Iaf why use accredited cb mak

Page 1

Еднаш сертифициран, насекаде прифатен

Зошто да се користи акредитирано сертификациско тело? Сертификацијата на системите за управување од трета, независна страна е често баран услов за работа на глобалниот пазар. Таа може да демонстрира усогласеност со стандард, кодекс на пракса или регулаторни барања. Исто така, сертификацијата придонесува за внатрешно бизнис подобрување.


Зошто да се користи акредитирано тело за сертификација? При избoрот на соодветната организација за сертификација на Вашиот систем може да се соочите со многу непознати прашања. Да се избере сертификациско тело, кое е акредитирано од страна на тело за акредитација, кое пак е потписник на IAF –MLA мултилатералниот договор за признавање, досега се покажа дека е во согласност со најдобрите пракси. Ова од причина што телото е компетентно да овозможи постојано веродостојна и непристрасна услуга што ги задоволува барањата на соодветен меѓународно признат стандард. Што треба да се земе предвид при изборот на сертификациско тело? При изборот на организацијата што ќе изврши сертификација на Вашиот систем за управување, постојат бројни чинители кои треба да се земат во предвид: квалификации, обука и мониторинг на тековната компетентност на персоналот технички компетентни луѓе кои имаат релевантно искуство и секторска експертиза сертификацијата е позната за набавувачите на домашниот и странските пазари сертификацијата независно и непристрасно ја верификува усогласеноста со одреден стандард.

Акредитацијата е независна оцена на сертификациските тела по стандардот ISO/IEC 17021: (Барања за телата кои вршат проверка и сертификација на системи за управување) за да се обезбеди нивната непристрасност, компетентност и конзистентност. Стандардот ги поставува принципите и барања за компетентност, конзистентност и непристрасноста на телата кои даваат услуги на проверка и сертификација на системи за управување. Во многу земји, акредитацијата не е задолжителна. Треба да се напомене следново: фактот што сертификациското тело не е акредитирано, сам по себе, не значи дека тоа не е реномирана организација. Сепак, многу тела за сертификација избираат да побараат акредитација, односно да се акредитираат како би можеле да демонстрираат независна потврда на нивната компетентност и независност.


Кои се придобивките од користењето на акредитирано сертификациско тело?

Постојат многу причини зошто треба да се користат услугите на акредитирано сертификациско тело:  Ве ослободува од ризик на претпоставки или нагаѓања при избор на сертификациско тело на начин што Ви дава доверба дека ќе добиете услуга која најблиску одговара на Вашите барања;  Можност за проширување со нови бизниси, бидејќи користењето на акредитирани услуги за оцена на сообразност е се поприсутно и во јавниот и приватниот сектор;  добивате пристап до странските пазари, бидејќи сертификатите издадени од тела кои се акредитирани од страна на потписници на IAF MLA-договорот се признати и прифатени низ светот;  помага да се идентификуваат најдобрите практики, бидејќи од сертификациското тело се бара да има соодветно познавање на Вашиот бизнис сектор;

 ги контролира трошоците со помош на трансфер на знаење, бидејќи акредитираните сертификациски тела можат да бидат добар извор на непристрасен совет;  нуди пазарна диференцијација и лидерство преку прикажување на другите веродостојни докази за добра практика;  демонстрира разумност за правни барања во случај на правно дејство;  го намалува документираното работење и ја зголемува ефикасноста преку намалување на потребата од повторна проверка на вашиот бизнис.


Области на сертификација на системи за управување

Иако сертификацијата на системите за управување со квалитет (според ISO 9001) претставува голем процент од работата преземена од страна на сертификациските тела, постојат и други подеднакво важни области за работа, и тоа:  Сертификација на системи за управување со безбедност на информации (ISО/IEC 27001)  Сертификација на системи за управување со животна средина (ISO14001)  Сертификација на системи за управување со ИТ услуги (ISO 20000)  Сертификација на системи за управување со безбедност на храна (ISO 22000)  Сертификација на системи за управување со безбедност на снабдувачки синџири (ISO 28000)


Како можам да најдам акредитирано сертификациско тело? За да дознаете дали вашата земја има тело за акредитација, посетете ja интернет страната на Меѓународниот Форум за акредитација (IAF) на www.iaf.nu и користете ја листата на земјите-потписнички на IAF MLA, за да идентификувате тело за акредитација во вашата земја или регион.

Во поголемиот број земји, телата за акредитација објавуваат листи или директориуми на телата за сертификација кои се акредитирани од нивна страна, кои често вклучуваат податоци за контакт и опсег. Акредитацијата е независна оценка на сертификациски тела според признати стандарди, за да се обезбеди нивната непристрасност, компетентност и конзистентност.

Целта на IAF –MLA мултилатералниот договор за признавање, е да се обезбеди меѓусебно признавање на акредитираните сертификации помеѓу потписниците на MLA, а последователно на тоа прифаќање на акредитираните сертификации на многу пазари врз основа на една акредитација. Акредитацијата и IAF MLA им помагаат на регулаторите да ги исполнат нивните законски обврски преку обезбедување на глобално признат систем за прифаќање на акредитирана сертификација.


Еднаш сертифициран, насекаде прифатен

Повеќе информации за IAF и акредитацијата Меѓународниот форум за акредитација (IAF) е глобална асоцијација на тела за акредитација, на здруженија на сертификациски тела и други организации кои се вклучени во активности за оцена на сообразност во различни области, вклучувајќи системи за управување, производи и персонал.

Членките на IAF работат заедно на светско ниво да се постигнат заеднички цели за олеснување на трговијата преку развивање на принципите и практиките за спроведување на оцената на сообразност, што ќе ја испорача довербата, потребна за прифаќање на пазарот.

За повеќе информации јавете се на: Секретаријат на IAF Elva Nilsen 28 Chemin Old Chelsea Box 1811 Chelsea, Quebec CANADA J9B 1A0 Тел: +1 (613) 454 8159 E-пошта: iaf@iaf.nu www.iaf.nu

IAF на светско ниво го промовира прифаќањето на сертификатите за сообразност издадени од страна на сертификациски тела акредитирани од потписник на IAF MLA и се обидува да ја зголеми вредноста на сите заинтересирани страни преку своите активности и програми.

ИАРМ Кеј Димитар Влахов бр. 4, зграда 2, спрат 3, 1000 Скопје, Р. Македонија Тел: ++389 2 3293 080 Факс: ++389 2 3293 089 E-пошта: info@iarm.gov.mk www.iarm.gov.mk

© Заштитени авторски права 2011 IAF IAF ја поттикнува овластената репродукција на своите публикации, или нивни делови, од страна на организации кои сакаат да ги користат како материјал за области поврзани со образование, стандардизација, акредитација, добрата лабораториска пракса или за други цели релевантни за областа на експертиза на IAF. Организациите кои бараат дозвола за репродуцирање на материјали од публикациите на IAF мора писмено или преку електронски средства, како што е е-мејл да го контактираат Претседателството или Секретаријатот на IAF. Дозволата на IAF за репродуцирање на нивниот материјал се однесува само за она што е наведено во првичното барање. За било која варијација на наведената намена на материјалот, IAF мора однапред да биде писмено известен за дополнителна дозвола.


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.