PORTA3 206

Page 1

Нова архитектура во новото срце на Нов Белград

90 денари / БРОЈ 206 / ПЕТОК 03.05.2013 година IX

ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

isaLoni 2013, миЛано

Агент за недвижности најомразена професија

Зеленилото - хит во внатрешното уредување



ГОДИНА IX

БРОЈ 206 ПЕТОК 03.05.2013 Редакција:

ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ,

ОД РЕДАКЦИЈАТА

главен и одговорен уредник: Дејан БУЃЕВАЦ новинари: Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА

Насловна страница: ЛАМБИ COLETTE НАПРАВЕНИ ОД ПОЛИКАРБОНАТ, ОД ИТАЛИЈАНСКАТА ФИРМА PEDRALI Нова архитектура во новото срце на Нов Белград

ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

90 денари / БРОЈ 206 / ПЕТОК 03.05.2013 година IX

постулатите на одржливост и зелен дизајн. Најдолгиот пешачки дрвен мост во Европа е во Грузија. Во северниот дел од областа Анаклија тече големата река Енгури, која се влева во Црното Море. Во минатото, овој дел на реката бил недостапен за посетителите на Анаклија, но со изградбата на пешачкиот мост во должина од фантастични 505 метри дојде до поврзување на двата брега. Една од најомразените професии од јавноста во Велика Британија е агент за продажба на недвижности. Агентите за недвижности имаат свој јазик. Ситуацијата во оваа смисла е толку сериозна што во 1991 година британскиот парламент донесе Закон за погрешно опишување на имоти, со кој, веројатно, се стави крај на најексцесните примери на злоупотреба на говорниот јазик и опишувањето на дрвената барака во дворот како палата. Нова архитектура во новото срце на Нов Белград. Хотелот „Фалкенштајнер“ во Белград е инвестиција која изнесува 40 милиони евра. Објектот од 24.200 квадрати е граден скоро две години, а негов автор е познатиот виенски и европски архитект Борис Подрека. Тој претставува прво негово реализирано дело во родниот град. ,

„Порта 3“ и годинава ви ги пренесува впечатоците од Меѓународниот саем за мебел iSaloni 2013, во Милано. Општиот заклучок е дека зеленилото е хит во внатрешното уредување. Наспроти кризните времиња, овогодишниот iSaloni потврди дека дизајнот и креативната иновација и натаму остануваат добра инвестиција. Според својата убавина, географската позиција и биолошката разновидност, Динарската верига стои рамо до рамо со Карпатите, Алпите или кој и да е друг екорегион во светот. Сега преку проектот „Парковите на Динарската верига“ што го реализира Светскиот фонд на дивиот свет (WWF), таа ќе добие подобра заштита и ќе развива одржлив туризам. WWF преку регионален проект ги поврза националните паркови од Словенија до Албанија во кој влегуваат и трите национални паркови во Република Македонија - Маврово, Галичица и Пелистер. Враќање кон архаичноста. Градењето со помош на набиена земја потекнува од прастари времиња; овој материјал е секаде околу нас, и тоа во својот природен, непреработен облик. Во последните години, овој систем на градење повторно се актуализира, темелејќи се на

Агент за недвижности најомразена професија

iSALONI 2013, МИЛАНО

Зеленилото - хит во внатрешното уредување

Автори: ALBERTO BASAGLIA И NATALIA ROTA NODARI

ГРАДЕЖНИШТВО 23

23

ВРАЌАЊЕ КОН АРХАИЧНОСТА

АРХИТЕКТУРА 26

НОВА АРХИТЕКТУРА ВО НОВОТО СРЦЕ НА НОВ БЕЛГРАД

графички уредник: Дејан ДАВИТКОВ фоторепортер: Кире ПОПОВ лектор: Костадинка СОЛЕВА Издавачки совет: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. - претседател проф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА, дипл.град.инж. Вања ДОНЧЕВА, дипл.инж.арх. Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. проф. д-р Катерина ДОНЕВСКА дипл.град.инж. Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 9, 1000 Скопје

МЕДАЛ „АЛВАР АЛТО“ 30 АВТЕНТИЧНО И ТИВКО ОКУПИРАЊЕ НА ПРОСТОРОТ

Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk

41

ТЕХНОЛОГИИ 41 UBUNTU 13.04 НАВИСТИНА ДОБАР LINUX

Печати:

ЕКСПЕРТ 44

Маркетинг:

ЕДНА ОД НАЈОМРАЗЕНИТЕ ПРОФЕСИИ ОД ЈАВНОСТА

ЕКОЛОГИЈА 48

biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796

30

„НЕОТКРИЕНИОТ СВЕТ НА ДИНАРИДИТЕ“

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.500 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485

ХОРТИКУЛТУРА 50

ПОЛЕН - ЕДЕН ОД НАЈЧЕСТИТЕ ПРЕДИЗВИКУВАЧИ НА АЛЕРГИИ

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година

САЕМИ 52

ISALONI 2013, МИЛАНО ЗЕЛЕНИЛОТО - ХИТ ВО ВНАТРЕШНОТО УРЕДУВАЊЕ

надворешни соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ПЕТРОВ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Александра ШЕКУТКОВСКА Анастасија НИКОЛОВСКА Андреа ЈАМАКОСКА Билјана САВИЌ Бојана ФИЛИПОВИЌ Биљана СТОЈАНОВИЌ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (AНГЛИЈА) Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Ивана ГРУПЧЕ Кате АНТЕВСКА Кире КИПРОСКИ Михаил ТОКАРЕВ Никола НЕШКОСКИ Сандра ДОНЧЕВА ТЕОХАРОВА Сашо КУЗМАНОВСКИ Трајче СТОЈАНОВ Филип ФИЛИПОСКИ Франческо ЧИТРО (ИТАЛИЈА)

48

50

Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.


инфо

ПОЛИЕТИЛЕНСКИ И ПОЛИПРОПИЛЕНСКИ - ВОДОВОДНИ СИСТЕМИ - ГАСОВОДНИ СИСТЕМИ - KAНАЛИЗАЦИСKИ СИСТЕМИ ИНОВАТИВНА ТЕХНОЛОГИЈА ПО СИТЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ СТАНДАРДИ

Tel: 00 389 034 212 064 00 389 034 211 757 00 389 034 215 225 00 389 034 215 226 Fax: 00 389 034 211 964 e-mail: contact@konti-hidroplast.com.mk e-mail: hidropl@t-home.mk www.konti-hidroplast.com.mk Industriska bb 1480 Gevgelija MACEDONIA 4 ПОРТА 3 мај 2013

3


8. Белградска интернационална недела на архитектурата - БИНА 18-30 април 2013

Разоткривање на архитектурата БИНА – Белградската интернационална недела на архитектура ја доби Наградата на град Белград – специјално признание за исклучителен придонес во реализација на настаните од значење за град Белград за 2012 година, како и наградата Сребрена снегулка на сараевската зима 2012 во категоријата за најдобро остварување на полето на визуелна уметност, за изложбата Богдан Богдановиќ – проколнат градител, организирана во соработка со Музејот на град Белград и со Архитектонскиот центар од Виена. Овогодишната тема на БИНА е Разоткривање на архитектурата: што сè се крие зад архитектонската продукција, зад готовите слики, на кои сè начини можеме да ја посматраме струката и нејзините проблеми денес... Ни се чини дека разоткривањето на архитектурата е единствено што во овој тежок момент им преостанува на архитектите. Заради тоа сакаме со Вас да ја споделиме надежта дека преиспитувањето на постапките од произведената архитектура – од првите укажувања во свеста до последната завртка на градилиштата - ќе им помогне на сите да ги пронајдат оние места во архитектурата кои денес се важни за другите, а не само за архитектите, и да ги отворат оние патишта кои ќе ги поврзат со опкружувањето што имаат намера да го менуваат. Учесници: Shohei Shigematsu (OMA, NY) Wolf Prix (COOP HIMMELB(L)AU) Миленија и Дарко Марушиќ Конференција UIA REGION II Урбан инкубатор Белград - Сава маало: преродба на градската четврт (во соработка со инстутутот Goethe во Белград) Мирјана Милановиќ (DRO Amsterdam) Travelogue 2011 Изложба на словенечка архитектура Изложба на Годишните награди за архитектура Изложба Архитектонски и урбанистички конкурси Изложба do.co.mo.mo Srbija Изложба на минијатури Vitra Трибини Прошетки Детски работилници

3

3 мај 2013 ПОРТА

5


инфо

Семинар на Двапати Е - Енергетска Ефикасност

Дрвото - материјал со огромен потенцијал Единствен градежен и изолациски материјал кој е обновлив и има широка употреба во сите делови од градежништвото Александар Черепналкоски

Д

околку правилно се искористи, дрвото поседува голем потенцијал бидејќи има одлични карактеристики како што се димензиона стабилност при правилно сушење, одлични термички и сеизмички карактеристики, лесен материјал за обработка, добри еколошки карактеристики и секако, дрвото има висока естетска вредност која го оплеменува просторот. Ова беше истакнато на семинарот на тема „Дрвото како единствен градежен и изолационен материјал кој е обновлив“. Семинарот беше организиран од страна на Здружението за одржлив енергетски развој Двапати Е – Енергетска Ефинаксност. На семинарот беше презентирано дрвото како материјал со широка употреба во сите делови од градежништвото. Горан Фидановски, организатор и главен 6

3

ПОРТА

3 мај 2013

презентер на семинарот, ги претстави сите предности на дрвото во однос на другите градежни материјали. На презентацијата беа дефинирани сите области каде што дрвото може комплетно да замени други материјали, како на пример во конструкцијата на градежните објекти, како фасаден материјал, како идеален материјал за кровни конструкции, а особено за доградување поткровја и друго. Во продолжение на презентацијата, исто така беше претставено и дрвото како материјал за сувомонтажни кошулици и како одличен изолационен материјал. Преку примери беа издвоени неколку изолациони материјали како што се дрвената волна, целулозните влакна, ситно сецкана хартија и слично. Како една од најважните способности на дрвото беше истакната неговата хигроскопна способност, односно способноста да впива и испушта влага, регулирајќи ја влажноста

во просторијата. Дрвото при висока влажност на воздухот има способност да ја впие влагата, а во периоди кога воздухот е сув да ја испушти. Оваа карактеристика на дрвото овозможува пријатни и здрави услови за живеење во просториите каде што е искористено. На семинарот присуствуваа професионалци со долгогодишно искуство во градежниот сектор и преку интерактивна комуникација можеа да се разменат мислења и искуства за дрвото и неговата употреба во практиката. Генералниот заклучок беше дека дрвото е материјал со огромен потенцијал, но дека потребни се многу вакви семинари и промотивни кампањи за негова промоција. Овие промоции за квалитетите на дрвото и неговиот потенцијал како градежен материјал се секако за поздравување и редакцијата на „Порта 3“ редовно ќе ги следи и ќе информира за нив.


Германско искуство за искористување на македонското сонце

инфо

Соларно поле

Стручно обучени кадри за соларни инсталациони техники

З

на обновливите извори на енргија со која се заштитува животната средина, а истовремено се заштедуваат ресурсите на електрична енергија, јаглен и дрво, чија цена од ден на ден е се повисока. Потребата за обука за соларни инсталациони техники произлегува од се поголемиот интерес и почестата примена на ваквите системи во нашата земја, додека пак на пазарот на труд има недостиг на работна сила која е стручно оспособена со знаења, вештини и компетенции од оваа област за да може директно да се вклучи во процесот на работа врзана за оваа проблематика. Досега работодавачите

беа приморани да ангажираат работна сила без потребните квалификации и да ја обучуваат во рамки на своето работење, а сето тоа ги чинеше време и пари. Обуката ја спроведуваат тренери обучени за соларни инсталациони техники од страна на Handwerkskammer Koblenz - Германија, за што имаат добиено и меѓународен сертификат за мултипликатори од оваа област. Сите учесници кои успешно ќе ги поминат сите тестирања се стекнуваат со сертификат за стекнати знаења, вештини и компетенции за соларни инсталациони техники.

Шема на сончеви колектори

анаетчиската комора на град Скопје успешно ја отпочна реализацијата на обуката за соларни инсталациони техники, која наиде на голем интерес од страна на заинтересирани учесници, што покажува дека сè повеќе се гради свеста за искористување на обновливите извори на енергија. Целта на оваа обука е да одговори на барањето за кадри кои ќе се обучат за соларни инсталациони техники, имајќи ги предвид залагањата на нашата земја за сè поголемо искористување

Панче Костуранов, дипл.инж.арх.

Шема на фотонапонски системи

Комбиниран систем на сончеви колектори и фотонапонски панели

3

3 мај 2013 ПОРТА

7


инфо

ИЗИИС - Институт на УНЕСКО

И

нститутот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) е прогласен за Институт на УНЕСКО. Одлуката е донесена на седница на Извршниот одбор на УНЕСКО што се одржа во Париз. ИЗИИС информира дека со прогласување за институт на УНЕСКО ќе го промени своето име, односно во иднина ќе се вика Меѓународен институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, ИЗИИС Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.

Михаел Гаревски: ИЗИИС е формиран по препорака на УНЕСКО во 1965 година

На инсистирање на Институтот, покрај новото име ќе стои и кратенката ИЗИИС по која тој е препознатлив во светот. Во иднина, како што информира ИЗИИС, во своите меморандуми покрај неговото лого и логото на Универзитетот, ќе го користи и логото на УНЕСКО. Со прогласувањето за Институт на УНЕСКО, ИЗИИС е единствената и прва институција на УНЕСКО од Македонија. ИЗИИС ќе биде и единствениот Институт на УНЕСКО кој ќе работи во областа на земјотресното инженерство,

сеизмологијата и намалувањето на ризиците од катастрофалните земјотреси. Приемот како Институт на УНЕСКО е несомнен успех за ИЗИИС, за Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и за Владата на Република Македонија. Инаку, ИЗИИС е формиран по препорака на УНЕСКО во 1965 година. На седницата на Извршниот одбор на УНЕСКО во Париз директорот на ИЗИИС Михаел Гаревски заблагодарувајќи се изложи неколку факти од кои можеше да се види досегашно и сегашно реноме на Институтот во светот.

НАЦИОНАЛНО ПРИЗНАНИЕ ЗА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ

„А

дора Инженеринг“ го доби 8-то високо национално признание за најдобри општествено одговорни практики, плакета за 2012 година, за проектот ЕКО ДОМ ЗА ДЕНЕС И ЗА УТРЕ, СКОПЈЕ-ПОД ВОДНО, во категоријата „Однос кон животната средина“ од Министерството за економија. Објектот Скопје-Под Водно, има фотоволтаични системи и не зависи од напојување

8

3

ПОРТА

3 мај 2013

со струја од електро мрежата за заедничко осветлување, со што нема сметки за струја, високата изолација штеди енергија за ладење и греење и ги намалува сметките за потрошена енергија, а се заштитува и животната средина. Во соработка со ПАКОМАК, се реализира проектот за селективно собирање на отпадот, што потоа се складира и рециклира. Проектот опфаќа и оплеменување на околината со повеќе од 400 засадени зимзелени дрвја, со 10ина канделабри и изградба на фонтана со ликот на Пресвета Богородица.

аДоРа инженеРинг


фото инфо Додека во светот посебно внимание се посветува на заштита на животната средина и живиот свет, и се прават разни акции за зачувување на зелените површини особено во урбаните подрачја, во Македонија тие се уништуваат. Така, при сечењето на зеленилото во Центар, не настрадаа само дрвјата, туку и птиците!

3

3 мај 2013 ПОРТА

9


Б


градежништво

9. СИМПОЗИУМ НА ЕВРОПСКИОТ КЛУБ НА МЕЃУНАРОДНАТА КОМИСИЈА ЗА ГОЛЕМИ БРАНИ

Размена на искуства за безбедно и одржливо акумулирање на водите Најголемиот сегашен предизвик во Европа е минимизирањето на трошоците за производство на енергија со редукција на влијанието врз животната средина. Симпозиумот потврди дека хидроенергијата останува најефикасен извор за електрична енергија, со кој проф. д-р Љупчо Петковски воедно се обезбедува минимален ефект врз околината.

, Градежен факултет во Скопје

Е

вропскиот клуб (ЕC) на Меѓународната комисија за големи брани (ICOLD) e прв регионален клуб на ICOLD најавторитетната институција во инженерството за брани во светот. ЕС е формално етаблиран во 1996 година во Швајцарија, следејќи ги прелиминарните собири од 1993 година, и моментно во него членуваат национални комитети за големи брани на 21 земја од Европа, меѓу кои и Македонскиот комитет за големи брани (MACOLD). Главните активности на ЕС се симпозиумите што традиционално се организираат на секои три години, и бројните извештаи на работните групи за технички и административни аспекти на браните, кои се достапни на сајтот на Португалскиот комитет за големи

Хотел NH Laguna Palace, во Mestre/Venice (со најголем стаклен покрив на Светот)

брани, http://cnpgb.inag.pt/IcoldClub/. Неодамна во Венеција, Италија, се одржа 9. Симпозиум на EC на ICOLD. Симпозиумот го отвори претседателот на организациониот одбор, Giovanni Ruggeri, a успешна работа на учесниците им посака претседателот на ICOLD-EC, Јоse Polimon. Симпозиумот беше организиран од Италијанскиот комитет за големи брани (ITCOLD), со поддршка на ICOLD-EC, Италијанската хидротехничка асоцијација (AII) и Италијанската геотехничка асоцијација (AGI). Главни покровители на симпозиумот беа ENEL (најголема енергетска компанија во Италија, која управува со инсталиран електро капацитет од 40 GW) и Министерството за инфраструктура и транспорт на Италија. Основната цел на симпозиумот беше содржана во неговиот наслов „Размена на искуства за безбедно и

одржливо акумулирање на водите“. Темите на симпозиумот, иновирани и поедноставени според поднесените реферати од учесниците, беа следниве: (А) Управување со водните ресурси во Европа, (B) Заштита и развој на Европската хидротехничка инфраструктура, (C) Приказ на иднината на браните и хидроелектричните централи - нови предизвици, (D) Социолошки/ еколошки влијанија наспроти добивките од акумулациите - сè уште отворено прашање и (E) Подобрување и хармонизирање на администрирањето со браните во Европа. На симпозиумот беа презентирани 140 реферати (отпечатени во Зборник) од 26 земји, рецензирани од научен одбор составен од 12 члена, најеминентни европски научници во областа на браните. Најголемиот број реферати од 

3

3 мај 2013 ПОРТА

11


градежништво Објавени реферати на симпозиумот Просторна симулација на новиот преливник кој требаше да биде имплементиран на десниот бок на браната Malrace, Франција

Низводен поглед на изградениот пијано преливник на браната Malrace, Франција

темата (А), главно се однесуваа на интегрално и одржливо ползување на водните ресурси, земајќи ги предвид ефектите од климатските промени на управувањето со водите. Посебен интерес предизвика рефератот „Водопадите Marmore, Италија – пример за управување со водите во минатите 25 векови“, чија хидротехничка историја датира од 271 година пред нашата ера. Темата (B) опфати половина од рефератите на симпозиумот. Околу 20 реферати се однесуваа на одржување и рехабилитација за подобрување на нивото на сигурност на бетонски, ѕидани и насипни брани. Како значајни примери за рехабилитација на хидротехничките објекти може да се издвојат: надградбата на преливниот капацитет на браната Malrace, Франција, со изградба на дополнителен пиjано преливник и санацијата на старата ѕидана брана Le Verut, Франција, со низводна камена потпора. Помал број реферати се однесуваа на обложување со полимерни фолии за намалување на филтрацијата низ браните и основите. Интересен е примерот со пумпно-акумулационата централа Okinawa, Јапонија, каде е имплементирана можноста за користење на скоро бесконечен ресурс – океанска вода, зашто концептот 12

3

ПОРТА

3 мај 2013

се базира на морето како долен базен. Водонепропустливоста на горниот базен, каде се складира скапата морска вода добиена со пумпање, е обезбедена со обложување со PVC геомембрана во 1996 година. Во голем број реферати беа презентирани резултати базирани на употреба на нови дијагностички методи, математичко моделирање и повратни анализи за што попрецизна интерпретација на однесувањето на системот брана/основа/акумулација. Околу 10 реферати се однесуваа на техниките за следење, набљудување и системи за предупредување кај хидротехничките објекти, а исто толку и на проблематиката на сеизмички хазард и одговор на браните на дејство на силни земјотреси. Во темата (С) беа застапени реферати кои го третираа најголемиот сегашен предизвик во Европа – минимизирање на трошоците за производство на енергија со редукција на влијанието врз животната средина. Со рефератите беше потврдено дека хидроенергијата останува најефикасен извор за електрична енергија, со која воедно се обезбедува минимален ефект врз околината. Посебен акцент беше даден на изградбата на нови реверзибилни хидроцентрали во спрега

со изведбата на други обновливи извори на енергија (главно ветер и сончева енергија), со што тие индиректно се трансформираат во конвенционални капацитети за производство на електрична енергија. Една третина од рефератите во темата (D) беа посветени на управувањето со поплави, во поглед на нивно спречување и ублажување, земајќи ги предвид климатските промени, а останатите се однесуваа на проблемите со таложење на нанос, но и со социолошки и еколошки аспекти, како и со квалитетот на водата кај акумулационите хидроцентрали. Околу половина од рефератите во темата (Е) беа посветени на стопанисување, прописи и упатства за браните во европските земји (Франција, Шведска, Финска, Словенија, Италија), кои може да претставуваат прв чекор кон изработка на европски норматив за брани. Еден дел од рефератите се однесуваа за користење на методологии за анализа на ризик во проценка на безбедноста на браните. Станува збор за сеопфатна анализа со цел да се добие рационална проценка на ефектот од различни мерки за редукција на ризикот, и да се одреди приоритетот во интервенциите кај браните. И конечно, седум реферати беа посветени на еден од најголемите предизвици


градежништво

Карактеристичен напречен пресек на затворач од системот Mose. (1) затворач, (2) прицврсување, (3) лежишна конструкција, (4) баласт со вода, (5) баласт со бетон, (6) машинска сала и пристапни тунели, (7) гранична преграда, (8) темелна плоча на колови

Карактеристичен напречен пресек на Le Verut, Франција Акумулација Okinawa, Јапонија, горен базен на првата реверзибилна хидроцентрала со морска вода во Светот со инсталираност 30 MW

Машинска сала на хидроцентрала Nove, изградена на почетокот на XX век

Физички-хидраулички модел на свлечиштето и акумулацијата Вајонт

Узводна страна на браната Вајонт, април 2013

во полето на браните - трансмисија на знаењето и искуството стекнато со децении од претходните генерации на новите – што беше основна задача на 9. ЕС симпозиум. Покрај теорискиот дел од симпозиумот, квалитетно беше спроведен и практичниот дел - со стручна посета на браната Vajont (најголемата трагедија со брана во Европа) и системот Моse (најскапиот хидро проект во Европа, кој во моментот е во тек на градба). На обиколката на браната Vajont ѝ претходеше посета на хидроцентралата Nove и разгледување на физичкиот модел на лизгањето на земјиштето во акумулацијата Вајонт. Браната Вајонт е двојно закривена лачна брана со височина од 261,6 метри, и во периодот кога била изградена, 1957-1960 година, била највисоката лачна брана во светот. За време на првото експериментално полнење на акумулацијата, во ноември 1960 година, се појавило мало лизгање на земјиштето во левиот бок, низводно од преградниот профил. После деталните геолошки истражувања е откриено огромно свлечиште, за кое не било можно стабилизирање, и се предвидело дека со лизгањето ќе ја подели акумулацијата на два дела. Затоа бил изграден бајпас тунел во десниот бок, за поврзување на низводниот дел на езерото со делот непосредно низводно од браната, како и физички модел за истражување на ефектот врз акумулацијата од свлекувањето на падинскиот материјал. Со физичкиот модел биле анализирани голем број сценарија со различни времетраења на лизгање на земјиштето. Со најкритичното анализирано сценарио, со времетраење од две минути, била определена безбедносната кота во 

Оперирање со подвижниот затворач на системот Mose

3

3 мај 2013 ПОРТА

13


градежништво акумулацијата, која била усвоена на 20 м под круната на преливот. Во декември 1963 година дошло до лизгање на огромна земјишна маса од околу 200 милиони метри, која паднала како еден блок во акумулацијата за само половина минута. Бранот од истисната водна маса од акумулацијата во бочните зони ја надвишил круната на браната за неверојатни 150 метри, од што бил генериран катастрофален бран во низводната долина со волумен од 50 милиони кубни метри и височина од 250 метри. Од пропагацијата на бранот во долината Вајонт и по должина на реката Piave бил уништен градот Longarone (на 4 km низводно од профилот) и неколку села. Повеќе од 2.000 луѓе загинале. Браната Вајонт се здобила со занемарливи оштетувања, а според досегашната перманентна оскултација е констатирано дека регуларно се однесува. Меѓутоа, после пет децении од големата трагедија, сеќавањата се толку трауматични, што никој не помислува

14

3

ПОРТА

3 мај 2013

на повторно полнење на акумулацијата и користење на хидросистемот. Од почетокот на XX век, како што е спуштено земјиштето во Венеција во однос на нивото во Јадранско Море, високото водно ниво станува сè почеста појава. Ваквата појава претставува главен проблем за нормалниот живот на граѓаните, како и за заштита на архитектонското наследство на Венеција. Хидросистемот Моѕе, за заштита на Венеција од висока вода, се состои од три подвижни прегради (Lido, Malamoco и Chiggonia), направени на три отвори (добиени со насипите со кои е одвоена лагуната од морето), и низ кои протекува водата од морето во лагуната. Градежните работи се започнати во 2003 година и досега се завршени 75%, а со инсталирањето на затворачите ќе се заштити лагуната од приливот на вода при високо ниво во морето. Подвижните прегради се состојат од неколку реда на затворачи. Во нормални услови на прилив, затворачите лежат во

конструкциите, целосно невидливи и не влијаат на истекувањата меѓу морето и лагуната. Ваквите прегради ќе се подигнат само кога е неопходно да се блокира надојдениот прилив од морето и да се избегне поплавувањето на Венеција. На крај би истакнал дека учеството на вакви меѓународни симпозиуми е од непроценливо значење за хидротехничарите, независно од тоа дали се занимаваат со теориска или практична дејност. Овие собири се можност за добивање нови сознанија, за неопходни контакти и комуникација со колеги од други истражувачки центри и, што е најбитно, за размена на искуства и споредба на резултатите од научно-истражувачките активности. Ја ползувам оваа можност да се заблагодарам на Градежниот факултет во Скопје, како и на други институции (почитувајќи ја нивната преференција за анонимност), без чија финансиска поддршка, учеството на симпозиумот во Венеција ќе беше тешко изводливо. 


Bauma 2013 - 30. Меѓународен саем за градежни машини

градежништво

Најголема концентрација на градежниот сектор во светот На саемската манифестација беа презентирани најразлични иновации од градежната индустрија, се со цел да се постигне намалување на трошоците, зголемување на ефикасноста и намалување на еколошките ризици Вангел Каратуков, дипл.инж.

Ј

угоисточниот дел на Минхен во периодот од 15 до 21 април годинава, беше центар на светските случувања во градежната индустрија. Како најголем настан од овој вид, Bauma 2013 го докажа своето реноме. Во текот на седумдневното траење на саемот, на него се претставија над 3.300 компании од целиот свет, од најразлични

профили во градежната индустрија. Bauma 2013 ги сруши сите досегашни рекорди, и во однос на бројот на изложувачи и по бројот на посетители. Самите бројки околу Bauma доволно говорат за каков настан се работи: 570.000 квадратни метри изложбен простор, од кои 16 хали и 390.000 квадратни метри надворешен простор. Според податоците од организаторот, Messe Munchen International,

оваа година е поставен и нов рекорд во однос на бројот на посетители, над 530.000, од кои 200.000 од странски земји. На саемската манифестација беа презентирани најразлични иновации од градежната индустрија, се со цел да се постигне намалување на трошоците, зголемување на ефикасноста и намалување на еколошките ризици. Едни од позабележителните настапи 

3

3 мај 2013 ПОРТА

15


градежништво

на овогодишниот саем, беа настапите на гигантите во градежниот сектор: американскиот производител на градежни машини Caterpillar, јапонскиот производител на градежни и рударски машини Komatsu и кинескиот производител на градежни машини XCMG (Xuzhou

16

3

ПОРТА

3 мај 2013

Construction Machinery Group). За успешното изложување на саемот, доволно говори изјавата на потпретседателот на кинескиот XCMG, дека за времетраењето на саемот нивната компанија успеала да договори нарачки од преку 10 милиони евра за 120 машини,

со што целосно е оправдана нивната инвестиција за учество на годинешниот саем. Американскиот производител Caterpillar, исто така објави дека е поставен нов рекорд во продажбата на машини на нивното досегашно учество на овој саем. Партнерска земја на годинешната Bauma


градежништво

беше Индонезија, која е нагласена како еден од најважните пазари за иднината. Се предвидува дека до 2025 година, четвртата по големина земја во светот (Индонезија) планира да инвестира огромни 465 милијарди долари во инфраструктурни проекти, со што Bauma 2013 претставуваше

вистинското место за да се добијат најточни информации за планираните проекти. Вкупниот впечаток кој ни го остави Bauma е дека и покрај големата светска економска криза, која сè уште се чувствува, градежниот сектор со сите сили останува на својата цел - воведување иновации со цел

придвижување чекор напред и олеснување на работата за сите инволвирани во него. Следната саемска манифестација Bauma ќе се одржи во 2016 година, исто така во Минхен, а дотогаш ни останува да се восхитуваме на сè она што можеше да се искуси и види годинава. 

ПАРКИНГ СИСТЕМИ адреса: ул. Никола Карев бр. 20, 1000 Скопје, п. фах: 356 тел./факс: +389 2 2465 467 e-mail: izgradba@gmail.com www.parkingsistemi.com.mk www.facebook.com/izgradba 3 мај 2013 ПОРТА

3

17


градежништво

Анаклија, Грузија

Најдолгиот пешачки Должината на овој дрвен мост изнесува фантастични 505 метри, а основната конструкција на мостот е триаголна форма со приближно 3,5 метри висина, изградена од лепени ламелирани носачи и 65-милиметарска фурнирана плоча која служи како основа за пешачката патека Александар Черепналкоски

, дипл. инж. по дрвна индустрија

В

о западниот дел на Грузија се наоѓа областа Анаклија која се простира на брегот на Црното Море, и е позната како регион во кој се сместени голем број хотели, марини, аква-центри, спортски центри, здравствени установи и друго. Во северниот дел од Анаклија тече големата река Енгури, која се влева во Црното Море. Во минатото, овој дел на реката бил недостапен

18

3

ПОРТА

3 мај 2013

за посетителите на Анкалиа, но со изградбата на пешачкиот мост во должина од фантастични 505 метри дојде до поврзување на двата брега. Планирањето, производството, испораката и монтажата на најдолгиот пешачки дрвен мост во Европа траело од јуни 2011 до јануари 2012 година. Мостот оригинално бил предвиден да се проектира како челична конструкција, зацврстена со челични кабли, но овој модел бил изменет заради големите трошоци

потребни за реализација на проектот. Грузиската градежна фирма „ЦРП“ позната по големиот ентузијазам во градењето на дрвни конструкции, покажала интерес за овој проект, и тоа со решение во кое дрвото ќе биде главен конструктивен материјал и со значително намалување на трошоците за изградба на мостот. Но сепак, и покрај ваквиот ентузијазам за изградба на дрвен мост, техничките и производствените капацитети за таков комплексен зафат


градежништво

дрвен мост во Европа биле над можностите на локалните градежни компании. Затоа, грузискиот изведувач за овие потреби започнал соработка со HESS LIMITLESS, германска компанија за проектирање и изведба на конструктивни врски, конструктивни материјали од дрво, метални конектори и слично. Оваа соработка започнала

во самото осмислување и проектирање на мостот, и понатаму со изработка на материјалите и изградба на мостот. Основната конструкција на мостот е триаголна форма со приближно 3,5 метри висина, изградена од лепени ламелирани носачи и 65-милиметарска фурнирана плоча која служи како основа за пешачката

патека. Во деталната анализа на мостот била изработена и макета на мостот, во која секој детаљ бил предмет на темелно разгледување. Ваквиот принцип на работа овозможил успешно да се комплетира мостовата супер-конструкција. Мостот има само еден висок челичен столб, кој се наоѓа во близина на средината што остава 

3

3 мај 2013 ПОРТА

19


градежништво

континуирани распони на двете страни од 276 и 228 метри. Пешачкиот мост се состои од две по 36 метри долги завршни сегменти, шест од 48 метри долги средни сегменти и уште два сегменти со различна должина – од 60 метри и 84 метри, кои се зајакнуваат со челични кабли. Каблите се прицврстени на средниот висок челичен столб, а како подлога се конструирани бетонски столбови по целата должина на мостот.

ТРАНСПОРТ

20

3

ПОРТА

Во раната проектна фаза, за да се гарантира квалитетна конструкција, била донесена одлука да се употребуваат префабрикувани дрвни елементи и конструктивни врски, изработени во Германија, а за таа цел елементите биле пренесувани 3.750 километри до градилиштето. Како голем предизвик во транспортирањето на елементите била нивната должина. Сите елементи употребувани во конструкцијата морале да бидат комплетно расклопени и не смееле да бидат поголеми од 13,5 метри. Овој проблем бил решен со патентираното решение на HESS LIMITLESS, односно решението предвидувало дообработка на елементите со лепење и продолжување на должините со конвенционална finger-joint врска на 3 мај 2013


градежништво самото градилиште. За гарантирање на квалитетот на изработката во услови на непредвидлива морска клима, исто така, била испратена мала импровизирана комора во која може да се регулира температурата, влажноста и сето останато. Сите други конструктивни врски биле изработени со стандардни метални конектори со помош на навртки и шрафови. Фурнираните плочи се прицврстени со ковање директно за конструктивните носачи. За изградба на мостот била изградена и привремена брана, која овозможила монтирање на 48-метарските елементи директно на градилиштето. Мостот бил свечено отворен минатата година од страна на поранешниот претседател на Грузија, Сакашвили. Според првичните дизајнерски решенија, било предвидено држачите за раце и другите детали да бидат изработени од костеново дрво, но кога се завршила изградбата, конструкцијата имала толку убав изглед, што било одлучено овие фини детали да бидат изработени од проѕирни поликарбонатни панели, низ кои можат да се гледаат дрвените носачи. 

3

3 мај 2013 ПОРТА

21


градежништво

DVORNIK

Лична заштитна опрема од 1990 8 Mарт, бр. 2, 1000 Скопје Тел.: +389 2 3110 624 +389 2 3110 901 info@dvornik.com.mk Факс: +389 2 3110 546 www.dvornik.com.mk

22

3

ПОРТА

3 мај 2013

www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;


АЛТЕРНАТИВНИ НАЧИНИ НА ГРАДЕЊЕ

градежништво

Враќање кон архаичноста

Живеењето во објект изграден од набиена земја создава припадност кон просторот. Ѕидовите од набиена земја овозможуваат влажноста во внатрешноста да се движи помеѓу 40% и 60%, што претставува идеална средина за луѓе заболени од астма, како и за складирање на колекции на документи и книги.

Г

радењето со помош на набиена земја потекнува од прастари времиња; овој материјал е секаде околу нас, и тоа во својот природен, непреработен облик. Во последните години, овој систем на градење повторно се актуализира, темелејќи се на постулатите на одржливост и зелен дизајн. Поради основната суровина, овие ѕидови имаат одличен термички потенцијал, долготрајни се, со висока јакост и способност да носат големи товари. Градбата на ѕидови од набиена земја како техника може да биде применета на места каде што има недостаток на градежно дрво или пак бетоњари, а квалитетот на земјата во опкружувањето да е на завидно ниво.

Биљана Стојановиќ, дипл.град.инж. Изведба на ваков тип на објекти во предели каде нема потенцијален погоден земјен материјал е можна, но не и оправдана од неколку причини: нарушување на интегрираноста на објектот со своето природно опкружување; зголемување на трошоците за градба; транспортот на донесената земја, во овој случај, директно би влијаел на зголемување на емисијата на CO2. Земјата што се користи, мора да исполнува неколку барања во поглед на нејзиниот состав (песок, чакал и глина), а во одредени случаи може да се додаде и портланд цемент како стабилизатор. Градбата на објекти со набиена земја има смисла само ако зборуваме за изградба на целосно еколошки објект,

додека употребата на цемент е спорна тема, која секогаш е поврзана со зголемувањето на емисијата на CO2.

Начин на градба

Начинот на градење се основа на поставување на двострана оплата во која се набива земјата, со што се создаваат ѕидни платна (оплатата е иста како и кај бетонски ѕид). После набивањето, оплатата веднаш може да биде демонтирана, а потребно е само неколку топли и суви денови за ѕидот наполно да се исуши и да ја достигне својата трајна јакост. Како што е случај и кај бетонот, набиената земја постепено ќе ја зголемува својата јакост и по почетокот на употребата на објектот. 

3

3 мај 2013 ПОРТА

23


градежништво

Процесот на зголемување на јакоста и постигнување на горните крајни вредност е долг, може да трае и до две години, во зависност од дебелината на ѕидот, климатските услови и друго. Кога овој период ќе помине, ѕидовите од набиена земја имаат слични особини како и ѕидан ѕид од камен. Во самата земјена смеса, некои градители додаваат и дробено стакло или парчиња од дрво за да се постигне покреативен и поинтересен изглед на површината на ѕидот. Во минатото, ваквите ѕидови достигнувале дебелина и по 30 см. Сепак, денес, со софистицирање и напредување на технолошките процеси и употребата на посоодветен алат и механизација, оплатата може да биде поставена и на 10 до 25 см. За набивањето се користат пневматски или рачни алати, кои имаат моќ да ја набијат 24

3

ПОРТА

3 мај 2013

земјата и до 50% од нејзиниот претходен волумен. Процесот на набивање се врши во слоеви, додека не се постигне посакуваната висина, а кога тоа ќе се достигне, оплатата веднаш може да се демонтира. Тоа укажува на фактот што, при изградбата, не е потребно да се обезбеди оплата за цел објект одеднаш, туку градењето може да се одвива во етапи и тоа без дополнителни задржувања на работите за зацврстување на изградениот ѕид. Демонтажата на оплатата веднаш по изведбата на ѕидот е доста важна, посебно во случај кога неговата површина треба да биде украсена со одредена текстура, бидејќи само еден час по изведбата таа станува тврда, без можност за обработка со обичен алат. Дополнително, во текот на изградбата на ѕидовите од набиена земја, мора да се внимава на нивно натопување

под дејство на атмосферските врнежи (се додека не се заврши кровот, стреата и цоклето на ѕидот). Денес, ѕидовите од набиена земја се поставуваат по должина на бетонските темелни ленти или пак се положуваат врз бетонска плоча, со соодветна изолација меѓу двата материјали, обично експандиран полистирен. Посебна предност на овој тип на ѕидови е можноста за брза и едноставна санација на оштетени делови. Во случај на поставување клинци или завртки во овој тип на ѕид, возможно е едноставно санирање на сите отвори со поставување свежа, влажна земја на тие места, со што за кратко време повторно ќе се добие хомоген ѕид.

Карактеристики на ѕидовите изведени од набиена земја Топлотните капацитети на ѕидовите


градежништво

изведени од набиена земја не ни мораат посебно да се нагласуваат. Нивната хомогена маса овозможува споро загревање и ладење, со што во одредени случаи потребата од загревање и ладење на просторот може во потполност да се минимализира. Топлината што во текот на денот се апсорбира од ѕидовите, во текот на ноќта се ослободува, додека оладените ѕидови преку ноќта, ќе придонесат за свежи простории во текот на денот. Со природното дишење на конструкцијата, појавата на мувла и кондензација е целосно отстранета. Сепак, во поекстремните клими, на пример местата со остри зими, оваа изолација не е доволна, па се препорачува поставување на дополнителна термичка изолација на ѕидовите. Во набројување на карактеристиките, важно е да се напомене дека живеењето во

објект изграден од набиена земја создава припадност кон просторот, создавајќи здрава средина за живеење. Овие ѕидови овозможуваат влажноста во внатрешноста да се движи помеѓу 40% и 60%, што претставува идеална средина за луѓе заболени од астма, како и за складирање на колекции на документи и книги. Овие ѕидови претставуваат и одличен звучен изолатор, а посебно се истакнуваат нивните противпожарни карактеристики. Ѕидовите од набиена земја можат да бидат приспособени на различни клими и услови на градење, подложувајќи се на идеите и архитектонските детали на денешницата. Таков грандиозен пример е културниот центар во Осојос, Канада, кој целосно е изграден од набиена земја, и како одржлив објект целосно е вклопен во локалната култура и пејзажот на околината. 

3

3 мај 2013 ПОРТА

25


архитектура

Инвестиција на хотелскиот синџир „Фалкенштајнер“ во Србија

Нова архитектура во новото срце на Нов Белград Хотелот „Фалкенштајнер“ во Белград е инвестиција која изнесува 40 милиони евра. Објектот од 24.200 квадрати е граден скоро две години, а негов автор е познатиот виенски и европски архитект Борис Подрека. Тој претставува прво негово реализирано дело во родниот град.

О

ваа пролет Белград доби нов хотел. Последниве години бројот на кревети во градот значително порасна со изградба на нови хотели, но и со основање на голем број хостели Белград стана град кој може секого да угости во склад со неговите потреби и можности. Сепак, во секторот хотели со висока категоризација, Белград не би можел да се пофали со голем сместувачки капацитет. Некои од таквите хотели се оштетени во бомбардирањето во 1999 година, како хотелот „Југославија“, или се запуштени и потоа привремено затворени како некогашниот хотел „Интерконтинентал“, кој во меѓувреме изгуби и лиценца, па

26

3

ПОРТА

3 мај 2013

м-р ЃОРЃЕ ЈОКИЌ, дипл.инж.арх. (Србија) едно време носеше назив „Континентал“. И додека судбината на хотел „Југославија“ е сè уште непозната, некогашниот хотел „Интерконтинентал“ е во фаза на обнова и се очекува оваа или следната година да биде повторно отворен. Во тој „вакуум“ помеѓу понудата и побарувачката, последниве неколку години низ градот никнаа нови синџири на хотели и објекти. Прво е изграден хотелот „Холидеј Ин“ во Нов Белград, кој заедно со „Белекспоцентар“ прават единствена целина. Пред две години e отворен и хотелот „Сквер Најн“ во самиот центар на Белград, а сега е отворен хотел со четири ѕвезди кој припаѓа на австрискиот синџир „Фалкенштајнер“. Новиот хотел во новобелградскиот блок „11а“ претставува

архитектонска целина, која освен хотелот со четири ѕвезди содржи и деловна зграда. Се наоѓа во централниот дел на Нов Белград, во близина на општинската зграда, пристапот до автопатот, земунскиот кеј, некогашниот хотел „Југославија“, трговскиот центар „Меркатор“, како и многу други содржини. Според зборовите на луѓето од компанијата, локацијата е избрана после студиозните истражувања каде би можел да се наоѓа хотелот. Близината на автопатот, но и добрата поврзаност со центарот на градот беше од големо значење. Самиот објект се наоѓа во блок „11а“. Тука, пред неколку години се наоѓаа тениски игралишта, бараки и срушениот објект на амбасадата на Народна Република Кина. И така, некогашниот


архитектура

неизграден простор во потполност е дефиниран и денес е делумно изграден. Покрај новоотворениот објект на хотелот „Фалекнстеинер“, тука се наоѓаат деловната зграда „ВИГ Плаза“, која е прва изградена, и три станбени објекти, кои со својата архитектонска форма совршено се вклопуваат во амбиентот, но и носат нешто ново кога се зборува за квалитет на

проектирање. Во тек е изградба на уште една деловна зграда, додека новата управна зграда на банката „Интеза“, која треба да никне помеѓу хотел „Фалкенштајнер“ и деловната зграда „ВИГ Плаза“, сè уште е на чекање. Покрај разновидните архитектонски изрази на новоизградените објекти, кои во овој момент тешко дека можат да изгледаат како една целина, карактерот на просторот

го дефинира и фактот што накогашната амбасада на НРК е во потполност срушена и на тој простор освен спомен-таблата не постои никаков знак дека тука некогаш постоела некоја зграда. Квалитетниот и скапиот станбен простор на трите изградени станбени објекти доведе и нови станари, а секако најпознат е сегашниот претседател на Србија, Томислав Николиќ.

ПОДРЕКА

Најновиот објект е хотел „Фалкенштајнер“, а инвестицијата на овој комплекс од 24.200 квадрати изнесува 40 милиони евра. Објектот е граден скоро две години, 

Борис Подрека

3

3 мај 2013 ПОРТА

27


архитектура а изведувач е фирмата „Технобетон“, која користеше оптимизиран систем за брза изградба на бетонски високи кули. Автор на објектот е познатиот виенски архитект Борис Подрека, и ова претставува негово прво реализирано дело во родниот град. Пред скоро една деценија, Подрека направи проект за музеј на наука и техника, но тој никогаш не беше реализиран. Според зборовите на архитектот, „секој град има своја психа и свој број, Белград е град кој го дефинира бројот два – дихотомија. Град кој ги има Сава и Дунав, Нов Белград и Стар Белград, Црвена Ѕвезда и Партизан“. Така и архитектонскиот израз го дефинира бројот два и јасната поделба на хотел и деловна зграда, кои иако имаат потполно различен архитектонски јазик, многу вешто се вклопени во единствена целина. Дизајнот на ентериерот го направи архитектката Беа Митерхофер од австриската фирма „Ра.Бе Интериор Дизајн“, која на повеќе проекти соработувала со синџирот „Фалкенштајнер“.

ИСКРШЕНА ФОРМА

Деловниот дел од објектот, кула со 11 ката е дефинирана со стаклена фасада од партиции во различни форми и „искршена форма“ по дијагоналата на фасадата, така што самиот објект истапува од класичната симетрија на страните. Хотелскиот дел на комплексот го карактеризира вештата игра со елементите што ја прават главната фасада. Прозорските рамки се состојат од тридимензионални елементи чии агол се разликува од соба до соба, што придонесува во динамиката на една, во суштина, едноставна рамна фасада. Нешто слично, архитектот Подрека користеше и на својот проект за Цветниот плоштад во Загреб, каде што прозорците на станбениот дел имаат слична тридимензионалност. Карактерот на фасадата се отсликува и во неправилно распоредениот мозаик од четири нијанси на сива боја, кои од далечина доминираат на фасадата. Иако самиот проект е работен „уникатно“, така што може да се најде само во Белград, бидејќи е проектиран за овој град, и не е дел од глобалниот архитектонски израз според кој одредени автори истиот објект можат да го изградат и во Берлин и во Шангај, квалитетот на проектот е таков што отскокнува од новата архитектура која последниве години се гради во престолнината на Србија, 28

3

ПОРТА

3 мај 2013


архитектура и секако носи квалитет и нешто ново во заспаната српска архитектонска сцена. Хотелот располага со 170 соби, стандард, ројал соби, како и јуниор и сениор апартмани, тука се наоѓаат и шест конференциски сали, бидејќи објектот е многу привлечен и за бизнис корисниците, луксузна сала за свадби, како и салон за љубителите на цигари. Покрај сево ова, хотелот поседува нешто што стана стандард во понудата на хотели од оваа категорија: спа центар, финска масажа, сауна, соба за опуштање, фитнес центар и подземна гаража со 54 паркинг места.

ДИНАМИЧЕН ИЗГЛЕД

Како хотел со четири ѕвезди, првенствено е наменет за деловни корисници кои доаѓаат во Белград, но е отворен и за други категории на корисници, па така се нуди и семеен пакет кој подразбира и посета во зоолошка градина, викенд понуда и понуда за романтичен одмор. Останува да видиме колку самата инвестиција ќе биде успешна. Луѓето од менаџментот очекуваат целата инвестиција да се врати за 15-ина години, но тоа секако зависи и од економските услови во земјата и странство. Независно од тоа дали инвестицијата ќе биде исплатлива од финансиски аспект, Белград доби модерен хотел кој со својот архитектонски израз се вклопува во опкружувањето на Нов Белград, но и претставува единствен архитекотнски израз кој ретко се среќава на овие простори. Динамичниот и интересен изглед претставува разлика во однос на проектите што во последниве години се изградени во околината, која од страна на инвеститорот беше препозната како простор со голем потенцијал. Останува да видиме како целиот простор на блок „11а“ ќе изгледа кога ќе се заврши и деловната зграда на банката „Интеза“, која ќе дели еден ѕид со хотелот „Фалкенштајнер“. Со ова архитектонската целина на овој дел ќе биде комплетирана и дефинирана како простор со луксузен хотел, екслузивен деловен простор и престижни станбени објекти на Нов Белград. За сега сите изгледаат задоволни, инвеститорите и претставниците на хотелот нагласуваат дека се задоволни од објектот, Белград доби нова архитектонска ѕвезда, а архитектот Борис Подрека го исполни својот дамнешен сон и конечно беше на отворањето на објектот што го проектираше за својот роден град. 

3

3 мај 2013 ПОРТА

29


архитектура

Медал „Алвар Алто“

Автентично и тивко окупирање на просторот Пауло Давид создава објекти кои изникнуваат од околните карпи и од пејзажот на островот преку непосредни и едноставни облици, кои се обложени со базалт и за своја носечка конструкција го имаат челикот. Внатрешните простори се проектирани со минимални форми поради откривање на пространството на пејзажот и одаваат чувство на мир и спокој.

Уметнички центар Casa Das Mudas, Madira

„В

о ера во која нашата професија е опседната со компјутерски генерирани обрасци, а дизајнирањето во многу компании е повеќе заинтересирано за манипулација на формите, Пауло Давид е за создавање на место и создавање на архитектура“. Со овие зборови, жирито го додели медалот „Алвар Алто“ на португалскиот архитект Пауло Давид, и на неговата способност за создавање на архитектура која има релевантна улога за неговото родно место – островот Мадира. Жирито, пред сè, ја цени способноста на овој архитект за обединување на архитектурата со околината, дозволувајќи

30

3

ПОРТА

3 мај 2013

Бојана Филиповиќ, дипл.инж.арх. Уметнички центар, Casa Das Mudas, Madira


архитектура објектите „тивко да го окупираат просторот“. Суровата топографија на местото целосно се огледува во стилот на овој архитект. Географски оддалечена од копното на Португалија, Мадира е вулканско острово препознатливо по своите планински гребени, океански глетки; по своите крајбрежја кои немилосрдно се изложени на природните елементи. Проектите на Пауло Давид вклучуваат приватни домови, резиденцијални комплекси, уметнички галерии, музеи, пропратени со масивни базалтни површини, скалести платформи и водни површини. Неговиот архитектонски речник е модерен, но и безвременски, локален но и универзален, силен но и лиричен.

ЛОКАЛЕН ИДЕНТИТЕТ

Пауло Давид создава објекти кои изникнуваат од околните карпи и од пејзажот на островот преку непосредни и

едноставни облици, кои се обложени со базалт и за своја носечка конструкција го имаат челикот. Внатрешните простори се проектирани со минимални форми поради откривање на пространството на пејзажот и одаваат чувство на мир и спокој. Со всадување на линеарен врв на планина, неговиот уметнички центар Casa das Mudas се обидува да се препушти на планинската маса, дејствувајќи како локална топографија. Единствено со доближување кон објектот, се открива неговата внатрешност и комплексност. Кровот на објектот формира дел од пејзажот. Преку внимателно дизајнирани отвори, природните влијанија и околната вегетација стануваат дел од интериерот на структурата. Минерална и софистицирана платформа под објектот го покрива севкупниот музеолошки комплекс. Лавиринтот на внатрешноста е организирана и распределена околу застаклено пацио.

Отворени простори и патеки ги пресекуваат и поврзуваат функциите, вертикално во релација со планината и хоризонтално со морето. Дизајнот на изложбените простори е редуциран на минимум, на начин на кој уметничките дела се централниот елемент на посетата. Поврзани во серии, овие простори варираат според својата големина поради поголема амплитуда на употреба. Спојот на креирање на уметнички центар во интензивно рурална локација и изолираната и наследена желба да се набљудува морето е она што го карактеризира овој дизајн. Со проектот за променада со пливачки базени, Пауло Давид повторно воспоставува интезивна релација на надворешноста со внатрешноста, креирајќи панорамски поглед кон Атланскиот Океан. Своето име комплексот го добива од стариот рибарски занает на сушење риба и вадење сол од околните карпи, наречен Салинас. Интензивната доминација на 

Внатрешност на уметничкиот центар - Casa Das Mudas, Madira

Уметнички центар, Casa Das Mudas, Madira

Променада и пливачки базен, Salinas, Madira


архитектура океанот, нерамниот, слоевит терен кој го надвишува, плажите од ситен камен и аграрните парчиња земја се она што ја откриваат особеноста на ова место. Долгиот висок ѕид го разграничува и артикулира Дас Салинас, ограничувајќи ја скалестата променада. Освен како потпорен ѕид, во него се содржани сите помошни крајбрежни простории. Вулканскиот камен,

кој потсетува на оние што се користат во локалната агрикултура, му дава на пејзажот хумано чувство. Пливачкиот базен, поставен на бетонска платформа, се поврзува и го нагласува морето преку контрастот со нерегуларниот камен масив. Ресторанот и градината на комплексот се отвораат кон темното камено крајбрежје преку хоризонтален засек,

кој овозможува хоризонтот да навлезе во објектот. Овој волумен кој презема изглед на парче филигран, деликатно лебди над грубата и абразивна локација. Преку ден, транспарентноста на „кутијата“ го трансформира лимитот на ресторанот, станувајќи интегрален дел од органскиот амбиент. Ноќе, периметарот на објектот е дефиниран од дрвените

стопува во планината и резервоарите со вода, типични за локалната агрикултура. Водата се прелива на рамниот покрив на објектот во рефлектирачки базен и ја интензивира силата на вегетацијата преку систем за иригација од подземни канали. Програмата на музејот го интерпретира вулканскиот феномен, додека паркот го открива неговиот хидролошки процес и вегетација. Заеднички, тие прикажуваат видлива и уникатна геоморфолошка ситуација. Паркот ги обединува карактеристиките на Сао Висенте: како отворен простор кој посредува во секојдневието на

жителите и како научен проект понуден од страна на музеолошкиот програм. Дизајнираното решение за посета во околните пештери е со употреба на галерии, кои прогресивно го воведуваат посетителот во внатрешноста на островот, додека го приспособуваат на полутемниот простор. Овие галерии во исто време претставуваат транзициони елементи, и нудат заштита на посетителите од евентуални одрони на карпестиот предел. Издолжениот дизајн и силниот тоналитет на дрвената обвивка од штици е во дијалог со малите околни структури (мостови, винарии и амбари), и во контраст со бујната зелена вегетација

Ресторан и градина, Salinas, Madira

Павилјон на вулканот, San Visente, Madira

панели и структуралните материјали. Овој однос на светлото и материјалноста го трансформира објектот во своевиден светилник, кој сјае над заливот.

ОСТРОВСКА ГЕОЛОГИЈА

Лоциран на источниот брег на островот, објектот Павилјон на вулканот е дизајниран како автентичен природо-научен музеј. Темата на оваа програма, која претставува презентација на потеклото на островот од пештерите Сао Висенте, е желбата за синтеза на природниот и дидактички потенцијал на долината во единствен објект. Резултатот е базалтен волумен, кој се 32

3

ПОРТА

3 мај 2013


архитектура и темните карпести тонови на долината. „Преку потрага по сопственото место во глобализираниот свет, среќен сум што пронајдов дистинктивен стил со силно чувство за локален идентитет. Градењето во Мадира е како приготвување на оброк од штедливи состојки: архитектот е во немилост на природата, присилен на постојана потрага по нови можности и

потенцијални слободи, растегнувајќи го секој инч и трансформирајќи го просторот“, вели архитектот Пауло Давид. Изолираните услови за работа и отсуството на директно влијание однадвор, според архитектот, претставуваат фундаментална привилегија за неговата архитектонска практика. Неговата релевантна и Променада и пливачки базен, Salinas, Madira

автентична архитектура е опишана повеќе како одговор отколку како наметнување во локалниот контекст. Со почит кон историјата, местото, културата и технологијата, Пауло Давид се издвојува од денешните трендови во архитектурата и креира нов, препознатлив план во историскиот вулкански пејзаж на Мадира. 

Променада и пливачки базен, Salinas, Madira

Павилјон на вулканот, San Visente, Madira

3

3 мај 2013 ПОРТА

33


архитектура

Современа колиба за постојано кампување Оваа современа колиба за кампување во 2007 година е проектирана во бирото „Кејси Браун Архитектура“. Се наоѓа во оддалечените области на Mudgee (Маџи), во Нов Јужен Велс, во Австралија. Ангел ситновски,

О

ваа мала структура може да обезбеди засолниште за двајца луѓе, притоа одземајќи ви го здивот од преубавиот поглед што се пружа од неа кон околината. Засолништето е опремено со кујна, дневна соба и простор за спиење на мансардата. Надвор, на јужната страна пред структурата, се наоѓа цилиндричен резервоар за вода кој ја собира дождовницата кога ќе заврне. Засолништето се наоѓа во ниските ридови, во центарот на Нов Јужен Велс. Служи како засолниште од временските непогоди на овчарите, кои го чуваат стадото овци таму. Ова засолниште било остварување на сонот на сопственикот на стадото. Сместено на работ на гребенот, опкружено со големи гранитни карпи и стари изумрени дрвја, засолништето во форма на кула овозможува панорамски погледи

34

3

ПОРТА

3 мај 2013

дипл.инж.арх.


архитектура на стотина милји наоколу, кон сите страни од хоризонтот. Структурата, која е замислена како засолниште за еден или двајца луѓе, има основа од 3 х 3 метри и има два ката. Направена е од метална носечка конструкција која е покриена со бакарен ребрест лим. На долното ниво, фасадните ѕидови се подигаат на челични сајли нагоре, правејќи еден вид веранда околу северниот, источниот и западниот дел од структурата. На јужната страна е сместен резервоарот за вода, а тука се сместени и макарите со кои се подигаат фасадните ѕидови од долниот дел. Кога објектот не е во употреба, фасадите се целосно затворени, заштитувајќи го објектот од натрапници и особено од шумските пожари. Внатрешноста на структурата е убаво направена. Кога ќе се подигнат фасадните панели, се гледаат застаклени троделни прозорци, кои се протегаат по целата висина на приземјето. На источната и западната страна овие елементи се направени како хармоника прозорци/врати, и се отвораат поврзувајќи ја надворешноста со внатрешноста на објектот. Во долниот дел се наоѓа печка на дрва, а нејзиниот оџак излегува над кровот. Тука има и мала кујна со лавабо и чешма која користи вода од резервоарот. Во горниот дел на структурата се наоѓа делот за спиење. Ѕидовите се обложени со дрво и бајцувани со костенливо црвенкаст бајц. Водата од дождот се собира на покривот и преку олук се одведува во резервоарот. Надвор од објектот, кон запад, сместен е полски тоалет. Ѕидовите на засолништето имаат добра изолација, ја штитат внатрешноста од ладните ветришта, како и од топлите дневни температури. Ѕидовите се повеќеслојни, вентилирани и дозволуваат слободно движење на воздухот од долу према горе. Целиот објект е префабрикуван, направен во Сиднеј од градителот Џефри Бродфилд, а потоа е донесен и монтиран во Маџи.

3

3 мај 2013 ПОРТА

35


архитектура инфо токио, ЈапониЈа Објект: апартман Motoazabu Apartment sYms Архитектонско студио: Kiyonobu Nakagame Architect & Associates Некогаш позната како елитна резиденцијална област, денес Motoazabu се развива повеќе како модерен, метрополитски регион што претставува резултат од економскиот бум во државата. Она што архитектите сакале да постигнат преку оваа структура е да креираат дизајн кој би се претопил во опкружувањето, меѓутоа задржувајќи апсолутна едноставност. Вистинскиот карактер на објектот се отсликува преку неговиот надворешен изглед, додека внатрешноста на објектот е конципирана како мрежа на полиња, различни соби структурирани од четири столба со површина 6,8 м х 7,8 м. Дизајн концептот вклучува и дијагонална линија од 450 мм во однос на висинската разлика на создадените катчиња низ ентериерот, креирајќи четири различни, индивидуални дистинктивни простори за престој.

СиДнеЈ, авСтРаЛиЈа Објект: павилјон Crescent House Архитект: Andrew Burns Структурата Crescent House е дизајнирана со симетрична геометрија, содржина од два лака кои меѓусебно се преплетуваат во правоаголна рамка. Павилјонот претставува воведен проект во програмата ”Fugitive Structures“ - серија од времени павилјони, кои годишно ќе се поставуваат во градината Zen, дел од фондацијата Sherman за современи уметности, со цел соединување на широката публика преку архитектонска мисла. Посетителите низ павилјонот се привлечени да ја следат извиената траса на ѕидовите кон изолираниот централен простор, каде светлината е филтрирана преку ситни перфорации создавајќи ѕидна површина која наликува на ѕвездено небо. Јагленисаната конструкција ја отсликува фреквентната појава на пожари во опкружувањето, додека правоаголната структура во заднина го врамува погледот кон живата ограда. Павилјонот егзистира со своето повеќезначно присуство, истовремено како архитектура и уметничка структура.

гаЛата, иСтанБуЛ, туРциЈа Објект: Резиденција Ipera25 Архитектонско студио: Alatas Architecture & Consulting

36

3

ПОРТА

Објектот се наоѓа во областа Галата, на Tatarbeyi Sokak, една од најчистите и неразвиени улици, составен дел од процесот за рапидна трансформација на дистриктот. Проектот за овој објект се простира помеѓу конвенционалните кодови на веќе постоечките изградени структури на непосредното опкружување, постигнувајќи нивна репродукција истовремено почитувајќи го веќе постоечкото архитектонско ткиво. За оваа цел, проектот продолжува со изнаоѓање на нови солуции за постојните проблеми во архитектурата преку користење на современата технологија, земајќи ја предвид новата развојна социоекономска структура на регионот, како и инфраструктурата, енвиронменталистичките услови, климата и соларниот проток. Преку импресивното дејствување кон уличниот коридор, објектот изразува јасна и монументална слика која симултано се претопува и издвојува од контекстот без пројавување на компетитивност во однос на соседните историски објекти. 3 мај 2013


архитектура инфо моСква, РуСиЈа Објект: канцелариски простории + ”showroom“ за компанијата DK Project Архитектонско студио: Megabudka Идејата за создавање работен простор со динамична и несекојдневна атмосфера произлегува од желбата да се дизајнира ведра мултифункционална средина соодветна за канцелариска работа, доволно визуелна за промоција на ентериерни елементи, пријатна за одржување на разни предавања и атрактивна за комуникација при најразлични средби и состаноци. Концептот за дизајнот се издвојува од регуларното обликување на ентериерни простори, ослободувајќи се од комплексите на хоризонтално проектирање на нивоата, позиционирајќи уметничка структура составена од паралелопипеди во еден оригинален празен простор. Бојата во внатрешноста на паралелопипедите е избрана зависно од функцијата што се одвива во секој од нив. Движењето од една фунција кон друга е комплексно и динамично решено, така што секој паралелопипед претставува иницијална зона на просторот околу него. Новите работни простории на компанијата DK Project отсликуваат еден нов концепт на дизајн и комуникација, истовремено здружувајќи ги дизајнерите, архитектите и креативните индивидуи кои го вреднуваат квалитетот и се подготвени за споделување на нови идеи, соработка и развивање на концепти од модерниот дизајн.

пекинг, кина Објект: музеј на уметноста - Tree Art Museum Архитектонско студио: Daipu Architects Музејот на современа уметност е сместен на главната улица во уметничкиот дистрикт Songzhuang, а главната идеја на архитектите е креирање на одделни простори надвор од галеријата – амбиент на отворени јавни површини каде посетителите и артистите би можеле да се социјализираат меѓу себе. Поголемиот двор е позициониран во предната зона на објектот, додека вториот се наоѓа во задната зона каде терасата како рампа се издигнува кон кровната површина. Надворешниот изглед на објектот е дизајниран на начин да ги потенцира визурите на посетителите од главниот влезен дел, т.е. нивните погледи да бидат насочени кон извиената конструкција, која се протега од подната површина па се до покривниот дел. Создавајќи чиста и реална експресија, целта на архитектите е да креираат простор каде локалното население и

посетителите би можеле истовремено да се поврзат со природното опкружување, светлината, високата и ниската вегетација, како и современата уметност, со цел оваа

едноставна и јасна идеја да се прошири низ нивните искуства и доживувања. подготви: Андреа јАМАкоскА

3

3 мај 2013 ПОРТА

37


1963

50 ГОДИНИ ОБНОВА И ИЗГРАДБА НА СКОПЈЕ

2013

Михаил Токарев ИСТОРИСКО-КРИТИЧКИ ПОГЛЕД НА АРХИТЕКТУРАТА (8)

Широк содржински спектар

Населбата Јане Сандански (почеток на 80-тите). Макета и поглед на една единица на соседство со пешачка улица

Во почетокот на 80-тите години започнува интензивна станбена изградба, при што се формираат цели нови квартови. Станбената архитектура станува широко поле за натпревар меѓу архитектите, при што се нудат разновидни решенија. Најголема станбена изградба се одвива во новата населба Јане Сандански (Аеродром), која треба да прими околу 80.000 жители. Во проектирањето на многубројните станбени единици и во уредувањето на просторот земаат учество повеќе авторски тимови. Сите тие настојуваат да создадат простор со пријатни услови за живеење, при што јасно се издвојува пешачкиот од моторниот сообраќај. Домот на МРТВ (1971-1983) на К. Ацевски (1930-1990), Н. Манов (1932-) и Х. Јосифовски (1930-) претставува сложена просторна целина, која има вертикален кубус за редакциите (П+25), поврзан со павилјоните на радиото и телевизијата, со сите потребни работни и технички простории. Павилјоните имаат различна височина, така што со терасестото повлекување релативно успешно ја стабилизираат нагласената вертикала. Во 38

3

ПОРТА

3 мај 2013

обликувањето на вертикалниот кубус преовладуваат стакленоалуминиумските површини, комбинирани со ленти од бел мермер. Александар Никољски (1937-), во овој период стекнува голема афирмација со подигањето на домови на културата во Србица и Витина на Косово, како и на мотелот Македонија во Велес. Тој, освен како професор по внатрешна архитектура, се јавува и како проектант на голем број ентериерни решенија за уредување на разновидни објекти, од кои посебно внимание привлекуваат: внатрешното уредување на саемските хали за одржување на Шаховската олимпијада во Скопје (1972) и ентериерното решение на Историскиот музеј на Македонија (1986). Во првата половина на 80-тите години продолжува активноста за реставрација и ревитализација на културно-историските објекти во населбите и надвор од нив,особено на монументалните објекти во Старата чаршија. Од друга страна, изградбата на здравствени објекти продолжува и во втората половина на 80-тите години, според проектите на веќе афирмираните архитекти. Така на пример, Василка Ладинска (1928-) и Борислав Бабамов (1939-) го подигаат новиот дел на Хируршката клиника во Медицинскиот центар (1986), со строги геометриски форми. Засилената градителска активност, почнувајќи од 70-тите години тешко можат да ја следат поединци, така што започнуваат да се формираат архитектонски тимови, главно од архитекти на помладата генерација. Во 1976 година е формирана подоцна познатата група Ајвар, од страна на: М. Гулески (1945-), Р. Христов (1951-), М. Радоњиќ-Бато (1949-) и С. Смилевски-Кокан (1948-). Ним повремено им се приклучуваат и други архитекти од новата генерација, со цел заеднички да настапуваат на многубројни архитектонски конкурси ширум земјата. Во силната конкуренција на тогашната југословенска архитектонска сцена, групата Ајвар успева да добие неколку К. Ацевски, Н. Манов и Х. Јосифовски. Домот на МРТВ (1971-83)


Александар Никољски. Ентериерното решение на Историскиот музеј на Македонија (1986)

откупи на значајни конкурси. Во својата архитектура тие остваруваат континуитет со модерната архитектура од претходниот период. Позната реализација на оваа група е доградбата на железничката станица (1990), која од земјотресот (1963) е до половина разурната. До местото од разурнатиот дел, авторите додаваат ниска архитектонска структура, која не му конкурира на зачуваниот дел од стариот вреден објект, при што се искористени пероните. Во 1991 година, оваа група ја користи новосоздадената законска можност да се регистрира под името Ателје Ајвар, кое во следниот период ќе оствари богата и забележителна архитектонска продукција. Чувствувајќи ја потребата од повисока и перманентна архитектонска едукација, Сојузот на друштвата на архитектите на Македонија во 1983 година, го покренува списанието за култура на просторот ,,А:“, со амбиции да излегува на три месеци. Уредувачкиот одбор, на чело со Живко Поповски, одлучува покрај одделни написи, секој број да обработува по некоја тематска област со авторизирани искажувања на домашни и странски творци поврзани со темата. Во бројот 2/85 на списанието ,,А:“, главната тема е насловена како Животот е краток, Скопје е вечно, во која низ кажувањата на голем број културни дејци се настојува да се добие комплексен одговор на прашањето Што е град,

Мартин Гулески. Студија за една крушевска куќа (1990)

Василка Ладинска и Борислав Бабамов. Хируршката клиника при Медицинскиот центар. Основа и изглед

како се развива, каков е и каков треба да биде градот Скопје? Иднината покажува дека наведените две теми завршуваат само на академско ниво, без да имаат какво било видливо влијание врз подигањето на нивото на културата на просторот. Штета е што ова списание, поради недостиг на материјални средства и на уреднички ентузијазам, набргу згаснува, така што Сојузот на друштвата на архитектите на Македонија и културната јавност во Македонија повторно остануваат без соодветно домашно гласило. Списанието за култура на просторот „А:“, бр 2/85

3

3 мај 2013 ПОРТА

39


спортски храмови

ФАкти за „БУД ИНТЕРНАТИОНАЛ“ - Греатер Ноида, Индија површина на градба: 874 хектари должина на еден круг: 5.137 метри капацитет: 110.000 места или до 200.000 (монтажни трибини) период на изградба: 2008 - 2011 Цена на изградба: 400 милиони долари дизајн: Tilke GmbH, Германија Архитект: Херман Тилке

„Т

реската“ за организација на Формула 1 трки на Истокот стигна и до Индија. Една од најголемите светски земји од 2011 година влезе во календарот на ФИА и почна со организација нанатпревари од „најбрзиот циркус на светот“. Во близина на Њу Делхи, во градот Греатер Ноида, под палката на германскиот архитект Херман Тилке, израсна новото галениче на Формула 1 вљубениците. Патеката долга 5,14 километри, официјално беше отворена на 18 октомври 2011 година, а само една недела подоцна на неа се појавија најдобрите светски возачи и болиди. Дизајнирана од светски познатиот германски архитект и дизајнер на автодроми низ целиот свет, Херман Тилке, индиската ГП се издигна на површина од 874 хектари, а инвеститорите (Индија и Jaypee Group) ја чинеше околу 400 милиони американски долари. Таткото на патеките во Бахреин, Малезија, Кина, Турција, ОАЕ, САД и Јужна Кореја, во Индија изведе еден грандиозен проект кој влезе во составот на ”Jaypee Greens Sports City“, во чии рамки, пак, има и стадион за крикет со капацитет од неверојатни 100.000 места, голф терен со 18 дупки, како и стадион за ултра популарниот хокеј на трева со капацитет од

40

3

ПОРТА

3 мај 2013

„БуД интеРнационаЛ“, гРеатеР ноиДа, инДиЈа

Индијците го имаат најдолгиот свиок сашо кузМАновски 25.000 места. Во целиот „Спортски зелен град“ има и спортска академија, прва од ваков вид на територијата на Индија. Првичниот план за дизајнот на патеката кој го испорача Тилке мораше да доживее брзи интервенции на две места. Имено, опасниот свиок 7 беше заоблен, а свиокот број 3 доживеа дополнително проширување за да им се овозможи на возачите да се претекнуваат низ различни линии во аголот. Еден од најспецифичните делови на патеката „Буд интернационал“ е секако мулти свикот во десно во сегментите 10-11-12, кој е еден од најдолгите на која било патека во светот. Максималната брзина која е постигната на патеката е околу 320 километри на час, додека просечната за еден круг на пистата за Ф1 натпревари изнесува околу 210 км/ч. Актуелниот капацитет на трибинскиот простор на главните трибини е 110.000 места, додека со монтажниот дел капацитетот се зголемува и до 200.000 места. Со патеката стопанисува конгломератот ”Jaypee Group“. Подлогата на пистата е од асфалтен бетон, кој, пак, е композитен материјал познат како „црн асфалт“, но и т.н. „Грауваке“, состав од песок кој се карактеризира со својата цврстина и лошо подредени аголни зрна на кварц, фелдспат и мали камени фрагменти со глинена матрица.


технологии

Ubuntu 13.04 навистина добар Linux Она што го разликува Ubuntu од останатите Linux дистрибуции (а ги има над 500) е во неговата едноставност, прегледност, стабилност и креативност. Самиот факт, што зад овој проект стои Canonical со Mark Shuttleworth, дава доверба кај корисниците дека Ubuntu има блескава иднина. Трајче Стојанов,

дипл.инж.арх.

Б

азираните оперативни системи Linux/GNU, од година во година добиваат на популарност, иако не се на нивото на Microsoftовите Windows оперативни системи. Статистиката вели дека Windows оперативните системи се инсталирани на околу 90% од десктоп компјутерите во светот. Потоа следат оперативните системи на Apple со удел од околу 8%, што значи дека на Linux отпаѓа околу 2%. Бројките јасно покажуваат кој доминира во светот и тука нема ништо спорно или нејасно. Но сепак, не смееме да го занемариме фактот што тие 2% од

околу две милијарди компјутери (колку што се проценува дека има во светот), се всушност 40 милиони компјутери под Linux, а тоа не е за потценување. Од тие 40 милиони, пола отпаѓаат на најпопуларната Linux дистрибуција – Ubuntu. Ubuntu е продукт на Canonical Ltd, британска фирма во сопственост на јужноафриканскиот претприемач и милионер Mark Shuttleworth. Како на филм, Марк на 26-годишна возраст ја продава својата компанија за интернет-безбедност и заработува неверојатни 575 милиони долари. Во 2002 година го остварува својот сон за лет во вселената, а приказната со Canonical ја започнува во 2004 година

поради филантропските побуди, како и уверувањето дека слободниот софтвер е благородна и хумана идеја. Во таа насока, компанијата има за цел да го промовира и комерцијално да го поддржи слободниот софтвер. Денес, Canonical Ltd има над 500 вработени во над 30 земји во светот и верувале или не, и покрај скоро една деценија постоење, компанијата сè уште нема достигнато позитивно салдо. Причина за тоа е ставањето на хуманите цели како приоритет пред парите, што се гледа и преку бесплатната дистрибуција на првенецот на компанијата - Ubuntu. Самото име Ubuntu, има африканско потекло и има сложен и специфичен превод 

3

3 мај 2013 ПОРТА

41


технологии

„Јас сум тоа што сум, бидејќи ние сме“ или „хуманост за другите“. Името совршено го отсликува мотото на компанијата. Ubuntu е Linux дистрибуција базирана на Debian. Во основа тоа е целосно функционален оперативен систем кој се базира на Linux кернел и opensource софтверски модули од ГНУ проектот. Linux кернелот претставува основната компонента, која го поврзува хардверот со апликациите. Неговиот развој будно го следи и менаџира креаторот на Linux, Linus Torwalds. Како и другите Linux дистрибуции, така и Ubuntu ги користи благодетите на заедницата, која несебично и без надоместок програмира, тестира, промовира и подучува. Отворениот карактер на апликацијата, односно отворениот програмерски код е како двосмерна улица, овозможува илјадници програмери во светот да се вклучат во развојот, но и да го преземат кодот и да го развијат во друг ОС. Така, денес постојат околу 70 деривати на Линукс ОС, кои се развиваат надвор од кујната на Canonical. Покрај бесплатната дистрибуција, Canonical нуди и бесплатна 42

3

ПОРТА

3 мај 2013

поддршка преку постојано надградување на софтверот. Она што го разликува Ubuntu од останатите Linux дистрибуции (а ги има над 500) е во неговата едноставност, прегледност, стабилност и креативност. Самиот факт, што зад овој проект стои Canonical со Mark Shuttleworth, дава доверба кај корисниците дека Ubuntu има блескава иднина. Досегашната практика на Canonical беше да издава две верзии на Ubuntu секоја година, една во април, а втората во октомври. На секои две години доаѓаше една LTS (Long Term Support) верзија која имаше поддршка од 3-5 години, додека останатите имаа по 18 месеци. Но започнувајќи со верзијата 13.04, која беше објавена на 25 април годинава, поддршката е намалена на шест месеци, со идеја следните верзии да имаат значителни надградби, пред сè во делот на корисничките апликации. Ubuntu 13.04 има надграден Unity графички интерфејс кој е прилично интересен, креативен и лесен за употреба. Особено интересен е Ubuntu Software Center, алатка за пронаоѓање и инсталација на софтверски

апликации кои патем се бесплатни. Иако во основа важи она колку пари, толку музика, постојат апликации кои се рамо до рамо со комерцијалните апликации на кои сме се навикнале. Како и да е, сопственото искуство вели дека компјутер, па и со намалени перформанси, на Ubuntu, е одлична замена на Windows базираните системи и за работа и за хоби. Од негативен аспект, главно се поставуваат проблеми поврзани со несоодветни драјвери за графичката картичка или безжичниот адаптер, и недостигот на професионални комерцијални апликации со поддршка на Linux платформата. На позитивната страна можеме да ги наброиме: бесплатните апликации, ниските системски побарувања, брзината во најголем број од случаите, поддршката за 64 битните и мултијадрените процесори, стабилноста на системот и секако безбедноста (вирусите се скоро непознати за Linux). Впрочем, 91% од суперкомпјутерите во светот работат на Linux. Android оперативните системи се базираат на линуксовиот кернел. Серверите низ светот, веб клиентите, оперативните


технологии системи на таблет компјутерите и нетбуковите се базираат на Linux. Практично, Linux е секаде околу нас, присутен и добро прифатен. Единствено, десктоп пазарот е под доминација на Microsoft. Но Ubuntu е тука за тоа да го смени. Со едно интензивно темпо, Canonical објави Ubuntu оперативни системи за таблет компјутери и мобилни телефони, со опции за нивна синхронизација. Во комбинација со Ubuntu One, сервис за cloud computing, Ubuntu TV – сервис за гледање на телевизија, Ubutnu One Music Store – онлајн музичка продавница, како и директниот пристап до продавницата на Amazon, Ubuntu го пробива патот кон врвот. Идната ќе покаже, но експертите велат да внимаваме бидејќи лесно може да се случи токму Ubuntu да биде следното големо нешто. Во меѓувреме, Valve, една од најпознатите гејминг компании ја објавија својата Steam платформа на Linux, овозможувајќи на тој начин играње на најпознатите игри на системи под Linux. Овој потег се очекува да предизвика масовно префрлање на гејмерите на Linux. Во меѓувреме, апликациите како Wine, Play On Linux и други, овозможуваат инсталација на Windows-базирани апликации под Linux. На тој начин, се решава проблемот со недостиг на апликации. Повеќе информации на www.ubuntu.com 

âðåìå ïðåòâîðåíî âî óìåòíîñò

OnTime å ñïåöè¼àëèçèðàíî ñòóäèî çà äèçà¼í, èçðàáîòêà è ïðîäàæáà íà ¾èäíè ÷àñîâíèöè, êàêî è çàñòàïíèê íà ðåíîìèðàíèîò øïàíñêè áðåíä çà ¾èäíè ÷àñîâíèöè Nomon. Ñïî¼îò íà âðåìåòî, îáëèêîò è âèñîêèîò åñòåòñêè èçðàç íà ÷àñîâíèöèòå ãî èñïîëíóâààò àìáèåíòîò ñî ñâî¼àòà óíèêàòíîñò. Ñåêî¼ ïðîèçâîä îä êîëåêöèèòå Nomon è Signum ïðåòñòàâóâà åäèíñòâåíà êðåàöè¼à, ïîìèíàòà íèç ïðîöåñ íà ðà÷íà èçðàáîòêà, âî êî¼ ñå âãðàäåíè íå÷ó¼íè ìåõàíèçìè ïðîèçâåäåíè âî Ãåðìàíè¼à.

*OnTime å äåë îä ìàêåäîíñêàòà êîìïàíè¼à ÒÍ - Ò ïðèñóòíà íà ïàçàðîò óøòå îä 1992 ãîäèíà.

www.ontime.mk

contact@ontime.mk

+389 75 431 135

3

3 мај 2013 ПОРТА

43


експерт

Агент за продажба на недвижности во Велика Британија

Една од најомразените професии од јавноста Пребарувањето за „трикови на агентите за недвижности ОК“ (estate agents tricks UK) дава приближно 1.150.000 резултати во 0,26 секунди. Алтернативното пребарување за „нечисти трикови на агентите за недвижности ОК“ (estate agents dirty tricks UK) ќе ве награди само со скромни приближно 171.000 резултати во 0,25 секунди. Оттука веројатно не е за чудење лошата репутација на оваа професија во Велика Британија д-р Владимир Б. Ладински, дипл.инж.арх. (Велика Британија)

Д

околку не сакате да го загрозите вашето пријателство со британски поданик, и особено доколку не сакате да го изнервирате или да му го покачите притисокот во текот на жешкото македонско лето, веројатно најдобро е да не му го спомнувате изразот „агент за недвижности“ (Estate Agent), или пак да го прашувате какво е неговото искуство со претставниците на оваа професија. Веројатно скромен индикатор за ваквите состојби е доколку направите пребарување во популарната електронска алатка Гугл. Пребарувањето за „трикови на агентите за недвижности ОК“ дава приближно 1.150.000 резултати во 0,26 секунди. Алтернативното пребарување за „нечисти трикови на агентите за недвижности 44

3

ПОРТА

3 мај 2013

ОК“ ќе ве награди само со скромни приближно 171.000 резултати во 0,25 секунди. Оттука веројатно не е за чудење лошата репутација на оваа професија и популарното убедување дека агентите за продажба на недвижности вообичаено се сметаат за една од најомразените професии од јавноста на британскиот остров. Доколку сте биле доволно несреќни во животот и сте имале потреба да ги побарате услугите од оваа професија во Британија и некој ве праша за вашето лично искуство со нив, во најголемиот број случаи веројатно ќе ве обземат црни мисли и ќе се потсетите на сето она на што сте биле изложени во вашите контакти со нив. Можеби некои од нешто побезболните искуства со кои можете да се сретнете како изнајмувач или купувач на имот би биле оние сврзани со презентацијата на станот или куќата за

кои сте заинтересирани. Така на пример, доколку сакате да изнајмите или купите станбена единица во која некој живее во моментот, не треба да се изненадите ако на закажаното разгледување на имотот ве дочека неодолива миризба на свежо испечен леб или колачи во комбинација со штотуку подготвено кафе. И покрај тоа што вашите сетила ќе почнат да работат турбо, не очекувајте дека ќе ги пробате овие вкусни производи на домашната кујна. Се разбира, станува збор за „писхолошка војна“ во која, подучен од агентот за недвижности, домаќинот ќе ги покаже своите кулинарски вештини со цел да го прикаже имотот како дом во кој може да уживате. Уште поголема е веројатноста, особено ако планирате да го купите имотот, пукнатините во ѕидовите да бидат исполнети со паста за заби со двоен ефект, за да се прикријат а и да се даде


експерт елемент на свежина во просторијата. Затоа евентуалните мали промени во бојата на белите ѕидови добро ќе биде од поблиску да се разгледаат. Доколку мислите дека ќе бидете поштедени од вакви евтини трикови кога купувате новоизградена станбена единица, подобро размислете барем два пати и понесете си метро со себе. Вообичаената практика при продажба на станбени единици во поголеми комплекси е првата единица која ќе биде изградена да биде наполно опремена и да послужи како изложбен салон, преку кој потенцијалните купувачи би можеле да видат како може да изгледа нивниот стан или куќа доколку го купат. Се разбира, градежната фирма ангажира добар ентериерист, кој во соработка со градителот и експерти за продажба ќе го презентира имотот во најдоброто можно светло. За жал, беспрекорното и уникатно уредување на просторот може во себе да крие уредување со мебел со екслузивни димензии!!! Честопати се наведува практиката ваквите внатрешни уредувања да се прават со мебел специјално изработен за вакви потреби, но во размер. Преку минитуризација на мебелот, на просториите им се дава дополнителна мерка на просторност која постои само во земјата на реквизитите и кулисите. Купувачите што сè уште имаат доверба во човечкиот род, веројатно соодветно очекуваат дека сите претставници на професиите ќе се однесуваат чесно кон своите купувачи. Големо може да биде нивното изненадување кога ќе утврдат дека нивниот брачен кревет не може да се смести во родителската спална соба, иако тој иделано е вклопен во изложбената станбена единица. Повторната посета на изложбената единица може да им укаже дека тој брачен кревет е вешто направен 5, 10 или повеќе проценти помал од стандардните димензии на ваков кревет. Во земја која е позната по тоа што има веројатно најмали станебни единици во споредба со другите развиени земји во Европа и светот, и во која скоро и да не постојат стандарди за големината на станбените простори во доменот на продажба на станови за пазар - сè е можно. Доколку мислите дека во вообичаена станбена единица за пазар ќе можете да сместите македонски брачен кревет од 180 см х 200 см, веднаш заборавете. Тие честопати функционираат на принципот во нив да можете да го сместите само таканаречениот двоен

кревет со димензии 135 см х 190 см, со тоа да ви останат по 45 сантиметри за пристап од две до три страни на креветот. Но ова не е сè со што можете да се соочите при купување недвижности во Британија. Доколку мислите дека како горд сопственик на диплома за завршен факултет по англиски јазик од престижен британски универзитет, со беспрекорно познавање на говорниот и пишаниот јазик сте подготвени да ги разберете агентите за продажба на недвижности, веројатно ќе откриете дека можеби сте во сериозна заблуда за своите способности. Се разбира, ќе Ви биде потребно да завршите интенизвен курс за англиски јазик говорен од страна на агентите за недвижности. Ситуацијата во оваа смисла е толку сериозна што во 1991 година британскиот парламент донесе Закон за погрешно опишување на имоти, со

 добро засадена градина = одвоете 10 часа неделно за вадење на коровот;  добро презентирана = набрзина обоена;  доградена од сегашниот сопственик = лошо изградена доградба која веројатно нема урбанистичка согласност и скоро сигурно не ги задоволува градежните прописи;  долги визури од градината = локацијата во продолжение на градината има урбанистичка согланост за изградба на фабрика;  жив дел на градот = пијаниците од кафеаната што се наоѓа веднаш до Вашата куќа ја користат Вашата предна градина како тоалет на патот за дома;  има чувство на дом = не е бојосана од средината на минатиот век;  индивидуална или уникатна = никој не ја сака (чудна);  компактна = малечка, просториите се доволно големи само за вашето домашно милениче;  лесно одржувана градина = малечка градина или само жардиниера на прозорецот;  многу подобрена = направи сам - ентузијаст ја има уништено единицата;  можност за подобрување = станбената единка се распаѓа;  популарен реон = или 50 проценти од куќите на улицата постојано се на продажба, или куќите на улицата редовно се посетувани од крадци;  пријатна = досадна;  работна присторија/спална број 4 = малечка собичка за кутии (во минатото куќите имале мали соби, шпајз со прозорец, со површина од приближно 4 до 6 метри квадратни за чување на багажот и работите што не се користат секој ден, а кои во поново време се преименувани во работни простории или спални соби за да се прикаже станбената единица поголема отколку што е);  се наоѓа во мирен реон = треба далеку да патувате до првата продавница;  со лесен пристап до желеничката станица = железничката пруга поминува покрај вашата градина;  со приклучоци за струја и телефонска линија = агентот за недвижности не може да каже ништо повеќе за собата; Се разбира, ова е само мал дел од репертоартот на главно шеговити и не толку страшни работи со кои може да се сретнете доколку вашите патеки се вкрстат со британските агенти за продажба на недвижности. За оние многу посериозни, нешто повеќе во некој од наредните броеви.

Агентите за недвижности имаат свој јазик. Ситуацијата во оваа смисла е толку сериозна што во 1991 година британскиот парламент донесе Закон за погрешно опишување на имоти, со кој, веројатно, се стави крај на најексцесните примери на злоупотреба на говорниот јазик и опишувањето на дрвената барака во дворот како палата. кој веројатно се стави крај на најекцесните примери на злоупотреба на говорниот јазик и опишувањето на дрвената барака во дворот како палата. Вообичаените термини на англискиот јазик говорен од страна на агентите на недвижности и денес вклучуваат (Just Landed, 2012; Muswell-Hill):  4,5 метри долга дневна соба = дневната соба е 3,3 метри долга но има 1,2 метри длабока отворена остава на едниот ѕид;  бижу = микроскопска;  во потреба за модернизација = потребна му е масивна реконструкција;  во рурална зона = 500 метри од центарот на градот или во близина на отворена површина;  декорирана во современ стил = изборот на боите е ужасен;  добро воспоставен/етаблиран реон = или најстариот и најруинираниот дел на градот или досадна безкарактерна нова населба со само неколку објекти;

3

3 мај 2013 ПОРТА

45


еко инфо паРиз

кризата го погоди и францускиот енергетски гигант

Француската електроенергетска компанија GDF Suez, планира укинување на 4.000 работни места во Европа до крајот на 2015 година. На тој начин ќе се оствари заштеда од 4,5 милијарди евра, што би ѝ овозможило на компанијата да се приспособи на европската економска криза. Групацијата планира укинување на 1.400 работни места годишно, во наредните три години. GDF Suez ја заврши 2012 година со вкупно 219.300 вработени, од кои 87% се во Европа. (Capital)

БукуРешт

Романија ги продава своите удели во енергетските компании

Со продажбата на 15-процентниот удел во компанијата Transgaz, Романија го збогати својот буџет за 94,9 милиони американски долари. Во наредниот период ќе следува продажба на 10-процентниот удел во Nucleaenergetica, компанија која управува со нуклеарната централа во Чернавода, што обезбедува 20% од потребите за електрична енергија во Романија. Потоа ќе следува продажба на 10-процентни удели во Romgaz и Hidroelectrica. (Romania insider)

вашингтон

нова поддршка за биогоривата во авиотранспортот во СаД

46

3

ПОРТА

Развојот на производството на одржливото биогориво за авионите во САД, доби нова субвенција со потпишувањето на новиот договор за поддршка од Владата, која веќе станува долгорочна. Американското Министерство за земјоделство и Министерството за трговија потпишаа петгодишен Договор со Сојузната управа за воздухопловство, за помош во развојот на производството на биогориво. Целта е до 2018 година да се произведат 3,5 милијарди литри биогориво подготвено за користење во авионите. (Silobreaker) 3 мај 2013


еко инфо никозиЈа

кипар се надева на енергија од морските бранови

На Кипар наскоро се завршува големиот проект за истражување на потенцијалот за производство на електрична енергија од морските бранови. Се работи за проект започнат во 2011 година, чија цел е изработка на атлас со детална мапа на сите области каде е изводлива оваа опција. Проектот, исто така опфаќа и модел со краткорочни и долгорочни прогнози. Освен кипарските научници, во овој проект учествуваат и стручњаци од научните установи од Грција и САД. (ANSA)

вашингтон

СаД - водечки светски пазар за енергијата од ветер

Според Американското здружение за енергија од ветерот (AWEA), САД се водечки светски пазар за енергијата од ветерот. Во текот на 2012 година се инсталирани повеќе од 6.700 турбини, чија вкупна моќност надминува 13 GW. Според податоците на Меѓународната агенција за енерија (IEA), во последните години развојот на овие технологии сè повеќе се поместува од Европа кон Северна Америка и Азија. (UPI)

ЛонДон

колапс на пазарот за јаглеродни емисии

Цената на сертифицираните намалувања на јаглеродни емисии на Лондонската берза падна на историски најниското ниво од 2,63 евра за еден метрички тон CO2. Ваквата состојба уследи по одбивањето на Европскиот парламент да го реши проблемот со вишокот на дозволи за загадување, поради стравувањето дека раздвижувањето на пазарот за јаглеродни емисии ќе доведе до неминовно поскапување на електричната енергија. (EurActiv) подготви: даниела МлАденовскА

3

3 мај 2013 ПОРТА

47


екологија

Голема промоција на националните паркови од Динарската верига

„Неоткриениот свет на Динаридите“ Според својата убавина, географската позиција и биолошката разновидност, Динарската верига стои рамо до рамо со Карпатите, Алпите или кој и да е друг екорегион во светот Сашо Кузмановски

Н

ајголемиот кањон во светот, по Кањонот на Колорадо во САД, најстарата и најголемата европска шума во која човекот сè уште не стапнал, ливада со повеќе видови орхидеи отколку во цела Велика Британија, најголемата подземна вертикала во светот, најголемата и најдолгата клисура на светот... Сите овие природни богатства се скриени и може да се видат во регионот на Динарските планини, а сега преку проектот „Парковите на Динарската верига“ што го реализира Светскиот фонд на дивиот свет (WWF) ќе добијат подобра заштита и ќе развиваат одржлив туризам. Препознавајќи го значењето на убавините на ова големо подрачје на Балканскиот

48

3

ПОРТА

3 мај 2013

Полуостров, WWF преку регионален проект ги поврза националните паркови од Словенија до Албанија во регионална мрежа во која влегуваат и трите национални паркови во Република Македонија Маврово, Галичица и Пелистер. Целта на ова поврзување е да се создаде платформа на заштитените подрачја во Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Косово, Македонија, Словенија и Србија, да се проучува регионот, да се споделат искуства за одржлив туризам и за ефектот од климатските промени, и за првпат да се направи процена на вредноста на заштитените подрачја на регионално ниво. Динарската верига е регион во Југоисточна Европа, кој се протега на површина од околу 100.000 квадратни

километри, покрај крајбрежјето на Јадранското Море долго 6.000 километри, од Трст до Тирана. Преку интернетстраницата www.discoverdinarides.com, на организацијата WWF, јавноста деновиве доби отворена покана да го истражи „неоткриениот свет на Динаридите“. - Според својата убавина, географската позиција и биолошката разновидност, Динарската верига стои рамо до рамо со Карпатите, Алпите или кој и да е друг екорегион во светот. Активностите на овој проект ќе помогнат да се изгради соработка со приватниот сектор, да се подобри бизнисот преку размена на искуства и позитивни примери. Време е парковите од Динарската верига да станат бренд. Новоформираната мрежа


екологија

ја сочинуваат 75 паркови, кои си го наоѓаат патот кон одржлив туризам низ иницијативата „Парковите на Динарската верига“. Во светот постојат многу малку места каде што во само еден ден може да посетите неверојатни мочуришта,

да откриете фантастични пештери и да пливате под водопади. Во светот постојат мал број региони каде што може да поминете низ четири земји со еден резервоар од вашето возило, да се запознаете со различни култури и да вкусите неверојатни кулинарски специјалитети. Заради промоција на овој богат регион изработивме медиумска кампања со слоганот „Динариди - неоткриениот свет“, која од оваа недела може да се види во весниците, по телевизиите и интернетпорталите низ сите споменати земји, а се „базира“ на астронаути кои откриваат „неоткриен“ свет - велат од WWF. Од Албанија, во мрежата на „неоткриениот свет на Динаридите“ влегуваат 14 национални паркови. Од Босна и Херцеговина во оваа мрежа влегуваат три национални паркови и пет заштитени подрачја. Од Хрватска во престижното друштво влегуваат осум национални

паркови и 11 заштитени подрачја. Од Косово во мрежата се вклучени два национални паркови и две заштитени подрачја. Од Србија, своите богатства преку овој проект ги претставуваат пет национални паркови и девет заштитени подрачја. Словенија ја претставува еден национален парк и девет заштитени подрачја. Од Црна Гора во мрежата на „неоткриениот свет на Динаридите“ влегуваат пет национални паркови. Тригодишниот проект е финансиран од Министерството за надворешни работи на Норвешка и Фондацијата MAVA, а почна со реализација во јануари 2012 година. Проектот опфаќа повеќе средби, работилници и обуки на стручните лица директно вклучени во менаџирањето на националните паркови, за да се запознаат, да почнат да соработуваат и да разменат искуства за заштитата, раководењето и промоцијата на заштитените подрачја.

3

3 мај 2013 ПОРТА

49


хортикултура

Полен - еден од најчестите предизвикувачи на алергии

Сезоната на полен трае неколку месеци, и обично започнува со цветањето на дрвјата во рана пролет. Цветањето на тревите започнува подоцна на пролет до рано лето, додека кај плевелите од доцно лето и цела есен. Филип Филипоски,

дипл.шум.инж.

Н

аучно со 100% точност не може да се објасни зошто некои луѓе имаат зголемена чувствителност на алергени. Она што се чувствува кога алерген доаѓа во контакт со вас е резултат на верижна реакција да се спречи напад од страна на надворешна супстанца. Овие реакции предизвикуваат досадни симптоми кои ние го нарекуваме алергии. Алергија која е предизвикана од алергени преку вдишување се дефинира како респираторна. Состојбата се јавува најчесто како алергиски ринитис или алергиска астма. Денес 500 милиони луѓе во светот и околу 25 до 30% од Европејците се погодени од алергиски ринитис. Бројот на моно-осетливи пациенти (чувствителни само на полен од еден растителен вид) е многу мал. Поголемиот дел од пациентите се полисензитивни и реагираат на повеќе типови на алергиски полен или храна.

50

3

ПОРТА

3 мај 2013

Јапонски цреши


рубрика Поленот се машките полови клетки на цветните растенија. Тие претставуваат многу мали зрнца, невидливи со голо око. Цветовите на различни видови содржат различна количина на поленови зрна. Така на пример, едно јаболково цветче содржи околу 100.000 поленови клетки, брезовото околу шест милиони, лешниковото милион поленови клетки, итн. Тревниот полен е еден од најчестите предизвикувачи на алергии. Сезоната на полен трае неколку месеци, и обично започнува со цветањето на дрвјата во рана пролет. Цветањето на тревите започнува подоцна на пролет до рано лето, додека кај плевелите од доцно лето и цела есен. Постојат разлики во хемискиот состав на поленот, кој е рачно собран и земен од сандаците од пчелите. Рачно собраниот полен содржи протеини од 11 до 40%, масти 1-15%, шеќери 1-7%, минерални материи - 2,55%, вода 4-17% и пепел 1-7%. Поленот земен од сандаците на пчелите содржи протеини 7 - 40%, масти 1-15%, шеќери 20 - 40%, минерални материи 2 - 4%, вода 20 - 30% и пепел 1 - 7%. Дрвјата што претставуваат најголеми предизивикувачи на ваков тип на алергија се даб, маслинка, бреза, јасен, топола, липа итн. Кај нас, најголем проблем претставуваат старите

насади од липи и тополи, кои во пролетниот период предизвикуваат алергиски реакции кај голем број жители. Освен овие видови, проблеми предизвикуваат и неуредените тревни површини, кои не се косат редовно. Липите, поради нивната голема апсорпциона сила, во себе акумулираат голема количина од издувните гасови и нечистотиите во воздухот. Од таа причина е недозволиво да се користи чај од липа собран од сообраќајници и други урбани средини каде загадувањето на воздухот е големо. Постојат многубројни дебати околу тоа дали треба да се исечат старите липи и тополи, кои во минатото претставувале едни од најважните парковски видови кај нас, а на нивно место да се засадат нови насади од други видови. Дури и при замена на старите насади треба добро да се анализираат новите видови кои би се искористиле, бидејќи не може секој вид соодветно да одговори на барањата и условите на урбаната средина. Во поново време, многу атрактивни и често употребувани се насадите од јапонски цреши, кои се неспоредливо подекоративни од старите насади, особено во пролетниот период кога се расцветани, што само по себе значи продолжување на борбата со алергиите за сите чувствителни лица.

Липа

3

3 мај 2013 ПОРТА

51


саеми

меЃунаРоДен Саем за меБеЛ isaLoni 2013, миЛано

Зеленилото - хит во внатрешното уредување

Doimo Sofas

сандра донЧевА теоХАровА, дипл.инж.арх.

Т

радиционално во месец април, од 9-ти до 14-ти, во Милано се одржа 52. издание на iSaloni, славниот меѓународен Саем за мебел и опрема. Тука спаѓа

52

3

ПОРТА

3 мај 2013

Fimar

и делот за изложување и афирмирање на млади креативни дизајнери, како и биеналните категории - Канцелариски мебел и Осветлување. Повеќе од 2500 компании изложуваа на површина од 204.850 м2, а повеќе од 300.000

посетители ја имаа можноста да ги видат најновите трендови во овие категории. Како претставници на фирмата „Биро Проект“, и ние ја имавме можноста да бидеме дел од овие случувања, дел од еуфоријата што владееше и го славеше


саеми

Наспроти кризните времиња, овогодишниот iSaloni потврди дека дизајнот и креативната иновација и натаму остануваат добра инвестиција

Clei

дизајнот тие денови. Преполни улици на Милано, турканици пред трафиките и банкоматите за карти, преполни метроа, куфери на тркалца спремни за носење каталози... , и сите тие насочени кон една цел - гратчето Ро, место оддалечено 14

Аrper

километри од Милано, кое беше центар на саемските случувања; поточно во познатиот деловен објект на Massimilinano Fuksas- Fiera Milano. Турканиците, кои ве следат од сите страни, само го зголемуваа нашето чувство дека речиси сите едвај

го дочекале датумот на отворање на Саемот, сакајќи да се препуштат на убавините на беспрекорно уредените простори во 24 хали, кои е невозможно да ги разгледате за само неколку денови. Овогодишниот Salone Internazionale 

3

3 мај 2013 ПОРТА

53


саеми del Mobile понуди многу нови производи во делот на спалните и детските соби, трпезарискиот мебел, дневните соби, градинарскиот мебел... Она што можеме да го кажеме како заедничко за овие категории, а и она што беше впечатливо на

овој саем е декорацијата со зеленило која ја имаше во секој сегмент. Екологијата е апсолутен хит во внатрешното уредување. Во поглед на колоритот, за љубителите на живи бои, жолтата боја (како сенф), црвената (поретко) и сината беа

Clei

Colombini Casa

54

3

ПОРТА

3 мај 2013

Hulsta

доминантни и можеше да се забележат во секаква ентериерска комбинација; од кревети, гарнитури, спални, детски соби, комоди, столици, па сè до теписи и перници. Останата палета на бои е од светло до темно сиво. Дрвото е сè уште


саеми присутно и доминира како материјал, особено оревовото или дабовото, кои во комбинација со гореспоменатите бои правеа навистина убави композиции. 3Д-ефектите се забележуваа на фронтовите на вратичките, како и комбинацијата на

потенки и подебели медијапански плочи за разигрување на фронтовите. Металот повторно добива во својата присутност, обоен и во комбинација со останатите материјали. Стаклото, исто така, го видовме во многу сегменти, како ногарки на

масички, комоди, гарнитури, како полици или страни на полиците, како прегради или како вратички од плакари (најчесто во затемнети тонови). Сјајниот медијапан веќе се изоставува, односно тој препознатлив сјај го има само кај стаклените површини. 

Emporio Diva

Nanimarquina

Febal Casa

Dielle Modus

3

3 мај 2013 ПОРТА

55


саеми

Living Divani

Hulsta

Механизмите кај комодите се најчесто на механизам на допир. Присутен е и ретро дизајнот, а во тренд се и класичните стилови, но интерпретирани на еден современ начин. Така, еден минималистички мебел се комбинира со по едно парче дизајнирано во класичен стил. Ова 56

3

ПОРТА

3 мај 2013

меѓусебно комбинирање на неколку стилови можеше да се забележи во повеќе наврати. Кај спалните и детските соби особено е изразена функционалноста, па така од места за спиење тие се претворени во работни простори како резултат на софистицираните современи и квалитетни механизми, кои ја

овозможуваат реализацијата на овие идеи. Таков пример можеше да се забележи и кај некои од плакарите, каде што телевизорот излегува од еден негов сегмент со можност за ротирање на која било страна. Надворешниот мебел со неговиот дизајн сè повеќе се приближува кон внатрешниот,


саеми Rolf Benz

Kare

Colombini Casa

Pedrali

што овозможува негово повеќенаменско користење, особено што материјалите се заеднички, како пластика, дрво и метал. Целосниот впечаток беше дека сите изложувачи вложиле големи напори да се претстават на најдобар можен начин и да привлечат големо внимание на

потенцијалните потрошувачи и соработници, а позитивната атмосфера можеше да се забележи во сите денови додека бевме присутни, што е доказ дека и покрај кризните економски времиња, дизајнот и иновацијата остануваат секогаш добра инвестиција. Во секој случај, во наредните броеви

ќе се обидеме да ви пренесеме дел од саемската атмосфера, и да ви ги пренесеме нашите впечатоци во однос на новите материјали и трендовски бои во делот на ентериерното уредување, во поглед на осветлувањето, како и иновативните дизајни на младите креативци. 

3

3 мај 2013 ПОРТА

57


2,3

плочи, 25 kg Thermokleber

Потрошувачка: 5 kg/m

2

Малтер за лепење стиропор (EPS) Putzgrund Fassade плочи, 25 kg

Kati

Подлога пред нанесување на Потрошувачка: 5 kg/m завршни фасадни малтери, 20 kg архитектура 2

25 лтер, kg 25 kgПотрошувачка: KlebeSpachtel

0,3 – 0,5 kg/m2

Малтер за лепење на стиропор (EPS)

Styrokleber армирање и глетување, 25 kg агребана а структура структура Малтер за лепење на стиропорни (EPS) Потрошувачка: плочи, 25 kg лепење: ca. 5 kg/m mm3 mm 3за mm Mosaic за армирање: ca. 6 kg/m 4 3,0 3,0 Малтер за цокле, 25 kg 2

Потрошувачка: 5 kg/m

2

2

Потрошувачка: 0,3 – 0,5 kg/m2 Малтер за лепење на стиропор (EPS) армирање и глетување, 25 kg

3,0

Малтер Малтер заза лепење лепење нана стиропор стиропор (EPS) (EPS) армирање армирање и глетување, и глетување, 2525 kgkg

Putzgrund Putzgrund Fassade Fassade

Addi

Подлога Подлога пред пред нанесување нанесување нана завршни завршни фасадни фасадни малтери, малтери, 2020 kgkg

Потрошувачка: Потрошувачка: Акрилен фасаден малтер, 25 kg 2 2 за за лепење: лепење: ca.ca. 5 kg/m 5 kg/m Силикатен фасаден малтер, 25 kg 2 2 за за армирање: армирање: ca. ca. 6 kg/m 6 kg/m Измазнета структура Загребана структура 1,5 mm 2 mm 3 mm 2 mm 3 mm Измазнета структура Загребана структура 2,3 2,7 3,6 2,4 3,0

2 2 Потрошувачка: Потрошувачка: 0,30,3 – 0,5 – 0,5 kg/m kg/m

1,5 mm 2 mm 3 mm 2 mm 3 mm 2,3 2,7Conni 3,6 2,4 3,0 Фасаден систем со плочи од Силиконски фасаден малтер, 25 kg KlebeSpachtel KlebeSpachtel M M стиропор (EPS)

Mosaic Mosaic

Малтер Малтер заза цокле, цокле, 2525 kg Фасаден систем соkgплочи од Потрошувачка: Потрошувачка: 0,30,3 – 0,5 – 0,5 kg/m kg/m камена волна 2

Малтер Малтер заза лепење, лепење, армирање армирање и Измазнета структура Загребанаиструктура

глетување глетување нана плочи плочи и2 ламели од Putzgrund 1,5 mm Fassade 2 mm 3 mm и ламели mm 3од mm

камена камена волна, волна, 25 25 kgkg 2,4 на 3,0 Подлога пред нанесување 2,3 2,7 3,6 Потрошувачка: Потрошувачка: завршни фасадни малтери, 20 kg 1 за за лепење: лепење: ca.ca. 6 kg/m 6 kg/m 2

Кнауф Кнауф дооел дооел Скопје, Скопје, бул. бул. Александар Александар Македонски Македонски бб,бб, 1000 1000 Скопје, Скопје, Македонија Македонија Тел: Тел: 0202 3235750, 3235750, info@knauf.com.mk, info@knauf.com.mk, www.knauf.com.mk www.knauf.com.mk

Силикатен фасаден малтер, 25 kg 2

Минер Кнауф Кнауф

2

малтер

Системи Системисос и истиропор стиропо Преднос

1

2

2 2 2 Kati за за армирање: армирање: 70,5 kg/m 7 kg/m Потрошувачка: 0,3ca.–ca. kg/m

• Пароп • Економ • Довер • Едност

2

Кнауф фасаден систем

Mosaic

KlebeSpachtel

KlebeSpachtel M

2,7 3,6 2,4 KlebeSpachtel KlebeSpachtel

Измазнета структура 1,5 mm 2 mm 3 mm 2,3 2,7 3,6

Загребана структура 2 mm 3 mm 3 2,4 3,0

3

Knauf Knauf Macedonia Macedonia

Малтер за цокле, 25 kg

Системи со плочи од Кнауф камена волна фасаден систем 4 и стиропор (EPS) Системи со плочи од камена волна

Putzgrund Fassade Потрошувачка: 0,3 пред – 0,5нанесување kg/m2 Подлога на

завршни фасадни малтери, 20 kg 4

Потрошувачка: за лепење: ca. 5 kg/m2 армирање и за армирање: ca. 6 kg/m2

за лепење, ер, малтер, 25 kgМалтер 25 kg глетување на плочи и ламели од

Потрошувачка: 0,3 – 0,5 kg/m2

камена волна, 25 kg

Потрошувачка: Thermokleber Thermokleber Thermokleber Thermokleber 2 лепење: ca. 6Малтер kg/m Малтер заза лепење Малтер лепење Малтер стиропор застиропор за лепење лепење (EPS) стиропор (EPS) стиропор (EPS) (EPS) Кнауф дооелзаСкопје, Кнауф дооел Скопје, за армирање: ca. 7 kg/m22525 плочи, плочи, kg плочи, kg плочи, 2525 kgkg KlebeSpachtel M бул. Александар Македонски бб,

Mosaic Addi Addi

Addi Addi

и стиропор (EPS)

5

5

6 Малтер за цокле, 25 kg агребана а структура структура Акрилен Акрилен фасаден Акрилен фасаден Акрилен малтер, фасаден малтер, фасаден 25Кнауф 25 малтер, kgмалтер, kg 25 25 kgkg фасаден систем бул. бб, Измазнета Измазнета структура структура Измазнета Измазнета структура Загребана структура Загребана структура структура Загребана структура структура 1. Styrokleber * 1.Загребана KlebeSpachtel Малтер за лепење, армирање и Александар Македонски mm 3 mm 3 mm Потрошувачка: Системи со плочи одMкамена волна Потрошувачка: Потрошувачка: 5Потрошувачка: kg/m 5 kg/m 5 kg/m 5иkg/m 1000 глетување на плочи ламели од Скопје, Македонија 2. Stiropor (EPS) волна* 1000 Скопје, Македонија 1,51,5 mmmm2 mm 2 mm 1,51,5 3mm mm 3mm mm 2 mm 22mm mm 2 mm 3 mm 3 mm 3стиропор mm 322.mm 2Камена mm (EPS) 3 mm 3 mm и камена волна, 25 kg Тел: 02 3235750, Addi 3. KlebeSpachtel со мрежичка 3. KlebeSpachtel M со мрежичка 02 3235750, 2,3 2,7 2,7 2,3 2,3 3,6 3,6 2,7 2,7 2,4 2,4 3,6 3,6 3,0 3,0 2,4 2,4 3,0 3,0 4Тел: 3,0 3,0Addi info@knauf.com.mk, 4. Putzgrund2,3 Fassade 4. Putzgrund Fassade АкриленАкрилен фасаденфасаден малтер, малтер, 25 kg 25 kg 2

2

2

Потрошувачка: 0,3 – 0,5 kg/m2

2

Потрошувачка:

за лепење: ca. 6 kg/m www.knauf.com.mk info@knauf.com.mk, 5. Addi ** Knauf Macedonia Кнауф дооел Скопје, за армирање: ca. 7 kg/m бул. Александар Македонски бб, www.knauf.com.mk Knauf Macedonia Conni Conni Conni Conniи Thermok* За лепење ЕРЅ плочи може да се употреби 1000 Скопје, Македонија ИзмазнетаИзмазнета структура структура ЗагребанаЗагребана структура структура 2

2

1,5 mm 2 mm 1,5 mm3 mm 2 mm 2 mm 3 mm 2,3 2,7 2,3 3,6 2,7 2,4 3,6 Styrokleber Styrokleber Styrokleber Styrokleber

малтер, р, 25 kg 25 kg

Тел: 02 3235750, leber. Kaj Styrokleber-от кај објекти со висина до 8m Силиконски Силиконски Силиконски фасаден Силиконски фасаден малтер, фасаден малтер, фасаден 25*25 малтер, kgмалтер, kg од25 25 kgkg Кај плочите камена волна неопходно е

23mm mm 2,4 3,0

3 info@knauf.com.mk, mm нема потреба за типлување, додека при употреба на типлувањето со типли со челично јадро www.knauf.com.mk Thermokleber-от секогаш е потребно типлување. Измазнета Измазнета структура структура Измазнета Измазнета структура Загребана структура Загребана структура структура Загребана Загребана структура структура 3,0 Наместо SP 260 и егализациска боја може да се 1,51,5 mmmm2 mm 2 mm 1,51,5 3mm mm 3mm mm 2 mm 22mm mm 2 mm 3 mm 3 mm 3 mm 32**mm 2 mm 3 mm 3 mm Knauf Macedonia

** Наместо Addi може да се нанесат и други завршни

2

2

2

2

Kati Kati

Силиконски Силиконски фасаденфасаден малтер, малтер, 25 kg 25 kg

mm3 mm 3 mm ИзмазнетаИзмазнета структура структура ЗагребанаЗагребана структура структура 4 3,0 3,01,5 mm 2 mm 1,5 mm3 mm 2 mm 2 mm 3 mm 23mm mm 3 mm 2,3

стиропор (EPS) eе(EPS)

Kati

2,7 2,3 3,6 2,7 2,4 3,6 2,4 3,0 KlebeSpachtel KlebeSpachtel KlebeSpachtel KlebeSpachtel

3,0

Addi

Addi

Kati

/m2

S)

Малтер Малтер заза лепење, Малтер лепење, Малтер за армирање за армирање лепење, лепење, армирање иструктура армирање иЗагребанаиструктура и Измазнета структура Измазнета структура Загребана глетување глетување глетување наглетување на плочи плочи на ламели и2 на ламели плочи плочи и ламели и2 ламели од 1,5 mm 2 mm 1,5 3mm mm 2иmm mm 3 mmод 3од mm mm 3од mm камена камена волна, волна, камена камена 25 25 kg волна, kg волна, 25 kgkg порни е на стиропорни (EPS) (EPS) Подлога Подлога пред нанесување пред нанесување на на 3,0 2,3 2,7 2,3 3,6 2,7 2,4 25 3,6 3,02,4

m2

kg

/m2

Putzgrund Putzgrund FassadeFassade

Kati Kati

Силикатен Силикатен Силикатен фасаден Силикатен фасаден малтер, фасаден малтер, фасаден 2525 малтер, kgмалтер, kg 2525 kgkg Измазнета Измазнета структура структура Измазнета Измазнета структура Загребана структура Загребана структура структура Загребана Загребана структура структура 1,51,5 mmmm2 mm 2 mm 1,51,5 3mm mm 3mm mm 2 mm 22mm mm 2 mm 3 mm 3 mm 3 mm 32 mm 2 mm 3 mm 3 mm 2,32,3 2,72,72,32,3 3,63,62,72,7 2,42,43,63,6 3,03,0 2,42,4 3,03,0

Подлога Подлога пред пред Подлога Подлога нанесување нанесување пред пред нанесување на нанесување на нана завршни завршни фасадни завршни фасадни завршни малтери, фасадни малтери, фасадни 20 малтери, 20 kg малтери, kg 2020 kgkg

2

2

5

Mosaic Mosaic Mosaic Mosaic

Малтер Малтер заза цокле, Малтер цокле, Малтер 25 за 25 kg за цокле, kg цокле, 2525 kg Фасаден Фасаден систем со систем плочи соkg од плочи од Минерални Минерални завршни зс Кнауф Кнауф Кнауф Кнауф фасаден фасаден фаса фас 1.kg/m Styrokleber * 1. Kleb Потрошувачка: Потрошувачка: Потрошувачка: 0,3 Потрошувачка: 0,3 – 0,5 – 0,5 kg/m kg/m 0,30,3 – 0,5 – 0,5 kg/m 2. Stiropor (EPS) каменакамена волна волна малтери малтери 2. Кам 2

2

2

2

3. KlebeSpachtel Системи соСистеми мрежичка 3. Kleb со Системи со Системи плочи плочиод со од со камена плочи камена плочи од во 4. Putzgrund Fassade 4. Putz и и стиропор стиропор и и стиропор (EPS) стиропор (EPS) (EPS) (EPS) 5. Addi ** 5. SP 2 Предности Предности на минерални на ми 6. Егал * За лепење ЕРЅ плочи може да се употреби и Thermok1 Styrokleber-от кај 1 објекти со висина до 8m leber. Kaj

2

* Кај пло • Паропропустливост • Паропропустл Кнауф Кнауф дооел дооел Кнауф Скопје, Кнауф Скопје, дооел дооел Скопје, Скопје, нема потреба за типлување, додека при употреба на типлувањ 2Александар бул. Александар бул. бул. Македонски Александар Македонски Александар бб, Македонски бб, Македонски бб,бб, Thermokleber-от секогаш2е• потребно типлување. Силикатен Силикатен фасаден малтер, фасаден 25 малтер, kg 2 25бул. kg Економичност • Економичност 2 1000 1000 Скопје, Скопје, 1000 Македонија 1000 Македонија Скопје, Скопје, Македонија Македонија ** Намес • Доверливост • Доверливост Измазнета структура Измазнета структура Загребана структура Загребана структура Тел: Тел: 0202 3235750, 3235750, Тел: Тел: 0202 3235750, 3235750, ** Наместо Addi може да се нанесат и други завршни употреб фасадни нанесувања (Kati, Conni или SP 260, односно info@knauf.com.mk, info@knauf.com.mk, info@knauf.com.mk, info@knauf.com.mk, силиконс • Едноставна • Едноставна употреба упо 1,5 mm 2 mm 1,5 3mm mm 2 mm 2 mm 3 mm 3 mm 2 mm 3 3 mm 3 RP 240 3 со егализациска 3 боја) 240 во к www.knauf.com.mk www.knauf.com.mk www.knauf.com.mk www.knauf.com.mk Knauf Knauf Macedonia Macedonia Knauf Knauf Macedonia Macedonia

2 2 2 2 2ca. 2 Kati Kati за за армирање: армирање: ca. ca. армирање: 70,5 армирање: kg/m 7 kg/m 70,5 kg/m 7 kg/m Потрошувачка: Потрошувачка: 0,3за –за kg/m 0,3ca.– kg/m

2,3

Кнауф Кнауф фасаден фасаден систем систем 2,7

Mosaic Mosaic

2,3 3,6

2,7 2,4

3,6

3,02,4

3,0

SP 260

Системи Системи со плочи со плочи од Кнауф камена од Кнауф камена волна волна фасаден фасаден систем систем системи 4 4 и стиропор и стиропор (EPS) (EPS)Системи Системи со ѕид. плочи соод плочи камена од камена волна волна со изолација од камена волна и паропропусност на целиот фасаден 2 Потрошувачка: Потрошувачка: 0,3 – 0,5 kg/m0,3 – 0,5 kg/m2

Конечно можете да го добиете посакуваниот5 квалитет5 на живот ивостиропор Вашиот и стиропор (EPS) дом. (EPS) Mosaic

Mosaic

Малтер за цокле, Малтер25 заkg цокле, 25 kg

Кнауф дооел Кнауф Скопје, дооел Скопје, Потрошувачка: Потрошувачка: 0,3 – 0,5 kg/m0,3 – 0,5 kg/m M 2

2

бул. бул. Македонски Македонски бб, бб, * 1. Styrokleber 1. Styrokleber * ње е, армирање и Александар и Александар 1000 Скопје, 1000 Скопје, Македонија очи ли од и ламели одМакедонија 2. Stiropor 2. (EPS) Stiropor (EPS) 5Тел: kg 02 3235750, Тел: 02 3235750, 3. KlebeSpachtel 3. KlebeSpachtel со мрежичка со мрежичка

2

бул. Александар бул.Македонски Александарбб, Македонски бб,

5

5

6

6

Кнауф Кнауф фасаден фасаден систем систем 1. KlebeSpachtel 1. KlebeSpachtel M M Системи со Системи плочи од со камена плочи од волна камена волна 2. Камена2. волна* Камена волна* и стиропор и стиропор (EPS) (EPS) 3. KlebeSpachtel 3. KlebeSpachtel M со мрежичка M со мрежичка

info@knauf.com.mk, info@knauf.com.mk, 4. Putzgrund 4. Putzgrund Fassade Fassade www.knauf.com.mk www.knauf.com.mk 5. Addi **дооел 5. Addi ** Knauf Macedonia Knauf Macedonia 2 Кнауф дооел Кнауф Скопје, Скопје,

/m

SP

МинераленМи за фасаден малт фа структура, стр 25

Малтер за Малтер цокле, засистеми 25 цокле, kg 25контактна kg пор е на(EPS) стиропор (EPS) Дозволете им на нашите фасада, трајно да Ви покажат Putzgrund Putzgrund Fassade за Fassade kg ување, 25 kg 2 2 Потрошувачка: Потрошувачка: 0,3 – 0,5 kg/m 0,3 – 0,5 kg/m дека "Изгор лето-кочан зима" не е опис и за Вашиот дом. Подлога пред Подлога нанесување пред нанесување на на 4 20 kg 4 завршни фасадни завршни малтери, фасадни 20 малтери, kgовозможена 2 Вдишете голема доза чист и свеж воздух, од единствените Кнауф

/m2

2

4

2 2 2 2 Потрошувачка: Потрошувачка: Потрошувачка: 0,3 Потрошувачка: 0,3 – 0,5 – 0,5 kg/m kg/m 0,3 0,3 – 0,5 – 0,5 kg/m kg/m

Потрошувачка: Потрошувачка: Потрошувачка: Потрошувачка: завршни завршни фасадни фасадни малтери,малтери, 20 kg 1 20 kg 1 за за лепење: лепење: ca.ca. за 6 за kg/m лепење: 6 kg/m лепење: ca.ca. 6 kg/m 6 kg/m 2

1

Putzgrund Putzgrund Putzgrund Fassade Putzgrund FassadeFassade Fassade

Потрошувачка: Потрошувачка: Потрошувачка: АкриленПотрошувачка: фасаден Акрилен малтер, фасаден 25 малтер, kg 25 kg 2 2 2 2 за за лепење: лепење: ca.ca. за 5 за kg/m лепење: 5 kg/m лепење: ca.ca. 5 kg/m 5 kg/m Силикатен Силикатен фасаден фасаден малтер, малтер, 25 kg 25 kg 2 2 2 2 за за армирање: армирање: за ca. за ca. армирање: 6 армирање: kg/m 6 kg/m ca. ca. 6 kg/m 6 kg/m Измазнета структура Измазнета структура Загребана структура Загребана структура 1,5 mm 2 mm 1,5 3mm mm 2 mm 2 mm 3 mm 3 mm 2 mm 3 mm ИзмазнетаИзмазнета структура структура Загребана Загребана структура структура 2,3 2,7 2,3 3,6 2,7 2,4 3,6 3,02,4 3,0

1,5 mm 2 mm 1,5 mm3 mm 2 mm 2 mm 3 mm 23mm mm 3 mm 2,3 2,7 2,3 3,6 2,7 2,4 3,6 2,4 3,0 3,0 Conni Conni со Фасаден Фасаден систем систем плочи со од плочи од Силиконски Силиконски фасаден малтер, фасаден 25 малтер, kg 25 kg KlebeSpachtel KlebeSpachtel KlebeSpachtel KlebeSpachtel MM (EPS)MM стиропор стиропор (EPS)

Фаса каме

стиропор (EPS)

3

Малтер Малтер заза лепење Малтер лепење Малтер на зана за лепење стиропор лепење стиропор на(EPS) на стиропор (EPS) стиропор (EPS) (EPS) армирање армирање армирање и армирање глетување, и глетување, и глетување, и25 глетување, 25 kgkg 2525 kgkg

на вање на лтери, , 20 kg 20 kg

m2

употребат и силикатно завршно нанесување Knauf Kati,

Малтер Малтер заза лепење Малтер лепење Малтер на зана за лепење стиропорни лепење стиропорни нана стиропорни (EPS) стиропорни (EPS) (EPS) (EPS) 2,32,3 (Kati,2,7 2,72,3 2,3 3,6 2,7односно 2,7 2,42,43,63,6 3,03,0 2,4 2,4 3,03,0 нанесување Knauf Conni или RP фасадни нанесувања Conni или SP3,6 260, силиконско завршно Фасаден систем со плочи од RP 240 со егализациска боја) 240 во комбинација со егализациска боја. плочи, плочи, 2525 kg плочи, kg плочи, 2525 kgkg

ConniПотрошувачка: ConniПотрошувачка: Потрошувачка: 5 Потрошувачка: kg/m 5 kg/m 5 kg/m 5 kg/m агребана а структура структура

EPS)

5. SP 260 ** 6. Егализациска (изедначувачка) боја

4. Putzgrund 4. Putzgrund Fassade Fassade 5. SP 260 **5. SP 260 ** 6. Егализациска 6. Егализациска (изедначувачка) (изедначувачка) боја боја

f Macedonia Knauf Macedonia * За лепење ЕРЅ * Заплочи лепење може ЕРЅда плочи се употреби може да исеThermokупотреби и Thermok1000 Скопје, 1000 Македонија Скопје, Македонија Тел: 0233235750, Тел: 3235750, leber. Kaj 02 Styrokleber-от leber. Kaj Styrokleber-от кај објекти сокај висина објекти до со 8mвисина до 8m * Кај плочите*од Кајкамена плочите волна од камена неопходно волнае неопходно е 58 ПОРТА мај 2013

3

info@knauf.com.mk, немаinfo@knauf.com.mk, потребанема за типлување, потреба задодека типлување, при употреба додека при на употреба на типлувањето типлувањето со типли со челично со типлијадро со челично јадро www.knauf.com.mk www.knauf.com.mk Knauf Macedonia Knauf Macedonia Thermokleber-от Thermokleber-от секогаш е потребно секогаш типлување. е потребно типлување.

** Наместо SP **260 Наместо и егализациска SP 260 и егализациска боја може дабоја се може да се

Гранулација Гра 1,5 mm 1,5 2 mm 2m

RP 240

RP

МинераленМи за фасаден малт фа структура, стр 25

Гранулација Гра 2 mm 2m 2,5 mm 2,5

Силиконска Си егализациск ега


in memoriam - СтоРм тоРгеРСон (1944-2013)

дизајн

„Повеќе го сакам компјутерот во својата глава отколку оној на масата“ „Слушам музика, го читам текстот и зборувам со музичарите. Себеси се гледам како преведувач, кој музиката ја преведува во визуелна уметност (корица). Ги истражувам двојностите и противречноста, нежно да го вознемирам посматрачот“.

А

нглискиот графички дизајнер Сторм Торгерсон, чии решенија за насловните страници на албумите на „Пинк флојд“ и на „Лед цепелин“ го пренесоа духот на психоделијата во 70тите години на минатиот век, почина на 69 години. Тој бил еден од основачите и клучен автор на студиото за уметнички дизајн „Hipgnosis“. Неговото семејство соопшти дека умрел мирно, опкружен со семејството и со пријателите. Писателот Даглас Адамс го нарече најдобар дизајнер на албуми во светот. Тој како вонсериски дизајнер направил клучно влијание врз дизајнот на популарната култура во текот на неговата активна 40-годишна творечка активност. Соработката со „Пинк флојд“, Торгерсон ја започна кога ја дизајнираше корицата за плочата „A Saucerful of Secrets“ од 1968 година, а набрзо креациите на неговата компанија станаа најбарани меѓу најголемите рокери. „Лед цепелин“, „Питер Гејбријел, „Бед компани“, Пол Макартни, „Јес“, „Блек сабат“, „Алан Парсонс Проџект“, Мајк Олдфилд, „Скорпионс“, „Антракс“, „Кренберис“ и „Мјуз“ 

3

3 мај 2013 ПОРТА

59


дизајн

60

3

ПОРТА

3 мај 2013


дизајн беа меѓу неговите најредовни клиенти. Торгерсон ги базираше дизајните на фотографии, преку кои нанесуваше различни техники за да добие надреални слики, нешто што денес многу лесно може да се направи со компјутерска програма, како што е фотошоп. Но, тој говореше дека повеќе го сака компјутерот во својата глава отколку оној на масата. Инспирацијата ја наоѓаше, меѓу другото, и во историјата на уметноста, особено во делата на Кандински, Пикасо, Магрит... До времето на формалното распаѓање на студиото „Hipgnosis“ во 1983 година, после кое уметниците продолжиле сами, бројот и угледот на референците на „Hipgnosis“ биле без конкуренција во светот на применатата уметност. Некои од нивните дела се влезени во аналите на учебниците за дизајн. За да креираше нечиј омот, тој инсистираше на директна комуникација со музичарите. „Слушам музика, го читам текстот и зборувам со музичарите. Себеси се гледам како преведувач, кој музиката ја преведува во визуелна уметност (корица). Сакам да ги истражувам двојностите и противречноста, нежно да го вознемирам посматрачот. Сакам реалните елементи да ги искористам на

нереален начин“, објаснуваше Торгерсон. „Ја имав таа среќа да припаѓам на генерација којашто уживала во кориците на винилните изданија на музичките албуми се до деведесеттите години на минатиот век, кога тие одеднаш исчезнале од тажниот пазар на кој дотогаш живееле. ЦД никогаш не успеало да се приближи до речиси култното значење на корицата на плочата во процесот на слушање музика: кога ќе слушавме за прв пат некој албум, внимателно ги читавме текстовите, ги гледавме сликите, го анализиравме секој детаљ... Понекогаш со завист гледавме во фонотеките на пријателите, кои имаа доволно пари да нарачуваат плочи од Велика Британија“, говореше Торгерсон.

40 години од "Dark side of the Moon"

Оваа година, на почетокот на март, се навршија 40 години од објавувањето на албумот „Dark side of the Moon“, првиот албум на „Пинк Флојд“, еден од најпродаваните албуми на сите времиња, кој стигнал на врвот на американската листа и таму останал 741 недела, од 1973 до 1988 година. По тој повод, Сторм Торгерсон и

неговата фирма „Storm designs“ креирале постер со 40 ексклузивни нови призми, и тоа беше неговата последна работа. Дигиталната копија на оригиналната плоча од 1973 година од неодамна се наоѓа во конгресната сала на САД во рамките на дигиталната архива составена од 10 милиони гигабајти материјал. Изданието е сместено во подземната просторија на 10 Целзиусови степени. Инаку, за корицата на овој албум да премине во историјата на најголемите дизајнерски решенија во светот, биле потребни три минути. Имено, на членовите на групата им било потребно толку време за да одлучат која корица е најдобра. Сторм Торгерсон донел седум скици во студиото „Abbey road“, во кое се снимало изданието. „Прелетаа со поглед преку цртежите, ги погледнаа, климнаа со глава и рекоа: ‘Toj’, покажувајќи на призмата“, изјавил Торгерсон во едно интервју. Дизајнерот својата инспирација ја нашол во „Флојдовите“ настапи каде што на сцените се преклопувале разни светлосни ефекти. За потребите на внатрешната корица, Торгерсон отишол во Египет и снимил инфраред фотографија на пирамидата. 

3

3 мај 2013 ПОРТА

61


совети Со преуредувањето на бањата не сакаме да брзаме туку сакаме да ги разгледаме сите можности за добивање на добро решение. Дегажманот и бањата ги споивме во поголем простор кој има влез од две страни – од ходникот и спалната соба. Тука треба да организираме тоалет и бања. Како функционално и естетски да го испланираме овој простор? Павлина Ристовска, Скопје пред

потоа

БАЊАТА - ДЕЛ ОД ЕНТЕРИЕРОТ

У

редувањето на просторот треба да почне со решавање на функцијата. Поголемиот простор може да го разделите на тоалет со минимални димензии во кој ќе се влегува од ходникот, и бања како место на интимност и приватност. Вратата од бањата заменете ја со стаклена шибер врата од орнамент стакло. Со преградувањето бањата ќе добие форма на „Г“ во основата. Во поширокиот дел, поблиску до влезот

62

3

ПОРТА

3 мај 2013

се поставува мијалник со огледало а челно вградена када. Во тесниот дел се поставува конзолна тоалетна шолја. Без оглед на вистинската големина на просторот, со функционално осветлување и правилен избор и распоред на елементите може да се создаде чувство на удобност, лежерност и оригиналност во бањата. Што се однесува до ентериерот, тој треба да е усогласен со ентериерот на остатокот од животниот простор. Доколку стилот е минималистички и бањата треба така

да е уредена. Стилот „арт деко“ бара традиционални елементи, конзола, орманче, масичка и најразновидни декоративни детали. Модерно уредените бањи бараат и нова технологија на елементите, која ја олеснува и поедноставува употребата. Исто така, овозможува поголемо уживање, но ја подига и свеста за важноста на заштеда на енергијата и природните ресурси. Билјана СТЕВКОВСКА-САВИЌ, дипл.инж.арх.

bsavic@porta3.com.mk


најчудни градби

ГРАДСКИ ПАРК ВО ЕРЕВАН – ВОЗДИШКИ И ЗАЧУДЕНОСТ

Н

скалеста форма, низ него доминираат триаголните форми, кои се испреплетени низ исто така триаголни мермерно-гранитни сегменти. Нивелирањето е регулирано и со поголеми шетачки патеки со огради, кои се поврзани преку заеднички скали, а со кои од повисокиот дел можете да се спуштите кон плоштадот и самата фонтана. На спротивната страна се наоѓаат скалести зони на уредени парковски површини. На овој начин се овозможува и сета вода која ќе падне како дожд, да се слее во овие зони, но и на локациите каде има триаголни тревнати површини со гранитните форми. За да не биде целиот проект монотон, конструкторот искористил и дрвени сегменти, кои се шараат низ гранитот и тревата, а клупите имаат едноставна форма со што одлично се вклопуваат во целата слика.

аднасловот во овој број на „Порта 3“ може слободно да го преименуваме како најчудниот парк на светот. Не секогаш само цврстата конструкција, металот или арматурата можат да значат предизвик за воздишки и зачуденост. И обичните нешта понекогаш можат да зрачат со убавина и да бидат вистински предизвик за сите нас. Урбанизираниот свет е концентиран на изнаоѓање нови парчиња зеленило. Имено, во големите градови станува навика урбанистички да се бришат парковски локации и на нивно место да никнуваат облакодери. Но сепак, зелената димензија преовладува во сите можни градежни облици, па затоа имаме неверојатни решенија и се почести примери, кога зелени паркови се прават

како меѓукатови на облакодерите или пак на самиот врв. Во 2011 година, во главниот град на Ерменија, во Ереван, конструиран е навистина убав градски парк кој може слободно да биде пример и за Македонија.

Драган Ристов

Паркот, кој официјално го носи името „Тумо“, се простира на површина од 6000 м². Името го добил по проектантското студио „ТУМО“ или Центар за креативни технологии на Ереван. Основна цел било урбано поврзување на главната зграда на институтот со паркот, кој бил запуштен и остаток од ерата на Советскиот Сојуз. Паркот вклучува фонтана и мини плоштад, кој е своевидно шеталиште, но и одморалиште. Она што го прави посебен овој парк се формите, кои со разиграноста нудат свежина и предизвик. Впрочем, градските власти велат дека со создавањето на овој парк, направиле простор на кој не може да му одолее ниту еден граѓанин, бидејќи барем еднаш во денот ќе седне на некоја клупа и ќе одмори. Паркот има

3

3 мај 2013 ПОРТА

63


излог

52.meЃунаРоДен Саем за меБеЛ - saLone internaZionaLe DeL moBiLe 1. Кружна полица изработена од комбинација на оревово дрво и бел медијапан, од италијанскиот бренд Villa. 2. Мијалник со додатни елементи од дрво и стакло во жолта боја, од италијанската фирма Lago. 3. Нови прозиводи на детски намештај од roberto Giacomucci за emporium. Kомода, плакар и закачалка, изработени од дрво и обоен медијапан. подготви: сандра донЧевА теоХАровА, дипл.инж.арх.

1

2

64

3

ПОРТА

3 мај 2013


излог

3

3

3 мај 2013 ПОРТА

65


ÑÎÎÏØÒÅÍÈÅ ÄÎ £ÀÂÍÎÑÒÀ çà ïðîòèâïðàâíî êîðèñòå�å íà èìåòî íà Óíèâåðçèòåòîò �Ñâ� Êèðèë è �åòî�è¼� âî Ñêîï¼å Èì ñå ñîîïøòóâà íà äåëîâíàòà è íà ïîøèðîêàòà ¼àâíîñò äåêà Çàâîäîò çà è�ïèò�âà�å ìàòåðè¼àëè è ðàçâî¼ íà íîâè òåõíîëîãèè Ñêîï¼å - Ñêîï¼å, îä 2009 ãîäèíà ïðîòèâïðàâíî âî íàçèâîò íà ñâî¼àòà ôèðìà ãî êîðèñòè èìåòî íà Óíèâåðçèòåòîò �Ñâ. Êèðèë è Ìåòîäè¼� âî Ñêîï¼å. Íà îâî¼ íà÷èí ãè äîâåäóâà âî çàáëóäà äåëîâíèòå è äðóãèòå ñóá¼åêòè âî Ðåïóáëèêà Ìàêåäîíè¼à è ïîøèðîêî äåêà ñå ðàáîòè çà èíñòèòóöè¼à âî ñîñòàâ íà Óíèâåðçèòåòîò �Ñâ. Êèðèë è Ìåòîäè¼� âî Ñêîï¼å. Óíèâåðçèòåòîò �Ñâ. Êèðèë è �åòîäè¼� âî Ñêîï¼å ñîîïøòóâà äåêà ñòàòóñîò ïðèäðóæíà ÷ëåíêà íà Óíèâåðçèòåòîò, Çàâîäîò çà èñïèòóâà�å ìàòåðè¼àëè è ðàçâî¼ íà íîâè òåõíîëîãèè Ñêîï¼å - Ñêîï¼å ãî èìà èçãóáåíî ñî Îäëóêà íà Óíèâåðçèòåòñêèîò ñåíàò è ñî ïðàâîñèëíà è èçâðøíà ïðåñóäà íà Îñíîâíèîò ñóä Ñêîï¼å 2 - Ñêîï¼å, à ñî òîà ãî èìà èçãóáåíî è ïðàâîòî äà ãî êîðèñòè èìåòî íà Óíèâåðçèòåòîò. Óíèâåðçèòåò �Ñâ� �èðèë è �åòîäè¼� âî Ñêîï¼å 66

3

ПОРТА

3 мај 2013




Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.