makedonski jazik i literatura za IV godina

Page 157

македонски поети, иако тој беше творечки активен до крајот на својот живот. Ова се насловите на неговите збирки песни: Земјата и љубовта (1948), Песни (1953), Везилка (1955), Песни (1963), Стерна (1966), Ракување (поема, 1969), Стари и нови песни (1979), Места и мигови (1981), Чешмите (1984), Послание (1987), Средби во рајот (1988), Црква (1988), Златоврв (1989), Сеизмограф (1989), Небесна река (песни и препеви, 1991), Црн Овен (1993). Блаже Конески остави зад себе повеќе песни со антологиски вредности меѓу кои би ги спомнале Тешкото, Везилка, Болен Дојчин, Стерна, и др. Тоа се главно песни настанати во почетниот период на поетовото созревање, кога општата клима на живеење бараше свртување кон минатото и доминација на родољубивиот занес. Подоцна Конески ќе напише творби со порафиниран стил и со поголем творечки опит, преку мотиви од секојдневието, со размисли за животот, со спомени и носталгичност (Убавина, Гугучки, Опит, Спомен, Живот и смрт), со присеќавање на детството (поемата Црква).


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.