Porta3 208

Page 1

олафур елиасон

Од дискретни интервенции до масивни амбиентални поставки елпида хаЏи василева:

„Моите дела нема никого да остават рамнодушен“ ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

Темните сценарија на технологијата

90 денари / БРОЈ 208 / ПЕТОК 31.05.2013 година IX



ГОДИНА IX

БРОЈ 208 ПЕТОК 31.05.2013 Редакција:

ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, Олафур Елиасон е познат во светот по своите визуелни интервенции и амбиентални дела, во кои нематеријалните сензации како температура, светлина и воздух стануваат скулптурални елементи, кои гледачите мошне силно ги доживуваат. Во последните неколку години архитектурата зазема позначајна позиција во неговите дела. Неговата недамнешна, и можеби најамбициозна архитектонска интервенција е стаклената фасада за објектот Харпа, која во здружен дизајн со данското архитектонско студио „Хенинг Ларсен“ ја освои наградата „Мис ван дер Рое“ за 2013 година. „Отворена академија“ во Норфлок, Велика Британија, дело на архитектот Шепард Робсон, е еден од најголемите и најмодерните едукативни објекти изградени од дрво со капацитет за 950 студенти. Со префабрикување на градбените елементи - панели, објектот бил подигнат за само 10 недели, наместо предвидените 18 недели, додека придружните четири спортски сали биле поставени само за четири дена.

ГРАДЕЖНИШТВО 08 СЕ БАРА РАКАТА ШТО ЌЕ ЈА НАПРАВИ МАКЕДОНИЈА ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНА

ЕНЕРГЕТИКА 12 ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА ПВЕ „БОГДАНЦИ“

ДРВНА АРХИТЕКТУРА 17

МУЛТИФУНКЦИОНАЛЕН „ФОРУМ“

АРХИТЕКТУРА И УМЕТНОСТ 24

ОД ДИСКРЕТНИ ИНТЕРВЕНЦИИ ДО МАСИВНИ АМБИЕНТАЛНИ ПОСТАВКИ

РЕПОРТАЖА 34

АРХИТЕКТ КОЈ ЈА ГЛЕДА АРХИТЕКТУРАТА НА СВОЈ НАЧИН

ТЕХНОЛОГИИ 40 ТЕМНИТЕ СЦЕНАРИЈА НА ТЕХНОЛОГИЈАТА

ЕКОЛОГИЈА 48

ЗАШТИТЕНИ ПОДРАЧЈА ПРОНАЈДЕТЕ КОЕ Е НАЈБЛИСКУ ДО ВАС И ИСТРАЖЕТЕ ГО

ИНТЕРВЈУ 56

ЕЛПИДА ХАЏИ ВАСИЛЕВА: „МОИТЕ ДЕЛА НЕМА НИКОГО ДА ОСТАВАТ РАМНОДУШЕН“

,

„Проектот со кој ќе го претставувам нашиот павилјон на 55. Венециско биенале го носи насловот ’Silentio Pathologia‘, наслов кој има повеќеслојна и преносна детерминација, и со неговото медицинско но и со преносно значење – кованица од англискиот збор path и латинскиот logia, апликативно во двете варијанти“, вели Елпида Хаџи Василева, нашата претставничка на претстојното 55. Биенале на уметноста во Венеција. Нејзината инсталација, која е поставена во Scuola dei Laneri, е направена со ѕидови од метал, мрежа од кожурци, мрежа од свила и канапи од кожи од бели лабораториски стаорци. Доколку нашата земја ги следи препораките на ЕУ за енергетска ефикасност и користење обновливи извори на енергија, потребно е годишно да реновира 1.157 милиони квадратни метри станбен фонд. За тоа, според предвидувањата на Стопанската комора, во градежниот сектор ќе треба да се вработат нови од 9.800 до 14.000 работници. Според првичните пресметки, за обука по работник, зависно од нивото на квалификации, се неопходни од 100 до 300 евра или 4,5 милиони евра за околу 1.500 лица.

ОД РЕДАКЦИЈАТА

главен и одговорен уредник: Дејан БУЃЕВАЦ новинари: Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА

Насловна страница: „ОТВОРЕНА АКАДЕМИЈА“, НОРФЛОК, ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ОЛАФУР ЕЛИАСОН

Од дискретни интервенции до масивни амбиентални поставки ЕЛПИДА ХАЏИ ВАСИЛЕВА:

„Моите дела нема никого да остават рамнодушен“ ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

Темните сценарија на технологијата

90 денари / БРОЈ 208 / ПЕТОК 31.05.2013 година IX

Автор: ШЕПАРД РОБСОН

ПОЧИТУВАНИ ПРИЈАТЕЛИ И ВЕРНИ ЧИТАТЕЛИ НА „ПОРТА 3“ Сакаме да ве информираме дека нашето и ваше омилено списание „Порта 3“ започнува нов период во своето постоење. Во време кога информатичката технологија брзо се менува, а следејќи ги истовремено светските медиумски трендови и навиките на читателите, се одлучивме како редакција за неколку промени во издавањето на нашето списание. Така, од јуни 2013 година, „Порта 3“ како единствено списание за градежништво, архитектура и екологија кај нас, станува месечник, кој ќе имате можност да го читате секој последен петок 06 во месецот. Според нашите планови, новиот концепт ќе биде насочен кон унапредување на професионалниот квалитет на рубриките и содржините, за да креираме пред вас еден врвен материјал, кој ќе го задржи вашето внимание 30 дена. Истовремено, се работи и на зголемување на тиражот, од причина што постојано расте интересот за нашите теми и содржини, не само кај нас туку и во регионот. Во меѓувреме, во текот на летниот период, ќе се фокусираме на креирање на нешто ново – комплетно нов веб портал „Порта 3“, чија основна цел ќе биде зголемена и поинтензивна интеракција со вас драги читатели, и секојдневно пласирање на корисни и интересни информации од областите што ги разработуваме и во самото списание. Земајќи го предвид фактот што публиката полека, но сигурно, се сели на интернет-просторот, веруваме дека порталот ќе биде катче каде редовно ќе ги следите темите од градежништвото, архитектурата, екологијата, енергетската ефикасност, дизајнот, ентериерите, уметноста, хортикултурата... Отворени сме за ваши предлози и сугестии за нашето онлајн издание - porta3@porta3.com.mk.

надворешни соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ПЕТРОВ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Александра ШЕКУТКОВСКА Анастасија НИКОЛОВСКА Андреа ЈАМАКОСКА Билјана САВИЌ Бојана ФИЛИПОВИЌ Биљана СТОЈАНОВИЌ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (AНГЛИЈА) Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Ивана ГРУПЧЕ Кате АНТЕВСКА Михаил ТОКАРЕВ Сандра ДОНЧЕВА ТЕОХАРОВА Сашо КУЗМАНОВСКИ Трајче СТОЈАНОВ Филип ФИЛИПОСКИ Франческо ЧИТРО (ИТАЛИЈА) графички уредник: Дејан ДАВИТКОВ фоторепортер: Кире ПОПОВ лектор: Костадинка СОЛЕВА Издавачки совет: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. - претседател проф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА, дипл.град.инж. Вања ДОНЧЕВА, дипл.инж.арх. Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. проф. д-р Катерина ДОНЕВСКА дипл.град.инж. Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 9, 1000 Скопје Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk Печати: Маркетинг: biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796 ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.500 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485 Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.


инфо

ПОЛИЕТИЛЕНСКИ И ПОЛИПРОПИЛЕНСКИ - ВОДОВОДНИ СИСТЕМИ - ГАСОВОДНИ СИСТЕМИ - KAНАЛИЗАЦИСKИ СИСТЕМИ ИНОВАТИВНА ТЕХНОЛОГИЈА ПО СИТЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ СТАНДАРДИ

Tel: 00 389 034 212 064 00 389 034 211 757 00 389 034 215 225 00 389 034 215 226 Fax: 00 389 034 211 964 e-mail: contact@konti-hidroplast.com.mk e-mail: hidropl@t-home.mk www.konti-hidroplast.com.mk Industriska bb 1480 Gevgelija MACEDONIA 4 ПОРТА 31 мај 2013

3


инфо

Б

3

31 мај 2013 ПОРТА

5


инфо

Градежен факултет

Промовирани дипломирани

Дел од присутните на свеченоста

В

купно 56 дипломирани градежни инженери, 48 геодетски инженери и 17 геотехнички инженери, од кои дел се од Проектот 45 на Владата на Република Македонија, како и 15 магистри на технички науки од областа на градежништвото, и тројца магистри на технички науки од областа на геодезијата, за периодот од април 2012 до април 2013 година, беа промовирани на свеченоста што се одржа на Градежниот факултет при УКИМ. На свеченоста присуствуваа претставници на Ректоратот на УКИМ, професори, претставници на градежните компании, на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Македонија, на Инженерска институција на Македонија и други гости. Деканот на факултетот Милорад Јовановски, посакувајќи им успешна кариера на сите промовирани, истакна дека пред нив е период во кој максимално треба да ги искористат нивните потенцијали и знаења, а Градежниот факултет секогаш е тука за секаква помош и останува нивен втор дом. „Вреди да се спомене дека кај нас во фаза на изведба или во најава за изведба се голем број капитални објекти од инфраструктурата, како автопатишта, гасоводи, железнички линии, големи брани, згради и слично. Со нивната градба, Вие ќе бидете дел од плејадата градители, која ќе ги изведе овие објекти со кои заедно ќе се гордееме“, додаде Јовановски.

6

3

ПОРТА

31 мај 2013

Дипломите ги врачуваа деканот и продеканот на Градежниот факултет, Милорад Јовановски и Тодорка Самарџиоска


инфо

студенти и магистри Најдобри Најдобриот дипломиран студент за минатата година, кој студиите ги завршил со просек од 9,97 е Ристо Анастасов. Нему му беше врачена пригодна плакета од Инженерската институција на Македонија и наградата Инженерски прстен, која ќе му се додели на почетокот на јуни во Охрид на традиционалниот собир под покровителство на претседателот на државата Ѓорѓи Иванов. Традиционално, претставник на еден од најголемите поддржувачи на Градежниот факултет, реномираната фирма АДИНГ, додели награда за најдобра дипломска работа каде се третирани проблеми на примена на различни хидроизолациони материјали или материјали кои се применливи за решавање на проблеми поврзани со енергетската ефикасност. Оваа година изборот падна на студентката Љупка Танчева за темата со наслов „Енергетска ефикасност во градежништвото“. Наградата за најдобра дипломска работа од областа на геотехниката, која беше доделена од страна на реномираната фирма Градежен институт Македонија, ја доби Бојан Јаневски за темата „Општи принципи и пресметување на почвени анкери“.

Првиот човек на ИИМ, Александар Димитров, му ја врачи плакетата на најдобриот студент Ристо Атанасов

Претставникот на АДИНГ, Даниел Цеков Бојан Јаневски се заблагодарува за наградата што му ја врачи Силјан Михалјовски од ГИМ

3

31 мај 2013 ПОРТА

7


градежништво

Расте потребата од специјализирани работници

Се бара раката што ќе ја направи Македонија енергетски ефикасна Потребата од квалификувани работници е минимум 9.600, а максимум 16.200, а меѓу нив, за енергетска ефикасност се предвидени ѕидари, фасадери, столари, покривачи на кровови, термоизолатери, инсталатери, електричари и електромонтери Катерина Спасовска-Трпковска

Ѕ

идари, фасадери, столари, покривачи на кровови, термоизолатери, инсталатери, електричари и електромонтери се професиите што треба да се дообучуваат за да може Македонија да има градби кои ќе бидат енергетски ефикасни. Приоритет е надградба на системот за образование на возрасни, следење и трансфер на европските искуства за дизајнирање на програми за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија за примена на сертификациони шеми, градење на капацитет на образовните

8

3

ПОРТА

31 мај 2013

институции за испорака на обуки согласно потребите за квалификувани работници и идентификување и надминување на бариерите за реализирање на зацртаните цели. Овие цели за напредокот на градежниот сектор се дадени во Патоказот за развој на капацитетите на градежниот сектор во областа на енергетската ефикасност и обновливи извори на енергија, а кој пред членките на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите го презентираше Ристо Иванов, експерт во проектот ‘Buld up Skills’. Како што истакна Иванов, намерата на

Патоказот е да придонесе во остварувањето на националните енергетски цели преку обезбедување квалификувани работници во градежниот сектор за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија. Документот ги презентира идентификуваните потребни вештини за различните занимања на градежните работници и бариерите што треба да се надминат за обезбедување на потребниот број квалификувани работници, директно инволвирани во градба. Потребата од квалификувани работници е минимум 9.600, а максимум 16.200. Меѓу нив, за енергетска ефикасност се предвидени ѕидари, фасадери, столари, покривачи на


градежништво кровови, термоизолатери, инсталатери, електричари и електромонтери. Акциониот план за реализирање на мерките за четирите приоритети е изработен за периодот 2013-2016 година, а со него се опфаќа обука на 4.800 работници, кои се директно инволвирани во градбата, кои би требало да имаат свое учество во реализација на Националните енергетски цели во однос на ЕУ Стратегијата 20/20/20. Бидејќи високоградбата, односно станбените објекти на домаќинствата се поголемите потрошувачи на енергија, приоритетно е да се пристапи кон зајакнување на потребните вештини на градежните работници, било да се во текот на образованието, а повеќе во совладување на вештините преку дообука и преквалификација на возрасни.

Компаниите ги истакнаа интересот и потребата од обучен кадар, кој ќе може да биде вклучен во градбата, иако самоиницијативно во повеќе компании се врши едукација. Сепак, законската регулатива, која сè уште во овој сегмент не е целосно заокружена, засега претставува пречка за постигнување на барањата за квалитетна изградба и задоволување на барањата на енергетска ефикасност во објектите. Но компаниите сметаат дека за обука на нивните работници во овие сегменти се потребни многу финансиски средства кои помалите градежни фирми нема да може да си ги дозволат. Доколку нашата земја ги следи препораките на ЕУ за енергетската ефикасност и користење обновливи извори на енергија, потребно е годишно

Спасот е во летно-зимско работно време

Градежниците се залагаат за распоредување на работното време на годишно ниво, како би се избегнале празните одови во зимско време, а на сметка на времето кога е најпогодно за градење и производство на градежни и неметални материјали, наменети за градење на објектите. За реализација на оваа одредба, се формира работна група, која заедно со Синдикатот во компаниите

да реновира 1.157 милиони квадратни метри станбен фонд. За тоа, според предвидувањата на Стопанската комора, во градежниот сектор ќе треба да се вработат нови од 9.800 до 14.000 работници. Најпотребни ќе бидат ѕидари, фасадери и инсталатери, како и за струки поврзани со инфраструктурата за енергија, електричари, изолатори. Според првичните пресметки, за обука по работник, зависно од нивото на квалификации, се неопходни од 100 до 300 евра или 4,5 милиони евра за околу 1.500 лица. Во согласност со новата директива на ЕУ, од 2014 година секоја држава, вклучувајќи ја и нашата, ќе мора да спроведе најмалку три отсто енергетска ефикасност на годишно ниво, а до 2018 година треба да има имплементирано до девет проценти.

ќе предложат мерки и решенија за реализирање на оваа одредба, која можеби ќе биде вградена и во законска одредба. Останува отворено прашањето, дали во најкраток рок ќе се постигне некаков договор или, пак, преговорите ќе траат додека е лето, а потоа во зима повторно ќе затаат, сè додека не почне повторно екот на градежната сезона во која градежниците ќе мора да работат само онолку време колку што им дозволува законот.

„Биро проект“ со лиценца за вршење процена од областа на недвижен имот

„Б

иро проект“ е македонска компанија за проектирање, маркетинг и хортикултура, која од неодамна се здоби со лиценца за вршење на процена од областа на недвижен имот. Со тоа, „Биро проект“ стана овластена компанија за процена на пазарната вредност на недвижнини: станбени куќи и згради, деловни згради и простории, административни објекти и простории, згради за одмор и рекреација, како и други објекти (гаражи, амбари, штали, плевни и шупи). Исто така, со оваа лиценца, компанијата е овластена и за процена на градежно земјиште, земјоделско земјиште, шуми и пасишта. Специјализираниот тим за процена стои на располагање на сите компании кои имаат потреба од проценител на пазарната вредност на недвижен имот, како основ за: - пренос на право на сопственост; - определување на вредност на капитал во случаи во кои доаѓа до промена на вредноста и структурата на капиталот и при статусни измени; - стечајна постапка и ликвидација; - финансирање и подигање на хипотекарен и заложен кредит; - пребивање на побарување; - постапка на експропријација; - инвеститорски консалтинг и во други случаи предвидени со закон. Повеќе информации можете да пронајдете на www.biroproekt.com.mk.

3

31 мај 2013 ПОРТА

9


региони

DVORNIK

Лична заштитна опрема од 1990 8 Mарт, бр. 2, 1000 Скопје Тел.: +389 2 3110 624 +389 2 3110 901 info@dvornik.com.mk Факс: +389 2 3110 546 www.dvornik.com.mk

10

3

ПОРТА

31 мај 2013

www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;


региони

АТА ЗА ЛАДИЛНИЦИ ЛИЗГАЧКА ВРАТА ЗА ЛАДИЛНИЦИ

9 75 80 77 00

тел: +389 75 80 77 00

3

31 мај 2013 ПОРТА

11


енергетика

Пилот проект Парк на ветерни електрани

Почна изградбата на ПВЕ „Богданци“ Проектот се очекува да профункционира за неколку месеци. Во првата фаза е предвидено да има 16 ветерници, моќност од 36,8 мегават-часови и годишно производство од 100 гигават-часови ветерна енергија. Ќе снабдува 15.000 домаќинства или вкупно 60.000 граѓани.

С

о поставување каментемелник неодамна и официјално беше означен почетокот на изградбата на Паркот на ветерни електрани „Богданци“. Овој прв од ваков тип капацитет во земјава ќе обезбеди чиста енергија од обновлив извор, користејќи го ветерот како погонска сила. Проектот се очекува да профункционира за неколку месеци. Во првата фаза е предвидено да има 16 ветерници, моќност од 36,8 мегават-часови и годишно производство од 100 гигаватчасови ветерна енергија. Ќе снабдува 15.000

12

3

ПОРТА

31 мај 2013

Проектот ќе се реализира за време на периодот 2011 - 2013 година

домаќинства или вкупно 60.000 граѓани. - Со почетокот на овој проект почнуваме ново поглавје во енергетската стратегија и портфолио на Република Македонија. Ваквата тенденција е неминовно потребна ако се имаат предвид високите цени на нафтата како енергенс, ограниченоста на природните енергетски суровини и делумно искористениот хидропотенцијал во земјава, истакна претседателот на Владата на Република Македонија г. Никола Груевски, пред поставувањето на камен-темелникот. Со изградбата на вакви паркови на ветерници, додаде, македонското стопанство ќе добие

сигурен, обновлив, незагадувачки и долгорочен извор на енергија. Според генералниот директор на ЕЛЕМ г. Дејан Бошковски, турбините што ќе бидат вградени во ветерниот парк се меѓу најдобрите во својата класа. Инсталираната моќност на секоја од нив е 2,3 мегавати, висината на столбот изнесува 84 метри, а дијаметарот на елисата 93 метри. - Монтажата на овие ветерници ќе обезбеди вкупна инсталирана моќност од 36,8 мегавати со што ќе се заокружи првата фаза од изградбата на паркот. Локацијата нуди можност во иднина да се постават дополнителни ветерни турбини кои би


енергетика го заокружиле проектот со инсталирана моќност до 50 мегавати, рече Бошковски. Моментно се работи на изведба на потребната инфраструктура и на придружните објекти преку договор со конзорциумот „Терна Сименс“ за изведба на патна инфраструктура, приклучен далековод, командна зграда и 20/110 киловолтна трафостаница. Почната е и подготовката на фундаментите на конкретните локации планирани за подигнување на ветерниците, како и проширување на трафостаницата „Валандово“ за поврзување на паркот на електроенергетскиот систем. На поставувањето камен-темелник присуствуваше и германската амбасадорка Гудрун Штајнакер, која во обраќањето изрази убедување дека од овој ветерен парк ќе произлезе значајна развојна енергетскополитичка порака. - Преку овој проект заеднички ќе докажеме дека ветерната енергија е реална опција во Македонија и дека може да се надминат сите логистички и регулаторни предизвици, рече Штајнакер. Дел од средствата за изградба на ветерниот парк „Богданци“ се обезбедени преку кредит од Германската КФВ банка, потпишан во април минатата година. За проектот чија вредност е 55,5 милиони евра, КФВ обезбеди 32,9 милиони евра, а останатите 22,6 милиони се сопствени средства на АД ЕЛЕМ. Согласно утврдената динамика, во наредните два месеца се очекува да пристигнат првите турбини и да почне нивната монтажа, а во последниот квартал од годинава паркот ќе влезе во електроенергетскиот

Приказ на 16 од вкупно 22-те турбини

Мапа со локации на четири градежни места

систем на Македонија и ќе почне со производство на електрична енергија. Приказната за ветерните електрани во земјава започна уште во 2004 година. Се знае дека од сите обновливи извори највисока стапка на развој во светот во последните две децении има енергијата на ветер. Овој тренд се совпаѓа со стратегијата на владата на Република Македонија за развој на обновливите

извори на електрична енергија, како и стратегијата на ЕУ за развој на овој вид капацитети. Изградбата на електрани на ветер би имала позитивни импликации за целиот електроенергетски сектор на Македонија, како и за локалната економија. Одлуката за вклучување на енергијата на ветерот како дел од портфолиото на АД ЕЛЕМ е донесена во јуни 2004 година, кога Секторот за развој и инвестиции објави Јавен повик за изработка на Прелиминарен атлас на ветровите за Република Македонија. Со атласот е утврдено дека најдобри ресурси на ветер во Македонија има на планинските сртови, додека во низините и долините има значително помала просечна брзина на ветерот. Резултат од Атласот беа 20 локации – кандидати ширум земјата, со потенцијал за инсталирање на постројки со капацитет од 25 MW до 33 MW. Стратешката цел на ЕЛЕМ е изградба на првиот ветерен парк во Република Македонија за производството на електрична енергија од ветерна енергија и евалуација на нејзиниот потенцијал во државата. Една од главните цели на проектот уште од самиот почеток, како пилот проект, беше да ја помине целокупната законски предвидена процедура за изградба и да претставува позитивен сигнал за сите заинтересирани инвеститори. За достигнувањето на овие цели беше изработен Генерален план 

3

31 мај 2013 ПОРТА

13


енергетика

Мапа која ги покажува сите четири локации на кои би можело да се изгради Парк на ветерни електрани (S/S: Трафостаница)

составен од три фази, и тоа: 1. Изработка на Атлас на ветрови за Република Македонија 2. Обезбедување на висококвалитетни мерни податоци од најповолни локации 3. Изработка на Физибилити студија за најповолните локации Првата фаза беше имплементирана во 2005 година, и во јуни истата година американската компанија AWS Truewind LLC го изработи Прелиминарниот атлас на ветровите за Република Македонија. Користен е mesoscale модел за проценка на ветерот и тој се користи како извор на метеоролошки податоци кои се анализираат повторно. Треба да се напомене дека методата и извештајот може да се користат за идентификување на потенцијалните области за понатамошни испитувања, но не можат да се користат за квантификација на потенцијалот на ветерот на специфична локација. Втората фаза започна во април 2006 година, со склучување на договор меѓу АД ЕЛЕМ, ФЕИТ (Факултет за електротехника и информациски технологии) и NTE (Nordrondelag Electricitetsverk in Norway). Оваа фаза беше спонзорирана од норвешкото Министерство за надворешни работи и имплементирана од компаниите NTE и КVT (Kjeller Vindteknikk). Проектот, меѓу другото, опфаќа монтажа на четири мерни станици со висококвалитетна мерна опрема, инсталирана во периодот јуни/јули 2006 година на четири 14

3

ПОРТА

локации со доволен претпоставен енергетски потенцијал на ветерот. Следниот чекор, односно третата фаза, беше подготовка на Физибилити студија. Од крајот на 2008 година, активностите за ветерна енергија се поддржани од Канцеларијата за инфраструктурни проекти за Западна Европа IPF (Western Balkan Infrastructure Projects Facility), дел од

Локација Богданци - Мерен столб 31 мај 2013

програмата на Европска Унија CARDS. Физибилити студијата, која е завршена во 2010 година, нуди информации за физичките карактеристики, економската и финансиската изводливост, можностите за финансирање и еколошките, социјалните и другите влијанија на проектот, според кои, оној што предложува би можел да донесе одлука дали да продолжи со проектот или не. Стратешката цел е воспоставување на првиот ветерен парк во Република Македонија со цел демонстрирање на производството на електрична енергија од ветерна енергија и евалуација на нејзиниот потенцијал во државата. За својот прв проект, ЕЛЕМ си постави за цел минимално годишно производство од 100 GWh од ветерна енергија или приближно 2 отсто од моменталното годишно производство. Пресметувањето врз основа на широко употребуваните турбини со инсталиран капацитет помеѓу 2 и 2,5 MW, ја одреди големината на паркот на ветерни електрани од 50 MW, за исполнување на претходната цел. Деталната евалуација на локацијата покажа дека оваа големина на паркот на ветерни електрани ја оптимизира употребата на достапниот простор и ветерните ресурси. По прифаќање на Нацрт-физибилити студијата, ЕЛЕМ во март 2010 година организираше конференција за проектот и ги објави резултатите од студијата. За време на оваа конференција беа одредени првите контакти со потенцијалните финансиски институции. KfW Entwicklungsbank од Германија го покажаа својот интерес за обезбедување финансии на Паркот на ветерни електрани „Богданци“. Обезбедувајќи иницијатива за нови инвестиции за употреба на достапна ветерна енергија, како обновлив извор на енергија, Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија донесе Одлука за одредување на повластена тарифа за продажба на произведена електрична енергија и доставена од ветерниците, која е одредена да изнесува 8,9 €cents/ kWh. Привилегираниот произведувач е под обврска да користи привилегирана тарифа во период од 20 години. Една од главните цели на овој проект, уште од самиот почеток е, како Пилот проект, тој да ја помине целокупната законски предвидена процедура за изградба и да претставува позитивен сигнал за сите заинтересирани инвеститори. Од овие причини, а согласно постојната законска регулатива, АД ЕЛЕМ ја започна постапката за обезбедување на сите неопходни документи, како Анализа на влијание на ПВЕ Богданци


енергетика

Паркот на ветерни електрани ќе се инсталира во две фази

на мрежата до МЕПСО, изработена од страна на МЕПСО во февруари 2010, изработена е Геолошка проспекција на теренот на идниот парк, Идеен проект за Паркот на ветерни електрани „Богданци“, како и Студија за оцена на влијанието врз животната средина. Земајќи ги предвид достапните финансиски ресурси, беше договорено паркот на ветерни електрани да се инсталира во две фази: првата

фаза со 36,8 MW и нето годишното производство од 90 GWh и втората фаза со останатите 13,8 MW и дополнително нето производство од 33 GWh. Шемата за паркот на ветерни електрани се состои од вкупно 22 WECs кои се наредени во една линија, до највисокиот дел на гребенот. Во првата фаза, треба да се постават 16 ветерни турбини од околу 80-95 метри дијаметар на секој ротор.

Шемата е прикажана на следниот начин: Fichtner GmbH &Co. KG беше назначен од страна на АД ЕЛЕМ со задача консултант за имплементација за време на инженеринг, наддавање и период за доделување на договор (Фаза I), и да помага за време на извршувањето на проектот, вклучувајќи надзор на локација (Фаза II). Проектот ќе се реализира за време на периодот 2011 - 2013 година. 

3

31 мај 2013 ПОРТА

15


2,3

плочи, 25 kg Thermokleber

Потрошувачка: 5 kg/m

2

Малтер за лепење стиропор (EPS) Putzgrund Fassade плочи, 25 kg

Kati

Подлога пред нанесување на Потрошувачка: 5 kg/m завршни фасадни малтери, 20 kg рубрика 2

25 лтер, kg 25 kgПотрошувачка: KlebeSpachtel

0,3 – 0,5 kg/m2

Малтер за лепење на стиропор (EPS)

Styrokleber армирање и глетување, 25 kg агребана а структура структура Малтер за лепење на стиропорни (EPS) Потрошувачка: плочи, 25 kg лепење: ca. 5 kg/m mm3 mm 3за mm Mosaic за армирање: ca. 6 kg/m 4 3,0 3,0 Малтер за цокле, 25 kg 2

Потрошувачка: 5 kg/m

2

2

Потрошувачка: 0,3 – 0,5 kg/m2 Малтер за лепење на стиропор (EPS) армирање и глетување, 25 kg

3,0

Малтер Малтер заза лепење лепење нана стиропор стиропор (EPS) (EPS) армирање армирање и глетување, и глетување, 2525 kgkg

Putzgrund Putzgrund Fassade Fassade

Addi

Подлога Подлога пред пред нанесување нанесување нана завршни завршни фасадни фасадни малтери, малтери, 2020 kgkg

Потрошувачка: Потрошувачка: Акрилен фасаден малтер, 25 kg 2 2 за за лепење: лепење: ca.ca. 5 kg/m 5 kg/m Силикатен фасаден малтер, 25 kg 2 2 за за армирање: армирање: ca. ca. 6 kg/m 6 kg/m Измазнета структура Загребана структура 1,5 mm 2 mm 3 mm 2 mm 3 mm Измазнета структура Загребана структура 2,3 2,7 3,6 2,4 3,0

2 2 Потрошувачка: Потрошувачка: 0,30,3 – 0,5 – 0,5 kg/m kg/m

архитектура

1,5 mm 2 mm 3 mm 2 mm 3 mm 2,3 2,7Conni 3,6 2,4 3,0 Фасаден систем со плочи од Силиконски фасаден малтер, 25 kg KlebeSpachtel KlebeSpachtel M M стиропор (EPS)

Mosaic Mosaic

Малтер Малтер заза цокле, цокле, 2525 kg Фасаден систем соkgплочи од Потрошувачка: Потрошувачка: 0,30,3 – 0,5 – 0,5 kg/m kg/m камена волна 2

Малтер Малтер заза лепење, лепење, армирање армирање и Измазнета структура Загребанаиструктура

глетување глетување нана плочи плочи и2 ламели од Putzgrund 1,5 mm Fassade 2 mm 3 mm и ламели mm 3од mm

камена камена волна, волна, 25 25 kgkg 2,4 на 3,0 Подлога пред нанесување 2,3 2,7 3,6 Потрошувачка: Потрошувачка: завршни фасадни малтери, 20 kg 1 за за лепење: лепење: ca.ca. 6 kg/m 6 kg/m 2

Кнауф Кнауф дооел дооел Скопје, Скопје, бул. бул. Александар Александар Македонски Македонски бб,бб, 1000 1000 Скопје, Скопје, Македонија Македонија Тел: Тел: 0202 3235750, 3235750, info@knauf.com.mk, info@knauf.com.mk, www.knauf.com.mk www.knauf.com.mk

Силикатен фасаден малтер, 25 kg 2

Минер Кнауф Кнауф

2

малтер

Системи Системисос и истиропор стиропо Преднос

1

2

2 2 2 Kati за за армирање: армирање: 70,5 kg/m 7 kg/m Потрошувачка: 0,3ca.–ca. kg/m

• Пароп • Економ • Довер • Едност

2

Кнауф фасаден систем

Mosaic

KlebeSpachtel

KlebeSpachtel M

2,7 3,6 2,4 KlebeSpachtel KlebeSpachtel

Измазнета структура 1,5 mm 2 mm 3 mm 2,3 2,7 3,6

Загребана структура 2 mm 3 mm 3 2,4 3,0

3

Knauf Knauf Macedonia Macedonia

Малтер за цокле, 25 kg

Системи со плочи од Кнауф камена волна фасаден систем 4 и стиропор (EPS) Системи со плочи од камена волна

Putzgrund Fassade Потрошувачка: 0,3 пред – 0,5нанесување kg/m2 Подлога на

завршни фасадни малтери, 20 kg 4

Потрошувачка: за лепење: ca. 5 kg/m2 армирање и за армирање: ca. 6 kg/m2

за лепење, ер, малтер, 25 kgМалтер 25 kg глетување на плочи и ламели од

Потрошувачка: 0,3 – 0,5 kg/m2

камена волна, 25 kg

Потрошувачка: Thermokleber Thermokleber Thermokleber Thermokleber 2 лепење: ca. 6Малтер kg/m Малтер заза лепење Малтер лепење Малтер стиропор застиропор за лепење лепење (EPS) стиропор (EPS) стиропор (EPS) (EPS) Кнауф дооелзаСкопје, Кнауф дооел Скопје, за армирање: ca. 7 kg/m22525 плочи, плочи, kg плочи, kg плочи, 2525 kgkg KlebeSpachtel M бул. Александар Македонски бб,

Mosaic Addi Addi

Addi Addi

и стиропор (EPS)

5

5

6 Малтер за цокле, 25 kg агребана а структура структура Акрилен Акрилен фасаден Акрилен фасаден Акрилен малтер, фасаден малтер, фасаден 25Кнауф 25 малтер, kgмалтер, kg 25 25 kgkg фасаден систем бул. бб, Измазнета Измазнета структура структура Измазнета Измазнета структура Загребана структура Загребана структура структура Загребана структура структура 1. Styrokleber * 1.Загребана KlebeSpachtel Малтер за лепење, армирање и Александар Македонски mm 3 mm 3 mm Потрошувачка: Системи со плочи одMкамена волна Потрошувачка: Потрошувачка: 5Потрошувачка: kg/m 5 kg/m 5 kg/m 5иkg/m 1000 глетување на плочи ламели од Скопје, Македонија 2. Stiropor (EPS) волна* 1000 Скопје, Македонија 1,51,5 mmmm2 mm 2 mm 1,51,5 3mm mm 3mm mm 2 mm 22mm mm 2 mm 3 mm 3 mm 3стиропор mm 322.mm 2Камена mm (EPS) 3 mm 3 mm и камена волна, 25 kg Тел: 02 3235750, Addi 3. KlebeSpachtel со мрежичка 3. KlebeSpachtel M со мрежичка 02 3235750, 2,3 2,7 2,7 2,3 2,3 3,6 3,6 2,7 2,7 2,4 2,4 3,6 3,6 3,0 3,0 2,4 2,4 3,0 3,0 4Тел: 3,0 3,0Addi info@knauf.com.mk, 4. Putzgrund2,3 Fassade 4. Putzgrund Fassade АкриленАкрилен фасаденфасаден малтер, малтер, 25 kg 25 kg 2

2

2

Потрошувачка: 0,3 – 0,5 kg/m2

2

Потрошувачка:

за лепење: ca. 6 kg/m www.knauf.com.mk info@knauf.com.mk, 5. Addi ** Knauf Macedonia Кнауф дооел Скопје, за армирање: ca. 7 kg/m бул. Александар Македонски бб, www.knauf.com.mk Knauf Macedonia Conni Conni Conni Conniи Thermok* За лепење ЕРЅ плочи може да се употреби 1000 Скопје, Македонија ИзмазнетаИзмазнета структура структура ЗагребанаЗагребана структура структура 2

2

1,5 mm 2 mm 1,5 mm3 mm 2 mm 2 mm 3 mm 2,3 2,7 2,3 3,6 2,7 2,4 3,6 Styrokleber Styrokleber Styrokleber Styrokleber

малтер, р, 25 kg 25 kg

Тел: 02 3235750, leber. Kaj Styrokleber-от кај објекти со висина до 8m Силиконски Силиконски Силиконски фасаден Силиконски фасаден малтер, фасаден малтер, фасаден 25*25 малтер, kgмалтер, kg од25 25 kgkg Кај плочите камена волна неопходно е

23mm mm 2,4 3,0

3 info@knauf.com.mk, mm нема потреба за типлување, додека при употреба на типлувањето со типли со челично јадро www.knauf.com.mk Thermokleber-от секогаш е потребно типлување. Измазнета Измазнета структура структура Измазнета Измазнета структура Загребана структура Загребана структура структура Загребана Загребана структура структура 3,0 Наместо SP 260 и егализациска боја може да се 1,51,5 mmmm2 mm 2 mm 1,51,5 3mm mm 3mm mm 2 mm 22mm mm 2 mm 3 mm 3 mm 3 mm 32**mm 2 mm 3 mm 3 mm Knauf Macedonia

** Наместо Addi може да се нанесат и други завршни

2

2

2

2

Kati Kati

Силиконски Силиконски фасаденфасаден малтер, малтер, 25 kg 25 kg

mm3 mm 3 mm ИзмазнетаИзмазнета структура структура ЗагребанаЗагребана структура структура 4 3,0 3,01,5 mm 2 mm 1,5 mm3 mm 2 mm 2 mm 3 mm 23mm mm 3 mm 2,3

стиропор (EPS) eе(EPS)

Kati

2,7 2,3 3,6 2,7 2,4 3,6 2,4 3,0 KlebeSpachtel KlebeSpachtel KlebeSpachtel KlebeSpachtel

3,0

Addi

Addi

Kati

/m2

S)

Малтер Малтер заза лепење, Малтер лепење, Малтер за армирање за армирање лепење, лепење, армирање иструктура армирање иЗагребанаиструктура и Измазнета структура Измазнета структура Загребана глетување глетување глетување наглетување на плочи плочи на ламели и2 на ламели плочи плочи и ламели и2 ламели од 1,5 mm 2 mm 1,5 3mm mm 2иmm mm 3 mmод 3од mm mm 3од mm камена камена волна, волна, камена камена 25 25 kg волна, kg волна, 25 kgkg порни е на стиропорни (EPS) (EPS) Подлога Подлога пред нанесување пред нанесување на на 3,0 2,3 2,7 2,3 3,6 2,7 2,4 25 3,6 3,02,4

m2

kg

/m2

Putzgrund Putzgrund FassadeFassade

Kati Kati

Силикатен Силикатен Силикатен фасаден Силикатен фасаден малтер, фасаден малтер, фасаден 2525 малтер, kgмалтер, kg 2525 kgkg Измазнета Измазнета структура структура Измазнета Измазнета структура Загребана структура Загребана структура структура Загребана Загребана структура структура 1,51,5 mmmm2 mm 2 mm 1,51,5 3mm mm 3mm mm 2 mm 22mm mm 2 mm 3 mm 3 mm 3 mm 32 mm 2 mm 3 mm 3 mm 2,32,3 2,72,72,32,3 3,63,62,72,7 2,42,43,63,6 3,03,0 2,42,4 3,03,0

Подлога Подлога пред пред Подлога Подлога нанесување нанесување пред пред нанесување на нанесување на нана завршни завршни фасадни завршни фасадни завршни малтери, фасадни малтери, фасадни 20 малтери, 20 kg малтери, kg 2020 kgkg

2

2

5

Mosaic Mosaic Mosaic Mosaic

Малтер Малтер заза цокле, Малтер цокле, Малтер 25 за 25 kg за цокле, kg цокле, 2525 kg Фасаден Фасаден систем со систем плочи соkg од плочи од Минерални Минерални завршни зс Кнауф Кнауф Кнауф Кнауф фасаден фасаден фаса фас 1.kg/m Styrokleber * 1. Kleb Потрошувачка: Потрошувачка: Потрошувачка: 0,3 Потрошувачка: 0,3 – 0,5 – 0,5 kg/m kg/m 0,30,3 – 0,5 – 0,5 kg/m 2. Stiropor (EPS) каменакамена волна волна малтери малтери 2. Кам 2

2

2

2

3. KlebeSpachtel Системи соСистеми мрежичка 3. Kleb со Системи со Системи плочи плочиод со од со камена плочи камена плочи од во 4. Putzgrund Fassade 4. Putz и и стиропор стиропор и и стиропор (EPS) стиропор (EPS) (EPS) (EPS) 5. Addi ** 5. SP 2 Предности Предности на минерални на ми 6. Егал * За лепење ЕРЅ плочи може да се употреби и Thermok1 Styrokleber-от кај 1 објекти со висина до 8m leber. Kaj

2

* Кај пло • Паропропустливост • Паропропустл Кнауф Кнауф дооел дооел Кнауф Скопје, Кнауф Скопје, дооел дооел Скопје, Скопје, нема потреба за типлување, додека при употреба на типлувањ 2Александар бул. Александар бул. бул. Македонски Александар Македонски Александар бб, Македонски бб, Македонски бб,бб, Thermokleber-от секогаш2е• потребно типлување. Силикатен Силикатен фасаден малтер, фасаден 25 малтер, kg 2 25бул. kg Економичност • Економичност 2 1000 1000 Скопје, Скопје, 1000 Македонија 1000 Македонија Скопје, Скопје, Македонија Македонија ** Намес • Доверливост • Доверливост Измазнета структура Измазнета структура Загребана структура Загребана структура Тел: Тел: 0202 3235750, 3235750, Тел: Тел: 0202 3235750, 3235750, ** Наместо Addi може да се нанесат и други завршни употреб фасадни нанесувања (Kati, Conni или SP 260, односно info@knauf.com.mk, info@knauf.com.mk, info@knauf.com.mk, info@knauf.com.mk, силиконс • Едноставна • Едноставна употреба упо 1,5 mm 2 mm 1,5 3mm mm 2 mm 2 mm 3 mm 3 mm 2 mm 3 3 mm 3 RP 240 3 со егализациска 3 боја) 240 во к www.knauf.com.mk www.knauf.com.mk www.knauf.com.mk www.knauf.com.mk Knauf Knauf Macedonia Macedonia Knauf Knauf Macedonia Macedonia

2 2 2 2 2ca. 2 Kati Kati за за армирање: армирање: ca. ca. армирање: 70,5 армирање: kg/m 7 kg/m 70,5 kg/m 7 kg/m Потрошувачка: Потрошувачка: 0,3за –за kg/m 0,3ca.– kg/m

2,3

Кнауф Кнауф фасаден фасаден систем систем 2,7

Mosaic Mosaic

2,3 3,6

2,7 2,4

3,6

3,02,4

3,0

SP 260

Системи Системи со плочи со плочи од Кнауф камена од Кнауф камена волна волна фасаден фасаден систем систем системи 4 4 и стиропор и стиропор (EPS) (EPS)Системи Системи со ѕид. плочи соод плочи камена од камена волна волна со изолација од камена волна и паропропусност на целиот фасаден 2 Потрошувачка: Потрошувачка: 0,3 – 0,5 kg/m0,3 – 0,5 kg/m2

Конечно можете да го добиете посакуваниот5 квалитет5 на живот ивостиропор Вашиот и стиропор (EPS) дом. (EPS) Mosaic

Mosaic

Малтер за цокле, Малтер25 заkg цокле, 25 kg

Кнауф дооел Кнауф Скопје, дооел Скопје, Потрошувачка: Потрошувачка: 0,3 – 0,5 kg/m0,3 – 0,5 kg/m M 2

2

бул. бул. Македонски Македонски бб, бб, * 1. Styrokleber 1. Styrokleber * ње е, армирање и Александар и Александар 1000 Скопје, 1000 Скопје, Македонија очи ли од и ламели одМакедонија 2. Stiropor 2. (EPS) Stiropor (EPS) 5Тел: kg 02 3235750, Тел: 02 3235750, 3. KlebeSpachtel 3. KlebeSpachtel со мрежичка со мрежичка

2

бул. Александар бул.Македонски Александарбб, Македонски бб,

5

5

6

6

Кнауф Кнауф фасаден фасаден систем систем 1. KlebeSpachtel 1. KlebeSpachtel M M Системи со Системи плочи од со камена плочи од волна камена волна 2. Камена2. волна* Камена волна* и стиропор и стиропор (EPS) (EPS) 3. KlebeSpachtel 3. KlebeSpachtel M со мрежичка M со мрежичка

info@knauf.com.mk, info@knauf.com.mk, 4. Putzgrund 4. Putzgrund Fassade Fassade www.knauf.com.mk www.knauf.com.mk 5. Addi **дооел 5. Addi ** Knauf Macedonia Knauf Macedonia 2 Кнауф дооел Кнауф Скопје, Скопје,

/m

SP

МинераленМи за фасаден малт фа структура, стр 25

Малтер за Малтер цокле, засистеми 25 цокле, kg 25контактна kg пор е на(EPS) стиропор (EPS) Дозволете им на нашите фасада, трајно да Ви покажат Putzgrund Putzgrund Fassade за Fassade kg ување, 25 kg 2 2 Потрошувачка: Потрошувачка: 0,3 – 0,5 kg/m 0,3 – 0,5 kg/m дека "Изгор лето-кочан зима" не е опис и за Вашиот дом. Подлога пред Подлога нанесување пред нанесување на на 4 20 kg 4 завршни фасадни завршни малтери, фасадни 20 малтери, kgовозможена 2 Вдишете голема доза чист и свеж воздух, од единствените Кнауф

/m2

2

4

2 2 2 2 Потрошувачка: Потрошувачка: Потрошувачка: 0,3 Потрошувачка: 0,3 – 0,5 – 0,5 kg/m kg/m 0,3 0,3 – 0,5 – 0,5 kg/m kg/m

Потрошувачка: Потрошувачка: Потрошувачка: Потрошувачка: завршни завршни фасадни фасадни малтери,малтери, 20 kg 1 20 kg 1 за за лепење: лепење: ca.ca. за 6 за kg/m лепење: 6 kg/m лепење: ca.ca. 6 kg/m 6 kg/m 2

1

Putzgrund Putzgrund Putzgrund Fassade Putzgrund FassadeFassade Fassade

Потрошувачка: Потрошувачка: Потрошувачка: АкриленПотрошувачка: фасаден Акрилен малтер, фасаден 25 малтер, kg 25 kg 2 2 2 2 за за лепење: лепење: ca.ca. за 5 за kg/m лепење: 5 kg/m лепење: ca.ca. 5 kg/m 5 kg/m Силикатен Силикатен фасаден фасаден малтер, малтер, 25 kg 25 kg 2 2 2 2 за за армирање: армирање: за ca. за ca. армирање: 6 армирање: kg/m 6 kg/m ca. ca. 6 kg/m 6 kg/m Измазнета структура Измазнета структура Загребана структура Загребана структура 1,5 mm 2 mm 1,5 3mm mm 2 mm 2 mm 3 mm 3 mm 2 mm 3 mm ИзмазнетаИзмазнета структура структура Загребана Загребана структура структура 2,3 2,7 2,3 3,6 2,7 2,4 3,6 3,02,4 3,0

1,5 mm 2 mm 1,5 mm3 mm 2 mm 2 mm 3 mm 23mm mm 3 mm 2,3 2,7 2,3 3,6 2,7 2,4 3,6 2,4 3,0 3,0 Conni Conni со Фасаден Фасаден систем систем плочи со од плочи од Силиконски Силиконски фасаден малтер, фасаден 25 малтер, kg 25 kg KlebeSpachtel KlebeSpachtel KlebeSpachtel KlebeSpachtel MM (EPS)MM стиропор стиропор (EPS)

Фаса каме

стиропор (EPS)

3

Малтер Малтер заза лепење Малтер лепење Малтер на зана за лепење стиропор лепење стиропор на(EPS) на стиропор (EPS) стиропор (EPS) (EPS) армирање армирање армирање и армирање глетување, и глетување, и глетување, и25 глетување, 25 kgkg 2525 kgkg

на вање на лтери, , 20 kg 20 kg

m2

употребат и силикатно завршно нанесување Knauf Kati,

Малтер Малтер заза лепење Малтер лепење Малтер на зана за лепење стиропорни лепење стиропорни нана стиропорни (EPS) стиропорни (EPS) (EPS) (EPS) 2,32,3 (Kati,2,7 2,72,3 2,3 3,6 2,7односно 2,7 2,42,43,63,6 3,03,0 2,4 2,4 3,03,0 нанесување Knauf Conni или RP фасадни нанесувања Conni или SP3,6 260, силиконско завршно Фасаден систем со плочи од RP 240 со егализациска боја) 240 во комбинација со егализациска боја. плочи, плочи, 2525 kg плочи, kg плочи, 2525 kgkg

ConniПотрошувачка: ConniПотрошувачка: Потрошувачка: 5 Потрошувачка: kg/m 5 kg/m 5 kg/m 5 kg/m агребана а структура структура

EPS)

5. SP 260 ** 6. Егализациска (изедначувачка) боја

4. Putzgrund 4. Putzgrund Fassade Fassade 5. SP 260 **5. SP 260 ** 6. Егализациска 6. Егализациска (изедначувачка) (изедначувачка) боја боја

f Macedonia Knauf Macedonia * За лепење ЕРЅ * Заплочи лепење може ЕРЅда плочи се употреби може да исеThermokупотреби и Thermok1000 Скопје, 1000 Македонија Скопје, Македонија Тел: 0231 3235750, Тел: 3235750, leber. Kaj 02 Styrokleber-от leber. Kaj Styrokleber-от кај објекти сокај висина објекти до со 8mвисина до 8m * Кај плочите*од Кајкамена плочите волна од камена неопходно волнае неопходно е 16 ПОРТА мај 2013

3

info@knauf.com.mk, немаinfo@knauf.com.mk, потребанема за типлување, потреба задодека типлување, при употреба додека при на употреба на типлувањето типлувањето со типли со челично со типлијадро со челично јадро www.knauf.com.mk www.knauf.com.mk Knauf Macedonia Knauf Macedonia Thermokleber-от Thermokleber-от секогаш е потребно секогаш типлување. е потребно типлување.

** Наместо SP **260 Наместо и егализациска SP 260 и егализациска боја може дабоја се може да се

Гранулација Гра 1,5 mm 1,5 2 mm 2m

RP 240

RP

МинераленМи за фасаден малт фа структура, стр 25

Гранулација Гра 2 mm 2m 2,5 mm 2,5

Силиконска Си егализациск ега


„отворена академија“, норфлок, велика британија

дрвна архитектура

Мултифункционален „форум“ Академијата во Норфлок претставува врвен израз во употреба на модерни методи на дрвни конструктивни решенија. Со префабрикување на градбените елементи панели, објектот бил подигнат за само 10 недели, наместо предвидените 18 недели. Исто така, придружните четири спортски сали биле поставени само за четири дена.

„О

александар черепналКоСКи, дипл. инж. по дрвна индустрија

творена академија“ во Норфлок, Велика Британија, е еден од најголемите и најмодерните објекти изградени од дрво со капацитет за 950 студенти. Проектот почнал со изградба во 2009 година, а површината на која се простира објектот изнесува 9.000 метри квадратни. Визијата на главниот архитект Шепард Робсон (Sheppard Robson) за изградба на академијата била да се создаде едно живописно и привлечно место за продлабочување на знаењето кај младите, а во исто време да служи и како простор за промовирање на отворено општество. Главниот дел од академијата е поставен на три ката, а училниците се изградени околу еден централен „форум” – мултифункционален, социјален и наставен простор. Овалниот простор има три основни функции: 

3

31 мај 2013 ПОРТА

17


дрвна архитектура процесот на подготвување на тендерот за изградба. Оваа ревизија предложила да се изгради објектот со дрвна конструкција, употребувајќи лепени ламелирани носачи и попречно слепени дрвни плочи. Овалната форма на објектот и големите распони во училниците биле голем предизвик за конструктивно решавање, но сепак инженерите ангжирани на проектот успеале да го решат со употреба на дрвото како конструктивен материјал. Академијата во Норфлок претставува врвен израз на употреба на модерни методи на конструктивни решенија и изградба од дрво. Со префабрикување на градбените елементи – панели, објектот бил подигнат за само 10 недели, наместо предвидените 18 недели. Придружните четири спортски сали биле поставени за само четири дена.

надворешниот дел со прозорци предвиден за наставните простории има најмногу дневна светлина и вентилација, средниот дел од овалот е предвиден за помошни простории како складишта, канцеларии и друго, додека внатрешниот дел во срцето на овалот е со отворен простор и со балкони и транспарентен кров. „Отворената академија“ оригинално била планирана да се изгради со традиционална конструкција од армиран бетон, но сепак била направена ревизија за избраната бетонска конструкција во 18

3

ПОРТА

31 мај 2013

Брзото темпо на подигање на објектот отворила можност побрзо да се почне со работите внатре во објектот, и да се изработувааат внатрешните работи како што се поставување на инсталации, подови, внатрешна столарија, санитарни простории и друго. Брзото темпо на изградба, исто така, значително заштедило во време и финансии за изведувачот. Во ентериерот и екстериерот на објектот може да се забележи голема употреба на дрвото. Фасадата е обложена со декоративното дрво кедар, додека во ентериерот во некои делови можат да се забележат масивните дрвни плочи. Природниот изглед на дрвните плочи може да се види во деловите од зградата, како што се скалите, внатрешните балкони, училниците и


дрвна архитектура

друго. Спортските сали однадвор се обложени со фасадна цигла, додека во внатрешноста, исто така, може да се видат дрвните плочи. Привлечните и декоративни детали во објектот се повторно изработени од дрво, како на пример дел од гелендерите на скалите, лизгачките дабови врати, кои ја затвораат главната рецепција на влезот и друго. Овалниот форум во внатрешноста го краси целина од прекрасни дрвни конструкции. Благо свиениот кров, изработен од префабрикувани дрвни панели, е налегнат на 12 масивни лепени ламелирани носачи, кои исто така се благо свиени. Кај објектот на „Отворена академија“ може да се забележи дека дрвните конструкции може да постигнат финансиски остварлива програма и

архитектонски одржлив предлог. Со направените проценки од страна на инженерите на Универзитетот Бат, употребата на дрво во самиот проект значително ќе влијае врз заштита на животната средина. Проценките укажуваат на двојно помалку загадување, во споредба со употреба на традиционалните градежни материјали челик и бетон. За изградба на академијата биле употребени приближно 3.500 м3 дрво. Ова количество дрво употребено во конструкцијата, во неговиот животен циклус преработило приближно 2.700 тона јаглероден диоксид. Огромното количество на преработен јаглероден диоксид на зградата и овозможува да почне оперативно да функционира со негативен баланс на јаглероден диоксид во времетраење од 10 години. 

ÑÎÎÏØÒÅÍÈÅ ÄÎ £ÀÂÍÎÑÒÀ çà ïðîòèâïðàâíî êîðèñòå�å íà èìåòî íà Óíèâåðçèòåòîò �Ñâ� Êèðèë è �åòî�è¼� âî Ñêîï¼å Èì ñå ñîîïøòóâà íà äåëîâíàòà è íà ïîøèðîêàòà ¼àâíîñò äåêà Çàâîäîò çà è�ïèò�âà�å ìàòåðè¼àëè è ðàçâî¼ íà íîâè òåõíîëîãèè Ñêîï¼å - Ñêîï¼å, îä 2009 ãîäèíà ïðîòèâïðàâíî âî íàçèâîò íà ñâî¼àòà ôèðìà ãî êîðèñòè èìåòî íà Óíèâåðçèòåòîò �Ñâ. Êèðèë è Ìåòîäè¼� âî Ñêîï¼å. Íà îâî¼ íà÷èí ãè äîâåäóâà âî çàáëóäà äåëîâíèòå è äðóãèòå ñóá¼åêòè âî Ðåïóáëèêà Ìàêåäîíè¼à è ïîøèðîêî äåêà ñå ðàáîòè çà èíñòèòóöè¼à âî ñîñòàâ íà Óíèâåðçèòåòîò �Ñâ. Êèðèë è Ìåòîäè¼� âî Ñêîï¼å. Óíèâåðçèòåòîò �Ñâ. Êèðèë è �åòîäè¼� âî Ñêîï¼å ñîîïøòóâà äåêà ñòàòóñîò ïðèäðóæíà ÷ëåíêà íà Óíèâåðçèòåòîò, Çàâîäîò çà èñïèòóâà�å ìàòåðè¼àëè è ðàçâî¼ íà íîâè òåõíîëîãèè Ñêîï¼å - Ñêîï¼å ãî èìà èçãóáåíî ñî Îäëóêà íà Óíèâåðçèòåòñêèîò ñåíàò è ñî ïðàâîñèëíà è èçâðøíà ïðåñóäà íà Îñíîâíèîò ñóä Ñêîï¼å 2 - Ñêîï¼å, à ñî òîà ãî èìà èçãóáåíî è ïðàâîòî äà ãî êîðèñòè èìåòî íà Óíèâåðçèòåòîò. Óíèâåðçèòåò �Ñâ� �èðèë è �åòîäè¼� âî Ñêîï¼å

3

31 мај 2013 ПОРТА

19


архитектура

Дом за гости

К

омплексот Nowhere but Sajima обезбедува привремен дом за сопствените гости. Тој е сместен во мало рибарско село во областа Канагава, Јапонија, и е дел од програмата што вклучува неделно изнајмување на вили. Се работи за идеја на архитектонското студио "Yasutaka Yoshimura Architects", со која се предлага еден нов урбан животен стил со претпоставка дека природата ќе се приближи повеќе до урбаниот човек и неговото забрзано живеење. Објектот е конципиран како триаголен блок со долги и тесни простори налик на туби, кои се соединуваат во единствена станбена единица. Целиот концепт е со отворени визури кон пејзажот на океанското пространство, и додека опкружувањето директно се

20

3

ПОРТА

31 мај 2013

Андреа Јамакоска


архитектура пресретнува со океанските води и водниот канал, истовремено е ориентиран и кон објектите од спротивната страна на каналот. Со цел да се овозможи адекватна приватност без никаква употреба на завеси или слични бариери, тесните и издолжени единици се соединуваат меѓу себе под одреден агол, отворајќи ги погледите кон водната површина. Така, самата ориентација на „тубите“, т.е. станбените единици, природно ја спречува линијата на визурите кон соседните апартмани. Вака формираниот концепт ја контролира и одржува приватноста, но и општествената слика за комплексот. Служејќи како простор за одмор, семејни прослави, приватни изложби но и за работа и бизнис, објектот е лесно адаптибилен кон имагинацијата и намерата на корисникот, и во тој контекст дозволува безбројни редефинирања и менувања на можните активности, кои би можеле да бидат секојдневен дел од еден дом. Неделниот сервис за изнајмување на станбени единици претставува релативно нов метод за управување со јапонските недвижнини. Ваквиот концепт, во споредба со стандардното месечно изнајмување или пак со хотелски престој, е вистинска можност за „неделно живеење во дом“ за секого.

ПАРКИНГ СИСТЕМИ адреса: ул. Никола Карев бр. 20, 1000 Скопје, п. фах: 356 тел./факс: +389 2 2465 467 e-mail: izgradba@gmail.com www.parkingsistemi.com.mk www.facebook.com/izgradba 31 мај 2013 ПОРТА

3

21


архитектура

вилата „Свети Леон“, Кејп Таун, Јужна Африка

Одбрани текстури на

В

илата на „Свети Леон“, се наоѓа во предградието Bantry Bay, каде што живеат побогатите слоеви на граѓани од Кејп Таун, во Јужна Африка. Од овој дел на градот се пружа извонреден поглед кон карпестиот морски брег. Елегантниот ентериер на оваа куќа се состои од смеса на вкусно одбрани текстури на материјали и дезени. Оваа куќа

22

3

ПОРТА

31 мај 2013

Ангел Ситновски, дипл.инж.арх. е заеднички проект на архитектонското биро SAOTA (Stefan Antoni Olmesdahl Truen Architects) и Antoni Associates. Проектот е завршен во 2006 година. Објектот е проектиран за семејство кое сака простор за опуштени и интимни семејни средби, но и за поголеми средби на семејството со своите роднини и пријатели. Локацијата овозможува неповторливи погледи кон планините наречени „12 Апостоли“, плажата Клитон и островот

Робен. Теренот е во пад и објектот со својот заден дел е приближно 50% навлезен во косината на теренот. Горните нивоа на куќата, кои се направени со големи стаклени површини, завртени кон југозапад, лебдат преку сутеренот и ја зголемуваат, визуелно, висината на објектот. Вилата е организирана на еден, би рекле, линеарен начин на проектирање, со сите простории насочени со поглед кон морето. Задниот дел од куќата нуди


архитектура

материјали и дезени приватност, без многу отвори и погледи, освен стаклениот волумен, кој го оформува влезниот простор. Овој простор е заштитен за погледите од улицата и соседството со челични врамени лајсни. Двојниот волумен на влезниот простор води кон главното крило на куќата во која се одвиваат секојдневните активности, а во него се вклучени два салони, трпезаријата и кујната. Скулптурално поставените скали водат од влезот кон вториот кат,

каде што се наоѓаат спалните соби. Во приземјето, од ниво на улицата од задната страна на објектот, се пристапува преку истиот скалишен простор. Овде се наоѓа базен свртен кон морето, простор за забава во кој е поставен бар изработен од оникс, како и винарска визба. Просторијата за вежбање со гимнастички справи, како и втората гостинска соба, исто така, се сместени на ова ниво. Професионалците од бирото Antoni

Associates беа повикани да го изработат проектот за ентериерот на овој објект. Влезот во дневната соба се сведе на неутрална палета со суптилна игра на текстури и избрани материјали и ткаенини. Меко обработени кожи во крем боја и дрвени обработки се завршници на овој едноставен, но луксузен ентериер. Целото чувство кое го предизвикува ентериерот, е топлина и покана да дојдете и повторно да го посетите овој дом.

3

31 мај 2013 ПОРТА

23


архитектура и уметност

Олафур Елиасон

Од дискретни интервенции до м Во неговите сè повеќебројни „беспредметни“ дела, целта е секогаш иста - активно учество и поттикнување на луѓето да размислуваат и чувствуваат вон границите во кои се навикнати да се движат Бојана Филиповиќ, дипл.инж.арх.

О

лафур Елиасон е познат во светот по своите визуелни интервенции и амбиентални дела, во кои нематеријалните сензации како температура, светлина и воздух стануваат скулптурални елементи, кои гледачите мошне силно ги доживуваат. Наспроти конвенционалната визуелна средба, настојувањето на овој уметник е активно вклучување на публиката во физичката природа на делото или инсталацијата. Роден во Копенхаген, но од исландско потекло, тој денеска работи во студиото за просторно истражување (Institut fur Raumexperimente) на уметничкиот универзитет во Берлин. Во своето дваесетгодишно искуство, Елиасон креира скулптури и инсталации, во кои природата и науката се спојуваат со фантазијата. Инспириран од исландскиот пејзаж и атмосфера, неговата уметност реконтекстуализира елементи какви што се вода, светло, лед, магла, арктичка мов или вулкански камен. Целта на Олафур е секогаш иста - поттикнување на свеста и чувство за простор кај гледачот.

КРИСТАЛЕН КАЛЕИДОСКОП

Во последните неколку години архитектурата зазема позначајна позиција во делата на Олафур Елиасон. Неговата недамнешна, и можеби најамбициозна архитектонска интервенција е стаклената фасада за објектот Харпа, која во здружен дизајн со данското архитектонско студио „Хенинг Ларсен“ ја освои наградата „Мис ван дер Рое“ за 2013 година. Тродимензионалната фасада на концертната сала и конференцискиот центар во Рејкјавик, како и другите дела на Елиасон, укажуваат на неговата опседнатост со атмосферата и светлото. Во случајов, разнобојното фасадно стакло е инспирирано од исландските предели и природното „северно“ осветлување. Неговиот драматичен дизајн го рефлектира светлото на градот, океанот и небото во заслепувачки ефект. Обвивката на објектот е базирана на репетиција на челични и стаклени модуларни системи кои теоретски се повторливи (ad infinitum). Неговата дванаестстрана 24

3

ПОРТА

31 мај 2013

„Харпа“, Рејкјавик, Исланд


архитектура и уметност

масивни амбиентални поставки геометрија е базирана на структурата на квазикристал. Но, пред сè, овој елемент е инспириран од базалтните кристали кои се уникатен природен феномен на Исланд. Вил Аретс, претседател на жирикомисијата за наградата „Мис ван дер Рое“, ќе изјави: „Иконичната и транспарентна фасада на Харпа доловува постојано менлива игра на обоена светлина, промовирајќи дијалог меѓу градот и внатрешниот живот на зградата. Со создавање на идентитет на општество кое долго време е познато по својата сага, овој проект е порака за исполнување на неговиот долгоочекуван сон“.

„Спирални скали“, Минхен, Германија

ДЕМАТЕРИЈАЛИЗАЦИЈА

"The Weather Project", Tate modern

Концептуализирањето на уметноста наспроти препознатливиот уметнички објект, во доцните 80-ти и почеток на 90-тите години на минатиот век било, помалку или повеќе, ’idée recu‘, кога Елиасон започнува да ја создава својата уметност како студент на Кралската академија на уметности во Копенхаген. Иако неприфатена како формален естетски предлог, „дематеријализацијата“ му дава отворена задача за надминување на ограничувањето на специфичните уметнички интереси, како што неговите дела еволуираат од дискретни интервенции во масивни музејски поставки. Сите тие содржат менливи рамки на референца, кои се споделени со наука, психологија и архитектура. Во неговите сè повеќебројни „беспредметни“ дела, искуството и перцепцијата, наспроти објекти без медијатор, стануваат негова недофатлива тема. Внатрешниот динамизам на делата е она поради што Елиасон ги проширува своите рамки на презентација - од објекти во изложби, од изложби во институции и кон поголеми политички и социјални рамки, како што е самиот град.

РЕФЛЕКТИРАЧКА УБАВИНА

Оние што го погледнале сонцето на Елиасон од Weather Project во музејот Tate Modern во Лондон, знаат дека данскиот уметник ги создава своите инсталации со учество на ум. The Weather Project ги повикува посетителите на интеракција со уметничкото дело преку рефлексија во огромно огледало. Елиасон ја зема оваа универзална тема како основа за истражување на идејата за искуство, медитација и репрезентација. Во инсталацијата, претставите на сонце и небо доминираат во големата сала на музејот. 

3

31 мај 2013 ПОРТА

25


архитектура и уметност Магла го исполнува просторот, како да навлегува однадвор и создава формации од облаци пред целосно да се изгуби. Погледот нагоре открива дека плафонот е исчезнат преку рефлексија на просторот долу. Сонцето, поставено на самиот крај на големата сала, е создадено од илјадници еднофреквентни ламби кои трансформираат визуелно поле околу него во пејзаж со единствено жолта и црна боја. Неговата форма, повторена во плафонското огледало, создава сфера со заслепувачки блесок, кој го поврзува реалниот простор со рефлексијата. Идејата за спонтана, социјална култура во музејскиот простор е поддржана од 60 волонтери, кои со своите легнати тела на подот рефлектираат големи човечки иницијали. „Мој интерес е субјектот во релација со неговото социјално опкружување. Моите дела ги поддржуваат менливите состојби,

каде е присутна размена и движење; состојби кои секогаш создаваат внатрешни и надворешни изведби“, вели уметникот. Размерот на ова дело го надминува она што кој било го очекува од уметничкото дело, вкрстувајќи го со идеја за архитектура, како древен храм со незастаклен кружен светларник кој е отворен кон небото. И како во сон, овој нереален ефект ја брише границата помеѓу внатрешноста и надворешноста. Чувството е пријатно регресивно - повторно поврзување со нашите корени, со колективното, со зачетокот на уметноста. Всушност, она на што оваа инсталација најмногу потсетува, гледајќи ги луѓето што лежат под синтетичко сонце, е модерен друидски собир.

ГЛЕДАЈЌИ СЕ СЕБЕСИ КАКО ГЛЕДАШ

Изложбата Take Your Time, која првпат е видена во Музејот на модерна уметност во „Еднонасочен колоритен тунел“

Павилјон на галеријата „Серпентин“ во Лондон

26

3

ПОРТА

31 мај 2013

Сан Франциско во 2007 година, е збир од повеќе инсталаци, фотографии и скулптури поставени во серија на поврзани соби и коридори. И во овој случај, уметникот креира визуелно привлечни амбиенти, кои се во интеракција со гледачот. Елиасон го менува осветлувањето во галериите, поставува огледала на плафонот, создава мал ефект на магла, исполнува соба со воден базен и претвора светларник во блескав диско калеидоскоп, со цел да проникне во начинот на кој го доживуваме просторот и светлото. Преку физичко навлегување во инсталациите, опкружувањето ги вклучува сите човечки сетила и ги поврзува сите елементи на дизајнот во единствено значење. Инсталацијата, која Елиасон ја нарекува „Еднонасочен колоритен тунел“, е атриумски мост оформен од призматични разнобојни триаголници од акрил кои


архитектура и уметност се шират во логороритамски образец. Природното светло кое навлегува во тунелот создава фрагментиран колаж од боја и светло додека гледачот поминува низ него. Но, гледајќи од другиот крај на тунелот, призмите стануваат непрозрачна метална структура; своевидна мутирана верзија на колоритниот калеидоскоп. Ова сензитивно дело му овозможува на гледачот да препознае како функционира перспективата, како се прикажуваат работите, и како често се различни кога на нив гледаме од друга страна. „Инсталациите се експериментални поставки и се надевам дека посетителите тоа го чувствуваат. Ако делата те поттикнат да размислиш што си видел и како го гледаш, мислам дека ја имам постигнато целта. И ова е нешто што можеш да го понесеш со себе надвор од музејот“, вели Елиасон. Елиасон го опишува овој феномен како „гледајќи се себеси како гледаш“, односно го принудува гледачот на зголемена состојба на самосвест, што е дел од неговата уметност колку и самите објекти во галеријата. Уметноста веќе не е само визуелна. Како што докажува самата изложба, може да биде тактилна, аудитивна и искуствена, сè додека е сè уште ограничена на музејска поставка. Оваа идеологија продолжува да се провлекува во сите негови понатамошни изложби: Your chance encounter и The body as brain од 2009 година, Innen Stadt Aussen од 2010 година или Your body of work и Your emotional future од 2011 година.

Feelings are facts, Олафур Елиасон и Ма Јансонг

„Панорама од виножито“, музеј ARoS во Орхус, Данска

САЛА НА ПЛАНИНСКИОТ КРАЛ

Со дизајнот на Олафур Елиасон, во соработка со норвешкиот архитект Кјетил Торсен од студиото ”Snohetta“, летниот павилјон на галеријата Серпентин во Лондон од 2007 година добива динамична, театрална и космички димензија. Павилјон на галеријата „Серпентин“ во Лондон

Патинираниот бронзен конус, кој однадвор потсетува на планетариумот во Гринич, во внатрешноста има извртена геометрија која креира илузија на огромна пештера, која се крева кон небото. Кружниот подиум го обвиткува спирална пешачка рампа која е отворена кон надвор, но ја обвиткува јато од најлонски кабли. Движењето води кон малиот балкон, кој го надгледува централното место на средба или продолжува кон својот крај - на врвот од планината од која се шират погледи кон градината Кенсингтон. Ова суптилно архитектонско дело, чиј ентериер и екстериер комбинира пештера и планина, се поигрува со просторната свест на посетителот. Живата скулптура, како и во останатите павилјони од серијата, е форум за настани и во оваа едиција кулминира со дводневна маратонска лабораторија, која ја истражува архитектурата на сетилата.

ВО СИТЕ БОИ НА СПЕКТАРОТ

„Панорамата од виножито навлегува во дијалог со постоечката архиектура и го зајкнува погледот на градот. Креирав простор кој виртуелно ги брише границите помеѓу внатрешноста и надворешноста; каде луѓето сануваат малку несигурни дали влегле во поставка или во дел од музејот. Оваа несигурност ги поттикнува луѓето да размислуваат и чувствуваат вон границите во кои се навикнати да се движат“, ќе каже авторот. Уникатната кружна патека поставена на кровот на данскиот музеј ARoS во Орхус, Елиасон ја изведува во разнобојно стакло, кое потсетува на виножито. Под лебдечкото уметничко дело, кровната градина е опремена како рекреативен простор и видиковец над градот. Видлива од голема дистанца и осветлена во вечерните часови, оваа панорама станува своевиден компас на Орхос. 

3

31 мај 2013 ПОРТА

27


архитектура инфо мијазаки, јапонија Објект: хотелски комплекс Garden Terrace Miyazaki Архитектонско студио: Kengo Kuma and Associates

Гвадалупе, мексико

Лоциран на местоположба на некогашен индустриски комплекс во близина на железничката станица, овој хотелски комплекс е дефиниран како двокатна структура која се карактеризира со обвивка од бамбусни прачки и кровна покривка со голем наклон и надвиснати настрешници. Функционалните содржини на хотелот како соби за изнајмување, простории за банкети и ресторан, се организирани така што го заобиколуваат централниот атриум. Дизајн концептот е осмислен со цел да го оформи просторот како една тивка и мирна средина, каде пејзажното бамбусово опкружување и базените обезбедуваат сценска слика во однос на целосно транспарентната капела за свадби и јадрото на комплексот.

Објект: екстензија на католичкиот универзитет на санта фе Архитекти: Javier Mendiondo & Lucila Gómez Проектот за проширување на универзитетот нуди можност за ресоздавање на специфичните и препознатлви карактеристики на Гвадалупе, како што се вегетацијата и начинот на креирање на јавните простори. Новиот ојбект го менува енвиронменталистичкиот карактер на уличните коридори од населбата, приближувајќи ги кон самиот ентериер преку имплементација на вегетацијата, истовремено преку фасадното обликување како природен филтер и со присуството на розовото дрво Lapacho. Исто така, отвореното и транспарентно приземје отвора можности за нов дијалог помеѓу објектот и градот, како и поврзување помеѓу централниот коридор и улицата.

барселона, Шпанија Објект: музејски комплекс Museu del Disseny de Barcelona Архитектонско студио: MBM Arquitectes Седумкатниот музејски комплекс е сместен на работ на плоштадот Plaça de les Glories до административната кула Torre Agbar, проектирана од архитектот Жан Нувел. Заради денивелациите на локацијата, дел од објектот е вкопан во земја, а пристапните влезови се позиционирани на две различни катни нивоа. При оформувањето на концептот, архитектонското студио ја поделило формата на објектот на две пловини – долната секција претставува масивен волумен со застаклена фасадна обвивка и озеленета покривна обвивка, додека пак горната секција е дефинирана како „тешка“ структура обвиткана со алуминиумски панели на секоја страна. Музејот треба да се отвори на пролет во 2014 година, а изложбената поставка ќе претставува комбинација на колекции од декоративна уметност, керамика, текстил и графички дизајн од четири веќе постоечки музеи кои се неодамна затворени. 28

3

ПОРТА

31 мај 2013


архитектура инфо трансофрмиран на начин да се постигне природно осветлување во внатрешните простори. Камената фасадна обвивка како екстериерен детаљ е контрастирана со нежна дрвена декоративна обработка, постигнувајќи совршена дефиниција за единство на просторот.

мексико сити, мексико Објект: куќа CorMAnca Архитектонско студио: Paul Cremoux Studio Засегнати од недостатокот на самоодржливи конструкции во државата, архитектите креирале објект кој се користи со растенија за регулација на

внатрешната температура, истовремено обезбедувајќи им на резидентите сопствена внатрешна градина. На тој начин, присутната вегетацијата не претставува само контролна направа за регулација, создавајќи пријатна глетка, туку таа истовремено служи и како природна завеса. Изградена на 12 метри, од вкупно 13 колку што зафаќа парцелата, монолитниот волумен е

барселона, Шпанија Објект: куќа Mediterrani 32 Архитект: Daniel Isern Проектот на објектот произлегува од идеја на едноставна премиса – да се изгради архитектонска структура на стрмно парче земја со косина, која достигнува скоро 100% со обезбедени извонредни визури и примена на ограничен буџет. Редуцираните и ограничени димензии на земјиштето и комплексната топографија од една страна, и желбата да се остави минимален белег во однос на опкружувањето од друга страна, довеле до создавање на основа која соодветствувајќи со околната вегетација се издигнува како масивно стебло фиксирано за земјиштето, и во облик на гранки се отвора на секој кат, така што секоја „гранка“ добива тераса во покривната зона, истовремено создавајќи трем за подолниот кат. подготви: андреа ЈамаКоСКа

3

31 мај 2013 ПОРТА

29


1963

50 ГОДИНИ ОБНОВА И ИЗГРАДБА НА СКОПЈЕ

2013

Михаил Токарев ИСТОРИСКО-КРИТИЧКИ ПОГЛЕД НА АРХИТЕКТУРАТА (10)

Архитектурата во 90-тите години

Карактеристичен фрагмент од „урбаниот неред“ во Дебар Маало

На преминот од 80-тите во 90-тите години, во тогашна СФР Југославија се случуваат драматични промени на сите нивоа, што доведува до нејзино болно распаѓање. Тоа е придружено со воени разорувања, со големи човечки загуби, како и со многу влошена општествено-економска состојба во сите конститутивни делови на дотогашната заедничка држава. Република Македонија успева на мирен начин во 1991 година да се раздружи од дотогашната Федерација, но опасностите за нејзиниот опстанок не се целосно отстранети. Општествено-политичката транзиција во 90-тите години создава речиси сосема неповолни услови во градителството. Со трансформацијата на сопственоста на земјиштето целосно се менува претходното социјалистичко самоуправно планирање на просторот. Цената на градежното земјиште бележи голем пораст, а реализацијата на новите урбанистички планови станува сè потешка. Во процесот на приватизација се распаѓаат дотогашните големи проектантски 30

3

ПОРТА

31 мај 2013

и градежни претпријатија, а секој ден се регистрираат нови помали фирми, кои се занимаваат со инженеринг. Многубројните нови мали фирми настојуваат до максимум, а честопати над законски дозволеното ниво, да ги искористат условите на локацијата. Новите објекти ги пренатрупуваат старите градски квартови, чија инфраструктура има ограничени можности. На таков начин, настанува еден нов вид урбан хаос, што често предизвикува граѓанско незадоволство и немири. Најнегативен Слободан Здравков. Станбените објекти во населбата Вардар (1990)


архитектура

Трифун Јанев. Станбено-деловниот објект Б 12 во населбата Ново Лисиче (1989)

за архитектура, како и соодветните плакети доделувани на републичко ниво. Наградата и плакетите за последен пат се доделени во 1990 година. Тогаш, поимот ,,југословенска архитектура“ станува анахрон, како и самиот поим југословенство. Во такви услови, Сојузот на архитектите на Македонија, се чини дека го почувствува моментот за дефинитивна афирмација на посебноста на македонската архитектура. Во 1989 година, Сојузот на архитектите на Македонија ја воспоставува наградата за животно дело Андреја Дамјанов, која е наречена Повелба за ред и развиток на македонската архитектура. Нејзини добитници се архитектите кои имаат дадено најголем придонес за развојот и афирмацијата на македонската архитектура на практично и на теориско пример од таа област во последната деценија на ХХ век е Дебар Маало во Скопје. Сепак, состојбата во македонската архитектура кон средината на 90-тите години, во споредба со она што ќе се случува кон крајот на деценијата, од оваа временска дистанца изгледа релативно поволна. За тогашната афирмација на нашата архитектура, во наметнатите неповолни општественоекономски услови, придонесува Сојузот на архитектите на Македонија. Тоа се потврдува со сè подобрата организација на Биеналето на македонската архитектура во Скопје (БИМАС), со реафирмацијата на институцијата „јавен конкурс“, како и со напорите за реактивирање на архитектонската публицистика. Позитивната улога во афирмацијата на домашната архитектура Сојузот на архитектите на Македонија ќе ја продолжи

Бистата на големиот градител Андреја Дамјанов, наменета за добитниците на наградата за животно дело

Рита Митревска-Стојческа и Г. Јорданова. Домот за постдипломци во населбата Тафталиџе (1990)

и во следниот период во услови на константно влошување на општественоекономската состојба. Биеналните средби ќе бидат редовно одржувани и во услови на релативно сиромашна архитектонска продукција. Каталозите од одржаните биенални средби, придружени со стручни трибини, претставуваат најдобро сведоштво за состојбата на македонската архитектура во тој период. Својата улога Сојузот на архитектите на Македонија ќе ја зачува и кога во текот на 90-тите години ќе дојде до негово расцепување, реформа и преименување во Асоцијација на архитектите на Македонија (1999). Паралелно со Асоцијацијата, а надвор од неа, ќе продолжи да работи Здружението на архитектите на Скопје, формирано од претходното раководство на Сојузот. Со распаѓањето на СФР Југославија, ја снемува и 35-годишната традиција за доделување на Борбината награда

ниво. Добитниците на таа награда го сочинуваат составот на Архитектонската академија при Асоцијацијата на архитектите на Македонија. Празнината што се појави со исчезнувањето на годишната Борбина награда за архитектура на извесен начин е надополнета со воведувањето на Големата годишна награда за архитектурата за најуспешно реализиран објект. На предлог од Асоцијацијата на архитектите на Македонија, почнувајќи од 1994 година оваа награда ја доделува Претседателот на државата. Сепак, мора да се признае дека има евидентни разлики во постапката за доделување на нововоспоставената награда, во однос на претходната. Архитектонската јавност е целосно исклучена од постапката за кандидирање и одлучување, така што таа добива извесен масонски призвук, што ќе потрае до 2002 година. 

3

31 мај 2013 ПОРТА

31


архитектура За зголемувањето на интересот на културната јавност за случувањата во областа на архитектурата, од средината на 90-тите години придонесува и новововедената годишна изложба Архитектура Скопје, во организација на главниот градски архитект. Наградите што се доделуваат на таа манифестација ја затоплуваат конкурентската клима меѓу архитектите во Скопје. Посебен придонес за таа манифестација претставува организирањето на изложби и трибини за архитектонските состојби во одделни европски градови. Напорите за реафирмација на архитектонската теорија и практика во македонската архитектура кон крајот на ХХ век се потврдуваат со појавата на списанието за архитектура, урбанизам и

Ѓорѓи Банишки. Административно-управната зграда на Пиварницата (1991)

Забележливо е дека во 90-тите години, меѓу наведените релативно многубројни архитектонски манифестации, институцијата ,,јавен конкурс“ претставува еден од битните услови за разбистрување на архитектонската мисла. За жал, оваа релативно поволна клима, речиси целосно ќе се промени кон крајот на деценијата. Недостигот од спротивставување на архитектонски идеи придонесува за создавање на една голема некохерентност во македонската архитектура, која веќе не се труди доволно да го продолжи својот пат чие трасирање го има започнато во 70-тите години. Архитектонскиот факултет на крајот од 90тите години го одбележува својот 50-годишен јубилеј, чиј резултат претставува продукцијата на голем број архитекти кои ја прославуваат Лидија Блажевска-Јовановиќ. Станбениот блок во населбата Козле (1991)

дизајн ,,Аршин“. Тоа започнува да излегува во 1995 година и нуди висок уредувачки и технички квалитет. Како негови уредници се појавуваат наставници и соработници од Архитектонскиот факултет, кои обезбедуваат реномирани соработници од Македонија и од странство. Таквиот

32

3

ПОРТА

31 мај 2013

амбициозен настап, со мал тираж тешко може да опстане на осиромашениот и тесен пазар. За жал на архитектонската струка, ова списание веќе со третиот број во 1996 година доживува слична судбина како и списанието за култура на просторот ,,А:“ во претходната деценија. Зрелоста на македонската архитектура во втората половина на ХХ век се потврдува и со завршувањето на творечката активност на авторите што го имаат одбележано претходниот период. Како резултат на тоа, започнуваат да се организираат ретроспективни изложби за животното дело на некои од нив (Славко Брезоски, Трајко Димитров, Јанко Константинов, Петар Муличкоски), па и да се издаваат монографски изданија за нивното творештво (Трајко Димитров, 2004).


архитектура

Катарина Маџароска. Станбениот објект Б 4 во населбата Тафталиџе I (1991-93) Рита Митревска-Стојческа и Благородна Грозданова-Грчева. Станбената зграда на ул. Ленинова (1988-90). Основа и изглед

се прикажани на изложбата БИМАС VI (1991), која тогашниот Сојуз на архитекти на Македонија наоѓа сили да ја организира во времето на нагласени општествени и политички проблеми. На изложбата е претставен континуитетот во развојот на македонската архитектура, при што од ,,втор план“ на површината се појавуваат архитектите кои дотогаш ја бараа својата афирмација. Главната награда на Биеналето ја освојуваат Рита МитревскаСтојческа (1942) и Благородна Грозданова Грчева (1946) со станбената зграда на ул. Ленинова во Скопје (1988-1990). Преку нејзиниот сензибилен архитектонски израз, тие ја дооформуваат физиономијата на оваа улица, во која се спојуваат влијанијата на европскиот интернационализам со карактеристиките на традиционалната градска куќа меѓу двете светски војни. Креативната врска со минатото на регионот, Рита Митревска Стојческа со Слободан Здравков (1931) ја истражуваат и преку Домот за примарна здравствена заштита во населбата Јане Сандански (1985-1991), каде што со просторно-волуменските мери, со ритамот и пропорцијата настојуваат да се приближат до квалитетите на т.н. традиционална архитектура. 

архитектонската мисла на домашно и на меѓународно ниво. Факултетот се наоѓа во постојано напрегање за реформирање и за усовршување на архитектонското образование, меѓутоа состојбата во практикувањето на архитектурата тешко се менува. Наметнатите услови на нерегулирана пазарна конкуренција го прават своето. Бидејќи Факултетот и Асоцијацијата на архитектите не изнајдоа начин да ги здружат своите напори, трасирањето на сопствениот пат на македонската архитектура во иднина станува сè понеизвесно. За регулирање на односите во архитектонската струка во почетокот на новиот милениум, е покрената иницијатива за формирање на Комора на архитектите на Македонија. И покрај наведените тешкотии од различен вид, во последната деценија на ХХ век во македонската архитектура се создадени многубројни објекти, пред сè во областа на едносемејната станбена архитектура. Исто така, во почетокот на деценијата се довршуваат некои објекти со поголема програмска содржина, чија изградба беше започната во 80-тите години. Архитектонските дострели на преминот од 80-тите во 90-тите години Рита Митревска-Стојческа и Слободан Здравков. Домот за примарна здравствена заштита во населбата Јане Сандански (1985-91)

3

31 мај 2013 ПОРТА

33


репортажа

УМЕТНОСТА ВО ЈАВЕН ПРОСТОР, ВИЕНА

Архитект кој ја гледа архитектурата на свој начин Пример за кохезија на уметноста со урбаната градска површина е преубавиот град Виена во содејство со големата креативна личност на Хундертвасер Биљана Стојановиќ, дипл.град.инж. Ликовната уметност на Хундертвасер

У

метноста во јавниот простор подразбира уметничко дејствување на отворено, кое ја зајакнува вредноста на заедницата и привлекува внимание. Присуството на уметноста, која веќе не 34

3

ПОРТА

31 мај 2013

е ограничена само на музеи и галерии, поддржува различни погледи, го гради критичкото мислење и нуди запознавање со сопствениот идентитет. Ваквиот пристап ѝ ја брише улогата на заедницата како набљудувач, давајќи му на уметничкото дело единствен карактер, трансформирајќи ја

сликата за еден град. Освен позитивното влијание врз идентитетот, овој начин на прифаќање на уметноста ја зголемува и вредноста на имотот, директно влијаејќи врз квалитетот на животниот простор. Пример за кохезија на уметноста со урбаната градска површина е преубавиот


репортажа град Виена во содејство со големата креативна личност Хундертвасер. Фриденстрејх Хундертвасер е еден од најпознатите австиски современи сликари на крајот од 20 век, роден во Виена на 15 декември 1928 година. Освен со сликарство, тој се занимавал и со вајарство, дизајн на знамиња, поштенски марки, парички, плакати, но во историјата е забележан како „Архитект кој ја гледаше архитектурата на свој начин“. Стилот во чиј дух создаваше е трансаутоматизам - делото треба да го провоцира искуството на гледачот, а не на уметникот. Ваквиот став испраќа јасна порака и јак израз кој ѝ се наметнува на публиката. Поради тоа и ја избрал фасадата како платно на кое сликал неправилни облици, закривени форми и природни карактеристики на пејзажи, користејќи светли бои.

Тоалетот на модерната уметност во Виена

Музеј на уметноста во Виена

Спа центарот Бад Блумау

„Ние мораме да склучиме мир со природата“ Неговото создавање се темели на два постулати, првиот е враќање кон природата, а вториот неправилната форма. Разбирајќи ја архитектурата како инструмент за повторна материјализација на природата, создал објекти кои претставуваат уметничко дело на отворено, со јасна порака до посетителите. Во својата архитектура Хундертвасер ја замени монотонијата со разиграноста, мрежниот систем со органски и неконтролирани неправилности, со што создал објекти во кои дрвјата излегуваат од прозорците, подните површини се без рабови, а покривот е зелена кровна површина со засадена вегетација. Творел многу, творел секаде, а меѓу најпознатите и најпосетуваните објекти се: Музејот на уметноста, резиденцијата и тоалетот на модерната уметност во Виена, железничката станица во Уелзен, Зелената цитадела во Магдебург, црквата Св.Барбара во Брнбах, спа центарот Бад Блумау и многу други.



3

31 мај 2013 ПОРТА

35


репортажа Реонска топлана во Виена

Најнестандрадната топлотна станица сигурно се наоѓа во областа Спителау (Spittelau), редизајнирана од Хундертвасер, кој со својата магија овој типски објект го претворил во замок од бајка. Со неговата ексцентрична фасада, декоративните столбови со златни топки и дизајниран фабрички оџак, оваа градба претставува повеќе оптичка илузија отколку една инфраструктурна урбана единица. Реплика на оваа постојка, со истиот дизајн е направена и во Осака, Јапонија, позната под името Маишима.

Шумска спирала во Дармстад

„Правата линија е тотален вонземјанин за човештвото, за животот и за сите суштества“

Реонската топлана во Виена

Шумската спирала во Дармстад

Овој објект претставува резиденцијален комплекс со 105 станови, со форма на спирала која расте од едно до дванаесеткатница, за на крај да заврши со кула видиковец од 41 метар. Фасадата е дизајнирана како алегорија на земјиниот состав, на седиментот што бил создаван милиони години. Кровната површина е засадена со различни видови на цвеќиња, дрвја и трева, издигната како рампа во „у“ форма. Овој објект има над 1.000 прозорци, сите со различна форма и големина. Целосно комплетирана во 2000 година, спиралната зграда претставува еден од најекстравагантните станбени објекти во светот.

Црквата Св. Барбара во Брнбах

Една од најголемите атракции, кога станува збор за религиозен објект, е црквата Св. Барбара во Брнбах, Австрија, колоритно, пријатно и позитивно место за богослужење. Оваа црква е изградена во педесеттите години на минатиот век, но во текот на 1987/1988 е предизајнирана од Хундертвасер во уметничко дело кое прерасна во позната туристичка атракција. Со проектирањето на дванаесетте порти, кои ги претставуваат

36

3

ПОРТА

31 мај 2013

Една од портите на црквата Св.Барбара


Црквата Св.Барбара

репортажа сите светски религии и ги носат нивните симболи, Хундертвасер покажува гест на екуменизам и верска толеранција. Оригиналната и нескротлива артистична визија на Хундертвасер создаде неповторливи дела со биоморфични форми, зелена архитектура и строг индивидуализам. Екстравагантни и незасенети од времето, неговите градби опстојуваат, украсувајќи го урбаниот простор со неповторлив шмек на слобода и разиграност. Затоа и заслужено стои на пиедесталот на најзаслужни архитекти кои работеле на разубавување на јавниот простор, на улиците, на градовите. А град кој ја негува уметноста и фантазира е град кој сака да игра. Градот што сака да игра, воедно мисли и чувствува заедно со своите жители. 

3

31 мај 2013 ПОРТА

37


ентериер

Мансарда во Прага, Чешка

Чиста внатрешност без вишок декорација Ангел Ситновски, дипл.инж.арх.

В

о овој број пишуваме за една мансарда во преубавата чешка престолнина Прага. Мансардата се наоѓа на улицата „Теронска“ во населбата Бубенеч, а е проектирана од архитектот Далибор Хлавачек. Станот е елегантно декориран и создава удобен амбиент, надвор од рамките на својот ограничен простор, со својата

38

3

ПОРТА

31 мај 2013

комбинација на промислени неутрални, дрвени подови и изведени ѕидови од тула. Проектот на ентериерот на мансардата се стреми не само да ги задоволи желбите на инвеститорот, како и желбите и умешноста на архитектот, туку и да постигне видливи чувства на сите сетила со помош на употребените материјали, бои и комбинации на форми. Оваа мансарда се наоѓа во зграда, која е изградена во триесеттите години

од минатиот век. Основниот распоред на концептот е во согласност со составот на урбаното опкружување на средината. Погледот од мансардата е кон паркот Стромовка и зоолошката градина во Троја. Високи стари дрвjа се наоѓаат пред зградата креирајќи фина сенка, и придонесувајќи за пониски температури во просторот во топлите и летни денови. Целиот концепт при проектирањето произлегол од две спротивставени


ентериер

барања; обид за поефективно користење на ограничениот простор и во исто време, креирање на чист и богат простор. Мансардата е замислена како двоен стан; кујната – дневната соба е двокатна и нуди поглед на кровната конструкција. Мирниот дел од просторот (спална соба, бања и тоалет) се протега покрај отворена галерија која содржи работна соба. По потреба, работната соба може веднаш да се пренамени како гостинска соба. Исто така, за во иднина се планирало галеријата да

функционира како родителска спална соба, а сегашната спална соба да се пренамени во детска спална соба. До галеријата се доаѓа преку скали и челичен „пешачки мост“, кој создава една одвоена и интимна атмосфера и овозможува овој простор да се гледа од поинаква перспектива. Целта на проектот била да се создаде чиста внатрешност во просторот без вишок декорација. Секој сантиметар од просторот е искористен како простор за сместување на разни работи. Употребените

материјали во ентериерот создаваат дијалог помеѓу постоечките грубо изведени оџак и ѕидови од тули и чистите површини на новите делови изведени од гипс картон конструкција. Санитариите се обложени со сиви керамички плочки. Целиот простор одгоре е осветлен преку кровен прозорец.

3

31 мај 2013 ПОРТА

39


технологии

Темните сценарија на технологијата Темната страна на

технологијата е онаа за која знаеме дека постои, слушаме за неа секојдневно, но не нè допира бидејќи лошите работи им се случуваат на „другите“ луѓе, оние што тоа го „заслужиле“, таму некаде далеку, подалеку од нас... Трајче Стојанов, дипл.инж.арх.

М

акедонија е мала земја, па злоупотребите на технологијата се минимални. Дали оваа констатација не е погрешно размислување од едноставна причина - технологијата денес не признава граници. Ако сте корисници на Интернетот, а интернетстатистиката (www.internetworldstats.com) вели дека 2,4 милијарди луѓе низ светот се, тогаш Вие сте потенцијална жртва. Дека големината на државата не е важна, говори и фактот што Македонија се најде на листата на корисници на FinFisher, светски озлогласениот софтвер за шпионирање, кој веќе една година е предмет на критики и дискусии. На 30 април годинава, CitizenLab (www.citizenlab.org) - истражувачка лабораторија при Munk School of Global Affairs, University of Toronto во соработка со Canada Centre for Global Security Studies, го издаде извештајот насловен „Само за нивните очи: Комерцијализација на дигиталното шпионирање“, во кој се

40

3

ПОРТА

31 мај 2013

објаснети наодите, односно начините како FinFisher (FinSpy) функционира. Во извештајот се споменува и Македонија како една од дотогаш познатите 36 земји во која овој софтвер оперира, односно каде што „се идентификувани FinFisher командни и контролни сервери“. На листата на земји кориснички се наоѓаат: Германија, САД, Австралија, Канада, Јапонија, Австрија, Велика Британија, но и земји кои потфрлаат во областа на демократските слободи: Египет, Бахреин, Туркмекистан, Брунеи, Бангладеш и многу други. Мора да се напомене дека FinFisher (FinSpy) се продава легално како Governamental IT Intrusion and Remote Monitoring Solutions (владини ИТ решенија за пресретнување и далечинско следење). Gamma International, како дел од Gamma Group, е компанија која е специјализирана за опрема, софтвери и тренинг за набљудување и мониторинг. Таа го продава софтверот, како што вели, исклучиво на државни институции со цел истиот да не се злоупотреби. Токму тука се лоцира проблемот. Колку

е можно да се одржи контрола над користењето на ваквите алатки? Јасно е дека безбедносните служби во модерното време имаат оправдана потреба од вакви специјализирани софтвери заради вршење на посебни истражни мерки во борбата со криминалот и тероризмот. Проблемот лежи во евентуалната злоупотреба. Веќе има сомнежи за злоупотреба на FinFisher за следење на политички неистомисленици и новинари во Египет, Бахреин, Етиопија, Малезија, Виетнам итн. Во текот на Арапската пролет во Египет, бунтовниците при освојувањето на просториите на Тајната полиција, заплениле документ - договор со кој се докажува дека режимот на Хосни Мубарак го користел софтверот за надомест од 287.000,00 евра. Истражувачите од CitizenLab во друга пригода откриле заразени меилови на политички активисти во Бахреин. Од Gamma International демантираа дека го продале својот производ во Бахреин, сомневајќи се дека можеби станува збор за украдена или модифицирана демо верзија.


технологии

Токму поради ова, но и поради начините на кои FinFisher работи, беа доволна причина на 12 март годинава, органзацијата „Репортери без граници“ да ја смести Gamma International во групата на петте најголеми „Корпоративни непријатели на Интернетот“ заради продажба на производи кои биле или се употребени од владите при кршење на човековите права и слободата на информирање. Во таа насока, судски спорови поднесе и Privacy International,

меѓународна невладина организација која ја штити приватноста на Интернет. Сепак, проблемот е комплексен. Citizen Lab, подвлекува дека не е во состојба да потврди дека токму владите се оние што ги користат FinFisher серверите во спомнатите земји. Постои голем страв дека бројката на корисници е многу поголема и дека меѓу нив не се само владини институции. Впрочем, цената од околу 287.000,00 евра (која

е спомната како цена на софтверот) и не е така голема дури и за наши услови. Дополнително загрижува тврдењето на Gamma International дека откриената верзија во Бахреин не е оригинална, што остава простор таа да се најде на црниот пазар и да направи поголема штета од очекуваната. Замислете, наместо владините безбедносни институции да го користат софтверот против терористи и криминалци, вториве да го користат 

3

31 мај 2013 ПОРТА

41


технологии против првите. Или пак компаниите да го користат како алатка за индустриска шпионажа. Мрачни сценарија има на претек. И сега, најважното: Зошто е FinFisher толку извикан? Пред сè поради неговиот квалитет. Тоа е софистициран софтвер кој е невидлив за 40 познати антивирус пакети. Исклучително е способен инкогнито и брзо да навлезе во уредите (компјутери, телефони...) што се користат и да испрати мноштво информации до серверите и командните центри. На удар се поважните апликации како имеил клиенти (Gmail, Yahoo Mail), сервиси (iTunes), чет апликации (Skype), веб прелистувачи (Mozilla Firefox, Google Chrome) кои работат на Windows, Mac OSX, Linux, Android, Blackberry. На www.wikileaks.org/spyfiles се поставени брошури и видео материјали кои Gamma International ги користи како тренинг и маркетинг средства. Во нив, претставени се начините на кои органите на власта со голема леснотија навлегуваат во уредите. Гамата на софтвери предводени од FinFisher се прикачуваат на уредот на следеното лице откако тоа ќе прифати да инсталира лажна надградба на некој од познатите софтвери, без притоа да биде детектиран од антивирус програмите. Штом еднаш вгнезден, малверот (malware) ги следи активностите на уредите и испраќа информации до командниот центар. Тивко го снима системот и пренесува податоци од хард дискот, но податоците што ги испраќа може да бидат и аудио и видео комуникации во реално време. Дополнително, FinFisher поседува напреден филтер на информации, кој овозможува лоцирање и следење на приоритетни активности/податоци. Поради употреба на лажни надградби на познатите софтвери во најава се судски спорови. Голем број на експерти и безбедносни компании веќе работат на разобличување на овој софтвер, така што се очекува резултатите за негова распространетост да бидат фрапантни. Засега, FinFisher е изолиран и се детектира како Win32/Belesak.D Trojan. Не е познато дали и како се распространува, но се очекува посочените софтвери, жртви на малициозниот софтвер да добијат интни безбедносни закрпи. Наивен е оној што верува дека тоа ќе го спречи дигиталното шпионирање. За кратко, многу веројатно е дека и самиот FinFisher ќе добие надградби кои повторно ќе го направат господар на дигиталните комуникации. На крајот на краиштата, FinFisher е еден од многуте шпионски софтвери во светот. За многу се знае, но уште многу други софтвери остануваат неоткриени, движејќи се тивко по темната страна на технологијата.  42

3

ПОРТА

31 мај 2013


експерт

БРИТАНСКА НЕДЕЛА НА ЗАПОЗНАВАЊЕ СО ДЕМЕНЦИЈА

Според британското Министерство за здравство, дури две третини од лицата сместени во домови за нега имаат деменција, а во 25% од акутните болнички кревети во земјата се сместени лица со деменција. Затоа, веќе повеќе од една деценија се врши обука на архитектите, внатрешните и пејзажните архитекти за тоа како да проектираат за потребите на лица со деменција.

Проектирање според потребите на лицата со деменција д-р Владимир Б. Ладински,

дипл.инж.арх. (Велика Британија)

О

д 19 до 25 мај оваа година во Обединетото Кралство се одбележа Неделата на запознавање со деменцијата, организирана од страна на британското Друштво за Алцхајмерова болест. Станува збор за манифестација која веќе подолго време се одржува, а преку која се обидува населението во земјата да се запознае со оваа група на заболувања, како и на заинтересираните да им се даде можност подетално да се информираат за изворите на помош и поддршка која е достапна во земјата. Според британското Друштво за Алцхајмерова болест, со терминот деменција се опишува група на симптоми, кои вклучуваат губиток на памтење, промени во расположението, како и проблеми со комуницирањето и разбирањето, а кои се јавуваат како резултат на оштетување на мозокот предизвикани од одредени болести, како што е на пример Алцхајмеровата болест и оштетувањата предизвикани од низа мали мозочни удари. Станува збор за прогресивно заболување, каде што симптомите постепено се влошуваат. Постојат лекарства со кои само времено можат да се ублажат симптомите, но не и да се излечат. Согледувањата на британското Министерство за здравство укажуваат дека деменцијата е еден од најзначајните предизвици со кои се соочува земјата како нејзиното население старее. Според истиот извор, се проценува дека во Англија има околу 670 илјади лица заболени од деменција, а оваа бројка се очекува двојно да се зголеми во текот на наредните децении. Врз основа на извршените анализи, се проценува дека демецијата го чини општеството околу 23 милијарди евра годишно (околу 430 евра по жител годишно) со тенденција да порасне до 60 милијарди евра годишно во наредните 30 години (DH, 2012; ONS, 2012). Од прикажаното јасно може да се согледа големината на проблемот и зошто на оваа проблематика треба да се посвети соодветно внимание. 

3

31 мај 2013 ПОРТА

43


експерт (2013) не успеа да дојде до локални податоци за бројот на лицата заболени од деменција во земјата. Затоа е добро да се направи барем некоја груба проценка за тоа колку лица боледуваат од оваа болест во Република Македонија. Според податоците на Државниот завод за статитика (2013) во Република Македонија при последниот попис од 2002 година вкупното население во земјата било 2.022.547 лица, од кои 89.822 биле на возраст од 60 до 64 години, а 213.712 на возраст од 65 или повеќе години. Оттука произлегува дека во 2002 година 303.534 лица, или 15% од вкупното насление на земјата, биле на возраст од 60 или повеќе години. Доколку на оваа старосна група ги примениме податоците на Организацијата за економска соработка и развој, ќе дојдеме до податок дека во Република Македонија најверојатно имало барем 14.266 лица заболени од деменција, што претставува

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ БРОЈКИ

Според компаративна студија спроведена од страна на Организацијата за економска соработка и развој (OECD, 2012), во 2009 година просечната стапка на деменција во 27-те земји на Европската Унија била 5,5% кај населението на возраст од 60 или повеќе години. За разлика од овој просек, во Обединетото Кралство просечната стапка била околу 13% поголема и изнесувала 6,6%. Наспроти ова, просечната стапка на деменција во Република Македонија во 2009 година била проценета на 4,7%, што е помалку не само во однос на онаа од Обединетото Кралство туку и од просечната за 27-те земји на Европската Унија. Ваквата проценка на Организацијата за економска соработка и развој, според која Република Македонија спаѓа во редот на земјите со помала стапка на деменција во однос на поголемиот број европски земји опфатени со ова истражување, иако укажува на тоа дека ситуацијата е нешто подобра во земјата во однос на другите анализирани земји, не дава можности за поголем оптимизам со оглед на општите тенденции за стареење на населението во Република Македонија во иднина.

МАКЕДОНИЈА

Неодамнешното истражување во рамките на оваа област од Крлиу

44

3

ПОРТА

31 мај 2013


експерт повеќе се налага потребата изградената средина да се проектира и гради не само на универзален начин кој ќе ги задоволи основните потреби и определбите за пристапност во објектите, туку и специфичните потреби за проектирање според потребите на лицата со деменција. Врската на деменцијата и екологијата е на едно пошироко ниво, кое се однесува на одржливиот развој и неговите три основни компоненети: социјалната, економската и енвиронменталистичката. Притоа, потребите на лицата со демнција засегаат во сите три компоненти на одржливиот развој.

БОЛНИЧКИ ПРОСТОРИИ

околу 0,7% од вкупното население или седум на секои 1.000 лица. Секако, оваа проценка во себе вклучува одредено ниво на грешка, со оглед на тоа што станува збор за статистички податоци за население од 2002 година. За очекување би било дека оваа проценка е на конзервативната страна зашто помеѓу 2002 и 2009 година веројатно вкупното насление во земјата и на сегментот на лица на возраст од 60 или повеќе години се имаат покачено.

ПОТРЕБИ И ОБЈЕКТИ

Веројатно се поставува прашањето каква врска има стапката на деменција со градежништвото, архитектурата и екологијата? Постои повеќеслојна врска помеѓу градежништвото, архитектурата и екологијата од една страна, и деменцијата од друга страна. Од аспект на градежништво и архитектура, сите лица со деменција живеат во објекти без разлика дали станува збор за стан, куќа, дом за нега или болница. Во најголемиот број случаи како напредува развојот на деменцијата, така физичката средина која ги опкружува почнува да станува ограничувачки фактор за нивната самостојност и квалитет на живот. Ваквата состојба е препознаена во поразвиените западни земји. Искуствата

од овие средини укажуваат на потребата покрај терапијата со лекови и негата, дека на овие лица им е неопходен простор кој ќе биде испроектиран и изведен на начин кој ќе одговори на специфичните потреби коишто произлегуваат од нивното заболување. При ова, средината се јавува како терапевтски фактор, кој може да го продолжи независното живеење на оваа категорија лица и да овозможи подобар квалитет на живот, не само за нив, туку и за нивното опкружување, без оглед на тоа дали станува збор за негователите или домашните. Во Обединетото Кралство веќе повеќе од една деценија се врши обука на архитектите, внатрешните и пејзажните архитекти за тоа како да проектираат за потребите на лица со деменција. Ваквите активности се пресликуваат и во други поразвиени земји во светот. Оттука, сè

Компаративното истражувањето на Крлиу (2013) јасно укажува на разлики во нивото на пристап кон внатрешното уредување на домови за лица со Алцхајмерова болест во поразвиените земји на примерот на Канада во споредба со оној во Република Македонија. Ова наполно е разбирливо со оглед на разликите во степенот на социјален и економски развиток, како и на релативно помалата стапка на деменција во нашата средина. Според британското Министерство за здравство (DH, 2012) дури две третини од лицата сместени во домови за нега имаат дименција, а во 25% од акутните болничките кревети во земјата се сместени лица со деменција. При ова, болничките простори претставуваат особен предизвик за лицата со деменција, а што придонесува за полоши и фатални исходи во однос на болничкиот престој на овие лица. Ова се проценува дека просечна британска болница ја чини по околу 7,2 милиони евра годишно. Затоа се разбирливи британските определби за подобрување на квалитетот на присториите во кои престојуваат лицата со деменција. Овогодишната британска Недела на запознавање со деменцијата, веројатно е добар повод за поттикнување на активности, преку кои ќе се работи на подобрување на просториите во кои престојуваат лица со деменција во нашата средина, и тоа преку согледување на најдобрите искуства од другите средини и нивно приспособување на нашиот локален контекст. 

3

31 мај 2013 ПОРТА

45


еко инфо лондон

силна закана за биодиверзитетот

Според научните сознанија објавени во списанието Nature Climate Change, до 2080 година како последица на климатските промени, околу 57% од растенијата и 34% од животните ќе изгубат половина од сега расположливите живеалишта со клима која им одговара. Најтешко ќе биде погоден биодиверзитетот во Субсахарска Африка, Австралија, Амазонија и Средна Америка. Научниците исто така укажуваат дека прогнозираните загуби може да се намалат за 60%, доколку глобалните емисии на стакленички гасови го достигнат својот максимум во 2016 година, и потоа почнат да паѓаат. (HRT)

москва

европскиот пазар на природен гас во лоша состојба

Европскиот пазар на природен гас е во катастрофална состојба, поради намалената потрошувачка на електрична енергија, порастот на производството од обновливи извори и конкуренцијата од термоелектричните централи на јаглен. Од друга страна, историски најниските цени на пазарот на сертифицирани намалувања на емисиите на стакленички гасови, исто така не одат во прилог на користењето на природниот гас. На пример во Велика Британија, уделот на природен гас во вкупната потрошувачка на енергија падна од 40% во 2011 година, на 25% во 2012 година, додека уделот на јагленот забележува пораст од 30% на 42% во истиот период. (Oil and Gas Eurasia)

анкара

нова нуклеарка во турција

46

3

ПОРТА

Турција и Јапонија потпишаа спогодба за изградба на нова нуклеарна електрана во Турција. Тоа ќе биде втора турска нуклеарка, и ќе има капацитет од 4800 MW. Договорено е уделот на Јапонија во овој проект да не надминува 51%, а со неговата реализација Турција ќе стане земја извозник на електрична енергија. (Energy observer) 31 мај 2013


еко инфо москва

„росњефт“ и „фолксваген“ со заеднички проект

Најголемата руска нафтена компанија „Росњефт“ и германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ потпишаа спогодба за заеднички развој на пазарот на компримиран природен гас (КПГ). „Росњефт“ ќе ја развие неопходната инфраструктура на своите бензиски пумпи, додека „Фолксваген“ ќе пласира на пазарот поголем број возила на овој погон. Двете компании се спонзори на зимските олимписки игри 2014 во Сочи, каде КПГ ќе биде промовирано како еколошки и економски прифатливо гориво. (energetika-net)

праГа

ČEZ ја тужи албанија за надомест на штета

Чешката електроенергетска компанија ČEZ ја тужи Албанија за надомест на штета поради одземањето на лиценцата за работа. Во 2009 година ČEZ го откупи мнозинскиот пакет акции од компанијата Shp�rndarje. По судирот со албанската влада, и неможноста за редовна наплата на сметките за испорачана енергија, во јануари 2013 година албанската регулаторна комисија (ERE) му ја одзеде на ČEZ лиценцата за работа, со образложение дека не се исполнети условите за модернизација на енергетската мрежа. Медиумите проценуваат дека загубите на ČEZ во Албанија достигнуваат 190 милиони евра. (Prague Monitor)

Њујорк

азиската индустрија - најголем непријател на животната средина

Цената на сертифицираните намалувања на јаглеродни емисии на Лондонската берза падна на историски најниското ниво од 2,63 евра за еден метрички тон CO2. Ваквата состојба уследи по одбивањето на Европскиот парламент да го реши проблемот со вишокот на дозволи за загадување, поради стравувањето дека раздвижувањето на пазарот за јаглеродни емисии ќе доведе до неминовно поскапување на електричната енергија. (energetika.ba) подготви: даниела младеновСКа

3

31 мај 2013 ПОРТА

47


екологија

Биолошка разновидност

Заштитени подрачја пронајдете кое е најблиску до вас и истражете го

Заштитените подрачја во Европа играат главна улога во одржувањето и заштитата на биодиверзитетот. Уште позначајна е директната корист што овие подрачја ја обезбедуваат за луѓето, за нивното здравје, обезбедувањето чиста вода за пиење и чист воздух, развој на туризмот и рибарството и за образованието, коментираат експертите Сашо Кузмановски

К

ањонот Матка, Маркови кули, Орлово брдо, Катлановскиот предел, Осогово, националните паркови „Маврово“, „Галичица“ и „Пелистер“ и Дојранското Eзеро се само дел од заштитените подрачја во нашата земја, кои можат да се пронајдат на интерактивната мапа што деновиве ја објави Европската агенција за животна средина (ЕЕА), преку линкот http://discomap.eea.europa.eu/map/EEABasicviewer/?appid=8c 6ce24548b344ae852ab6308ac3c50a. Токму на Меѓународниот ден на биолошката разновидност, 22 мај, ЕЕА упати апел

48

3

ПОРТА

31 мај 2013

до Европејците преку оваа мапа да откријат кој природен резерват или национален парк се наоѓа во нивна близина и да го посетат. Од Агенцијата потсетуваат дека во Европа има дури 105.000 заштитени подрачја, од арктичките поларни пустини и бореалните шуми на северот до густите грмушести подрачја и мозаикот на шумските стопанства на југот, што вреди да се запознаат, истражуваат и многу подобро да се заштитат. Некои од овие подрачја се единствени по својата појава и недопреност. Други, пак, ја отсликуваат длабоката врска меѓу луѓето и животната средина. Домаќини се на бројни


екологија растителни и животински видови, од кои голем број ендемични. Најголемиот дел од загрозените видови во Европа може да се најдат во овие заштитени подрачја, велат од ЕЕА. - Заштитените подрачја во Европа играат главна улога во одржувањето и заштитата на биодиверзитетот. Уште позначајна е директната корист што овие подрачја ја обезбедуваат за луѓето, за нивното здравје, обезбедувањето чиста вода за пиење и чист воздух, развој на туризмот и рибарството и за образованието. Следењето на заштитените подрачја ни помага рано да ги утврдиме промените што може да бидат критични за нашата иднина - вели Жаклин Мекглејд, извршниот директор на ЕЕА. Годинава, Меѓународниот ден на биодиверзитетот се одбележува под мотото „Вода и биодиверзитет“, тема која одговара на годината 2013 што од Обединетите нации е прогласена за Меѓународна година за соработка во областа на водите. Со цел да се нагласи значењето на водата за одржливиот развој, темата на денот се фокусира на решенијата што ги нуди биодиверзитетот за да се справиме со претстојните проблеми во врска со недостигот од чиста вода. Водата го поддржува биодиверзитетот, коментираат експертите, а без доволно вода се зголемувз загубата на видовите.

ОД ЕВРОПА СЕ БАРА ПОГОЛЕМА ЗАШТИТА

Земјите членки на Европската Унија мора да ги засилат мерките за заштита на видовите и целосно да ја имплементираат европската стратегија за биодиверзитет до 2020 година за да спречи исчезнување на загрозените видови, апелираат од Меѓународната унија за конзервација на природата (IUCN) по последната анализа на европската Црвена листа на загрозени видови. Анализата што деновиве ја презентира IUCN покажува дека најголемиот број загрозени видови во

Европската Унија се наоѓа во пределот на Медитеранот, кој всушност е најбогатиот со биодиверзитет регион во Европа. Според објавената листа, Шпанија, Португалија, Грција, Италија и Кипар бројат најмногу загрозени видови на европско ниво. Од 2.233 проценети видови во Шпанија, 21 отсто се сметаат за загрозени на европско ниво. Петнаесет проценти од 1.215 европски видови што се сретнуваат во Португалија се загрозени, проценуваат од IUCN. Слатководните видови - рибите, мекотелите и водоземците се под најголем ризик, а особено се нагласуваат европската јагула (Anguilla anguilla) и слатководната школка (Margaritifera margaritifera). Видовите на европско тло, како и секаде во светот, се под постојана закана од деградација или целосна загуба на своите живеалишта, како резултат на урбанизација, земјоделие или загадување на водите. Итна конзервација е особено потребна во пределот на Медитеранот, но во анализата на IUCN се повикуваат сите земји членки на Европската Унија на здружена акција за заштита на биодиверзитетот.

3

31 мај 2013 ПОРТА

49


пејзажна архитектура

Улица „Ломбард“, Сан Франциско, САД

НАЈКРИВАТ

У

А УЛИЦА ВО

лицата „Ломбард“ во Сан Франциско е најпознатата крива улица во светот. Некои од најскапите имоти во Сан Франциско се наоѓаат токму на оваа адреса. Во пролет и лето кога ќе расцветаат сите цвеќиња покрај улицата, таа

50

3

ПОРТА

31 мај 2013

СВЕТОТ Филип Филипоски, дипл.шум.инж.

претставува вистински рај за очи. За уникатниот пејзаж од колоритна разиграност придонесуваат големиот број расцветани хидрангеи од двете страни на улицата. Овие цвеќиња не се засадени само за да се подобри естетскиот впечаток, туку и за да се спречи евентуалната ерозија на земјиштето. Самата местоположба е одлична за раст и развој на хидрангеите, бидејќи преку летото имаат потреба од постојан доток на свеж воздух, а преку зимата овој вид одлично се справува и со пониски температури. Друга нивна предност е тоа што немаат особени барања во однос на одгледувањето, а исто така немаат преголема потреба за полевање преку вегетациониот период. Многумина често се прашуваат зошто оваа улица е толку крива. Одговорот е едноставен, а тоа е од безбедносни причини. Природната стрмнина по која се спушта улицата, во минатото претставувала сериозен ризик по безбедноста на тие што управувале со автомобилите, а и на пешаците. Првенствено, улицата била права и изградена од калдрма. Луѓето што живееле во таа област, заради потребата од автомобили почнале да бараат најразлични решенија за тоа како би се движеле по неа,


рубрика

поради тоа што се протегала под агол од 27о. Во 1920 година е прифатен предлогот на Карл Хенри, еден од локалните жители, кој поседувал голема површина земја покрај улицата, да го добие сегашниот изглед, а деловите по кои не се движат превозни средства да се уредат, со што би се зголемил естетскиот изглед на улицата. Овој проект бил поддржан и од градот, кој делумно ја финансирал изградбата, а за таа цел бил специјално ангажиран инженерот Клајд Хили. Со завршување на овој проект се добила побезбедна сообраќајница со пад од 16о. За да се зголеми безбедноста во сообраќајот, во 1939 година се воведува еднонасочен сообраќај, додека движењето на тешки возила во целост е забрането во 1980 година. Денес, улицата е составена од осум кривини, поплочена со павер елементи, протегајќи се во еден блок, а за пешаците има посебни скалести патеки од двете страни на улицата, со должина од околу 250 стапки. Иако улицата „Ломбард“ секаде се потенцира како најкривата улица во светот, всушност таа дури не е најкривата улица во Сан Франциско. Таа чест ѝ припаѓа на улицата „Вермонт“. Сепак, сета слава оди на адреса на улицата „Ломбард“, пред сè поради целокупната просторна организација околу улицата и фотографиите што може да се направат, а кои се особено атрактивни за туристите.

3

31 мај 2013 ПОРТА

51


саеми

Меѓународен саем за мебел iSaloni 2013, Милано

Впечатливи идеи и голем ентузијазам

Сандра Дончева Теохарова, дипл.инж.арх.

М

52

3

ПОРТА

31 мај 2013

анифестацијата Salone Satellite за прв пат е формирана во 1998 година, како изложба за најперспективните млади дизајнери

од целиот свет, а е во состав на iSaloni. Темата на 16. издание е поттикната од двете клучни компоненти во светот на дизајнот и таквата индустрија „дизајнот на предметите“ како и „уметноста во начинот на изработката“.

Самата селекција на дизајнерите и претставниците од меѓународните училишта за дизајн се избрани од страна на компетентни личности од светот на дизајнот, архитектурата и медиумите. Овие млади креативци оставија толку


саеми Yoy-idea

Funf German Studios

Danielle Trofe

силен впечаток врз посетителите со својата иновативност, што буквално не знаевме на кој штанд сакавме повеќе да го поминеме времето. Секогаш полни со нови идеи и голем ентузијазам, овие млади автори навистина имаа што да

покажат. Иако нивните решенија и производи најчесто се претставени како прототипи, повеќето од нив стануваат дел од нечие производство, а самите автори важни креативни умови на големите дизајнерски компании...

Ќе ви ги претставиме годинешните победници на трите најдобри производи. Првото место го освои Tania da Cruz, дизајнерка од Португалија, која работи како независен дизајнер во Милано. Наградата и припадна за нејзиниот 

3

31 мај 2013 ПОРТА

53


саеми Прво место - Tania da Cruz

производ ‘Braque’, акустични модуларни панели за звучна изолација, изработени од експандирана плута. Во состав на нејзиниот штанд беа презентирани и останатите производи, столче „2 во 1“,

како и висечки лустер (со лед светилка), изработени од експандирана плута. Второ место освоија Re Design Studio-Hadwa Omran, Hend Riad и Mariam Hazem oд Египет. Нивната идеја

Второ место - Re Design Studio, Hadwa Omran, Hend Riad и Mariam Hazem

54

3

ПОРТА

31 мај 2013

се состои во намерата да ги вратат пластичните ќеси, кои се фрлаат или злоупотребуваат во нов облик, со цел да се вклопат во секојдневниот живот. Иновацијата лежи во материјалот,


саеми повторната употреба на ќесите во облик на ткаенина. Така, нивните производи се составени од тапацирот на столчињата и корпи за нечисти алишта. Третото место го добија Hanhsi Chen и Shikai Tseng, двајцата од Тајван, а работат

како дизајнери во Лондон. Наградата ја добија за производот ‘Ripple’, ламба која се состои од стаклена капа, поставена на база која има мотор кој ја ротира, и има мал испакнат дел каде што е поставена лед светилка. Светлото удира во стаклото

и ја шири рефлексијата на ѕидот и опкружувањето. Другиот производ, кој го претставија беше ѕиден часовник, наречен „Сенка“. Зад металниот дел се наоѓа лед светилка, која прави сенка на сказалките и го рефлектира времето на самиот ѕид. 

Трето место - Hanhsi Chen и Shikai Tseng

Shadowclock

âðåìå ïðåòâîðåíî âî óìåòíîñò

OnTime å ñïåöè¼àëèçèðàíî ñòóäèî çà äèçà¼í, èçðàáîòêà è ïðîäàæáà íà ¾èäíè ÷àñîâíèöè, êàêî è çàñòàïíèê íà ðåíîìèðàíèîò øïàíñêè áðåíä çà ¾èäíè ÷àñîâíèöè Nomon. Ñïî¼îò íà âðåìåòî, îáëèêîò è âèñîêèîò åñòåòñêè èçðàç íà ÷àñîâíèöèòå ãî èñïîëíóâààò àìáèåíòîò ñî ñâî¼àòà óíèêàòíîñò. Ñåêî¼ ïðîèçâîä îä êîëåêöèèòå Nomon è Signum ïðåòñòàâóâà åäèíñòâåíà êðåàöè¼à, ïîìèíàòà íèç ïðîöåñ íà ðà÷íà èçðàáîòêà, âî êî¼ ñå âãðàäåíè íå÷ó¼íè ìåõàíèçìè ïðîèçâåäåíè âî Ãåðìàíè¼à.

*OnTime å äåë îä ìàêåäîíñêàòà êîìïàíè¼à ÒÍ - Ò ïðèñóòíà íà ïàçàðîò óøòå îä 1992 ãîäèíà.

www.ontime.mk

contact@ontime.mk

+389 75 431 135

3

31 мај 2013 ПОРТА

55


интервју

ЕЛПИДА ХАЏИ ВАСИЛЕВА, ПРЕТСТАВНИК НА 55. БИЕНАЛЕ НА УМЕТНОСТА ВО ВЕНЕЦИЈА

„Моите дела нема никого Некои уметнички дела не можат да се заборават. Токму такви се делата на Елпида Хаџи Василева, нашата претставничка на претстојното 55. Биенале на уметноста во Венеција. Нејзината инсталација, која е поставена во Scuola dei Laneri, е направена со ѕидови од метал, мрежа од кожурци, мрежа од свила и канапи од кожи од бели лабораториски стаорци. Кате АНТЕВСКА , историчарка на уметност

"Silentio Pathologia", фрагмет од делото што ќе ја претставува Македонија на Венециско биенале

Проектот „Кожата е идентитет и површина за проекција, репрезентација на душата“ ќе ја претставува Македонија на претстојното 55. Биенале на уметноста во Венеција. Објаснете за што станува збор, идејно и физички.

 Проектот со кој ќе го претставувам националниот павилјон на 55. Венециско биенале го доби финалниот наслов „Silentio Pathologia“, наслов кој има повеќеслојна и преносна детерминација – и со неговото медицинско, но и со преносно значење 56

3

ПОРТА

31 мај 2013

- кованица од англискиот збор path и латинскиот logia, апликативно во двете варијанти. Проектот концепциски третира неколку аспекти: патот на транспортот на свилата од Исток кон Запад, патот на пренесувањето на заразната болест чума по овој трговски пат, трансмијата како феномен (идеи, стоки, искуства, добра, информации, но и нуспојави како заразните болести дури и во современ контекст), кожата како заштита и идентитет, и уште

многу други мултислоевити дискурси се провлекуваат во суштината на идејата на проектот, кои опфаќаат различни дисциплини: историја, географија, биологија, економија, социологија, медицина и друго. Визуелно, делото е просторно специфична инсталација, разрешена во неколку слоеви, во облик на лавиринт, за да се дојде до срцевината на зададената патека на движење. Патеката ја чинат ѕидови од кородиран метал,


интервју

да остават рамнодушен“ "Silentio Pathologia"

мрежа од кожурци, мрежа од свила, канапи од кожи од бели лабораториски стаорци за на крајот да дојде моментот на изненадување - живи црни глувци во кафези.

Делото е направено од органски материјали, зошто баш кожа?

 Делото е направено од четири различни типови на материјали, значи не само кожа, но кожата како медиум е честопати присутна во моите дела. Една

од причините за користење на кожи и органски елементи од животинско потекло е концептот на создавање на една нова естетика со начелно грди нешта, со отпад, со нешто што се третира за ѓубре. А кожата е мошне специфичен медиум кој го користам, бидејќи кожата ја перципирам како оклоп, контејнер кој го штити ткивото, ја чува сржта, содржината. Таа од друга страна е и елемент за дефинирање на идентитетот, припадноста.

Затоа мошне често го користам како материјал за визуелна експлорација.

Познато е дека користите органски материјали за создавање на уметничките дела. Што значи да се биде припадник на т.н. биоуметност?

 Мојата уметност има одредени аспекти според кои може да се класифицира делумно во биоуметноста, но јас во мојата уметност не останувам никогаш само на 

3

31 мај 2013 ПОРТА

57


интервју Проект "Reoccurring Undulation"

експеримент. Соработувам со биолошки институти, лаборатории, стручњаци во различни области од медицината, биологијата, фармакологијата, со кои разговарам за додетерминирање на некоја зародишна моја идеја или пак со надеж за

58

3

ПОРТА

31 мај 2013

меѓудисциплинарна соработка, која досега неколкупати сум ја остварила. Кај мене мануелната работа и личното третирање на органскиот материјал е повеќе од пресудно. Јас со рачната работа создавам визуелна естетика. Физичката поетика

која ја отелотворувам има нарација, има специфична поврзаност со местото каде ја реализирам инсталацијата, има историја.

„Инхерентна убавина“, „Пеперутки во стомакот“ и други ваши дела се составени

Проект "Butterflies in the Stomach"


интервју Проект "Bad Hair Day"

од ципи од свински желудници, коски и кожи од риба... Колку време одзема и колку е макотрпно собирањето на овие материјали?

 Собирањето на материјали не е толку макотрпно, бидејќи веќе имам остварено соработка со хотели, кланици, месарници кои ми ги набавуваат или ми го чуваат отпадот. Но работата е доста макотрпна, процесот на презервација и препарација на органски материјали е долготраен и бавен. Бара голема концентрација и многу внимание. Се работи како во лабораторија, со ракавици, маски, киселини, ножеви, скалпели и други алатки. Да се спречи процесот на распаѓање е клучниот аспект кон кој приоѓам во тој процес на мануелна изработка, заедно со визуелизација на естетскиот паноптикум.

Како реагираат вегетаријанци на вашите дела?

 Моите дела на некого му се допаѓаат, на некого не, секако предизвикуваат одреден вид на гадење, морбидност, дури и ужас, по спознанието за

природата на материјалот. Често тој прв аспект на ужас и морбидност го заменува чувството на воодушевување и на почит кон мануелниот труд и кон идејата, но не секогаш. Но и тој момент е сосема дозволен во процесот на рецепција на моите дела. Сепак, никого нема да го остави рамнодушен, а тоа е и една од улогите на уметноста.

Уметноста може да биде убава, грда, шокантна, да зборува, но не и да биде рамнодушна. За вас, каква треба да биде уметноста?

 Да биде сето тоа што вие го напишавте, но и многу повеќе, да биде возвишена, на едно посебно ниво, да има многу подслоеви, подфази, многу наративи кои се дел од големата нарација на самиот проект. Да има и срж и душа и визуелен импакт, чиста идеја за мене не е доволна. Затоа, во мојата уметност, иако третирам еден мошне современ визуелен јазик и лексикон, сепак занаетчискиот дел, работата со раце никогаш не изостанала. Посветено и пожртвувано се предавам на уметноста. 

3

31 мај 2013 ПОРТА

59


најчудни градби

„Вир кули“, Лас Вегас

Две златни возвишенија во срцето на Вегас

Драган Ристов

В 60

3

ПОРТА

елат, ако сакаш да видиш уникатна архитектура, тогаш оди во Дубаи или во Лас Вегас. Кога сме кај Вегас, велат „сè што се случува во Вегас, останува во Вегас“. Но, не и архитектурата, која е предизвик за око и предмет на контиунирана размена и воздишки. Таму најмногу доаѓа до израз комбинацијата на парите со архитектонскиот дизајн, иако понекогаш уметничкото, трајното или вредното, честопати е надминато од чистиот кич и комерцијала. Но, други би рекле, каде има пари и масовна култура, тешко дека ќе најдете вредности, но искрено да ви кажам, на оние што биле во Лас Вегас, воопшто не им е гајле дали градбите се кич, дали е тоа архитектура на моментот или вредност за паметење. Едноставно, сето тоа се сведува на храна за очи. Тука, несомнено спаѓаат врвните хотелски комплекси, какви што се „Париз, Лас Вегас“, во кој се вметнати и основите на репликата на Аејфловата кула, потоа

31 мај 2013

„Цезарс Палас“ кој е во римски стил, па сè до „Екскалибур“, кој асоцира на средновековието, или хотелот „Луксор“ со легендарната стаклена пирамида. Без оглед на оценката, никој не останал рамнодушен на глетките на овие објекти. А сите тие, сами по себе заслужуваат да бидат дел од нашето катче наречено најчудни градби на светот. Градските власти во 2007 година почнаа да развиваат нов концепт во срцето на главната авенија Вегас-Стрип. Едноставно го нарекоа „Градски центар“, кој вклучува околу десетина облакодери со основна намена: хотелски и казино комплекси. Како најкарактеристични во овој дел се сметаат т.н. „Вир кули“. Станува збор за две кули или згради, кои се високи по 37 ката, а секоја од нив содржи апартмани со површина од 45 до 140 м². Карактеристично за двете кули (она што ги прави предмет на нашата рубрика) е тоа што двете се навалени од својата основа за околу пет степени во спореден правец, и така изгледаат како да се разминуваат, формирајќи целина која се разликува од останатите комплекси


најчудни градби во градот. Кулите се во непосредна близина на луксузниот хотел „Мандарин Ориентал“, и првично биле наречени „Собел Резидентс Кули“. На врвот на двете кули постои цел систем од забавни комплекси како што се сауна, спа центар, базени, фитнес центар, синџир забавни кина и друго. Објектот е дизајниран од архитектот Хелмут Јан, кој има своја канцеларија во Чикаго, Илионис. Што се однесува до лобијата и јавниот простор, дизајнот е на Франциско Гонзалес Пулидо, кој се погрижил основна компонента да биде природната светлина. Дизајнерката Дијана Вонг и нејзината агенција за внатрешен дизајн се погрижиле да ја уредат внатрешноста на секој од апартманите на автентичен начин без оглед на површината. На 20 ноември 2009 година, комплексот добил „Златен медал“ (Leed gold certificate) по што на 14 јули 2010 година „Вир кули“ беа официјално отворени за јавноста и за продажба. Во декември минатата година, сопственикот „Градски центар“ ги продал сите 427 апартмани на „Ледер Капитал Фајнанс“ за 119 милиони долари. Според планот, во првиот период овие апартмани само се издаваат, а во наредните години тие ќе бидат продадени. Целиот компкекс е збогатен со уметнички центар, продавници и голем трговски центар. Додека преостантите згради се со сребрен тен, вклучително и големите прозорци, „Вир кули“ се комбинација на кафеаво и жолто, заради што во вечерните часови изгледаат како две златни возвишенија во срцето на Вегас. Најимпресивен е базенот, кој е на самиот врв на едната од двете кули, од каде Вегас има единствен поглед.

3

31 мај 2013 ПОРТА

61


совети Во можност сме да купиме две гарсониери во градба од по 20м2 кои се една до друга и да ги адаптираме во двособен стан. Бидејќи гарсониерите се со издолжена форма и природно осветлени само од предната страна преку стаклените шибер врати на терасата, уредувањето на станот ни претставува проблем. Дали треба да го урнеме целиот ѕид меѓу становите или има и друго решение? Мирко и Слаѓана Ристови, Скопје

Ди

И

јаг

он

Билјана СТЕВКОВСКА-САВИЌ,

дипл.инж.арх.

62

3

ПОРТА

bsavic@porta3.com.mk 31 мај 2013

пред

ал

дејата за спојување на двете гарсониери во еден двособен стан, кој е осветлен само од предната потесна страна, наложува дневната и спалната соба да бидат во еден простор, но сепак спалната соба која има своја специфична функција, на некој начин треба да се оддели од дневната. Решението на овој проблем е во дијагоналното поставување на дел од ѕидовите, со што ќе се скуси долгата влезна комуникација, ќе се отворат долги визури и ќе се создаде пријатно, комотно чувство во дневната соба. Така, влегувајќи во станот, десно се позиционира мирната зона со бањата, дегажманот, гардеробата и спалната соба, која преку дијагонално поставената шибер врата по потреба се отвора и го проширува просторот на дневната соба. Дијагоналната поставеност на креветот овозможува формирање на голема триаголна гардероба која е многу потребна во малите станови. Со спојувањето на двете гарсониери, наместо два одделни тоалети се прави еден поголем, а и кујната се проширува и ориентира кон трпезаријата и дневната соба. Тркалезната маса во трпезарискиот дел е практична бидејќи секогаш може да се додаде уште едно столче повеќе. Дневната соба има убав поглед преку застаклените шибер врати на терасата. Ѕидот меѓу терасите треба да се урне за да се добие убава голема тераса. При изборот на мебел, одлучете се за лесен, негломазен и лесно подвижен.

ак

ак

ор

потоа

еш

ен

ие


"монте карло", монте карло, монако

спортски храмови

Тесни улици и многу гламур Сашо КузмановСКи

Г

радските улици на Монте Карло и просторот околу пристаништето на кнежеството Монако, секоја година се вистинска атракција за вљубениците во Формула 1 натпреварувањето. Идејата за градски трки во кнежеството била на Ентони Ножес, кој како близок пријател на семејството Грималди ја инаугурирал првата авто-трка низ градските улици уште во 1929 година. Подготовката на патеката и објектите потребни за одржување на Формула 1 трката низ улиците на Монте Карло трае цели шест недели. Уште толку време е потребно таа да се демонтира и сè да дојде во нормална функција на градот. Карактеристика на оваа трка е тоа што станува збор за особено тесна патека, со остри кривини, па оттука ја прават една од најсложените патеки во Формула 1. На неа се познаваат големите мајстори зад воланите, велат познавачите на приликите во автомото спортот. Иако низ годините има претрпено серија промени, сепак, Монте Карло ја задржа спецификата на патека со најостар агол во Формула 1, но и делница на која можат да се развијат и големи брзини. Особено се специфични висинските промени на повеќе делови, кои му даваат посебен шарм на целиот натпревар. Познатиот тунел под хотелот „Фермон“ е особено специфичен,

затоа што при големи брзини тешко може да се исконтролира ефектот на брзо префрлување од темен простор на дневна светлина. Освен проблемот со промената на светлината, при излезот од тунелот може да се загубат и 20 до 30% од влечната сила на моторот, поради уникатните аеродинамични својства на тунелот. Не случајно, овде се регистрирани и бројни незгоди на досегашните трки во Ф1. Низ улиците на Монте Карло тимовите особено внимаваат на просецот на ладење на моторите, затоа што низ историјата се случуваше ова прашање да биде

главно во трката за место на подиумот. Со оглед на концентрираната топлина на патеката и неможноста за доволен проток на свеж воздух, со години се прават посебни специфики во подобрувањето на перформансите за ладење на моторите. Ова особено се однесува на сопирачките, кои поради посебните карактеристики на температурата на патеката често тешко функционираат. За првпат во 1969 година се поставени заштитни бариери во одредени делови и сегменти на патеката. Дотогаш патеката се користеше комплетно отворена, како што функционира секоја улица.

ФаКТи за "МОНТЕ КАРЛО“ - Монте Карло, Монако должина на еден круг: 3340 метри Капацитет: 120.000 места во функција од: 1929 година реконструкции: 1973, 1976, 1986, 1997 и 2002

3

31 мај 2013 ПОРТА

63


излог

52.MEѓународен саем за мебел - SalonE inTERnaZionalE DEl MoBilE 2

1. „Фламинго“ е столна ламба од Friday Project, изработена од челик чии линии се едноставни и елегантни. Горниот дел има отвори изработени на ласер кои сценографски ја рефлектираат светлината во просторот. 2. Група студенти од универзитетот Seconda во Наполи ги дизајнирале „ротирачките саксии“. Заедничката оска со која меѓусебно се поврзани саксиите овозможува едноставно движење и разигрување на цвеќињата во просторот. Просторот до секоја саксија и материјалот врз кој може да се пишува остава голем простор за слободна креативност. 3. Најновите креации на DoCSTonE се ламбите наречени "The mister boom" и "little Miss Dynamite". Двете ламби изгледаат и работат како традиционалните експлозиви. Потисокот на рачката ја зголемува или намалува светлината. 4. Подна ламба, лустер и масичка од челик од Bomipark. 5. Прототип на маса и столче од челик и стакло, претставени од студентите од accademia italiana. 1

подготви: Сандра дончева Теохарова, дипл.инж.арх.

5

64

3

ПОРТА

31 мај 2013


3

излог

4

3

31 мај 2013 ПОРТА

65


јавни набавки СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 67/2013 ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА ПРОЕКТ ЗА ИНФРАСТРУКТУРА ЗА ИЗГРАДБА НА РЕГИОНАЛЕН ПАТ Р-2138, ВРСКА НА РЕГИОНАЛЕН ПАТ Р-2134 СО НАСЕЛБА СОНЧЕВ ГРАД

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 69/2013 ОПШТИНА ПРОБИШТИП ОБЈАВА број 16 ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ВО ОПШТИНА ПРОБИШТИП

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА БРОЈ: 02/2013 Назив на договорниот орган: Македонска акадамеска истражувачка мрежа МАР нет Скопје, бул. Партизански Одреди, бр. 17, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Набавка за изградба на Систем сала за Македонската точка за размена на Интернет СообраќајMatrIX. Контакт тел/факс: 02 3256-561, лице за контакт: Александар Попоски. Јавно отворање на понудите на ден 01.07.2013 год. БРОЈ: 01-81/2013 Назив на договорниот орган: АД Електрани на Македонија – Скопје, ул. “11-ти Октомври“ бр. 9, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Ангажирање на консултант за избор на приватен партнер за развој, изградба, финансирање, користење, управување и одржување на скијачки центар Попова Шапка врз основа на постапка за воспоставување на јавно-приватно партнерство како концесија за јавна работа. Контакт тел/факс: 02 3149-171, 02 3111-309, лице за контакт: Катерина Буцевска. Јавно отворање на понудите на ден 28.06.2013 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 70/2013

66

3

ПОРТА

31 мај 2013

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАДОЛЖУВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО ЗАЕМ КАЈ ЕВРОПСКАТА БАНКА ЗА ОБНОВА И РАЗВОЈ ПО ДОГОВОРОТ ЗА ЗАЕМ ЗА ПРОЕКТОТ ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ НА КОРИДОРОТ Х, НА ДЕЛНИЦАТА ДЕМИР КАПИЈА – СМОКВИЦА ЗАКОН ЗА ГАРАНЦИЈА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НА ОБВРСКИТЕ ПО ДОГОВОРОТ ЗА ЗАЕМ ЗА ПРОЕКТОТ ЗА ИЗГРАДБА И ИНСТАЛАЦИЈА НА ЕЛЕКТРОНСКИ СИСТЕМ ЗА НАПЛАТА НА ПАТАРИНИ ДОЛЖ КОРИДОРОТ Х, КОЈ ЌЕ СЕ СКЛУЧИ МЕЃУ ЕВРОПСКАТА БАНКА ЗА ОБНОВА И РАЗВОЈ И ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА ДРЖАВНИ ПАТИШТА ЗАКОН ЗА ПРОСТОРНО И УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ (“Службен весник на Република Македонија“ број 51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11 и 144/12) (Пречистен текст) ЗАКОН ЗА ГРАДЕЊЕ (“Службен весник на Република Македонија“ Бр. 130/09, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12 и 25/13) (пречистен текст)

ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ПОСТАПКА ВО ВРСКА СО ОБЈАВА БР. 091804/1 ОД 28.12.2012 ГОДИНА И ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРЕКИН НА ПОСТАПКА БР. 14-143/1 ОД 28.01.2013 ГОДИНА ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО НЕИЗГРАДЕНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ВО ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 72/2013 ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ СО БЕСПРАВНО ИЗГРАДЕНИ ОБЈЕКТИ ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ИЗМЕНА И ДОПОЛНА НА ГЕНЕРАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА УЕ 2 БЛОК 12 КО БАШИНО СЕЛО ОПШТИНА ВЕЛЕС

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 73/2013 ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА БРОЈ: 34/2013 Назив на договорниот орган: Министерство за образование и наука, ул. “Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Изработка на проектна документација за градење на Студентски дом “Невена Георгиева Дуња“ – комплекс клинички центар. Контакт тел/факс: 3222-038, 02 3118-414, лице за контакт: Наташа Хаџилега. Јавно отворање на понудите на ден 10.06.2013 год. БРОЈ: 39/2013 Назив на договорниот орган: Град Скопје, бул. Илинден 82, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Изработка на Проект за инфрастурктура за фекален колектор Ф800 за дел од бул. Србија со вклучена ревизија и изработка на Основен проект за инфраструктура за фекален колектор Ф800 за дел од бул. Србија. Контакт тел/факс: 3297-222, 3297-292, лице за контакт: Ирена Стоименова. Јавно отворање на понудите на ден 10.06.2013 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 74/2013 ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ. ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА ДРЖАВНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА СТАНИЦА ЗА СНАБДУВАЊЕ СО ТЕЧНИ ГОРИВА И ТЕЧЕН ГАС СО ПРОПРАТНИ ОБЈЕКТИ КО РЕЧАНЕ, ОПШТИНА ГОСТИВАР ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА БАЗНА СТАНИЦА ЗА МОБИЛНА ТЕЛЕФОНИЈА “БУЧИН“ КО ПРЕСИЛ МИЛОШЕВО, ОПШТИНА КРУШЕВО ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ

ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ВОН НАСЕЛЕНО МЕСТО ЗА ПОВЕЌЕНАМЕНСКИ КОМПЛЕКС ВО КО ДОБРОШАНЕ, ОПШТИНА КУМАНОВО ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ЗА ИЗРАБОТКА НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ВОН НАСЕЛЕНО МЕСТО ЗА ИЗГРАДБА “СПОРТСКО-РЕКРЕАТИВЕН КОМПЛЕКС“ КО БОГДАНЦИ ВОН Г.Р., ОПШТИНА БОГДАНЦИ

ОПШТИНА КАРПОШ ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ПОСТАПКА ПО ОБЈАВА БР. 08/2012 ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА ОБЈЕКТИ ЗА ДОМУВАЊЕ ВО СТАНБЕНИ КУЌИ ВО ОПШТИНА КАРПОШ

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА БРОЈ: 53/2013 Назив на договорниот орган: Јавно претпријатие за државни патишта, ул. “Даме Груев“ бр. 1, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Изградба на мост на државен пат Р2434 (Р602) кај Рич. Контакт тел/факс: 02 3118-044, 3220-535, лице за контакт: Жаклина Стефановска-Богдановска. Јавно отворање на понудите на ден 13.06.2013 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 75/2013 ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА БРОЈ: 42/2013 Назив на договорниот орган: Град Скопје, бул. Илинден 82, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Изработка на инфраструктурни проекти со вклучена ревизија и изработка на основни проекти. Контакт тел/факс: 3297-222, 3297-292, лице за контакт: Ирена Стоименова. Јавно отворање на понудите на ден 12.06.2013 год.




Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.