Porta3 195

Page 1

КРСТО ТОДОРОВСКИ, ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА „АНДРЕЈА ДАМЈАНОВ“

Се што сум замислил во животот, сум остварил Хидројаловиштата се безбедни

90 денари / БРОЈ 195 / ПЕТОК 16.11.2012 година VIII

ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

ЗОРАН БОЈОВИЌ

Jас ја создавав мојата архитектура

рубрика

Иднината на градежништвото

20. издание на BAU пет децении успех

14 – 19 јануари во Минхен Светски водечки саем за архитектура, материјали и системи www.bau-muenchen.com

D

Messe München GmbH . info@bau-muenchen.com . Тел. +49 89 949-11308 . Факс +49 89 949-11309

3ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДООЕЛ Скопје . kao@ahk.mk . Тел. +389 2 3228 824 . Факс +389 2 3296 790

ДЕ 2MK ПОРТА

2 ноември 2012

ГОДИНА VIII

БРОЈ 195 ПЕТОК 16.11.2012 ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, граделе и биле сведоци на големите културни и политички промени. Ова е приказна за југословенската изградба во своите најдобри денови. Приказна за архитектурата, изградбата, за Африка, Азија, Југославија, Садам Хусеин, за „Енергопроект“. Ова е приказна за една голема кариера, во едно големо претпријатие, во една голема зeмја. Каква е состојбата на рудничките хидројаловишта во нашава држава? Дали овие големи брани во кои се складира јаловината од рудничките флотации се закана по луѓето и животната средина за градовите во чии близини се наоѓаат нашите големи рудници „Злетово“, „Саса“, „Бучим“ и „Тораница“? На оваа тема во Штип два дена расправаа триесетина експерти за големи брани од нашата држава. Генерална оценка на учесниците на оваа конференција е дека хидројаловиштата во нашата држава се сигурни, безбедни, со нив се управува на еден квалитетен начин и дека за нив се грижат стручни служби.

главен и одговорен уредник: Дејан БУЃЕВАЦ новинари: Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА

Насловна страница: „NORWEGIAN WILD REINDEER CENTER PAVILION“ , НОРВЕШКА КРСТО ТОДОРОВСКИ, ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА „АНДРЕЈА ДАМЈАНОВ“

Се што сум замислил во животот, сум остварил Хидројаловиштата се безбедни ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

Да се слушне животниот пат, кој, иако голем, звучи мошне скромно од раскажувањата на соговорникот е реткост. Тоа е патот на Крсто Тодоровски, годинешниот добитник на престижната награда од областа на архитектурата „Андреја Дамјанов“, која ја доделува ААМ. „Сè што сум замислил во животот, сум остварил“, вели тој. Меѓу позначајните активности во Македонија се проектирањето на Хидрометеоролошкиот завод во Скопје, хотелот „Макпетрол“ во Маврово, реконструкција на Ристиќева палата, ревитализација на манастирите „Св. Јоаким Осоговски“ и „Св. Јован Бигорски“... За еден период од својот живот тој вели: „Работев две и пол години со два саати спиење“. Во овој број преку интервјуто со српскиот архитект Зоран Бојовиќ ви пренесуваме уште една приказна за човек кој со гордост вели: „Jас ја создавав мојата архитектура“. Приказната е за некое друго време. За времето што поминало и за луѓето што својот работен век го поминале во далечни земји. Таму создавале,

Редакција:

ЗОРАН БОЈОВИЌ

Jас ја создавав мојата архитектура

графички уредник: Гоце ЦВЕТАНОСКИ фоторепортер: Кире ПОПОВ

Архитектонско студио: SNØHETTA

лектор: Костадинка СОЛЕВА

ОД РЕДАКЦИЈАТА

ГРАДЕЖНИШТВО 12

38

ХИДРОЈАЛОВИШТАTA СЕ БЕЗБЕДНИ

ПРИЗНАНИЈА 26

-

КРСТО ТОДОРОВСКИ: СЕ ШТО СУМ ЗАМИСЛИЛ ВО ЖИВОТОТ СУМ ОСТВАРИЛ

АРХИТЕКТУРА 30

ОД СТАР ОБЈЕКТ ДО СОВРЕМЕН ЦЕНТАР ЗА ТАНЦ

АРХИТЕКТУРА И ПЕЈЗАЖ 34

надворешни соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ПЕТРОВ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Александра ШЕКУТКОВСКА Анастасија НИКОЛОВСКА Андреа ЈАМАКОСКА Билјана САВИЌ Бојана ФИЛИПОВИЌ Биљана СТОЈАНОВИЌ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (AНГЛИЈА) Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Кате АНТЕВСКА Кире КИПРОСКИ Михаил ТОКАРЕВ Никола НЕШКОСКИ Сандра ДОНЧЕВА ТЕОХАРОВА Сашо КУЗМАНОВСКИ Трајче СТОЈАНОВ Филип ФИЛИПОСКИ Франческо ЧИТРО (ИТАЛИЈА)

Издавачки совет: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. - претседател проф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА, дипл.град.инж. Вања ДОНЧЕВА, дипл.инж.арх. Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. проф. д-р Катерина ДОНЕВСКА дипл.град.инж. Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 9, 1000 Скопје

26

Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk

30

ГРАДЕЊЕ НА КОНТЕКСТ

ИНТЕРВЈУ 38

Печати:

ЗОРАН БОЈОВИЌ: JАС ЈА СОЗДАВАВ МОЈАТА АРХИТЕКТУРА

Маркетинг: biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796

АРХИТЕКТУРА 44

САН СИТИ - РАЈ ОД ЛУКСУЗ И КИЧ

ТЕХНОЛОГИИ 50 44

SITEOPS® - ИЗВЛЕКУВАЊЕ МАКСИМУМ УШТЕ ВО РАНИТЕ ФАЗИ НА ПЛАНИРАЊЕ

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.500 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485

ХОРТИКУЛТУРА 58

ПОДГОТОВКА НА ВОДНИТЕ ПОВРШИНИ ЗА ПРЕЗИМУВАЊЕ

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година

58

Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.

инфо

ПОЛИЕТИЛЕНСКИ И ПОЛИПРОПИЛЕНСКИ - ВОДОВОДНИ СИСТЕМИ - ГАСОВОДНИ СИСТЕМИ - KAНАЛИЗАЦИСKИ СИСТЕМИ ИНОВАТИВНА ТЕХНОЛОГИЈА ПО СИТЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ СТАНДАРДИ

Tel: 00 389 034 212 064 00 389 034 211 757 00 389 034 215 225 00 389 034 215 226 Fax: 00 389 034 211 964 e-mail: contact@konti-hidroplast.com.mk e-mail: hidropl@t-home.mk www.konti-hidroplast.com.mk Industriska bb 1480 Gevgelija MACEDONIA 4 ПОРТА 2 ноември 2012

3

инфо

GEZE ShowTruck во Скопје

Претставени најновите производи о првата недела на месецов сегашните и идните партнери на GEZE во проектантската и градежната бранша во Македонија, имаа можност да се запознаат со новите производи на фирматата. Новитетите беа претставени за време на традиционалната годишна обиколка на примерочниот камион на GEZE, овој пат во Скопје во просториите на Tempo MK. Посетителите се запознаа со новововедените иновации на пазарот и се советуваа во врска со комплексните системи и решенија, опфаќајќи ги сите групи производи на компанијата. Беа одржани и советувања на кои беа објеснети различни аспекти на системите за одведување на чад и топлина, согласно со важечките нормативи во земјата. На партнерите им беа претставени: Системи за автоматски врати Во преден план беа продуктите насочени кон непречен пристап до згради и простории. Кај системите за автоматски лизгачки врати беа претставени новите производи од серијата Slimdrive - модел на врати отпорен на провални кражби врати, како и уникатен модел со изолациско стакло без рамки и бројни додатоци кои обезбедуваат современа мрежна комуникација. Системи за одведување на чад и топлина GEZE повторно обрна сериозно внимание на вентилационите системи за одведување чад и топлина (ВСОЧТ). Беа претставени новите верижни механизми за прозорци, прикажани за прв пат на специјализираната изложба Fensterbau Frontale 2012 – GEZE ECchain, GEZE Slimchain и GEZE Powerchain. Оваа година GEZE ја претстави и централата со вградено помошно напојување за природно одведување на чад, наменета за инсталација во помали простори и за помали по обем решенија, како на пример скалила. Таа е малку поголема од стандардно алармно копче за пожар, но ја содржи и таа функција. Производот целосно одговара на барањата за инсталирање во сертифициран ВСОЧТ, согласно Регулативата Iз-

В

1971 и БДС EN 12101-2. На партнерите им беа претставени и многу нови додатоци, кои обезбедуваат безбедност во случај на несреќа, но и удобност при секојдневната вентилација, како и погонскиот механизам GEZE E 920, целосно интегриран во профилите на прозорците.

Безбедносна технологија Оваа година GEZE го фокусира вниманието и врз технологијата за евакуационни коридори и излези, со интегриран системи за безбедност и контрола на пристап, координирани со системот за одвод на чад и топлина и можности за интеграција со BMS - системот за управување со згради. Во овој контекст беа претставени контролни уреди, прибор и контролната табла TZ 320 за управување со системите. Системи за рачни лизгачки врати GEZE на своите гости им го претстави и Levolan 60 - компактен, исклучително гладок и речиси невидлив погон за целосно стаклени концепти, погоден за домовите и за канцелариите. Стаклото е директно поврзано во фитингот – елементите за закачување се толку незабележливи што се губи смислата за дополнително покритие. Levolan така се вклопува во секој дизајн. n 16 ноември 2012 ПОРТА

3

5

градежништво

Награда за општествена одговорност на АДОРА Инженеринг

ДОРА Инженеринг е добитник на јубилејно признание за најголем број спроведени проекти и најмногу добиени награди, и на две високи национални признанија што за најдобри општествено одговорни практики за 2011 година, на 5-тата манифестација Национална награда за општествена одговорност на претпријатијата, неодамна ѝ ги додели министерот за економија Ваљон Сараќини и амбасадорот на ЕУ во Македонија Аиво Орав. Признанијата се уште една афирмација и дополнителен

А

мотив за општествено одговорната традиција на оваа градежна компанија, која во своето 10-годишно постоење, континуирано вложува за доброто на своите вработени, купувачите и пошироката заедница, оставајќи дела за поквалитетен живот на граѓаните во сите општини каде што гради објекти. Во категоријата животна средина, награден е проектот „Прв охридски енергетски ефикасен градежен бисер“, за елитниот репрезентативен станбен објект АДОРА кај Билјанините Извори во Охрид. Со објектот, Охрид и граѓаните добија

висококвалитетно домување, со лесно затоплување на становите без многу греење во зима и без клима до 37 степени во лето, на атрактивна локација до Националниот парк Галичица, непосредно до Охридското Езеро, со прекрасна панорама на древниот град. Идејата за проектот, со кој продолжува долгорочната стратегија на АДОРА за изградба на енергетски ефикасните домови низ Македонија, беше со примена на најновите светски стандарди, со термо фасада и без сметки за струја за заедничко осветлување со фотоволтаичен систем, на станарите да им се овозможи поквалитетно, поекономично и поздраво домување. Овие еко станови, во кризно време со високи цени на струјата, на граѓаните им штедат енергија и пари. АДОРА Инженеринг, енергетски ефикасните домови во Македонија ги претстави преку статија објавена во светска едиција на еминентни меѓународни форуми на Глобалниот договор на ООН, каде членува компанијата. Наградениот проект „Вложуваме во општините за доброто на граѓаните“ во категоријата вложување во заедницата е за донацијата на фонтаната Македонија, со која АДОРА го збогати запуштениот парк во општина Кисела Вода, во Скопје, каде граѓаните добија мирно и убаво уредено катче за одмор и прошетки. - Стратешки приоритет на компанијата е успехот и добрите резултати од работењето да го подели со граѓаните, создавајќи племенити дела, што ќе биде наша заложба и натаму, за доброто на сегашните и идните генерации - вели проф. д-р Ванчо Чифлиганец, генерален директор на АДОРА Инженеринг. n

Mеѓу петте најуспешни брзорастечки компании о остварен најголем успех меѓу две деловни години, во услови на економска криза, градежната компанија АДОРА Инженеринг е меѓу петте најуспешни брзорастечки компании во Македонија, со највисока стапка на пораст на вкупните приходи, пораст на обртниот капитал и пораст на кредибилноста - изјави директорот на Централниот регистар на Македонија, Ванчо Костадиновски, неодамна на промоцијата на 9-тото издание на едицијата 200 Најголеми фирми во Македонија. Искачувајќи се секоја година за неколку места нагоре, АДОРА Инженеринг е на 20. место по профитабилноста во работењето меѓу 200 најуспешни компании во Македонија во 2011 година, според податоците на Централниот регистар.

С

6

ПОРТА

3

16 ноември 2012

Брзорастечкиот тренд на развој во 10годишното постоење, АДОРА Инженеринг ја искачи на водечката позицијата меѓу компаниите во високата градба во Македонија, со изградени 18 елитни станбено-деловни објекти во Скопје, Охрид и Струмица, 1.300 висококвалитетни станови, неколку стотици луксузни деловни простории и голем број модерни подземни паркинг простори. Според проф. д-р Ванчо Чифлиганец, во оваа кризна година компанијата ги направи најголемите инвестиции, како што е проектот

за изградба на петте нови елитни станбени згради во Ново Лисиче - Аеродром, Скопје, и околу 50 милиони евра вкупен финансиски обрт во двете насоки, што е домашна инвестиција за почит.

во Селото орман никнува нов Станбен мини-комплекС

Блиску до градот, а изолирано од градската врева Комплексот има 58 луксузни станови со површина од 170 и 210 квадрати. Станарите ќе уживаат и ќе се релаксираат во заеднички базен со пикник простор, рекреативни терени, детско игралиште, билјард-клуб и фитнес-центар со сауна и турска бања о селото Орман на десетина километри од Скопје никнува нов станбен мини-комплекс, Верина. Луксузниот комплекс од затворен тип е распослан на површина од 30.000 квадратни метри. Тој се состои од седум згради за колективно живеење и три индивидуални куќи. Првите станари се очекува да се вселат во мај идната година, а продажбата на становите, со цена од 1.300 евра за квадратен метар со вклучен ддв, е во тек. Комплексот Верина се

В

разликува од становите што се нудат во градот. Има 58 луксузни станови со површина од 170 и 210 квадрати. Инвеститор на комплексот е Благоја Николовски, човекот којшто пред десетина години го изгради комплексот во Злокуќани. Изведувач на градежните работи е компанијата „Никоб инженеринг“. Становите имаат поглед на 15.000 квадрати зелена површина, порибено езеро со површина од 6.000 квадратни метри и вештачки водопад. Нивните станари ќе уживаат и ќе се релаксираат во заеднички базен со пикник простор, рекреативни терени, детско игралиште, билјард-клуб и фитнес-центар со сауна и турска бања. - Кај нас не станува збор за класични станови, туку за концепт на организирано живеење кое ќе ги олесни секојдневните обврски на лицата што ќе бидат дел од овој комплекс - вели инвеститорот Николовски, додавајќи дека станбениот комплекс Верина се разликува од становите што се нудат во градот. Главниот архитект на комплексот Звонимир Ваљак, потенцира дека во него е достапно сè што му е неопходно на едно типично семејство и е совршено место за живеење бидејќи е изолирано од градската врева, а блиску до градот. Верина има одлични сообраќајни врски со центарот и другите делови на градот бидејќи е во непосредна близина на скопската обиколница и е покрај планираната траса за проширување на булеварот Илинден. n 16 ноември 2012 ПОРТА

3

7

инфо

Денови на енергетСката ефикаСноСт во карпош

Како со малку енергија може многу добро да се живее Постојано се повторуваше потребата да бидеме енергетски поефикасни и да штедиме енергија, поради нејзиниот недостиг и сè поскапите енергенси од една страна, како и поради сè поизразената потреба од намалување на емисијата на штетни гасови во атмосферата, од друга страна уквално сè што некого би го интересирало за штедењето енергија и за нејзиното поефикасно користење, можеше да се слушне, дури и да се научи на Деновите на енергетската ефикасност што ги организираше општината Карпош. Со повеќе презентации се претставија општината, научници и експерти од оваа област, како и стопанственици кои нудат соодветни материјали или изведбени зафати со кои еден објект може да стане енергетски поефикасен. Општинските власти, на пример, си ги претставија своите политики за енергетска ефикасност, со кои, како што истакнуваат, се лидери во земјава. Експертите презентираа иновативни решенија, а компаниите, пак, начини и средства со кои сето тоа може да се оствари. Постојано се повторуваше потребата да бидеме енергетски поефикасни и да штедиме енергија, поради нејзиниот недостиг и сè поскапите енергенси од една страна, како и поради сè поизразената потреба од намалување на емисијата на штетни гасови во атмосферата, од друга. Свое излагање имаше и државата, преку Агенцијата за енергетика. - Крајната цел ни е да го подигнеме нивото на свест кај граѓаните за заштедата на енергијата и да продонесеме да се заштеди енергијата и на планетата Земја, која е сè поподложна на климатските промени, загадувањето и намалувањето на енергетските ресурси. Обврски за донесување програми за енергетска ефикасност имаат сите општини во државата, но за жал, само една третина од нив го направиле тоа досега - рече Лазар Гечевски, директорот на агенцијата. Општината Карпош планира сите училишта

Б

8

ПОРТА

3

16 ноември 2012

и градинки на нејзиното подрачје да имаат сопствени системи за греење, односно да се исклучат од централниот топлификациски систем. Дел од нив ќе се загреваат со обновливи извори на енергија, а друг дел прво со нафта, а потоа и со гас, кога општинското јавно претпријатие „Кар-гас“ ќе ја спроведе гасификацијата, објасни Љупчо Димов, раководителот на одделението за енергетска ефикасност при општината Карпош. Со подобрувањето на енергетската ефикасност на неколку станбени згради (проект во кој тие, со општинска помош, добиваа нови фасади и прозорци), нивната годишна потрошувачка на енергија за загревање се намали од 200-300 киловатчасови на најмногу 100 киловат-часови за квадратен метар. Карпош е првата општина која со посебен правилник ги условува инвеститорите на градежните објекти да ги исполнат стандардите за енергетска

ефикасност за да добијат одобрение за градба. Ова важи и за куќи и за згради. Правилникот за енергетска ефикасност ги мотивира инвеститорите да прават уште поефикасни згради, потенцираше Катерина Богдановска од општинското одделение за енергетска ефикасност. Така, ако објектот е барем за 10 отсто поефикасен од минимумот пропишан во правилникот, добива делумно ослободување од комуналната такса. Откога ова е во сила, издадени се 46 градежни дозволи, од кои 19 за објекти кои ги исполнуваат минималните стандарди, а 27 за градби кои се за 10 или повеќе отсто подобри од тоа. Минимумот е објектот годишно да троши најмногу 100 киловатчасови енергија по квадратен метар за затоплување, додека за да се добијат олеснувања таа потрошувачка не треба да биде поголема од 70 киловат-часови. Бидејќи енергијата што доаѓа од сонцето

инфо

на земјата за еден час е поголема од вкупните потреби на планетата за една година, очекувано е што сè повеќе домаќинства препознаваат дека користењето сончева енергија е најдоброто решение, пред сè за добивање топла вода. Но тие системи, закачени најчесто на нашите покриви, ретко ни изгледаат допадливо. Напротив, ги доживуваме како некој израсток врз нашиот или врз некој друг дом. Затоа доцентот Илија Насов, претседател на

бордот на директори на „Камел Солар“, понуди интересни архитектонски решенија со кои колекторите сепак можат да изгледаат убаво, ако се вградат во фасадата или во покривот. Тие може да бидат поставени, на пример, на целиот покрив, или на фасадата, како обоено стакло и на тој начин воопшто да не изгледаат како некој додаток, туку како составен дел од објектот. Низ светот има многу примери, а во Македонија најрепрезентативни се покривот

на базенот „Борис Трајковски“ (поранешен базен Карпош) и надворешните ѕидови на станбениот комплекс „Соравија“. Меѓу поинтересните презентации беше и таа за пасивната куќа, која се опишува како објект кој ги комбинира високиот комфор и ниската потрошувачка на енергија, а надворешно не се разликува значително од другите куќи. Како што истакна Андреј Андреев од „Цивкон“, таа се карактеризира со минимални загуби на топлинска енергија и максимални придобивки на топлина од сонцето и од внатрешните извори, како и со рационализирање на трошоците за топла санитарна вода. Првата таква куќа е изградена во 1991 година. При проектирањето треба да се внимава на аголот на сончевите зраци и на засенчувањата, така што главната фасада ќе се насочи кон југ, а помошните простории кон север. На тој начин, пасивната куќа се загрева со неверојатни 15 киловат-часови енергија на квадратен метар годишно, или со помалку од тоа. Сепак, и покрај многуте стандарди што треба да ги исполни пасивната куќа, таа може да биде и добро дизајнирана. n к.С.т.

региони

охриД

Инфраструктурата е жива материја За Охрид, кој има визија да стане многу повеќе од регионален туристички центар, неминовно, како инфраструктурен предизвик се јавуваат сообраќајниците и канализациониот систем Ивана Групче дипл. инж. арх.

нфраструктурата во секој град се третира како негова жива материја, која постојано мора да се проширува, обновува и соодветно димензионира согласно растењето на градот и потребите во него. Ова има уште поголемо значење ако станува збор за град, како што е Охрид, кој има визија да стане многу повеќе од регионален туристички центар. Неминовно, како прв инфраструктурен објект се јавуваат сообраќајниците, но не помалку важен е и канализациониот систем. Како што знаеме, водоводната и канализационата инфраструктура е особено значајна за урбаното милје на еден град, неговото здраво и правилно функционирање, зачувување на чиста и здрава животна средина и продолжување на животниот век на нејзините жители. За градот Охрид, карактеристичен начин на одведување на нечистите води бил со канали од камена ѕидарија т.н. геризи со димензии 40х50 см, преку кои од стариот дел на градот каде населението било најконцентрирано, отпадните води се испуштале во езерото. Според архивските податоци до 1945 година, во Охрид биле изградени 3.240 метри ѕидани канали со 381 приклучок. По завршувањето на Втората светска војна, отпочнува и развојот на градот како туристички центар, што придонесува до нов историски развој на канализациониот систем.

И

10

ПОРТА

3

16 ноември 2012

Особено значаен момент е изградбата на хотелот „Палас“, на самото централно градско крајбрежје на Охридското Езеро, што повлекува и изградба на соодветна канализациона инфраструктура односно прва канализациона линија изведена од цевковод со профил Ф300 мм и црпна станица со

Емшеров бунар (Imhoff tank -двокатен таложник) како уред за прочистување. Изведбата на овој систем во 1957 година се смета како почеток на организирано одведување на отпадните води во градот. До 1964 година интензивно се работи на проширување на канализационата мрежа со

региони градење на 10.358 метри линии, со профили Ф300 мм и Ф500 мм, кои се надоврзуваат на постоечкиот цевковод. Уште еден исклучително значаен акцент, градот добива со изградбата на колекторскиот систем за заштита на езерото од отпадни и индустриски води во периодот 1985-1988 година, кој благодарение на финансискиот самопридонес на граѓаните од Охрид и Струга, својот работен век го отпочнува во 1988 година. Во денешно време, за одржување и градење на канализациониот и атмосферскиот систем се грижи ЈП Нискоградба - Охрид, вклучувајќи изработка на проектна документација, поправки на дефектите, санации и чистење на линиите од канализационата мрежа, додека со колекторскиот систем сè уште стопанисува ЈП Проаква - Струга. Како што истакнува за „Порта 3“ Петар Зафировски, градежен инженер –проектант во ЈП Нискоградба - Охрид, изминатиот период во градот беа изведени неколку инфраструктурни зафати на канализациони линии во рамки на програмата за комунален развој, отпочнати во 2009 година, од кои повеќето се завршени или се во крајна фаза. Од актуелните инфраструктурни зафати, Зафировски ни ги издвои: • Најново изградената канализациона линија со напречен профил Ф200 мм и атмосферска канализација со напречен профил Ф300 мм на улица Мите Богоевски, зад општинската зграда -

Kaнализационен систем во Охрид

од проектот Еко заштита на Охридското Езеро. • Канализација Лескоец, изграденост 60%, потребно да се изведат главните колектори по патот Охрид - Битола. • Канализација Велгошти, изграденост 90%,

остануваат уште неколку мали краци за комплетна покриеност. • Канализација село Пештани, изграденост 85%, остануваат некои мали краци да се изведат. Селото е приклучено на фекална канализација. • Село Долно Лакочереј и село Горно Лакочереј, отпочната е постапката за почетна фаза на реализација по проект. • Во тек се подготовките за изведбата на кружен сообраќаен тек на пресекот на булеварот Туристичка со улицата Бистрица. • Оваа година комплетно е изведен и опремен кружниот сообраќаен тек на пресекот на булеварот Туристичка со улицата АСНОМ. • Болнички комплекс комплетно обезбеден со мрежа. • Улични приклучоци за населба Бејбунар. Сите овие реализирани и планирани зафати секако ќе придонесат овој наш туристички бисер да се доближи до поставените цели. Впрочем, неодамнешните обилни дождови во градот, кога реки вода се излеаја на улиците само ја потврдуваат потребата од постојана грижа за канализациониот систем, негово редовно одржување и проширување. n (Историските податоци се позајмени од авторскиот реферат „Канализациониот систем во Охрид“ од Нина Трендафилова, дипл.град.инж., Петар Зафировски, дипл.град.инж., Павлинка Јанчевска,

градежништво

Хидројаловиштата се безбедни Само кога работат рудниците нивните хидројаловишта се на највисока точка на својата безбедност. Тогаш овие капацитети се одржуваат согласно светските стандарди и прописи, за разлика од годините во кои рудниците немаат сопственик, не работат и нивните капацитети не се одржуваат добро. Иван БојаџИскИ

од конференцијата

аква е состојбата на рудничките хидројаловишта во нашава држава? Како тие се градени и како со нив денес се управува? Дали овие големи брани во кои се складира јаловината од рудничките флотации се закана по луѓето и животната средина во Пробиштип, Македонска Каменица, Радовиш и Крива Паланка, градови во чии близини се наоѓаат нашите големи рудници „Злетово“, „Саса“, „Бучим“ и „Тораница“? На оваа тема во Штип два дена расправаа триесеттина експерти за големи брани од нашата држава. Научната конференција под наслов „Хидројаловиштата во Република Македонија“ ја организира здружениот Македонски комитет за големи брани, а од неа беше издаден зборник на трудови. Генерална оценка на учесниците на оваа конференција е дека хидројаловиштата во

К 12

ПОРТА

3

16 ноември 2012

нашата држава се сигурни, безбедни, со нив се управува на еден квалитетен начин и за нив се грижат стручни служби кои ги има во сите наши руднички капацитети. „Во Република Македонија постојат четириесетина големи брани од кои четири од нив се хидројаловиштни. Тие им служат на рудниците за во нив да се депонира јаловината. И од самата дебата, од научните излагања на конференцијата, од нашата посета на овие брани заклучивме дека тие се во стабилна состојба, дека раководствата на рудниците водат сметка за нив. Она што ние како научна фела постојано го тврдевме и го тврдиме, и на што постојано предупредуваме е дека само кога работат рудниците нивните хидројаловишта се на највисока точка на својата безбедност. Тогаш овие капацитети се одржуваат согласно светските стандарди и прописи, за разлика од годините во кои рудниците немаат сопственик, не работат и нивните капацитети не се одржуваат добро“, вели професор Љубомир

Танчев, претседател на ова здружение. Дека професорот Танчев е во право, упатува и искуството од последната хаварија на едно наше хидројаловиште. На 31 август 2003 година попушти големата хидројаловиштна брана на рудникот „Саса“, по што огромна црна, загадена маса тргна низ Камена Река загадувајќи голем простор во должина од 25 километри, сè до браната Калиманци од која се наводнуваат нивите во источниот дел на Македонија. Во седумдесеттите години на минатиот век голема хаварија се случи и на хидројаловиштето на рудникот „Злетово“ кога попушти оваа брана, а јаловината стигна сè до реката Брегалница. Сега во близина на Пробиштип остана старото јаловиште во кое е складирана јаловина од 11 милиони кубни метри. Хидројаловиштето во рудникот „Саса“ се „отвори“ во време кога рудникот не работеше, а со тоа и неговите капацитети и објекти беа слабо контролирани. Откако рудникот доби нов сопственик во руската компанијата „Солвеј“, една од првите работи кои оваа компанија ги започна беше изградба на нова, безбедна голема брана. - Со целата одговорност тврдам дека нашето ново хидројаловиште е стопроцентно безбедно по луѓето што живеат на тој простор и по животната околина. „Солвеј“ не жалеше пари за неговата изградба, при што, поради конфигуранцијата на теренот ние моравме да ги преселиме дури и гробиштата во селото Саса. Хидројаловиштната брана е градена според најсовремените светски стандарди, а такво е и нејзиното одржување. Нашиот рудник има служба за одржување на овој објект која врши секојдневни контроли на истиот. Во исто време се грижиме и за старата хидројаловиштна брана на која годинава инсталиравме повеќе водни топови со цел да се спречи прашината, а целиот простор го засадивме со 12.000 багремови дрвца што е стандардна светска постапка за вакви објекти кои не се во функција - вели Борче Коцевски, технички директор на рудникот „Саса“. На конференцијата посебно внимание предизвикаа професорите од универзитетот „Гоце Делчев“, кои нашите рудници ги ангажираат како стручни консултанти за своите потреби. Еден од нив е и Благој Голомеов, доктор по технички науки кој имаше забележително излагање на конференцијата. - Како научна фела силно сме посветени на

градежништво состојбата на хидројаловиштата од аспект на нивната безбедност и нивното влијание на животната средина. Лично мислам оти раководствата на сите наши рудници силно се посветени на квалитетно одржување на своите големи брани, односно нивните хидројаловишта. Сите имаат стручни екипи кои секојдневно вршат мориторинг на состојбата на браните и на (не)загаденоста на водата, воздухот и почвата како на самата брана така и во нејзината околина. Одлично е тоа што инвеститорите во нашите рудници не жалат средства за хидројаловиштата, но треба да се има на ум дека финансиски фонд за следење на ваквите капацитети треба да постои и за периодот кога еден рудник ќе престане да работи, бидејќи опасноста од големи хаварии со последици по луѓето и нивната животна околина тогаш стануваат најголеми - посочува професор Голомеов. Според Николајчо Николов, заменик генерален директор на рудникот за бакар „Бучим“ кај Радовиш и претседател на Македонската рударска асоцијација, хидројаловиштето на „Бучим“, кое пред триесетина години има доживеано една голема хаварија, денес е во одлична состојба и со највисок степен на безбедност. - За овој наш капацитет се грижи посебна служба за екологија која секој ден врши

Борче Коцевски

Благој Голомеов

контрола и ја констатира неговата состојба. Во посебна книга се забележува ситуацијата, така што ние како раководство сме во состојба во секој миг да знаеме за сите евентуални промени на браната. Со цел да не се дозволи загадување на воздухот, ние инвестиравме во пошумување на 40 хектари од јаловишната површина на која засадивме и 85.000 багремови дрвја. Мориторингот е секојдневна работа, бидејќи кај нас е изградена свеста дека не смееме на никој начин да ја доведеме во прашање безбедноста на хидројаловиштето и на неговата околина - вели Николов. Македонската стручна мисла за големи брани предупреди и на новите рудници на чие отворање во нашава држава забрзано се работи. Тоа се рудникот за бакар „Иловица“ во Струмичко и рудникот за бакар „Кадиица метал“ кај Пехчево. Посебно интересен за опсервација ќе биде рудникот „Иловица“ бидејќи се работи за едно од најголемите наоѓалишта на бакар во Југоисточна Европа и бидејќи под него е плодната струмичка котлина која некои ја нарекуваат „стомакот на Македонија“. И сето тоа со намера и цел кога ќе се гради хидројаловиштето, тоа да биде согласно најновите научни сознанија за големи брани, стандарди кои мора да бидат применети на двата нови рудници чија изградба е веќе најавена. n

градежништво

хиДројаловиштата во република макеДонија

Огромно стопанско значење за рударството Проф. д-р Љупчо петковскИ Градежен факултет во Скопје

он крајот на изминатиот месец, Штип беше домаќин на конференција на тема „Хидројаловиштата во Република Македонија“, во организација на Здружението македонски комитет за големи брани (ЗМКГБ). Оваа конференција беше реализирана со поддршка од Градежниот факултет од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) - Скопје и од Факултетот за природни и технички науки од Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) – Штип. На конференцијата беа презентирани одреден број реферати, кои беа отпечатени во Зборникот на трудови, од автори од техничките служби на рудниците „Саса“ и „Бучим“, од градежните фирми ГЕИНГ и ГИМ, како и од научните установи УКИМ и УГД. Темите на конференцијата беа: Проектирање, градба и експлоатација на хидројаловишта, Рекултивација на хидројаловишта, Можности за зголемување на капацитетот на постојните хидројаловишта и Влијание на хидројаловиштата врз животната средина. Може да се забележи дека темите се општи и практично ја покриваат целокупната техничка и административна проблематика поврзана со хидројаловиштата како мултидисциплинарни градежни објекти.

К

Презентација на реферати во хотел Оаза, Штип

Мултидисциплинарноста на хидројаловиштата упатува на фактот што само со рамноправно учество на експерти по хидротехника, рударство, геотехника и животна средина, може да се добие коректно и складно решение за овие комплексни инженерски објекти Мултидисциплинарноста на хидројаловиштата упатува на фактот што само со рамноправно учество на експерти по хидротехника, рударство, геотехника и животна средина, може да се добие коректно и складно решение за овие

комплексни инженерски објекти. Сложеноста на хидројаловиштата произлегува од следните два фактори. Прво, јаловиштата се составени од бројни објекти: иницијална брана, песочна брана, таложно езеро, дренажен систем, водоспроводници за одведување на избистрена вода и објекти за заштита од надворешни води (осреднети протекувања и поплавни бранови), поради што треба да бидат проверени

Модел на јаловиштето Тополница со региони за 6 различни материјали. 1 и 2 - чакал во тело и глина во јадро на иницијална брана, 3 - песок од хидроциклонирање во песочни брани, 4,5 и 6 - песоклив муљ, муљевит песок и муљ во таложно езеро 14

ПОРТА

3

16 ноември 2012

градежништво

Круна на јаловишна брана Тополница

Рудник Бучим, Радовиш

поголем број сигурности: конструктивна (статичка и динамичка), филтрациона, хидролошка, хидраулична и еколошка. И второ, поради огромниот волумен на таложното езеро, претставуваат насипни конструкции со највисок потенцијален хазард за опкружувањето. Имено, при евентуално уривање на песочната брана и нагло празнење на таложното езеро, можни се огромни материјални штети и човечки жртви, како и трајна деградација на животната средина во низводната речна долина. Како примери за големи катастрофи кои трајно ќе сведочат за високиот праг на ризик на хидројаловиштата ќе ги

наведеме хавариите во: САД 1972, Buffalo Creek со 125 загинати, Јужна Африка 1974, Bafokeng со 3 милиони м3 излеана јаловина на низводно растојание од 45 km, Италија 1985, Stava со 269 загинати, и Шпанија 1998, Aznalcollar со 1,5 милиони м3 излеана јаловина која покрила 4,5 илјади хектари од низводната долина. Според податоци од ICOLD од 2001 година, регистрирани се 221 хаварија кај јаловишните брани, иако не е тешко да се претпостави дека овој број е далеку поголем. На оваа црна листа, под број 185, е забележана и хаваријата на јаловиштето на рудникот „Злетово“ (Пробиштип) во 1976 година. Како

причина е наведен проблемот со дренажниот систем кој предизвикал високо ниво на филтрационата линија и преголемата стрмнина на низводната косина. За време на делумното уривање на браната, таа била висока 25 м, а од таложното езеро се излеале 300 илјади м3 јаловина, што предизвикало контаминирање на низводната долина и прекин на водоснабдувањето во Штип за повеќе од 24 часа. Најдобра потврда за огромното значење на хидројаловиштата е што еден од техничките комитети на Меѓународната комисија за големи брани e токму за Јаловишни брани и таложни езера (ICOLD Committee on Tailings dams and Waste Lagoons). Овој комитет има публикувано 10 билтени, каде се систематизирани препораки со кои се обезбедува хидројаловиштата да бидат сигурни, ефикасни, економични и еколошки одржливи системи. Според атрактивноста, јаловишните брани не може да се поистоветат со класичните брани, од едноставна причина што тие се наменети за складирање на отпадни материи, за разлика од браните, каде во акумулациите се складира вода – драгоцена течност неопходна за опстанокот на човекот. Меѓутоа, сличностите помеѓу јаловишните брани и насипните брани (за формирање на водни акумулации), придонесоа голем број процедури, постапки и техники, развиени за проектирањето, градбата и одржувањето на насипните брани, да се применуваат кај јаловишните брани. Сепак, бројните извештаи за хаварии кај јаловишните брани во последните неколку децении, секаде во светот па и кај нас, упатуваат на заклучок дека техничката сигурност не била контролирана со иста строгост како за насипните брани. Овој факт произлегува, пред сè, од долготрајната изградба на јаловишните брани (каде како градежен материјал се користи песок добиен со процесот на хидроциклонирање во фаза на користење на јаловиштето), засилена со решенијата за зголемување на капацитетот на таложното езеро - со што дополнително се пролонгира експлоатациониот период. Во Република Македонија постојат четири активни флотациски јаловишта, за рудниците „Бучим“ (Радовиш), „Саса“ (М.Каменица), „Злетово“ (Пробиштип) и „Тораница“ (К. Паланка), и две пасивни јаловишта на рудниците „Лојане“ (Куманово) и „Југохром“ (Јегуновце). Слично како кај класичните брани (за водни акумулации), така и за јаловишните брани, грижата за нив практично не смее  16 ноември 2012 ПОРТА

3

15

градежништво да биде прекината во постексплоатациониот период. Постојаната грижа за хидројаловиштата се состои во перманентна оскултација и проверка за степенот на регуларно однесување на геосредината од градежен и еколошки аспект. На конференцијата беа презентирани нови проектантски, изведбени и истражувачки достигнувања во наведениве области. Посебен интерес предизвикаа презентациите за: (1) влијанието на флотациските јаловишта врз животната средина и пристапот при избор на локација на хидројаловишта; (2) примената на геосинтетички материјали за обезбедување повисок степен на заштита на животната средина и потребна стабилност при надвишување; (3) димензионирањето на дренажните конструкции за обезбедување на филтрациона јакост; (4) примената на нумеричките анализи за проценка на ликвифакција; (5) законската регулатива за управување со флотациската јаловина; (6) обемот и квалитетот на техничката документација за санација и рекултивација на стари јаловишта; (7) биомелиорациската ревитализација на хидројаловишта; (8) проценката на сеизмичката отпорност со еквивелентен линеарен метод; и (9) испитувањето на амбиенталниот воздух, аероседимент и прав во близина на рудниците. Сите презентации предизизвикаа плодни и корисни дискусии на учесниците на конференцијата од градежната и рударската фела, со што се добија дополнителни ефекти во проширувањето и унапредувањето на знаењата по наведените теми. Покрај теорискиот дел од конференцијата, квалитетно беше спроведен и практичниот дел на конференцијата, со стручна посета на хидројаловиштето Тополница, во организација на љубезните и ведри домаќини од техничката служба на

Стручна посета на хидројаловиштето Тополница на рудникот Бучим Радовиш

рудникот „Бучим“ (Радовиш). Хидројаловиштето Тополница, со височина над основата кај иницијалната брана од околу 120 m, e една од највисоките јаловишни брани во Европа. До 2011 година во ова јаловиште се складирани 105 милиони тони јаловина, а моментната круна на песочната брана е на кота 642.0 мнв. Во крајна фаза, круната на јаловишната брана ќе достигне до котa 654.0 mnv, со што височината на браната до низводната ножица, (на кота 520.0 mnv), ќе достигне 134.0 m. Така што оваа брана ќе биде највисока брана во Република Македонија, повисока и од постојната највисока насипна брана Козјак, која според проектот од изведена состојба има височина од круната до фудаментот на глиновитото јадро од 130.4 m. На крај, би истакнале дека учеството на конференции е од непроценливо значење за инженерите, независно од тоа дали се занимаваат со теориска или практична

дејност, ако тие може воопшто да се разграничат. Овие конференции се можност за добивање нови сознанија, за неопходни контакти и комуникација со колеги од други центри и, што е најбитно, за размена на искуства и споредба на резултатите од практичните и научноистражувачките активности. Рударството има огромно стопанско значење за Република Македонија, па изборот токму во Штип да се одржи оваа конференција, во чија близина се наоѓаат четири големи рудници со активни хидројаловишта, се покажа целосно оправдан. Ја ползуваме оваа можност да се заблагодариме на: ЕЛЕМ (главен спонзор на конференцијата), рудник Бучим (Радовиш), рудник Саса (М.Каменица) и Градежен факултет (Скопје), без чија финансиска помош, реализацијата на Конференцијата за хидројаловиштата во Република Македонија, ќе беше тешко изводлива. n

Асоцијацијата на архитекти на Македонија - ААМ објавува

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на Големата годишна награда на ААМ за 2012 година Големата годишна награда за архитектура на Асоцијацијата на архитекти на Македонија се доделува за најуспешно реализирано архитектонско дело во текот на календарската година. Покровител на наградата е Претседателот на Република Македонија, а спонзор на наградата е Македонската авторска агенција. Право на учество имаат сите архитекти членови на ААМ кои се државјани на Република Македонија, односно сите овластени правни и физички лица во Република Македонија. Рокот за пријавување на трудовите што ќе конкурираат за Големата годишна награда на ААМ е 30.11.2012 г. Рокот за предавање на трудовите што ќе бидат селектирани од страна на жирито е до 09.12.2012 г. Пријавата треба да ги содржи следниве податоци: име на проектот (објектот), локација, автор/и, соработници, фирма, инвеститор, година на проектирање и изведувач. Материјали кои треба да се достават во прилог на пријавата се (минимум) 3 листа со графички прилози (карактеристични основи, пресеци и фасади и фотографии) и (минимум) 1 лист со текстуален опис на задачата, локацијата, концептот, материјалите и сл, на А4 формат. Пријавите можат да се достават во канцеларијата на ААМ, на ул. Даме Груев бр. 14а во Скопје. Телефон/факс за информации е 3237-277, е-пошта: contact@aam.org.mk Пристигнатите трудови ги разгледува, оценува и донесува одлука за добитникот на наградата петчлено жири, кое е составено од: претставник од Архитектонската академија на ААМ и четворица афирмирани архитекти, членови на ААМ. Големата годишна награда на лауреатот му ја доделува Претседателот на Република Македонија, на традиционалната Новогодишна средба на архитектите која се одржува кон крајот на месец декември.

градежништво

Браната Три клисури - најголема хидроелектрана во светот Изградбата на браната „Три клисури“ е најскап поединечен градежен проект во светот. Се проценува дека нејзината изградба чинела околу 25 - 27 милијарди долари, додека според некои неофицијални податоци, трошоците достигнуваат и вредност од 70 милијарди долари . 18

ПОРТА

3

16 ноември 2012

громната и контроверзна брана „Три клисури“ (Three Gorges) или Браната на три кањони ја преградува реката Јангцекјанг, кај Сандоупинг и Ичанг во кинеската провинција Хубеј. Идејата за изградба на брана потекнува уште од далечната 1919 година, а со цел искористување на нејзиниот огромен хидроенергетски потенцијал и заштита од поплави. Самата изградба на оваа брана започнала во 1993 година, и оваа брана претставува најголема хидроелектрична брана во светот, која е за околу пет пати поголема од Хуверовата брана во САД. Резервоарот почнал да се полни на 1 јуни

О

2003 година. Изградбата на најважните делови на браната е завршена на 20 мај 2006 година, а на крајот од октомври 2008 година се инсталирани уште неколку генератори. Изградбата на браната „Три клисури“ е најскап поединечен градежен проект во светот. Се проценува дека нејзината изградба чинела околу 25 - 27 милијарди долари, додека според некои неофицијални податоци, трошоците достигнуваат и вредност од 70 милијарди долари. Браната има неколку функции: енергетска производство на електрична енергија, спречување на поплавите, како и зголемување на пловниот дел од реката; електро-енергетската функција на хидроелектраната се гледа во фактот што произведува 3,88 % од вкупната годишна

градежништво

потрошувачка на електрична енергија во Кина, што само по себе зборува за значењето на овој хидроенергетски проект. Спречувањето на поплавите е втората карактеристика и значајна функција во регулирањето на хидроенергетските варијабили на самата река. Пловноста што ја овозможува реката Јангцекјанг преку изградбата на браната е третиот не помалку значаен од претходните два суштински елементи на позитивните страни на овој хидроенергетски проект. Пловната површина на вештачката брана со своја должина од 2.259 километри претставува значаен економски потенцијал на Кина и поврзувањето на нејзините подрачја. Но за жал, браната може да биде запаметена и по своите негативни влијанија на социјален и еколошки план за самата Кина, а не само поради

своите извонредни технички можности. Основни податоци – карактеристики на браната: • Најголема брана во светот • Вид: бетонско - гравитациона брана • Висина на браната: 185 метри • Осовинска должина: 2.309,47 метри • Волумен на акумулационото езеро: 39,3 милијарди m3 • Време на реализација: 16 години • Работна сила: 25.000 работници, од тоа 40 % жени

• Материјал: - 1,92 милиони тони челични профили - 10,82 милиони тони цемент - 1,6 милиони тони дрвена граѓа - вкупно 26,89 милиони m3 бетон • Температура на бетонската мешавина: 7°C • Големина на максималното зрно на агрегатот: 15 cm • Ископ: 102,59 милиони m3 нанос • Изградба на 231.000 m2 водонепропустливи бетонски ѕидови • Електрана: - производство на струја: 22,5 милиони kWh (приближно 15 нуклеарни реактори) - генератори: вградени 32 генератори, секој со јачина од 700 mW - проток: 43.000 m3 вода во секунда • За електраната се потопени 13 поголеми градови, 140 гратчиња, 1.352 села, 657 фабрики и 30.000 хектари на култивирана земја и иселување на 1,9 милиони жители. n

16 ноември 2012 ПОРТА

3

19

дрвно градежништво

Фасада и хоризонтална површина

Заштита на дрвото александар черепналкоскИ дипл. инж. по дрвна индустрија

рвото е извонреден материјал кој убаво изгледа, цврст, издржлив и еколошки прифатлив за околината. Во ова време кога сè повеќе се зборува за зелена градба, дрвото е најдобриот избор за градење. Ја прочистува атмосферата додека расте и ја храни земјата на крајот од неговиот животен циклус. Дрвото е единствениот вистински обновлив материјал за градење. Но и покрај овие квалитети, многу архитекти и градежници, не разбирајќи го дрвото во целост, трошоците за одржување

Д Фасада

Двор

20

ПОРТА

3

16 ноември 2012

на објектите ги ставаат на прво место и често избираат други материјали за градење. Критичните одлуки кои се донесуваат на почетокот од проектот ги зацртуваат трошоците за изведба и одржување. Кога дрвото се употребува правилно во фазата на проектирање, и исто така се внимава на дрвниот вид којшто се избира, потребата за често одржување нема да постои, и тоа како градежен материјал може да биде конкурентен со сите други останати материјали на пазарот.

Внимание за едноСтаВно одржуВање Во проектирањето на дрвните конструкции, подготовките и вниманието на деталите, како и изборот на премачкувач кој ќе го заштити дрвото од надворешните влијанија, се клучни

дрвно градежништво за успешен и траен дизајн. Прво, треба да бидеме сигурни дека дрвото е со соодветен процент на влага за предвидената намена. Ова само по себе во голем дел го заштитува дрвото од напад на микроорганизми и од распаѓање. Доколку претпоставуваме дека дрвото во многу наврати би се наводенувало на позицијата каде ќе биде поставено, предвид треба да ги имаме и дрвните материјали кои се длабоко импрегнирани со заштитни средства или дрво третирано под притисок. Но, и овие методи на заштита на дрвото не секогаш имаат ист ефект кај различни дрвни видови. Второ, мора да се размислува во насока на заштита на куќата. Затоа се предвидуваат долги настрешници кои не дозволуваат дрвото да биде секогаш изложено на временските влијанија. Или доколку има фасадни површини кои се многу изложени на атмосферски влијанија, тогаш дрвото можеме да го поставиме на фасадата што е во заветрина. Дрвото може да биде стабилно и во позиција на голема изложеност на атмосферски влијанија, но во тој случај треба многу внимателно да се избере дрвниот вид, заштитата и димензиите на дрвните елементи за да се гарантира заштитена и стабилна површина која ќе може да се користи со генерации. За пример може да се посочи соодносот што се препорачува за фасадни елементи, а тоа е ширината на елементот да биде најмногу 6 пати поголема од дебелината. Исто така и пресекот на дрвото и насоката на дрвните влакна има големо влијание во издржливоста на дрвните елементи. Со внимателно разгледување на сите овие детали драстично се намалуваат промените во димензии на дрвото и се намалува опасноста од оштетувања, пукнатини и слично.

дрВни ВидоВи Естетските вредности на дрвото многу често играат голема улога во селекцијата на дрвниот вид. Но тоа не треба да биде така, дрвниот вид треба да се избира според неговите технички карактеристики. Како на пример срцевината на големата туја, природно е многу отпорна на влага и распаѓање, комбинирана со добра ориентација на дрвните влакна може да опстои со декади како надворешна подна површина. Смрчата, од друга страна, е многу погоден дрвен вид за употреба во конструкциите, но поради слабата отпорност на влага поретко се употребува за екстериер без заштита. Дрвото што се користи за прозорци и врати мора да има низок процент на влага, но бидејќи се користат во надворешни услови, овие производи мораат да бидат

високо заштитени со заштитни премачкувачи кои нема да дозволат промена на диминзиите на дрвото и притоа нивната функционалност ќе биде задржана. За таа цел, често се користат средства за импрегнирање на дрвото врз кои потоа следува декоративна завршница за убав изглед. Но овде мора да се напомене дека големо внимание треба да се посвети на компатибилноста на заштитните производи кои се користат за премачкување на дрвото. На пример, најпосакувани завршни премачкувачи се оние што формираат филм на површината на дрвото, кој формира заштитна обвивка. Доколку се случи филмот да се оштети или да испука, импрегнираниот слој може за кратко да го заштитува дрвото додека не се изврши обнова на филмот.

Хоризонтална надворешна површина

надВорешни хоризонтални поВршини Хоризонталните површини претставуваат сосема различен проблем за разлика од вертикалните како што се фасадите, прозорците, вратите и друго. Тие треба да се спротивстават на постојаното влијание на надворешните атмосферски влијанија и константниот притисок од минувачите. Премачкувачите што прават заштитен филм, не можат да се искористат на овие површини, бидејќи за многу кратко време оштетувањата ќе бидат толку големи што ќе треба да се реконструираат. Најдобро решение за заштита на овие површини се премачкувачи кои го заштитуваат дрвото со импрегнација, односно длабоко навлегување на заштитниот слој во порите на дрвото. Во зависност од квалитетот на премачкувачот, одржувањето треба да се спроведува од две до пет години. При изборот на премачкувач треба се внимава и на бојата, односно пигментот, заради тоа што количеството на пигментот има исто така значајна улога во неговите заштитни својства. Што повеќе пигмент, тоа подолго трае заштитата. Пигменти од добар квалитет, особено железните оксиди, претставуваат одлична заштита од ултравиолетово зрачење. Но сепак, многу архитекти високите естетски вредности на дрвото сакаат да ги покажат, а не да ги покријат со голем слој на пигменти. За таа цел се користат транспарентни премачкувачи каде со новите технологии за нивно производство се употребува многу поситна гранулација на железните оксиди, а со тоа се добива подобра УВ заштита. n

16 ноември 2012 ПОРТА

3

21

eнергетска ефикасност

Сончева енергија во архитектурата

Колектори и панели кои го разубавуваат објектот проф. д-р. Илија насов дипл. инж.

Искористувањето на соларната енергија има огромни можности во повеќе области: хотели, спацентри, пиварници, млекарници, индустрија за храна, кланици, текстилни фабрики...за сите индустрии кои користат топла вода до околу 80OC за санитарна, технолошка, вода за одржување на хигиената, најевтино е загревањето со соларна енергија.

Објектот на „Камел Солар“ каде се инсталирани сончеви колектори на кровот

то значи терминoт сончева енергија во архитектурата? Одговорот на ова прашање е повеќезначен. Но ние овде ќе се задржиме само на еден од повеќето одговори. Според нас, под него се подразбира искористување на сончевата енергија за добивање топлина или електрична енергија од сончеви топлински колектори или фотоволтаични панели кои се вклопени во објектот, на покривот или во фасадата, но кои не го нарушуваат архитектонскиот изглед на

објектот. Напротив, го разубавуваат. Во развојно-истражувачкиот центар за плазма технологии и соларна енергија, долго време работиме на развој и истражување на површинскиот инженеринг, а посебно на претворувањето на сончевото зрачење во топлина, што секако се случува на површината на апсорберот на колекторот. Разработувајќи го овој феномен дојдовмe до големи сознанија, како во овoј момент да се добие највисоко искористување на соларната енергија, која секако е со огромен потенцијал, илјадници пати (8.640) поголем од вкупните потреби за енергија на земјата. Центарот за плазма технологии и развој на

Ш

Базенот на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ 22

ПОРТА

3

16 ноември 2012

Хотелот „Зебра Скопје“

соларната енергија „Плазма“ изработи повеќе студии, проекти, иновации, патенти и на крај врз основа на сето тоа ја формиравме интернационалната компанија за производство на соларни термални колектори „Камел Солар“. Направивме соларни термални колектори со највисок коефициент на ефикасност, ги добивме највисоките европски стандарди за квалитет СОЛАР КИ МАРК и сега сме присутни на пазарот со овие производи. Направивме повеќе соларни системи во земјата и во светот, заедно со македонски компании за инсталирање на сончеви комбинирани системи и сите инвеститори

eнергетска ефикасност Нови видови На соларНи колектори од „камел солар“ Хибриден соларен колектор за топла вода со соларни келии за

Вакумски и плочести колектори од Камел Солар

Фасадни - прозорски колектори на „Камел Солар“, кои се инсталираат во постоечки профили

досега, без исклучок, го изнесуваат безрезервното одушевување од ефектите на тие системи. Она што беше навистина цел, која ја поставивме во „Камел Солар“, е инсталирањето на соларните колектори да не биде само со колектори на покрив, кои не се вклопени во кровот и стрчат од него, го нарушуваат архитектонскиот изглед на самиот објект, туку да се интегрираат во покривот и во фасадите. За во еден регион искористувањето на соларната енергија да си дојде на адекватно ниво, споредено со регионите на Австрија, Грција, Германија...скоро цела ЕУ, освен

Приватна куќа со инсталирани плочести и вакуумски колектори Базен во Лондон

многу други фактори кои имаат големо влијание, секако еден од најважните е ставот на архитектите, проектантите и градежниците кон искористувањето на соларната енергија. Како резултат на многу средби со нив, дојдовме до сознание дека голем дел од нив имаат позитивен, и обратно, огромен дел негативен став. Навистина тие имаа право во тоа, бидејќи кажуваа еден многу важен аргумент: Како еден станбен или деловен објект да користи сочева енергија, кога со поставувањето на соларните колектори ќе се наруши архитектонскиот изглед на објектот, нешто што за нив е неприфатливо, а секако е многу важно, често пати и најважно, со што се

согласуваме и ние. Кога тие ги гледаа постоечките типови на плочести колектори кажуваа дека сите имаат една карактеристика: надворешниот изглед на колекторот е со заварени линии, бранови или точки од заварувањето, кондензација во зимскиот период, и не би можеле да го постават на фасадата бидејќи таа навистина ќе се наруши, а тоа е најубавиот дел од објектот. И токму тогаш си ја поставивме високата цел - да направиме плочест соларен термален колектор, кој, ако се погледне од предната страна, ќе биде речиси идентичен со фасадно стакло во боја, најчесто темносино, но можни се и уште неколку бои. Оваа идеја се претвори во реалност кога ја формиравме интернационалната компанија „Камел Солар“. Со наша идеја и проект германска фирма ја произведе нашата машина, засега единствена машина на која може да се призведува ваков вид на апсорбер-колектор. После тоа следуваа огромен број тестирања за оптичките и термичките карактеристики на колекторите и во најголемата светска компанија за производстсво на селективни превлаки се добија резултатите: најдобра ефикасност на апсорберот „Камел Солар“. Така почна производството на овој вид колектори.  За да се има целосно сознание околу 16 ноември 2012 ПОРТА

3

23

eнергетска ефикасност иНсталирање На соларНите колектори во архитектурата

искористувањето на соларната енергија, со посебен акцент на нејзиното искористување во архитектурата, сигурно треба една серија од текстови. Почнувајќи од објаснување на соларното зрачење и неговите карактеристики, претворувањето на соларното зрачење во топлина, уредиколектори за претворање на тоа зрачење во топлина, кои се важни фактори за тоа да има најголем ефект. Потоа, начини на поставување на колекторите, видови колектори, избор на најадекватен колектор за одредена намена – апликација, додатни извори на енергија во т.н. комбинирани

соларни системи, компоненти на соларен и комбиниран соларен систем, .... „Камел Солар“ и „Плазма“ одржуваат семинари, work shop, консултации, даваат помош во димензионирање на соларни системи, еднодневни курсеви за инсталатери, проектанти, архитекти и други заинтересирани страни, се со цел да се подобри основното знаење за соларната енергија и нејзиното искористување, посебно за загревање на санитарна вода и за простор. Искористувањето на соларната енергија има огромни можности во повеќе области: хотели, спа-центри, пиварници, млекарници, индустрија за храна, кланици, текстилни фабрики...за сите индустрии кои користат топла вода до околу 800C за санитарна, технолошка, вода за одржување на хигиената, најевтино е загревањето со соларна енергија. n

Инсталирање на соларни колектори при реновирање на станбени згради

иНсталирање На соларНи колектори во кровови

24

ПОРТА

3

16 ноември 2012

Инсталирање на соларнивакуумски и плочести колектори на балкони, тераси и настрешници

интервју

Крсто тодоровсКи, добитниК на наградата „андреја дамјанов“

Сe што сум замислил во животот, сум остварил „Работев две и пол години со два саати спиење“, вели Крсто Тодоровски, годинешниот добитник на наградата „Андреја Дамјанов“, која ја доделува ААМ. Голем е неговиот придонес од областа на просторното и урбанистичкото проектирање во Македонија. Меѓу позначајните активности се проектирањето на Хидрометеоролошкиот завод во Скопје, хотелот„Макпетрол“ во Маврово, реконструкција на Ристиќева палата, ревитализација на манастирите„Св. Јоаким Осоговски“ и„Св. Јован Бигорски“ и многу други. Кате АНТЕВСКА социјацијата на архитекти на Македонија оваа година одлучи токму Вас да ви ја додели наградата „Андреја Дамјанов“ за животно дело и за придонес во развојот на македонската архитектура. Имате богат творечки опус, во Македонија и надвор, дали го очекувавте ова признание? n Воопшто не ја очекував наградава. Пресреќен сум и чест ми е, избран сум од мои колеги. Јас како архитект бев популарен уште во Југославија, не само во Македонија. Имам многу прокети зад себе. Сум работел на урбанистички планови и сум прокетирал во многу градови низ Македонија, како Кичево, Гостивар, Дебар, Скопје, Берово и други. Во Маврово го имам прокетирано хотелот „Макпетрол“, во Дебар бањите и хотелот во Бањиште, потоа Градските порти во Гостивар и Неготино, Стопанска банка во Маврови Анови, пензионерските домови во Кичево, Берово, Крива Паланка и Велес, повеќе бензиски пумпи и многу други објекти. Во Скопје не се наоѓаат маркантните градби кои сум ги проектирал, освен зградата на Хидрометеоролошкиот завод. Многу бев ангажиран и надвор од земјава, во Црна Гора, Словенија, Кина, Мароко и на други места. Вака, заокружено, можам да кажам дека имам проектирано повеќе од илјада станбени згради, околу двеста административни, па и верски објекти. Бев многу баран бидејќи бев повеќестран, работите ги работев буквално од нула, од нива до клуч на рака.

А Забележлив авторски опус Во соборниот храм „Рождество на Пресвета Богородица“, на архитектот Крсто Тодоровски свечено му беше доделена повелбата „Андреја Дамјанов“ за животно дело од областа на архитектурата и градежништвото. Комисијата за доделувањето на наградата, чиј претседател беше Мимоза Томиќ, во своето образложение истакна дека во опсегот на работата на Тодоровски особено е впечатлив богатиот опус од областа на урбанистичкото и просторното планирање, дека има голем придонес во креирањето на архитектонските објекти и дека неговата работа е во трендот со современата македонска архитектура и урбанизам. Неговото творештво едногласно го оценија како опус со различни и многубројни професионални квалитетни теми со забележлив придонес во развивањето на архитектонската урбанистичка мисла и реализација во Македонија. 26

ПОРТА

3

16 ноември 2012

По дипломирањето работевте во Дирекцијата за обнова на Скопје, а потоа во Заводот за урбанизам на Р. Македонија. Како се одвиваа работите во тоа време? Ако треба да издвоите архитект кој извршил најголемо влијание во вашето формирање како архитект, кој би бил тој?

интервју

Eден од најпознатите остварувања е Хидрометеоролошкиот завод во Скопје

n Дипломирав на Архитетектонскиот факултет во Скопје во 1962 година кај професор Драгољуб Јовановиќ. Ми беше предложено и асистентско место на факултет, арно ама даваа малку пари, а мене тогаш навистина ми требаа. Затоа се вработив во Дирекцијата за обнова на Скопје. Таму бевме добар тим и заедно одлично функциониравме. Проектирав 12 населби и 52 објекти во Скопје. Тоа е цело Скопје! Имавме високи плати, имаше пари. Добив и орден на трудот. Но, тоа не ме задоволи, моја желба беше да работам во Заводот за урбанизам на Македонија, затоа што сакав да бидам во близина на Чехот Лудек Кубеш, да учам од него. Во тоа време тој беше најдобар. Сè што знам сум го научил од Кубеш, милам дека потоа станав негова достојна замена. До 2000 година бев директор на државниот Завод за урбанизам. уште од почетокот на вашата професионална кариера се определивте за просторното и урбанистичкото проектирање. еден од вашите големи зафати е учество во изработка на урбанистичкиот план на градот Бар во Црна Гора. раскажете ни како се случи оваа соработка? n Мене и моите колеги нè повикаа во Црна Гора да работиме на генералниот урбанистички план на Бар. Прво не однесоа во центарот на Бар да видиме со кои проблеми се соочува градот и ни ги покажаа темелите од 30 бараки, кои требаше да се обноват. Јас не бев за градење бараки. Претходно работев на обнова на Скопје 

Хотелот „Макпетрол“ во Маврово, дело на Тодоровски

16 ноември 2012 ПОРТА

3

27

интервју

Тодоровски работеше на првата ревитализација на манастирите Св. Јован Бигорски и Св. Јоаким Осоговски

Станбен комплекс во Скопје

и никако не смееше да се направи истата грешка во Бар, како што се направи во Скопје. Се сеќавам, Скопје стана долго 24 километри поради тие бараки. Бараките зафаќаат многу простор, јас сакав да се направат згради во кои ќе може да се соберат повеќе од четири илјади живеалишта. Од мене беше побарано да направам план на населба, која подоцна почнаа да ја викаат „македонска населба“, бидејќи јас работев на неа. Кога ќе се сетам само колку многу бев преокупиран. Работев две и пол години со два саати спиење. Кога ќе дојдеше некој кај мене на гости, ќе ме најдеше со главата на биро. Додека проектирав бев под постојан надзор и тоа на многу познати и битни луѓе од оваа сфера. Среќа сè се заврши како што треба. Планот беше донесен, а јас презадоволен. За овој проект добив и две награди, кои се доделуваа во Црна Гора. Бев прв Македонец кој добива награди од овој вид. Потоа на ред дојдоа многу објекти, како спортски центри, па Биотехничкиот

факултет, Центарот за биолшки истражувања и друго. освен со проектирање се занимавате и со реконструкција и ревитализација на историски објекти и споменични целини, меѓу кои и ревитализацијата на манастирите „Св. Јован Бигорски“ и „Св. Јоаким осоговски“ и на старите чаршии. Кажете ни нешто повеќе за овој сегмент од вашата работа? n Јас ја правев реконструкцијата на Ристиќева палата и на уште три згради на улица „Маршал Тито“, во строгиот центар на градот. Имам напишано и книга „Скопје во 20 век“. Едно од позначајните работи е и првата ревитализација на манастирите Св. Јован Бигорски и Св. Јоаким Осоговски. Сакавме да ги оспособиме манастирите, основна цел беше да се создадат услови за посета на туристи. Работев и на конаците и на црквите, а мој соработник тогаш беше Цветан Грозданов. Не само објекти, мој интерес беа и Првата реконструкција на Ристиќева палата ја направи Тодоровски

28

ПОРТА

3

16 ноември 2012

интервју омилени. И да, во Скопје најмаркантен е Хидрометеоролошкиот завод. Има цела историја за тоа како е направен. Пред да почнам да го работам објектот, неколку месеци патував за Белград, Словенија и Загреб, за да научам што е тоа метеорологија. Инаку не би можел да направам таков објект. Проблем беше и локацијата. Прво имаше предлог да се направи на местото каде што се наоѓа Казнено-поправниот дом. Јас ја избрав денешната локација, затоа што ми даде поголема можност за работа, плус е на влез во Скопје. Зградата е направена во кубуси, што произлезе од нејзината содржина. Пред да почне да се гради, тимот статичари ја одобрија изградбата, без нивно мислење не би ни почнал да ја правам.

Скопје доволно се прошири, и не му треба повеќе ширење. Според мене, треба да се обноват старите маала. Зошто да не се гради во Маџир Маало, Крњево, Ново Маало?

чаршиите. Во Скопската чаршија сум работел само на неколку објекти, на влезот од чаршијата, а целосна ревитализација правев на Старата чаршија во Кичево, потоа на таканаречената Ајдучка чаршија во Кратово. Во Берово го „преместивме“ главниот пат за да не се наруши чаршијата. Сте учествувале со свои проекти и надвор од границите на македонија и Балканот, во Кина и мароко? Во што се состоеше вашата работа? n Учествував на многу меѓународни проекти. Јас го правев прокетот за населба во Каиро, на самиот влез. Ме повикаа да правам школо. Ги проектирав сите административни згради, па и една џамија. Меѓу поголемите прокети беше учество на конкурс за реконструкција на градски кварт во еден град во Кина. Влегов во потесниот избор. Концептот беше многу интересен. Во една зграда, од први до десетти кат се наоѓаа бизнис центри, гаражи, продавници и административни простории, а од десетти кат па нагоре имаше фудбалски игралишта, базен, спортски терени. До детаљ сум правел пресметки и анализи. Во кој период од денот колку луѓе влегуваат и излегуваат, колку луѓе на минута поминуваат на конкретен кат и друго. Мора сè да се пресмета ако сакаме градбата да биде функционална. Не е само да се изградат зградите. Треба и да живеат. можете ли вашите објекти да ги ставите во некаква стилска рамка? раскажете ни нешто повеќе за едно од најпознатите дела -хидрометеоролошкиот завод во Скопје. n Не можам да кажам стилски во кој правец се движам. Секој објект се разликува еден од друг. Пред да почнам со проектирање морам прво да ја знам локацијата, содржината и намената на објектот, инаку не почнувам со работа. Немам ниту омилен објект, сите ми се

,,

крсто тодоровски

Гледајќи го Скопје денес, што би измениле? n Скопје доволно се прошири, и не му треба повеќе ширење. Според мене, треба да се обноват старите маала. Зошто да не се гради во Маџир Маало, Крњево, Ново Маало? Ако таму се направат згради ќе се сместат голем број жители. Наместо таму, се гради во Аеродром и Кисела Вода. Моето маало од детството, Дебар Маало, не би требало да се шири на начин како што се прави сега. Треба да се урнат старите куќи, а на нивно место да се изградат нови згради и да се направи нов план и распоред. Велите дека сè што сте постигнале во животот било со упорност, истрајност и многу работа. Гледано од временска дистанца, ја остваривте ли вашата животна цел? n Во животот треба да се биде тврдоглав, ама не во негативна смисла туку во позитивна. Да се биде упорен. Тоа е карактерна особина. Сè што сум замислил, сум го остварил. Ако си истраен по природа, ќе бидеш истраен во сè, па и во работата. Уште од мал бев таков. Се сеќавам дека имав десет години кога заедно со другарите од тимот во кој вежбав отидовме на градскиот стадион. Се играше важен фудбалски натпревар, вриеше од луѓе. Се протнавме на теренот и нè наредија во ред. Ни ставија вреќи на нозете до половина и ни рекоа да трчаме, а кој прв ќе стигне на другата страна на теренот ќе биде победник и ќе добие награда. Гледајќи ги моите другари, шансите за победа беа мали. Тие беа високи, а јас бев низок. Затоа морав да смислам нешто друго. Така ми текна место со трчање теренот да го поминам со колут напред. Другарите трчаа, а јас пред нив минував брзо и се тркалав по тревата. Публиката се смееше и ми аплаудираше. Така стигнав прв! Оттогаш си реков, штом вака победив, сега ќе можам да остварам сè што ќе сакам. n

16 ноември 2012 ПОРТА

3

29

aрхитектура

Од стар објект до современ центар за танц анастасија нИколовска

Членовите на архитектонското студио „3LHD“ ја пренамениле старата киносала „Лика“ во центарот на Загреб во нов мултифункционален центар за современи танци. Идејата била како да се искористи и адаптира објект од културна и историска вредност, а истовремено тој да учествува како во динамиката на изведбените уметности, така и на културната свест на властите. „3LHD“ успеале ревитализацијата да биде неразделив дел од сценариото за урбаниот развој на градот.

рхитектонското студио „3LHD“ е формирано во 1994 година во Загреб, во едно радикално време кога се случува политичката и економската транзиција во Хрватска, а која се одразила и врз улогата и судбината на архитектурата и креативните архитекти. Па така, во овој транзициски период, луѓето од „3LHD“ ги траснформираат околностите во свои предности, така што својата прогресивна мисла ја аплицираат врз еклектичниот дух, кој се пропагира во тој период и е застапен во сите популарни списанија. Иако под постојан притисок од законите на пазарот на транзицијата, тие успеваат да пробијат свој пат, да се стекнат со единствени вештини и да станат уникатни и независни во својот стил. Денес, „3LHD“ функционира како

А

30

ПОРТА

3

16 ноември 2012

интердисциплинарно архитектонско студио, чиешто поле на интереси покрива различни дисциплини: архитектура, урбанистичко и просторно планирање, дизајн, уметност. Ваквиот пристап резултира со серија проекти и реализации во Хрватска и надвор. „3LHD“ има интегративен пристап кон проектите и смета дека освен на функционалноста, архитектурата мора да одговори и на многу други прашања, пред сè од социолошки аспект. Пристапот кон проектирањето секојпат е со различни параметри кои си ги задаваме или кои ни се зададени, односно тој мора да биде интегрален, аналитичен и итерактивен. „3LHD“ има развиено специфична метода на комуникација со инвеститорите во поглед на психологијата на однесувањето, која е базирана на моделите на ефективни очекувања и постигнати резултати. Тој метод е

aрхитектура ревитализација на култната киноСала „лика“ во загреб

еден вид на предбрачен договор што го прави дизајнирањето/проектирањето полесно за самото студио и обезбедува креативен манипулативен простор, додека пак на инвеститорот му гарантира остварување на желбите и барањата.

урБаниСтичКи аСпеКти Во пошироКи рамКи Во дваесеттите години на XIX век, поширокиот центар на градот Загреб бил поделен во долги и тесни парцели. Во тој контекст на густо ткаење и ниска структура, преовладувале полурурални станбени куќи, бараки и занаетчиски работилници. Поделбата на

земјоделското земјиште не утврдувала строго дефинирана урбанистичка мрежа. Како резултат на тој неред, во 1865 година за првпат се отвора прашањето за регулирање и воспоставување на соодветен систем на геометризација. Но, овој предлог стапува на сила дури дваесет години подоцна, во 1887 година, со предлогот за изградба на периметрални блоковски структури, кои ќе дефинираат улични фронтови и еден средишен полујавен простор, слободен пред сè за земјоделски и индивидуални дејсности на жителите. Тие во овие неславни земјишта ги препознале и ги преиначиле во агрикултурни и продуктивни потенцијали. Иако оваа култивирана територија имала мали производни капацитети, тоа за нив претставувало минимална егзистенцијална потпора и еден вид занимација, хоби. Таквата двојна организација на блоковската структура може да се опише како феномен на паралелни градови во срцето на урбаното и модерно јадро на Загреб. Ова е состојба во која периметарот и внатрешноста на блокот се предмет на различни кодови и функционираат според различни просторни логики. Од 1923 година па наваму, со модернизацијата на градот во рамките на внатрешноста на овие регулирани блоковски структури, започнува масовна изградба на нелегални градби кои го загушуваат јадрото на блокот. Низ годините во тие просторни рамки се менуваат бројни хибридни

архитектонски содржини, а многу од нив останале напуштени и претворени во непроодни површини и депонии. Кон средината на XX век од страна на градот Загреб се спроведува иницијатива за изградба на киносали кои имаат за цел да го збогатат културниот дух на градот. Денес овие културни објекти се предизивикани и загрозени од појавата на новата модерна технологија на мултиплекс-кината во Загреб. Но, како историски и култни објекти за развојот на културата во Загреб, тие уживаат посебен третман. Се менува и адаптира само нивната внатрешна програма без да се наруши понатамошниот развој на нивните

урбанистички улоги како јавно-приватни институции кои го вдомуваат сценариото на урбаниот живот на Загреб.

урБаниСтичКи аСпеКти Во рамКи на лоКаЦиЈата Отворањето на новите мултиплекс-кина во Загреб довело до изумирање на традиционалните стари киносали во поширокиот градски центар. Градот Загреб, во чија сопственост е старата киносала „Лика“, одлучил таа целосно да се реинтерпретира и пренамени во нов современ центар за танц, така што овој простор ќе претставува едно место повеќе за нови културни збиднувања. Во новото сценарио на градот, „Лика“ ја добива улогата на нов центар за танц. Со овој проект, на повеќе од 40 танцови групи и клубови, колку што денес ги има во Загреб, ќе им се овозможи да имаат нов заеднички дом во центарот на градот. Објектот се наоѓа во запуштен станбен блок на улицата „Илица“ на само 100 метри од главниот плоштад во Загреб. Преку пасаж се пристапува до локацијата. Во објектот се пристапува преку новоартикулираниот волумен. Има два влеза, едниот е главен и служи за прием на гости за време на премиери и други настани, додека другиот, економскиот влез е за актерите, танчерите и администрацијата. За разлика од главниот влез кој е исфрлен на фасадата, економскиот влез е вовлечен во прекршувањето на објектот.  16 ноември 2012 ПОРТА

3

31

aрхитектура Клучни елементи Во проГрамирањето и планирањето Целата зададена програма е сместена на локацијата на старата киносала „Лика“. Во новиот центар за танц се сместени три повеќенаменски сали, една поголема со телескопски аудиториум за 150 посетители и две помали за вежбање. Своевиден четврти и единствен нов архитектонски елемент на овој центар е влезното лоби, кое претставува еден простор во служба на комуникација и меѓусебно дружење. Тој е сместен бочно на основниот волумен, а неговата закривена форма сугерира движење. Тој е знак на поврзувањето помеѓу плоштадот пред објектот и неговата кровна тераса. Кровната тераса е петтиот елемент и еден од најважните делови на овој проект бидејќи зачувува и обновува една специфична програма - симболика на загрепските кина кои одржувале проекции на филмови под отворено небо на рамните кровни тераси. Центарот за танц во Загреб се надоврзува на традицијата што ја одржуваат голем број загрепски кина и театри во центарот на градот, кои на различен начин ја користат внатрешноста на монументалните блоковски структури како своја природна средина испреплетена со историскиот состав на неформалното градско ткиво. Дворните површини и пристапите на овој центар се неконвенционални фоајеа на отворено. Тие по својот концепт се немонументални и спонтани проширувања кои се активираат по повод танцови настани, а од друга страна пак вдомуваат и различни сценарија од урбаниот живот во Загреб. Јавниот простор на кој се протега двориштето не е посебно раскошно дизајниран. Напротив, тој е елементарно уреден со слој од нов асфалт и едноставни клупи за седење, при што со должно внимание се третирани односно зачувани сите постоечки стебла. Интегрален дел од артикулацијата на отворените простори претставува и разработката на амбиенталната сигнализација во овие отворени фоајеа. Минималистичката графичка интервенција во партерот ја најавува присутноста на објектот уште при пристапот од главната улица „Илица“ кон внатрешноста на блокот, а како дел од интегрално визуелниот идентитет оваа графичка интервенција се провлекува низ двориштето и до елементите во ентериерот. Не станува збор за апликација на полихромни слики, туку едноставни бели линии кои суптилно ве водат низ целиот организам. Овој едноставен и ненаметлив дизајнерски проект се разликува од повеќето визуелно агресивни елементи од урбаната сигнализација, бидејќи 32

ПОРТА

3

16 ноември 2012

нема наговарачка функција – самиот дизајн не треба да повикува кон објектот, туку треба да го означи и естетски да се надоврзе врз концептот на проектот. Во самото двориште владее коморна атмосфеса бидејќи практично нема никакви јавни содржини, а и самата зграда на центарот за танц по својата структура е целосно затворена кон дворот. Три танцови сали со придружни содржини се сместени во внатрешноста на мошне скромниот габарит на киносалата. Некогашната влезна партија со парадни скалила е заменета со нова екстериерна структура – челичен контејнер кој во себе го носи склопот од јавни простории: фоаје, вертикални комуникации и галерија. Тој е

припиен и ползи по фасадата, така што во еден момент се добива впечаток дека е закачен на кровната тераса. Обликуван е така што недвосмислено се перципира како автономен, скулптурален елемент. Уверливоста и компактноста на формата кај овој сегмент се дефинирани со прекршената закосена геометрија еднакво препознатлива како во ентериерот така и во екстериерот. Подот во фоајето е исто така лесно закосен, поделен во повеќе благи рампи кои одат во сите правци. Целата композиција е јасно дефинирана со надворешните габарити кај кои особено е впечатливо дека ја следат неортогоналната геометрија, па може да се каже дека

aрхитектура поглед кој се отвора кон разеленетата кровна градина. Оваа сала воедно е и директно поврзана со екстериерот што ја прави најудобен простор во целиот склоп.

Клучни проеКтантСКи аСпеКти / СпеЦифични оБлиКуВани детерминанти

просторот тече во сите три димензии. За автономниот просторен квалитет особено придонесуваат неконвенцијалните слободно разместени продори во контејнерот. Во интерпретирањето на фасадата е употребено Low-tech решение, се користат перфорирани метални плочи сложени по претходно утврдена дисторзирана геометриска мрежа. Ваквиот пристап сугерира една радикална естетика која е блиска со експерименталниот дух на современата уметничка сцена во Загреб. Самите сали – една главна и две за вежби и проби, заедно со придружните простории се организирани како едноставен и компактен тродимензионален состав. Главната сала е опремена со телескопско гледалиште со капацитет за 150 гледачи. Таа е воедно и најголема, сместена е на призмјето од објектот и пристапот во неа е директно од влезното лоби. Помалата сала за вежбање е предвидена да игра улога на галерија за главната сала, но очигледно е дека не може да се оствари употреблив просторен меѓуоднос поради проблеми со визурите. Од друга страна, навистина поетска ситуација би се остварила доколку оваа мала сала се отвори кон кровната тераса и стане нејзина сцена. Но, поради екстремната „скромност“ на објектот и конструктивните проблеми, таа идеја не била остварена. Особено е убава белата сала со зенитално осветлување и

Очигледно е дека оваа зграда во јадрото на еден периметрален блок, која е одбрана како предмет на интервенција, поставила многу ограничувања во однос на обликуваните детерминанти. Можеби таа се наметнала како логичен избор поради имотните околности, локацијата и меморијата за претходната содржина, но програмата не можела да се развие докрај во духот на прогресивната архитектура, која ја застапува студиото „3LHD“. Како што споменавме на почетокот, овој проект претставува адаптација односно интервенција врз постоечката киносала „Лика“. Стариот објект е изведен во носечки систем од армирано-бетонски ѕидови, врз кои биле додадени повеќе слоеви на изолација и други градежни елементи, аплицирани со цел да ги задоволат барањата и принципите на акустиката. Меѓутоа, со овој проект за повторно оживување на оваа јавна зграда која отсекогаш припаѓала на културата, внатрешноста била соголена до самиот скелет и комплетно дизајнирана во духот на современите уметности. Ентериерот е целосно прочистен од каква било визуелно агресивна декорација. Слично како и во уредувањето на партерот, тука се јавува едноставна, ненаметлива графичка интервенција. Таа се состои од аплицирање на силни монохромни тонови на ѕидните маси, кои заедно со минималистичката сигнализација се вклопени во една композиција која иако разиграна и во духот на уметноста, сепак претставува една елегантна композиција која остава впечаток на стабилна просторна структура. Имено, целиот простор претставува една асиметрична и динамична композиција на волумени и бои. Секоја просторија во објектот се одликува со своја индивидуалност како во просторниот габарит така и во функцијата. Но, разликата не се должи само на овие две детерминанти туку повеќе во обликувањето, игрите со просторните рамнини, разноликоста на ѕидните маси, игрите со висините, испакнувањето и вовлекувањето на површините. Сите овие аспекти влијаат врз создавањето на еден квалитетен простор и можат да се спознаат единствено преку движење низ објектот и негово користење. Просторот и просторните интеракции се оние што ја прават основната супстанца на архитектурата, а материјалот, конструкцијата,

планирањето и обликувањето на формата се алатки на дизајнот. Оттука, едноставноста и прочистеноста на формата како да сакаат да дадат до знаење дека естетиката е во втор план бидејќи архитектурата не е слободна уметност, таа е нераскинливо врзана со реалноста и контекстот.

КонСтруКтиВни аСпеКти Во историскиот осврт не напоменавме дека на оваа локација во 1915 година, првично постоела киносала наречена „Асторија“, но таа била урната, по што биле дефинирани димензиите потребни за да се подигне киносала за која ќе бидат искористени сите потенцијали и капацитети. Врз таа урбанистички утврдена локација била подигната „Лика“. За целите на оваа модерна интервенција, рековме дека старата зграда која имала опасна и дотрајана конструкција била соголена до самиот скелет. Единствените елементи кои останале како вредност се кровната тераса и фасадата. Новоизградениот објект е обликуван од мазна челична структура. Во поглед на изведбата, тој е лесна и монтажна структура која во еден момент како да ја затскрива класичната форма на веќе постоечкиот објект. Освен челичниот контејнер во внатрешноста, изведени се само помали градежни интервенции, кои се сведуваат на изведување преградни ѕидови, нови скалишни комуникации, малтерисување, молерисување, изработка на детали за кровна тераса, итн.

личен Коментар Центарот за танц во Загреб како начин на искористување и одржување на објекти од културна вредност, треба да влијае како на динамиката на изведбените уметности така и на културната свест на властите. Во тој контекст, ревитализацијата на вакви објекти треба да биде неразделив дел од сценариото за урбаниот развој на градот. Комплексноста и чувствителноста при проектирање архитектонско решение кое треба да се аплицира во постоечката програма е исклучително тешка задача, бидејќи пред архитектот се поставени единствените барања на сензибилност и чувствителност. Во таа смисла, кај овој објект програмата што е вметната во старата лушпа е место на доживување на една поинаква архитектура и едно ново просторно искуство, кое претставува рефлексија на социјалната и културна структура. За ова ретко успешно остварување во кое се синтетизирани традицијата и современата прогресивна мисла, можеме само да заклучиме дека во својата суштина има генерирано извонредни архитектонски и естетски квалитети. n 16 ноември 2012 ПОРТА

3

33

aрхитектура и пејзаж

ГРАДЕЊЕ НА КОНТЕКСТ Односот меѓу архитектурата и пејзажот треба да се приспособува од доминација кон интеграција андреа јамакоска рхитектура се светските метрополи, нашите градови, домови, заедници... Нејзината улога не е само да го создаде и реализира објектот, туку да креира атмосфера која ќе се соедини во целокупниот контекст. Постојат неколку инфраструктури, кои е неопходно да се земат во предвид при процесот на дизајнирање. Изграденото опкружување како најочигледен фактор, општествениот контекст испреплетен со природата и тектониката на опкружувањето преку човековото секојдневие, и како последно, природното опкружување се често пати едни од најигнорираните фактори. Градењето контекст е неопходно да се приспособува од доминација кон интеграција.

А

архитектурата како изградена површина Примарно, архитектурата како професија е задолжена за креација на функционалните простори кои се неминовни за населението беспрекорно да функционира. Затоа, нејзина улога е да ги исполнува функционалните потреби подобрувајќи го и потенцирајќи го квалитетот или, пак, намалувајќи ги напорите за реализација на потребите. Како што е неопходно волуменот и неговата структура да соодветствуваат со ентериерната средина за која се дизајнирани, исто така треба да се асимилираат во контекстот на изградената средина која ги опкружува, без разлика дали се работи за градови со голема густина или пак за неизградени средини. архитектурата како одговор на природата Соединувањето на архитектурата со природното опкружување се должи на промените што се случуваат во екстериерното опкружување, вклучувајќи ги и природните фактори, сонцето, ветерот, климатските промени и температурата. Вистинската интеграција може да резултира само преку испреплетувањето на природата со изградениот контекст наместо постоењето на сегрегирани средини, т.е. градот наспроти неизграденото. архитектурата како дел од општествениот контекст 34

ПОРТА

3

16 ноември 2012

Кога би се игнорирало и запоставувало опкружувањето, човекот денес би битувал механички во едно плитко, бездушно општество. Она што навистина придонесува за духот и суштината на еден објект е начинот на кој тој се соединува со душата на човекот. За архитектурата да биде перципирана како добра и функционална, неопходно е да обезбеди релација со психолошките потреби на нејзините корисници, истовремено задоволувајќи ги физичките. Потребата за физички комфор се балансира преку психолошката потреба за постоење на релација со надворешното опкружување.

архитеКтурата и пеЈзажот: три СоСтоЈБи на КорелаЦиЈа Релацијата помеѓу архитектурата и пејзажот претставува вечно поле на дискусија откако архитектурата во поширока смисла како составни елементи ги инкорпорира внатрешниот и надворешниот простор, зградите и парковите, плоштадите и паркинг просторите. Дадениот пејзаж го искусува креаторот со неизмерна низа на ограничувања и можности, кои би можеле да се однесуваат на јасноста и одлучноста ако архитектонскиот дизајн успешно одговара на основните човекови потреби и во себе содржи фундаментални културни вредности. Историјата на архитектурата и нејзиното пејзажно опкружување открива три основни начини преку кои архитектурата и пејзажот би можеле да кореспондираат: контраст, интеграција и реципроцитет. Ретки се случаите кога овие состојби се појавуваат во чиста форма, меѓутоа во секоја ситуација при нивното комбинирање една од нив секогаш отскокнува и Резиденцијален објект, Швајцарија

доминира во однос на останатите две. Контрастот, тензијата и двосмисленоста произлезени при комбинација на бројни варијации не само што го потенцираат изразот на целокупниот дизајн, туку истовремено отелотворуваат богата комплексност во суштината на неговото значење. Сите три состојби подлежат на основните предубедувања за тоа што всушност претставува соодветната релација помеѓу човекот и природата, чиј концепт постојано ја менувал својата суштина во текот на развојот на дизајнот низ историјата.

КонтраСт Контрастот, како една од трите состојби на креирање, ги поставува архитектурата и пејзажот еденододруго, така што преку една типична стратегија објектот се поставува наспроти релативно недопрената обвивка на природното опкружување. Големината, профилот, изразот, бојата и материјалите што го дефинираат објектот дејствуваат на начин да креираат доминантен фокус во однос на непосредната околина. Во целокупниот контекст на архитектонскиот дизајн не постојат градини, тераси кои би дефинирале „мост“ релација, така што резултирачкиот контраст помеѓу објектот и пејзажот всушност ги акцентира нивните суштински индивидуални квалитети. Контрасот како состојба на релација е најчесто употребуван од страна на архитекти, длабоко поврзани со природата, оние што ја доживуваат како независен свет кој негува сопствени процеси, екосистеми и визуелни карактеристики кои неминовно се

Norwegian Wild Reindeer Center Pavilion, Норвешка

диференцираат од делата на уметноста. Оние што ја применуваат оваа стратегија го предизвикуваат аспектот на тврдење дека човекот е всушност природата и дека секој акт на човековото суштество, независно од визуелните контрасти со опкружувањето, претставува експресија на природата, во форма на човекова активност. Објект: резиденцијален објект, швајцарија Архитект: Mario Botta Објектот е лоциран во Riva San Vitale, Тичино, Швајцарија, на терен во пад, со едната страна ориентиран кон езерото Lugano, а со другата отворен кон идиличниот пејзаж на планинскиот врв. Објектот асоцира на изгравиран волумен кој се состои од четири елевации кои соодветствуваат со природното опкружување: езерото, црквата од Мелано, шумата, ливадите како и стариот озеленет

пристапен пат. Секоја апертура на фасадата врамува специфичен поглед и го изразува верувањето на архитектот дека архитектурата претставува креација на локацијата. Затоа, фасадите на објектот не ја симболизираат желбата за декорација на екстериерната површина, туку ја искажуваат поврзаноста на ентериерот на објектот со неговото опкружување, движењето на сонцето или пак поинтираат кон фокус од историско значење. Геометријата на фасадата одговара на апстрактноста на природното опкружување. Битувајќи како просторен масив во однос на смиреното планинско опкружување, објектот претставува специфичен фокус, обележје на околината, како и т.н. граница помеѓу топографијата на теренот и небото, благодарение на сопствената аналогна форма и надворешната обработка.

Објект: Norwegian wild reindeer center Pavilion, норвешка Архитектонско студио: Snøhetta Павилјонот на норвешкиот Центар на диви ирваси се наоѓа во Hjerkinn, периферијата на норвешкиот Национален парк Dovrefejll, и функционира како едукативен центар, добротворен прилог од страна на фондацијата за диви ирваси. Уникатно природниот израз на културен и мистичен пејзаж ја формираат основата на оваа архитектонска идеја. Дизајнот се базира на ригидна надворешна школка која претставува обвивка на органско обликувано внатрешно јадро. Очигледен акцент е поставен на квалитетот и издржливоста на употребените материјали со цел да соодветствуваат на суровите климатски услови во средината. Едноставната форма и употребата на природните материјали го доближуваат објектот кон локалните традиции на градење. Павилјонот со својот робустен и градиентен израз им овозможува на посетителите да ја почувствуваат рефлексијата на околниот пејзаж, истовремено уживајќи во природните, несекојдневни убавини.

интеГраЦиЈа Анализирајќи го процесот на интеграција како тотално спротивен во однос на изразот на контрастот, во овој случај објектот е дизајниран на начин целосно да се асимилира во природното и културно опкружување, заземајќи интегрален дел во целокупната приказна. Во контекст на природниот пејзаж, формата на објектот се случува целосно да се пресликува во однос на топографијата на опкружувањето или, пак, во екстремни случаи, целосно да се асимилира со топографијата.  16 ноември 2012 ПОРТА

3

35

aрхитектура и пејзаж Интеграција во природен облик никогаш не е возможна, поради самиот факт дека изразот на волуменот на објектот очигледно престставува елемент на визуелен контраст при перципирањето на целината. Во контекст на урбано опкружување, каде формата на објектот доминира со изразит интензитет, интеграцијата многу полесно би можела да се постигне кога барем една функција или активност го отсликува или пак интерпретира пејзажот. Често, перципирањето на природата што го потенцира процесот на интегрирање ја подразбира природата како трансцедентна сила која го трансформира човековото постоење или предизвикува свест на длабоко, чувствено психичко доживување. Од друг аспект, доживувањето на природата имплицира на создавање рационален, научен став, перципирајќи ја како комплексно единство на процеси кои е неминовно човекот да ги почитува. Во овој контекст, интеграцијата се доживува како симболика на човековиот капацитет за хармонично приспособување на дизајнот со природата. Објект: Nanyang Technological university, Сингапур Архитектонско студио: CPG Consultants Според мастер-планот за универзитетскиот кампус, локацијата на која се простира Технолошкиот универзитет за уметности, дизајн и медиа е сместена во пространа пошумена долина, претходно предвидена да се остави како неизграден зелен појас. Со цел да се задржи оригиналната интенција на мастер-планот, пејзажното обликување ја задржало основната критичка улога при обликувањето на објектот. Клучни карактеристики на волуменот претставуваат транспарентноста и поврзаноста, како за ентериерот, така и за екстериерното опкружување. Чувството на континуитет е присутно низ ентериерот, од влезниот простор кон останатите програмски содржини во внатрешноста, како и на зелената кровна површина која функционира како составен дел од непосредниот пејзаж. Стаклената фасада обезбедува отворени, континуирани визури Leça Swimming Pool complex, Португалија

36

ПОРТА

3

16 ноември 2012

Nanyang Technological University, Сингапур

кон екстериерот, повторно создавајќи визуелна поврзаност со околниот богат пејзаж. Инкорпорираните осветлувачки елементи на кровната зелена покривка им овозможува на студентите, како и на посетителите да го употребуваат просторот деноноќно, го интегрираат во опкружувањето како негова природна интегрална единка. Објект: Leça Swimming Pool complex, португалија Архитект: Alvaro Siza Vieira Со неговото комплетирање во 1966 година, базенскиот комплекс официјално станува светски признаен објект кој негува особено место во современтата архитектура. Речиси

половина век подоцна, сè уште се одликува со својата грациозност, стекнатиот архитектонски интегритет задржувајќи ја популарната атрактивност. Објектот се простира во крајбрежниот комплекс Leça de Palmeira, дел од Matosinhos, мало гратче кое се наоѓа во северниот дел од Порто. Комплексот претставува едно од првите индивидуално реализирани дела на архитектот Алваро Сиза, како и одличен пример за неговото внимателно усогласување помеѓу природата и дизајнот. Пристапот кон комплексот, овозможен преку бетонска рампа со благ пад, паралелна на сообраќајното движење, го потенцира постепеното доминирање на грубите бетонски ѕидови, придушувајќи ги визурите кон

aрхитектура и пејзаж сообраќајниот метеж и отворајќи ги погледите на посетителите кон неизмерното пространство на океанот во комбинација со организацијата на базените долж објектот. Бојата на бетонските ѕидови е за нијанса посветла од природното карпесто опкружување, така што се добива пејзаж на нијансирање на материјалите, кој го демонстрира потчинувањето на архитектот кон природната поставеност и својата возржаност од имитација. Интенционалното заматување на океанскиот раб со поставувањето на базените не само што го зголемува чувството на експанзивност, туку и го заматува нивното перципирање за границата на постоечкото пространство. Реализирајќи го овој базенски комплекс, Алваро Сиза безрезервно ја демонстрира релацијата со природното, истовремено задржувајќи го индивидуалниот пристап како современа конструкција. Базените како составен дел од целокупниот контекст се препознаени како значаен детаљ во самата целина, поради неописливата тактилност на изедначување на сопствениот дизајн со принципите на сезонската промена на океанската плима и осека.

реЦипроЦитет Реципроцитетот како најфреквентна од сите три стратегии е состојба кога објектот и пејзажот се надополнуваат меѓусебно, рефлектирајќи се еден во однос на друг до одредена мера. Така, основата на објектот би можела буквално како проекција да се асимилира во околниот пејзаж или пак суптилно, така што ентериерот и екстериерот би се карактеризирале со еднакви организациски принципи изразени преку архитектонски елементи како тераси, перголи, ѕидни површини, аркади, водни површини, разни растенија... Со цел да се појави динамика во контекстот на соединување, во голем број случаи се појавува т.н. зона на транзиција преку која надворешноста и внатрешниот простор визуелно и физички се преплетуваат меѓу себе и коегзистираат како единствена целина. Исто така постојат случаи кога се формира серија на надворешни

Резиденцијален објект „Shell“, Јапонија

простори во непосредна близина на волуменот на објектот, отсликувајќи ја формата или фасадата , но постепено ги надминуваат просторните и материјалните трансформации долж централна оска сè додека не се соединат со опкружувањето на природниот пејзаж. Формалните стратегии на оваа состојба изобилуваат со разни диверзитетни можности анализирајќи ги низ историјата на архитектурата и пејзажната архитектура. Објект: резиденцијален објект „Shell“, јапонија Архитектонско студио: ARTechnic Architects Анализирајќи ја во споредба со опкружувањето од пештери и карпи, оваа структура во форма на школка изгледа како да е создадена на сосема друго место, за сосема различна цел. Мечтаејќи за структура која фреквентно би била посетувана, а истовремено би можела да се синхорнизира со опкружувањето, архитектите дошле до идеја за создавање на оваа пространа структура на школка која делумно лебди над земјата. Независно од нејзината појава, применетите материјали и постоењето на детали материјализирани со цел целината да се соедини со опкружувањето, овој резиденцијален комплекс безрезервно коегзистира со околниот пејзаж.

Егзистирањето на структурата неминовно зависи од нејзината способност за опстојување во природата, истовремено креирајќи пријатна и беспрекорна атмосфера за нејзините посетители. Објект: резиденцијален објект „Glass house“, СаД Архитект: Philip Jonhson Инспириран од вилата Farnsworth, дело на неговиот ментор Mies Van Der Rohe, архитектот Philip Johnson создал дело кое ден-денес претставува слика на модерното движење и творење за време на 20 век. Целосно отворена, слободна челична структура прекриена со стаклена обвивка го дефинира примарниот елемент во целокупната архитектонска композиција. Единствената фиксна просторна поделба во внатрешноста на стаклениот волумен е постигната преку цилиндричниот волумен од тула во кој се сместени санитариите, како и дрвена платформа која ги содржи кујнските елементи. Црвената подна површина од тула и цилиндричниот волумен со својот ладен тон, темносиво обоените челични конструктивни елементи и пристапните скалишни површини во бел гранит придонесуваат за создавање на комплетно ладен контраст во однос на рефлектирањето на природниот пејзаж чија пенетрација е овозможена преку стаклената обвивка на структурата. n

Резиденцијален објект „Glass House“, САД

16 ноември 2012 ПОРТА

3

37

интервју

интервју Со зоран бојовиќ

Jас ја создавав мојата архитектура м-р Ѓорѓе јокИЌ дипл. инж. арх. (СРБИЈА)

Како изгледа да се биде архитект во пензија денес во Белград? n Па не сум баш тотален пензионер, секогаш се наоѓа нешто за работа. Моментално работам на еден проект на Блискиот Исток. Некогаш работев за Дубаи и за Њуман Сити, супер кули, едната од 620 а другата од 860 метри. Се разбира, не се реализираа, тука се замешаа Американците и го искористија оној проект за Дубаи како проектен програм и од тоа настана кулата Буџ Калифа. Дури во една прилика, гледав на телевизија, шефот на градилиштето ги читаше моите постулати, од збор до збор, како што беше напишано во мојата книга. Сега се појави интерес во Катар за нешто слично, и заедно со колегата од „Енергопроект“ работиме на тој проект. Не проектирам веќе интензивно, но добро. може ли да се заврши со архитектурата еднаш кога човек ќе оди во пензија или тоа е невозможно? n Се зависи од човекот, мене архитектурата ми е прва преокупација, и тешко можам да избегам од неа. Не би сакал да кажам „да се ослободам“, бидејќи мене не ме окупирала архитектурата. Архитектурата е една благородна работа на која кога човек ќе се посвети дава многу.

Ова е приказна за некое друго време. За времето што поминало и за луѓето што својот работен век го поминале во далечни земји. Таму создавале, граделе и биле сведоци на големите културни и политички промени. Ова е приказна за југословенската изградба во своите најдобри денови. Приказна за архитектурата, изградбата, за Африка, Азија, Југославија, Садам Хусеин, за„Енергопроект“. Ова е приказна за една голема кариера, во едно големо претпријатие, во една голема замја. Ова е приказна за архитектот Зоран Бојовиќ. 38

ПОРТА

3

16 ноември 2012

Какво е вашето мислење за архитектурата што денес се случува во Белград, како ги гледате новите проекти кои се појавуваат, каде се архитектите со светски имиња како хадид, Калатрава или либескинд? n Од значајните работи во Белград се случува нешто што доаѓа од странство, пред сè проектот на Заха Хадид – Хотел во долниот дел на Калемегдан. Тоа е навистина величествен проект. Заха Хадид е недостижна, мислам дека е одличен архитект кој треба, не баш да се следи, но да се почитува. На Белград би му била чест да има едно нејзино дело. Сепак, сметам дека локацијата е несреќно избрана, имајќи предвид што тоа е најважниот дел на Белград. Белградската тврдина е бисер од сите точки на гледиште, таа мора да доминира, да остане недопирлива. Овој проект по снага и израз конкурира страшно и многу поубаво би било да е на некое друго место. Јас имав сличен случај во Казањ за доградба и покривање на стадион кој се наоѓа во непосредна близина на Кремљ во Казањ. Стадионот каков што беше, не беше пречка, не ѝ конкурираше на таа силуета, меѓутоа кога ќе се додаде кровот волуменот се зголемува и го загрозува Кремљ кога се гледа од Волга, како и овде кога се гледа од Дунав. Јас го предложив конкурсот, направив две конкурсни решенија паралелно, со тоа што во втората варијанта предложив целиот спортски центар од тој дел на градот да се измести. Тоа беше победничкото решение, преовлада таа искреност, можеби и Заха Хадид требаше нешто слично да предложи.

Како ја гледате работата на архитектите денес во Белград во однос на времето кога вие работевте? n Мислам дека е потешко. Кога работев и бев на врвот на кариерата, Југославија беше отворена земја, ние секаде бевме со задоволство примани и ценети. За архитектот е многу важно да има комуникација, и не само да следи што се случува во светот туку и да учествува во тоа, преку конкурси, конкуренција, да ги испроба своите сили. Нам 20 години, заради санкциите, ни беа недостапни новите материјали и технологии, неможноста да се комуницира, и ние останавме покуси за 20 години. Затоа на младите луѓе денес им е потешко, дури иако се информирате, денес постои Интернет, тоа не е тоа. Архитектурата мора да се почувствува и да се доживее на самото место. Во она време, кога ние работевме, бевме на исто ниво со остатокот на светот. После санкциите ние тргнавме надолу, додека светот со стравични чекори одеше нанапред, заради новите материјали и можностите во инвестиции. Прв беше Калатрава, па Норман Фостер кој сè уште е доста класичен, има некоја поздрава логика и повеќе е на земја, отколку Заха Хадид со својот деконструктивизам. Сеедно, и двата пристапи се вредни внимание. Денес е можно сè да се направи, нема ограничувања, особено со развојот на нанотехнологијата и поликарбонатите што сè повеќе се користат во градежништвото. Не постои форма која не може да се направи. Како гледате денес на компанијата „енергопроект“, имајќи предвид дека целиот работен век го поминавте таму? n Знаете како, целиот живот работев во таа компанија, и со право ја сметам за свое чедо. Јас го создавав „Енергопроект“, дојдов во таа компанија 10 години по нејзиното основање, баш во она време кога „Енергопроект“ почна повеќе со архитектонски проекти отколку со инженерски. Компанијата го достигна врвот, ние бевме шести

на листата на Financial Times по обемот на работа, и многу ценета градежна компанија која немаше конкуренти во светот. Кога ние конкуриравме на јавни лицитации, Американците се откажуваа, а Германците гледаа да ни се приклучат како подизведувачи, што беше чест случај.

Развојна програма, на улицата Ал кулафа, Багдад

Кога тргнавте во африка? Колку е значајно за млад архитект да работи на проекти во далечни земји? n Првото заминување во Африка беше во 1968 година во Замбија. Меѓутоа пред тоа бев во Камбоџа, почнав во Азија и завршив практично со Азија. Мислам дека без заминување на самото место не може ништо добро да се направи. Имаше обиди да се работат проекти за далечни земји кои воопшто не се познаваат, и тоа често не успеваше. Јас секогаш заминував на самото место и се запознавав со средината, историјата, луѓето, со нивниот живот и традицијата во поширока смисла. Резултатот од сето тоа се моите дела кои секогаш беа добро примени и добро направени. Архитектот не проектира заради себе, тој работи за некого и мора да запознае за кого работи. Јас секогаш имав убави спомени, и секогаш бев убаво примен. На пример во Камбоџа, во таа земја влегов на црвен тепих. Тоа ми беше првото заминување во странство. Луѓето ме прифатија, веројатно затоа што сум од Југославија, во тоа време имавме убави односи со цел свет, посебно се земјите од третиот свет. Кое е вашето најзначајно дело? n Имам две, и тешко ми е да се одлучам на кое да дадам предност. Секако, едно е Саемот во Лагос, тоа дело на крај го откри и Рем Колхас, а другото дело е реконструкција на улица во Багдад, тоа е развоен програм на една од централните багдадски улици. Животот во Ирак беше мошне убав, навистина јас повеќе работев отколку што ги користев благодетите. Но може да се каже дека беше величествено, посебно Багдад кој го сметаат за татко на градовите, тоа беше неверојатно, тука е сконцентрирана целата историја, од 

16 ноември 2012 ПОРТА

3

39

интервју

Меѓународен саем во Лагос, Нигерија

создавањето на светот до денес. Тука човек се чувствува, можеби звучи смешно, но јас во еден момент се почувствував како да сум бил доле во „Рајот“, по нивното предание тоа е долината Шателараба настаната од реките Тигар и Еуфрат, тука бил рајот и оттука Ева и Адам биле протерани, и тука доживеав како да сум бил веќе тука. Тоа е толку импресивна и сугестивна средина, тоа не може да се доживее ниту од книги ниту од телевизија, тоа мора таму да се доживее. има ли некоја земја која ви е посебно драга? n Сите земји се убави, најубава е мојата, а Камбоџа за мене беше откровение, друга планета, друга култура сосема поинаква од нашата, ја поминав цела Камбоџа. Перу е многу убав со спомениците од времето на Инките, како карпите над Куска од 40 тони кои ги влечеле од 40 колометри далечина. Тоа остава незаборавни впечатоци и ве инспирира во тоа истражување и размислување.

40

ПОРТА

3

работевте на подземната железничка станица „Вуков споменик“? n „Вуковиот споменик“ имаше доста проблеми во изведбата, посебно од проектантска гледна точка, урбанистичкиот проект беше мошне круто замислен. Требаше да се заврши 16 ноември 2012

таа ситница, а тоа никако не можеше да се реши бидејќи урбанистот беше многу „тврд“ и не сакаше да попушти. Јас бев задолжен за тоа, веројатно затоа што главниот инженер Жика Димитријевиќ ме познаваше од другите проекти, како Лагос и Багдад. Јас го направив идејниот проект. Тоа беше мини конкурс - француската фирма „Софрети“, позната фирма за подземна градба, парискиот метро, ЦИП и „Енергопроект“. Јас бев ослободен од влијанието и дома го изработив решението, воведов ново ниво, го подигнав пешачкото ниво од возниот сообраќај и така овозможив подобро движење. Како некој што работел на таков проект, како гледате на проектот лесен шински метро во Белград? n Јас работев во екипата што ја водеше архитектот Брана Јовин, кој работеше на проектот „белградски метро“. Еднаш одевме на турнеја по сите тие европски метроа и станици, во Виена, Минхен, Париз, Лондон. Тоа беше незаборавен пат. Јас мислам дека тоа е негов најдобар урбанистички проект кој Белград некогаш го имал од сообраќајна гледна точка, особено таа концепција на метро. Тој „лесен метро“ е недефинирана работа, дали ќе биде или не?

интервју Државен секретеријат Кано, Нигерија, комплекс од 11 министерства

и се трудат да направат своја земја најубава на светот. Меѓутоа, мислам дека тие објекти малку излегоа од онаа рамка на функционалност. Еден ден сето тоа ќе биде празно, како и кај нас деловниот простор кој бесмислено се гради. Најдобар доказ е Буџ Калифа, која е практично отворена, а еден дел од кулата е затворен заради непочитување на природните закони кои владеат. Човекот не може против природата. Каков бевте како студент? n Професорите беа „стара гарда“. Мој главен професор беше Мате Бајлон. Во тоа време на факутетот беа професори како Кашарија, најпознатиот математичар, браќата Крстиќ, Бошко Томиќ, тоа беа професори великани на нашата архитектура. Бев вреден студент, спиев со проектите што ги работев. Дипломскиот испит, решение за железничката станица во Ниш, го најдов во сон. Го сонував решението и штом се пробудив го ставив на хартија за да не го заборавам. Довив десетка. Она што ме интересираше го работев до перфекција, а она што не ме интересираше помалку го работев и успешно го завршував. Но бев добар студент, добив и награда, плакета за најдобар студент на генерацијата. Примери ми беа, пре сè, Ле Корбизје и Франк Лојд Рајт, макар што секогаш не барав примери, јас ја создавав мојата архитектура, ни тогаш никого не поддржував туку сам барав решение во себе.

Го споменавте рем Колхас, имавте ли контакти со него? n Работеше како професор на Харвард. За да ја напише историјата на Лагос во 60-тите и 70-тите години, отиде таму да го запознае, каде и го сними филмот што го прикажува хаосот од тој град. Тогаш го откри Саемот, му се допадна. Се совпадна во исто време да биде завршен и „Помпиду“ во Париз, кога за прославата на 30-годишнината на центарот по еден архитект доби еден ден предавање, и тогаш Рем Колхас одржа предавање во кое го прикажа влијанието на југословенските архитекти во земјите на неврзаните. Се распрашал кој го работел тој саем, и кога му рекле дека тоа е „Енергопроект“, тој тоа го поврзал со односот на Југославија и земјите од третиот свет. Раскажуваше за пренесувањето на нашите искуства во новата средина. Ги прикажа моите објекти во Дубаи и заврши со Саемот во Лагос. Вие работевте на Блискиот исток, како гледате на процесот на брендирање на тој простор и изградбата на градби кои имаат цел да го импресираат остатокот од светот? n Самиот збор нај, нај, е егзибиционизам, а тоа не може да биде некој што нема пари. Тие се навистина пребогати, затоа што имаат многу пари од нафтата што ја имаат во изобилство

Во тоа време се градеше нов Белград, најголемиот урбанистички потфат некогаш во Белград, како вие гледате на тоа? n Тhe Architects Collaborating, групата на Валтер Гропиус доби да работи еден дел на Багдад, кој требаше да биде подготвен за Самитот на неврзаните. Според нивните услови е извршена промена на објектите за кои дури и Садам Хусеин видел дека нешто не е во ред, тоа е еден преубав дел на градот. Садам Хусеин го извадил од затвор познатиот архитект Рифат Чатаџи, кој како традиционален непријател на режимот бил во затвор, и му дал одврзани раце, и тој практично направил сè. Ние истото го работевме на тој проект. Во Белград имаше еден состанок со група Американци кои вршеа надзор, и тие ни рекоа: „Знаеме дека тоа ќе го направиш добро, само те молиме да не биде како Нов Белград, немој тоа да ти биде пример“. Нив не им се допаѓаше Нов Белград. Тогаш беше направен конкурс за витализација на Нов Белград, на кој работеа и полски тимови, кои го работеа конкурсот за Нов Белград. Јас ги пречекав на аеродром, и возејќи се кон градот наидовме на Блок 37, кој го работев јас, ме прашаа што е ова? Па вие барате од нас како да го оздравите Нов Белград, па еве ви решение! Полјаците го видоа решението за ревитализација на Нов Белград во Блокот 37, стопување на оној амбиент кој беше многу ладен во тоа време. Тоа не е лоша архитектура, можеби малку му недостасуваат придружни содржини, но тоа сега се пополнува. имате ли некоја неостварена архитектонска желба? n Па не знам, работев се и сешто, почнувајќи од енергетски објекти, хидроелектрани, термоелектрани, дури и нуклеарни електрани. Работев и на конкурс за палатата на Садам Хусеин, тука работев на вториот круг на конкурсот. Екипата ја водеше 

16 ноември 2012 ПОРТА

3

41

интервју Тарик Авџеда, тој е роден белграѓанин. Сите архитекти кои работеа на тој конкурс добија аванс од Садам Хусеин да го обиколат светот и да ги посетат сличните згради. Никој не можеше да се откаже од конкурсот. Месец дена пред истекот на рокот, Тарик во Багдад го сретнал Рифат Чатаџи кој беше член на жирито. Го прашал како оди работата, а Тарик му рекол дека не оди никако и дека би сакал да се откаже. „Да не си полудел“, одговорил Рифат, „знаеш каков е Садам, оди во Белград и најди го архитектот Зоран Бојовиќ, тој ќе ти го сработи конкурсот со својата екипа“. И така, тие дојдоа во Белград. Јас не смеев тоа да го работам во „Енергопроект“, кој веќе работеше на една варијанта за тој конкурс. Беше

како настана изложбата „три точки на потпирка“? Катарина КрСтиќ, одделение за уметничка документација мСу, Белград Сакавме да ја покажеме архитектурата на Зоран Бојовиќ низ контекстуализација на приказната за архитектот и времето во кое работел и создавал, тоа се 60-тите и 70-тите годините. Се сконцентриравме на четири големи проекти, кои се преклопуваат со неговата работа во „Енергопроект“. Првите два проекти се Генерален урбанистички план за седум градови на државата Кано (Нигерија) и Државен секретаријат на Кано (Нигерија) - комплекс од 11 министерства, на кој Бојовиќ работел во тимот на Милица Штериќ. Тука сакавме да раскажеме класична приказна за тоа колку Зоран ја почитувал традицијата на која наидувал во тие земји. Тоа подоцна се одразило на другите проекти, како Саемот во Лагос, со една кружна линија. Зоран вели: „Во Африка се е кружно, се е нежно и обло“. Другите два проекти се Меѓународниот саем во Лагос (Нигерија) и Ал кулафа – развојна програма на улицата Ал кулафа во Багдад (Ирак). Тоа се огромни проекти кои се изведувале во краток временски рок. Архитектот ги водел овие многу комплексни проекти и сè морало да биде вклопено. Целата изложба се вика „Три точки на потпирка“ бидејќи целата структура во Лагос е составена во хексагон, систем од триаголни плочи. Посебен сегмент на изложбата е наречен „Инфраструктура за иднината“, тука сакавме да покажеме како денеска изгледаат тие проекти. Како тие проекти продолжиле со иста линија на размислување кога Зоран тоа го работел. Покажавме како тоа изгледало во 2002 година кога Рем Колхас бил таму, и како тие проекти изгледаат денес, во 2012 година. 42

ПОРТА

3

16 ноември 2012

некој конзорциум, „Гоша“, „Минел“ и „Енергопроект“. Го повикав Пајо Круниќ и после месец дена го сработивме тој конкурс, ни од што направивме решение кое ја доби првата награда. А ги елиминиравме некои светски имиња како Кензо Танге, Портогези и други. На варијантата со „Енергопроект“ работеше еден багдадски архитект, не можам да се сетам како се викаше. Тој ме повика за конкурс во Абу Даби и ми рече: „кога ме победи за палатата, сработи ми го конкурсот, па да победиме“. Во прашање беше гросистички пазар во Абу Даби. Добивме прва награда, а тоа беше повод за понатамошна работа. Покрај тоа, работевме на конкурс за државната џамија во Багдад, на тоа работеше истата екипа како и за палатата на Хусеин. Добивме прва награда, така барем ни рекоа, бидејќи сè се одвиваше во време на избувнувањето на Заливската војна, така што резултатите никогаш не се објавија. Тоа ни го кажа Рифат Чатаџи кој беше член на жирито. Резиденцијата на Садам Хусеин никогаш не беше изградена. работевте и на проектот за реконструкција на музејот на современа уметност во Белград, можете ли нешто повеќе да ни кажете за тоа? n Тоа е, не само како музеј туку како објект, совршенство на српската архитектура. И ден-денес. Пред некој ден ме повика брат ми, кој често се шета низ Калемегдан, и ми рече дека изгледа фантастично кога е осветлен. Тој проект го работеа Иван Антиќ и Иванка Распоповиќ, како проектот така и проектот за реконструкција. Меѓутоа, смрта го покоси Иван Антиќ, и тоа остана недоречено. Тогаш ме повика директорката на музејот. Јас се трудев, всушност целата екипа, максимално да ја испочитуваме оригиналноста на целото дело, чистотата на оној кристал. Објектот остана ист. Имавме проблем со инсталациите, особено во музејот постојат проблеми заради современите барања на музеолошките поставки. За да можат да се вршат размени на поставките, условите мора да се исполнат, заради луѓето и експонатите. Ние се трудевме да направиме добра клима и да заштитиме од ултравиолетови зраци, да заштитиме од сите други извори. Трафостаницата беше во непосредна близина на депото со слики. Тоа го преместивме. Куќичката каде што некогаш бил станот на домарот, веќе не беше потребна бидејќи сега сè е компјутерски. Таму се сместени и трафостаницата и компресорите и коморите за климатизација. Сето тоа да беше направено во еден здив, би било многу подобро. Сега таму пропаѓаат машини и компресори затоа што не работат. А кога ќе биде сè направено не се знае. на крајот од интервјуто, архитектот Бојовиќ додаде: n Интересно е што се однесува до Македонија, сите републики на бивша Југославија ги вклучував, посебно на Саемот во Лагос. Алуминиумот ми го работеше „Алумина“ од Скопје, и имавме многу добра соработка. Нашата економија беше доста вклучена, од Хрватска ги работеа генераторите од „Торпедо“ - Ријека, „Раде Кончар“ трансформаторите, завесите од „Индуплати“ од Словенија. Ентериерот на Саемот во Лагос го работеше Љиљана Бојовиќ, тоа беше проект од 60.000 м2 и сама го испроектира, со една мала група, еден беше техничар а друг приучен. Во исто време водеа и надзор и работилница. Така се работеше некогаш. n

инфо записи

Б

www.geze.com

3

2 ноември 2012 ПОРТА

7

aрхитектура

Сан Сити - рај од луксуз и кич александра петровска дипл.инж.арх.

ога патувате низ Јужна Африка, постои место кое не смеете да го пропуштите и да го посетите. Во прашање е Сан Сити, уникатен комплекс за одмор и забава, кој го содржи африканскиот дух, и не наликува на ниту еден друг туристички центар во светот. Местото е изградено да наликува како дел од нечија фантазија која станала реалност, и место каде што секоја ваша желба за релаксација ќе биде исполнета. Сан Сити официјално е отворен во 1979 година, лоциран е во непосредна близина на Преториа и Јоханесбург, и веднаш со својата промоција станал популарна викенд дестинација, бидејќи само на тоа место за време на апартхејдот било јавно дозволено коцкање. Се простира на површина од 64.28 км2, а привлекува околу 25.000 луѓе на ден. Со текот на годините, Сан Сити станало и одлично место за одржување на концерти на светски познати пејачки имиња, почнувајќи од Френк Синатра, Елтон Џон, Хулио Иглесиас, потоа Тина Тарнер, „Роксет“, а во текот на мојата посета, имаше закачени плакати кои го најавуваа скорешниот концерт на Мајкл Бубле. Во последните неколку години ова место е домаќин и на изборот за Мис на светот, а во текот на 70тите години од минатиот век се одржувале и важни бокс мечеви во тешка категорија. И покрај сите овие настани кои се случуваат во текот на целата година, сепак главната задача на Сан Сити е да понуди незаборавен одмор на секој посетител во еден од своите несекојдневни хотели. Ресортот содржи четири хотели од светска класа: „Сан Сити“, „Каскади“, „Кабанас" и „Палата на изгубениот град“.

К

„палата на изГуБениот Град“ Овој хотел наликува на древна кралска резиденција. Уште при влезната партија на комплексот се забележува вовед во луксузот што ве очекува во Сан Сити. Ве пречекува огромна фонтана со скулптури на диви животни, а вакви скулптури има скоро на секој чекор во внатрешноста на хотелот. Најчесто се скулптури на дивите животни, кои спаѓаат во големата петка: лав, слон, носорог, бафало и леопард. Тимот што го работел овој грандиозен објект бил соочен со предизвикот да создаде оригинален луксузен хотел со богатство од детали, убаво споени со светот на фантазија од водопади и џунгла атракции. Сето ова требало да биде 44

ПОРТА

3

16 ноември 2012

Уникатен комплекс за одмор и забава кој го содржи африканскиот дух и не наликува на ниту еден друг туристички центар во светот

aрхитектура со чај, кафе и егзотични колачи. Кристалната сала се вклопува во целиот луксузен и на моменти кич впечаток, плени со својот раскош од безброј златни детали, природно осветлување изведено со огромни прозорци по цела вертикала и едноставен кожен, удобен мебел, а во средина на салата се наоѓа огромна фонтана на која водата и извира преку масивни скулптури на слонови. Во овој и во останатите објекти се чувствува влијание на европската софистицираност, но во еден чуден спој со афричката култура и архитектура, со што се добива единствен спој на две наизглед неспоиви култури и архитектури. Палатата е распространета на површина од 68 хектари и располага со 350 соби и 21 апартман, шест ресторани, базен со олимписки димензии, спа и фитнес центар, аква парк, две игралишта за голф со по 18 дупки, конференциски центар, 20 простории за состаноци, аудиториум за 500 посетители и казино од 50.000 м2. Аква паркот е најсовремен аква парк во Јужна Африка, познат и како „Долина на брановите“, во кој доминира голема лагуна со машина за правење на бранови способна за генерирање на 1,8 метарски бранови на секои 90 минути и уште многу тобогански атракции и реквизити својствени за најсовремен аква парк. завршено за помалку од 36 месеци. Првиот впечаток кога ќе се стапне во оваа палата, е богатството од детали и неверојатните размери. Но, иако палатата е со грандиозни размери и на моменти изгледа како некогашните египетски храмови, содржи топлина која не ви дозволува да се почувствувате како микроскопско суштество изгубено во огромно пространство. Звукот на водата од водопадите, што ја опкружуваат целата палата, ве опушта и води кон откривање на пространство со ресторани, езерца и базен, а ако пристигнете во 17 часот, можете да присуствувате на чајанка т.н. „хигх теа“ во Кристалната сала, каде што ќе бидете послужени Хотел „Сан Сити“

„Сан Сити“ Хотелот „Сан Сити“ е хедонистичкото срце на Сан Сити. Плени со гламур и софистицираност. И овој објект е исполнет со смели дизајнерски аспекти и е драматичен, несекојдневен амбиент, впрочем како и сè во Сан Сити. Централниот дел е изведен како џунгла од бујно зеленило, каскадни водопади и слот машини. Погледот на хотелот е насочен кон прекрасен пејзаж од градини и пена-базен. Содржи 340 соби, кои се ориентирани кон голф теренот или кон базенот. Располага со ресторани за сечиј вкус, како што се рестораните со азиска кујна, со традиционалната африканска кујна и

ресторан, каде што се среќаваат вкусовите од Север и Југ.

„КаСКади“ Ова е уште еден грандиозен објект во Сан Сити, каде што доминира опуштена атмосфера. Сместен меѓу бујни тропски шуми, кои се дом на тропски птици и водопади, „Каскади“ е елегантен хотел за софистициран вкус. Самото име на хотелот кажува дека неговите катни нивоа се каскадно распоредени, а сите 243 соби имаат спектакуларен поглед кон градината, голф теренот и зелените ридови, кои се наоѓаат во непосредна близина на комплексот.

„КаБанаС“ Хотел „Кабанас“ е фамилијарен хотел, со голем број на езера, голф терен и казина. Изграден е во повеќе блокови кои содржат вкупно 380 соби, весело декорирани со живописни бои. Во главната зграда се наоѓа рецепцијата, додека собите се распространети во блокови, кои се шират низ огромната основа на хотелот, а пред секој блок се простираат зелени тревници. Рестораните нудат појадок и ручек на отворено патио, каде што се ужива во незаборавна глетка на раскошната природа. Најчесто опишан и доживеан како еден од најпознатите, најневеројатните и во голема мера бизарни забавни комплекси во светот, Сан Сити е место кое треба да се посети, да се впие целосно таа импресивна, несекојдневна архитектура со доста кич елементи и прекрасно уредени зелени површини, симулирани земјотреси на мост, кој го чува колонада од фигури на слонови во природна големина, прекрасна природа распространета во џунгла сфери, огромни казина и одлични голф терени. Еднакво е атрактивен и преку ден и навечер, кога целиот комплекс е осветлен со илјадници сијалици, едноставно тоа е глетка која восхитува. И навистина, за Сан Сити една слика кажува 1000 зборови, а чувството да се доживее сево ова во живо е бесценето. n

Хотел „Каскади“

16 ноември 2012 ПОРТА

3

45

арх. инфо Објект: павилјон „Puur“ Архитектонско студио: Emma Architecten Локација: амстердам, холандија

Објект: резиденцијален објект „Pit house“ Архитектонско студио: UID Architects Локација: окајама, јапонија Проектиран од архитектот Keisuke Maeda, овој објект се простира на каскаден планински рид, со текот на времето развиен во резиденцијална населба. Ситуирањето на објектот во однос на опркужувањето дефинира нови архитектонски услови во средината, каде визурите се отворени кон север и нивото на приземјето се наоѓа на еден метар над нивото на колската улица. Проектантите на објектот доаѓаат до создавање на една „жива“ форма, која го асимилира екстериерот како површина на теренот на терасата, како опкружување на оградите и ѕидовите на соседните дворови и куќи, резиденции кои се простираат долж ридот, како и оние во далечината. Волуменот е обликуван преку шест различни нивоа/површини вклучувајќи и една кружна површина, создадена преку ископување на површината, додека сите заедно се поврзани преку бетонско цилиндрично јадро поставено во центарот на објектот. Потоа, деликатните, динамично мултиплицирани витки столбови кои ги придржуваат делумно „лебдечките“ платформи дефинираат варијабилни еднособни простори со различни содржини. Природата и архитектурата креираат екстензивна релација заедно креирајќи варијации на површини.

46

ПОРТА

3

16 ноември 2012

Идејата за новиот план за основата на павилјонот „Puur“ произлегува од „отпечатоците“ на некогашниот објект, кој постоел на истата локација, т.е. воено засолниште кое претставувало составен дел од тврдината Diemerdam, едно од двете крајбрежни утврдувања на градот Амстердам, денес заштитени како културно богатство. Основната инспирација за обликување на павилјонот потекнува од извиените форми на пејзажното обликување, така што се добиваат брановидни, криви, дрвени ѕидови кои се обвиваат во различни насоки, на некои места поинтирајќи кон земјата, на други точки, пак, кон небото. Желбата на архитектите, создатели на ова дело, е кај секој што ќе го посети и доживее објектот да се пробуди чувство на конфузија за тоа кога бил објектот изграден, дали претставува дел од иднината или, пак, од минатото. За да се постигне посакуваната конфузија и енигма, неопходно е објектот да содржи малку или пак воопшто архитектонски специфики и референци. Прозорецот или вратата на пример, најчесто отсликуваат специфичен период на архитектонското поимување и перципирање кое би можело да го олесни процесот на погодување на годината на изградба. Наместо пробудувањето на една архитектонска интрига, добиена е безвремена креација која неминовно произлегува од природната, пејзажна слика.

Објект: административен и трговски комплекс „Galaxy Soho“ Архитектонско студио: Zaha Hadid Architects Локација: Сохо, пекинг, кина Проектот за објектот Galaxy Soho, сместен во централното јадро на градот Пекинг, опфаќа 330.000 м2 администрација, трговски и забавни содржини, комплекс кој би станал интегрален дел од животот на градот, инспириран од гигантските размери на градот. Архитектонската композиција претставува склоп од пет континуирани и циркуларни волумени, кои се одвоени едни од други, а поврзани преку развлечени мостовски структури. Волумените се адаптираат меѓусебно во сите насоки, генерирајќи панорамска архитектура без појава на агли, ниту нагли транзиции кои би ја прекинале флуидноста на формалната композиција. Атриумите што се појавуваат во внатрешноста претставуваат рефлексија на традиционалната кинеска архитектура, каде што тие креираат еден затворен свет на континуирани отворени простори. Во овој случај, архитектурата не претставува композиција на ригидни блокови, туку напротив, таа е дефинирана од волумени кои се соединуваат за да креираат свет на континуирана меѓусебна адаптација и флуидно движење низ секој од објектите. Променливите платоа во однос на дизајнот влијаат на начин што генерираат длабоко чувство на обвиткување. Како што корисниците навлегуваат се подлабоко во објектите, откриваат и доживуваат интимни простори кои ја следат истата кохерентна логика на континуираната флуидност. Во пониските три нивоа на комплексот се сместени јавни содржини, додека пак нивоата над нив се дефинирани како работни простори за кластери на иновативен бизнис. Највисокото ниво на комплексот е предодредено за барови, ресторани и кафетерии кои располагаат со визури долж една од најдолгите авении во градот.

арх. инфо Објект: Archway Studios - прототип на простор за живеење и работа Архитектонско студио: Undercurrent Architects Локација: лондон, велика британија Archway Studios претставува нов концепт на организација - комбинација на простор за живеење и работа, вградени во лондонскиот вијадукт на железницата од 19 век. Проектот функционира со стремежот за постоење на еден „притаен“ внатрешен град, позициониран до индустриската зона од едната страна на железничката линија, и изложен на предизвикувачкиот дизајн што го опфаќа опкружувањето од другата страна на пругата. Доминантната структура на Викторијанскиот вијадукт ги разделува населбите во градот креирајќи коридори на конфликт соединети помеѓу себе преку индустриска примена на конструктивните лаци. Концептот Archway Studios зазема дел од вијадуктот дефинирајќи засводена работилница, преку атриум поврзана со резиденцијалната ниша. Дизајнот е реализиран преку постигнатиот контраст помеѓу збиеноста и длабокиот израз на лаците и витките отворени простори на атриумот и нишите. Земајќи го опкружувањето како уникатен предизвик во однос на одржувањето на состојбата на објектот, за изградба на конструкцијата т.е. школката на објектот се применети стари, „истрошени“, но издржливи материјали кои се претопуваат во индустриската средина. Уникатниот дизајн на објектот како и неговиот несекојдневен израз, му овозможуваат да се истакне и покрај можноста за инфериоризираност од околните заедници. Како еден од десетте илјади лаци, кои ги сецираат населбите низ Лондон, овој прототип претставува модел кој би можел да се адаптира заради широка општествена бенефиција и регенерација.

Објект: резиденцијален објект „Breeze“ Архитектонско студио: ARTechnic Architects Локација: токио, јапонија Лоциран во тивка, пријатна резиденцијална населба која во минатиот век претставувала дом на значајни личности од јапонската политичка сцена, објектот беспрекорно го шири својот рамнодушен израз, претставувајќи несекојдневен фокус. Во потрагата да се реализира дело кое се интегрира во постоечката слика, завршувајќи како структура на статус кво за минувачите, архитектите дошле до потреба за креирање на ентериерна обвивка, која целосно ќе отскокнува од стандардите на архитектонскиот лексикон. Идејата цели кон отворен простор кој е во тотален контраст во однос на претходно доживеаната атмосфера, и кон креирање на ефект на приватна плажа, затворена и скриена од монументалноста на карпите. Простор кој би функционирал како засолниште за индивидуален одмор и релаксација, како идеално „приватно засолниште во срцето на градот“.

Подготви: андреа јамакоска

16 ноември 2012 ПОРТА

3

47

експерт

британСки иСкуСтва

Дали е на повидок британска станбена револуција? д-р владимир Б. ладИнскИ, дипл.инж.арх. (велика Британија)

Од финансирање на станбената изградба со средства од пензиските фондови на вработените во локалните власти до изградба на одржливи домови и заедници за потребите на сегашните и идните генерации

Н

48

ПОРТА

3

а 26 октомври 2012 година, Комисијата за идни домови (Future Homes Commission) го објави својот извештај за квалитетот на новоизградените станбени објекти во земјата под името „Изградба на домови и заедници кои ѝ се потребни на Британија“. Во извештајот се „повикува“ на револуција во однос на обемот, квалитетот и финансирањето на изградбата на станбени единици во земјата, а со цел да се задоволат станбените потреби на растечкото и подложно на промени население. Дали случајно или намерно овој извештај беше објавен на 95 години и еден ден од почетокот на Октомвриската револуција во Русија, во далечната 1917 година, во земја, Обединетото Кралство, каде зборот „револуција“ вообичаено е резервиран за некоја далечна егзотична земја, а во домашниот контекст скоро исклучиво се користи во однос на „индустриската револуција“. Работата на извештајот беше иницирана од страна на Кралскиот институт на британските архитекти во септември 2011 година, а била доверена на независна еминентна комисија во состав: Сер Џон Банхам (Sir John Banham, претседавач на низа успешни водечки британски компании во последните 20 години), Дама Мевис МакДоналд (Dame Mavis McDonald, надворешен член и заменик претседател на Советот на Универзитетот во Кембриџ, и член на одборот на Фондацијата и станбената организација на Џозеф Роунтри, Joseph Rowntree Foundation and Housing Trust), Роџер Греиф (Roger Graef OBE, криминолог и автор на бројни филмови за градовите и архитектурата) и Кејт Фокнер (Kate Faulkner, аналитичар и коментатор во доменот на недвижностите). Задачата на комисијата била да направи препораки во однос на: проектирањето на внатрешноста на домовите; проектирањето на локалните заедници; станбениот пазар; и финансирањето и финансиската достапност. Во рамките на истражувањето комисијата спровела детални консултации со станбениот сектор, локалните власти, институционалните инвеститори и јавноста, а со цел да ги идентификува практичните решенија коишто можат да се реализираат, а кои би придонеле да се надмине станбената криза во земјата. Според комисијата, предизвикот на ова истражување произлегувал не само од определбата да се зголеми бројот и квалитетот на домови кои ќе се градат во иднина, туку и да се Влезниот дел со рецепција развијат заедници кои ќе го подобрат квалитетот на живеење, како 16 ноември 2012

за новите така и за постојните станари во постоечките соседни заедници, при што овие определби треба да се реализираат без дополнителни инвестиции од страна на државата. Во своите заклучоци комисијата јасно истакнува дека станбената криза во земјата може да се надмине со одлучна акција на сите субјекти вклучени во процесот и дека во Обединетото Кралство постои капацитет да се изградат доволен број квалитетни домови кои ќе ги задоволат растечките потреби за домување. Комисијата смета дека ваквките определби можат да се реализираат и во време на сложени економски услови. Во таа насока тие идентифицирале практични чекори преку чијашто имплементација би се создал циклус на инвестиции, изградба и профит кој може значително да го подобри економскиот пораст во земјата. За Комисијата, правилната инвестиција на средства ќе создаде социјално и економски одржливи заедници кои ќе создадат наследство од домови преку кои ќе се подобри квалитетот на живот на идните генерации. За реализацијата на овие определби неопходно е лидерство кое локалните власти, компании, професионални организации и

експерт



владата ќе мора поединечно да го искажат преку преземањето на потребните акции, при што е неопходно да се смени не само односот кон потрошувачите и заедниците, туку и да се подобрат проектите за домовите. Исто така ќе биде неопходно локалните заедници, коишто честопати се спротивставуваат на изградбата на нови објекти во нивното опкружување, да ги земат предвид и пошироките социјални и економски придобивки од станбената изградба. Според Комисијата, локалните власти ќе имаат клучна улога во овој процес, не само заради тоа што тие имаат односи со заедницата, овластувања и материјални средства да обезбедат реализација на одржливи и побарувани заедници, туку и заради тоа што пензискиот фонд на локалните власти треба да го придвижи целиот овој процес преку создавање на Фонд за локална станбена изградба со буџет од 10 милијадри фунти (околу 12 милијарди евра), од кои ќе се стекнат со придобивки и неговите инвеститори, и локалната заедница и економијата на земјата. Комисијата смета дека доколку постојат заедници во кои може да се инвестира, тогаш ќе постои подготвеност кај домашните и меѓународните инвеститори за инвестирање во нови станбени единици за изнајмување во Обединетото Кралство. Комисијата истакнува дека можноста да се создаде еден позитивен циклус е наполно реална. Циклус во кој инвестицијата на локалната власт во заедницата ќе резултира во подобро испроектирани домови за изнајмување и подобри инвестициони добивки за нивните пензиски фондови со намалени трошоци за даночните обврзници. Ова ќе овозможи поголем избор за домување и подобри проекти на станбените единици за продажба, а тоа ќе генерира локален економски раст кој, пак, ќе промовира дополнителни инвестиции и еден многу поодржлив процес, со одлични придобивки за економијата. Клучните препораки на Комисијата кои произлегуваат од овој извештај се: - секоја година за три пати да се зголеми бројот на новоизградените домови; - да се формира нов независно управуван Фонд за локална станбена изградба со буџет од 10 милијадри фунти;

С п о в

- да се посвети поголемо внимание на проектирањето на сите нови домови; - станбениот пазар повеќе да биде ориентиран кон барањата на потрошувачите; - локалните власти да ја преземат водечката улога во овој процес. Според претседателот на Кралскиот институт на британските архитекти, Анџела Брејди (Angela Brady), „Препораките на Комисијата за идни домови дава одлична појдовна платформа за реализација на радикално подобрен станбен пазар. Кралскиот институт на британските архитекти особено ја поддржува јасно искажаната важност за потребата, домовите што ги градиме денес да ги задоволат потребите на сегашните купувачи и да одговараат за идните генерации. Овој извештај нуди најсеопфатна слика за сегашната станбена криза и нуди одредени едноставни решенија кои, со здружени сили, ќе резултираат во подобро домување. Ние ја поддржуваме потребата од подобра соработка помеѓу сите субјекти вклучени во процесот на реализација на домувањето во Обединетото Кралство и ќе ги разгледаме во детали специфичните препораки на Комисијата за да ја обезбедиме нашата активна улога во оваа станбена револуција“. n

16 ноември 2012 ПОРТА

3

49

технологии

SITEoPS® - Софтвер за оптимизација на граДежни локации

Извлекување максимум уште во раните фази на планирање SITEOPS® е патентиран, револуционерен софтвер за оптимизација на градежни локации во сопственост на американската BLUERIDGE Analytics®. Има широка употреба за: изработка на економски студии, развој на инфраструктурни проекти, административни, деловни и станбени објекти, индустриски комплекси, транспортни објекти, депонии и пречистителни станици итн. трајче стојанов дипл.инж.арх.

ред неколку години, на страниците за Технологија на списаниево, можевте да прочитате воведен текст за SITEOPS® - една малку необична, но исклучително корисна апликација. Денес, таа се чини успешно го минува најтешкиот тест - времето. А времето покажува дека популарноста на апликацијата експресно расте. На хартија, сите аспекти одат во прилог на успешна иднина: напреден софтверски алгоритам за оптимизација кој ги користи предностите на хардверските и софтверски достигнувања како што е употребата на напредните интернет-

П

50

ПОРТА

3

технологии. SITEOPS® е софтверска апликација за оптимизација на концептуални решенија, која им овозможува на градежните инженери, архитектите и пејзажните архитекти да го извлечат максимумот од една локација уште во раните фази на планирање. Ако под максимум од една локација подразбираме негова поголема и подобра искористеност и ефикасност, како и редукција на трошоците за доведување на локацијата/теренот во соодветна форма, тогаш е јасно зошто ова е особено препорачлива алатка. Во голем број случаи, трошоците за градежните интервенции на локацијата, како што се ископите и наспипувањата, нивелирањето,

технологии

асфалтирањето и бетонирањето, и воопшто уредувањето на просторот, можат да бидат исклучително неповолни. И додека цел тим архитекти, инженери и геодети работат со недели, за преку проби да стигнат до некакви оптимизирани решенија, SITEOPS® тоа го прави за минути. Како функционира? SITEOPS® е Softwareas-a-Service (SaaS) алатка, што значи дека не постои инсталационо цеде, туку едноставно до софтверот пристапувате преку Интернет и интернет-пребарувач со логирање на www.siteops.com/login. По логирањето на мониторот се појавува модулот SITEOPS® Layout што е основа за која било операција во програмата. Покрај Layout, постојат и модулите Grading and Piping, Swept Path Analysis и Topo Import. SITEOPS® Layout е основен модул за 2D концептуален дизајн кој овозможува употреба на готови, параметрични елементи за поставување на објекти, паркинзи, сообраќајници, пешачки патеки, зеленила и друго на локацијата. Елементите се меѓусебно поврзани, па промената на еден елемент се рефлектира на другите. На тој начин, во исклучително кратко време на проектантот му се нуди опција за тестирање на решенијата на начин „што ако?“. Низ низа едноставни чекори, програмот ни дава 2Д и 3Д модел, но и датабаза на битни податоци кои понатаму можат да се пренесат како dwg, landXML, pdf и xcl формат. Модулот SITEOPS® Grading and Piping е опционен додаток кој врши анализи за ископите и насипите и канализационите системи на локацијата. Преку употреба на готови параметрични елементи, локацијата обработена во претходниот модул се анализира на второ ниво, при што како резултат се добиваат масите предвидени за ископ и насип, должина, нагиб и капацитет на

канализационите системи и многу други податоци. Модулот SITEOPS® Swept Path Analysis врши симулации на движењата на возилата по проектираните сообраќајници, проверувајќи дали тие се функционални во однос на патеката на движење, радиусите на кривините и слично. На располагање се дадени готови модели на најразлични типови на возила. Модулот Topo Import ги обезбедува квалитетните топографски податоци за локацијата (преземени од United States Geological Survey). Корисникот може едноставно да ја внесе адресата на локацијата (важи само за САД) и модулот веднаш ги обезбедува топографските податоци во вид на мапа во боја, со назначени дата на снимање, резолуција. Така добиената мапа автоматски се прикажува и во 3д моделот. Логично, како одлична концептуална алатка, SITEOPS® се поврзува со уште една одлична концептуална алатка -

SketchUp. Со ова, добиените 3д модели можат дополнително да се развиваат, но и да се дообработат за да се добијат квалитетни 3д рендери. Демонстративните видеа за SITEOPS® прикажани на веб страницата на апликацијата (www.siteops.com), но и на видео сервисот Youtube никого не оставаат рамнодушен. За помалку од дваесетина минути, корисникот може да разработи најповолно решение за една локација, а на крај истото може да го префрли во некој од CAD апликациите или пак да добие фото-реалистични рендери. Задоволството за почеток чини околу 3.000 долари годишно за една лиценца која може да се користи преку различни компјутери. Поради SaaS платформата, корисникот секогаш работи на најновата верзија на програмот. Вообичано, SITEOPS® се надградува на неколку месеци. За да може оптимално да се користи, системските побарувања за компјутерот преку кој се пристапува до апликацијата, пожелно е да има повеќејадрен процесор, минимум 2 Гб работна меморија, оперативни системи на Линукс или Виндоус (32 или 64 битен), широкопојасен Интернет и поновите верзии на интернет-прабарувачите. Доколку се планира користење на SketchUp, тогаш е потребна неговата 8-ма или понова верзија. SITEOPS® е патентиран, револуционерен софтвер за оптимизација на градежни локации во споственост на американската BLUERIDGE Analytics®. Програмата постои од 2007 година и засега е во 6-тата верзија. Има широка употреба за: изработка на економски студии, развој на инфраструктурни проекти, административни, деловни и станбени објекти, индустриски комплекси, транспортни објекти, депонии и пречистителни станици итн. n 16 ноември 2012 ПОРТА

3

51

eкологија

интензивирани активноСтите за СпаС на приматите

Шимпанзо

Проширувањето на човековите населби, сечењето на шумите, рударството, болестите и нелегалниот лов и трговија, ги ставија овие животни под закана. Според некои извештаи, одредени видови мајмуни може да бидат истребени за една генерација. Но, според последните истражувања, големите мајмуни се големи индикатори за светот во кој живееме.

Опстанокот на големите мајмуни, клуч за човештвото? сашо кузмановскИ олемите мајмуни ни нудат одговор на прашањето колку е уништен природниот свет, ја пренесе деновиве порталот РТЦЦ (Responding to climate change) изјавата на Даглас Крес, водечки конзерватор од Партнерството за опстанок на големите мајмуни при Програмата за животна средина на Обединетите нации (УНЕП). „Работата е јасна. Преку спасување на големите мајмуни, ние се спасуваме себе си. Тие се големи индикатори за светот во кој живееме и за светот што го создаваме за себе. Во текот на годините осознавме

Г 52

ПОРТА

3

16 ноември 2012

Oрнгутан

дека ако некој крупен животински вид, како што е горилата, слонот или носорогот, го извадиме од шумата или од екосистемот, тој систем се руши како кула од карти. Не смееме да продолжиме да ги тргаме овие животни од дивината со стапка како досега зашто ризикуваме шумите да се самоуништат. Но, кога овие крупни животни ќе ги вратиме во дивината гледаме дека шумските екосистеми прилично бргу закрепнуваат“, коментира Крес за порталот РТЦЦ. Во светот постојат четири вида големи мајмуни, шимпанза, горили и бонобоси кои се карактеристични за екваторијална Африка и орангутани кои живеат во

југоисточна Азија. Но, проширувањето на човековите населби, сечењето на шумите, рударството, болестите и нелегалниот лов и трговија ги ставија овие видови под закана. Според некои извештаи, одредени видови мајмуни може да бидат истребени за една генерација. Како што пренесува РТЦЦ, во моментов за секое шимпанзо на овој свет има околу 20.000 луѓе, а Крес предупредува дека мајмуните и луѓето се во директен натпревар. „На големите мајмуни им се потребни потполно истите работи за да преживеат, истите области, истите живеалишта, истата температура, истата храна. Сега сме во директен натпревар со големите мајмуни.

eкологија Горила

Не се сомневам дека ние ќе победиме во тој натпревар, но исто така мислам дека имаме и доволно свест да не ги избркаме од оваа планета“, вели Крес. Орангутаните, според РТЦЦ, живеат на само два индонезиски острови, Суматра и Борнео. Со растечкиот тренд со кој шумите се претвораат во плантажи за палмино масло, бројот на овие мајмуни е опаднат на само 55.000 единки во дивината. Во Африка, сечењето на шумите и рударството ги загрозува горилите. Во

Нигерија, од овој вид во дивината живеат само 300 единки. За големите мајмуни огромен проблем е илегалната трговија. Крес предупредува дека стотици мајмуни секоја година се транспортираат од Африка во Азија, главно во Кина и во Виетнам, како домашни миленици. „Треба да бидеме доволно умни и да обезбедиме алтернативни живеалишта, одржливи модели и различни форми на исхрана за големите мајмуни“, заклучува Крес, за РТЦЦ.

маЈмуните пред иСтреБуВање Најблиските роднини на човекот, мајмуните, лемурите и другите примати се пред истребување и се потребни итни мерки за да се спречи тој процес, се вели во последниот извештај на приматолозите што неодамна беше објавен во Хајдерабад, Индија, на Конвенцијата на Обединетите нации за биолошка разновидност. На листата се наоѓаат девет видови мајмуни од Азија, шест од Мадагаскар, пет од Африка и пет од американското тло. Зборувајќи за земјите, Мадагаскар се наоѓа на врвот на листата со 25 најзагрозени видови мајмуни, со шест загрозени вида. Виетнам има 5, Индонезија - 3, Бразил - 2, а Кина, Колумбија, Брегот на Слоновата коска, ДР Конго, Еквадор, Екваторијална Гвинеја, Гана, Кенија, Перу, Шри Ланка, Танзанија и Венецуела имаат по еден загрозен вид на листата. Лемурите од Мадагаскар се најсериозно загрозени поради загубата на живеалиштата и нелегалниот лов. Најреткиот лемур Lepilemur septentrionalis во дивината е застапен со само 19 единки. Листата на 25 најзагрозени примати ја составија приматолози кои со години работат на полето на заштитата на мајмуните ширум светот. Според Црвената листа на загрозени видови на Меѓународната унија за конзервација на природата (IUCN) од вкупно 633 видови и подвидови примати дури 54 отсто се класифицирани како загрозени со истребување. n

16 ноември 2012 ПОРТА

3

53

eкологија

еколозите и граДСките влаСти преД интереСен преДизвик

ПОТРЕБА ЗА ОДРЖЛИВА ИДНИНА?! никола нешкоскИ

поред анализите и проценките извршени од страна на UNDP, 20% од најбогатите луѓе на планетата заработуваат 80% од вкупниот светски приход. За разлика од овој податок, најсиромашните 20% од луѓето на нашата планета заработуваат 1,4% од вкупниот светски приход. 75% од луѓето на светот живеат во земјите во развој, додека само 25% живеат во развиени земји. Најголем дел од сиромашните луѓе живеат во Јужна Азија, Блискиот Исток и Африка. Воедно, овие земји се предводници во поглед и на разните видови на загадување. На пример, кога станува збор за аерозагадување, Азија со

С

l Две милијарди луѓе немаат пристап

до струја!

l Три милијарди луѓе немаат пристап

испуштање на 250 mg/m3 на прашина и ситни честички е убедлив светски лидер, со двојно поголемо загадување од светскиот просек (120 mg/m3). Азија, исто така, го држи и првото место во светот кога станува збор за загадување на вода, но во овој случај Азија има силна конкуренција од Африка. Кога станува збор за одделни држави, Америка е светски лидер во поглед на аерозагадување, но и во поглед на неконтролираното трошење како на пари така и на ресурси. Во овој дел од светот се практикува т.н. општествен систем ,,throw away culture”. Со други зборови – Америка не практикува ни „о“ од одржлив развој. Одржливиот развој како концепт на кој би требало да се заснова иднината на целата планета, првенствено претставува смена во свесноста на луѓето. Потребна е промена во 54

ПОРТА

3

16 ноември 2012

размислувањето, промена во поглед на нашите потреби и барања. На оваа наша планета има простор за сите, вода и храна за сите, има од сè за секого. Но, поради преголемите барања на луѓето, животната средина се наоѓа во критична состојба, ресурсите се пред исцрпување, животните пред изумирање, шумите пред „бришење“, луѓето пред изумирање од глад, немање на соодветна хигиена, недостиг на питка вода, и сон за основно образование. l Денеска низ светот 1,3 милијарда луѓе живеат со помалку од еден долар дневно! l Три милијарди (речиси половина свет) живеат со помалку од два долари дневно (вклучувајќи ги и претходните со помалку од еден долар на ден)! l 1,3 милијарда луѓе немаат пристап до вода за пиење!

до основните услови за водење хигиена! Како дополнување на горенаведеното, следат интересни податоци во однос на глобалните приоритети во трошење - на што се трошат најмногу пари во светот на годишно ниво: l козметика во Америка: 8 милијарди $; l парфеми во Европа и Америка: 12 милијарди $; l сладолед во Европа: 12 милијарди $; l храна за миленичиња во Европа и Америка: 17 милијарди $; l забави за бизнисмените во Јапонија: 35 милијарди $; l цигари во Европа: 50 милијарди $; l алкохолни пијалаци во Европа: 105 милијарди долари $; l дрога во светот: 400 милијарди долари $; l трошење за војска, глобално: 780 милијарди $. Од друга страна, за да се задоволат основните потреби на човештвото се потребни следниве средства, исто така на годишно ниво: l основно образование за сите: 6 милијарди $; l пристап до вода и основна хигиена за сите: 9 милијарди $; l овозможување на основни здравствени и нутриционистички потреби за сите: 13 милијарди $; l репродуктивно здравје за сите жени на светот: 12 милијарди $. n

интервју архитектура архитектура

Тел.+389 2 2460 458, Факс.+389 2 2460 459

DVORNIK

Лична заштитна опрема од 1990 8 Mарт, бр. 2, 1000 Скопје Тел.: +389 2 3110 624 +389 2 3110 901 info@dvornik.com.mk Факс: +389 2 3110 546 www.dvornik.com.mk

skopje@rehau.com www.rehau.com.mk

www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;

3

2 ноември 2012 ПОРТА

41

еко инфо лонДон

завршена првата фаза од најголемата ветерна електрана во светот Ветерната електрана London Array ги испорача првите kWh на електроенергетската мрежа. Се работи за најголемата ветерна електрана во светот, чија вкупна моќност на тукушто завршената прва фаза од проектот изнесува 630 MW. Централата се состои од 151 турбина и е лоцирана во естуарот на Темза. Со нејзиното целосно завршување, вкупната инсталирана моќност ќе биде 1GW. Сопственици на проектот се: данската компанија Dong Energy (50%), германскиот E.ON (30%), и компанијата Масдар од Абу Даби (20%). (Renewable Energy World)

белграД

модернизирана рафинерија во панчево Нафтената индустрија на Србија ја пушти во погон модернизираната рафинерија во Панчево, со што се создадени сите предуслови за производство на бензини и дизел гориво со еуро 5 квалитет. Во модернизацијата на постоечките постројки и инсталирање на нов комплекс за хидро обработка на моторните горива, инвестирани се 550 милиони евра. Годишниот капацитет за производство на бензин по највисоки европски стандарди ќе биде зголемен на 638.000 тони, а на дизелот 1,54 милиони тони. (Бета)

копенхаген

на Vestas му се заканува стечај

56

ПОРТА

3

Данската Влада нема директно да го поддржи најголемиот светски производител на ветротурбини, кому му се заканува стечај. Компанијата финансиски е дестабилизирана поради значителните трошоци за развојот на новиот тип турбина V112, и истовременото намалување на субвенциите за производство на енергија од обновливи извори ширум светот. Vestas побара помош од комерцијалните банки и од државата, но Министерството за клима, енергетика и градежништво е на мислење дека помагањето на одделни компании е спротивно на владината политика. Оваа индустрија во Данска во 2011 година остварила приход од 6,92 милијарди евра, при што уделот на Vestas изнесува 5,79 милијарди евра. (energetika-net) 16 ноември 2012

бриСел

европската комисија бара приватизација на водните ресурси Европската комисија ја условува финансиската помош на државите членки со приватизација на водните ресурси. Невладините организации му упатија писмо на Оли Рен, преку кое реагираат на улогата на Европската комисија во наметнувањето на приватизација на водните ресурси во Грција, Португалија и други земји, со образложение дека на овој начин се крши договорот за Европската Унија. Сопред овој договор, Европската Унија треба да биде неутрална по прашањето на сопственоста на водните ресурси. (Tportal)

токио

100 милијарди евра за деконтаминација и оштета Трошоците за санирање на нуклеарната централа во Фукушима, кои вклучуваат деконтаминација на подрачјето и оштета на жртвите, може да достигнат 100 милијарди евра, што е двојно повеќе од предвидената сума. Катастрофата во Фукушима, најтешка по онаа во Чернобил во 1986 година, емитуваше значителна количина на радиоактивни честички во воздухот, почвата и водата во регионот, и принуди стотици илјади жители да ги напуштат домовите. Од друга страна, технологијата и буџетот за санирање на четирите оштетени реактори (од вкупно шест кои ги има оваа централа) сè уште се во фаза на разработка. Се проценува дека процесот на целосна санација би можел да потрае и до 40 години. (HRT)

пекинг

кина против европските производители на полисилициум Кина поднесе жалба до Светската трговска организација, против Европската Унија, за кршење на правилата за субвенционирање на индустријата што произведува компоненти за фотоволтаични системи. Кина смета дека овие субвенции наштетиле на нејзиниот извоз. Кинеското Министерство за трговија веќе започна истрага со цел да открие дали европските компании продаваат полисилициум по непазарни цени. (Energia)

подготви: даниела младеновска

16 ноември 2012 ПОРТА

3

57

хортикултура

Подготовка на водните површини за презимување Филип ФИлИпоскИ, дипл.шум.инж.

екој што има водни елементи или површини во својот двор, треба да знае дека е неопходно да посвети особено внимание пред почетокот на зимата. Зазимувањето кај различни водни површини е различна во зависност од нивните димензии, материјали од кои се изградени и технологијата на функционирање. Па така, има водни површини кои би се оштетиле доколку останат полни, додека пак други ако се испразнат. Елементите со подвижна вода не се толку проблематични за презимување, отколку оние кај кои водата е статична. Доколку зимата е поблага тие можат да издржат и пониски температури без водата да замрзне доколку се во функција. Сепак во услови на многу ниски зимски температури, доколку тие функционираат со потопна пумпа, таа треба да биде отстранета се до пролет, додека подземните црева дури и да се исполнети со вода нема да претрпат оштетувања под влијание на мразот, поради тоа што се конструирани да издржат голем притисок и повеќе од атмосфери.

С

58

ПОРТА

3

16 ноември 2012

Со исклучок на јужните потопли краеви во републикава, бетонските и пвц езерца треба задолжително да се испразнуваат пред да настапи зимата. Треба да се испразнат и плитките (со длабочина од 2530 см.) езера, затоа што постои реална опасност од заледување на целата водна површина, со што би се наштетило на сите растенија кои се одгледуваат во самата вода (пример Nymphaea spp., Typha spp. и други), ако се оставени да презимат таму. Зимска заштита на базен со прекривање

Друг начин за заштита од ниските температури е препокривање на базените со специјални прекривки за таа намена кои го спречуваат замрзнувањето на водата. Овој начин на заштита е практичен кај базените наменети за пливање и во други базени во кои не се одгледува каква било растителност. Оние базени во кои тече геотермална вода, без разлика на тоа што се на отворено, немаат потреба од каква било подготовка за презимување, бидејќи

Typha sp.

Eсенско чистење на декоративно езерце

тие се во функција и во зимскиот период. Истото важи и за оние водни елементи во кои има вградено греачи. Оние водни површини во кои се одгледува растетелност задолжително треба да се испразнат. Кога треба да се испразни одреден воден елемент во кој има растителност, може да се постапи на два начина. Доколку растенијата се насадени во садови може да се префрлат на заштитено место (подрум или гаража) каде што ќе останат до пролет. Вториот начин, воедно и единствен возможен начин кога растенијата се директно насадени во дното, е мулчирање со текстил или слој од органска материја (сено, дрвени струготини и слично). Пред да дојде пролетта, мулчот се отстранува, а најдобро е тоа да се направи во периодот пред базенот да се наполни со вода. Пред да го оставиме езерото да презими задолжително треба да направиме комплетно чистење на органската маса. Видовите што имаат потреба од поголема топлина преку годината треба да бидат засолнети пред првата слана. При паѓањето на сланата, температурата на водата останува значително над температурата на мрзнење, со што ги заштитува растенијата од првите ниски температури. Декоративните езерца во кои дното е од набиен чакал или глина, немаат потреба од празнење пред да настапи зимата, бидејќи кај нив не може да настане пукање на дното под притисок на мраз. Декоративните водни површини, во кои се одгледуваат и риби, треба да останат полни со вода преку цела зима доколку тоа е изводливо, а во спротивно треба рибите да се префрлат во заштитни аквариуми каде би ја поминале зимата. n

спортски храмови

11

предлози за јапонскиот Национален стадион

Јапонија треба да одбере проект за новиот стадион кој ќе го угости Светскиот шампионат во рагби во 2019 година

а конкурсот пристигнале 46 предлози, а комисијата избрала 11 најдобри. Меѓу нив се познати архитектонски имиња како што се Заха Хадид и „Популос“.

Н

Конкурсот бил мошне строг што се однесува на условите. За да може да се учествува на него, неопходно било да се има една од следниве ласкави награди: Прицкер, златен медал АИА, златен медал УИА, Премиум Империале или златен медал РИБА. Победниците ќе бидат објавени следниот месец, а во жирито се Тадао Андо, Ричард Роџерс и Норман Фостер. n

60

ПОРТА

3

16 ноември 2012

СпортСка арена „реЏина” - реЏина, канаДа

спортски храмови факти за спортска арена „реџина” - Реџина, Канада капацитет: 33.000 места период на изградба: 2011 - 2017 Цена на изградба: 278 милиони евра Дизајн: : ZW Project Management and PC Sports инвеститори: Град Реџина, Саскачеван Рурајдер и провинциската влада на Саскачеван

сашо кузмановскИ

Мозаик стадион во Канада Канаѓаните тргнаа во офанзива за изградба на нови спортски капацитети. По Игрите во Ванкувер, опадна интензитетот на градба на нови спортски храмови, но минатата година како проект, а оваа и со конкретни градежни работи, заживува изградбата на новиот суператрактивен стадион за американски фудбал. Канадскиот тим Саскачеван Рурајдер ќе добие нов дом, кој ќе биде специфичен по подвижниот покрив. Стадионот се гради во градот Реџина и ќе има капацитет од 33.000 места, со дополнителна опција за проширување. Дизајнот на стадионот ќе ја има популарната форма на „чинија”, што сè почесто се користи во изградбата на стадиони и спортски сали, бидејќи гледачите со тоа добиваат можност за удобно следење на ситуацијата од сите делови на трибините. Дизајнирани како кружен сад, местата на новиот стадион ќе се движат подалеку од

И

крајните зони, но поблиску до централниот терен. Ова ќе го зголеми бројот на седишта со целосен преглед на игралиштето. Дизајнерите предвиделе посебно плато на централната трибина кое ќе биде ВИП зона, а предвидени се и неколку апартмани за ВИП личности кои од нив можат да ги следат случувањата на теренот. Текстурата на покривот и надворешноста наликуваат на мозаик или мрежа. Подвижниот покрив ќе овозможи за време на сончевите денови стадионот да биде отворен, додека за време на деновите со лоши временски услови да биде од затворен тип. Покривната конструкција и надворешноста на стадионот ќе овозможат контрола на протокот на воздух во внатрешноста. Контролата на ветерот ќе овозможи константа на температурата во внатрешноста. Цената на комплетната изградба на стадионот се движи околу 280 милиони долари. Покрај фудбалскиот тим, стадионот ќе го користат и локалните екипи во хокеј на трева и средношколските спортски тимови од градот. n

16 ноември 2012 ПОРТА

3

61

совети

РЕШЕНИЕ ЗА КОМФОРЕН ТРОСОБЕН СТАН Купивме голем комфорен стан кој треба да го уредиме. Големата спална соба би ја користеле сопругот и јас, а двете деца би биле во заедничка соба. Ве молиме да ни дадете предлог за ентериерно уредување. Сакаме комбинација на модерен и стилски мебел. Весна Петрова, Скопје

Пред Билјана стевковска савИЌ дипл. инж. арх.

bsavic@porta3.com.mk ентралниот дел на станот е предвиден за дневната соба и трпезаријата, додека лево и десно се наоѓаат спалните соби и бањите. Од влезот директно се влегува во дневниот престој, а лачната преграда од транспарентен материјал ненаметливо го насочува движењето. Наспроти двострано организираната кујна може да се постави трпезариска маса. Нејзината позиција овозможува непречено движење кон делот со удобно ниско седење. Бањата со дегажманот е покрај кујната и е опремена со туш кабина и придружни санитарни елементи. Во оваа бања е сместена и машината за перење. Детската соба опремена е со два кревета, елементи за играчки и книги, и долга работна маса. Гардеробниот плакар е во дегажманот. Спалната соба за родителите е убава, голема и со бања која и припаѓа само на неа. Покрај гардеробните плакари и францускиот лежај, во просторот има место и за длабока седалка за дневен одмор и читање. При изборот на мебел за дневната соба обрнете внимание на складот меѓу формата и материјалот од кој е изработен. Кожата е еден од најстарите материјали употребени за мебел. Трајна е, скапоцена, рафинирана и секогаш била добра инвестиција – над времето и модата. Кожата се согласува со класичниот стил, оди со рустичниот, а на модерното опремување му дава елеганција, удобност и трајност. Мебелот од кожа и на сосема обичниот амбиент му дава дух на неодминливост. Но, ако тој во моментот ви е недостапен, задоволете се со седалка, табуретка или барем рамка за слика Потоа од кожа. n

Ц

62

ПОРТА

3

16 ноември 2012

најчудни градби

НАМЕСТО ЦЕМЕНТ И ТУЛА – КУЌА ОД ЧЕЛИК

Драган Ристов оберт Бруно, aрхитект и скулптор од САД, успеал да изгради куќа направена исклучиво од челик. Тоа подразбира адаптација на челикот не само за арматура, столбови и слично, туку и како екстериер, фасада, па дури и внатрешен дизајн. Објектот се наоѓа во градот Лубок во сојузната држава Тексас во САД. Она што е интересно е што челичната куќа се наоѓа на самиот раб на клисурата, низ кој поминува локалната река и веднаш до пристапниот пат на влезот во

Р

градот. Кога Бруно завршил архитектура, дошол да предава на познатиот Тексас Теч Универзитет. Одејќи покрај реката, открил природна аномалија, па согласно градежниот талент, утврдил дека тоа е прекрасна локација каде може да го изгради својот нов дом. Но, талентот не му дозволил да ја уништи природата со стерилна, класична композиција на куќа, па се одлучил за футуристички дизјан, во кој и денес, над 30 години, луѓето се обидуваат да пронајдат сличност на објектот со светот што ги опкружува. За некои челичната куќа личи на огромно прасе, за други на некој хибрид на куче, додека за трети на некакво митско суштество кое гледано од далеку им влева страв во коските на минувачите. Бруно започнал да ја гради својата челична куќа во 1973 година. Тоа го правел цели 23 години. Финалниот резултат е масивна челична куќа со тежина од над 110 тони. Во неа го вложил сиот свој талент и вештина кои ги поседувал и во архитектурата и во инженерството. За разлика од кубичните простории кои најчесто имаат челични основи, куќата на Бруно има куполни соби, заоблени простории, еден вид на челични пештери чиј студ од металот се затоплува со

класичен мебел и стакелни витражи во различни бои. Куќата има површина од 280 квадратни метри и се што е во неа е направено со раката на Бруно. Дури и обликувањето или „крпењето“ на сводовите, подовите и ѕидовите е резултат на „простото“ заварување на челикот, испеглано и истругано до совршенство со цел да остава впечаток на една целина. Единственото дрво коешто се наоѓа во куќата се дрвените маси, орманите и креветите, што се совршено вклопени во внатрешноста на објектот. За овој дизајн, Бруно имал голем респект. Добил неколку награди и уживал во почитта од најблиските и пријателите. По неговата смрт во 2008 година, куќата ја добил градот и таа денес е претворена и служи како музеј. Се смета за една од поголемите атракции која привлекува внимание на секој посетител на Лубок, Тексас. n 16 ноември 2012 ПОРТА

3

63

излог 1

1a

Закачалка како апликација на ѕидот од британскиот дизајнер harry Parr-Young. (слика 1и 1a) Подни светилки Asterix, вистинска скулптурална композиција од австралиските дизајнери chopstick&kilt. (слика 2) Австралиецот Brad Stebbing е дизајнер на ламбата Samba за брендот hive. (слика 3) Комода и подна ламба направени од јасеново дрво. Дизајнот е на Vogelius и Muller. (слика 4)

сандра дончева теохарова, 64

ПОРТА

3

дипл. инж. арх. 16 ноември 2012

излог 3

2

4

16 ноември 2012 ПОРТА

3

65

jaвни набавки СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 134/2012

ОДЛУКА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СРЕДСТВА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ЗА РАЗВОЈ НА ПОДРАЧЈА СО СПЕЦИФИЧНИ РАЗВОЈНИ ПОТРЕБИ ВО 2012 ГОДИНА

ОДЛУКА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СРЕДСТВА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ЗА РАЗВОЈ НА ПЛАНСКИТЕ РЕГИОНИ ВО 2012 ГОДИНА

ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ИЗРАБОТКА НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СЕЛО СОПИШТЕ – РАЗРАБОТКА НА БЛОК 1, КО СОПИШТЕ, ОПШТИНА СОПИШТЕ СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 135/2012

ОБЈАВА ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ВО ОПШТИНА ШТИП

ИСПРАВКА НА ОБЈАВА БРОЈ 87 (19.10.2012) ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА КОМУНАЛНА ИНФРАСТРУКТУРА – ПАРКИНГ ПРОСТОР СО ПОДЗЕМНИ НИВОА ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОНИШТУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ

Број на огласот за кој се однесува известувањето: 136/2012 СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 136/2012 ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА

ОБЈАВА БР. 05/2012 ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕК-

ТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 98/2012 Назив на договорниот орган: Министерство за транспорт и врски, ул. “Даме Груев“ 6, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Изградба на водовод со резервоар за водоснабдување во населено место Ѓавато и изградба на фекална канализација со пропратни објекти во населено место Ѓавато, општина Богданци, по принцип “клуч во раце“. Контакт тел/факс: 02 3145-437, 3226392, лице за контакт: Мимица Томовска. Јавно отворање на понудите на ден 26.11.2012 год. СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 138/2012 ОПШТИНА ГАЗИ БАБА

БРОЈ НА ОГЛАС – ОБЈАВА 3 ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА А1 – СЕМЕЈНО ДОМУВАЊЕ ВО СТАНБЕНИ КУЌИ ОПШТИНА ПРОБИШТИП

ОБЈАВА БРОЈ 13 ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ВО ОПШТИНА ПРОБИШТИП ОПШТИНА НЕГОТИНО

ОБЈАВА 03/2012 ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ВО ОПШТИНА НЕГОТИНО

ОБЈАВА БРОЈ 92 (06.11.2012) ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕК-

ТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА ЛЕСНА И НЕЗАГАДУВАЧКА ИНДУСТРИЈА ВО ОПШТИНА БОГДАНЦИ ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 57/2012 Назив на договорниот орган: Општина Центар, ул. “Михаил Чоков“ бб, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Реконструкција на ЈДУ “Кочо Рацин“ – клон Панорама, фаза електрика и машински инсталации. Контакт тел/факс: 3203-692, 3211-089, лице за контакт: Љупчо Ивановски. Јавно отворање на понудите на ден 27.11.2012 год.

БРОЈ: 35/2012 Назив на договорниот орган: ЕЛС – Општина Прилеп, ул. “Питу Гули“ бр. 2, 7500, Прилеп. ПРЕДМЕТ: Подготвување на проекти, вклучувајќи дизајн на капацитети за водоснабдување (надоградување и дополнување на системот – Студенчица -, Изработка на Елаборати за хидрогеолошки испитувања на извориште), за потребите и на локации определени од страна на ЕЛС – Општина Прилеп. Контакт тел/факс: 048 401-730, 048 401720, лице за контакт: Илија Карески. Јавно отворање на понудите на ден 26.11.2012 год.

БРОЈ: 36/2012 Назив на договорниот орган: ЕЛС – Општина Прилеп, ул. “Питу Гули“ бр. 2, 7500, Прилеп. ПРЕДМЕТ: Изработка на проектна документација на ниво на Основен проект за линиски инфраструктурни градби на територијата на ЕЛС – Општина Прилеп. Контакт тел/факс: 048 401-730, 048 401720, лице за контакт: Илија Карески. Јавно отворање на понудите на ден 26.11.2012 год. СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 140/2012 ЗА

ОБЈАВА БРОЈ 93 (08.11.2012) ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО

ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА ЛЕСНА И НЕЗАГАДУВАЧКА ИНДУСТРИЈА – ВИНАРИИ ОПШТИНА ПРОБИШТИП

ОБЈАВА БРОЈ 14 ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ВО ОПШТИНА ПРОБИШТИП ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 40/2012 Назив на договорниот орган: Служба за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, ул. “Кузман Јосифовски Питу“ бр. 17, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Изведување на градежни работи за реконструкција на фасадата и илуминација на објектот на Владата на Репбулика Македонија. Контакт тел/факс: 2465-225, лице за контакт: Соња Полизовска. Јавно отворање на понудите на ден 24.12.2012 год. БРОЈ: 07-57/2012 Назив на договорниот орган: Агенција за државни патишта, ул. “Даме Груев“ бр. 14, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Изработка на проектна документација за клучка на обиколница. Контакт тел/факс: 3118-044, 3220-535, лице за контакт: Жаклина Стефановска Богдановска. Јавно отворање на понудите на ден 27.11.2012 год.

БРОЈ: 152/2012 Назив на договорниот орган: АД МЕПСО, ул. “Орце Николов“ бб, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Изградба на нови командно контролни објекти (ККО). Контакт тел/факс: 3149-085, 3111-160, лице за контакт: Јовица Саздовски. Јавно отворање на понудите на ден 05.12.2012 год.

Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.