Основи на цртање
5
4 Клики на цртежот за да го означиш. 5 Кликни на копчето Open.
С в о ј с т в а н а цртежот Пред да почнеш да црташ, треба да ги определиш својствата на твојот цртеж. Најпрво треба да ги наместиш димензиите на цртежот и да одбереш техника со која ќе работиш – во боја или црно-бела. Овие својства ќе ги определиш во прозорецот Attributes кој ќе го повикаш преку менито Image: 1 Кликни на наредбата Attributes од менито Image за да се
прикаже дијалог-прозорецот Attributes:
2 Во
рамката Units, избери единица мерка за должина и за ширина (инчи, сантиметри или пиксели).
3 Внеси
ги димензиите на цртежот во полињата Width (ширина) и Height (висина).
4 Во рамката Colors, одбери
дали ќе работиш во црно-бела техника (Black and white) или со бои (Colors).
5 Кликни на OK.
Димензиите на работниот лист можеш да ги смениш и со глувчето: 1 Зголеми го прозорецот на
Paint.
2 Позиционирај се на една од
означените точки на сликата.
3 Кога покажувачот ќе добие
облик на двонасочна стрелка, кликни и повлечи до саканите димензии. Вештини што треба да ги усовршиш! ♦♦
Да ја активираш програмата Paint.
♦♦
Да ги препознаваш елементите на прозорецот Paint.
♦♦
Да ја приспособиш работната средина.
♦♦
♦♦
Да работиш со цртеж: отворање нов и постоен цртеж, затворање и зачувување на цртежот. Да ја затвориш програмата Paint. 125