Broshura%20ea mak

Page 1

11


АКРЕДИТАЦИЈА

3

ОЦЕНА НА СООБРАЗНОСТ

4

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА КОМПЕТЕНТНОСТ

7

EA - ЕВРОПСКА ОРГАНИЗАЦИЈА ЗА АКРЕДИТАЦИЈА

8

МЕЃУНАРОДНИ ДОГОВОРИ

9

ПРИДОБИВКИ ЗА ЈАВНИОТ И ПРИВАТНИОТ СЕКТОР

10

ДЕЛОТВОРНОСТ НА ПАЗАРОТ

11

ДОДАДЕНАТА ВРЕДНОСТ НА АКРЕДИТАЦИЈАТА

12

СИГУРНИ ПАРТНЕРИ

15

2


Што е акредитација? АКРЕДИТАЦИЈА Сервис на заедницата Акредитацијата обезбедува потврда дека акредитираните тела кои нудат услуги за тестирање, калибрација, сертификација, инспекција и услуги на верификација, се технички компетентни и непристрасни да ја проверат сообразноста на производите и услугите со соодветни национални и меѓународни стандарди. Во Европската унија, акредитацијата се изведува од странa на национални тела за акредитација (НТА) назначени од страна на владaтa, согласно со Регулативата (ЕК) 765/2008.  Во регулираната област, законот предвидува акредитација на телата кои квалификуваат одредени категории на производи и услуги (на пример: производи со ознака СЕ како што се играчки, лифтови, прехранбени производи со заштитено односно гарантирано потекло итн.) кои можат да се стават на пазарот дури откога ќе бидат подложени на оценка на сообразност во однос на соодветните стандарди. Ова е нотификација.  Во доброволната област, не постои конкретен законски пропис. Компаниите бараат акредитација за му обезбедат на пазарот непристрасна потврда на нивната компетентност при гарантирањето на квалитетот, сигурноста, безбедноста итн., на производите односно услугите.

ВО ЕВРОПА АКРЕДИТАЦИЈАТА Е РЕГУЛИРАНА ВО РЕГУЛАТИВАТА (ЕК) 765/2008 ВО СИТЕ ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА ЕУ, ВЛАДИТЕ СЕ ОДГОВОРНИ ЗА АКРЕДИТАЦИЈА АКРЕДИТАЦИЈАТА ЈА ПОДДРЖУВА КАКО РЕГУЛИРАНАТА ОБЛАСТ ТАКА И ДОБРОВОЛНАТА ОБЛАСТ АКРЕДИТАЦИЈАТА ЈА ОЛЕСНУВА ТРГОВИЈАТА И ОВОЗМОЖУВА ПРИДОБИВКИ ЗА ПАЗАРОТ И ОПШТЕСТВОТО

31


Европски систем на акредитација

Уште од 2008 година, Регулативата (ЕК) 765/2008 ја воспоставува првата законска рамка за акредитација во Европа, предвидувајќи ги условите за акредитација во врска со пуштањето на производите на пазар. Предвидува усогласен, строг пристап кон акредитацијата во сите земји членки на ЕУ, така што на крајот, само еден сертификат односно извештај за акредитација ќе биде доволен за докажување на техничкиот капацитет на акредитираното тело. Главните принципи на акредитацијата во Регулативата која ги надополнува ISO/IEC 17011 и другите меѓународни стандарди за телата за оцена на сообразноста, се:  Едно тело за акредитација во една земја членка  Акредитацијата се врши како дејност со јавни овластувања  Нема конкуренција помеѓу националните тела за акредитација, како и помеѓу нив и телата за оцена на сообразноста  Дејност од која не се остварува добивка  Застапеност на заинтересираните страни. Во согласност со членот 11 на Регулативата, акредитацијата обезбедува претпоставена сообразност: акредитираните сертификати и извештаи можат да бидат признаени во сите земји членки на ЕУ.

Што е оцена на сообразност? ОЦЕНА НА СООБРАЗНОСТ Зголемување на довербата на пазарот Услугите за тестирање, калибрација, испитување, сертификација и верификација, кои ги вршат акредитираните тела, заеднички се викаат активности за оцена на сообразност. Во својство на овластени и непристрасни субјекти, националните тела за акредитација (НТА) ја оценуваат компетентноста на лабораториите, телата за инспекција и сертификација. НТА го гарантираат кредибилитетот на оцената на сообразност и сигурноста на сертификатите и извештаите. Услугите за оцена на сообразност, извршени во рамките на акредитацијата, потврдуваат дека производите и услугите се усогласени со предвидените услови – стандарди и други соодветни спецификации. Системот за оцена на сообразност е структуриран така, да и даде гаранција на јавноста и да ја поттикне деловната конкуренција. Во Европа, системот за оцена на сообразност е подобрен од страна на Европската комисија со цел да се зголеми довербата на регулаторите, бизнисите и потрошувачите и го гарантира слободното движење на стоки и услуги на пазарот, нудејќи високо ниво на здравствена заштита и безбедност за потрошувачите и животната средина. Сите групи во општеството се вклучени во обезбедување на доверба во производите и услугите ставени на пазарот: владите, бизнисите, клиентите и крајните корисници.

4


Подобрата регулатива се заснова на компетентен, непристрасен и делотворен систем каде што владите, бизнисите и потрошувачите имаат соодветни улоги во одржувањето на довербата.

РЕГУЛАТОРИТЕ се потпираат на

НАЦИОНАЛНИТЕ ТЕЛА ЗА АКРЕДИТАЦИЈА кои ја проверуваат стручноста на

Лабораториите Калибрација Тестирање Медицина

Организатори на шеми за тестирање на оспособеност

Инспекциски тела

Тела за сертификација на производи менаџмент системи, лица

Тела за верификација

кои нудат услуги за оценка на сообразност со стандарди/ регулаторни услови / критериуми на шеми

Калибрација Тестирање Испитување/ анализа

Меѓулабораториски споредби и тестирање на оспособеност

Инспекција на производи, процеси, услуги и нивна инсталација односно дизајнирање

Сертификација на производи, системи, лица, процеси или услуги

Верификација на декларации за емисија на стакленички гасови

за потребите на Бизнисот

Владите

Потрошувачите

на пазарот на Производи

Услуги

51


Акредитацијата е постојан процес кој ја гарантира компетентноста на акредитираните тела кои вршат услуги на оцена на сообразност, какви што се:

СЕРТИФИКАЦИЈА НА МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ За квалитет, животна средина, здравје и заштита при работа, енергија, храна, информатичка безбедност, информатичка технологија, одржлив развој

ЛАБОРАТОРИСКИ ТЕСТИРАЊА хемиски, биолошки, физички, пожар, машинство, вода, воздух, храна, електрика и електроника, софтвер, ДНК, отпечатоци од прсти, анти-допинг, здравје на животни

МЕДИЦИНСКИ ИСПИТУВАЊА СЕРТИФИКАЦИЈА НА ПРОИЗВОДИ, ПРОЦЕСИ И УСЛУГИ играчки, лифтови, електрични уреди, опрема за лична заштита, градежни производи, биогорива, органска храна и ознаки за квалитет, рециклирани производи, електронски потпис

микробиологија, хистологија, онкологија, хематологија, генетика, имунобиологија, бактериологија, вирологија, ендокринологија, репродуктивна биологија

КАЛИБРАЦИИ СЕРТИФИКАЦИЈА НА ЛИЦА проверувачи, заварувачи, верификатори, инспектори, експерти, консултанти, стручњаци за ИТ, здравствена заштита, обука и образование

мерачи на брзина, уреди за мерење на тежина, спектрометри, хронометри, уреди за следење на зрачење, мерачи на проток на гас, електронски мерачи

ВЕРИФИКАЦИЈА ИНСПЕКЦИИ производи, услуги, дизајн, инсталации, објекти, патишта, пруги, камиони и коли

6

за ЕМАС регистрација и декларации на емисии на стакленички гасови, како што се водена пареа, јаглерод диоксид, метан, азотен оксид, озон, хлорофлуоројаглероди


Како се обезбедува доверба во компетентноста? ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА КОМПЕТЕНТНОСТ Обезбедување на доверба во резултатите од извештаите и сертификатите Акредитацијата се заснова на демонстрирање на усогласеност со предвидените услови за компетентност, независност и непристрасност. КОМПЕТЕНТНОСТ Искуството и техничките вештини на вработените во акредитираното тело односно кај барателот, ги проверуваат квалификувани оценувачи со соодветна стручност и специјализирано знаење. НЕЗАВИСНОСТ Акредитираните тела кои вршат сертификација треба да покажат дека се независни од организацијата за која ги вршат овие услуги. НЕПРИСТРАСНОСТ Акредитираните тела треба да покажат отсуство или соодветно управување со конфликтите на интерес со клиентот за кого ги вршат услугите.

Акредитација Акредитацијата е формално признавање на техничката и организационата компетентност на телото за оцена на сообразност за извршување на конкретни услуги во согласност со стандардите (ISO, IEC, итн.) односно техничките регулативи, согласно со описот во опсегот на акредитацијата.

ЛАБОРАТОРИИ ЗА ТЕСТИРАЊЕ И КАЛИБРИРАЊЕ

МЕДИЦИНСКИ ЛАБОРАТОРИИ ISO 15189

ISO/IEC 17025

ИНСПЕКЦИСКИ ТЕЛА

ОРГАНИЗАТОРИ НА ШЕМИ ЗА ТЕСТИРАЊЕ НА ОСПОСОБЕНОСТ ISO/IEC 17043

НАЦИОНАЛНИ ТЕЛА ЗА АКРЕДИТАЦИЈА

ТЕЛА ЗА СЕРТИФИКАЦИЈА НА ПРОИЗВОДИ

ISO/IEC 17011

ISO/IEC 17065

ТЕЛА ЗА СЕРТИФИКАЦИЈА НА ЛИЦА

ТЕЛА ЗА СЕРТИФИЦИРАЊЕ НА СИСТЕМИ ЗА УПРАВУВАЊЕ

ISO/IEC 17020

ТЕЛА ЗА ВЕРИФИКАЦИЈА ISO/IEC 14065 + EMAS EC REG. 1221/2009

ISO/IEC 17024

ISO/IEC 17021-1

71


Довербата во извештаите (од тестирање, испитување, инспекција и верификација) и сертификатите (за калибрација и сообразност итн.) е резултат на строг и делотворен процес на оценување на компетентноста во согласност со меѓународните услови. Владините претставници се добредојдени да го набљудуваат оценувањето. Целта е да се сочува нивната доверба во системот на акредитација. ИНИЦИЈАЛНА ОЦЕНКА Оценувачите од националните тела за акредитација спроведуваат темелна оценка на практиките, персоналот и менаџмент системот на клиентот и на тој начин ја потврдуваат усогласеноста со стандардите. Клиентите кои успешно ја поминале оценката се акредитираат. Тие можат да го користат знакот за акредитација во прифатениот опсег. ЦИКЛУСОТ НА АКРЕДИТАЦИЈА ОПФАЌА 2 ДО 5 ГОДИНИ Националните тела за акредитација спроведуваат редовни надзорни оцени за да се осигураат дека акредитираните тела одржуваат високи стандарди на техничка компетентност. Можат да изречат и санкции доколку акредитираните тела не ги исполнуваат сите обврски и услови, а потоа опсегот на акредитацијата може да се намали, суспендира, а може дури и да биде целосно повлечен. ПРОШИРУВАЊЕ НА ОПСЕГОТ Во текот на еден акредитациски циклус или при повторно оценување (реакредитација), опсегот на акредитацијата може да биде проширен и на други услуги, како одговор на новите потреби на потрошувачите на акредитираните тела. Се вршат специфични оценки, на пример да бидат способни за спроведување на тестови согласно со новите прописи. ОБНОВА НА АКРЕДИТАЦИЈАТА На крајот на циклусот, акредитацијата може да се обнови по спроведување на целосна оценка за уште еден нов циклус.

EA: Зошто? EA - ЕВРОПСКА ОРГАНИЗАЦИЈА ЗА АКРЕДИТАЦИЈА Поддршка на Заедницата и националните регулатори Националните тела за акредитација во земјите на ЕУ и ЕФТА се членки на ЕА - европскиот дом на телата за акредитација, која го осигурува прифаќањето на акредитираните сертификати и извештаи на европскиот и глобалниот пазар. ЕА е назначена од страна на Европската комисија како „Европска инфраструктура за акредитација“ да управува со акредитацијата во рамките на земјите на ЕУ, ЕФТА и земјите кандидати, во согласност со членот 14 од Регулативата (ЕК) 765/2008. ЕА има блиски односи со различните директорати во Комисијата, кои ги поддржува при изготвувањето на регулативите. ЕА е непрофитно здружение на национално признаени тела за акредитација, чии главни цели се:

8


 Да осигура дека националните тела за акредитација работат во согласност со условите предвидени во Регулативата (ЕК) 765/2008  Хармонизација и обезбедување на доследност на акредитацијата, како јавна активност која ја поддржува европската трговија и индустрија во согласност со потребите и условите предвидени во соодветните прописи на европското законодавство  Да служи како мрежа за соработка помеѓу сите свои членки во насока на унапредување на еден кохерентен европски систем на акредитација кој функционира во насока на исполнување на генералните европски интереси  Да врши меѓусебно оценување на усогласеноста на националните тела за акредитација со условите предвидени во соодветните усогласени стандарди, европското законодавство и другите критериуми кои сеприфатливи и како такви договорени со ЕА  Да врши следење и да постигне постојано подобрување на своите услуги во сите области на своето делување преку делотворна постапка за испитување и разрешување на жалбите и приговорите поднесени против НТА.

Што се меѓународни договори? МЕЃУНАРОДНИ ДОГОВОРИ ЕУ и глобалното признавање на извештаите и сертификатите Активностите кои ги вршат европските тела за акредитација се признаваат како во ЕУ така и ширум светот, поради нивниот статус на потписнички на договорот за взаемното признавање на резултатите од акредитација (EA MLA). EA MLA опфаќа тестирање и медицински испитувања, калибрација, сертификација на менаџмент системи, производи и лица, инспекција и верификација. EA MLA е договор потпишан помеѓу телата за акредитација членки на ЕА за признавање и прифаќање на еднаквоста на нивните системи за акредитација. На тој начин се обезбедува еднаквост на сертификатите и извештаите издадени од страна на организациите акредитирани од страна на НТА на ЕА. На овој начин добавувачите на производи и услуги немаат веќе потреба за акредитирани сертификати / инспекција / тестирање во секоја европска земја каде што ги продаваат своите производи и услуги. Националните тела за акредитација стекнуваат статус на потписници на EA MLA само по спроведувањето на строго меѓусебно оценување на нивното работење за да се провери нивната усогласеност со меѓународно усогласени стандарди за тела за акредитација, ISO/IEC 17011 и конкретните услови на регулативата (ЕК) 765/2008. Меѓусебните оценувања на редовна основа ги спроведува искусен персонал од други национални тела за акредитација. Процесот е подложен на надзор од страна на Европската комисија, националните власти и други чинители во дадената област на деловно работење. EA MLA е признаен на меѓународно ниво од страна на Меѓународниот форум за акредитација (IAF) и Меѓународната организација за акредитација на лаборатории (ILAC). Тоа значи дека потписниците на EA MLA имаат придобивка на глобално признавање преку взаемните договори на IAF и ILAC и соодветни ILAC/IAF и MRA/MLA знаци.

91


Придобивки за јавниот и приватниот сектор? ПРИДОБИВКИ ЗА ЈАВНИОТ И ПРИВАТНИОТ СЕКТОР Предностите за регулаторите и владите стануваат придобивки за потрошувачите и бизнисите Развиена на пазарот за да го олесни движењето на стоките и услугите во услови на поголема побарувачка за квалитет и безбедност, акредитацијата нуди усогласен, транспарентен и повторлив пристап кој:  Овозможува иновации  Ја намалува потребата на владите да ангажираат сопствени ресурси  Ја гради довербата на потрошувачите и бизнисите  Помага при исполнувањето на законските обврски со разумни трошоци.

За регулаторите и владите Тестирањето, испитувањето, верификацијата, инспекцијата, калибрацијата и сертификацијата може да се употребат за подобра контрола и регулација. Услугите кои ги вршат акредитираните тела, а кои непосредно ги користат регулаторите и владите или пак кои се наведени како алатка во правилата и регулативите, се делотворни во однос на:  Поддршка на спроведувањето на европското односно националното законодавство, со тоа што обезбедуваат „печат на одобрување“ со што се потврдува усогласеноста со стандардите и општо прифатените барања  Квалификувањето на добавувачите на производи и услуги, особено на пазарот за набавки  Подобрување на трговскиот и економскиот раст, обезбедувајќи им на владите сигурни податоци  Намалувањето на бирократијата преку отстранување на низа административни обврски  Ограничувањето на трошоците и ресурсите, преку намалување на потребата на регулаторите за вработување на сопствени ресурси за специјализирана оцена и преку избегнување на преклопувањето на проверките  Поедноставувањето на процесот на набавки преку осигурување на довербата како алатка во процесот на донесување на одлуки.

За потрошувачите Создавање на доверба Потрошувачите сè повеќе се потпираат на независни докази, наместо едноставно да веруваат на рекламите на добавувачите. Довербата на потрошувачите на пазарот се зголемува кога знаат дека производите и услугите кои ги одбрале редовно се оценуваат и проверуваат од страна на независна и компетентна трета страна. Избирајќи производ врз основа на неговиот знак за сертификација, потрошувачите можат да бидат сигурни за квалитетот на она што го купуваат. Заштита, во интерес на јавноста На другата страна на синџирот на набавки, телата за акредитација го штитат интересот на потрошувачите бидејќи делуваат како „проверувачи на проверувачите“.

10


За бизнисите Зголемување на ефикасноста Точната калибрација, мерење и тестирање, извршено во согласност со најдобрите практики, придонесуваат за ограничување на грешките и дефектите на производите, подобрување на контролата на трошоците за производство, како и за воспоставување на иновативно опкружување. Кога ќе добијат сертификат за нивниот менаџмент систем, производ или услуга, од страна на акредитирано тело, компаниите ја подобруваат својата успешност со тоа што користат признаена алатка за донесување на одлуки, управување со ризик и избор на добавувачи. На тој начин, тие се стекнуваат со конкурентна предност во смисла на репутација и кредибилитет, како на пазарот на други бизниси така и на пазарот на потрошувачи. Намалување на контроли Акредитираната сертификација пренесува претпоставка за сообразност со официјални стандарди и регулативи. Тоа значи дека бизнисите не треба да обезбедуваат дополнителни докази, а нивните активности се поедноставуваат како последица на намалувањето односно целосното отстранување на контролите. Поддршка на извозот Меѓународното признавање на извештаите од оцената на сообразност опфатена со акредитацијата, го зголемува ширењето на бизнисите на странски пазари без потреба за спроведување на дополнителни проверки.

ДЕЛОТВОРНОСТ НА ПАЗАРОТ Поддршка на регулаторите и владите во сите сектори Услугите за оцена на сообразност опфаќаат широк опсег на стоки и услуги во однос на кои владите и регулаторите треба да ја сочуваат довербата на јавноста.

КВАЛИТЕТ И БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНАТА контрола на ознаки за органски производи и квалитет (PGI, PDO, TGS, DOC, DOCG) и лабораториски тестови на храна, вклучувајќи и тестирање на маслиново масло и вино

ЗАШТЕДА НА ЕНЕРГИЈА И ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

анализа и ограничување на ризиците за животната средина, проверка на емисиите на CО2, сертификација на одржливоста, користење на биогорива и рециклирани материјали и намалување на отпадот, тестирање на легионела

ПОТРОШУВАЧКИ ПРОИЗВОДИ

ГРАДЕЖНИШТВО

инспекција и проверка на безбедноста, особено на производи со CE ознака, како оние за деца или други потенцијално опасни производи (на пример електрична и електронска опрема, машини, лифтови, итн.)

оценка на проектите и изведбата на градежни работи, калибрација за отпорност на звук и акустика, како и функционирање на мерните инструменти како што се мерачи за електрична енергија и гас

ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА медицински испитувања и сертификација на медицински помагала

ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА управување со постапки насочени кон здравствена заштита и намалување на ризикот, системи за откривање на пожар и алармни системи

КРИМИНАЛИСТИЧКА ИСТРАГА форензична анализа, испитување на отпечатоци од прсти, заштита на базата на податоци на ДНК, безбедносни системи во согласност со секторските услови

ТРАНСПОРТ И ИНФРАСТРУКТУРА контрола на материјали кои се користат за сертификација на автопати, компетентност на персоналот за контрола на возилата и на железничката инфраструктура, како и усогласеноста на платните инструменти и патарините

Посетете ја страницата www.publicsectorassurance.org каде може да се најдат студии на случаи и независни истражувања во кои е илустрирано како акредитираната проценка на сообразноста се користи ширум светот од страна на централните власти, локалните власти и регулаторите, за остварување на позитивни придобивки.

111


ДОДАДЕНАТА ВРЕДНОСТ НА АКРЕДИТАЦИЈАТА Акредитирани активности на оцена на сообразност Со тоа што се потпираат на акредитирани тестови, испитувања, верификации, инспекции, калибрации, регулаторите и владите добиваат независна и компетентна оценка од трета страна, која обезбедува објективни резултати кои придонесуваат за донесувањето на добри одлуки во однос на регулативите, јавните набавки, односно испораката на производи и услуги на пазарот. Акредитираните тела кои вршат вакви услуги осигуруваат дека ги исполнуваат сите потребни стандарди, како и регулаторните услови и секторските критериуми во смисла на:  техничка компетентност, професионализам и интегритет  управување со ризик  соодветни човечки ресурси и опрема  механизам за мерење на подобрувањето на квалитетот на производите и услугите  систем на жалби и приговори  капацитет за конкурентност на меѓународно ниво во согласност со EA MLA. Кога зборуваме за акредитација, важно е да се препознаат односно наведат соодветните услови за услугите и телата кои истите ги извршуваат, согласно со потребниот вид на гаранции. При изборот на акредитирано тело, од есенцијално значење е да се утврди опсегот на активности за кои на акредитираното тело му е доделена акредитација. Ова е детално наведено во сертификатот за акредитација.

ТЕСТИРАЊЕ И КАЛИБРАЦИЈА Акредитираните тестирања и калибрации гарантираат точни и сигурни резултати за дефинирана група на тестови и осигуруваат дека калибрациите се вршат на сигурен, компетентен, доследен и непристрасен начин и со соодветно ниво на точност. Акредитација на лабораторија за тестирање значи:  валидност и соодветност на методите за тестирање  соодветност и одржување на опремата за тестирање  соодветно земање на примероци, ракување и транспорт на примероците  контрола и осигурување на квалитетот на податоците од тестот

Акредитација на лабораториите за калибрација значи:  метролошка следливост на резултатите од калибрацијата  следливост на операциите и записите  дека мерењата се вршат согласно со валидирани постапки  доверба во стандардите и мерните инструменти Акредитацијата според ISO/IEC 17025 исто така значи дека лабораторијата ги исполнува принципите за системот на управување согласно со ISO 9001.

12


МЕДИЦИНСКИ ИСПИТУВАЊА Акредитираните медицински испитувања осигуруваат дека клиничките лаборатории се фокусираат на одржувањето на здравствената заштита на пациентите, што е директно поврзано со подобрената безбедност на пациентите, намалување на ризиците и оперативната ефикасност. Акредитацијата според ISO 15189 исто така значи дека лабораторијата ги исполнува принципите за системот на управување согласно со ISO 9001.

ОРГАНИЗАТОРИ НА ШЕМИ ЗА ТЕСТИРАЊЕ НА ОСПОСОБЕНОСТ Акредитираните тестирања на оспособеност претставуваат добра можност за споредба на компетентноста на лабораториите, како и за добивање на независна оценка на податоците на лабораторијата во споредба со референтните вредности (или други критериуми на изведба) односно со успешноста на слични лаборатории.

ИНСПЕКЦИЈА Акредитацијата обезбедува сигурност во компетентноста на инспекторите, соодветноста на методите за изведба на инспекции и непристрасноста на резултатите. Инспекцијата може да се користи, во доброволните и регулираните области, за оцена на сообразност на производ, проект, услуга, процес или инсталација со соодветни барања врз основа на стручна оцена.

СЕРТИФИКАЦИЈА НА СИСТЕМИ ЗА МЕНАЏМЕНТ Сертификацијата на системите за менаџмент гарантира дека процесите за производство на производот односно услугата се под контрола и се вршат на систематски начин и дека успешноста постојано се подобрува и има за цел исполнување на барањата на клиентите. Акредитираните сертификации на системите за менаџмент обезбедуваат непристрасност на оцената; проверувачите имаат познавања во однос на активноста која што се сертифицира и поседуваат соодветна стручност. Организацијата се сертифицира само во сообразност со менаџмент стандардот наведен во сертификатот со кој се опфаќа предвидениот опсег, кој се состои од подрачјето за кое е побаран сертификат, како и деталните процеси проверени и сертифицирани од страна на компетентно тело. Локациите на организацијата опфатени со сертификатот, исто така се наведени на сертификатот за менаџмент системот.

131


СЕРТИФИЦИКАЦИЈА НА ПРОИЗВОДИ, ПРОЦЕСИ ИЛИ УСЛУГИ Предмет на сертификација може да биде производ (на пример, сијалица со мала потрошувачка), услуга (на пример патнички транспорт) или процес (на пример органско земјоделство, следење на потеклото на дрвна маса). Сертификацијата на производите има за цел проверка на изјавата на производителот дека производот (или процесот или услугата) е сообразен со соодветните услови. Телото за сертификација нема задача да ја декларира сообразноста на производот, туку да ја потврди вистинитоста на изјавата на произведителот за сообразност со применетите барања. Акредитираната сертификација на производ дава доказ за независноста помеѓу телото за сертификација и производителот и обезбедува претпоставена сообразност со соодветните законски барања. Акредитираниот сертификат на производот треба точно да се повика на техничкиот стандард односно техничките спецификации во однос на кои се сертифицира сообразноста.

СЕРТИФИКАЦИЈА НА ЛИЦА Акредитацијата на тела кои сертифицираат лица е или доброволна или задолжителна. Може да биде законска одредба за одредени стручни категории (на пример: недеструктивно тестирање, заварување, имот, дијагностички истражувања итн.). Акредитираниот сертификат за лица се однесува на квалификацијата на лицето кое телото го смета за компетентно за сертификација, со точно наведување на нормативниот документ во однос на кој лицето е сообразно.

ВЕРИФИКАЦИЈА Според Регулативата (ЕК) 600/2012 емисиите на стакленички гасови се проверуваат од страна на акредитирани верификатори, кои можат да работат во повеќе од една земја членка на ЕУ. Извештаите од акредитираната верификација се прифаќаат во цела Европа.

14


СИГУРНИ ПАРТНЕРИ Мрежа на тела за акредитација Наоѓање на компетентен добавувач на активности за оцена на сообразност EA, IAF и ILAC објавуваат список на тела за акредитација потписници на EA и IAF MLA (мултилатерални договори) или ILAC MRA (аранжмани за взаемно признавање), каде се наведени компетентните тела за акредитација ширум светот.

www.european-accreditation.org

www.iaf.nu

www.ilac.org

Освен тоа, телата за акредитација во најголем дел од земјите објавуваат листи односно регистри на тела и лаборатории кои ги акредитирале, заедно со информации за контакт и опсег на акредитацијата.

151


16


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.