Тематско процесно за седмо-февруари

Page 1

ТЕМАТСКО ПРОЦЕСНО ПЛАНИРАЊЕ 1.Тематска целина 6-февруари 2.Наставен предмет:македонски јазик 3.Одделение на изучување:седмо

Број на часови Ред. Структура на тематската обработка на Друг вид бр. целина нова активност содржина 6.1 Јазик:Синтакса а)Предмет-видови предмет; б)Удвојување на директниот и индиректниот предмет; в)Вежби за предмет; 4 3 г)Апозиција; д)Структура на сложена реченица; ѓ)Вежби за сложена реченица; е)Контролна задача од Јазик(Синтакса). 6.2 Литература:Стилски фигури а)Песни за Крале Марко; 1 2 б)Градација преку песните ,,,,Никола и соколот“-Н.песна и,,Песна за татко ми“-В. Подгорец; в)Анализа на ,,Шупељка“К.Миладинов и ,,Димано димандевојко“-Н.песна 6.3 Изразување и творење: а)Настап со говор; б)Домашна

вкупно

7

3


6.4

задача:Лична творба со примена на градација; / в)Писмена вежба според задача на стр.40,,На час по македонски јазик“ г)Писмена вежба:,,Како минува еден мој викенд“; Лектира: ,,Марта“-Горјан / Петревски

4

4

2

2 16 часа

Распоред на наставните содржини во временска рамка: 1.Говорна вежба:Настап со говор; 2.Предмет-видови предмет;

Прва седмица од февруари

3.Анализа на песни за Марко Крале; 4.Удвојување на директен и индиректен предмет; 5.Вежби за предмет и видови предмет; 6.Градација преку песните ,,Никола и соколот“-Н.песна и,,Песна за татко ми“-В.Подгорец; 7.Анализа на песните ,,Шупељка“ и ,,Димано димандевојко“-Н.песна ; 8.Апозиција;

Втора седмица од февруари

9.Анализа на домашни задачи и лични творби за градација; 10.Лектира:,,Марта“-Г.Петревски; 11.Лектира:,,Марта“-Г.Петревски; 12.Структура на сложена реченица;

Трета седмица од февруари

13.Вежби за сложена реченица; 14.Писмена вежба:,,На час по македонски јазик“; 15.Контролна задача за учени содржини од синтакса; 16.Писмена вежба:,,Еден мој викенд“;

Четврта седмица од февруари

Забелешка:По договор со учениците некои содржини се поместуваат


Развојно процесно планирање Јазик:Синтакса,6.1 Цели

- Да ги препознава видовите предмет; -да ги разликува видовите предмет; -да ги употребува правилно видовите предмет; -да го препознава и правилно употребува удвоениот предмет; - да ги препознава второстепените реченични членови; - да се запознае со структурата на сложената реченица; -да примени знаење од синтакса во контролна задача. Наставна 1.Предмет-видови предмет; содржина 2.Удвојување на директниот и индиректниот предмет; 3.Вежби за предмет и видови предмет; 4.Апозиција; 5.Структура на сложена реченица; 6.Вежби за сложена реченица; 7.Контролна задача за учени содржини од синтакса. Активнос -Наставникот подготвува вежби,а преку табели сликовито се ти претставени учени содржини од синтакса, со цел повторување на содржини од синтакса(подмет,прирок,атрибут,проста реченица) ; -Наставникот ги поттикнува учениците на активности поврзани со подмет,прирок и атрибут со цел поврзување со новите содржини од синтакса(предмет-видови предмет,удвојување на предметот,апозиција и сложена реченица); -Учениците ги повториле учените содржини од синтаксаподмет,прирок,атрибут,проста реченица; -Учениците учествуваат во изработка на вежбите и во презентирањето на одговорите; -Наставникот преку прашање-одговор врши континуирано поврзување на содржините од синтакса во македонскиот јазик; -Наставникот подготвува табели,шеми ,илустрации и текстови- вежби за предмет и видови предмет; -Со помош на вежбите,учениците ги објаснуваат удвојувањето на директниот и индиректниот предмет; -Наставникот упатува кон размислување со цел согледување на особеностите и карактеристиките на апозицијата; -се прави споредба помеѓу атрибутот и апозицијата; -Со помош на ИТ,се подготвуваат шеми и вежби за усвојување на содржини за сложена реченица-целта е да се согледа структурата на сложената реченица; -Учениците активно учествуваат во решавањето на вежбите со цел стекнување и утврдување знаења за овие содржини - учениците активно учествуват во донесувањето на заклучоците; -наставникот изработува вежби-игри со цел полесно совладување на содржините од јазик; -Учениците решаваат вежби изработени од наставникот, со цел утврдување на содржините; -наставникот подготвува контролна задача за содржините од синтакса


Средства и услови Форми и методи Оценува ње

со цел проверување и оценување на учениците; Стандардно опремена училница,учебник,шеми,табели.табла, креда,креди во боја,тетратки,работни листови,ИТ-изработени вежби(игри),текстови за вежби и др. Индивидуална,парови,групна,фронтална;разговор,пишување,презентир ање,текст-метод,објаснување,илустративно-демонстративен метод(др. методи кои ќе произлезат во текот на работата) Преку активностите:шеми,табели,УПИ,ППИ,дискусија,белешки за следење на учениците ,аналитички лист,лист за проверка и др.ПЕП стандарди.

Вреднување,измени и дополнување на планирањето _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________

Литература:Стилски фигури,6.2

Цели

Наставна содржина

-Да именува стилски фигури во творби; -да толкува стилски фигури во песна; -да примени стекнати знаења за стилски фигури во вежби; -да ги пребарува примери со употреба на стилски фигури; -да изработи ѕиден весник; -да учествува во пишување написи за блогот и веб- страната по македонски јазик .

1.Песни за Крале Марко(учени стилски фигури); 2.Градација преку песните,,Никола и соколот“-Н.песна и ,,Песна за татко ми“-В.Подгорец; 3.Анализа на песните ,,Шупељка“-К.Миладинов и ,,Димано диман-девојко“Н.песна. Активности -Учениците добиваат задача ,дома на своите компјутери да напишат песна ( по претходно истражување да најдат песна за Крале Марко),а по можност да вметнат и некоја слика; -Им се остава на слобода да користат програма што сами ќе ја изберат; -Донесените изработки се разгледуваат ,се читаат песните,ученикот ја анализира донесената песна и ги открива стилките фигури со нагласување на хиперболата; -Од изработките се прави ѕиден весник; - Преку прашања од наставникот се повторуваат учените стилски фигурипотсетување; - Учениците согледуваат значење на стилска фигура во создавање убава и сликовита творба; -Наставникот посочува извори за собирање материјал за стилски фигури; -Наставникот посочува на песните од учебникот со цел внимателно читање и доживување:,,Никола и соколот“-н.песна, ,,Песна за татко ми“-В.Подгорец


-Учениците активно учествуваат во препознавање и објаснување на градацијата; -Наставникот подготвува вежби за примена на знаења за стилски фигури и дава потребни упатства,помага при самите вежби:,,Шупељка“-К.Миладинов -Наставникот дава упатство за работа ,а учениците самостојно работат,а потоа презентираат; -Учениците читаат ,размислуваат прават план по песните и ги препознаваат и објаснуваат стилските фигури; -Наставникот поттикнува на пребарување примери со градација; -Учениците активно се вклучуваат во активностите и се подготвуваат за час по упатства на наставникот; -Дискусија по завршената работа и вреднување на задачите (самооценување и наставникот); -Од материјалите во учебникот и од други извори,учениците подготвуваат написи за веб-страната www.rozemak.ucoz.com; -Учениците изработуваат ѕиден весник за стилски фигури или презентација. Средства и услови Форми и методи Оценување

Училница,учебник,табла,креда,тетратки,библиотека,Интернет,,дополнителна литература и др. Фронтална, индивидуална,групна,парови;разговор,текстметод,пишување,илустративно-демонстративен метод,анализа, дискусија,презентирање и други методи што ќе произлезат од работата Преку активностите и вежбите:УПИ,самооценување,следење со белешки од страна на наставникот,листи за проверка и др.ПЕП стандарди.

Вреднување,измени,дополнување на планирањето _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________

Изразување и творење,6.3 Цели

Наставна содржина

-Да умее да настапува со говор; -Да применува знаења од јазик(сложена реченица) и литература во писмена вежба; -да умее самостојно да создава лична творба со примена на учени стилски фигури ; -да се оспособува аргументирано да дискутира со стилски збогатени реченици; -да применува правила од правопис при писмената вежба; -да се изразува убаво со стилски, збогатени реченици; -да изработува содржини за веб-страната и блогот по македонски јазик. 1.Говорна вежба:Настап со говор; 2.Писмена вежба:,,Како поминува еден мој викенд“; 3.Лична творба со примена на градација -домашна задача;


4.Писмена вежба според задача на стр.40:,,На час по македонски јазик“ Активности -Наставникот дава задача за подготовка говор по дадена тема; -ги дели учениците во две групи на кои им дава задача:индивидуално подготвуваат говор за спортски настан и музичка манифестација; -Наставникот дава упатства за писмената вежба:,,Како поминува еден мој викенд“,за начинот на творење; -дел од содржините ќе бидат објавени на веб-страната и блогот, -По упатствата ,учениците самостојно работат писмено изразувајќи се,а потоа се чита и се дискутира ,се советува; -Наставникот дава упатства за изработка лична творба со цел примена на градаија; -Дел од анализите се поставуваат на веб-страната и ѕидниот весник; -Секој ученик внимава на изразување; -Ученици ги презентираат своите домашни задачи; -Другите ученици слушаат,водат белешки,дискутираат ,вреднуваат; -при изработката на писмената вежба по упатства на стр.40 се поврзуваат содржините за сложена реченица и изразување и творење; -Наставникот,дискутира за чуеното и оценува; Средства и Училница,табла,креда,учебник,упатства за работа ,тетратки, потребни извори кои услови ќе произлезат од самите часови. Форми и Фронтална,индивидуална,групна;разговор,текст- метод,илустративнометоди демонстративен метод,пишување,објаснување Оценување Преку активностите и вежбите:УПИ,ППИ,самооценување,дискусија,белешки за следење на учениците ,листа за проверка-презентацијата .

Вреднување,измени,дополнување на планирањето

___________________________________________________________ ___________________________________________________________ ___________________________________________________________ ___________________________________________________________

Лектира,6.4 Цели

-Да умее самостојно да го доживува делото; -да умее усно и писмено да прераскажува,да одговара прашања; -да се оспособува аргументирано да дискутира со стилски збогатени реченици; -да умее да анализира ликови од делото.

Наставна содржина

1.Лектира:,,Марта’’-Г.Петревски; 2.Лектира:,,Марта“-Г.Петревски

Активности -Наставникот претходно дава за задача да се прочита делото и кратко писмено прераскаже во тетратка за лектира; -Наставникот дава упатство за изработка на лектирата; -Учениците самостојно ја читаат и дома,прераскажуваат лектирата(може и преку


Средства и услови Форми и методи Оценување

прашања дадени од наставникот); -Наставникот поттикнува со прашања на дискусија и обработка на содржината на делото; -Наставникот дава упатство за домашна задача за анализа на ликот од делото; -Учениците во групи го анализираат ликот од делото и илустрираат на хамер; -Наставникот им укажува на постапките на ликот при анализата; -Наставникот внимателно ја следи презентацијата на учениците,а потоа се дискутира и вреднува(наставникот и учениците); -Наставникот јавно коментира и оценува ,а води и свои белешки во кои ги следи учениците; -Најдобрите изработки се изложуваат во кабинетот по македонски јазик; -Часот може да се сними со видео камера(видео час); Училница,табла,креда,упатства за изработка на лектирата претходно дадени,прашања за содржината на делото,тетратки за лектира,Лектирата,хамер или листови поголем формат и др. Фронтална,индивидуална,групна;разговор,текст метод,илустративнодемонстративен метод,пишување,објаснување Преку активностите и вежбите:УПИ,самооценување,дискусија,белешки за следење на учениците,скала на проценка ,листа за проверка-презентацијата .

Вреднување,измени,дополнување на планирањето

___________________________________________________________ ___________________________________________________________ ___________________________________________________________ ___________________________________________________________

Интеграција(поврзување) на часовите: - Час 2,4,5,8,12,13,14,15: Јазик:Синтакса,Предмет-видови предмет,Апозиција,Сложена реченица - Час 3,6,7,9: Литература(стилски фигури-градација) - Час 1,9,14,16:Изразување и творење - Час 10,11:Лектира:,,Марта“-Горјан Петревски

Очекувани резултати по шестата тематска целина - знае за предмет; - ги разликува видовите предмет;; - правилно го удвојува директниот и индиректниот предмет; - правилно ги применува видовите предмет; -ја објаснува апозицијата; -Ја открива структурата на сложената реченица;


- ја препознава стилската фигура градација; - ги објаснува стилските фигури при анализа на песна; - се оспособува аргументирано да дискутира со стилски збогатени реченици; - создава лична творба со примена на стилски фигури(градација); -да применува правила од правопис при писмена вежба; -да се изразува убаво со стилски, збогатени реченици; -да применува знаења од јазик и литература во обработка на лектира; - применува знаења во вежби и контролна задача за проверка и вреднување на знаењата; - изработува содржини за ѕиден весник; - учествува во пишување написи за блогот и веб- страната по македонски јазик; -да користи извори за подготовка наставна содржина(библиотека,Интернет, дополнителна литература и др.).


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.