Тематско- процесно за шесто (октомври)

Page 1

ТЕМАТСКО- ПРОЦЕСНО ПЛАНИРАЊЕ 1.Тематска целина 2-октомври 2.Наставен предмет:македонски јазик 3.Одделение на изучување:шесто

Ред. бр.

Структура на тематската целина

2.1

Фонетика-Акцент-Морфологија - Поделба на согласките (вежби од учебник или наст. лист) ; - Правила за акцентирање на зборовите; - Вежби за акцент; - Морфолошка класификација на зборовите; -Вежби за класификација на зборовите; - Анализа на текстот „Најслаткиот плод“ (лит.род, наратор,го вор на лик и на автор, класификација на зборовите - усно или во наст.листови);

2.2

Проза - Читање и анализа на текстот „Три добри совети“; - Прераскажување на истиот текст; - Поим за расказ: „Кога цутеа бадемите“ (анализа); - Усно прераскажување на текстот (план од учебникот); - Читање и анализа на текстот „Шампион“; - Прераскажување на текстот (елементи на расказ) .

Број на часови обработка Друг вид на нова активност содржина

вкупно

3

3

6

3

3

6


2.3

2.5

2.6

Изразување и творење - Писмена вежба:Прераскажување на текстот „Кога цутеа бадемите“ (задача во учебникот или во наст.листови) - Говорна вежба (вежба од учебникот): Зимски настан Лектира: -Македонски народни хумористични приказни Проверување: -Контролна задача по првата и втората тематска целина

/

2

2

/

1

1

1

1

/

16 часа

*Забелешка: Да се внимава на неработните денови во месец-октомври со цел правилно распоредување на содржините. Распоред на наставните содржини во временска рамка: 1.Читање и анализа на приказната „Три добри совети“; 2.Прераскажување на текстот „Три добри совети“; 3. Поделба на согласките; ИКТ 4. Читање и анализа на текстот „Кога цутеа бадемите“ од Б.Миркуловска ;

Од 30.септември до 5.октомври

5. Прераскажување на текстот „Кога цутеа бадемите“ од Б.Миркуловска (по даден план); 6. Прераскажување на главниот дел и на споредните настани од текстот„Кога цутеа бадемите“(вежба од учебникот); 7. Правила за акцентирање на зборовите; 8. Вежби за акцентирање на зборовите;

Од 7. до 12.октомври

9. Читање и анализа на текстот „Шампион“; 10. Прераскажување на текстот „Шампион“(елементи на расказ); 11. Морфолошка класификација на зборовите;ИКТ 12. Вежби за класификација на зборовите;ИКТ

Од 14. до 19.октомври

13. Говорна вежба (вежба од учебникот): Зимски настан; 14.Лектира:Македонски хумористични приказни; 15.Контролна задача по првата и втората тематска целина.

Од 21.до 25.октомври


16. Читање и анализа на народната приказна „Најслаткиот плод“(содржинска и јазична); *Забелешка:Поместување за празниците во октомври

Фонетика-Акцент-Морфологија,2.1 Цели

-Да знае поделба на ссогласките според звучност; - да го разликува видот на согласките по парови (звучни и безвучни); -да знае што е акцентирање; - да умее да го определи местото на акцентот во зборовите и правилно да ги акцентира зборовите во говорењето; -да ги применува стекнатите знаења за акцент; - да го препознава видот на зборовите и зборовната група на која припаѓаат; -да анализира текст откривајќи го видот на зборовите и зборовната група; Наставна 1.Поделба на согласките;ИКТ содржина 2.Правила за акцентирање на зборовите; 3.Вежби за акцентирање на зборовите; 4.Морфолошка класификација назборовите;ИКТ 5.Вежби за класификација на зборовите;ИКТ 6.Читање и анализа на народната приказна „Најслаткиот плод“(содржинска и јазична); Активности -Наставникот подготвува вежби,наставни ливчиња со цел повторување на содржините од фонетика и поврзување со новата содржина за поделба на согласките по звучност(1) ; -Наставникот ги поттикнува учениците на активности поврзани со учените содржини за поделба на гласовите; -Учениците ги повториле учените содржини за поделба на гласовите; -Учениците учествуваат во изработка на вежбите и во презентирањето на одговорите; -Наставникот преку прашање-одговор врши континуирано поврзување за поделба на согласките според звучност во македонскиот јазик; -на таблата е презентирана табела или табела во Импрес на која се дадени звучните и безвучните согласки; -наставникот им задава задача на компјутер-во табела ги внесуваат звучните и безвучни согласки,а изготвува и други вежби за поделба на согласките; -Наставникот подготвува табели,шеми ,илустрации и текстови-вежби за правила за акцентирање(2); -Наставникот упатува кон правилното изговарање и акцентирање на акцентирани зборови; -со помош на разни игри(бесилка,пантомима) се стекнува и утврдува знаењето за акцентирање ; -Користејќи ја стратегијата Семафор се оценува знаењето на учениците( со кревање црвено,жолто и зелено картонче) -Со помош на ИКТ,се подготвуваат шеми и вежби за утврдување и проверување на знаењата за акцент(3); -Учениците активно учествуваат во решавањето на вежбите со цел стекнување знаења за акцент;


-Со помош на листи за самооценување и скали за проценка се проверува знаењето на учениците: Лист за самооценување (го осмислува наставникот зависно од целта која ја планирал) Се дава на почетокот на часот пред решавање на вежбите Што знам;моите Што сакам да знаења за знам за акцент. акцент се:

Содржината за акцент ја разбирам:

А) одлични

А) одлично

Б) просечни

Б) добро

В) слаби

В) доволно Г) недоволно

Проверка на листот за самооценување;скали во проценката (наставникот го средува според целта што си ја поставил) 1. Прави 1-3 грешки а) нумерички 5 (петка) б) графички-многу ретко в) дескриптивно ја разбрал содржината и ги применува знаењата точно; 2. Прави 4-7 грешки ...........(табелата доврши ја)

Средства и услови Ресурси Форми и методи Оценување

-По можност се создаваат написи на оваа тема за веб-страницата www.rozemak.ucoz.com каде се објавуваат овие содржини. -Наставната содржина за морфолошка класификација(4) ќе се работи со помош на презентација(Импрес); -Часот ќе биде исполнет со вежби за подобро усвојување на содржината; -(5)Вежбите за морфолошка класификација ќе бидат организирани како квизигра; -Учениците поделени во екипи ќе се натпреваруваат откривајќи ги менливите и неменливите зборови во игри подготвени од наставникот; Пример:играта бесилка,пантомима,асоцијација,на буква на буква и др. -За овој час по можност,се подготвува и квиз со помош на Flashcards -Наставната содржина: (6)Читање и анализа на народната приказна „Најслаткиот плод“(содржинска и јазична) е комбиниран час по литература и јазик; -наставникот подготвил прашања по текстот поврзани со литературниот дел;текстот се чита гласно со убава артикулација, дикција и интонација,се внимава на акцентирањето,а во еден дел се откриваат видовите зборови и се селектираат во соодветните зборовни групи; Стандардно опремена училница,учебник,шеми,табели.табла,креда,креди во боја,тетратки,ИКТ,текстови за вежби и др. www.rozemak.ucoz.com ; www.rozemak-rozemak.blogspot.com ; и други по потреба; Flashcards и др. Индивидуална,парови,групна,фронтална;разговор,пишување,презентирање, текст-метод,објаснување,илустративно-демонстративен метод(др. методи кои ќе произлезат во текот на работата) Преку активностите:шеми,табели,УПИ,ППИ,дискусија,самооценување, белешки за следење на учениците и др.ПЕП стандарди.


Вреднување,измени и дополнување на планирањето _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________

Проза,2.2

Цели

Наставна содржина

-Да знае да интерпретира (обработува,анализира) текст според дадени упатства за примена на соодветна техника; - Да ги открие белезите на расказот како куса проза; -Да чита изразно и да анализира текст согледувајќи ги белезите на расказот; -Да умее да состави свој текст (да прераскаже) учен текст; -Да знае изразно(со потребните елементи)да чита текст и да умее да ги пронајде елементите на расказ во текстот; 1. Читање и анализа на текстот „Три добри совети“; 2. Прераскажување на истиот текст; 3. Поим за расказ: „Кога цутеа бадемите“ (анализа);ИКТ 4.Усно прераскажување на текстот (план од учебникот); 5.Читање и анализа на текстот „Шампион“; 6.Прераскажување на текстот (елементи на расказ)

-Претходно дадена задача да се прочита и подготви(1) текстот „Три добри совети“; -Еден до два ученика го прераскажуваат текстот „Три добри совети“ за што добиваат усна и писмена информација (во тетратката на ученикот и во неговото досие); -Се насочува вниманието кон третиот совет кој не е конкретизиран во текстот.Ученици искажуваат свои видувања кој бил всушност тој совет согледан од крајот на текстот. Активности -Наставникот дава појаснување на задачата - да ја применат техниката квадрант за текстот„Три добри совети“. -Учениците го изработуваат квадрантот(секој во својата тетратка),презентираат и дискутираат за чуеното.Паралелно вреднување прави и наставникот. И вториот час(2) се посветува на прераскажување на текстот и вреднување на презентациите од квадрантот; Вреднување на знаењата:Наставникот дава усна и писмена информација (во тетратката на ученикот и во неговото досие).Одкако прави резиме на одредена содржина.


ПРИМЕР ЗА КВАДРАНТОТ Илустрација за текстот Чувства од текстот и чувства кои тие ги предизвикале кај ученикот

Набројување звуци кои се поврзуваат со текстот

Некој лично доживен настан кој е во врска со настанот од текстот

-Читање и анализа на текстот „Кога цутеа бадемите“ од Б.Миркуловска(3) -Наставникот со прашања ги насочува учениците кон откривање на периодот во кој се одвивал настанот. -Учениците го читаат текстот дел по дел;се објаснуваат евентуално непознатите зборови;наставникот поставува прашања со кои се обработува содржината. -Ги одговараат прашањата по текстот и со нивна помош,како и со дополнителни прашања од наставникот,учениците извлекуваат заклучоци за особеностите на расказот како куса епска проза. -План: а) Еден настан-еден момент од животот на ликот. б) Се споменуваат и други настани. в) Еден до два главни лика. г) Се споменуваат и други настани и ликови кои се во тесна врска со главниот лик и главниот настан. -Ученици планот го пишуваат на компјутер ,односно особеностите на расказот како куса епска творба; -Планот подоцна се печати и поставува на литературното катче во кабинетот по македонски јазик; Вреднување на знаењата:Наставникот дава усна повратна информација за секој прашан ученик,односно користи формативно оценување,односно како ги поврзува знаењата,како открива но ви поими(примена на знаења) и како изведува за заклучоци. Корелација со наставниот предмет Историја. -Ученици ја прераскажуваат содржината на текстот(4) според дадениот план во учебникот. -Учениците водат меѓусебна дискусија за презентациите,односно даваат усна повратна информација за чуеното. -Наставникот,покрај усната повратна информација,дава и писмена информација,бележејќи ги своите видувања за презентираното во тетратката на ученикот и во неговото досие. -Наставникот дал упатства што да подготват за часот за читање и анализа на текстот„Шампион“(5);испланирал активности,цели,методи;поттикнува и дава потребна помош. -Учениците се подготвиле за часот,презентираат изразно читање и анализа на текстот посочувајќи ги елементите на расказ. -Разговор за дружењето,за наивните, но и опасни постапки. -Учениците го читаат текстот,а наставникот следи,коригира и ги вреднува со усна информација. -Учениците одговараат на прашања на наставникот,при што се обработува содржината и истата се анализира.


-На пример:

Кога и каде се случил настанот? Објасни што е опишано во воведот на текстот. За што се подготвувале децата? -Ги набројуваат белезите на текстот како расказ. За часот кога се планира усно прераскажување на текстот „Шампион“(6)за која активност учениците ќе добиваат писмена информација во тетратките;и ученикот кој ќе презентира сам ќе се оценува и тоа според оваа листа. ЕЛЕМЕНТИ НА ПРЕЗЕНТАЦИЈАТА ОЦЕНКА

5

4

3

2

Средства и услови Ресурси Форми и

Извонредно организирана презентација,со логичен редослед на мислите, една ја следи другата; значи складно претставување на содржината; стилот на изра-зување е богат,со стилски средени реченици. Добро организирана презентација; најголем дел од мислите се наредени логично и има неколку добри премини меѓу деловите; стилот на изразување на моменти е добар,но не е постојано таков. Слабо организирана презентација; мислите не следат една по друга; тешко се следи логичноста во презснтирањето; стилот е сиромашен,односно нема постојаност во збогатување на речениците. Нема логична поврзаност во презентираните делови од текстот; збркано,лабавоповрзување на деловите; стилот на изразување е конфузен,нема богати реченици воопшто,па дури и се тешко разбирливи.

Општи забелешки: -Наставникот посочува на текстовите од учебникот со цел внимателно читање и доживување; -Наставникот подготвува упатства за анализа на текст и дава потребни упатства,помага при самата анализа; -Наставникот дава упатство за работа ,а учениците самостојно работат(анализираат),а потоа презентираат; -Учениците читаат ,размислуваат прават анализа по даден план; -Учениците анализираат со убави стилско збогатени реченици; -Се прави план за анализа -се пишува на табла и во тетратките; -Учениците презентираат,дискутираат се самооценуваат за успешноста на анализата; -Наставникот и учениците објаснуваат непознати зборови користејќи го речникот во учебникот и други речници(http://makedonski.info/ ); -Дискусија по завршената работа и вреднување на задачите (самооценување и наставникот) Училница,учебник,табла,креда,тетратки,библиотека,интернет,наставно ливче,дополнителна литература и др. http://makedonski.info/ ; www.rozemak.ucoz.com ; www.rozemakrozemak.blogspot.com и други извори кои ќе произлезат од самата работа. Фронтална, индивидуална,групна,парови;разговор,текст-


методи Оценување

метод,пишување,илустративно-демонстративен метод,анализа,дискусија,презентирање и други методи што ќе произлезат од работата Преку активностите и вежбите:УПИ,ППИ,самооценување,следење со белешки од страна на наставникот,листи за проверка и др.ПЕП стандарди.

Вреднување,измени,дополнување на планирањето _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________

Изразување и творење,2.3 Цели

-Да примени стекнато знаење во писмена вежба при прераскажување; -Да умее усно да прераскажува доживеан настан,обидувајќи се да создаде расказ.

Наставна содржина

1. Писмена вежба:Прераскажување на текстот „Кога цутеа бадемите“ (задача во учебникот или во наст.листови); 2.Говорна вежба (вежба од учебникот): Зимски настан.

-Наставникот дава упатства за текот на писмената вежба(1); -Наставникот ги објаснува активностите кои следат; учениците почнуваат да ги пишуваат составите,а за секоја нејасност прашуваат и добиваат објаснување од наставникот. -По еден временски период наставниокот на секој ученик му годава листот со упатства за самооценувањето кое ученикот го пополнува.Потоа ги читаат составите и сопствените забелешки со кои направиле самооценување. Можни прашања за листата за самооценување: 1.Дали си задоволен/на со својата презентација?(Ако одговорот е да или Активности не,објасни зошто си или не си задоволен.) 2.Сметаш ли дека другите ученици беа заинтересирани за твојата презентација?Како дојде до тој заклучок? 3.Ако треба повторно да ја пишуваш и да ја презентираш твојата задача,што би променил во неа и зошто? 4.Дали даде точен и целосен одговор на задачата? 5.Кажи го твоето мислење за уредноста,правописот и за читањето на твојата задача. -Учениците се подготвиле по насоки на наставникот за усно прераскажување на доживеан настан(2) обидувајќи се да создадат расказ. -Учениците ги презентираат своите раскази,по што соучениците дискутираат и ги оценуваат според табелите од минатиот час-


формативно оценување,односно усна информација. -Наставникот дава и писмена информациј во тетратките на учениците кои презентираат. -Другите ученици слушаат,водат белешки,дискутираат ,вреднуваат; -Наставникот,исто така,дискутира за чуеното и оценува; -Најдобрите изработкиод двата часа се објавуваат на ѕидниот весник и на вебстраницата: www.rozemak.ucoz.com како и на блогот: www.rozemak-rozemak.blogspot.com Средства и услови Форми и методи Оценување

Училница,табла,креда,учебник ,упатства за работа ,тетратки Фронтална,индивидуална,групна;разговор,текст метод,илустративнодемонстративен метод,пишување,објаснување Преку активностите и вежбите:УПИ,самооценување,дискусија,белешки за следење на учениците,скала на проценка ,листа за проверка-презентацијата .

Вреднување,измени,дополнување на планирањето

___________________________________________________________ ___________________________________________________________ ___________________________________________________________ ___________________________________________________________ Лектира,2.4 Цели

- Да умее да чита книга со размислување и согледување на особеностите на едно лит.дело (оние за кои учел). Македонски народни хумористични приказни

Наставна содржина Активности -На почетокот на учебната година,наставникот ги дал делата за обработка; -Наставникот претходно дава задача да се прочита лектирата и им дава на учениците задача да прераскажат по една хумористична приказна; -на часот се проверува тетратката за лектира,па се читаат неколку приказни; -усно се презентираат приказни,а учениците внимаваат на убавото усно изразување; -Наставникот следи и вреднува забележувајќи во рефлексивниот дневник. -Часот може и да се организира со подготовка на групи и драматизација на некоја приказна(дел од додатната и дополнителната настава) Средства и Училница,табла,креда,тетратки,лектира, претходно дадени прашања и др. услови Форми и Фронтална,индивидуална,групна;разговор,текст метод,илустративнометоди демонстративен метод,пишување,објаснување Оценување Преку активностите и вежбите:УПИ,ППИ,дискусија,белешки за следење на учениците.


Вреднување ,измени,дополнување на планирањето _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________

Проверка,2.5 Цели - Да примени стекнато знаење во контролна задача. Наставна Контролна задача по првата и втората тематска целина содржина Активности -На почетокот на учебната година,наставникот ја најавува оваа контролна задача; -Наставникот навремено дава известување за контролната задача и им дава насоки како да се подготват; -наставникот подготвил контролна задача со прашања од двете учени тематски целини; -на часот им ги дава контролните задачи,дава упатства за решавање; -учениците самостојно ги одговараат задачите; -Наставникот следи,а по завршувањето на контролната ги собира листовите за да ги оцени и вреднува забележувајќи во рефлексивниот дневник. Средства и услови Форми и методи Оценување

Училница,табла,креда,тетратки,контролна задача, и др. Фронтална,индивидуална;разговор ,пишување,објаснување Преку активностите и вежбите:УПИ,ППИ,дискусија,белешки за следење на учениците

Вреднување ,измени,дополнување на планирањето _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________

Интеграција(поврзување) на часовите: - Час 1,2 4,5,6,9,10,13,14,16: Проза,расказ;Лектира,Изразување и творење - Час 3,7,8:Поделба на согласките;Акцентирање - Час 11,12,16:Морфолошка класификација на зборовите - Час 15:Контролна задача по првата и втората тематска целина

Очекувани резултати по втората тематска целина -Знае за акцент;


-акцентира едносложни,двосложни, трисложни и повеќесложни зборови; -знае за менливи и неменливи зборови; -анализира текср(содржински и јазично); - изразно чита и прераскажува текст; -знае особености на расказ; - препознава особености на расказ во даден текст; - користи знаења за расказ во творење (усно и писмено); -анализира литературно дело; -применува знаење во контролна задача; - да користи извори за подготовка наставна содржина(библиотека,интернет, дополнителна литература и др.); -да подготвува содржини за веб-страницата и блогот.

Примена на ИКТ во втората тематска целина Наставна содржина 1.Поделба на согласките;

Време на реализација октомври

Ресурси www.rozemak.ucoz.com www.rozemakrozemak.blogspot.com Flashcards www.rozemak.ucoz.com www.rozemakrozemak.blogspot.com

2.Морфолошка класификација назборовите;

октомври

3.Вежби за класификација на зборовите;

октомври

www.rozemak.ucoz.com www.rozemakrozemak.blogspot.com

4. Поим за расказ: „Кога цутеа бадемите“ (анализа);

октомври

www.rozemak.ucoz.com www.rozemakrozemak.blogspot.com www.makedonski.info

Забелешка:Преку веб-страницата и блогот Роземак,континуирано се применува ИКТ.


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.