Повик Y-PEER Fellowship

Page 1

Y-PEER МАКЕДОНИЈА ОБЈАВУВА ПОВИК ЗА ЦЕЛОСНО ПОКРИЕН FELLOWSHIP ВО Y-PEER PETRI (СОФИЈА, БУГАРИЈА/ЈУЛИ-ДЕКЕМВРИ 2015) Сакаш да стекнеш знаење и искуство на корисен начин? Имаш способност да работиш во хармонија со различни националности и култури? Еве можност да го направиш тоа! Доколку одговорот на горните прашања е да Y-PEER Македонија препорачува: Пријави се на повикот за Fellowship na Y-PEER PETRI, во рамките на Националниот центар за јавно здравство и aнализи во Софија, Бугарија! *Времетраење од 4 до 6 месеци во период од јули-декември 2015. Сместување и надоместок за секојдневни потреби се целосно покриени> * Клучните одговорности опфаќаат обезбедување на поддршка во следниве области: -Kоординација, планирање, имплементација и мониторинг и евалуација на PETRI и Y-PEER активностите (обуки, состаноци, развој на PETRI и Y-PEER публикации, ажурирање на веб-сајт, ресурси, мобилизација, застапување и промоција итн.) во соработка со Меѓународните Y-PEER координатори и УНФПА. -Соработка со Националниот центар за јавно здравје и анализи и Y-PEER Бугарија во спроведувањето на активностите за врсничка едукација, истражувања и други слични активности на национално ниво. -Одржување контакти со сопствената национална Y-PEER мрежа и да учествува во планирањето на активностите на националната мрежа, како и ажурирање и поддршка на сопствениот национален Y-PEER тим во смисла на нивно вклучување во меѓународни активности. Потребно: -Солидно познавање на националната и / или меѓународна младинска мрежа и искуство во работата (на национално и на меѓународно ниво); -Релевантно искуство во промоција на здравје, обука и едукација кај младите луѓе; -Релевантно искуство во водење и организирање на врсничка едукација (обуки и работилници); -Искуство во работа со организации/институции предводени од млади и кои работат на младински прашања; -Поседување на компјутерски вештини (Word, Excel, Power Point, Internet) -Течно говорење на англискиот јазик. Солидно познавање на рускиот јазик ќе се смета за предност. За да се пријавите ве молиме пратете:

ПИСМО ЗА МОТИВАЦИЈА; Сите апликации треба да бидат испратени до info@youthpeer.mk. Рокот за пријавување е 27.05.2015. Само комплетните апликации испратени пред истекот на рокот ќе бидат прифатени.

Со среќа во аплицирањето!


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.