Информатика

Page 109

Интернет

4

Мо д е л о т с е р в е р − кл и е нт Кога се поврзуваат мал број компјутери, тие можат да бидат рамноправни и со еднакви можности. Но, кога се работи за поголем број компјутери, разменувањето податоци мора да биде добро организирано. Тоа се постигнува со моделот сервер − клиент.

Сервери се компјутери на кои се собираат

податоците што се доставуваат до другите компјутери во мрежата, кои ги нарекуваме клиенти. Серверот има поголеми можности од другите компјутери и има посебни програми со кои им овозможува на клиентите да се поврзат со него и да преземаат Клиенти Сервер податоци. На серверот се приклучени и уреди, како, на пример, печатачот или скенерот, до кои имаат пристап и клиентите. Клиентите можат да разменуваат податоци меѓу себе, но и таа размена оди преку серверот.

Раб о т а с о у ч и л и ш н а ко м п јутерска мрежа Доколку во вашата училница компјутерите се поврзани во локална мрежа, со соучениците можете да разменувате датотеки преку мрежата. Де л е њ е на д атотеки/папки Не се сите датотеки/папки достапни на сите компјутери во мрежата. Корисникот на компјутерот одлучува кои датотеки/ папки ќе ги сподели со корисниците на другите компјутери. 1 Кликни со десното копче од глувчето

на иконата на датотеката/папката што сакаш да ја споделиш со другите корисници и од помошното мени одбери Sharing and Security.

2 Ќе се отвори прозорецот Documents

and Setting Properties.

3 Во картичката Sharing, вклучи ја

опцијата Share this folder on the network.

4 Kликни на копчето OK.

П р е з е м а њ е д атотека/папка 1 Кликни двапати на иконата My Network Places, по

што ќе се отвори прозорец како на следната слика.

93


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.