Јупитер

Page 1

ЈУПИТЕР Подготвил: Стефан Велкоски VIIIв


Јупитер – општи податоци 

Јупитер е 5 (петтата) планета од Сонцето и убедливо најголемата во Сончевиот систем;

Јупитер е најчесто 4 (четвртиот) најсветол објект на небото (после Сонцето, Месечината и Венера), иако понекогаш Марс може да биде посветол;

Јупитер е 2.5 пати помасивен од сите други планети заедно, неговиот центар на маса со Сонцето лежи над сончевата површина;

Тој е 318 пати помасивен од Земјата, со дијаметар 11 пати поголем од земјиниот дијаметар, и со волумен 1300 пати поголем од земјиниот волумен;

Некои го опишуваат Сончевиот систем како: Сонцето, Јупитер и останатите планети;

Други го опишуваат Јупитер како “правосмукалка” на сончевиот систем поради огромната гравитациона сила;


Ротацијата на Јупитер 

Јупитер ротира најбрзо од сите планети во сончевиот систем. Комплетна ротација околу сопствената оска прави за нешто помалку од 10 часови, а околу Сонцето за 11,86 години.

Заради тоа има екваториална дефомација, што лесно може да се види дури и низ аматерски телескоп од Земјата.

Јупитер е перцептивно покриен со слој облаци, составени од кристали на амонијак и амониумхидросулфиди, и возможно е воопшто да нема никаква цврста површина.


“Голема Црвена Дамка” 

На Јупитер најпознато обележје е Големата Црвена Дамка, олуја поголема од Земјата што за прв пат била набљудувана од Галилео Галилеј, пред четири века.

Во 2000-та, три помали дамки се имаат споено и формирале една поголема , наречена "Oval BA", која подоцна добила црвена боја, многу слична на Големата Црвена Дамка.

Големата Црвена Дамка се гледа од Земјата повеќе од 300 години. Има елипсовидна форма, со големина 12.000 на 25.000 km, голема колку две Земји.

Големата Црвена Дамка е регион со висок притисок чии горни облаци се значително повисоки и поладни од околните региони.

Други слични, но помали дамки се исто така забележани, но тие траат по неколку декади.


Името “Јупитер” 

Планетата Јупитер е позната уште од дамнешни времиња, и е видлива со голо око, навечер на небото.

Римјаните ја именувале по богот од Римската митологија Јупитер, уште познат и како Зеус или Јова.

Кинезите, Кореанците, Јапонците, Виетнамците ја нарекуваат оваа планета ”дрвена ѕвезда”, базирана на Кинеските Пет Елементи.

Хинду астролозите го нарекуваат Јупитер "Гуру" што значи "Умниот"


Симболот на Јупитер

Астрономскиот симбол за планетата Јупитер е боговската грмотевица;

Симболот на Јупитер ја претставува првата буква на името на богот Јупитер или “Zeus”.


4 најголеми природни сателити на Јупитер IO, EUROPA, GANYMEDE, CALLISTO 

Најпознати сателити на Јупитер се: Ија, Европа, Ганимед и Калиста (IO, EUROPA, GANYMEDE, CALLISTO)

Во 1610 Галилео Галилеј ги открил овие четири најголеми природни сателити месечини на Јупитер, користејки телескоп – затоа се наречени и “Галилеови месечини”

Ова било прво набљудување на месечини различни од земјината. Истотака, било прво откритие на небеско орбитално движење чиј центар не е земјата – што претставувало клучен аргумент во корист на Коперниковата хелиоцентрична теорија за движењето на планетите.


Научна Мисија “ГАЛИЛЕО” 

Единствениот вселенски брод кој влегол во Јупитеровата атмосфера заради научни мерења е вселенскиот брод “Галилео” – наречен по името на Галилео Галилеј, кој го открил Јупитер.

Најпрво е пратена атмосферска сонда во Јупитер (во 1995г), а подоцна е влезено во Јупитеровата атмосфера. Истиот е согорен 2003г.

Јупитер има 61 познат сателит: четири големи Галилееви, 12 помали со имиња, а останатите помали и откриени подоцна немаат имиња. Сателитите на Јупитер се наречени според личности од животот на Зевс, најчесто негови љубовници.


СОСТАВ НА ЈУПИТЕРОВАТА ПЛАНЕТА 

Јупитер е составен од релативно мало карпесто јадро, опкружено со метален водород, опкружен со течен водород, кој пак е опкружен со гасен водород. Нема јасна граница меѓу трите агрегатни состојби на водородот приближувајки се кон јадрото преминувањето од гас во течност е постепено.

Гасните планети немаат цврста површина, гасот едноставно станува погуст одејќи подлабоко.

Она што го гледаме кога ги набљудуваме овие планети се горните слоеви од облаците, високо во нивната атмосфера.


СОСТАВ НА ЈУПИТЕРОВА АТМОСФЕРА 

Јупитеровата атмосфера е составена од: ~81% водород и ~18% хелиум, сметано по број на атоми.

Атмосферата е ~75%/24% по маса; со ~1% од масата составен од други субстанции 

внатрешноста содржи погусти материјали како на пример сооднос ~71%/24%/5%.

Атмосферата содржи траги од метан, водена пара, амонјак, и "карпи". Има истотака, траги од јаглен, етан, водороден сулфат, неон, кислород, фосфин и сулфур. Најнадворешните слоеви од атмосферата содржат кристали на замрзнат амонијак.

89.8±2.0%

водород (H2)

10.2±2.0%

хелиум

~0.3%

метан

~0.026%

амонијак

~0.003%

водород деутерид

0.0006%

етан

0.0004%

вода

Ices: амонијак

амониум хидросулфид (NH4SH)


Магнетното поле на Јупитер

Јупитер поседува најмоќно магнетно поле.

Тоа е 14 пати помоќно од она на Земјата.

Научниците тврдат дека моќното магнетно поле на Јупитер е создадено од движењето на метален хидроген кој се наоѓа длабоко во планетата.

Магнетното поле фаќа јонизирани честички од соларниот ветер и ги забрзува до брзината на светлината. Така, честичките создаваат радијација околу планетата и секое летало кое ќе се доближи до планетата добива голема штета.


Ротирање и орбита на Јупитер

Јупитер е планетата кој најбрзо ротира во нашиот Сончев Систем. Потребни се во просек: 

10 саати за планетата да направи целосна ротација, и

Дури 12 години за да орбитира околу Сонцето.


Прстените на Јупитер

Прстените на Јупитер се темни (албедото им е 0.05).

Тие веројатно се составени од многу мали зрна карпест материјал.

Се разликуваат и по тоа што не содржат мраз.


Бурите на Јупитер

Бурите на Јупитер и Земјата имаат некои сличности.

Бурите на Јупитер обично не траат долго, но поретко може и да се случи бурата да трае и повеќе месеци.

Бурите на Јупитер се карактеризираат со громови, кои се многу посилни од тие на Земјата и ветер кој се движи со 170 m/s.


ИНТЕРЕСНО 

Јупитер зрачи повеќе енергија во просторот отколку што прима од Сонцето…

Галилеевите сателити се видливи дури и со обичен двоглед…

Низ мал телескоп Јупитер наликува на попречно пресечено дрво, со Голема Црвена Дамка, како чвор на дрвото, што ги оправдува Кинезите и Јапонците да ја наречат оваа Планета ”дрвена ѕвезда”


Јупитер со дијаманти !? 

Некои научници тврдат дека Јупитер и Сатурн во своите атмосфери имаат големо количество на дијаманти.

Сметаат дека парчиња дијаманти лебдат во течност од водород и хелиум, длабоко во атмосферата на двете планети.


Важно да се запомни за Јупитер 

Јупитер е најголемата планета, со позиција број 5 од Сонцето;

Јупитер е ѕвезда;

Јупитер е толку голем што сите останати планети заедно можат да бидат вметнати во него;

Јупитер орбитира околу Сонцето бавно, еднаш на секои 12 земјени години;

Eден ден на Јупитер трае 10 земјени часа;

Јупитер нема цврста површина;

Помеѓу јадрото на планетата и гасовитата површина лежи океан од водород, во течна форма;

Во атмосферата на Јупитер владеат вечни бури;

Јупитер има 61 природни сателити;

Јупитер, како и Сатурн има прстени, и тоа 4 (четири) на број, само што неговите не се видливи од нашата планета.


Ви благодарам на вниманието


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.