Информатика

Page 182

6

Обработка на текст

11. Внесување симболи. ♦♦

Напиши го следниов текст:

Денес грее ☼. Јас сум ☺. 12. Од приложеното CD отвори гo документot Linii. Следи ги упатствата. 13. Од приложеното CD отвори го документот Korekcii. Следи ги упатствата. 14. Од приложеното CD отвори го документот Simboli. Следи ги упатствата.

ОПЕРАЦИИ СО ДЕЛОВИ ОД ТЕКСТОТ Врз одделни делови од внесениот текст можеш да извршиш некои операции, како што се: бришење, копирање, пренесување, промена на стилот итн. Но, претходно мораш да означиш на кој дел од текстот ќе се изврши операција, така што тој дел ќе го обележиш (селектираш). Најпрво треба да научиш да се движиш низ документот и да селектираш делови од текстот.

Д в и ж е њ е н и з текстот Доколку твојот текст е долг, не можеш да го видиш целиот документ. Мораш да се движиш во документот за да ги видиш одделните делови. Секако, низ текстот можеш да се движиш со помош на лентите за лизгање, на веќе познатиот начин. Но, можеш да ги користиш и стрелките од тастатурата, со кои ќе се поместуваш за едно место кон лево или кон десно, односно за еден ред погоре или подолу. Постојат и тастери (или комбинација на тастери) за побрзо движење низ текстот:

Тастер Ctrl + ← Ctrl + → Ctrl + Ctrl + Page Up Page Down Home End Ctrl + Home Ctrl + End ←

166

Движење eден збор лево еден збор десно еден пасус подолу еден пасус погоре една страница погоре една страница подолу на почетокот на редот на крајот на редот на почеток од документот на крај од документот


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.