Информатика

Page 226

Персонален компјутер

Компјутер наменет на него да работи еден човек.

Пиксел

Една графичка точка на екранот или на хартијата.

Податок

Запис на информација во облик разбирлив за човекот.

Прозорец (window)

Правоаголна површина на екранот каде што можеш да активираш програми или да прикажеш документи.

Процесор

Главниот дел на компјутерот во кој се обработуваат податоците.

Публикување

Поставување веб-сајт на серверот.

RAM

Дел од внатрешната меморија од кој можат да се читаат и да се запишуваат податоците.

ROM

Дел од внатрешната меморија од кој податоците можат само да се читаат.

Софтвер

Програмскиот дел на компјутерот.

Табела (table)

Податоци организирани во редови и колони.

Тип (формат) датотека

Формат по кој се разликуваат датотеките. Форматот е определен од програмата во која е изработена датотеката.

Транзистор

Електронски уред вградуван во втората генерација компјутери.

Уредувач на текст (word processor)

Програма во која се изработува, уредува и печати текстот.

URL адреса (Uniform Resource Locator)

Секоја веб-страница на Интернет има единствена URL-адреса преку која можеш да ја пронајдеш и прочиташ.

Фонт (font)

Дизајнирано множество знаци и симболи (букви, цифри и друго).

Форум

Веб-страница за дискусија на која корисниците даваат мислење за некоја тема или бараат мислење и совет од други корисници.

Фреквенција

Карактеристика на процесорот од која зависи и брзината на процесорот.

Хард диск

Најголемата мемориска единица во компјутерот. На хард дискот податоците се чуваат трајно.

Хардвер

Машинскиот дел на компјутерот.

Херц

Единица мерка за фреквенција.

Хипертекст

Текст што содржи врски, наречени хиперлинкови, кон други документи.

Хиперлинк

Објект во документот преку кој (со кликнување на него) можеш да отвориш друг документ или да се позиционираш на друго место во истиот документ.

Хостирање

Објавување веб-сајт за да им биде достапен на корисниците на Интернет.

Чип

Електронски уред вградуван во четвртата генерација компјутери.

WWW (World Wide Web)

Систем од различни документи (текст, слики, звук...), меѓусебно поврзани и поставени на Интернет.

210


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.