Newsletter 04 mk

Page 1

Инфо рмат ор Б р. 2

Модернизација на Блок 2—РЕК Битола

Адаптибилни челични мостови

Најпознати забавни паркови во светот

Рекламни паноа


Мoдернизација на Блок 2—РЕК Битола

ФАКОМ АД—Скопје изврши дел од модернизацијата на котловските постројки на термоелектраната РЕК Битола, односно сукцесивно во 2012 и 2013 година се заврши модернизацијата на два од трите блока. Во краток временски рок од 90дена успешно, квалитетно и навремено најпрво се изврши демонтажа на старата а потоа и монтажа на новата опрема. Монтирани се вкупно 800 тони опрема и челична конструкција , од кои 640 тони машинска опрема и 160 тони носечка челична конструкција. Со помош на иновативна технологија и специјално изработен систем од електрични витла и макари за вертикален и хоризонтален транспорт, во внатрешноста на објектот извршено е подигање, внесување и монтажа на големите и тешки парчиња. Парчињата со максимални габарити до 6 метри и тежина на монтираните склопови до 8 тони беа монтирани во тешки услови во објект со постојната инсталирана инфраструктура .

Стр. 2


Најпознатите забавни паркови во светот Уште од изградбата на паркот „Дизниленд“ во 1959 година, наместо дотогашните дрвени се започнало со употреба на нови, челични цевни ленти за изработка на луди железници. „Векома“ е светски лидер во производство и монтирање на опрема и конструкција за забавни паркови насекаде во светот. Во текот на 2012 и 2013 година ФАКОМ континуирано произведуваше челични елементи— столбови за ролеркоастер, пристапни патеки, платформи и друг вид челична конструкција која се вградува во сложените конструкции на забавните паркови на многу места во светот, меѓу кои во Ирак, Јапонија, Кореја, и Украина. Со веќе двегодишната соработка ФАКОМ, стана лојален партнер на оваа холандска компанија и ова партнерство засновано за доверба и квалитет е сигурна основа за нови идни заеднички проекти.

Стр. 3


Адаптибилни челични мостови Со

цел

трајно

решавање

на

неповолните

демографски процеси во планинските и руралните подрачја во Република Македонија, ФАКОМ разви проект

Трајно решение за сите проблеми предизвикани од елементарни и временски непогоди.

Брза и едноставна монтажа

Оптимален одговор на многу комплицирани градежни зафати

за проектирање, изработка и монтажа на челични мостови наменети за руралните и планинските подрачја во земјата, но и на сите други мeста во земjава и надвор од неа каде овие типски мостови би можеле да се адаптираат и монтираат. Со изградбата на вакви мостови на погодни локации ќе се придонесе за добри и сигурни врски на населението во руралните пордачја со мрежата на јавни патишта, со центрите за образование, здравство и јавната администрација. Мостовите можат да се користат и за премостување на помали водени текови во урбаните населби и секаде каде постои потреба од пешачки и лесен моторен сообраќај. Мостовите се со распон од 10 до 25 метри, брзо и едноставно се монтираат во рок од 15—28 дена.

Стр. 4

Идејно решение за модуларните мостови


ФАКОМ АД—Скопје Бул. Александар Македонски бб Скопје Тел. 02 55 13 100; 55 13 103; Факс: 02 3173 564 E-mail: info@fakom.com.mk www.fakom.com.mk

www.fakom.com.mk

Повеќе од 50 години традиција и развој

Континуирано инвестирање во најмодерни технологии и обука на персоналот

Бесплатни совети и концептуални решенија за вашите идеи

Од ФАКОМ добивате најдобар квалитет, најбрза испорака и гаранција за производите и опремата Тоа е ФАКОМ

Рекламни паноа Почнувајќи од мај 2013 година ФАКОМ започна со реализација на договорот со „Калаплакат“ за изработка и монтажа на рекламни паноа—билборди со вкупна тежина од 770 кг челична конструкција. До крајот на годината беа изработени и монтирани вкупно 150 големи билборди со тежина од 650 кг и 30 мали билборди—City light со вкупна тежина од 120 кг.

Стр. 5


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.