Информатика

Page 23

Информатика

1

Трета генерација (1964-1970) Компјутерите од третата генерација биле многу помали и побрзи од компјутерите од првата и од втората генерација. Тоа се должело на користењето на новиот пронајдок − интегралното коло. Интегралното коло содржи во себе стотици транзистори. Оваа генерација донесла голем напредок во развојот. Се користеле монитор и тастатура и се појавил оперативен систем − програма што управувала со компјутерот и овозможувала повеќе програми да се извршуваат истовремено.

Интегрално коло

Компјутер од третата генерација

Четврта генерација (од 1971 година до денес) Во денешно време се користат компјутерите од четвртата генерација. Во нив е вграден нов елемент − чип. Тоа е парче силициум на кое се спакувани милиони транзистори и други електронски елементи. Компјутерите стануваат сè помали и побрзи. Денешните компјутери извршуваат неколку милиони операции во секунда. Чипот е пронајден во 1971 година, а набргу е произведен и првиот микропроцесор. Компјутерите во кои се вградени микропроцесори ги нарекуваме микрокомпјутери. Поради ниската цена на производството на компјутерите, доаѓа и до нивна масовна употреба.

Чип

Во 1975 година е произведен првиот персонален компјутер (personal computer − PC), наменет за работа на еден човек.

Персонални компјутери

7


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.