VOICES SEPTEMBER

Page 21

ОДИШ НА ПРОШЕТКА? СЛЕДИ ГИ ЧЕКОРИТЕ НА SKOPJE CITY WALK!

Илона Олехлова

„Од 10 идеи до реализација“ може да послужи како краток наслов и опис на приказната за Skopje City Walk, целосно нова брошура за истражување на градот од страна на туристите. За да ја раскажеме целосната приказна за Skopje City Walk, брошура што им нуди на туристите две прошетки околу Скопје, ќе започнеме со еден недефиниран ден во ноември 2012 година. Сане и Линда, две холанѓанки кои моментално живеат во Скопје, седнаа и поразговараа околу неколку идеи што би сакале да ги развијат во пракса. Произлегоа десет идеи и една од нив беше идејата за нова брошура, инспирирани од сите оние брошури што може да се најдат во секој град во Холандија. Останатите идеи се во замрзнувачот и чекаат реализација во иднина, но оваа идеја вистински се реализираше. Во последните неколку месеци тие собираа информации, пишуваа текстови и сликаа фотографии. Како што назначија, тие самите ја подготвија брошурата, освен дизајнот. Тука им помогнал еден пријател при изработката на добар нацрт. Но, како што споменаа Линда и Сане во текот

Проверете: Веб страна: http://www.skopjecitywalk.com/ Фејсбук: SkopjeCityWalk

на нашиот разговор, откако ја подготвиле и испечатиле брошурата, пред нив се појавил најголемиот предизвик: наоѓањето начини за промовирање на брошурата кај туристите. Испратиле соопштенија за јавност и контактирале разни институции и компании. „Некои луѓе се отворени, а други не“, ни кажа Линда. „Во моментов успеавме да ја закачиме брошурата онлајн, а во печатена форма може да се набави во книжарницата Култура на градскиот плоштад како и во туристичките киосци низ градот“, додаде. Со оглед на тоа што секогаш има потреба од повеќе продажни места и идеи за тоа како да се доближи брошурата до туристите, секој допринос ќе се искористи во иднина. Планот е брошурата, која моментално е достапна на холандски и англиски јазик, да се преведе на повеќе јазици, како и да се дистрибуира во други градови. „Засега во план е Охрид“, не информираа Линда и Сане. Ајде да им посакаме на Сане и Линда ова да им се исполни, бидејќи за туристите во Македонија никогаш нема доволно добар и квалитетен материјал. Скопје го заслужува тоа!


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.