер, притискајќи го со дланките. Загрејте го маслиновото масло во тава, на средна температура. Кога ќе биде загреано, ставете го бифтекот во тавата и печете го околу 3 минути од секоја страна (за да биде средно печен). Извадете го бифтекот во чинија и покријте го со фолија. Истурете го маслото од тавчето и ставете го внатре виното. Гответе го на средна температура околу 7 минути или додека виното не се намали на 1/4. Измешајте го и путерот со виното и прелијте го сосот врз бифтекот. Добар апетит!


маса за двајца

ОРИЕНТ ЕКСПРЕС кон музиката и сe` повеќе стануваат свесни за нет со лежерна музика, низ која повремено ќе околината. Тивките разговори веќе се погласни се вмешаат папагалчињата од кафезот - белосиниот Кики и жолто-зелениот Рики. Соодветна за степен-два. Уживате во питомиот џез. Возот оди подзабавено. Уште пред да го пробате поопуштеност ќе најдете и ноќе, кога просторот следното изненадување, сфаќате дека вредело се претвора во умерено осветлена, романтична тераса, со запалени свеќи и питома, џези музика. да дадете 830 денари по човек. Последна станица. Домашен чоколаден коНека не ве изненади кога ќе забележите дека лач со свежо нане и сушено нане. Вино - вранец не е цеде од, на пример, „Нувел ваг“, туку некој „Амфора“, на винарија „Далвина“. Нането од од бендовите на клубот. бавчата на Ралев! - бавча од која во голема мера Тргнуваме со бело вино и колоритна салата: се снабдува ресторанот. Ќефлиски одгледуван „Стоби куве“ и салата од рукола, шери домати зеленчук, лично од основачот на „Ориент“. и моцарела. Одличен почеток. Инспиративни Меѓу впечатоците, неколку негативни завкусови за да ви тргне муабетот, шмек кој ќе направи уште од почетокот да чувствувате дека ви белешки: прилично здодевна понуда на пиво споредено со други локали и маката да најдете претстојат низа пријатни изненадувања. Печапаркинг некаде блиску. Но, можеби е и подобро тот ќе го втисне руколата. Кажано со една туршто е така - 4 вида вино, 75 денари за паркинг. ска изрека: вкус што ќе ви остане на непцето. Васко Марковски Земете такси. Уживајте и бидете спокојни дека Додека расприкажани ги споделувате впенема да направите сообраќаен прекршок. чатоците, пристигнувате на втората станица: вучи како добра провокација уште веднаш Крај. Џагор и кикотење. Полноќ. Излегувапилешко со ѓумбир, кикиритки и портокал, декога ќе го чуете насловот на тематските корирано со рендана кора од портокал. Вино до те и - веќе сте во срцето на ноќниот живот во вторнички вечери во „Ориент Експрес“, фуд-бар, следната станица: „Темјаника спешал селекшн“, Скопје. Одберете. Продолжувате понатаму или клуб-ресторан или вагон-ресторан, како што претпочита да се нарекува себеси ресторанот, во 2008. Веднаш ќе го забележите тонот што го да- - продолжувате понатаму? ¿ ва комбинацијата на портокалот и кикиритките. тивката уличка „Благој Пешков“ во Дебар маало. Ако и вие се чувствувате презаситени од пилешНа прв поглед може да ви зазвучи претенциозко на сто начини, овојпат ќе бидете изненадено, но лесно ќе ве уверат дека е тоа така, кога ве Адреса: ул. Георги Пешков бр. 6, Скопје. повикуваат на „Гурманско-винско патување“, на- ни. Заедно со темјаниката ќе бидат „прекрасен Работно време: 9:00-24:00 (пон-чет), пар“, одличен спој од кој блика овошна свежина. оѓајќи инвентивни начини да допрат до вас. 9:00-1:00 (пет-саб). Недела - не. Додека уживате во вкусовите и ги систематизиЛокалот ве пречекува со пријатна и опуштеРезервации: телефон 02/3223 097, имејл: info@orientexpress.com.mk. Картички: Visa, рате впечатоците, уште еднаш станувате свесни на атмосфера. Без разлика во кој дел од деноMaster Card, Maestro, Diners, American Express. дека ве чека долго патување, полно со изненаноќието ќе појдете, одберете ја терасата. Место Пристап за луѓе во количка: проблематичен каде што ќе бидете на мир - дење кога низ прос- дувања. Имајте доволно муабет да споделите со - две-три скалички спуштање од влезот до ниволуѓето покрај вас. торот провејува лесно ветерче, а низ платненато на ресторанот, две-три скалички качување од Трета станица. „Вртиме“ на црвено. Мерло на та стреа продира питомо сонце. Додека колони ресторанот до терасата. возила чекаат пред семафорите, додека бараме „Disan Hills“, 2007, и биено мавровско сирење со Повеќе инфо: www.orientexpress.com.mk климатизирано такси, ќе најдете простор испол- суви сливи и апетисани. Сетилата се насочени

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ПАТ. ПАТУВАЊЕ НИЗ ВКУСОВИТЕ НА ИСТОКОТ И ЗАПАДОТ, ВРЕМЕТО И ПРОСТОРОТ, ХОРИЗОНТАЛАТА И ВЕРТИКАЛАТА НА ВРЕМЕТО. ТАКВИ СЕ ВИНСКОГУРМАНСКИТЕ ПАТУВАЊA НА СКОПСКИОТ КЛУБ-РЕСТОРАН „ОРИЕНТ ЕКСПРЕС“

¢

111 LIFE О К Т О М В Р И

З


панорама

ПАНОР ЛА БОДЕГИТА ДЕЛ МЕДИО - АТМОСФЕРА НА КУБАНСКИ НОЌИ Кубанскиот ресторан-бар „Ла бодегита дел Медио“, е вистинско место за уживање во автентични кубански специјалитети и освежителни коктели. Ентериерот е во духот на оригиналниот кубански ресторан во Хавана, исполнет со украсни предмети, ѕидни фотографии на светските и домашни славни личности и колекција на потписи на познати (како и не толку познати) посетители по ѕидовите. Се разбира тука се и разните видови пури како и традиционалниот коктел, Мохито (мешавина од рум, нане, шеќер , лимон и газиран сок). Доколку сте љубител на Мохито и незаборавен кубански ритам, повелете во „Ла бодегита дел Медио“ покрај кејот на Вардар, во центарот на Скопје.

МАКЕДОНСКА КУЌА - ЗБОРНО МЕСТО НА ЧОРБАЏИИТЕ „Македонска куќа“ е ресторан со долга традиција, но со нова локација (спроти „Алумина“) и изгледа како куќите од „Македонски народни приказни“. Во прекрасниот простран ентериер кој потсетува на Куршумли-ан, преовладуваат елементи кои во минатото ја красеа традиционалната македонска куќа. Везените чаршафчиња, чергите, килимите, носиите, пепелниците, стомните им ја освежуваат меморијата на Македонците, а се оригинално доживување за странците. Келнерите облечени во носии, амбиентот, изборот на вкусна македонска народна кујна и традиционалната музика се доволни причини за неколкучасовно патување во минатото.

112 LIFE О К Т О М В Р И

НА „ИЗЛЕТ“ ВО СКОПСКИОТ МЕТЕЖ Автентично дворче како во повеќето македонски куќи, со масички и столчиња, жардиниери, дрвја, трева, чешмичка со кофи, патеки од коцка, камен и тули, исти такви ѕидови... кафулето „Излет“ нуди вистински излет во природа. За овој број на „LIFE магазин“ го издвојуваме „Излет“, поради прекрасниот двор скриен во срцето на градот, надвор од градскиот метеж, со пријатна и релаксирачка атмосфера во звуците на соул, џез, реге и фанк. Сместен во

близина на Грчката амбасада, „Излет“ летово беше едно од омилените места на скопјани. „Првичната идеја беше да се долови излет во природа со добра вегетација. Не сакавме да биде комерцијално и тенденциозно место, туку да биде природно, домаќинско и подискретно место, за разлика од другите кафулиња во градов. Местото е во центарот на градот, а е интимно. Тука не е идејата да се види каков автомобил возиш, каков мотор возиш и како си облечен“, вели сопственикот на локалот, Огнен Узуновски – Оги.


панорама

РАМА ГОСТИЛНИЦА „ИВ“ - ТРАДИЦИЈА НА МАКЕДОНСКИ СПЕЦИЈАЛИТЕТИ И СТАРОГРАДСКА МУЗИКА Специјалитетите на македонската кујна, надополнети со акустична староградска музика, се составен дел од триесет годишната традиција на гостилницата „ИВ“, која важи за еден од најстарите збирни градски локали на скопјани. Модерниот ентериер, дрвениот шанк, уметничките слики во комбинација со домашниот амбиент, придонесуваат да се чувствувате пријатно и релаксирано. Малите тајни на „Ив“ се искуството во кулинарство и љубезноста на угостителите. „Ив“ е вистинско место за дружење со пријателите, а на вас останува да дојдете и да се уверите, на веќе добро познатата локација кај стара рампа во Кисела Вода.

NEW YORKER, NEW YORKER New Yorker ја отвори својата прва продавница во Македонија во новиот трговски центар „Веро“, со што станавме 29-та земја во која е присутен овој светски лидер во модата за млади. Целодневната забава со диџеј, водители и брејк-денс група, организирана во стилот на „New Yorker“, а во чест на отворањето на продавницата, предизвика огромен интерес кај посетителите и купувачите чие внимание го пленија најновите колекции на „New Yorker“ со тренди модели и извонредно достапни цени. ПО НАШ ВКУС, ЗА СЕЧИЈ ЏЕБ Место: Хотел Бристол, летна тераса Време: Недела наутро, еден топол есенски ден Буџет: 350 денари (и ситно) за двајца Терасата на „Бристол“ е едно од омилените места на Скопјани повеќе од 80 години. Во летните денови е единственото место во овој дел на градот со пријатна ладовина, место кај што ќе слушнеш муабети од старите скопјани – традиционални гости на Бристол, а во раните саботни и неделни утра (6 часот наутро!) единственото место каде што можеш да јадеш штотуку скрчкана чорба (чкембе, телешка, јагнешка...)

Двајца сме. Имаме 350 денари (присобрани од џебовите) и по некоја ситна пара. Нарачуваме две чкембе чорби (со лукче и оцет), едно пивце и една кисела вода, лепче. Појадок за боговите, оние стари скопски, да не речам бристолски. На крајот, сметка од 340 денари (со ДДВ), полн стомак (и бистра глава) и неколку нови вицеви, наслушнати од мудреците од соседната маса.

113

Но да прејдеме на главното. Недела утро, бурна саботна вечер... тоа е јасно! Седнувате и доаѓа Свето (или Доце, зависи) и прашува каква чорба сакате. Можете вие да јадете што сакате, но во недела во Бристол се јаде чорба. Тоа е библија. Можете да одберете и јагнешка и телешка (па дури и пилешка) чорба, но по наш вкус е Бристолската чкембе чорба.

LIFE О К Т О М В Р И

Неделните утра се посебна приказна, особено што во Бристол, во недела, утрото најдолго трае. Првите, ретки но упорни гости, затропуваат на вратата од хотелскиот ресторан уште во 6 часот наутро – по бурната саботна вечер. Втората тура, редовните стари скопјани, групирани во мали групи, почнуваат да идат околу 9-10, па се` до попладне. Третите, оние кои се будат подоцна (оние кои не издржале да ја дочекаат првата чорба туку се прибрале дома малку да поспијат), почнуваат да доаѓаат после 12. А тука се и туристите кои неминовно ги привлекува шармот на местото - симбол на едно поинакво, автентично Скопје.


114 LIFE О К Т О М В Р И

ФЕСТИВАЛ НА ПИВОТО ПИВОЛЕНД

ноќен живот


ноќен живот

115 LIFE О К Т О М В Р И

Фестивалот на пивото Пиволенд по третпат се одржа на Скопското кале и Старата скопска чаршија. Петдневното случување понуди педесетина домашни и странски видови пиво, исто толку бендови, артисти и диџеи на седум фестивалски бини. Во рамките на фестивалот беше промовирана и кампањата на Црвениот крст под наслов „Кога пиете, не возете - кога возите, не пијте“. Под мотото „Дојди, види, испиј“ публиката се забавуваше на Кошин, Рамбо Амадеус, „Забрањено пушење“, „Чалгија саунд систем“, „Суперхикс“, Селимова-Желчески, Тони Китановски, Георги Шарески, ТБ „Трачери“ и многу други музичари кои направија одлична атмосфера на третиот по ред Пиволенд.


ноќен живот LIFE О К Т О М В Р И

116

ЗВУЦИ НА СТАРАТА СКОПСКА ЧАРШИЈА

Мултимедијалната културна манифестација „Звуци на Старата скопска чаршија“ беше еден од главните настани кои го одбележаа ноќниот живот во градот. Изложби, парада на фолклорни друштва, концерт на староградска музика, настап на турска група и гудачки квартет, модна ревија и многу други интересни содржини привлекоа голем број луѓе, па чаршијата се исполни до последното место. Настанот потсети на старите заборавени традиции, но воедно даде свежина во понудата на ноќни содржини. Мисијата за заживување на овој дел од градот и годинава беше успешна.


ноќен живот

БЕЛА НОЌ

117 LIFE О К Т О М В Р И

На 2 октомври, во осум културни установи и на повеќе локации во центарот на градот се одржа шестото издание на манифестацијата „Бела ноќ“. Хипхопијада, диско ролеријада, бројни концерти, перформанси, изложби, претстава, моднa ревија и филмови ја одбележаа оваа „Бела ноќ“, со уметници од Холандија, Германија, Грција, Италија, Австрија и други европски земји.


ТАРОТСКОП ОКТОМВРИ 2010

118

LIFE О К Т О М В Р И

¢ Мадам Шехерезада

Овен – ЦАР Октомври - особено плоден н и креативен перио период за сите ите овни, полн со енергија, ија, нови идеи, интересни интерес предизвици. редизвици. Царот, една едн од најсилните карти во таротот, е и картата арта на овој знак. Овни, цареви, браво! Во вашата работа овој месец ќе ги поминете сите „тестови“ и ќе бидете полни со себе (типично за вас, нели?). На емотивен план, мирен и стабилен период кога можете сосема да се потпрете на љубената ви личност (дозволете си и малку повеќе романтика, пуштете срце!). Бело вино и морска храна за вас, и малку тишина, ве молам.

Бик – ПУСТИНИК На повидок е повлечен и тивок период за сите бикови. Не плашете се, ќе трае рае кратко, а ќе можете конечно онечно да си поразгов поразговарате те со самите себеси и да сфатите атите колку сте, всушвсу ност, ост, фантастични. Нек Неколкуу совети: искористете го г ова ва време да се реорганизирате изирате и да смислите стратегија во врска со с работата отата (заборавете на оние кои оивефруст ве фрустрираат и направете добар план, но спроведете го подоцна – следниот месец). Во љубовта, веднаш заборавете на минатото! Јадете чоколада, оди фино во комбинација со самотија.

Близнаци ПЕТ НА ПАРИТЕ Комбинацијата ц ј на оваа карта со „ѕвезденото нен бо над нас“, укажува на финансиски ансиски пробл проблеми и стресни сни ситуации за вас. Вие прекрасни воз воздушни суштества ества сте навикнати нави да поминувате низ периоди на убаво-лошопрекрасно-стресно прекрасно стресно без поголеми последици. Убавото во целава ситуација е што следи зацврстување на вашата љубовна врска, стабилност и поддршка од вашиот животен партнер (зачудувачки, ова може и да ви годи,). Палачинки за вас, строго само со џем!

Рак ВИТЕЗ НА СТАПОВИТЕ Витезот на стаповите е интересна карта, особено во комбинација со емотивноста на раковите. Ова е почеток на нови авантури, ур но нее и ин инивн нивно ниввно ф финализиин ина инализ наалли ии рање. раање. ање. На На работно работн раб работн ноо поле, поолее, поле многу мно ногу но гу во гу гувол вволја о ја и еенергија нер ер рги гија гиј и заа работа. раб бота.Н .Н .Н .Најв Најверојатно јвверо еројат јатно јат ја н но многу м гу мно гу дв ддвижење дви в жење надв надвор дввоор двор р одд вообичаената воообич воо бичаен бичаен аената атаа работна р работ раа ооттн средина, средин д на, ди дин а, дури д и дур ии и исл службено сслуж сл луж у е ужб патување. Ќе бидете задоволни, а тоа е најважно. Во работата се` е ок, но во љубовта - хммм... седење на повеќе столчиња на е баш ок, нели? Иако не ви е првпат! Чај и бисквити за вас, толку сте заслужиле.

Лав – МЕСЕЧИНА Не ме чуди што токму оваа карта сее надополнува над н аадоп опо поолнува со п октомврискиот октомв м рис мв искиот ис кио иот „с „„судир судир на н планетите“ планеет етитте“ на амбициозамб бициоз ните нит итттее ллавови. и аво авов ови. ИнтуицијаИнту Ин ттуи у цијатаа нее ве лаже! лаж ажеее!! Некој Неекој во вашата ваш ашата ашата аш та работна рааб бот от а средина отна с дина сре дин ди ин и ви работи ра оти раб от заддгрб д грб грб б(ил ((ил (или илив и вви завидува), а и у а) ама а а тоа оаее нешоа неш то на кое сте навикнати. Не мора ништо особено да преземате, знаете вие што значи карма. Дигнете си го носот уште погоре и бркајте си ја вашата работа. Лавови, во љубовната сфера подгответе се за адреналинска трка, турбуленции, авантури, многу мистика и мнооогу оган. И не пијте многу!

Девица ВИСОК СВЕШТЕНИК Високиот свештеник е карта која најавува соочување со авторитети, совети или прекори на работното место. Сепак, драги и девици, ддев евици е ици ев ици,немо , немојте ,н неемо мојјте мојте те даа ги г протолкувате про ро ото ттол олкув к вате ку те забелешките ззаабел бел е ешкк ел те одддва вашиот ашиот иот шеф шеф (постар ше (по оста ос колега, бизнис-партнер?) би изнисис--пар партн тне ттн н нер? премногу премно мно н гу негативно. негати ивно в . МоМ Мо жеби таа малкуу здодевна здо до одеввн и иконзер конзервативна а и наа личност, ично нс понекогаш е во право? Во љубовната сфера, ситните проблемчиња кои ги имавте со Вашата љубена личност ќе испарат исто толку брзо како што и настанаа. Зачинете ја повеќе вечерата и уживајте.

Вага – АС НА ПАРИТЕ Добри вести за вагите! Оваа „карта на хедонизмот“, измотт“,, претскажува пр пре п р тсккаж ажу жува в мама теријална еријаална л а добивка ддо оби би бив ивка ка и како как последица осле ос лед едиц ед ца на тоа то оа – малку малк малк препуштање р пуш ре у тааањ ње на нааххедонихедо д низам. ам. Предупредување: П Пред редупр упреду едувањ вање: е: немојте немојтедатрошитепрем да трошите премногу, немојте да уживате премногу... никогаш не се знае што следи. Љубената ви личност, иако ќе ја сподели вашата радост е порационална. Немојте да се инаетите и послушајте ги нејзините совети барем овојпат! Уште еден совет: отпатувајте во природа и таму препуштете му се на хедонизмот, на убавината на животот и на љубовта.

Скорпија ТРКАЛО НА СРЕЌАТА Сосема во скорписки фазон, период на непредвидливост, авантура, држне дај, и секако среќен крај. Тркалото на среќата, оваа возбудлива, мистериозна карта, најавува фин фи ф инапром ин а промена пром ромен омена ен н – пред се` фина финансиска. фин и анс ин ансиск ис а...Нео ис Не Нео Неочекувач ува чек наа добивка дообивк ивкаа или или и одличоддличшаансса (нова (но ова работа, раб аб бота отаа, наа шанса унапредување, напр реддув ување ње,, бонус?) бону ону нуус?) ?)) која повлекува убава у ва уб уба ва пропр менаивоемотивн ниот жини жи мена и во емотивниот вот. Ве очекуваат бурни љубовни авантури, или интензивно освежување на вашата врска. Не гответе, нарачајте пица и предадете се на љубовта!

Стрелец ВИТЕЗ НА МЕЧОВИТЕ МЕЧ ЧОВИ ОВ ТЕ За импулсивните ите ттее стрелци сттрел релц ц --најимпу најимпулсивната мпу мп п лси пу ллссивната вната вна такар карта. ар рта Витезоттн тн наа меч мечовите ечо еч ч вите трг трга храбро ро о да освојува освој ос вој ојјува у се` што ш знаее и умее. ум мее. Оваа Оваа авантуОв аванту раа може мож ож оже ж да излезе плодплод на на деловен план, под услов да не се опуштите премногу. Тоа што го сакате бара малку упорност. Бидете потрпеливи и светот е ваш! Освојувајте и во љубовта, но внимавајте да не скршите премногу срца (или да не биде вашето тоа што ќе биде скршено?) Инаку, месојаден период за вас: ребра печени во рерна, во комбинација со црно вино.

Јарец КРАЛ НА МЕЧОВИТЕ Кралот на мечовите е силна карта која на принципиелните јарци јарц рц ци ивво во овој ово период им наја најавува ааввува ув голего оле л ми работи. рааботи р раб ти. Кралот Крал раал а отзна алот от значи от значи зна истерување истеру ист ис еруувањ а ееп ањ правда, прав аввда, даа, без б без разлика раз азликкав а во вокоја о која ок к сфера. сф фера ера.Н ер . На .Н Н работн нот ото т место то место конечно коне ко нечн неч не н работното „ќе ќедојд дојде де наа ваше“, ваше“ ше“ е или е“ или ли уште подобро „што е ваше ќе си дојде“. Во љубовта, ќе успеете да се разберете совршено со драгата ви личност (т.е. ќе признае дека сте во право). Бидејќи ќе „извојувате победа“, ќе треба малку да се помачите: убава вечера, со сите „салтанати“ и добро вино. Уживајте!

Водолија ДЕСЕТКА НА МЕЧОВИТЕ Водолии, ситуацијата не е толку лоша како што ви се чини! Да, во минатиот период нешто многу ви се собра, а последиците се` уште уш ште т ги чувств чувствувате. с увате. Проблемите Про рообле блемит митеи мит е иако иако ко о веќе веќе ќ се с реш ешава аввааатт (работа, ава ( бот (р (ра бо а, фибо фифи решаваат нансии, нан а сии,,кконфликтите ан конф он ликктит ите со ите со другата друуга гат атта половина?), поло оввин ви и а?) а , вие и ие ушт уш ш е се се држите држи држ рж р ж тее за зани а нив ни и уште сее измачувате измачу из аччу ч ват атте со соона о она она „што „шт „ш ш можеше можешеда да дабидепои биде поинао на ои ку“. Не заборавајте дека „по дождот доаѓа сонце“. Искористете го овој период и реагирајте практично во вистинските ситуации. Совет: љубов за вечера, чорба за појадок!

Риби - СМРТ Без паника! Оваа карта, колку и да делува драматично, далеку е од она како е прикажана во евтините холивудски филмови. Смртта е карта на промената. На новите работи кои доаѓаат. Таа означува инттензивни промени и кои ко интензивни многу мно мн н гуу лесто л то можат лес атттда да биб би дат атт екстремно еексттремно позитивни. поози оз ти ивн Новва работа раб бота (можеби (мо оже жеб би дуду Нова ри и во во странство?), стр тр нсттво??), крај тра на на една наедн дна љубов љубо уб б в и започнузапоч п ну вањ вва аањеен на нова, нова, о а, ппатување... ова атуувањ вањее вање на Препуштете Препу пуш пу п у те тете се, е,, бидејќи б дејќи бид такаа треба тре реб ееб б да биде, ба би иддде, колку и колк и да д неебарате е барате еб б промени про роомен ни во моментов. мом омен ом ентов. Овошје ззаава а вас вас многу разновидно сезонско овошје.




Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.