Информатика

Page 50

2

Компјутери

Р а б о т а с о т а статура и со глувче Глувчето се користи за означување и за манипулација со иконите и со други објекти, за одбирање опции од менијата и за позиционирање во дијалог-рамки. Со тастатурата се внесува текст. Работа со глувче Со движење на глувчето по рамна површина го контролираш покажувачот на екранот (Pointer). Користи го за да покажеш на други објекти на екранот. Покажувачот може да добие различни облици, во зависност од тоа која акција можеш да ја извршиш или која акција е во тек.

Правилно држење на глувчето

Покажување (позиционирање): Со поместување на глувчето, доведи го покажувачот врз некој објект. Доколку покажувачот има облик на стрелка, врвот од стрелката мора да биде на објектот. Клик: Притисни го и отпушти го копчето од глувчето. Со кликнување се селектираат (означуваат) или одбираат објектите. Доколку одбереш наредба и потоа нема други опции, значи дека наредбата се извршува. За означување се користи левото копче, доколку не е определено поинаку. Двоклик: Брзо кликни на копчето двапати едноподруго. Важно е да не го поместуваш глувчето меѓу кликнувањата. Обично се користи за извршување на некоја операција. На пример, со двоклик на некоја икона за апликација се стартува апликацијата. Влечење: Позиционирај го покажувачот на некој објект, притисни го левото копче, држи го притиснато и движи се со глувчето до нова позиција, па тогаш отпушти го копчето. Влечењето се користи за поместување на објектите и за означување на некој дел од текст. Десен клик: Притисни го десното копче од глувчето и отпушти го. Десниот клик се користи за добивање помошно мени со опции или наредби кои се однесуваат на објект врз кој десниот клик е изведен. Работа со тастатура Тастатурата се користи за внесување текст, но и за давање наредби со употреба на некои специјални тастери, или со комбинација на тастерите. Веќе знаеш дека на тастатурата, освен тастерите за внесување знаци, постојат и тастери за други намени, како што се тастерите за движење, тастерите за извршување наредби и слично. На следната слика е дадено објаснување за најчесто користените тастери.

34 34


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.