Life_201101

Page 1

П TE ОД RR А A РО N К O ГА бр V Р ој A Д 51 И ЕР | ја CA О ну ар L БА и 20 L I O О 11 PE Д !

надеж LIFE ТЕМА

69 6 9 ден.




Не постои совршенство, сe` e живот

ЗАМЕНИК НА ГЛАВНИОТ И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК

ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК

Билјана Црвенковска

Атанас Кировски

Милан Кундера

АРТ ДИРЕКТОР

Кире Галевски

РЕДАКЦИЈА Тони Димков Силвана Жежова

Марија Дивитарова

СТРУЧНИ СОРАБОТНИЦИ 15

life тема сестра Макрина ЧУДОТО НА ПОСТОЈАНОТО ПРИСУСТВО Не пропуштајте да ја прочитате колумната на сестра Макрина, на тема Надеж...

82

музика Александар Гавровски МУЗИЧКИ РЕЦЕНЗИИ / ТВ КОЛУМНА Нашиот музички соработник и „Дежурен ТВ-холичар“ со нови рецензии и ново видување за Македонците и телевизијата...

Влатко Галевски

Катарина Стојанова Васко Марковски

Игор Ивковиќ Петре Димитров 72

Марија Илиќ Патриција Костовска

Серјожа Неделкоски

фитнес Наташа Ангелевска СО ЛИЧЕН ТРЕНЕР ДО ЕФЕКТИВЕН ТРЕНИНГ Како почетокот на Новата година да ви биде инспирација да започнете со вежбање и да бидете подготвени да го дочекате летото? Најдобри резултати ќе постигнете ако вежбате со личен тренер

64 ФОТОГРАФИЈА

Ивана Кузмановска ГРАФИЧКИ УРЕДНИК

Златко Пармаковски ЛЕКТОР

Виолета Караџовска - Стојанова

66

здрава исхрана Душан Матиќ КАКО ПРОТИВ БОЛЕСТИТЕ НА СРЦЕТО И КРВНИТЕ САДОВИ Нутриционистот Душан Матиќ ве советува како со правилна исхрана да се борите против болестите на срцето и крвните садови

71

здравје Татјана Илиева-Хаџиевска БАКТЕРИСКА ИНФЕКЦИЈА CHLAMYDIA TRACHOMATIS д-р Татјана Илиева-Хаџиевска, спец. гинекологакушер, само за читателите на LIFE објаснува се` за бактериската инфекција Chlamydia Trachomatis

Роберт Смилески (надворешен соработник)

Анета Ивановска (надворешен соработник)

Александар Ношпал (уредник на мода)

Синиша Станковиќ

4 LIFE Ј А Н У А Р И

(колумнист)

ИЗДАВАЧ НИД Форум плус ДООЕЛ Скопје „11 Октомври“ 33а 1000 Скопје Република Македонија Тел: +389 2 32 30 940 Факс: + 389 2 32 30 942 Маркетинг Александра Р. Евтимова marketing@forum.com.mk Администрација/финансии Јулија Петровска

Претплата: 828,00 денари годишна 414,00 денари шестмесечна Претплата на сметка: Форум Плус ДООЕЛ Скопје Република Македонија Тутунска банка АД Скопје Сметка бр. 210060041050180 Печати Дата Понс Скопје ISSN 1857-5005

86

брзина Кристијан Ивановски МОЌТА НА ДИЗАЈНОТ Од картонски кутии на тркала, до стилски икони, речиси преку ноќ... Читајте за KIA Sportage

Антиквитети Ангелина Јаневска ШИШИЊА Прочитајте се` за историјатот на шишињата, од нашата редовна соработничка, м-р Ангелина Јаневска, историчар на уметноста и археолог


6 9 16 22

ЕДИТОРИЈАЛ:

НАДЕЖ life портрет: ВЛАДИМИР ЧАДИКОВСКИ

life фокус: ЏЕНСОН БАТОН, Ф1 ШАМПИОН

светските писти кај нас

СКОПЈЕ НИЗ ОЧИТЕ НА СВЕТЛАНА ЈОВАНОВСКА

25 42 44 52 59 68 76 78 80

Имав трема кога почнував со мекларен Ексклузивно интервју на Александар Табаковски со минатогодишниот светски првак во Формула 1, Џенсон Батон. Не пропуштајте!

18

10 жешка тема: КАЛЕНДАРОТ „ПИРЕЛИ“

Барометар на женственоста Да се позира за календарот на „Пирели“ и тој да се има во колекција е работа на престиж, а секоја година ова уметничко дело е некој вид барометар на женственоста

56

ПОДАРОК ГАРДЕРОБА ОД TERRANOVA И CALLIOPE! Проверете како можете да ги добиете модните парчиња кои ги носат нашите модели, сосема соодветни на трендот на светските модни писти!

38

Секогаш давам премногу од себе Младата Светлана Јовановска, иако живее ноќе, ни ги откри своите омилени места среде бел ден, па Скопје низ нејзините очи доби лик на бајковита музичка метропола

48

од а до ш: МЕШАНИ БРАКОВИ

музика: ФОЛТИН, ИНТЕРВЈУ

патување надвор: АЛЈАСКА ЕКСПРЕС

Италијанка албанска снаа во македонија Своето искуство на тема „мешани бракови“ со нас го сподели г-ѓа Марианџела Бјанкофиоре Амети, која живее во Македонија веќе пет години како албанска снаа

Сладок јазик, слатка мелодија Во овој број на LIFE, Фолтин, еден од најдобрите бендови на овие простори, ни зборуваат за концертите, за новиот албум во соработка со Никола Коџабашија, за идните проекти...

Нешто за раскажување во поларниот казгик Запознајте ја Лулер и нејзиниот дом на крајниот север, некаде среде енормните замрзнати бели пространства на Алјаска...

60

116 118

Софиа Насевска е млада актерка која своето прво актерско искуство го имаше со улогата во претставата „ Осмо светско чудо“ во Народниот театар-Битола во 2006 година. Во МНТ играше во претставите:„Сликата на Софија“, „Мара/Сад“, „Дундо Марое“, „Фигаро се разведува“, „Госпоѓа Министерка“ и други. Актуелна е со улогите во „Темпирана опера“, „Немој ти мене Фауст“ и „Така било пишано“, претстави кои премиерно беа изведени во декември. Освен во театарски претстави, Насевска има остварено и неколку филмски улоги меѓу кои во филмовите „Битолска сага“, „Сенки“, „Порцеланска вазна“...

o Кире Галевски

Остварување на надежта Македонскиот хирург спец. д-р Владимир Чадиковски годината што измина ќе ја памети по хуманитарната акција „Можеш - ако сакаш“, а за следната се надева дека повеќе ќе биде дома, со семејството

86 90 94 96 98 102 110 112 113

106

82

ИЗЛЕГУВА СЕКОЈ ПРВ ЧЕТВРТОК ВО МЕСЕЦОТ

5 LIFE Ј А Н У А Р И

28

настани не-блог LIFE тема: надеж Од друга перспектива: Васко Наумовски Политикон: Во новата година со стари навики Креативци: Росица Мршиќ Професии: Драган Б. Костиќ Пари: Бранко Азески Шуш-буш Јога Технологија Спорт: Јулијана Весковска, пинг-понгарка Филм: Хари Потер и Реликвиите на смртта: Дел 1 Книга: Сибила Петлевски Театар: Васил Христов - Вуси Галерија Календар Траги низ времето Патување дома: Вулканот Специјалитети Маса за двајца Белешки на случајниот минувач LIFE клуб картичка Таротскоп


настани

ПРИЕМ ВО ЧЕСТ НА МАКЕДОНСКИОТ ВИРТУОЗ НА ПИЈАНО

ФИЛИП РИКЕР ВО РАЗГОВОР СО НЕТКА ТРПЧЕСКА СОЛВЕЈ РИКЕР, ГИ ПРЕЧЕКУВА СИМОН ТРПЧЕСКИ И НЕГОВАТА МАЈКА, НЕТКА

ФИЛИП РИКЕР И СИМОН ТРПЧЕСКИ

ЕРВАН ФУЕРЕ И СИМОН ТРПЧЕСКИ

ДАНИЈЕЛА И ЛАРА ТРПЧЕСКИ И СОЛВЕЈ РИКЕР

Амбасадорот на САД во Македонија, Филип Рикер, и неговата сопруга Солвеј, приредија новогодишен прием во чест на македонскиот пијано-виртуоз Симон Трпчески. Внимателно одбраните гости, меѓу кои беа семејството на Трпчески, неговата сопруга и ќерка, неговите пријатели, колеги и студенти, екселенции, луѓе од бизнисот и од медиумите, од љубезните домаќини беа пречекани во празнично украсената сала во амбасадата. Успешната концертна година на Симон Трпчески и неговиот настап во престижниот „Карнеги хол“ беа главниот повод за свеченоста. Плодната соработка и искреното пријателство меѓу САД и Македонија уште еднаш се потврдени со заемната почит меѓу двете култури.

МИНЧО ЈОРДАНОВ НАЗДРАВУВА СО ФИЛИП РИКЕР

6

LIFE Ј А Н У А Р И

ДРАГАН ДАУТОВСКИ СО СОПРУГАТА БЕШЕ ГОСТИН НА ПРИЕМОТ

AКТЕРОТ ВИСАР ВИШКА

ВЛАДИМИР ТОДОРОВИЌ, ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ЦЕНТАР, СО СОПРУГАТА (ЛЕВО)


СИМОН ТРПЧЕСКИ И ЛОНДОНСКАТА ФИЛХАРМОНИЈА НАСТАН ЗА ПАМЕТЕЊЕ Концертот на Симон Трпчески и Лондонската филхармонија, не само што беа главно концертно случување во декември, ќе ја одбележат и годината што изминува. Македонската публика уживаше во музицирањето на Трпчески, музичарите на еден од најдобрите оркестри во светот и диригентот со светска слава Владимир Јуровски. Приредија два часа галење на сетилата со звуците на Феликс Менделсон Бартолди, Сегеј Прокојфјев и Јоханес Брамс. Композицијата „Сербес Донка“ од Панде Шахов беше изненадување кое што Симон Трпчевски и Лондонската филхармонија го приредија за македонската публика. Нивниот настап беше поздравен со громогласен аплауз.

КОНЦЕРТ НА ШЕРБЕЏИЈА И ТАДИЌ Раде Шербеџија и Мирослав Тадиќ одржаа концерт во преполната Универзална сала. Пред публиката го промовираа нивниот нов албум „Понекад долазим, понекад одлазим“, а на сцената ги придружуваа „Њу синема бенд“ кои ги сочинуваат Ејприл Гутри (виолончело), Кристофер Гарсија (тапани) и Рој Естрада (басист) кој свиреше со Френк Запа. Покрај одличната глума и интерпретација на песните, Шербеџија ја забавуваше публиката со раскажувањето на досетки, спомени врзани за Македонија и случки во животот. Македонската публика ја изненади и со песната „Елено ќерко“ кој на сцена ја исполни со актерката Јана Стојановска. За бис ја остави неизбежната „Не дај се Инес“ и уште еднаш со неговата интерпретација покажа зошто оваа песна си го обезбеди местото во аналите на безвременоста. Концертот беше во организација на Авалон продукција.

„ДЕРВИШОТ И СМРТТА“ ЗА ТЕАТАРСКИТЕ СЛАДОКУСЦИ Српската претстава „Дервишот и смртта“ на режисерот Егон Савин, својата премиерна изведба во Македонија ја имаше на 2 декември. МОБ беше претесен за да ги собере сите кои сакаа да присуствуваат на една од двете изведби. Се бараше карта повеќе. Македонската публика лично се увери зошто оваа претстава освои толку многу престижни награди, од кои десетина му припаднаа на брилијантниот Никола Ристановски во улога на Ахмед Нурудин. Љубомир Бандовиќ, Марко Николиќ, Наташа Нинковиќ, Ненад Стојменовиќ,Борис Пинговиќ и останатата актерска екипа маестрално ги одиграа ликовите од култното дело на Меша Селимовиќ кое едноставно е безвремено и е своевидна балканска класика.

Интензивната двегодишна соработка меѓу „Балкан биро“ (Амстердам), „Критерион“ (Сараево), „Дит' е нат'“ (Приштина) и „Локомотива“ - Центар за нови иницијативи во уметноста и културата од Скопје, резултираше со „4 Синхронизирани градови“, фестивал за независен филм и визуелни уметности. По успешната реализација во Приштина, Амстердам и Сараево, фестивалот во Скопје ја донесе изложбата „Креативни градови, уметнички гратчиња и фантастични села“ и тридневна програма со 36 филмови на млади режисери од земјите-партнери. Скопскиот фестивал беше отворен со перформанс на групата „Свирачиња“. Четири града со четири изложби и четири филмски програми за прв пат се одржа во четирите држави, со надеж дека ќе продолжи и понатаму да ја презентира идејата за независната сцена.

7 LIFE Ј А Н У А Р И

ФЕСТИВАЛ НА ВИЗУЕЛНАТА КУЛТУРА


8

LIFE Ј А Н У А Р И


на рака, залепени во некое маалско дуќанче: „Нема вересија!” или пак уште попоетски: „Чест секому, вересија никому”. 2009-тата беше година на вересија. Тешка, мачна, сиромашна, но некако се` уште луѓето веруваа, па даваа вересија. Воедно, се надеваа дека 2010-та ќе биде подобра, дека кризата ќе помине и се` ќе се врати како што било, па и нивните пари - назад во џебот. Неколку непоправливи оптимисти од соседна Србија, ланскиот јануари креираа и група на Фејсбук: „2009, била и не поновила се никада” (2009, беше и да не се повтори никогаш). 2010-тата започна надежно (т.е. оптимистички), но кризата не врвеше, позајмените пари не се враќаа, а стоката дадена на вересија не се плаќаше. Дуќанџиите полека почнаа да се враќаат кон старите навики: си ги залепија „нашкрабаните” на рака натписи и продолжија да преживуваат... Митот или приказната вели дека на дното, после сите маки и ужаси, се наоѓа надежта. Дали е таа вистинска или лажна, најверојатно никој не знае, бидејќи надежта живее додека опстојува и човекот, или народот, или човештвото. Еднаш отворена, Пандорината кутија веќе не може да биде клетва, туку нужно зло. Следствено, соодносот вистина-лага станува „потрошен”, неупотреблив, неважечки. Имено, исчезнува. Останува само голата Надеж, лишена од сите други својства. Кризните години (како оваa што изминува и таа пред неа), оние за кои секогаш велиме „да не се повторат”, без сомнение се своевидни Пандорини кутии, на чие дно, осамена, талка надежта. Чека да помине кризата, за да може да го спушти капакот и малку да одмори, барем за миг.

Несомнено, 2011-тата повторно ќе биде година исполнета со надеж и оптимизам, и повторно - година без вересија. Најверојатно, пак нема да има доволно купувања, излегувања, патувања, радувања... Ќе се чуваме за подобрите денови, ќе бидеме „нападнати” од егзистенцијалните проблеми: децата, семејството, лебот, лековите, ратите, кредитите, сметките за струја, вода, парно, кирија... Повеќето од нас ќе продолжат да бидат „ескаписти”, да затвораат очи пред реалноста, секој на свој начин (турско-индиски сапуници, крими-сапуници, видео-игрици, дрога или алкохол). Подалеку од вестите, политичарите, изрежираните ТВ-циркузи и решавањето на „суштинските прашања”. Оние останатите (другата половина) ќе го бараат излезот во „политиката”, ќе продолжат да се поларизираат, да шират омраза, меѓусебно да се плукаат и уште повеќе да ни ја прават неподнослива и онака мачната егзистенција. Како малечки, со сестра ми знаевме да се пикнеме под ќебе кога се гасеше светлото, за да се сокриеме од чудовиштата кои демнеа во мракот. Потоа, кога паѓав во сон, „монструмот” кој ме демнеше таму, од „онаа страна”, не можеше да ме види кога силно ќе ги затворев очите (толку типично детски момент, ако не те гледам – нема ни ти да ме видиш). Очи силно, силно затворени - и безбедна сум! Така и сега, на почетокот на 2011, не многу различно од многумина други граѓани на Македонија (онаа првата половина), решавам силно да ги затворам очите (бидејќи другата опција ми е неприфатлива) надевајќи се дека чудовиштето брзо ќе ме одмине, дека лошиот сон ќе заврши и утрото ќе биде сончево, ведро и безгрижно како некогаш. Или барем помалку „грижно” од денешново...

не-блог

уредник на LIFE

LIFE Ј А Н У А Р И

овеќето од нас ги паметат оние натписи П од детството, „нашкрабани”

¢ Билјана Црвенковска

9

ОЧИ СИЛНО ЗАТВОРЕНИ


10

LIFE Ј А Н У А Р И

life п о р т р е т


ОСТВАРУВАЊЕ НА НАДЕЖТА

life п о р т р е т

ВЛАДИМИР ЧАДИКОВСКИ

11 LIFE Ј А Н У А Р И

ГОДИНАТА ШТО ИЗМИНА ЌЕ ЈА ПАМЕТИ ПО ХУМАНИТАРНАТА АКЦИЈА „МОЖЕШ - АКО САКАШ“. ЗА СЛЕДНАТА СЕ НАДЕВА ДЕКА ПОВЕЌЕ ЌЕ БИДЕ ДОМА, СО СЕМЕЈСТВОТО


life п о р т р е т

12 LIFE Ј А Н У А Р И

¢ Силвана Жежова o Кире Галевски ред три години во болницата „Сент Лук“ во Брисел, тим од лекари на чело со Проф. Рајмонд Рединг и македонскиот хирург спец. д-р Владимир Чадиковски го започнаа проектот со кој Македонија стана акредитиран регионален центар за трансплантација на црн дроб поддржан од П Светската асоцијација за детска трансплантација (ИПТА). Проектот е во завршна фаза, па се очекува од наредната година да се применува во практика. Детскиот хирург Чадиковски заедно со другите ентузијасти вложија огромен напор во опремувањето на интензивна нега на Клиниката за детска хирургија, во подготвувањето за Законот за трансплантација и во формирањето на Националната фондација за трансплантација. Убеден е дека деновите поминати надвор од домот и часовите без своето семејство на крајот ќе се исплатат. Вршењето на трансплантации кај нас е голема надеж за пациентите, но и остварување на сонот од лекарите кои долго време се подготвуваа за овој процес. Д-р Чадиковски помина многу часови надвор само за да успее да направи нешто што ќе остане и за идните генерации. Кога ќе го прашаат дали Детската хирургија е најтешка хируршка гранка, одговара дека сите се тешки, но неговата е најблагодарна. По добро завршена работа го гледа детето како расте и се развива во зрела личност.

Законот за трансплантација на органи влезе во владина процедура, што претставува голема надеж за пациентите. Кој ќе биде бенефитот од неговото изгласување? Кога ја отворивме Националната фонадација за трансплантација, една од нејзините основни цели беше подигање на свеста за донирање органи. Но, тогаш согледавме дека што ако правиме кампања, кога имаме нефункционален закон. Немавме ниту една кадаверична трансплантација, иако во 80-тите бевме лидери во тоа. Како невладина организација потпишавме прв меморандум за соработка со Министерството за здравство и за месец дена направивме

драфт-верзија на законот. Додека поминуваше низ неколку комисиски расправи во Министерството за здравство, Фондацијата го испрати и во Брисел. Добивме одлични критики за тоа како е направен, со одредени забелешки кои беа екстремно добри од нивна страна. Ми оставија впечаток дека секој збор го согледале внимателно. Ги вметнавме забелешките и мислам дека на крај извадивме одличен закон кој е потпишан од министерот и би требало да се најде на владина седница. Идејата е да се донесе со консензус. Ако еден гласа против, подобро да не го носиме. Затоа што ќе постои сомнеж меѓу народот дека има некаква скриена работа.

Дали со него ќе се овозможи трансплантација од кадавер и од донирани матични клетки? Имено, кој ќе може да донира орган? Имаше многу дебати на оваа тема. Ако во текот на животот не потпишете дека не сакате да ги дадете органите, тогаш сте потенцијален донатор. Но тоа не значи дека некој ќе ви ги земе органите. Што и да треба да се прави, секогаш ќе се разговара со фамилијата. Еден од нив ако е против, тогаш јас како хирург никогаш нема да се согласам да оперирам. Мора сите да бидат согласни. Ќе излезат официјални документи од Министерството за здравство кои ќе бидат доставени до матичните служби. Многу е битна едукација-


life п о р т р е т

та на матичните лекари, на која посебно ќе се работи и ќе се оди со позитивна кампања. Со потпишувањето на тој документ вие се изјаснувате дека не сакате да ги донирате органите. Има една ставка која не може да се стави во закон, а Хрватите ја имаат направено и мислам дека е одлична, а тоа се вика картичка за поддршка. Со неа сте поддржувач на кампањата, по претпоставка разговарате со семејството и тие го знаат вашиот став по прашањето на донирање органи. Концепцијата на потпишување согласност за донирање е ограничувачка. Затоа го презедовме хрватскиот закон, односно широк закон кој ќе биде дорегулиран со правилници. Хрватите се лидери во Европа во оваа област.

органот, од една страна е магија, а од друга страна надеж за другите дека имаат можност повторно да живеат нормално. Оваа шанса не треба да се пропушти. Дали иднината на медицината лежи во банките за матични клетки? Во моментов имаме проблеми од причина што на некој начин работите се злоупотребуваат, бидејќи не се стандардизирани. Најбитно е на секое ниво да се носат протоколи и правилници. Тоа се прави пред се` заради пациентите, бидејќи јас како доктор лесно можам да убедам некого. Концепцијата е да не импровизираме, туку

ќе постојат правилници од кои ќе можете да си прочитате. Првпат во Законот се стави и можноста за правење на банка за коскена срцевина. Пресадувањето во странство чини 300 - 400 илјади евра иако технички е едноставна работа. Но за да се најде донатор, само пребарувањето на софтвер чини 30 илајди евра. Ако сте држава која не сака да даде, а сака да зема, ќе платите десет пати поскапо. Осумдесет до деведесет илјади евра чини операцијата за црн дроб затоа што органот го дава родителот. Органот од надвор ќе ве чини двојно поскапо. Со донесувањето на законот таа кај нас би чинела околу десет илјади евра.

13

Надежта последна умира, а од големо значење ќе биде ако сето ова што во изминативе три години го работевте и бевте комплетно посветени, конечно ќе се примени и во практика? Како хирург, немав претстава низ каква голгота поминуваат сите тие пациенти кои чекаат на трансплантација. Ќе бидам многу среќен ако сето ова за кое три години секојдневно макотрпно се борев, може да профункционира, бидејќи и мојата надеж е голема. Ентузијазмот кој го вложив не замира туку ме тера да продолжам. Кога ќе видите дете пред трансплантација и како тоа напредува откако ќе му го ставите

LIFE Ј А Н У А Р И

Според истражувањата, висок е процентот на испитаници кои сметаат дека донирањето органи е позитивен хуман акт и уште повисок на оние кои би донирале орган. Како ќе ја зголемите довербата кај оние испитаници кои како причина зошто не би донирале органи ја наведуваат недовербата во институциите? Од целото комплексно истражување се фокусиравме на групата од 20 отсто која би ги дала органите. Само со тие да почнеме, тоа е голема бројка. Потребна е финансиска инвестиција и поддршка бидејќи ќе се врати. Голем број доктори и здравствени работници ќе бидат инволвирани, со што степенот на здравствена едукација ќе се подигне на енормно високо ниво. Не` очекува голема работа, ќе треба да започнеме со кампањи за да објасниме што значи да се донира орган за да се помогне. Кај нас се` уште не постои таков развиен алтруизам - да му дадете орган некому кого не го познавате. Регионот е таков што постои можност и за продавање органи. Мислам дека како и секој друг криминал, единствен начин за да се спречи е преку негово законско регулирање. Веројатноста да влезете во болницата во Брисел со краден орган е невозможна. Трговија со органи се прави во држави каде што постои неорганизираност и системски хаос.


life п о р т р е т

14 LIFE Ј А Н У А Р И

Дали се` уште клиниката „Сент Лук“ од Брисел е менторска институција на Клиниката за детска хирургија? Соработката со менторската институција „Сент Лук“ од Брисел се одвиваше во две фази. Наши лекари заминаа таму на доедукација, но при првата трансплантација ќе дојдат повеќе лекари од сите профили, за понатаму таа бројка константно да се намалува. Дури не кажат дека сами сме подготвени ќе доаѓаат да ни помагаат. Се работи за екстремно комплексна работа, бидејќи не е само техничкиот аспект во прашање. Црнодробната трансплантација е најтешка што може да се направи. Мојата идеја е да се примаат и педијатри кои заедно со анестезиолозите ќе го дооформат тимот. Ќе имаме единствена клиника од таков тип каде што на едно место ќе има се`. Тоа е мојата замисла и мислам дека имаме шанси. Јас можеби ќе си одам, но ова ќе остане. Ние имаме голем број пациенти од Косово, па ако се бавиме со голема хирургија, мораме да бидеме покриени, не можеме да импровизираме. Аплицирав за проект, пред шест месеци, во Министерството за одбрана на САД. Го добив проектот, па ќе ја доопремиме цела интензивна нега и плус ќе ја реновираме целата детска хирургија, со што ќе добиеме клиника со која ќе се гордее цела држава. Со отворањето на интензивна нега ќе се решат многу проблеми на Клиниката за детска хирургија. Бевте дел од хуманитарната акција „Можеш - ако сакаш“, чија цел беше токму опремување на одделението за интензивна нега на Детската хирургија. Дали надежта за подобро утре лежи и во овие хуманитарни акции? Хуманитарната акција ја покренавме со помошта на холандската амбасадорка Симоне Филипини, кој е страшен ентузијаст.

на транспарентен начин да им дадеме листа на новинарите во која стои колку пари се донирани и каде отишле парите. Тоа ќе биде објавено и на веб-страницата на Националната фондација за трансплантација што ќе биде пример за другите.

Ако не беше таа јас немаше да влезам во кампањата. Полесно ми е да оперирам отколку да барам пари. Се собраа некаде околу 45 илјади евра. Првпат се судрив со таков вид кампања и не очекував дека е толку тешко. Секој ден да излегувавме по медиуми, одевме по сите можни манифестации. Имаше ситуации кога цел ден собиравме само по 100 евра, а некаде каде што најмалку очекувавме се донираа поголеми суми. Во училиштето „Димо Хаџи-Димов“ во Влае децата правеле фигури, ги продале и донираа 12 илјади денари. Имаше фирми кои донираа по сто евра. Сакам да кажам дека луѓето во принцип се хумани и такви акции секаде постојат. Но, транспарентноста е битен сегмент. Сите хумани работи што се случуваат се темелат на лични трагедии. Ако барате системска донација, веднаш се поставува прашањето каде одат тие пари и кој ќе ги земе. Затоа одлучивме

По што ќе ја паметите годината што изминува и на што се надевате од онаа што доаѓа? Поради ангажманите, ми помина многу бргу. Се надевам дека наредната година ќе бидам повеќе дома за да се видам со фамилијата. Годината што поминува најмногу ќе ја паметам по кампањата. Не знам дали повторно би влегол во таа работа, бидјеќи ми се виде макотрпна, но е многу племенита и духовна и драго ми е што на крај успеа. Холандската амбасадорка ми ја врати вербата дека може нешто да се направи ако навистина се сака. Парите не се најважни, туку вербата да ги промените и убедите луѓето дека тоа што го правите навистина вреди. Наредната година се надевам дека се ова што го правевме за сите овие три години ќе се имплементира. Веројатно искрено се надевате дека отстуството од дома, на крајот ќе вреди? Да не верував, немаше да започнувам. Верувајте ми, за сите мои професионални ангажмани досега, имам апсолутна поддршка од страна на мојата сопруга Елена. Поминав многу часа надвор само за да успеам да направам нешто што ќе остане и за идните генерации. Работата на почеток си ја носев дома, а сега гледам да ја поштедам сопругата и затоа многу ретко зборувам за секојдневните проблеми. Кога ќе ме прашаат дали Детската хирургија е најтешка хируршка гранка, велам веројатно сите се тешки, но нашата е најблагодарна. Кога ќе завршите добра работа го гледате детето како расте и се развива во зрела личност. ¿


Внатре овие координати, за да се допре суштината на постоењето значи, по пат на излегување од себе да се увиди дека со или без ова Невозможно е, бидејќи оваа дефи„себе“ постоењето има еден беспониција е крај на наддавањето, нешто четен, па и бескраен тек, речиси како лимба на потсвеста (C. Nollan, механички, кој на површината на Inception), каде што сонувањето е случувањата отсјајува со блесокот попречено од недостигот од визии во на привидот заслепувајќи ги оние делот на залихи, што сонот ги користи што ја делат оваа суштина од едното како своја моторика. правејќи многу... Од сите мисли, сеќавањето на Има една приказна од животот на смртта е најголемо. Не само што смрфранцускиот писател Волтер. тта не е крај, туку таа е и своевидно Некоја побожна жена сакала будење во друго ниво, во коешто сада го обрати во верата, велејќи му: ми по себе ќе станат веднаш подлож„Како можете да не верувате во Свети ни на толкување сите симболи со кои Дионисиј од Париз? Му ја отсекле овде сме оковани како да живееме во главата на еден крај од градот, а тој, филм. Оковани во симболи, чекајќи земајќи ја својата глава под пазувите го Прометеј, и слично. прошетал низ цел Париз и застанал Capax infiniti, бескрајна можност, на другиот крај...“. Волтер одговое израз кој се користи во теолошката рил: „Знаете, во тие случаи тежок е литература. Единствено од личната само првиот чекор“. волја на човекот зависи начинот на Болката е кратенка, најкраткој што ќе биде искористена оваа киот пат за да се допре суштината, можност. Низ искуствата со своите еден зачудувачки егзит, после кој пациенти опишани во „Патот по кој ОНА ШТО МОЖЕ ДА ГО СПАСИ ЧОВЕК станува невозможно да се остане во поретко се оди“, Скот Пек објаснува Е ДА СЕ РЕШИ ДА НАПРАВИ ЧЕКОР. границите на сопственото Jас, каде дека постојат четири техники за ПОТОА УШТЕ ЕДЕН ЧЕКОР. И ПОСТОЈАНО што страдањето е тешко прифатликонструктивно доживување на ИСТИОТ ЧЕКОР, КОЈ МОРА ДА СЕ НАПРАВИ. ва техника, начин на кој Природата болката, и тоа: одложување на задо(Антоан де Сент Егзипери) (најпрво) самата го ѕида, а потоа и волството, прифаќање на одговорпомага во изнаоѓањето излез од лавиринтот. носта, посветеност на вистината и балансирање. Всушност, овие А пак, трпната состојба е првиот чекор кон профилирањето четири техники можат да се наречат со еден збор: Дисциплина. на желбата за мудрост. Почеток на мудрољубието. Стекнувајќи Кога човекот се учи на дисциплина, тој зрее и учи како да страда. искуство, човекот станува жонглер на сопствената судбина. Во Волјата за користење на овие техники се вика љубов. фалтите на оваа сарма се завиткани мали и големи радости, Се разбира, бескрајноста не би била бескрајност, ако во себесекојдневија со маска на празник, трагања, мечти и по некои си не го вклучува и принципот на обединување на спротивностостварувања. Немоќ или семоќ? ите, па така, во морето на неограничени можности, човештвото Низ колку слоеви наталожени впечатоци треба да се помине развило и раскошни техники на бегство. Кога човек ги користи за да се дојде барем до еден одговор? На дното, со вкус на овие техники за да му „кидне” на легитимното страдање, тој притаена моќ се крие вирусот на едно непотрошливо КРЕДО развива разни типови невроза (Јунг). Од обичното грицкање ликувајќи во индискретниот шарм на апсурдот со кој е околчен – нокти до уживање тешки опијати, се` во зависност од карактерот, оваа граница не можат така лесно да ја прескокнат оние кои за се` или што би рекле астролозите, во зависност од соодветната бараат објаснување! Апсурд! констелација на планети и соѕвездија. Тоа е богатството со кое неисцрпно се задолжуваат верувачите Трпението е состојба на духот во кого надежта го положиво НЕВОЗМОЖНОТО. Нивните кредити никогаш нема да бидат ла своето семе, откако претходно ја скратила постапката на отплатени, а чудото на постојаното присуство (на вечноста заведувањето со неколку вешто одбрани (дозирани) „импакти” од која никој нема видлива корист) е единствениот начин за на болка (one way or another), доведувајќи ги на прагот на враќање на долгот. зашеметувачка истоштеност, што ја гарантира пасивата во сите Кој дава повеќе? координати на неговиот тешко уловлив систем.

life т е м а

apax infiniti! Кој дава повеќе, од оваа прастара одредба C за човекот?

¢ сестра Макрина

15 LIFE Ј А Н У А Р И

ЧУДОТО НА ПОСТОЈАНОТО ПРИСУСТВО


life т е м а

НАДЕЖ СОН НА БУДНИТЕ ¢ Катарина Стојанова

НАДЕЖТА Е НЕСОМНЕНО СИЛНА МОТИВАЦИЈА ВО ЖИВОТОТ НА ЛУЃЕТО, ИСТУРЕНИ ПРЕД ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА СОВРЕМEНОСТА КОJA БЕЗМИЛОСНО ЈА СТАВА ПОД ПРАШАЊЕ РЕЧИСИ СЕКОЈА ОПШТОПРИФАТЕНА ЦИВИЛИЗАЦИСКА ВРЕДНОСТ. ТАКА РАЗНЕБИТЕНИ И ЗАЧУДЕНИ ПРЕД ПРЕДИЗВИЦИТЕ ШТО ГИ НОСИ НОВОТО ВРЕМЕ, ЛУЃЕТО ПОВТОРНО И СЕ ВРАЌААТ НА ВЕРАТА И НА РЕЛИГИЈАТА, ОБЕДИНУВАЈЌИ СЕ ОКОЛУ НАДЕЖТА ШТО ТАА ГИ НОСИ

16

LIFE Ј А Н У А Р И

адежта е копнеж за остварување на желби. Почнува кога желбата ќе се појави, Н трае додека трае и неизвесноста дали желбата ќе се оствари и исчезнува кога дознаваме дали желбата се остварила или нејзиното остварување станува невозможно. Надежта не` преплавува со различни чувства, од среќа при мечтаење за остварување на желбата до страв дека желбата нема да се оствари. Додека трае надежта нема тага. Тагата се појавува дури тогаш кога ќе дознаеме дека желбата нема да се оствари. Затоа повеќето луѓе уживаат надевајќи се. Тоа се оние кои толку се плашат од тагата и од неостварувањето на желбата, што надежта им дава комотна состојба, без разлика на напнатоста и стравот која ги носи таа и страв дека желбата нема да се оствари. Безнадежноста не е спротивна на надежта. Безнадежноста е состојба во која знаеме дека желбата нема да ни се оствари. Тогаш и надежта нема смисла. Но, многу луѓе не го прифаќаат тоа и ја продолжуваат надежта до крајна граница, настојувајќи да ја одбегнат тагата на безнадежноста. Но безнадежноста не е можно

да се одбегне. Колку порано престанеме да се надеваме, толку пократко ќе трае времето на тага и безнадеж. За тоа време желбата полека ќе почне да гасне. Како што ќе гасне желбата, ние ќе бидеме подготвени за нови желби и потреби, со кои доаѓа и нова надеж. „Да се измамиш во една голема надеж не е срамота. Самото постоење на таквата надеж вреди толку што не е прескапо платена со едно разочарување, колку и да било тоа големо“ - запиша нобеловецот Иво Андриќ во своите „Знаци крај патот“. Надежта е, несомнено силна мотивација во животот на луѓето, истурени пред предизвиците на современоста која безмилосно ја става под прашање речиси секоја општоприфатена цивилизациска вредност. Така разнебитени и зачудени пред предизвиците што ги носи новото време, луѓето повторно и ` се враќаат на верата и на религијата, обединувајќи се околу надежта што ги носи таа. Велат дека чувствата се најискрени кога ни е најтешко. Чувството на надеж веројатно најдобро го знае оној кој го преживеал најтешко-

то – болеста. Младиот поп пејач Игор Узунов има само триесет години, а веќе преживеал две тешки болести, тумор на кичма и леукемија. Психолозите велат дека надежта е синоним на иднината. Во контекст на темата на „LIFE Магазин”, може да се каже дека и младиот Игор претставува симбол на надежта. Во неговата животна исповест тој ќе напише. „Никој не е пустинска роза, за секого има капка среќа и надеж. Животот што ќе ти земе на една, ќе ти даде на друга страна“ - стои во неговата порака како заштитно лице на хуманитарната фондација „Срце од срце“. Одземената радост на поп-пејачот Игор Узунов, судбината денес му ја преточи во мисија, во желба и борба да го даде најдоброто од себе, да биде голем хуманист и филантроп, вљубеник во човекот и во животните. Да се раскаже својата приказна, да се помогне каде што треба, да се оди по стапките на великаните на хуманоста, да се следи примерот на Хозе Карерас, светскиот оперски пејач, кој ја вложи својата животна сторија и труд за спас на многу луѓе, заболени од леукемија.


НАДЕЖТА - СИНОНИМ ЗА ИДНИНАТА М-р. Лидија Зорба – психолог во Центарот за применета психологија „Зорба Консалтинг“ Надежта од психолошки аспект е чувство кое е врзано за иднината. Неговата функција е заштитна и мотивирачка. Надежта треба да ја одржи енергијата на личноста додека истата се реализира. Таа е одличен „инструмент„ за избегнување на анксиозноста и депресијата. Додека анксиозноста е врзана за непријатни очекувања и непријатна неизвесност, а депресијата меѓу другото, подразбира и безнадежност во добар иден исход, надежта и ` овозможува на личноста да остане активна во очекување на нешто добро. Затоа, надежта е поврзана и со етичките категории на добро и лошо. Надежта е очекување на нешто добро или барем подобро. Но, ова е можно само доколку појдовна точка на надежта е сегашноста, односно акцијата во насока на реализација на надежта. Надежта која не е врзана за акција во сегашноста може да не` одведе до дневни мечтаења, футуристички размислувања, па дури и во догматични ставови кои ја оддалечуваат личноста од реалноста и ја оневозможуваат да биде креативна во градењето на својата иднина.

НАДЕЖТА СИНОНОМ ЗА ОПТИМИЗАМ, ПОЗИТИВИЗАМ, ПРАГМАТИЗАМ М-р Татјана Стојаноска, Институт за социологија Надежта е еден од најсуштествените поими во општеството, навидум едноставен, но сепак комплексен. Иако не можеме да говориме за потполно идентично толкување на овој феномен во секое општество, сепак постојат одредени универзалии кои го карактеризираат овој поим. Надежта како сеопфатен дискурс, кој ја обележува единката и кој е суштествен сегмент на нејзиниот ментален и емоционален склоп. Ваквото поимање ја става надежта како почетен импулс и двигател на секоја човекова активност, што значи дека секое дејание на човекот и секој облик на комуникација ја вклучува надежта како сегмент кој исклучиво носи позитивен пристап. Надежта може да биде сфатена и како синоном за оптимизам, позитивизам, прагматизам. Таа ја води и и ` помага на личноста полесно да се справи со општествените текови. Надежта може да биде сфатена и како вредност, како дел од вредносната скала која се преферира во одредено општество. Посебното општествено значење на надежта се однесува на нејзиниот третман во однос на институциите во општеството, односно надеж дека единствено принципот на правичност и морален кредибилитет ќе бидат основата врз кои ќе почива демократичноста на институциите. Надеж во однос на осмислување на човековата егзистенција, едно поимање дека секој врз основа на сопствените квалитети и способности ќе напредува во општествената хиерархија. Надеж како основа за склопување и одржување на пријателство, што ја вклучува првенствено вербата во искрена и нерасипана човекова природа и душа. Надежта е и една од трите највисоки категории во религиското поимање заедно со верата и љубовта. На крај, надеж во подобро, посреќно, недискриминирано и ослободено од сите стереотипи и предрасуди во општеството. НАДЕЖТА - ПЕРТИНЕНТНО НАЧЕЛО НА ЧОВЕКОВИОТ ДУХ Ристо Солунчев, филозоф Филозофот Ернст Блох го определи поимот Надеж како едно пертинентно начело на човековиот дух. Ние сме сал целите изградени од иднината. Ние сме есхатолошки род, исчекуваме парусија како можност. Начелото на надежта постојано го изобразовува духот на една утописка свест. Копнеењето по она-што-се`уште-не-е, а може да биде, не` прави апсолутно

неадаптиран вид, можеби најнеадаптираниот вид на планетата. Адаптациабилноста рефлектирана низ реални биолошки параметри, но сега видена низ призмата на начелото на надежта е само еден нужен еволутивен невролептик, за да не би угинале поради константната меланхолија на свеста која се дофаќа себеси во време кое не временува, а болно временува сега и овде. Начелото на Надеж приготвува месо за утопиското, ја плете нашата плот како талкачки топос, парадокс на единствена можна средба, она-што-се`-уште-не-е станува низ нас она-што-е, но задржувајќи ја првата актуелност, тука е, но секогаш и одново како она-што-се`-уште-не-е, оти е не-време втурнато во време, како повторување на она што го немаме. Суштина која најчисто се реализира само во музиката.

life т е м а

Затоа, надежта треба да се негува како чувство и како функција на здравата личност, чија појдовна точка е акција во сегашноста ...

НАДЕЖТА НА ДНОТО НА КУТИВЧЕТО Елизабета Баковска, писателка Како што човек созрева (и старее), имањето и негувањето на чувството на надеж, толку карактеристично за младиот ум, се` повеќе го заменуваат конформизмот, скептицизмот и сомнежот. И Данте, кога во своите триесетти години (или на средина од својот земен живот) влегува во пеколот, т.е. минува низ своите најголеми премрежиња, се соочува со написот „Ти што влегуваш овде, откажи се од секаква надеж“. Така,се чини дека надежта страда како што расте животното искуство, зашто како чувство во себе ја носи младешката наивност и често неоснована верба дека нештата треба и можат да бидат поинакви и подобри. На овие години, и јас често оставам 'да ме понесе матната', па животот го прифаќам како што доаѓа, или се трудам да го изменам некако суво, без сочноста на големите очекувања. Но, сепак, кога понекогаш ќе се потсетам дека треба да подзапрам, знам дека на дното на своето кутивче секогаш ќе ја најдам надежта, можеби подзаборавена, но никогаш изгубена. Што е надежта? Дали е исчекување на нешто, желба, илузија... Абдула Сидран Каква ли е Боже празнината во душата на оној што одамна се разделил со надежта... Аристотел Надежта е сон на будните Ерика Јонг Лутината е изневерена надеж Грациан Ако исчезне зависноста основана на надеж, тогаш обично исчезнува и почитувањето Гете Сите луѓе остануваат разочарани во своите надежи, а во своите очекувања излажани Иван Цанкар

17 LIFE Ј А Н У А Р И

„Понекогаш размислувам како јас да им објаснам на оние кои што чекорат по некој тежок пат, сите тие чекори да ги гледаат како веќе свртен лист, а патот пред нив да го видат послан со зеленило, капки од роса кои светат како бисери и ни прават отсјај во очите, дека она што не` очекува се само убави денови и живот исполнет со среќа. Размислувам како да објаснам дека проблемите и солзите кои капат сами понекогаш не се само од тага и болка туку и од среќа дека штотуку сме скокнале преку едно скалило и зад нас сме ги оставиле трагите кои полека ќе избледат. Размислувам да ти кажам дека постои некој кој што ги слуша нашите молитви, ги остварува нашите сништа...само ако тоа го правиме со чисто срце и длабоко од душа. Многу размислувам и ќе ти кажам – Верувај...Сето она што го посакуваме, сето она што не` мачи, сето она што ни стои како пречка на патот е само лекција која треба да ја научиме. А она што сме го научиле – тоа ќе не` води кон патот на успехот”, вели во својата исповест младиот Игор. „Многу тешки моменти поминале, многу тешки моменти ќе дојдат и ќе поминат. Останува само цврсто да чекориме по патот кој што некој ни го зацртал и ни го запишал во онаа книга која често ја нарекуваме Судбина. Останува да се бориме со бремето, кое ни го носи новото време, но сигурно ќе пешачиме кон иднината затоа што новото време ни носи и нови надежи“, вака Игор го заврши разговорот за „LIFE Магазин”.


life ф о к у с

влезот во елитното друштво па се` до освојувањето на светскиот наслов, Џенсон постојано ¢ Александар Табаковски О дбеше присутен во медиумите, но ретко кога го повтори првичниот позитивен впечаток.

ИМАВ ТРЕМА КОГА ПОЧНУВАВ СО МЕКЛАРЕН

18

LIFE Ј А Н У А Р И

ИАКО ИЗВОЈУВАН МИНАТАТА ГОДИНА, НАСЛОВОТ СВЕТСКИ ПРВАК ВО ФОРМУЛА 1 И ФРАЕРСКИОТ „КЕЦ“ НА НОСОТ ОД БОЛИДОТ БЕА МЕЃУ ГЛАВНИТЕ АТРИБУТИ НА ЏЕНСОН БАТОН ВО ОВАА 2010 ГОДИНА. НОВИОТ ВЛАДЕТЕЛ СЕБАСТИЈАН ФЕТЕЛ, ЈА ПРЕЗЕМА „ШТАФЕТАТА“ ДЕ ФАКТО ВО 2011, ПА ФИНИШОТ НА ОВАА ГОДИНА НИ ДАВА ПОСЛЕДНА МОЖНОСТ И ЗА ОДМЕРЕН ПОГЛЕД НАНАЗАД И „ЗБОГУВАЊЕ“ СО БАТОН КАКО ДОСЕГАШЕН „СУЛТАН НА БРЗИНИТЕ“

Дебитираше во 2000 година со Вилијамс, неколку месеци откако наполни 20 години, а неговите добри резултати понатаму отворија врати и за други таленти како Раиконен и Фетел, кои слично како него не ги минаа сите можни филтри во пониските категории за на крај да стигнат во Ф1, туку „прекутрупа“ добија ангажмани од некои екипи. Од сите нив, токму Џенсон имаше најголеми осцилации и во поглед на изборот на екипите, но и во поглед на личниот развој, па првата победа ја забележа „на шашма“, кога дождот ја наруши трката за ГН Унгарија во 2006 година. На тоа претходеше откупувањето на слободата од долгорочниот договор со првата екипа која полагаше право на него како на своја сопственост, за на крајот да се скраси со Хонда, која во екот на економската криза му го сврте грбот и се повлече од Формула 1, објавувајќи дека го продава тимот на крајот од 2008 година. Трудејќи се да остане во игра и да ја продолжи кариерата со Браун, кој го презема тимот, прифати намалување на платата од 60 отсто (односно од ветените осум, прифатил да се откаже од пет милиони фунти), по што се случи во своите раце да добие генијално парче на креација, болид кој му го даде она за што сонувал цел живот – шанса да се бори за тронот! Конечно медиумите одвојуваа повеќе простор за него отколку за неговите девојки, сите до една „екстра класа“ (Луис Грифит, Флоренс Браденел - Брус, Џесика Мичибата), по што му беше наметнат статусот на плејбој, иако повеќегодишните врски со секоја од убавиците го демантираа тоа во практика. Дека не е „вакциниран“ против сериозни чувства за нив, веројатно најдобро покажа со посветувањето на титулата (која така гордо ја носеше во текот на целата 2010 година), токму на Џесика Мичибата, јапонската манекенка која според англиските медиуми го нашла патот до неговото срце преку - масажа на стапалата. - Сакам да му се заблагодарам на моето семејство и на Џесика. Те сакам, ова е за тебе,- гласеше една од првите негови изјави, откако се созема по спринтот низ боксовите за да стигне да ги изгушка прво механичарите. – Без Џесика овде, бев препуштен сам на себе. Всушност ги замолив и дечките од тимот ако сакаат да останат во мојата соба минатата вечер, бидејќи знаев дека тешко ќе заспијам, но ме одбија,- објасни Батон лани во Сао Паоло.


Лани на последната трка влеговте со освоена титула, а на оваа влегувате без шанси за нејзина одбрана. Во која од овие две трки бевте порелаксиран? Повеќе би сакал да бев во конкуренција за титулата на оваа трка! Имав добра сезона и уживав во неа. Квалификациите очигледно ми беа слаба точка, но среќен сум со моите перформанси во трките, кадешто успеав да го извадам максимумот од болидот и да ги подобрам своите пласмани имајќи предвид колку назад стартував. Генерално уживав повеќе во неделите отколку во саботите. Не би сакал да го омаловажувам мојот претходен тим, но во Мекларен многу добро се снајдов, ова е тим којшто има огромно знаење, искуство и историја. Би можел да кажам дека имав трема кога ја почнував годината со ваква екипа. Возбуда... возбуда би бил вистинскиот збор. Одлично е да се има тим којшто сака да го чуе твоето мислење, тоа те прави да се чувствуваш оптимистички за 2011 година.

life ф о к у с

На почетокот од сезоната прогнозиравте доминација на Ферари, но како ја гледате сезоната од сегашен аспект? Да, тоа беше кажано за време на зимските тестирања, а сега повеќе наликува дека Ред Бул си ја остави работата да ја заврши во последната минута. Генерално, истите луѓе беа во конкуренција за победи оваа сезона со тоа што Ред Бул беше брз од почеток до крај, можеби со исклучок на една или две трки, додека Ферари беа конкурентни на голем број од нив, а ние бевме малку ваму малку таму. Тоа се трите тима кои беа конкурентни оваа година, но следната сезона може да ни се приклучат и некои други. Мислам дека Мерцедес ќе биде силен, тие се добар тим и очекувам да отскокнат. Што се однесува до нас, ние сме концентрирани на освојување на второто место во конструкторскиот шампионат и за оваа година и порастоварено ќе влеземе во овој последен викенд.

Дали ќе ви помогне тоа што сега ќе имате цела зима за подготовки со овој тим за новата сезона? Да, навистина не сум имал толку добра зима веќе многу години, во којашто седиш со тимот и си концентриран на развојот на болидот за идната година. Добро е што сме во позиција да ја завршиме сезоната со разумно добар болид кој ние двајцата со Луис ќе продолжиме да го надоградуваме, а воедно ќе уживаме во тоа. Ќе имаме многу работа оваа зима, но ќе биде и многу возбудливо. Која е разликата во однос на претходните години? Па, во однос на лани, разликата е во тоа што го сменив тимот, а зимата пред тоа не знаев дали воопшто ќе возам. Враќајќи се уште една година наназад, мислам дека тогаш не знаевме во кој правец да одиме со болидот, бидејќи Рос Браун ни се приклучи премногу доцна. Едноставно секоја зима имаше по нешто, а еве сега додека зборувам ми текнува дека и годината претходно не се знаеше

LIFE Ј А Н У А Р И

Влеговте во последната трка без математички шанси за одбрана на титулата, но дали во текот на сезоната имаше момент кога почувствувавте дека таа веќе Ви бега од рака? Спа (Франкоршамп – н.з., или трката за ГН Белгија во почетокот од септември) беше момент по кој стана многу потешко. Од таа трка наваму имав неколку проблеми во квалификациите, беше тешко да го најдам вистинскиот баланс, што ми ги отежна работите. За разлика од тоа трките ми беа генерално добри, можеби со исклучок на онаа во Кореја. Генерално саботите беа тие каде што ја немав потребната брзина, а авто-

матски со тоа ниту балансот со којшто требаше да се појавам во недела, па затоа и Кореја беше прилично тежок викенд. Таму изгубив многу поени и можеби тоа беше пресудно, иако, искрено речено, сепак ќе беше тешко и без таа трка да дојдам овде и да се борам за титулата.

19

ОДБРАНА И ПОСЛЕДНИ ДЕНОВИ Сепак, судбината сакаше бајката за „Пепелашка од Формула 1“ да заврши со трансфер на Батон од Браун во Мекларен, а со тоа и шампионската единица да го кити болидот на оваа екипа. Иако на почетокот на сезоната успеа да извојува две победи во трки одбележани од променливи временски услови, Џенсон не успеа да остане во врвот до самиот крај на сезоната. Шансата за отворен разговор со него дојде токму на последната трка во Абу Даби, кога веќе немаше ниту теоретска можност да го зачува тронот.


ФАВОРИТ, АМА ПОД СЕНКА Компанијата Б-вин ги објави рејтинзите за потенцијалните освојувачи на трофеите во 2011 година во рамки на светското првенство на Формула 1, каде што најдбрите возачи и екипи од оваа година повторно се прогнозирани на врвот за следната сезона. Популарните пред-Божикни облози за новата сезона, кога коефициентите се најголеми, вообичаено даваат добар сигнал што може да се очекува догодина. Овој пат нема изненадувања на врвот, тука речиси се изедначени Фетел и Алонсо со коефициенти од 3,50 наспроти 3,75, по што следи Хамилтон со 4,50. Изненадувањето кое се сугерира е Михаел Шумахер, бидејќи Германецот има четврт најдобар рејтинг од 10:1, но воедно е подобар од тимскиот колега Нико Розберг, Марк Вебер и Џенсон Батон и Фелипе Маса, чии коефициенти се во интервалот од 12:1 до 26:1. Тоа не го загрижи Џенсон, чија изјава за весникот Телеграф е повеќе о оптимистичка, а се темели на уредот за хибриден погон (електро-мотор и акумулатор), познат како КЕРС. „Следната година ќе го немаме Ф-каналот, што е малку тажно бидејќи тоа беше одличен сиситем. Никогаш не сум возел со КЕРС порано, но овој тим користеше КЕРС минатата година и го искористи многу добро. Како знам??? Цело време ме поминуваа болидите на Мекларен на стартот. Ќе имаме предност пред тимовите на Ред Бул и Ферари“, рече Батон.

дали ќе возам во Вилијамс или во Бар Хонда. Имаше премногу поместувања, промени, кои ми ја комплицираа зимата, затоа ќе уживам во оваа. Едноставно ќе седнам, ќе разговарам со тимот за сите подобрувања коишто ми се потребни, почнувајќи од комфорот, па балансот, како и насоката на развој на болидот.

20

LIFE Ј А Н У А Р И

Оваа година имаше неколку добри одлуки за стратегиите на трките, но следната сезона, работите ќе се комплицираат со враќањето на КЕРС и новите гуми на Пирели. Како ќе го употребите тоа во своја корист? Најважно е што ќе научиме. КЕРС се враќа од минатото, но најважно е што Мекларен има искуство со него и работите по тоа прашање изгледаат добро. Што се однесува до гумите, ќе треба да се има што е можно повеќе информации и по тоа прашање зимата ќе биде напорна, ќе почне рано, а со толку различни возачи ќе има и многу различни мислења. Со Луис имате различни стилови на возење, па ме интересира како ќе се одрази тоа врз одлуките за развој на болидот за идната година? Првенствено, разликата е таа што Луис има далеку поголемо искуство со болидот на Мекларен, но генерално јас и тој ги сакаме истите нешта. Кога болидот покажува преуправливост, тој е побрз! Двајцата сме зборувале за истите работи на тимските брифинзи,


така што мислам дека тука нема да имаме големи разлики. Ќе имаме неколку надградби на аеродинамиката поради укинувањето на двојниот дифузер, па ќе се обидеме болидот да го претставиме што е можно порано. Колку се исплашивте за време на бразилскиот гран при викенд кога беше објавено дека вашето возило било цел на вооружен напад? Па, до сега, ми немале вперено пиштол в глава, така што, да! Сега го имам тоа искуство, но мислам дека тогаш доволно зборував на таа тема и не би сакал повеќе да зборувам за тоа. ¿

ЗОШТО НЕ ПРКНА ШУМАХЕР? Кам-бекот на Михаел Шумахер направи оваа година да има четворица светски прваци на патеката: тој, Батон, Хамилтон и Алонсо. Во таква ситуација, победи некој сосема петти како Фетел, но ланскиот првак понуди објаснување за потпросечните резултати на Шумахер. „Михаел сака мошне прецизен болид, но Мерцедесот покажува голема подуправливост. Јас секогаш сум бил среќен со тоа“,објасни Батон за Шпорт Билд, откривајќи дека тој болид бил „кроен“ за него. „Тој ќе има поголемо влијание врз развојот на болидот за 2011 година. За оваа година беше предоцна за него, фундаменталните карактеристики на болидот беа осмислени долго пред неговиот потпис“. Од друга страна, тој не го сожалува Шумахер премногу, велејќи дека доколку тој не се префрлел во Мекларен, веројатно воопшто немало да дојде до негов камбек.


од друга перспектива

СТРЕМЕЖ ¢ КОН ИДЕАЛНА o ПРАВДА

Тони Димков Ивана Кузмановска

ВИЦЕПРЕМИЕРОТ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИИ ВО ВЛАДАТА НА РМ ЗА ЧИТАТЕЛИТЕ НА „LIFE“ ЈА ОТКРИВА „ПРИВАТНАТА“ СТРАНА НА НЕГОВАТА ЛИЧНОСТ

раѓанската перцепција на политичките личности често зависи од дневната доза политички случувања во државата. Во „густата шума“, од политички изјави, најтешко е да се препознае „вистинскиот лик“ на политичарот. Уште потешко е да се допре до неговиот дух и карактер, неговиот лиГ чен живот, желби, потреби и сеќавања. Кога станува збор за д-р Васко Наумовски, веќе година и пол неговото име оди „во пакет“ со интегративните

22 LIFE Ј А Н У А Р И

процеси на Македонија во Европската унија. Од јули 2009 година е вицепремиер за евроинтеграции во Владата на Република Македонија. Претходно не се занимавал со политика, но затоа дипломирал, магистрирал и докторирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Има магистратура и од Рајнскиот универзитет „Фридрих Вилхелмс“ во Бон, Германија. Европските интеграции и меѓународното право се неговата потесна специјалност. Сепак, во текот на едночасовната прошетка низ Градскиот парк во Скопје, за читателите на Life ги открива моментите од животот кои ја покажуваат „приватната“ страна на неговата личност. Кои беа Вашите најголеми желби од детството за тоа што би сакале да станете во животот? На што најмногу се сеќавате од тој период? Се сеќавам дека имав прилично убаво детство, за што, секако, најзаслужни се моите родители. Дури и во најголемите кризни времиња, брат ми и јас секогаш имавме се` што треба за да бидеме задоволни како деца. Секако дека имаше многу жртвувања од нивна страна, но и надеж дека се` што прават за нас, еден ден ќе не` направи подобри и поуспешни личности. Мислам дека се задоволни со она што и двајцата го постигнавме. Не можам да се сетам на некоја конкретна професија којашто ми била желба од детството, иако

веројатно тоа што имав професори во семејството имаше влијание и врз мојата животна определба. Каде сте родени и дали се` уште живеете во истото место? Во Скопје, во Острово, населба позната и како Стар Аеродром. Таму сум роден, учев во основното училиште што е таму, и се` уште живеам на истото место. Тоа е една убава населба што повремено е вознемирувана од урбанистичките промени. Се сеќавам дека во раните осумдесетти нашата улица беше основниот премин од целата, тогаш новоизградена населба Аеродром кон центарот на Скопје. Потоа малку „здивнавме“ со изградбата на булеварот „Јане Сандански“, а пред


Како се случи да се занимавате со меѓународно право? Имав дилема помеѓу правото, економијата и медицината. Мислам дека од економијата ме оддалечи тоа што математиката не ми беше меѓу најомилените предмети, а од медицината тоа што не потекнувам од семејство на доктори. Сепак, подоцна станав и доктор, но не по медицина. Изборот на правото можеби делумно се должеше на тинејџерскиот ентузијазам и идеалите за правда во целиот свет карактеристична за таа возраст.

Според Вас, дали правото и вистината секогаш се наоѓаат на истата страна? За жал, не секогаш. Правото не секогаш е на страната на оние кои се „во право“, но барем овозможува да се обидеме да се доближиме до него. Идеалната правда е стреме-

Најголемо задоволство ми причинува кога ќе забележат дека функцијата не променила многу во мојот однос со другите жот, но многу ретко се реализира во целост тогаш кога треба. Сепак, мислам дека не сум се откажал од „правдата е бавна, но секогаш доаѓа“. Неправдата секогаш ќе биде присутна и ќе мораме да се бориме против неа. Тоа е

онаа вечна борба меѓу правдата и неправдата, меѓу доброто и злото, карактеристична за самата природа на светот. Дали тоа што јавните функции секогаш се во фокусот на јавноста некогаш може да пречи во остварувањето на личните желби и потреби? Па, мислам дека од личен аспект, од оваа функција има многу повеќе работи што не можам да ги остварам, отколку што можам. Почнувајќи од наједноставните работи, како на пример, ручек или вечера без прекинување, спиење до пладне, исклучување на мобилниот телефон во текот на целиот ден, спонтано патување итн. Жалам и што поради мојата сегашна позиција, негативни влијанија има и за луѓето што се околу мене, но тоа е нешто што мора да се издржи.

од друга перспектива

неколку години, со отворањето на мостот кај Железничката станица, метежот повторно ја заменува тишината. Целодневното отсуство и честите патувања не ми оставаат простор за соседски живот, а и структурата на жителите се менува. Впрочем, промените во сите овие полиња се природна појава. Кога размислувам за местото за живеење, мислам дека нема да ме напушти копнежот за осамена планинска куќарка со мала градина. И многу книги во неа.

23

Да не беше правото, ќе се занимававте со...? Нешто сосема различно. Дури и сега, после сите години поминати во правото, ми доаѓаат идеи за почеток во нова област, можеби некоја природна наука или индивидуалистичка професија, или, пак, дури и некој занает. Или нешто со многу патувања и учење за други култури и цивилизации. Во средно училиште ме заинтересира психологијата, па дури и сега понекогаш барам време да разлистам некоја книга од таа област.

LIFE Ј А Н У А Р И

Образованието го стекнавте во Македонија, но и во Германија? На кои моменти се сеќавате од бонскиот период? Од периодот во Бон најмногу се сеќавам на беспрекорното функционирање на градот, колегите од сите континенти во светот, едноставноста на патувањето, авионските карти од 15 евра, дисциплинираните граѓани, попустите во „Кауфхоф“, уличните свирачи, суперпрецизните времиња на поаѓање и на доаѓање на возовите, метрото и трамваите, топлата чоколада во кафулето над плоштадот, мексиканската храна и музика во „Такос“ и многу други ситни нешта. Мислам дека најголемата придобивка за секој што има можност да престојува во државите од Западна Европа е да биде дел од една модерна и функционална држава, држава каква што сакаме да ја направиме и Македонија. Сите тие искуства оттаму да ги пренесе кај нас, и стандардите во нашето општество да ги подигнуваме кон европските. На тој начин ќе можеме да гледаме повеќе среќни лица на нашите улици, онака како што можев да ги гледам во Бон.


од друга перспектива

Која е мерката на пријателството? Што во денешно време значи да се биде пријател и да се има пријатели? Пријателството е скапа работа. Вистинските пријателства, и довербата што е неразделна од нив, се стекнуваат тешко, а се губат многу лесно. Транзицијата на општеството, за жал, доведе и до една немила транзиција во меѓучовечките односи и различна приоретизација на вредностите. Личниот успех и интерес стана поважен од заедничкиот, и пријателствата станаа една колатерална штета од потрагата по подобро утре. Сепак, доколку пријателството е искрено и засновано на меѓусебна почит и поддршка, тоа ќе ги издржи сите тестови и искушенија.

24 LIFE Ј А Н У А Р И

Со оглед на функцијата што сега ја вршите, бројот на Вашите пријатели се зголеми или се намали? Општо е познато дека бројот на пријатели, па дури и на роднини, се зголемува кога некој ќе добие некаква функција, но во мојот случај имам доволно искуство да проценам кои се моите вистински пријатели. Најискрените се оние што се стекнати во детството и тинејџерските години, или оние од подоцна, но доколку не се придружени со остварување некаков интерес. Среќен сум што моите вистински пријатели не се обиделе да го злоупотребат нашето пријателство.

„Сe` со мерка“ е една добра поука која ја имам запаметено уште од детството, и се обидувам да бидам одмерен во односите со оние што ме Правото не секогаш е на страната опкружуваат, како и во односот со сите друна оние кои се „во право“, но барем ги луѓе. Одговорноста е неодминлива, и токовозможува да се обидеме да му таа е она што прави разлика меѓу политисе доближиме до него чарите и ги одделува оние што ја заслужуваат довербата од народот од оние што не ја заслужуваат. Поголемата одговорност воопшто во Веројатно затоа што и јас не би го напраживотот е нешто што не` дефинира како личвил тоа доколку ситуацијата е поинаква. Контактите и познанствата што се развиваат ности и нешто што го определува и угледот на секој поединец во неговата заедница. Во одво овој „функционерски“ период честопати нос на упорноста, мислам дека таа е клучна за имаат поинаква цел, но знам дека истите постигнување на резултатите и зборува мномногу брзо ќе исчезнат кога овој период ќе гу за посветеноста кон постигнување на целзаврши, со што и мојата положба ќе биде та и определбата за надминување на пречолеснета. Исто така, задоволен сум што не ките кои ќе се појават на тој пат. Доколку се сум изгубил ниту еден пријател затоа што сум станал функционер. Единственото неш- откажуваме на првата или втората пречка, подобро да не сме се нафаќале со некоја работа. то за што жалам е неможноста да уживам Доколку, пак, цврсто веруваме дека она што го во пријателството поради обврските, но се правиме е правилно, тогаш мора да истраеме надевам дека понатаму ќе добијам шанса и упорно да се бориме до крај. Најпосле, иако да им надоместам на сите оние со кои сега политичката моќ овозможува и неодмерени поминувам помалку време. и неодговорни постапки, јас сум, сепак, само еден од сите меѓусебно еднакви луѓе. Ниту Која од следниве карактерни особини сум се родил на функција, ниту ќе умрам како најмногу ви се допаѓа: одмереност, функционер. Најголемо задоволство ми приодговорност, упорност? чинува кога ќе забележат дека функцијата не Мислам дека сите три карактерни особини променила многу во мојот однос со другите и имаат своја вредност и се трудам да ги следам дека одмереноста и одговорноста останале да што е можно повеќе во она што го работам себидат дел од мојот карактер. ¿ га, но и во другите животни аспекти.


ВО НОВАТА ГОДИНА СО СТАРИ НАВИКИ

политикон

2011 ¢ Марија Дивитарова

пари од лани, повеќе патувања, повеќе дружења со пријателите, пострасни бакнежи со љубениот. И да, надеж дека оваа година повеќе ќе се поднесуваме едни со други: родителите со децата, менаџерите со вработените, власта со народот, позицијата со опозицијата. Но, кога е политиката во прашање, најважна е надежта, политичарите повеќе да се разбираат едни со други. Бидејќи по она што го покажаа изминатава година, впечатокот СИЛВАНА БОНЕВА, ВМРО-ДПМНЕ: Најголема надеж имам дека ќе се реши спорот со името со Грција и дека Македонија ќе стане членка на НАТО и ќе добие датум за почеток на преговори со Европската унија. После тоа, останува сите да работиме на економски просперитет на земјата за доброто на граѓаните. Убедена сум дека кога ќе се тргнат настрана политичките калкулации за сопствените рејтинзи и за афирмација на сопствената партија, кога пред политичарите ќе се постави само интересот на граѓаните, нема никаков проблем за политичарите да се разберат меѓу себе. Сум била учесник на заеднички средби каде што сме постигнувале консензус за многу жешки прашања. Секогаш има простор за разбирање меѓу политичарите, потребна е само добра волја. Не дека нема комуникација меѓу политичките партии. Луѓето кои работиме неколку години во Собрание сме блиски, знаеме кој што мисли и што може да направи. Во Собранието, без оглед каков е впечатокот во јавноста, кога се остава да донесува одлуки знаеме добро да се разбереме и да ги донесеме вистинските решенија. ГОРАН МИСОВСКИ, НСДП: Очекував дека во 2011г. ќе имавме парламентарни избори пред пописот. Во 2011 дефинитивно ќе го зголемиме притисокот кон власта во повеќе форми, секако ќе ги искористиме сите демократски можности за да предизвикаме предвремени избори. На економски план мислам дека ќе ја живееме најтешката година. Ако ја видите структурата на Буџетот ќе ви стане јасно дека повеќе од половина од средствата одат за специјални трансфери и за плата на државната и јавната администрација, извозот од година во година сe` повеќе опаѓа, индустриското

е дека тешко наоѓаат меѓусебно разбирање. Политичката борба знае да биде жестока, но на моменти таа беше невкусна, со лични дисквалификации и меѓусебни навреди, со префрлање на вината во туѓиот двор, честопати и надвор од границите на доброто однесување. Сепак, зимските јануарски денови, се период кога луѓето растоварени од секојдневните обврски, во домашна атмосфера, ги сумираат резултатите од претходната и прават проекции за следната година. Така и политичарите. Некои се надеваат дека лошите работи остануваат во старата, а поубави нешта ќе се случувапроизводство се намалува, така што очекувам дека ќе има дополнително отпуштање на работници во 2011. На меѓународен план очекувам дека Владата ќе ја продолжи битката да нe` скара со целата меѓународна заедница. Не очекувам со оваа Влада и дека ќе се реши спорот со Република Грција. Овие се причините поради кои што ќе го зголемиме притисокот врз Владата и парламентарното мнозинство за да предизвикаме нови предвремени парламентарни избори, за оваа политика за европска Македонија која што ја застапува опозицијата и политиката на изолација на Македонија, која што ја застапува Груевски, да добијат верификација пред граѓаните. ФЛОРА КАДРИУ, НД: Моите очекувања за случувањата на политичката сцена во 2011 се испреплетени помеѓу оптимизмот кој природно доминира во мојот карактер и импонираниот песимизам кој го поседува клучниот адут како резултат на реалното искуство, особено во последните две и пол години... Оптимистот во мене вели за потреба од одржлив дијалог со цел вложување во духот на заедништвото и колективниот напор за победа; развивање на консензуалната демократија и зацврстување на мултиетничката коегзистенција; меѓуетничката кохезија на внатрешен план; нормална кохабитација помеѓу власта и опозицијата; стабилни департизирани и деполитизирани државни иституции,поставување на евроинтеграцијата како приоритет и спречување на можната изолираност на земјата, а со тоа надминување на проблемот со Грција како основна пречка на патот кон Брисел преку конструктивен и флексибилен пристап во преговорите за името и наоѓање на разумен компромис; креирање на евроентузијазмот

ат во новата година. До душа, сe` зависи од тоа на која политичка партија припаѓаат и како ги оценуваат сегашните политички случувања. LIFE праша некои политичари на што се надеваат во 2011 година? Но, наместо помирувачки тонови, реториката власт – опозиција останува непроменета. Оние што ја следат политиката се подготвени да тврдат дека оваа година нема да биде ништо поразлична од претходната. Политичарите и во новата година ќе влезат со старите навики. Ама, сепак, човечка е надежта дека во годината што иде ако ништо друго барем ќе разговараат повеќе.

наспроти штетната веќе актуелна евроскептична атмосфера во земјава; повеќе дипломатија со цел да се зајакне меѓународната позиција на Р.Македонија како и негување на пријателството и поддршката на надворешен план и т.н. Песимист во мене ја исклучува можноста за исполнување на овие потреби свесен за недостиг од политички капацитет и потенцијал, недостиг од креативност, иницијативност, но и смелост за донесување одлуки во интерес на граѓаните и државата во клучни моменти од страна на оваа актуелна влада ВМРО -ДУИ, па оттука и нужноста за предвремени избори.Се надевам дека во 2011 ќе победи мојот оптимистички дух и дека ќе ни се случат позитивни изненадувања во политичката реалност. ИВАН СТОИЛКОВИЌ, ДПС: Мислам дека ќе имаме многу тешка политичка година. Последиците од кризата ќе останат. Она што што го гледам како светла точка, во втората половина од 2011 година можат да почнат преговори да се разреши прблемот со Грција. На економски план очекувам состојба не подобра од моменталната. А на политички план стабилизација на политичкиот живот, без оглед на сите разлики коишто постојат. РАДМИЛА ШЕЌЕРИНСКА, СДСМ: Се надевам на подобра година, меѓутоа во последниве неколку години беше демантиран нашиот оптимизам. Македонија сe` повеќе тоне во безнадеж и во сиромаштија. Македонските млади луѓе сакаат што побргу да ја напуштат државата, а власта не им нуди ништо освен непријатели и празни ветувања. Затоа велам, сакам да се надевам дека во 2011г. ќе покажеме дека сме научиле од грешките и дека нема да направиме нови грешки.

25 LIFE Ј А Н У А Р И

то е надежта на почетокот на една нова календарска година? Надеж дека ќе има Ш здравје, среќа и љубов. Дека ќе има повеќе


26

LIFE Ј А Н У А Р И


Крајот на годината е нешто што најчесто го очекуваме со нетрпение. Најверојатно поради исцрпеноста и бремето кое го носи старата година, исполнета со многу случувања, многу проблеми, но и многу убави моменти, за жал сe` поретки во последно време. Сепак, најмногу поради почетокот на новата година, која секогаш ја посакуваме како симбол на нов почеток, ново време и нова надеж. Можам да се пофалам дека јас лично имав успешна година, во секоја смисла. Напорна, напната, донекаде и неиздржливо сурова, но сепак успешна. Најмногу поради она што го постигнав преку моите студенти, идните дизајнерски таленти на македонската мода. Нивните успеси се мојата најголема верба во иднината на нашата модна сцена. Нивните модни ставови, кои полека но сигурно се градат, се најголемaта надеж за посветла иднина. Во еден неодмнешен разговор со една познаничка стана збор за тоа каква е македонската модна сцена и дали таа воопшто постои? Оптимистички се залагав дека таа се гради и дека почнува да зазема облик на една сериозна општествена појава, иако потсвесно сето тоа ми делуваше утопистички. Изгледа, си велам, поради неможноста дизајнерот да го каже отворено својот дизајнерски став, не паушално и вулгарно, туку преку неговите дела. Одеднаш пред мене се отвори Пандорината кутија полна со моите спомени дека долг период морав да се занимавам со задоволување и усогласување на моите дизајнерски ставови со желбите на моите клиенти. И не само тоа. Од оваа кутија на виделина излегоа сите зли мисли, сите негативни вибрации и сите малодушни чаршиски муабети со кои долги години се справував и за жал сe` уште се присутни. Македонскиот синдром да рушиме, а не да градиме. Нашиот комплекс да го признаваме туѓото, а сопственото да го негираме. Модата, драги мои читатели, е сама по себе суетна игра. А во неа многу задоволни и незадоволни, чесни и валкани играчи. Во нашата мала модна игра ова е уште поизразено, токму поради неукиот и нихилистички став на одредени поединци. Тие се групираат, се поставуваат самоволно на модниот пиедестал, притоа сметајќи се за соодветно (не)образовани и (не)прошетани ликови, кои ги кријат своите стравови (непознавања) зад квази интелектуалниот говор и израз. А без никаква позадина или пак многу скромен курикулум. Ги делат македонските млади потенцијали на наивци и професионалци, на сегменти кои во реалниот моден свет не постојат. Зашто не знаат поинаку. Зашто не почитуваат конкуренција. Зашто сакаат да си играат со скапа играчка, а реално немаат никаков капацитет ни да ја отпакуваат од скапо обвитканата хартија. А најстрашното е што сето тоа го поддржуваат нашите „моќни“ модни медиуми или некакви недоучени новинари, чијашто основна

цел била да дојдат во “големата модна метропола” и да ја лечат својата фрустрација на оние кои го виделе и доживеале светот, а дотогаш биле недостапни за нив. Зашто? Бидејќи некој им дал дозвола да си играат со играчката, која оние првите едвај ја отпакувале, а овие никако не можат да откријат како да ја играат. Така заедно здружени создаваат една утопија, една непостоечка или измислена модна мисла, слична на онаа на Томас Мор и неговите следбеници. За жал, драги мои модни утописти, модата не е првенствено филозофија, туку занает којшто треба добро да се испече, да се опипа, од него добро да се живее, па потоа емпириски да се дебатира и коментира. И немојте да барате идеал во модата, зашто тој не постои, зашто и вие самите не сте идеални. Немојте да зборувате за студентска работа во пејоративна форма, зашто таа е онаа која води напред, таа е онаа која ви дава и вам парче леб, кое ниту вие самите во модната реалност не можете да го заработите. Работата на овие млади луѓе не е утопија, како вашите празни и вообразени мисли, таа е најава на едно ново, реално, оптимистичко време. Време на работници, професионалци и еснафи. И токму на крајот на оваа година ми се навраќа мислата на минатото, кое секако не е најблескаво, но воедно длабоко ми се влева надеж за една посветла иднина. Колку и да звучи ова како едно големо клише, сепак, јас секогаш се одлучувам и сум на страна на оптимизмот. Секогаш ја бранам страната на новата дизајнерска сила, новата модна надеж која многу брзо ќе затропа на старата, трошна, гнила, дрвена порта на моменталната модна сцена. А со неа ќе дојдат нови мисли, нова енергија и пред сe` меѓусебно почитување. Она што нам Македонците ни е повеќе од неопходно за оваа наша мала земја да може да ја поставиме на цврсти темели. И за крај, драги мои читатели, денот ќе го завршам оптимистички и со голема надеж. Слушајќи ги денес зборовите на познатиот доајен во областа на глумата, Раде Шербеџија, кој изјави дека уметноста, односно занаетот се учи и пренесува, но потребно е работа и секако среќа. Сфатив дека целосно го следам истото мото: ова е време на оптимизам, елан и младешка енергија (каква и да е, и ние понекогаш може од неа да учиме, бидејќи и таа има свои таленти). Време на големи промени, време на една голема надеж во македонската модна сцена, која допрва ќе ги има своите Готје, Галијано и МекКвин. Нека Ви e со среќа Новата година, и се гледаме во поубавата и понадежната 2011!

Со почит, Александар Ношпал

м о м е н т и с о ...

Драги љубители на убавото и стилот,

¢ Александар Ношпал

27 LIFE Ј А Н У А Р И

НАДЕЖ ВО МОДНАТА СЦЕНА: УТОПИЈА ИЛИ ОПТИМИЗАМ?


28

LIFE Ј А Н У А Р И


НАДЕЖ Надежта и Желбата се сестри близначки, постојано неразделни во нивната бесконечна потрага. Младата актерка Софиа Насевска претставена како персонификација на сите желби и надежи, сите исчекувања на крајот на старата и на почетокот на новата година: здравје, љубов, принова, пријателство, успех, среќа, патување, авантура...

LIFE Ј А Н У А Р И

Џем п Здо ер - Li л d Чев ниште iya Ge o л – Укр и – Pe Chic U rgieva t а nde (VIA Алк с за ко ek rcow ) с а– ear Pet а - 4U (Lud ek Acc us) esso ries

29

Концепт и фотографија: Кире Галевски Стајлинг и сценографија: Илина Ангеловска Модел: Софиа Насевска Фризура: Хамзиќ Адо (Panache) Шминка: Елена Арсовска (Panache) Асистент на фотографија: Благоја Бошковски - Буцко


30

LIFE Ј А Н У А Р И

źкошула – Mango, елек – Елена Лука, пантолони – Calliope, чевли – VIA

корсет – Elena Luka, здолниште – Elena Luka, алки – Terranova, чевли – Victor Chevignon Ź


31 LIFE Ј А Н У А Р И


маица – Mango здолниште – Calliope чизми – Energie


33

LIFE Ј А Н У А Р И


топ – Energie (Killah) бермуди – Mango чевли – Petek ракавици - 4U Accessories брош - 4U Accessories автомобил – Продавница за детски играчки „КРШ“


35 LIFE Ј А Н У А Р И


36

LIFE Ј А Н У А Р И


37 LIFE Ј А Н У А Р И

маица - Lidiya Georgieva (VIA) здолниште – Елена Спасовска (Ludus) чевли – Victor Chevignon чанта – Furla (VIA) украс за коса - 4U Accessories количка, мече – Продавница за детски играчки „КРШ“


стил

3

ПОДАРОK

ПОДАРОK АРОK

4

38

LIFE Ј А Н У А Р И

5 Michael Kors Есен-зима 2010/2011


стил

2 ПОДАРОK

1 » Џем Џемпер ролки (бел/беж) - Terranova (1.299 ден) Џемпер-шал (беж) - Terranova (1.599 ден) 2 » Џе Џемпер (маслинаст) - Terranova (1.299 ден) 3»Џ 4 » Три шал-ролки - Terranova (699 ден) 5 » Чизми – Victor Chevignon (8.990 ден) 6 » Чанта - Victor Chevignon (6.450 ден)

ПОДАРОK ПОДАРОК! TERRANOVA, CALLIOPE и LIFE магазин подаруваат парчиња гардероба на седум читателки! Сите заинтересирани читателки треба да испратат имејл на life.magazin@ yahoo.com со предмет „ПОДАРОК ЖЕНСКА ГАРДЕРОБА“ и во пораката да напишат за кое парче облека се заинтересирани, како и нивно име, презиме и контакт телефон. Најбрзите читателки ќе добијат вредни подароци!

Модел: Катерина Николовска (Моделс Ин) подготвиле: Андреј Ѓорѓиевски Митко Занов

LIFE Ј А Н У А Р И

6

39

1


стил

5

ПОДАРОK

1 ПОДАРОK П

40

LIFE Ј А Н У А Р И

7 ICEBERG Есен-зима 2010/2011


стил ПОДАРОК!

4 ПОДАРОK

TERRANOVA, CALLIOPE и LIFE магазин подаруваат парчиња гардероба на девет читатели! Сите заинтересирани читатели треба да испратат имејл на life.magazin@ yahoo.com со предмет „ПОДАРОК МАШКА ГАРДЕРОБА“ и во пораката да напишат за кое парче облека се заинтересирани, како и нивно име, презиме и контакт телефон. Најбрзите читатели ќе добијат вредни подароци!

2 3

ПОДАРОK

6

1 » Панталони (црни) – Calliope (999 ден) 2 » Капче (црно) – Terranova (699 ден) 3 » Капче (пепито) – Calliope (499 ден) 4 » Шалови (бел/сив на пруги) - Terranova (699 ден) 5 » Јакни – еко-кожа (црна/браон) – Terranova (1.899 ден) 6 » Маици (бела/сива) - Calliope (399 ден) 7 » Чизми - Victor Chevignon (10.900 ден)

модел: Мамер Ислами (Моделс Ин) подготвиле: Андреј Ѓорѓиевски Митко Занов

41 LIFE Ј А Н У А Р И

ПОДАРОK П


ПОТРЕБА ЗА СОЗДАВАЊЕ НА БЕЗВРЕМЕНСКИ И СКУЛПТУРАЛНИ ПАРЧИЊА

РОСИЦА МРШИЌ LIFE L LI FE Ј А Н У А Р И 42 LIF 42

Како би го дефинирале вашиот стил? Стилот на облеката што ја носам е едноставен, женствен, чист, но секогаш зачинет со авангарден твист за да не биде униформиран и за да биде својствен и препознатлив. Тоа што го творам е резултат на моите потреби и размислувања, слично и на тоа што самата сакам да го облекувам, но ја отсликува и потребата за создавање на безвременски и скулптурални парчиња. Кое модно парче, според вас, е најтешко да го дизајнирате? За мене не постои парче коешто е тешко да се дизајнира. Постои тежок предизвик за кој треба да се најде начин како да се создаде и да се добие форма која ги задоволува критериумите на сопствената естетика. Кој или што претставува за вас главен извор на инспирација? Инспирацијата е менлива категорија. Поттикната од различни искуства, спомени, или побуди, постои како постојан двигател на создавањето - со цел да се изгради визуелен облик. Во која област од вашата работа најмногу уживате (Која област од вашата работа ви претставува најголемо задоволство)? Задоволството најчесто доаѓа на крај на завршената работа. Процесот на размислување, разработување на идеја, работење на реализација на замислата е процес кој бара голема посветеност и време. Задоволство претставува кога ќе се заокружи целата приказна.

Која е вашата икона на стил и добар вкус? Некаде би бирала помеѓу Ана Пјаџи и Мучиа Прада. Беспрекорниот класичен со примеси на ретро романтичен изглед, виден низ минималистичката визија на Прада наспроти богатиот и слободен израз во комбинирање на авторски парчиња на Ана Пјаџи, најдобро би ја дефинирала мојата идеја за икона на стил. Кое дело, автор или личност од областа на уметноста, литературата или архитектурата најмногу ве импресионира? Не е едноставно да се даде акцент само на неколкумина личности за да се издвои нивниот значаен придонес во одредена област. За мене уметноста е во најтесна врска со она што го работам. Би ги споменала Климт, Матис, Кандински, Пикасо, Мондриан, Ворхол, а би го издвоила и Френк Л.Рајт со своите органско чисти и безвременски архитектонски зданија. Кои се вашите планови за иднината? Плановите се движат во рамките на она што веќе го започнав и го работам посветено- мојот бренд да продолжи да биде присутен на странските модни пазари. За мене тоа претставува вистински патоказ за излегување од рамките на она што е само локално. Предизвик е градење на естетика која ја има тежината за обраќање на разновидна публика и надвор од нашите граници.

АНА ПЈАЏИ

ЕНДИ ВОРХОЛ

МУЧИА ПРАДА


креативци LIFE Ј А Н У А Р И

Росица Мршиќ веќе неколку години активно работи на развој на сопствениот бренд. Покрај сопствениот моден простор каде што ги пласира своите колекции, нејзините колекциии можат да се најдат и во други концептуални продавници во Скопје, како и во Софија, Виена и Дубаи. Мотото под кое го развива сопствениот бренд е дека стилот не се купува, стилот се негува... Своето работно искуство го започна уште пред 10ина години како асистент на дизајнерите за висока мода во Париз, Горан Пејкоски и Бас Костерс од Амстердам. Ова работно искуство `и овозможи одблизу да се запознае со модниот динамичен свет. Своето образование го заврши во Утрехт, на Школата за Визуелна уметност и дизајн, а воедно беше и студент на Школата при Уметничкиот институт во Чикаго, САД каде што имаше можност да работи во неколку историски институти и да запознае голем број тамошни дизајнери. Многубројните патувања и престои во различни делови од светот влијаеја оваа дизајнерка да ги истенчи и дефинира сопствените естетски видувања кон сопствената работа. Враќањето во татковината значеше пренесување на современите вредности, стандарди и квалитети во сопстевното творење. Верувањето дека работата зборува за творецот / авторот, ја држи со ентузијазам дека делата можат да зборуваат и многу гласно!

43

ПРОФЕСИОНАЛНА КАРИЕРА:


професии

¢ Силвана Жежова o Кире Галевски ДРАГАН Б. КОСТИЌ, ПРОФЕСИОНАЛЕН РАДИОВОДИТЕЛ И ДИЏЕЈ

СЕКОЈА НЕГОВА СТРАСТ Е ЕНЦИКЛОПЕДИЈА БРОЈКАТА НА ПЕСНИ КОЈА ЈА ПОСЕДУВА ИЗНЕСУВА ОД ПОЛОВИНА МИЛИОН ДО ШЕСТОТИНИ ИЛЈАДИ. ВО НЕГОВАТА АРХИВА Е СОБРАНА СВЕТСКАТА МУЗИЧКА ИСТОРИЈА ОД 1924 ГОДИНА, ПА НАВАМУ. НЕГОВАТА АНТОЛОГИСКА РАДИОЕМИСИЈА „ЗАБОРАВИ АКО МОЖЕШ” СЕ ПРИБЛИЖУВА КОН 4.000-ТА ИЗВЕДБА. ПРЕД МИКРОФОНОТ ВО РАДИО 2 ПОМИНАЛ ЧЕТИРИНАЕСЕТ ИЛЈАДИ ЧАСА ВО ЖИВО, ШТО ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ ВРЕМЕ ПОМИНАТО ВО РАДИО ОТКОЛКУ СО СЕМЕЈСТВОТО

44 LIFE Ј А Н У А Р И

уѓето не знаат дека му нема рамен во знаењето за поморските битки за време на Л Втората светска војна, но речиси и нема човек кој не знае дека тој веројатно е и најголемиот колекционер на албуми, стрипови и музички списанија на Балканот. Драган Б (со точка) Костиќ, новинар, едукатор, публицист, радиоводител, клупски диџеј. „Обично ме прашуваат колку плочи имам, но не е до бројот. Вредноста е во содржината. Денес некои луѓе имаат толку многу пари што можат сето она што јас го имам и сум го собирал со децении да го купат во истиот миг. Но, ќе треба да купи сто килограми за да го извади

најубавото. Јас точно знаев што е доброто и го купував тоа што вреди”, вели Костиќ кој досега во Радио 2 има направено осум илјади емисии во живо, осум илјади приказни и поминал четиринаесет илјади часови пред микрофон. Уште на почетокот од осумдесеттите, некои работи во радиото биле специјално направени само за него, како на пример копчето за директно вклучување во живо. Микрофонот го чувствува како свој, тремата исчезнува во првите 15 секунди. Тој е најпрепознатлив глас на Радио 2, и за него може да се каже дека е најверниот новинар што воопшто некое радио го имало. Не е среќен во куќата која ни од да-

леку не е она што некогаш била. Има уште три години до заминување во пензија, а во професијата учел само од најдобрите како Михаил Бошковски и Ѓоко Ѓоргиев. Неговиот радиобренд, емисијата „Заборави ако можеш” се приближува кон нејзината 4.000-та изведба. За време не нејзиното досегашно емитување се пуштени околу 40 илјади песни, а раскажал исто толку стории за авторите и изведувачите. Со право е горд на проектот во кој провејува историјата на популарната музика во дваесеттиот век. И не само тоа, туку секоја нова информација ја има на дланка - во просек по триесет информации дневно.


професии моќта која тогаш ја согледа во мене. Подоцна го призна сето тоа и во една ситуација кажа дека луѓето кои се упорни и кои веруваат во она што го прават, ќе успеат,“ објаснува Драган. Тој за неговите радиоемисии „Диско селектор” и „Заборави ако можеш”, кои се брендови во етерот, никогаш не добил понуда да ги префрли на некое од комерцијалните радија. „Гледајќи ги другите колку несериозно се однесуваат и како секој сака да заработи набрзина, не се приклонував кон никого. Дури

така чита дури оди по улица и кога се вози во автобус со број 23. „Толку е дивергентен тој мој интерес кон нештата што понекогаш е страшно. Многу малку луѓе знаат, но јас сум вистински стручњак за поморските битки во Втората светска војна, а фала му на Бога немам ни со кого да разговарам за тоа. Тука сум неприкосновен. До пред десет години ги знаев комплетните екипажи на сите јапонски и американски воени бродови, од носачи до крстосувачи. Тоа се некаде од 60 до 100 големи пловни објекти”.

Имам 20 илјади албуми по десет евра и 15 илјади синглови по две фунти, знаете ли колку пари се тоа?

ЗА СНЕЖАНА МОЖЕ ДА РАСКАЖУВА БАБАТА Драган е голем колекционер на албуми, списанија и стрипови кои ги нарачувал од странство, а и самиот ги купувал од Солун, Трст и во периодот кога живеел во Лондон. Неговите соседи се ` уште го паметат од аголот на улиците „Илинденска” и „Ленинова”, кога го чекал поштарот да му ги донесе списанијата. Но сепак, традицијата на собирањето ја наследил од неговиот дедо и татко. Важно семејно наследство претставува и неговиот стар грамофон кој веројатно е единствениот на овие простори. Принц Валијант од Харолд Фостер и Блубери од Жиро се неговите омилени јунаци од стриповите. „Имам 20 илјади албуми по десет евра и 15 илјади синглови по две фунти. Знаете ли колку пари се тоа? Повеќе не купувам, туку годишно симнувам по неколку илјади албуми. Ги следам сите светски музички трендови. Не постои

јас бев првиот кој го имаше направено првото приватно Скај радио во 90-та година и од кое произлезе иницијативата за другите. Излегов оттука бидејќи бев иритиран од луѓето. Не продолжив во приватното и пак се вратив овде, бидејќи во тоа време ништо не беше правно и законски регулирано и функционираше како дива лига во која финансиски појаките опстојуваа”, додава нашиот соговорник. За многумина од водителите ќе каже дека зборуваат и зборуваат за на крајот да кажат нешто, а нему со голема леснотија му успева да каже се ` со една реченица. Тоа е, вели, прашање на лична култура. Никогаш не дозволува неговото време попусто да биде потрошено, па

45 LIFE Ј А Н У А Р И

МНОГУ СЕ ЗБОРУВА, А НЕ СЕ КАЖУВА НИШТО Секој ден без исклучок, точно во девет, седнува пред компјутер дома, пред најголемата картотека на Балканот. Ја има направено во аудио-верзија и пишана документација. Кога имаш неколку стотици емисии, вели, не е толку тешко. Но, ако имаш четири илјади емисии од „Заборави ако можеш”, секоја наредна е тешка како и 3.800 бидејќи се работи за обработување на тема. За да се подготви, му требаат три до четири часа. Доаѓа на работа и го чека времето за изведба. А таму само тој и три-четири микрофони со кои поминал повеќе од времето поминато со сопственото семејство. Во канцеларијата на првиот кат во МТВ каде што седи, ништо не се променило од кога првпат дошол. Најавната шпица: „пријателки и пријатели, тенки и дебели, високи и ниски, црни и бели, далечни и блиски, дами и господа, почитувана публико”, ја најавува неговата емисија 40 години. „Овде имам да одработам уште три години, иако би си отишол веднаш зашто сум разочаран од хиерархиската поставеност на работите. Никогаш не сакав да бидам уредник. Добар војник не значи дека може да биде и добар генерал. Јас сум лик на оваа куќа иако внатрешните не го признаваат тоа, но битна е реакцијата на луѓето. Немам амбиција за ниту една функција, но најважно е да го почитуваат четириесетгодишното радиоискуство. Ѓоко Ѓоргиев кој беше фантастичен не ми дозволи да напредувам, се плашеше од конкуренција и


професии значаен албум во последните 40 години, а кој го немам во колекцијата. Списанието „Рекорд мирор” кое излегуваше во четврток, го добивав во сабота авионски, за во понеделник во емисија да ги имам најновите синглови. Има списанија кои траат и по 30 години, кои цел свет ги купува. Малку луѓе знаат дека јас и денес добивам списанија по пошта. Претплатен сум на „Билборд” и на неговата електронска верзија, па имам пристап до информации кои другите ги немаат”, вели Драган. Со неговите клупски забави растеле многу генерации, а тој знае како да направи еден природен спој меѓу постарите и помладите. И денес на неговите настапи има 500 до 1.000 луѓе. Обично настапува еднаш неделно низ другите градови во Македонија, а минатата година 13 пати го полнеше

КОНТЕГО

46

LIFE Ј А Н У А Р И

Р Е Ш Е Н И Ј А З А С К Л А Д И РА Њ Е Д О К У М Е Н Т И

Контего Ви нуди депо за хартиени документи во центарот на Скопје со можност за скенирање и користење на софтвер за електронско складирање и пребарување на складираните документи. Нашите услуги ќе Ви овозможат да ги намалите трошоците и подобрите ефикасноста за пребарување на истите, како и да ослободите и ставите во функција значаен канцелариски простор за попрофитабилна употреба. Зошто да не побарате бесплатна консултација на: kontakt@kontego.mk • тел: (02) 3097 400 • www.kontego.mk

Колосеум. Неговите журки започнуваат со: „на многумина од вас им ги забавував родителите, вечерва вас, а ако даде Господ добро здравје зошто да не, еден ден и вашите деца”. За новопечените диџеи и млади деца кои прават ретро забави, Драган вели: „За Снежана не може да раскажува помалата сестра, може да раскажува мајката или бабата. Не може човек од 25 години да собере луѓе постари од 35 години да прави ретро-забави бидејќи не го живеел времето во кое таа музика била создадена. Како ќе му веруваш? Во Хрватска имаат една гарнитура возрасни водители кои се појавуваат на значајни манифестации и кои врзуваат различна генерациска публика. Младоста е добивка на животот која се троши и светот не е толку лесен за да му го оставиш на еден млад човек. Премногу е тежок за да го оставиш туку-така без да му кажеш од која страна мораш да го поткрепиш за да му биде полесно. Секој сака да види убави лица, но убавите ножиња не се знак за квалитет. Убавите ножиња со годините стануваат само нозе, а квалитетот на личноста е таа која ќе држи до крај. Им велев дека еден ден сите ќе бидеме исти, односно ќе имаме извори, ќе имаме музика и повторно ќе победува оној кој сето тоа најдобро го знае”, додава тој. Се откажал од телевизијата сметајќи ја за многу стегната, но смета дека има харзима и не е толку грд како некои од „ѕвездите” кои се појавуваат на екраните, па вниманието на гледачите ќе им го задржи и со зборување. „Што вели Балашевиќ, порано будалите ги пуштаа за викенди, а сега пред ТВ- камери. Немам против провинцијализам на луѓе дојдени од провинција, имам против урбан провинцијализам, против урбана руралност, против оној што е „сељак”. Средните духови го осудуваат она што не го разбираат. Порано ми се случувало и во Македонска Каменица да можам да дискутирам за имиња кои во тоа време беа популарни како Џенис Џоплин, Џим Морисон, за англиската топ-листа. А денес таму не можеш да разговараш за тоа кој ден е. Недостига едукација. Водителите грешат, бидејќи не знаат ни во три реченици да раскажат за музичарот кој го пуштаат во етер. Радиостаниците пуштаат само музика како да се џубокс. Од тие причини пред некој ден ги слушав Би-Би-Си 1 и 2 за да видам дали за време на емисиите зборуваат или само пуштаат музика. Сфатив дека зборуваат како да ми се роднини. Музички емисии преку кои се создаваат генерации”, додава Костиќ според кого обично успеваат најупорните, што не значи секогаш и најквалитетните. Најквалитетните се откажуваат со тек на време и на крај останува талогот кој сакал-нејќел го признаваш како квалитет, бидејќи немаш друг избор. А оние кои можеле да успеат ја немале трпеливоста да чекаат до крај. Костиќ ја напиша и првата музичка рок енциклопедија „Заборави ако можеш -Хит 1980”, а по Нова година треба да излезе и „Заборави ако можеш - Хит 1981”. „Откако прочитав се ` од музичката литература, сфатив дека тоа што мене ми недостига ќе го напишам. Видов дека е тешко и затоа не го напишале. Го направив на македонски по вина на татко ми. Внатре има и ЦД со хитовите за таа година, најави за песните и за сите има по една приказна. Тие имаат забавен, информативен и едукативен карактер. Мислам дека ниедно радио не ја купило таа книга. Направив петстотини примероци од кои само триста продадов без никаква реклама. Луксузно изгледа, со црно бели фотографии и навистина добро е направена. „Заборави ако можеш” е моја неостварена желба. Сакав за цела деценија од осумдесеттите до деведесеттите години да издадам енциклопедии, но нема финансии. Разочарувањето е што треба да одиш од врата до врата и толку да молиш, што ќе се срамиш кога ќе си одиш дома. И тоа кај луѓе кои пред да те видат ќе треба да ти направат триста метании зашто многу си им помогнал”, заврши легендата на македонското радио водителство, Драган Б (со точка) Костиќ. ¿


47 LIFE Ј А Н У А Р И


низ очите на...

СКОПЈЕ НИЗ ОЧИТЕ НА СВЕТЛАНА ЈОВАНОВСКА

СЕКОГАШ ДАВАМ ПРЕМНОГУ ОД СЕБЕ

48

LIFE Ј А Н У А Р И

ТОЛКУ МЛАДА, НО ЗРАЧИ СО ИСКУСТВО. НАЈЧЕСТО ЖИВЕЕ НОЌЕ, НО НИ ГИ ОТКРИ СВОИТЕ ОМИЛЕНИ МЕСТА СРЕДЕ БЕЛ ДЕН. СКОПЈЕ НИЗ ОЧИТЕ НА СВЕТЛАНА ЈОВАНОВСКА ДОБИВА ЛИК НА БАЈКОВИТА МУЗИЧКА МЕТРОПОЛА, НА ГРАД ВО КОЈ НАВИСТИНА ВРЕДИ ДА СЕ ЖИВЕЕ


ПРОСТОРИЈА ЗА ПРОБА

Просторијата за вежбање можам слободно да ја наречам мој втор дом. Во неа поминувам голем дел од времето со бендот (Southpark), но и со голем број други пријатели, бидејќи освен за проба, во неа знаеме да „заглавиме“ часови и часови, едноставно пиејќи пиво, слушајќи музика, дебатирајќи на милион теми, славејќи родендени... За мене секогаш е подобра опција од гласните кафулиња и клубови, ако едноставно сакам да се видам со блиските на муабет. Секако, да не го заборавам и пресудниот фактор – законот за пушење тука не важи!

вокалната техника, чувството за дисциплина во работата и тимскиот дух за соработка ги стекнала со пеењето во „Развигорче“ и Женскиот младински хор при МКЦ, во периодот кога беа под раководство на Запро Запров, со својата харизматичност и силен темперамент Светлана почна да ги освојува музичките подиуми низ државата. Станува збор за почеток на една кариера во која блескавите моменти не се тоа што досега било видено низ очите на Светлана Јовановска, туку тоа што допрва доаѓа.

Низ годините сум поминала низ повеќе вакви простории, поточно гаражи, и со сигурност тврдам дека луѓето кои растеле на овој начин не би го менувале тоа за ништо на светот. Предноста на оваа просторија се состои во тоа што се наоѓа над земја и, освен со глувци и макотрпна „генералка“ еднаш годишно, не мораш да се справуваш со ништо друго, за разлика од гаражите, каде што сме морале да се справуваме со соседи, протекување низ тавани, сомнителни „фаци”, па дури и со полиција, ако сме биле прегласни.

низ очите на...

животна преокупација. Како личност е отворена, искрена и упорна. Некогаш е бунтовна, но секогаш е лојална. Како вокален солист повеќе години е постојан член на кавер-бендот Southpark, со кој настапува во скопските ноќни клубови. Во последниве година дена настапуваше и како вокална солистка на групата Infuse, со која собра многу аплаузи на фестивалот „Егзит“ во Србија

и на „Шпанцирфест“ во Хрватска. Во текот на минатото лето со Infuse настапи и на „Скопско лето“ и на „Карпошово лето“, а неодамна имаа самостоен концерт и во Лондон, Англија. Првпат на сцена ја забележавме на скопскиот Блуз-фестивал пред три години, кога беше дел од составот на Венко Серафимов. Добриот глас надалеку се слуша. Во буквална смисла. Гласот на Светлана Јовановска слободно можеме да го промовираме во најдобриот рок-вокал во Македонија. Откако основните познавања на

LIFE Ј А Н У А Р И

олека, но сигурно. Тоа е главното животно мото на Светлана Јовановска. Иако диплоП мира економија, пеењето стана нејзината главна

49

¢ Тони Димков o Кире Галевски


низ очите на...

ДЕБАР МААЛО - „ЈАС И ТИ“ Во тинејџерските денови најмногу „кисневме“ во парк или на Фонтана. Но, како што се менуваат генерациите, така се менуваат и локациите, нели! Време беше Фонтана да ја отстапиме на помладите генерации и да мигрираме на ново место, кое ќе ги трпи нашите гласни муабети до доцна

во ноќта. Местото кај скулптурата „Јас и ти“, како дел од нашето секојдневје, се случи сосема спонтано. Во жешките скопски летни ноќи важно е само да се обезбеди клупа за седење (ако имаш среќа да дојдеш на време), ладно пиво и сончоглед за грицкање, или „ќуталче“, како што ние во нашето

друштво го нарекуваме. Најчесто ни е доволно само тоа. Да ја поминеш вечерта со „твоите“, да се „изнаќутиш“ грицкајќи сончоглед, да свртиш два-три круга низ Дебар Маало и постојано, одново и одново, да ги вртиш муабетите зошто градската власт дозволи злоупотреба на едно од култните

места во Скопје, градејќи згради – монструми и кафулиња од кои ечи турбофолк?! И повторно и повторно да се прашуваш зошто спротивно на тоа повеќе не е дозволено да „дремеш“ со пиво на клупа и молчешкум да ја браниш традицијата која ја создале генерациите пред тебе.

50

LIFE Ј А Н У А Р И

ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ „ВОВЧЕ“ „Вовче“ - така го нарекувавме детското игралиште каде што поминав едно од најубавите лета во мојот живот. Тукушто наполнив 16 години. Колку убави денови беа тоа. Мислиш дека ако си гимназијалец, небото можеш да го дофатиш со рака. Правиш планови за иднината не помислувајќи на никаква последица. Жолчно влегуваш во дискусија на тема „религија“, иако реално никогаш не си се „замарал“ со тоа. „Паметните“ беа атеисти, религиозните - „непросветлени“. Некој донел дискмен и одеднаш сите сме експерти за музика... Некој е виден со некого и одеднаш само за тоа се зборува...

Големо друштво бевме. Повеќе од десетина деца. Бевме од оние кои што излегуваа на „Клупи“ (Плоштад), не на „Крукче“. Неколку години после тоа ни ги срушија клупите. Но, сигурна сум дека ако побараат отпечатоци назад во тревникот, ќе најдат нешто. Е толку многу сакавме да бидеме таму. Пораснавме заедно, а сега секој е на своја страна. Но, со некои од луѓето се` уште сум во контакт. Со еден од нив делам бенд. А со повеќето кога ќе ги сретнам, па макар и на минута, разговорот продолжува како никогаш да не застанал, интерните шеги се` уште ни ` се забавни, насмевките – непроменети.


ЖЕНСКИ МЛАДИНСКИ ХОР ВО МКЦ

Запро Запров – човекот во чии хорови поминав многу години. Човекот од кој научив не само вокална техника, туку и самодисциплина, тимска работа... Во оваа сала во МКЦ се случуваше целата магија. Се сеќавам дека толку многу уживав во работата што доаѓав порано на проби кога не бев втора смена во училиште. Се сеќавам дека морав да бидам топло облечена без разлика на времето, инаку ќе добиев „жолт картон“ од Запро. Жолтиот картон (имаше и црвен, верувајте) беше „страшна казна“ и на сите патувања низ Европа доколку зборуваш

дека сум чувствувала голема жештина во грлото и затоа не сум отпеала добро. Влегов во некаква прелиминарна група од која потоа брзо преминав во хорчето. Малку издржав на почетокот. Најверојатно се` уште не бев толку многу заинтересирана, а моите родители никогаш не ме форсираа. Ми требаа неколку години за да се вратам, а кога се вратив на следната аудиција, маестро Џамбазов, се сеќавам, ме праша: „Каде си ти дете досега?“. Пресуден комплимент во мојот живот. Оттогаш не престанав.

кога не ти е дозволено. Ние (убавиците – како што не` нарекуваше Запро) моравме по цена на животот да ги чуваме своите гласови. А ние, убавиците од „Развигорче“ и Женскиот младински хор, сите бевме еднакви и сите многу работевме. И новите и старите хористи. И повеќе и помалку талентираните. Затоа бевме толку силни и затоа толку многу верувавме во она што го креираме. Таквиот пристап кон работата ме дефинираше тогаш, но ме дефинира и денес. Секогаш имам високи очекувања од другите затоа што секогаш премногу давам од себе.

низ очите на...

Кога првпат го здогледав Пионерскиот дом бев многу малечка. Ми се чини пет-шест години. Се сеќавам на големата влезна врата и на многуте дечиња околу мене кои нетрпеливо чекаа нешто. Мајка ми ме беше донела на аудиција. Ниту го разбирав зборот аудиција, ниту, пак, знаев што треба да правам. Само знам дека ја пеев песничката „Бомбонче“ од „Златно славејче“ и дека не поминав. Тогаш првпат сфатив што значи да имаш трема. По аудицијата, на мајка ми сликовито сум и ` објаснила

51 LIFE Ј А Н У А Р И

ПИОНЕРСКИ ДОМ


¢ Петре Димитров

o Ивана Кузмановска

52 LIFE Ј А Н У А Р И

БРАНКО АЗЕСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ВРЕМЕ Е ДА СЕ ПРЕБРОИМЕ И ДА ОДИМЕ НАПРЕД


пари LIFE Ј А Н У А Р И

уште повеќе ќе се отвори. Колку тоа ќе биде опасно за нашите Како помина стопанството во 2010 година? компании, кои имаат сериозен проблем со конкурентноста? Имаше некои оптимистички прогнози дека во втората Либерализацијата е сериозна опасност, но и сериозна НАДЕЖ. Ние половина од минатата година стопанството ќе живне, моментно имаме извоз на свинско месо во Србија, што е исто како но сите анализи покажаа дека тоа не се случи. да му извезуваш песок на Либан. Значи, можеш да излезеш надвор. За нас беше точно, како и што очекувавме, затоа што ние секогаш ја Првпат Македонија има поконкуретни сувомесни производи од застапуваме тезата дека оваа криза ќе има продолжено дејство. Во Србија. „Витаминка“, „Макпрогрес“, „Европа“, извезуваат од Сиетл до сите контакти што ги имавме во меѓународните и билатералните коНов Зеланд. „Макпрогрес“ извезува во 27 земји. Значи, имаме пример морски контакти тоа ни беше потврдено. Истите контакти не` предуза модел. Претпоставувам дека тие ќе растат во периодот што следи предија и на почетокот на 2008 година, кога почна кризата, кога кај и ќе повлечат други по нивниот пример. За излегување на либералинас никој не зборуваше за тоа. Факт е дека од кризата ќе излезат позиран пазар освен конкурентност ни треба и здрава администрација. брзо западните земји и тоа веќе се гледа преку зголемување на наТаа треба да се реформира и да биде во функција на бизнисот. Аналирачките на нашите компании кои извезуваат таму. Послабо развизите требаше да доаѓаат од неа. Државата да ги заштити фирмите и да ените земји ќе излезат од кризата подоцна, бидејќи кризата врз нив им помогне полесно да се снајдат. Со Хрватска сме заедно во ЦЕФТА, остави посериозни последици. Истото ќе се преслика и кај нас. Голеа имаме квоти за вино. Значи, хрватската држава ги штити своите мите македонски компании главно не поминаа лошо, средните и така производители. Успеала да го договори тоа. и така, а малите се изгубија, исчезнаа. Една општа констатација е дека за да пребродиш една криза, мораш да имаш капацитет. А капацитет за компаниите е ликвидноста, конкурентноста на производот, ме- Освен со ова, може ли нашата администрација да се носи со големи проекти, како што се вложувањата во инфраструктурата? наџерските способности... кои не секоја компанија ги поседува. Исто Ако не се реформира администрацијата, а компаниите одат напред, така, мора да се каже дека фискалната и монетарната политика не додржавата ќе ги изгуби. Компаниите ќе одат на други пазари. Имаме зволија целосен крах на стопанството. Во спротивно, ќе беше уште такви случаи. Ако ние не склучиме Договор полошо. Не дозволија девалвација, што дополза слободна трговија со Русија, која е огромен нително ќе ги комплицираше работите. Кризапазар, нашите компании ќе основаат фирми та ги исфрли на површина сите проблеми кои Либерализацијата е сериозна во Србија и преку неа ќе излезат на рускиот треба да ни бидат приоритет во средувањеопасност, но и сериозна НАДЕЖ. Ние моментно имаме извоз на пазар. Стопанствениците веќе не можат да то на работите во стопанството. Ако во наредсвинско месо во Србија, што е исто чекаат. Тие сериозно размислуваат за план Б. ниот период сакаме да постигнеме напредок, како да му извезуваш песок на Либан Се работи за сопствен џеб. „Брилијант“ купи ќе треба тие проблеми да ги решиме. Мора да фирма во Бугарија, „Адинг“ исто отвори фирма се влезе во многу суштинска анализа на монево Бугарија и во Обединетите Арапски Емирати, „Ренова“ се шири во тарната политика, во делот на курсот на денарот. Да не дојдеме до сисоседните земји, „Алкалоид“ исто отвори фирма во Србија... Тоа ќе се туација да имаме стабилен, фиксен курс на денарот, добри девизни случи. Нивото на стопанството е многу напред од администрацијата. резерви и контролирана инфлација, а да го изгубиме стопанството. Таа не успева да го следи. И бизнисменот нема време да ја чека. Ако ја чека администрацијата, ќе пропадне. Комората е за промена на курсот на денарот или за задржување на постоечкиот? Колку имаме сериозен проблем со инфраструктурата и За да бидеме подготвени за некои наредни чекори, потребна е една шиповрзаноста со регионот, не подалеку, е и последната вест рока дебата за сите проблеми кои ги има стопанството. Конкретно, кодека наскоро ќе стартува авионска линија Белград-Тирана. Се га зборуваме за монетарната политика, никој не може да предвиди што, на пример, би ни донел променливиот курс на денарот. Значи ние сме за работи за две нации кои се` уште не расчистиле со многу работи, но бизнис-интересот поминува над тоа. Авионски ние не сме дебата, фиксен или флуктуирачки курс. Во таа дебата освен домашните треба да ги вклучиме и меѓународните институции (ММФ, Светска банка) поврзани со речиси никој во регионот. Токму поради овие причини се`повеќе бизнисмени наместо скопскии експерти за да дојдеме до вистинското решение. Досегашните анализи покажуваат дека ние можеме да постигнеме максимален раст од 5 отс- от ги користат аеродромите во Приштина и Тирана, што е на наша то после кризата. Тој раст не може да ја подобри состојбата. Со таков раст штета. Затоа е битна инфраструктурата. Таа е основа. Државата преку инвестициите во инфраструктурата ги покажува своите прине може да се подигне животниот стандард и граѓаните да почувствуоритети. Автопат до Охрид би ги решил сите туристички проблеми ваат подобрување. Заедно со таа дебата треба да се отворат и прашањата за инфраструктурата, инвестициите и извозот. Ние сме мала земја и не на тој регион. Тунелот од Подгорица од само пет и пол километри го донесе морето во главниот град на Црна Гора. Ако направиш автопат се снајдовме во процесот на либерализација на пазарот. Влеговме во ЦЕдо Штип, ја живнуваш цела источна Македонија. Тогаш штипјани ќе ФТА, потпишавме неколку договори за слободна трговија, а од оваа гоможат да живеат во Штип, а да доаѓаат на работа во Скопје и обратно. дина влегуваме во нов режим со земјите од Европската унија (ЕУ), што е предвидено со Договорот за асоцијација и стабилизација склучен со ЕУ, Колку предвидениот Буџет за 2011 година ќе може да излезе во што целосно не` отвори како пазар. Тоа сето покажува дека мораме да рапресрет на барањата на Комората и стопанството? Опозицијата ботиме на инфраструктура, инвестиции и извоз, ако сакаме да одиме навели дека е неразвоен, а Владата е со спротивен став. пред. Немаме друг избор како мала и отворена економија. Владата не е избрана само да му угодува на стопанството. Тоа го знаеме. Има обврски и кон граѓаните. Не спориме дека Буџетот како Од почетокот на овој месец со новиот режим кој произлегува од паричен израз на политиката треба да биде избалансиран. Нас за Договорот за асоцијација и стабилизација македонскиот пазар

53

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАЈГОЛЕМОТО ЗДРУЖЕНИЕ НА СТОПАНСТВЕНИЦИТЕ ВО ЗЕМЈАТА Е ОПТИМИСТ ДЕКА РАБОТИТЕ ВО ЕКОНОМИЈАТА ВО ПРЕТСТОЈНАВА ГОДИНА ЌЕ ТРГНАТ НА ПОДОБРО. ЗА ДА БИДЕМЕ СИГУРНИ ВО ТОА, ТРЕБА ДА РАСЧИСТИМЕ СО СТАРИТЕ ПРОБЛЕМИ: ПОДОБРУВАЊЕ НА ИНФРАСТРУКТУРАТА, РАСТ НА ИНВЕСТИЦИИТЕ И ЗГОЛЕМЕН ИЗВОЗ


пари

54 LIFE Ј А Н У А Р И

Буџетот не`интересира дали тој има развојна, а не социјална компонента. Социјалната само те влече надолу. Социјалните трансфери не се менуваат веќе 15 години. Толку му даваме на овој фонд, толку на тој... И ништо не се менува. Ние сакаме да видиме промена. Тие средства мора да почнат да се намалуваат. Барем за 1 отсто. А развојната компонента ја гледаме во капиталните инвестиции. Во Буџетот за 2011 година гледаме промени во овој дел, а не гледаме во социјалната политика. Ако оваа година се остварат најавите за капитални инвестиции и нивната реализација биде 100 проценти (проблем е што секоја година ги имаме како ставка, ама не ги користиме целосно) ќе кажеме дека Буџетот е добар и развоен. Но, нема да биде целосно ако не се реши прашањето на социјалните трансфери. Кога се во прашање инвестициите, изминатава година ни беше катастрофална. Тоа беше резултат на кризата или на други фактори? Овде има три моменти. Странските инвестиции што ги очекуваме, странските инвестиции што се веќе тука и домашните инвестиции. Што имаме кај странските инвестиции што ги очекуваме? Имаме топ-програма како да ги привлечеме и поволни бенефиции и олеснувања. Но, не ни оди. Затоа треба да се направи една сериозна анализа за да видиме што треба да промениме и како да се прилагодиме. И земјите околу нас почнаа да дават поволни придобивки. Јас не би се откажал од програмата за привлекување на инвеститори. Ние немаме други ресурси. Јас би продолжил со таа политика и би правел отстапки кои што ќе донесат инвеститори. Но, мора да има анализа. Што чини, а што не. Што со инвестициите кои веќе ги имаме? Тука е клучното прашање. Повторно капацитетот на администрацијата. Инвеститорите имаат сериозни забелешки на најниското ниво на администрацијата. Цвета ситната корупција. Инвеститорите се рекетираат од локалните службеници. Со нив инвеститорот има најмногу работа и проблем. Имотни листови, сопственост на земјиште, разни видови дозволи. Често

се случува општината да му наметне на инвеститорот големи давачки за несуштински работи. И тоа никој не го гледа. И третиот сегмент, домашните инвеститори. Странецот пред да влезе прашува дали има домашни инвестиции. Ако нема домашни инвестиции, тој веќе има еден прашалник. Владата не треба да ги заборави домашните инвеститори. Тие треба да бидат поттикнати од неа. Владата треба да дувне ветер во едрото на бродот на домашните

Добра работа е што поголемиот дел од стопанството веќе застанува на нозе. Фирмите не се затворија и во најголем дел ги задржаа вработените инвеститори. И не само тоа. Треба да се форсира јавното приватно партнерство. Владата треба да им влее НАДЕЖ на домашните инвеститори кои сакаат да одат напред и да им помогне во тоа. Колкаво е влијанието на политичката состојба, која многумина ја сметаат за нестабилна пречка за развој на бизнисот.

Колку тоа што сме надвор од ЕУ и НАТО не` прави неатрактивни? Влегувањето во ЕУ без реформирана администрација нема да ни донесе ништо. Што добија Бугарија и Романија од влезот, кога нивниот животен стандард остана непроменет, што е резултат на неуспешната борба со криминалот и корупцијата. Да не размислуваме дека решението за сите наши проблеми е влезот во ЕУ и НАТО. Напротив. Периодот до влезот треба да го искористиме за да ги постигнеме стандардите. Јасно е дека влегувањето во Унијата е политичка одлука. Инаку, Бугарија никогаш немаше да влезе или, пак, Кипар како поделен. Сега излегува дека само чекаме да падне одлуката и ништо не правиме. Исто беше и во бивша Југославија, чекавме федерацијата да ни ги реши проблемите, а сега тоа го чекаме од Брисел. Со тоа ја покажуваме сопствената слабост. Треба сите заедно да се фрлиме на работа и да ги воспоставиме стандардите. Потоа се`ќе биде поинаку. Ние не работиме лошо со ЕУ. Повеќе од 60 проценти од извозот ни е таму. Со Грција го имаме најголемиот политички проблем, а ни е најголем инвеститор. На што да се НАДЕВАМЕ во 2011 година? Добра работа е што поголемиот дел од стопанството веќе застанува на нозе. Фирмите не се затворија и во најголем дел ги задржаа вработените. Сега можеме да очекуваме, поучени од кризното искуство, дека компаниите ќе дуваат и на матеницата, не само на млекото, ќе бидат претпазливи во наредниот период. Нема да има зголемување на профитабилноста, но ќе има подобрување на општиот амбиент во стопанството. Претпазливоста на компаниите кај нив ќе побуди поголем интерес за подобрување на бизнис-климата. Генерално може да се очекува да се задржи нивото на развој и компаниите ќе имаат поминато низ едно чистилиште и ќе можат да влезат во посериозни зафати. Токму затоа Стопанската комора сака во оваа година да се отвори суштинска дебата за сите посочени проблеми на стопанството. Сега е момент да видиме со што располагаме, кај сме згрешиле, кај сме изгубиле, а кај сме добиле, да се преброиме колку сме и да тргнеме напред. ¿


галерија „Безистен“ адреса: ул.Вељко Влаховиќ бр.3, Скопје (на Рекорд) e-mail: pieta@unet .com.mk тел: 02 3 117 150


Календарот „Пирели“,

¢ Силвана Жежова

барометар на женственоста

56

LIFE Ј А Н У А Р И

ЛЕГЕНДАРНИОТ КАЛЕНДАР „ПИРЕЛИ“ ОДАМНА ЈА НАДМИНА СКРОМНАТА И СОСЕМА БАНАЛНА ИДЕЈА НА НЕГОВИТЕ ТВОРЦИ КОИ ВО 1964 ГОДИНА РЕШИЈА НА РАБОТНИЧКАТА КЛАСА ДА И ПОНУДАТ ЕВТИНА ЅИДНА ЗАНИМАЦИЈА СО 12 ПРОВОКАТИВНИ ФОТОГРАФИИ. ДЕНЕС ТОЈ Е КОЛЕКЦИОНЕРСКИ ПРЕДМЕТ, НО ИСТОВРЕМЕНО И СИМБОЛ НА КОМПАНИЈАТА. ДА СЕ ПОЗИРА ЗА НЕГО И ДА СЕ ИМА ВО КОЛЕКЦИЈА Е РАБОТА НА ПРЕСТИЖ. СЕКОЈА ГОДИНА ОВА АВТЕНТИЧНО УМЕТНИЧКО ДЕЛО Е НЕКОЈ ВИД БАРОМЕТАР НА ЖЕНСТВЕНОСТА


алендарот на „Пирели“ за 2011-та наречен „Митологија“ беше претставен во престижниот театар „Станиславски и Немирович-Данченко“ во Москва. Ова издание го создаде познатиот моден дизајнер Карл Лагерфилд во неговото студио во Париз. Фотографиите ја изразуваат една К од најголемите страсти на овој моден генијалец, грчката и римската митологија, приказната за потеклото на човекот раскажана низ авантурите на

ВИЗУЕЛИЗАЦИЈА НА ХОМЕР „Убавината, младоста, почитувањето и страста се опишуваат низ новиот концепт на отелотворување на модернизмот во митологијата. Црната заднина ја нагласува голотијата, убавината на телото низ контраста. Она што го сакам кај грчките митови е тоа што за да се разбудат, нема потреба од црни чорапи и тантела. Црно-белите фотографии се освежувачки и тоа е промена и во однос на моите претходни фотографии. И во реалниот живот јас сум црно-бела личност!“, изјавил Лагерфилд. Календарот го красат Џулијан Мур, 15 женски и пет машки модели. Веќе 40 години календарот на „Пирели“ им овозможува на славните фотографи да ги овековечат најубавите жени на светот, а годинава самиот Лагерфилд го направи тоа. „Бесмртност и совршена телесна градба, кој не би сакал да живее во античко време. Јас сум политеист - сите денешни религии се нови, но јас сум за овие митологии кои се без ѓавол, без грев (пречка за среќата) и без простување. Мораме да се вратиме и да ја дисциплинираме убавината на антиката. Според Симон Вејл, Исус бил потомок на Прометеј, што предизвика скандал во тоа време. Ги сакам божиците, бидејќи биле вистински еманципирани жени. Тие имале право на се`. Женските божества и музите се феминистки. Мојата љубов кон антиката потекнува од мојата шеста година. Првите две книги кои ги прочитав беа ’Илијада’ од Хомер и ’Сага за Нибелунзите’ - тоа се моите образовни извори. Додека германските приказни ме плашеа, Хомер имаше силно влијание врз мене. Брилијантството во древните паганства е во тоа што има многу богови, движење на духовите, а тука се хероите, полубоговите,

нимфите. Луѓето тогаш им биле поблиски на боговите отколку што биле во монотеистичките религии. Тогаш не ни сонував дека и самиот ќе станам бог. Модерноста на митологијата е во љубовта кон младоста, култот кон телото, како и во прифаќањето на желбите без божја казна како и континуирано почитување на природата. Во грчко-римската цивилизација постои етика на убавината која денес ја изгубивме“, објаснува Лагерфилд кој лично најмногу го бендисува календарот на „Пирели“ од 1995 година од американскиот фотограф Ричард Аведон. Според него, неговите фотографии на најубав можен начин ја покажале едноставноста и сексапилноста кај жената. Славниот креатор е и голем фан на Сара Мун која прва ги покажала градите во 1972 година и зрачи како убава поезија. „Продуцирав визуелна верзија на Хомер. Со апаратот го направив тоа што тој го сторил со перото. Сакав да направам нешто поразлично, ги разгледав сите претходни календари на ’Пирели’. Ваквиот концепт им се допадна на момчињата и на девојките, така што сите заедно уживавме во работата. Си одбрав и неколку пријателки бидејќи сакав жени кои се опуштени со мене. Направив листа и ги одбив сите оние кои не сакаа да се соблечат. Сакав глумица за жена на Зевс и за мајка на олимписките богови. Џулијан е преубава жена - возрасна и угледна. Таа ми е драга пријателка. Знаеше дека со мене нема никаков ризик - продажба на паралелно издание под пулт“, додава Лагерфилд. Пред три години беше издадена и книгата „Комплетни дела: Календарот на Пирели 1964 - 2007“ (The Complete Works: The Pirelli Calendar 1964 - 2007). Овој проект е резултат на долготрајно и комплекс-

57 LIFE Ј А Н У А Р И

жешка тема

боговите и божиците, хероите и хероините. На патувањето низ времето, „Митологија“ ги влече корените од старите цивилизации како аналогија на компанијата создадена пред 140 години, која прерасна во мултинационална компанија којашто работи во повеќе од 160 земји во светот. Лагерфилд ги постави моделите како скулптури во нивната естетска строгост и класични начела. Црно-белата техника го нагласува карактерот на фотографијата, фигурата и остриот контраст, како и внимателното користење на светлото. Карл Лагерфилд ги избрал грчката и римската митологија бидејќи тие се неговата омилена религија - по еден Бог за секоја пригода.


жешка тема

но истражување како и обновување на оригиналниот материјал. Читателите можат да се впуштат во страствениот излет низ еволуцијата на модата, трендовите и обичаите. Историјата од 1964 до 2010 година за првпат ќе биде раскажана во документарецот „Сагата на календарот Пирели“, направен од Емануел ле Бер. „Тоа што не може да се купи, му дава една аура на мистерија. Станува збор за маркетинг кој е многу пред времето. На почетокот календарите биле наменети за автомеханичари и возачи на камиони, но наскоро станаа ориентир во уметноста“, вели Лагерфилд за календарот.

ОД КАЛЕНДАРОТ ОД 1995

ОГРАНИЧЕН ЗА ВИП-ПРЕТПЛАТНИЦИ

58

LIFE Ј А Н У А Р И

Легендарниот календар „Пирели“ одамна ја надмина скромната и сосема банална идеја на неговите творци кои во 1964 година решија на работничката класа да и` понудат евтина ѕидна занимација со 12 провокативни фотографии - календар сличен на сите останати. Во креирањето на првиот календар, идејата била да се зголеми мотивацијата на луѓето кои ги продаваат гумите „пирели“. Меѓутоа, неколку години подоцна, челниците на „Пирели“ одлучија за таа работа да ангажираат врвни фотографи, кои посакаа да работат со топ-модели и да имаат одврзани раце во изборот на теми и локации за снимањето. Денес календарот е колекционерски предмет, но истовремено и симбол на компанијата. Да се позира за него и да се има во колекција е престиж. Секоја година ова автентично уметничко дело е некој вид барометар на женственоста. Најголемите модни ѕвезди го отелотворија идеалот на убавината во своето време. Календарот стана дел од современата митологија, само беше прашање на време кога луѓето од „Пирели“ ќе го повикаат славниот дизајнер Лагерфилд да учествува во овој проект. Календарот не беше објавен во 1967 година, но и во и периодот од 1974 до 1983 поради рецесијата и финансиската криза. Во сите други случаи, најславните женски имиња застанаа пред објективите промовирајќи ги славните произведувачи на пневматици, но најмногу и себеси. Тематски, секој се разликува од претходните и се снима на најатрактивни локации во светот. Што значи да се биде „кукла“ од фамозниот календар на „Пирели“ најдобро сведочи Кејт Мос, една од најпопуларните и најплатени манекенки на сите времиња. Таа вели дека најголемиот успех во кариерата го смета токму позирањето за овој календар.

1995 НАОМИ КЕМПБЕЛ

2005 АДРИЈАНА ЛИМА

2005 МАРИЈА ВУЈОВИЌ

2007 СОФИЈА ЛОРЕН

Еден од најголемите куриозитети е фактот што се печати во 30 илјади примероци, се испраќа исклучиво на соработници на фирмата и на ограничен број ВИП-претплатници. Софија Лорен е најстарата глумица која позираше за календарот „Пирели“. Се појави гола во 71-вата година од животот и носеше само дијамантски обетки. Идејата на фотографите била на тој начин да се гради митот за една од најславните италијански глумици во светот. Тоа издание, во кое покрај неа се најдоа и други познати глумици, беше посветено на гламурот и на враќањето на едноставноста на филмските сетови и филмските фотографии од 1960 години, потсетување на филмовите на Паоло Пазолони и на Микеланџело Антониони. Календарот со познатите глумици е комбинација на едноставни еклектични фотографии кои ја истражуваат женската уникатност, каде што Пенелопе Круз се појавува како полнокрвна и сензуална, Хилари Свонк како чиста, спортски настроена, природна американска убавица, Наоми Вотс е софистицирана и ја претставува британската совршеност, а Софија Лорен е легендарна суперѕвезда. Минатогодишниот календар на „Пирели“ беше снимен во Африка каде што друштво на убавиците им правеа слоновите и домородците. Среде африканската дивина девојките позираа пред фотографот Питер Бирд. Девојките совршено се вклопија во африканската дивина, па не е ни чудно што сопственикот на „Пирели“ посебно бил воодушевен од овој проект. Голи тела и африканска авантура. Во 2008 година календарот се сврте во потполно друга насока. За првпат во историјата на неговото постоење снимањето се одвиваше во Шангај на тема „скапоценостите на Ориентот“. Ова значеше приближување на „Пирели“ кон Ориентот, односно кон нивниот пазар и публика. Изразените портрети го прикажуваа раскошот на древна Кина со целиот свој сјај и бои. Пронаоѓаа ориентален мит за женската убавина - совршенство, чистота и отменост. Автор на календарот е Патрик Демаршелије, влијателен мајстор на фотографскиот портрет, кој се потпиша и на календарот за 2005 година снимен во Бразил. Досега ниту една Македонка не се појавила во календарот на „Пирели“, а од поранешните југословенски простори тоа им успеало на Марија Вујовиќ од Подгорица и Нина Мориќ од Загреб. Најпознати модели на „Пирели“ се: Кира Чаплин (внука на Чарли Чаплин и топ-модел), Жизел Бундшен, Адријана Лима, Кајли Миног, Синди Крафорд, Линда Евангелиста, Хајди Клум, Изабел Фонтана, Џамила Дијаз, Наоми Кемпбел и други. ¿

2010 МИРАНДА КЕР, ДЕЈЗИ ЛОУ


шуш-буш

БЕКАМ СО ЕМОТИВЕН ГОВОР ЈА РАСПЛАКА ВИКТОРИЈА Дејвид Бекам ја расплака својата сопруга со емотивниот говор на церемонијата, „Спортист на годината” во организација на Би-Би-Си во Бирмингем. На Бекам му беше доделена награда за животно дело. „Сакам да им се заблагодарам на сопругата и синовите за оваа награда. Викторија, не само што ми роди три прекрасни сина, туку ми беше и најголемата поддршка за сите овие години. Ме бодриш и секој ден, затоа ти благодарам”, рече Бекам кој исто така им се заблагодари на родителите и пријателите, а наградата ја посвети на британските војници во Авганистан, на кои им посака и среќни празници. ЕЛИЗАБЕТ ХАРЛИ САКА ДА МУ СЕ ВРАТИ НА СОПРУГОТ Откако неодамна го напушти својот сопруг, Елизабет Харли повторно сака да му се врати. Остана сама и понижена откако го остави својот љубовник Шанеј Варни. Од австралискиот спортист се раздели откако дознала за неговите љубовни неверства. Поради ова разочарување, Лиз очајно по секоја цена сака да му се врати на својот сопруг Арун Најари. Сепак, сите надежи и ` пропаднале кога Арун ја одбил. „Лиз си ја сфати грешката, па му се јави на Арун со молба да `и прости. Но, тој не сака да слушне за тоа и се` уште сака брзо да се разведе од неа”, открил извор близок на парот. Освен тоа Арун неодамна бил виден како љуби непозната жена во јавноста. Исто така се зборува дека индискиот тајкун ја предупредил Лиз дека нејзиниот избраник е женкар, а тоа набрзо и се потврди.

Ако за бременоста на Парис Хилтон се зборуваше долго време, по се` изгледа овојпат гласините се вистински. Имено, богатата наследничка, инаку позната по виткиот изглед, во последно време го покажува и истакнува заоблениот стомак. Медиумите претпоставуваат дека се работи за бременост, а доколку не е тоа во прашање, тогаш убавата Париз почнала да се храни здраво, па ставила некој килограм на себе. Инаку на последното нејзино појавување во јавноста во краток бел фустан, стомакот и` изгледа како труднички. Инаку, Парис Хилтон веќе подолго време има момче, и покрај него, на некој начин се скраси. Доколку гласиштата за бременоста се точни, оваа двојка треба да го добие своето прво дете.

LIFE Ј А Н У А Р И

Постои ли актер кој не сака да се гледа на малите и големи екрани и од својот лик бега како од ѓавол? Да, тоа е Џони Дeп. Тврди дека своите филмови може да ги гледа само пијан. Иако е еден од најдобрите холивудски актери, уверува дека досега нема одгледано ниту еден свој филм. „Не сум од оние актери кои после секоја сцена трча да види што е снимено”, изјавил Дeп кој на прашањето што би можело да го натера да изгледа некој свој филм, одговорил: „Веројатно неколку шишиња вино”. Актерот има доверба во режисерите и продуцентите дека филмот ќе излезе како што треба, па поради тоа нема потреба да го гледа.

ПАРИС ХИЛТОН Е ТРУДНА?

59

ЏОНИ ДEП САМО ПИЈАН МОЖЕ ДА СИ ГИ ГЛЕДА ФИЛМОВИТЕ


шуш-буш

ЛЕЈДИ ГАГА МУ ЈА СКРШИ ГЛАВАТА НА ДЕДО МРАЗ Стефани Германота, попозната како Лејди Гага, иако не откри што и ` предизвикува антипатија спрема Божиќ и Нова година, за нејзиниот бес кон овие празници сведочеа нејзините обожаватели на концертот во лондонска Арена. Таа ги презира празниците, а тоа го покажа кога на половината од концертот на куклата Дедо Мраз му ја скршила главата и гласно извикала: „Го мразам Божиќ. Сама сум и бедна, ти проклета кукло”. По овој испад, сепак отпеала соодветна музика за сите поклоници на божиќните и новогодишни празници.

ВИЛ СМИТ ПРОДУЦЕНТ НА КРИМИ-СЕРИЈА Продуцентската куќа на холивудскиот актер Вил Смит ќе снима крими-серија, чиешто дејството ќе се случува во Кина. Покрај компанијата на Смит, „Овербрук” ентертејмент, на серијата ќе работи и кинеската актерка и режисерка Ева Џин и студиото „Твенти сенчрис фокс”. Јунак на серијата ќе биде кинеска студентка која се бори против криминалот. Компанијата „Овербрук” ентертејмент го снимаше годинешниот римејк на филмот „Карате Кид” со Џеки Чен и синот на Вил Смит Џејдн во главна улога. ГРУПАТА СИМПЛИ РЕД ГО ОДРЖА ПОСЛЕДНИОТ КОНЦЕРТ

СЛАДОК БАКНЕЖ Актерката Кристина Ричи имаше можност да го направи она што е сон на секоја девојка ширум светот, да се бакне со Роберт Патисон кој и` беше партнер во филмот „Бел Ами“. „Роберт е многу шармантен и паметен дечко. Одлично е организиран и се грижи за својата кариера. Сладок, духовит и одлично се бакнува“, го пофали Ричи својот помлад колега. Роберт и Кристина играа заедно во филмот „Бел Ами“, каде што Патисон го толкува ликот на млад и амбициозен човек кој стекнува моќ над Париз. Кристина Ричи ја игра жртвата на Патисон, кој во филмот ја користи за да ги реализира своите интереси.

Составот Симпли Ред на 20 декември во Лондон го одржа последниот концерт кој се пренесуваше во живо во 70 кино-сали низ цела Европа. Бендот со 25 – годишна кариера, настапи во распродадената лондонска „О2” арена, а фронтменот Мик Хакнал за време на настапот рече „Сакам да ви се заблагодарам за поддршката во претходниве 25 години. Беше тоа прекрасно возење”. Популарниот британски бенд продаде 55 милиони плочи во целиот свет, а триесетина синглови се најдоа на листата „УК топ 40”. Мик Хакнал порано најави дека оваа турнеја која започна во 2009 година е турнеја за збогување со бендот, а тој пред две години го објави првиот соло албум Tribute to Bobby.

60

LIFE Ј А Н У А Р И

„НЕВЕРЛЕНД“ ВО ШКОЛА ЗА ТИНЕЈЏЕРИ Ранчот „Неврленд” на кој што живееше Мајкл Џексон ќе биде претворен во школа за тинејџери кои сакаат да станат музичари. Во ова училиште децата ќе ги изучуваат сите аспекти на музиката, од компонирање до изведување, а програмата ќе биде слична со познатиот њујоршки „Џулијард”. Моментно имотот `и припаѓа на приватната агенција за недвижности „Колони капитал” која со помош на името на Мајкл Џексон сака да ја промовира новата идеја.


М Е Ш А Н И

Б Р А К О В И

ИТАЛИЈАНКА АЛБАНСКА СНАА ВО МАКЕДОНИЈА

од а до ш

¢ Анета Ивановска o Ивана Кузмановска

Мешаните бракови како заедници подразбираат разлики во однос на националноста, верата или расата, а поради тие разлики можат да настанат многу проблеми - отпор од семејствата, пријателите, средината, како и судир на личните ставови и очекувања во самата врска. Се чини дека мешаниот брак е место каде љубовта меѓу двајца е изложена на најтешки искушенија. Кога и како решивте да останете тука? Своето искуство на оваа тема со нас го споде- Добив годишна стипендија за усоврли г-ѓа Марианџела Бјанкофиоре Амети, дирек- шување на јазикот и во 2005 година по торка на Италијанскиот мултиинформативен цен- вторпат дојдов во Македонија. Првиот пат тар и Центар за јазици од Медитеранот во Скопје. бев на семинар. Тогаш го видов само Охрид, Таа живее во Македонија веќе пет години како а во Скопје бев само неколку часа. Кога снаа во албанска фамилија. повторно се вратив, имав можност подобро да го запознаам Скопје. Често шетав, го откривав, барав нешто, срцето на градот. Многу често бев на плоштадот и првите денови секогаш гледав накај мостот. Сите мои пријатели ми велеа - немој сама да одиш

61 LIFE Ј А Н У А Р И

Како воопшто ви се случи Македонија? Тоа е долга приказна. Откако завршив средно училиште во Италија, тоа беше гимназија за странски јазици, знаев дека сакам да продолжам со јазиците, но тогаш се`уште не знаев дека ме очекува македонскиот јазик и Македонија. Јас сум од гратче близу Бари и заминав на студии во Неапол. Таму има катедра за македонски јазик. Не беше се`сосема случајно. Таа година, 1999-та, се прославуваа 30 години од постоењето на македонската катедра. Имаше различни активности и настани поврзани со македонската култура. Филмот „Пред дождот“ на Манчевски беше помеѓу поважните причини зошто одлучив да студирам македонски јазик. Кога го слушнав македонскиот јазик, многу ми се допадна. Видов и други филмови, имаше уметници, ревии. Сето тоа ми беше многу интересно и на крајот се одлучив, зошто да не - македонски јазик. Затоа што нема падежи, тоа ми беше многу важна работа, да.


од а до ш

62 LIFE Ј А Н У А Р И

таму, од другата страна на мостот, опасно е. Следниот ден веднаш отидов - сама! Кога преминав на другата страна од Камениот мост, го открив најубавиот дел на Скопје - Чаршијата. Мислам дека тоа е душата на Скопје. И тогаш решив дека секој ден ќе наминувам до Старата чаршија, каде и да сум и колку и да имам обврски, ќе се потрудам секој ден да бидам во Чаршијата. Тогаш размислував многу. Сметам дека човек не може да живее каде било. За себе мислев дека можам да живеам само во моето родно место, но кога дојдов тука, си реков чекај, јас мислам дека можам да живеам тука, има нешто што многу ме привлекува. Кога сум во Италија, иако може да звучи чудно, многу ми недостига Скопје, Македонија. Кога сум тука, ми треба многу повеќе време за да почне да ми недостига Италија. Обично ми недостига морето, летото. Но, кога сум таму, Скопје веднаш ми недостига. А вашата љубовна приказна? И таа е поврзана со Чаршијата. Бев таму на прошетка со една пријателка. Беше темница и паѓаше снег, сите дуќани во Чаршијата беа затворени. Имаше само едно мало дуќанче кое работеше. Тоа беше нешто како антикварница, се продаваа стари народни носии, типични балкански работи. Бидејќи имам вујко кој има антикварница, за мене е сосема вообичаено да ме привлекуваат вакви места. Покрај многуте интересни нешта кои ги

видов во дуќанчето, внатре имаше и едно но јас им кажав дека тука ја најдов мојата интересно момче. Беше многу љубезен. Не` љубов. Прво ме прашаа да не е тоа некој Итапонуди со чај, кафе, не` покани убаво да ги лијанец од амбасадата. Реков - не. Тука веќе разгледаме работите. Почнавме да разгованешто падна во вода. Потоа, помислија, штом раме. Јас тогаш се` уште се срамев од мојот е Македонија, мора да е некој Македонец. Јас македонски, иако го имав студирано, ми беше повторно реков - не. Тогаш мајка ми сосема многу тешко, затоа што го учев литературсе изгуби, па и татко ми, бидејќи не им беше ниот јазик, кој поретко го слушав, па затоа јасно каква друга опција постои. И кажав на продолживме да зборуваме на англиски. Ми мајка ми дека е Албанец и таа ми подвикна: се виде многу интересен, Албанец кој од „Што бараш ти во Албанија?“ Како и многу дете е во Чаршијата. Раскажуваше за неа, за други, ни таа немаше претстава каква е реалзанаетите, за случувањата. Тоа беше првата носта во Македонија, па помисли дека јас сум средба. Јас купив некој сувенир. се преселила во Албанија. Во секој случај, Еден месец подоцна, требаше да одам на предрасудите дојдоа до израз. претстава во детскиот театар во Чаршијата. Случајно, повторно налетав на интересното И двајцата потекнувате од различни момче, чие име не го запомнив, но кога тој ме религии. Колку тоа влијаеше виде, не само што го запомнил моето, туку на вашата врска и на вашите планови запомнил и дека сум Италијанка па дури ми за заеднички живот? кажа и неколку реченици на италијански. Повторно најтешко ми беше со мајка ми. За Тоа ми годеше. Ми остави телефон, да му се неа воопшто не беше дискутабилно дека јавам ако сакам да одиме на кафе по претста- оној за кој ќе се омажам мора да е христијавата. Зошто да не, си реков. Така започна се`. нин. Тоа беше најтешкиот дел. Морав да ја подготвам на тоа. Речиси се онесвести кога Како ве прифатија роднините и ` кажав дека ќе се мажам за муслиман. Нема и пријателите кога им кажавте дека потреба да нагласувам каква е претставата за муслиманите на Запад. Се изнамачив вашата љубов ќе ја крунисате со брак? Дали националната припадност одигра додека ги убедив моите дека тој не е некој терорист, дека не се работи за нешто страшно и некакво влијание? опасно. Но и за Гафур, мојот сопруг, не беше Тоа беше навистина тешко. За моите беше лесно. И тој кога им кажа на неговите дека исклучително тешко. Тие сметаа дека со сака да се ожени со Италијанка, немуслиманзавршувањето на студиите сигурно ќе се ка, мина низ истите проблеми. вратам назад во Италија. На тоа се надеваа,


Зошто ја сменивте верата? Луѓето ми велеа - ти стана муслиманка само за да се омажиш со Гафур, затоа што се сакате. Но, знаете, тоа воопшто не беше точно. Религијата не е нешто што може тукутака да се смени. Верувам дека не случајно се сретнав со него. Тоа што беше муслиман мене дополнително ме привлекуваше. Значи, внатре во мене, постоеше еден подготвен терен. Отсекогаш чувствував блискост и склоност кон муслиманската религија. Имате едногодишна ќерка, Хамиде. Хамиде е и Италијанка и Албанка.

Секојдневно размислувам за тоа. Тоа е и главната тема за полемики меѓу нас. Често започнуваме со шеги: попрво ќе научи албански, па потоа - не, попрво ќе научи италијански. Не знам како ќе се одвива нејзината приказна, иднината е нејзина. Точно, со себе ќе носи две толку различни култури и таа самата ќе одлучи што сака да биде. За мене е најважно да има разбирање и почит кон сите култури. На нас останува максимално да се потрудиме да ја воспитаме да размислува на тој начин. На кој јазик зборувате меѓу себе во семејството? Гафур и јас зборуваме на македонски, а со малата - јас зборувам на италијански, а тој на албански. Ќе биде интересно, навистина. Овде, во Македонија, многу луѓе сонуваат за живот во Италија, една прекрасна земја, а вие заминавте од Bella Italia и решивте да живеете токму овде. Какви се вашите искуства по ова прашање? Кога почнав да кажувам дека сакам да останам и да живеам тука, луѓето ме гледаа со широко отворени очи. Не им се веруваше дека Италијанка решила да живее во Македонија. Јас не дојдов тука случајно. Сигурно во Италија немаше да најдам соодветна работа за мене и сакав да пробам нешто тука, нешто што ќе ги спои моите интереси, од една страна да ја претставувам сопствената култура, а од друга, да бидам близу до мојата професија. Стимулирана бев да најдам поинаков начин на живот. Кога дојдов, се разбира дека разликите беа очигледни, Македонија е посиромашна од Италија, тоа е јасно, не открив топла вода. Но, она што веднаш го забележав е дека тука постојат огромни можности, а сепак како да нема доволно свест за тоа.

од а до ш

Македонија е мала, а е вистински концентрат на убавина. Кога доаѓаат Италијанци тука, моите роднини на пример, секогаш велат дека ќе се вратат за да видат што уште има. Еве, само Скопје, колку приказни има во него. Македонија е толку интересна мешавина на култури. Луѓето кои одат во Италија, сигурно одат за да најдат подобра работа, подобра заработка, но ми се чини дека тоа е се`. Можеби платата е поголема таму, ама нема живот. Јас овде работам веќе една година, секако не ми е сосема лесно, но јас имам живот. Гледам дека тука луѓето не се издресирани, иако поскромен, сепак водат вистински живот. Во Италија и во западна Европа веќе имаме страшни проблеми. Луѓето се тажни, не се задоволни, немаат време за ништо. За мене ова се важни работи. Не треба да бараме само материјални богатства, парите се нешто што се троши. Со ова не кажувам ништо ново, но тоа е така. Јас не барав којзнае што, барав само природен, вистински живот, семејство. И тоа го најдов тука. Мултиинформативниот центар што го водите е место каде секојдневно се сретнуваат луѓе од различни националности и религии. Дали можеби таму се има случено некаква љубовна приказна слична на вашата? Тоа би било прекрасно. Досега не ми е познато дека имало таква случка, но се надевам ќе има, ќе се радувам на такво нешто. Центарот не фунционира само по вообичаен концепт на канцеларија, место каде што исклучиво се прават преводи, проекти, консултации, туку функционира и како место за средби. Во него наминуваат многу луѓе, туристи, соседи, пијат кафе, муабетат. Тоа многу ми се допаѓа. Има место за различни идеи. А, ако се случи некоја љубовна приказна, јас би била пресреќна. Која беше најголемата мотивација да ги донесете вашите клучни одлуки во животот и да ги надминете сите пречки? Од една страна сметам дека има еден повисок план што не ми припаѓа мене, туку на Бога. Како верник мислам дека постои еден важен дел во кој јас не одлучувам. Но, што се однесува до мене самата, имам темперамент, од малечка знам што сакам, обично го добивам тоа што го барам во животот. На пример, овој центар ми беше сон уште од самиот почеток. Вербата, огромната желба и страста се совршена комбинација за успех. ¿

LIFE Ј А Н У А Р И

Како се одвиваа нештата откако спласнаа страстите? Решивме да направиме свадба. Всушност, направивме три свадби. Првата беше дома, само со неговите најблиски роднини. Втората беше во Италијанската амбасада, тоа беше типична церемонија за граѓански брак. Третата беше религиозна, јас решив да станам муслиманка. Тоа беше една многу емотивна, интимна церемонија.

Дали размислувате каква ќе биде нејзината животна приказна земајќи предвид дека таа со себе носи и претставува две култури?

63

Дали сето тоа влијаеше да се појават недоразбирања и меѓу вас двајцата? Ние многу добро функциониравме заедно. Се разбира, дојде моментот кога сериозно требаше да одлучиме што понатаму. Јас бев сигурна дека сакам семејство, деца, но мажите, нели, секогаш подолго се двоумат додека се одлучат за тоа. За него колебањето дополнително произлезе и од проблемите со кои веќе се соочувавме. Прво што ми кажа е дека му е многу жал, но дека не можеме да бидеме заедно иако ме сака. За мене како Италијанка, беше сосема несфатливо како може некој да ме сака а да не може да биде со мене. Тоа е италијанското во мене - кога сакаме нешто, го добиваме, упорни сме, не се откажуваме лесно. И тогаш буквално реагирав на италијански начин. Му реков дека ако ме сака и ако е маж, мора нешто да стори, дека не е можно само да ми каже такво нешто. Не може да биде лесно, но ништо не ме плаши, сакам да стигнам таму каде што сум тргнала. Му реков дека и тој го може тоа. Откако јас ја изборив својата битка со моето семејство а тој со неговото, отидов да се запознаам со неговите родители. И што видовме? Видовме дека сме луѓе, дека сме исти. На крајот, сфативме дека се разбираме, дека ништо не е толку комплицирано. Тие ме прифатија и сега ме обожаваат, јас сум дел од нивното семејство.


фитнес

СО ЛИЧЕН ТРЕНЕР ДО

ЕФЕКТИВЕН ТРЕНИНГ ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА ГОДИНА НЕКА ВИ БИДЕ ИНСПИРАЦИЈА ЗА ДА ЗАПОЧНЕТЕ СО ВЕЖБАЊЕ И ДА БИДЕТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА ДА ГО ДОЧЕКАТЕ ЛЕТОТО. БИДЕТЕ СИГУРНИ ДЕКА АКО ПОЧНЕТЕ НАВРЕМЕ, ЌЕ ПОСТИГНЕТЕ ОДЛИЧНИ РЕЗУЛТАТИ. ЗАТОА НЕ ГУБЕТЕ ВРЕМЕ, ИМАТЕ РАЗЛИЧНИ МОЖНОСТИ ЗА РАЗЛИЧНИ ВИДОВИ ГРУПНИ ТРЕНИНЗИ (АЕРОБИК, ПИЛАТЕС, СТЕП АЕРОБИК И СЛИЧНО) ИЛИ ПАК ВЕЖБИ ВО ВЕЖБАЛНИЦА СО ПЕРСОНАЛНИ ТРЕНИНЗИ

64 LIFE Ј А Н У А Р И

ајчесто кога доаѓа време да се облечат шорцеви и маички со кратки ракави или Н костими за капење, тогаш на повеќето луѓе почнува да им работи совеста дека треба да преземат нешто во врска со вишокот килограми. Обично во тој период, секојдневно сме сведоци на изговори од типот: „Требаше порано да почнам со вежбање, но никако не можев да најдам слободно време“. За среќа за вежбање никогаш не е доцна, најважно е да донесете одлука и да си поставите цел, да останете мотивирани и целосно да се посветите да ја реализирате поставената задача: „оформување на Вашето тело“. Дури и оние луѓе кои вежбаат во текот на целата година, за да го достигнат оној совршен изглед за на плажа, неколку месеци пред летото би требало да го засилат тренингот. Ако се одлучите за вежбање во вежбалница, за постигнување на најдобро видливи резултати, секако дека ќе ви биде неопходен стручен надзор. Во секој фитнес-центар или студио за вежбање постојат воведни програми за тренинг каде што инструкторот би требало да ве запознае со основните вежби

и „справи”, но за да го извлечете максимумот од себе, верувајте најдбра опција Ви се персоналните (индивидуални) тренинзи. Тоа е тренд кој полека но сигурно почнува да се применува и кај нас, додека во Европа, а особено во Америка, покрај холивудските мега-ѕвезди, лични тренери имаат и „обичните“ деловни луѓе. Годините не играат никаква улога, па и млади девојки и жени ангажираат тренери за да можат да стекнат навика за рекреација, почнувајќи да водат грижа за своето тело. Ангажирањето на личност која ќе се грижи и ќе ги осмислува вашите тренинзи, е најдобрата инвестиција која може да си ја дозволи еден поединец . Така ќе стекне подобра физичка кондиција, здрава навика за вежбање, подобар изглед - не само надворешно туку и ментално, односно подобрување на целокупната психофизичка состојба. Доколку сте почетник, бидете сигурни дека со помош на стручно лице ќе можете да научите како правилно да ги изведувате вежбите и секако ќе добиете прецизен одговор на секое прашање (а верувајте сигурно ќе има

многу!). Од личниот тренер ќе зависи дали ќе Ви се допадне салата за вежбање, начинот на вежбање и работата на одделни „справи” во центарот. Личниот тренер во соработка со нутриционист, лекар и физиотерапевт ќе ви спроведе програма која ќе биде направена и ускладена за вашата кондициска подготвеност и секако, вашите потреби. Верувајте дека резултатите стануваат видливи за изненадувачки кратко време доколку од почетокот вежбате со стручно лице. Со правилен тренинг уште во првите месеци кај почетниците се забележуваат многу големи резултати. Организмот тогаш се среќава со нови движења и троши повеќе енергија за да ги совлада тие движења, а кога веќе еднаш ќе ги забележите промените на вашето тело, ќе добиете уште поголем мотив и инспирација за понатамошно ефективно вежбање! Персоналниот тренинг не е препорачлив само за почетниците. Оние луѓе кои тренираат подолго време во група или самостојно, често се случува да не се задоволни со постигнатите резултати. Во тој случај, не би требало да ја изгубат мотивацијата, туку напротив најпаметно


СОВЕТИ: Бидејќи храната и тренингот претставуваат една целина еве неколку мали совети кои ќе ви бидат од корист и ќе ви помогнат околу дилемата кога и што да јадете пред тренинг? Храната е неопходно животно гориво, а кога е во прашање физичката активност, тогаш е многу важно да консумирате правилни намирници кои ќе ви помогнат да акумулирате доволно енергија и со тоа да ја подобрите ефикасноста на тренингот. Сепак, доколку консумирате храна непосредно пред интензивен тренинг таа ќе ви предизвика физички тешкотии, а од друга страна, пак, тренирање со празен желудник секако не е многу добра идеја.

пред интензивни физички активности бидејќи предизвикуваат проблем при дигестијата и со самото тоа го отежнуваат тренингот. 30 до 90 минути пред тренинг Оптималната ужина што би ја имале пред вежбање треба да бидат јаглехидрати и тоа во количини од 40 до 100 грама, во комбинација со мали количини на масти кои би помогнале храната побрзо да се свари. Уште еден мал совет! Избегнувајте намирници кои содржат поголема количина на растителни влакна, бидејки тие се тешко сварливи, т.е се задржуваат подолго време во желудникот.

Четири до пет часа пред тренинг...

15 минути пред тренинг

Доколку планирате да тренирате после работа, тогаш пожелно би било да имате ручек кој ќе содржи протеини, масти и јаглехидрати. Сепак тоа не значи дека во текот на денот можете да јадете баш се` што ќе посакате. Протеините треба да бидат посни (риба или пилешко), а јаглехидратите да се нутритивно квалитетни (во никој случај пржени компири). Времето помеѓу тренингот и оброкот би требало да биде нешто подолго од вообичаеното, доколку оброкот содржи повеќе од 500 калории.

Ако немате јадено подолг период, а за кратко време треба да почнете со тренинг, земете храна која содржи лесно сварливи јаглехидрати. Тоа се обично простите шеќери, кои не содржат многу растителни влакна и се лесно сварливи (предизвикуваат пораст на шеќерот во крвта, а со тоа и пораст на енергијата која ќе ви биде потребна за да го издржите тренингот).

Три часа пред тренинг Оброкот кој би го јаделе два или три часа пред тренинг треба да содржи помалку од 500 калории и би требало да биде составен главно од јаглехидрати. На пример, тестенини или ориз би биле одлична опција. Храна како мешунките (особено грав, карфиол или брокула) би требало да ги избегнувате

За постигнување на најдобри резултати и за да го извлечете најдоброто од себе, идивидуалниот тренинг е тоа што ви треба програма направена само за вас, далеку од шаблонските програми кои се еднакви за сите, без разлика на годините, градбата и слично. Тренерот ќе биде тој што ќе ви одреди колку напор треба да вложите за тоа да биде максимално ефикасен тренинг. Поставете си пред себе реална цел, т.е. желба (сакате повеќе мускулна маса, помала тежина, да ја зголемите кондициската издржливост или, пак да го намалите стресот). Тренерот е тој кој ќе ви даде конкретни совети за остварување на овие цели, затоа не губете време, торбата на рамо и право на вежбање! ¿

фитнес

на, или пак кога ќе раскинат долгогодишна врска или пак ќе се вљубат„до уши“. Во такви ситуации фитнес-инструкторите на некој начин преземаат и улога на терапевти. Тие ќе бидат тука да Ви помогнат со своите совети да го промените начинот на исхрана, правилно да ги сработите и издржите тренинзите и на крајот да можете повторно да ја облечете Вашата омилена гардероба. Тоа секако ќе ви ја врати самодовербата и сигурноста, ќе ве направи повторно да се чувствувате убаво и посакувано. Зголемената самодоверба е една од најдобрите страни кои се стекнуваат со вежбањето. Бидете сигурни дека нема ништо подобро за вашиот тренер од тоа да Ве види задоволни и насмеани секој пат кога ќе ги гледате резултатите кои ги постигнувате.

Пијте вода во текот на целиот ден Немојте да дозволите тренингот да го започнете со дефицит на течности во вашиот организам. Потрудете се вашиот организам да биде оптимално хидратиран пред, за време и по вежбањето. Препорачливото количество вода во текот на денот изнесува околу 2 литри, а доколку тренингот е поинтензивен и предизвикува губење на течности (зголемено потење) тогаш и потребата на организмот за вода е поголема.

Вежбајте и бидете секогаш во одлична форма со стручните совети на Наташа Ангелевска, инструктор за фитнес и пилатес во салата на спортскиот центар Борис Трајковски. Пауер Пилатес програмата на вежби со кои ќе го затегнете и обликувате вашето тело е комбинација на динамични и статични вежби, кои се осмислени за да го забрзаат метаболизмот и целокупната циркулација, да ги согорат мастите и да ја оформат мускулатурата на Вашето тело. Програмата се работи во група или индивидуално. За соодветен начин на тренинг и оптимални резултати подетално може да се информирате и косултирате на телефон 075 30 40 06.

65 LIFE Ј А Н У А Р И

би било да побараат мислење од стручно лице. Со негова соработка да ги утврдат грешките и заедно да се искоригираат. Со утврдувањето на вашата конституција, кондиција, склоности и навики како и индивидуалните цели, многу лесно и брзо ќе можете да го искоригирате тренингот. Ќе бидете среќни и едвај ќе чекате да започнете со вежбање. Помошта и стручниот надзор, додатната мотивација и дружењето кое ќе го добиете од тренерот ќе ви бидат од големо значење и корист. Најчесто жените се тие кои одлучуваат да ангажираат тренер кога сакаат да направат драстични измени во својот изглед. Тоа обично се случува кога се среќаваат со фактот дека не можат да влезат во омилените фармерки, кога половина од гардеробата им е претес-


здравје

¢ Душан Матиќ, дипломиран нутриционист

ДОЗВОЛЕТЕ И НА ХРАНАТА ДА ВИ БИДЕ ЛЕК

КАКО ПРОТИВ БОЛЕСТИТЕ НА СРЦЕТО И КРВНИТЕ САДОВИ

66

LIFE Ј А Н У А Р И

едицинската статистика и предупредувањата на Светската здравствена организација(СЗО) укажуваат дека во 21. век најчестите М заболувања на луѓето и причините за предвременото умирање ќе бидат кардиоваскуларните заболувања и ракот. Статистиката покажува дека во светот секоја година умираат околу 12 милиони луѓе од проблеми со срцето и крвните садови. Оваа статистика главно се однесува за развиените земји и кај нас. Во сиромашните земји во светот се` уште луѓето предвремено умираат најмногу од инфективните заболувања. Ако не се преземат превентивни мерки против кардиоваскуларните заболувања бројот на смртните случаи рапидно ќе се зголемува. Директорот на програмата за превенција од кардиоваскуларните заболувања во СЗО (Светска здравствена организација) Д-р Иван Гирфас нагласува дека со примена на превентивни мерки, бројот на заболените и предвременото умирање би можело да биде намалено на половина. Оптималната превенција од овие заболувања би можела да го намали бројот на смртните случаи до 90 отсто, односно 9 од 10 инфаркти би можеле да се спречат. Поради неправилна исхрана болестите на срцето обично тивко и бавно се развиваат, така што многу луѓе кои имаат болно срце не се свесни за тоа. Пред да се појави какво било оштетување на срцето и крвните садови процесот наречен АТЕРОСКЛЕРОЗА се одигрува во артериите на срцето во текот на повеќе години. Тој процес може да започне многу рано ако личноста неправилно се хранела од најраната младост. Ова е докажано во 1950 година за време на анализите (сецирањата) на крвните садови на загинати деветнаесет годишни американски и корејски војници во Корејската војна. Забележано е дека крвните садови на скоро сите американски војни-

ци биле затнати од масни наслаги (атероми), додека загинатите корејски војници имале релативно чисти крвни садови. Процесот на атеросклероза не е ограничен само на срцевите артерии (коронарни артерии) туку и на останатите големи и средни артерии: аорта и др. Големите и средните артерии можат да бидат стеснети поради насобраните масни материи. На тој начин се оформува плак. Нагласуваме дека атеросклерозата не претставува исклучиво насобирање на масни материи на внатрешниот ѕид на артериите. Кога маста се насобира на внатрешната страна на срцевите и други артерии, човековото тело реагира за да ја спречи појавата на згрутчување на крвта. Човековото тело ги прекрива тие масни наслаги со дебел фиброзен слој (капа), за да го оневозможи директниот контакт на масниот материјал со крвта. На тој начин се оневозможува стимулирано згрутчување на крвта кое би било смртоносно. За жал, на атеросклеротичниот плак може да настапи т.н. разјадување што со тек на време може да се случи пукање на заштитната обвивка, така што масниот материјал се ослободува и доаѓа во крвта. Ослободениот масен материјал и улцерозниот плак можат да ги активираат тромбоцитите кои уште повеќе го зачепуваат крвниот сад. Понекогаш може потполно да ја затнат артеријата (протокот на крвта). Во тој случај срцевиот мускул кој бил зависен од протокот на крвта преку таа артерија умира. Оваа смрт на срцевото ткиво или на дел од него се нарекува инфаркт на миокардот или срцев удар. Од оние кои го преживеале инфарктот преку две третини не можат да заздрават потполно и имаат трајно намален квалитет на животот. По преживеаниот инфаркт срцето работи послабо поради губење на дел од срцевото мускулно ткиво.


ШТО Е ТОА ХОЛЕСТЕРОЛ ? Денес меѓу луѓето постои една фама околу холестеролот, па тие по секоја цена сакаат да го намалат со разни медикаменти без да се заинтересираат што довело до негово енормно зголемување. Нагласуваме дека холестеролот е природно соединение важно и неопходно за живот. Оваа бела, восочна маснотија се произведува во човековото тело и е неопходна за градба на обвивките на клетките и производство на одредени неопходни хормони. Меѓутоа, премногу холестерол (преку 5,2) може да предизвика појава на атеросклероза. Затоа, сите луѓе после 20-тата година од животот треба да бидат запознаени со сопственото ниво на холестеролот во крвта и со нивото на HDL (липо протеин со голема густина) и LDL (липо протеин со мала густина). Колку што е повисоко нивото на холестеролот во крвта (преку 5,2), тогаш е зголемена стапката на смртноста. Што се однесува до нивото на HDL (т.н..„добар холестерол“), доколку му е нивото над 1, ризикот е помал, додека ако му е нивото под 1 - ризикот е поголем. Што се однесува до нивото на LDL (т.н. „лош холестерол“), тој претставува оксидиран холестерол и колку нивото е повисоко, толку ризикот е поголем.

Нашите читатели треба да знаат дека црниот дроб (хепар) произведува доволно количество холестерол за сите човекови потреби и функции. Поради овој факт човекот воопшто не треба да консумира храна богата со холестерол за да обезбеди оптимално количество холестерол. Холестеролот се наоѓа исклучиво во храната од животинско потекло. Овошјето, зеленчукот, јаткастите плодови и житарките воопшто не содржат холестерол. Од животинско потекло само белката од јајцето не содржи холестерол, додека целото јајце содржи 213 единици холестерол. Човек со зголемено ниво на холестерол треба да знае што предизвикува тоа да се зголеми. Најчесто тоа се: зголемено количество црвени меса и сувомесни производи, пилешко месо и риба, брза храна, рафинирани масти за готвење, свинска маст, путерот, маргаринот, јајцата (поради присутната жолчка), млечните производи и комерцијалните печива. Ако човекот со зголемено ниво на холестерол во крвта сака да го оптимализира нивото на холестеролот на природен начин, тој треба да се збогува со сите овие прехранбени производи. Од друга страна, прехранбените производи кои се богати со растителни влакна значително го намалуваат зголеменото ниво на холестеролот во крвта. Тоа се: интегралниот леб, овесни снегулки, јаболка со лушпа, портокал, капина, круша, малина, карфиол, брокула, сладок компир, леќа, грашок, боранија. Особено се богати со растителни влакна: малината, капината, интегралниот леб, леќата, грашокот, боранијата и прокељот и тие треба да се најдат во листите на јадења на луѓето од сите крвни групи. Наведовме дека производите богати со холестерол не се неопходни за да обезбедат оптимално ниво на холестеролот во крвта кај луѓето, но еден вид холестерол е многу штетен за организмот. Тоа е т.н. оксидиран холестерол кој може да предизвика оштетување на срцето и крвните садови. Тоа е: храна која долго се чува во магацините, разни кремови и пудинзи каде што се комбинира млеко, јајца и шеќер. Исто така треба да се избегнуваат производи кај кои има поголемо количество млеко и шеќер заедно. Белковините од животинско потекло исто така го зголемуваат нивото на холестеролот во крвта. Затоа ако сакаме на природен начин да го оптимизираме холестеролот во крвта, а со претходната исхрана енормно сме го зголемиле нивото не ни преостанува ништо друго туку да станеме вегетаријанци. За награда ќе создадеме оптимално здравје без какви било ризици за појава на болести на срцето и крвните садови. ¿

здравје

Постојат фактори кои влијаат на зголемување на ризикот од срцеви заболувања на кои не можеме да влијаеме. Тоа се возраста и полот. Колку што сме постари поголем е ризикот од инфаркт или од излив на крв во мозокот кај мажите во однос на жените со иста возраст особено во период пред менопаузата. За среќа, постојат фактори на ризик од инфаркт на кои можеме да влијаеме и значително да го намалиме ризикот. Најзначајни фактори на ризик на кои можеме да влијаеме се: пушењето, намалување на високиот крвен притисок и намалување на прекумерното ниво на холестеролот во крвта. Во една студија направена во Финска се вршело истражување во тек на 20 години (од 1972 – 1992 год.) на околу 29.000 мажи и жени. Кога овие луѓе го намалиле прекумерното присуство на холестерол во крвта, го регулирале високиот крвен притисок со правилна исхрана и престанале да пушат ја намалиле стапката на смртноста кај мажите за 55 отсто и за 68 отсто стапката на смртноста кај жените. За штетноста на пушењето и за регулирање на високиот крвен притисок ќе зборуваме во еден од наредните броеви на LIFE, а во овој број ќе посветиме особено внимание на нивото на холестеролот во крвта.

П&О: ДУШАН МАТИЌ ВИ ОДГОВАРА Зошто луѓето морале да јадат месо? Од каде е потребата да се биде вегетаријанец? Првобитниот (пештерски човек) бил принуден да јаде месо од дивите животни бидејќи немал голем избор на храна за да преживее. Потребата да се биде вегетаријанец произлегува од природната предодреденост на човековиот организам да може делотворно да ги искористува растителните производи од својата околина. Тоа го заклучуваме од три видливи фактори и тоа : а) човекот има мошне долги црева за разлика од месојадните животни во животинскиот свет кои имаат значително покуси црева. На тој начин тие можат многу лесно преку цревниот тракт од организмот да ги исфрлат токсичните остатоци од разложеното месо; б) човековата плуканка има базна реакција за разлика од месојадачите кои имаат кисела реакција во устата. На тој начин тие можат да започнат со разложување на месото

уште во устата. Кај човекот тоа не е случај, бидејќи тој во устата може само да ги ситни деловите од месото, а не и да ги разложува и в) човекот има рудиментирано слепо црево што го немаат месојадачите. Човековиот организам е адаптибилен и во текот на еволуцијата, за да преживее, тој станал и месојадач. Луѓето со крвни групи О и Б најмногу се адаптирале за искористувањето на месото, но луѓето со крвни групи А и АБ останале вегетаријанци. Доколку и тие луѓе се адаптирале и јадат многу месо, заради нивната ниска концентрација на солна киселина во желудникот често можат да имаат сериозни последици по здравјето, особено оние кои имаат опстипација (запек).

2

Што е поздраво јогуртот или млекото? Млекото, особено мајчиното млеко е неопходно за развојот на детето. На возрасниот човек не му е неопходно да

пие кравјо млеко. Впрочем, ниту едно возрасно живо суштество не пие млеко, освен човекот. Станува збор повторно за адаптација на организмот во текот на еволуцијата. Луѓето со крвни групи Б и АБ повеќе се адаптирале на консумирање млеко и млечни производи, додека луѓето со крвни групи О и А значително помалку. Кравјото млеко ја содржи лактозата (млечен шеќер) која за да се искористи во организмот, човекот мора во цревниот тракт да го има ензимот лактаза со која лактозата се трансформира во гликоза. Само на тој начин може да се искористи млечниот шеќер во човековиот организам. Често се случуваат т.н. алергии на млеко кога заради недостигот од ензимот лактаза се случуваат исцрпувачки дијареи во цревниот тракт. Што се однесува до јогуртот или киселото млеко, тие содржат млечно-киселински бактерии кои се корисни за организмот. Јогуртот не содржи лактоза и затоа е поздрав од пресното кравјо млеко.

www.nutrivita.mk

За соодветните начини на алкализирање на организмот и оптимална детоксикација на телото, можете подетално да се запознаете и во нутриционистичкото советувалиште „Нутривита“, каде стручниот тим ќе ви даде совети како на најдобар начин ќе ги надминете здравствените пореметувања или ќе си го сочувате здравјето на природен начин. Заинтересираните можат да закажат на телефон: (02) 3230 777 и да обезбедат термин. Советувањето може да се одвива во просториите на „Нутривита“ или по желба на заинтересираните и на друго место, а постои и можност советувањето да се одвива и во кругот на семејството.

Сите читатели на LIFE кои се заинтересирани да му постават прашања на оваа или некоја друга тема на нашиот стручен соработник Душан Матиќ, можат да испратат и-мејл на: life.magazin@yahoo.com и да очекуваат одговор во некое од следните изданија на LIFE.

67 LIFE Ј А Н У А Р И

1


здравје

ЈОГА $Z

ЈОГА ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ЖИВОТ

1

ПОЧЕТНА ПОЗИЦИЈА НА РЕЛАКСАЦИЈА

(позиција од која се започнува и се завршува секоја наредна асана)

2

ПЕПЕРУГА А/Б (наменета за истегање на нозе и препони)

68

LIFE Ј А Н У А Р И

• почетна позиција на лотос со скрстени нозе • кревање и спуштање на нозете свиткани во колениците до крајната точка на издржливост • спуштање на горниот дел на телото нанапред до крајната точка на издржливост и мирување во позицијата 1 мин. • изведување на вежбата до три пати • усогласено дишење (при издигање на нозете се вдишува, при спуштање на нозете се издишува)

3

Мачка А / Б / Ц (наменета

за истегнување на грбот, плешките и половината) • клекнување на коленици и поставување на дланките под прав агол на подот • издигање и спуштање на грбот до максималната точка • изведување на вежбата до три пати • усогласено дишење (при издигање на грбот се вдишува, при спуштање на грбот се издишува) • мирување во позицијата 1 мин.

ВО ЕДЕН ОД МИНАТИТЕ БРОЕВИ НА LIFE МАГАЗИН ДАДОВМЕ ВОВЕДНА СЛИКА ЗА ЦЕЛОКУПНАТА ЈОГА ТЕХНИКА И ОБЈАСНУВАЊЕ НА ЗАГРЕВАЧКИОТ СЕТ ЈОГА ВЕЖБИ. ВО ОВОЈ БРОЈ ПРОДОЛЖУВАМЕ СО ПРИКАЖУВАЊЕ НА АСАНИТЕ (МИРУВАЊЕ НА ТЕЛОТО ВО ОДРЕДЕНА ПОЗИЦИЈА ВО ВРЕМЕТРАЕЊЕ ОД 1 МИНУТА КАДЕ Е АКТИВНА ОДРЕДЕНА МУСКУЛНА ГРУПА)

4Змија

(наменета за истегнување на грбот, половината, рацете и стомакот) • почетна позиција на стомак со благо раширени раце и нозе • спојување на нозете и издигање на рацете до крајната точка на издржливост • мирување 1 мин. • усогласено дишење со движење • повторување до трипати

Риба (наменета за 5 истегнување на грбот, половината и стомакот) • почетна позиција на грб со споени нозе и дланки поставени на долниот дел од стомакот • се издигнува горниот дел на лактите при што се поставува главата на темето и се нагласува истегнувањето на грбот • мирување 1 мин. • се повторува вежбата до трипати • се усогласува дишењето со движењето


истегнуПлуг (наменета за 6Истовремено вање на целото тело 8 истегнување на карлицата, нозете и грбот)

• почетна позиција на грб со споени нозе и рацете поставени до колковите • се издигнуваат нозете и колковите • се останува во позицијата 1 мин. • при издигнувањето се вдишува, а при спуштањето се издишува

• седнување под прав агол на под • поставување на дланките веднаш зад грбот • издигање на целото тело на стапала и со подигната глава • во крајната точка на истегнатост за момент се прекинува со дишењето • во крајната точка се останува 1 мин.

Чамец (наменета 11 за истегнување на целото тело) • почетна позиција на грб со споени нозе и рацете поставени до колковите • истовремено издигнување на рацете и нозете до иста висина • во крајната точка на истегнатост за момент се прекинува со дишењето • во крајната точка се останува 1 мин. • вежбата се повторува трипати

(наменета за ис9Лулка тегнување на целото тело) • почетна позиција на стомак со благо раширени раце и нозе • од почетната позиција истовремено се издига горниот и долниот дел на телото • во крајната точка се останува 1 мин. • усогласеност на дишењето со движењето: во крајната точка на истегнатост за момент се прекинува со дишењето • вежбата се повторува трипати

LIFE Ј А Н У А Р И

Свеќа (наменета за 7 истегнување на колковите, грбот и нозете)

• почетна позиција на грб со споени нозе и раце поставени до колковите • се издигнуваат нозете над главата и се допира подот со прстите • се останува во позицијата 1 мин. • при издигнувањето се вдишува, а при спуштањето се издишува • постепено враќање во почетната позиција

Лост (наменета 10 за истегнување на целото тело)

69

• почетна позиција на грб со раширени нозе и рацете над главата • дијагонално истегнување на левата рака со десната нога • дијагонално истегнување на десната рака со левата нога • дијагонално истегнување на двете страни истовремено • во крајната точка на истегнатост за момент се прекинува со дишењето; при истегнувањето се вдишува, а при враќањето во почетната позиција се издишува

Анета Ангелкова

здравје

¢ o Евдокија Николова


убавина

AURIÈGE, ЛИНИЈА ЗА ХИДРАТАЦИЈА

70

LIFE Ј А Н У А Р И

¢ Слаѓана Нешовиќ, бренд менаџер Aurie`ge – Paris, Македонија

Кожата во човечкото тело е во директен контакт со околината и дејствува како заштитен штит. Покрај тоа што таа е цврст и еластичен орган, сепак е прилично „нежна“ и неопходно е постојано одржување на оптималното ниво на влажност на епидрмисот со цел да се одржи нејзиниот баланс и младоликост. Како и да е, со тек на времето, количеството на влага во епидермисот е изложено на различни агресии: временските околности, годишното време, околината и одминување на годините – процесот на стареење. Линијата за хидратација од циклусот на хронобиологијата комбинира две многу напредни активни состојки кои обезбедуваат двојно дејство при справувањето со проблемот на сува и дехидрирана кожа. Функцијата на овие две многу моќни активни состојки помага: - Кожата да го одржи неопходното ниво на влажност дејствувајќи како „сунѓер“ помеѓу клетките на епидермисот. - Во процесот на обновување на заштитниот слој на влагата во епидермисот и спречува кожата да дехидрира. Лабораторијата на Auriège понуди целосно нова палета на производи за хидратација на кожата. Истите се дизајнирани за да го обноват „животот“ на кожата, нејзината нежност и еластичност и да обезбедат комфор на секој тип кожа. Двата производи во 2010 година се наградени за Иновација на престижниот Интернационален конгрес „Congrès International de l’Esthétique à Paris” во Париз, Франција. Самата кожа е неспособна да обезбеди вода од атмосферата. Во исто време, кожата, континурано ја „губи“ влажноста преку: - Потење - Евапорација – дехидрација

Оттука, процесот на хидратација на кожата се заснова на континуирано одржување на балансот на губење и стекнување на вода во епидермисот. ХИДРАТИРАНА КОЖА, Витален anti-age фактор Водата е неопходна за клетките во епидермисот, и во основа, таа е суштинска во циклусот за обновување на кожата. Надворешните клетки на stratum corneum се одговорни за изгледот и текстурата на кожата. Кога тие дехидрираат, кожата станува крута и нерамна, што води кон намалување на нејзиниот квалитет. Дехидрираната кожа е типично груба, темна и со недостиг oд еластичност. Тоа е процесот со кој почнуваат да се појавуваат брчки. Недостигот од влажност всушност и ` отежнува на кожата да дејствува како заштитен слој. Таа станува помалку компактна, а губењето на влажноста се зголемува. Оттука во самата кожа може да започне еден прилично „злобен“ циклус: колку повеќе е сува кожата, толку повеќе вода губи... Исто така со дехидрацијата на кожата, таа станува подложна да пропушти потенцијално штетни или алергични надворешни супстанци. Ова ја прави уште повеќе крута и чувствителна. УНИКАТНО РЕШЕНИЕ ЗА ДЕХИДРИРАНА КОЖА Како и во секое ниво од циклусот на хронобиологијата, така и нивото за хидратација е поделено на два специфични начини за нега на дехидрираната кожа: ПРЕВЕНТИВНА ХИДРАТАЦИЈА дизајнирана за мали нарушувања со влажноста на кожата. ГЕНЕРАЛНА ХИДРАТАЦИЈА дизајнирана за напредни нарушувања со влажноста на кожата.

ДЕРМАБЈУТИ Ексклузивен и генерален застапник за „AURIEGE – PARIS“ во Р. Македонија. ул. Христо Смирненски 54, Скопје www.auriege.com 02/3230.130

ЕКСКЛУЗИВНИ ПОДАРОЦИ ОД LIFE МАГАЗИН И AURIÈGE – PARIS! „LIFE магазин“ и францускиот ексклузивен центар за убавина „AURIÈGE – PARIS“ подаруваат три ексклузивни третмани за лице и лифтинзи за очи. Првите три читателки кои ќе испратат имејл со предмет „ПОДАРОК ТРЕТМАН“ и име, презиме и контакт-телефон на life.magazin@yahoo.com ќе добијат подарок од „LIFE“ и „AURIÈGE“ – три пакети од третмани: AURIÈGE PREMIUM третман и AURIÈGE YEUX LIFTING (очен лифтинг). Читателките кои ќе бидат најбрзи ќе бидат усно известени за подарокот и ќе бидат објавени со име и презиме во следниот број на „LIFE магазин“. Подарокот - вредносен ваучер за AURIÈGE третманите, читателките ќе можат да го подигнат во редакцијата на „LIFE магазин“, на улица 11 Октомври 33а, 1000 Скопје. Подарок - ексклузивни третмани од минатиот број на „LIFE магазин“ добија: Светлана Кордумова Виолета Давкова - Маленкова Александра Томова


Кај жени: - Зголемен вагинален исцедок - Интерменструално крварење - Болно уринирање - Периодични болки во долниот дел на абдоменот - Болки за време на сексуален однос - Пецкање и чешање околу отворот на вагината Кај мажи: - Исцедок од уретра - Зачестено и болно мокрење - Пецкање и чешање околу отворот на пенисот - Оток и болка во тестисите Дијагнозата се поставува микробиолошки и серолошки (преку крв). Кај жените се зема брис од цервикалниот канал, а кај мажите брис од уретрата и се испраќа на микробиолошка анализа. Исто така може да се дијагностицира и преку испитување на урината.

здравје

Сексуа Сексуално преносливите инфекции се широка, релативно добро дефинирана група на инфекции, дефинир најчесто со акутна манифестација која често може мо да прогресира и во хронична клиничка клинич слика. Начинот на пренесување е преку полов однос (вагинален, нален, анален и орален), но може да се пренесе несе и преку заедничко користење на игли и шприцеви (кај нарко-зависници) и преку еку инфицирана трудница на плодот во текот на бременоста и при породување. ување. Една од најчесто појавуваните уваните СПИ СП о преносливи инфекции) е (Сексуално ијата од бактеријата Chlamydia инфекцијата atis. CT е една од 4-те видови Trachomatis. dia (останатите се Chlamydia на Chlamydia aciu и Puerorum, Chlamydia Psittaciu золирана е Chlamydia Pneumoniae). Изолирана вид во далечната 1907г., прва од сите видови кламидија (Chlamydia) во човекови човековипренесувањ от организам. Начинот на пренесување е ист како и кај останатитее СПИ. По ин инузницата на фицирањето ја зафаќа слузницата генитоуринарниот систем кај жените и уринарниот систем кај мажите. Обично не дава карактеристични симптоми за инфекција (75 отсто кај жените и 50 отсто кај мажите), се` додека не се појават непоправливи оштетувања на половите органи. Симптомите најчесто се заеднички со другите СПИ и се јавуваат една до три недели после инфицирањето.

СЕКСУАЛНО Е КС ПРЕНОСЛИВИ РЕ ЕНО ИНФЕКЦИИ НФЕ БАКТЕРИСКА Б АКТЕР ИНФЕКЦИЈА И НФЕК CCHLAMYDIA HL TRACHOMATIS Многу е важно раното откривање инфекц на инфекцијата и нејзино навремено в спротивно може да довелекување, во де до: Cervi Cervicitis (воспаление на грлото на матката матката), Salpingitis (воспаление на јајцеводите) и Endometritis (воспаление на ендометриумот), што резултира со ПИД (пелвична инфламаторна болест), вонматерична бременост, хронична карлична болка и во најлош случај доаѓа до стерилитет. Кај мажите може да доведе до хронични воспаленија на простатата и половите жлезди, кои се манифестираат со болка, неплодност и зголемен ризик од рак на простатата. Поради долготрајното присуство на кламидија во организмот може да се појават алергии и автоимуни реакции, кои пак се манифестираат со воспаление на зглобовите, оштетувања на кожата и очите. За превенција потребно е: задолжително користење на презервативи, да нема често менување на сексуални партнери и контролни микробилошки брисеви еднаш во годината. Кај трудниците, кламидијата може да предизвика спонтан абортус или предвремено породување поради инфекција на матката и на плодот за време на бременоста. Кај новороденчињата, од мајки со нетретирана кламидијална инфекција, најчесто се јавуваат инфекции на белите дробови, очите и ушите. За да се избегнат несаканите последици кои ги предизвикува кламидијата кај трудниците, се препорачува во два наврати да се прават микробиолошки испитувања – еднаш на крајот од третиот триместер од бременоста и еднаш на средината на третиот триместер. ТЕРАПИЈА Секоја докажана инфекција со кламидија треба да се лекува без

разлика дали се јавуваат тегоби или не. Терапијата се состои во орална употреба на антибиотици. Најчесто се користи Doxycyclin (Vibramycin) 2x1, 7 дена и единечна доза на Azithromycin (Sumamed). Терапијата се дава и на двата партнера и за време на лекувањето треба да апстинираат од сексуален однос. Кај трудници се користи најчесто: Erythromycin од 500 mg 3x1 од 7 до 10

дена или Amoxycillin од 500 mg 3x1, 7 дена. Исто така дозволено е и користење на Azithromycin (Sumamed), додека Doxycyclin е контраиндициран за време на бременост. По завршувањето на наведената терапија потребно е да се направи контрола на микробиолошките брисеви, најчесто по 3-6 недели од завршувањето на терапијата, додека кај трудниците се препорачува дури и порано.

ǽǼDzǮǾǼǸ !

ɋɢɫɬɢɧɚ ɨɮɬɚɥɦɨɥɨɝɢʁɚ ɢ LIFE ɦɚɝɚɡɢɧ ɧɚ ɟɞɟɧ ɱɢɬɚɬɟɥ ɦɭ ɩɨɞɚɪɭɜɚɚɬ ɛɟɫɩɥɚɬɟɧ ɨɫɧɨɜɟɧ ɨɮɬɚɥɦɨɥɨɲɤɢ ɩɪɟɝɥɟɞ. ɋɢɫɬɢɧɚ ɨɮɬɚɥɦɨɥɨɝɢʁɚ ɟ ɫɩɟɰɢʁɚɥɢɡɢɪɚɧɚ ɛɨɥɧɢɰɚ ɡɚ ɨɱɧɢ ɛɨɥɟɫɬɢ, ɫɨ ɜɢɫɨɤɨ ɫɨɮɢɫɬɢɰɢɪɚɧɚ ɞɢʁɚɝɧɨɫɬɢɤɚ ɢ ɯɢɪɭɪɝɢʁɚ ɢ ɜɪɜɟɧ ɫɬɪɭɱɟɧ ɬɢɦ. Ʌɨɰɢɪɚɧɚ ɟ ɜɨ Ⱦɐ Ɍɚɮɬɚɥɢʇɟ ɜɨ ɧɚɫɟɥɛɚɬɚ Ɍɚɮɬɚɥɢʇɟ ɜɨ ɋɤɨɩʁɟ, ɧɚ ɩɨɜɪɲɢɧɚ ɨɞ 510 ɦ2. Ȼɨɥɧɢɰɚɬɚ ɪɚɫɩɨɥɚɝɚ ɫɨ Ʉɚɛɢɧɟɬ ɡɚ ɮɭɧɤɰɢɨɧɚɥɧɚ ɞɢʁɚɝɧɨɫɬɢɤɚ, Ʉɚɛɢɧɟɬ ɡɚ ɝɥɚɭɤɨɦ ɢ ɩɟɪɢɦɟɬɪɢʁɚ, ɭɥɬɪɚɡɜɭɤ, ɥɚɫɟɪɫɤɚ ɬɟɪɚɩɢʁɚ, ɢ ɫɨ ɨɩɟɪɚɰɢɨɧɟɧ ɛɥɨɤ ɨɞ 200 ɦ2 ɤɨʁ ɜɤɥɭɱɭɜɚ ɢ ɞɧɟɜɧɚ ɛɨɥɧɢɰɚ ɢ ɨɩɬɢɤɚ. ɇɚʁɛɪɡɢɨɬ ɱɢɬɚɬɟɥ ɤɨɢ ʅɟ ɢɫɩɪɚɬɢ ɢɦɟʁɥ ɧɚ life.magazin@yahoo.com ɫɨ ɩɪɟɞɦɟɬ „ɩɨɞɚɪɨɤ ɩɪɟɝɥɟɞ“ ɢ ɨɫɧɨɜɧɢ ɩɨɞɚɬɨɰɢ (ɢɦɟ, ɩɪɟɡɢɦɟ ɢ ɤɨɧɬɚɤɬ ɬɟɥɟɮɨɧ) ʅɟ ɞɨɛɢɟ ɩɨɞɚɪɨɤ – ȻȿɋɉɅȺɌȿɇ ɈɋɇɈȼȿɇ ɈɎɌȺɅɆɈɅɈɒɄɂ ɉɊȿȽɅȿȾ.

ДЦ Тафталиџе Ул. Лондонска бр. 19 1000 Скопје тел. (02) 309 70 00; 070 351 008 contact@sistinaoftalmologija.mk www.sistinaoftalmologija.mk

71 LIFE Ј А Н У А Р И

д-р Татјана Тат Илиева-Хаџиевска спец. гинеколог-акушер


брзина

МОЌТА НА ДИЗАЈНОТ ОД КАРТОНСКИ КУТИИ НА ТРКАЛА, ДО СТИЛСКИ ИКОНИ, РЕЧИСИ ПРЕКУ НОЌ... КАКО Е МОЖНО ТОА? СО АНГАЖИРАЊЕ НА ВИСТИНСКИТЕ ЛУЃЕ, СЕ РАЗБИРА!

¢ Кристијан Ивановски

72 LIFE Ј А Н У А Р И

х, дали ви се верува, во колку турбулентен свет живееме? И колку брзо сè А се менува? Имено, до пред неколку години возилата кои доаѓаа од „демократската“ Кореја (станува збор за Јужна Кореја, секако) беа предмет на потсмев и понижување. Донекаде и со право, бидејќи инспирацијата за дизајнирање на надворешноста се црпеше од парче сапун, кибрит, апарати од домаќинството и карактери од „Покемон“, „Дигимон“ и останатите „...мон“ будалаштини. Дизајнот на внатрешноста, пак, се чини дека беше инспириран од сиво, магливо, зимско утро, поради недостиг од бои, форми или што и да е друго што би можело да предизвика позитивна емоција. Но сега, „Hyundai Kia Automotive Group“ е официјално групација со најголем раст во автомобилската индустрија, за последните неколку години. Кај „Хјундаи“, ваквиот успех се

должи претежно на подобрувањето на ква- ра. Масивната предница, каде доминира специфичната маска „Tiger Nose“, заедно со литетот на изработката и на употребените луто закосените светла, веднаш го навесматеријали, додека, пак, „ќерката“ „Киа“, ги тува спортскиот потенцијал на „Sportage“. зема сите благодати од „мајката“ и кон нив Високите странични линии, ниските стакла го додава новиот, супермодерен дизајнери спуштачката линија на кровот, дополниски јазик, воведен од дизајнерскиот „гуру“ телно ја истакнуваат динамичноста бидејќи Питер Шрејер. создаваат слика за покомпактен, односно Третата генерација на „Sportage“ драстично се разликува од своите предци. „постегнат“ автомобил. Кај задницата, релативно ниското задно стакло, под рака И добро е што е така, бидејќи кај првисо одлично конципираните задни светла, от „Sportage“ недостигаше каков било гордо истакнатото лого на компанијата и визуелен идентитет, додека вториот, и огромниот браник, успешно ја комплетипокрај амбициозниот настап, сепак не раат дизајнерската приказна на новиот успеа докрај да ги исполни ветувањата „Sportage“. Хромираните детали, „off-road“ дадени во рекламните кампањи. Но, ова е нешто сосема поинакво... Новиот „Sportage“ додатоците и големите алуминиумски бандажи уште повеќе го засилуваат веќе опива со својот исклучително силен шарм, моќниот иницијален впечаток и создаваат кој во комбинација со мускулестите линии, слика која долго време ќе ви биде врежана широката поставеност и нагласената во меморијата. динамичност, несомнено ќе ве хипнотизи-


брзина LIFE Ј А Н У А Р И

брои два бензинци и два дизела, со моќност во интервал од 115 до 163 КС. Моќта на моторите се пренесува на две, или на сите тркала, преку рачен или автоматски менувач, во зависност од избраниот модел. Имајќи предвид дека станува збор за нов автомобил, присуството на голем број електронски безбедносни помагала е очекувано, па затоа, оваа генерација на „Sportage“ ги освои максималните 5 ѕвездички на краш-тестот на EuroNCAP (www.euroncap.com). Продажбата на новиот „Kia Sportage“ кај нас започна некаде кон средината на септември, со цени кои се движат од 16.500 евра за основниот, па сè до 28.000 евра за врвниот модел. ¿

73

Кабината не инспирира толку како надворешноста, но далеку од тоа дека не чини, бидејќи веднаш е забележлив огромен напредок во однос на претходната генерација. Повеќе нема ниту трага од безживотната, мрачна меланхолија која го „красеше“ претходникот, туку таа е успешно заменета со разиграни форми, убаво дефинирани линии и панели во повеќе бои. Иако стегнатиот надворешен изглед наведува поинаку, сепак кабината на „Sportage“ нуди доволно простор за превоз на петмина патници и нивниот багаж. Динамичниот дизајн, „Sportage“ го оправдува со имплементирање нови, оптимизирани и еколошки прифатливи агрегати, чие множество

ЗБОР-ДВА ЗА ПИТЕР ШРЕЈЕР Питер Шрејер е роден во 1953 година, во Бад Рајхенхал, Германија. Неговиот талент бил откриен уште во студентските денови од страна на „Ауди“, па затоа по дипломирањето на Факултетот за индустриски дизајн во Минхен, неговите замисли се реализирале во дизајнерските центри на „Ауди“ и „Фолксваген“. Ангажирањето на Шрејер како главен дизајнер во „Киа“, во 2006 година, резултираше во еден астрономски успех, досега невиден за корејската компанија. Овој човек, со своите идеи и својата визија, комплетно ја трансформираше марката, од синоним за „грев“ во стилско изразно средство на четири тркала, и ја направи „Киа“ респектабилен производител на автомобили кои зрачат со опивачка аура, динамичност и одлично конципиран дизајн. Затоа, би им препорачале на македонските газди да не си поигруваат со своите дизајнери, бидејќи токму тие имаат фантастично голем удел во успешноста, профитабилноста и кредибилитетот на нивните фирми.


брзина

ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО

STRATOSФЕРАТА STRATOS ФЕРАТА ПРЕД ОКОЛУ 40 ГОДИНИ, ВО ТОРИНО БЕШЕ ПРЕТСТАВЕНА LANCIA STRATOS – ШИРОКА, НИСКА, ЗАШИЛЕНА... СТРОГО НАМЕНЕТА ЗА БРЗИНСКИ НАТПРЕВАРИ. СО ЗАДОВОЛСТВО ГО НАЈАВУВАМЕ ВРАЌАЊЕТО НА РЕЛИ-ЛЕГЕНДАТА

74 LIFE Ј А Н У А Р И

ожеби недоволно упатените ќе се запрашаат: „Од каде излезе дека ’Ланча’ е М рели-легенда? Нели тој примат го држат ’Ситроен’, ’Субару’ и ’Мицубиши’?“ Па не баш... Секоја чест за останатите производители, бидејќи „Ситроен“ нареди 6 титули во својата витрина, а Јапонците извадија деривати од своите рели-возила, легални за секојдневна употреба, кои ги поместија границите на возможното. Но, вистинската рели-легенда потекнува од Италија, бидејќи возилата кои на носот ја носеа значката на „Ланча“, дури 10 пати го освоија рели-шампионатот. Култната „Lancia Stratos“ доминираше на рели-патеките во 70-тите и 80-тите години на минатиот век. Уште при зачетокот била замислена како тркачки автомобил, па токму затоа се одликува со ниска поставеност, шилест профил и висока задница, која во комбинација со V6 моторот позајмен од „Ферари“, беше „осудена“ на успех. Во ноември минатата година, официјално беше претставен прототипот „New Stratos“, кој по нарачка од Михаел Стошек и неговиот син Максимилијан, беше изработен од страна на студиото „Пининфарина“, во Торино. Станува збор за уникатен модел, направен

строго за бизнисменот Стошек, кој очигледно има фантастична финансиска поддршка, што не е чудно, имајќи предвид дека поседува компанија која изработува автоделови. Изгледот на новиот „Stratos“ е практично идентичен со неговиот претходник, со исклучок само на предните светла, кои кај претходникот, се издигаа од хаубата. Главните карактеристики кои

го красеа рели-шампионот се присутни и овдека: лесна, цврста и зашилена шасија, интегрирана заштитна решетка, средишно поставен мотор, кружен ветробран, преден отвор за воздух, заден спојлер и кружни задни светла и ѕвездести бандажи. За да не остане покус од претходникот, и новиот „Stratos“ користи компоненти од „Ферари“. Да бидеме на чисто, не се работи за копчињата за ракување со вентилацијата, туку за речиси целата механичка основа на суперспортистот Ferrari F430 Scuderia. Станува збор за: шасијата, која е 20 cm покуса отколку кај „Ферари“, 4,3-литарскиот V8, кој развива 540 КС, менувачот, издувниот систем итн. За време на тестирањата, новиот „Stratos“ забележа импресивни резултати, забрзувајќи до 100-ка за 3,3 секунди, а до 200 km/h, за неверојатни 9,7 секунди, со што го воодушеви и претседателот на „Ферари“, господинот Лука ди Монтеземоло. Се шпекулира дека новиот „Stratos“ ќе се произведе во ограничена серија од 25 примероци, чија цена сега-засега е непозната, исто како што е непознато, дали логото на маската ќе биде на „Ланча“ или не. ¿


СНОУБОРДИНГ-РОКЕНРОЛ – SNAKE TRANSITION

75 LIFE Ј А Н У А Р И

Новина на сноуборд сцената, новина од регионот на Централно Источна Европа. Овој сноуборд го креираа сноубордисти, инженери и занаетчии, познати како „Мервин од Европа”, кои имаат 15-годишно искуство во изработката на сноуборди. Производот, патентиран како 3D Snake Tranzition, е тотално нов концепт на формата на штица со специјален 3D начин на поврзување, што ја прави штицата еластична, а истовремено и крута. Резултат на тоа е што штицата ги задржува сите можности за забава во слободен стил во комбинација со „јавање“ на штици и натпреварувачки перформанси. Сите штици се изработени рачно во Биелско Биала во Полска. Contract сноубордовите поддржуваат локални сноубордисти и настани кои не се „мејнстрим“, бидејќи нивната филозофија е сноубордингот да остане забава и да се зачува неговата автентичност. Оваа нова технологија во јануари ќе пристигне и во Македонија, а за повеќе информации можете да се обратите на snow@guryou.com.


технологија

GOOGLE NEXUS S Конечно во продажба излезе долгоочекуваниот телефон Аndroid на Google, т.н. Google Nexus S. Ова е прв телефон кој работи на Android 2.3 оперативниот систем (т.н. Gingerbread), а карактеристиките кои ги поседува ги исполнуваат очекувањата: Супер AMOLED капацитативен екран на допир (т.н. contour екран со заоблено стакло, со multi-touch опција), 5 мегапикселна камера (LED блиц, автофокус), ARM Cortex A8 1GHz процесор, 16 GB внатрешна меморија + 512 MB RAM. Крајна оценка: дефинитивно телефон за кој долго ќе се зборува!

MOTOROLA DROID 2 GLOBAL

76

LIFE Ј А Н У А Р И

MOTOROLA FLIPOUT Motorola Flipout е телефон Android со мали димензии и одличен дизајн. Тој има форма на коцка која се отвора за да открие целосна QWERTY тастатура, а како уште еден плус е екранот на допир со multi-touch опција. Другите карактеристики вклучуваат камера од 3 мегапиксели, flash lite поддршка за подобро доживување на веб-содржините, 150 MB внатрешна меморија, 512 MB RAM и 512 MB ROM. Негативни страни? Сите кои навикнале на голем екран на допир најверојатно ќе имаат проблем со овој на Flipout, но, сепак да не заборавиме дека се работи за топ-трендовски телефон чија функција е токму таква – да привлекува погледи!

По крајно успешната приказна наречена Droid 2, достапна на американскиот пазар и употреблива само за CDMA мрежа, Motorola го претстави Droid 2 Global кој работи и на CDMA и на GSM мрежа. Освен оваа разлика, Droid 2 Global има и подобрени перформанси за разлика од неговиот претходник: појак процесор (1.2 GHz со 3D акцелератор), посилна меморија (8 GB внатрешна меморија + 512 MB RAM), подобрена QWERTY тастатура со зголемена осетливост… Останатите карактеристики се исти со оние на неговиот претходник, но никако занемарливи: TFT капацитативен екран на допир, 5 мегапиксели камера со LED блиц, автофокус и дигитален зум, Anroid Froyo 2.2 OS, „пуш“ и-мејл, целосна поддршка за flash player… Со други зборови, одлични перформанси, и уште многу фама околу Droid 2!


технологија

APPLE IMAC 27'' Секако, се работи за уште еден генијален производ на Apple, новиот 27’’ iMac. Зошто генијален? 27’’ LED екран има досега невидена резолуција од 2560 x 1440 пиксели, а супер-HD видеото е поддржано од ATI HD 4670 графичка картичка. Про-

цесорот е Intel Core Duo со 3.06 GHz, има хард диск од 1TB, 4 GB 1066 MHz DDR3 RAM, безжична тастатура и феноменалниот безжичен Magic mouse. Со други зборови, „играчка“ што секој би посакал да ја поседува!

IPOD NANO Најновиот iPod Nano изгледа сосема поинаку од неговиот претходник. Многу е малечок, полесен е и потенок (димензии слични на iPod Shuffle), со multi-touch екран (сличен на оној на iPod Touch). Уште еден „кул“ момент е и тоа што Нано може да се носи и како рачен часовник (лентите за околу

рака се продаваат дополнително). Иако изгледа фасцинантно, навигацијата на олкав мал екран на допир може да биде и проблематична. Затоа размислете добро што ви треба, бидејќи во исто време Apple ја исфрли и четвртата генерација на iPod Touch со 32 GB и Retina LED екран!

GENIUS RING MOUSE

DARKSIDERS (PS3, XBOX 360, PC) Fable III го има шармот на својата претходничка, но, да не се лажеме, со многу усовршени моменти и феноменална графика. Приказната се случува половина век по настаните во Fable II. Во Албион доаѓа индустриското време, а со него и опресијата, очајот и гладот, наметнати од новиот крал на Албион. Како брат или сестра на кралот-деспот, треба да соберете војска и да го ослободите Албион. Fable III е RPG со која одлично ќе се забавувате.

CALL OF DUTY: BLACK OPS (PS3, XBOX 360)

CALL OF DUTY: BLACK OPS (PS3, XBOX 360)

Fable III го има шармот на својата претходничка, но, да не се лажеме, со многу усовршени моменти и феноменална графика. Приказната се случува половина век по настаните во Fable II. Во Албион доаѓа индустриското време, а со него и опресијата, очајот и гладот, наметнати од новиот крал на Албион. Како брат или сестра на кралот-деспот, треба да соберете војска и да го ослободите Албион. Fable III е RPG со која одлично ќе се забавувате.

Fable III го има шармот на својата претходничка, но, да не се лажеме, со многу усовршени моменти и феноменална графика. Приказната се случува половина век по настаните во Fable II. Во Албион доаѓа индустриското време, а со него и опресијата, очајот и гладот, наметнати од новиот крал на Албион. Како брат или сестра на кралот-деспот, треба да соберете војска и да го ослободите Албион. Fable III е RPG со која одлично ќе се забавувате.

77 LIFE Ј А Н У А Р И

Еден од најиновативните „глувци“ што сте ги виделе е овој прстен-глушец на Genius. Тој е безжичен, малечок, можете да го ставите на кој било прст и да работите на вашиот компјутер. Има „трак пад“ и две копчиња, па доколку го ставите на показалецот, сосема лесно можете да ракувате со палецот. Прашањето е колку е практичен, но секако вреди да се проба.


спорт

БРЗ СПОРТ ЗА ИНТЕЛИГЕНТНИ ЛУЃЕ

Патриција Костовска

78

LIFE Ј А Н У А Р И

Кире Галевски

¢

o

ЈУЛИЈАНА ВЕСКОВСКА Е ДРЖАВНА ШАМПИОНКА ВО ПИНГ-ПОНГ КОЈА ОСУМНАЕСЕТ ГОДИНИ ПРОФЕСИОНАЛНО СЕ ЗАНИМАВА СО ОВОЈ СПОРТ. ТАА СЕДУМПАТИ Е ДРЖАВЕН СЕНИОРСКИ ПРВАК НА МАКЕДОНИЈА, А ВОЕДНО Е И ТРЕНЕР ЗА ДЕЦА ОД ПЕТ ДО ДВАНАЕСЕТ ГОДИНИ ВО САЛАТА „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“

инг-понгот, познат уште како тенис на маса, е прогласен за олимписки спорт во конкуренција П на мажи и жени. Спорт кој бара многу посветеност како на психички така и на физички план. Во овој број на „LIFE магазин“ ви ја претставуваме нашата најдобра пингпонгарка Јулијана Весковска (27), која е седумпати државен сениорски првак на Македонија, од 2002 до 2007 и 2010 г. Точно осумнаесет години професионално се занимава со пингпонг. Моментно, работи како тренер за деца од пет до дванаесет години, во салата „Борис Трајковски“. Нашата шампионка ни раскажа за своите почетоци. „Пред се`, мојот татко Весковски Љупчо е пингпонгар, работи како тренер за репрезентацијата. Како дете ми беше интересно да играм, заради топчето, палката, едноставно ми беше многу енергично. Првпат почнав да тренирам во клубот „Партизан“ во населбата Ѓорче Петров, на деветгодишна возраст. Ме привлече тоа што е брз спорт. Продолжив да тренирам бидејќи многу го засакав и станав добра во пинг-понгот. Имам талент, сакам да работам, се трудам секогаш да бидам најдобра во тоа што го правам“, рече Весковска. Натпреварот се игра во добиени три сета од по единаесет поени. Треба да се одиграат пет партии од

по три добиени сета за да се стане победник. Една партија обично трае од 20 до 25 минути. Ваквиот начин се нарекува лига-систем кој се игра насекаде во светот, па и кај нас во женската суперлига. На светските првенства некогаш се играат и до четири сета. Кај нас се играат три сета до полуфинале, а полуфинале и финале до четири. Во овој спорт може да се настапи поединечно, двајца и екипно (тројца играчи). „Полесно ми е да се натпреварувам поединечно бидејќи резултатот зависи само од мене. Екипно може некој да потфрли, може јас да победам, други две да изгубат и сепак тоа е пораз. За мене е карактеристично што сум единствената која учествувала во машка и во женска лига. Ги имам победено сите машки пингпонгари освен, се разбира, нашиот првак. Тоа беше пред две години кога играв во машката лига, но сега не ми дозволуваат бидејќи не им одговара да бидат поразени“, вели Јулијана. Таа е прва пингпонгарка во Македонија која е рангирана на светска ранг-листа - од две илјади учесници, таа го зазема 365-тото место. Две години има тренирано во најдобриот европски клуб во Хрватска. Пред секој тренинг си прави концепт за тоа како ќе се одржи, дали ќе биде кондициски или повеќе на маса.


Имам талент, сакам да работам, се трудам секогаш да бидам најдобра во тоа што го правам

уште две пингпонгарки (екипно) постигнаа добар резултат со 64-тото место. Најголемиот успех надвор од Македонија го има постигнато на балканското првенство во Турција со освоено трето место поединечно и екипно. Воедно, има настапувано на повеќе светски и европски првенства, во Италија, Германија, Малезија, Тајланд.

спорт

„Сум била на повеќе светски првенства. Меѓутоа првиот пат никогаш нема да го заборавам. Имав седумнаесет години и првенството се одржуваше во Малезија. Бевме сместени со Кинезите и Корејците и можевме да видиме под каков режим се. Тие не комуницираат со никого, фокусирани се само на играта“, вели Весковска. Во секој спорт има по некоја интересна случка. Весковска ни говори за својата: „Игравме во двојки, јас и сестра ми Маја Николовска против две други девојки. Една судијка имаше на нашата маса, а друга судијка ни беше свртена со грб. Едната пингпонгарка од противничкиот тим направи смеч (забивање на топчето) и рекетот и` летна кон судијката од другата маса и ја удри во вратот. Судијката се онесвести, противничката почна да плаче, а дотогаш ние губевме. Тогаш татко ми викна ’ајде сега’, и така победивме“. Ново во пинг-понгот е дека топчињата се зголемени на 40 милиметри дијаметар, а претходно беа 38 милиметри. „Имаше реакција од публиката дека не можат да ги следат играчите што прават. Сега е забавена и играта. Треба да си многу запознаен во пинг-понгот, бидејќи се` се одлучува во два потега, но сега и до три, четири. Се мислат и да го зголемат растојанието на масите за да се намали брзината на играта“, објаснува Јулијана. Во мај 2011 година Јулијана Весковска за првпат ќе настапува на поединечното светско првенство во пинг-понг за жени. Планира да се натпреварува и на некое отворено првенство за да добие повеќе бодови за да се искачи на светската ранг-листа. „LIFE магазин“ `и посакува многу успеси и златни медали. ¿

LIFE Ј А Н У А Р И

„Тренирам двапати на ден со трчање помеѓу. Важно е здраво да се храниме и пред натпревар не смееме да јадеме тешки јадења. Иако сите мислат дека е стоење на маса, сепак мораш физички да бидеш спремен за да не се повредиш. Најмногу имаме повреди на колениците и зглобовите на нозете. Пинг-понгот е многу брза игра, спорт кој го тренираат интелигентни луѓе. Тој е меѓу најретките спортови во кои не се зема допинг. На пример, ако земеш само за брзина, ти се губи чувството на рака. Пред секој натпревар си правиме стратегија, како треба да изиграме, го проучуваме играчот. Секогаш имаме различни тренинзи. Можеш да играш со играч, можеш да играш со робот - специјална машина која фрла топчиња, можеш да играш мениболс, кутија со топчиња за експлозивност“, раскажува Весковска. Во пинг-понгот постојат различни техники, има офанзивни и дефанзивни играчи. Офанзивните се оние кои повеќе играат напаѓачки стил, а додека дефанзивните одбранбен стил. „Напаѓачки стил е и мојот стил на игра. Мојата палка е со чисти, мазни гуми за напаѓачки стил. Јас поточно играм спин. Со само едно мрдање на зглобот се менува целата ротација на топчето. Тоа е дел од секунда, можеме и по двапати да го удриме. Шампионите имаат способност да размислуваат што ќе направат со топчето во дел од секунда, тоа и донекаде е рефлексно“, објаснува Јулијана. Последното светско првенство во пингпонг се одржа во Русија и беше екипно. Од вкупно 165 натпреварувачи, Весковска со

офанзивни и дефанзивни рекети и гуми, за напаѓачки и одбранбен стил на игра. Топчето за пинг-понг е изработено од материјал сличен на пластика, обоено во бела или портокаловаа боја со дијаметарот 40 милиметри, по барање на Олимписките игри во 2000 година, а претходно изнесуваше 38 мм. Натпреварувачкиот ринг зафаќа простор од 14 метри во должина и 7 метри во ширина, со висина од четири метри. Исто сто така, потребно е и соодветно осветлување.

79

ПИНГ-ПОНГ ГЕНЕРАЛИИ Потребна опрема за пинг-понг е рекет, маичка, шорцеви, патики, правоаголна маса и топче. Должината на масата изнесува 274 см, ширината 152,5 см и висината 76 см. Поделена е на два дела со мрежа чија висина изнесува 15,25 см. Масата може да биде дрвена или пластична, но секогаш со темнозелена боја. Нејзините краеви се обележани со бели линии кои ја ограничуваат површината на движењето на топчето. Постојат


ако мене ме прашате... филм

ХАРИ ПОТЕР

80

LIFE Ј А Н У А Р И

а сагата за талентираниот волшебник и ` се наѕира крајот. Од првиот „Хари Н Потер, Каменот на мудроста” поминаа 9 години. Тогаш, Хари, Хермиона и Рон имаа по 12 години, а денес се зрели личности и ќе подвлечеме, зрели артисти. Авторката на епската бајка Џ.К.Роулинг покажа неверојатна продуктивност во пишувањето, а филмската индустрија ја следеше во чекор. Па така по шест продолженија на филмскиот серијал за Хари Потер, останаа уште само две, овој кој сега го гледаме и неговиот втор дел кој се најавува за јули идната година. Освен ако и Роулинг и филмските компании не се договорат поинаку. Се` е можно, зашто познато е дека парите прават чуда. А ова, со сигурност ниту ќе е првото ниту последното.

¢ Влатко Галевски

И РЕЛИКВИИТЕ НА СМРТТА: ДЕЛ 1

„Реликвиите на смртта” велат дека е најблиску до текстот на Роулинг, а тоа што се снимаат две продолженија (по примерот на „Господарот на прстените”) е во името на финансискиот ефект како и поради фактот дека сите, од екипата до актерите веќе се прилично истрошени и на технички и на креативен план. А веќе рековме, Хари, Хермиона и Рон прилично пораснаа, па ете дојде време кога се разбуди сексуалноста, а со неа и првите манифестации на несигурност, сомневања и љубомора. Па продуцентите се осмелија малку и да ја поместат границата за родителски надзор внесувајќи и елементи на еротичност, разголеност, колку и тоа да е пласирано со компјутерски сфумата и пеглања. И веќе сум убеден дека најголемиот дел од публиката

го очекуваат вториот дел од Реликвиите не заради тоа да видат дали лорд Валдемор ќе го победи Хари Потер, туку дали Рон, или Хари ќе го освојат срцето на Хермиона. За оние гледачи кои не ги гледале претходните продолженија, воопшто не е едноставно да се снајдат во именикот од ликови и магионичарски изрази, а на многумина ќе им пречи и должината на филмот (цели 146 минути). Веќе го пофалив напредокот во актерската игра на трите главни лика, но морам да обратам внимание на извонредната игра (и маска) на Ралф Фајнс како Валдемор, Хелена Бонам Картер како Белатрикс и Алан Рикман како професор Северус. Режисерот Дејвид Јеитс очигледно по трите снимени продолженија ја стекна довербата на продуцентите штом му го


„ЗАПЛЕТКАНИ“ (TANGLED) Анимиран филм за малата принцеза Рапунзел која има моќ да лекува со помош на магичниот цвет. Таа е киднапирана од Мајката Готел. Мајката Готел знае дека магичните моќи растат во златната коса на Рапунзел, па за да може таа да остане млада мора да ја чува заклучена Рапунзел во нејзината кула. Еден ден, неранимајкото Флин Рајдер се искачува во кулата и станува заробеник на Рапунзел. Притоа Рапунзел се договара со шармантниот крадец тој да и ` биде водич до местото од каде што доаѓаат светлата кои таа ги гледа секоја година на нејзиниот роденден. Рапунзел е подготвена да го оствари највозбудливото патување во нејзиниот живот. Филмот се прикажува во 3.600 кино-сали во Америка и само за еден месец заработи 120 милиони долари.

ако ме прашате мене... филм

„MЕЧЕТО ЈОГИ“ (YOGI BEAR) Паркот Јелоустоун ја слави својата 100-годишнинa од постоењето, која може да биде последна, бидејќи посетеноста е сведена на минимално ниво и градоначалникот Браун сака да го затвори паркот и да го продаде земјиштето. Ако паркот се затвори, тогаш мечето Јоги и Бу бу ќе останат без дом. Затоа тие ги здружуваат силите со ренџерот Смит и се борат за да го спасат Јелоустоун од затворање. Јоги навистина мора да се потруди околу оваа работа и да докаже дека е поумен од просечна мечка. Гласовите ги позајмуваат Ден Акројд и Џастин Тимберлејк.

„БУРЛЕСКА“ (BURLESQUE) Салонот „Бурлеска” ги остави своите најдобри денови зад себе. Тес, пензионирана танчерка и сопственичка на местото се мачи да го одржи стариот театар и се соочува со финансиски и уметнички предизвици. Еден бизнисмен бара да го купи местото од Тес, но се чини дека добрата среќа веќе одамна го има напуштено клубот. Во меѓувреме, животот на Али ќе се промени драматично. Таа е вработена како келнерка во барот и набрзо се вљубува во „Бурлеска”. Поддржана од неколку пријателки од барот таа си го исполнува својот сон да се најде на сцената на клубот. Работите стануваат уште подраматични кога Али со својот волшебен глас ќе стане главната атракција на сцена. Главните улоги ги толкуваат Шер и Кристина Агилера.

доверија и последното продолжение од серијалот за Хари Потер. Веќе е најавена 3Д верзија на филмот. Бидејќи Оскарите ни оддалеку не се мерило за квалитетот на филмовите, баш да видиме како „Хари Потер” ќе помине со своите 10 номинации! Ако мене ме прашате... „Реликвиите на смртта” е добар, гледлив и технички атрактивен филм, па ни останува да го почекаме големото финале до година. Знаете, животот е премногу краток за до бесконечност се биде Џејмс Бонд, па соодветно на тоа и Хари Потер.

„ТУРИСТ“ ( THE TOURIST) Италија ... Додека се обидува да го излекува своето скршено срце, американски турист (Џони Деп) е заменет за меѓународно баран човек, во моментот кога заводливата Анџелина Џоли ќе му се придружи на туристот во воз, со цел да ги прелаже нејзините гонители. Ова е нова верзија на францускиот филм „Ентони Зимер“ со Софи Марсо и Иван Aтал. Филмот е жанровска крими – романса во режија на Флориан Хенкел вон Донерсмарк, а играат Џони Деп и Анџелина Џоли.

81 LIFE Ј А Н У А Р И

Продуцентите се осмелија малку да ја поместат границата за родителски надзор внесувајќи елементи на еротичност, разголеност, колку и тоа да е пласирано со компјутерски сфумата и пеглања

„БОРЕЦОТ“ (THE FIGHTER) Борецот е драма за животот на еден боксер Мики Ворд кој станува шампион во лесна категорија. Него го поддржува неговиот полубрат Дики, боксер кој станува тренер по долги години заробеништво на дрогата и криминалот. Улоги: Мрак Валберг, Кристијан Бејл и Еми Адамс.


музика

СЛАДОК СЛАТКА ЈАЗИК МЕЛОДИЈА

ога размислувам за музиката на битолскиот состав Фолтин кој веќе петнаесетина години работи на домашната сцена, првото нешто што ми доаѓа на памет е зборот автентично. Потоа К доаѓаат: убаво, ритмично, музикално. Група составена од исклучително талентирани музичари,

82 LIFE Ј А Н У А Р И

нормални луѓе, кои ниту се срамат ниту се плашат музичкото наследство од ова поднебје да го вметнат во поп-културата. Тоа го прават на најдобар можен начин. За ангажманитe во последно време, за пријателството со Никола Коџабашија, за живите настапи и новите проекти разговаравме со Бранислав Николов и Пеце Трајковски.

Кога ве побарав за интервју пред неколку недели, ми рековте: "Во Скопје сме во театар работиме". Природно звучеше, Фолтин во театар... На што работите? Бранко: Да, морам да признаам дека и нам ни е многу природно кога сме во театар. Во моментов ја работиме 4-тата претстава со режисерот Мартин Кочовски, инаку затворање на трилогијата со претставата Баал од Бертолт Брехт. Претстави кои го обработуваат, ако сакате, претстави кои и ` го носат Брехт на нашата публика. Првите две претстави ги работевме во прилепскиот театар, со една млада екипа која беше многу податна за тој епски, брехтовски театар. Сега имаме млада екипа од една и професионално возрасна екипа од друга страна и веројатно процесот на работа многу ќе се разликува. Започнавме да работиме со студенти од Есра и студенти од ФДУ, работиме многу и мислам дека ќе добиеме продукт кој достојно ќе ги наследи претходните два.

За музиката за претставата „Бротче за кукли“ во режија на Александар Поповски, ја добивте наградата „Стеријно позорје“ за најдобра сценска музика. Како домашната публика да слушне за што се работи? Има ли шанси да ја добиеме таа музика на носач на звук? Бранко: Можам да ти да дадам да ја слушнеш (се смее). Во основа ние сме навистина строги кон себе кога станува збор за издавање албум како продукт, односно како идеја, ставена во рамка на едно наше продуктивно време што често се поврзува со сцени и концертни настапи. Значи ние нашата главна дејност - концертната ја поврзуваме со нашите албуми, а театарската дејност, условно кажано е нашата б-страна... Ние веројатно таа музика би ја пласирале на некаков трет начин но, тоа е работа со која што би требало да се занимаваат други...


Како луѓето од надвор реагираат на македонски тим? Имаме ли што да понудиме на културен план? Бранко: Се фаќаме за некои тези кои стојат на „климави” нозе и кои ја газат реалноста. Секое парче земја има да понуди нешто. Историски гледано, не многу далеку, Македонија немала некоја сцена која засенила се` во поранешна Југославија, на пример. Ние имаме продукти и мислам дека тоа треба да го прифаќаме нормално ,а не некако старо-македонски. Демек ние сме освојувачи на светот. Не, ние само треба да покажеме дека сме нормални луѓе, и нормално дека имаме таленти, имаме идеја и имаме ситуација - социјална, историска, културолошка и дека имаме што да кажеме. Имаме сладок јазик, на крајот на краиштата имаме слатка мелодија... Многу концерти на многу нови места. Гледано отстрана, изгледа дека секоја наредна година е се` позабавно и позабавно да се биде член на Фолтин. Грешам ли? Бранко: Ние сме група која што живее за концерти, но во последно време не свириме толку често во Македонија. Мала земја сме и луѓето цело време се жедни за

ново и ново. Да, забавно е, особено сега кога треба да работиме нешто ново. Тој процес трае веќе подолго време и се одолговлекува на сметка на театарот. Цело време нашето го ставаме на листа на чекање затоа што е наше и може да трпи... Како поминува времето доаѓаме до ситуација на немир, на мака... Но, мислам дека за брзо време ќе се изненадиме и себеси, а и на публиката ќе и ` дадеме нешто ново. Во моментов спремаме еден проект којшто е наменет да се свири во живо, и ќе биде едно монолитно интермецо. Нов концерт. Ќе имаме зошто да се појавиме пред оваа публика, а притоа да не се повторуваме. Ние цело време се трудиме да не се повторуваме, се реизмислуваме самите себе на секој следен концерт... Овој проект ќе биде освежување за нас.

Сакаме да свириме во живо, албумите за нас претставуваат нужно зло низ коешто мораме да поминеме

музика

¢ Александар Гавровски o Кире Галевски

Како поминувате на концертите вон Македонија. Наидувате ли на фидбек во местата што веќе сте ги посетиле? Пеце: Редок случај. Да свириме на исто место неколку пати... Загреб на пример. Свиревме три пати за релативно кратко време. Атмосферата се вжештуваше. Исто и во Софија каде што договоривме некој вид долгорочна соработка. Јас лично, подел-

Што мислите за овој бенд денес, кога имате изработено еден заеднички проект? Коџабашија: Би плаќал и членарина само за да работам повторно со Фолтин и Гоце Стевковски!

83

Како ги доживувавте Фолтин пред да ги запознаете? Како реагиравте на нивната музика како слушател? Коџабашија: Пред се` не би сакал да се изрезилам како ”фолтинолог” но аргументирано препознавам дека ФОЛТИН пее раскажувачка и универзална музика. Музика која во себе покрај магичен ритам, мелодија, хармонија и форма ја содржи и убедливоста на театарот и литературата, живописноста на приказните. Но, моето мислење е премногу лично, дури и пристрасно за да изведеме некоја дефиниција. Затоа само ќе кажам оти едвај чекам повторно да компонирам за нив или едноставно да правиме човечка музика заедно.

LIFE Ј А Н У А Р И

НИКОЛА КОЏАБАШИЈА, ОД ЛОНДОН ЗА LIFE МАГАЗИН:


музика

бата не би ја направил на места, туку на земји. Навистина често свириме во Словенија и нашите концерти таму се одлични. Дали е ова „вистинската“ постава на Фолтин. Се сложувате ли дека бендот треба да не се менува за да напредува? Пеце: Мислам дека оваа постава на Фолтин има некоја маса, некој свој звук. Овие пет луѓе. Тука е и Маријан Станиќ како наш шести член. Тој живее во Словенија и не е секогаш со нас... Имаме силна формација. Тоа е како брак, како фамилија. Многу време помина со менување постави. Често сме на искушение за нешто ново, нешто што би додало нов ветер во нашето немирно море... Новиот материјал насловен Penelope X е веќе готов. Се работи за колаборација со Коџабашија и Гоце Стефковски. Нешто повеќе... Пеце: Идејата беше на Никола Коџабашија. Коџабашија е носител на тој проект. Микс на теми што ги има направено тој со некои наши теми. Снимено е лани околу Нова година, десетина дена во студиото на Гоце. Покрај полниот состав на Фолтин, Коџабашија, Гоце Стевковски и Ребека се учесниците во проектот. Се` се случи многу брзо, спонтано... Бранко: Мала е земјата, сите се знаеме меѓу себе. И да не се познаваме, ние се знаеме. Немаме кај да бегаме. Се знаеме по делата. Со Гоце се знаевме од порано, во неговото студио го снимивме „Лолита“. Се среќаваме често, имаме слични погледи кон забавата и ноќниот живот. Со Коџабашија исто така. Со Коле, односно со "Зоки од Куманово" имавме некој фронтален судир. Се запознавме на негов концерт во Битола, се дружевме и некако спонтано се најави нашата соработка. Потоа на неколку наши концерти тој влетуваше како „летечки Холанѓанец“, мислам дека имавме три такви свирки. Тој доаѓаше и навистина расположен влегуваше во сетот. Брзо се засакавме. Сето тоа се случуваше многу природно. Најдовме заедничко време, знаевме дека го немаме многу на располагање... Интересно беше што тој доаѓаше со свиркање од дома, ја поставуваше свирката во некои рудиментарни линии... На лице место ги правевме аранжманите, на лице место пишувавме и нешто текст... Се создаде многу убав чин во таа колаборациона авторска музика. Бевме многу задоволни како ни оди оди тоа музичко-креативно дружење. Би си земал за слобода да потврдам дека тој проект ќе можете да го слушнете во февруари. Тоа би бил шести албум со името Фолтин на обвивката. Што мислите денес, кога ќе погледнете наназад кон сработените албуми? Бранко: Ние сме театарски луѓе и не сакаме баш да гледаме назад. Тоа за нас е таа непосакувана димензија. Ние сакаме да свириме во живо. Албумите, т.е. студиските снимки на некој начин, за нас претставуваат нужно зло низ коешто мораме да поминеме.

84 LIFE Ј А Н У А Р И

Кои се артистите од домашната сцена што ја прават нашата земја поубаво место за живеење? Бранко, Пеце: Ова е како рефрен што секогаш си го потпевнуваме: Љубојна, Bernays Propaganda и Bei The Fish. ¿

SLEEPWALKERS David Sylvian (samadhisound, 2010)

Sleepwalkers е најновата компилација на песни приредена од David Sylvian, еден од најголемите музичари на нашето време. Збирка на песни направени во оваа декада меѓу кои колаборацијата со Ричи Сакамото во извонредната World Citizen (I Won’t Be Disappointed), неколку песни од бравурозниот проект Nine Horses – Snow Born Sorrow, како и една нова песна, наречена Five Lines, колаборација со Даи Фуџикура. Всушност, компилација на песни направени со најблиските соработници на Силвијан: Жан-Филип Гордин (ReadymadeFC), Крис Врена (Tweaker), Бурнт Фридман, Стив Јансен, Кристијан Фенеш, Стина Нордестан... Иако се работи за колекција на песни, а не за нов албум, Sleepwalkers делува како една обмислена целина. Издание кое ќе ги привлече индиферентните и се разбира, ќе претставува задолжително четиво за дај-хард фановите. Шеснаесет композиции кои претставуваат пресек на работата на Силвијан од последнава декада, како и најава за идните чекори, т.е. мало запознавање на работата со младиот јапонски композитор Даи Фуџикура преку единствената нова песна на овој албум - Five Lines. Партнерството со Даи Фуџикура ќе можеме да го слушнеме кон средината на 2011 година. Sleepwalkers е албум којшто секој сериозен љубител на музиката би требало да го има во својата колекција. Широк спектар на различни музички дискурси: од импровизација до поп. Сето тоа со прекрасниот вокал на Силвијан кој ги пее сите тие фантастични стихови. Убаво како првиот снег. NICOTINE Nicotine (pmg recordings, 2010)

Nicotine е бенд составен од Сашо Митревски на бас гитара, гитара и вокали, Стефан Терпини на тапани и Милко Митровски (1975-2008) на гитара. Овој албум е снимен во далечната 2003 година и никогаш претходно не е издаден на носач на звук. По распадот на бендот Nicotine членовите тргнуваат по различни патишта: Сашо и Стефан ги оформуваат Millko (еден од најдобрите домашни инди-состави во моментов) и ги издаваат мини албумите Don’t Let Them Win и Changes. Милко Митровски, неколку недели пред да го напушти овој свет, под името Mr. Brown го издава одличниот истоимен соло албум за етикетата на ПМГ Рекордингс. Истата издавачка куќа застанува зад единствениот албум на Nicotine и како свое 51 издание го додава на својот каталог. 11 композиции со траење од четриесетина минути кои се изградени врз влијанијата на британската инди-музика и отпеани на англиски јазик. Неколку прекрасни песни конечно го здогледаа светлото на денот (Magic Box, Serious, You and I, For You…), а ние добивме уште еден добар македонски рокенрол албум. Вин – вин сценарио. THE BOOKS The Way Оut (temporary residence, 2010)

Сакате нов пристап во правењето музика? Сакате неконвенционална музика која не се срами да ве однесе во некои досега неистражени предели? Сакате експеримент, а сепак издржан музички продукт? Сакате музика која што не е на прва топка и од вас бара малку напор за да успеете да стигнете до поентата и конечно - до уживате во истата? Сакате артисти кои имаат моќ да ја издигнат музиката на едно ново еволуциско скалило? На крајот, дали можеби сакате сигурен, цврст доказ дека момчињата се посилни од девојчињaта? Тогаш, The Way Out на австралиското дуо The Books е вистинскиот албум за вас. Четвртиот по ред албум на The Books претставува еден од најквалитетните музички експерименти во последно време. Експеримент кој на крајот прераснува во ремек-дело. Едно од најдобрите изданија за 2010 година. Храбар албум за храбри слушатели.


Надсинхронизација Кога за првпат на нашите ТВ-станици (океј, А1 беа први) започнаа да се надсинхронизираат странски ТВ-серии, на мојата среќа и радост и ` немаше крај. Неколку причини. Тоа беше првпат во нашата историја да ја прошириме нашата продукција и храбро да тргнеме каде што ниеден Mакедонец не бил претходно. Од друга страна, овој наш прв чекор претставуваше и мамка за мене како личност - единствената причина што за првпат ме закова пред една евтина јужно-американска ТВ-сапуница. Јас и мојот телевизор. Секој ден, за време на ручекот. И да расчистиме: да не беше нашата интервенција до ден денес немаше да знам како тоа изгледа една просечна шпанска ТВ-сапуница. Не го паметам името на таа одредена серија, но од друга страна ги паметам сите ликови: пред се` бојата на нивните гласови и несофистицираните изговори на личните имиња. Хуан Пабло, големиот ранч, лошата полусестра и загрижените родители... Не знам дали го паметите првиот македонски надсинхронизиран ТВ-производ. Имаше две работи кои фасцинираа и се разбира зададоа ендемски елементи. Прво и основно, поставеноста на целокупниот звук задолжен за атмосферата (разни звуци: штикли, автомобил, удари на чаши, виљушки и сл.) и самиот „војс-овер” насниман од македонските актери. Крајниот резултат - катастрофален. Војс-оверот целосно го прекрива звукот на атмосферата, па додека го гледате крајниот производ имате некое чудно чувство како да се наоѓате во вакуум. Вториот македонски изум при надсинхронизирањето веројатно е едно од најкул нештата во историјата на ТВ- продукцијата. Имено: во серијата продефилируваат триесетина ликови, а за надсинхронизација, телевизиската куќа имаше обезбедено десетина домашни актери. Сето тоа придонесе да дојдеме до техниката наречена „затнат нос”. Еден ист актер, со едноставен потег - затнување на носот со прстите, произведува различна боја на гласот и притоа е задолжен за надсинхронизација на најмалку два лика од серијата. Едниот со, другиот без затнат нос. Оваа техника му овозможи на главниот домашен актер во таа серија Зоран Љутков да покрие три до четри лика во првиот македонски обид за надсинхронизирана ТВ-програма. Оттогаш поминаа две години и надсинхронизацијата на странски сапуници стана мошне популарна кај нас. Освен тоа и ТВ-Сител се приклучи кон играта и не се срами да придонесе во процесот. Кога последен пат проверив, работите стоеа поинаку. Ги нема двете претходно потенцирани ендемски особини. Нема затнат нос, и фала богу може да се слушне атмосферата во позадината. Сега веќе има етаблирани домашни актери кои работат на се` попопуларните кај

широките народни маси надсинхронизирани ТВ-сапуници. Популарноста оди далеку, дури и до тотално бесмислено давање автограми на актерската екипа по повод издавањето на преводот на книгата по која е напишана популарната ТВ-сапуница. Ќе се сложите дека овде нешто не е во ред. А, да ќе заборавев. Едно нешто успева да се наметне кај производите од овој тип и со тоа сепак „жанрот” да го задржи епитетот ендемски. Тоа дефинитивно би била несериозноста со која македонските актери влегуваат во процесот. Наместо ентузијазам и желба за врвен производ (огромната популарност би морала да биде поттик!), добиваме млитави, неубедливи читања на репликите кои во комбинација со лошо изговорените топоними и лични имиња често звучат комично. Што на некој начин е причина повеќе за уживање. Се` повеќе ваквиот дилетантски однос кон телевизијата навлегува во некои сфери во кои не би смеел да биде присутен. Извинете за ненадејниот пресврт, но се чувствувам повикан во последните неколку реда да ги посветам на една крајно сериозна тема. Фудбал Разочарувачки е што со секоја наредна фудбалска сезона работите изгледаат се поочајно. Да го тргнеме настрана фактот што ниту една домашна ТВ станица оваа сезона (по пауза од повеќе од десет години) не ја пренесува англиската Премиер лига и да ја земеме за пример високобуџетната Лига на шампиони и да го погледнеме нејзиниот развој кај нас. До пред неколку години МТВ беше бастионот на реализацијата на пригодната програма и коментирањето на преносите од ова натпреварување. Верувам се сеќавате како сето тоа изгледаше и како сите ние си викавме дека не може да биде полошо. Потоа Канал 5 ја презедоа работата во свои раце. Се` што добивме беа „Топките на Филе”, со ноншалантност во реализацијата на воведните разговори, без особена стручност и отсуство на сериозна анализа. Денес реализацијата на пропратната програма за време на натпреварите од Лигата на шампионите изгледа полошо од кога било. Сега веќе се работи исклучиво за шарлатански пристап на водителот Златко Андоновски (непотребен лош сарказам, неразбирливи досетки и навистина катастрофална гестикулација) помешано со бизарниот избор на по четири натпревари од секое коло за емитување на двата ТВ канали на 5ка. Едно тотално промашување, овојпат во област која е една од најпопуларните на глобално ниво. Тука се бара добра поткованост, стручност и издржана анализа која ќе го анимира гледачот триесетина минути пред почетокот на натпреварот. Наместо тоа, се враќаме се` поназад и поназад. Доживуваме целосен регрес со несериозноста и дилетантизмот во реализацијата на овој високобуџетен проект. Но, несериозноста и дилетантизмот се веројатно главните наши општествени проблеми. Како што стојат работите, најдобро би било Лигата на шампиони да се врати на МТВ. Калински, Михајлов, Сидор, Видевски... Се сеќавате? Ај, зошто да не...

тв-холичар

Во напливот на македонски ендемски ТВ-програми се чувствувам растргнат помеѓу сите тие прекрасни ТВ-емисии за коишто сакам да пишувам и соодносот време/простор - само една страна во месечникот „Life магазин”. Со други зборови: толку многу љубов, толку малку време.

¢ Александар Гавровски

85 LIFE Ј А Н У А Р И

ТОЛКУ МНОГУ ЉУБОВ, ТОЛКУ МАЛКУ ВРЕМЕ


антиквитети LIFE Ј А Н У А Р И

86

Шишиња тилитарните предмети изработени од човечката рака поседуваат индивидуалност, У аура, уметнички квалитет, додека машинските ни нудат само сериско производство. Колекционерите на шишиња во старите производи можат да ја најдат онаа карактеристика што ги прави денес посакувани. Примарно, едно старо шише има возраст. Повеќето од нив кои што ги среќаваме денес, биле направени пред воведување на автоматските машини. Реткоста и совршеноста на состојбата се важни атрибути за сите сфери на собирање. Законот за понуда и побарувачка расте доколку поизводите се поретки. Шишињата можат да се најдат во најразлични форми и бои. Од зборовите врежани врз стаклените шишиња можеме да пронајдеме информација за некоја личност, за место или за времето. Ова откритие на историските детали на колекционерите им дава чувство на поврзаност со шишето кое припаѓало на одредена личност или различноста на содржината која била во него. Повеќето колекционери се специјализираат за одреден вид. На пример: некои собираат само медицински шишиња, други, пак, шишиња за ликер итн. Шишињата биле изработувани од стакло, глина, пластика, алуминиум и други некорозивни материјали кои се употребуваат за не пропуштање на течност (вода, млеко, безалкохолни пијалаци, пиво, вино, масло, шампон, мастило и хемикалии). Појавата на шишињата е стара повеќе од илјада години и најстарите примероци ги среќаваме во Кина, антички Рим, Крит и Ирак. Феникијските примероци од 1.000 година п.н.е. ги употребувале за чување на парфеми. Честопати биле во темно сина и зелена боја и украсени со цик-цак мотиви. За нивно производство се употребувал дводелен калап. За време на владеењето на фараонот Тутмос во Египет, знаењето за производство на стакло од Месопотамија се пренело во новото кралство кај Теба. Најпознати примероци од тоа време се пронајдени во гробницата на Тутанкамон. Високо софистицирани, многу колорни шишиња се пронајдени во Помпеја и во Херкуланеум. Излиени во калап, служеле за одливањ на масло. Составот на стаклото е едноставен. Составено е од силикатен песок измешан со сода кој со качувањето на температурата стану-

¢ м-р Ангелина Јаневска ва течен и со додавањето на металниот оксид може да се обои. Кога ќе се растопи му се приоѓа со различни алатки. Античките Римјани го научиле производството на стакло и создавале примероци на релативно мали стаклени шишиња. Стаклените шишиња имаат голема улога низ историјата на виното, затоа што комбинирани со добриот квалитет на затката дозволувале долговремено стареење. Во 1872 година, британскиот произведувач на безалкохолни пијалаци го патентирал затворачот на шишиња од мермер. Набргу, по овој пронајдок, шишињата станале екстремно популарни во индустријата за пиво. Овој вид на затворачи се` уште се употребуваат во Јапонија и во Индија. Шишињата се произведувале околу 7.000 год. п.н.е. и биле направени од природна стаклена руда како што се: камениот кристал, ахатот или ониксот. Првото стаклено шише било произведено во 1.500 год. п.н.е., а првата индустрија за производство на стаклени шишиња била „родена“ во Америка во раните 1.600-те години. Тие шишиња биле со висока цена, бидејќи индустријата зависела од индивидуалните дувачи на стакло. Во 1903 год. раѓањето на маши-

ните за автоматско дување на стакло придонело за друг комодитет каков што го имаме денеска. Повеќето шишиња произведени во минатите 150 години биле произведувани со дување на стаклото во калап. Калапите биле од железо или од дрво. Главниот клуч за детерминирање на староста на шишето зависи од должината на вратот и големината на отворот. Повеќето шишиња од 19 век на базата имаат жиг кој ја индицира фабриката за нивно производство. Друг индикатор е бојата. Кај старите шишиња не се среќева црвена, зелена, жолта и розева боја. Најочигледен клуч за староста на шишињата е отворот. Генерално правило е дека по 1910 година се произведувале шишиња кои се затворале со завртка. Шишињата кои се затвораат со тапа имаат постар датум. Постојат два вида форми: бургунду и бордо. Бојата вообичаено им е темно зелена. Има неколку универзални фактори кои влијаат врз вредноста на шишињата како антиквитети и уметнички дела: состојбата; бојата (на пример шишињата со кобалтно - сина боја чинат сто пати повеќе од проѕирните); реткоста; побарувачката и квалитетот. Колекционерите на пазарот ги бараат оние примероци кои ги имаат горенаведените карактеристики. Вистинско прашање за колекционерите е: „Каде да најдат стари стаклени шишиња?“ Вообичаено место се аукциите, антиквитетните продавници, старите пазари итн., меѓутоа најдобар „лов“ е копањето т.е. откривањето на закопаните или шишињата од потонатите бродови. Шишињата за чување на мастило се најсобирани помеѓу колекционерите, особено ако се знае фактот дека по нивното испразнување, заради нивната големина и форма, ги чувале како украс. Тие биле атрактивни заради нивното сместување на работната маса, а во 18 и 19 век биле побарувани особено од повисоката класа. Најпопуларна дизајнирана форма од средината на 19 век е т.н. чадор форма (umbrella). Повеќето од овој вид шишиња за чување мастило се со светло сина боја. Некои од нив странично го имаат печатот на компанијата која го произведувала мастилото. Денес шишињата се произведуваат целосно автоматски, во голема количина. Тоа што се вреднува на пазарот за стари и антиквитетни парчиња се само рачно произведените шишиња.



книга

ПОДАРОК КНИГА ЗА ЧИТАТЕЛИТЕ НА LIFE Читателите кои се заинтересирани да добијат подарок книга, треба да испратат имејл на life.magazin@yahoo.com со предмет „подарок книга“, а во пораката да напишат за која книга се заинтересирани и да ги остават своите основни податоци (име, презиме и контакт телефон). Најбрзите шест читатели ќе добијат подарок! ПОДАРОК!

МОСКВА НА СОЛЗИТЕ НЕ ИМ ВЕРУВА Валентин Черних („Клуб Матица”)

¢ Тони Димков o Барбара Нигл-Радлоф

ЧИТАЊЕ БЕЗ ПРЕДРАСУДИ ХРВАТСКАТА ПИСАТЕЛКА СИБИЛА ПЕТЛЕВСКИ, КОЈА ИМА МАКЕДОНСКО ПОТЕКЛО ПО ТАТКОВАТА ЛИНИЈА, СО СВОЕТО НАЈНОВО ДЕЛО И ГО СВРТЕ ВНИМАНИЕТО НА ХРВАТСКАТА, НО И НА МАКЕДОНСКАТА КНИЖЕВНА ЈАВНОСТ еодамна во Македонија беше објавен романот „Време на лаги“ од трилогијата „Табу“ на Сибила Петлевски. Во издание на културната установа „Блесок“, покрај „Време на лаги“, во период од 2008 година до денес Н објавени се и романите „Ноќен тренинг“ (во 2008 г.) и „Мојот Антонио Диаволо“ (2010), и збирката одбрана поезија „Споени лица“ (2009). Писателката Сибила Петлевски е научник, авторка на поетски, прозни, театарско-теориски книги и драмски текстови, преведувачка, професорка, уредничка и перформерка, ќерка на Ордан Петлески, значаен македонски сликар кој што живееше во Загреб, каде што е родена и Сибила. Дипломирала, магистрирала и докторирала на Филозофскиот факултет на загрепскиот универзитет. Предава драматургија на Академијата за драмски уметности. Авторка е на пет томови научни и стручни книги, повеќе стихозбирки, три драми, пет романи. Покрај наградите што ги добивала во изминатите години, со нејзиниот нов роман „Време на лаги“ ја доби најпрестижната хрватска книжевна награда „Т-портал“ за 2010 година. Исклучително возбудливата трилогија „Табу“ им е „посветена на храбрите, на луѓето кои не прифаќаат да живеат во време на лаги и на луѓе кои не се плашат од слободата“. Тоа беше доволно силен предизвик да упатиме неколку прашања на адресата на Сибила Петлевски.

„Клуб Матица“ го подарува овој прекрасен роман на еден читател наLIFE магазин. ПОДАРОК!

НОЌЕН ТРЕНИНГ Сибила Петлевски („Блесок“) Одличниот роман на Сибила Петлевски, издавачката куќа „Блесок“ го подарува на пет читатели на LIFE! СПЕЦИЈАЛЕН ПОПУСТ! -20%

88

LIFE Ј А Н У А Р И

ПОДРУМИТЕ НА ВАТИКАН Андре Жид („Магор“) Романот на Андре Жид „Подрумите на Ватикан“, со кој Магор во 2010 година ја доби наградата „Ванѓа Чашуле“ за најдобар превод (преводод француски на Елисавета Поповска), овој месец, само за читателите на LIFE магазин, е со специјален попуст од 20%.

Кој беше поводот да се зафатите со пишување на ова обемно дело? Најголемиот број проблеми и крвави дебати со кои живееме, и кои до денешен ден не` сме ги апсолвирале, своето извориште го имаат во неразрешените територијални, верски, национални, социјално-политички и полови прашања на 20-иот век. Првиот роман „Време на лаги“ е приказна за војната, пријателството и предавството, татковината и емиграцијата, духот на нацијата и космополитизмот, уметноста и психоанализата, воздигнувањето на индивидуалната фантазија и тапоста на заведените маси. Во жанровска смисла, романот е хибрид на биографска и исповедна нарација, воена проза, возбудливи, автентични шпионски приказни и „романи за уметникот“ чија цел е да ја истражи историјата на едно самоубиство.

Пишувајќи ја трилогијата „Табу“, во чие средиште е ликот на Виктор Тауск, доктор-правник, клинички психијатар, психоаналитичар од првиот круг следбеници на Фројд, новинар, драматург, поет и активен протагонист на движењето на Модерната, добив можност да пишувам за психопатологијата на 20-иот век, и тоа, пред се`, на просторот на историското и културното наследство на Хабсбуршката монархија, кој за сите кои што живееме во Хрватска е особено интересен. Од почетокот на пишувањето на трилогијата чувствував потреба различните аспекти на можното водење на приказната, која ја нареков обид за психоанализа на дваесеттиот век, да ги разработам низ три различни ракурси и во средиштето на секој од трите романи да поставам по една доминантна, голема и до денес табуизирана тема. Секако, тоа


Покрај вашата обемна научна и публицистичка работа, кога станува збор за книжевните форми, што повеќе ви одговара за пишување - поезијата или прозата? Од што зависи изборот на формата за изразување? Не верувам во клишеа. Не верувам ниту во жанровски поделби. Тргнувам од силна идеја – во конкретниот пример со романот „Време на лаги“ и трилогијата во целост, тоа се прашањата поврзани со односот на индивидуата и масата, прашањата за остварување на слободата во околности во кои моторот на историјата се претвора во „машина за насочување на мислите“. Но, и сите мои книги со поезија се пишувани како концептуална целина. Сепак, тука има еден проблем: еднаш кога писателот ќе стекне одредена репутација, како поет, прозаист, драматичар, есеист, перформатор, тогаш може да се случи до смртта да остане во истата „фиока“. Таквото жанровски одредено профилирање на авторот функционира како

Доаѓате на Струшките вечери на поезијата, но во Скопје малку поретко. Кога ќе дојдете следниот пат и со каков повод? Дури три пати сум била на Струшките вечери на поезијата. Прв пат во далечната 1989 година, кога се` уште беше жив мојот исклучително драг и, дури и во уметничка смисла, близок пријател, поетот Анте Поповски, кој ја преведе мојата збирка поезија „Скок од место“ на македонски јазик. Потоа, во новиот милениум во Струга бев уште два пати. Сега се надевам на мое доаѓање во Скопје. Поводот ќе биде претставувањето на новите изданија на моите романи „Мојот Антонио Диаволо“ и „Време на лаги“, кои бравурозно ги преведе Игор Исаковски и ги објави во издавачката куќа „Блесок“. За кратко време четири ваши книги се преведени на македонски јазик. Што лично ви значи тоа, знаејќи дека живеете во Загреб, Хрватска, но вашето потекло има македонски корени? Дури кога по пошта ги добив македонските изданија на своите книги станав свесна дека имам голема привилегија, која во животот на писателот не се случува толку често. Сега можам да ги следам реакциите за тоа што го пишувам и речиси веднаш да видам како реагира хрватската, а како македонската публика на материјалот, кој и за мене како писател се` уште е свеж. Тоа особено важи за првиот дел од трилогијата „Табу“, бидејќи и понатаму во хрватските весници излегуваат осврти за наградениот роман „Време на лаги“. Прв пат имам чувство дека сум интегрирана во двете културни средини и тоа неизмерно многу ми значи. ¿

(„ИКОНА”)

Ремек-делото „Хобит” од Џ.Р.Р. Толкин со новото издание на „Икона” го доби својот превод на македонски јазик. Станува збор за првото дело на Толкин и една од највлијателните книги на нашата генерација. Полна со фантазија и возбудливи авантури, фантастични ликови и поезија, „Хобит” е вистински вовед во „Дружината на прстенот”. Книгата ја преведе Вања Димитриевски, додека автор на илустрациите, специјално подготвени за македонското издание е Михајло Димитриевски.

книга

ХОБИТ Џ.Р.Р. Толкин

КАТАЛИЗАТОР 33 Ирена Јорданова („ИЛИ-ИЛИ”)

Романот „Катализатор 33” од Ирена Јорданова, во издание на „Или-или”, е потврда дека младата генерација писатели бескомпромисно ги испишува новите стории кои се случуваат во сегашното време. По одличниот деби-роман „Помеѓу” (2008), кој влезе во најтесниот круг за „Роман на годината” на „Утрински весник”, Јорданова повторно создаде непредвидливо и моќно книжевно дело со кое прецизно и тензично ги сецира мислите кои скитаат низ лавиринтите на женскиот ум.

ЕНЦИКЛОПЕДИЈА НА МРТВИТЕ Данило Киш („ТРИ”)

Девет исклучителни приказни ја сочинуваат сложената структура на оваа книга, формирајќи лавиринт од двете вечни теми: љубовта и смртта. „Енциклопедија на мртвите” е ремек-дело со кое Данило Киш ја достигна својата светска слава како еден од најоригиналните автори на постмодернизмот. Секој од деветте раскази е засебен микрокосмос во кој авторот се обидува да извлече смисла од апсурдот на живеењето, исполнето со страдање, насилство и осаменост.

LIFE Ј А Н У А Р И

Имајќи предвид дека секое време носи некои свои лаги, каде (или кај кои луѓе) ја пронаоѓате храброста и бескомпромисноста во животот во актуелниот миг на човековата цивилизација? Мислам дека во „времето на лаги“ во кое што денес живееме повеќе не можеме да си го дозволиме луксузот на создавање уметност која е без страст. Ние повторно живееме во време на криза, на работ на амбисот меѓу две епохи, во околности на финансиска и духовна рецесија обележена со борбата за голо преживување и на телото и на духот, во време на префрлување на одговорноста, на цензура и автоцензура и на медиска манипулација, чија цел е да се сврти вниманието на јавноста од сите значајни проблеми во општеството. Затоа, мојата цел е да покажам дека можевме нешто да научиме од минатото, но, ние – едноставно не сме станале попаметни и многу табу-теми од почетокот на дваесеттиот век и денес се табуизирани, премолчени, свесно прикриени, и тоа во целиот спектар почнувајќи од површното сфаќање на демократијата и идеолошката заведеност на масите, што за мене е најважната тема, преку дволичноста во однос на верата и нацијата, хипокризијата во однос на темата за самоубиството, односно евтаназијата, се` до денес се` уште неапсолвираните родови и полови прашања.

онаа ознака со името и бројот кои се ставаат на ногата на мртовецот. На тој начин критичарите се обидуваат да си ја олеснат работата. Убивањето на се` уште живите автори е последица на инерцијата на мозоците на професионалните арбитри на книжевната елеганција. И јас лично, како и многу од моите колеги кои исклучително ги почитувам, сум го доживеала она што се нарекува „читање со предрасуди“. Однапред се знае кој како пишува, па може да се донесуваат судови за новите дела на „авторите кои ги познаваме како сопствениот џеб“ со истата ароганција и неподнослива леснотија на просудување со која, хипотетички кажано, некој театарски критичар би можел да напише критика за претстава која никогаш не ја гледал. Да не се залажуваме, секој професионален писател мора да знае да пишува во повеќе регистри. Во основа станува збор за занает. Понатаму е работа на избор. Исклучиво право на писателот е да избере дали сака својата писателска авантура да ја ограничи во одреден жанр или, пак, ќе ја прошири со веќе освоените жанровски и стилски граници. Тоа во голема мера зависи и од темпераментот на писателот и од неговите афинитети за истражување.

89

ми ја отвори можноста за испробување на различни жанровски формули, кои, со оглед на целината на трилогијата „Табу“, прво се воспоставуваат како посебни опции на биографскиот, воениот, шпионскиот роман, романот за растењето, Кунстлерроманот, еротскиот роман, исповедниот роман, псевдоавтобиографијата, научната фантастика, а на крајот и њуејџ и метафизичката фикција.


театар

¢ Игор Ивковиќ

o Кире Галевски

ИНТЕРВЈУ СО ВАСИЛ ХРИСТОВ – ВУСИ

НИКОЈ НЕМА ДА МЕ ПРИНУДИ ДА ЗАМОЛЧАМ


жисерот Васил Христов, кој неодамна во МНТ ја имаше премиерата на претставата „Темпирана опера”. Според него, театарот во Македонија едвај преживува со како што вели историски најниските финансии во театарската дејност кои ги дава Министерството за култура. За МНТ, во кој тој направи две претстави, смета дека „не смее да смрди на нафталин“, односно не би требало да има т.н. „железен репертоар“.

Насилство, перверзија, низок морал, криминал, корумпираност, нечовечност, но и љубов се темите кои и овој пат ги обработувате во најновата Ваша претстава „Темпирана опера“. Навистина ли верувате дека Македонија се` уште живее во овој „филм“? Нема што да верувам, реалноста зборува сама за себе. Поточно мислам дека нивото на наброените антивредности никогаш не било повисоко. Сепак, за наша среќа, како што спомнавте, се` уште постои љубов.

Во претставата „Темпирана опера“ водството го дадовте на млади актери. Колку сте задоволни од нивната работа? Ова го прашувам зашто во оваа претстава од нив се бараа точни и прецизни мизансценски решенија, кои навистина бараа физичка но и психичка подготвеност? Во „Темпирана опера“ станува збор за неочекуваната љубов која се раѓа помеѓу двајца социопати, шеснаесетгодишната Алекс и дваесетгодишниот Мек. Улогите ги играат прекрасната Јелена Јованова и волшебниот Сашко Коцев.

театар

ивееме во време исполнето со антивредности, кои не се типични само за макеЖ донски услови, туку за целиот свет, смета ре-

НИНА ГАЧИЌ И САШКО КОЦЕВ ВО „ТЕМПИРАНА ОПЕРА“

Би сакал да имаме еден театар во кој ќе се поставуваат само класиците, друг во кој ќе се истражуваат македонските автори, и неколку кои ќе ја обработуваат модерната светска драматургија... Но, реалноста е друга.

Сепак, има и љубов во сите овие аморални дејанија, особено потенцирани во „Темпирана опера“... Верувате дека таа „секогаш победува“? Јас не знам дали таа победува но верувам дека е најбитна. Веднаш можете да ги препознаете луѓето околу нас кои ја немаат, тие се оние кои бескрупулозно газат преку трупови за да дојдат до власт или пари.

Јас сум воодушевен од соработката со нив, но исто толку и од соработката со сите останати актери: Емил Рубен, Кирил Коруновски, Драгана Босниќ, Гораст Цветковски, Александар Микиќ, Игор Стојчевски, Марија Новак, Драгана Костадиновска, Арна Шијак, Софиа Насевска, Соња Стамболџиоска, Атанас Атанасовски, Кристијан Светиев и Нина Гачиќ. Мислам дека сите дадоа се` од себе во процесот за да би дошле до овој резултат од кој сум презадоволен. Според критиките за оваа претстава кои имавме можност да ги прочитаме во изминатите неколку дена, „Темпирана опера“ е претстава која не треба да биде дел од репертоарот на МНТ. Се согласувате ли со овие ставови? Морам да признаам дека не сум запознаен со овие “критики“, но не сум ни изненаден. За жал кај нас некои новинарчиња кои не можат или не се способни да влезат во посериозните редакции или пак се исфрустрирани типови чија животна желба да творат во театар не е остварена, си земаат за право да се самопрогласат за театарски критичари. Се разбира, тоа е дел од провинцијализмот и менталната валканост на преовладувачкиот турбо-фолкерски менталитет. Лично, никогаш не чувствувам потреба да спорам со небитни луѓе во мојот живот. Но кога некој неписмен од богзнае кои причини ќе се

91 LIFE Ј А Н У А Р И

Како и претходната ваша претстава работена исто така во МНТ, „Мара/Сад“ така и во „Темпирана опера“ ги загатнувате општествено – социјалните, но и политичките прилики на живеењето во денешницата. Колку тие се само локални (македонски) или глобални? Македонија а со неа и Македонците наспроти нечие мислење не се отцепен остров, не се центар на светот, ниту папок, ниту слепо црево. Тие се органски дел од модерната западна цивилизација. Проблемите на современото општество се присутни секаде. Но, во земјите во транзиција, особено во земјите со тенденција на владејачка политичка диктатура тие стануваат се` поголеми, посеопфатни и погрозни. Во земјите каде што полицијата е главното министерство, или каде што Министерството за култура му служи на владејачкиот режим не може да очекувате прогрес, љубов и разбирање.


театар

САШКО КОЦЕВ ВО „ТЕМПИРАНА ОПЕРА“

ИНТИМЕН ПРИСТАП

92 LIFE Ј А Н У А Р И

Мултимедијалниот проект „Alice, What Else Is Out There“ на Велимир Жерновски е комбинација на медиуми со која авторот ги спротивставува статичниот цртеж со филмот и видеото, ги помешува текстуалното со визуелното и интимното со глобалното. Интимниот пристап на Жерновски содржи сериозен критички став кон ширењето на социјалната нетолеранција. Изложбата во Музејот на современата уметност е реализација на наградата која авторот ја доби на 8. Биенале на млади уметници во 2009 г.

осмели да го прокоментира моето дело притоа трудејќи се тоа да има форма на „театарска критика“ се сметам за прозван и на тоа одговарам. Театарот е медиум кој е моментален. Не постои никаков запис ни видео-снимка која може да го долови моментот кој се случува во салата. Зад претставата остануваат само сеќавањата, а во историјата само пишаниот збор. И кога тој збор е тенденциозно напишан, се случува силување на реалноста. Сликовито кажано, пред некоја година во МНТ се случи претстава “Мара/Сад“ која несомнено беше на самиот врв на целокупната дејност на овој театар, а особено на оваа генерација актери. Но, наспроти сеопштото мислење од причини кои само ним им се јасни некои анонимуси потпишани како А. Бошковска и Д.Стојановиќ (не се извинувам ни доколку им ги погрешив презимињата) објавија тенденциозно плукачки текстови на исто ниво како што го прават партиските портпароли. Не знаејќи каде попрво да удрат - удрија по се` што не треба. Затоа веќе никој нема да ме принуди да замолчам. Јасно и гласно ќе се спротиставам на сечие наменско невкусно плукање по медиуми. Што се однесува до прашањето дали „Темпирана опера“ треба да биде на репертоарот на МНТ мислам дека е имбецилно. Во Скопје постојат САМО два театра за возрасни на македонски јазик: МНТ и Драмски. Тие и двата се финасирани од Министерството за култура и тоа со буџети кои во историјата на македонскиот театар никогаш не биле помали. Буџети со кои објективно можете да направите аматерска дуодрама. Во тој контекст, секој од нас професионалците, би сакал да имаме еден театар во кој ќе се поставуваат само класиците, друг во кој ќе се истражуваат македонските автори, и неколку кои ќе ја обработуваат модерната светска драматургија. Но, реалноста е друга. Затоа во Драмски се поставува „Хамлет“, а во МНТ „Темпирана опера“. Што мислите, Вие лично, за репертоарската политиката која се води во МНТ? Колку е таа ква-

литетна и дали кореспондира со значењето кое го носи оваа најголема театарска институција? Како што веќе спомнав во одговорот на претходното прашање, институцијата е онолку голема колку што и се финансиските можности. Може таа да биде големо име, но не можете да очекувате дека може да носи репертоар на големи претстави доколку нема буџет за нив. Во „Темпирана опера“ играат шеснаесет актери. Пресметајте само колку чинат чевлите за секој од нив, па ќе ви стане јасно за што зборувам. Отсекогаш сум тврдел дека политичарите не смеат паушално да ги одредуваат буџетите за проектите. Доколку на Владата и на Министерството за култура им е битно да имаат национална институција која ќе биде во чекор со европските театри тогаш треба да издвојат адекватен буџет за неа. Друго прашање е тоа што јас не верувам дека МНТ како институција треба да има „железен“ репертоар како милуваат некои да го наречат. МНТ не смее да смрди на нафталин. Јас би преферирал МНТ да биде како што е ЈДП, а не Народно позориште од Белград. Но тоа е веќе прашање на мој вкус. По очигледно напорната работа, особено во последниот месец од 2010г., дали ќе се релаксирате некаде за Нова година? Не се оптоварувам премногу, од причина што неодамна (на 27 декември) ми се случи уште една претстава „Класен непријател“ од Најџел Вилијамс што ја работев во Wonderland Theatre. Овој театар веќе громогласно се етаблираше со фантастичната „Брод за кукли“ на Нела Витошевиќ и сега со новата претстава се очекува да го продолжиме тој успех. Затоа мислам дека оваа премиера ќе ми биде најмилиот подарок од Дедо Мраз за „Нова година“. Што сакате да Ви се исполни во новата 2011 година на професионално поле? Се надевам дека конечно ќе се случи премиерата на долгоочекуваниот филм „Еј!“. ¿

ФАЌАЊЕ НА МОМЕНТОТ Стар аналоген, но функционален, фотоапарат, неколку вистински пријатели и многу чувство за „фаќање на моментот“ се составните елементи на рецептот за креирање на изложбата „Лица и места“. Визуелниот уметник Матеј Богдановски, кој во последниов период влезе во турбо-креативна фаза, создаде фотографии со кои ги претстави лицата на своите пријатели, амбиентот на повеќе негови омилени места и чувствата кои сакал да ги зачува и да ги врами. Субјективниот пристап во уметничката работа секогаш дава резултати полни со емоција.

ЛИКОВНИ ПРИКАЗНИ Во Отвореното графичко студио (Музеј на Град Скопје), со својот најнов сликарски опус од дваесетина ликовни приказни, насловен како „Визуелизација на моментот“, се претстави ликовната уметница Христина Зафировска. Изложбата ќе можете да ја посетите до 10-ти јануари.


галерија

¢ Тони Димков

o Ивана Кузмановска o Самир Љума

МОМЕНТИ ОД ЖИВОТОТ

барам дозвола за фотографирање. Сфатив дека се чувствува поголема блискост меѓу гледачот и субјектот на фотографијата кога субјектот е свесен дека е фотографиран. Тогаш некако (барем јас) чувствувам поголема блискост“, објасни Љума. Како резултат на неговата активност во аматерскиот театар во Тетово и, воопшто, љубовта кон театарот, се појави соработката со МОБ и изложбата на фотографии за Мајските оперски вечери во 2009 година. Благодарение на неговиот духовен татко го засакал и џезот. Своите фотографии досега ги изложувал во Полска, Швајцарија, Кина, Србија, Хрватска, Албанија и Словенија. Според него, изборот на мотивот често зависи од локацијата и од темата, но најмногу зависи од психолошката состојба на фотографот во дадениот момент.

„Мислам дека не постои поделба на добра и лоша фотографија. Секоја фотографија, според мене, е добра фотографија. Но, има фотографии кои ни го задржуваат вниманието и ни раскажуваат приказни кои остануваат во нашето сеќавање и фотографии кои не би ги погледнале повторно“. Со оглед на тоа што е студент на Факултетот за драмски уметности при Тетовскиот државен универзитет, на отсек – камера, во последно време повеќе внимание посветува на движечката фотографија. Претходно беше задолжен за фотографијата во проектот „Уметноста е насекаде“. Беше фотограф и на новиот игран филм „Панкот не е мртов“ на Владимир Блажевски. Во изминатиов период се подготвуваше за годишната изложба на фотоклубот „Чкрап“ од Тетово.

93

Карактерот на фотографот некогаш може да се препознае низ неговите фотографии. Искрен, отворен, спонтан – таков е Самир Љума. Спонтано се појавил и неговиот интерес за фотографијата. „Од фотоалбумите на дедо ми“, открива Љума. Со порив да го открие своето минато почнал да ги документира моментите кои него го опкружуваат. „Во фотографијата како уметност ме вовлече мојот духовен татко, Драги Неделчевски, кој е мојот најголем критичар и неисцрпна енциклопедија за се` што е поврзано со фотографијата. Постојат повеќе области кои ме интересираат и сите се некако поврзани со моето минато. Почнав со документарна фотографија и го документирав секојдневјето, крадев моменти од улица - ги фотографирав луѓето. Но, подоцна решив да им приоѓам и од нив да

LIFE Ј А Н У А Р И

ЖЕЛБАТА ЗА ДОКУМЕНТИРАЊЕ НА СЕКОЈДНЕВНИТЕ МОМЕНТИ ОД ЖИВОТОТ СТАНА ПРИЧИНА САМИР ЉУМА ДА ПОЧНЕ МНОГУ СЕРИОЗНО ДА СЕ ЗАНИМАВА СО ФОТО-УМЕТНОСТА


галерија

Студиото за дизајн „Апарату“ заедно со дизајнерот Аlex Тrochut стои зад оваа серија керамички дела инспирирана од скејтборд културата.

ГАЛЕРИЈА Францускиот сртит-артист Лудо предизвика внимание со ова потсмевање со кампањите на компанијата „Бенетон“.

94 LIFE Ј А Н У А Р И

Каучот на надувување е производ на дизајнерското дуо „Малафор“. Покрај тоа што изгледа прекрасно, лесно е пренослив и се состои од транспортни хартиени кеси кои лесно би се замениле по потреба.

„Типодариум“ е типографски календар со 365 различни фонтови за секојдневна инспирација. Вистински подарок за секој дизајнер.ƀ


галерија Секогаш иновативниот австриски графички дизајнер Штефан Загмајстер минатиот месец беше актуелен со редизајнот на сајтот за неговото студио. Во новиот изглед буквално е вградено студиото, односно преносот од вебкам, кој дваесет и четири часа на ден ја снима просторијата одозгора. Линковите за навигација се всушност лепенки кои се физички залепени на самиот под.

Со цел да го разубават ритаулот на фрлање ѓубре, креативците од агенцијата wieden + kennedy ги дизајнираа овие кеси за отпа-

доци за лондонската компанија SUCK UK. Доаѓаат во две варијанти: „Златна рипка“ и „Божиќен пудинг“.

Адвертајзинг агенцијата NEOGAMA од Бразил за потребите на Асоцијацијата за созадавање свесност кај пушачите, го креираше овој одличен оглас. Слоганот е едноставен: „Пушењето е замка. Откажете се денес!“

95 LIFE Ј А Н У А Р И

¢ Златко Пармаковски


календар

07 јануари

својата традиција и за време на карневалот не ја пропуштаат можноста да ја избркаат старата година со маски кои иронично и цинично ги претставуваат личностите и настаните кои ја обележале годината.

Соборен храм БОЖИК – СЛАВА Концертот „Божик – слава“ посветен на Христовото раѓање добива убава традиција. Женскиот хор „Света Злата Мегленска“ е формиран при Македонската православна црква под диригентско водство на Летка Димовска-Полизова. Хорот постои веќе 15 години, а пет години го одржува концертот „Божик слава“. Во својата програма негува духовна православна и традиционална музика. V 7.1., 19 ч.

15-31

претставите „Сомнително лице“, „Сребрена свадба“, „Суд“, „Г-ѓа Министерка“ и „Тупаница полна љубов“. V 15.1., 20 ч. „Немој ти мене Фауст!“ во режија на Срѓан Јаниќијевиќ V 18.1., 20 ч. „Така било пишано“, по текст на Сашко Насев, во режија на Синиша Евтимов V 21.1., 20 ч. „Темпирана опера“ по текст и режија на Васил Христов V 31.1., 20 ч. „Тупаница полна љубов“, по текст на Дејан Дуковски, во режија на Синди Лопичиќ

20 јануари

јануари Македонска филхармонија Македонски народен театар Македонскиот народен театар со полна снага влегува во 2011 година. Покрај трите премиерни претстави, чија праизведба се случи во декември 2010 година, на репертоарот се поставени и

13-14 јануари

96

LIFE Ј А Н У А Р И

Вевчани ВЕВЧАНСКИ КАРНЕВАЛ Вевчанскиот карневал е една од најавтентичните манифестации која се одржува во Македонија. Станува збор за прослава на празникот Свети Василиј (Василица), односно Стара нова година, на традиционален начин кој егзистира повеќе од 14 векови. Вевчанците се многу горди на

Првиот концерт на Македонска филхармонија во 2011 година според програмата ветува интересен звук. Покрај делото од младата македонска композиторка Дарија Андовска, ќе бидат изведени и композиции од Вила-Лобос, Итуралде и Рахманинов. V 20.1., 20 ч. Симфониски концерт, диригент – Саша НиколовскиЃумар, солист – Нинослав Димов (саксофон)

22 јануари

СКАЗИ Промотерите „Дигитал денс“ го најавија настапот на израелските психоделик-транс артисти „Скази“. Како дуо, и како диџеј-артисти, „Скази“ се редовни гости на македонските подиуми. Трансзабавите секогаш се можност за излет во виртуелниот пси-свет. V 22.1., 23 ч.

26 јануари

Драмски театар Редовниот репертоар на Драмски театар во новата година почнува на 8 јануари со претставата „Норвешка денес“ во режија на Оливер Мицевски. Покрај другите претстави на репертоарот, за јануари „Life“ ви препорачува да ја погледате претставата „Александар“. V 26.1., 20 ч. „Александар“ во режија на Љубиша Георгиевски


календар јануари

јануари

Музеј на Македонија

Книжарница „Три“

Покрај постојаните поставки во текот на јануари 2011 година во Музејот на Македонија ќе може да се видат и изложбите „Археологија – 2010“, која содржи археолошки наоди од Македонија пронајдени во текот на 2010 година, изложбата на цртежи „Велешка куќа“ на авторот д-р Петар Намичев, и „Хрватски Божик“, со која се претставени обичаите, верувањата и надежта на хрватскиот народ поврзани со Божикните празници.

Во издавачкиот центар „Три“ до 20 јануари ќе трае Зимскиот саем на книга. Организиран со мото „Пронајди ја твојата зимска приказна“ книжарницата овозможува секој читател да може да го пронајде своето омилено четиво со намалена цена.

јануари

Кино Рамстор

Културно-информативен центар Во изложбениот салон „Империјал 2“ на Културноинформативниот центар во Скопје, во соработка со асоцијацијата за уметност „Арт-фактор“, поставена е изложбата со наслов „Црвени утра“. Во изложбата учествуваат ликовните уметници Сергеј Андреевски, Емилија Божиновска, Кристина Божурска, Тони Васиќ, Сергеј Дамовски, Симонида Филипова Китановска, Милош Коџоман, Мирослав Масин, Сашо Поповски, Христијан Санев, Дита Старова, Мирослава Микица Трујкановиќ, Филип Фидановски, Симон Шемов и Емил Шулајковски. Изложбата ќе биде отворена до 15 јануари 2011 година.

Сала 1: V 11 ч. „Пинокио“ – цртан филм (синхронизиран на Македонски јазик) V 13.00, 16.00, 19.00, 22.00 ч. „Хари Потер и даровите на смртта“ режија: Дејвид Јеитс; улоги: Даниел Радклиф, Ема Вотсон, Руперт Гринт Сала 2: V 10:30 ч. „Титаник“ – цртан филм (синхронизиран на Македонски јазик) V 12.00, 14.00 ч. „Миленичиња - кодот на Марко Поло“ V 16.00, 18.00 ч. „Жената со скршен нос“ режија: Срѓан Кољевиќ; улоги: Аница Добра, Небојша Глоговац, Бранка Катиќ

97 LIFE Ј А Н У А Р И

јануари


траги низ времето

ЖЕЛЕЗНИЧКИ СТАНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА

БИСЕРИ ПОКРАЈ ПРУГАТА

АРХИТЕКТОТ ВЛАДИМИР ПЕТКОВ ОТВОРА ПОВЕЌЕ ТЕМИ ПОВРЗАНИ СО СЈАЈОТ НА СТАРИТЕ ЖЕЛЕЗНИЧКИ СТАНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА И ПОТРЕБАТА ОД ОСНОВАЊЕ ТЕХНИЧКИ МУЗЕЈ ВО КОЈ ЌЕ СЕ СМЕСТАТ ДОКУМЕНТИ ОД ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНСКАТА ЖЕЛЕЗНИЦА

¢ Тони Димков

o Ивана Кузмановска o архива на Владимир Петков

98

LIFE Ј А Н У А Р И

ногумина се` уште воздивнуваат кога ќе поминат покрај преполовениот објект на старата железничка станица во Скопје. Пред М земјотресот во 1963 година, станицата беше еден од најубавите објекти од тој тип на Балканот. Сепак, скопската станица е само еден од низата архитектонски бисери кои се нижеле покрај железничките колосеци. Железничките станици изградени кон крајот на 19-тиот и почетокот на 20-тиот век биле најубавите објекти во тој период во Македонија. Тогаш пругата била единствената брза комуникација. Претходно имало само запрежни коли и камили. Откако се појавила железницата, времето на патување многу се скратувало. Модерните аспекти во транспортот условиле железничките станици да се градат како големи модерни објекти. Околу станиците биле градени и придружни објекти кои биле магацини, но го имале истиот колоритен стил со многу архитектонска пластика како главната станица.

Првата јавна железница во Македонија е воспоставена на 9 август 1873 година на релацијата помеѓу Скопје и Солун. Скопската станица е првата железничка станица во Македонија. Истовремено се правела и Солунската станица за да може да се постави железничкиот правец. На истиот правец се наоѓале и станиците во Градско и во Гевгелија. Гледано од денешен аспект, голем број од трагите низ времето поврзани со железничките станици низ Македонија веќе се загубени. Изворните податоци за објектите и нивните градители, придружните објекти, бројот и должината на колосеците, изгледот и типот на локомотивите и вагоните, можат да се најдат во странските музеи или кај пасионирани колекционери. Фактот што во Македонија нема железнички или технички музеј ни го нагласи Владимир Петков. Неговиот дом во Тафталиџе е претворен во мал архив во обид да сочува барем дел од железничкото наследство. Фотографии, скици и разгледници, домашни и од странство, се главните носачи на инфор-


ПРВАТА ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА „СКОПЈЕ“

ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА ВО СКОПЈЕ ПРЕД ЗЕМЈОТРЕСОТ

LIFE Ј А Н У А Р И

Со поврзувањето на Скопје со Солун во 1873 година била изградена првата железничка станица Скопје-Ускуб. Скопската станица е градена по ист план и изглед како и Солунската, но била поголема со едно крило. Станицата имала седум ранжирни колосеци и посебен товарен колосек во двата огромни магацини за роба, свртница, ложилница - работилница со шест колосеци и резервоар за вода за напојување на локомотивите. Податоци за инженерот на првата скопска станица не се пронајдени, но во тоа време Барон Мориц фон Хирш, кој бил концесионер на целата траса, ја изнајмил италијанската инженерска компанија „Хенри Бариола“, па најверојатно плановите се од таа фирма. Следната година била изградена и железничката

станица „Вардар“ која го поврзувала Скопје со Митровица. Двете станици биле под владеење на две експлоатациони компании кои се договориле станицата „Скопје“ да стане главна-општа, а станицата „Вардар“ да биде помошна-товарна. На истото место на станицата „Скопје“ во 1937 година архитектотурбанист и градоначалник на Скопје, Јосиф Михајловиќ – Јурукоски, почнал со градба на нова железничка станица. Со пуштањето во употреба на 01 декември 1941 година, градбата станува една од најубавите железнички станици на Балканот, со огромен хол и подземни премини кон пероните се` до катастрофалниот земјотрес во 1963 година. Третата станица во Скопје е изградена по плановите на јапонскиот архитект Кензо Танге и свечено била пуштена на 27 јули 1981 година во 12.32 часот со свиреж на првиот воз од истата.

99

ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА-СКОПЈЕ

траги низ времето

цата во Македонија мациите поврзани со била под назив железницата кои тој ги Македонска железприсобрал и ги сочувал. ница. Железницата „Железничките стаимала значајна улога ници се еден дел од во тоа време бидејќи мојата вокација – арОтоманското царство хитектурата. Како арпостојано барало хитект се заинтереизлез кон Запад, а сирав за објектите на тогаш најбрзото прежелезничките станивозно средство биле ци, додека мојата поврвозовите. „Македонија заност со возовите посбила убав премин тои уште од детството кон Европа уште во затоа што мајка ми ратоа време“, нагласи ботеше во железница. Петков. Оттаму уште како деПокрај скопската те ги засакав возовите и солунската станица, и железничките станизначајни биле железци. Подоцна во животот ЛЕГЕНДАРНИОТ ВОЗ „СИМПЛОН ОРИЕНТ-ЕКСПРЕС“ ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ ОД 1963 ГОДИНА НА СТАНИЦАТА ВО СКОПЈЕ ничките станици во историјата на железниГрадско и во Гевгелија. ците ми стана и хоби и пасија. Притоа сфатив дека кај нас нема технички музеј. Сите соседни држа- Станицата во Велес била изградена малку подоцна. Западниот крак од ви, дури и Косово, имаат музеј на железницата. Македонија остана единстве- Градско преку Прилеп водел кон Битола, додека источниот правец го ната држава на Балканот и во Европа, која нема таков музеј. Кога една држа- сочинувале станиците во Штип и Кочани. Железничка станица била изградена и во Делчево, но железничката пруга до денешен ден не е ва нема соодветна институција во одредена област, тогаш податоците стојат стигната дотаму. На релацијата од Ханриево (Ѓорче Петров) до Охрид расфрлани по луѓе, по тавани, по подруми, лесно се губат, исчезнуваат. Така преку Тетово, Гостивар и Кичево уште во 1916 година била изградена побегнува историјата. пруга, но станува збор за теснолинејка наречена „пампур“ или „чајниче“. Кога почнав да барам податоци за историјата на железницата, Од појавата на железницата со текот на времето станиците станале отидов во Железница, во Архив, во националните музеите и сфатив дека збиралиште околу кои се собирало населението. Најкарактеристичен никаде нема такви податоци. Така почнав да ги собирам податоците од е примерот со Градско, каде што прво била изградена станицата, а луѓе, пријатели, да барам по подруми. Пронаоѓав буквално распаднати фотографии. Потоа почнав да барам низ Европа. Последната пратка што потоа се формирало гратчето. Сличен е примерот и со Скопје. Кога била изградена првата железничка станица, градот бил на левата страна на ја добив е од Ирска и има фотографии за Македонија од 1916 година. реката Вардар. Тогашното гратско јадро и богатите слоеви живееле во Низ Европа има огромна бројка љубители на железницата, луѓе кои како Еврејско маало, Пајко маало и околу чаршијата, додека на десната страна хоби, или како пасија, ги собираат историските документи за железниод Вардар живееле сиромашните. Откако била изградена железничката цата. Во овој период контактирам со околу пет илјади луѓе кои собираат станица градот почнал да се шири на десната страна. документи за железницата. Така продолжив упорно да собирам податоКарактеристично за железничките станици од тоа време, според ци за железницата во Македонија“, открива Петков. Меѓу податоците кои досега ги има пронајдено Петков има документи Петков, е што секое место имало своја станица. Дури и најмалите места имале голема и убава станица. При градбата посебно внимание се со кои се покажува дека за време на Отоманската империја железни-


траги низ времето LIFE Ј А Н У А Р И

100

ГРАДСКО

Карактеристично за железничките станици е што дури и најмалите места имале голема и убава станица

посветувало на фасадата. Објектите не се граделе како монолитна коцкаста градба, туку се внимавало на архитектонските елементи околу вратите, прозорците, столбовите. Секоја станица го носела и карактеристичниот железнички знак – железничко тркало со крилца. Посебен сегмент во архивата на Петков зафаќаат скиците на речиси сите железнички станици во Македонија. Дел од историјата се и старите локомотиви и, според него, до денешно време останале две локомотиви во Велес, од кои едната е речиси уништена, додека другата би можела да се поправи. Локомотиви има и во Гевгелија и Кичево, додека мал воз има во Ѓорче Петров. Познатиот воз „Ориентекспрес” исто така е дел од македонската историја. Иако главниот крак го поврзувал Париз со Истанбул, во 1921 година во Скопје стигнал „Ориент-експрес” кој од Ниш се движел кон Атина. Денешната релација Минхен – Атина е наследник на тогашниот „Ориент-експрес”. Намерите на Владимир Петков се со својата колекција да даде иницијатива за формирање на технички музеј во Македонија. Документите кои тој ги собрал можат да послужат и за реконструкција на некои од старите железнички станици. Дел од неговата агенда е да се направи обид барем една стара парна локомотива да се поправи и потоа да се користи за снимање филмови, или како туристичка атракција. На тој начин ќе успееме да сочуваме еден дел од нашата историја и барем во одреден степен ќе го вратиме сјајот на некогашните железнички станици во Македонија. ¿

Централната положба на локалитетот Градско на железничката траса Солун – Скопје природно била железничка раскрсница кон исток и кон запад. На 26 февруари 1916 година, за потребите на Македонскиот фронт од страна на Централните сили, почнала градбата на теснолинејската пруга на правецот Градско – Прилеп – Битола во должина од 134 километри. За таа потреба била создадена целата монтажна инфраструктура за пренос и претовар од нормалниот колосек на теснолинејскиот. Станицата во Градско во почетокот била типска железничка двокатна тврда градба. Но, потребите нагло се зголемиле и во 1923 година била започната градбата на новата станица. Изградена

е во стилот артнуво, но нема достапни податоци за нејзиниот архитект. Веќе во 1924 година новоизградената железничка зграда со дотогаш невиден архитектонски изглед, украсена со орнаментика и декорации од околното население, кое полека го населувало просторот околу станицата и го создало градот Градско, е наречена „Венеција“. Нејзиниот бурен, но краток

век на постоење прекинува во март 1941 година, кога од страна на германската авијација е бомбардирана и уништена. По Втората светска војна во Градско по трет пат била градена железничка станица. Од старата станица денес се останати само подземните премини и има остатоци од придружните објекти кои биле градени во ист стил како и главната станица.

РАСКОШЕН ИЗГЛЕД НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА ВО ГРАДСКО МЕЃУ ДВЕТЕ СВЕТСКИ ВОЈНИ

БИТОЛА

ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА БИТОЛА ОД А-КЛАСА ВО 1931 ГОДИНА

Железничкото поврзување меѓу Битола и Солун се случило во 1894 година. Почнувајќи во јуни 1891 година трасата во должина од 219 километри била градена по плановите на главниот архитект, Французинот Филип Витали, и неговиот супервизор Ренедин. По многу одложувања, линијата е отворена за сообраќај на 15 јуни 1894 година, кога тргнала првата локомотива од Солун кон Битола. Станицата до денес го задржала својот изглед, но неопходни се зафати за конзервација на нејзината фасада.

ИСТОЧЕН КРАК

СВЕЧЕНО ПУШТАЊЕ ВО УПОТРЕБА НА СТАНИЦАТА ВО ШТИП И ПРИСТИГНУВАЊЕ НА ПРВИОТ ВОЗ НА 16 НОЕМВРИ 1924 ГОДИНА

Железничкиот крак кој води кон Источна Македонија има две станици кои се изградени во 1923/24 година. Градовите Штип и Кочани во тоа време не биле големи места, но имале и се` уште имаат прекрасни железнички станици. Познати се како Гачиќеви станици, по името на архитектот Петар Гачиќ, кој бил еден од архитектите кои работеле и на проектот за изградба на објектот на Стариот театар во Скопје. Иако станува збор за станици од стар тип, пластиката на фасадата на станиците е сочувана и одржана до денешен ден.



патување надвор

НА ПРВ ПОГЛЕД, ОХРИДСКОТО СЕЛО КОСЕЛ ЌЕ ВИ ИЗГЛЕДА КАКО ЕДНО ОБИЧНО МАКЕДОНСКО КРАЈПАТНО СЕЛО, ЧИЈ ПОЧЕТОК И КРАЈ СЕ ОЗНАЧЕНИ СО ГОЛЕМИ ЖОЛТИ ТАБЛИ. ТАКА Е СЕ ДОДЕКА ДА СТИГНЕТЕ НЕКАДЕ ДО СРЕДИНАТА НА СЕЛОТО, КОГА ЌЕ ПОЧУВСТВУВАТЕ ЧУДЕН МИРИС, МИРИС НА РАСИПАНИ ЈАЈЦА. НО, НЕ БРЗАЈТЕ ДА ИМ ИСПРАТИТЕ ЧУДЕН ПОГЛЕД НА ЛУЃЕТО СО КОИ СЕ ВОЗИТЕ. МИРИСОТ ШТО ВЕ ЗБУНИЛ ГО ИСПУШТААТ НЕКОЛКУТЕ ДУПКИ НАД СЕЛОТО, ПОЗНАТИ КАКО ЕДИНСТВЕНИОТ ЖИВ ВУЛКАН НА БАЛКАНОТ

¢ Васко Марковски o Ивана Кузмановска ко не сте го знаеле од порано, Косел ќе ве изненади секогаш кога ќе поминете низ селото, одејќи од Охрид кон Ресен или обратно. Ако А сте го знаеле, веќе знаете дека тоа е местото што го најавува замину-

102 LIFE Ј А Н У А Р И

вањето или пристигнувањето во Охрид. Можеби нема ништо привлечно во мирисот на расипани јајца, но зар не е предизвик да видите како е да се живее во место каде што отворениот прозорец не носи свеж воздух, туку мирис, кој обично не` тера да отвориме прозорец за да проветриме. Ако тоа не е доволно - зар не би сакале да го видите Косел затоа што таму се наоѓа единствениот жив вулкан на Балканот, како што беше нарекувана пукнатината од која излегува гасот во некогашните учебници по географија и во статиите што некогаш беа објавувани во популарниот 'Политикин забавник'. Овојпат ве водиме таму. ВУЛКАН ИЛИ НЕ? Пред да заминеме за Косел решивме најпрвин да побараме стручно мислење, што е тоа што го испушта гасот чиј мирис ни е првата асоцијација кога ќе го слушнеме името на селото. Одговорот го побаравме кај д-р Драган Колчаковски, професор на Институтот за географија на Природно-математичкиот факултет во Скопје. „Косел, во поранешна Југославија се учеше во учебниците за основно образование по географија како ретка геолошка појава, опишувана како единствениот активен вулкан на Балканот. Всушност, станува збор за

раседна пукнатина, или, пукнатина во подлабоките слоеви на земјата од која на површината избиваат гасови од подлабоките слоеви. Тоа е последица од вулканската активност што се случувала на територијата на денешна Република Македонија пред еден, два или пет милиони години, за која сведочат некои ридови во кумановско-кратовскиот регион. Се работи за уникатна појава, можеби единствена на Балканот од тој вид, иако такво нешто има и во Романија. Значи, од научен аспект, ова не е вулкан туку пукнатина од која излегуваат гасови. Тука немало излевање на магма на површината“, ни објасни професорот. КОСЛИШТЕ Тргнуваме кон Косел, на 184 километри од Скопје, село во кое некогаш имало 250 куќи, се` до големиот иселенички бран во 1965 година, кога многу луѓе од селото си заминале засекогаш - кој во Австралија, кој во Америка, Германија... „Сега може да се нарече село на старци. Сега преку сила нека има 150 куќи“, ни рече Наум Наумоски (73), човекот што ни го посочија како најупатен да ни раскаже се ` што не` интересира за вулканот. Вулканот, како што го нарекуваат селаните, ќе го најдете многу лесно. Косел е на 7 километри од Охрид, а вулканот, како што ќе ви кажат и интуицијата и логичкото расудување, се наоѓа на 500 метри од влезот во селото, под ридовите од десната страна на патот.


патување надвор LIFE Ј А Н У А Р И

103

беа поплавите во 1962 година во Скопје ја затрупаа, инаку, беше многу „Обично не мириса, сосем малку. Посилно замирисува пред врнење, нагло ќе замириса... Во тоа време идеа, а и сега најверојатно идат, многу поголема - метро, на метро, на метро. Од скоро се појавија и другите две-три дупки. Вулканот може да биде опасен, но може да биде и за лек. луѓе од муслиманските села кај Струга. Веруваат дека вулканот бил Некогаш овде, од 16 мај до 20 септември беше како на панаѓур, толку лековит за некоја болест“, ни рече нашиот водич, Христо Секуловски од многу луѓе доаѓаа. Како што велат старите, на 16 мај се отворала водата Охрид, кој како дете од соседното село Долно Лакочереј учел основно – каде што има изворчиња, поточиња - се верувало дека нешто се слуучилиште во Косел во периодот од 1952 до 1956 г. Додека чекавме да чува на тој ден. Така и овде, на 16 мај беше преполно од луѓе. Веруваат ни се придружи главниот водич, решивме барем за малку да го скрадека вулканот лекувал од мајасил, или некако слично - не знам како е тиме времето за задоволување на нашата љубопитност. Појдовме до медицинскиот израз за болеста. Доаѓаа толку многу, што чекаа во редиКослиште, местото како што коселчани ги нарекуваат ридовите околу ци. Околу дупката врзуваа платна или хартии, и, еден по еден влегуваа и вулканот. Лесно ќе забележите дека тоа што го барате е под сивилото клечеа над дупката. Во тоа време во дупката вриеше како во котел. Ако што се двои по минута-две возење по земјениот пат, на стотина-двесте беше полна со вода, од врнежите, клокотеше како котел, од воздухот што метри од последниот ред со куќи. излегува од водата. Беа претпазливи, зашто знаеа дека е опасно да се „Историја да ти кажам - не знам! Да го прашаш Ноуме. Тој ја знае задржиш подолго. Ако останеа подолго, сулфурот може да ги опијани, да целата историја, овде носи луѓе што ќе го прашаат. Тој е повозрасен паднат во дупката и - да умрат. Ние што живеод мене, повеќе знае, а и тој ги носи сите што еме овде можеме повеќе да издржиме, ние сме доаѓаат - од школи, научници што доаѓаат да навикнати“, ни раскажа Науме покажувајќи ги истражуваат. Ова не е ништо. Јас дури и не Постои опасност да не забележите еден по еден кратерите. го чувствувам мирисот. Ние сме навикнати“, некоја трага доколку не сте доволно За жителите на Косел, како што ни рекоа ни рече во кусиот разговор Лазе Наумоски, стручен и тоа да ве одведе во сосема погрешен правец Науме, Лазе и охриѓанецот Христо живеењето човекот кој ни помогна да стигнеме до дупките покрај вулкан, не значи ништо посебно. На миво Кослиште. рисот се навикнале и речиси не постои човек што стравува дека е можно „Да врзеш некое куче овде, за еден саат ќе пцовиса. Ова е главниот вулканот некогаш да експлодира. Но, имало и моменти кога се уплашиле. кратер. Редовно доаѓаат луѓе да го гледаат. Идат од цела Македонија. „Историјата не памти такво нешто, ниту пак старите кажувале дека Кој го знае од кога е ова!? Во земјата има многу сулфур - да ја запалиш, некогаш имало ерупција. Единствено што се зборува за минатото е дека ќе гори! Ако е земја - гори! Инаку, земјава е лековита, да знаеш. Идат некогаш Турците правеле барут од сулфурот. Се сеќавам кога бевме луѓе, земаат од земјава, се мачкаат. Си земаат вака, како кал, се мачкаат деца, тие што доаѓаа, што клечеа над дупката, оставаа пари како бакшиш по рацете и - им поминува... за реума, за мајасил. Идат, и торбеши и кога си заминуваа. Ние, како деца, знаевме за тоа и доаѓавме тука, над наши... од Битола, од Куманово... од кај да е - за мака кај не оди човек!? вулканот, секогаш кога ќе видевме дека дошол некој да клечи. Еднаш Прашај ги луѓето што доаѓаат од Струшко, сите ќе ти кажат дека им така, видовме човек, па се сокривме во шумичката, над вулканот. Чекај, помогнало“, ни рече. чекај - човекот нигде го нема. Тој останал подолго, паднал во дупката По десетина минути со нас беше и Науме, човекот што веќе раскаи - умрел. Со плачење истрчавме дома, дојдовме со татковците, кога жувал за вулканот на четири телевизии. „Оваа дупка е најстарата. Кога


патување надвор

104 LIFE Ј А Н У А Р И

метеоролог, ни бакрач. Штом засмрди посилно, видовме - навистина умрел. Дојде полиција, Постои опасност да не забележите знаеме дека за два дена ќе се смени времето. го кренаа, ние не можевме да запреме од некоја трага доколку не сте доволно Ако било сончево - ќе заврне, ако врнело - ќе плачење...“, ни рече Науме. стручен и тоа да ве одведе во сосема се разведри. Татко ми ми раскажуваше, порано, Иако живее сосема спокојно на двесте-триспогрешен правец кога вршеле со коњи, знаеле веднаш да го та метри од вулканот, сепак, памети уште една прекинат вршењето, ако им засмрдело дури раслучка поврзана со него, што многу ги исплашиботат. Но, и со тоа се живее, само си имаме голема мака со белата техника ла - и него, и другите селани што во моментот биле близу до дупките. и со електричните апарати. Се расипуваат телевизорите, фрижидерите, „Во 1967 година, дојдоа инжинери од Скопје, да бушат, да бараат олуците - се` што е метал, се разјадува. Сулфурот го разјадува железото од нафта. Влегоа 60 метра удолу. Кога излезе една црна вода - катран, а арматурата, ги нагризува водоводните цевки“, ни рече другиот Наумоски, студена!? Околу имаше жени, садеа борови... кога почнаа да пиштат. Лазе, канејќи не` на кафе, додека поминувавме покрај неговата куќа. Навистина беше страшно“, ни раскажа покажувајќи мртво гуштерче што Поканата ја оставивме за другпат, како и разговорот за некогашните предолго се задржало над една од дупките. чести посети на педесетина автобуси од сите краишта на некогашна Животот во селото, како што ни рекоа коселчани, е обичен, како Југославија наеднаш, за шегите на сметка на луѓето од некогашно животот во кое било друго село. На мирисот се навикнале, но, сепак, Смрдеж, или за паниката што настанала во 1925 година, кога некој коселнема кој не го чувствува во деновите кога претстои невреме или промена чанец сонил дека ќе има силна ерупција. ¿ на климата. "Секој што живее во Косел ќе ви потврди. Не ни треба ни


022 322 16 36 www.panache.com.mk


патување надвор

ГЛЕЧЕР

¢ o Роберт Смилески НЕШТО ЗА РАСКАЖУВАЊЕ

ВО ПОЛАРНИОТ КАЗГИК СО ЗАПОЗНАВАЊЕТО НА ЛУЛЕР МИ СЕ ОТВОРИЈА ПОРТИ НА ЕДНО НОВООТКРИЕНО ГОЛЕМО КРАЛСТВО. ТОА БЕШЕ ЛЕДЕНОТО КРАЛСТВО ОД КАДЕ ШТО ТАА ЈА ЦРПИ СВОЈАТА ИНСПИРАЦИЈА, ЈА ПРЕТОПУВА ВО УМЕТНОСТ И ПОТОА ЗБОРУВА ЗА НЕА СО СТРАСТ НА СЕВЕРЕН РАСКАЖУВАЧ. НЕЈЗИНИТЕ РАЦЕ ВЕШТО ПЛЕТЕА ПРЕДМЕТИ, СКАЗНИ И МИТОВИ. ТИЕ РАЦЕ ПЛЕТЕА И ИДНИНА ЗА СВОЕТО СЕМЕЈСТВО КОЕ ЖИВЕЕ НЕКАДЕ СРЕДЕ ЕНОРМНИТЕ ЗАМРЗНАТИ БЕЛИ ПРОСТРАНСТВА НА АЛЈАСКА. ЗАПОЗНАВАЈЌИ ЈА ЛУЛЕР ЈА ОТКРИВАВ И ДУШАТА НА АМЕРИКАНСКИОТ АРКТИК – СЕВЕРНИОТ ДЕЛ ОД КОНТИНЕНТОТ КОЈ НА ХАРТИЈА МЕНУВАЛ СОПСТВЕНИЦИ, НО ВСУШНОСТ ВИСТИНСКИ НИКОГАШ НЕ БИЛА ВО НИЧИЈА СОПСТВЕНОСТ, ОСВЕН НА СНЕЖНИОТ КРАЛ И НЕГОВАТА ВЕЧНА СОПАТНИЧКА - НЕЈЗИНОТО ВИСОЧЕСТВО АУРОРА БОРЕАЛИС - ПОЛАРНАТА СВЕТЛИНА.

106

LIFE Ј А Н У А Р И

ЧИТАЈЌИ ПРЕПОРАЧАНО ДА СЕ СЛУША: LIOUDMILA KHANDI - YAKUT SONG (SONGS FROM THE COLD SEAS), DIRECTED BY HECTOR ZAZOU ЏУНО ИЛИ ПРОПАСТ Во Алјаска може да се влезе на неколку начини. На мојата прва средба со неа пристигнав летајќи до гратчето Кечикан на југоистокот. Веројатно беше остриот чист летен воздух кој ме натера да се почувствувам среќен како дете во продавница за играчки. Добрата судбина ме испрати во ново искушение, пред нови непознати хоризонти. Треперев од возбуда и среќа. Алјаска кокетно ми намигна на првиот поглед не губејќи време во освојувањето на моето срце.

Во зависност од тоа дали таму пристигнував по морски пат, минувајќи го епскиот внатрешен премин (Inside Passage) или по земен пат преку т.н. магистрала Алкан преку која САД преку Канада се поврзува со својата смрзната и разделена „грутка“ на север. Секако, радоста беше иста по интензитет, но со различни нијанси на возбуда. Каков и да се одбере начин за да се стигне во Алјаска, задоволството да се минува покрај непристапните планински венци или вулкански острови изртени среде никаде, а израснати рамо до рамо со небесите, е само

твое. Тие вериги од вулкани и шилести грамади од планини како да се создадени да постојат сами за себе, без присуство на луѓе наоколу. Патувајќи и апсорбирајќи ја северната модра тишина и следен од повремената какофонија на ветрот и гранките на високите зимзелени дрвја, се стигнува до Џуно, главниот град на Алјаска, најчесто згрчен од заморот и од мноштвото незаборавни „затвори” наоколу. Самиот град не восхитува на прв поглед, како што тоа го прави планината наоколу која надвиснала над него како заштитничка. Џуно има една


патување надвор ТОГИАК – ТВИН ХИЛС ЕКСПРЕС Не е на мапата. Како што рекол Мелвил во Моби Дик, вистинските места никогаш не се на мапи-

те. Лулер е родена во Тогиак, а живее во Твин Хилс во Северозападна Алјаска. Таму Алјаска е свртена кон Азија и преку разголените од ветер Алеутски острови како со прст да покажува кон рускиот Далечен Исток. Отаде Беринговиот проток речиси да можат да го почувствуваат мирисот на вотка од здивот на Голема Русија која оттаму се послала кон запад на Земјината полутопка во следните девет, десет временски зони. Лулер, како и своите четири деца и три внуци, се припадници на домородното население Јупи’к. Ја запознав во Џуно на една нејзина презентација на ракотворбите направени од специфична поларна трева – кутии за накит, садови за украс во домаќинството и други егзотични предмети и оставнини. И реков дека се восхитувам на она што го создаваат нејзините вешти раце и таа со насмевка се заблагодари. И реков дека со ист жар и исти такви вешти прсти мојот дедо плетеше везови, но од златен конец и таа ми пружи рака кажувајќи го своето име и презиме. Си пруживме рака за пријателство и оттогаш неколку пати се сретнувавме за таа да ми раскаже за својата Алјаска, но и да ме праша повеќе за занаетот на дедо ми и за земјата каде што се плете со нишки од злато (срма). Лулер стана моја пријателка која ми ја покажа Алјаска, но не онаа од прекрасните разгледници кои ги

купуваат туристите, туку онаа живеена од нејзе и изживеена и оставена во наследство од нејзините претци. Таа е цврсто врзана со таа земја и не би ја напуштила никогаш. Иако е Јупи’к, таа е и Американка за која Њујорк и Лос Анџелес се далечни и недостижни топономи, а Македонија `и звучеше како да е на друга планета! Лулер се надева дека, сепак, еден ден ќе има можност да ги види неколкуте места во светот кои и` будат восхит: како што се Италија, Уганда, и еве од неодамна Македонија – каде што луѓето носеле облека рачно навезена со злато! АРКТИЧКО ЛЕТО Легендите Тлингит на народите Јупи’к на Алјаска се возбудливи и многубројни како и територијата која тие ја населуваат. Традиционално кога ќе пукне летото мажите одат на риболов додека водите се незамрзнати и лососите се во голем број и на дофат на рака, и на луѓето и на мечките гризли и на китовите. Се берат разни шумски плодови и тревки од кои подоцна се прават лековити напивки, вкусни слатки но и украсни предмети. Алјаска преку лето е раздвижена и забревтана тинејџерка и мислиш целиот свет се радува на долгите денови. Сонцето се` почесто ги грее срцата на луѓето и животните и ги топи лошите мисли таложени преку долгите темни

107 LIFE Ј А Н У А Р И

улица, неколку барови, меѓу кои е и култниот бар „Црвеното куче” (Red Dog Saloon) и релативно нови големи владини згради - објекти на стероиди кои се неопходни да го направат градов „главен“. Со првиот излез надвор од градот само километар или два и веќе сфатив дека таа придавка е само административна – во крајов епитетот „главен“ можам да му го препишам само на убавиот и моќен глечер Менденхал кој речиси како да се струполува на прагот на Џуно. Тој е еден од 38-те синови на огромниот истоимен ледник Џуно кој од високо горе над планините ги испратил сите свои замрзнати кристални чеда на различни страни од планината надолу кон земјата и океанот. Од прекрасното синило на глечерот Менденхал кој го завршува своето постоење покрај градот, на крајот останува само по некоја пловечка санта мраз со краток живот и извесна судбина и стопена течност која како река се спојува со Тихиот Океан. Глечерите на Алјаска се нејзината сина крв која ги поврзува величествените планини со вечен снег со големиот Пацифик кој има доволно место за многу реки и притоки.


патување надвор

Лулер Мур е жена на возраст од свои 50-тина години. Можеби има и помалку или нешто повеќе, не сум сигурен. (Не ја прашав за годините ниту пак можев да заклучам од нејзиното затегнато лице без брчки. Но, бидејќи има внуци и мудрост на возрасна жена, си претпоставив). Аљасканките се силни жени кои можат да се носат со предизвиците на животот на далечниот, непредвидлив и негостољубив Север. Таму велат, „во Аљаска мажите се навистина мажи, а жените победуваат на Идитарод трките со санки!“ Трката Идитарод е епска трка од речиси 2000 километри низ зимските грмушки и арктичките беспаќа на Северна Алјаска која била создадена како епитом на „мачизмот”,... се` додека на истата не се пријавиле жените и ...почнале да победуваат!

108

LIFE Ј А Н У А Р И

ДОМОТНА ЛУЛЕР

зимски денови. Китовите се враќаат од тропските координати да се хранат со најквалитетна риба во светот и да наталожат доволно мрснотии до следната гозба, следната година. Луѓето се во движење, се сретнуваат млади од други соседни населени места и се заљубуваат. Нема време за долги додворувања, летото е кратко, а после доаѓа долгата зима. А кога ќе дојде зимата, време е за разделби: сите кон своите села кои ќе бидат отсечени од соседите и од остатокот од цивили-

зацијата барем половина година. Мажите се групираат во казгик, заеднички дом каде што тие во зимските месеци престојуваат, работат, спијат, се капат, им делат на помладите совети за преживување, ги учат како се прават кајаци, се подобруваат ловечките вештини и вештините за подобар живот воопшто. Во казгиците се пее, се танцува и пред се` се раскажува за авантурите од последното лето, за ловот на риби, фоки, китови, но и на женски срца, како и за важните на-

ЛУЛЕР

стани од историјата на селото или племето. На разни церемонии се придружуваат и жените од нивните заеднички престојувалишта т.н. ени, кои се врата до врата до казгиците, а некогаш и се поврзани со подземни тунели! Преку зимата кај Јупиците, ако се роди бебе му се дава името на последниот починат во нивното село и така имињата се одржуваат да не се заборават, особено после напливот на модерните англосаксонски имиња кај некои племиња во Алјаска. Беше


патување надвор

ЏУНО

LIFE Ј А Н У А Р И

ДО СЛЕДНИОТ СОНЧЕВ ЗРАК Кој уловил нешто преку лето уловил – ќе се хранат убаво преку зимата. Кој се вљубил и си ја споил душата со друга - завршил убава работа,... се

гледаме повторно на пролет, кога првите сончеви зраци ќе се пробијат над хоризонтот, ќе ги озарат лицата и ќе ги вратат насмевките на луѓето на Алјаска чии среќни вибраци ќе се почувствуваат низ целиот свет. Така вели Лулер и така тврдат нивните митови. Кога се радуваат луѓето на север каде што животот не е лесен, среќата се пренесува низ светот и универзумот. Затоа што сите ние сме поврзани – сите ние сме едно. Сфаќам, овие луѓе на север мора да се среќни и насмеани, за добро на сите нас во овој агол од космосот. Смејте се за сите нас, прекрасни луѓе на Алјаска и раскажувајте за тајната на животот која вие добро ја познавате. Пејте и танцувајте крај огнот во казгикот и останете здрави и црвени на образите. Сонцето наскоро повторно ќе се врати. ¿

109

лето, но сепак во еден казгик гореше оган. Во тој простор приказните и легендите ги почувствував насекаде: на маските обесени на ѕид, на кожите и крзната исшарани со индијански симболи, на тотемите пред казгиците. Посакав да се најдам тука преку зима и да ги слушнам сите нивни приказни, но и да им ги раскажам моите, од мојата земја. Ги сакам приказните: и да ги слушам и да ги раскажувам и прераскажувам. Приказните се поубавата страна на нашава планета.


110

LIFE Ј А Н У А Р И

специјалитети

ПРАЗНИЧНИТЕ ТРПЕЗИ НИЗ СВЕТОТ (ВТОР ДЕЛ) ШПАНИЈА: КАВА И ТАПАСИ Шпанската божиќна вечер или „La Noche Buena“, се прославува со голема гозба која започнува доцна во вечерта и трае неколку часа – до полноќ. Во многу делови на Шпанија и Португалија божиќната гозба наликува на италијанската Гозба на седумте риби, се служи морска храна и бакалар, како и разни видови десерти. Во други делови од Шпанија, пак, целата гозба се состои од повеќе тапаси (шунка,

разни видови сирења и чоризо колбаси, како и морски плодови, најчесто ракчиња), потоа прво јадење (рибина чорба, зеленчук, салати), за главното јадење да биде печено месо (јагнешко или свинско, со прилог печен компир). Еден од најпознатите десерти е Турон (turrón) – колач од бадеми и мед, а познати се и колачињата од бадеми „полворонес”. Најпознатиот пијалак е „кава”, фамозното шпанско пенливо вино, слично на францускиот шампањ.

ГЕРМАНИЈА: БАВАРСКИ КОЛБАС И ШЕЌЕРНА КУЌИЧКА Божиќната вечера во Германија е богата и се состои од печена гуска или во некои области печено прасе или дива свиња, бели баварски колбаси или weisswurst, салата од макарони и пориџ од ориз.

ШЕЌЕРНА КУЌИЧКА Шеќерната куќичка не е воопшто тешка за изработка, особено ако „градите“ обична куќа – коцка. Можете да почнете со основна куќа, а со време да се испраксирате да правите и посложени куќи. Исечкајте го кромидот, лукот и зеСВИНСКА ЕМПАНАДА НА ГАЛИОна што е најважно доколку сте лената пиперка. Загрејте маслиноЦИСКИ НАЧИН почетник, е најпрво да направите во масло и пржете ги кромидот, лукот и пиперката додека не омекнат. „макета“ на куќичката од картон, (4-6 порции) сечејќи го секој ѕид или покрив Додадете ги доматите и магдоносот Овој рецепт за пита со месо кој по- и ставете сол и бибер по вкус. Готве- посебно. За основата на куќата планирајте голема чинија, послутекнува од северот на Шпанија, од те околу 30-40 минути, мешајќи одГалиција, е едноставно јадење кое време – навреме, додека не добиете жавник или дебел картон. Состојки: За тестото: 1 и 1/2 филеден вид сос. е често дел од божиќната трпеза, Пропржете го свинското во мас- џан слатка павлака, 1 лажиче но и дел од секојдневието. ло додека не зарумени. Замесете го ванилин шеќер, 2 и 1/2 филџани Состојки: 300 грама тенко сечена (или мелена) свинска кртина, 1 тестото, одвојте половина од него и кафеав шеќер, прашок за печење, лажичка црвен пипер, 1/4 лажич- обложете една тава (со приближни 1 лажица ѓумбир, 2 лажичиња цимет, 1 и 1/2 филџан сируп (јадимензии од 20 cm ширина и 4 cm ка чили, 1 лажица сушен магдодлабочина), да направите пита. По- воров, меласа,..) или мед, 9 филџанос, 1 чешне лук, 2 средни глани брашно. ловина од сосот ставете го внатре, вици кромид, 1 зелена пиперка, За глазурата: белка од 2 јајца, тегличка црвени бабури (или друг додајте го месото, потоа еден слој оцет, 2 лажички вода, 3 филџани тенко исечени варени јајца, и на тип на туршија од црвена пипершеќер во прав. ка), 3 домати (сечкани), 2 лажици крајот црвените пиперки. Додајте Подгответе плех за печење, доматно пире, 3 јајца, сол и бибер, го остатокот од сосот и затворете ја подмачкајте ја го и ставете хартавата со преостанатото тесто, обмаслиново масло. тија за печење во него. Во помал За тестото: 500 гр. брашно, 250 гр. ликувајќи ги рабовите. сад изматете ги слатката павлака Печете ја питата во рерна на путер и вода и ванилиниот шеќер и тргнете ги 180 степени околу половина час. Тврдо сварете две јајца. На настрана. Во голем сад ставете го Извадете ја питата, премачкајте ја свинското месо ставете црвен пикафеавиот шеќер, прашокот за пепер, чили, магдонос и масло и оста- со матено јајце и вратете ја да се чење, ѓумбирот и циметот и измапече уште 15-20 минути. вете го да се измаринира.

Десертите кои се служат се марципан, различни овошни колачи како Christstollen и Dresden Stollen, како и фамозната шеќерна куќичка Pfefferkuchenhaus, чија традиција потекнува од приказната за Хансел и Гретел и куќичката од слатки длабоко во шумата.

тете ги заедно со сирупот (медот) и павлаката. Полека додајте го и брашното, и матете се` додека не се направи еднаква маса. Од тестото ставете во плехот (дебелината на пандишпаните одредете ја по ваша желба, не повеќе од 1 cm, но секако имајте на ум дека треба да бидат доволно цврсти за од нив да се оформи куќата), и печете ги се` додека не станат тврди во средината (за 1 cm дебелина, околу 1 час на 150 степени). По 30 минути печење извадете го пандишпанот, исечете го во саканата форма (според претходно скроениот картон) и вратете го да се пече уште половина час. Кога ќе биде готов, полека извадете го од плехот и оставете го да се олади. За глазурата, матете ги белките од јајцата со малку оцет и вода додека не станат цврст шлаг. Ставете го шеќерот во прав и матете уште 5-10 минути. Намачкајте ги парчињата пандишпан со глазурата измешана со неколку капки вода за полесно да се залепи за ѕидовите. Оставете малку да се потсуши, и потоа почнете да ја склопувате куќичката според макетата, користејќи ја глазурата како лепило за спојување на ѕи-


правење на божиќниот пудинг... Во овој, втор дел од празничните трпези, ќе се обидеме да „прошетаме“ и низ останатите земји во Европа, завршувајќи со нашата, македонска божиќна традиција.

довите. Глазурата ќе ви послужи како лепило, вам и на вашите деца, дополнително да ја украсува-

те куќичката со секакви украсни бонбони и со тоа да ја направите навистина уникатна.

НОРДИСКИ ЗЕМЈИ: ГЛОГ И ПЕЧЕНО ПРАСЕ Божиќната вечера во нордиските земји, како и на другите места, се состои од традиционални јадења, колачи и пијалак. Во Норвешка, во приморските делови, најчесто се подготвува риба (бакалар или друга морска риба), или пак печено прасе или свиња и колбаси. Фармерите традиционално подготвуваат и вид пориџ (каша од овес, пченица или ориз) која вечерта ја оставаат во шталите, за да го нахранат магичниот Гном кој им ги чува фармите. Во Шведска, божиќната гозба се состои од морски плодови, кавијар, харинги, свинско печено

месо и разни видови сирење. Традиционалниот десерт е колач од ѓумбир и други ситни божиќни колачи. Финската божиќна вечера се нарекува Joulupöytä или „Божиќна маса“, која започнува со голема божиќна шунка послужена со сенф и традиционален леб, потоа следат потпечени макарони и риба (најчесто бакалар) послужена со компири и моркови. Во Данска за вечера се приготвува печено свинско, гуска или патка, во комбинација со компири, црвена зелка и сос. Како десерт се служи пориџ или пудинг од ориз (Risalamande), полиен со сируп од јагода или цреша, во кој се наоѓа скриен еден цел бадем.

ГЛОГ Традиционалниот пијалак во нордиските земји е Глог (Glögg), варено вино кое се прави од црвено вино и зачини: шеќер (или сируп), цимет, кардамом, ѓумбир, каранфилче и кора од портокал. Во цела Скандинавија за Божиќ се приредуваат и т.н. Глог забави, на кои се пие глог и се јадат традиционалните десерти. Состојки: 1 шише црвено вино, 1/2 литар бренди или вотка, зрна кардамом (или мелен кардамом), стапчиња цимет (или мелен цимет),

кора од портокал, 250 гр. шеќер (во коцки или обичен), каранфилчиња, 1/2 филџан суво грозје, 1/2 филџан бадеми, 5 суви смокви. Загрејте ги виното и брендито заедно со зачините, сувото овошје и бадемите во едно тенџере. Немојте да го зовривате, туку варете го на тивок оган околу 45 минути. Исцедете го, и служете го така што ќе го истурите врз коцките шеќер во чашите (или врз обичниот шеќер). Доколку сакате пијалакот да биде појак, ставете повеќе бренди или вотка.

ИСТОЧНА ЕВРОПА: ЧОРБА ОД РИБА И ПЕЧЕН КРАП Во земјите од Источна Европа, божиќната кујна е посна, базирана претежно на риба, компир, печурки и зеленчук. Во Чешка, вечерата во божиќната вечер започнува со рибина чорба, потоа следат салати (задолжително компир-салата), за главното јадење да биде печен крап. Во Полска, Литванија, Русија и Украина постои традиција на т.н. „Божиќна вечера со двана-

МАКЕДОНИЈА: ПОСНО ГРАВЧЕ И ПОГАЧА

есет јадења“, кои ги симболизираат дванаесетте апостоли и дванаесетте месеци во годината. Како главно јадење, повторно тука е крапот, но исто така и харинга со моркови и печурки или пак штука. Како десерт се служи жито или колач со афион, бидејќи според источната традиција афионот симболизира изобилство и просперитет. Во Бугарија, на божиќната трпеза се служи погача, посна сарма и пита од тиква (Тиквеник).

Кај нас, традиционалната бадникова вечер се слави во тесниот круг на семејството, во време на најстрогиот Божиќен пост. Бидејќи е во време на строг пост, по правило на Бадник не треба да се консумира ни риба, иако обичаите варираат од еден до друг дел од Македонија. Главно јадење на посната трпеза е посното гравче, збогатено со повеќе зачини како магдонос, нане, бибер, лук, кромид и суви пиперки, иако можете за

оваа вечера дополнително да приготвите и салата од гравче, праз и маслинки. Покрај гравчето, централниот настан е бадниковата погача со паричка (иако кај нас на многу места погача се меси за Василица, а не за Бадник), а според обичајот со неа треба да се касне и малку лукче за здравје, како и шеќерче или мед – за да биде слатка годината. Во многу краишта од Македонија, на бадниковата трпеза се послужуваат и костени, тиква и друго сезонско овошје, а во други се служат и посни сармички и риба.

БАДНИКОВА ПОГАЧА Состојки: 600 грама брашно, 1 филџан масло, 1 прашок за печење, сол, вода, сусам. Замесете тесто од брашно, прашок за печење, вода, сол и масло.

Ставете го тестото во тепсија, поделете ги со нож парчињата (за 4-6 луѓе), ставете ја паричката во еден од обележаните делови и посипете ја погачата со сусам. Печете ја 35-45 минути на 200-220 степени.

специјалитети

о минатиот број на LIFE магазин ви пренесовме дел од празничните трпези и рецепти од западна Европа: италијанската „Гозба на седум риби“, француската вечера со полнета гуска, англиската традиција на

111 LIFE Ј А Н У А Р И

В


маса за двајца

¢ Васко Марковски

DÉJÀ VU РЕСТОРАН КОЈ ЌЕ ВЕ ПРЕЧЕКА СО ОГРОМНА ПОНУДА. ПРВИТЕ ВПЕЧАТОЦИ БИ МОЖЕЛЕ ДА БИДАТ КОНТРАВЕРЗНИ, НО, СЕПАК, ОТТАМУ ЌЕ ЗАМИНЕТЕ ЖЕЛНИ ЗА НОВИ ЕКСПЕРИМЕНТИРАЊА. ЌЕ ПОСАКАТЕ ДА ДОЈДЕТЕ ПАК, ДА ОТКРИЕТЕ КОЈ ДЕЛ ОД ДЕНОТ, КОЈ ДЕЛ ОД МЕНИТО ТОКМУ ВАМ НАЈМНОГУ ЌЕ ВИ ОДГОВАРА

112 LIFE Ј А Н У А Р И

есторанот „Дежа ву” во трговскиот центар „Рамстор” во Скопје е сосем пристоен Р ресторан, сместен во современо уреден

кои, според вкусот на нашата придружничка на до намерници кои веќе чуле за вештините на масата, беспотребно биле додадени домати. готвачите на „Дежа ву”. И, колку да им биде Крајот го краси делото: „Тиква со слатко од предизвикот уште потежок - секогаш да имаат смокви” и „Суфле од црно чоколадо со сладопонуда од привлечни десерти и мезиња за ентериер, во еден од најатрактивните делови лед”. Вкусни порции, инвентивно аранжирани гостите во „сијамскиот близнак”, кафе-баво центарот на градот. Место што зрачи од како мали слики насликани врз чинијата со рот „Дежа ву”, идентичен простор, веднаш префинети стилови, кои ќе ги забележите во шеќер во прав. до ресторанот. Ако и тоа не е доволно голем педантно одбраните, квалитетни мебел-штоМестото веќе станува прегласно, споредено товар за нив, тука се и интензивните тавански фови, дополнети со огромни убаво уредени со она место во кое сте дошле на почетокот на светла од холот и коридорите со дуќани, кои го аквариуми со егзотични риби. ноќта. На ум ви доаѓа романот „Чудниот случај нарушуваат секој обид на архитектите за да му Најпрвин сте шокирани. Просторот е толку на доктор Џекил и Мистер Хајд”. Питомото дадат на просторот мек, интимен тон. голем што повремено имате чувство дека се место од почетокот на ноќта, веќе беше гласен Уште со првото нешто што ќе го нарачате губите во него. Седнувате на маса наместена клуб-бар, исполнет со поинаква клиентела ќе го почувствувате стремежот на домаќините, со луксузен прибор за јадење и инвентивно нивната различност и тежнеењето кон квалитет. млади луѓе, тргнати на патување низ ноќта во дизајнирани чаши и чинии. На првичниот убав ентериер. Сепак, „фенсерскиот“ прибор и убаво дизајшок се надоврзува следниот. Се губите и во Дали вредеше доаѓањето? Се разбира - да! нираните чинии го заслепеле одговорниот за огромното мени, во кое ќе најдете речиси сe` набавки, кој решил да заштеди на трошоците за „Дежа ву” е одлично искуство. Првите впечатошто можете да најдете во скопските рестораци би можеле да бидат контраверзни, но, сепак, ни со интернационална и медитеранска кујна. салфетки, па одбрал салфетки со несоодветен ќе заминете оттаму желни за нови експерименквалитет наспроти приборот. Од впечатливото Имате впечаток дека менито било составуватирања. Ќе посакате да дојдете пак, да откриете но да одговори на секоја идеја за храна што ќе мени, илустрирано со убедливи фотографии, кој дел од денот, кој дел од менито токму вам решивме да одбереме комбинација од свежи ви падне на памет. ќе ви одговара најмногу. Се поздравивме со досалати, тестенини и по нешто од очигледно Но, да не бидеме толку строги. Не е маќините со пријателски совет: „Бидете храбри! неодоливата листа со десерти. Почнавме со случајно што е тоа така. Големиот простор и Фокусирајте се! Откријте ја вашата оригинална салата „цезар со пилешко“ и „капрезе”. Пред специфичната местоположба на ресторанот приказна. Имате што да покажете”. сместен во големиот трговски центар „Рамстор” нас беа сосем пристојни „цезар” и „капрезе”. Единствената забелешка беше што „капрезето”, - од една страна се предност за сопствениците Адреса: ул. Мито Хаџивасилев - Јасмин б.б., наместо со моцарела, беше направено со парме- ТЦ Рамстор, Скопје пред нивните конкуренти, но од друга страна зан, а стремежот кон оригиналност го направил се и голем товар. Пред себе ја имаат задачата Работно време: 8:30-24:00 (нед-чет), 8:30-1:00 (пет-саб) Резервации: тел. 075 / 30 40 03 неубедлив дресингот на „цезарот”. Но, впечатода задоволат најразлични целни групи - од Картички: Visa, Master Card, Maestro, Diners, кот беше сe` подобар како што се движевме кон „случајни минувачи” кои огладнеле купувајќи American Express главното јадење и десертот. Пробавме одлични во соседните бутици и продавници; студенПристап за луѓе во количка: талјатели со вргањ - исшарани со вкусно сецкано одличен - една рамнина, лифтови тите од блискиот универзитет; армијата луѓе зеленило - и вкусни талјатели со ракчиња - во вработени во фирми во блиската околина; Повеќе инфо: www.dejavu.com.mk; FB: Deja Vu Caffe


LIFE Ј А Н У А Р И

Во државиче како нашево, кое две Некојси селанец од Бангладеш бил прогдецении егзистира токму некаде на ласен за шампион во борбата против стасредината меѓу опашките на стаорците и орците во неговата земја, и како награда говедските вратни кременадли, надежта за убиените 80.000 одвратни животинки, е одамна загубена. Неповратно?... Во организаторите на специфичниот шампивремињата кога сe` уште се читаа книги, а онат во една од најсиромашните држави јас и лично познавав барем две-три деца во светот, му подариле - колор телевизор! кои редовно одеа и во библиотека, имав Демек, шарени лаги за вистинско достигнавика да забележувам и да сочувувам нување. Според медиумските извештаи, од заборавот по некоја мисла, можеби и шампионот кој главно со отров, уништил не толку важна за писателот, колку што точно 83.450 стаорци, чии опашки ги чува мене ми значела во моментот. И, кога како доказ за рекордот, изјавил дека е неодамна, во едно од редовните расреќен поради укажаната му чест, и дека счистувања со минатото, ги разгледував се надева оти ќе продолжи со успесите. старите бележници, пред да ги ставам Иако постои опасност дека подарениот покрај контејнерите како скромен прозорец кон светот (па, уште и во колор) придонес за заработката на маалскиот ќе го замае и оддалечи од активноста ни рециклатор на ѓубрето и спомените, на која досега толку доследно `и се беше слатко си се изнасмеав самиот себеси. И посветил, останува надежта на организана периодот кога толку сум сакал да веторите на натпреварот дека и доколку кај рувам во поубавото утре и кога разните него се создадат некои поинакви надежи благоглаголиви ветувачи, било во црни за иднината, сепак, ќе се роди некој негов мантии или во црни кожени мантили, достоен наследник, кој ќе помага во борНИЕ НИКОГАШ НЕ ЖИВЕЕМЕ, НИЕ СЕ го ветувале истото, секој на свој начин: бата за сочувување на посевите. И така, само ако се надеваме и им веруваме, сите ловци на стаорци, среќни колку што НАДЕВАМЕ ДЕКА ДОПРВА ЌЕ ЖИВЕЕМЕ ако бидеме правоверни и посветени на можат да бидат, ќе ги бројат опашките на идејата или верата, безгрешни и цврсто уверени во исправноста новоубиените шанси за добивање телевизор, и ќе се надеваат дека ќе на нивните насоки за нашиот пат кон иднината. Според избраните се најдат на страниците и на програмите на светските медиуми... стотици нечии цитати, лесно може да се заклучи дека пред две и А, во една од најбогатите држави во светот, откриена е нова надеж за пол децении, сум бил дел од онаа генерација, која откорнувајќи се сите оние кои паднале во депресија, неможејќи да ја издржат стреснаод романтичарскиот занес на своите родители, со сите сили бараше та бркотница по парите кои бегаат побрзо од стаорците од Бангладеш. нешто во што може да верува, нешто на што може да му се надева. Откако не им помогнале ни шарените лаги од најсовремените техноНешто различно. Барем малку поинакво. лошки чуда во сите можни димензии, напнатите или малодушните Нe` учеа дека надежта последна умира и дека секој кој се надева жители на предпотопската ера на висока технолoгија и ниски страсти – умира пеејќи, ама голем дел од нас, едноставно не сакаа да го оджина цивилизираниот Запад, сега имаат шанса да се ослободат од стравот, веат животот според паролата на тогаш поосвестените, кои неизбежод антидепресивите, “спуштачите” & ”кревачите” во форма на шарени но станаа циници - “Ние никогаш не живееме, ние се надеваме дека пилули, и од сесрце да веруваат и да се надеваат дека се вистинити допрва ќе живееме”. И сакавме да имаме свои надежи, да веруваме откритијата на британските научници, оти самиот поглед кон морската дека за разлика од надежите на нашите родители кои се остваруваа шир, ќе ги опушти до балчак. Само со поглед во брановите, наводно ќе на кредит, во ора и низ јуришнички пароли, нам ќе ни се исполнат им се смиреле разбрануваните души. Или, дури и во копнените градоведнаш и тука! Во реалноста, во која сметавме дека имаме право да ви: само со директен контакт со природните елементи ќе допреле – до го побараме за себе оној дел од невозможното на кој се надевавме, нирвана. Значи, шетањето низ парк, сосе мирисот на свежо искосена додека ги слушавме приказните за старите, поубави времиња... И си трева и песната на птиците (и без пребројување нечии опашки) раѓа баравме, сe` така надевајќи се, дека ќе почнеме да живееме. И дојнадеж за поубав живот, за посреќна иднина. Мислам, така велат тоа довме во позиција денес, по децениското самозалажување, неретко научниците, во земјите во кои не се ловат стаорци на организиран лицемерно да ги подлажуваме и сопствените наследници, дека не е сe` шампионат за да се спаси троа храна за милионите гладни. Во оние така црно, дека само треба вредно да работат и дека сe` што е нивно држави во кои никој не се грижи за посевите, оти сe` е асептично ќе си дојде. Демек, дека не смеат да ја загубат надежта. спакувано на гондолите на маркетите и драксторите, и во кои сега, Ги лажеме а свесни сме дека и не можеме многу да очекуваме од психијатрите, наместо седативи ќе им нуделе поглед на море или дури кутрите деца, израснати во времево во кое сурово владее максимата: и фотографии со убави парчиња кртина?! Зашто, според друго научно “Сe` што имам, сe` сум украл, само дипломата и возачката дозвола – ги истражување, розовото месо во чинијата, на волонтерите-заморчиња купив!” И самиот, кога така, случајно минувајќи и низ неговиот живот, во експериментот, наводно им будело убави чувства и им асоцирало на син ми му ги раскажувам приказните од моите поубави времиња, на заеднички ручек во топлиот дом со роднини и пријатели. И им ја за сопствените верувања, очекувања и надежи, неретко се сепнувам, разгорувало надежта дека сe` може да биде и поинаку... Со едноставно за да не забегам во благоглаголивост. Иако не сакам да му ги „долносвртување на погледот кон морските далечини или кон T-bone steak на сувам” сништата, страв ми е да не почне да живее во надеж... чинијата, голема како раткапна од камионско тркало.

б е л е ш к и н а с л у ч а ј н и о т м и н у в ач

¢ Синиша Станковиќ

113

ОПАШКИ И СЕДАТИВИ


панорама

ПАНО МАГИЧНА АТМОСФЕРА ВО КАФЕТЕРИЈА „КАШМИР“

Поранешен „Лезет“, во близина на дракстор „Бети“ Да го искусиме ориентот во прегратките на кафетерија „Кашмир“. Магична атмосфера со неодолив мирис на највкусното варено вино „вранец“. Ориенталното „сезам кафе“ ќе го разбуди во вас чувството за авантура и копнеж по некоја од земјите на заводливиот ориент, а таму ќе ве одведе и вкусниот салеп од јагода, чоколада или рум. Продолжете го патувањето со арапскиот, индискиот или африканскиот чај. За вистинско уживање „Кашмир“ нуди „сангриа“ со префинет вкус по ориентален рецепт. Атмосферата е надополнета со специфична музика, жуборење на фонтана и безброј антиквитети.

РАЗУБАВУВАЊЕ НА СКОПСКОТО СЕКОЈДНЕВИЕ Кафе-бар „Коктел бар“ ул. Македонија б. б. Специфично за „Коктел бар“ е што нуди повеќе од 300 различни алкохолни и безалкохолни коктели. Алкохолните коктели се прават на база на вотка, рум, текила, џин, ликер, мартини додека безалкохолните со природни сокови, кафе, млеко, овошје. Во ентериерот преовладуваат удобните сепариња, црните кожени фотелји, дрвените држачи за пијалаци, интересните украсни предмети. На ѕидовите спроти големиот полукружен шанк има мозаици кои ги изработил академскиот сликар Димитар Димитров. „Коктел- бар“ веќе пет години им го разубавува секојдневјето на скопјани на случајните, но и на неслучајните минувачи.

114 LIFE Ј А Н У А Р И

ПОДАРОК! Nutrivita и LIFE магазин им подаруваат комплет козметика Olivella на тројца читатели! Комплетот содржи: навлажнувач за кожа Olivella (50ml), крем за раце Olivella (75ml), крем за тело Olivella (150ml) и гел за туширање SO™ (Sex&Olive) Кокос (250ml). Сите заинтересирани читатели треба да испратат имејл на life. magazin@yahoo.com со предмет „ПОДАРОК ОЛИВЕЛА“ и во пораката да ги остават нивните податоци (име, презиме и контакт телефон). Најбрзите тројца читатели ќе го добијат овој вреден подарок!


панорама

РАМА ОМИЛЕНО МЕСТО НА УРБАНИТЕ ЛИКОВИ

Кафуле „Круг“, во Дебар Маало Уникатен простор во кружна форма со печати по ѕидовите, целиот испреплетен во бои на тиркиз и сепија. Омилено место на скопските урбани ликови, од уметници, писатели до новинари. Познато е по вкусното кафе „или“ како „автер ворк“ забавите, секој петок од 17 часот. Целиот ентериер е од дрво, оникс и други природни материјали. Муабетот се одвива на џез и рок музика, а наскоро најавуваат и живи свирки.

„АМЕРИКАНСКА МОДА“ ВО СКОПЈЕ

ПО НАШ ВКУС, ЗА СЕЧИЈ ЏЕБ Место: ресторан и пицерија БУКЕТ адреса: бул.Св.Климент Охридски 66 (спроти Театар Центар) буџет: 500 денари за двајца Ресторанот и пицерија „Букет“ го носи името на едно од најпознатите места во „Старо Скопје“, стариот ресторан „Букет“ кој се наоѓаше на ул. „Мито Хаџивасилев Јасмин”, на местото каде што сега се наоѓа комплексот Сити Плаза (веднаш до Рамстор). Иако изгледа помодерно и има нова локација, новиот „Букет” како да ги има наследено гостите на старото скопско место. Актерите, режисерите и вработените во театарот се редовни гости на „Букет”, но има и многу писатели, новинари, политичари, уметници... Вработените од околните фирми одат да појадуваат чорба, или на пауза за ручек, или на закуска по работа. Студентите од блискиот универзитет доаѓаат на пица или на ладен сендвич во паузите помеѓу предавањата.

Ова место по сечиј (и наш) вкус е дефинитивно и место за сечиј џеб. Ако сте двајца (како што бевме и ние), можете да јадете навистина вкусно и евтино, без разлика дали ќе изберете пица, пастрмајлија (која топло Ви ја препорачуваме) или некое „посериозно“ јадење. Нашиот избор падна на џигер, шашлинг (или шашлич) и превкусните форнарини. За пиење, големо пиво, за двајцата. Ручекот нe` чинеше точно 480 денари, сосема вклопувајќи се во скромниот буџет.

115 LIFE Ј А Н У А Р И

Населба Аеродром спроти ТЦ Бисер Добро познатите брендови Antonio Melani, BCBG, Lauren Polo, Liz Clainborne, Reba, Talbots, Calvin Кlein, веќе можат да се најдат и во Скопје и тоа по многу достапни цени. Сопственичката на бутикот Катерина тврди дека целата роба во продавницата е донесена од САД и најавува дека секој месец ќе пристигнуваат нови модели - „Се надеваме дека со квалитет и со добра цена ќе постигнеме успех“ рече Катерина на неодамнешното отворање на бутикот.


ЕКСКЛУЗИВНИ ПОПУСТИ СО LIFE КЛУБ КАРТИЧКА !!! Во прилог е новата, проширена листа на партнери кои специјално за Вас, корисниците на „LIFE КЛУБ КАРТИЧКАТА“ доделуваат попусти на производите и услугите кои ги нудат. Секако, не заборавајте да ја проверите новата листа следниот месец!

* Листата на попусти се менува секој месец. LIFE магазин не одговара за промените направени од страна на партнерите во тековниот месец

ЈАВНИ ИНСТИТУЦИИ

МАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ТЕАТАР - 25% попуст на билети; попустот не важи за премиери и специјални гостувања бул. Св. Климент Охридски б.б., Скопје

ДРАМСКИ ТЕАТАР – 25% попуст на билети; попустот не важи за премиери и специјални гостувања Шекспирова 15, Скопје

МАКЕДОНСКА ФИЛХАРМОНИЈА - 20% попуст на билети Македонија б.б., Дом на АРМ, Скопје

ФИТНЕС-ЦЕНТРИ

116

LIFE Ј А Н У А Р И

TCC PLAZA WELLNESS CENTAR – 25% попуст на месечниот полн пакет (неограничено користење фитнес-сала, базен и сауна) Васил Главинов 12, Скопје тел. (02) 3 111 807

MAGNUS FITNESS CENTAR - 10% попуст на фитнес, аеробик, пилатес и пакетите за солариум Ул. Огњан Прица б.б., лок., Скопје Тел: 072 222 222 www.magnus.com.mk

КОЗМЕТИЧКИ И ФРИЗЕРСКИ САЛОНИ

AURIЕGE – PARIS (ДЕРМАБЈУТИ) - 10% на која било индивидуална услуга и 10% попуст на секој индивидуален производ Ул. Христо Смирненски 54, Скопје tел: (02) 3 230 130 www.auriege.com

SILHOUETTE – 10% попуст на сите услуги Silhouette Скопје Ул. „Васил Главинов“ бр. 7б, Скопје Тел: (02) 3223 355 ; (02) 313 13 13 Silhouette Битола ул. „Пелагонка“ бр. 2, Битола тел: (047) 60 99 99 Silhouette Охрид ул.„Туристичка“ бр. 49a, Охрид тел: (046) 257 789 FASHION LOOK - ФРИЗЕРСКО И КОЗМЕТИЧКО СТУДИО, НАДГРАДБА НА НОКТИ И ШМИНКА – 10% попуст на сите услуги ул. Васко Карајанов бр.5, Скопје тел: 02 32 32 682 / моб: 071 248 518 моб: 070 222 517 e-mail: feshion.look@gmail.com

CUT & CUT - HAIR STYLING STUDIO – 10-20% попуст, во зависност од услугата ул. Наум Наумовски Борче бр. 87, Скопје тел: (02) 3120 235 / моб: 070 600 183 www.cut-cut.com.mk e-mail: dimitar.dimovski@cut-cut.com.mk

Пелагонка 2, ламела 2/4 кат, Битола тел. (047) 202 231 www.aura.com.mk e-mail: aura@aura.com.mk СТУДИО MAJA - 20% попуст на сите услуги бул. Климент Охридски бр. 17, Скопје тел. (02) 3 214 082

MIU MIU – 10% попуст на сите третмани, освен за пакетите на попуст и солариум ул. Христо Смирненски 42/4 , Скопје тел. (02) 60 90 790

ПРОДАВНИЦИ ЗА ОБЛЕКА И ЧЕВЛИ, БУТИЦИ, АСЕСОАРИ, НАКИТ

SPRINGFIELD - 10% попуст ТЦ Рамстор и ГТЦ – Скопје; Гоце Делчев 25 - Куманово.

BATA - 10% попуст ТЦ Рамстор и ТЦ Соравија – Скопје.

GEOX - 10% попуст ГТЦ, Скопје

MISS SIXSTY, ENERGY, KILLAH - 10% попуст, ТЦ Соравија, Скопје AURA - 10% попуст на сите услуги освен за услугите кои се на редовен попуст

FANI PRIMO – 20% попуст ул. Анкарска бр. 29, Скопје

BABETTE – 10% попуст на артикли кои не се на попуст ГТЦ, I кат (спроти Mango, веднаш до Oxette), Скопје

PETEK 1855 – 10% попуст на производите кои не се на редовен попуст Caleidos - Nine West - United Nude - Terra Plana – Herry – Baumm – гардероба и накит од македонски дизајнери ГТЦ 1 кат, Скопје тел. (02) 3 221 503 e-mail: info@narsgroup.com

LUDUS CONCEPT STORE – 10% попуст за сите производи, освен модните колекции ул. Франклин Рузвелт 39, Скопје www.ludus.com.mk

BIZU BRIZIT BIJOUTERIE & ACCESSORIES – 10-20% на целиот асортиман Партизански одреди бб, А3 - лок. 5, Скопје тел. (02) 322 49 24

DVE SMIZLE – 15% попуст ГТЦ – приземје (Златарска уличка), Скопје www.dvesmizle.com тел. (02) 3 222 586


www.makfax.com.mk/lifeklubkartichka

L'ADORO GIFTS & MAGIC – 10% на целиот асортиман ул. Максим Горки 20, Скопје тел/факс 02 3225 115 www.ladoro.mk / www.ladoro.tc.mk e-mail: contact@ladoro.mk

КНИЖАРНИЦИ

КАФЕ-КНИЖАРНИЦА ТРИ - 10% попуст ГТЦ I кат, Скопје, Тел: (02) 32 38 722 Моб: 071 268 402 www.kniga.com.mk e-mail: knizarnica@kniga.com.mk ACID WEAR – 10% попуст Токсик - ГТЦ 1 кат позади Југотон и Acid Store - спроти Рамстор - Скопје www.acidwear.com.mk ЛУКАС ММ, БИТОЛА - 20% попуст на сите артикли коишто се по редовни цени Продавница за спортска опрема Лукас ММ, ул. Добривое Радосављевиќ 12, Битола Продавница за чевли Лукас ММ, ул. Добривое Радосављевиќ 12, Битола Продавница за спортска опрема Лукас ММ, ул. Добривое Радосављевиќ 3, Битола

МАГОР - 20% на сите светски бестселери (изданија на Магор) ул. Ленинова 16-2, Скопје www.magor.com.mk

BLESOK - 20% попуст на книги нарачани преку www.blesok-shop.com.mk www.blesok.com.mk www.blesok-shop.com.mk

ОРДИНАЦИИ ПАШОСКИ, ОРДИНАЦИИ ПО ОПШТА МЕДИЦИНА И СТОМАТОЛОГИЈА - 20% попуст за приватно лекување Ул. 50 Дивизија број 34, Скопје Тел: 02 3179 805 (општа медицина) Тел: 02 3179 893 (стоматологија) Работиме со сини картони www.pasoski.com.mk e-mail: info@pasoski.com.mk ГИНЕКОЛОГ ДР. ХАЏИЕВСКА – 20% попуст за приватни прегледи Поликлиника Идадија, ул. Иво Лола Рибар бб, Скопје тел. (02) 3 231 419

ГИНЕКОМЕДИКА - 10% попуст на сите услуги. Ул. Народен Фронт бр. 9/1, Скопје тел: (02) 3 220 800 тел: (02) 3 111 392 www.ginekomedika.com.mk ПЗУ ПОЛИКЛИНИКА RES HUMANA - 10% попуст на пакет уролошки преглед за мажи и 10% попуст на интернистички ехотомографски иследувања Миле Поп Јорданов 44, населба Козле, Скопје тел/факс. (02) 3083 900; (02) 3085 754

АМБУЛАНТА PRAMA MEDICA - 20% попуст за Кабинет за остеопороза – дензитометрија и 15% попуст за Акупунктура ул. Јуриј Гагарин 41б, Скопје тел/факс. (02) 30 90 002 e-mail: pramamedica@yahoo.com

КОЗМЕТИКА И ДРОГЕРИИ

УМЕТНИЧКА ГАЛЕРИЈА И АНТИКВАРНИЦА БЕЗИСТЕН - 10% попуст за целокупниот асортиман на галеријата кој е со редовна цена ул. Вељко Влаховиќ 3 (на „Рекорд“), Скопје, тел/факс: (02) 3 117 150 www.artgallerybezisten.com.mk e-mail: pieta@unet.com.mk

МАТИЦА МАКЕДОНСКА - 10% попуст бул. Св. Климент Охридски 23, Скопје тел: (02) 3 22 11 38; 3 23 03 58; 3 22 42 65, факс: (02) 32 17 139 е-mail:contact@matica.com.mk www.matica.com.mk

ОРДИНАЦИИ ACCESSORIES - 15% попуст; не важи за артиклите кои се веќе на попуст Ramstore, тел: (02) 3 228 024, Скопје ГТЦ, тел: (02) 3 121 705, Скопје

PROTETICS S&S - 15% попуст ПРОТЕТИКА С и С, д-р Борис Станков, ул. Даме Груев, Градски ѕид б.б. (во просториите на ЈЗУ „Железничар“), Скопје тел: (02) 5 210 846 (02) 3 134 444, лок. 112 Моб: 070 234 445

НУТРИВИТА – за природна козметика Olivela –10% попуст, за додатоци во исхрана GE 132, Symbiotics, Stevia и алги –10% попуст и за Lansinoh колекција за трудници и доилки – 10% попуст 29-ти Ноември бр.15-3, Скопје Тел: (02) 3230 777 Факс: (02) 3230 777 www.nutrivita.mk

РЕСТОРАНИ NOBU SUSHI & BAR - 15% попуст на целото мени ул. Ленинова 29, Скопје тел. (02) 31 21 123 nobu.restaurants.com.mk

LA LUNA – 20% попуст на целото мени Ramstore, прв кат, Скопје Тел: (02) 312 12 14 www.laluna.com.mk e-mail:laluna@laluna.com.mk

DALMA - 10% попуст Ресторан Далма, Петар Поп-Арсов 22, Скопје Тел: (02) 3 246 616 www.dalma.com.mk e-mail: contact@dalma.com.mk

ГОСТИЛНИЦА ИВ - 10% попуст на цело мени 11 Октомври б.б., Скопје тел. (02) 3114 040

РЕСТОРАН ШАФРАН - 15% попуст на цело мени Васил Ѓоргов 20/7, ТЦ Капиштец, Скопје моб. 078/331-709

БЕЛА ТЕХНИКА И КОМПЈУТЕРИ МИГОР – ДЕЛ СТОР - 5% попуст ТЦ „Беверли Хилс“ ниско приземје, лок. 55, Скопје

ХОТЕЛИ

ХОТЕЛ АМБАСАДОР, БИТОЛА - 30% попуст ул. Београдска 2а, Битола тел. (047) 225 623 ХОТЕЛ МИЛЕНИУМ, БИТОЛА – 10% попуст ул. Маршал Тито 78, Битола тел: (047) 241 001

117 LIFE Ј А Н У А Р И

Доколку се` уште не сте ја активирале Вашата картичка, сторете го тоа на следнава адреса:


ТАРОТСКОП ЈАНУАРИ 2011

118

LIFE Ј А Н У А Р И

¢ Мадам Шехерезада

ОВЕН ОСУМ НА ПАРИТЕ

БИК ДЕВЕТ НА ПЕХАРИТЕ

БЛИЗНАЦИ ОСУМ НА МЕЧОВИТЕ

РАК КУЛА

ЛАВ КРАЛ НА ПЕХАРИТЕ

ДЕВИЦА ВИТЕЗ НА СТАПОВИТЕ

Иако можеби сметате дека одморот ви е повеќе од заслужен, сепак, во јануари ве очекува многу работа и многу нови задачи. Немојте да се фрустрирате што ќе треба да учите нешто ново, туку прифатете го предизвикот и сработете го најдобро што можете. На крајот целиот тој труд ќе ви се исплати! Во љубовта: без големи превирања, без нови предизвици. Совет: топло чоколадо и дигната глава!

Убава, среќна карта која вели дека месецов ќе ви се оствари дел од новогодишните желби. Ќе бидете весели, исполнети и вљубени, ќе внесете поинаква сензуалност доколку имате врска или ќе иницирате нова романса. Искористете го јануари за да уживате во убавите нешта, бидејќи и на работен план ова е месец на собирање на плодовите. Совет: чист планински воздух и чај со рум!

Ситуацијата во која ќе се најдете (или веќе се наоѓате, а можеби не сте свесни за тоа), најверојатно ви изгледа безизлезна. Чувствувате како ви се врзани рацете (што најверојатно е така), но целата поставеност на ѕвездите на јануарското небо и оваа карта велат друго – од непријатната ситуација можете да „се одврзете“ само вие самите! Време е за борба, а по неа топла чорба и задоволна насмевка.

Со новата година - сосема нови почетоци. Иако можеби настаните во јануари ќе ве изместат од вообичаениот колосек, промените ќе „ве однесат“ во добар правец. Нова работа, нова љубов, нов стан? Се` е можно, и се` ова подразбира расчистување со незавршените, старите, дотраените работи. Не се плашете, препуштете се, и ако малку боли, брзо ќе помине. Совет: Вечера со вино и доза љубов.

Во претстојниот период ќе биде ставена на тест вашата лавовска природа, вашата желба за доминација и „огнениот“ темперамент. Јануари е месец кога ќе треба да ги смирите страстите (особено во конфликтите на работното место) и да се обидете со поинаков пристап: тивок, умерен и дипломатски. Ќе се зачудите од резултатите! Совет: подарете си неколку дена „насамо“ со партнерот и уживајте!

Полни сте со ентузијазам, што е одличен почеток на годината. Позитивната енергија најверојатно ќе треба малку да ја пренесете и на околината, па немојте да се зачудите ако пријателите или партнерот побараат поддршка или помош од вас. Ако размислувате за патување, дефинитивно сега е вистинскиот момент. Не се двоумете, куферите в рака, и на планина (или некаде многу јужно, во пустина)!

ВАГА ШЕСТ НА СТАПОВИТЕ

СКОРПИЈА ДВА НА ПАРИТЕ

СТРЕЛЕЦ УМЕРЕНОСТ

ЈАРЕЦ ДЕВЕТ НА СТАПОВИТЕ

ВОДОЛИЈА КРАЛ НА СТАПОВИТЕ

РИБИ ДЕСЕТ НА ПАРИТЕ

Убав период за сите ваги: исполнување на задачите, остварување на мали победи, постигнување на резултати - и тоа на сите полиња. Успеси во работата и хармоничен љубовен живот (или нова романтична врска за „неврзаните“ ваги), со други зборови, се` што ви е потребно за добар почеток на новата година. Совети: немојте да се вообразите, бидете добри, пригответе ручек за семејството!

Дефинитивно овој јануари е месец за промени, особено за промена на вашата финансиска ситуација. На бизнис-план на повидок е успешна зделка, бонус или унапредување, додека промената на љубовен план ќе се „манифестира“ како интересна авантура, забави и интересни средби или пак возбудливи (и позитивни) турбуленции во постоечката врска. Совет: излегувања и коктели, што друго?

Планетите во комбинација со умереноста укажуваат дека ви претстои период на „собирање на сила“, период кога ќе треба да направите пауза и да „измерите“ се` што сте направиле во минатата година, како и да ги пренасочите силите кон она што мислите дека вреди – во новата година. Со партнерот ве очекува убав период полн со љубов и хармонија. Совет: варено вино, камин, тивка музика...

Стресниот период, и покрај празничната еуфорија, за вас никако не завршува. Напорната работа која ќе ја има и во јануари, како и неизбежните проблеми на работното место влијаат на вашето расположение. Ѕвездите и картите ви сугерираат само да издржите без разлика на се`, бидејќи, колку и да не ви е веројатно, на маките им се гледа крајот! Совет: чај од камилица и колачиња.

Убаво ви дојде одморот за празнициве, па решивте да се ангажирате на сите полиња и да ги „средите“ работите. Внимавајте само да не претерате со вашиот преголем ентузијазам, па да не предизвикате лути реакции (и кај колегите, и кај семејството). Иако вам ви се чини дека сте во право, размислете дали можеби не си придавате преголема важност. Совет: помалку храна, повеќе толеранција!

Десетката на парите и распоредот на планетите во јануари даваат мало предупредување: периодот на трошење пари заврши, време е да почнете да штедите! Воздржете се од непотребните трошоци и се` ќе биде ок. Потрудете се да минувате повеќе време со љубената личност и во кругот на семејството, немојте да дозволите да ви забележат што ве нема. Совет: верувајте му на Таротскопот во LIFE!




Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.