Изведба на патен мост преку река Сава кај Сремска Рача

Page 7

тични фолии и перманентен дотур на топол воздух за време на заварувањето (Сл.7). Со оваа постапка се заварувани сите попречни завари во горниот и долниот појас и попречните и подолжните завари на вертикалниот лим, како и сите челни завари на “корубите“. За заварување на подолжните челни завари меѓу монтажните сегменти во долниот и горниот појас применета е постапка на заварување со потопен лак (ЕРР – електролачно под прашок), со истите процедури на предгревање и заштита, за што се применети две мали мобилни полуавтоматски машини (Сл.8). Обемната контрола без разорување (радиографија, ултразвук), особено во почетокот, и особено металографијата на проби изработени при исти услови, ја потвдија соодветноста на постапките.

Сл.6 Почетокот на изградбата на мостот преку река Сава кај Сремска Рача. Горе: Истовар на деловите на монтажното плато. Долу: Формирање на монтажниот сегмент МР-1

Сл.7 “Кабина“ за заштита при заварување на мостот Сремска Рача.

Перманентното инсистирање на почитување на постапките за заварување и строгата NDT контрола, објективно гледајќи дадоа одлични резултати. Покрај димензионалните грешки кои бараат само доработка, како почеста грешка е регистрирано присуството на гасни пори и меури што е оценето како последица на временските услови. Меѓутоа, само кај помалку од 1% од NDT контролираните завари (помалку од 10 на 1000) 81


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.