Death OF The Poet

Page 1


DEATH OF THE POET

Death of the poet

Постојат моменти создадени за да се доживеат и да се паметат. Не вреди да се жали по нив...

2


DEATH OF THE POET

ТРИЛОГИЈА ЗА СОФИЈА SONG light

Во светлината на догорената свеќа го гледам твоето мило лице твоето тело од восок твоите очи од пламен. Секаде околу себе го чувствувам твоето присуство Во крвавата на твојот заборавен отпушок Во крвавата боја на неовенатата роза Те гледам изгреваш, Твојот светол лик ја разбива темнината во моето срце. Со секој твој збор исчезнува капка од мојата роса На моето небо без ѕвезди исчезнуваат темните облаци. Ти си мој пат кон неодговорените прашања кон неостварените желби кон неизговорените мисли. Сонцето изгрева некаде далеку на исток, а сепак е толку блиску во нашите огнени срца.

19.09.1991

3


DEATH OF THE POET

SONG dark

Во остатоците од свеќата го гледам твојот матен лик твоето истопено тело твоите згаснати очи. Околу мене те нема повеќе. Те отфрлам како догорен отпушок Те отфрлам како овената роза. Те нема, Згаснуваш. Те нема. Некогаш светлото лице го проголта темнината во празнината на моето срце. Секој твој збор изговорен во лудило брзо се губи во сенката на заборавот. Не беше способна Да одговориш на моите прашања, Да ги оствариш моите желби, Да ги разбереш моите мисли. Сонцето заоѓа длабоко во океанот за никогаш повторно да не изгрее.

28.10.1991

4


DEATH OF THE POET

....НА СОФИЈА, КРАЛИЦАТА НА МРТВИТЕ ЛАВОВИ

Сонувам ли ? Гласови и мириси разни далеку, до мене, и само бои пред моите очи во тебе разлеани. Страст и радост Болка и тага Мизерија и врвност Кошмар на постоењето крстен во црвено вино И ти, само ти пред мене ! Најпожелна фантазија, црвена, скриена во оган што гори се’, Опкружена со Берлински ѕид Забранета за погледи голи. Рака во рака Допир и задоволство. Трпет на тела крв и вода. Победена крајност на пепелот, како некогаш, повторно феникс. Сонувам ли ? Ако е тоа се’ што остана сеќ што ми остана од тебе. Остави ме во боите твои никогаш да не се разбудам....

08.01.1992 По истоимената слика на мојот пријател З. Николовски

5


DEATH OF THE POET

БЕЗ НАСЛОВ

Се среќаваме во рамките на времето духот зрачи просторот не е важен. Бескрајно течеме. Две реки без почеток што можеби се спојуваат во океанот на задоволствата. Најтешко им е на слепците што гледаат, а неможат да видат, непробојни ѕидови од најцврст флуид. Дарежливоста е цел. Љубовта е дарот. Целта е исполнета кога дарот е возвратен.

26.09.1991

6


DEATH OF THE POET

ALCHOHOLICA DELIRIUM

Го гледаш ли твоето лице во чашата полна со brandy ? Го чувствуваш ли како тој струи низ твоите вени во твоите мисли ? Го следиш ли звукот на реката што тече во бескрај ? Ја чувствуваш ли празнината на испиената флаша во твојата душа ?

22.10.1991г.

7


DEATH OF THE POET

КРАЈ

...и времето поминува, и ние зрееме, изнудената среќа сега излегува на дневната светлина од измиената душа. Сфатив, не вреди да се борам за нешто што веќе не е вредно за нешто одамна загубено.. Топлите чувства потонаа во мразот на зборовите, Врисокот на срцето го задушија делата твои. Ти беше оган Јас горев во тебе Но после дождот остана само дим сто брзо ќе избледи во празнината на срцето. Не мрази ме нема да те мразам неможеш да ме повредиш ништо твое повеќе нема во мене....

23.10.1991

8


DEATH OF THE POET

ПОЛЕТАЈ

За мене си како птица на туѓа гранка што напукнува, Од синото небо добриот Амор те нишани со мојата стрела, Скрши ја гранката полетај високо во слободата на воздухот каде што лебдам, и те чекам.

03.11.1991

9


DEATH OF THE POET

ДВЕ НЕБА

Двајца, во Еден На хоризонтот две неба. Плаво небо, Драго и далеку. Црно небо, Драго и блиску. Еден во црното, Еден во плавото. Црно, Истражено и досадно. Плаво, Недопрено и пожелно. Еден во монотонија. Еден во авантура. Драго и далеку, Црно небо. Драго и блиску, Плаво небо. Две неба на хоризонтот Еден, во двајца.

22.11.1991

10


DEATH OF THE POET

ПЧЕЛА

Колку неизмерна убавина, пчела во мојата кутија. Ја чувам само за себе Таа стана, мислев, моја. Скриена еротика, Лета од цвет на цвет Незаситно собира полен Јас не добивам мед. Сепак, ја чувам Ќе ми прости знам. Не добивам мед, Не добива ни таа. Знаеш, таа ме боде Тоа боли понекогаш Ја молам да престане Таа пак ме боде. Но, не е ни важно, Ќе ми прости знам. Колку е тоа тажно Може да го остави осилото во мене Тогаш таа ќе умре Кутијата ке остане празна. Но, не е ни важно, Ќе и простам, можеби....

23.11.1991

11


DEATH OF THE POET

ДИОНИС

Кога светло плавото ќе стане пурпурно црвено, барем само и за миг сети се дека постојам. Кога ке те обземе чувство на капка вода во Сахара, отвори ја твојата душа повикај ме, јас ке дојдам. Кога си во темнина празна и ладна како етер, затвори ги очите тогаш остави ме да те исполнам. Кога ќе зажалиш за водата што истекла, подај ги усните твои кон мојата црвена крв. А кога разумот ке почне да се дави во мене, побегни и заборави ме, до идното среќавање.

01.12.1991

12


DEATH OF THE POET

ПОСЛЕ СЕ...

И што да се каже после се ? После се ... Како се да сме заборавиле Но не.. Можеме ли навистина ? Широки зеници окружени со сонце, Непознати патишта покриени со темнина. Две несреќи среќно загубени оковани во сребро долу, под ѕвездите После се... Постои ли поток што може лесно да ја изгасне разорената шума ? Постои ли карпа што може засекогаш да ја запре задивената река ? После се... Како се’ да завршило. Но не... Ја зборуваме ли вистината ?

14.12.1991

13


DEATH OF THE POET

ЗБОРОВИ

Што вредат тие ? ‘‘Те сакам‘‘ И носи немир и открива сомнеж, ‘‘Те посакувам‘‘ И носи желба и открива страв, ‘‘Љубов‘‘ И ја губи смислата кога ќе се изговори. Може ли звукот да ги почувствува ? А може ли срцето кога не се изговорени ?

16.12.1991

14


DEATH OF THE POET

.... на Маја

Реката тече и носи се’ во цел тој хаос не беше лесно да те пронајдам и да се препуштиме на водата да не носи заедно. Таа знае да биде сурова понекогаш Држи се цврсто и не дозволувај некој бран да не раздвои ...

23.12.1991 На другарка ми Маја

15


DEATH OF THE POET

ПЕЧКА

Јас сум мала црна печка. Ја топлам околината. Согорувам се во себе. Доаѓаат луѓе, драги и недраги, ме ложат со љубов и омраза, почит и љубомора, отпушоци и алкохол, со скршени црни нокти оставени во ранетите им срца, изгубени надежи и мисли излеани на скршените слики, Јазици лигави и топли, воздишки од допири исцедени од блудните девици, погледи строги и благи скриени зад крвавите очи, зборови остри и благи изкажани зад затворените усни. Со своите маки и несреќи, правди и неправди, лаги и лични вистини. ...јас согорувам се’, тие се топлат и добро им е. Студот останал зад нив , мислат, се’ е во ред, но сепак... Согорувањето создава чад и пепел а тие забораваат да остават отвори за пепелник и ќумци Топло е, добро е додека издржувам....

03.1992

16


DEATH OF THE POET

СЕЌАВАЊА ВО СОБАТА

Ноќ, виси осамена, грешна, се испружила низ мене бедно Одсекаде наоколу потекнуваат секавања на тебе..... Од далеку ѕвон на кристал, ги посакува твојте усни и црвеното вино нежно, на себе, опојни. Под мене ладниот кревет го повикува твоето тело копнеејќи за твојата топлина што не се заборава. Глувите ѕидови шепотат некој среќни времиња кога само би го чуле твојот глас уште еднаш. Низ прозорецот ѕирка познато небо, сега темно зошто неможе да те види тебе крај мене...

02.03.1992

17


DEATH OF THE POET

... ПО СОНОТ

Денови и ноќи копнеж откога те пронајдов со сонце во косата по твојата топлина. Сон драг и чест и кога најпосле се оствари, кога сонот стана јаве се’ се изгуби како сон... Остана само чувството длабоко и неодминливо, како стравот и крикот по ноќните мори И повторно копнеж, сега, откако те почувствував, Те всадив во себе, се всадив во тебе, Повторно по сонот копнеж, сон од кој не сакам да се разбудам...

10.03.1992

18


DEATH OF THE POET

ТИ

Седиш овде и венееш, во твојот сопствен свет во твојата искривена слика од болната реалност. Умираш, не мрдајќи ни со прст да ја допреш вистината да ја побараш наоколу ако воопшто постои. Се давиш во црвеното вино црвено како пролеаната крв од твојте млади вени што тече по мене...

17.03.1992

19


DEATH OF THE POET

НА ДЕНОТ НА МОЈОТ РОДЕНДЕН

На денот на мојот роденден Родна земја и шарено небо Мирис на црвена ружа мирис на зелена трева мирис на човечка пот мачка и две кучиња соба со бели чаршави и ѕвезди на таванот околу шарениот лустер. На денот на мојот роденден покрај немиот телефон ја чекам последната честитка и твојот глас од некаде далеку ...

06.06.1992 Струмица

20


DEATH OF THE POET

ЦРНА МАЧКА

Се случи во една темна ноќ, скитајќи слушнав плач крај патот се наведнав и го здогледав беспомошно црно маче рането, со затворени очи Подадов рака да го погалам, а тоа ми го лизна прстот очајно барајќи помош. Почувствував дека ми е мило, решив да се грижам за него. Растеше заедно со мене. Му се отворија очите, го научив да јаде и пие да игра , да сонува да живее и да биде среќно. Порасна во убава црна мачка. Заедно учевме за животот за убавото, за љубовта... баравме места што кријат чувства откривајќи ги чувствата во нас. Еден ден од невнимание и згазив на опашката. Врисна и побегна полна со бес ја молев да се врати, да ми прости. Не го сторив тоа намерно... Се врати набрзо назад, Но остана животинскиот инстинкт на страв од повторна болка. Остана и безпричинскиот бес што заборави да го заборави. Повеќе не сака да ми се приближи, несака да ми верува Плашејќи се од болката, заборава како ја најдов на работ, и ја лечев како ја учев да живее и љуби.

21


DEATH OF THE POET

Зошто ли упорно, несвесно, ја повикува таа проклета болка назад вадејќи ми го окото ? Ќе ги разбистри ли заматените мисли ? Ќе научи ли повторно да сака ? Ако сеуште го задржи својот бес може да ме обеси и да ме закопа зад зидот доле, во темниот подрум, но ќе и бидам ноќна мора целиот живот го сакала ли тоа или не мојата Црна Мачка.

06.08.1992 год Со помош на По

22


DEATH OF THE POET

ВРАТИ

Некогаш, една љубов многу силна се роди во една од собите на моето срце, Ја отвори вратата и сосема го исполни

Но наскоро стана многу болна Беше сама Затоа клучот и срцето решија да ја затворат. Тоа воопшто не беше лесно

Долго време клучот се бореше со неа, Ја заклучуваше во собата, а таа ги кршеше бравите лудувајќи.

Еднаш клучот ги собра сите свои сили. Успеа да ја заклучи на подолго време Лежеше во собата бесна. Дури тогаш срцето сфати уште колку Љубов има во другите соби. Занесено Отвараше врата по врата.

Ниедна од нив не остануваше Сама, Но ни доволно силна да го исполни. Сепак, не губеше надеж

23


DEATH OF THE POET

Те најде тебе во раст, те негуваше како најдобро знаеше ти растеше и растеше, исполнувајќи го.

Успеа да ја заклучиш болката Засекогаш. Ја остави да капе по малку низ клучалката, додека сосема не пресуши. Твојата врата ќе остане засекогаш Отворена.

10.08.1992

24


DEATH OF THE POET

Во стилот на Буковски

Познавам човек со дваесетина лица во една личност (не ги знам сите, можеби се повеќе, којзнае...) Знаеме понекогаш, не, често добро да се напиеме и, обично почнува прв, наизглед со добра причина да пцуе, да крши, а потоа јас да пцујам и да се отераме од кај што сме излегле (понекогаш се’ добро се завршува).

Жените никогаш не се рамнодушни кон него иако долго не издржуваат со него секогаш постои некое лице што неможе да го поднесат ( некој комбинации се просто не поимливи ).

Често не ги разбира моите постапки и кога ке му кажам да заќути беснее во стилот на Робинзон Крусо, Ван Гог и Сократ заедно ( болен сум од некое друго лудило што на крајот можеби исто завршува ).

Пробува да створи нешто што веќе има и нешто што никогаш не ќе го има. Човекот мора да научи да прави компромиси Никој не е совршен ( најмалку ние ).

25


DEATH OF THE POET

Сепак, на својте платна остава траги што нема да избледат низ времето, ќе останат кога и тој ќе избледи за да ги бојадисуваат сеќавањата на за некој Безнадежниот Алкохоличар Потенционалниот Шизофреничар Добриот Љубовник Лошиот Маж Добриот Син Лошиот Сликар Добриот Сликар Лудиот Сликар Културниот Господин Некултурниот Простак и што уште не, а за мене стариот Зоран на кого утрово ќе му однесам кутија цигари и оваа песна а потоа ( можеби ) ќе одам на работа.

29.08.1992 На мојот добар пријател сликарот З. Н.

26


DEATH OF THE POET

MAJKA

Ако некогаш отпловиш од дома низ белиот свет за да најдеш збор друг што ќе го замени зборот Љубов, и не ќе го најдеш, Сети се дека си го оставил далеку зад себе од каде што си тргнал, сети се дека тоа е зборот Мајка.

10.10.1992 На мајками за среќен роденден

27


DEATH OF THE POET

БУНАР

Пропаѓање, чисто, нежно, како во бунар, остануваш со здрави нокти до дното. Спас... верба, надеж, Ти фрлаат сламка, да те извлечат мислиш, но никој не ја држи на другиот крај. На дното во темнината одекнуваат илјада гласови, но не те подигаат ни за педа. Сваќаш, премногу веруваш. Всушност, дното секгаш било твое место а светлината си ја наоѓал во реалноста на сонот. Но, зошто да живееш кога би немал сон ? Почнуваш да се качуваш, а в лице ти фрлаат врело масло и скапани стаорци. Продолжуваш, педа по педа, сонувајки, знаејќи, само сонот останува, само за него, за себе, мораш да се бориш тој да стане реалност. 07.12.1992

28


DEATH OF THE POET

ПРАШАЊА

Слика на светот низ прозорецот. Надвор е ладно, јас сум внатре... во тебе ? Сликата бледее се топи во црвеното вино Во мене ? Што му останува на човек кога сака слепец ? Да му ја раскаже сликата надвор ? Да му ја раскаже сликата внатре ? Знае ли тој каква боја има виното ? Каква е љубовта без бои ?

28.12.1992

29


DEATH OF THE POET

ИСПОВЕДНИК

Мојата душа е широка Дојдете и оставете трагови нека се изгубат сите ваши јадови, нека потонат во неа како во жива кал, а потоа одете си чисти и оставете ме со вашето ѓубре. Имам време за се’, Имам време за сите, Дојдете и оставете трагови...

29.01.1993

30


DEATH OF THE POET

КРУГ НА ПРИРОДАТА

Се сеќавам на денот кога од некаде те донесе ветерот. Беше мала и уморна, но носеше живот, те примив во мојата почва да растеме заедно .... Те хранев тогаш, како и сега, ги пружи својте корења низ мене ги испиваше моите сокови, Те држев цврсто иако научи дека може да паднеш само на мене. Ми се предаде во радост, и денес, кога ке погледнам кон створителот ги гледам твојте гранки над мене срекен што со тебе сум поблиску за да го милувам небото. Не плаши се никогаш кога секирите беснеат околу тебе нема да дозволам да те оттргнат и да те претвотат во оган иако пак во мене ке се вратиш. Ќе дојде ден кога ќе родиш дел од нас, плод што ке ја понесе нашата љубов кога небото ќе реши да го подари на ветерот за да го однесе некаде далеку за да ја заигра својата судбина.

01.02.1993

31


DEATH OF THE POET

ПОГЛЕД ПОД ПОВРШИНАТА

Љубов, што навистина значи ? Таа е надеж Помоли се на морето кога ќе тргнам до дното Верба, Следи ме во провалијата со затворeни очи Болка, Откини дел од телото и подари ми го со насмевка Борба, Прегрни ме силно кога ке ти забодам нож во срцето Жртва, Легни крај мене и смртта и затвори го ковчегот.

14.02.1993

32


DEATH OF THE POET

ЧЕКАЈЌИ ТЕ ...

Повторно ме оставаш кога најмногу ми требаш... Ме оставаш сам со стегнато срце да ги слушам чекорите на минувачите под прозорецот, надевајќи се дека некој од нив ќе бидеш ти. Тивко ќе се појавиш на прагот и ќе дојдеш до мене, гледајќи ме со очи од љубов и тага, нема да кажеш ништо, само ќе се свиеш во мене а јас ќе слушам како дишеш, гледајќи во оганот со затворени очи...

05.04.1993

33


DEATH OF THE POET

БЕЗ ИМЕ

Се бориме еден против друг за капка гордост што и онака ја имаме премногу. Извади си ги очите за да гледаш подобро, Отсечи си го јазикот за да слушаш подобро, Исечи си ги ушите за да се чуеш самиот. Убиј го најдобриот другар затоа што ти е најдобар и знаеш, ќе ти прости. Крвта е вода а водата тече во бескрај.

03.06.1993

34


DEATH OF THE POET

QUO VADIS HOMO

Како што времето одминува Се’ почесто го газиме небото ја продаваме уметноста ја материјализираме љубовта страста ја претвораме во поход мислите во безвредност Некогашното пиење и духовност станува локање и обична пијанка полна со навреди зајадливи подсмеви оптужби, фалења и празни зборови. Ми недостигаат деновите на добар разговор тивка светлина и неколку литри Brandy што тогаш не оплеменуваа...

16.06.1993

35


DEATH OF THE POET

БУРА

Околу мене е мирно, премногу е мирно, се’ е темно без ѕвезди и месечина, без шепот и лаеж на кучиња.

Се будам и ја проколнувам тишината без движења.

15.09.1993

36


DEATH OF THE POET

ЗА ШТО РАЗМИСЛУВАШ

За што ли размислуваш… Кога зборувам со ѕвездите, Кога раскажувам за возвишеното, Кога патувам во просторот, на надморалното, надреалното, Кога се судирам со вредностите на примитивците што го владеат светот Со малограѓанските погледи врз мене, обележувајќи ме. За што ли размислуваш Чмаејќи во твојата пасивност Играјќи на туѓи ноти Плашејки се да го допреш сопствениот сон за да не бидеш прогонуван повторувајки си ‘‘ Јас неможам, јас не смеам....‘‘

08.10.1993

37


DEATH OF THE POET

КАРПА

Ги скршив сите мои правила Ја продадов сета моја гордост ги излажав сите мои чувства за љубовта на една карпа. Се надевав дека ќе ја сронам ќе ја претворам во прав ќе ја полеам со мојата љубов ќе ја претворам во глина и ќе створам човек достоен да го поделам мојот живот со него. Ги кршев рацете од неа за да и допрам до сржта Ја растопував во крв и солзи Ја топлев во мојте прегратки а таа останувасе ладна се подалечна и поцврста вовлекувајќи се во стравот да не биде повредена нејзината достоинственост достојна за презир Бог го создал човекот, но јас не сум бог да научам карпа да сака. Остани во твојата нечовечност додека небото не те скрши и развее во заборав...

14.11.1993

38


DEATH OF THE POET

ЗАБОРАВ

Ги погребувам скапаните коски на чудовиштето Сеќавање, седум метри во тврдата земја, а тоа проклето го прокопува патот назад секој пат. Бегам од него во водите на заборавот, а тоа јава на секој бран зад мене се врзува за мојте нозе како блок од гранит влечејќи ме кон дното без здив. Бегам од него, а тоа извира од секоја нота, од секој стих, проникнувајќи во секое катче од моите сништа, незадржливо, кошмарно, непобедливо, Како јас да сум дел од него, а не тоа дел од мене...

06.12.1993

39


DEATH OF THE POET

ВРЕМЕ

Понекогаш непотребно долго капе по моите чувства како река или мисла тече во своето корито ронејќи ги рабовите освојувајќи нови простори лизгајќи го тлото под мојте нозе .....и се наоѓам себе си во матицата, ме троши по дното ме крши од карпите ме носи низводно далеку во океанот. Ах... кога би знаел да пливам.

18.10.1995

40


DEATH OF THE POET

СМРТТА НА ПОЕТОТ Се будам и се ме боли и рацете и срцето и душата. Минав години во сон без соништа само темнина тишина без мириси. Се присилувам да ги помрднам прстите да допрам да се сетам... Кој сум ? Од каде сум ? Зрнца светлина се тркалаат по моите очни капаци чуствувам како треперат во мојата темнина. Се плашам. Навистина се плашам Ако ги отворам очите. Кого ќе видам ?

41


DEATH OF THE POET

СОДРЖИНА ТРИЛОГИЈА ЗА СОФИЈА..........................................................................................3 SONG ligh……………………………………………………………………..3 SONG dark…………………………………………………………………....4 ...НА СОФИЈА, КРАЛИЦАТА НА МРТВИТЕ ЛАВОВИ...........................5 БЕЗ НАСЛОВ...............................................................................................................6 ALCHOHOLICA DELIRIUM......................................................................................7 КРАЈ...............................................................................................................................8 ПОЛЕТАЈ......................................................................................................................9 ДВЕ НЕБА...................................................................................................................10 ПЧЕЛА........................................................................................................................11 ДИОНИС.....................................................................................................................12 ПОСЛЕ СЕ... ..............................................................................................................13 ЗБОРОВИ....................................................................................................................14 ...на Маја......................................................................................................................15 ПЕЧКА........................................................................................................................16 СЕЌАВАЊЈА ВО СОБАТА......................................................................................17 ... ПО СОНОТ.............................................................................................................18 ТИ.................................................................................................................................19 НА ДЕНОТ НА МОЈОТ РОДЕНДЕН......................................................................20 ЦРНА МАЧКА...........................................................................................................21 ВРАТИ.........................................................................................................................23 Во стилот на Буковски...............................................................................................25 МАЈКА........................................................................................................................27 БУНАР.........................................................................................................................28 ПРАШАЊА.................................................................................................................29 ИСПОВЕДНИК..........................................................................................................30 КРУГ НА ПРИРОДАТА............................................................................................31 ПОГЛЕД ПОД ПОВРШИНАТА...............................................................................32 ЧЕКАЈЌИ ТЕ .............................................................................................................33 БЕЗ ИМЕ.....................................................................................................................34 QUO VADIS HOMO...................................................................................................35 БУРА............................................................................................................................36 ЗА ШТО РАЗМИСЛУВАШ......................................................................................37 КАРПА........................................................................................................................38 ЗАБОРАВ....................................................................................................................39 ВРЕМЕ.........................................................................................................................40

42


DEATH OF THE POET

Поговор... Минувајќи многу пати низ сржта на твоите песни...насетив како низ нив се разлеани моменти на искрена љубов, тага, болка...од моменти на алкохоличен делириум до моменти на трезна вистина... Едноставно те почувствував тебе и твојата реалност. Нека ова заживее на вистински начин. Искрено и од срце, Даниела В.

Вашите мислења и критики може да ги оставите на ON line изданието, на блогот: www.deathofthepoet.blogspot.com

43


DEATH OF THE POET

Го имав зборот во рака, Го заменив за обичност. На средината на клацкалката ништо не се движи, само дремеш наденат на колец. Времето ме нагризува, Не се ни сеќавам Кога престанав да постојам... Rocka

Песни од едно минато време... Editor: Daniela V. dance.v@gmail.com

44


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.