ИСТРАЖУВАЊЕ

Page 1

ИСТРАЖУВАЊЕ МЕТАМОРФОЗА НА ПЕПЕРУТКА Danaus plexippus

ООУ,,Св.Кирил и Методиј,, Велес2011/2012


ВОВЕД ,,Ниедно друго суштество на земјата не покажува таков раскошен спектар на бои како пеперутките. Да се видат живите бои на пеперутката е само дел од таа убавина,, Пеперутките се јавиле на земјата пред 120 милјони години. Тие го сочинуваат редот лепидоптера(Lepidoptera), дел на огромната класа инсекти, која од своја страна, припаѓа на уште побројниот тип членконоги (Arthropoda) Лепидоптерите се една од најголемите групи инсекти со околу 150 000 видови(од вкупно 700 000 инсекти) Тие се одликуваат со тоа што нивните крилја се покриени со ситни лушпи од каде што доаѓа и името на редот лепидоптера, што во превод значи ,, лушпести крилја,, Убави какви што се пеперутките се почетна алка во синџирот на исхрана, играат важна улога во светот на природата и се храна на многу птици и инсекти. Нивните ларви(гасеници) прават огромни штети на растенијата, но природата секогаш умее да воспостави рамнотежа-односно ,,она што ќе го уништи гасеницата пеперутката ќе го надомести со расејување на поленот. Пеперутките се хранат со течна храна,-а тоа е слаткиот нектар кој го пијат со помош на нивната цицалка, која се собира навнатре и излегува нанадвор. На тој начин таа собира енергија за да лета и да ги брани своите територии. За време на топлиот период пеперутката монарх како и другите видови пеперутки се раѓа, живее и умира во период пократок од два месеца. Но последните монарси се подложни во сезоната на хормонални промени и за да преживеат од студот прелетуваат и до 3000 милји на југ.Оваа пеперутка не се плаши од студ затоа што може и во зима да лета, како и од тоа дека ќе биде изедена затоа што се отровни за грабливците. Пеперутките минуваат низ потполна метаморфоза во текот на нивниот животен циклус.Нивниот постембрионален развој е индиректен и фклучува во себе четири стадиуми-јајце, ларва(гасеница), кукла и возрасна единка (имаго) И треба од прилика еден месец за да може да настане трансформација од јајце во адултна форма.


Градба на пеперутката Danaus plexippus Видот Danaus plexippus спаѓа во фамилијата Nymphalidae кој опфаќа околу 5000 видови. Оваа пеперутка е позната и под името монарх според британскиот монарх Вилијам од Оранч.Таа е распространета на секаде околу светот во субтропските и тропските подрачја. Но најповеќе во Канада, централна Америка, Медитеранот, Хаваи, Индонезија, Австралија и др. Пеперутките лесно се разликуваат од другите инсекти(мрежокрилци, тврдокрилци и правокрилци), по својата карактеристична градба. Имаат два пара крилја(горни и долни) приближно со иста големина и слична форма, чија површина е покриена со ситни, разнобојни лушпички, кои посматрајки ги со голо око даваат впечаток на некој ситен прав. Лушпите на крилата се распоредени на одреден начин и од нив доаѓа карактеристичната обоеност на површината на крилјата. Телото е составено од глава, гради(torax) и стомак(abdomen).


Главата им е јасно одвоена од трупот и е составена од 6 сегменти. На горната страна носи еден пар сензорни антени, добро развиени фацетирани очи и една сурличка која во мирување е спирално свиткана. Значи усниот апарат е од типот за цицање и е составен од долга цицалка која настанала со трансформирање на долните вилици. Додека пие од нектарот со помош на својата сурличка, пеперутката истовремено го прска цветот со полен и ги опрашува растенијата. Тораксот е составен од три сегменти и тој од вентралната страна носи три пара нозе а на дорзалната 2 пара на крилја. Според тоа градниот кош ги носи локомоторните органи, т.е. органите со кое животното се движи. Нозете се членковидни и составени од 5 дела и тоа: (coxa, trochanter, femur, tibia , и tarsus). Абдоменот во себе ги содржи дигестивните и гениталните органи.Тој има вретеновидна форма и е сегментиран-составен е од 12 сегменти. Респирацијата е овозможена со помош на разгранетиот систем на цевчиња –трахеи, по што и припаѓаат на поттипот трахејати. Екскреторниот систем е преставен со малпигиеви садови. Преносниот систем е од отворен тип и е е преставен од срце, хемолимфа и крвни садови и пренесува сам хранливи материи. Нервниот систем е ганглионарен, преставен со мозочна ганглија и вентрален нервен синџир. Дигестивниот систем започнува со усна празнина каде храната се натопува и хемиски се обработува од секретот од плунковните жлезди (кај гасениците овој секрет служи за изработка на кокони).Гасениците на некои ноќни пеперутки, предат заштитна обвивка наречена кокона и во нив се претвараат во кукла. Од долгите и тенки нишки кои се одмотуваат од свилената буба се изработуваат свилени ткаенини.


Потоа храната мине низ голтката која има силна мускулатура и служи за цицање на нектар, продолжува низ хранопровод и завршува во вољка (желудник) која во својата празнина го собира нектарот. Средното црево служи за дигестија и апсорбција на храна и се протега до малпигиевите садови.Задното црево започнува од малпигиевите садови и завршува со дебело црево и анус.

ПОЛОВО РАЗМНОЖУВАЊЕ на Danaus plexippus Пеперутките се размножуваат полово при што во формирањето на новата единка учествуваат и мажјакот и женката кои поседуваат полов систем составен од јајници и семеници кои продуцираат полови клетки (јајце клетки и сперматозоиди) Male(мажјак) female(женка)


Наизглед нема некоја изразена разлика помеѓу двата пола но во суштина постои а тоа се две задебелени црни дамки на задните крила на самите вени кај мажјакот, додека кај женката овие вени или жилички на крилјата се позадебелени .

Oплодување Oплодувањето е внатрешно и за актот на копулација инсектите се снабдени со посебни додатоци на телото. Пеперутките имаат посебен вид на хормони(феромони) кои наместо да влегуваат во крвта, тие излегуват од телото .Кога таа сака да се размножува испушта феромон во воздухот кој ги привлекува мажјаците и на оддалеченост од неколку километри. Бидејки живеат кратко уште првиот ден се приморани да си најдат пријател. Мажјаците се пуштаат во игра така што слетуваат на шарен цвет или кружат наоколу. Дружењето значи ритуално умилкување кое може да трае неколку минути до неколку часа. Кога мажјакот и женката имаат исти бои мажјакот испушта специјален мирис за да се умилкува и истакне.Пеперутките излегуваат да танцуваат заедно додека трае ритуалот на дружење и умилкување.

Женскиот полов систем е составен од два јајника(ovarium), два јајцевода(oviductus) кои продолжуваат во непарен јајцевод(vagina) кој завршува со отвор. На јајцеводот се надоврзуваат едно семена кесичка и


копулаторна кесичка.Семеното ќесе при копулацијата има задача да ги прими сперматозоидите и да ги чува до нивното користење т.е. до моментот на оплодувањето на јајцата. Копулаторното кесенце е орган преку кој се врши актот на копулација, тоа има отвор кој служи за примање на машкиот копулаторен орган за време на парењето. Примените сперматозоиди се спроведуваат од копулаторното во семеното кесенце и благодарение на секретот од неговите жлездите сперматозоидите се одржуваат во живот.Во јајцеводот постојат и лепливи жлезди чии секрет помага за лепење на јајцата за опачината на листот Машкиот полов систем е составен од еден пар семеници, парни семеводи, еден непарен семовод и копулаторен орган.Сперматозоидите се пакуваат во пакетчиња благодарение на секретот од акцесорните жлезди.

За да се изврши внатрешно оплодување е неопходно да има копулација. Тоа е процес на доближување на половите отвори преку кои половите клетки на мажјакот-сперматозоидите се внесуваат во женскиот отвор на копулаторната кесичка. Од тука преку семената кесичка ќе дојдат до јајце клетките и ќе настане спојување на машки и женски полови клетка односно оплодување. Оплодената јајце клетка се вика зигот. Женката набрзо по копулацијата избира место за полагање на јајцата


Директен развој Кај повеќето копнени животни сите стадиуми од оплодувањето па се до возрасниот облик на телото се извршуваат внатре во јајцето, и тие јајца содржат големо количество на жолток. Овој начин на развиток на животните кој не вклучува во себе стадиум на ларва се вика директен развиток. Индиректен развој-метаморфоза Животниот циклус кој во себе вклучува стадиум на ларва се нарекува индиректен развој , развој со преобразба или метаморфоза. Метаморфозата може да биде непотполна само со стадиум на ларва. Таков е примерот кај скакулецот. Од оплоденото јајце се развива ларва која личи на своите родители а тоа е мал скакулец кој подоцна ќе ја достигне големината на родителите и ќе биде возрасна единка.

Дел од инсектите имаат потполна метаморфоза а тоа значи дека во својот стадиум на развој освен ларва се среќава и кукла. Таков е примерот кај пеперутката. Значи од јајцето излегува ларва(гасеница)која воопшто не личи на своите родители(пеперутка), која се трансформира во кукла а потоа во взрасна форма (имаго).


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.