226

Page 1

ПОРТА Г Р А ДЕ ЖН И Ш Т В О АРХИТ Е К Т УР А Е КО Л ОГ И Ј А

226 НОЕМВРИ 2014

Xxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxx Xxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxx xxxXxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxx Xxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxx

90 ДЕНАРИ


ПОРТА Г Р А ДЕ ЖН И Ш Т В О АРХИТ Е К Т УР А Е КО Л ОГ И Ј А

226 НОЕМВРИ 2014

Xxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxx Xxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxx xxxXxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxx Xxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxx

90 ДЕНАРИ


ПОРТА Г Р А ДЕ ЖН И Ш Т В О АРХИТ Е К Т УР А Е КО Л ОГ И Ј А

226 НОЕМВРИ 2014

Xxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxx Xxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxx xxxXxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxx Xxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxx

90 ДЕНАРИ


ПОРТА Г Р А ДЕ ЖН И Ш Т В О АРХИТ Е К Т УР А Е КО Л ОГ И Ј А

226 НОЕМВРИ 2014

Xxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxx Xxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxx xxxXxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxx Xxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxx

90 ДЕНАРИ


ПОРТА Г Р А ДЕ ЖН И Ш Т В О АРХИТ Е К Т УР А Е КО Л ОГ И Ј А

226 НОЕМВРИ 2014

Xxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxx Xxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxx xxxXxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxx Xxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxxx

90 ДЕНАРИ


градежништво

ТЕРМОГРАФСКА АНАЛИЗА НА ОБЈЕКТОТ НА СРЕДНОТО МУЗИЧКО УЧИЛИШТЕ ВО БИТОЛА

Добра топлинска изолација многу придобивки

Добро пресметаната и правилно изведената топлинска изолација ги намалува топлинските загуби во зимскиот период и зголеменото загревање на просториите во лето, ја заштитува конструкцијата на објектот од надворешните влијанија, спречува појава на влага и мувла... Јован ИВАНОВСКИ, дипл. град. инг. Томе ИВАНОВСКИ, дипл. ел. инг. за енергетика и енергетски контролор Александар ИВАНОВСКИ, ел. инг. за автоматика и роботика и термографист

С

редното музичко училиште од Битола е сместено во објектот на Средното општинско училиште „Таки Даскало“, кое беше поранешен средношколски училишен дом. Објектот е изграден во 1948 година, и се состои од подрум, приземје и три ката. Конструктивниот систем е со масивни ѕидови од полна тула со дебелина од 55 см на приземјето и 42 см на катовите. Меѓусебното поврзување е изведено со хоризонтални и вертикални серклажи и ситно-ребрасти армиранобетонски меѓукатни конструкции.

Во 2014 година, поради оштетувања на фасадата и поради големите топлински загуби, започната е санација на објектот. Прво се заменија постоечките дрвени прозорци, а потоа почна поставување на надворешна топлинска изолација. Постоечките дрвени прозорци беа монтирани во средината, од ширината на ѕидот во оформен заб од тула. Шпалетните долж обемот на прозорците (со ширина од 18 см спрема фасадата) претставуваа геометрски топлински мостови. При поставувањето на новите ПВЦ прoзорци не се почитувани насоките за изведување од прирачникот Композитни

Сл.1 Топлинска слика – северна фасада пред изолација 12

ПОРТА

28 ноември 2014

системи за надворешна термичка изолација (КСИНТИ), издаден од Комора на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија во март 2011 година. Во него стои дека сите прозорци, врати и елементи на застаклување треба да се постават во рамнина со постоечката фасада или во рамнина со завршната фасада, но во случајов тие се поставени на местото на дрвените прозорци (во истиот оформен заб од тула), така што топлинските мостови долж обемот на прозорците останаа, само сега тие се со поголем интензитет поради изолацијата на фасадата.

Сл.2 Топлинска слика – северна фасада пред изолација


градежништво Топлинските слики 1 и 2 прикажуваат делови од фасадата, пред поставување на изолацијата, каде што се гледаат топлинските мостови (деловите со посветли бои и повисока температура). Овде може да се забележат топлинските мостови: на шпалетните, на вертикалните серклажи, на меѓукатните конструкции и на деловите каде што меѓукатните конструкции и надпрозорниците се изведени заедно. На слика 1 може да се забележи и веќе монтираното скеле за поставување на надворешната изолација, што значи дека новите ПВЦ прозорци веќе се поставени. На слика 2 се гледа отпаднатиот и одлепениот фасаден малтер на некои делови од фасадата. Сл.3 Топлинска слика – северна фасада после поставување на стиропорот

На топлинската слика 3 се гледаат топлинските мостови на шпалетните долж обемот на прозорците. Вкупната површина на северната фасада изнесува околу 980 до 1000 м², и на неа има 43 прозорци со површина од 300 м², а вкупната површина на шпалетните (со ширина од 18 см.), кои се без надворешна топлинска изолација, долж обемот на сите прозорците изнесува 60 м². После поставувањето на новите ПВЦ прозорци се пристапи кон поставување на надворешната топлинска изолација од стиропор со дебелина од 8,0 см на фасадата и 5,0 см на цоклето кое е со висина од 1,5 м. Изолацијата на фасадата е вовлечена за 4 до 5 см во однос на изолацијата на цоклето и на местото на поврзувањето нема континуитет на завршната обработка на фасадта, а нема ни лимена окапница што се практикува во вакви случаи за да се спречи продорот на вода зад изолацијата. (сл.4) Сл. 4 Поставување изолација на фасадата и изолација на цоклето

На северната фасада има една површина, со димензии 65 x 65 см, која е без изолација, бидејќи тука има елементи за приклучок на енергетскиот

кабел од училишната амбуланта. Преку оваа површина и преку еден отворен прозорец на фасадата со помош на термографска камера ќе ги

провериме температурите на изолираните и неизолираните делови од фасадата и температурите во внатрешниот простор во неколку точки и два температурни профили.

 Сл.5 Северна фасада – дел без надворешна топлинска изолација Сл.6 Северна фасада – топлинска слика со обележени точки каде што е мерена температурата 28 ноември 2014

ПОРТА

13


градежништво

Табела со температури на обележаните точки

Точката М-1 ја покажува температурата на површината од неизолираниот дел од фасадата. Точките М-2, М-3 и М-4 ја покажуваат температурата на површината од изолираниот дел од фасадата. Точката М-5 ја покажува температурата на површината од топлинскиот мост на прозорската шпалетна. Точката М-6 ја покажува температурата на површината од топлинскиот мост на шпалетната на вратата од амбулантата. Точката М-7 ја покажува температурата на површината од топлинскиот мост на настрешницата над влезот во амбулантата. Точката М-8 ја покажува температурата на површината од изолираниот дел од фасадата која е малку повисока од температурите во точките М-2, М-3 и М-4 бидејќи на температурата на точката М-8 има влијание близината на топлинските мостови.

На сликата 7 прикажан е температурниот профил со минималната и максималната температура на профилот, кој поминува низ изолиран и неизолиран дел од фасадата и овде можеме да ја видиме разликата на површинските температури. Ова покажува дека топлинската изолација добро ја извршува функцијата за која е наменета.

Сл.7 Температурен профил – Р1

Сл.8 Северна фасада со отворен прозорец 14

ПОРТА

28 ноември 2014

Сл.9 Северна фасада - топлинска слика со обележен температурен профил


градежништво На сликата 10 прикажан е температурен профил кој поминува низ топлинската изолација и низ отворениот прозорец. На профилот може да се види температурата на изолираната фасадна површина над прозорецот и под прозорецот, температурата на толинскиот мост на горната шпалетна од прозорецот, температурата на стаклото на затворениот прозорец, температурата во внатрешниот простор којашто е највисока најгоре на таванот (21,5°С), а како оди надолу таа се намалува (до 16,5°С) и температурите на рамките од прозорецот. На крај, од термографската анализа можеме да заклучиме дека: Добро пресметаната и правилно изведената топлинска изолација ги намалува топлинските загуби во зимскиот период и зголеменото загревање на просториите во лето, ја заштитува конструкцијата на објектот од надворешните влијанија, спречува појава на влага и мувла, обезбедува пријатен топлотен комфор во просторот, ги намалува трошоците за греење во зимскиот и за ладење во летниот период, и на тој начин ги враќа вложените средства. 

Б

28 ноември 2014

ПОРТА

15


урбанизам

АГЛИ НА ПЕРЦЕПЦИЈА (3)

Организација на рурална средина

О

проф. д-р Мирче КОКАЛЕВСКИ, дипл.инж.арх.

рганизацијата на руралната средина во Македонија се развива со различен интензитет во време и простор. Резиме на развојот низ времето: различни тенденции во развојот на

селските населени места; развој на традиционално земјоделство и сточарство; депопулација на руралните подрачја и развој на градовите; фрагментарен континуитет на традиционалната архитектура; недоволна инфраструктурна опременост на селата; период на транзиција;

изработка на урбанистичка документација за селата; зголемување на потребата за порамномерен развој на просторот со развој на руралната средина; нагласување во квалитетите на селото, а живеење во градовите; дистанциран однос кон селото. Се презентираат некои аспекти на руралниот простор.

Лазарополе

ТРАНСФОРМАЦИЈА НА РУРАЛНАТА СРЕДИНА

Традицијата на човековите живеалишта се поврзува со руралната средина. Работата и живеењето биле во хармонија со природата. Природните ресурси биле базични за развој на населените места. Развојот на индустријата ја мотивира потребата за поголема концентрација на работници на едно место и овозможи забрзан развој на урбаната средина. Во услови на неможност за ефикасна контрола на приливот на население во градовите, се предизвика дисбаланс во просторот и концентрирање на население во градовите, особено во главниот град Скопје, со напуштање на селските огништа и празнење на селата. Во такви услови брзо се развива урбаната средина и се деградира руралната средина со напуштање на обработката на земјиштето и на селскиот станбен фонд. Особено тоа е изразено во ридско-планинските населени места.

РАЗВОЈ И ДЕГРАДАЦИЈА КАКО ПАРАЛЕЛНИ ПРОЦЕСИ Процесот на просторната мобилност 16

ПОРТА

28 ноември 2014

на населението во шеесеттите и седумдесеттите години на минатиот век во Македонија беше мошне бурен, особено со иселување на селата и миграција кон градовите. Со помал или поголем интензитет со овој вид миграции се зафатени сите општини во Македонија, а особено недоволно развиените општини и ридско-планиските подрачја, при што селата ги напуштиле околу 300.000 лица во периодот 1961 - 1981 година. По 1981 година напуштањето на селата продолжува, но со значително намален интензитет, бидејќи дел од селските населби се веќе испразнети

(Просторен план на РМ -ППРМ, 2004, стр.50). Според пописот од 1981 година во Македонија се регистрирани 1.750 населени места од кои 1.721 се селски населени места (29 градски населени места). Од нив 86 населби се раселени (5%) и 377 населби (26,6%) се со помалку од 100 жители, кои се непосредно загрозени и кои имаат опасност од раселување (од нив 50 села се до 10 жители). 740 села имаат до 200 жители, а 981 село имаат над 200 жители. Според пописите од 1994 и 2002 година, во Република Македонија евидентна е следната големина на селските населби според бројот на жители:

Селски населби

1994 (број на села и во %)

2002 (број на села и во %)

Потполно иселени села

121

(7,1%)

145

(8,5%)

Села до 100 жители

573

(33,5%)

630

(36,7%)

Села од 101 до 300 жители

387

(22,6%)

323

(18,8%)

Села од 301 до 800 жители

332

(19,3%)

318

(18,6%)

Села над 801 жители

302

(17,5%)

299

(17,4%)

Вкупно

1.715

(100 %)

1.715

(100 %)

Извор. Јакимовски, Јорде (2004): Општествена структура на селото, Скопје, стр.11


урбанизам Посебен проблем претставуваат селата до 50 жители, а такви се 451 или 71,6 % од вкупниот број села до 100 жители или 26,3% односно над ¼ од вкупниот број на села во Македонија. Посебно за одбележување се селата до 10 жители, а такви се 157 села кои може да се очекува сосема да се раселат. (Јакимовски. Ј. (2004), стр. 12)

ПРОСТОРНА ДИСПОЗИЦИЈА НА СЕЛА

Со оглед на динамичната силуета на релјефот на тлото на Република Македонија и согледувајќи го мозаикот на населби, со акцент на лоцирањето на

селата и конфигурацијата на теренот, се констатира дека населбите се лоцирани во основа на кос терен, на преодот кон рамниот терен и делумно на рамен терен, во низинските подрачја. Минималното ангажирање на обработливото земјиште за лоцирање населби е традиција која има влијание во правилното користење на плодното земјиште за производство на храна, како елементарна човекова потреба, а развојот на населбите се одвивал на неплодни коси терени. Лоцирани како гнезда по динамичните линии на релјефот на македонските планини (како и низ Балканот), се добива јасна порака од минатото за природен однос

кон околината и лоцирање на населби на природен терен, што како искуство треба да се практикува. Во зависност од теренските услови на локалитетите и од потребите за организирање на населбите, се лоцираат во основа збиени типови на селски населби, а во одделни делови и дисперзирани типови на населби. Позитивна традиција и недоволна поука од минатото во услови на некритичко зафаќање на плодното земјиште за неземјоделски намени, особено за домување, со едновремено напуштање на постојниот станбен фонд во селата на кос терен. Искуства кои не се применуваат во практиката.

Населби на кос терен

ИЗЕДНАЧЕНО МЕРИЛО НА КУЌИТЕ При организирање на населбите во традиционалната средина, со оглед на тоа што се работи за доминантна намена –домување, во основа се применува еден тип на објекти - станбена куќа со двор, со изедначено мерило на објектите кои се лоцираат по косината на теренот.

Бидејќи се работи за изедначен волумен во просторот, објектите се надоврзуваат и создаваат целина-групација со изедначено мерило со висина од две катни висини (П+1), што има поволен аспект во однос на мерилото на населбите во целина. Искуство на традицијата и квалитет на руралната средина кој треба да се промовира.

ОПРЕМЕНОСТ СО ОБЈЕКТИ ОД ОПШТЕСТВЕН СТАНДАРД

Во средината на осумдесеттите години се изработи сеопфатна анализа во Републичкиот комитет за урбанзам и заштита на човековата околина, за согледување на состојбата за секое село одделно со опременост со објекти од 

Љубанци

Галичник

Љубанци

28 ноември 2014

ПОРТА

17


Галичник

урбанизам општествен карактер, и за таа цел беа анализирани 23 податоци за опременоста на секое село во опшптните. Врз основа на анализата се констатира дека: 60,5% од селата имаат основно училиште; 61% имаат продавница; 79,6% се поврзани со автомобилски пат; 84,7% села имаат електрична енергија; 31,4% села имаат селски водовод; 11,8% имаат содржини од културата; 16% имаат содржина за здравствена заштита и многу други податоци. Ивршена е посебна анализа за опременоста на селата што имаат поволни услови за развој, односно центрите на заедници на села (согласно Просторниот план од 1982 година се предвидени 111 селски населени места како центри на заедници на села), а тие села се и центри на новите општини со новата територијална поделба од 1996 година. Состојбата е многу подобра со опременоста на тие центри на заедници на села во однос на другите селски населби. Имено, 98,2% од селата имаат основно училиште; 94,6% имаат продавница; 95,5% се поврзани со автомобилски пат; 95,5% имаат електрична енергија; 63,1% имаат селски водовод; 47,7% имаат содржини од културата; 82% села имаат содржина за здравствена заштита и многу други податоци (Кокалевски, Мирче (1986) Опременост на селски населби во Македонија со објекти од општествен стандард, САЈ, стр.295-302). Секако дека е добро да се направи паралела на тогашната состојба со состојбата денес, и со тоа ќе се добијат релевантни податоци за нивото на опременост со содржини кои го сочинуваат соодветното ниво на квалитет и соодветниот стандард на живеењето на село.

АСПЕКТИ НА КВАЛИТЕТОТ НА СЕЛСКИТЕ НАСЕЛБИ

Посебни истражувања во таа област се направени преку разработка на систем на валоризација на хумано-еколошкиот квалитет на просторот на населените места, објавени во книгата „Квалитет на рурална и урбана средина“ од авторот Кокалевски Мирче (НИО Студентски збор, Скопје, 1989). Се разработува систем на вреднување сочинет од 15 критериуми, а секој критериум има по три индиктори, значи 45 иникатори. Секој индикатор има пет степени на квалитет, односно максималното ниво на квалитет за некое населено место може да се вреднува со 225 степени на квалитет. Во книгата е елабориран систем на вреднување на примерот на Башино Село. Натаму, се разработуваат сегменти за трансформација на руралната средина со мерки за зголемување на квалитетот и задржување на руралните вредности. Иако се работи 18

ПОРТА

28 ноември 2014

за систематизиран пристап, во практиката нема примери на постојано следење на квалитетот на населените маста, и покрај тоа што тоа треба да биде постојана активност на ниво на општина. Со тоа ќе се промовираат вистинските вредности и квалитетот на просторот, и има потреба од поактивен однос на општините во насока на примена на соодветни вреднувања на кавлитетот на селските населени маста.

КАРАКТЕРИСТИКИ НА СЕЛСКИТЕ НАСЕЛБИ

Посебен прилог во проучување на феноменологијата на селата од аспект на руралната географија, презентира проф д-р Митко Панов во истражувањето Селата во Република Македонија, Книга 1 и 2 (НИО Студентски збор, Скопје 1993). Во делот Просторни и популациски

– аграрни обележја, се презентираат соодветни податоци за популацискоаграрни обележја и проблеми за секоја селска населба во Македонија и во руралните подрачја, што претставува огромно ангажирање и добиени се вредни податоци за тематиката на руралната средина. Во делот Трансформација на мрежата на селските населби и функционална класификација на руралните подрачја и населбите, авторот Панов врз основа на опстојните анализи и сознанија дава конретни предлози, мислање и решенија за согледување за трансформацијата на мрежата на селските населби, како и функционална класификација на секое рурално подрачје и функционална намена на секоја селска населба. Тоа е значајно со оглед на тоа што процесите на депопулација Гари


урбанизам и деаграризација се усложнуваат. Се презентира согледување на три категории на села: села кои имаат итен приоритет за развој, села кои треба да се одржат и села кои треба да се раселат. Предложениот сооднос е следен: села кои имаат приоритет за развој – 566 (со 509.800 жители) , села кои треба да се одржат – 726 (со 149.500 жители) и села кои треба да се раселат – 261 (со 44.900 жители). (Книга 1, стр.63). Од особено значење е поставката за формирање на рурални центри како основни носители на натамошниот развиток на руралните подрачја. Во истражувањето се презентирани прегледи за секоја општина, што претставува соодветен придонес во тематиката на руралната средина.

УРБАНИСТИЧКА ДОКУМЕНТАЦИЈА И РУРАЛНАТА СРЕДИНА Согласно законските одредби за развојот на селата се предвидува изработување и донесување на соодветна урбанистичка документација за просторен развој на селото. Приказ на видови на урбанистичка документација за село во законските решенија во текот на времето.

Динамиката на изработување на урбанистичките планови за села е во зависност од интересот за развој на селата во конкретна општина. Состојбите со урбанистичката документација укажуваат дека приортет во делот на урбанистичка документација се даваше на градовите, а помалку внимание се насочува кон плановите за село. Во основа се изработувале планови за селата што се развивале, а тоа биле селата блиску до градовите и во рамнинските делови, а многу помалку ридско-планинските села. Според Информацијата на Републичкиот комитет за градежништво, урбанизам и заштита на човековата околина од јануари 1988 година (стр.2), се согледува дека состојбата со потребната урбанистичка документација за селата не задоволува. Од вкупно 1.751 селски населени места, за 143 села (8,1%) се донесени детални урбанистички планови; за 52 села (2,9%) се донесени урбанистички планови за помали населени места и за 225 села (12,8%) се донесени општи акти со кои се регулираат условите за градба, односно вкупно за 420 села (23,8%) е донесена

Закон

Видови на урб. документација за села

Закон за просторно и урбанистичко планирање (Сл. весник на СРМ, бр. 15/1973)

-УП за населено место (член 9) -Општи акти за села (регулирање режим и услови за градење во села, член 36)

Закон за системот на просторното и урбанистичкото -УП за помало населено место (член 13) планирање (Сл. весник на СРМ, бр. 38/1985) -Општи акти за села до 500 жители (член 20) Закон за просторно и урбанистичко планирање (Сл. весник на РМ, бр. 4/1996)

-Урбанистичка документација за населено место во општината (член 7) -Општи акти за села (член 25)

Закон за просторно и урбанистичко планирање (Сл. весник на РМ, бр. 51/2005)

-УП за село (член 7) -УП вон населено место (член 7) -Општи акти за села (член 78)

Брест, Македонски брод

соодветна урбанистичка документација. Според Информацијата на Министерсвото за урбанизам, градежништво и заштита на животната средина од септември 1995 година, се согледува дека од вкупно 1.672 селски населени места, за 677 (40,5%) не постои никаква техничка документција, за 31 село има донесен основен урбанистички план, за 91 село има донесено детален урбанистички план, а за 799 села е донесена основна урбанистичка документација или одлука за граници на опфат со пропишани услови и режим за градба. Од табеларниот преглед 4. се согледува дека селата што имаат урбанистичка документација се 677 села со над 1.000 жители и 318 села под илјада жители, односно вкупно за 995 села (59,5%) има донесено одредена урбанистичка документација.

Активности за зголемување на квалитетот на руралната средина:

- промовирање на развој на одржливо земјоделство и индустрија поврзани со квалитетни земјоделски производи и производство на здрава храна како перспективен ресурс; - за поефикасна изработка на урбанистичка документација на села да се регулира поедноставен начин на изработување и донесување на документација за села; - селективен развој на одделни селски населби со одреден тип на сезонско живеење во малите села, со развој на летен рурален туризам и опфат и згрижување на стари и изнемоштени лица од малите села, особено во зимскиот период; - промовирање содржини од јавен карактер со користење на мобилен пристап на база на мобилни екипи и периодични посети во малите села (здравство, култура, социјални грижи); - примена на далечинско учење, со цел полесен пристап на образованието на село, за да можат децата да останат во местото на живеење; - при изработка на урбанистичка документација, треба да се согледуваат повеќе сценарија на планирање, со примена на принципите на одржлив развој; - да се зачуваат и примовираат традиционалните вредности на руралната средина како квалитет при организирањето на селските населби; - изработка на архитектонски проекти во селата, со зачувување и истакнување на квалитетите на традиционалната архитектура, со промовирање на еколошките принципи и почитување на руралната традиција. 

(Продолжува)

28 ноември 2014

ПОРТА

19


современи македонски градители

ТОМЕ ТИМОВ, АРХИТЕКТ

Архитектурата - показател на Живееме и твориме во време кога единствено е важно запазувањето на формалната страна на работите, додека суштината воопшто не е предмет на интерес. Свеста за почитување и одржување на веќе изграденото, воопшто не може да се препознае. Дејан БУЃЕВАЦ Куќа 2 во Струмица

Куќа 2 во Струмица, ентериер

20

ПОРТА

28 ноември 2014


современи македонски градители

нивото на општествената свест Објект за продажба на мебел

Источно-католичка црква во Струмица

Т

оме Тимов е роден во 1958 година во Скопје. Дипломирал на Архитектонскиот факултет во Скопје во 1983 година. Живее и работи во Струмица. Од 1983 до 1990 година работи во проектантската фирма „Проектант“, во 1990 год. формира сопствена проектантска фирма „Вектор 90“, која 24 години работи во областа проектирање и урбанистичко планирање. Во досегашната работа има проектирано

Дом за свештеници на Источно-католичка црква во Струмица

голем број објекти од најразлични категории и намени. За изработените проекти и архитектонски реализации, добитник е на повеќе признанија и награди од страна на Асоцијацијата на Архитекти на Македонија. - 1995 - Признание на БИМАС 95 за придонес во областа на архитектурата и негување на современтата архитектонска форма. - 1997 - Признание на БИМАС 97 за објект Крстилница во Струмица

- 2000 - Признание на БИМАС 2000 за успешна реконструкција на сакрален објект - 2002 - Признание на БИМАС 2002 за проект на управна зграда на СО Босилово - 2003 - Годишна награда на ААМ за реализиран објект на управна зграда на СО Босилово - 2004 - Гран при на БИМАС 2004 за реализиран објект - 2007 - Втора награда за идеен проект за доградба, надградба и адаптација на Собрание на Република Македонија.  28 ноември 2014

ПОРТА

21


современи македонски градители Кој е Вашиот херој?

 Мој Херој во ова време на тотално изместени вредности, е оној што успева да остане Човек и е спремен безрезервно да дава, не калкулирајќи што ќе добие за возврат.

Ваше мислење за македонската архитектура денес?

 Архитектурата отсекогаш била показател на нивото на општествената свест и развој. Денешната македонска архитектура е најочигледен пример за тоа. Живееме и твориме во време кога единствено е важно

запазувањето на формалната страна на работите, додека суштината воопшто не е предмет на интерес. Свеста за почитување и одржување на веќе изграденото, воопшто не може да се препознае. Во такви околности, постојат урбанистички планови кои се сведуваат на пресликување на регулатива, и во практика имаат само ограничувачка, наместо развојна компонента. За она што би значело креирање, зачувување на амбиентот и обликување на просторот, не станува збор. Во такви услови (за жал) во голем процент се продуцира архитектура со непростливо

ниска вредност за која најчест изговор е удоволувањето на желбите на Инвеститорот.

Набројте три објекти кои се најзначајни за Вас?

 Градскиот трговски центар во Скопје.Прекрасен пример на функционалност и вклопеност во изградена средина. Студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје - функционален и маркантен објект, со трајна архитектонска вредност. Објектот на Македонска опера и балет - современа архитектура која е многу понапред од времето кога е создадена.

Летниковец и базен во куќа во Бардовци - Скопје

Куќа1 во Струмица

Што претставува архитектурата во светот?

 Архитектурата во развиениот свет е во тек со современата мисла, технолошкиот развој и поприма сè повеќе мултидисцилинарна улога. Во такви околности, постојат примери на врвна архитектура со префинето чувство за амбиентот и просторот што се создава. Од друга страна, постојат и многу примери кај кои се гледа дека акцент 22

ПОРТА

28 ноември 2014

Деловен објект Василево-Струмица

се става само на формата, оставајќи ја во втор план функцијата. И архитектите во светот не се имуни на комерцијализацијата. Меѓутоа, очигледно е дека постои посветеност и студиозност во практикувањето на архитектонската дејност, како и урбанистичка регулатива која поставува простудирани и јасни принципи за креирање на просторот.

Каков е односот на младите кон архитектурата?

 Интересот на младите кон архитектурата расте во последните години. Отвореноста на светот и Интернетот го прават своето. Природно е кај нив да постои интерес и желба за следење и вклучување во светските архитектонски текови. Прашање е само колку тие се реално


современи македонски градители Деловен објект во Неготино

Куќа во Неготино

Библиотека во Берово

Магацин со деловни простории во Василево, Струмица

Деловно-станбен објект во Струмица

подготвени за тоа и дали и каков пример за нив сме ние со нашето практикување на професијата.

Што не се гледа на фотографија, а е интересно за вашите објекти?

 Не постојат услови за нивна доградба и надградба. Најинтересен е делот дали и колку Инвеститорот се идентификувал со објектот.

Collider activity centre – Софија (конкурсен труд)

На кој проект работите во моментов?

 Вообичаено работиме паралелно на повеќе проекти. Во моментов завршуваме проект за Дом за стари лица во Кочани. Активно сме ангажирани со надзор над изградбата на Спортскиот центар „Пандев“ во Струмица, за кој го имаме изработено и Основниот проект.

Ваши идни архитектонски планови?

 Идните планови се врзани за секојдневниот опстанок во професијата во услови кога не постојат нормативи за нејзино реално вреднување. Целта е да се создаваат проекти со функционален и естетски квалитет на ниво на времето во кое живееме.  28 ноември 2014

ПОРТА

23


интервју

Ова е одлично време да не се губи време Оваа година, Белградската недела на дизајнот за првпат угости архитект од Мексико. Мишел Ројкинд (Michel Rojkind) е најзвучното архитектонско име на таа земја. Некогаш музичка ѕвезда во студентските денови, а денес големо име во современата архитектура, Ројкинд раскажува како одлучил да стане архитект, зошто смета дека е важно да се преиспита проектната задача, со кого води најинтерсни разговори и дали е можно да се гради само со мислите... м-р Ѓорѓе ЈОКИЌ, дипл.инж.арх. (Србија) 26

ПОРТА

28 ноември 2014

МИШЕЛ РОJКИНД


интервју

На што моментално работи Вашето студио?

 Моментално работиме заедно со Владата на проектот Minimal Housing. Тоа е проект на социјално домување. Порано тоа не можевме да го покренеме, но сега има интересни луѓе во управата кои соработуваат со нас и со другите архитекти. Работиме на станбени објекти, а почнавме да работиме и на проекти надвор од Мексико. Повеќето од нашите проекти се во Мексико, работевме меѓународни конкурси на кои не победивме, но делата им се допаднаа на одредени клиенти. Очекуваме да започнеме проект за дом на стари лица, како и одредени урбанистички планови. Цело време работиме проекти на приватни куќи. Јас на тие проекти се радувам бидејќи тоа е еден многу интимен однос, а тоа во последно време многу ми недостасуваше. Ние сме студио кое има околу 25 луѓе, не се шириме, тоа е права величина за нас. Секогаш правиме тимови, од графички дизајнери, индустриски дизајнери и луѓе од финансии, социолози и секако од инженери. Сместени сме во Мексико Сити. Многу сме ориентирани кон процесот, во нашето студио не се битни завршените макети, туку многуте недовршени макети на различни фази. Тоа го сакаат клиентите

кај нас, тие доаѓаат заради идеи, а кај нас секогаш се случува производство на идеи.

Каква е архитектонската сцена во Мексико?

 Има многу познати архитекти од претходниот период, од модернизмот, како што е Марио Пани. Денес има нова генерација која работи одлични нешта, би ги издвоил студијата ММХ, „Продуктор“ и „Амброси“. Денес Мексико е многу добра архитектонска средина. Мора да разберете дека Мексико е посебно место. Денес често го слушаме зборот криза, но ние не сме исплашени затоа што отсекогаш сме биле во криза, навикнавме да се снаоѓаме. Денес луѓето инвестираат во Мексико бидејќи не можат во своите земји, па доаѓаат во голем број; тоа е интересно зашто секогаш се гради, секогаш некој капитал се движи, нема застој. Мексико Сити има 22 милиони жители, тоа е лудило, парите што циркулираат не се исти за сите, но секогаш постои шанса да се работи, дури и за малите студија.

Каков е Вашиот архитектонски пристап?  Би го дефинирал со ставот да поставуваме прашања, секогаш се обидуваме да се концентрираме во

редефинирање на зададената програма, задача. Дали клиенот навистина го разбира проблемот или не? Мојот драг пријател Алехандро Аравена многу добро објасни што е тоа што го дефинира проектот: ако немате добри информации во старт, кои одредуваат што му е потребно на проектот, резултатот нема да биде добар. Многу е важно, на основа на упатствата, да седнете со клиетот и да ги испитате тие упатства. Тоа не е заради суетата на архитектот, ги испитувате условите бидејќи седите покрај стручњак, како социолог или економист, и морате да ја разберете ситуацијата дека клиентот може да биде информиран само од својата фокусна група. Јас знам дека клиентот сака да заработи, но јас ќе му овозможам да заработи исто толку со подобри резултати ако седнеме и ако ги испитаме уловите. Тоа не наш стил, туку тоа е нашиот пристап. Секој проект мора да биде различен бидејќи се различни непознатите во таа равенка.

Во Вашите проекти забележав дека многу работите на фасади, на покриви?

 Луѓето понекогаш мислат дека она што го работиме е површно, но сè што работиме е испитување, кои се условите и 28 ноември 2014

ПОРТА

27


архитектура

28

ПОРТА

28 ноември 2014


архитектура

28 ноември 2014

ПОРТА

29


интервју

30

ПОРТА

28 ноември 2014


интервју како да ги направиме работите поинакви. Ние, секако, мораме да работиме нешта кои функционираат, но истовремено јас верувам во убавината и добриот дизајн. Ја сакам дигиталната технологија, новите материјали и работата со раце. Сакам занаетчиски работи, ако дигиталниот дизајн ви е средство за локално производство, мислам дека можете да имате извонредни резултати. Особено во земји како Мексико, каде можете да најдете одлични занаетчии, а нема големи производствени компании. Тие луѓе се многу добри во тоа што го работат, тие со години работат како занаетчии, тие можат да ви го објаснат процесот за да разберете како настануваат делата.

Што е архитектура?

 Архитектурата е капацитет да се подобри животот, макар малку, не само затоа што правите засолништа, бидејќи архитектурата е во тоа да создавате нешто. Почнав да студирам архитектура додека бев тапанар во бендот и со тоа се занимавав професионално. Најдобрата работа што ми се случи додека бев со бендот е тоа што имав можност да патувам во странски држави, а најдобрата страна во тоа беше што можев да седам по страна и да го набљудувам животот. Додека седев и ги гледав зградите како сведоци на секојдневниот живот, сфатив дека сакам да бидам архитект. Не е работата во зградите, ме заинтересира она што се случува околу мене, дали зградите ја имаат таа можност да ги подобрат нештата, како добар плоштад или друг јавен простор, што и да било. Тоа е прекрасно, архитектура не се само изолирани објекти.

Дали архитектурата се менува и каде оди?

 Порано архитектурата беше битна заради себе, но денес тоа веќе не е така и тоа е добро. Битно е што работи архитектурата, дали создава нешто и дали го поврзува општеството, дали им служи на луѓето со кои има интеракција или е егоцентрична и фокусирана на клиенти или на архитектура. Мислам дека е добро прашањето, како можеме да направиме простор во кој ќе се случуваат работите? Верувам дека архитектурата е многу невротична како професија, ние сакаме да проектираме сè, а има многу работи за кои е подобро да не се проектираат, но многу е тешко да се убедат клиентите со зборови. Ние ќе проектираме 80% згради, а 20% оставаме да видиме како луѓето ќе ги користат. Добро е да се види како се одвиваат работите, би можеле да се изненадите што можете да научите кога оставате опција нешто само да се случи.

Кога и како одлучивте да бидете архитект?

 Не бев баш сигурен што сакам да бидам, јас сакам графички дизајн, сакам и индустриски дизајн. Мојот постар брат ме натера на тоа, ми рече зошто не би бил архитект? Архитектот може да се занимава и со графички дизајн, може и намештај да прави. Тоа беше време кога многу патував, бев во различни хотели, во ноќни клубови, аеродроми, и тоа искуство ми пробуди интерес за сè што нè опкружува.

Каков студент бевте?

 Бев просечен студент. Пред сè, јас свирев додека студирав, веќе имав издадено албуми и спотови на МТВ, па професорите ми велеа да го напуштам факултетот бидејќи го трошам нивното време и дека нема да бидам архитект. Јас им велев дека треба да судат по мојата работа а не по тоа што мислат за мене.

Имавте ли шанса да разговарате со нив после тоа?

 Да, кога држев предавања на својот факултет, ми приоѓаа и ми зборуваа дека знаеле дека ќе бидам добар архитект.

Кога не сте архитект, кога сте само Мишел Ројкинд, со што се занимавате?

 Водам неверојатни разговори со мојата ќерка. Таа има девет години, и кога разговараме за нешто интересно јас и велам да ме предупреди ако станам досаден, бидејќи тоа значи дека сум остарел, а јас тоа не го сакам. Не сакам да го изгубам начинот на кој го набљудувам животот, а тоа е поставување прашања, исто како што прават и децата.

објавиле, а сега имаат албум на годината. Ова е одлично време да не се губи време. Наместо да седите и размислувате дали постои некој што ќе ве вработи, работете на работи кои можете да ги работите и кога не сте вработени бидејќи тоа ќе ви биде работата. Дури и размислувањето што имате да работите како архитект е градба. Можете да бидете изненадени што ќе смислите, вашата глава размислува, вашата глава вежба да создава работи, а не да се жалите за она што го немате.

Што е MXDF?

 MXDF е компанија која ја создадов со двајца архитекти. Ние размислувавме за многу работи, но пред сè за образованието. Не сакавме да учиме утописки работи, туку реални. Mислевме дека е добро луѓето да доаѓаат и да зборуваат за своите проблеми, а потоа на студентите да им го дадеме тоа како права работа. Друга работа, јас имам проблем кога сакам да најдам нешто што некој архитект направил во Мексико, бидејќи тоа не можам да го најдам. Морам да барам во неговото студио, на факултет или во архивата. Истражувањето за Мексико треба да биде на едно место, затоа што ако сакам да работам проект за автопат, морам да ги видам претходните педесетина предлози кои биле во текот на четириесет години, за да разберам што се случувало порано и да продолжам со истражување. Во спротивно, ние секогаш се вртиме во круг. Се обидовме како невладина организација да најдеме средства за таа работа. 

Дали имате некој совет за младите архитекти и студенти?

 Секако, не совет како некој што дели совети, но давам сугестија која студентите би требало да ја знаат, а тоа е дека архитектурата е изградена од мисли, градбата не е само со цигли, градбата е секојдневна работа, градите дијалог, градите начин на размислување. Многу зборуваат „кога ќе имам клиент ќе градам ...“, па изгради сега, напиши блог, биди критичар, можеш да пишуваш и денес тоа е помоќно оружје од кога и да било. Порано, ако не познававте некој што сака да ви објави нешто, не можевте ништо. Денес постои можност тоа да се стави на Интернет и со еден клик може да станете најголем идиот на светот или некој што создава дијалог. Тоа им се случило на многумина, не само во архитектурата, луѓе кои избрале компании на основа на тоа што објавиле, уметници кои снимиле свои песни на компјутер и ги 28 ноември 2014

ПОРТА

31


убави градови...

Облаци од стакло

„Сакавме да испроектираме објект кој се развива со времето и светлината, кој создава моментален впечаток, импресија и континуирана промена, како што се менува и сликата на светот“, вели архитектот Френк Гери, потписник на една од најпознатите, најреволуционерни згради, футуристичката едрилица или "iceberg", објект на Фондацијата Луј Витон, која стои како стаклен облак над Булоњската шума. Дело на неговиот живот. 32

ПОРТА

28 ноември 2014

Љупка ДУКОВСКА, дипл.инж.арх.

И

наугурацијата на фамозниот проект Облаци од стакло (Nuages de verre) на Фондацијата Луј Витон беше официјално реализирана на 20 октомври 2014 година, во присуство на претседателот на Република Франција Франсоа Оланд, претседателот на LVMH Бернард Арно и архитектот Френк Гери, творец на едно од најинтересните архитектонски дела во последните децении во Франција, пред бројни познати личности од културната, политичката, економската сфера на земјата, „кремот“ на француската и европската култура. Во колективната меморија за проектот, дефиниран како културна институција, ќе остане запаметено дека реализацијата на ваков комплексен проект е можна само со потполна согласност на клучните луѓе во овој „challenge“. Дуото Гери – Арно овозможи атерирање на овој „iceberg“ во зеленилото на „Jardin d’Aclimatation“, овозможувајќи од терасата панорамски поглед на Париз и на новиот модерен дел наречен Дефанс (La Defense). Тоа е подарокот од седумгодишната


...иновативни објекти

напорна работа на едно градилиште со преку 1.000 вработени, и букет на различно специјализирани претпријатија.

КОЈА Е ФОНДАЦИЈАТА СО АМБЛЕМ LV?

Компанијата „Луј Витон“ е основана во 1854 година, со седиште во Париз, а нејзин основач е Луј Витон. Во негова чест синот Жорж Витон го патентирал денес иконскиот мограм LV, според неговите иницијали. Од тогаш компанијата поминала низ повеќе трансформации, но амблемот LV ги преживеал сите премрежја, како симбол за она што е еден од најпрепознатливите светски брендови. Во 1987 година се спојува со групата Moët Henessy. Денес, LVMH (Louis Vuitton Moët Henessy) е една од најголемите модни куќи во светот. Лидер на пазарот на продажба на луксузна роба (14 отсто

од светскиот обем на продажба, во 2006 година). Според истражувањата, во 2010 година се наоѓа на 29. место на листата на највредни брендови. Проценетата вредност на брендот е 19,781 милјарда американски долари. Претседател и сопственик на „Луј Витон“ е Бернард Арно (Bernard Arnault). Фондацијата со амблем LV е приватна. Сите нивни инвестиции се од приватен капитал. Француската држава нема ништо вложено во овој проект. Концесијата на теренот е продадена на 55 години, период после кој државата станува сопственик на фондацијата. Изборот на локацијата, во срцето на Булоњската шума, и темите што ги сугерира се комплетен погодок во амбициите на Фондацијата Луј Витон. Глорификација на едно фамилијарно претпријатие кое со труд и упорност, прерасна во светски лидер на модната индустрија на сите континенти.

ТАНДЕМ АРНО - ГЕРИ. НАТПРЕВАР НА ЕДНАКВИТЕ? По разгледувањето на музејот Гугенхајм во Билбао, Шпанија, во 2001 година Бернард Арно го ангажирал 85-годишниот американско-канадски архитект Френк Гери, кој се смета за еден од најголемите. Добитник на наградата Прицкер, универзално познат по својот Гугенхајм, љубител на уметноста, творец кој предизвикува страсти и контроверзии. Неговата извонредна архитектура е поблиску до скулптурата. Избегнува прави линии, практикува растреперени волумени и револуционерен начин на градба. Тој за моќниот претседател на LVMH, Бернард Арно, создаде ремек-дело на технички подвиг без преседан. Доказ дека духот, креативноста, иновативноста на една личност не е поврзана со возраста. 

28 ноември 2014

ПОРТА

33


убави градови... Изборот Френк Гери да направи нов амблем на Париз, е извонреден чин. Целосниот успех на овој проект би бил невозможен без соработката на тандемот Арно – Гери. Ангажманот и поддршката на инвеститорот, е голема. Тој успешно се справува со сите административни, правни и технички пречки. Даде реалност на облакот од стакло. Реалност на една скица исцртана на парче хартија. Денес, Фондацијата Витон е еден вид на сведоштво за тоа. Иднината ќе ги запамети имињата на дуото што ја одреди судбината на оваа „санта мраз“ заглавена во зеленилото на Булоњската шума. Настан одбележан од целиот свет. Настан кој ја возбуди културната јавност и имаше извонреден одзив во сите медиуми во светот кои многу детално информираа за сè.

ДИЗАЈН

Нова јавна монументална архитектура која не е направена до сега. Величествена зграда која плови кон музејот Гугенхајм и концертната сала Волт Дизни, како најимпресивни дела на архитектот што твори речиси шест децении. „Бернард Арно беше шокиран кога го посети Гугенхајм во Билбао, во 2001 година. Ме покани во Париз да ја видам локацијата. Бев обземен од емоции. Го замислував Марсел Пруст и неговото шетање во зоолошката градина во деветнаесеттиот век. И не размислував за ништо друго освен за стакло, како Гран Пале (Grand Palais) во Париз“, вели архитектот Гери. Зградата требало да биде различна од сè што е досега видено или направено. Со огромно лого на Луј Витон на предната фасада. На локацијата до зоолошката градина, детскиот парк од

34

ПОРТА

28 ноември 2014

19 век и романтично убавата Булоњска шума, требало да се создаде нешто што се вклопува во градината и во традицијата на користење стакло. „Облаците од стакло одговараат на геометријата на природата, на англиски уредениот парк“, вели тој, игнорирајќи ја геометриската традиција на Француската градина. Стаклената структура има свое место во долгата традиција на Париз. Готската катедрала Сент Шапел (SainteChapelle на Ile de la Cite), со високи ѕидови од обоено стакло датира од 13 век, а изложбената сала Гран Пале е од 19 век. Френк Гери во Париз ja продолжи традицијата. Создаде нова покомплексна структура со стакло, наместо со титаниум, материјал кој го употреби за музејот во Билбао. Двокатната структура на објектот има 11 галерии со различни размери кои ги дочекуваат делата на модерната и современата уметност на повремени и постојани изложби, аудиториум од 400 места и тераса на кровот за настани и уметнички инсталации. Главниот хол е во единствена зграда со површина на под од 4.500 м², со 11.700 м² слободна површина и висина од 50 м. Бочните фасади и покривот се од стаклени панели. Со дупла кривина на тие што се на кровот. 12 огромни стаклени воали, повеќе лавиринти, ескалатори кои водат до надворешните излези, галерии со убави прозорци, со маестрални пропорции. Посетителите влегуваат во висока сала од која аголни скали и извртени, спирални, меандрирани патишта водат кон галериите и кон отворените тераси на кровот, оградени со стаклени едра. Објектот изгледа како брод со едра, како кит или како кристална

палата во средина на експлозија. Помеѓу „iceberg“ и едрилицата, просториите се прошируваат наизменично, интимно во она што Гери го нарекува „хаотичен танц“. Брилијантен дизајн. Отворен кон небото.

РЕАЛИЗАЦИЈА НА ОБЈЕКТОТ

Изведбата на објектот е од страна на француската градежна компанија „Венси“ (Vinci) која е основана со фузија на две најстари градежни претпријатија од 19 век. Според приходот таа е најголема градежна компанија во светот. Во неа работат повеќе од 179.000 луѓе од целиот свет. „Венси“, заедно со нејзините партнери, е избрана да го води проектот и да ја изгради Фондацијата Луј Витон. Проектот е класифициран како проект со ултрависока комплексност. Најсложен објект што досега го направиле. Комплексноста на проектот и на изведбата се илустрира преку неколку точки: - Невиден технолошки предизвик; - Макета претставена од архитектот, од дрво и хартија, која пркоси на правилата за градба, со големината на својата фантазија, смелоста на својата суперпозиција и комбинацијата на елементи и материјали; - Френк Гери, без планови, само со скици и макети, и постојана координација помеѓу учесниците во проектот, додека се кристализирала дигиталната форма на моделот и 3Д моделирањето. Изведувачите имале договор со архитектот, да се потпираат на макети и 3Д модели. Прв пат за овој дигитален проект, архитектите и инженерите соработуваат со секторот за аеронаутика, за информатичкото моделирање.


...иновативни објекти Резултатот на овој технички подвиг е неверојатниот футуристички брод од дванаесет стаклени воали. На самото место повеќе од 1.000 работници, околу 200 инженери... експлозија од стакло, замрсеност од бетон и од завртки. На едрата е развиена стаклена површина од 13.500 м², со 3.600 стаклени панели на криви и контра криви стакла Сент Гобен (SaintGobain), произведени во посебни печки во Италија. Огромни столбови од ариш, бел бетон, нежен како кожата на млада девојка и компјутери за да се добијат совршени криви. Стаклото е материјал кој Гери го користи на извонреден начин, амбициозно и рафинирано. Гредите се од ариш (силно и тешко дрво од фамилијата на борови), произведени со користење на техника на лепење. За овој објект, кој е добитник на неколку инженерски награди доделени во Франција и САД, поднесени се барања за триесет патенти. „Цртежите беа возбудливи, но немавме технологија да се изгради таков објект. Мораше сето тоа да се измисли. Потрошени се 1,5 милиони часови за студии на покриената и затворената структура на објектот. Ваков иновативен проект не може да се води со конвенционална организација“, велат изведувачите. - Структурата е неразбирлива за инженерско око. Во секој случај атипична и вон познати статички системи. Единствено преку анализа со „finite elements (FE)“ може приближно да се пријде, - вели Константин Барутчиски, градежен инженер кој целиот свој работен век го помина во Париз, каде што живее и денес, работејќи на проектирање на најсложени инженерски проекти низ светот. „Сакавме да испроектираме објект кој се развива со времето и светлината, кој создава моментален впечаток, импресија и континуирана промена, како што постојано се менува и сликата на светот“, вели архитектот Френк Гери, потписник на една од најпознатите, најреволуционерни згради, футуристичката едрилица или „iceberg“ со 12 стаклени воали која стои како стаклен облак над Булоњската шума. Дело на неговиот живот. Од инаугурацијата на Центарот Помпиду, во 1977 година, зградата на архитектите Ренцо Пиано (Renzo Piano) и Ричард Роџерс (Richard Rogers), која предизвика голема полемика во тоа време, Париз нема објект со толку спектакуларни архитектонски иновации. Во исто време со инаугурацијата на објектот на Фондацијата Луј Витон, во Центарот Помпиду е отворена ретроспективна изложба посветена на творештвото на архитектот Френк Гери.  28 ноември 2014

ПОРТА

35


то на планината во „Најпрвин куќата на ние на семејството алната лента под Халили беше архитектура за селото Порој на рој,наменета долж ницата Тетово-на Шар Планина. Но падините Такаподоцна од падината се нејзиното место стана рамнината, во зона на подножјето на планината во а агрегација на продолжение на ни куќи, помеѓу комерцијалната лента под ланина и питомото селотоод Порој, долж рагментите сообраќајницата Тетовоадениот изграден подготви: м.и.а. Енис ХОЏА вижејќи се помеѓу Јажинце. Така од падината се налните примери етовското селона Порој најде во рамнината, во зона на во својот архитектонски селото и опус ја вбројува постепена агрегација на и адените куќи куќатаво која е дело на едносемејни куќи, помеѓу архитектите Виолета а овој проект јаМинас Бакалчев Бакалчев, моќната планина и питомото и Никола Стрезоски. Таа е доказ за а трансформацијата нивната неисцрпна креативност. поле икуќа фрагментите од ионалната „Најпрвин, куќата на семејството новосоздадениот изграден Халили предвидено да се гради о што ебеше дефинирана во селото Порој на падините на Шар пејсаж. Движејќи се помеѓу фичниот Планина. контекст Но подоцна, нејзинона место подножјето на планината во рој традиционалните -стана Компактна примери на продолжение на комерцијалната лента еден компактен под селото Порој,во долж сообраќајницата куќите селото и Тетово-Јажинце. Па така, наместо ален модел. Како да новосоздадените куќи во на падината се најде во рамнината, арата претстава за на во зона на постепена агрегација рамнината овој проект ја едносемејнисовремена куќи, помеѓу моќната да добие планина и питомото поле итрансформацијата фрагментите истражува на функционалната од новосоздадениот изграден пејзаж. Движејќи се меѓу традиционалните куќи традиционалната куќа натана организација? во селото и новосоздадените куќи во онака како што е дефинирана е направи куќа рамнината, овој проект јаза истражува трансформацијата на традиционалната емено семејство, а да контекст на во специфичниот куќа, онака како што е дефинирана во специфичниот контекст на селото уштат селото Порој -Порој Компактна - Компактна форма за еден компактен налните форма за еден компактен ици?“, поставувајќи патријархален модел. Како да рашања овие тези остане претстава за а Виолета дастарата го куќата, а да добие современа концептот.

Куќа со отсечен двор

Т

основа на кат

динамика на функционалната

а заиедно современоорганизација? социјалната , татко, мајка и две Како даод сеоваа направи куќа за потекнуват современо семејство, а да но и едно ги делат неновиот се напуштат ите на традиционалните , културен и пресек 1-1 и контекст. основа на приземје претходници?“, поставувајќи 36

ги како прашања овие тези 28 ноември 2014 ПОРТА започнува Виолета да го

основа на кат


архитектура

Општи карактеристики: Локација: село Порој, Тетово, Македонија Дело: 2011 / 2013 Личности: маж, жена, ќерка и син Архитекти: Минас Бакалчев, Виолета Бакалчев и Никола Стрезовски, (МЕТАПРОЕКТ АРХИТЕКТИ) Ентериер: Афродита Луараси Абдиу и Бурим Абдиу, (LD СТУДИО) Структура: Армирано-бетонска конструкција, финална облога бел мермер (сивец- Прилеп) Површина на локација: 550 м2 Градежна површина: 150 м2 Изградена површина: 260 м2 Нивоа: визба, приземје, кат

патријархален модел. Како да остане старата претстава за куќата, а да се добие современа динамика на функционалната и социјалната организација? Како да се направи куќа за едно современо семејство, а да не се напуштат традиционалните претходници?“, поставувајќи ги како прашања овие тези, Виолета Бакалчев почнува да го објаснува концептот за куќата. Ова е куќа за едно современо семејство, татко, мајка и две деца, кои потекнуваат од оваа околина, но и ги делат вредностите на новиот социјален, културен и економски контекст. „Просторната структура на куќата произлегува од локалната типологија. Го повторуваме просторниот модел на традиционалната куќа од селото: архетипска слика на куќа со елементарен волумен и четириводен покрив. Но таквиот општ тип е трансформиран/преработен, од интегралниот волумен на куќата е отсечен југозападниот фрагмент. На тој начин, инертната внатрешност на традиционалниот волумен на куќата, преку постапката на отсекување (cut-out) станува активен, како во однос на надворешноста така и во однос на внатрешноста и нејзината согледливост, интензивирана е дистрибуција на внатрешната програма и нејзина интеракција со надворешноста. Преку композиционата постапка на отсекување, вкупниот волумен на куќата се состои од внатрешен дел 2/3 и надворешен дел 1/3 од волуменот. Традиционалниот тип на куќата се видоизменува и доживува 

28 ноември 2014

ПОРТА

37


архитектура амбивалентно, од надвор се покажува слика на компактна куќа, од внатре на куќа со двор во П-форма. Таквата амбиваленција на волуменот ја следи дистрибуцијата на програмата и материјализацијата на куќата. Гледајќи ја куќата од рамнината кон планината, нејзината материјализација во бел мермер ја чини како дел од силуетата на планината, како фрагмент од снежните остатоци на Шар Планина. На тој начин куќата е во континуирано содејство со планината во различните сезони како дел од планината или нејзин стилизиран модел“, дообјаснува Виолета Бакалчев за „Порта 3“. Основата на оваа куќа во приземјето се одликува со отворен и проточен простор во кој се сместени пространата дневна соба, трпезаријата и кујната. Сиот овој простор е отворен кон внатрешното двориште со големи застаклени отвори преку кои границата е тенка помеѓу внатрешноста и надворешноста. Поради продирањето на двориштето „длабоко“ во структурата на куќата, таа е интровертна, свртена самата кон себе, кон тоа двориште. Во внатрешноста на куќата преовладува топлина поради големата употреба на махагони, што дава пријатна атмосфера надополнета со присуство на каминот, покрај кој може да се седи и покрај кој има простран прозорец кој дава прекрасен поглед кон големото двориште. На приземјето е сместена и гостинската соба со сопствена бања, како и мал тоалет за дневни потреби. Над трпезаријата се наоѓа галерија која волуменски го спојува приземјето со катот. На катот се сместени три спални соби и поголема 38

ПОРТА

28 ноември 2014


архитектура

заедничка бања, а интересен детаљ е тоа што сите преградни ѕидови се со височина од 210 сантиметри, а до кровот преградите се оформени со стакло, па така од секоја страна може да се види кровната површина.

Во ентериерот, кој е дело на архитектите од LD Studio, Афродита Луараси Абдиу и Бурим Абдиу, преовладуваат материјалите махагони и стакло, додека надворешната материјализација е

целосно изведена во бел мермер. Овој објект во целина претставува едно врвно дело на македонската архитектура кое е спој на традиционалната и модерната архитектура. 

Покрив на столетието ВАШИОТ TOХДАХ®-ПАРТНЕР ГО ИМА:

Секогаш НАЈДОБРОТО РЕШЕНИЕ за Вашиот покрив!

ТОНДАХ Македонија АД | MK - 2310 Виница | Тел.:+389(0)33/361332 39 28 ноември 2014 ПОРТА Факс: +389(0)33/361780 | office@tondach.com.mk | www.tondach.com.mk


македонски домови

40

ПОРТА

28 ноември 2014


55.ОКТОМВРИСКИ САЛОН ВО БЕЛГРАД

архитектура

Архитектура во исчезнување Наспроти уверувањето дека глобализацијата од светот ќе направи еден хомоген и генеричен простор со кој ќе управуваат интересите на пазарот, градските средини ширум светот сè повеќе се разликуваат и приспособуваат на локалните наличја Александра ШЕКУТКОВСКА, дипл.инж.арх. фото: Сара БРКИЧ и Душко ЈЕЛЕН

К

ако е возможно да се зачува архитектурата што настанала во претходната историска епоха, во нови политички околности? Дали е возможно да се одвои архитектонската вредност од идеологијата на времето во коешто настанува? Архитектонскиот семинар „Архитектура која исчезнува“, во рамките на 55. Октомврски салон во Белград, обедини архитектонски истражувачи, урбанисти и архитекти кои преку стручни разгледи на градот, работилници и предавања ги споделија своите теоретски ставови и искуства од државите на бивша Југославија, Обединетото Кралство, Бразил, Германија, Австрија

и Калифорнија. Основниот фокус на истражување се однесуваше на модерната архитектура и нејзината „креативна реапропријација“, прашањата за неформална урбанизација во рамките на глобалниот пазар, современите уметнички текови, антифашистичките споменици изработени во социјализмот и преиспитување на темата идеологија и естетика. Сандра Ѓукиќ (Лондон), која истовремено учествуваше и како уметник на изложбата во рамките на Октомврискиот салон со сопствено видео, изјави дека искуството на семинарот, како локален граѓанин на Белград со академска заднина во архитектурата, ѝ дало можност да учи преку историско и социјално водство,

кои се всушност и условите што го моделирале Белград онаков каков што е денес. Таа дополни и дека семинарот на Октомврискиот салон претставува возбудлива креативна платформа за актуелни теми, кој преку сеопфатна организација, разгледи на архитектура со водич, работилници и предавања овозможи мини увид во историскиот (дис)континуитет и создавањето на (фиксирани) идентитети. Ѓукиќ учествуваше на работилницата што ги промовираше регресивните трендови на архитектурата во светски рамки, не само во осиромашените туку и териториите во развој, користејќи го Музејот на современа уметност во Белград, кој последните 10 години е во реконструкција, како своевиден знак за надеж. Во програмата беше одржано и предавање/работилница од страна на Роџер Бундшух (Париз), основачот на Бундшух архитекти во Берлин, на тема „Скопје е насекаде“. Врз основа на детална анализа која вклучуваше примери од целиот Балкан, истовремено со упадливи градски објекти во поголемите градови на Западна Европа, дискусијата создаде детален претрес и критички осврт на моменталната судбина на модернизмот, брутализмот и социјалистичката архитектура. Тој изјави дека цела Европа се соочува со феноменот на исчезнување на архитектонски стилови и урбани композиции. Дури и пошироко признаените примероци на модернизмот се рушат за да може да се направи место за  28 ноември 2014

ПОРТА

41


архитектура неоисториски зданија. Функционални блокови брутално се уништуваат заради „згуснување“ и „реконтекстуализација“. Бундшух го постави прашањето: „Дали овие нови трендови се нешто повеќе од реакционерната политика пренесена во сферата на градежништвото, манифестација на национализмот и ревизионизмот, или се нужни нуспродукти на општеството што минува низ процес на редефинирање на сопствената улога во светски рамки којашто динамично се променува?“ Предавањето на архитектонската истражувачка Дубравка Секулиќ, предизвика уништува модернизмот за да биде зачуван. На прв поглед, модерната архитектура во Обединетото Кралство доживеала неверојатна преродба, после прекинувањето на текот во којшто е означена како исклучително грда, „тоталитарна“ и некако специфично не со англиска насока. Почетоците на рехабилитацијата на луксузниот модернизам, карактеристичен за почетоците на 30-тите години на минатиот век, брутализмот на шеестеттите повторно е влезен во мода. Становите во порано непопуларните населби и кулите, како на пример Keeling House, Trellick Tower и Brunswick Centre, сега се продаваат за висока сума пари, а карактеристичните населби во Шефилд и други се просто „регенерирани“. Креативната адаптација (од модернизмот, кој од скоро е повторно во мода) на стилот создаден во 30-тите години е создадена преку одделување на таквата архитектура од контекстот на социјалната политика, животот на работничката класа и изменување

опширни дискусии и спротивставени ставови. Во своето истражување „Држејќи се за минатото за да се заплаши иднината“, таа го постави прашањето: Зошто е потребно да се претвори модернизмот во егзотичното друго? Таа зборуваше за антифашистичките споменици коишто се постојан извор на инспирација за уметниците или како фотографски елементи, тема за реинтерпретација или како ready made. Додатно, српско-хрватскиот и македонскиот збор за споменик започна да се користи на англиски како еден вид на readymade и ги сместува југословенските модернистички споменици во посебна категорија. Овен Хатерли (Саутхемптон) кој работи како независен автор пишувајќи за архитектурата и културната политика (редовен соработник на Architеcture Journal), зборуваше за тоа, како се 42

ПОРТА

28 ноември 2014


архитектура на нејзината историја во блед, бесмислен „утопизам“. Рајнер Хел се осврна на Тропикалистичката архитектура, урбанистичкото планирање во Бразил - како модернизмот креира идентитети. Во своето предавање тој зборуваше за Манифестот на Антропологијата, манифест со кој се означува почетокот на модернизмот во Бразил. Преку урбанистичкото планирање на Бразилија, тој ја објасни националната интеграција и развојот, користењето на урбанистичкото планирање не само во рамките на десно или лево политичка ориентираност, туку на ниво на планирање на животен стил за жителите на една држава. Рајнер се осврна на владиниот проект „Моја куќа, мој живот“ - проект за модел на населба составена од префабрикувани куќи, која се повторува во вид на сателитски населби низ Бразил. Како надворешен консултат за овој проект, тој истакна дека населбите се изработуваат без претходна стручна анализа и испитување на прототип, и дека во самиот тим на одлучувачи не се вклучени архитекти и урбанисти. По завршувањето на семинарот, Октомврискиот салон претрпе нова ре-организација и негова трансформација во настан којшто ќе се одржува биенално наспорти досегашната традиција да се одржува секоја година. Семинарот отвори простор за размислување на процесите на глобализација и локалните територии. Наспроти уверувањето дека глобализацијата од светот ќе направи еден хомоген и генеричен простор со кој ќе управуваат интересите на пазарот, градските средини ширум светот сè повеќе се разликуваат и приспособуваат на локалните наличја. Под владеачкото глобално економско потекло, развој на урбанистичките области се повеќе постигнуваат народните маси и процесите што се надвор од (централизирана) контрола. 

28 ноември 2014

ПОРТА

43


.. Der Himmel uber Hamburg архитектура

ТАНЦУВАЧКИТЕ КУЛИ ВО ХАМБУРГ - СИМБОЛ НА СМЕЛOСТ И ДИНАМИКА

Возбудливост и современост се зборовите со кои се дефинира силуетата во најпознатиот дистрикт во Хамбург. Благодарение на вистинска смелост искомбинирана со беспрекорноста што неминовно се врзува со германскиот дух, Tango-Türme се едни од највпечатливите објекти во ова високо равиено ткиво.

фото: подготви: Наталија ЗАФИРОСКА 44

ПОРТА

28 ноември 2014


У

рбаната атракција која ги пресретнува посетителите на самиот влез во познатиот хамбуршки дистрикт St. Pauli, едноставно не може да остане незабележана. Во исклучително живо опкружување, се лоцирани две кули кои се издвојуваат со нивната впечатлива појава благодарение на висината како и невообичаениот формален израз. Историјата на проектот почнува во 2003 година, кога предлог-решението од фирмата BRT под имињата на архитектите Bothe, Richter и Teherani победило на конкурсот за предвидениот просторен развој. Проектот бил завршен дури во 2012 година од страна на Hadi Teherani. Лоцирани на најпознатата улица во Хамбург, карактеристичната силуета на пар кој танцува претставува симбол на виталност на самиот дистрикт но и во целиот град.

архитектура Аналогијата на архитектонски објект со човеково тело е неретка тема на формален исказ во современата архитектура. Она што постојано воодушевува е начинот на претставување на треперливо движење замрзнато во даден миг, кое секогаш одново ги фасцинира оние што го доживуваат. Имено, станува збор за две кули со висина од 75 и 85 метри кои истовремено се спојуваат и оддалечуваат една од друга на различна висина. Фасадната конструкција е изведена од челик и стакло и таа ги затвора канцелриите со прекршена обвивка низ сите (24) катови. Стаклата се протегаат по целата висина на катот, така што се создава одлично поврзување на внатрешноста со надворешното опкружување, а истовремено се овозможува продир на светлина која е повеќе од доволна. Отвореноста и затвореноста создаваат возбудлива внатрешна структура на просториите и истовремено обезбедуваат

мирен амбиент кој е неопходен за време на работното време. Закосените столбови и ѕидови се оние што го даваат шармот во ентериерот, при што истовремено прикажуваат сосем нов пристап кон внатрешното уредување. Виталниот концепт на стакло и бетон наложува да се обработи добро акустично решение. Како одговор на звучната изолација во внатрешноста се јавуваат CAS теписите, кои го претвораат подот во акустичен спроводник со што се добива извонредна просторна удобност. Теписите 300 (Carptet300) со сива и бледа беж боја, истовремено го нагласуваат ефектот на модерната архитектура и пријатниот внатрешен дизајн. Светлите нијанси одговараат со носачите што се протегаат низ зградата. Тешко носечките тафтувани подни облоги изгледаат нежно и природно, така што ги хармонизираат просториите. Примарната фасада, која 

28 ноември 2014

ПОРТА

45


Панорама на улицата Репербан за време на Reeperbahn Festival 2014

е главен виновник за динамичниот танцувачки изглед на зградата, има повеќе од 7 степени наклон и е со големина од 19.000 метри квадратни. Но, тука не се работи само за задоволување на естетиката кај објектот туку и за спроведување на одлична заштита од временски услови, ветер, сонце и звучна заштита, а како посебно внимание се посветува на оптималниот поглед кон градот. Стандардните фасадни единици се со димензија од 2,80 на 3,45 метри секоја со тежина од околу 700 килограми. Најголемите елементи се сместени на најгорниот сервисен кат на јужната страна и се со димензија од 2,80 на 5,40 метри и со тежина околу 1.350 килограми. Напредниот геометриски дизајн на двојната фасадна обвивка е многу софистициран, така што поединечните единици се наклонети едни кон други под различен агол од внатрешната фасада, при што се добива впечаток на танцувачки перформанс кој го изведуваат кулите. Двете згради со околу 80 и 90 метри висина, на места се доближени и се потпираат една со друга, за потоа на одредено ниво да се отклонат, со што се добива впечаток на движење. Токму поради овој формален гест кај 46

ПОРТА

28 ноември 2014

конструкцијата на фасадата биле констатирани 16 различни наклони кои се клучни за постигнување на саканиот ефект. Алуминиумските паспартуа и надворешните стаклени панели се фиксни и завртени кон внатрешната фасада. Паспартуата се мали отворени фасадни компоненти кои носат мал стаклен надворешен панел. Овие надворешни панели ги покриваат рамките на прозорците, така што обезбедуваат одредена заштита од дожд во внатрешноста. Без разлика што имаат одередена косина, корисниците сепак можат да ги отворат прозорците. Пристапната опрема за чистење и одржување на зградата е сместена долж страните на паспартуата, кои исто така содржат и системи за заштита од ветер и сонце кои се содржани во алуминиумски ламели сместени во предниот дел на внатрешната фасада. За разлика од останатите конвенционални методи на градење, фасадата на Tanzende Türme е изградена од надворешноста кон внатрешноста. Почетокот на проектот бил со дизајнирање на 3D модел на обвивката на објектот, кој сакал да ги прикаже комплексните геометрии на различните агли на фасадата. 


архитектура

28 ноември 2014

ПОРТА

47


експерт

ОТВОРАЊЕ НА ПОТЕНЦИЈАЛИТЕ НА ДИГИТАЛНАТА ТЕХНОЛОГИЈА

Првата „тридимензионално Британските аналитичари во овој прототип гледаат современ пристап кон традиционалните префабрикувани станбени објекти, што можеби ќе биде одговор на станбената криза со која земјата се соочува денес

В

о рамките на овогодишниот Лондонски фестивал на дизајнот, кој се одржа од 15 до 26 септември, на плоштадот пред објектот на Градежниот центар што се наоѓа веднаш до прочуената лондонска трговска улица Tottenham Court Road, беше изградена првата „отпечатена“ куќа во светот. Станува збор за проектот WikiHouse 4.0 за непрофитен прототип кој ќе го донесе дизајнот „open-source“ во сферата на изградената средина. Така, Градежниот центар во соработка со своите партнери Architecture Zero Zero и инженерите на ARUP, ја изградија првата во светот ниско-енергетска двокатна куќа, за која проектот може кој и да било во светот да го симне од Интернет, да го „отпечати“ и да го состави самиот објект во рок од неколку дена и тоа без никакви посебни градежни вештини. Вредноста на градежните материјали потребни да се изгради ваквиот објект во Лондон се проценува на околу 60 илјади евра, што е исклучително мала во британски контекст.

48

ПОРТА

28 ноември 2014

Изградениот објект е двокатна куќа со две спални соби, со носечка рамковна конструкција од дрво и со површина од 68 метри квадратни. Плановите за објектот можат без надомест да се симнат од веб страницата, а потоа, со помош на технологијата „open-source“, елементите на куќата можат дигитално да се исечат и произведат со примена на технологија наменета за тридимензионално печатење. Објектот е испроектиран со програма за КАД (CAD) проектирање, додека градежните елементи се произведени со примена на 3Д (3D) печатари и ЦНЦ (CNC) машини за обработка на дрво. Во рамките на оваа манифестација, мала група волонтери без градежно искуство го имаат составено објектот во рок од само осум дена. Според ко-проектантот на овој објект, господинот Алистер Парвин (Alastair Parvin), од почетокот на индустриската револуција па до сега, во рамките на градежната индустрија преовладувала идејата, дека доколку сакаме да градиме домови, тие треба да бидат изградени од навистина големи организации кои ќе го сторат тоа

за нас. Според него, овој традиционален пристап сега е изложен на предизвик кој произлегува од моќта на Интернетот и моќта на дигиталното производство, како и новите технологии кои не само што имаат потенцијал да го променат начинот на кој градиме, туку и да го сменат тој што ги гради објектите. За господинот Парвин, со оваа инсталација се сака да се поттикне имагинацијата на луѓето за тоа, како новата технологија сега ќе овозможи, речиси секое лице да може да си дозволи своја куќа која ќе биде изградена според неговите желби, но без потреба од традиционалните градителски вештини. WikiHouse 4.0 не е единствениот проект за „тридимензионално отпечатена“ куќа во светот. Претходно, оваа година во Амстердам отпочнал проектот 3D Print Canal House којшто се состои од изложба, истражување и градежна парцела за 3Д Печатена архитектура (3D Printed Architecture). Станува збор за иновативен проект кој се очекува да трае три години и каде интернационален тим соработува во програма на „истражување


експерт

отпечатена“ куќа во светот! д-р Владимир Б. ЛАДИНСКИ,

дипл.инж.арх. (Велика Британија)

Alastair Parvin

и изработка“ која ја поврзува науката, проектирањето, изградбата и заедницата, и од кој проект се очекува да резултира во печатење на 3Д куќа на канал на експо (изложбена) локација во центарот на Амстердам (3dprintcanalhouse.com). Од друга страна, во Кина, шангајската компанија „WinSun Decoration Design Engineering“ оваа година изградила комплекс од десет куќи комплетно 3Д отпечатени од рециклиран материјал за помалку од 24 часа, користејќи огромен 3Д печатар кој е 150 метри долг, 10 метри широк и 6,6 метри висок. На неговиот развој се работело цели 12 години, а неговата вредност изнесува 3,2 милиони долари. Секоја од овие куќи се со површина од 200 метри квадратни и биле отпечатени со „мастило“ кое претставува мешавина од градежен и индустриски отпад направен од комбинација на цемент и стаклени влакна. Околу 4.800 американски долари чинела изградбата на секоја од овие куќи, и тоа со учество на многу мала работна сила за самата изградбата, како резултат на што се очекува дека во иднина, откога овој вид

надомест на веб страницата (www. wikihouse.cc) до крајот на оваа година, што ќе им овозможи на заинтересираните лица да заштедат и време и пари. За идните британски корисници на овој пристап, се очекува дека заштедите ќе бидат значителни, со оглед на тоа што вообичаено градењето на просечна куќа со две спални соби трае околу два месеци и чини околу 117 илјади евра, што е скоро дупло повеќе во однос на чинењето на прототипот WikiHouse во Лондон. За Колин Твиди (Colin Tweedy), главниот извршител на Градежниот центар, овој прототип на дом ги отвора потенцијалите на дигиталната технологија за да го смени начинот на којшто ние ќе ги проектираме, произведуваме и градиме зградите. Од друга страна, британските аналитичари во овој прототип гледаат современ пристап кон традиционалните префабрикувани станбени објекти, што можеби ќе биде одговор на станбената криза со која земјата се соочува денес.

на објекти ќе стане општоприфатен, ќе се овозможи задоволување на потребите за домување на бездомните и лицата со ниски примања преку 3Д печатењето на вакви зелени и економични за градба објекти. И покрај сличностите со примерите од Холандија и Кина, се смета дека постои суштинска разлика помеѓу нив и WikiHouse 4.0. За првите се смета дека се обиди преку поединечни проекти да се прикажат на пошироката јавност можностите што произлегуваат од новите технолошки достигнувања. За разлика од нив, се очекува дека технологијата WikiHouse ќе придонесе за создавање мрежа од електронски фајлови за градежни компоненти кои ќе можат да се отпечатат, а преку кои би отпочнала станбена „револуција“ преку која илјадници луѓе ширум светот можеби наскоро ќе бидат во можност да купат мала градежна парцела на која ќе можат да изградат финансиски достапен функционален дом без надворешна помош и во рок кој би се мерел во денови. Според најавите, проектите за куќата WikiHouse 4.0 ќе станат достапни без 28 ноември 2014

ПОРТА

49


in memoriam

50

ПОРТА

28 ноември 2014


дрвна архитектура

Спој на источна филозофија и западен дизајн Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ, инженер по дрвна индустрија

П

ознатиот јапонски архитект Шигеру Бан, за кого магазинот „Тајм“ пишува дека е еден од најголемите иноватори во 21 век во полето на архитектурата и дизајнот, уште еднаш го докажа својот иновативен дух и своето неприкосновено чувство за поврзување на дизајнот, естетиката и архитектурата. Швајцарската медиумска куќа Tamedia, за својот нов објект го повика токму Бан за проектот, кој и во овој објект ја употреби едноставноста на јапонската традиционална архитектура како основа на 

Медиумската куќа Tamedia, своето ново седиште го смести во срцето на Цирих, на илјада метри квадратни во продолжение на веќе постоечки урбан блок. Архитектот Шигеру Бан и во овој објект ја употреби едноставноста на јапонската традиционална архитектура како основа на целиот концепт.

28 ноември 2014

ПОРТА

51


дрвна архитектура

новиот концепт. Тој успева да ја долови хармонијата помеѓу источните и западните стилови и методи на проектирање. Новиот објект е изграден главно со употреба на дрво како конструктивен материјал и стакло како заштита на конструкцијата, и претставува одлично работно место за близу 480 медиумски работници.

52

ПОРТА

28 ноември 2014

Медиумската куќа Tamedia, своето ново седиште го смести во срцето на Цирих, на 1.000 м2 во продолжение на веќе постоечки урбан блок. Оваа компанија зазема неколку објекти од кои, новата зграда се издвојува не само по својот архитектонски карактер туку и по специфичната конструкција. Локацијата

е позиционирана кон источната страна на блокот со приближно 50 метри линеарна фасада која се протега долж каналот Sihl. Новиот објект е изграден на местото на стара демолирана зграда, но и покрај тоа создава континуитет со фасадата на стариот прилепен објект и максимално ги искористува дозволените димензии,


дрвна архитектура со цел да се добие најмногу употреблив канцелариски простор. Главниот влез е позициониран на крстопатот помеѓу улиците Werdstrasse и Stauffacherquai, кој истовремено функционира и како главен влез во целиот комплекс објекти. Објектот содржи приземје со седум ката и со два подземни ката, кои создаваат вкупна нето површина од 8.602 м2. Дополнителен простор може да се обезбеди со двокатен проект кој во иднина би можел да се подигне на соседниот објект. Од архитектонска гледна точка, една од главните карактеристики на објектот е неговата конструкција која е целосно изработена од дрвниот вид смрча, која покрај нејзиниот иновативен карактер во однос на технички и еколошки гледни точки, ѝ дава на зградата уникатен изглед како од надвор така и во ентериерот. Со цел да се изрази и потенцира оваа идеја, фасадата на објектот е комплетно изработена од проѕирно стакло. Посебен акцент е посветен на достигнување на енергетските стандарди, кои се многу строго ограничени во швајцарските закони. За достигнување на овие стандарди, секако помага и машинскиот дел на објектот кој е

проектиран за да ги задоволи највисоките стандарди за енергетска ефикасност. Во внатрешноста на објектот е осмислен и средишен простор преку целата висина на зградата во близина на источната фасада. Овој простор служи како „термален мост“ во рамките на генералната стратегија за искористување на енергијата. Покрај ова, просторот создава уникатни делови за корисниците на објектот, каде се обмислени ресторански делови и вертикални конекции помеѓу катовите. Овие „балкони“ може да се употребат, исто така, и за неформални состаноци и места за одмор. Подвижните прозорски системи овозможуваат овие простори да се трансформираат во отворени тераси за уживање во пријатното време и погледот на Цирих. Овие детали ја збогатуваат врската помеѓу ентериерот и околниот пејзаж. Дрвениот конструктивен систем на објектот, заедно со сите дрвени конструктивни врски се најголемата иновативност во проектот. Од техничка и еколошка гледна точка, овој конструктивен систем е во потполна согласност со околната градежна типилогија. Фактот што конструктивните елементи се

видливи е највпечатлив, а искреноста и едноставноста во изразот на убавината на дрвото, дава посебен карактер на просторот и ја подобрува работната атмосфера. Комплетната обработка и префабрикувањето на сите конструктивни елементи во контролирани фабрички услови, овозможило брзо и квалитетно градење на објектот на градежната локација. Еден од најважните концепти на јапонската архитектура е употреба на што помалку метални конектори во своите конструктивни врски, па така и тука, архитектот Шегеру Бан во своите конструктивни врски употребува метални конектори само таму каде што се неопходни. Одржлива архитектура е основниот принцип врз кој е креиран овој раскошен проект. Заради овој принцип на одржлива архитектура, токму дрвото е избрано како главен конструктивен материјал, главно заради тоа што дрвото е единствен потполно обновлив конструктивен материјал, кој може да се искористи во проекти со овој обем и при изградба на објектот најмалку ја загадува животната средина со јаглерод диоксид и други штетни гасови. 

28 ноември 2014

ПОРТА

53


екологија

СЕ ПОДГОТВУВА ЗЕЛЕНА ЛИСТА НА ЗАШТИТЕНИ ПОДРАЧЈА

Зеленилото е новото злато

Првите заштитени подрачја што ќе се најдат на оваа листа беа претставени на Светскиот конгрес за паркови, што деновиве се одржа во Сиднеј, а на кој официјални претставници на држави, членови на меѓународни организации, ренџери и бизнисмени разговараа за позитивните примери во менаџирањето на областите што се од исклучително значење за планетата Сашо КУЗМАНОВСКИ

Д

ваесет и три заштитени подрачја од Австралија, Јужна Кореја, Кина, Италија, Франција, Шпанија, Кенија и Колумбија ќе бидат првите што ќе се запишат во новата Зелена листа на заштитени подрачја на Меѓународната унија за конзервација на природата (IUCN), која деновиве се составува во IUCN. Листата беше претставена на Светскиот конгрес за паркови кој се одржуваше во Сиднеј, Австралија, од 12 до 19 ноември. Зелената листа на заштитени подрачја на Меѓународната унија за конзервација на природата е единствениот светски стандард за добри практики во заштитените подрачја. Нејзината цел е да препознае и промовира успешно менаџирање на највредните природни области на планетата. Првите 23 подрачја, што ќе станат дел од оваа листа, биле избрани меѓу 50 кандидати кои ги предложиле осумте земји, како дел од првата фаза 54

ПОРТА

28 ноември 2014

на зелената листа, јавуваат од IUCN. „Зелената листа на Меѓународната унија за конзервација на природата ги препознава оние подрачја кои успешно одговараат на предизвиците на 21 век и придонесуваат за доброто на луѓето и на природата“, ја пренесуваат од IUCN изјавата на Џулија Мартон-Лефевр, генералната директорка на Унијата. Избраните подрачја треба да исполнуваат строги критериуми, додаваат од IUCN, како на пример, квалитетот на заштитата на природните вредности, ефикасниот менаџмент и долгорочните резултати во заштитата. Критеиумите се разработени според предизвиците и можностите со кои се соочува секоја земја посебно. Меѓу успешните на оваа листа се најде Заштитеното подрачје Кејп Бајрон Стејт Националниот парк Араквал во Австралија, и тоа заради врската со локалната заедница. Националниот парк е прогласен во 2001 година, а во неговото управување учествува локалната абориџинска

заедница. Повеќе од 65 локални волонтери се грижат посетителите на паркот да се информираат за природните и за културните вредности кои се од исклучително значење за областа, велат од IUCN. Во кенискиот резерват Ол Пејета, пак, е дозволено чувањето стока во заштитената зона. Менаџментот на ова подрачје раководи со локална програма за одгледување крупен добиток и овозможува мониторинг, заштита и ветеринарни услуги. Со тоа се обезбедува заштита и на дивиот свет и на добитокот, како и засолниште и богати пасишта за локалните сточари. Од IUCN понатаму додаваат дека во Франција, природниот морски резерват Сербер-Бањул е пример за успешно заздравување на морскиот екосистем и морските видови уште од своето основање, во 1974 година. Локалната заедница исто така е вклучена во работењето на областа и активно го поддржува рибарството и туризмот. На посетителите особено им се препорачува едукативното подводно


екологија ПАРКОВИ, ЛУЃЕ, ПЛАНЕТА

сафари со водич на овој потег од Кот Вермеј, во подножјето на Пиринеите. Во Кина, шест заштитени области ги исполниле условите на Зелената листа. Влегуваат планината Хуангшан, област од Светското наследство, Националниот природен резерват Тангџиа, домот на загрозената популација на џиновски панди, како и Националниот природен резерват Источно Донгтинг Езеро. Во Шпанија, менаџментот на националниот парк Сиера Невада успешно балансира меѓу заштитата на кревкиот планински екосистем и богатото културно наследство и динамичниот и развиен туризам. Националниот парк Доњана е одличен во менаџирањето на

мочуриштата и културните вредности, а запишувањето на Зелената листа ќе биде завршено на почетокот на 2015 година. Стандардите на Зелената листа на заштитени подрачја на Меѓународната унија за конзервација на природата се очекува да придонесат за поголемо меѓународно признавање на запишаните заштитени подрачја со што ќе се зголеми политичката поддршка. Проектот ќе помогне да се зголеми и туристичката посета. Стандардот ќе се надградува и ќе држи чекор со глобалните практики и новите предизвици со кои се соочуваат заштитените подрачја. За запишување во Зелената листа на IUCN наредни чекаат подрачја од Мексико, Хрватска и неколку земји во Северна Африка.

Да се зачуваат највредните природни области на планетата и да се промовираат решенија за глобалните предизвици, беше фокусот на Светскиот конгрес за паркови 2014, кој се одржа во Сиднеј. Повеќе од 5.000 учесници, шефови на држави, министри, членови на меѓународни организации, ренџери, бизнисмени и членови на загрозени заедници од 160 земји дискутираа за иднината на заштитените подрачја. Овој конгрес се одржува еднаш на десет години за да се разговара за националните паркови, морските резервати и другите заштитени подрачја. Во светот денес постојат 200.000 заштитени подрачја кои покриваат повеќе од 14 проценти од копното и околу три проценти од океаните, велат од IUCN. Тие се чувари на дивиот свет и на уникатниот начин на живот, поддржуваат бројни домаќинства и се основа на зелената економија. Обезбедуваат вода за пиење на некои од најголемите градови во светот, ги контролираат климатските промени впивајќи огромни количества јаглерод, го одржуваат туризмот, ги штитат заедниците од природни катастрофи, ни го чуваат здравјето... Темата на конгресот оваа година беше „Паркови, луѓе, планета - решенија кои инспирираат“, а го организираа IUCN и Владата на Австралија.

28 ноември 2014

ПОРТА

55


хортикултура

Зеленилото - заштита од

поплави во урбаните средини Филип ФИЛИПОСКИ, дипл.шум.инж.

56

ПОРТА

28 ноември 2014


Со правилно подигнување на зелените површини во урбаните средини би се намалил во голема мера ризикот од поплави и ерозија на почвата на критични места

З

хортикултура

еленилото, односно зелената инфраструктура претставува најголемиот филтер во градовите која помага во намалување на загадувањето на површинската вода. Заедно со тревните површини значително го намалува отекувањето на површинската вода, со што се намалува ризикот од поплави и појава на ерозија на земјиштето. Запечатените површини како што се патиштата, плоштадите, зградите во урбаните средини ја зголемуваат количината и брзината со која тече површинската вода по обилните врнежи. Таа вода најчесто завршува во атмосферската канализација, која не секогаш е во состојба да ја прими целата количина, со што доаѓа до поплавување на околното подрачје. За таа цел, сè повеќе метрополи користат одржливи системи за одводнување, вклучувајќи ги зелените површини како најдобро решение во справување со оваа проблематика. Врнежите што паѓаат директно на дрвјата испаруваат повторно во атмосферата или паѓаат под крошните на дрвјата каде што повторно ја искористуваат преку коренот. Според едно истражување направено од страна на Армсон, Стрингер и Енос во Манчестер, Велика Британија, истражувачите ја испитувале улогата на дрвјата и тревните површини во намалување на течењето на површинската вода во урбаните средини, мерејќи ја количината на врнежи која навлегува во атмосферската канализација. За добивање на пореални резултати, направени се испитувања на пет мерни површини на различни локации во Манчестер каде што подлогата била во пад, со специфична покривка, односно под асфалт, под тревна површина, и една пошумена со Acer Campestre. Истражувањето се одвивало во периодот од јануари до септември 2011 година. Како што се очекувало, најголемо отекување на површинската вода се јавила кај парцелата со асфалт во просек од 62% од вкупните зимски врнежи и 53% од летените врнежи е оттечена во канализација. Испарувањето на водата е поголемо во летните денови поради повисоката температура на асфалтот. Кај површините под дрвја во просек истекувала 26% од вкупните врнежи во текот на зимата и 20% од вкупните врнежи во текот на летото, што укажува дека овие површини во голема мера ја растоваруваат атмосферската канализација. Затревената површина апсорбира најмногу од врнежите со просечно 1% оттечена вода во атмосферската канализација. Ова истражување јасно дава до знаење дека со правилно подигнување на зелените површини во урбаните средини би се намалил во голема мера ризикот од поплави и ерозија на почвата на критични места. 28 ноември 2014

ПОРТА

57


совети

Ходник во два дела

П

остојат главно две решенија за вашиот проблем. Ходникот, ако е можно, да се елиминира и да влезе во состав на собите или визуелно да се подобри постоечкиот изглед.

Поедноставно е второто решение. Монотонијата на ходникот ќе ја разбиете ако го поделите на два различни простори. Првиот дел од ходникот, долж преградниот ѕид меѓу него и кујната, може визуелно да се прошири така што ѕидот ќе биде транспарентен. Тој, ако е стаклена

Нашиот проблем е долгиот ходник кој води до бањата, но истовремено и до кујната и спалните соби. Како би можеле да го поправиме ваквиот долг и монотон изглед поради кој, веднаш на влезот, целиот стан изгледа одбивно?

MAJSTOR KOMPANI

Семејство Најдовски, Скопје

BOSILOVO

070-214-396

DVORNIK

Лична заштитна опрема од 1990 8 Mарт, бр. 2, 1000 Скопје Тел.: +389 2 3110 624 +389 2 3110 901 info@dvornik.com.mk Факс: +389 2 3110 546 www.dvornik.com.mk

majstorkompani@gmail.com

www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;

преграда, ќе овозможи делумно осветлување на ходникот преку кујната, но и визуелно ќе ги направи пошироки и ходникот и кујната. Вториот дел од ходникот, што води кон поинтимните делови на станот, може да се обликува поинаку од првиот. Таваницата нека биде спуштена и засведена со гипс картон плочи, а мекиот теписон на подот може да се вметне во подот од црн мермер со кој е покриен целиот ходник. Таваницата и гипсаните ѕидови се бојосани бело. Дополнителна динамика и ритам на просторот му даваат продорите на светлина од отворените врати на собите. Билјана СТЕВКОВСКА-САВИЌ, дипл.инж.арх.

bsavic@porta3.com.mk 58

ПОРТА

28 ноември 2014


РАБОТИЛНИЦА ЗА ФАРМЕРКИ ВО ИСТАНБУЛ

дизајн

Криволиниски ентериер

Работилницата во Истанбул го привлекува вниманието на пошироката јавност со неговата исклучителна функционалност и внесување на иновативност во работните процеси. Криволиниските линии во неговата внатрешност даваат една флуидност и магична експресивност во доживувањето, која понатаму се претвора во инспирација за понатамошно творење и создавање.

О

вој интересен и иновативен ентериер е дело на архитектонското студио Zemberek Design (Земберек Дизајн) од Турција. Тој е креиран да ги исполни комплексните барања на истражувачкиот центар на текстилната индустрија за тексас и деним во Истанбул. Основна цел и намера на дизајнот е да воспостави непосредна физичка врска помеѓу персоналот во работилницата, продуктите

Драгица ФАРРЕН, дип.инж.арх. и материјалите коишто дневно се користат. Набљудувајќи ги традиционалните дизајни на овој тип простории, било забележано дека дури и наједоставните активности како седење, одење, работење и евалуирање на продуктите, дури и на најниско ниво, го лимитираат функционирањето на работилницата. За новиот дизајн, се јавила потреба да се овозможи флексибилност, за едно динамично работење, со пристап до целот волумен, наспроти користење

на мал ограничен простор. Првичниот идеен концепт е базиран на создавање на една континуирана платформа чиишто можности можат да се менуваат и прошируваат, наспроти користење на традиционална маса којашто го лимитира просторот и можностите. „Ние имавме за цел да ги ослободиме варијантите за седење, да овозможиме работа во движење, потпирање, среќавање, лесна комуникација со хангарите, набљудување на материјалите 

28 ноември 2014

ПОРТА

59


дизајн

(деним, различни материјали и украсни елементи) од различни далечини и овозможување поглед на сите заедно, за разлика од традиционалното дефинирање на поединечни места за поединечно дејствување“, објааснуваат

60

ПОРТА

28 ноември 2014

од студиото „Земберек Дизајн“. Во оваа насока се создадени различни елевации до 80 см, одделувајќи ги просторите со различни интензитети и истовремено поврзувајќи ги во мултифункционални платформи.

Овие елевации се искористени и за вметнување на вградени плакари коишто овозможуваат чисто и минималистичко презентирање на просторот. Додека криволиниската форма во подот и плафонот ја поддржуват насоката на едно


дизајн

динамично и флексибилно работење. „Нашата цел беше да овозможиме полесно фокусирање на одредени продукти со визуелно изложување на помала селекција на материјали. Исто така, креиравме различни висини на

нивоа со интересно, природно и вештачко осветлување, кое би го насочило вниманието точно на продуктите“, велат од студиото. Работилницата во Истанбул го привлекува вниманието на пошироката јавност со неговата исклучителна функционалност и

внесување на иновативност во работните процеси. Криволиниските линии во неговата внатрешност даваат една флуидност и магична експресивност во доживувањето, која понатаму се претвора во инспирација за понатамошно творење и создавање. 

28 ноември 2014

ПОРТА

61


арт

Археолошки музеј -

сугестивен водич низ македонското минато Поставката на новиот Археолошки музеј во центарот на Скопје, која брои илјадници артефакти од цела територија на земјата, за прв пат ги претставува бронзениот штит со симболите на македонското кралство од Старо Бонче и луксузната стаклена чаша (дијатрета) од римско време најдена близу Дебар, кои се раритетни археолошки примероци во светската археологија Кате АНТЕВСКА, историчар на уметноста

62

ПОРТА

28 ноември 2014


А

рхеолошкиот музеј на Македонија, кој неодамна се отвори во центарот на Скопје, е пресек на исклучително вредни археолошки пронајдоци од целата територија на земјата, некои за прв пат изложени тука, кои навистина вредат да се видат. На површина од шест илјади метри квадратни, распоредени во три ката, се претставени неколку илјадници експонати, кои, слободно може да се каже, се есенција на тоа што се вели археологија во Македонија. Изложбената поставка е замислена на начин што на посетителот му овозможува да се движи низ изминатите векови, почнувајќи од праисторија па до среден век, додека

арт амбиентот е впечатлив и сугестивен. На приземјето се наоѓаат одделенијата за нумизматика, антропологија и лапидариумот, потоа како се качувате во погорните катови ги гледате материјалните остатоци од палеолитот, неолитот, енеолитот, бронзеното време, архајскиот, класичниот, македонско-хеленистичкиот и римскиот период, за на крај да се заврши со доцна антика и средниот век. Некои експонати ја имаат својата промоција токму тука. Еден од многуте репрезентативни примероци на новиот музеј е бронзениот штит од 3 век пр. н.е. откриен на локалитетот Старо Бонче во близина на Прилеп, кој првпат се изложува пред македонската и светската јавност. Во централниот простор на штитот е претставена 12-крака ѕвезда, во еписема, а околу неа се чита натписот на крал Деметриј. Кружното поле на бронзената плоча завршува со седум српести полиња во чија средина се изведени 8-краки ѕвезди. Штитовите припаѓале на војници од гардата на македонскиот владетел Деметриј II Полиоркет. Во Македонија се откриени уште два вакви штитови со симболите на македонското кралство, кои наскоро ќе бидат и презентирани. Според домашните научници, ова се ретки наоди во науката, слични примери има само уште во соседна Грција. Луксузната стаклената чаша од 4 век, т.н. дијатрета, најдена на локалитетот Таранеш близу Дебар, исто така има своја промоција во музејот. Чашата што била

Бронзен штит од 3 век пр. н.е., Старо Бонче

во римски гроб има основа на пехар, изработена е од белузлаво стакло, а околу основата пак има мрежест дел направен од малахитно-зелено стакло. Станува збор за вреден примерок, бидејќи во светот се познати околу десетина слични примероци. Ваквите чаши биле скапи и можеле да си ги дозволат само богати луѓе. Меѓу експонатите големо внимание привлекува реконструкцијата на т.н. „гроб на пајонската свештеничка“, најден во железнодопската некропола Лисичин Дол на локалитетот Исар Марвинци во Валандово. Во гробот се ставени култни бронзи, накитот и другите предмети кои биле најдени за време на ископувањата. Од Исар Марвинци е изложен и бронзениот појас пронајден 

Стаклена чаша од 4 век, Таранеш

28 ноември 2014

ПОРТА

63


арт

Бронзен појас од железно време, Исар Марвинци

Тетовска Менада

Dekada na uspe[no rabotewe 64

ПОРТА

28 ноември 2014


арт

Танчерка, теракотна фигура од Исар Марвинци

Гробот на т.н. пајонска свештеничка, Исар Марвинци

во некрополата Лисичин Дол, кој е единствен ваков пронајдок кај нас. Појасот е богато декориран со розети и бил гробен прилог. Поголема група на теракотни фигури од римско време од истиот локалитет се дел од големата поставка. Меѓу нив е т.н. танчерка. Навистина е преголем бројот на артефакти изложени во Археолошкиот музеј, затоа е и тешко да се издвојат

предмети по вредност, бидејќи сите се од големо значење за периодот што го застапуваат. Во нумизматичкиот оддел на пример, вредно е да се спомене депото на монети од времето на Александар III Македонски од Прилепец, Прилепско, како и сребрените монети од 13 век најдени на Скопско Кале. Во лапидариумот е изложена познатата Венера Пудика од Скупи, а во

музејот свое место најдоа и тетовската Менада, златниот накит и златните гулабици од Охридскиот регион од раната антика и од македонско-хеленистичкиот период, како и колекцијата на теракотните икони од Виничко Кале. Новиот Археолошки музеј на Македонија е капитален проект на Владата на Република Македонија и на Министерството за култура.  28 ноември 2014

ПОРТА

65


инфо

BAU 2015 - МИНХЕН

Најголем настан во градежниот сектор

О

д 19-24. јануари идната година Саемот во Минхен ги отвора портите за светскиот водечки настан од архитектура, материјали и системи, саемот BAU 2015, најголемиот и најважниот настан во градежниот сектор. Последниот саем се одржа пред две години. На него учествуваа над 2.000 изложувачи од повеќе од 40 земји од целиот свет, а го посетија над 235.000 посетители. На изложбениот простор на BAU од 180,000 м2 – површина од 25 фудбалски игралишта, секогаш резервиран до последен сантиметар – ќе се сретнат архитектонски решенија, материјали и системи за комерцијални и резиденцијални објекти, за внатрешно уредување, како на новоградби,

66

ПОРТА

28 ноември 2014

така и за реновирање и модернизација. BAU е, исто така, најголем светски саем за архитекти и градежни инженери, привлекувајќи повеќе од 60.000 дизајнери и професионалци. Планирањето и градењето стануваат се покомплексни и позахтевни. Глобализација, дигитализација, демографски промени, урбанизација, намалување на ресурсите, чиста енергија и потреба да се сочуваат енергијата и ресурсите се предизвиците со кои се соочува градежниот сектор се толку различни, што може да се победат само преку соработка помеѓу оние кои се инволвирани и преку употребата на нови материјали и технологии. Како изгледа иднината на градењето? Како архитектите и планерите ги решаваат овие проблеми? Какви иновативни производи,

системи и методи на производство постојат? Кој, во денешно време, има визија за тоа како ќе изгледа реалноста во градежништвото во иднина? Одговори на овие прашања ќе може да се добијат за време на форумите, кои се организираат во рамки на саемот. Експерти од целиот свет ќе одговараат на прашања на Bau 2015. Тие ќе споделуваат идеи и искуства од нивната работа и нивните проекти. Целни групи на посетители се: Планери, архитекти, дизајнери за внатрешна архитектура, инженери, надлежни лица од локалната и централната самоуправа, консултанти од енергенскиот сектор. Инвеститори, градежни фирми, градежна трговија, занатски фирми. Истражување и образование.


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.