ЕKO АКТИВНОСТИ 2015 - 2018

Page 1

ООУ “Димитар Миладинов” Општина Центар Скопје ментор Аида Петровска

ЕКОЛОШКИ АКТИВНОСТИ ОД 18 МАЈ 2015 ДО ДЕНЕС


Се обидовме да најдеме одговор на прашањето:

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО КЛИМАТА ВО МАКЕДОНИЈА?


Од 1998 година до денес учествувавме и се уште учествуваме во многу меѓународни, државни и училишни проекти (ГЛОБЕ, ЕНО, ЕКО, ВОЛВО, АРМАЛ, ..... ) Исчистивме многу депонии, засадивме многу дрвца, научивме да правиме еко – публикации, постери, брошури, весници, умееме да организираме еко - кампањи, да истражуваме и да се грижиме за нашата околина.


Од досегашните еко-активности, еко-проекти и мерења заклучивме: “Температурите во некои периоди од годината енормно се зголемуваат, а во некои периоди од годината опаѓаат, така да има минимална разлика во вредностите на средни годишни температури. Такво колебање на температурите влијае на климата во Македонија и таа се менува. Немаме веќе остри студени зими ниту пак жешки лета.”


Како заклучок од проектот што го работевме од 2008 до 2010 година запишавме: "Апсолутно годишно колебање на температурата на воздухот во последните 2 години е се со помала вредност. Во 2008 година изнесуваше 51°C, како и во 2009 година 51 °C. ( Тоа е разлика од апсолутна годишна максимална и апсолутна годишна минимална температура. ) Во педесетите и шеесетите години апсолутното колебање на температурите изнесувало и до 70 °C. Ова е само показ дека климата во Македонија навистина се менува. Немаме веќе остри зими и жешки лета. Завладеа умерената клима.


Доказ за промената на климата се и растенијата кои некогаш не можеле да опстојат на нашата почва, а денес се одгледуваат успешно и со се поголеми приноси. Тоа се маслинките, кивито, бананите, лимоните, кикирики и други јужни овошја."


Истите години ја истражувавме и влажноста на воздухот и ја споредувавме со измерените вредности за секоја година. Средната влажност на восдухот во 2008 год. изнесувала 67 %, а во 2009 год. 71% (значи поголема влажност на воздухот имавме во 2009 год. за 4%), 2010 година средната влажност изнесувала 72 % (значи се зголемува).


Карактеристично за 2008 година е тоа што дождовите врнеле најчесто во доцните попладневни часови, додека во 2009 и 2010 година дождовите врнеле во утринските часови. Затоа на нашиот график за 2009 и 2010 година имаме двојно повеќе денови со влажност од 100%. Сите наши мерења можете да ги видите на страниците на GLOBE, а и на страниците на МЖСПП.


Од ГЛОБЕ се создаде ЕНО еколошко виртуелно училиште со седиште во Финска, чии членови сме веќе една деценија. Со ЕНО имаме добра соработка со 120 земји од светот. Два пати во годината со нашите пријатели ширум светот садиме дрвја и организираме еко кампањи. Убаво е кога имаш со некого да ги споделиш плодовите од твојата работа.


Денес ги спроведуваме etwinning проектите со еколошки теми и соработуваме со многу држави од Европа.


Убав завршеток на учебната година мај 2015














































ПРОДОЛЖУВА............


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.