231

Page 1

ПОРТА Г РА Д Е Ж Н И Ш Т ВО А РХ И Т Е К Т УР А Е КО ЛО Г И Ј А

90 ДЕНАРИ

231

АПРИЛ 2015

Возење низ облаци од Демир Капија до Смоквица Лефко Манчевски: Секој објект има свој посебен предизвик Нова кампања на RIBA - Изгради подобра Британија


ПОРТА


градежништво

ɉɈɅɂȿɌɂɅȿɇɋɄɂ ɂ ɉɈɅɂɉɊɈɉɂɅȿɇɋɄɂ ȼɈȾɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ȽȺɋɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ɋ.ɂ ɋɂɋɌȿɆɂ .$ɇȺɅɂɁȺɐɂɋ.ɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ɂɇɈȼȺɌɂȼɇȺ ɌȿɏɇɈɅɈȽɂȳȺ ɉɈ ɋɂɌȿ ɂɇɌȿɊɇȺɐɂɈɇȺɅɇɂ ɋɌȺɇȾȺɊȾɂ

Tel: 00 389 034 212 064 00 389 034 211 757 00 389 034 215 225 00 389 034 215 226 Fax: 00 389 034 211 964 e-mail: contact@konti-hidroplast.com.mk e-mail: hidropl@t-home.mk www.konti-hidroplast.com.mk Industriska bb 1480 Gevgelija MACEDONIA 4 ПОРТА 25 јули 2014

4


ПОРТА


ГОДИНА XI

БРОЈ 231 ПЕТОК 24.04.2015 Редакција:

ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, Секој објект има свој посебен предизвик, вели архитектот Лефко Манчевски, кој целиот свој работен век го има поминато на градилишта во земјава и во странство, како изведувач. Според него, психолошки стерсови, проблеми, одговорности и големи напори почнуваат од самиот ископ до реализација на објектот и предавање на инвеститорот, сигурно и квалитетно, во однапред договорен рок. Тоа не може никој да го види, тоа се чувствува во себе, во одговорниот раководител. Исто така и задоволството на крај не може да се види, а тоа е посебно чувство на градителот за успешно завршената задача. Мостови високи десетици метри на новиот автопат. Со нив ќе се соочат патниците што ќе ја возат делницата од Демир Капија до Смоквица. Како да се возите низ облаци. Мостовите во првиот дел на патот се релативно ниски, но затоа пак оние што се во вториот дел се доста високи и бараат посебен начин на изградба. Станува збор за конзолно градење на објекти, кое има честа примена при изведба на долги мостови преку водотеци или при длабоки долови. Градовите израснати на река, велат дека се најубави. Еден од нив е и Москва. Раководството на градот, поточно градоначалникот Сергеј

Собјанин, кон крајот на 2014 година објави конкурс за идејно решение на крајбрежниот простор на река Москва. За два месеца пристигнаа шест трудови. Сите проекти имаа една заедничка нишка – во буквална смисла на зборот, градот се отвора кон реката и обратно. Проектот „Порта на иднината“ се смета за еден од најголемите инфраструктурни зафати во градот воопшто. Тој проект поттикнува рефлексии и кон нас. Со проектот „Скопје 2014“ се уништија сите перспективни можности, кои особено ги даваше левиот брег. Узурпацијата со административните објекти во забранетата зона веднаш до реката, за една далечна иднина го спречи отворањето на Вардар кон човекот. Москва не е единствената што мисли на иднината. Кралскиот институт на британските архитекти поведе нова кампања во Британија. Мотото е „Изгради подобра Британија“. Таа се фокусира на шест клучни и значајни апсекти: подобри домови денес, добро испланирани места, среќни здрави места, креативни инспиративни училишта, попаметни зелени објекти и заедници отпорни на поплави. Светот очигледно оди напред, со нови идеи и сфаќања во чиј центар се човекот и природата. ОД РЕДАКЦИЈАТА

главен и одговорен уредник: Дејан БУЃЕВАЦ новинари: Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА

Насловна страница: ВИСОК МОСТ НА ДЕЛНИЦАТА ДЕМИР КАПИЈА - СМОКВИЦА

ПОРТА ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

231 АПРИЛ 2015

Возење низ облаци од Демир Капија до Смоквица Лефко Манчевски: Секој објект има свој посебен предизвик Нова кампања на RIBA - Изгради подобра Британија

фоторепортер: Кире ПОПОВ 90 ДЕНАРИ

лектор: Костадинка СОЛЕВА Издавачки совет: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. - претседател проф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА, дипл.град.инж. Вања ДОНЧЕВА РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. проф. д-р Катерина ДОНЕВСКА дипл.град.инж.

ГРАДЕЖНИШТВО 8 ВОЗЕЊЕ НИЗ ОБЛАЦИ ОД ДЕМИР КАПИЈА ДО СМОКВИЦА

Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. ВаСил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 9, 1000 Скопје

СОВРЕМЕНИ МАКЕДОНСКИ ГРАДИТЕЛИ 16 ЛЕФКО МАНЧЕВСКИ: СЕКОЈ ОБЈЕКТ ИМА СВОЈ ПОСЕБЕН ПРЕДИЗВИК

АРХИТЕКТУРА 28 ПОД КУПОЛИТЕ НА СПА ЦЕНТАР ВО БАВАРИЈА

надворешни соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ПЕТРОВ (ИТАЛИЈА) Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Александра ШЕКУТКОВСКА Анастасија НИКОЛОВСКА Андреа ЈАМАКОСКА Билјана САВИЌ Биљана СТОЈАНОВИЌ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Драгица ФАРРЕН (В.Британија) Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Ивана ГРУПЧЕ Кате АНТЕВСКА Михаил ТОКАРЕВ Сандра ДОНЧЕВА ТЕОХАРОВА Сашо КУЗМАНОВСКИ Трајче СТОЈАНОВ Филип ФИЛИПОСКИ Франческо ЧИТРО (ИТАЛИЈА)

Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk

28 22

Печати: Маркетинг:

ДРВНА АРХИТЕКТУРА 38

biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796

УСПЕШНА СИМБИОЗА НА ОБЈЕКТОТ И ОКОЛНАТА ПРИРОДА

ЕКОУРБАНИЗАМ 50 ЗЕЛЕН ГРАД КОЈ НИКНУВА ВО ПУСТИНАТА

ЕКОЛОГИЈА 54 „ДРИСЛА 2018“ - ДЕПОНИЈА СО КОЈА СИТЕ ЌЕ ТРЕБА ДА СЕ ГОРДЕЕМЕ

ТЕХНОЛОГИИ 62 AUTOCAD 2016 - ВЕРЗИЈА КОЈА ЌЕ СЕ ПАМЕТИ

64 42

66

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 900 ден. за физички лица: 700 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485 Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.


„Ја градиме иднината заедно“

М

еѓународниот саем за градежништво SEEBBE е традиционален настан кој се одржува секоја година на почетокот на пролетта во Белград. Оваа година беше отворен по 41. пат и траеше пет дена, од 15 до 19 април. Главен покровител на манифестацијата, под амбициозниот слоган „Ја градиме иднината заедно“, беше Министерството за градежништво, сообраќај и инфраструктура. На штандовите во шест изложбени сали и отворениот простор, беа претставени учесниците од следниве сегменти: истражување и проектирање, изградба и одржување на објектите, високоградба, нискоградба, најсовремени материјали, градежни машини, уреди и алати, информациски технологии, најсовремени системи за градба, опремување на објектите и ентериери. Саемот е добра шанса за сите заинтересирани, пред почетокот на градежната сезона, да ги видат технологиите, иновациите, материјалите и производите што се достапни на пазарот во Србија и регионот. Оваа година, на традиционалната национална изложба се претставија пет земји: Турција, Кина, Чешка, Унгарија и Хрватска. Организаторите ја нагласија перспективноста во српското градежништво преку најавените големи градежни проекти, како проектот „Белград на вода“ што би можел значително да ја подигне замрената градежна индустрија низ ангажирање на располoжливите технички ресурси, во случај тој проект да влезе во фаза на реализација како 6

ПОРТА

24 aприл 2015

што е најавено. На саемот беше презентиран уште еден голем проект „Тесла град“, инвестиција на два милиони квадрати составена од станбени и деловни објекти, паркови, хотели, трговски центри и објекти со културна содржина. Покрај ова, претставена е идејата за проширување на аеродромот во Белград, во вредност од преку дваесет милиони евра. Аеродромот Белград после инвестицијата би требало да има зголемен терминален капацитет за 20 отсто, помеѓу три и осум квадрати комерцијална содржина. Традиционално, на самиот влез на Саемот се наоѓаа монтажни куќи, викендици и куќи изградени по најсовремени технологии, каде беа изложени и производите од секторот за

градинарски мебел. Салата 2 беше поделена во три дела каде беа сместени сите видови на градежни материјали од едната страна, додека во другото ниво од истата сала беа изложени производи од бетон, уреди за климатизација и греење, а на третото ниво од истата сала се наоѓаа производи од керамика, мебел за бањи, опрема за базени и сауни. Во Сала 3 можеше да се видат хидро, термо и звучни изолации како и материјали за завршна обработка – бои, лакови, мешавини и милерски алат. Во најголемата Сала 1, беше изложена програмата на столарија, опрема за уредување на ентериери и осветлување. Во Сала 4, потенцијалните купувачи можеа да најдат лифтови, монтажни објекти, преградни ѕидови,


МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО SEEBBE, БЕЛГРАД

подни и ѕидни облоги. Оваа саемска манифестација во иднина се очекува да биде место на деловни средби, размена на идеи и договори за соработка меѓу учесниците. Освен изложбената програма, настанот беше надополнет со бројни презентации, стручни собири и предавања. И

покрај добрата организација и присуството на изложувачи од голем број земји, забележан е помал број на изложувачи од претходните години, заради што просторот во некои сали беше намален а штандовите концентрирани во центар на салата. Можеби најавените настани и инвестиции ќе доведат до зголемување на

инфо

бројот на изложувачи на накој следен саем на градежништво, кој конечно би тргнал во „заедничка иднина“, по слоганот на овогодишната манифестација, што во тој случај би имал смислено значење. Дали ќе биде така, останува да видиме во наредниот период, во „иднината што ја градиме“. n

ПОРТА


градежништво

ИЗГРАДБА НА ДЕЛНИЦАТА ДЕМИР КАПИЈА - СМОКВИЦА

Возење низ облаци Мостовите во првиот дел на патот се релативно ниски, но затоа пак оние што се во вториот дел се доста високи и бараат посебен начин на изградба. Станува збор за конзолно градење на објекти, кое има честа примена при изведба на долги мостови преку водотеци или при длабоки долови Катерина СПАСОВСКА ТРПКОВСКА , Лазо ЧАКАРОВСКИ ,дипл.град.инж

Е

вропскиот Коридор 10 е главна сообраќајна комуникација од север кон југ во Југоисточна Европа од меѓународно значење. Во Република Македонија оваа делница е означена како пат М-1 со вкупна должина од околу 174 км и со неа се поврзува македонската патна мрежа со Србија и Грција. Делницата помеѓу Демир Капија - Удово - Смоквица, што е предмет на овој проект, е дел од оваа главна оска и е со вкупна должина од околу 28 км. Освен скратување на должината од постојната траса за пет километри, новиот автопат во изградба од Демир Капија до Смоквица ќе биде особено атрактивен. Тунелите и мостовите со своите

8

ПОРТА

24 aприл 2015

инженерско-технолошки решенија се новитети во македонското градежништво и, се надеваме, убаво искуство за следните слични проекти. Од септември 2016 година Македонија ќе може да се пофали дека има мостови високи како во европските држави, но и доволно добро и квалитетно направени. На целата делница долга 28 километри ќе има два тунели и шест мостови, од кои три се со исклучителна висина. Првата фаза од изградбата е поврзување на новиот автопат со постоечката делница кај Демир Капија, која опфаќа изградба на два мостови и два тунели. Мостот што води од Демир Капија кон Смоквица, односно на десната страна е долг 163 метри, додека другиот во обратен правец е со должина од 130 метри. Веднаш после нив се пробиени два тунели од кои, тој од десната страна е долг 1.214 метри, а тој од левата е 1.274 метри. После тунелите следува изградбата на двата најдолги мостови од кои едниот е

646 метри, а другиот е 666 метри. Реализацијата на оваа прва фаза е една од најатрактивните и потешките во изградбата на автопатот. Втората фаза е изградбата на трите високи мостови и најдолгиот тунел, а третата и последна фаза е поврзувањето на автопатот со населените места со клучки. Мостовите во првиот дел на патот се релативно ниски мостови на реката Вардар, но затоа пак оние што се во вториот дел се доста високи и бараат посебен начин на изградба. Станува збор за конзолно градење на објекти, кое има честа примена при изведба на долги мостови преку водотеци или при длабоки долови. За примена на оваа технологија на градба, условено е односот на распоните на крајните полиња на мостот, во однос на средните да изнесува 1:2, а големината на распонот е поголем од 60 метри. Овој услов е поради тоа што градењето се одвива конзолно, односно од средните столбови лево и десно. 


градежништво

ПОРТА

9


Мостот е конструиран по сегменти. Прво се изведуваат соодветни ископувања. Откако тоа ќе се заврши, се изведуваат столбовите кесони и крајните столбови. Столбовите се изведуваат со помош на climbing оплати-кофражи. Мостовската плоча е конструирана со конзолен метод. Крајните елементи од мостовите, кои се во близина на крајните столбови, се конструирани со користење на конвенционални кофражи. Изградбата на мостот се комплетира со изградба на безбедносни огради, тротоари и спојници на крајните столбови. Еден од трите високи мостови, кои се градат паралелно по два, има и најголем распон меѓу два столба, а тоа е 120 метри. Другиот мост има највисок столб и тоа 80 метри, а дополнителни 20 метри е вкопан во земја. Овој мост е широк 24,40 метри од кои 2 x 10,80 метри претставува ширина на коловозот за двата правци, а во останатите 2,80 метри влегуваат заштитни огради (2 x 2 x 0,45 метри) и отвор меѓу двете одделни мостовски конструкции од еден метар, мерено меѓу рабовите од заштитните огради. Конструктивниот систем на горниот строј на мостот е систем континуален носач и неговата должина изнесува 472 метри за левата конструкција, односно 477 метри за десната, мерено од оска до оска на краен столб. Секоја конструкција се состои од континуиран горен строј со пет полиња, при што средните столбови се 10

ПОРТА

24 aприл 2015


интегрални, а кај крајните столбови потпирањето на горниот строј е преку неопренски лежишта. Попречниот пресек на горниот строј од мостовската конструкција е со сандачест пресек. Дилатациони спојници се поставени кај крајните столбови. Квалитетот на бетонот на столбовите е C30/37. Столбовите се фундирани на кесон заради тврдата подлога и од економски причини, а

квалитетот на бетонот на кесонот С30/37 за првите 2,5 метри на секој кесон од горе и С20/25 за останатите. Горниот строј се поврзува интегрално со средните столбови, а се потпира преку лончести лежишта кај крајните столбови. Секој краен столб има четири лончести лежишта. Два се Maurer KGA-M 6000 кои го носат вертикалниот товар на мостот и имаат слобода на надолжно и напречно движење,

и два Maurer KGAM 3000 кои ги носат напречните активности на мостот и имаат слобода на надолжно и напречно движење. Спојниците се водонепропустливи Maurer DS 560 и се предвидени така што дозволуваат очекувани движења според стандардите EN 1991 и EN 1998. Позициите на лежиштата и спојниците секогаш се достапни за увид, контрола и можни промени. 

24 aприл 2015

ПОРТА

11


градежништво

Општо земено, плочата од горниот строј е претходно напрегнат сандачест носач со променлива висина на попречен пресек. Ширината изнесува 11,44 метри, а квалитетот на бетонот на носачот е C35/45 и кабли за претходно напрегање со висока јачина на челик од 1600/1860MPa. Одбојните огради и коловозот треба да бидат направени по изведбата на горната плоча. На крајните столбови ќе има еластични изолациони спојници кои треба да овозможат слобода на движење во случај на температурни промени, собирање и течење на бетонот, од сили на кочење како и нерамномерни слегања или ротации на темелите. Се на се мостовите на делницата Демир Капија Смоквица се конструктивна новина во нашето градежништво, а истовремено ќе бидат вистинска атракција во просторот и уживање за возачите и патниците по автопатот. n (во наредниот број ќе биде обработена темата за тунелите на оваа делница)

12

ПОРТА

24 aприл 2015


рубрика

Б

26 декември 2014

ПОРТА

39

39


градежништво

Геотехнички истражувања за причините за настанатите деформации на Аквадуктот во Скопје

Подготвиле: Софија КАЛКОВАЛИЕВА, дипл.инж.геотех., Весна Настова, дипл.инж.геотех., (ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и др. ДОО, Скопје)

О

сновна цел на геотехничките истражувања е да се дефинира меѓусебната интеракција на природната геолошка средина и инженерските конструкции. При самото истражување на теренот, потребно е да се добие увид на неговите физичко-механички и јакосно-деформабилни карактеристики во длабочина до која се очекува да се манифестира влијанието на објектот. Овој проблем не е можно да се согледа, анализира или разреши без примена на соодветни истражни методи, кои во принцип секогаш се поврзани со повеќе научни дисциплини. Геотехничките истражувања и испитувања ги вршат специјализирани организации и стручни лица од областа на геотехниката, кои секогаш треба да го постават проблемот интердисциплинарно и во соработка со инженери од областа на геологијата, геофизиката и градежништвото. Природната средина скоро секогаш е недоволно позната, а нејзиното однесување е тешко предвидливо и има многу неизвесности. Трагите од сите влијанија низ геолошката историја се вклучени во сегашниот изглед, својствата и состојбата на теренот како природна средина. Од многуте вакви случаи со кои се среќава геотехниката, овде е презентиран скопскиот Аквадукт кој е значаен за Македонија како

14

ПОРТА

24 aприл 2015

културно историски споменик. Објектот се соочува со големо оштетување на конструкцијата, како и накривување на столбовите. Овој археолошки локалитет се наоѓа кај населба Визбегово, во непосредна близина на градот Скопје, во Република Македонија. Периодот на неговата изградба до скоро не бил познат и се смета дека е граден во текот на 15 век, кога градот Скопје започнал интензивно да расте заедно со новите градби - куќи, амами и џамии, за чија градба и функционирање биле потребни големи количества чиста вода. Според податоци од тоа време (1514 година), аквадуктот содржи 55 сводови кои се потпираат на масивни столбови со квадратна основа, 42 отвори за олеснување на ѕидната маса, а вкупната негова должина изнесувала 386 метри. Аквадуктот за последен пат бил обновен по


градежништво • • • • •

скопскиот земјотрес во 1963 година, кога биле поправени три сводови и два столбови кои се целосно срушени од јачината на земјотресот. За добивање на подлоги за преземање на мерки за санација и рестраврација на објектот, извршени се Геотехнички истражувања и испитувања, Анализа на материјалите извршени од страна на Институтот ИМС од Белград (хемиска анализа на малтерот, минеролошка и петролошка анализа и анализа на физичко-механичките карактеристики на користените материјали - камен и цигла) и Динамичка и статичка анализа на стабилност. Од страна на Д.Г.П.У. „ГЕИНГ“ Кребс унд Кифер Интернешнл и др. Д.О.О - Скопје, се извршени геотехнички истражувања и испитувања во месец март 2014 година. Истражувањата имаа за цел да ги детектираат причините за деформациите на овој објект од геотехнички аспект, дефинирање на литолошката градба на теренот, со посебен осврт кон физичко-механичките и јакосно-деформабилните карактеристики на застапените почвени материјали. За подетално прикажување на состојбата на подлогата врз која е изграден Аквадуктот, применети се следниве геотехнички истражни работи: • Инженерскогеолошко и хидрогеолошко картирање на теренот; • Изведба на истражни дупнатини; • Изведба на SPT - тест; • Картирање на јадрото од истражните дупнатини; • Изведба на CPT - тестови;

Мерење и регистрирање на појава и ниво на подземна вода; Изведба на истражни бунари; Картирање на истражни бунари; Земање оптимален број на примероци за лабораториски испитувања; Лабораториски испитувања (класификациони и јакосно деформабилни опити); • Изведба на геофизички сеизмички испитувања. Врз основа на извршените геотехнички и геофизички истражувања и испитувања на предметната локација, со посебен акцент на деформираната зона од Аквадуктот, како причини за појава на деформациите констатирани се релативно слабите деформабилни карактеристики на почвениот слој во кој е извршено фундирањето. Исто така, како причини за оштетувањата се малата длабочина на фундирање на објектот, водозаситеноста на теренот, локалната тектоника и промените во простирањето на површинскиот глиновит слој. Овие причини доведуваат до различното оштетување (накривување) на столбовите на аквадуктот. Поради тоа, посебно внимание треба да се посвети на промените на физичко-механичките карактеристики на глината во различните временски услови и на ефектите од бабрење на глината.

Во конкретниот случај геотехничките истражувања во целост дадоа одговор на причините за настанатите оштетувања на објектот. Воедно, добиените резултати претставуваат влезни параметри за понатамошните фази за проектирање на санационите мерки на објектот, а посебно мерките за спречување на понатамошните деформации на објектот. n

ПОРТА


современи македонски градители

ЛЕФКО МАНЧЕВСКИ, АРХИТЕКТ

Секој објект има свој посебен предизвик Психолошки стерсови, проблеми, одговорности и големи напори почнуваат од самиот ископ до реализација на објектот и предавање на инвеститорот, сигурно и квалитетно во однапред договорен рок. Тоа не може никој да го види, тоа се чувствува во себе, во одговорниот раководител. Исто така и задоволството на крај не може да се види, а тоа е посебно чувство на градителот за успешно завршената задача.

подготви: Дејан БУЃЕВАЦ

Л

ефко Манчевски завршил средно техничко училиште во Скопје, а дипломирал во 1978 година на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

16

ПОРТА

24 aприл 2015

Работниот век речиси во целост го има поминато во ГП „Гранит“, како архитект – изведувач на градилишта. Неговиот прв објект во долгогодишната кариера е во далечната 1978/1979 година – Детската градинка во Лисиче - Скопје. Потоа следат десетици објекти од високо и нискоградба ширум

земјата и странство. Меѓу нив позначајни се: воени објекти на Аеродром Петровец, индустриски објекти во Бујановац, Србија, станбени објекти во Скопје, деловен објект банка во Липецк, Русија, мостови во Украина, Албанија... и повторно деловни и станбени во Скопје.


современи македонски градители Градинка во Лисиче

Кој е Вашиот херој? n Секако мојата сопруга , за сè што издржа додека јас бев постојано отсутен од дома. Успешното подигање на фамилијата и двете деца се нејзино дело. Ваше мислење за македонското градежништво денес? n Сè уште се држи на солидно ниво во домашни услови, но голем прашалник е дали е способно за сериозен настап на надворешните пазари.

нивна реализација потребно е големо искуство и знаење од струката. Психолошки стресови, проблеми, одговорности и големи напори почнуваат од самиот ископ до реализација на објектот и предавање на инвеститорот, сигурно и квалитетно во однапред договорен рок. Тоа не може никој да го види, тоа се чувствува во себе, во одговорниот раководител. Исто така и задоволството на крај не може да се види, а тоа е посебно чувство на градителот за

успешно завршената задача. Какво е чувството да се работи надвор од Македонија? n Во моето оперативно искуство за изведба на објекти во странство (Русија, Украина, Албанија), секако најважно беше тимската работа и способноста на фирмата (Гранит) да не прати во сите фази на изведбата. 

Станбена зграда во Козле

Набројте, според Вас, три значајни објекти од македонската архитектура? n Фудбалскиот стадион Арена Филип Втори во Градскиот парк, Мост Гоце Делчев на реката Вардар и Милениумскиот крст, сите во Скопје. Што е интересно да се знае за Вашите објекти, а човек од надвор не може да види? n Секој објект изграден во период од мојот стаж има свој посебен предизвик. Сепак, за Граничен премин „Богородица“

24 aприл 2015

ПОРТА

17


современи македонски градители

Спомен-дом на Мајка Тереза

Каков е односот на младите градители кон градежништвото? n Во мојата кариера имав прилика да работам на објект, а во тимот да бидат млади тукушто дипломирани колеги. Нормално, секој почеток е тежок, но морам да кажам дека со тек на време станував многу

Автосалон и сервис на Мерцедес

Реонска пошта, Ново Лисиче

позитивно изненаден од нивната ангажираност и заинтересираност кон работата, вклучувајќи се во разговори кон решавање на проблеми во тек на градбата. За многу краток период тие колеги стануваа раководители и самостојно успешно раководеа со нови објекти.

Кој објект што сте го граделе би го издвоиле по специфичност? n Со секој обејкт во текот на градба се судрував со разни проблеми кои ги решававме на самото место заедно со моите помошници од тимот за градба. За разлика од другите објекти, по специфичност за градба би го Арт центар - Музеј на Холокаустот

„БОРТАС“, Станбена зграда Стар Аеродром

18

ПОРТА

24 aприл 2015


современи македонски градители Во својот работен век, Лефко Манчевски има изведено над 35 објекти од високо и нискоградба. Како вработен во„Гранит“ – Скопје, позначајни градби на кои работел се: - 1978-1979 г. Прв објект – Детска градинка – Лисиче, Скопје - 1980-1981 г. Управна зграда на граничен премин Македонија – Грција, Богородица Гевгелија - 1982-1985 г. Воени објекти на Аеродром Петровец - 1985-1986 г. Индустриски објекти во Гњилане - 1987-1989 г. Станбена зграда со Трговски центар во Кисела Вода, Стара рампа, Скопје - 1992-1995 г. Станбен комплекс во населба Козле - 1996 г. Реонска пошта во н. Лисиче - 1996-1998 г. ЛИПЕЦК КРЕДИТ БАНКА – Липецк, Русија - 2003 г. АВТОКУЌА СО СЕРВИС МЕРЦЕДЕС – Скопје - 2004 г. Реконструкција на мостови во Украина на пат Мукачево Киев - 2006-2007г. Виадукти и мостови на пат Кукс – Морина во Албанија - 2007-2008 г. Комплекс„ЗЕБРА“, Скопје - 2008-2009 г. Спомен-дом на Мајка Тереза - Скопје Пред крајот на работниот век Манчевски работи во„БОРТАС“ и со таа компанија има изведено неколку објекти меѓу кои: - 2011-2012 г. Изведба на вентилирана фасада и партер на Арт центар – Музеј на холокаустот – Скопје - 2012-2013 г. Станбена зграда со деловен простор, Стар Аеродром – Скопје - 2014 г. *Изведба на комплет ентериер во Арт Центар – Музеј на холокаустот - Скопје

издвоил објектот Спомен-дом на Мајка Тереза во Скопје. Интересно статичко решение. Од подрумот па сè до последното бетонирање, сите конструктивни елементи беа под оплата потпрени со метални потпирачи, сè додека не се утврди дека конструкцијата ги задоволува пропишаните стандарди за бетон. n

Мост на пат Кукс-Морина во Албанија

Липецк кредит банка

Мост на делница Киев - Коп во Украина 24 aприл 2015

ПОРТА

19


ИНТЕРЕСНИ АПРИЛСКИ ПРОМОЦИИ ВО

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ

А

дора инженеринг, по повод велигденските празници, на сите граѓани кои купија и уплатија стан од овој градежен бренд, им подари телевизор. Целта на оваа промоција на компанијата - лидер во високоградбата во Македонија, беше да им го разубави велигденското празнување на своите купувачи со вреден подарок за новиот дом. По повод Светскиот ден на здравјето - 7 Aприл, за лекарите и здравствените работници со купен и уплатен стан во април, компанијата обезбеди подарок - релаксирачки викенд на привлечна дестинација, со цел на медицинските работници да им возврати за хуманоста и секојдневната грижа за здравјето на граѓаните. Со промотивните акции, Адора инженеринг сака со внимание, изненадувања и награди да им возврати на своите купувачи за подарената доверба и лојалоноста со изборот на докажано сигурен, европски квалитетен и долгорочно економичен дом од оваа најуспешна градежна компанија. Во овој период во Адора инженеринг најбарани се енергетски ефикасните домови А-класа во новиот комплекс „Адора“ во општина Аеродром, во близина на меѓународната железничка и автобуска станица, на 10-ина минути пеш од централниот плоштад во Скопје, и еко становите во атрактивниот објект „Билјанини извори“, во близина на плажите, националниот парк Галичица и центарот на Охрид. n

20

ПОРТА

24 aприл 2015


ПОРТА


aрхитектура

УБАВИ ГРАДОВИ...ТВИСТ ОБЛАКОДЕРИ

Динамичкиот тренд во архитектурата продолжува Љупка ДУКОВСКА , дипл.инж.арх.

Let's Twist Again... Дали е тоа новата реалност? Објектите сè повеќе и почесто се вртат. Урбаните хоризонти се менуваат. Од нив се врти и умот. Отвораат и многу нови прашања. Како би изгледале градовите, кога поголем број од објектите би се вртеле? Нови прашања од архитектонски, економски, технолошки, безбедносни... и секако најважното прашање, дали вртењето нема да предизвика „главоболки“ кај луѓето во иднина? 22

ПОРТА

24 aприл 2015

Т

рката со облакодери кон небото, кон ѕвездите, кон незамисливите висини, во светот, продолжува. За облакодерите како најфасцинантни објекти на нашето време веќе пишувавме (Порта 3 бр. 219). Овој напис е за објектите што фасцинираат уште повеќе. За ротирачките, за твист облакодерите како нивна авангарда, кои се градат сè почесто и почесто. За динамичката архитектура, за објекти кои се архитектонски споменици, икони на авангардното футуристичко размислување на архитектите за проширување на можностите на архитектурата и развојот на регионите во кои се градат.

Почеток на 20 век – КУЛАТА НА ТАТЛИН Историјата на овие кули не би била комплетна без спомнување на „Кулата на Татлин“. Проект изработен во 1919 година од рускиот архитект, сликар, графичар, дизајнер, сценограф Владимир Евграфович Татлин (1885-1953), татко на уметничкиот конструктивизам, значаен претставник на руската авангарда. Тој е автор на проектот за ротирачка кула, еден од најголемите неизградени дизајни на 20 век. По победата на Октомвриската револуција во 1917 година, објектот требало да биде изграден во Петербург (Ленинград). Кулата на Татлин, требало да биде наменета за вишите власти на Коминтерната, да биде грандиозен, железен споменик на III Интернационала. Била замислена како симбол на соединување на човештвото, разделено со градењето на Вавилонската кула. Планираната висина била 400 метри, наклонот 23,5º, а планираните материјали биле стакло и челик. Основната идеја се засновала на принципите на органската синтеза на архитектурата, скулптурата и сликарството. На соединување на творечката и полезната форма како основа за новиот тип на монументални градби. Проектот претставувал целост на две накривени метални спирали, составени од простори со различни геометриски форми, поставени едена над друга, хармонично поврзани помеѓу себе. Со помош на механизам објектот се вртел околу својата оска. Најнискиот и најголем објект имал форма на коцка, која се вртела со брзина на едно вртење во годината и бил наменет за конференции и конгреси. Над него бил објект со форма на пирамида, со брзина на едно вртење во месец, наменет за извршните органи на Интернационалата. Следниот простор имал форма на цилиндер. Брзината на вртењето била едно вртење на ден. Во него требало да биде сместено издаваштвото. Четвртиот волумен – полусфера, се вртел со брзина на едно вртење за еден час. Во 1919 година бил изработен модел висок околу пет метри. Биле изработени уште два модели (во 1924 и 1925 година), но ни еден од моделите не е сочуван. Проектот на Татлин не бил реализиран поради оладувањето на раководството на земјата кон авангардата во 1920 година.


aрхитектура TURNING TORSO - Прв твист облакодер

Почеток на 21 век - SUITE VOLLARD, прв објект кој ротира Изградбата на кула која се врти околу својата оска се случи на почетокот на 21 век, еден век подоцна, на другиот крај на светот. Првата ротирачка кула е изградена во Куритиба (Curitiba), Бразил. Градбата е почната во 1995, а завршена во 2004 година. Комплексот е наречен „Suite Vollard“, по истоимената збирка од 100 цртежи на шпанскиот уметник Пабло Пикасо (изработени 19301937), која била прикажувана на екран при инаугурацијата на објектот. Објектот е станбен, со футуристички дизајн, со висина од 50 метри и со 15 ката. Катовите ротираат околу статично бетонско јадро, за 360º. Секој кат е независна ротирачка единица. Може да се врти поединечно, во правец на стрелките на часовникот или обратно. Една целосна ротација трае еден час. Конструктивниот систем е бетонски. Архитект е Бруно де Франко (Bruno de Franko). Фасадата е двојно застаклена, во затемнета боја, различна на секој кат (сребрена, златна или сина), што создава „спектакуларен ефект“ кога катовите ротираат во спротивни насоки. Искуството од изградбата на овој објект, како студиски модел, искористено е за обезбедување на податоци за повеќе од триесет компании во Бразил и една во Германија.

За прв изграден спирален твист облакодер се смета „Turning Torso“ во Малме, Шведска, проектиран од познатиот шпански архитект Сантијаго Калатрава (1951 г.). Градењето е започнато во 2001, а завршено во 2005 година. Тој е воедно и највисок облакодер во Шведска и во скандинавските земји. Визијата за овој објект е базирана на скулптурата наречена „Twisting Torso“, креирана од Сантијаго Калатрава, која личи на свртен човеков ’рбет. Објектот е изграден од девет петаголни сегменти, секој по пет ката, поставени еден врз друг. Возвишувајќи се, тие ротираат околу вертикално јадро, поддржани од надворешен челичен скелет. Последниот, најгорен сегмент е свртен за 90º во однос на првиот кат. Објектот е наменет за деловен простор и апартмани за живеење. Висок е 190 метри и има површина од 27.500 м². Фасадата е покриена со алуминиумски панели. Ентериерот е исто така дизајниран од Сантијаго Калатрава.

24 aприл 2015

ПОРТА

23


архитектура „LET'S TWIST AGAIN“... СÈ ПОВЕЌЕ ТВИСТ ОБЛАКОДЕРИ ВО СВЕТОТ Реалност е дека од почетокот на 21 век се градат сè повеќе и повеќе твист облакодери во различни делови на светот. Ќе набројам само некои од нив: • За Кулата „Еволуција“ изградена во комплексот ММДЦ „Москва сити“, подетално пишувавме во прилогот објавен во бр. 224 на Порта 3, Москва - Сити, Кула „Еволуција“ - твист облакодер кој се стреми кон бесконечноста... • Absolute World Towers, во Mississauga, Ontario, Канада, се два станбени твист облакодери, ротирани за 209º, по принципот на „Turning Torso“ во Малме, Шведска. Првиот облакодер е висок 179 метри и има 56 ката, а вториот 161 метар и има 50 ката. Во 2006 година на меѓународен конкурс (повеќе од 600 учесници од 70 земји), усвоен е проектот на кинескиот архитект Yansong Ma (1975). Градбата е завршена во 2012 година. Во двата облакодери нема ни еден апсолутно еднаков кат или балкон. • F&F Tower (Revolution Tower), Панама. Деловен твист облакодер кој ротира 360º. Висок е 242 метри и има 52 ката. Изграден е од армиран бетон. Изградбата е почната во 2008, а завршена во 2011 година. Архитект е Pinzon Lozano & Asociados. • Во Милано, Италија, се гради твист кула проектирана од архитектонското студио „Zaha Hadid Architects“, како дел од проектот што е во градба, во срцето на градот, во историскиот кварт „Fiera“. Проектот „City Life“, кој победи на меѓународен конкурс, вклучува изградба и на три облакодери: твист кула Хадид (Zaha Hadid) висока 170 метри со 43 ката, кула Исозаки (Arata Isozaki) висока 202 метри со 46 ката, и кула Либескинд (Daniel Libeskind) висока 165 метри со 30 ката. Изградбата на целиот проект е почната во 2007 година, твист кулата Хадид во 2014-та, а нејзиното завршување се планира за 2016 година. • Единствениот твист облакодер на Балканот е „Avaz Twist Tower“ во Сараево, седиште на новинско издавачката куќа „Аваз“. Облакодерот е висок 142 метри и има 40 ката. Изградбата е почната во 2006, а завршена кон крајот на 2008 година. Архитект е Фарук Капиџиќ. Твист кулите на Блискиот Исток заслужуваат посебно внимание. • Cayan Tower (Infinity Tower, кула на бесконечноста), Дубаи, Обединети Арапски Емирати, го држи рекордот за највисок станбен твист облакодер во светот. Висока е 306 метри и има 80 ката. Секој кат е поместен за 1,2º со што се 24

ПОРТА

24 aприл 2015

F&F Tower (Revoltion Tower), Панама, 2011 г.

City Life _ Твист кула Хадид, Милано, Италија, 2016 г

Absolute World Towers, Mисисига, Канада, 2012 г.

добива спирално извртување на објектот за 90º. Проектот е изработен од архитектонското биро „Скидмор, Овингс и Мерил“. Изградбата е почната во февруари 2006, а завршена во 2013 година. • Трговски центар во Кувајт (Kuwait trade Center), познат како кула Ал Тижариа (Al Tijaria Tower), е твист облакодер висок 218

метри, со 41 кат. Ротацијата на објектот е 45º. Градбата е почната во 2005, а завршена во 2009 година. Архитект е NORR и Aljazera consultans. • „Al Bidda tower“ (позната како Platinum tower или Tornado Tower) Доха, Катар. Висока е 215 метри, има 43 ката. Ротира 60º. Почната во 2005 и завршена во 2009


архитектура Al Bidda Tower, Доха, Катар, 2009 г. Cayan Tower, Дубаи, 2013 г.

Avaz Twist Tower, Сараево, БиХ, 2008 г.

Al Tijaria Tower, Кувајт, 2009 г.

година. Архитект е Higgs & Hill Overseas. Секако дека треба да се спомнат и твист кулите на Далечниот Исток кои се градат сè повеќе и повеќе. • Mode Gakuen Spiral Towers, во Nagoya, Јапонија, проектирана од Nikken Sekkei. Висока е 170 метри, со 36 ката. Почеток

на градбата е 2005, а завршена е 2008 година. • Agora Garden, од белгискиот архитект Винсент Калбо (Vincent Callebaut), е еколошка кула покриена со растенија, која се гради во Тајпеј, Тајван. Инспирирана од структурата на двојната спирала на ДНК, изворот на животот, 20-катната станбена твист кула, со двојна спирална структура, ротира околу фиксно централно јадро, за 90º. Проектот е во фаза на градба (2010 – 2016). ....И уште многу други твист објекти кои не се опфатени во овој текст...

ДИНАМИЧКА АРХИТЕКТУРА, АРХИТЕКТУРА ВО ДВИЖЕЊЕ СО ПРОМЕНЛИВА ФОРМА! Во 2008 година беше претставен иновативен, амбициозен проект на облакодер кој се врти, со динамичка архитектура. Требаше да биде завршен во 2010-та, па во 2011-та... но градбата сè уште не е почната. Проектот е изработен во бирото на италијанскоизраелскиот архитект од Фиренца, д-р Дејвид Фишер (David Fisher, 1949). Проектираната висина е од 388 до 420 метри, а има 80 ката. Слично на изградениот комплекс „Suite  24 aприл 2015

ПОРТА

25


Mode Gakuen Spiral Tower , Нагоја, Јапонија, 2008 г

Villard“, секој кат индивидуално ќе ротира околу својата оска. Секој апартман ќе има површина од 420 м², четири ориентации и ќе ротира на гласовна команда. Градбата на еден кат, се планира да се изведе за шест дена. За изградба на целата кула ќе бидат потребни 480 дена. Тоа ќе биде прв светски монтажен облакодер. 90% од кулата ќе биде изградена во фабрика. Јадрото на кулата ќе се гради на градилиштето. Целата кула ќе се изгради за 22 месеци. Времето за градба ќе биде помало за 30% од времето потребно за изградба на нормален облакодер со иста големина. Ќе се „Agora Garden“, Тајпеј, Тајван, 2016 г

26

ПОРТА

24 aприл 2015

намалат трошоците и бројот на работниците. Објектот ќе обезбедува електрична енергија сам за себе и за уште други пет објекти во близина со слична големина, благодарение на 79 турбини на ветер, кои ќе се вградат помеѓу секој кат. Секоја турбина ќе генерира околу 1.200.000 кв. Соларните панели ќе се наоѓаат на покривот и на врвот на секој кат. Предвидената еколошка технологија ќе го направи објектот права зелена електро централа. Објектот е дизајниран да биде самоодржлив и да генерира електрична енергија од ветер и сонце. Овие

„интелигентни“ згради ќе имаат четири димензии. Им се додава и димензијата на „времето“. Заштитата на животната средина и индустрискиот процес на производство, проектантот ги препознава како клучни точки во развојот на градовите на иднината. Првите два облакодери се планира да Основа на бидат изградени „Mode Gakuen во Дубаи и Spiral Tower“, Москва. Потоа Нагоја, во Лондон, Јапонија, 2008 г. Милано, Париз, Рим, Њујорк и Мајами. Кога...? Сведоци сме на појавувањето на сè посмели, пореволуционерни дизајни. Облакодери кои ротираат 360º! Архитектура во движење! Дали е тоа новата реалност? Урбаните хоризонти се менуваат. Објектите сè повеќе и почесто се вртат. Од нив се врти и умот. Отвораат и многу нови прашања. Како би изгледал градот ако поголем број од објектите би се вртеле? Нови прашања од архитектонски, економски, технолошки, безбедносни ... и секако најважното прашање, дали вртењето нема да предизвика „главоболки“ кај луѓето во иднина? n Динамичка архитектура


ПОРТА


aрхитектура

Состојбите укажуваат дека е потребно преоценување на стандардите, во насока на утврдување стандарди кои ќе обезбедат подобри услови за организирање на станбените згради, за поголем квалитет на живеење на населението Драгица ФАРРЕН , дипл.инж.арх. (Англија)

B

ad Aibling е мал град во Германија, 60 километри југоисточно од Минхен. Во него се наоѓа најстарата термална бања во Баварија. Во рамките на постоечките простории на старата бања е дизајнирана интересна доградба во традиција на старите околни градби, со цел да се збогати и осмисли живеењето на луѓето во околината и пошироко. Концептот на ова извонредно остварување е на германското проектанско биро Behnisch Architekten од Штудгард. Идејата на овој спа центар под високите планини во Баварија е да се креираат мали базени со посебни карактеристики, доживувања и експресии за секој различен момент во денот и за секој поединец. Последователно се создадени водни простории кои дишат во мир, тишина и медитативност, оддавајќи внимание на суптилните и тивки задоволства. Новиот дел од објектот се карактеризира со повеќе куполи со различни големини, под кои се наоѓаат индивидуални базени и простории за третмани. Куполите, со својата заоблена форма и разновидни отвори, успеваат да создадат една интересна игра на светлината што се рефлектира од водата и од ѕидовите, создавајќи уникатен амбиент, а истовремено и високо ниво на енергетска ефикасност на објектот. Овој спа центар има богата содржина, вклучувајќи купола за релаксација со водопади, купола со амам, базен посветен на сензорното доживување на звукот надвор и во водата, исто така и базен со вкрстувачка топла и ладна зона. Во најголемата купола се сместени велнес и центарот за убавина, каде што се нудат различни третмани за посетителите, додека во оддалечените крила се сместени сауни и тушеви кои се одлични 

28

ПОРТА

24 aприл 2015


aрхитектура

СЕНЗИТИВНО ПАТУВАЊЕ ПОД КУПОЛИТЕ НА СПА ЦЕНТАР ВО БАВАРИЈА

24 aприл 2015

ПОРТА

29


за целосна релаксација на гостите. Објектот е изграден на терен во пад, кој овозможува природно вклопување во природата и заедно со богатото зеленило околу него ужива пријатна еколошка микроклима. Енергетскиот план на спа центарот е во служба на различните термички потреби во поединечните куполи. Во базените на спа центарот се одржува топла и влажна клима, додека во зимската градина воздухот е пријатен и сув.

СЕНЗУАЛНА КУПОЛА Во оваа купола посетителите се предаваат на медитацијата. Водата во овој базен е мирна и збогатена со подводна музика, додека светлината од кровот на куполата пропушта мал сноп светлина, којшто театрално игра со водата. Во средината на базенот се издигнува едно скулптурално светлечко тело со разновидни шари, кое придонесува за мистичноста на овој простор со контраст на светло и сенка, отвореност и интимност.

КУПОЛА НА ДОЖИВУВАЊА Во оваа купола водата ја покажува својата динамична природа и механичка сила. Таа е бучна и под притисок, креирајќи многубројни витли и струења. Внатрешниот дел од куполата има иразено сина боја со неколку децентрализирани отвори кои пропуштаат мала деликатна светлина, која си игра на ѕидовите и се прекршува во водата.

ПОРТА

ТОПЛА И ЛАДНА КУПОЛА За разлика од масивните бетонски куполи со мали отвори, оваа купола е прозрачна и покриена со лесен проѕирен плексиглас во принт. Оваа купола зрачи со изразени спротивности, ладниот дел е обложен со сина боја, наспроти топлиот со црвена. Акустиката на глаткиот ѕид од куполата го интензивира шумолењето на


тивката брановита вода во богати водни звуци.

КУПОЛА ЗА РЕЛАКСАЦИЈА Базенот за релаксација е темна просторија во која посетителите се повлекуваат за комплетно да се релаксират. Оваа просторија има големи празни бели ѕидови каде што се проектираат слики од мирни пејзажи. Овде гостите можат да се одморат во една уникатна и мултимедијална пештера. Целокупниот дизајн на оваа термална бања „плови“ во богатство на бои, уникатни детали и материјали, ѕидни мотиви и светлосни инсталации кои ги будат и стимулираат сите сетила и нудат незаборавно доживување на секој посетител. Овој спа центар претставува едно славење на водата како медиум кој лечи, исполнува и инспирира. n

ПОРТА


aрхитектура

УНИВЕРЗИТЕТ „ТАМАСАТ“, БАНКОК, ТАЈЛАНД

Старо-новиот град во градот

Александра ШЕКУТКОВСКА, дипл.инж.арх. (специјално за Порта 3 од Тајланд)

Рангсит претставува урбано-рурална периферија на Банкок со адаптабилна урбанизација, првенствено како сервисна и индустриска зона на градот, а во последните години се развива како зона за домување и образование поради постојаниот раст на популацијата и градската експанзија

А

втопати со повеќе ленти кои се прекрстуваат и испреплетуваат, студентски домови и објекти за домување чиишто волумени максимално ги исполнуваат урбанистичките параметри, фабрики и парчиња зеленило со водни канали, е сликата на периферната населба на Банкок, Рангсит. Преименувана во мал град во 1994 година, Рангсит претставува 32

ПОРТА

24 aприл 2015

урбано-рурална периферија на Банкок со адаптабилна урбанизација, првенствено како сервисна и индустриска зона на градот, во последните години развивајќи се како зона за домување и образование поради постојаниот раст на популацијата и градската експанзија. Мегапроектите на кралството за развој на инфраструктурата и стимулација на урбанизацијата за економски развиток, ја вклучуваат и тековната изградба на воз подигнат на платформа над градот-skytrain,

Ректорофис

којшто ќе ја поврзе последната станица на skytrain во градот Мо Шит (портата кон градот) со населбата Рангсит. Овој транспортен продолжеток, предвидено е да ги комплетира градежните активности во 2019 година. По изборите во мај 2014 година, избраната моментална власт од воени генерали предложила осумгодишен план за инвестиции во транспортот вреден околу три трилиони тајландски бахти. Поради новите транспортни можности и поврзувања, во периферијата почнуваат да


aрхитектура

Студентски дом кај универзитетот „Тамасат“ се градат нови комерцијални центри и резиденцијални објекти, зголемувајќи го карактерот на градот Банкок како мултимодална територија. Во рамките на Рангсит се наоѓаат неколку познати тајландски универзитети: Азискиот институт за технологија, Универзитетот „Рангсит“, Институтот „Муај Таи“ како и кампусот на треторангираниот тајландски универзитет „Тамасат“. Основан како факултет првенствено за морални и политички науки во 1934 година, „Тамасат“ е директно поврзан со историјата и борбата на граѓаните да го променат општественото уредување од монархија во демократија. Идејата за овој универзитет е на Приди

Баномуонг, таткото на тајландската демократија и тогашен министер за внатрешни работи, кој го напишал „Aктот за универзитетот на морални и политички науки“ во 1934 година. Универзитетот е основан на шестте постулати на Партијата на луѓето, борејќи се за правото на луѓето да имаат целосно образование. Во 1973 година, „Тамасат“ е центарот на про-демократските протести коишто довеле до крвавите протести на 14 октомври. Три години подоцна, во првичниот кампус на „Тамасат“ во стариот дел на Банкок, Та Пра Чан, се случил голем масакар на студенти кои протестирале. Откога двајца студенти биле истепани до смрт поради искажување

на мислења против власта, студентите направиле претстава со која го исмевале настанот привлекувајќи го вниманието на печатените медиуми. Поради ваквото однесување, утрото на 6 октомври 1976 година полицијата и паравоени групи го опкружиле кампусот и биле убиени стотици студенти. Денеска на местото на случката во кампусот Та Пра Чан е поставен споменик кој ги симболизира случувањата. Кампусот во Рангсит започнал да се гради во 1980 година за да се направи нов дом на универзитетот и да се обезбеди поголема територија на којашто би можеле да се сместат објектите на поединечните факултети. Кампусот е поделен на три дела: академска зона, зона за домување (студентски домови) и различни спортски објекти. Низ нив се испреплетуваат улици на коишто секојдневно се движат универзитетскиот автобус и комбиња, автомобили, мотор-такси и студенти на велосипеди. Објектите во академската зона се дела на познати тајландски архитекти. Архитектурата ги следи принципите на модерната архитектура, синтетизирајќи ги и принципите на тајландската традиционална архитектура. Спортскиот центар на „Тамасат“ во 1998 година бил употребуван за Азиските игри и во 2007 година за Летната универзијада. Во рамките на кампусот има полициски станици, банки, кантини и продавници, како и градинки и основно училиште за децата на вработените на универзитетот. Бројката на студенти на универзитетот денеска изнесува 35.000 студенти 

Влез во спортски објекти

24 aприл 2015

ПОРТА

33


aрхитектура (во 2010 година бројката изнесувала 20.000 студенти). Објектите изградени во населбата Рангсит претставуваат децентрализирање на универзитетот и негова експанзија на поголема територија. Кампусот претставува мал град, колаж од објекти на поединечните факултети, зеленило, пешачки патеки покриени со високи кровни конструкции, мали езерца и канали и разни севрисни услуги. Во неговата околина се наоѓаат големи трговски центри, студентски домови со големи размери, објекти за индивидуално домување и полиња за одгледување на земјоделски култури. Факултетот за архитектура надворешно е изграден во пост-модерен стил, иако неговата внатрешност обединува принципи на тропската архитектура. Кон внатрешноста се пристапува со отворени платформи, внатрешниот атриум му дава леснотија на објектот и овозможува циркулација на воздухот. Во кровната конструкција е поставен отвор кој во зависност од временските услови може да се отвора и затвора. На поединечните коридори, на секое ниво се поставени саксии со зеленило коешто расте надолу. Широкиот внатрешен простор и страничните платформи се користат за изложби, дискусии и средби на студентите. Околу наоколу во просторот постојат места со изложени модели, изработени прототипови на ентериер и постери од проекти. Во внатрешноста живеат птици, карактеристично за објектите во Тајланд, а езерцето пред самиот влез на факултетот претставува дом на риби коишто студентите секојдневно ги хранат (обичај преземен од будистичките храмови). Факултетот има пет архитектонски програми: програма за проектирање,

Архитектонскиот факултет во Рангсит кампус

пејзажна архитектура и урбанистичко планирање, како и две нови интернационални програми - програма за бизнис, дизајн и технлогија, и програма за урбан дизајн и урбанистички развиток. Студентите во најголем број се локални. Програмата за урбан дизајн и развиток претставува најновата и најнеопходната програма поради брзиот развиток на градот 34

ПОРТА

24 aприл 2015

и масивното урбанизирање. Студентите можат да се специјализираат во три насоки: јавна администрација - изработка на правилници и стандарди за урбанистичкиот развиток, потоа работа во секторот со недвижности (Банкок е во градежен бум, кој се очекува да ескалира во наредните години) и специјализација во партиципација со владиниот и невладиниот сектор за


Влез во „Тамасат“

балансирање на урбанизацијата и квалитетот на живеење на населението на одредени територии. Како и повеќето факултети, и факултетот за архитектура се обидува да ги следи развојните текови во Југоисточна Азија, истовремено следејќи ги тековните случувања и трендови во Европа. Студентите ги развиваат сопствените проекти обидувајќи се во нивните концепти да вметнат и од принципите и концептите на традиционалната тајландска архитектура. Самите професори честопати преводот од традиција во современо го поставуваат како

приоритет. Социјалната одговорност и односот на индивидуата во рамките на општеството остануваат да бидат едни од најважните и главните постулати на факултетот. Главниот принцип којшто универзитетот се обидува да го имплементира, е да ги научи студентите дека како индивидуи имаат и општествено влијание. Без разлика на спротивставувањата во минатото, универзитетот сè уште претставува традиција во образованието и факултет којшто неколку генерации го избираат. Универзитетот сè уште живее во „систем“ заедно со тековната

влада, што го прави значителна алка во општеството. Како што е честопати случај со градовите во Тајланд, позиционирањето на универзитетскиот кампус предизвикува создавање на нов урбанистички центар. Плановите за иднината и поврзувањето на проширувањата на градот се директно поврзани со иднината на универзитетскиот кампус. Во наредните години, со изградбата на skytrain и изградбата на објекти за домување и општествени објекти во околината, се очекува овој дел на Банкок да стане уште поатрактивен за живеење и да создаде уште еден град во градот. n

ПОРТА


СУПЕР ТИНЕКС маркет во катната гаража на Јужен булевар

К

омпанијата „Тинекс“ продолжува со својот развој. На почетокот на април е отворен десеттиот Супер Тинекс маркет во катната гаража на Јужен булевар. Целта е да се задоволат сите потреби на потрошувачите на едно место. Станува збор за модерно изведен објект со современа и висококвалитетна опрема. Ентериерот е различен од останатите маркети, модерно уреден и функционален простор со цел на потрошувачите да им овозможи вистинско уживање во пазарувањето. Просторот на маркетот го разубавува и веселиот детски агол, игротека која со

36

ПОРТА

24 aприл 2015

голема љубов е наменета за најмладите посетители. Новина во маркетот и воопшто во Македонија, е понудата на суво зреено месо, кое зрее во комора во склоп на маркетот. Со овој процес се овозможува природните ензими да продрат до најтврдите делови на месото. Вишокот на вода испарува, месото добива поинаква мекост и префинета структура и претставува вистинско гастрономско уживање. Како составен дел на маркетот во оваа катна гаража е и првиот од синџирот објекти Tinex to go, еден нов концепт на ресторани со самопослужување, кои се одлично решение за краток одмор, затоа што во него има богата понуда на кафе, свежо цедени сокови, ладни сендвичи, салати и слатки. Најновиот Супер Тинекс се простира на површина од 1.300 квадратни метри, со 46 вработени лица, и во него се содржат сите оддели за современо пазарување, од свежо месо и риба, дел за овошје и зеленчук, пекарница, деликатеси, па сè до стандарните програми на артикли, чиј асортиман брои повеќе од 12.000 продукти. n


ПОРТА ПОРТА


дрвна архитектура

РЕКРЕАТИВЕН ЦЕНТАР OAK RIDGES, RICHMOND HILL - ОНТАРИО

Успешна симбиоза на објектот и околната природа Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ , инженер по дрвна индустрија

Р

екреативниот центар Oak Ridges е лоциран во зелениот појас на градот Richmond Hill во Онтарио, и претставува центар во кој жителите на тој регион ќе можат да се рекреираат со различни содржини. Во овој центар можат да се најдат многу содржини како базен, сала за гимнастика, фитнес центар, простории за релаксирање, еко центар и простории за различни намени. Основната архитектонска идеја на овој објект е да претставува праг помеѓу ридот што се издигнува над градот и првите објекти што се наоѓаат веднаш во неговото подножје. Дрвото како избор за главен материјал, како конструктивен така и во ентериерот, придонесува за успешна симбиоза на објектот и целосниот амбиент на околната природа. Инспирацијата и целосниот дизајн на рекреативниот центар Oak Ridges може да се најде во најблиската природна околина и панорамските погледи на езерото Wilcox, кое се наоѓа во непосредна близина. Архитектонскиот тим Perkins+Will од Торонто, најмногу инспирација црпел од нивните лични искуства од детството при престојување во мали дрвени куќарки. Овие колективни мемории на архитектонскиот тим и рустикалниот амбиент во околината станале примарни насоки во проектирањето на конструктивниот дел на објектот, изборот на материјали и светлината и боите во енетериерот. Примарниот облик на објектот го зацртаа дрвените конструкции, камените ѕидови и дрвените панели. Овие проектантски елементи оформуваат архитектонска основа која извира од топографијата на локацијата. Објектот се интегрира во околниот пејзаж преку линеарната поставеност на серија балконски отвори, кои се протегаат во насока од север кон југ, од главниот влез кон бреговите на езерото. Балконските површини се обложени со бродски под изработен од јавор, на кои посетителите можат да седат и да уживаат во прекрасните погледи на езерото Wilcox. При самиот влез во објектот веднаш се 38

ПОРТА

24 aприл 2015

Архитектонскиот тим Perkins+Will од Торонто, најмногу инспирација црпел од нивните лични искуства од детството при престојување во мали дрвени куќарки. Овие колективни мемории на архитектонскиот тим и рустикалниот амбиент во околината станале примарни насоки во проектирањето на конструктивниот дел на објектот, изборот на материјали и светлината и боите во енетериерот.


дрвна архитектура забележуваат големите ламелирани носачи, кои од ентериерот излегуваат преку фасадата во ентериерниот дел во вид на настрешница, под која исто така се наоѓа бродски под од јавор, формирајќи една целина помеѓу внатрешноста и надворешноста. Еден од најспецифичните детали на овој објект е големиот дрвен док, којшто се наоѓа под зелен покрив, а кој е исто така изработен од дрвена конструкција. Подот е изработен од истиот јаворов бродски под. Овој док се претвори во едно од главните места во целиот објект каде се извршуваат многу функции, од зборно место за започнување на прошетки во природата до сцена каде се изведуваат најразлични програмски точки. Дрвото игра значителна улога во добивањето на сребрена LEED (Leadership in Energy and Environmental Design) награда за зелена и одржлива архитектура. Значителни напори биле вложени во заштита на ресурсите, енергијата и екологијата, како во изградбата на објектот, така и во неговото функционирање и искористување. Дрвото е избрано како главен конструктивен и декоративен материјал не само заради неговите естетски и механички квалитети, туку и заради неговата обновлива природа и секако заради неговата застапеност во локалната средина. 

ПОРТА


Дрвото е избрано како главен конструктивен материјал и заради тоа што има очигледни предности во конструктивна и архитектонска смисла на објектот формирајќи една целина со околината. Во таа насока, дрвото има централно место во целокупниот концепт на објектот, и овој концепт бил на прво место кога се решавале сите детали и се согледувале сите предизвици во текот на градењето, каде дрвото дава одредена слобода за проектирање и изведување. За пример може да се истакне кровниот дел и неговиот внатрешен и надворешен дел. Може да се забележи дека внатрешниот дел од кровот продолжува во надворешниот дел и со тоа не предизвикува особени проблеми, како формирање на термални мостови што можат да се увидат со користење на други материјали. Ова создава поедноставен начин за да се поврзе надворешниот и внатрешниот дел, формирајќи цврста врска на објектот со неговата природна околина. n

ПОРТА


рубрика

DVORNIK

Лична заштитна опрема од 1990 8 Mарт, бр. 2, 1000 Скопје Тел.: +389 2 3110 624 +389 2 3110 901 info@dvornik.com.mk Факс: +389 2 3110 546 www.dvornik.com.mk

38

38

ПОРТА

26 декември 2014

www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;


проекти

ГРАДОТ И РЕКАТА - МОСКВА

Порта

на иднината Љупчо АТАНАСОВСКИ , дипл.инж.арх.

Кон крајот на 2014 година, градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин објави конкурс за идејно решение на крајбрежниот простор на река Москва. За два месеца пристигнаа шест трудови. Сите проекти имаа една заедничка нишка – во буквална смисла на зборот, градот се отвора кон реката и обратно. Ова се смета за еден од најголемите инфраструктурни проекти на градот во неговата блиска историја. На тендерот победи проектанскиот бренд „Меганон“. 42

ПОРТА

24 aприл 2015

П

оследните дваесетина години Москва доживеа грандиозни промени во сферата на урбанизмот, сообраќајот, архитектурата... или послободно кажано револуционерно свртување кон западниот стил на живеење на еден мегаполис од 12 милиони жители, со секојдневна посета на уште неколку милиони од московската


проекти градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, објави конкурс за идејно решение на крајбрежниот простор на река Москва. За два месеца пристигнаа шест трудови. Сите проекти имаа една заедничка нишка – во буквална смисла на зборот, градот се отвора кон реката и обратно. Ова се смета за еден од најголемите инфраструктурни проекти на градот во неговата блиска историја. На тендерот победи проектанскиот бренд „Меганон“. Јуриј Григорјан, главниот проектант вели: „Нашиот концепт е наречен Порта на иднината. Да се разгледа целиот систем на реки со големи и мали притоки и канали, како единствен екосистем заедно со реката Москва. Сите тие треба да бидат чисти, достапни и активни како заеднички систем. За централниот дел на Москва е предвидена помека еколошка стратегија. Периферната област на реката Москва се отвора кон реката и обратно, со отворање на 11 јавни места – пристаништа. И како финале на големиот проект – да се прогласи Ден на реката, како празник“.

област. Сепак, сообраќајот остана рак рана. Градот со најголем раст на бројот на автомобили на светско рамниште си го стори своето. Генералниот впечаток за убавините на мегаполисот секогаш се намалуваа со големиот проблем на земниот транспорт. Ни најдоброто организирано и проектирано метро во светот тоа не можеше да го поправи. „Љубовта“ кон автомобилот московјани и неговите посетители скапо ги чини. Москва е

позната по своите пространи паркови и особено по богатата околина Подмосковје. И покрај огромната градежна офанзива, нејзината пространост тоа сè уште го дозволува. Но, реката Москва како главен крвоток на големиот град остана конзервативно крута и главно служи за туристички разгледи и речен транспорт, но со многу малку точки кои ја отвораат кон градот и неговите жители, а многу повеќе како автомобилско крајбрежје–набережје. Кон крајот на 2014 година

Основни идејни параметри за величината и значењето на целиот проект: - Простор - 10.000 ха (10% од територијата на стара Москва). - Реката Москва да стане нова централна улица на градот (како Нева во С.Петербург). - Не само град. Урбана концепција, но и архитектонска фасада на новата улица. Следува серија конкурси за одделни значајни проекти по должина на река Москва. План по етапи: - околина на река: инфраструктура и пејзажно уредување - дo 2017 год. - најважни градежни зафати, објекти - 2025 год. - комплетно завршување на проектот до 2035 год. - Еден е победникот, но во конечна обработка ќе се користат и другите идеи, а победникот -проектантската фирма „Меганон“ ќе биде главен консултант. ПРOEKT МЕГАНОН - Главно внимание на портите каде се судираат водните, пешачките,  24 aприл 2015

ПОРТА

43


-

-

-

-

44

велосипедските маршрути образувајќи „акупунктура на интесификација“; Еколошки острови со филтрација на водата со многу зеленило и примена на специјални растенија за чистење на водата; Обработка на неколку најважни – култни точки: - реон Мневники – Парламентарен парк - Строгино - Москва сити+ паркови /се друго има/ - Кремаљска набережнаја - Територија на ЗИЛ – станбени комплекси се спуштаат, отвoраат кон реката Концепт на водни канали + река /заеднички проект/ - спортски зони 11 порти - крупни и регионални 26 помали реонски порти Зајакнување на јавниот речен транспорт, особено меѓу зоните што немаат други меѓусебни врски Извесни улици покрај реката Москва би се пренамениле во пешачко-парковски зони Мора да истакнеме дека во Москва веќе ПОРТА

24 aприл 2015

постои една изградена зона, која ја потврдува во живо убавата идеја „да се живее на река Москва“. Тоа е реонот од Парк на културата до споменикот на Петар Велики. Огромен простор во кој има буквално СЕ што еден мегаполис мора да има, за да го зголеми богатството на

живеење. Од културни до забавноуметнички и угостителско-туристички содржини. Тука на отворено се одржуваат концертни настани, изложби и сл. Со многу паркови, прекрасно уредени, мали пловни езерца и убави шеталишта покрај реката Москва. Го доживуваме тој простор како


Како повод за овој текст

нешто нестварно убаво и тоа беше директен повод да се прикаже овој голем проект како нешто реално и остварливо. Големите градоначалници и политичари се тие што реализираат вакви проекти. Една лична опсервација. Многупати сум бил во Москва во последните повеќе од 20 години. Илјада пати сум ги кажувал моите

импресии за убавината на градот, кој така брзо се развиваше во позитивна смисла, но дека никојпат не посакав да живееам во него од икс причини. Би сакал да ја доживеам реализацијата на овие убави проекти за реката Москва. Можеби мојот впечаток за убавината на живеењето во Москва ќе се промени. n

Мал осврт на реката Вардар и Скопје. Секако, најголемиот и најзначаен инфраструктурен проект што го направи Скопје по земјотресот од 1963 год. беше Регулацијата на реката Вардар во централното подрачје на градот. Тоа ја елиминира опасноста од можните ударни поплавни бранови. Скопје доби на неколку точки убаво средени спортскошеталишни зони. Но останаа недовршени централните делови што, за жал, со проектот „Скопје 2014“ ги уништија тие перспективни можности, кои особено ги даваше левиот брег. Узурпацијата со административните објеки во забранетата зона веднаш до реката, за една далечна иднина го спречи отворањето на Вардар кон човекот. Смешните галии само ја потврдија неразумноста на овој проект. За жал, за прочистувањето на водите на Вардар и притоките, ќе мора да чекаме некои други времиња и генерации на политичари, урбанисти, екологисти и архитекти, кои ќе знаат што е вистински приоритет за скопјани и посетителите на градот. Би морале да учиме од ваквите проекти, што е и целта на презентацијата. Во нашите сфаќања за убав град мора сè повеќе да преовладува екологијата, чистиот воздух... убавината на некој нов Вардар... 24 aприл 2015

ПОРТА

45


сообраќај

ЗА ПЕШАЦИТЕ И БУЛЕВАРИТЕ ...

Во полза на корисникот на просторот на градот

Ненад ТОНИЌ , дипл. сообраќаен инж.

К

ритичкото проценување претставува природен елемент во еволуцијата на секоја идеја преточена во конкретен концепт. Само на тој начин ќе биде овозможено воочување и разликување на битните и релевантните од небитните и ирелевантните појави и врски кои за него можат да имаат судбинско значење. И, одземјаќи му го призвукот на наметнатост, да го одредат како вреден и потребен. Кога за тоа ќе дојде време ... Реализацијата на пошироките концепти и професионалното инженерско задоволство имаат сличен геном. И иста „папочна врвца“ која нивната раздвоеност ја прави тешко замислива. Веројатно нешто повеќе кога се напоени со „о-рук“ градежен елан, „под капата“ на еден благодарен и динамичен урбанизам. Кој знае да негува особено нетрпение кон архивската прашина врз проектните корици. И чија визура, во скок преку потенцијаните ризици и последици, ги „лови“ претежно резултантните поволности. Во такви услови секој концепт добива подеднакви шанси за реализација, без потребното преиспитување и приспособување. Без оглед 46

ПОРТА

24 aприл 2015

Исправена зад проектот за проширување на улицата „Даме Груев“ во Скопје, идејата за трансформирање на мешовитата колско-пешачка матрица на Малиот Ринг во мал пешачки рај се чини ги поседува адутите за потполн успех, но...


сообраќај на неговата објективна „созреаност“. Исправена зад проектот за проширување на улицата „Даме Груев“ во Скопје, идејата за трансформирање на мешовитата колскопешачка матрица на Малиот Ринг во мал пешачки рај се чини ги поседува адутите за потполн успех: лонгитудинала, за исклучување на моторниот сообраќај (ул. „Димитрије Чуповски“, алијас ул. „Вељко Влаховиќ“) и рабен бај-пас (ул. „Даме Груев“) за прифат на токовите возила од популарниот потег Палома Бјанка – Плоштад „Пела“. Се чини ништо пологично од поставувањето знак за еднаквост помеѓу „срцето“ на еден град и пешачкиот сообраќај, кој треба да стане негов траен ексклузивец. Благородна урбана идеја со стратешки призвук, на која нема многу што да ѝ се додаде. Под услов теоријата и технологијата на нејзината имплементација во ниту еден момент да не се оддалечат од „магистралната водилка“ на поширокиот контекст – минимизирање на моторниот сообраќај во тој сегмент од урбаното ткиво. Фокусно проектно решение Улицата „Даме Груев“, „тесното грло“ чија проточност беше спасувана со режимска еднонасочност, треба да ја усвои геометрискофункционалната форма на класичен булевар. Решение кое ќе ги приближи сообраќајните физиономии на надворешниот (оној на Големиот Ринг) и внатрешниот југоисточен лимес на градското јадро (оној на Малиот Ринг). И тоа не само во геометриска смисла. Класичен инфраструктурен потенцијал за набрекнување на обемот и ефектите на рецидивот на моторниот сообраќај. И за

дополнителна „токсична терапија“ на содржините лоцирани долж оваа сообраќајница. Едноставноста и чистотата на шаховските потези кријат комплексни бравури „потпрени“ на способноста за предвидување на противничките тактики. Со поделена резултантна неизвесност од која страдаат рејтингот и егото на само еден човек. Подложете го на слични униформни правила, и моторниот сообраќај лесно ќе одманеврира по некоја топовска паралела или ловечка дијагонала, по некоја улична лонгитудинала или коридорски бај-пас. Само што зад последиците од неговото пренасочување нема да стојат церебралните импулси на единката.

Тие ќе бидат производ на предиспозициите на системот да ги ублажи потенцијалните последици од таквото комуникациско рекомпонирање на централната градска зона. Последици кои произлегуваат од привлечноста на старо-новите содржински форми, децениските навики на движење и сувото шаховско дислоцирање на сообраќајните текови, во чии „гени“ е наталожен комфор на течението низ изворното „корито“ Палома Бјанка – Плоштад „Пела“. Шаховското дислоцирање може да биде прифатливо тогаш кога сме сигурни дека ќе се задржи во лесно предвидливите паралели или дијагонали. Непредвидливата разиграност на коњите е оној фактор кој може да внесе забуна и да донесе штета. И кој треба да се предвиди низ постапките на една сеопфатна анализа. И по потреба, да се „омекне“ со веќе создадените или предуслови кои паралелно, наменски ќе се обликуваат. Повеќе од пожелни предусловености Како системски канализирана експресија на потребата просторот да се совлада, сообраќајот не е мртва материја. Тој има своја „меморија“ и свои „желби“ кои, по некогаш, се граничат со каприци. Опасно непријатни кога жонглираат и со традиција и со нови мотиви. На пример „стар“ трговски центар, со пригушена, но далеку од избришана гравитациска моќ и нови, ударни, туристичкоадминистративни репери. И сите со регионален карактер и исти патеки на локален антрополошки прилив. Вклучувајќи ги и оние налиени со незадоволство, со вообичаен епицентар пред Собранието на 

24 aприл 2015

ПОРТА

47


сообраќај Републиката. Вистински момент за трикпрашање: дали и Градскиот трговски центар, како дел од Малиот Ринг со специфични, а ограничени колско-пристапни алтернативи, ќе стане дел од таа пешачка зона и со кој тоа влезно-излезен шаблон!? Да се вратиме чекор наназад ... Геометриската скромност на сообраќајниците околу фокусната зона која треба сообраќајно да се растовари, дава можност за филтрирање на непотребниот моторен сообраќај по принципот на „обратна инка“. Во превод, колку поблиску до центарот, коридорите се сè потесни и пропуштаат сè помалку возила. На пример улицата „Даме Груев“, чие течение поседува и резиденцијални и јавни и услужни аргументи за зајакнување на еколошки оправданите движења и нивните површини. Со придушен моторен сообраќај, врз база на воведената еднонасочност. Заокружена со обратната еднонасочност, на пример на ул. „Димитрие Чуповски“. Како разумен фазен чекор во функција на конечното освојување на пешачкиот рај. Бидејќи комбинираната еднонасочност редуцира докажано и со далеку поблаги последици. А нејзината постепеност ќе остави доволно простор за поголемо пешачко-содржинско навикнување на оваа автомобилска артерија. Ајде уште еден чекор наназад .... Отвореноста на таа зона за сите заинтересирани посетители го отвора и поглавјето за нивното пристигнување, со, што е единствено нормално, минимални реперкусии по самата зона и нејзините жители. Насока која бара редуцирање на токовите возила на фронтовите на двата Ринга и форсирање на јавниот, односно алтернативните видови превоз. На пример од периферните паркинглокалитети каде посетителот може да го стационира возилото, а градските турканици да ги избегне со качување на автобус (Park&Ride). Кои не постојат... Или со закупување на велосипед од велосипедскиот терминус во склоп на Транспортниот центар. Кој не постои.... Или сепак со возило до работ на пешачкиот рај, до една од новоизградените катни гаражи. Чиј капацитет делумно е потрошен со деловен простор, делумно закупен, а делумно допрва чека закупување. На пример од жителите на центарот, што своите паркинзи доброволно би ги жртвувале заради општото добро. Одиме нанапред .... Пешачењето во природа „бега“ од излози. Она другото, во строгите градски центри, тешко вирее без нив. А и самите тие треба најпрвин да никнат. И да прераснат во конкуренција на пешачки неприкосновената улица „Македонија“. Идејата дека отстранувањето на возила е доволно за воспоставување на пешачки коридор во центарот на еден град 48

ПОРТА

24 aприл 2015

нема основа. Колку што му е познато на авторот, ниту во форма на преседан. За почеток ... Реализацијата е најслаткиот акорд во секој популистички тоналитет. Но, реализацијата сама по себе не е и никогаш не била доволна. Потребно е таа да се одработи на сосема определен начин кој со популизмот на самиот почеток може, но и не мора да дели иста „ужинка“. Во корист на оној финален, докажано здрав „оброк“. Токму ова е диоптријата што ги разликува реализираните од квалитетно реализираните проекти. Кои ќе бидат носители на реален бенефит наместо да претставуваат еквивалент на „мачка во вреќа“ со потенцијално негативни последици. Овој текст не треба да се перцепира како спорење со идејата, туку со начинот на кој таа треба да се „дофати“. При што исклучивите пристапи и грубите интервенции треба да се

изместат „на крајот на редот“. Тонажата од целулоза употребена за да се докаже и потврди деликатноста на просторот на скопските Рингови нека биде почетна резонска станица. Сè што следи понатаму најмалку треба да е во корист на човекотвозач, човекот-пешак или човекот-велосипедист, туку на човекоткорисник на еден простор. Почнувајќи од жителот, па сè до бадијалџијата што само повремено ќе „скокне да се пролуфтира“. Да ја сочуваме идејата припазувајќи ја како мало дете сè додека, речиси физички, не го почувствуваме постоењето на магичниот дуализам потреба-услови. Во овој момент, се чини, го немаме во потребниот обем ниту едното ниту другото. За да се произнесеме, нели, во полза на оној корисник на просторот на овој град... n -крај-


ПОРТА


екоурбанизам

ПРОЕКТ МАСДАР, АБУ ДАБИ

Зелен град никнува во пустината

50

ПОРТА

24 aприл 2015


екоурбанизам

М

асдар е град кој никнува од песок и треба да симболизира оаза среде пустината. Проектот за новиот град во Абу Даби, водечкиот нафтен магнат во рамките на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), започна во 2008 година. Масдар (Извор) е лоциран во средиштето на Персискиот Залив, подрачје соочено со многу предизвици. Еден од најголемите предизвици, секако, претставува климата. Амбиенталните температури достигнуваат до 55°C во лето, а ветерот некогаш е со брзина и над 80 km/h. Замислен и проектиран како 100% зелен град, намерата е Масдар да вдоми 50.000 луѓе на површина од околу шест квадратни километри, овозможувајќи притоа оптимални услови на комфор со минимална потрошувачка на енергија. Се разбира, енергијата е обезбедена од обновливи извори на енергија.

Дaниела МЛАДЕНОВСКА

Во првата декада од 21 век, Емиратите забележаа дека нивните резерви на гас и нафта ќе траат во наредните 150 години. Затоа одлучија да се потпрат на обновливите енергии, и токму планот за користење на енергија од обновливи извори претставува пресвртница и почеток на нова енергетска стратегија на регионот. Градот Масдар, кој инаку чини 22 милијарди долари, треба да ја претвори оваа желба во реалност.

СОЦИЈАЛНИ И ЕКОНОМСКИ ПРОМЕНИ Овој навистина несекојдневен потфат е своевиден економски и социјален парадокс. Иако економијата во овој регион примарно се базира на приходите од нафта и гас, креаторите на политики односно лидерите се свесни дека овие конвенционални или фосилни енергетски ресурси се исцрпуваат многу брзо. Во првата декада од 21 век, Емиратите забележаа дека нивните резерви на гас и нафта ќе траат во наредните 150 години. Затоа одлучија да се потпрат на обновливите енергии, и токму планот за користење на енергија од обновливи извори претставува пресвртница и почеток на нова енергетска стратегија на регионот. Градот Масдар, кој инаку чини 22 милијарди  ПОРТА


екоурбанизам долари, требаше да ја претвори оваа желба во реалност. Токму како што вели Nick Brown, одговорен за одржливиот развој на Масдар, „мора да постои баланс помеѓу следните три елементи: луѓето, планетата и профитот“, ете на тој начин и властите во Абу Даби го разбираат развојот и напредокот. Одлуката да се изгради ваков модел односно концепт на град е исто така социјален парадокс. Еден студент, станар во новиот 100% одржлив универзитетски кампус од зелениот град коментира: „Во почетокот мислев дека нема да преживеам во овој град. Бидејќи во овој дел од светот идејата за рециклирање е сосема нова, зелениот начин на живот станува сè позначаен, првенствено поради напорите на владата да ги охрабри граѓаните во преземањето акции за заштита на животната средина“. Во земјата позната по својот висок животен стил, градот Масдар се појавува како отворена врата за револуција кон подигање на свеста за заштита на животната средина.

ВИСТИНСКИ ЕКО ГРАД Не треба долго време за еден посетител да се убеди во 100% зелените перформанси на градот. Доказите за поддршка на овој факт се видливи буквално на секој чекор. Едно огромно градилиште кое настојува да се рециклира отпадот, фасцинантна одржлива архитектура како и технолошките иновации во чистата енергија, се само некои од примерите. Амбицијата беше огромна да се изгради град во кој ќе нема загадување и отпад, а во кој дури ќе може да се произведува енергија од обновливи извори. Крис Ван, главниот проектант на Масдар, нагласи дека владејачката династија во Абу Даби била творецот на оваа идеја. Основачот на ОАЕ,

52

ПОРТА

24 aприл 2015

сега веќе починатиот шеик Заид бин Султан ал Нахајан, постојано бараше од народот да изгради посебен однос и почит кон животната средина. Многумина го опишуваат како „најмудриот Арап“, кој ја направи својата држава попросперитетна со тоа што изгради рафинерии и станици за десалинизација на водата. Еколошкиот град што се протега на шест квадратни километри го проектираше архитектонската фирма на Норман Фостер и требаше да биде готов за

10 години. Целта беше да се привлечат 1.500 мултинационални и нови компании, со тоа што градот сам би произведувал енергија и би претставувал добро место за личен и технолошки напредок. До 2020 година се очекуваше градот да брои 50.000 жители. До 2008 година беа завршени главните објекти од проектот, односно околу 15 згради во кои беше сместен институтот „Масдар“, односно универзитетскиот кампус кој има капацитет за 500 студенти.


екоурбанизам која беше првата што отвори свое претставништво во еколошкиот град, во замена за профитабилни договори со земјата. Работите сепак се придвижуваат, но далеку од првично предвидената динамика.

ПРОМЕНИ ВО КОНЦЕПТОТ НА ОДРЖЛИВ ТРАНСПОРТ

ПРОБЛЕМИ ВО РАЈОТ

Меѓутоа, финансиската криза од 2008 година не го одмина ниту овој град. Сите буџети беа ревидирани затоа што Абу Даби мораше финансиски да му помогне на Дубаи. Буџетот на Масдар беше ограничен

на 18 милијарди долари, а рокот за завршување беше одложен најрано за 2015 година. Пазарот на недвижнини пропадна и запреа сите градежни работи. Интересот за живеење во овој град драстично се намали. Спласна и интересот од веќе најавените мултинационални и нови компании. Исто така се појавија и многу технички проблеми. Сложените технички системи повторно се разгледаа и се проценија, а според новиот план треба да се изгради фарма со соларни панели на периферијата на градот. За жал, таа нема да ги даде потребните резултати поради проблемот со прашината од пустината. Наслагите од прашина сериозно влијаат врз ефикасноста на панелите, односно ќе го намали очекуваното производство на електрична енергија. Седиштето на Меѓународната агенција за обновлива енергија (ИРЕНА) се наоѓа во близина на германската компанија „Сименс“,

Кризата не ги одмина и другите сегменти од развојот на градот, меѓу кои и новиот одржлив сообраќаен систем. Градот требаше да биде изграден на столбови, за да може да му се овозможи полесна навигација на транспортот со автономни возила. Овој систем сѐ уште постои како прототип и најверојатно нема да се развива понатаму. Наместо него, ќе се користат едноставни електрични возила. Првобитната идеја беше градот детално да ја следи енергетската потрошувачка на секој жител, но и тоа се укина. Андреас Хеншел, професор по компјутерски науки, вели дека оваа идеја се откажала од етички причини. Со каква динамика ќе продолжи изградбата не е многу благодарно да се прогнозира имајќи ги предвид сложените околности. Сепак, и делумната реализација на овој грандиозен план е повеќе од револуционерна, особено поради фактот што се развива во традиционално затворена средина. Ова е сериозна лекција за остатокот од светот која треба да поттикне радикални промени во однесувањето на креаторите на политики и конечно позиционирање кон промоција на одржливиот развој. n

www.fabrikakarpos.com.mk

ПОРТА

ПОРТА


екологија

„ДРИСЛА 2018“

Депонија со која сите ќе треба да се гордееме До крајот на 2018 година вкупната инвестиција во „Дрисла“ на италијанскиот конзорциум предводен од ФЦЛ „Амбиенте“ треба да изнесува 73 милиони евра

54

ПОРТА

24 aприл 2015


А

екологија

ко „Дрисла“ во изминатите години беше депонија само за складирање отпад од скопскиот регион, во моментов таму се работи до 2018 година таа да стане една од најчистите, најбезбедните и најекономичните депонии во регионот, во која собраниот отпад се селектира, третира, максимално искористува и само мал дел се депонира. Таа да стане депонија со која сите ќе треба да се гордееме. Како што напишавме во минатиот број на „Порта 3“, во 2011 година се распиша повик за јавно-приватно партнерство, на кој за концесионер на депонијата „Дрисла“ беше избран италијанскиот конзорциум ФЦЛ „Амбиенте“. Што сè ќе треба да се направи „Дрисла“ да стане депонија со која ќе треба да се гордееме, како таа ќе изгледа и работи? Најнапред ќе треба да се запечати постоечкото тело на депонијата со капацитет од 2,7 милиони тони депониран отпад. Запечатувањето на телото на

старата депонија ќе се изврши во согласност со европските директиви. Од запечатената депонија ќе се црпи депониски гас. Крајниот рок за оваа работа е до крајот на 2016 година. Во истиот период ќе се работи и на изградба на ново тело на депонијата, кое ќе има 14 секции со капацитет од 5 милиони тони отпад. Новото тело на депонијата ќе се гради според принципот на секции или ќелии. Максималната количина на депонираниот отпад, што ќе остане по селекцијата и 

Прием на неселектиран отпад 24 aприл 2015

ПОРТА

55


eкологија

MILAN STADIUM - МИЛАНО, ИТАЛИЈА

третманот, ќе изнесува 29% од вкупно примениот отпад во депонијата. Изградбата на новите ќелии ќе се одвива во текот на целиот концесиски период и ќе биде во согласност со европските стандарди за максимална заштита на животната средина. До крајот на 2017 година треба да заврши изградбата на систем за црпење и согорување на депониски гас со капацитет од 70 бунари. Во телото на депонијата ќе се вгради систем за црпење на депонискиот гас, во најголем дел метан. Овој гас ќе се транспортира до електраната на гас за производство на 2 MW на час електрична енергија со зелена тарифа и околу 2 MW на час топлинска енергија, што ќе се користи за затоплување на деловните простории и фабричките хали во депонијата. Изградбата на фабрика за прочистување на отпадни води, исто така треба да заврши до

фабрика за селекција на отпад и создавање на РДФ алтернативно гориво со капацитет од 250.000 тони годишно. Таа треба да чини 21,4 милиони евра. Крајниот рок за нејзина изградба е до крајот на 2017 година. Во оваа фабрика ќе се врши третман на цврст комунален отпад. Од примениот отпад, ќе се селектираат повеќе фракции кои може да се рециклираат - пластика, стакло, метал, хартија и дрво. Од останатиот сув отпад се создава сув РДФ - алтернативно гориво. Остатокот од влажниот - биоразградлив отпад ќе се транспортира во постројка МАТРИКС. Овој отпад дополнително се обработува. Се стабилизира, суши и повторно се создава РДФ гориво со калориска вредност од околу 4.000 калории по килограм, подготвено за согорување и производство на топлинска или електрична

Постројка за третирање на градежен отпад

крајот на 2017 година. Постројката ќе го прочистува исцедокот од старото тело на депонијата до доведување на излезната вода со параметри на води од втора категорија. Паралелно ќе се изгради систем за зафаќање на атмосферските води околу целиот периметар на депонијата за да се спречи навлегување на водите во телото на депонијата и нивно загадување. Проектот вклучува и ремедијација на потокот од депонијата до Маркова Река и на околината. Најскапа инвестиција во проектот ќе биде изградбата на 56

ПОРТА

24 aприл 2015

енергија. Во депонијата ќе биде третиран и инертниот (градежен) отпад. Капацитетот е предвиден на 90.000 тони годишно. Крајниот рок за изградба е не подоцна од септември 2018 година. Во постројката, градежениот отпад прво ќе се дроби, а потоа ќе се врши селекција на железо, бетон, тули и друг градежен материјал. Тој ќе има повторна употребна вредност. Дел ќе се користи за тампонирање на слоевите на ќелиите на новата депонија, дел за изградба на патишта и слични објекти. Постројката за третман на опасен и неопасен индустриски отпад ќе има капацитет од 150.000 тони годишно. И таа треба да биде изградена до крајот на септември 2018 година. „Дрисла“ ќе биде првата депонија во југозападен Балкан што ќе има постројка за третман на индустриски отпад. Во


eкологија

Машина за третирање на индустриски отпад АКСИС

оваа постројка ќе се третира: пепел од челичарници и железарници, отпад произведен од рафинирање на масло, отпад од третирање на отпадни води, отпад од термоцентрали и други термички постројки. Новиот инсенератор, постројката за третман на медицински отпад, ќе има капацитет од 1.600 тони годишно, што е повеќе од двојно од она што сега се третира во постоечката печка за спалување на медицински отпад. Во него, на температура од 1650 степени Целзиусови, покрај медицински отпад ќе се согоруваат опасни масла и пакувања од пестициди и хербициди. Од процесот на согорување ќе се добиваат 500 КW на час електрична и топлинска енергија. Инсенераторот треба да биде ставен во функција до крајот на годинава. Новина е и постројката за третирање на отпад од зеленило, шуми и слична биомаса, со капацитет од 20.000 тони годишно. Краен рок за нејзина изградба е 2018 година. Во оваа постројка отпадот од зеленило, шуми и слична биомаса ќе се компостира, и тоа дел со аеробна а дел со анаеробна технологија. Краен производ на процесот ќе биде природно ѓубриво, кое ќе се користи во комерцијални цели. Според концесискиот договор, во наредниот период депонијата „Дрисла“ ќе добие нова механизација и опрема. Делот за пристап до депонијата ќе се рехабилитира, а ќе се изградат и нови работни и административни згради.  24 aприл 2015

ПОРТА

57


ПОРТА


Машина за превртување на куповите од отпад од зеленило Договорот предвидува и поставување фотоволтаични ќелии за производство на електрична енергија со зелена тарифа. Конечно, ќе се направи и автоматизирана перална за комуналните возила. Нејзиниот капацитет ќе биде 8.000 возила дневно. Сите комунални возила и камиони што ќе влезат во депонијата, задолжително ќе се мијат во новата автоматска перална. Водата што ќе се користи ќе се рециклира, така што со една иста вода ќе може да се мијат повеќе од 100 камиони. Сè на се, до крајот на 2018 година, вкупната инвестиција во „Дрисла“ на италијанскиот конзорциум предводен од ФЦЛ „Амбиенте“ треба да изнесува 73 милиони евра.n

Пакуван отпад во бали, бенефит: намалена емисија на смрдеа, заштита од животни и поголема збиеност на отпад

Факти за „Дрисла 2018“ - Запечатување на постоечкото тело на депонијата капацитет: 2,7 милиони тони депониран отпад вредност: 14.900.000 евра - Изградба на ново тело на депонијата капацитет: 14 секции со 5 милиони тони отпад вредност: 12.000.000 евра - Изградба на систем за црпење и согорување на депониски гас капацитет: 70 бунари вредност: 1.500.000 евра - Изградба на фабрика за прочистување на отпадни води вредност: 2.650.000 евра - Фабрика за селекција на отпад и создавање на РДФ алтернативно гориво капацитет: 250.000 тони годишно вредност: 21.400.000 евра - Постројка за третман на инертен (градежен) отпад капацитет: 90.000 тони годишно вредност: 1.800.000 евра - Постројка за третман на опасен и неопасен индустриски отпад капацитет: 150.000 тони годишно вредност: 7.900.000 евра - Постројка за третман на медицински отпад капацитет: 1.600 тони годишно вредност: 3.000.000 евра - Автоматизирана перална за комунални возила капацитет: 800 возила дневно вредност: 200.000 евра - Постројка за третирање на отпад од зеленило, шуми и слична биомаса капацитет: 20.000 тони годишно вредност: 1.000.000 евра - Механизација, опрема и нови работни и административни згради вредност: околу 6.500.000 евра ПОРТА


eксперт

НОВА КАМПАЊА НА КРАЛСКИОТ ИНСТИТУТ НА БРИТАНСКИТЕ АРХИТЕКТИ (1)

Изгради подобра Британија Кампањата се фокусира на шест клучни и значајни апсекти: подобри домови денес, добро испланирани места, среќни здрави места, креативни инспиративни училишта, попаметни зелени објекти и заедници отпорни на поплави д-р Владимир Б. ЛАДИНСКИ, дипл.инж.арх. (наш дописник од Лондон)

„И

згради подобра Британија“ (Build a Better Britain) е името на новата кампања на RIBA. Таа временски е промовирана да се совпадне со претстојните парламентарни избори закажани за 7 мај годинава. Иако до изборите има само неколку недели, неизвесноста е многу голема бидејќи, според досега спроведените анкети, ниту една од партиите нема доволно голема предност за да може да обезбеди мнозинство и да победи на изборите самостојно. Како резултат на ова, помалите партии се позиционираат така што можат да земат евентуално учество како коалициони партнери во новата влада. Во една ваква жешка предизборна атмосфера, RIBA ги повикува кандидатите на претстојните парламентарни избори да ја поддржат кампањата на Институтот и да се залагаат за изградба на подобри објекти во рамките на нивната изборна единица. За таа цел, на веб страницата на кампањата се вградени алатки кои им овозможуваат на изборните кандидати да ја искажат својата поддршка на определба за изградба на подобра Британија, додека на жителите на

60

ПОРТА

24 aприл 2015

земјата едноставно да ги идентифицираат кандидатите во своите изборни единици и по свој избор да ги контактираат и лобираат кандидатите за поддршка на оваа кампања. На овој начин Кралскиот институт сака сите заедно да придонесат за спроведување на бараните промени. Притоа, кампањата се фокусира на шест клучни апсекти кои се значајни за повеќето изборни единици, а тоа се: 1. Подобри домови денес; 2. Добро испланирани места; 3. Среќни здрави места; 4. Креативни инспиративни училишта; 5. Попаметни зелени објекти; 6. Заедници отпорни на поплави, Определбата на кампањата да се фокусира и на аспектот за „подобри домови денес“ е резултат на континуираната криза во доменот на домувањето во Обединетото Кралство и потребата да се градат станбени единици во кои луѓето сакаат да живеат. Спред Институтот, низ целата земја побарувачката на станбени единици е поголема од понудата, но и за многу станбените единици стануваат економски недостапни. Оттука, се јавува потребата при изградбата на нови станбени единици да се градат такви во кои луѓето не само што ќе


eксперт

сакаат да живат, туку и ќе го збогатат животот на оние што живеат во нив. Станува збор за сериозен проблем кој треба да го решат сите политички партии во рамките на една генерација. Сериозноста на проблемот најдобро ја илустрираат статистичките податоци, според кои во текот на наредниот парламент, кој вообичаено трае пет години, треба да се изградат 1,5 милиони станбени единици, или по 300 илјади станбени единици годишно, наспроти фактот што само 140 илјади нови станбени единици се изградени во 2013/2014 година. Доколку се продолжи со досегашното темпо на изградба, за 10 години ќе бидат потребни уште дополнителни 1,25 милиони станбени единици. Наспроти ова постојат 634 илјади празни станбени единици во земјата, што значи дека проблемот не е само во градење на повеќе станбени единици, туку како и постојните да се направат подобри и поатрактивни за заинтересираните лица. Континуираното подобрување на станбените единици што се градат, треба да подразбира изградба на доволно големи станбени единици со доволно осветлување, кои ќе бидат не само иновативни туку и ќе бидат соодветни за заедницата чијшто дел тие стануваат. Според Институтот, поддршката за формирање на нови комплекси кои ги задоволовуваат потребите на заедницата и локалните деловни субјекти е областа каде политичарите и заедницата треба да работат заедно. Во однос на аспектот за „добро испланирани места“, Институтот нагласува дека урбанистичкото планирање треба да биде и визионерски и вклучителен процес којшто ќе резултира во создавање на места соодветни за живот, работа и одмор. Иако урбанистичкото планирање континуирано се цитира како пречка за развојот, локалните урбанистички служби континуирано се подложени на реформи и на намалени ресурси за извршување на своите задачи. Затоа за неопходна се смета потребата повторно да се здобие довербата на јавноста

и на инвеститорите, што може да се постигне само со долготраен пристап кон развојот, којшто ги става локалните приоритети не само во првиот план туку и во центарот на интерес. Според спроведените анализи од 2003 година па до сега, процентот на издадедни урбанистички согласности во однос на поднесените барања е континуирано над 80%, но во јуни 2014 помалку од едно на секои седум органи на локална власт има усвоено урбанистички план кој ги задоволувува барањата за Националната рамка за планска политика (National Planning Policy Framework). Институтот исто така го нагласува помалото вложување во инфраструктура во споредба со другите развиени земји. Така, се наведува дека во Обединетото Кралство само 1,5 проценти од бруто националниот доход се трошат на инфраструктура во споредба со три проценти во Франција и САД и шест приценти во Јапонија. Токму затоа Институтот се залага на органите на локалната власт и на градовите и регионите да им се даде автономија која ќе им овозможи да бидат двигатели на понатамошниот развој на својата територија, преку обезбедување на потребаната поддршка во форма на проектантски вештини за локалните власти и локалните заедници, коишто ќе им помогнат јасно да се дефинира која е визијата за нивната територија. Промовирањето на „среќни здрави места“ е наредниот аспект во кампањата на Институтот, како резултат на фактот што населението во земјата не само што се зголемува, туку и дека општеството старее како резултат на што се јавува потребата за проектирање на објекти и заедници кои го земат предвид влијанието врз здравјето на жителите. Според спроведените анализи се предвидува дека населението во Обединетото Калство ќе се зголеми за 25

проценти до 80,5 милиони жители во текот на наредните 50 години и дека до 2050 година околу 19 милиони лица ќе бидат постари од 60 години, како резултат на што се налага потребата, објектите и заедниците да го земат предвид влијанието врз здравјето на луѓето, но и побарувачката за јавни услуги којашто неминовно ќе произлезе од ваквите трендови. Спроведените анализи укажуваат дека трошоците за обзбедување на пензија, социјални и задравствени услуги на повозрасните лица ќе се зголемат за 60 проценти во текот на нарединие 20 години, во којшто период се предвидува дека бројот на лица постари од 60 години ќе се зголеми за 42 проценити. Истовремено, физичката активност на населението се намалува. Така, само два проценти од населението користат велосипед, како основно превозно средство за своите дневни активности, додека одењето пеш се има намалено за 27 проценти во текот на изминатите 15 години. Притоа, 75 проценти од населението во големите градови, коишто не го задоволуваат препорачаното ниво на физичка активност, сметаат дека тие можат секоја недела да бидат поттикнати да одат повеќе пеш. Институтот верува дека наредната влада ќе треба да изнајде начини како да се приспособи кон потребата на општество кое старее, но и како да се промовира поздрав начин на живеење. Има потреба да се градат станбени единици соодветни за постарите лица, кои ќе ја промовираат нивната преселба од поголеми во помали станбени единици, но на начин на којшто семејствата ќе останат заедно и заедниците ќе останат интегрирани. Истовремено постои потреба за поздрави опции за сообраќај, коишто ќе се фокусираат на активното патување, како она со велосипед или пеш, како резултат на што е потребно да се размислува интегрално и за здравстените и за урабанистичките одлуки на локално ниво. (продолжува) 24 aприл 2015

ПОРТА

61


технологии

Верзија која ќе се памети Секоја година корисниците, обединети во AUGI (Autodesk User Group International), составуваат листа на желби која потоа се предава на „Autodesk“. Голем број од тие желби се инкорпорираат во новите изданија. Таков е и овогодишниот случај. Веројатно, до некаде, може да се каже: AutoCAD 2016 – таков бидејќи вие тоа го баравте. Трајче СТОЈАНОВ, дипл.инж.арх.

К

ако што и се очекуваше, тивко, без помпа, на 19 март годинава, „Autodesk“ го објави AutoCAD 2016, јубилејното 30то издание на најпродаваниот CAD софтвер на сите времиња. Неколку дена подоцна, оваа верзија стана достапна за онлајн преземање и продажба. Општо е познато дека „Autodesk“ при креирањето на новите верзии строго се држи до две правила: издавање на нова верзија на една година и воведување на нов фајл формат на секои три години. Првото правило го испочитуваа, но сепак сите што очекуваа нов .dwg2016 фајл формат ќе мораат да се стрпат до некоја нова верзија, бидејќи очигледно „Autodesk“ си го прекрши правилото и го наруши циклусот од три години. AutoCAD 2016 остана на .dwg 2013 фајл форматот. Нов фајл формат сам по себе не значи многу. Во секој случај тој ќе донесеше подобар квалитет, поголема оптимизација и слично. Но, на оние што планираат годинава да се подноват со нова лиценца на AutoCAD 2016, новиот фајл формат ќе значеше дека барем во наредните три години со AutoCAD 2016 тие ќе бидат компатибилни со наредните три верзии на AutoCAD. Како што претходно беше пишувано во оваа рубрика на „Порта 3“, од 1 февруари 2016 година, „Autodesk“ ги укинува трајните (временски неограничени лиценци), па оние што не сакаат постојано да плаќаат за софтвер во претплата, ќе мораат до наведениот датум да се снабдат со трајни лиценци. А, AutoCAD 2016 е одличен избор.

62

ПОРТА

24 aприл 2015

Што е ново во AutoCAD 2016? „Autodesk“ продолжува и во AutoCAD 2016 да го развива графичкиот интерфејс во темна боја кој беше претставен во AutoCAD 2015, но овој пат се направени мали шминкања и се додадени нови опции, какви што се: • New Tab картичката е преименувана во Start. Системски варијаблите се подесени таа да биде постојано присутна на екранот и да не може да се затвори, освен доколку варијаблата STARTMODE не се подеси на вредност „0“. • Start картичката содржи прозорче

Notifications на кое се прикажуваат известувања од Autodesk. • Статусната линија на дното на интерфејсот доби можност да биде поделена во две линии доколку корисникот користи повеќе помошни алатки на статусната линија, а со цел да остави повеќе простор за прикажување на повеќе layout-и. • Layout-ите добија опција drag&drop за нивно едноставно преместување во однос на другите layout-и дури и кога имаме голем број на затскриени layout-и. • При кликање на Find (најди) линкот покрај иконата во Help менито, се појавува анимација


технологии

која посочува на интерфејсот каде се наоѓа иконата на командата што била пребарувана. Сепак, позначајните новини во ова јубилејно издание на AutoCAD се следните: • Крајно време беше графиката да има подобар израз со оглед на тоа што хардверот стана понапреден и тоа за прифатливи цени, па конечно AutoCAD вгради anti-aliasing на линиите за „поудобно возење“ во апликацијата. Оваа новина не може да остане незабележана. • Работата со варијаблите никогаш не била полесна. Во AutoCAD 2016 добивме System Variable Monitor кој ни овозможува поголема контрола врз варијаблите преку единствен дијалог прозорец во кој се дадени оние варијабли кои сакаме да ги следиме и нивните поставки, односно вредности. • Покрај постојните Low, Medium и High Quality предефинирани поставки за рендерирање, AutoCAD 2016 воведе дополнително три крајно неверојатно

именувани поставки: Coffee-Break Quality (рендерирање во 10 минути), Lunnch-Break Quality (рендерирање во 60 минути) и Overnight Quality (рендерирање во 12 часа). Новите поставки се исклучително корисни. Тие му овозможуваат на корисникот да не се грижи при одбирање на поединечните параметри за рендерирање, туку да остави тоа да го направи AutoCAD. Врз основа на тоа колку време корисникот сака да потроши на рендерирање, AutoCAD ќе ги одбере најдобрите параметри. • AutoCAD 2016 воведе уште еден object snap mode – геометриски центар. Со овој мод, при одбирање на точка во просторот, AutoCAD го одредува геометрискиот центар на затворена геометриска 2Д форма. • Воведена е нова команда за интелигетно сеопфатно котирање. Со активирање на командатата DIM и поставување на курсорот над објектот, AutoCAD ни дава тип на кота во зависност

од типот на објектот врз кого се наоѓа курсорот. Оваа одлична алатка заменува една цела палета на алатки за котирање, а со тоа го намалува и времето потребно за котирање. • Облачињата за забелешки (Revision clouds) сега имаат дополнителни опции за креирање на визуелно поприфатливи форми, односно правоаголни и полигонални облици, како и опции за нивно модификување. • За подобра координација на сите фази на проектот, понудена е опција за прикачување на БИМ модел од Autodesk Navisworks со што е овозможено моделирање во 3д на или покрај БИМ моделот за подобра координација. • Autodesk навистина посветил големо внимание на Облачињата од точки (Point Clouds). Сега тие имаат можност да добијат пресеци со помош на Section Plane командата. Од така добиените пресеци, понатаму може да се генерира 2д геометрија. Dynamic UCS помошната алатка ги препознава површините на облачињата, а посебните point cloud snap modes разликуваат и специфични точки на нив. • Значајни подобрувања има и кај опциите за снимање на фајловите во pdf формат. AutoCAD воведе низа подесувања за креирање на поквалителни, а пооптимизирани pdf фајлови. Меѓу другото, при подесување на параметрите за принтање/плотање може да се забележат и AutoCAD PDF .pc3 фајловите. • Подобрувањата на опциите за форматирање на текст во AutoCAD 2016 се континуирани во повеќе последователни верзии на AutoCAD. Во дефинирањето на листата на новините и подобрувањата во AutoCAD 2016, значајна улога имаат и корисниците. Имено, секоја година корисниците, обединети во AUGI (Autodesk User Group International), составуваат листа на желби која потоа се предава на „Autodesk“. Голем број од тие желби се инкорпорираат во новите изданија. Таков е и овогодишниот случај. Веројатно, до некаде, може да се каже: AutoCAD 2016 – таков бидејќи вие тоа го баравте. Верзија која ќе се памети. n

ПОРТА


eнтериер

ISALONE DEL MOBILE 2015, МИЛАНО

подготви: Ивона МИТЕВА

С

аемот за мебел во Милано „Salone del Mobile“ претставува едно од најпознатите случувања во светот каде што познати дизајнери доаѓаат да ги изложат своите парчиња мебел. Саемот оваа година започна на 14 и траеше до 19 април. Изложбата на креативните дизајни на мебел секоја година се одржува во просториите на FieraMilano во западниот дел на Милано. Ова сајмиште, кое за првпат е отворено во 2005 година, зафаќа вкупна површина од 345 метри квадратни распоредени во осум павилјони и дополнителни 60 илјади метри квадратни надворешен простор, со што се вбројува меѓу најголемите изложбени простори во светот. Голем број на светски познати дизајнери земале учество на оваа изложба, каде што ги претставиле своите парчиња мебел, аксесоари за домот, орнаменти, декорации, текстил од секаков стил - од класичен до модерен. Како дел од овогодишната изложба бил и познатиот италијански дизајнер Мишел де Лучи, кој инспириран од павилјонот на Жан Нувел пред две години на истиот саем „Проект: канцеларија за живеење“, креирал настан каде се зборувало за предлогот за живеење во работниот простор во различни современи интерпретации. Се одржа и познатиот настан т.н. „EuroCucina“ каде што се претставени најновите технологии и современи дизајни на кујни, вградени апарати и најразновидни

64

ПОРТА

24 aприл 2015

Разновидни современи интерпретации и прототипови на

мебелот


eнтериер

прототипови за кујната на иднината. Со свој проект за современа кујна, кој го репрезентира новиот начин на живот наречен „Irori“, се претстави дизајнерот Кенго Кума. Слично на овој настан биле претставени и најновите достигнувања во полето на бањите, односно биле прикажани новите естетски квалитети, креативната опрема за бањи, туш кабини, сауни за во домот, различни порцелански инсталациии, облоги за ѕидови и

џакузи кади. Како дел од проектите за современа бања се издвојуваат „Stand Collection for ex.t“ од архитектонското студио „Norm Architects“ и современиот мијалник во облик на дијамант од дизајнерите Морено Рати и Паоло Олиан. Иновaтивните решенија можеле да се забележат и во дизајните на мебел, како што се креативните столчиња „Cheese fondue stools“ на јапонскиот дизајнер Сатсуки Оката,

потоа модуларниот систем за седење на дизајнерското студио „LoveTheSign“ наречен „Rodolfo“, минималистичките ламби од шведско-германското студио „Hopf Nordin“. Освен мебелот се истакнале проектите на дизајнерското студио „Mazda Kodo“, кои се претставиле со футуристички дизајн на велосипед и современиот концепт за бар претставен од „SodastreamMIX“. Сеамот за мебел во Милано претставува место каде што млади дизајнери од целиот свет, важни бизнис луѓе и таленти ќе се соберат на едно место и ќе ги споредат своите идеи. На тој начин, Милано стана место на неспоредлива опсерваторија на млади меѓународни креативни луѓе, чии дизајни по одржувањето на саемот се пуштаат во производство, и истовремено учеството на ваквиот настан влијае позитивно врз развојот на нивната кариера. n

24 aприл 2015

ПОРТА

65


арт

Славните уметници како опсесивни колекционери подготви: Дејан БУЃЕВАЦ

Изложбен плакат од изложбата во галеријата „Барбикан“ во Лондон

Н

овата изложба во лондонската галерија „Барбикан“ ги прикажува големите уметници од перспектива на нивната опсесија за собирање различни предмети. Поставката е посветена на приватните збирки на 14 повоени и современи уметници, а меѓу колекционерските предмети и разните куриозитети што низ годините на својата кариера ги собирале уметници, како Arman, Peter Blake, Hanne Darboven, Edmund de Waal, Damien Hirst, Howard Hodgkin, Dr Lakra, Sol LeWitt, Martin Parr, Jim Shaw, Hiroshi Sugimoto, Andy Warhol, Pae White и Martin Wong/Danh Vo. На изложбата со наслов Magnificent Obsessions: The Artist as Collector, прва ваква во Велика Британија, посетителите ќе можат да разгледаат голем број предмети од кои големите уметници црпеле инспирација за сопствената работа.

Питер Блејк колекција 66

ПОРТА

24 aприл 2015

Енди Ворхол колекција


арт

Колекција на Питер Блејк

За многу од нив собирањето било опасно блиско на опсесија. Низ предмети од масовното производство и популарни колекционерски експонати, преку единствени куриозитети, до ретки уметнички дела и примероци, претставените збирки даваат увид во единствените светови на нивните уметнички инспирации, влијанија, мотивација и опсесија. Меѓу експонатите се голем број садови во разни облици и мотиви, кујнски крпи во весели бои, препарирани животни, кукли, обвивки на плочи, дизајнерска 

Од колекцијата на Хироши Сугимото

Од колекцијата на Хане Дарбовен 24 aприл 2015

ПОРТА

67


Од колекцијата на Мартин Вонг постелнина, фосили стари стотици милиони години, па дури и збирка со черепи. Изложбата е идеја на Lydia Yee, кустос во галеријата „Барбикан“, која со години ги посетувала ателјеата на уметниците, забележувајќи ги предметите со кои биле опкружени додека работеле. „Секогаш сум се прашувала каков е односот помеѓу она што го собираат уметниците и нивните сопствени уметнички дела“, изјавила Lydia Yee. Збирката черепи, сосема очекувано, му припаѓа на Хирст, кој исто така е пасиониран колекционер на препарирани животни и медицински модели, вклучително и на восочниот модел, кој прикажува како се отстрануваат полипи од носот на пациент. n

Од колекцијата на Демијан Хирст

Од колекцијата на Др Лакра Од колекцијата на Арман 68

ПОРТА

24 aприл 2015


совети

БАЛАНС МЕЃУ ТРАДИЦИОНАЛНОТО И МОДЕРНОТО Во приземјето на станбен блок купив простор за угостителски дуќан – мал ресторан за италијанска храна кој ќе нуди од кафе, преку сезонски салати до шпагети, лазањи, равиоли... Ве молам за совет како да го организирам просторот, а воедно и како да го декорирам за да биде привлечен за посетителите? Митковски, Скопје

А

тмосферата и стилот на ентериерот во овој ресторан треба да релаксираат, да создаваат чувство на свежина, а гостите секогаш да се чувствуваат посебно, во центар на вниманието, додека функцијата на објектот ќе го диктира распоредот на мебелот и кујнската опрема. Наспроти влезот се поставува шанк кој ја дели кујната од делот за седење на гостите. Кујната се организира во ниша под агол. Делумно е задскриена од пултот и висечките паноа над него. На столбот од кујната е поставена црна табла на која се пишува дневното мени. Делот за гостите е организиран со маси покрај прозорецот и маса со клупа за поголемо друштво во нишата. При уредувањето на ентериерот, како што вели дизајнерот Maurizio Pellizzoni, треба да се имаат на ум неколку важни работиː - да се погледне просторот и да се разбере неговата употреба; - да се слушнат идеите на клиентите и да се соработува со нив за постигнување на крајниот изглед на просторот; - да се употребат иновативни идеи; - да се нема страв од употреба на бои и материјали, кои просторот ќе го направат да изгледа богато и уникатно; - да се употребат декоративни предмети, постери, слики и свежи растенија како финален слој. При изборот на бои потребно е да се создаде баланс. Тој вообичаено се постигнува со формулата 70-20-10: главна боја 70% (ѕидови, во случајов јака зелена), 20% секундарна боја (мебел, под, кујна, природна боја на дрво), 10% детали (црвена боја за перничиња, слики, свеќи, садови). Во убавите топли денови изнесете ги масите и жардиниерите со цвеќе надвор, пред прозорецот што ќе го оплемените со мали дизајнерски елементи.  Билјана Стевковска САВИЌ, дипл.инж.арх. bsavic@porta 3.com.mk 24 aприл 2015

ПОРТА

69


најчудни градби Драган РИСТОВ

С

ме виделе секакви можни чуда кога се во прашање хотелски комплекси. Ги има такви кои се граничат со фантазијата, но и такви кои во природни услови и со малку фантазија се претвориле во нешто неверојатно. Монтана Магика Лонџ (Montaña Mágica Lodge) е неверојатно дизајниран хотел на приватен имот во природниот резерват Хило во Чиле, на југот на Андите. Нуди мистичен крајолик на природна основа кој може да се доживее само еднаш. Целиот хотел има пирамидална структура, односно конусна и изгледа како вулкан. Наместо лава, од врвот на вулканот тече вода во вид на скалест водопад покрај еден од ѕидовите. Од спротивната страна може да се ужива во вистински вулкан кој се наоѓа во

Хотел-вулкан во срцето на чилеанската прашума областа Аренал. Монтана Магика Лонџ е хотел како никој друг во светот. Освен надворешноста која е фантастична, има што да се види и внатре. На пример, цевки за вода кои се направени од дрво, мајмунски мост кој е единствениот влез за хотелот и мали прозорци кои гледаат низ густата шума. Освен ова градежно чудо, може да се видат и чудни животински видови во близина на хотелот, како што е еленот Пуду кој е голем само половина метар и се смета за најмалиот во светот. Според податоците, едно ноќевање во овој хотел чини од 250 до 400 долари. 

ПОРТА


ПОРТА


ПОРТА


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.