Информатика

Page 1


ИНФОРМАТИКА ЗА ШЕСТО ОДДЕЛЕНИЕ

Автори:

д-р Симе Арсеновски ФОН Универзитет, Скопје Ѓорги Какашевски ФОН Универзитет, Скопје Маја Лошанска-Тодоровска О.У. Рајко Жинзифов, Скопје

Лектура и коректура:

Емилија Арсеновска



СОДРЖИНА ВЕБ ДНЕВНИЦИ

Поим за веб дневник и негова примена Сопственици и корисници на веб дневник Постапка за креирање на веб дневник Уредување на содржината на веб дневник Етичко користење на веб дневник

ОБРАБОТКА НА ТЕКСТ

Параграфи Пишување текст во колони Поставување на заглавје и подножје на страница Коментари на содржината во текстуален документ Автоматско пронаоѓање и замена на зборови Хиперврски (хиперлинкови) во текстуален документ Подготовка на текстуален документ за печатење Нумерирање страници во текстуален документ Параметри на страница Печатење текстуален документ

ПРОГРАМА ЗА МУЛТИМЕДИЈАЛНИ ПРЕЗЕНТАЦИИ

Поим за мултимедијална компјутерска презентација Основни елементи на компјутерска презентација Креирање и активирање мултимедијална презентација Начини за креирање презентација Поставување текстуални и графички објекти на слајд Поставување позадина на слајд Различни погледи на мултимедијална презентација Поим за визуелни и звучни ефекти во презентација Ефекти на транзиција Ефекти на анимација Звучни ефекти Акции и хиперврски во презентација Работа со музика во презентација Временски параметри на мултимедијална презентација

2

6 6 7 8 9 14 18 23 23 25 27 32 33 34 36 40 41 43 44 46 47 51 52 53 54 55 56 60 61


ТАБЕЛАРНИ ПРЕСМЕТУВАЊА

Програма за табеларно пресметување Поим за работен документ, работен лист и табела Изглед и делови на работниот прозорец на програмата за Табеларни пресметки Основни елементи на работен лист Основни активности со податоци во табела Уредување во табела Формат на бројни податоци во табела Форми на покажувачи и нивно значење Автоматско пополнување на клетки Графикони Формули Функции Грешки кај формули и функции

65 66 68 69 74 76 76 79 82 85 87

ЗАДАЧИ Задачи за напредни ученици

94

ИЗРАБОТКА НА ПРОЕКТИ

Поим за проектна задача Фази за реализација на проектна задача Предлог проектни задачи Мал речник на поими

64 65

100 101 104 110

3


БЛОГ Блог е кратенка од Web log. Блогот може да се опише како нечиј личен дневен весник или дневник достапен за читање и разгледување на Интернет. Содржината на блогот сопствениците најчесто ја менуваат секојдневно а може да биде од најразлични теми кои се од интерес на сопственикот: забава, уметност, музика, вести, политика, наука, техника итн.

БЛОГ 4


БЛОГ 5


поим за веб дневник (блог) и негова примена Веб дневник или блог може да се опише како нечиј личен дневен весник или дневник достапен за читање и разгледување на Интернет. Името блог е кратенка од Web log. Блог не е исто што и веб сајт иако имаат некои слични елементи. Содржината на блогот сопствениците најчесто ја менуваат секојдневно а може да биде од најразлични теми кои се од интерес на сопственикот: забава, уметност, музика, вести, политика, наука, техника итн. СОПСТВЕНИЦИ И КОРИСНИЦИ НА ВЕБ ДНЕВНИК Сопственик на веб дневник може да биде секој кој сака да ги сподели преку Интернет со другите своите лични искуства, размислувања, хоби, случувања и сл. Блоговите се креираат и од аматери, но и од професионалци за објавување до јавноста различни вести и соопштенија. Корисниците на блогот може да ја користат содржината на блогот и да оставаат свои коментари за истата.

БЛОГ

ПОИМ ЗА ВЕБ ДНЕВНИК И НЕГОВА ПРИМЕНА

Индивидуални и групни блогови

Најголемиот број од блоговите се креирани од индивидуални личности но постојат и групни блогови кои ги креираат групно повеќе луѓе кои се во некаков меѓусебен однос. Групните блогови се добар начин за комуницирање и размена на вести и информации меѓу членовите од едно семејство, пријатели, клубови, екипи, тимови или ученици од едно одделение или училиште и сл. Кај групните блогови сите членови на блогот може да пишуваат во блогот свои текстови и коментари на одредена заедничка тема. Пронаоѓање блог на одредена тема

Денес на Интернет „живеат“ милиони блогови на најразлични теми. Тие се организирани во таканаречени Блог директориуми. Блог директориумите овозможуваат пребарување на блоговите според конкретна тема на интерес или категорија. Популарен сајт за пребарување на блогови е: www.blogsearchengine.com.

6


За наоѓање на потребниот блог може да ги користите и пребарувачите Google или Yahoo. На пример, ако сакате да пронајдете блог за спорт, во полето за пребарување (search) ќе внесете „sport blog“. По ова ќе добиете листа со блог адреси на тема спорт. постапка за креирање на веб дневник Блоговите на Интеренет се многу популарни. Една од причините е едноставниот начин за нивно креирање и одржување. Креирањето на блогот обично се состои од неколку чекори. Најчесто она што треба да се направи за да се креира блог е да се пополни онлајн формулар со неколку едноставни прашања за: • e-mail адреса, • лозинка, • име на блогот, • тема на блогот и сл. По ова веќе може да се напише првиот текст, да се публикува и веднаш новиот блог и содржините во него ќе „заживеат“ на Интернет.

Популарни веб сајтови кои овозможуваат бесплатно креирање и поставување на блогови се: www.blog.com, www.blogger.com,

БЛОГ

www.blog.com.mk и др.

постапка за креирање на веб дневник

На Интеренет има голем број на блог хостови – компјутери сервери кои преку свои веб сајтови нудат помош за креирање на блогот и негово сместување за достапност на Интернет.

7


Публикување на веб дневник

Публикувањето се прави по креирањето и хостирањето на веб дневникот. Тоа значи останатите да дознаат за него, да ја знаат неговата адреса и да го читаат и оставаат коментари. Најчесто самиот сопственик на блогот треба да им каже за блогот на своите пријатели и колеги. При праќање на е-mail на крајот од пораката може да се постави линк до блогот. Може да се направи договор со останати блогери за заемно ставање линкови кон блоговите итн. УРЕДУВАЊЕ НА СОДРЖИНАТА НА ВЕБ ДНЕВНИК Додавање нова содржина во блог

За додавањето на нова содржина во блогот сопственикот треба да се најави со својот e-mail и лозинка на веб сајтот на блог хостот.

БЛОГ

УРЕДУВАЊЕ НА СОДРЖИНАТА НА ВЕБ ДНЕВНИК

Внесувањето на нова содржина се прави со едноставен клик на соодветното копче за активирање на прозорецот за пишување.

По впишувањето содржина се публикува и се прикажува во блогот. Сопствениците на блоговите вообичаено секојдневно ја менуваат содржината на блоговите за да ги „натераат“ посетителите на нивниот блог „да се враќаат“ повторно. Освен текст во блогот како содржина може да се ставаат слики или линкови кон други блогови или веб страници. Одредени сервиси за хостирање на блогови овозможуваат телефонско јавување во сервисот и оставање на порака која веднаш се става на блогот како звучен фајл.

8


Пишување коментари во блог

Посетителите на блоговите може да ја коментираат содржината на блогот. Овие коментари се прикажуваат во самиот блог и секој посетител на блогот може да ги прочита. Сопственикот на блогот може да го овозможи или оневозможи внесувањето коментари на неговите написи. Етичко користење на веб дневник

Сопственикот на блогот при внесување на содржини на блогот и посетителите на блогот при оставање на коментари на одредени содржини во блогот треба да се однесуваат културно и етички. Културно и етичко однесување подразбира внесување на содржини кои не навредуваат, не омаловажуваат и не содржат вулгарни и непристојни изрази, илустрации или фотографии. ЗАПОМНИ!

БЛОГ

УРЕДУВАЊЕ НА СОДРЖИНАТА НА ВЕБ ДНЕВНИК

Блог е личен дневник или дневен весник достапен за читање и разгледување на Интернет. Блоговите се креираат и од аматери но и од професионалци за објавување до јавноста различни вести и соопштенија. Најголемиот број од блоговите се креирани од индивидуални личности но постојат и групни блогови кои ги креираат заеднички повеќе луѓе кои се во некаков меѓусебен однос. Креирањето на блогот е едноставно и обично се состои од неколку чекори за пополнување на on-line формулар со неколку едноставни прашања за: • e-mail адреса, • лозинка, • име на блогот, • тема на блогот и сл. Содржината на веб дневник се уредува со додавање на нови содржини од сопственикот. Посетителите на блоговите може да ја коментираат содржината на блогот. Уредувањето на содржината на блогот и коментарите кои се оставаат треба да бидат етички и културни.

9


ПРАШАЊА 1. Дали блог е исто што и веб страница? 2. Од кои зборови е изведено името„ блог“? 3. Што е блог? 4. Кој може да биде креатор на блог? 5. Зошто се блоговите популарни на Интернет? 6. Какви видови блогови има според бројот на креаторите на содржини? 7. Какви содржини може да се користат при креирање на изгледот на блогот? 8. Дали пребарувачите како Google и Yahoo! Може да се користат за пронаоѓање адреса на блог на одредена тема? А дали постојат специјални машини за пребарување на блогови? 9. Кои се популарни веб страници кои овозможуваат бесплатно креирање на блогови на Интернет? 10. Што треба да избере корисникот при првото креирање на својот блог? 11. Што е хостирање а што публикување на блог? 12. Како Интернет корисниците ќе дознаат за новокреиран блог? 13. Дали креаторот на блогот може да оневозможи оставање коментари на неговите содржини? 14. Дали креаторот на блогот може да брише коментари од одредени посетители на блогот? 15. Дали имаш идеја како блоговите можат да бидат корисни, да помогнат и да го олеснат учењето и наставата во училиште?

1. Обиди се да креираш свој блог преку некоја од познатите веб страници кои го овозможуваат тоа! 2. Постави текст со интересна содржина во својот блог почитувајќи ги правилата за етичко однесување! 3. Пронајди адреса на блог со содржина која те интересира и почитувајќи ги правилата за етичко однесување остави коментар на некој од текстовите од блогот!

БЛОГ

ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ

ЗАДАЧА

10



ТЕКСТ

Компјутерските програми за уредување на текст овозможуваат уредување на изгледот на текстуалните документи со избор на фонт, стил, големина, боја на фонтот, поставување подлога, рамки на текстот, испишување на текстот во една или повеќе колони, табела, дијаграм и сл. Текстот во текстуален документ е поделен на страници, редици и зборови. Посебни целини кои се воочуваат во текстот од текстуален документ се параграфите или пасусите. 12

ТЕКСТ


ТЕКСТ 13


ВОВЕД Најчесто користени програми на компјутерите низ светот се програмите за пишување на текст. Компјутерските програми за пишување на текст овозможуваат уредување на изгледот на текстот со избор на фонт, стил, големина, боја на фонтот, поставување подлога, рамки на текстот, испишување на текстот во една или повеќе колони, подредување во табела, дијаграм и сл. Текстот во текстуален документ е поделен на страници, редици и зборови. Посебни целини кои се воочуваат во текстот од текстуален документ се параграфите или пасусите. ПАРАГРАФИ Параграф или пасус е дел од текстот одделен од соседниот текст со знакот за нов ред (Enter). Во програмите за пишување на текст можни се следните уредувања на параграф: • Порамнување на параграфот во однос на левата и десната маргина на страницата

• Вовлекување на параграфот во однос на левата или десната маргина на страницата

• Избор на растојанието пред и после параграфот

ТЕКСТ

ПАРАГРАФИ

• Избор на проредот во параграфот

14


• Специјално вовлекување. Може да се вовлекува првиот ред на параграфот во однос на останатите редови или останатите редови од параграфот да се вовлекуваат во однос на првиот. ПРАВИЛА ПРИ УРЕДУВАЊЕ ПАРАГРАФИ

Ако се уредува изгледот на еден параграф од текстот, потребно е курсорот да биде поставен било каде во самиот параграф. Ако на поголем број параграфи им се избира и поставува исто уредување потребно сите да бидат селектирани. НАРЕДБИ ОД МЕНИТО НА ПРОГРАМАТА ЗА УРЕДУВАЊЕ НА ПАРАГРАФ

Уредувањата на параграф може да се изберат и постават или преку менито или преку соодветни алатки во програмата во која се уредува текстот. Word Авторот на текстот може да го избере и менува изгледот на параграфите преку менито Format → Paragraph. Можните уредувања наброени погоре во текстот и означени со соодветна буква се поставуваат со избор на алатката од прозорецот означена со истата буква. A. Порамнување во однос на маргините. B. Вовлекување на параграфот во однос на маргините. C. Поставување растојание пред и по параграфот. D. Поставување проред. E. Поставување специјално вовлекување во параграфот. Writer

ТЕКСТ

ПАРАГРАФИ

Во Writer форматирањето на параграфот се прави со избор на Форматирај → Пасус. Потоа се користат картичките Вовлекување и растојание и Порамнување.

15


Уредување на параграфи со деловите од лењирот

Некои од уредувањата во параграф може да се направат со помош на алатката лењир со влечење на деловите: 1. 2. 3. 4.

вовлекување на првиот ред од параграфот, вовлекување на сите редови од параграфот освен првиот, вовлекување на целиот параграф, вовлекување на параграфот во однос на десната маргина.

Уредување на параграф со помош на алатки

Некои од уредувањата во параграф може да се направат со помош на алатки кои се избираат од соодветна лента. Word Со овие алатки се избира вовлекување или извлекување на избраниот параграф или линија. Со овие алатки се поставува проред меѓу линиите. Ако во лентата ги нема алатките може да се вклучат со лев клик на стрелката на крајот од лентата и нивен избор од понудената листа. Writer Во алатникот со помош на овие две копчиња може да се зголеми или намали вовлекувањето на избраниот параграф. Овие копчиња од алатникот служат за избирање на проред помеѓу линиите и тоа проред 1, 1.5 и 2 соодветно. Доколку овие копчиња ги нема во алатникот тие може да се додадат.

ТЕКСТ

ПАРАГРАФИ

ЗАПОМНИ! Параграф или пасус е дел од текстот одделен од соседниот текст со знакот за нов ред (Enter). Во програмите за пишување на текст можни се следните уредувања на параграф: • Порамнување на параграфот во однос на левата и десната маргина на страницата.

16


• Вовлекување на параграфот во однос на левата или десната маргина на страницата. • Избор на растојанието пред и после параграфот. • Избор на проредот во параграфот. • Специјално вовлекување. Овие уредувања може да се постават со наредби од менито на програмата, алатки од лентата со алатки или со посебни делови од лењирот прикажан во прозорецот на корисничката програма.

ЗАДАЧА • Напиши го текстот! Лакомата лисица Една лисица намириса во овчарската колиба сирење, млеко и месо. Се провлече низ тесното прозорче и толку многу се најаде, што потоа со полн стомак никако неможеше да се извлече надвор. Ја виде друга лисица и ја посоветува да почека тука додека да и спласне стомакот. “ Леле, а ако дојдат овчарите со кучињата? “ – заплакала лисицата.

ТЕКСТ

ЗАДАЧА

- “Ако дојдат, знаеш што ќе се случи, што ме прашуваш мене! ” и одговорила другата лисица. • Меморирај го под името Lisica во својот фолдер за текстови. • Колку параграфи има во текстот? • Селектирај го насловот на текстот, центрирај го и избери растојание по него 12. • Селектирај ги параграфите во текстот (сите). • Направи ги следните уредувања: • Проредот во текстот нека биде 1.5 линии. • Првиот ред од параграфите нека биде вовлечен за 1.5 цм. • Растојанието меѓу параграфите нека биде 6. • Направи ги овие уредувања преку менито. • Снимај го фајлот со промените во својот фолдер под името Paragraf. • Отвори го фајлот Lisica и обиди се да ги направиш истите уредувања со алатките од лењирот и лентата со алатки!

17


ПРАШАЊА

1. Што е параграф? 2. Кој друг назив се користи за параграф? 3. Кои уредувања на параграфи се можни во програмите за уредување на текст? 4. Дали можеме да уредуваме параграф ако курсорот е поставен било каде во параграфот? 5. Ако е потребно на повеќе парагрфи да им се постави исто уредување што треба претходно да се направи со параграфите?

ПИШУВАЊЕ ТЕКСТ ВО КОЛОНИ Програмите за пишување на текст овозможуваат уредување на текстот во колони. Уредувањето на текстот во колони вообичаено се прави по внесување на целиот текст иако постои можност пишување во колони да се избере на почетокот од пишувањето на текстот. Еден текст може да се подели на делови кои може да бидат различни по бројот на колоните. При уредување на текстот во колони корисникот може да избира број на колони, растојание меѓу колоните, еднаква или различна ширина за секоја од колоните, исцртување линии меѓу колоните и сл.

ТЕКСТ

ПИШУВАЊЕ ТЕКСТ ВО КОЛОНИ

ПОТРЕБА ОД УРЕДУВАЊЕ НА ТЕКСТОТ ВО КОЛОНИ

Пишувањето на текстот во колони е добар начин за прегледно пишување на кратки текстови на страници на голем формат заради поедноставно читање. Пишувањето во колони овозможува поедноставно поставување на слики меѓу текстот и економично пополнување на просторот на страницата со содржини. Најчесто се среќава кај новинарските текстови.

18


Можноста за поставување на колоните се избира со Форматирај → Колони.

Word

Writer

Од него се избира бројот на колоните, ширината и растојанието меѓу колоните и дали да има линија помеѓу нив. 1. Избор на број на колони. 2. Ширина (Width) и растојание (Spacing) меѓу колоните. 3. Еднакви или колони со различна ширина. 4. Линии помеѓу колоните.

ЗАПОМНИ!

ТЕКСТ

ПИШУВАЊЕ ТЕКСТ ВО КОЛОНИ

Текстот кој се пишува во програмите за уредување текст може да се уреди во колони. Различните делови од текстот може да се уредат со различен број на колони, со избор на растојание меѓу нив, ширина на секоја колона, поставување линија помеѓу колоните и сл. Текстот може да се уреди во колони со наредби од менито или алатки од соодветната лента со алатки прикажани во прозорецот на програмата за уредување на текст

19


ЗАДАЧА

• Во документот Meca првиот параграф претстави го во три колони со иста широчина. • Третиот параграф нека биде во две колони со линија меѓу нив. • Сними ја промената на документот под името Koloni.

1. Каде најчесто среќаваме пишување на текст во колони? 2. Кои се предностите од пишувањето на текст во колони? 3. Кај кои текстови најчестосе користи пишување во колони? 4. Што може да се избере при уредување на текст во колони? 5. Дали ширината на колоните и растојанието меѓу нив мора да биде еднаква ? 6. Дали по поставување на текст во неколку колони бројот на колони подоцна може да се промени?

ПОСТАВУВАЊЕ НА ЗАГЛАВИЕ И ПОДНОЖЈЕ НА СТРАНИЦА

Во текстуалните документи може да се поставуви одреден текст или слика во горниот и/или долниот дел од страницата кои треба да се повторуваат на секоја страница од документот. На пример: име и/или лого на фирма, организација, здружение, автор, адреса, дата и сл.

ТЕКСТ

ПОСТАВУВАЊЕ НА ЗАГЛАВИЕ И ПОДНОЖЈЕ НА СТРАНИЦА

ПРАШАЊА

20


Овие содржини во зависност од поставеност на страницата се викаат: заглавје (хедер) - во горниот дел и подножје (футер) - во долниот дел од страницата. За нив е резервиран дел од просторот во горната и долната маргина од листот. Текстот во заглавјето и подножјето може да биде напишан од авторот на текстот или може да се избере поставување на автоматски текст (на пример, тековното време и дата – поставено во оперативниот систем).

Заглавјето и подножјето се прикажуваат со избор на View → Header and Footer од менито. По ова се прикажува доделениот простор и може да се внесува потребната содржина со испишување или со избор на авто содржина од лентата Header and Footer која се отвора. По внесување на потребната содржина се затвара работата со заглавјето и подножјето со клик на Close од лентата Header and Footer.

Writer

ТЕКСТ

Заглавјето се поставува со избор на Вметнување → Заглавие → Стандардно од менито, по што во документот ќе биде поставен простор за заглавието каде може да се уредува. На сликата е прикажан овој дел од документот а во него е вметнат текстот Домашна работа. Подножјето се вметнува со Вметнување → Подножје → Стандардно.

ПОСТАВУВАЊЕ НА ЗАГЛАВИЕ И ПОДНОЖЈЕ НА СТРАНИЦА

Word

21


ЗАПОМНИ! Текстовите кои се испишуваат во делот од горната и/или долната маргина на секоја страна од текстуалниот документ се викаат заглавје - хедер (во горната маргина) и подножје - футер (во долната маргина). По содржина текстот може да биде на пр. име на организација, здружение, организација, автор, адереса, време, дата, слика - лого и сл. Поставените заглавје и подножје може да се менуваат и бришат.

Отворете го документот Meca и поставете заглавје со испишување на името на вашето училиште и подножје со испишување на вашето име и презиме и избор на тековната дата како автотекст.

ПРАШАЊА

1. Што се заглавје и подножје на страница во текстуален документ? 2. Каде се поставуваат содржините од заглавјето и подножјето? 3. Што може да биде содржина на заглавје и подножје? 4. Дали може како содржина на заглавје и подножје да биде поставен автоматски текст? 5. Дали може да се форматира текстот во заглавјето и подножјето? 6. Дали може поставено заглавје и подножје да се промени или избрише?

ТЕКСТ

ПОСТАВУВАЊЕ НА ЗАГЛАВИЕ И ПОДНОЖЈЕ НА СТРАНИЦА

ЗАДАЧА

22


При пишување на содржината на текстуалните документи, може да се постави кратко објаснување за читателот на значењето на одредени зборови од текстот. Овие објаснувања се викаат коментари. Коментарите може да бидат поставени веднаш под текстот или на долниот дел од страницата на која се наоѓа текстот. Вака поставените коментари се викаат фусноти. Коментарите во одреден текст може да се постават и на крајот од документот и тогаш се викаат ендноти. За да се знае кој коментар на кој збор се однесува на крајот од зборот и пред коментарот се поставува ознака која може да биде реден број, буква, симбол и сл. Редните броеви или буквите може да бидат во континуитет до крајот на документот или да почнуваат од почеток на секоја страна од документот. Фуснота или енднота се брише со селектирање и бришење на ознаката покрај зборот. По бришење на фуснота или енднотата корекцијата на нумерирањето по неа е автоматско. Word

ТЕКСТ

Фуснотите се поставуваат со избор на Insert → Footnotе. 1. Поставување на фуснотите на крајот од страната. 2. Поставување на фуснотите на крајот од документот. 3. Автоматско нумерирање на фуснотите. 4. Означување на фуснотите со знаци кои се избираат со: 5. симболи за фуснотите. 6. Потврдување на направениот избор за фуснотите.

КОМЕНТАРИ НА СОДРЖИНАТА ВО ТЕКСТУАЛЕН ДОКУМЕНТ

КОМЕНТАРИ НА СОДРЖИНАТА ВО ТЕКСТУАЛЕН ДОКУМЕНТ

23


Writer Со наредбата Вметнување → Фуснота се прикажува дијалогот Вметнување фуснота. Нумерирањето може да биде автоматски (со броеви) или со одреден знак. Постојат два типа на фусноти и тоа: фуснота (која се прикажува на крајот на страницата) и забелешка (која се прикажува на крајот на документот). Фуснотите се бришат со нивно селектирање во текстот и избор на копчето Delete од тастатурата.

Објаснувањето на значењето на некои зборови од содржината на текстуалниот документ се викаат коментари. Може да бидат поставени по текстот на секоја страна, на крајот од страната – фуснота или на крајот од документот - енднота. Поставените коментари може да се менуваат и бришат. ЗАДАЧА

Поставете ги фуснотите во документот Paragrafi како на примерот прикажан на сликата горе. • Лисица - шумско животно. • Сирење – млечен производ. • Кучињата – домашни животни.

ПРАШАЊА

1. Што се тоа коментари во текстуален документ? 2. Какви може да бидат коментарите според поставеноста во документот? 3. Дали има потреба од означување на коментарите? Зошто? 4. Дали коментарот кој е поставен може да се промени или избрише? Како?

ТЕКСТ

КОМЕНТАРИ НА СОДРЖИНАТА ВО ТЕКСТУАЛЕН ДОКУМЕНТ

ЗАПОМНИ!

24


АВТОМАТСКО ПРОНАОЃАЊЕ И ЗАМЕНА НА ЗБОРОВИ

Кога во текстот кој се внесува се случува често пати да се повторува долг збор за него може да се користи некоја кратенка за побрзо внесување на текстот. На пример, наместо „Република Македонија“ да се користи кратенката „рм“. На крајот од пишувањето секаде во текстот кратенката може да се замени со вистинскиот текст кој треба да стои во документот.

Word

ТЕКСТ

Можноста за автоматско пронаоѓање и замена на текст се активира со избор на Edit → Replace од менито. Ако е потребно само да се пронајде одреден збор во текстот тој се пронаоѓа со избор на Edit → Find од менито.

АВТОМАТСКО ПРОНАОЃАЊЕ И ЗАМЕНА НА ЗБОРОВИ

Многу корисна можност на програмите за уредување на текст а посебно во долгите текстуални документи е автоматското пронаоѓање и замена на зборови во текстот. Автоматски се пронаоѓа и заменува со друг одреден збор во текстот.

25


Writer

ТЕКСТ

АВТОМАТСКО ПРОНАОЃАЊЕ И ЗАМЕНА НА ЗБОРОВИ

Дијалогот за Наоѓање и замена се активира со Уредување → Најди и замени.

• Во полето (1) Find What (Пребарај за) се внесува бараниот збор. На пример: лисица. • Во полето (2) Replace with (Замени со) се внесува зборот со кој треба да се замени пронајдениот збор. На пример: меца. • Со избор на (3) Replace (Замени) се заменуваат пронајдените зборови еден по еден. • Со избор на (4) Replace All (Замени ги сите) се заменуваат сите пронајдени зборови во текстот. • Опцијата (5) Find next (Најди) не го менува тековниот збор и се бара следниот во текстот. • По пораката за завршено барање и замена во текстот дијалогот може да се затвори со (6) Close (Затвори).

ЗАПОМНИ! Програмите за пишување на текст имаат можност секаде во текстот автоматски да пронајдат зборови посочени од корисникот. Пронајдените зборови може или автоматски или од самиот корисник збор по збор да бидат заменети со нови зборови избрани од корисникот.

ЗАДАЧА

Изврши замена на зборот лисица со зборот меца во документот Paragraf. Сними ја промената под името Meca.

26


ПРАШАЊА

1. Што значи автоматско пронаоѓање на текст? 2. Што значи автоматска замена на текст? 3. Дали може да се пронаоѓа и заменува содржина со одреден формат (боја, стил, големина на фонт и сл.)? 4. Кои се предностите на автоматското пронаоѓање и замена на текст? 5. Кои зборови во долу наведениот текст ќе ги пронајде алатката за автоматско пребарување ако во полето за текст кој се бара е внесен зборот „еми“ а кои ако зборот што го бараме е „еми “?

„Еми купи автомобил. Емилија премина преку улица. Емисијата заврши! Јас се спремив а Еми се уште не е спремна!“

6. Кои зборови во долу наведениот текст ќе ги пронајде алатката за автоматско пребарување ако во полето за текст кој се бара е внесен зборот „еми“ (со формат: B, црвена боја на фонтот) а кои ако зборот што го бараме е „еми“ (со било кој формат)?

ХИПЕРВРСКИ (ХИПЕРЛИНКОВИ) ВО ТЕКСТУАЛЕН ДОКУМЕНТ

Хиперлинкови или хиперврски во текстуален документ се текстови или слики од документот кои содржат врски кон друго место во истиот документ или кон други документи. Врските се активираат најчесто со лев клик врз објектот каде е поставен хиперлинкот. Текстуалните документи кои содржат хиперлинкови се викаат хипертекстови а оние кои не содржат хиперлинкови се викаат линеарни текстови. ПОТРЕБА ОД ХИПЕРЛИНКОВИ

ТЕКСТ

Хиперлинковите ја прават текстуалната содржина динамична. Со хиперлинкови може да се направи активна содржина на долг текстуален документ, да се оствари комуникација меѓу различни документи, активирање документ со дополнителни информации за тековниот текст или активирање на веб страница поставена на Интернет во врска со тековниот текст и сл.

ХИПЕРВРСКИ (ХИПЕРЛИНКОВИ) ВО ТЕКСТУАЛЕН ДОКУМЕНТ

„Еми купи автомобил. Емилија премина преку улица. Емисијата заврши! Јас се спремив а еми се уште не е спремна!“

27


ВИДОВИ ХИПЕРЛИНКОВИ

Хиперлинкот може да покажува на • означено место во истиот документ, друг документ на компјутерот, • • веб страница на Интернет, • е-mail адреса и сл.

ТЕКСТ

ХИПЕРВРСКИ (ХИПЕРЛИНКОВИ) ВО ТЕКСТУАЛЕН ДОКУМЕНТ

ОБЕЛЕЖУВАЧ

Означените места во документот на кои се позиционира курсорот по активирање на одреден хиперлинк се викаат обележувачи – bookmark. Секој обележувач има свое име. Прво се креираат означените места во текстот а потоа хиперлинковите кои водат до нив. Постави го курсорот на местото во документот каде треба да покажува хиперлинкот и каде ќе креираш обележувач. Word

• Избери од менито Insert → Bookmark. • Во прозорецот што се отвора во полето Bookmark name (1) внеси име на означеното место, а потоа кликни на Add (2).

Writer Се избира Вметнување → Обележувач од менито, а потоа се пишува името на обележувачот.

28


Откако е креиран обележувачот се креира хиперврска која ќе покажува кон тој обележувач. Word

Writer

ТЕКСТ

Се избира Вметнување → Хиперврска по што се отвора дијалогот од сликата. Се избира делот Документ, во Цел се пишува името на обележувачот а во Текст се пишува текстот кој ќе се појави кај хиперврската.

ХИПЕРВРСКИ (ХИПЕРЛИНКОВИ) ВО ТЕКСТУАЛЕН ДОКУМЕНТ

• Избери Insert – Hyperlink. • Во полето Тext to display (1) внеси го името на хиперлинкот („назад“, „почеток“,„објаснување“, „совет“ и др.). • Кликни на Place in The document (2). • Во прозорецот што се отвара Select Place in Document избери го името на обележувачот кон кој треба да покажува хиперлинкот (3) и кликни на ОК. • На крај уште еднаш кликни на ОК.

29


Хиперлинкови кои водат кон друг фајл на компјутерот или на Интернет

Хиперлинкови или хиперврски во текстуален документ се текстови или слики од документот кои содржат врски кон друго место во истиот документ или кон друг документ или веб страница. Текстуалните документи кои содржат хиперлинкови се викаат хипертекстови а оние кои не содржат хиперлинкови се викаат линеарни текстови. Објектот кон кој покажува или води хиперлинкот може да биде: • означено место во истиот документ, • друг документ на компјутерот, • веб страница на Интернет, • е-mail адреса и сл. Поставен хиперлинк може да се проемни или отстрани од текстуален документ

ЗАДАЧА

• На првата страна напишете ги работните денови од неделата. Работете со македонска поддршка и големина на фонтот 20. Секој ден може да го испишете во различна боја. • Преминете на нова страна со Ctrl+Enter или со Insert – Break – Page Break. • Напишете со сите букви големи ПОНЕДЕЛНИК! • Со автоматско набројување внесете ги часовите кои ги имате тој ден на училиште • Повторете ги чекорите од 2. до 4. за останатите денови од вторник до петок.

ТЕКСТ

ХИПЕРВРСКИ (ХИПЕРЛИНКОВИ) ВО ТЕКСТУАЛЕН ДОКУМЕНТ

За креирање хиперлинк кон друг фајл на компјутерот или фајл поставен на Интернет се избира можноста 4 (1) . од соодветниот прозорец за поставување хиперврска. Се впишува адресата или се избира фајлот со избор на 5. ЗАПОМНИ!

30


• Секој од зборовите на првата страна сакаме да биде линк кој ќе води до страницата каде се испишани часовите од тој ден.

• Од таа страница потоа треба да се вратиме на почетната страница – првата.

ТЕКСТ

ПРАШАЊА

• Поставете се со курсорот пред почетокот на зборот „понеделник“ и креирајте обележувач под името понеделник со Insert – bookmark. • Направете го истото и за останатите денови • Селектирајте го „понеделник“ од првата страна и креирајте од него хиперлинк кон обележувачот понеделник. • Повторете го истото за останатите денови • Испишете го зборот „назад“на крајот од страницата со часовите во понеделник • Селектирајте го и креирајте хиперлинк со Insert-Hyperlink кој ќе покажува на почетокот од документот – top of the Document. • Селектирајте го, ископирајте го и потавете го хиперлинкот “назад“ на крајот и од останатите страници од документот. • Проверете како работат хиперлинковите! • Меморирајте го документот во вашиот фолдер под името „Hyperlink“!

31


ЗАДАЧА

• Отворете го документот “Meca“ и креирајте од последниот збор во него хиперлинк кон документот „Paragraf“! • Меморирајте го документот под ново име „Meca-link“!

ТЕКСТ

ПОДГОТОВКА НА ТЕКСТУАЛЕН ДОКУМЕНТ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ

ПРАШАЊА

1. Што се хиперврски во текстуален документ? 2. Каде може да водат хиперврските поставени во текстуален документ? 3. Што е тоа обележувач во текстуален документ? 4. Која е врската меѓу обележувач и хиперлинк? 5. Дали прво се креира обележувач па хиперлинк или хиперлинк па обележувач? 6. Дали бкреиран обележувач може да се избрише или промени? Како? 7. Дали има потреба да се креира обележувач во текстуалниот документ ако хиперлинкот покажува (води) кон друг документ? 8. Која е предноста од користење на хиперлинкови во текстуален документ?

ПОДГОТОВКА НА ТЕКСТУАЛЕН ДОКУМЕНТ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ НУМЕРИРАЊЕ СТРАНИЦИ ВО ТЕКСТУАЛЕН ДОКУМЕНТ

Кај текстуалните документи кои се состојат од голем број на страници често е потребно нумерирање на страниците. Оваа можност е посебно важна ако документот се печати за да не се измешаат страниците по печатењето. Броевите на страниците по изборот за нумерирање од менито на програмата се поставуваат автоматски на секоја нова страница во документот. При бришење или вметнување на нови страници корекцијата на бројот на следните страници е автоматска. Страниците од документот може да се подредат со помош на редни броеви но и со букви, римски броеви и сл.

32


Може да се изберат неколку различни позиции за поставување на ознаките на страницата. Внесените ознаки на страниците може и да се избришат со двоен клик на бројот на било која страница од документот и со копчето Delete од тастатурата. Word Нумерирањето на страници во текстуален документ се прави со избор на Insert → Page Numbers од менито. Од прозорецот што се отвора се избира позиција на броевите – горе или долу и поставување на избраната позиција – лево, центрирано или десно.

ПРАШАЊА

1. Зошто е потребно нумерирање на страници во текстуален документ? 2. Каде на страницата може да биде поставено нумерирањето? 3. Дали страниците од текстуален документ може да се означуваат само со броеви? Објасни. 4. Дали може да се избрише или промени поставеното нумерирање во текстуален документ? Како? 5. Дали е вообичаено да се поставува нумерација на првата насловна страница од документот? 6. Ако нумерирањето е со броеви дали мора да започнува секогаш од бројот 1? 7. Дали постои можност на некои страници од документот да се постави нумерирање а на некои не? Провери и одговори!

33

ТЕКСТ

За да се вметне бројот на страницата најпрво се позиционира курсорот на местото каде што е планирано да се вметне бројот на страницата (најчесто заглавјето и подножјето) и се избира наредбата Вметнување → Полиња → Број на страница. Постои и поле за прикажување на вкупниот број на страници кое се вметнува со Вметнување → Полиња → Вкупно страници.

ПОДГОТОВКА НА ТЕКСТУАЛЕН ДОКУМЕНТ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ

Writer


ПАРАМЕТРИ НА СТРАНИЦА

Параметри на страница се карактеристики на страницата како: формат, ориентација на страница, големина на маргините на страницата и сл Параметрите на страницата во програмите за уредување на текст може да се избираат, поставуваат и менуваат. Правилниот и соодветен избор на параметрите на страницата е особено значаен кога текстот треба да се подготви за печатење. Значењето на некои од параметрите на страницата е следното: • Формат на страница е големина на страницата – должина и ширина. Постојат различни формати на страница. На пример, А4, Б5, писмо и сл. • Ориентација на страница е положбата на страницата која може да биде вертикална (portrait) и хоризонтална (landscape). • Маргини се белите површини околу текстот. На страница може да има четири маргини – горна, долна, лева и десна. Word

Во прозорецот што се отвора во картичката Margins се поставуваат големини на маргините и се избира ориентација на страната. Во картичката Paper се избира форматот на страната од листата со понудени формати.

ТЕКСТ

ПАРАМЕТРИ НА СТРАНИЦА

Параметрите на страницата може да се избираат и менуваат со наредбата File → Page Setup.

34


Writer

Во Writer постои дијалог за поставување на параметрите за големинта (форматот) на страницата, ориентацијата и должините на маргините. Овој дијалог се отвора со избор Форматирај → Страница.

ТЕКСТ

1. Што е формат на страница? Наброј неколку различни формати на страница? 2. Дали е можно корисникот на програмата за уредување на текст да внесе свој формат на страница (вредности за висината и ширината на страницата по свој избор)? 3. Што е ориентација на страница? 4. Што се маргини на страница и колку маргини може да има на една страница? 5. Дали сите маргини на страница треба да бидат исти по големина? 6. Дали за различни страници во ист документ може да се постават различни големини на маргини? 7. Ако текстуален документ треба да биде на 2 страни напишан со содржина, фонт и големина кои не треба да се менуваат, а еден ред од текстот преминува на трета страна тогаш документот да биде на 2 страни може да се постигне со: • намалување на горната маргина, • намалување на било која од маргините, • намалување на проредот во некој од параграфите, • било која активност погоре набројана.

ПАРАМЕТРИ НА СТРАНИЦА

ПРАШАЊА

35


ПЕЧАТЕЊЕ ТЕКСТУАЛЕН ДОКУМЕНТ

Програмите за уредување на текст овозможуваат печатење на активниот текстуален документ. Пред да се печати документот потребно е да се вклучи печатарот и да се провери дали во него има хартија. На еден компјутер може да има поврзано повеќе печатари и треба да се избере печатарот со кој ќе се работи. Кога се печати текстуален документ можни се следните начини на печатење според изборот на страници: • печатење на целиот документ, • печатење на тековна страница, • печатење на сите избрани страници во одреден ранг (пример, 5 – 23), • печатење на парните или непарните страници во избраниот ранг, • печатење на страници по избор од документот (пример, 5, 12, 16,17, 18, 19, 20 или 5, 12, 16-19, 20). За избраните страници за печатење може да се избере број на копии.

ТЕКСТ

ПЕЧАТЕЊЕ ТЕКСТУАЛЕН ДОКУМЕНТ

Word Документ се праќа на печатење со избор на File → Print од менито. Значењето на можностите во прозорецот е следно: 1. Избор на печатар. 2. Печатење на сите страници во документот. 3. Печатење на страницата на која во моментот е поставен курсорот – тековна. 4. Избор на ранг на страници. 5. Печатење на селектиран дел од документот. 6. Избор на печатење на сите, парните или непарните страници во избраниот ранг на страници. 7. Број на копии од избраниот ранг на страници за печатење.

36


Writer Прегледот на документот кој треба да се печати се прави преку менито Датотека → Преглед на страница, а поставување на опциите за печатење со Датотека → Печати. Во овој дијалог се поставуваат повеќе опции: печатачот на кој ќе се печати, опсегот на страници кои ќе се печатат и бројот на копии. Доколку корисникот има потреба од повеќе напредни опции за печатење, тие се поставуваат со клик на копчето Опции.

ПРАШАЊА

1. Ако на еден компјутер има поврзано повеќе печатари која е постапката за печатење на текстуален документ? 2. Ако еден текстуален документ има поголем број на страници дали мора да се печати секогаш целиот документ? Објасни. 3. Дали при печатење на текстуален документ може да се прави разлика помеѓу парни и непарни страници? Што овозможува ова? 4. Што е тоа копија на страници? 5. Ако од текстуален документ треба да се испечатат 24, 26, 28, 30 , 32, 34 страна кои поставувања треба да се изберат ако рангот на страни е 24-34?

37

ТЕКСТ

При подготовка на текстуален документ за печатење потребно е да се направи следното: • поставување редни броеви на страниците посебно во подолги текстуални документи • поставување на параметрите на страницата: формат на страницата, маргини, ориентација на листот и сл. • печатењето на текстуалниот документ може да се реализира на повеќе начини: • печатење на целиот документ, печатење на тековна страница или печатење само на парни или непарни страници од документот, печатење на ранг или одреден број на страници • печатење на број на копии на страници кои ќе се печатат.

ПЕЧАТЕЊЕ ТЕКСТУАЛЕН ДОКУМЕНТ

ЗАПОМНИ!


ПРЕЗЕНТАЦИЈА Презентација или презентирање е активност преку која еден човек или група луѓе им покажуваат, ги информираат, им објаснуваат или запознаваат друг човек или група на луѓе со некој предмет, производ, откритие, идеја, план, начини на работа итн.

38

ПРЕЗЕНТАЦИЈА


А

А

ПРЕЗЕНТАЦИЈА 39


ПОИМ ЗА МУЛТИМЕДИЈАЛНА КОМПЈУТЕРСКА ПРЕЗЕНТАЦИЈА

Презентација е активност со која се покажува и објаснува содржина на одредена тема на поединци или група луѓе. Презентациите може да бидат изведени во живо, поставени на пано, прикажани на телевизија, поставени на Интернет и сл.

ПРЕЗЕНТАЦИЈА

ПОИМ ЗА МУЛТИМЕДИЈАЛНА КОМПЈУТЕРСКА ПРЕЗЕНТАЦИЈА

КОМПЈУТЕРСКА ПРЕЗЕНТАЦИЈА

Презентацијата чија содржина е креирана со компјутерска програма во вид на слајд шоу се вика компјутерска презентација. Со компјутерска програма за презентации брзо, едноставно и ефикасно може да се креираат презентации. Познати програми за компјутерски презентации се: се Microsoft PowerPoint од пакетот Microsoft Office, Impress од пакетот програми OpenOffice.org на Sun Microsystems Inc, Keynote од пакетот програми iWork на Apple Computer и др. Компјутерски направените презентации може да се гледаат на компјутер, телевизија, да се постават на Интернет и сл. Компјутерските презентации речиси секогаш се мултимедијални и интерактивни. Мултимедијалните компјутерски презентации се креирани од содржина која е комбинација на различни податоци – текст, цртеж, фотографија, табела, дијаграм, графикон, видео клипови, звуци, говор, музика и сл. Интерактивните компјутерски презентации содржат хиперврски кои овозможуваат избор на содржини, менување на редослед на содржини и комуникација со корисникот на презентацијата. Многу често со компјутерската презентација раководи човек кој се вика презентер. Презентерот не мора да биде и автор на презентацијата.

40


ЗАПОМНИ! Презентација е активност со која се покажува и објаснува содржина на одредена тема на поединци или група луѓе. Презентацијата чија содржина е креирана со компјутерска програма во вид на слајд шоу се вика компјутерска презентација. Компјутерските презентации може да бидат мултимедијални и интерактивни.

ОСНОВНИ ЕЛЕМЕНТИ НА КОМПЈУТЕРСКА ПРЕЗЕНТАЦИЈА СЛАЈД

ПОИМ ЗА МУЛТИМЕДИЈАЛНА КОМПЈУТЕРСКА ПРЕЗЕНТАЦИЈА

Содржината на компјутерските презен-тации е поделена на слајдови кои во одреден редослед се прикажуваат еден по друг во вид на слајд шоу. Слајд шоу е приказ на слајдовите од презентација еден по руг со одредена брзина. ОБЈЕКТИ НА СЛАЈД

ПРЕЗЕНТАЦИЈА

На еден слајд може да се постават различни текстуални и графички објекти. Тие може да се уредуваат и форматираат по големина, боја, позиционирање и сл. Под текстуален објект се подразбира пишуван текст. Под графички објекти се подразбираат цртежи, фотографии, украсно пишување, графикони, дијаграми и сл. Во презентација може да се поставуваат звучни и визуелни ефекти. Визуелните ефекти можат да бидат поставени како: • ефекти на премин меѓу слајдовите или • ефекти на анимација – движење на објектите поставени на слајдот. Звучните ефекти најчесто се пропратни ефекти на видео ефектите.

41


Успешна компјутерска презентација го држи вниманието од почеток до крај, ги содржи најбитните елементи од содржината која се презентира и се прати со леснотија и интерес и се памети. Еве некои препораки за правење успешна компјутерска презентација: 1. Планирање и подготовка на сите текстуални, графички, аудио и видео содржини кои ќе се користат при изработката на презентацијата. 2. Организирање на содржината по слајдови, осмислување наслов и поднаслови на одделните содржини во презентацијата. 3. На слајдовите не треба да се поставуваат премногу долги текстови и премногу графички објекти. Содржината на секој слајд треба да биде јасно видлива, лесно читлива и впечатлива. 4. Вниманието од содржината на презентацијата може да го одвлечат: • премногу ефекти на анимација, • премногу звучни ефекти, • постојано менување на ефектите на премин меѓу слајдовите, • постојано менување на позадината на слајдовите, • предолга и монотона презентација (многу слајдови само со еден вид на содржина – на пример, само текст или само слики). ЗАПОМНИ! Деловите од презентацијата се викаат слајдови. На еден слајд може да се постават текстуални , графички, аудио и вдео објекти. Слајд шоу е приказ на слајдовите од презентација еден по руг со одредена брзина .

ЗАДАЧА

Отвори готова презентација во програмата за презентации (понудена од наставникот или обиди се да најдеш на Интернет). • Разгледај ја и одговори: o Од колку слајдови се состои? o Од какви содржини е креирана презентацијата? o Дали е мултимедијална и дали е интерактивна? o Дали има визуелни и звучни ефекти? o Кои критериуми за успешна презентација ги задоволува а кој не?

ПРЕЗЕНТАЦИЈА

ПОИМ ЗА МУЛТИМЕДИЈАЛНА КОМПЈУТЕРСКА ПРЕЗЕНТАЦИЈА

ПРЕПОРАКИ ЗА КРЕИРАЊЕ УСПЕШНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА

42


ПРАШАЊА

1. Што е презентација? 2. Што е компјутерска презентација? 3. Кои се познати компјутерски програми за креирање презентации? 4. Што е мултимедијална компјутерска презентација? 5. Со која алатка се креира интерактивна презентација? 6. Од што се состои една компјутерска презентација? 7. Што е слајд шоу? 8. Какви објекти и ефекти може да бидат поставени во презентација? 9. Кои се карактеристиките на успешна компјутерска презентација?

На сликите се дадени изгледите на Power Point и на Impress со следното значење: • По стартувањето во прозорецот автоматски се прикажува првиот слајд, најчесто со шема за внесување наслов и поднаслов на презентацијата (1). • На левата страна од прозорецот се прикажани сите слајдови во минијатурна големина со редни броеви, а е селектиран слајдот на кој во моментот се работи (2). На десната страна од прозорецот прикажан е панелот со мени во врска со тековната активност во програмата (3). Ако не е прикажан може да се вклучи со избор на View → Task pane (Приказ → Панел со задачи).

ПРЕЗЕНТАЦИЈА

POWER POINT

КРЕИРАЊЕ И АКТИВИРАЊЕ НА МУЛТИМЕДИЈАЛНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА

КРЕИРАЊЕ И АКТИВИРАЊЕ НА МУЛТИМЕДИЈАЛНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА

43


IMPRESS

ПРЕЗЕНТАЦИЈА

КРЕИРАЊЕ И АКТИВИРАЊЕ НА МУЛТИМЕДИЈАЛНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА

НАЧИНИ ЗА КРЕИРАЊЕ ПРЕЗЕНТАЦИЈА

Компјутерските програми овозможуваат неколку начини за креирање на презентација: • празна презентација (blanck presentation) • презентација со готов дизајн на слајдовите (design template) • презентација со автоматска содржина (auto content wizard)

Презентација со автоматска содржина

Креирање на презентација со автоматска содржина е корисно кога на креаторот му е потребна идеја за начинот на организирање на содржините во презентацијата. При изборот на креирање на презентација со автоматска содржина се отвара прозорец со низа од прашања и во зависност од избраниот одговор автоматски се уредува изгледот и содржината на презентацијата. Овој начин на креирање на презентација овозможува избор на наслов на презентацијата и информации кои може да се појавуваат на секој од слајдовите (дата, време, автор, фирма и сл.) и сл.

44


Презентација со готов дизајн

Креирањето на презентацијата со готов дизајн му овозможува не креаторот избор на готова позадина и боја за слајдовите и шема за доделување анимации на објектите на слајдовите. Во така дизајнираната презентација корисникот треба да ги внесе потребните објекти. Ние ќе креираме празни презентации. Креирањето на празна презентација овозможува дизајн и содржина според идеите и желбите на креаторот. Дизајнот на позадината, боите и анимациските ефекти на слајдовите може да биде по слободен избор на креаторот или направен според готови модели како кај презентацијата со готов дизајн (design template). Распоредот на објектите на слајдовите од празната презентација може да биде произволен или според избрана шема. Има шеми за наслов, поднаслови, набројување, поставување еден или повеќе графички објекти, комбинација од различни типови објекти и.т.н. Панелот со шема за содржините на слајдот ако не е прикажан се вклучува со Format → Slide Layout (Приказ → Панел со задачи). IMPRESS

ПРЕЗЕНТАЦИЈА

POWER POINT

КРЕИРАЊЕ И АКТИВИРАЊЕ НА МУЛТИМЕДИЈАЛНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА

Празна презентација

45


ПОСТАВУВАЊЕ ТЕКСТУАЛНИ И ГРАФИЧКИ ОБЈЕКТИ НА СЛАЈД

ПРЕЗЕНТАЦИЈА

КРЕИРАЊЕ И АКТИВИРАЊЕ НА МУЛТИМЕДИЈАЛНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА

На слајд со шема текстуалните и графичките објекти се поставуваат со кликнување на типот на објектот поставен во шемата. Текстот се впишува во означениот простор, а графичкиот објект се избира и внесува на посочената локација на слајдот од галеријата или од избрана локација на компјутерот. На празен слајд, за да се пишува текст, треба да се постави рамка за пишување на текст. Рамките може да се бришат со клик врз рамката и копчето Delete од тастатурата.

POWER POINT Рамка за пишување текст се поставува со избор на Insert → Text Box или со алатката Рамката се исцртува на потребното место во слајдот.

IMPRESS Рамка за пишување на текст се поставува со алатката која се наоѓа во алатникот Цртање (во долниот дел од прозорецот).

На празен слајд објект може да се постави преку менито Insert (Вметнување): Picture (Слика), Diagram, Movies and Sounds (Филм и звук), Chart (Графикон), Table (Табеларна пресметка) и друго. Цртањето на автоматски форми или украсено пишување во слајдот се прави со избор на соодветна алатка од лентата за цртање. Внесен објект се брише со лев клик и копчето Delete од тастатурата.

46


УРЕДУВАЊЕ НА ИЗГЛЕДОТ НА ТЕКСТ И ГРАФИКА ПОСТАВЕНИ НА СЛАЈД

Внесените текстови и слики може да се уредуваат за да го добијат потребниот изглед. Начините за нивното уредување се речиси идентични со оние во програмите за уредување на текст. За текстот може да се избере фонт, големина, стил, позиционирање, боја, подлога и сл. POWER POINT Овие активности се прават со наредбата Format → Font или со алатките:

IMPRESS

IMPRESS

ПОСТАВУВАЊЕ ПОЗАДИНА НА СЛАЈД

Позадина на слајд е изгледот на подлогата врз која се поставуваат објектите на слајдот. Позадината може да се уреди според готов модел или по сопствен избор на авторот на презентацијата. Слајдовите во презентацијата не мора да бидат со бела позадина. Позадината може да биде во боја, во неколку бои, со шара, текстура или да биде слика.

47

ПРЕЗЕНТАЦИЈА

Врз сликите може да се прават геометриски трансформации (издолжување, скратување, ротација и сл.), промена на бојата, положбата, да се сечат делови и сл. Графички објекти како украсно пишување и автоматски цртежи се поставуваат и уредуваат со прикажаните алатки: POWER POINT

КРЕИРАЊЕ И АКТИВИРАЊЕ НА МУЛТИМЕДИЈАЛНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА

Во Impress овие алатки се наоѓаат на лентата со алатки за форматирање:


POWER POINT

IMPRESS Дијалогот за поставување на позадина на слајд се отвора со избор на Форматирај → Страница, а потоа се избира картичката Подлога.

ПРЕЗЕНТАЦИЈА

КРЕИРАЊЕ И АКТИВИРАЊЕ НА МУЛТИМЕДИЈАЛНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА

По готов модел позадината на слајд се уредува со збор на наредбата Format → Slide design → Design Templates. Се избира готов модел за позадина на кој може да му се промени бојата. По сопствен избор позадината на слајдовите се уредува со наредбата Format → Background. Од прозорецот се избира позадина во една боја (1) или позадина со ефекти (2). По избор на (2) се отвара прозорец со повеќе картички за различни позадински ефекти:

48


Презентација креирана во програмата за презентации се стартува во вид на слајд шоу со наредбата Slide Show → View Show (Приказ →Слајд-шоу) или копчето F5 од тастатурата. Текот на презентацијата може да се прекине со копчето Esc од тастатурата. ДВИЖЕЊЕ НИЗ ПРЕЗЕНТАЦИЈА

Низ слајдовите од презентацијата движењето може да биде со клик на глувчето, со копчињата за лево и десно од тастатурата или автоматско со временско поставување кое ќе биде подоцна објаснето. МЕМОРИРАЊЕ НА ПРЕЗЕНТАЦИЈА

Презентацијата која е креирана во соодветна програма може да биде меморирана како фајл кој се отвара и прикажува во програмата во која е креиран. Презентација може да се меморира и како фајл кој автоматски се отвара како слајд шоу на целиот екран на компјутер на кој немора да ја има програмата во која е креирана презентацијата. Наредбите за меморирање се соодветно: Save (Зачувај) од менито на File (Датотека) во програмата.

49

ПРЕЗЕНТАЦИЈА

АКТИВИРАЊЕ НА ПРЕЗЕНТАЦИЈА

КРЕИРАЊЕ И АКТИВИРАЊЕ НА МУЛТИМЕДИЈАЛНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА

Откако ќе се избере позадината се појавува прашање дали таа да биде поставена на тековниот слајд или на сите слајдови во презентацијата. Програмите за презентација овозможуваат избор на различна позадина за секој слајд или иста за сите слајдови. Во добра презентација треба да се избегнува преголемо шаренило на позадини.


ПРЕЗЕНТАЦИЈА

КРЕИРАЊЕ И АКТИВИРАЊЕ НА МУЛТИМЕДИЈАЛНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА

ЗАПОМНИ! Компјутерските програми овозможуваат неколку начини за креирање на презентација: • празна презентација • презентација со готов дизајн на слајдовите • презентација со автоматска содржина Креирање на презентација со автоматска содржина е корисно кога на креаторот му е е потребна идеја за начинот на организирање на содржините во презентацијата. Креирањето на презентацијата со готов дизајн му овозможува не креаторот избор на готова позадина за слајдовите и шема со распоред за положбата и вид на анимации за објектите на слајдовите. Креирањето на празна презентација овозможува дизајн и содржина според идеите и желбите на креаторот. Презентацијата може да се стартува од почетниот слајд или од тековниот слајд па натаму. ЗАДАЧА

• Креирај презентација на тема Здрава храна. Подели ја содржината на: овошје, зеленчук, житарици, млечни производи и сл.

• Користи текстови кои ќе ги осмислиш сам. • Kористи слики од клипартот на програмата или пронајди на Интернет, нацртај во Paint (Gimp). • За слајдовите избери соодветна шема за поставување на содржините. • Постави украсно пишување. • Избери позадина на слајдовите по сопствен избор. • На последниот слајд од презентацијата нека го пишува твоето име и одделение како автор на презентацијата. • Меморирај ја презентацијата под името Zdrava hrana во својот училишен фолдер.

50


ПРАШАЊА

1. Кои два начина на креирање на презентација се можни во програмите за презентации? 2. Кога се користи првиот а кога вториот начин на креирање презентација? 3. Што се подразбира под шема за слајд? 4. Што е позадина на слајд? 5. Кои уредувања се можни за позадина на слајд? 6. Дали е добар избор различни позадини за секој слајд од презентацијата? Зошто? 7. Како се движиме низ слајдовите на презентација?

РАЗЛИЧНИ ПОГЛЕДИ НА МУЛТИМЕДИЈАЛНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА

РАЗЛИЧНИ ПОГЛЕДИ НА МУЛТИМЕДИЈАЛНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА

ПРЕЗЕНТАЦИЈА

Презентацијата со која се работи може да се прикаже во прозорецот на програмата на неколку начини (погледи) кои се стартуваат со избор на View (Приказ) менито од главното мени: • Normal view (Нормален) – за креирање и уредување на слајдот. • Outline (Контура) – го прикажува текстот на секој слајд. • Slides (Подредувач на слајдови) – прикажува минијатурна верзија на секој слајд. • Slide show view (Слајд-шоу) – прикажување на презентацијата слајд по слајд на целиот екран. Се активира и со избор на F5 од тастатурата.

51


ПРЕМЕСТУВАЊЕ, КОПИРАЊЕ, ОТСЕКУВАЊЕ, БРИШЕЊЕ И ВМЕТНУВАЊЕ НА СЛАЈД

Кај прикажувањето со минијатурен приказ на слајдовите може да се преместува, копира, отсекува, брише и вметнува слајд во презентацијата. За менување на редоследот на слајдовите во презентацијата се селектира минијатурата на слајдот, се отсекува и се поставува на новото место во презентацијата: Edit → Cut (Уредување → Исечи) па Edit → Paste (Уредување → Вметни) или може со глувчето да се влече и пушти на новото место. На сличен начин се копира слајд: Edit → Copy (Уредување → Копирај) па Edit → Paste (Уредување → Вметни) а одреден слајд се брише со лев клик врз слајдот и избор на Delete (Избриши слајд). Нов слајд се вметнува во постоечка презентација меѓу други слајдови со поставување на курсорот меѓу минијатурите на слајдовите каде треба да се внесе новиот слајд и потоа се бира Insert → New slide (Вметнување → Слајд).

ПРЕЗЕНТАЦИЈА

ПОИМ ЗА ВИЗУЕЛНИ И ЗВУЧНИ ЕФЕКТИ ВО ПРЕЗЕНТАЦИЈА

ЗАДАЧА

• Отвори ја презентацијата Zdrava hrana со различните погледи. • Промени го местото на слајдовите за зеленчук и овошје. • Меморирај ги направените измени под истото име.

ПРАШАЊА

1. Што е тоа поглед на презентација? 2. Колку различни погледи овозможуваат програмите за креирање презентации? 3. Дали промените во презентацијата направени во еден поглед се прикажуваат и во останатите погледи?

ПОИМ ЗА ВИЗУЕЛНИ И ЗВУЧНИ ЕФЕКТИ ВО ПРЕЗЕНТАЦИЈА

Во презентација може да се поставуваат звучни и визуелни ефекти . Визуелните ефекти можат да бидат поставени како: • ефекти на премин меѓу слајдовите (ефект на транзиција) или • ефекти на анимација – движење на објектите поставени на слајдот. Звучните ефекти најчесто се пропратни ефекти на видео ефектите.

52


ЕФЕКТИ НА ТРАНЗИЦИЈА

Ефектите на премин или транзиција се визуелни ефекти кои се појавуваат при премин од еден на друг слајд. Овие ефекти овозможуваат сигнализирање на корисниците на презентацијата дека ќе бидат прикажани нови информации, нов слајд. Програмите за креирање презентации овозможуваат доделување ист ефект на премин за сите слајдови во презентацијата или различни ефекти на транзиција за секој слајд. За ефектите на премин може да се избере брзина, звук и начин на активирање. Се избираат со Slide Show → Slide transition (Слајд-шоу → Преод на слајдови). IMPRESS

53

ПРЕЗЕНТАЦИЈА

Карактеристики на ефектот на транзиција кои треба да ги избере авторот на презентацијата се: 1. Видот на транзицијата 2. Брзина 3. Да има или нема звук и кој 4. Начин на активирање на транзицијата: • со клик на глувчето или со тастатура, • автоматски по одредено време 5. Избраниот транзициониот ефект да се примени на тековниот или на сите слајдови од презентацијата 6. Со избор на AutoPreview (Автоматски преглед) се гледа ефектот 7. Доделен ефект на транзиција се отстранува со избор од панелот на опцијата No Transition (Без преод)

ПОИМ ЗА ВИЗУЕЛНИ И ЗВУЧНИ ЕФЕКТИ ВО ПРЕЗЕНТАЦИЈА

POWER POINT


Анимација е брзо менување на приказот на голем број слики една по друга при што се добива ефект на движење на објектот прикажан на сликите. Програмите за креирање на презентација овозможуваат додавање на ефекти на движење на објектите поставени на слајдовите. Ефектите на анимација за насловите и набројувањата на слајдовите може да се постават со избор на готови анимациски шеми. Понудени ефекти на анимација за објектите на слајдовите може да се избираат и поставуваат и како сопствени анимации според избор на авторот на презентацијата. Анимациите според движењето на објектот на слајдот се поделени на 4 видови: • влез на објектот на слајдот. • нагласување на објект на слајдот. • објектот го напушта слајдот. • објектот на слајдот опишува избрана патека. За анимациите во зависност од категоријата на која и припаѓаат може да се изберат параметри како што се: брзина, начин и редослед на појавување, насока, изглед на патека, големина и сл. На секој објект на слајдот може да му се додели посебен ефект на анимација или движење. Тоа се прави со избор на Slide Show → Custom Animation → Add Effect (Слајд-шоу → Сопствена анимација→ Додај). POWER POINT

IMPRESS

ПРЕЗЕНТАЦИЈА

ПОИМ ЗА ВИЗУЕЛНИ И ЗВУЧНИ ЕФЕКТИ ВО ПРЕЗЕНТАЦИЈА

ЕФЕКТИ НА АНИМАЦИЈА

54


ПОИМ ЗА ВИЗУЕЛНИ И ЗВУЧНИ ЕФЕКТИ ВО ПРЕЗЕНТАЦИЈА

Анимациски ефекти прикажани во прозорецот се од типот : 1. Влез (Entrance) – објектот се прикажува на слајдот со анимацијата. 2. Нагласување (Emphasis) – објектот се прикажува на слајдот, се изведува анимацијата и тој останува на слајдот. 3. Излез (Exit) – објектот се прикажува на слајдот и по анимацијата излегува – го нема на слајдот. 4. Патека на движење (Motion paths) - се избира понудена патека или се црта произволна по која се движи избраниот објект. Видот на анимацијата (5), брзината, насоката, редоследот на прикажување на анимациите на различните објекти и сл. (6) ги избира авторот од Custom Animation (Сопствена анимација) панелот. Анимациски ефект се брише со избор на анимацијата од листата и копчето Remove (Отстрани) од панелот (7). Редоследот на анимациските ефекти може да се менува со избор на анимацискиот ефект кој треба да се премести и стрелките во долниот дел Re – Order (Редослед на менување). ЗВУЧНИ ЕФЕКТИ ВО ПРЕЗЕНТАЦИЈА

Звучните ефекти најчесто се пропратни ефекти на видео ефектите. Се избираат и поставуваат во презентација од прозорецот за избор и поставување на визуелните ефекти на транзиција. ЗАПОМНИ!

ПРЕЗЕНТАЦИЈА

Во презентација може да се поставуваат звучни и визуелни ефекти. Визуелните ефекти можат да бидат ефекти на премин меѓу слајдовите или ефекти на анимација – движење на објектите поставени на слајдот. Анимациите според движењето на објектот се поделени на 4 видови: • Анимации за влез на објектот на слајдот. • Анимации за нагласување на објект на слајдот. • Анимации со кои објектот го напушта слајдот. • Анимација со која објектот на слајдот опишува избрана патека. Звучните ефекти се кратки звуци кои најчесто се пропратни ефекти на видео ефектите.

55


ЗАДАЧА

• Постави ефекти на транзиција и анимација во својата презентација Zdrava Hrana. • На текстовите постави им анимации според готова шема а на сликите по сопствен избор и од различна категорија. Избери параметри: брзина, редослед, звук и сл. • Меморирај ги промените.

ПРЕЗЕНТАЦИЈА

АКЦИИ И ХИПЕРВРСКИ ВО ПРЕЗЕНТАЦИЈА

ПРАШАЊА

1. Какви видови ефекти може да се постават во презентација? 2. Какви можат да бидат визуелните ефекти? 3. Што е анимација? 4. На кои елементи од презентацијата се доделуваат ефектите на премин (транзиција). 5. Кои параметри може да се изберат и постават за ефектите на транзиција? 6. На кои елементи од презентацијата може да се доделат ефекти на анимација? 7. Како може да се поделат ефектите на анимација според движењето на објектите на слајдот? 8. Кои два начина на поставување на анимациски ефекти во презентација ги нудат програмите за креирање презентации? 9. Кои параметри може да се изберат и постават за ефектите на анимација? 10. Дали е добар избор различни ефекти на премин за секој слајд во презентацијата? Зошто? 11. Дали може да се отстранат поставени визуелни и звучни ефекти во презентација? Како?

АКЦИИ И ХИПЕРВРСКИ ВО ПРЕЗЕНТАЦИЈА

Хиперврските во презентација може да се постават на текстуален или графички објект од слајд. Поставените хиперврски може да водат од еден кон друг слајд во истата презентација, кон документ поставен на компјутерот или кон веб страница поставена на Интернет.

56


Хиперврските во мултимедијална презентација овозможуваат интеракција со публиката за која е наменета презентацијата преку можноста за избор и промена на редоследот на движење низ слајдовите во презентацијата. , организирање на содржината во вид на прашања и одговори за публиката и слично. ПОСТАВУВАЊЕ ХИПЕРЛИНК

ОТСТРАНУВАЊЕ ХИПЕРЛИНК

Хиперлинк се отстранува со Remove Hyperlink од менито што се отвара со десен клик врз објектот каде е поставен хиперлинкот. ХИПЕРЛИНКОВИ И АКЦИСКИ КОПЧИЊА

Во програмите за креирање на презентации постои можност за поставување на акциски копчиња. Акциски копчиња се готови графички објекти на кои им е однапред доделена активност или може да им се постави хиперлинк. Овие копчиња овозможуваат движење низ презентацијата (на почеток, крај, претходен, следен слајд и сл.), активирање фајлови и сл.

57

ПРЕЗЕНТАЦИЈА

1. Линкот води кон веб страница на Интернет или друг документ на компјутерот 2. Линкот се поставува кон слајд во истата презентација 3. Избор на слајд од тековната презентација кон кој ќе води хиперлинкот 4. Намален приказ на избраниот слајд

АКЦИИ И ХИПЕРВРСКИ ВО ПРЕЗЕНТАЦИЈА

Хиперлинк се поставува со избор на објект (текст или графика) кој ќе содржи хиперврска а потоа се избира Insert → Hyperlink (Вметнување → Хиперврска). Поставуањето е слично како поставувањето на хиперврски кај Word (Writer). Од прозорецот што се отвора се избира: • каде се наоѓа објектот кон кој ќе покажува хиперврската, • адреса на објектот кон кој покажува хиперврската. Значењето на деловите од прозорецот е:


POWER POINT Копчето со акција како мала сликичка - Action Buttons се внесува во слајдот со избор на Slide Show → Action Buttons → избор на потребното копче. Копчето се исцртува од корисникот на избрано место на слајдот. Од прозорецот што по тоа се отвора се избира начин на активирање на копчето: • клик на глувчето, • поминување со глувчето над копчето. • Потоа се избира активноста на копчето: • врска до друг слајд, презентација, фајл, веб адреса и сл., • стартување програма. При ова може да има или нема попратен звучен ефект кој исто така треба да го избере корисникот.

ПРЕЗЕНТАЦИЈА

АКЦИИ И ХИПЕРВРСКИ ВО ПРЕЗЕНТАЦИЈА

IMPRESS Копчињата со акција се поставуваат на следниот начин: • се поставува објектот кој треба да биде копче (најчесто сликичка), • со десен клик се избира Интеракција, • од отворениот дијалог се избира акцијата и се кликнува Во ред.

Линковите овозможуваат организирање на презентацијата во вид на прашања и одговори за интеракција со публиката и скокање од еден слајд на слајдовите каде се објаснува некоја поттема на презентацијата.

58


ЗАПОМНИ! Хиперврски во презентација се објекти поставени на слајдовите од презентацијата кои содржат врска кон друг слајд во презентацијата, кон друг документ на компјутерот или кон веб страница или електронска адреса поставени на Интернет. Мултимедијалните компјутерски презентации со хиперврски се викаат интерактивни затоа што овозможуваат интеракција на корисникот со содржината на презентацијата. Хиперлинкови може да се поставуваат и на акциски копчиња. Акциски копчиња се графички објекти кои со изгледот го одредуваат типот на врска која ќе им се додели . Поставените хиперлинкови може да се менуваат и отстрануваат. Можно е отсекување или копирање на објекти со хиперврски. ЗАДАЧА

1. На кои објекти во презентацијата може да се постават хиперврски? 2. Каде може да покажуваат хиперврските поставени во презентација? 3. Дали поставена хиперврска во презентација може да се промени или отстрани? Како? 4. На кој начин хиперврските во презентација може да овозможат интеракција со публиката? 5. Што се акциски копчиња? 6. Каква функција може да им се додели на акциските копчиња? 7. Дали може да се менува изгледот на акциските копчиња по боја и големина? Провери. 8. Дали може да се копираат акциски копчиња? Дали при тоа се копира само графикат или и поставената акција? Провери.

59

ПРЕЗЕНТАЦИЈА

ПРАШАЊА

АКЦИИ И ХИПЕРВРСКИ ВО ПРЕЗЕНТАЦИЈА

• Постави слајд за содржина во презентацијата Zdrava hrana. На секоја од поднасловите постави хиперврска кон соодветниот слајд. Постави акциско копче за враќање назад (изглед на куќичка) на секој од слајдовите на кои се доаѓа со хиперврската. • На почетниот слајд постави текст КРАЈ со хиперлинк кон последниот слајд а на последниот слајд постави текст ПОЧЕТОК со хиперлинк кон првиот слајд во презентацијата.


РАБОТА СО МУЗИКА ВО ПРЕЗЕНТАЦИЈА

Во компјутерските презентации може да се постават аудио фајлови. Музиката во презентацијата може да се постави на еден слајд и да трае додека не се промени слајдот, може да се слуша на неколку слајдови или низ целата презентација. Активирањето на музиката може да биде автоматско или со клик на иконата која се прикажува на слајдот каде е поставен музичкиот фајл. Наредба за поставување на музика во презентација е Insert → Sound from file (Вметнување → Филм и звук). За музиката да тече низ целата презентација потребно е фајлот да се постави на првиот слајд. Времетраењето и начинот на активирање на музичкиот фајл поставен во презентацијата се избира од прозорецот за избор и поставување на анимации. POWER POINT

ПРЕЗЕНТАЦИЈА

РАБОТА СО МУЗИКА ВО ПРЕЗЕНТАЦИЈА

Со лев клик на стрелката десно од името на фајлот се отвара мени од кое се избира опцијата Еffect options. Во прозорецот што се отвара се избира кога да започне музиката (1), после колку слајдови да заврши (2), дали да се повторува по завршувањето и сл.

ЗАПОМНИ! Во компјутерските презентации може да се постават и активираат аудио фајлови, кои може да се активираат автоматски или од корисникот, да течат низ презентацијата со повторување, низ сите или низ дел од слајдовите и сл. ЗАДАЧА

Обиди се да поставиш музички фајл во презентацијата Zdrava hrana кој ќе започне со стартување на презентацијата и ќе трае до крајот.

60


ВРЕМЕНСКИ ПАРАМЕТРИ НА МУЛТИМЕДИЈАЛНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА

ВРЕМЕНСКИ ПАРАМЕТРИ НА МУЛТИМЕДИЈАЛНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА

Временски параметри во мултимедијална презентација се поставуваат во врска со визуелните ефекти на транзиција и анимација. Временските параметри може да бидат поставени како конкретно време во секунди или брзина (многу брзо, брзо, средно, бавно). Временски параметри во мултимедијална презентација се поставуваат при автоматско менување на слајдовите. Автоматското менување на слајдовите од презентацијата се постигнува со избор на време по кое тековниот слајд се заменува со следниот. Овој избор се прави во прозорецот за поставување на ефекти на транзиција на слајдовите. На слајдовите на кои се поставени хиперврски не треба да се избира автоматско менување затоа што корисникот на презентацијата треба да има можност за избор која нема да биде одземена со автоматска промена на тековниот слајд со следниот по истекот на одредено време. ЗАПОМНИ!

Во мултимедијалните компјутерски презентации може да се постави времетраење на секој слајд. Таквите презентации се автоматски. Автоматско менување на слајдовите во презентација со поставување на временски параметри не треба да се постави кај интерактивни презентации кај кои текот и редоследот на слајдовите во презентацијата зависи од корисникот. ЗАДАЧА

• Во презентацијата Zdrava hrana отстрани ги сите хиперврски и акциски копчиња. • Меморирај ги промените под името Zdrava hrana1. • Постави автоматско менување на слајдовите во презентацијата.

ПРЕЗЕНТАЦИЈА

ПРАШАЊА

1. Во врска со кои елементи на презентацијата се поставуваат временски параметри? 2. Што овозможува поставувањето на временски параметри на транзиција на слајдовите во презентацијата? 3. Дали треба да се поставува автоматско менување на слајдовите со хиперврски? Зошто?

61


ТАБЕЛА Компјутерските програми кои овозможуваат подредување на податоците во табела, уредување на нивниот изглед, пресметување со податоците во табелите преку формули и функции, претставување на податоците и пресметките со помош на график се викаат програми за табеларно претставување и пресметување на податоци. 62

ТАБЕЛА


ТАБЕЛА 63


ПРОГРАМА ЗА ТАБЕЛАРНО ПРЕСМЕТУВАЊЕ

Компјутерските програми за табеларано пресметување овозможуваат подредување на податоци во табела, пресметки со податоците, претставување на податоците и пресметките со графикон и сл. Познати програми за табеларно пресметување се:

Microsoft Office Excel Open Office Calc

ПРИМЕРИ ЗА ТАБЕЛИРАЊЕ НА ПОДАТОЦИ И ПРЕСМЕТКИ СО НИВ

Пример за табелирање и пресметки со податоци е на пример таблицата за множење на броевите од 1 до 10, табела со податоци за оценките и средниот успех по предмети на учениците во едно одделение, табела со резултати од различни анкети и истражувања и сл.

ТАБЕЛА

ПРОГРАМА ЗА ТАБЕЛАРНО ПРЕСМЕТУВАЊЕ

Аpple iWork Numbers

64


Графиконите сликовито ги претставуваат податоците од табелата и овозможуваат брз и јасен поглед на состојбата со податоците.

ПОИМ ЗА РАБОТЕН ДОКУМЕНТ, РАБОТЕН ЛИСТ И ТАБЕЛА

Документот кој се креира со програмата за табеларни пресметки се вика работен документ. Работниот документ се состои од еден или повеќе работни листови. На работните листови се креираат табели во кои се внесуваат, уредуваат и прават пресметки со податоците.

ТАБЕЛА

EXCEL

ПРОГРАМА ЗА ТАБЕЛАРНО ПРЕСМЕТУВАЊЕ

ИЗГЛЕД И ДЕЛОВИ НА РАБОТНИОТ ПРОЗОРЕЦ НА ПРОГРАМАТА ЗА ТАБЕЛАРНИ ПРЕСМЕТКИ

65


Поважните делови на прозорецот се означени со редни броеви од 1 до 12 со следно објаснување на нивното значење или име: 1. Лента со приказ на името на програмата и името на работниот документ 2. Мени со наредби за работа во програмата. 3. Алатки за работа во програмата. 4. Клетка. 5. Редица. 6. Колона. 7. Активна клетка. 8. Адреса на клетка. 9. Поле за приказ на содржината на активната клетка. 10. Работни листови. 11. Лизгачи. 12. Панел за приказ на активности во врска со тековната задача. ОСНОВНИ ЕЛЕМЕНТИ НА РАБОТЕН ЛИСТ

Работниот лист е поделен на редици и колони. Во пресекот на една редица и една колона се наоѓа правоаголно поле кое се вика клетка. Клетката е основен елемент од работниот лист во кој може да се внесе податок.

ТАБЕЛА

ПРОГРАМА ЗА ТАБЕЛАРНО ПРЕСМЕТУВАЊЕ

CALC

66


Редиците од работниот лист се означуваат со редни броеви, а колоните со букви. Клетките од табелата имаат адреса која се формира од буквата на колоната и бројот на редицата во чии пресек се наоѓа клетката. На пример, А1, C16, N25 и сл. Во програмите за табеларни пресметки често се работи со група на соседни клетки. Група на соседни клетки од табелата се вика ранг на клетки. Рангот на клетки има своја адреса која се формира од адресата на првата клетка и адресата на последната клетка во рангот одделени со две точки. На пример, B2:D5.

Движењето низ клетките од работниот лист е со копчињата за позиционирање од тастатурата (лево, десно, горе и долу). Од еден на друг работен лист се преминува со едноставен клик врз името на работниот лист прикажано во долниот дел од прозорецот. Работните листови може да се преименуваат, бришат, преместуваат и копираат. Овие активности со работните листови се избираат од менито што се отвара со десен клик врз името на работниот лист. ЗАПОМНИ!

ТАБЕЛА

Програмите за табеларни пресметки овозможуваат подредување на податоци во табела, графичко прикажување на податоци од табела и пресметки со податоците од табела со користење формули и функции. Документот кој се креира со програмата за табеларни пресметки се вика работен документ. Работниот документ се состои од еден или повеќе работни листови. На работните листови се креираат табели во кои се внесуваат, уредуваат и прават пресметки со податоците. Работниот лист е поделен на редици и колони. Клетката е основен елемент од работниот лист во кој може да се внесе податок.

ПРОГРАМА ЗА ТАБЕЛАРНО ПРЕСМЕТУВАЊЕ

ДВИЖЕЊЕ ВО РАБОТНИОТ ЛИСТ И АКТИВНОСТИ СО РАБОТНИТЕ ЛИСТОВИ

67


ПРАШАЊА

ТАБЕЛА

ОСНОВНИ АКТИВНОСТИ СО ПОДАТОЦИ ВО ТАБЕЛА

1. Кои основни активности со податоци овозможуваат програмите за табеларни пресметки? 2. Кои се познати програми за табеларни пресметки? 3. Кои програми за табеларни пресметки ги има на вашиот училишен компјутер? 4. Како е организиран работниот документ во програмите за табеларни пресметки? 5. Како е организиран работен лист во работен документ? 6. Што е тоа клетка во работен документ? 7. Како се формира адреса на клетка? 8. Што е тоа ранг на клетки? 9. Кој е рангот на клетки во иста боја прикажани на сликата?

10. На кој начини е можно движење низ клетките од работниот лист? 11. Кои активности се можни со работните листови од работниот документ?

ОСНОВНИ АКТИВНОСТИ СО ПОДАТОЦИ ВО ТАБЕЛА ВНЕСУВАЊЕ ПОДАТОЦИ ВО ТАБЕЛА

Основен елемент од работниот лист во кој може да се внесе податок е клетката. Податок се внесува само во активна клетка. Активна клетка се избира со лев клик врз клетката. По ова може да се внесуваат податоците. Ако во клетката веќе имало впишани податоци тие се бришат и на нивно место се прикажуваат новите. Ако во клетката треба да се корегираат внесените податоците потребно е да се внесе курсорот внатре во клетката. Тоа се прави со двоен лев клик врз клетката или со лев клик + F2.

68


По завршено внесување на податоците во клетката се притиска Enter или се клика на друга клетка. СЕЛЕКТИРАЊЕ, КОПИРАЊЕ, ОТСЕКУВАЊЕ И ПРЕМЕСТУВАЊЕ НА КЛЕТКА, РАНГ НА КЛЕТКИ, РЕДИЦИ И КОЛОНИ

Сите податоци од селектираните елементи: клетка, група на клетки, редици или колони се бришат со копчето Delete од тастатурата. ЗАПОМНИ! Основните активности кои може да се изведуваат со податоци во програмите за табеларни пресметки се: • Внесување податоци во табела • Селектирање, копирање, отсекување и преместување на клетка, ранг на клетки, редици и колони • Бришење на податоци во табела

УРЕДУВАЊЕ ВО ТАБЕЛА

Табелата во која се внесени податоците може да се уредува преку уредување на изгледот и типот на податоците во табелата и со уредување на изгледот на елементите на самата табела.

69

ТАБЕЛА

БРИШЕЊЕ НА ПОДАТОЦИ ВО ТАБЕЛА

ОСНОВНИ АКТИВНОСТИ СО ПОДАТОЦИ ВО ТАБЕЛА

Податоците во клетка или ранг на клетки може да се селектираат а потоа копираат, отсекуваат и преместуваат. Истите активности се можни и за редици или колони од работниот лист. Редица се селектира со лев клик на бројот а колона со лев клик на буквата на колоната. Така селектираните редици и колони може да се бришат, копираат. Отсекуваат и преместуваат со познатите наредби и активности. Во табела може да се селектираат и несоседни клетки со помош на копчето Ctrl од тастатурата.


УРЕДУВАЊЕ НА ПОДАТОЦИ ВО ТАБЕЛА

Внесените податоци во табелата може да се уредуваат со избор на следните параметри: фонт, големина на фонт, стил, боја, порамнување во клетката, ориентација на испишување и сл.

EXCEL Клетка во Excel може да се форматира со дијалогот што се отвора со избор на Format → Cells → Alignement или Font. Овие уредувања се поставуваат со избор Format → Cells од менито на програмата.

CALC

ТАБЕЛА

УРЕДУВАЊЕ ВО ТАБЕЛА

Со селектирање на клетка и избор на Форматирај → Ќелии се отвора дијалогот прикажан на сликата.

Преку овој дијалог и неговите картички може да се форматираат клетките во документот. Дел од основните уредувања на податоците може да се изберат и со алатките од лентата со алатки за форматирање.

70


УРЕДУВАЊЕ НА ДИМЕНЗИИ НА РЕДИЦИ И КОЛОНИ ВО ТАБЕЛА

Колоните и редиците може да се уредуваат со промена на ширината и висината соодветно. Промената на ширината и висината може да се прави автоматски или по сопствен избор. Автоматско проширување или стеснување на колоните (редиците) според најдолгата (највисоката) содржина во некоја од клетките се постигнува со двоен клик на десната (долната) граница од колоната (редицата). По сопствен избор промента на димензиите на редиците и колоните се прави на два начина: • Курсорот се поставува на границата помеѓу редицата (колоната) која треба да се прошири или стесни и следната редица (колона). Кога курсорот ќе добие изглед на двонасочна стрелка со разделна линија со лев клик се влече во саканата насока.

• Се избира на Format → Row → Height (Форматирај → Ред → Висина) и Format → Column → Width (Форматирај → Колона → Ширина) од менито. ПОСТАВУВАЊЕ НОВИ РЕДИЦИ И КОЛОНИ ВО ТАБЕЛА

УРЕДУВАЊЕ НА ПОДЛОГАТА И ГРАНИЦИТЕ НА ТАБЕЛА

ТАБЕЛА

Изгледот на табелата се уредува со избор на боја за позадина на клетките од табелата, изглед на границите на табелата, димензии и сл. Делот од табелата кој се уредува треба да биде селектиран!

УРЕДУВАЊЕ ВО ТАБЕЛА

Вметнување на нови редици и колони во табела се прави на следниот начин: се селектира колоната пред која (редицата над која) треба да се постави новата колона (редица) и од менито се избира соодветната наредба за внесување колона (редица): Insert → Column (Вметнување → Колони) или Insert → Row (Вметнување → Редови). Програмите за табеларни пресметки автоматски ги корегираат ознаките на колоните и редиците (буквите и броевите).

71


EXCEL Изгледот на табелата се уредува од прозорецот на Format → Cell → Border. Значењето на означените делови од прозорецот е следно: 1. Избор на вид на гранични линии за табелата. 2. Избор на стил на гранична линија. 3. Избор на боја за граничната линија. 4. Избор на позиција на линијата во табелата.

Може да се работи и со алатките поставени во лентата со алатки. Алатка за боја на позадината:

EXCEL

CALC

Алатка за избор на граници на табелата:

ТАБЕЛА

УРЕДУВАЊЕ ВО ТАБЕЛА

EXCEL

72

CALC


ЗАПОМНИ! Во табела може да се уредува изгледот на податоците и изгледот на елементите на табелата. Внесените податоци во табелата може да се уредуваат со избор на фонт, големина на фонт, стил, боја, порамнување во клетката, ориентација на испишување и сл. Изгледот на табелата може да се уредува со избор на висина и ширина на колоните и редиците, боја на подлогата и линии по боја и стил за границите на табелата. ЗАДАЧА

• Креирај табела со податоци и формат како што е прикажано на сликата.

• Потоа обиди се да внесеш нова редица и нова колона со податоци како што е прикажано на сликата:

• Меморирај го фајлот под името Vezba1.

73

ТАБЕЛА

1. Кој е основниот елемент од работен лист за внесување податок? 2. Кои се можни активности со податоците во клетките? Наброј и објасни. 3. Наброј ги основните активности со кои може да се уредува изгледот на податоци во табела? 4. Дали може да се уредуваат димензиите на редиците и колоните во табела? Објасни ги различните начини. 5. Дали може да се вметнуваат нови редици и колони во табела? Објасни. 6. Како може да се уреди подлогата и границите на табела?

УРЕДУВАЊЕ ВО ТАБЕЛА

ПРАШАЊА


ФОРМАТ НА БРОЈНИ ПОДАТОЦИ ВО ТАБЕЛА

Во програмите за табеларни пресметки може да се работи со различни формати на бројните податоци. Тоа значи бројниот податок може да биде запишан како децимален број, позитивен и негативен број, процент, дата, време, валута и сл. За секоја клетка од табелата може да се избере формат кој ќе го добие бројнио податок по внесувањето во клетката. На пример, бројните податоци може по внесувањето да се прикажат како: • Децимални броеви со одреден број на децимали: бројот 3 ќе биде3.00. • Позитивни и негативни броеви (позитивните со црна боја, а негативните во црвена боја): бројот -17 ќе биде 17. • Валути:100 ќе биде 100 ден. Форматот на бројниот податок може да биде и неспецифициран или по сопствен избор. Бројните податоци кои се внесени во табела може да го менуваат својот формат (изглед). Текстуалните податоци во табела по впишувањето обично се позиционира автоматски лево во клетката а бројните податоци десно. Ова позиционирање може подоцна да се промени.

ТАБЕЛА

ФОРМАТ НА БРОЈНИ ПОДАТОЦИ ВО ТАБЕЛА

EXCEL

Изборот на форматот на внесениот податок во клетката се прави од прозорецот кој се отвара со Format → Cells → Numbers.

CALC Форматот за типот на податокот (броевите) во клетката се уредува преку дијалогот Форматирај → Ќелии, и тоа преку првата картичка Броеви.

74


ЗАПОМНИ! Во програмите за табеларни пресметки може да се работи со различни формати на бројните податоци: формат за децимални броеви, позитивни и негативни броеви, проценти, дата, време, валута и сл. Податокот се внесува во клетката и по притискање на Enter го прима форматот кој е специфициран за таа клетка. Избраниот формат може да се менува. ЗАДАЧА

• Во фајлот Vezba1 промени го форматот на бројните вредности во колоната со години во децимални броеви со 3 децимали.

• Меморирај ги промените под истото име.

ПРАШАЊА

ТАБЕЛА

ФОРМАТ НА БРОЈНИ ПОДАТОЦИ ВО ТАБЕЛА

1. Што се подразбира под формат на броен податок во програма за табеларни пресметки? 2. Какви може да бидат форматите на бројните податоци? 3. Дали може повеќе пати да се менува форматот на исти бројни податоци без нивно повторно впишување во табелата? Објасни.

75


ФОРМИ НА ПОКАЖУВАЧИ И НИВНО ЗНАЧЕЊЕ

ТАБЕЛА

ФОРМИ НА ПОКАЖУВАЧИ И НИВНО ЗНАЧЕЊЕ

Во текот на работата во програмите за табеларни пресметки покажувачот на глувчето го менува својот изглед. Одредени активности со табелата со глувчето може да се изведуваат само ако покажувачот има одредена форма. Покажувачот во програмата за табеларни пресметки може да ги има следните форми:

• Вообичаена форма на покажувачот на глувчето е формата под реден број 1. Во одредени позиции од работниот лист покажувачот на глувчето ја менува формата во некоја од останатите прикажани на сликата со следното значење: • Со поставување во долниот десен агол од клетката или рангот на клетки покажувачот ја добива втората форма 2. Со лев клик влечење во вертикална или хоризонтална насока се постигнува копирање на содржината од клетките во нови клетки. • Изгледот 3 и 4 покажувачот ги добива при позиционирање на граница помеѓу ознаките за редици или колони. При овој изглед на покажувачот со влечење со лев клик или двоен лев клик може да се менуваат димензиите на редиците и колоните. • Петиот и шестиот изглед покажувачот го добива кога е поставен на ознаката на некоја колона или редица при што со лев клик се селектира целата редица и колона. АВТОМАТСКО ПОПОЛНУВАЊЕ НА КЛЕТКИ

Автоматско пополнување на клетки е активност во работниот лист при која соседните клетки од табелата автоматски се пополнуваат со сродни или исти податоци. Автоматските податоци може да бидат: текст кој се повторува во секоја соседна клетка, наизменични текстови, редни броеви, денови од неделата или месеци од годината во редослед и сл.

76


За автоматско пополнување со редни броеви потребно е во две клетки да се напишат во редослед броевите на пример, 1 и 2. Потоа се селектираат двете клетки, се позиционира курсорот во долниот десен агол и кога ќе добие форма на крст се влече во саканата насока преку клетките кои автоматски ќе се пополнат со редните броеви кои следуваат: 3, 4, 5 итн. За автоматско пополнување на соседните клетки со ист текст или наизменични текстови потребно е во една или неколку соседни клетки да се внесат текстуалните податоци кои потоа сопогоре опишаната постапка автоматски ќе се пополнат во соседните избрани клетки. Автоматски листи се списоци на податоци кои може автоматски да се пополнуваат во табела. На пр. автомтска листа може да биде список на денови од неделата, месеци од годината и сл. Со внесување на два последователни податока од автоматската листа, во две соседни клетки, со нивно селектирање и влечење во саканата насока клетките автоматски ќе се пополнат со следните податоци од листата. EXCEL

ТАБЕЛА

Креирање на автоматски листи се прави со избор на Tools → Options → Customs list. Значењето на деловите од прозорецот е: 1. Избор на додавање членови за нова листа. 2. Дел за внесување на членовите на листата одделени со запирка. По внесувањето на членовите на листата во делот (2) со ибор на копчето (3) листата се прикажува во делот (4) од каде подоцна истата може да се избира.

АВТОМАТСКО ПОПОЛНУВАЊЕ НА КЛЕТКИ

АВТОМАТСКИ ЛИСТИ

77


Автоматска листа во Calc може да се креира со избор на Алатки → Опции → Листи за подредување. Во дијалогот можете да кре ирате нови листи, да ги уредувате и бришете.

CALC

ЗАПОМНИ! Автоматско пополнување на клетки е активност во работниот лист при која соседните клетки од табелата автоматски се пополнуваат со сродни или исти податоци. Автоматски листи се списоци на податоци кои може автоматски да се пополнуваат во табела.

ЗАДАЧА

Отвори нов Еxcel документ. Во клетката A1 внеси го бројот 3. Во клетката A2 внеси го бројот 5. Селектирај ги A1 и A2. Во моментот кога курсорот ќе се претвори во крст влечи надолу. Што се случи? • Во клетката C1 внеси го своето име. • Во клетката C2 внеси го своето презиме. Што се случи? • Сними го документот под име Popolnuvanje.

ФОРМИ НА ПОКАЖУВАЧИ И НИВНО ЗНАЧЕЊЕ

• • • • •

ЗАДАЧА

ТАБЕЛА

• Креирајте автоматска листа со деновите од неделата. • Проверете дали функционира.

78


ПРАШАЊА

1. Каква активност се подразбира под автоматско пополнување на вредности во клетките од табелата? 2. Зошто е корисно и потребно автоматско пополнување на клетки? 3. Кои типови на автоматско пополнување се можни во програмите за табеларни пресметки? 4. Што се тоа автоматски листи?

ГРАФИКОНИ

Графиконите се сликовито при-кажување на податоците од табелата. Графиконите овозможуваат брз и јасен увид во вредностите на податоците, нивно споредување и анализа. Според сликата која ги прикажува податоците графиконите може да бидат столбести, во вид на линии, пита, геврек и сл. Графиконите може да бидат прикажани на истиот работен лист со табелата во која се податоците или на нов работен лист. Позицијата и големината на графиконот може да се менува на начин како и за секој друг графички објект.

ДИНАМИЧЕН ГРАФИК

ТАБЕЛА

ГРАФИКОНИ

Ако некоја од вредностите во клетките прикажани во графиконот се промени ќе се промени автоматски и приказот во графикот - динамички график.

79


КРЕИРАЊЕ ГРАФИКОН

Креирањето на графиконот се одвива во неколку чекори и вообичаено започнува со селектирање на клетките чии податоци треба да се прикажат во графиконот. Треба да се селектираат и насловите на редиците и колоните. Креирањето на графиконот се одвива во следните чекори: 1. Избор на тип на графикон (столб, пита, геврек...). 2. Се избира кои податоци ќе бидат прикажани во графиконот (од редиците или од колоните). 3. Се избира наслов за графиконот, и наслов за вертиалната и хоризонтална оска, се уредуваат и легендата на графикот, бојата, фонтот, линиите со кои е исцртан графикот и сл. 4. Приказ на графикот на нов или во тековниот работен лист. За поставување на графикон се избира Insert → Chart (Вметнување → Графикон). Во овој прозорец со 1 и 2 се прави избор на типот на графикот кои може да се погледне со клик на 3. Со 4 се активира следниот чекор во креирање на графиконот. EXCEL CALC

Во следниот чекор се избира дали ќе бидат прикажани податоците од колоните или од редиците.

ТАБЕЛА

ГРАФИКОНИ

EXCEL

80

CALC


Ако некој од податоците не треба да се прикаже може да се избришете од серијата на податоци со клик на Series (Серии податоци). Се клика на Next (Следно) и во следниот чекор се уредува изгледот на графикот: поставување наслов на графикот, именување на оските, легенда и сл. EXCEL

CALC

Откако завршува постапката на екран се прикажува графикот исцртан според внесените параметри. Со десен клик на кој било елемент од графикот се отвора мени за промени на тој елемент (тип на графикот, боја, фонт, позадина и сл.). Со промена на податоците во табелата според која е нацртан графиконот автоматски се менува и приказот на вредностите во графиконот. БРИШЕЊЕ ГРАФИКОН

Поставен графикон се брише со негово селектирање со лев клик на глувчето и копчето Delete од тастатурата. ЗАПОМНИ!

ТАБЕЛА

ГРАФИКОНИ

Графиконите се сликовито прикажување на податоците од табелата. Графиконите овозможуваат брз и јасен увид во вредностите на податоците, нивно споредување и анализа. Според сликата која ги прикажува податоците графиконите може да бидат столбести, во вид на линии, пита, геврек и сл. Ако некоја од вредностите во клетките прикажани во графиконот се промени ќе се промени автоматски и приказот во графикот.

81


ЗАДАЧА

Креирај табела со податоци како што е прикажано на сликата: • Селектирај ги клетките со податоци за името и висината и претстави ги со столбест графикон. • Меморирај го документот под името Visina.

ПРАШАЊА

1. Што се графикони? 2. Што овозможуваат графиконите во програмите за табеларни пресметки? 3. Какви може да бидат графиконите според изгледот? 4. Наброј ги чекорите за креирање на графикон за приказ на податоците од табела. 5. Што се случува со приказот во графиконот ако се промени вредноста на некоја од клетките прикажана со графиконот? 6. Како може да се уредува изгледот на поставен графикон? 7. Како се брише графикон?

ТАБЕЛА

ГРАФИКОНИ

ФОРМУЛИ

Формулите во програмите за табеларни пресметки се креираат од податоци и различни аритметички оператори меѓу нив. Еве некои од аритметичките операторите кои се користат за креирање формули: + собирање, - одземање, * множење, / делење, ^ степен. Може да се користат и логички оператори како <, >, =, <=, >=, <> кои враќаат вредност вистина (true) или невистина (false). При креирање на формулите може да се користат и згради.

82


ПРАВИЛА ЗА РАБОТА СО ФОРМУЛИ

Формулите се внесуваат во клетка од табелата и секогаш започнуваат со знакот „=“. Во формулите не се работи со вредностите во клетките туку со нивните адреси. На пример, за да се соберат броевите 2 и 3 кои се наоѓаат во клетките со адреси A1 и B1 а резултатот да се прикаже во клетката C1 се постапува на следниот начин: Во клетката C3 не се пишува „=2+3“ туку „=A1+B1“ по што во клетката ќе се појави резултатот 5. Ако се промени некоја од вредностите во клетките чија адреса се користи во формула автоматски ќе се промени и вредноста на клетката во која е внесена формулата.

ЗАПОМНИ! Формулите во програмите за табеларни пресметки се математички изрази креирани од податоци и различни аритметички оператори меѓу нив. Во формулите не се работи со податоците во клетките туку со нивните адреси. Ако се промени некоја од вредностите во клетките чија адреса се користи во формула автоматски ќе се промени и вредноста на клетката во која е внесена формулата. ЗАДАЧА

83

ТАБЕЛА

• Потоа во клетката D2 внесете ја формулата за периметар на првиот правоаголник =2*B2+2*C2 и притиснете Enter. Што се случи? Која вредност се прикажа во клетката D2? • Во клетката D3 внесете ја формулата =2*B3+2*C3 и притиснете Enter.

ФОРМУЛИ

• Креирајте табела со податоци како што е прикажано на сликата:


• Која формула треба да ја внесете во клетката D4? • Во клетката Е2 внесете ја формулата за плоштина на првиот правоаголник =B2*C2 и притиснете Enter. • Обидете се да го уредите изгледот на табелата како на долната слика.

• Променете ја вредноста на податоците зе страни на правоаголниците. Што се случи во клетките за периметар и плоштина? • Снимете го документот под името Pravoagolnici.

ЗАДАЧА

Обиди се податоците од табелата да ги прикажеш графички на следниот начин:

ПРАШАЊА

ТАБЕЛА

ФОРМУЛИ

1. Како се креираат формули за работа со податоците во програмите за табеларни пресметки? 2. Кои аритметички оператори најчесто се користат во формулите? 3. Кои логички оператори може да се користат во формулите и како функционираат формулите со логички оператори во нив? 4. Кој од долните изрази е правилно напишана формула во програма за табеларни пресметки: • = А1+А5/2 • А1+А5/2 • А1+А5/2= 5. Што се случува со вредноста во клетката со формула ако се промени некоја од вредностите н аклетките кои фигурираат во ормулата? Објасни.

84


ФУНКЦИИ

Функции се готови формули кои може да се користат за изведување одредени пресметки со податоците во табела. ПРАВИЛА ЗА РАБОТА СО ФУНКЦИИ

Функциите имаат свое име и се групирани во категории: математички, статистички, логички и сл. Функциите работат со адреси на клетки, ранг на клетки или несоседни клетки. Пред функцијата се пишува знакот за еднакво (=). Ние ќе ги користиме следните функции: • SUM (SUMA) - пресметува збир на бројни вредности во група клетки, • MIN (MIN) - дава најмала бројна вредност од група на клетки, • MAX (MAKS) - дава најголема бројна вредност од група на клетки, • AVERAGE (PROSEK) - пресметува средна вредност од бројните вредности во група клетки. ЗОШТО СЕ ПОТРЕБНИ И КОРИСНИ ФУНКЦИИТЕ

Многу често кога професионално се работи со програма за табеларни пресметки се работи со голем број на податоци. Замислете си дека треба да се соберат вредностите од сто соседни клетки во табелата. Тоа би значело дека ако работите со формули во клетката каде сакате да се прикаже збирот треба да ја напишете формулата: = А1+А2+А3+.....+А45+А46+....+А98+А99+А100. Има една изрека: „Што е многу многу е!“ Excel ви нуди многу побрз и поедноставен начин да ја завршите истата работа – ФУНКЦИЈАТА SUM (SUMA). Наместо = А1+А2+А3+.....+А45+А46+....+А98+А99+А100 пишувате = SUM(A1:A100) (SUMA(A1:A100)). Адресите на клетките во функцијата се внесуваат во загради по името на функцијата. Може да бидат прикажани како ранг на клетки или подредени и одделени со запирка: SUM (A1,A2,A3,A4), SUM(A1:A4).

85

ТАБЕЛА

Функциите се користат на следниот начин: 1. Избор на клетката во која треба да се прикаже вредноста на функцијата. 2. Избор на функцијата од прозорецот кој се отвара со клик на алатката fx (f(x)).

ФУНКЦИИ

РАБОТА СО ФУНКЦИИ


EXCEL

CALC

Функција може да се избере и постави и со Insert → Function (Вметнување → Функција) од менито. Во овој прозорец се прикажани функциите поделени во неколку категории (1). Ако не знаете на која категорија и припаѓа функцијата која ви е потребна изберете ја категоријата All (Сите) каде што ги има по азбучен ред сите функции. Од овде изберете ја потребната функција (2). EXCEL

CALC

3. По изборот на функцијата се отвора прозорец за внесување на адресите на клетките. Наједноставно ќе ги внесете со селектирање од табелата.

ТАБЕЛА

ФУНКЦИИ

EXCEL

За функцијата SUM има алатка во лентата со алатки Некои од последните користени функции може да се избираат и со лев клик на стрелката десно од алатката за функцијата SUM.

86


CALC Алатката служи за брза примена на функцијата SUMA. Се селектираат клетките и се кликнува на алатката, по што во полето ќе биде прикажана сумата на селектираните клетки.

ГРЕШКИ КАЈ ФОРМУЛИ И ФУНКЦИИ

Понекогаш во клетката во која треба да се прикаже резултатот од формулата или функцијата се прикажуваат симболите за грешка : #####, #DIV/0!, #NAME?, #REF!, #VALUE!. Тие уште се викаат и пораки за грешка во формулата или функцијата (error message). Значење на симболите за грешка: • ##### - Колоната е претесна да го прикаже резултатот • #DIV/0! – делење со нула не е можно.

#NAME? – во формулата има погрешно запишана адреса на клетка #REF! – Во формулата има адреса на клетка која е избришана

#VALUE! – во формулта една од клетките содржи текст

ТАБЕЛА

ФУНКЦИИ

• •

87


ЗАПОМНИ! Функции се готови формули кои може да се користат за изведување одредени пресметки со податоците во табела. Функциите имаат свое име и се групирани во категории: математички, статистички, логички и сл. Функциите работат со адреси на клетки, ранг на клетки или несоседни клетки.

ЗАДАЧА

• Направете табела со 5 броеви според примерот на сликата:

• Позиционирајте се во клетката B2 за збир. • Кликнете на алатката за SUM (SUMA) и селектирајте ги клетките со броеви од B1 до F2 и притиснете enter.

• Ја добивате во клетката сумата на вроевите.

ТАБЕЛА

ФУНКЦИИ

• Позиционирајте се во клетката B3. • Кликнете на алатката за внесување функција. • Од прозорецот изберете ја категоријата Most recently used или All! • Пронајдете ја функцијата MAX (MAKS) и изберете ја. • Селектирајте ги броевите и притиснетѕе enter. • Во клетката B3 ќе се прикаже најголемиот од броевите!

88


• Во клетката B4 внесете ја на ист начин функцијата: MIN за најмал број • Во клетката B5 внесете ја на ист начин функцијата:AVERAGE (PROSEK) за средна вредност на броевите.

• Снимете го документот под името Funkcii.

ЗАДАЧА

ТАБЕЛА

ФУНКЦИИ

Во документот Vezbа1 креирај табела во која со користење на функции ќе ги прикажеш вредностите за висина, тежина и години како на сликата. Меморирај ги промените под истото име.

89


ЗАДАЧА

Внеси ги имињата на предметите, оценките и пресметај го средниот успех за секој ученик во групата со користење на функцијата AVERAGE (PROSEK).

ПРАШАЊА

ТАБЕЛА

ЗАДАЧИ И ПРАШАЊА

1. Што се подразбира под функции во програмите за табеларни пресметки? 2. Како се организирани функциите во програмите за табеларни пресметки за нивно побрзо пронаоѓање? 3. Кои се најчесто користени функции во програмите за табеларни пресметки? 4. Дали во функцииите може да се рабори со ранг н аклетки? Објасни. 5. Дали при работа со формули и функции може да дојде до грешка? 6. Во зависност од грешката кои симболи може да бидат прикажани во клетката со формула или функција и кое е нивното значење?

90



ЗАДАЧИ

ЗАДАЧИ 92


ЗАДАЧИ 93


ЗАДАЧИ ЗА НАПРЕДНИ УЧЕНИЦИ

УРЕДУВАЊЕ НА ТЕКСТ

Напиши го текстот а потоа преку уредување на параграф, уредување колони и поставување хиперлинкови уреди го текстот како на сликата долу.

ЗАДАЧИ

УРЕДУВАЊЕ НА ТЕКСТ

Итар Пејо, попот и алвата - Стале Попов Служел Пејо кај некој си поп. Попот, како поп, често си правел алва. Арно ама, еден ден направил повеќе отколку што можеле да изедат со Пеја, та скоро половина им останала. За да не ја изеде Пејо останатата алва сам кога ќе излезе попот некаде по работа, овој намислил да го заплаши Пеја со нешто и му рече: - Слушај, момочко. Јас во алвата турив отров. Да не те лаже умот да каснеш без мене, зашто ќе се отруеш. Го викнале попот в црква да крсти, на гробишта да пее, да закопува некого, а Пејо останал сам дома и намислил да ја изеде сам алвата, сигурен дека никаков отров не турил попот во неа. А, за да може да се оправда пред попот и тој смислил една лакрдија. Како што цепеше дрва во дворот, стана ја скрши намерно дршката на секирата, отиде, ја изеде сета алва, и продолжи да цепи дрва со скршена дршка. Кога се прибра попот и виде дека алвата ја изел Пејо, почна да се кара и да го пцуе, а Пејо почна да му се правда: - Ја скршив, - вели, - дршката од секирата, и плашејќи се да не ме караш и биеш, решив да се отрујам, па затоа ја изедов алвата. Попот се насмевна, иако не му беше за смеење, и му прости на Пеја и за двете штети што му ги направи тој ден.

Работи по следните упатства: • Речениците цитати кои следуваат по двете точки во текстот постави ги најдоле во текстот и уреди ги со автоматско набројување со букви. • Промени ги буквите од насловот во големи, зголеми го и промени го фонтот, болдирај го и уреди го како параграф кој е центриран и со одредено растојание по избор по него. • Првиот параграф уреди го со вовлекување на првиот ред, 1.5 проред и во две колони со линија меѓу нив. • На крајот од параграфот постави линк на зборот „кликни“ до текстот кој следува по двете точки а кој е испишан под реден број еден под текстот.

94


ЗАДАЧИ

УРЕДУВАЊЕ НА ТЕКСТ

• Од крајот на текстот под реден број 1 запиши го зборот назад на кој ќе поставиш хиперлинк кон вториот параграф. • Вториот параграф уреди го како и првиот но во три колони без линија помеѓу нив. На крајот од параграфот постави линк на зборот „кликни“ до текстот кој следува по двете точки а кој е испишан под реден број два под текстот. • Третиот параграф уреди го како првиот и вториот во една колона. • Ориентацијата на листот постави ја хоризонтална и избери маргини по 2цм. • Постави заглавје „Итар Пејо“ и подножје тековната дата како авто текст. • Постави коментари на крајот од текстот за зборовите лакрдија – шега, биеш – тепаш, дршка – рачка, турив – ставив.

95


МУЛТИМЕДИЈАЛНИ ПРЕЗЕНТАЦИИ

ЗАДАЧИ

МУЛТИМЕДИЈАЛНИ ПРЕЗЕНТАЦИИ

Обиди се да направиш мултимедијална презентација во вид на прашања и одговори на избрана тема. • На слајдовите постави текст – прашање, слики во врска со прашањето и можни одговори. Изборот на одговорите нека биде пратен со звучни ефекти – на пр. аплауз и слично. • При погрешен одговор постави слајд со порака за грешка и хиперлинк кон слајдот со прашањето за повторен обид. • При точен одговор, прикажи слајд со порака за точен одговор и хиперлинк кој ќе овозможи одговарање на следното прашање од презентацијата. • На почетниот слајд постави име на темата и хиперврска кон крајот на презентацијата. • Сликата нека ти помогне да осмислиш своја интересна презентација во вид на прашања и одговори.

96


ТАБЕЛАРНИ ПРЕСМЕТКИ

Обиди се да направиш табела со оценките по предметите за три ученика:

ЗАДАЧИ

МУЛТИМЕДИЈАЛНИ ПРЕЗЕНТАЦИИ

• Потоа обиди се да го пресметаш средниот успех за секој ученик и средниот успех по предмети. • Пронајди го најмалиот и најголемиот среден успех по предмети. • Претстави ги податоците за средниот успех на учениците и средниот успех по предмети со график.

97


ПРОЕКТИ

ПРОЕКТИ 98


ПРОЕКТИ 99


ПОИМ ЗА ПРОЕКТНА ЗАДАЧА

Училишна проектна задача е пообемна задача која се реализира во повеќе чекори (фази). Училишните проектни задачи често се работат во група од повеќе ученици. Со изработка на проектна задача може да се истражува и да се научи нешто ново или она што е учено во подолг временски период на часовите по некој наставен предмет да се прикаже на интересен начин за учениците од одделението или училиштето на хамер поставен на училишното пано, флаер, презентација и сл. Секоја проектна задача започнува со идеја а завршува со релизација на идејата. Идејата може да биде лична или од некој друг. На пример: Идеја: Изненади ги пријателите кои ќе ти дојдат на гости! Постојат различни начини да го направиш тоа! Можеш да направиш торта за нив! Тое ќе биде твојот проект! За да го реализираш треба да ги испланираш активностите. Треба да одлучиш каква торта, кои продукти и рецепт ти се потребни за да ја направиш тортата, ќе можеш ли сам или ќе ти треба помош, за колку време ќе можеш да ја направиш тортата и сл.

ПРОЕКТИ

ПОИМ ЗА ПРОЕКТНА ЗАДАЧА

Проектна задача која се реализира со компјутер

Училишните проектни задачи многу често се реализираат со помош на компјутер. Тоа значи дека финалната содржина на проектната задача се изработува на компјутер. При изработка на проектна задача на компјутер многу често се работи истовремено со повеќе кориснички програми (за цртање, пребарување на Интернет, пишување текст, изработка на табели или презентации и сл.) и со различни типови на податоци (текстови, слики, фотографии, музика, видео клипови и сл.). Проектната задача се реализира во неколку фази со одреден редослед.

100


ЗАПОМНИ! Училишна проектна задача е пообемна задача која се реализира во повеќе чекори (фази). Со изработка на проектна задача може да се истражува и да се научи нешто ново или она што е учено во подолг временски период на часовите по некој наставен предмет да се прикаже на интересен начин за учениците од одделението или училиштето на хамер поставен на училишното пано, флаер, презентација и сл.

ФАЗИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТНА ЗАДАЧА

Реализацијата на проектната задача со компјутер најчесто се одвива низ следните неколку чекори (фази):

• Планирање на активностите. Планирање на активностите за реализација на проектната задача подразбира планирање на начинот на работа на проектната задача и планирање на потебното време за изработка на проектната задача. Проектната задача може да се изработи самостојно или групно. Ако на проектната задача се работи групно, секој член во групата треба да добие свои задолженија кои одговорно и навремено треба да ги исполни. • Пронаоѓање извори на податоци. Извори на податоци за реализација на проектната задача, во зависност од темата може да бидат книги, списанија, Интернет, направени анкети и сл. Потребните податоци може да се прибираат и со фотоапарат, камера, микрофон и сл.

101

ПРОЕКТИ

• Осмислување на изгледот на крајната содржина на проектната задача. За успешно и навремено изработување на проектната задача секогаш треба претходно да се осмисли крајната содржина која треба да се реализира. Изгледот на крајната содржина на проектната задача ќе зависи од тоа за што и за кого е наменета креираната содржина, за индивидуално или групно презентирање или користење и сл.

ФАЗИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТНА ЗАДАЧА

• Избор на тема. Темата на проектната задача е почетокот на вашата проектна задача. Од темата на проектната задача зависат останатите активности (фази ) на проектната задача.


Сите собрани податоци кои не се во дигитална форма треба да се дигитализираат за да може да се користат на компјутер (скенирање, „симнување“ од дигиталниот уред и сл.)

ПРОЕКТИ

ПОИМ ЗА ПРОЕКТНА ЗАДАЧА

• Организација на податоци во фолдери и подфолдери. Собраните податоци треба да се организираат во фолдери и подфолдери на училишниот компјутер. Тоа е потребно за поедноставен преглед, пронаоѓање и работа со нив. На пример на училишниот компјутер може да креирате стебло од фолдери и подфолдери по примерот на прикажаното стебло:

Потребните текстови за реализација на проектната задача може да ги пронајдете на Интернет, да ги напишете или да ги скенирате. Потребните слики за реализација на проектната задача може да ги нацртате во програма за цртање, да ги пронајдете на Интернет или да направите фотографии со дигитален фотоапарт. Финалната содржина на проектната задача може да ја изработите како цртеж, текст, презентација или табела. • Креирање на финалната содржина на проектната задача. Од сите собрани податоци се одбираат најсоодветните, се подредуваат и форматираат според претходно осмислениот изглед. Еве неколку примери на финални содржини на проектни задачи:

102


Некои од прикажаните содржини се за индивидуално користење, некои се за изложување на училишно пано или за презентирање само пред учениците од VI одделение. Последната фаза од реализација на проектната задача е:

Реализацијата на проектната задача со компјутер најчесто се одвива низ следните неколку чекори (фази): • Избор на тема. • Осмислување на изгледот на крајната содржина на проектната задача. • Планирање на активностите. • Пронаоѓање извори на податоци. • Организација на податоци во фолдери и подфолдери. • Креирање на финалната содржина на проектната задача. • Бришење на непотребните податоци по реализација на проектната задача.

103

ПРОЕКТИ

ЗАПОМНИ!

ФАЗИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТНА ЗАДАЧА

• Бришење на непотребните податоци по реализација на проектната задача.


ПРАШАЊА

1. Што е проектна задача? 2. Кои се фазите за реализација на проектна задача со компјутер? 3. Кои се извори на податоци за реализација на проектна задача со компјутер? 4. Како треба да се организираат податоците за реализација на проектна задача на компјутер? 5. Во каква форма може да се изработи финалната содржина на проектна задача?

ПРЕДЛОГ ПРОЕКТНИ ЗАДАЧИ

ЗАДАЧИ

ПРОЕКТИ

ПРЕДЛОГ ПРОЕКТНИ ЗАДАЧИ

Пронајди содржини на тема која ти е интересна за истражување! Од различните текстуални содржини со внимателно избирање напиши ја финалната текстуална содржина за проектната задача! Обиди се да пронајдеш или изработиш интересни слики за да ја надополнат и појаснат текстуалната содржина! Направи селекција и финален избор на слики! Обиди се со програмата за уредување на текст да го уредиш изгледот на содржината! Внимавај на изборот на големината на фонтот и димензиите на сликите во зависност од крајната намена на проектната задача! На пример ако сакаш изработеното да го изложиш на училишно пано текстот и сликите треба да бидат јасно видливи, читливи и привлечни!

104


ЗАДАЧИ

Обиди се со програмата за уредување на текст да изработиш покана или флаер! Еве две различни идеи! 1. 4 покани на еден лист 2. Направи двострана покана внатрешна страна надворешна страна

финален изглед

ЗАДАЧИ

Обиди се да направиш презентација за Македонија! Пронајди интересни слики и осмисли интересни текстови за претставување на државните обележја, убавините, културата и обичаите на нашата земја!

105

ПРОЕКТИ

Сликите се уредуваат (сечење, геометриски трансформации, додавање текст) со некоја од познатите програми (на пример, Paint (Kolour Paint)). Текстот е комбинација од обичен текст и украсно пишување, може да се подреди во колонии или табела! Содржината ја осмислувате креаторот според намената на поканата! Поканите се печатат двострано! На еден А4 лист може да се постават две покани!

ПРЕДЛОГ ПРОЕКТНИ ЗАДАЧИ

За изработка на вториот вид покана потребни податоци се интересни слики за предниот дел на поканата и за рамката во внатрешниот дел од поканата. Сликите може бидат цртани, фотографирани или „симнати“ од Интернет.Треба да бидат со содржина која одговара на намената на поканата!


ЗАДАЧИ

ПРОЕКТИ

ПРЕДЛОГ ПРОЕКТНИ ЗАДАЧИ

Спроведи анкета на забавна тема во твоето одделение! Обиди се собраните податоци да ги подредиш во табела. Направи анализа на податоците со различни пресметки со нив (сума, средна вредност, максимум, минимум и сл). Податоците од табелата прикажи ги со графикон!

106



РЕЧНИК

РЕЧНИК 108


РЕЧНИК 109


Мал речник за значењето на некои компјутерски поими и кратенки

Анимација

Брзо менување на серија сродни слики при што се добива визуелен ефект на движење Анимациски ефекти

Ефекти на движење Блог

Блог е личен дневник или дневен весник достапен за читање и разгледување на Интернет. Букмарк

Означено место во текстуален документ кон кое води хиперлинк од истиот документ График

Сликовито прикажување на податоци Енднота

РЕЧНИК

Текст за појаснување поставен на крајот од текстуалниот документ

110

Линеарен текст

Текст без хиперврски Маргини

Белите површини на страната околу испишаниот текст Мултимедијална презентација

Презентација со комбинација на текст, графика, звуци, видео и други ефекти Параграф

Параграф или пасус е дел од текстот одделен од соседниот текст со знакот за нов ред (enter). Проект

Обемна задача која се реализира во повеќе фази во одреден редослед Слајд

Дел од компјутерска презентација


Транзициски ефект

Анимациски ефект кои се поставува на премин на еден објект во друг Функција

Готова формула која има име (max, min, average..) Фуснота

Текст за појаснување поставен под текстот Хиперврска

Хиперврска во текстуален документ е текст или слика од документот кои содржи врски кон друго место во истиот документ или кон друг документ или веб страница. Хипертекст

РЕЧНИК

Текст со хипер врски

111





Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.