Porta3 broj 184

Page 1

I SALONI 2012, МИЛАНО

Fuori Salone - Зона Тортона БИМАС 2012

Големата награда за Бакалчев и Хаџи Пуља

90 денари / БРОЈ 183 / ПЕТОК 18.05.2012 година VIII

ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА


рубрика

2

3

ПОРТА

18 мај 2012


ГОДИНА viii

БРОЈ 183 ПЕТОК 18.05.2012 драГи читатели,

Редакција:

Тортона за Милано. Секоја година, Миланскиот саем ја достигнува кулминацијата токму во областа Тортона, како што популарно Ломбардијците ја нарекуваат зоната околу улицата Тортона во југозападниот дел од градот. За помалку од две децении, американскиот град Оклахома Сити се реинтерпретира во слика на успешен град. Центарот на градот претставува неизбежна национална дестинација, модел на градско ткиво, седиште на бизнисот и културата, место за беспрекорно живеење и забава. Според некои проценки, во наредните години во богатите земји побарувачката на месо ќе порасне до 89 килограми месо по глава на жител годишно, односно 37 килограми по глава на жител годишно во земјите во развој. Ваквиот тренд, коментираат експертите, ќе придонесе за многу посериозни последици од промените во климата.

од редакЦијата

главен и одговорен уредник: Дејан БУЃЕВАЦ новинари: Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА

Насловна страница: СелСки двор ВО ВЕЛМЕЈ, ДЕБАРЦА БИМАС 2012

Големата награда за Бакалчев и Хаџи Пуља I SALONI 2012, МИЛАНО

Fuori Salone - Зона Тортона ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

90 денари / БРОЈ 183 / ПЕТОК 18.05.2012 година VIII

Со доделување на наградата Гран при во Скопје беше затворено 16. Биенале на македонската архитектура. Десетина дена посетителите имаа можност да видат 136 трудови реализирани во изминатите две години, неколку изложби и предавања на значајни екпсерти. Оценката на фелата е дека БИМАС останува своевиден сведок на творештвото во македонската современа архитектура и јасно ги отсликува актуелните тенденции на македонската архитектура. Во своето предавање што го одржа во „Александар Палас“ во Скопје, познатиот јапонски архитект Пол Норитака Танге, истакна дека најзначајно при структурирањето на еден град е да се земе предвид значењето на просторот за комуникација, односно поврзаноста на градот со остатокот од светот, што чувствуваат самите негови жители, кои се нивните потреби, бидејќи тие се главните креатори на градската структура. Она што е Shoreditch за источен Лондон или Meatpacking District за Менхетен, тоа е зона

графички уредник: Дејан ДАВИТКОВ фоторепортер: Кире ПОПОВ лектор: Костадинка СОЛЕВА

Автори: минаС Бакалчев И митко Хаџи пуЉа

Издавачки совет: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. - претседател проф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА, дипл.град.инж. Вања ДОНЧЕВА, дипл.инж.арх. Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. проф. д-р Катерина ДОНЕВСКА дипл.град.инж.

08

БИМАС 2012 08

ГОЛЕМАТА НАГРАДА ЗА БАКАЛЧЕВ И ХАЏИ ПУЉА

АРХИТЕКТУРА 16

ПРЕДАВАЊЕ НА ТАНГЕ ВО СКОПЈЕ АРХИТЕКТУРА СО ОТВОРЕНО СРЦЕ

ГРАДЕЖНИШТВО 18 ПРОЦЕНА НА ХАЗАРД ОД СВЛЕКУВАЊЕ СО ПРИМЕНА НА ПОЛИНОМНА ИНТЕРПОЛАЦИЈА

16

Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 9, 1000 Скопје Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk

34

РЕПОРТАЖА 34

I SALONI 2012, МИЛАНО FUORI SALONE - ЗОНА ТОРТОНА

Печати: Европа92 - Кочани

УРБАНИЗАМ 38

ОКЛАХОМА СИТИ ЖИВЕЈ, РАБОТИ И УЖИВАЈ ВО РЕНОВИРАНИТЕ ЦЕНТРИ...

44

КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО 44

ЗРЗЕ - ВЕКОВНО МОНАШКО ЖАРИШТЕ

Маркетинг: Биро Проект biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796 ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.500 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485

ЕКОЛОГИЈА 52

ДА ЈАДЕМЕ ПОМАЛКУ МЕСО, ВО ИМЕ НА КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година

ХОРТИКУЛТУРА 56 ВИЛА Д'ЕСТЕ

надворешни соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар АНДОВСКИ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Александра ШЕКУТКОВСКА Анастасија НИКОЛОВСКА Андреа ЈАМАКОСКА Билјана САВИЌ Бојана ФИЛИПОВИЌ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (AНГЛИЈА) Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Кире КИПРОСКИ Михаил ТОКАРЕВ Никола НЕШКОСКИ Сандра ДОНЧЕВА ТЕОХАРОВА Сашо КУЗМАНОВСКИ Трајче СТОЈАНОВ Филип ФИЛИПОСКИ Франческо ЧИТРО (ИТАЛИЈА)

38

Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.


рубрика

4

3

ПОРТА

18 мај 2012


рубрика

АТЛАНТИК ЛИФТОВИ

ул. Загрепска бр.28, 1000 Скопје www.atlantikliftovi.com.mk atlantikliftovi@yahoo.com

тел.: +389 78 339 704; 70 480 999

3

18 мај 2012 ПОРТА

5


скопје

Сè повеќе актери се вклучуваат во фасадирањето

Градот го менува ликот, за табиетот ќе видиме Катерина Спасовска Трпковска

О

пштината Центар реши да почести дел од своите граѓани со нови, термички фасади на нивните згради. Од општинската каса се одвоени 30 милиони денари за оваа намена, што е доволно за неколку десетини фасади. Субвенциите за термофасади ќе се доделат по претходно распишан конкурс кој ќе трае два месеца. Некои од условите се: објектите да се од пет до десет ката; станарите да имаат регистрирано заедница на сопственици или управител; 70 отсто од нив да се согласни за замена на балконските врати и прозорци поради поголема енергетска ефикасност. Доколку немаат средства, да земат заем за нивна промена, а за оваа цел општината Центар ќе потпише меморандум за соработка со невладината организација „Хабитат“. Право на учество ќе имаат станари на згради, кои се постари од 15 години, кои немаат градежни активности во текот на процесот на аплицирање, а сопствениците притоа да се согласат на анкетирање, енергетски контроли и промотивни активности во нивните

6

3

ПОРТА

18 мај 2012

згради. Топлинските фасади ќе ги изведе општината Центар преку свои фирми. Градските власти, пак, сега се зафатија со правење огради на мостови, но продолжува и нивната интервенција на фасади во централното градско подрачје. Во рок од три месеци ќе биде завршена обновата на фасадата на зградата над кафулето „Тренд”. Со природни материјали и изолација ќе се уреди површина од 210 квадратни метри, односно само челниот дел, кој гледа кон плоштадот Македонија. Изведувањето на надворешноста ќе чини околу 57.000 евра. Ова е трета од четирите згради кои ќе бидат предмет на реконструкција, со пари од градска каса. Лани беше почната обнова на објектот „Пелистер“, а во тек се градежни работи на зградата до неа. Останува да се измени ликот на објектот „Пелагонија“. Сите планирани фасади се во „барок“ стил. Градот распиша конкурс и за идејни решенија за обнова на фасадите на уште 19 станбени згради во околината на плоштадот - кај поранешен „Ловец“ , „Рекорд“, како и за станбени згради од втората делница на улицата Македонија. Ќе се менува ликот и

на „Метропол“ и на поранешна „На-Ма“. Исто така, сè уште се чека почетокот на реконструкцијата на фасадата што привлече најмногу внимание во јавноста во изминативе месеци - на зградата на Владата. Наградуваниот модерен објект на архитектот Петар Муличковски ќе добие фасада во неокласичен стил, со колонади, паралелно со подобрената термичка изолација. Идејното решение беше избрано со интернет-гласање. Мнозинството архитекти, вообичаено, се изјаснуваат против менувањето на фасадите, а како главен аргумент го поставуваат кршењето на авторското право како принцип. Тие особено се противеа на формите како интернетгласањето, бидејќи, како што велат, за стручна работа се консултира широката јавност, која, очекувано, е нестручна. Градските власти ќе потрошат и околу еден милион евра за новата ограда за мостот кај „Холидеј ин“. Тие склучиле договор со група понудувачи, Рудници и железарница - Институт од Скопје и белградската леарница „Јеремиќ“, кои треба да ја изработат и да ја монтираат


скопје заштитната ограда, да набават и да постават канделабри на мостот. Фирмите треба да изработат леана метална стилско-декоративна ограда и осветлување на мостот, и да ги инсталираат. Автор на идејното решение за новиот изглед на мостот е Константин Јанев, кој е автор и на двата лава на мостот Гоце Делчев. Според проектот, на оградата ќе бидат изведени слики и мотиви од нашето културно наследство. На овој мост нема да има грандиозни скулптури.

Успешно имплементирање на школскиот проект на ЕВН Македонија

Признанието „Енерџи Глоуб“ за МАЦЕФ

П

о повод Светскиот ден на животната средина, „Енерџи Глоуб“ ја додели националната награда за Македонија на невладината организација МАЦЕФ за имплементирање на школски проект на ЕВН Македонија. Поконкретно, за проектот „Училишен сервис-едукација за енергија во основни училишта“. Свеченото доделување се одржа во просториите на Универзитетот „Американ колеџ“ во Скопје. Во фокусот на проектот е подигање на свеста кај учениците за важноста за заштедата на енергија во секојдневниот живот. Образовниот дел на проектот се спроведува под водство на Центарот за енергетска ефикасност на Македонија МАЦЕФ и уште неколку проектни партнери. Концептот се спроведува на долгорочна основа од 2007 година со голем успех. Учество земале преку 30.000 ученици

од сите 84 општини од Македонија или повеќе од 250 основни училишта. Ова овозможи значајно зголемување на свеста за заштеда на енергијата во земјата. Проектот партнерски го спроведуваа пет локални организации, и тоа: Центарот за енергетска ефикасност МАЦЕФ од Скопје, Планетум од Струмица, Младински совет од Охрид, Жетва на знаење од Прилеп и Конект од Скопје. Професорката Македонка Димитрова е креативниот ум зад новиот концепт на проектот што ќе најде примена во школската 2011/2012 година. Доделувањето на наградата беше во соработка со трговското одделение при Австриската амбасада во Македонија, која заедно со ЕВН Македонија беа партнери и финансиери на проектот. Наградата ја додели м-р Анита Бавдаш, претставничка на австриската стопанска комора при Австриската амбасада во Македонија, која изјави дека е многу

задоволна што и во Македонија започнало да се работи на подигање на свеста кај најмладите за ефикасно искористување на енергијата. „Оваа награда е поттик за тимот што учествува во дизајнот на проектот и долгогодишната напорна работа, но и предизвик да ја оправдаме наградата во училишните години кои доаѓаат. Веќе една деценија работам на развој на програми за доближување на значењето на енергијата кон младите, и искуството вели дека многу работи допрва треба да се променат. Особен предизвик е осовременување на постоечките образовни програми со ваков тип на содржини, бидејќи трендовите се менуваат од година во година, а одржливоста ја наметнува денешницата“, изјави универзитетскиот професор Македонка Димитрова, која ја прими наградата во име на МАЦЕФ и конзорциумот. А.Ч.

3

18 мај 2012 ПОРТА

7


архитектура

16. Биенале на македонСката арХитектура (БимаС)

Големата награда за Бакалчев и Хаџи Пуља Овогодишни лауреати на 16. Биенале на македонската архитектура се авторите Минас Бакалчев и Митко Хаџи Пуља. Тие за проектот Селски двор во Велмеј, Дебарца, се добитници на наградата Гран при за реализиран архитектонски објект во изминатите две години. Бојана Филиповиќ

, дипл.инж.арх.

Б

иеналната манифестација на македонското архитектонско творештво БИМАС, со континуирано опстојување во период од повеќе од триесет години е своевиден сведок на творештвото во македонската современа архитектура. На нејзината овогодишна завршница, на 14 мај, беа доделени наградите за најдобрите проекти, кои се претставени на годинашната изложба. Архитектите Минас Бакалчев и Митко Хаџи Пуља се лауреатите на 16. Биенале на македонската архитектура. Тие за проектот Селски двор во Велмеј, Дебарца, ја добија наградата Гран при за реализиран архитектонски објект во изминатите две години. Во образложението на Комисијата на БИМАС за доделување на Големата награда за реализиран објект се вели: „Комисијата одбра да реафирмира навраќање кон веќе заборавени вредности какви што се заедништвото и пејзажот во секојдневното живеење, како заборавени културни обрасци“.

8

3

ПОРТА

18 мај 2012

Овогодишни лауреати на БИМАС 2012, Минас Бакалчев и Митко Хаџи Пуља

Специјална награда на БИМАС 2012 беше доделена на проектот за станбен објект - Куќа ’Г’ во Скопје, на архитектите Елена Икономов, Емил Јегени, Бојан Тасев, Веле Богоевски и Јасна Милојковиќ,

„заради симултаното промовирање на современ начин на градско живеење во истовремено пејзажен контекст“. Проектот на STUDIO 2000 за трговскиот центар City Center во Прилеп ја доби наградата за проект од областа на архитектурата. Проектот Едукативни просторни инсталации, во Градскиот парк во Скопје, дизајниран од АРХИТЕКТРИ/ СКАрС, Ивана Топаловска и Ристо Аврамовски, реализиран во 2011 година под покровителство на град Скопје, ја доби наградата за реализиран индустриски дизајн. Наградата за реализирана внатрешна архитектура - ентериер беше доделена на Постојана изложбена поставка - Меморијален центар на холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје, на авторите Мајкл Беренбаум, Едвард Џејкобс и Јован Ивановски. Отворајќи го 16. издание на Биеналето, претседателот на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, Даница Павловска Циги, истакна: „Денешните


архитектура архитектура“ на архитектот Питер Цумтор, во издание на ИКОНА, едиција „Светлина“, а во превод на Таше Стрезовски од англиски јазик. Изложбата на Биеналето на студентите по архитектура - БИСТА, се отвори во галеријата „Остен“. На оваа изложба покрај проектите Reclaiming the City на Архитектонски факултет при УКИМ, своите трудови ги изложија и студентите по архитектура од Универзитетот „Американ колеџ“ Скопје (UACS) и Државниот Универзитет во Тетово.

АРХИТЕКТУРА НА СЕКОЈДНЕВНИОТ ЖИВОТ

„СЕЛСКИ ДВОР“, ВЕЛМЕЈ, ДЕБАРЦА, автори Минас Бакалчев и Митко Хаџи Пуља Награда Гран при за реализиран архитектонски објект во изминатите две години

состојби се проценуваат амбивалентно: едни, општествени сили од политички амбиции, го омаловажуваат моментов, други го проколнуваат, трети поради загубени позиции тагуваат. Но, никој не може да го негира тоа што го гледа, тоа што е создадено, тоа што го има“. Биеналето, според неа, продолжува да функционира со исцртување на линијата на самопотврдување, самопрепознавање, самоидентификација. Овогодишниот селектор Ѓоко Радовановиќ, обраќајќи им се на присутните изјави: „Архитектите, како и секој хомо сапиенс, тежнеат кон достигнување на моќ, статус, престиж, богатство, углед, или едноставно, тежнеат да преживеат и да креираат. Дали во ваков контекст архитектурата може да ги искристализира новите вредности и новиот начин на живеење? Верувам дека Биеналето е можност да се согледаат многукратностите на пристапите и ставовите“. За времетраењето на Биеналето (3 мај -14 мај) во просториите на Музејот на град Скопје, посетителите имаа можност да видат 136 трудови распоредени во следниве категории: урбанистички планови и проекти, конкурсни трудови, архитектонски проекти, архитектонски реализации, проекти од областа на ентериер и дизајн, како и реализации од областа на ентериер и дизајн. Тука

е и изложбата на проекти на „Метамак, Архитектонски колектив“. Исто така, на вториот ден од Биеналето имаше и презентација на книгата „Мислејќи

За едни архитекти, секојдневното е она што останува по елиминирање на сите специјализирани активности. Според други, секојдневниот простор лежи помеѓу определените и физички одредените рамки, како домот, работното место или институцијата. Архитектурата, несомнено, го формира ткаењето и поставувањето на нашето реално секојдневие. Токму пристапот кон секојдневниот живот преку архитектура беше темата на презентациите и дискусиите на архитектите од домашната сцена. Во своето излагање „Сеќавање на иднината - архитектот и неговиот цртеж“, архитектот Гоце Аџи-Митревски го потенцира промовирањето на 

Станбен објект - Куќа „ Г “, Скопје автори Елена Икономов, Емил Јегени, Бојан Тасев, Веле Богоевски и Јасна Милојковиќ Специјална награда на БИМАС 2012

3

18 мај 2012 ПОРТА

9


архитектура

16. Биенале на македонСката арХитектура (БимаС) обликување на внатрешен простор за продажните салони на телекомуникацискиот оператор Оnе, ги образложи архитектот Дејан Ивановски. Своите архитектонски проекти ги претставија и архитектите Бекир Адеми и Бетим Зеќири („Три станбени објекти“ во Куманово) и архитектот Никола Стрезовски („Секојдневна иднина - Модели на посттранзициска градба“).

франЦуСки урБанитет

Трговски центар “City center”, Прилеп автори STUDIO 2000 Награда за проект од областа на архитектурата

цртежот како алатка за замислување на архитектурата и управувањето на мислата за просторот. „Проектите настануваат откако ќе бидат нацртани! Помеѓу ментална и препознатлива форма, замисла и производ, набљудување и анализа, не потсетува на неговата прва состојба на паметење“, вели архитектот. Добитниците на Големата награда на БИМАС, архитектите Минас Бакалчев и Митко Хаџи Пуља, го презентираа наградениот проект за Селски двор атриум на семејството Илоски лоцирано во село Велмеј, Дебарца. Според авторите, проектот со втиснато кружно средиште и чувствителен однос кон околниот пејзаж, дворот го претвора во атриум и поттикнува случувања и интегрирање на заедницата. Нивните реализации за куќата на семејството Смилеви на Водно или проектот за црквата Св. Илија во Говрлево, се дел од скромната архитектура која произлегува токму од секојдневието. Архитектите Саша Тасиќ и Александар Радевски го претставија Проектот за катната гаража во Скопје, чија реализација е во тек. Како нивни поактуелни проекти беа набројани и конкурсните трудови за град Скопје. Проектите на архитектонското биро АРХИТЕКТРИ и Студиото за современа архитектура Скопје СКАрС: шестте едукативни просторни 10

3

ПОРТА

18 мај 2012

инсталации во градскиот парк во Скопје; сценографијата за претставата „Барон Минхаузен“ на Струмичкиот театар; планинска куќа во Стрчин, Битола, и

Со поддршка на Францускиот институт во Париз, под наслов „Франција во фокусот“, беа одржани тридневни предавања на Оливие Броше, Мишел Лару - Шарли и Дидие Лаперони, со кои се презентираа архитектонски и урбанистички проекти како и социолошки аспекти на урбанитетот во Франција. Во склоп на овој дел од манифестацијата беше поставена и изложбата „На друго место - француската архитектура во светот“, составена од десет архитектонски проекти, претставени на изборот на „Афекс“ во 2010 година. Свое предавање и презентација на проекти одржа Оливие Броше, ко-директор на „Броше-Лајис-

Едукативни Просторни Инсталации, Градски парк, Скопје автори АРХИТЕКТРИ/СКАрС, Ивана Топаловска и Ристо Аврамовски Награда за реализиран индустриски дизајн


архитектура

Од изложбата „БИСТА“ во галерија Остен во Скопје

Пијо“, основано во 1984 година во Бордо. Kaко дизајнер на Народниот театар, трамвајската линија и идната еко-Лак област, Оливие Броше остава свој белег во Бордо, кој тој го смета за град на „мирна модерност“. Иновативните архитектонски проекти од културата на „Броше-Лајис-Пијо“ се во опсег од

Постојана изложбена поставка – Меморијален Центар на холокаустот на евреите од Македонија, Скопје автори Мајкл Беренбаум, Едвард Џејкобс и Јован Ивановски Награда за реализирана внатрешна архитектура - ентериер

трансформација на постоечки историски објекти до обединување на современи форми на експресија со реконструкција и

Проект: Општинска зграда на општина Центар - Скопје, проектирање 2010 автори Радоњиќ Миодраг - Бато, Ранчо Христов

презервација на постојни архитектонски структури. Преку реконструкциите на Националниот театар Port de la Lune во Бордо или Musée Fabre во Монтпеље, тие го остваруваат својот препознатлив потпис: иновативни солуции врзани за историски згради преку зачувување на сите развојни фази на комплексите. Нивниот Медиа центар во Кору во Француска Гвајана комбинира архитектонски архетипови и современи технологии во единствен објект, кој е соодветен на локацијата и климата, а особено на неговите корисници. Проектот за библиотека во Нарборн е, исто така, пример за урбана интеграција преку втопување во природниот амбиент. На друго ниво е урбаниот проект на дистрикт во Бордо покрај вештачко езеро - идно екососедство на градот, кое содржи свој центар, станбена зона и јавни простори. La Berge du Lac станува амбицизен урбан проект кој ќе создаде нова заедница со нагласок на енвиронменталистичките солуции и социјалната разновидност. Мишел Лари-Шарлис, директорка на Секторот за урбанизам на Бордо, направи спој на возобновување на историското архитектонско наследство и новиот урбан развој на градот Бордо преку презентирање на проектот Бордо 2030 - самоодржлив метрополис. Според Шарлис, вистинските промени 

3

18 мај 2012 ПОРТА

11


архитектура

16. Биенале на македонСката арХитектура (БимаС) Француски културен центар, Скопје автори Стојан Павлески, Ѓорѓи Радовановиќ, Иван Симеонов, Љупчо Тасевски, Ристо Кокалановски

за жителите на градот и посетителите, предвидени се преуредувања на брегот на реката Љубљаница, нови зелени површини, седум новоизградени мостови, реновирање на плоштади и улици и нови фасади за зградите. Од друга страна, градењето на напуштени индустриски зони е своевидно рециклирање на градот во самоодржлива урбана средина. Процесот на реновирање и обнова на јавните простори на градот со социјално вклучување и демократскиот урбанизам на овој проект, ја заслужи европската награда за јавен простор 2012, која ја доделува Центарот за современа култура во Барселона (CCCB).

помеЃу норматив и иСклучителноСт

започнуваат со политичката волја на градоначалникот на Бордо Алан Жипе. Главните улици во центарот на градот стануваат пешачки, дозволувајќи градот да стане почист, помирен и исполнет со моменти на создадена човечка нарација. Жипе остварува изненадувачки елегантна трамвајска линија, која ги обединува историскиот центар и предградијата во единствен метрополис. Обновата на левиот брег на реката Гарона ги заживува напуштените индустриски зони и ги заменува со крајбрежна еспланада. „Ние немаме Билбао“, вели архитектот Оливие Брошет. „Бордо е создаден од мали нешта, кои се добро изведени и со почит кон урбаниот контекст.“ Социологот Дидие Лаперони и професор на Универзитетот Сорбона, се надоврза на социолошките аспекти на француските градови со предавање „Центар и периферија, како да се надмитат урбаните јазови“. Како и во поголемиот дел од неговите трудови, предавањето беше посветено на прашањата на урбанистичката маргиналност и имиграцијата во градовите.

нивните очекувања за нејзината иднина. Како дел од овој комплексен проект e имплементирањето на новa сообраќајна политика - центарот на градот е затворен за автомобили за отворање на нови пешачки и велосипедски патеки. За јавниот простор да се направи поатрактивен

На претпоследниот ден од Биеналето, своја презентација имаше и мошне активното словенечко студио Dekleva Gregorič Arhitekti. Основачите на ова студио, Аљоша Деклева и Тина Грегорич, ги презентираа своите архитектонски реализации, кои спојуваат различни размери и програми, различни клими и локалитети, но секогаш со суптилен одговор во рамките на кодексите на секој контекст. Концептот што дефинира неколку „куќи“ под единствен покрив во куќата во Мауи, Хаваи, воедно го интегрира објектот со околината. Архитектите, како и со поголемиот дел од нивните проекти, од куќата XXS во Љубљана или проектот за

урБана визија - ЉуБЉана 2025 Според Јанез Кожељ, словенечки архитект и заменик-градоначалник на Љубљана, проектот Визија - „Љубљана 2025“ треба да го стимулира создавањето на автопортретот на градот, кој ги покажува потребите на неговите жители и кои се 12

3

ПОРТА

18 мај 2012

Дигитална Чајџилница, Токио, Јапонија автори Никола Николовски, Ана Браверман, Јута Ито, Хиро Танака, Аки Хамада, Казами Фурукава


архитектура домувањето ’L’ во Сежана, ја истражуваат областа помеѓу архитектонските нормативи и избегнувањето на архетипска слика на куќи, што внесува елемент на неочекуван пресврт во нормалноста на соседството. Според нивните зборови, ова студио кон архитектурата и дизајнот пристапува како истражување и одговор на специфични ограничувања и услови на секој проект, а нивното мото е преиспитувње на очигледното. Систематски дизајнерски пристап на ова студио е организационата техника за структуирање на просторот, а нивен препознатлив елемент е истакнувањето на природата на употребените материјали. Тие се свртени кон корисниците и затоа стимулираат нови социјални интеракции меѓу нив, се приспособуваат на нивните потреби, а самите корисници учествуваат и во процесот на дизајнирање. Меѓу последните нивни реализации беа споменати и изложбениот простор во Трст и погонот за рециклирање на метал во Пивка.

НАГРАДА БОРИС ЧИПАН

Неколку „куќи“ под единствен покрив во куќата во Мауи, Хаваи автори Студио Dekleva Gregorič Arhitekti

Со доделување на наградите на 16. Биенале на македонската архитектура, беше затворена најголемата манифестација на архитектурата во државата. Исто така, претседателот на Комисијата за награди 

ПАРКИНГ СИСТЕМИ адреса: ул. Никола Карев бр. 20, 1000 Скопје, п. фах: 356 тел./факс: +389 2 2465 467 e-mail: izgradba@gmail.com www.parkingsistemi.com.mk www.facebook.com/izgradba 18 мај 2012 ПОРТА

3

13


архитектура

16. Биенале на македонската архитектура (БИМАС)

и признанија, Гоце Аџи-Митревски пред присутните го изнесе и предлогот за преименување на Големата награда на БИМАС за реализиран архитектонски објект во награда „БОРИС ЧИПАН“. Препораката важи оваа награда да го носи тоа име започнувајќи од 2012 година. 

Комерцијални презентации на БИМАС 2012 „Прототип“ - 35-годишна успешна приказна

Со презентацијата како од препознатливост да се стигне до квалитет, фирмата „Прототип“ на отворањето на БИМАС, како генерален спонзор, ја раскажа својата 35 годишна кариера. „Прототип”, која од фирма за монтирање готови производи за три децении стана компанија со повеќе производствени линии, во својата сфера ги држи челикот, алуминиумот, стаклото, композитните панели и светлечките реклами. Компанија денес е дел од повеќе административно-деловни, трговско-услужни и индустриско-стопански објекти, а свој печат има и на бензински пумпи, објекти од посебна намена и од јавен карактер. Она на што се темели нивната перспектива се амбициозни и развојни планови, воведување нови технолошки достигнувања и постојано инвестирање во врвна технологија и опрема.

„Кнауф“ во станбената архитектура

Своја промоција во Музејот на град Скопје одржа и познатата компанија „Кнауф“. Така, Блажен Зотовски, советник за сува градба при компанијата, својата презентација ја подели во два дела. Во првиот дел зборуваше за влезот на „Кнауф“ преградните ѕидови во станбената градба, односно за сите бенефити кои доаѓаат со нив - повеќе простор, поздрав простор и поквалитетен простор за корисниците. Во вториот дел од своето презентирање, Зотовски дискутираше за „Кнауф“ аквапанел системите на фасадни ѕидови, базирани на аквапанел цементни плочи, и за нивната улога во енергетската ефикасност на градбите.

„Simpo-line“,

Компанијата „Симпо“ од Врање, организираше промоција на современата понуда на специјализираното претпријатие за опремување „Simpo-line“, која работи во рамки на српската компанија од 2003 година. На презентацијата, директорот на инженеринг Виолета Костиќ ги изнесе карактеристиките и техничкиот домет на целосната понуда на фирмата во изведбите на опремување на објекти. „Simpo-line“ успешно реализира голем број на опремувања во преку 15 европски земји и она што го издвојува е неговата соработка со седум познати ланци на хотели, што воедно е и причината за доделувањето на признанието „Златна ѕвезда“ за квалитет во Женева. 14

3

ПОРТА

18 мај 2012


Новиот систем на ГЕЦЕ за рачно лизгање Levolan 60

Рафинирана естетика дури и во најмалите простори

С

о компактниот модуларен систем Levolan 60, ГЕЦЕ создаде ново софистицирано решение во дизајнот на стаклени или дрвени лизгачки внатрешни прегради, кое се карактеризира со функционална едноставност и леснотија на погонот. Малите димензии на носечките механизми и линеарниот дизајн со тесна (50 мм) шина одговара на сите естетски и монтажни потреби и ситуации. Бараниот систем од држечките механизми е наменет за

крила со тежина до 60 кг. Вградувањето на комплетниот систем во шината го оптимизира целокупниот дизајн. Вградениот механизам за лесно и бесшумно движење на вратата Levolan SoftStop овозможува дополнителна безбедност и удобност: крилата на шибер вратата се движат лесно и нежно до крајната позиција, без удари во столаријата или тампонот. Ризикот од приклештени прсти е ограничен. Специјално изработените ролери држачи обезбедуваат исклучителна распределба на тежината

и речиси бесшумна работа. Заштитата на амортизацијата се активира во моментот кога крилото се монтира, обезбедувајќи сигурна безбедност во иднина. Монтажата се врши брзо и лесно преку т.н. GEZE стратегија "single-tool", која овозможува да биде исполнет само со еден инструмент. Крилото на вратата, заедно со ролерскиот држач, може да се закачува удобно во шината и да се приспособи полесно од предната страна. Исполнети до тука, панелите можат веднаш да се наместат без никакви дополнитени инструменти.

3

18 мај 2012 ПОРТА

15


архитектура

Предавање на Пол Норитака Танге во Скопје

Архитектура со отворено срце Најзначајно при структурирањето на еден град е да се земе предвид значењето на просторот за комуникација, односно поврзаноста на градот со целокупната своја слика, поврзаноста на градот со остатокот од светот, што чувствуваат самите негови жители, кои се нивните потреби, бидејќи тие се главните креатори на градската структура Андреа Јамакоска, Анастасија Николовска

В

о рамките на престојот на архитектот Пол Нориатака Танген именуван „Пол Норитака Танге: Кензо Танге и Скопје“, организиран (од страна на Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот „Американ колеџ“ од Скопје и Јапонската амбасада во РМ) по повод педесетгодишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје и 100 години од раѓањето на неговиот татко, големиот Кензо Танге, во хотелот „Александар Палас“ беше одржано предавање на кое Пол Норитака Танге пред многубројната публика го претстави творештвото на својот татко, како и дел од позначајните дела на мултинационалното архитектонско студио Tange Associates. Јапонскиот архитект Пол Норитака Танге своето

16

3

ПОРТА

18 мај 2012

излагање го започна со презентација на основните влијанија и инспирации, кои биле мошне важни во развојот и творештвото на неговиот татко. Така, беа спомнати влијанијата што датираат уште од античката грчка и римска култура, каде ја проучува агората како основен концепт за „јавен комуникациски простор“, потоа корените на јапонската традиција, култура и локалното опкружување, делата на генијалниот Микеланџело, базиликата Св. Петар во Рим, како и неизбежната рефлексија на творештвото на Ле Корбизје, неговата урбана филозофија, која го диктира создавањето на пространи, детално обработени градови, исполнети со мегаструктури, кои претставуваат комбинација на сервисни и транспортни структурни елементи. Сите овие влијанија, според зборовите на Танге, влијаеле

и врз креирањето на мастер-планот изработен за Скопје по катастрофалниот земјотрес, како негов прв урбанистички проект работен надвор од Јапонија. Планот за Скопје претставува демонстрација за значајниот континуитет на придонесот на Кензо Танге за градскиот, урбан дизајн. Како и претходните негови проекти, според Пол Норитака Танге, мастер-планот за Скопје ја следи градската инфраструктура на монументални размери и софистицирани детали, организирајќи варијации на транспортни модели во еден тридимензионален систем. Она што го разликувал мастер-планот на градот Скопје од претходно имплементираните урбани шеми, всушност претставувало симболичкото значење на урбаните структури, кои Кензо Танге започнал да ги проучува во својот план за „Tokyo Bay“ во


архитектура 1960 година, но не ги истражил целосно сè до разработката на мастер-планот за Скопје. Целовитоста на градот е ограничена со симболичките концепти на „порта“ и „ѕид“, организирани во линеарни оски, кои опслужуваат различни програмски карактеристики и метафори за урбаната форма. Според Танге, овие метафори всушност и ја претставуваат базата на целокупниот дизајн, меѓутоа најзначајно при структурирањето на еден град е да се земе предвид значењето на просторот за комуникација, односно поврзаноста на градот со целокупната своја слика, поврзаноста на градот со остатокот од светот, што чувствуваат самите негови жители, кои се нивните потреби, поради тоа што тие се главните креатори на градската структура. Неопходно е да се креира „архитектура со отворено срце“, преку која луѓето би можеле да ги разменуваат своите идеи, простор во кој можат да се среќаваат, да ја препознаваат сопствената традиција и култура. Пол Норитака Танге во неколку наврати напомена дека има силно чувство како да дошол во својот дом, во градот на татко му, иако за прв пат е во посета на Скопје, овој град е длабоко поврзан со неговата фамилија и го чувствува како мошне драг и близок. Како дел од најзначајните дела на компанијата Tange Associates, од нејзиното

формирање, па се до денес, Пол Норитака го истакна проектот за Hiroshima Peace Center работен во 50-тите години на 20 век. Основниот концепт на креирање на овој проект, работен по катастрофалната девастација предизвикана од атомската бомба, се поистоветува со структурата на планот и идејата за мастер-планот во Скопје, дефинирајќи го значењето на просторот преку едниствена спиритуална оска, по која се нижат структурите. Црпејќи инспирација од делата на Ле Корбизје, ова величествено дело претставува израз на монументална архитектура изградена во општесвени, антропоморфни размери. Секако, од големата архитектонска и урбанистичка продукција на Танге и на Tange Associates, мошне емотивно, неговиот син го издвои мастер-планот за Токио од 1961 година. Преку овој мастер-план, Танге за прв пат ја изложува својата идеја за трансформација од централизиран во линеарен град. Во својот план тој го гледа Токио како линеарен систем кој долж една главна оска генерира повеќе центри и овозможува високи квалитативни стандарди за домување и работа во истиот. По него, следат актуелниот мастер-план за Скопје (1963) и мастер-планот за Болоња (1965), кои бележат изедначеност во однос на обликуваниот пристап и морфолошко–типолошките одлики изразени преку симболичкиот

концеп на „градски ѕид“, кој го обвиткува централното ткиво. Овој проект на Танге ја ужива својата материјализација уште во 70тите години на минатиот век, претставувајќи референт за архитектонски дигнитет, кој го совладува хаотичното и неорганизираното градско ткиво. Наспроти големиот број на сценарија, кои денес го одбележуваат архитектонскиот диверзитет во Болоња, оваа мегаструктура, оваа епизода опстојува незагрозена до денес како една од најважните операции врз градот. Инспирирани, духовно и интелектуално надградени од ова излагање на јапонскиот архитект Пол Норитака Танге, треба да се запрашаме дали ние сме среќни во овој град и дали тој ги задоволува нашите просторно-функционални барања? Имено, своевремено политичко-економските фактори не ја овозможиле целосната реализација на планот предложен од Кензо Танге во шеесеттите години на минатот век, но тоа не значи дека граѓаните на Скопје треба да се лишени од живеењето во модернистичка утопија, тоа не значи дека Скопје треба да претставува незавршен град со загубен идентитет. Визијата на Танге во еден сегмент е фино имплементирана, но потребите на градот се менуваат, неговиот раст треба да бележи градација доследна на времето и актуелните архитектонско-урбанистички остварувања.

3

18 мај 2012 ПОРТА

17


градежништво

Процена на хазард од свлекување со Во трудот е презентиран метод за анализа на различни влезни параметри кои се користат во подготовката на зонални карти на хазард од свлекување. Методот е базиран на квантитативен пристап кој вклучува четири параметри за проценка на хазард од свлекување.

В

о практиката постојат бројни методи и техники кои служат за дефинирање на хазардот од свлекување, при што како краен резултат се добива квантитативен индекс. Сите постојни методи за подготовка на карти од оваа област се класифицираат во две групи (1- методи на покриеност и 2- методи на мрежа). Во трудот се дадени основите на т.н. метод на полиномна интерполација за анализа на Фактори за процена на хазард од свлекување (Landslide Hazard Evaluation Factors - LHEF). Идејата за развивање на овој метод е да се најде начин за воспоставување аналитички корелации помеѓу која било вредност на даден фактор за процена и неговиот рејтинг. Пристапот може да помогне во подобро и полесно дефинирање на факторите за процена на хазард од свлекување и може да биде искористен за пресметка на индексот на хазард и кај двете споменати методи преку дефинирани аритметички пресметки.

Одбирање на Факторите за процена на хазард од свлекување (LHEF)

Повеќето постојни методи ја земаат предвид просторната разместеност на претходно случени свлекувања, типот на карпите, наклонот на теренот, хидролошкиот фактор, вегетативната покривка итн. Претставениот пристап се базира на четири LHEF. Селекцијата на параметрите е во соласност со детални анализи за нивното влијание врз стабилноста на теренот за поширока област на Белград (планирана за урбанизација). Избраните фактори се поврзани со дефинирањето на литолошкиот тип (LT), подземните води (GWL), наклон на теренот (SA) и делувијална покривка (SDC). За региони со различни геолошки, хидролошки и други услови, може да се користат други фактори, зависно од нивното влијание на стабилноста на теренот.

Дефинирање на рејтинг за избраните LHEF

Имајќи предвид дека различните параметри не се подеднакво важни за проценка на Вкупниот фактор за процена на хазард од свлекување (Total Landslide Hazard Evaluation Factor-TLHEF), рејтинзите се поврзани со различни вредности на индивидуалните фактори за процена. Максималните вредности за користените фактори за процена се дадени во табела 1, додека детали за рејтинзите на секоја класа на фактори за процена се дадени во табелите 2, 3, 4 и 5.

м-р Игор Пешевски, д-р Милорад Јовановски, д-р Билјана Аболмасов Табела 2

Опсег на вредности за наклон на теренот (SA) како фактор за процена

Наклон на терен SA (степени)

Рејтинг

0-5 5-10 10-15 15-20 20-25 >25

0 1,5 2,3 2,8 2,9 3

Табела 3

Опсег на вредности за ниво на подземна вода GWL како фактор за процена

Ниво на подземна вода GWL

Рејтинг

(m под површината) <1 1-2 2-3 3-8 8-12 >12

3 2,5 1,8 1 0,3 0,1

Табела 4

Опсег на вредности за делувијална покривка SDC како фактор за процена

Делувијална покривка SDC (дебелина во m)

Рејтинг

<3 3-6 6-12 >12

1 0,5 0,2 0

Табела 5

Опсег на вредности за Литолошкиот тип со арбитрарни рејтинзи

Табела 1 Максимални вредности на различни фактори за процена

18

Класификационен параметар

Рејтинг

SA GWL LT SDC Total (TLHEF)

3

3

ПОРТА

18 мај 2012

3 3 1 10

Литолошки состав дефиниран со Литолошки тип LT

Рејтинг

1 2 3 4 5 6

0 1,2 2 2,5 2,9 3


градежништво

примена на полиномна интерполација Нумеричките вредности за рејтинзите можат да бидат предмет на дискусија бидејќи се дефинирани според искуство, но се соодветни за дефинирање на релативна подложност на свлечишта за анализираната област. Сумата на индивидуалните рејтинзи ја дава вкупната вредност на TLHEF. Сите фактори можат да бидат картирани, пресметани, измерени или претпоставени со примена на различни директни или индиректни методи. Важно е да се спомене дека некои од овие фактори се периодични, со тоа одредувајќи различни етапи на развој на процесот на свлекување. За сите фактори за процена се дефинирани корелациони криви (слика 1), со главна цел доделување на адекватен рејтинг за сите параметри.

Слика 1 Корелација помеѓу рејтинзи за SA, GWL, SDC и LT и вредностите на факторот за процена со користење на полиномна интерполација

SAR, GWLR, SDCR и LTR се соодветни пресметани рејтинзи за која било вредност на индивидуалните параметри. Зонирањето на класите на хазард од свлекување (Landslide Hazard Zonation Classes - LHZC) и адекватните TLHEF вредности се дадени во табела 6.



Табела 6 Арбитрарни вредности за Landslide Hazard Zonation Classes (LHZC) и врска со TLHEF

LHZ

TLHEF

0 1

0

класа

2 3 4 5 6

вредност

Значење на LHZ Класа 0 – стабилни зони

2,3

Класа 1 – зони со многу низок хазард

4,5

Класа 2 – низок хазард

6,5

Класа 3 – среден хазард

7,5

Класа 4 – висок хазард

9

Класа 5 – многу висок хазард

10

Класа 6 е за активни свлечишта

Слика 2 Корелација помеѓу LHZC и TLHEF со полиномна интерполација

3

18 мај 2012 ПОРТА

19


градежништво

Слика 3 LHZ карта по класичен метод на покриеност (0-6 зони на хазард)

Слика 4 LHZ карта по метод на мрежа и полиномна интерполација

Двата методи даваат различен поглед на LHZ карта. Имено, картата на слика 3, дава подобар впечаток од физичка гледна точка. Од друга страна, картата прикажана на слика 4, со користење на методот на мрежа и дефинираните корелации, е попрактична за аритметички и аналитички пресметки. Тука изолиниите се главните елементи кои ја претставуваат дистрибуцијата на TLHEF во истражената област.

Заклучоци

Методот базиран на полиномни врски помеѓу факторите за процена и рејтингот на параметрите може да биде еден од пристапите во идентификацијата на потенцијалниот хазард од свлекување. Истиот може да послужи како база за подготовка на LHZ карти со метод на мрежа. Понатамошен развој може да биде направен во смисла поврзување на TLHEF со факторот на сигурност на косините, како параметар кој најчесто се користи за дефинирање на стабилноста на теренот. Филозофијата на методологијата претпоставува динамички, критички и развоен период, поради фактот што станува збор за емпириски пристап.

Aпстракт

Во трудот е презентиран метод за анализа на различни влезни параметри кои се користат во подготовката на зонални карти на хазард од свлекување. Методот е базиран на квантитативен пристап кој вклучува четири параметри за проценка на хазард од свлекување. Имајќи предвид дека различните фактори не се еднакво важни за процена на вкупниот фактор за процена на хазард од свлекување, доделени се рејтинзи за важноста на секој индивидуален фактор. Со оваа процедура, секој фактор за процена е поврзан со соодветниот рејтинг преку примена на интерполационите графици и равенки. Врз основа на корелацијата помеѓу адекватните параметри и рејтингот, може да се пресмета вкупниот фактор за процена на хазард од свлекување. 

20

3

ПОРТА

18 мај 2012


IZIIS SAGA-B

градежништво

Решение за Европа

EUROCODE 2&8 Софтвер за анализа и проектирање на армиранобетноски објекти од високоградба IZIIS SAGA-B е софтверски пакет за 3Д анализа и проектирање на армиранобетонски згради. Со овој софтвер, кој се користи во Австралија повеќе од 15 години, успешно се проектирани повеќе од 10,000 згради. Неодамна, IZIIS SAGA-B е надополнет со Еврокодовите 2 и 8. Затоа, веруваме дека тој неминовно ќе стане составен дел од софтверските пакети кои Вие ќе ги користите во Вашeтo проектанско биро.

Прецизно моделирање со AutoCAD import

• БРЗО МОДЕЛИРАЊЕ НА ГЕОМЕТРИЈА НА ПЛАТФОРМА СО БИЛО КАКВА ФОРМА • ЛЕСЕН И ФЛЕКСИБИЛЕН AutoCAD И REVIT Import/Export • 3Д АНАЛИЗА, ПРОЕКТИРАЊЕ И ГРАФИЧКИ И НУМЕРИЧКИ ИЗВЕШТАИ • БРЗА ПОДДРШКА • БЕСПЛАТНА ОБУКА • ОПТИМАЛНА ЦЕНА • МАКЕДОНСКИ ПРОИЗВОД Made in Macedonia Симнете ја trial-верзијата и туторијалот на веб-странaтa:

www.iziis.ukim.edu.mk/saga-b e-mail: saga-b@pluto.iziis.ukim.edu.mk

www.iziis.ukim.edu.mk/saga-b Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС), Салвадор Аљенде 73, Скопје

Тел. 02 3107 721 Факс 02183112 163 мај 2012 ПОРТА

3

21


градежништво

Комплекс СП-Тафталиџе, Скопје

Комплетно реновирање

К

омплексот СП-Тафталиџе во Скопје на инвеститорот „Скопски пазар“, претставува целина од нови и комплетно реконструирани објекти. Го сочинуваат три одделни градби со складна и хармонична архитектура: Настрешница за пазар, Локали и Маркет. Настрешница за пазар е нов објект, додека Локали е постоечки и комплетно реновиран. Стариот зелен пазар од затворен тип е реконструиран

22

3

ПОРТА

18 мај 2012

и адаптиран во Маркет. Габаритот на постоечките објекти не е сменет, додека новата настрешница за пазар е вклопена во локацијата на начин да овозможува нормален проток на возила во две ленти околу Маркетот, како и да се обезбедат доволен број на паркинг места. Објектите, освен остварување на својата основна функција, придонесуваат и за облагородување на просторната целина. Конструкцијата за Настрешницата и Маркетот е изработена од челични

елементи. При проектирањето посебно внимание е посветено на начинот на монтажа на челичните елементи, посебно за Маркетот, тргнувајќи од фактот што е надоврзување на постоечка конструкција, каде што поголемиот дел од деталите се решавани на самото место. Врските на елементите се најчесто со завртки, особено за Настрешницата за пазар, со што времето на монтажа е значително скратено. Тоа оди во прилог ако се знае дека времето на завршување на целиот


градежништво

на стариот пазар

комплекс беше ограничено и мошне кратко: од 15 август до 15 декември 2011 година (вкупно четири месеци за три објекти). Во периодот на изградба на објектите работеа над 120 работници од разни градежни и градежно-занатчиски групи. Исто така, голема важност ѝ се даде на безбедноста при работа на сите учесници во изградбата на објектите. Во текот на целата изведба не е прекината работата на постоечките содржини. Новоизградениот објект Настрешница

за пазар, во основа е со димензии 7,80 m x 80,0 m или 624 m2. Конструкцијата се состои од попречни еднобродни рамки, конструирани од столбови и греди од кутијасти профили 160 x 160 x 5 на меѓусебно растојание од 4,0 m, со што се формираат 20 еднакви модули. Рамките се поврзани со рожници од кутијасти профили 60 x 60 x 5, преку кои доаѓаат кровни панели со дебелина од 40 mm. Темелењето е на АБ темели самци со вградени

Марија Стокуќа, дипл.град.инж.

анкери, на кои се монтирани столбовите преку монтажна врска со завртки. Постоечкиот објект Локали е само архитектонски преработен и пренаменет во објект, кој треба да ги задоволи барањата од инвеститорот. Во основа димензиите се 60,6 m x 7,9 m или површина од 479 m2. Изведена е комплетна промена на ентериерот, како и ново кровно покривање, а со додавање на челична атика и настрешница обложени со современи материјали, 

3

18 мај 2012 ПОРТА

23


градежништво

објектот доби нов современ изглед. СП Маркетот претрпи реконструкција и адаптација на веќе постоечки објект, чија намена беше затворен зелен пазар. Поставена е фасадна челична потконструкција од столбови со попречен пресек HEA-160, додека кровната конструкција е непроменета. Конструкцијата е обложена со термоизолациони фасадни панели 24

3

ПОРТА

18 мај 2012

со дебелина од 80 mm, а на кровот се поставени кровни панели со иста дебелина. Објектот во основа е 55,6 m x 36,3 m со вкупна површина од 2.020 m2. Одводнувањето на водата е преку хоризонтални и вертикални олуци, скриени зад фасадните панели и приклучени во атмосферска канализација. Покрај статичка и динамичка анализа на конструкцијата и димензионирање

на елементите, обврска на фирмата „СТОКУЌА“ беше и изработка на комплетна работилничка документација, архитектонско решение во неколку варијанти (поради измени на барање на инвеститорот или условите на терен), проект за водовод и канализација, проект за електрика, проект за партерно уредување и сообраќај, како и изведба на објектите. 


градежништво

3

18 мај 2012 ПОРТА

25


архитектура инфо оСтров фоГо, канада Објект: Tower Studio Архитект: Saunders Architecture

Извиената, скромна верикална структура на објектот Tower Studio претставува геометриска уметност која е во потполн контраст со околното опкружување и ја засекува силуетата на дивиот природен пејзаж на островот Фого, една од најново населените области во Канада. Дизајниран од студиото Saunders Architecture, овој објект е еден од шесте арт резиденции, финансирани од фондацијата Shorefast и Уметничката асоцијација на островот Фого. Се работи за креирање на економска и културна ревитализација на островот преку системи на ефикасни, самоодржливи начини на градење, кои воедно ја почитуваат традицијата и историјата на опкружувањето. Од друга страна, нејзината воздушесто исполнета структура создава пријатен дом за уметниците.

токио, јапонија Објект: House with eaves and an attic Архитект: ON design Partnership

Архитектите креирале спектакуларен објект, куќа со настрешница и поткровје, сместен во зелен кластер од дрвја, на минимална градежна парцела на врвот на стрмен гребен во Токио. Иронијата претставува првиот базичен инструмент за создавање на креацијата, како во екстериерниот израз така и во ентериерното уредување. Кровната површина е нагласена не само во нејзината големина туку и во нејзината стрмнина. Полукружните отвори се поставени со неодредена големина и недефиниран ритам по целата површина на кровот. Дрвјата во парцелата се искористени во архитектонскиот израз овозможувајќи им да растат низ дел од прозорските отвори. Материјалот на кровната површина наликува на детските лего коцки. Кујната и дневната соба се позиционирани на највисокиот кат, средното ниво е искористено како помошен простор, додека на приземјето се наоѓаат спалната соба и гаражата. 26

3

ПОРТА

18 мај 2012

подготви: андреа ЈамаКоСКа


архитектура инфо чонГминГ, кина Објект: Spiraling Bicycle musеum Архитект: JDS architects

Белгиското студио за архитектура и дизајн JDS architects го креираше Spiraling Bicycle Museum кој треба да биде изграден во кинескиот град Чонгминг. Се работи за „урбана оаза“, односно иден велосипедски град, кој треба да се состои од музеј, центар за посетители и мултифункционална хала, а неговата намена е да ја истакне врската меѓу спортот, технологијата, социјалната свест, рекреацијата и еволуцијата на велосипедизмот. Посетителите ќе можат да уживаат во средина погодна за велосипедисти, истовремено учејќи за историјата на велосипедизмот во музејот. Секоја структура на објектот е дизајнирана со надворешна велосипедска патека, така што посетителите можат да се одвезат до врвот и да уживаат во спектакуларната глетка на околниот пејзаж.

ванкувер, канада Објект: Beach & Howe Tower Архитект: BIG (Bjarke Ingels Group)

Како дел од интересите на градот Ванкувер кон самоодржливите структури, студиото BIG дојде до креација на извиена структура дефинирана со конзолни извишувања. Составена од 600 резиденцијални единици, распоредени низ волумен од 49 ката, кулата Beac& Howe нуди нови перцепции во однос на соединувањето на сообраќајниот метеж и резиденцијалното живеење. Масата на приватните резиденцијални единици е прицврстена од систем на типични BIG волумени со зелени кровни површини. Кулата и нејзината база претставуваат реинвенција на една нова типологија позната како „Ванкуверизам“ - витки, извиени кули организирани со површини на мешани намени и ѕидни површини кои ја дефинираат хуманата димензија на урбаното опкружување.

датонГ, кина Објект: datong art museum Архитект: Fosters+ Partners

Започна изградбата на музејот на уметности во Датонг, Кина, веќе прославен како Музеј на 21 век во Кина. Неговото отворање е планирано за 2013 година, како репрезент на Кина во интернационалната тура на Basel Art, наречена Beyond the Building. Оваа фокусна точка која е распослана на површина од 32.000м2, претставува една од четирите структури кои го обликуваат новиот културен центар во градот. Кровната површина, компонирана од четири меѓусебно поврзани пирамиди обликувани со вулканска структура, ја обвиткуваат внатрешноста во чиј централен фокус е позиционирана Големата галерија. Прекршувањата помеѓу волумените создаваат динамична игра на светло - темно и сенка во внатрешноста конципирана од флексибилен, отворен простор, приспособлив на различни типови на изложби. Ненаметливиот пристап преку рампа и скали интегрирани во потонатата структура, создаваат израз на неформален амфитеатар, точка во која кулминира драматичниот израз на музејот.

3

18 мај 2012 ПОРТА

27


архитектура

АРХИТЕКТУРА НА ИНФОРМАТИЧКАТА ЕПОХА

САНТИЈАГО КАЛАТРАВА ТВОРЕЦ НА ФАНТАСТИЧНА ДИНАМИЧКА БИОНИКА

проф.д-р М. Токарев

Железничката станица Лион-Сатолас. Изглед

Железничката станица Лион-Сатолас. Внатрешност Станбената кула NSB Turning Torso, Малме

Градот на уметностите и науките, Валенсија. Ситуација

Ж

елезничката станица Лион-Сатолас (19901994) со површина од 6.500 m2 претставува дел од новата брза железничка мрежа на Франција (TGV) и е во директна врска со аеродромот. Објектот има должина од 120 m, широчина од 100 m и височина 40 m, а од него продолжуваат перони долги 300 m. Низ средните колосеци можат да ,,пролетаат“ супер брзи возови со 300 km на час, поради што Калатрава има предвидено посебни системи за амортизација на динамичките удари и на вибрациите. Според својот буен обем и конструкција, овој објект го надминува аеродромскиот терминал на TWA Џон Кенеди во Њујорк (1957-1962). Формата на објектот, заедно со покриената врска кон аеродромот, наликува на праисториска птица со раширени крилја, но исто така и на морска риба. Неговиот централен конструктивен систем во вид 28

3

ПОРТА

18 мај 2012

на челичен `рбет тежи 1.300 тони. Меѓународната репутација на Калатрава се потврдува не само со изградба на објекти туку и со фасцинантни проекти. Тој е автор на проектот за црквата Св. Јован во Њујорк, галеријата со скверот на наследството на плоштадот BCE во Торонто (19871992), како и на проектот за обнова на Рајхстагот во Берлин (1993), со кој влегува во финалето на значајниот конкурс. На прагот на XXI век, необичното дело на Калатрава достигнува огромни размери во неговиот роден град Валенсија, каде што во рамките на пресушеното речно корито се подига ансамблот на Градот на уметностите и на науките (1996-2009). Најпрвин, во 1998 година во употреба е пуштен објектот Хемисферик, а потоа Музејот на науките Принц Филип и натстрешникот со ботаничка градина, под кој е сместен голем паркинг. Ансамблот се комплетира со Палатата на уметностите (1996-2002), павилјонот

Океанографик, мултинаменскиот плоштад Агора итн. Сите објекти со убаво обликуваните органски форми изникнуваат од водното огледало. Скулптурално - конструктивниот дострел постигнат кај Палатата на уметностите, Калатрава го доведува на повисоко ниво со Аудиториумот во Санта Круз де Тенерифе (1997-2002), чиј величествен профил станува симбол на Канарските Острови. Но, генијалниот творец се издига уште повисоко со фантастичниот Уметнички музеј на Милвоки, Висконсин (2001), сместен на брегот крај езерото Мичиген. Надоврзувајќи


архитектура

Хемисферикот и Музејот на науките, Валенсија

Палатата на уметностите, Валенсија

се на претходниот павилјон (1975) на Еро Саринен, тој прави една „мостовска“ конструкција со кров обликуван од подвижни брисолеи во вид на крилја, чија положба постојано се приспособува кон светлосните потреби на Музејот.

Фантастичното просторно творештво на Калатрава, со целосната синтеза на урбанизмот, архитектурата и механиката, го достигнува својот зенит на почетокот на XXI век, добивајќи ја можноста да ги подигне спортските објекти за Олимпијадата Уметничкиот музеј на Милвоки, Висконсин

во Атина (2004). Тие се сместени во Атлетскиот центар Спирос Луис, кој за потреб-ите на Олимписките игри целосно се реновира и комплетира со сите потребни содр-жини. Меѓу нив најголемо внимание привлекуваат Велодромот (19912004) и Стадионот (првобитно изграден во 1979 год., а дограден во 1982 год.), кој е целосно реди-зајниран од Калатрава. Обата објекти имаат симетрично решение со по два челични лачни носачи, кои со помош на сајли ги држат покривите над трибините. Оваа бионичка динамичка структура веќе ги надминува границите на кој било архитектонски израз и му припаѓа само на ненадмашниот Калатрава. Како останатите живи организми, така и човечкото тело за Калатрава претставува инспирација и поука за креирање на скулптурални, динамични, но и функционални композиции. Таков карактеристичен пример претставува NSB Тurning Тorso во Малме (20012005), кој со својата височина од 190 m станува највисок станбен објект во Европската Унија. Според слични принципи, подоцна се подига и огромната Незавршена кула во Дубаи. Олимпискиот стадион, Атина

Почитувани читатели, По овој прилог му се заблагодаруваме на проф. д-р М. Токарев за серијата написи од историјата и теоријата на модерната архитектура во Европа, како и за бројните критички осврти врз домашното творештво. Очекуваме во блиска иднина досегашната продуктивна соработка да продолжи. - Од Редакцијата

3

18 мај 2012 ПОРТА

29


архитектура

УБАВИ ГРАДОВИ, МУЗЕИ, ГАЛЕРИИ...

Спомен на херојското

Љупка Дуковска, дипл.инж.арх.

Меморијален комплекс

Музеј на Големата татковинска војна

Н

а запад од центарот на Москва, еден мал рид го носи името „Поклонаја гора“. Во минатото, од него се отворал поглед кон панорамата на градот. Патниците застанувале, се восхитувале и се поклонувале на Москва. Така го добил и името „Поклонаја гора“. Денес тој е во состав на градот. Таму е прекрасниот парк на Победата, во кој е поставен Меморијалниот комплекс на Големата татковинска војна, 1941 - 1945 година. „Поклонаја гора“ се спомнува уште во документите од 16 век. Тука, на ова високо место, некогаш со поклони ги среќавале воените лица и странските амбасадори... Знаејќи го овој историски факт, Наполеон, императорот на Франција,

30

3

ПОРТА

18 мај 2012

после Бородинската битка во 1812 година, се качил на „Поклонаја гора“ и ги чекал клучевите од Кремљ. Но, неговото чекање било залудно. Императорот Александар I, ги победил Французите, ги протерал и со триумф влегол во Париз. Судбината или животот го претвориле овој пат, во пат на победата. Во 17 век во победа над полските војски, во 19 век победа над француските и во 20 век победа над германските војски. Во победа над сите кои се обиделе да ја освојат оваа непобедлива земја.

Победа на советскиот народ

Да се подигне споменик во чест на големиот народен подвиг во Втората светска војна било предложено уште во 1942 година, но да се реализира во воени времиња било скоро невозможно. Идејата опстојувала

Бронзената статуа на божицата на победата Ника

долги години. На 23 февруари 1958 година, на „Поклонаја гора“ било поставено спомен - обележје од гранит со натпис: ,,Тука ќе биде изграден споменик на Победата на советскиот народ во Големата татковинска војна, 1941 - 1945 година“.

Меморијален комплекс

Карактеристично за овој комплекс е што


„Поклонаја гора“, Москва, Парк на Победата

архитектура

минато на рускиот народ Централната алеја

реализацијата и изградбата не биле под врховна директива. Во периодот од 70-тите до 80-тите години на минатиот век биле собрани 194 милиони рубли од граѓаните. Другите средства ги обезбедила државата. Изградбата почнала во 1984 година, а свечено бил отворен на 9 мај 1995 година, на денот на прославата на 50-годишнината од Победата над фашизмот. Меморијалниот комплекс е поставен на парцела од 135 хектара во прекрасна парковска зона. Тој ги вклучува во себе следните архитектонски објекти: монумент на Победата, централен музеј на Големата татковинска војна 1941 -1945 година, три храма на три различни конфесии, храм на Свети Георгиј Победоносец, меморијална џамија, меморијална синагога, мала црква, параклис, подигната во спомен на

шпанските доброволци. Централната алеја на паркот води до кружниот плоштад на Победителите, поставен пред централниот Музеј на Големата татковинска војна. Алејата наречена „Години на војната“ е составена од пет тераси, и тие ги симболизираат петте години на војната. На пет водни површини се изведени 1.418 фонтани. Бројот 1.418 одговара на бројот на деновите колку што траела војната. Денови и ноќи во кои се пролевала крв. Во центарот на кружниот плоштад на Победителите е поставен обелиск. Во подножјето на обелискот на гранитен подиум се наоѓа статуата на Свети Георгиј Победоносец, заштитник на Москва, кој со копјето го победува змејот. Симбол на победата на доброто над злото. Од него се возвишува обелиск, висок 141,8

метра. На неговиот врв, на 100 метри височина, е поставена бронзана скулптура на божицата на победата Ника, која со труби околу неа ја објавува победата. И двете скулптури, во поножјето и на врвот, се изработени од З. Церетели.

Музеј на Големата татковинска војна

Музејот е изграден во 1986 година, по проект на група архитекти предводени од А.Т.Полјански. Содржи повеќе од 50 колекции, со над 50 илјади експонати. Во музејот има постојана поставка ,,Пат кон Победата“, уметничка галерија, шест диорами посветени на главните битки во војната. Има колекции на оружје од Првата и Втората светска војна. Во библиотеката на музејот се чуваат повеќе од 50.000 

3

18 мај 2012 ПОРТА

31


архитектура изданија, како и ретки книги. Помеѓу експонатите со посебно внимание се чува „Знамето на Победата“, подигнато на 30 април 1945 година над Рајстагот во Берлин. Во центарот на салата „Слава“ се возвишува фигурата на „Воинот Победител“. А на мермерните околни ѕидови со злато се испишани имињата на 11.763 херои на Советскиот Сојуз. Во салата „Паметење“, по должината на ѕидовите заштитени со стакло, се чуваат „Книгите на паметење“, во кои во 385 томови се запишани имињата на сите загинати или исчезнати во битките за Татковината. Централна реликвија е конференцијата на Јалта во 1945 година, на која се сретнале Сталин, Рузвелт и Черчил. Од денот на отворање музејот го посетиле милиони посетители. Во 2010 година, вечерта пред празникот на 65- годишнината од Победата, на „Поклонаја гора“ во Москва бил запален Вечен оган. Факелот со пламен бил донесен од Вечниот оган во ѕидините на Кремљ, во оклопен транспорт, со почесна придружба на мотоциклисти.

Храм на свети Георгиј Победоносец

Меморијалната џамија

Храм на Свети Георгиј Победоносец

Изградбата на храмот почнала на 9 декември 1993 година. На 6 март 1995 година бил осветен од Рускиот патријарх Алексиј II. Автор на проектот е архитектот Анатолиј Полјански (1928 – 1993). Иконостасот е изработен од А. Чашкин. Автори на бронзениот барелјеф се З. Анджапаридзе и З. Церетели. Иконите од мозаик се на Е. Кључарев. Во рускиот стил на храмот се додадени елементи на модернизам. Во 1998 година се пренесени честички од моштите на великомаченикот Георгиј Победоносец, подарени од Ерусалимскиот патријарх Диодор, кои се Светост на храмот.

Меморијална џамија

Оваа џамија е изградена како дел од меморијалниот комплекс, во спомен на воините - муслимани загинати во војната. Била откриена на 6 септември 1997 година, на денот на празнувањето 850 години на престолнината. Изградена е по проектот на архитект И. Стажиев. Во неа се соединети четири различни муслимански архитектонски школи. Во џамијата работи општина и медреса.

Меморијална синагога

Храмот Сеќавање на Евреите жртви на холокаустот бил свечено отворен на 2 септември 1998 година. Во проектирањето на синагогата учествувале архитектите 32

3

ПОРТА

18 мај 2012

Меморијалната синагога


Статуата на Георгиј Победоносец како ја убива ламјата

Бронзената статуа на божицата на победата Ника

архитектура М. Зархи и В. Будаев, а во оформувањето на внатрешниот простор израелскиот скулптор Ф. Маислер. Ентериерот е во строги, свечени тонови. Овој објект е единствен руски музеј на еврејската историја. Тој раскажува за хероизмот на воините - Евреи. Повеќе од 150 воини се прогласени за херои на Советскиот Сојуз. Од есента 2009 година во синагогата се спроведуваат еврејски празници во согласност со традицијата. Во 2003 година на територијата на меморијалот била отворена мала црква, параклис, изградена во спомен на шпанските доброволци, кои загинале во Големата татковинска војна. Во иднина се планира да се изгради и будистички храм. Во изложбата на воена техника и инженерско фортификациони градби под отворено небо, се претставени повеќе од 300 модели на тешка воена техника на СССР и на другите учесници во битките. Паркот на Победата, што го чува споменот на херојското минато на рускиот народ, денес

нуди прекрасни можности за запознавање на историјата, прошетка во природа, одмор и рекреација. Постарите тука се сретнуваат, се шетаат, се сеќаваат на минатите времиња. А огромниот цветен часовник го покажува точното време. И нè враќа во сегашноста. Во моментот што го живееш. Во моментот во кој младите трчаат, возат велосипеди, ролерки и скејтборди... Додека се шеташ по улицата „Арбат“ ја чувствуваш духовната големина на рускиот народ, ја чувствуваш богатата, чувствителна руска душа опеана од нивните поети, писатели, композитори... Шетајќи се по „Поклонаја гора“, во паркот на Победата, чувствуваш уште една друга нивна димензија. Исто толку значајна и голема. Ја осознаваш храброста на рускиот народ, неговата борбеност, неговата непобедливост. Разбираш зошто Наполеон во 1812 година залудно ги чекал клучевите од Москва. Ја согледуваш комплетната слика за овој голем народ. 

www.evonik.com Tel: 02/3230 453; 02 3177 715 Mob: 070/277 060; 070/399 175 office@geko.com.mk

3

18 мај 2012 ПОРТА

33


репортажа

i Saloni 2012, милано

Fuori Salone - Зона Тортона Она што е Shoreditch за источен Лондон или Meatpacking District за Менхетен, тоа е зона Тортона за Милано. Секоја година, Миланскиот саем ја достигнува кулминацијата токму во областа Тортона, како што популарно Ломбардијците ја нарекуваат зоната околу улицата Тортона во југозападниот дел од градот. м-р иван мирКовСКи, дипл.инж.арх. (Специјално за Порта3 од Милано)

Ф

уори Салоне во буквален превод на македонски би значело „надвор од салонот“ - зборот салон земен во контекст на Миланскиот саем за мебел, светло, бањи и генерално дизајн за домот наречен „I Saloni”. Секоја година, оваа парада на врвниот светски дизајн ја достигнува кулминацијата токму во областа Тортона, како што популарно Ломбардијците ја нарекуваат зоната околу улицата Тортона во југозападниот дел од Милано.

34

3

ПОРТА

18 мај 2012

Овој дел од градот дели слична историја како и други познати области на Лондон, Њујорк, Париз: она што е Shoreditch за источен Лондон или Meatpacking District за Менхетен, тоа е зона Тортона за Милано. Заради административно реструктуирање, областа Тортона се приклучува кон Милано во 18 век. Двата иригациони канали Навиљо Гранде и Олона, кои ја пресекувале областа го давале главниот карактер на градот - обработлива земја пополнета со фарми. Од 1865 година па наваму, со поставувањето на железницата и градење на станицата Порта Џенова, ареалот го

менува карактерот од рурален во урбан. Започнале да се појавуваат резиденцијални блокови, сè повеќе железнички пруги, како и новата инфраструктура - улиците. Некогаш длабока периферија, во ерата на индустријализацијата, зона Тортона го доживува вториот бран промени, кои овој пат биле порадикални. Тоа се должело на доселување на магнатите како Осрам, Нестле, Џенерал Електрик околу Порта Џенова, и со изградба на огромни индустриски објекти. Потоа, следеле колективните домувања за работниците, а со тоа и познатата типологија која денеска


репортажа

Casa di Ringhiera

е составен дел од ткивото на Милано. Типичната „куќа на скалила“, односно Casa di Ringhiera, објект со внатрешен двор и надворешно поставени скали и комуникации се појавува во тоа време. Од 1906 година потекнува и објектот на здружението Società Umanitaria на Виа Солари 40, односно зона Тортона. Тоа бил првиот револуционерен социјален комплекс за колективно домување со зелени внатрешни дворови и заеднички простории за дружење и работа. Концептите на Сен Симон и Чарлс Фурие се реализираат 1:1 во јужно Милано, и по истата нагорна линија (со сегменти

на флуктуација нормално) се развиваат и по деиндустријализацијата на оваа област во 60-тите години на минатиот век. Индустријата пропаѓа и ареалот прераснува во brownfield - енормно големи напуштени фабрички хали и слични индустриски простори. Во 1983 година, Флавио Лукини и Фабрицио Фери го формираат моднофотографското студио „Superstudio“, токму во еден таков простор, кој претходно бил наменет за складирање на локомотиви, како и фабрика за велосипеди. По овие двајца пионери - креатори на зона Тортона, се нижат ред интелектуалци - креативци

со многу познати имиња, кои своите студија ги преселуваат токму таму. Пипин Барцилон, реставраторот на славната слика „Тајната вечера“ од Леонардо Да Винчи, го преместува, исто така, своето студио во оваа зона. Следи огромен бран млади креативци преполни со амбиции, кои стануваат горди соседи на големите мајстори. Во 1996 година, академијата Домус се впишува во листата сопственици на земјиште во зона Тортона. Овој наплив на отворен млад ум, кој набрзо се претвори во фабрика за продуцирање светски познати брендимиња, почна да врши гентрификација, 

3

18 мај 2012 ПОРТА

35


репортажа

LAUFEN инсталација

Инсталација на FLOS

нешто слично на она што се случи на квартот Сохо во централен Менхетен, Њујорк. Автентичноста на можеби најкреативниот кварт во светот е на ивица да се претвори во уште еден fancy сегмент од моралниот главен град на Ломбардија. Сега засега, машки се држи и благо ја врти главата на страна од милионите евра инвестиции, кои индустриите несебично се спремни да ги издвојат за само мало парче од зона Тортона. Шоуто што светскиот настан број еден во рамките на дизајнот ни го приредува Милано во месец април, може 36

3

ПОРТА

18 мај 2012

слободно да се каже дека започнува и завршува на тротоарите и во бившите фабрички хали на улицата Тортона. Швајцарската компанија за бањи „Лауфен“ се претстави со фасцинантна инсталација во галеријата Ои, која мора да се види во живо. Физичкото присуство во една сценографија, каде водата симболизира циклус преку една вертикална кореографија, од воздух кон земја, капка по капка патешествието на водата го славиме визуелно и акустично. Нежниот млаз на водата е опишан преку серијал од 120 флуидно обликувани

лавабоа, нивната форма потсетува на камен избрусен од енергијата на реката, а во исто време ја слави 120- годишнината од постоењето на овој бренд. Дизајнерски мебел расфрлан по пасажи низ фабриките коридори запоседнат од млади од целиот свет. Познати диџеи во креативен занос од импровизирани пултови пуштаа безгласна музика преку радиофреквенција, која можеше да се доживее само со специјални слушалки набавени од локалното кафуле со првото пиво. Улици преполни со луѓе - контрадикторност на


репортажа

Инсталација со вода

Neoreal инсталација

модерниот град - наместо со автомобили беше главниот успех, односно успех кој овој настан го пренесува на Светот. Инсталациите спонзорирани од Канон под името Neoreal во простoриите на Superstudio Più, ја фасцинираа публиката. Зона Тортона има една доблест, а тоа е способноста да фасцинира секој пат, секоја година. Неореал е поставка која ја креираат тројца специфични и различни карактери: архитект, фотограф и моден креатор. Тематиката се шумите и одржливоста на природата, водата и живиот свет кој нè опкружува.

Подигнување на свеста на човекот и имплицирање на важноста на нашата улога во глобалниот екосистем. Архитектот Рјуџи Накамура преку својата инсталација наречена „пролет“ со звук, светло и жици од клавир, креираше поставка толку нереална што нејзиното поимање во реалност беше нереално искуство. Со проекции на разни светлечки инсталации низ 25 километри оптегната 0,3-милиметарска жица од клавир во форма на кубус со димензии 8/5/2 метри, Накамура артикулираше мистериозни и смирени аспекти од неговите

опсервации во контекст на шумите. Времето ќе ни каже како понатаму ќе еволуира овој непрестан циклус на креација, за кој зоната Тортона е само случаен катализатор. Нови развојни програми се веќе во тек. Проектот за трансформација на просторот зад Порта Џенова во парк, носи нови предизвици. Но, секако најголемиот од нив е Светската изложба Експо, за која како домаќин се јавува градот Милано во 2015 година. Некако сè ми наликува дека и тогаш Тортона ќе го носи најголемиот „креативен товар“. 

3

18 мај 2012 ПОРТА

37


урбанизам

Оклахома Сити, САД

Живеј, работи и уживај во реновираните центри... За помалку од две децении, Оклахома Сити се реинтерпретира во слика на успешен град. Центарот на градот претставува неизбежна национална дестинација, модел на градско ткиво, седиште на бизнисот и културата, место за беспрекорно живеење и забава. Франческо Читро,

дипл.град.инж. (ИТАЛИЈА-САД) Ботаничка градина Миријад

Н

ајдраги мои, ви пишувам за да ве известам дека повеќе нема да бидам дома. Ми требаа речиси 24 часа за да дојдам во САД и да започнам да го живеам американскиот сон. Овој сон не започнува од местата добро познати за секого, како Њујорк, Њу Џерси или пак Калифорнија, туку започнува од тотално необично и непознато место, барем за Европејците, како што е Оклахома Сити. Гледајќи во една милијарда долари инвестирани во конструкцијата на

38

3

ПОРТА

18 мај 2012

подземната сообраќајница, никогаш не би помислиле дека до пред две децении центарот на Оклахома Сити практично наликувал на запуштен, заборавен град (ghost town). Така, утрото на 22 април 1889 година, Оклахома Сити поставила подеднакви можности за сите оние што биле желни да инвестираат во него голем труд и да создадат услови, кои не би можеле да се пронајдат на некое друго место. Доселениците што конечно успеале да ја убедат владата да ги „отвори“ земјиштата без никаква предвидена намена, својата

перспектива ја насочиле кон Санта Фе, железничката станица на Оклахома Сити, како простор на кој би се изградил новиот град. Градот бил изграден „преку ноќ“, поткрепен од индивидуалци, кои го откриле потенцијалот на овој голем град. Основачите, „татковците“ на Оклахома Сити, ја искористиле средноконтиненталната локација на бреговите на реката и крстосниците на железничката мрежа со цел се повеќе да го привлечат полето на бизнисот кон оваа средина. Бил креиран магацински дистрикт во служба на железницата, а


урбанизам центарот на градот обезбедил простор за отворање на шопинг центри, кои би ги задоволувале потребите на новите жители. Благодарение на просперитетните жители, популацијата се зголемила за 100%. Градот почнал да наликува на пријатните селца во медитеранските држави во Европа. За жал, ваквиот пораст на популацијата бил задушен за време на големата депресија и центарот на градот се претворил во запуштен, заборавен простор, дефинитивно со субурбанизацијата по Втората светска војна.

Центрите на градовите главно се одликуваат со извонредна архитектура, нешто што постојано го забележувам за време на моето континуирано патување низ државата Оклахома. Но, чувството на запоставеност ја исполнува мојата душа, кога се случува да ги посетам овие места за време на викендите. Добивам вистинско чувство на фрустрација. Каде се луѓето, каде е животот? Повеќе пати сум си го поставил ова прашање. Како е возможно да креираме толку величествена архитектура, а да не бидеме дел од неа? Тука би ги бакнувал и тротоарите

и нивниот совршен дизајн на изведба. Во 70-тите години на минатиот век, Нил Хортон се издвоил како исклучителна личност, преземајќи голем ризик со купувањето на објектите од тула во напуштеното складиште во градот Оклахома - простор кој бил зачудувачки игнориран, и на тој начин, среќно сочуван од разорувањето на урбаната обнова. Нил Хортон го видел скриениот потенцијал како дистрикт за забава. Тој инвестирал во областа Bricktown, што во денешно време претставува вистинска атракција и во која лично јас навистина 

Ботаничка градина Миријад

Bricktown

Downtown

Bricktown

3

18 мај 2012 ПОРТА

39


урбанизам уживав. Четири железнички компании ја транспортирале својата работа источно од пругите Санта Фе, локацијата на која се наоѓал Bricktown во доцниот 19 и раниот 20 век. Првите структури од тула, кои се карактеризирале со еден или два ката, се појавиле во годините меѓу 1898 и 1903 година. Поголемите објекти од тула биле конструирани во периодот 1903 - 1911 година, а највисоките објекти од тула биле градени во периодот 1911 - 1930 година, во чија непосредна близина се граделе и куќите за населението од работничката класа. Денес, оваа област од историско значење е исполнета со огромна варијабилност на уникатни ресторани и собиралишта за забава. Како и голем број на делови од центарот на градот, дистриктот со маркетите за продажба на производи на големо и магацинскиот дистрикт наеднаш недостасуваат на мапата на градот Оклахома. Визијата, материјалните средства и здравата доза на среќа се фокусираа и се вратија во деведесеттите години на минатиот век, кулминирајќи со иницијативата на MAPS (Metropolitan Area Projects) – формирањето на каналот во Bricktown во 1999 година. Од лонче за топење до склад за шпагети, од сплавови до рок музика, Bricktown стана еден од најдиверзибилните центри на Оклахома Сити, прославувајќи се како атрактивна дестинација. Семејства ширум целата држава патуваат до градот само за да го видат и посетат American Banjo Museum, дом на најголемите колекции на музички инструменти во светот, да го доживеат возењето со „водното такси“ долж каналот, или пак да ги гледаат играчите на омилениот клуб Oklahoma City Redhawks како замавнуваат на игралиштето. Страстните купувачи се собираат на црвениот пазар покрај каналот, дом на 50 продавници или пак во Bass, специјализираната продавница за најразлични предмети за екстериерно уредување. И секако, ако постои нешто по кое Bricktown навистина во целост се издвојува, тоа се неговиот ноќен живот и непрекината забава. Блуз барот The Biting Sow и салонот The Wormy Dog се фаворити во однос на останатите локали, и се неизбежни за посета од страна на оние посетители, кои имаат добар вкус за жива музика и се расположени за кригла студено пиво. Исто така, Bricktown претставува и место на кое се одржуваат разни перформанси и изведби од страна на студентите на Академијата за современа музика од овдешниот универзитет на Централна Оклахома. Најголемата разлика може да се забележи 40

3

ПОРТА

18 мај 2012

по пет часот попладне. Во 80-тите и 90тите години на минатиот век, Bricktown не претставувал некоја посебна дестинација исполнета со безброј активности и случувања, додека пак денес, дури и во најмрачните доцни часови во ноќта, дистриктот е исполнет со огромен број луѓе, кои се шетаат и уживаат наоколу. Се сеќавам на една топла, летна ноќ во Bricktown. Моќта и привлечноста на ова место е очигледна со самото тоа што милион луѓе доаѓаат да ја посетат оваа област, да уживаат покрај каналот што шири пријатно чувство на свежина низ целиот град, но исто така и да се забавуваат гледајќи ги кошаркарските мечеви во арената Chesapeake, лоцирана Кулата Девон

во негова непосредна близина, каде што игра локалниот тим Thuders. Додека ги пишувам овие редови, и натаму сè уште не можам да верувам дека порано ништо од овие случувања и структури не постоело, и дека уличните профили биле целосно запоставени, одземени од секојдневното живеење по пет часот попладне. Дел од историските објекти биле разрушени со цел да се обезбеди простор за беспрекорна реализација на проектите од урбаната обнова во 70тите години на минатиот век, кои сепак не успеале да се материјализираат. Постепената деструкција на градската структура и нејзините знаменитости и белези, жителите на Оклахома ја


урбанизам Bricktown

искусувале сè до 1993 година. И покрај малото пространство, иницијативата на MAPS (Metropolitan Area Projects ) за започнување на реконструкцијата што трае и ден-денес, беше одобрена од гласачите. Помеѓу плановите за реконструкција, дел од MAPS како најдоминантен беше планот за тоа што би можело да се претвори во еден од централните и најпопуларни дестинации во градот, вклучувајќи го и центарот Ford ( денешната Chesapeake Energy Arena), каналот и стадионот во Bricktown, и многу други јавни простори и објекти, како библиотеката Ronald Norick. Еден од највозбудливите елементи како дел од MAPS претставува концептот за изградба на цврсто урбано ткиво, кое би можело да ги прикрепи субурбаните области. Извонредниот напредок во бизнисот, уметноста, туризмот како производ од оригиналната иницијатива на MAPS засекогаш ги промени изразот и судбината на централниот дистрикт во Оклахома Сити. Со неодамнешно спроведување на MAPS 3, прогресот на градот е далеку од крајната точка. Тој претставува темел на понатамошниот развој во маркетингот и комуникацијата, за кој експертите се надеваат дека ќе продолжи... Дополнителните атракции

и занимливости за посетителите, кои се појавиле со спроведувањето на MAPS 1, извршиле голема промена која е од неизмерно значење за жителите на градот, со цел развој на најразновидни бизнис активности. „Ние сакаме висококвалитетен живот и сакаме да ги задржиме и привлечеме талентите, кои се неопходни за функционирање на денешниот бизнис“. Ваквите промени заземаат голема улога за реализација на просперитетните идеи и планови на жителите. За помалку од две децении, центарот на Оклахома Сити стана дом на силно развиена култура на бизнисот, ноќниот живот, спортот, забавите и уметноста, распространети низ области од кои секоја се одликува со сопствен идентитет. Во центарот се наоѓа и бизнис дистриктот, што би можел да се спореди со дистриктот Canary Wharf во Лондон. Чистиот израз на оваа област може да се изгуби во панорамата од најразновидни монументални структури, обвивки на безброј фунционални единици. Покрај издигнувањето на 50-катната Devon Tower сè до хоризонтот, оваа област претставува многу повеќе отколку сума на сопствените административни објекти. Некои од централните несовладливи

атракции можат да се пронајдат тука, вклучувајќи го и стадионот Chesapeake Energy, сегашен дом на локалниот професионален кошаркарски тим Thunder. Додека прославувањето на NBA тимот претставуваше иницијален предмет на повеќе расправи, повеќето локалци би негирале дека токму тој помогнал за револуционеризација на сликата на градот. Идејата тимот да го претставува градот на глобално ниво би било екстремно значајно за понатамошниот прогрес на градот. Една од омилените занимливости во бизнис дистриктот за посетителите и жителите на Оклахома Сити претставува реновираниот хотел Skirvin. Денес, под сопствеништво на ланецот хотели Hilton, годините на страдање на хотелот Skirvin се само дел од сеќавањата. Заедно со неколку други луксузни хотели, сместени во центарот на градот, хотелот стана значајна дестинација за посетителите. Жителите, како и лидерите на Оклахома Сити се предодредени да го трансформираат централниот бизнис дистрикт во богато седиште на популарни атракции, кои би резултирале со иден развој во светот на бизнисот. Како дел од третата иницијатива на MAPS, која дејствува и во неколку други полиња на 

3

18 мај 2012 ПОРТА

41


урбанизам Кулата Девон

усовршување, се планирани и нов уличен колски систем за центарот на градот и изградба на нов конвенционален центар производ на еден од најреволуционерните проекти за реновирање на градот проектот „180“. Проектот е финансиран со помош на воведување на пораст на таксите, овозможено со изградбата на објектот Devon Tower. Плановите што се дел од проектот вклучуваат редизајнирање на парковските простори, пешачките патеки и уличното осветлување; конвертирање на локалните улици во двонасочни улици, сето тоа резултирајќи со добивање на атрактивен, пешачки, пријатен центар кој беспрекорно ќе ги опслужува посетителите и бизнисмените. Проектот

42

3

ПОРТА

18 мај 2012

Национален споменик - Оклахома Сити

„180“ интегрира различности само во нашиот основен израз. Стив Масонис е претседател и шеф на корпорацијата Cardinal Engineering, што е во блиска соработка со неколку други компании, дел од иницијативата на проектот „180“, вклучувајќи ја и обновата на градините Myriad во вредност од повеќе милиони долари. Тој го потенцира значењето на центарот на Оклахома Сити, гледајќи ја неговата иднина во најдобро светло. Физичкиот израз на еден град е истото што претставува и една индивидуа, сè со цел да се постигне репрезентативен и импресивен надворешен изглед... Ако постои област од центарот, која ја отелотворува ренесансата во секоја

смисла на зборот, тоа е уметничкиот дистрикт. Едни од највизуелно впечатливите објекти и парковски пространства се лоцирани во оваа област и секоја пролет претставуваат предмет на презентација за време на советот на уметници на „Фестивалот на уметности“. Овој годишен собир на артисти стана еден од најуспешните саеми на уметности во државата и привлекува илјадници посетители секоја година. Помеѓу атрактивните области во градот, може да се издвои и дистриктот со еден од најпознатите светски музеи, Oklahoma Museum of Art. Архитектонските структури како централната зграда на арената и кристалниот мост, елегантната цивилна


урбанизам Детал од музејот на Оклахома Сити

Национален споменик - Оклахома Сити

музичка сала претставуваат неизбежен предмет на восхит и вчудоневиденост. Deborah McAuliffe Senner, претседател и генерален директор на Алијансата на Уметности е вчудоневидена од позитивните промени во дистриктот за уметности и неговата импликација на центарот на Оклахома Сити. Уметничките дела со сигурност влијаат врз развојот на туризмот во градот, како и економскиот развој на Националниот музеј на градот Оклахома и на Музејот за уметности, истовремено привлекувајќи посетители од целиот свет. Обновата на цивилниот центар овозможила создавање на специфичен израз на уметничкиот дистрикт за групи како

балетската група на Оклахома, градската филхармонија, црковниот хор Canterbury и лирскиот театар. Американската асоцијација на директори на црковните хорови, исто така го прогласи уметничкиот дистрикт како свој „дом“, преселувајќи се во простории наспроти цивилниот центар. Едено од неодамнешните подобрувања во центарот на градот е реновирањето на градините Myriad, акт со кој се создава уште една шармантна фокусна точка. Таа ги охрабрува локалните лидери за реализација на сопствената визија во однос на континуираната ревитализација во полето на уметноста и културата во центарот на градот. Благодарение на водечките сили на

Оклахома Сити, како и многубројните корпорации и индивидуи кои однапред го препознале значењето на уметноста, на градскиот центар му претходи светла, просперитетна иднина – еден вид на метаморфоза од урбана декаденција до постигнување на модел на градско ткиво, седиште на бизнисот и културата. За прв пат во последните децении, изразот на Оклахома Сити се реинтерпретира во слика на успешен град. Постигнатата структура на центарот на градот ја одразува виталноста на урбаното градско ткиво. Сега, центарот на Оклахома Сити претставува неизбежна национална дестинација, место за беспрекорно живеење, забава, работа... 

3

18 мај 2012 ПОРТА

43


културно наследство

Зрзе - вековно монашко жариште Монашката населба откриена со последните истражувања, чии почетоци се од 9 век, имала околу педесет испосници, тихувалишта, пештерни цркви и други објекти, вдлабени во бигорната карпа. Во Зрзе денес живеат осум монаси, работат иконопис и ја продолжуваат христијанската мисла. Кате аНТевСКа, историчарка на уметност

Црквата Свето Преображение

П

оминавме многу прилепски села за да дојдеме до целта. Ти се чини како да треба да стигнеш на крајот на светот, се храбриш, истрајуваш, додека отсутно минуваш низ кривулестите патишта. Слики насекаде. Деца безгрижно си играат по улиците, љубопитно гледајќи додека минуваме, стада овци, напуштени куќи и некаде далеку, на планината Даутица, се наѕира нашата цел - манастирот Свето Преображение во селото Зрзе. Уште колку има, се прашуваме. Уште колку треба да се помине за да се најде починка. Запираме на околу триста метри пред комплексот и продолжуваме пеш. Сонцето силно пече. Пред нас се извишува манастирот. Не пречека монахот Јов. Ни посака добредојде и срдечно не воведе низ светиот простор. Во

44

3

ПОРТА

18 мај 2012

Зрзе живеат осум монаси, и за изненадување тие не се повлекуваат во монашките конаци додека редици луѓе влегуваат во манастирот. Напротив, тие љубезно не дочекаа, раскажувајќи за посебноста на овој културен комплекс, кој се наоѓа на 1.000 метри надморска височина. Наш најголем интерес беше монашката населба, која беше откриена со последните археолошки истражувања. Љубопитни, сакавме сами да погледнеме каде се живеалиштата на монасите, кои тука, во осама, живееле уште од деветиот век. Монашката населба е распространета сосема долу, под зеленото плато, распоредена во седум нивоа и функционирала во три времнски етапи. Археологот Бранислав Ристески, раководител на истражувањата во Зрзе, известува

дека досега се евидентирани околу педесет поединечни целини-испосници, тихувалишта, работилници, комуникациски платоа и делови од други објекти. Во првата етапа на монашката населба, која го опфаќа периодот од доцниот девети до последните децении од 11 век, функционирале тринаесет испосници. Од раниот 12 век до првите децении на 14 век, потекнуваат јужната пештерна црква, неколку испосници, тихувалишта на кат, централната пештерна црква со егзонартекс, параклис и други објекти. Монашката населба континуирано постоела и во третата деценија на 14 век кога горе, на платото, била изградена еднокорабната црква, која ја видовме, а чиј основач бил монахот Герман. Во последните децении на 15 век, монасите ја


културно наследство Обновените конаци на монасите од Зрзе

а малку подоцна добила и припрата. Во 16 век првата црква била пресликана од познатиот зограф Онуфриј, а во 17 век кон неа бил дограден отворен трем на кој по целиот западен ѕид е насликан Страшниот суд. Не се разбирам од уметност, ама овие слики се неописливо убави, вели една жена, гледајќи ги фреските што го илустрираат рајот. Влегуваме во црквата заедно со Јов. Ни раскажува за познатите престолни икони - Исус Христос Спасител и Животодавец на митрополит Јован и Богородица Пелагонитиса, дело на јеромонахот Макарија. Ова се копии, оригиналите се чуваат во Музејот на Македонија, вели Јов. Тој и останатите монаси работат резба и иконопис. Прават реплики од овие свети слики и живеат во конаците, кои последниве години беа обновени. Излегуваме од црквата. Ќе дојдеме повторно, разговараме меѓусебе, додека се поздравуваме со Јов. Невозможно е да останеме на една посета. Фрламе уште еден поглед наназад пред заминување. Не облева необјаснива милина.

Иконата Богородица Пелагонитиса на јеромонахот Макарија

Иконата Исус Христос Спасител и Животодавец на митрополит Јован

напуштиле оваа населба и продолжиле да живеат на местото на денешните конаци. Следна дестинација ни е ранохристијанската базилика, која беше откриена со последните археолошки истражувања. Сонцето силно пече, а ние сме упорни. Не е далеку, блиску е до манастирот, се храбриме. Базиликата е голема, трикорабна, има и крстилница. Тука е најден гроб на маченик, на кој, веројатно му била посветена. Глетката одозгора е импознтна, не случајно за изградба е одбрана токму оваа локација. На крај ја посетивме црквата Св. Преображение, распослана на зеленото плато. Црквата е еднокорабна и е изградена за време на владеењето на цар Душан,

Поглед кон манастир Зрзе и монашката населба

3

18 мај 2012 ПОРТА

45


рубрика

Б

Покрив кој трае со генерации. ТОНДАХ Македонија АД ИГМ Пролетер бр. 1 МК- 2310 Виница е-маил: office@tondach.com.mk

46

3

ПОРТА

18 мај 2012

Телефони: ++389 / (0)33 361 332 ++389 / (0)33 362 152 Факс: ++389 / (0)33 361 780 www.tondach.com.mk


рубрика

Тел.+389 2 2460 458, Факс.+389 2 2460 459

DVORNIK

Лична заштитна опрема од 1990 8 Mарт, бр. 2, 1000 Скопје Тел.: +389 2 3110 624 +389 2 3110 901 info@dvornik.com.mk Факс: +389 2 3110 546 www.dvornik.com.mk

skopje@rehau.com www.rehau.com.mk

www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;

Друштво за инжинеринг и изведба на објекти

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606 E-mail: pelagskp@pelagonija.com.mk , pelagskp@mol.com.mk

3

18 мај 2012 ПОРТА

47


технологии

Пристигна Archicad 16

Придонес кон позелен свет Трајче Стојанов, дипл.инж.арх.

Archicad 16 содржи опции за комплетна евалуација на енергетската ефикасност на моделот преку вградени функционалности, слични на додатокот EcoDesigner, но овој пат во вид на сосема нова, интегрирана и уникатна технологија. На архитектите им се нудат прецизни динамички енергетски анализи на моделите поврзани со реално-временски податоци за локацијата.

16

ArchiCAD 16 introduces a comprehensive ecosystem of solutions to ease the creation, sharing, and finding of custom BIM Components. Builtin Energy Evaluation turns ArchiCAD 16 into the “greenest” BIM solution available on the market today. Together with ArchiCAD 16, GRAPHISOFT also delivers important workflow and productivity updates to its growing portfolio of solutions. These include an upgraded BIM Server™, Cloud-integrated model sharing service for BIMx users with an active maintenance contract, and support for the IFC 2x3 Coordination View Version 2.0 for facilitating Open BIM.

П

ристигна Archicad 16, и тоа токму на време. На 2 мај беше промовиран, додека официјалното пуштање во продажба е закажано за 30 мај годинава. Archicad за кого можеме да кажеме дека е првиот BIM (Building Information Modeling) софтвер во светот, годинава го доживеа своето 23-то издание во своето 26-годишно постоење. Да нема забуна, најновата верзија го носи бројот 16, но во минатото Archicad имаше и меѓуверзии. Годинава, Archicad 16 ќе се испорача во 26 локализирани верзии (некогаш, можеби кога интересот за овој продукт во земјава ќе биде на некое пристојно ниво, ќе добиеме и македонска верзија). Во светот има над 150.000 корисници. „Најтврдокорните“

48

3

ПОРТА

18 мај 2012

следбеници се оние што работат на Macintosh (Apple) платформа, додека од другата страна се корисниците на Autocad на Windows платформа. Битката е епска. Archicad првобитно работел исклучиво на Мекинтош платформа која во осумдесеттите била супериорна во однос на својата конкуренција. Autocad, од друга страна го одбрал Windows, во тоа време соперничка платформа. Иако денес и двете

апликации работат на обете платформи, остана дуелот. Autocad и Archicad се две сосема различни инженерски и сопернички апликации. Бројките се дефинитивно на страната на Autocad како CAD (Computer Aided Design) апликација, но доследноста кон BIM технологијата (или Virtual Building - како ја нарекуваат во Graphisoft) е на страната на Archicad. Оттаму возбудата. Што е овој пат ново?


технологии  Нова алатка и опции за директно моделирање. Конечно Archicad е комплетен. Конечно нуди бескрајна слобода, неверојатна флексибилност при 3д моделирање на архитектонските замисли. И сето тоа во BIM опкружување. Новата алатка, наречена Morph и мноштвото опции кои ја придружуваат, работат на интуитивен графички начин, виден кај Press’n’pull технологијата на Autodesk или Trimble (Google) SketchUp;  „Облак“ за размена на BIM компоненти. www.bimcomponents.com е онлајн складиште, датабаза, „прва помош“ за сите кои бараат бесплатни BIM 3д модели за својот дизајн. Сервисот ќе работи како „облак“ (cloud) каде корисниците преку свој профил ќе имаат можност да пребаруваат, складираат, разменуваат и преземаат компоненти. Облакот ќе проработи во јуни 2012;  Комплетно „зелен“. Archicad 16 содржи опции за комплетна евалуација

на енергетската ефикасност на моделот преку вградени функционалности, слични на додатокот EcoDesigner, но овој пат во вид на сосема нова, интегрирана и уникатна технологија. На архитектите им се нудат прецизни динамички енергетски анализи на моделите поврзани со реалновременски податоци за локацијата;  Останатите придобивки се однесуваат на подобрувања на брзината, алатките, тимската работа, интероперијабилноста, конверзијата кон dwg/dfx форматите и друго. Archicad 16 има релативно скромни системски побарувања:  32/64 битен оперативен систем од Windows XP, Vista, 7 и Mac OS X 10.6 и 10.7;  Intel® Core процесор или подобар (препорачано повеќејадрен процесор);  2 Gb работна мемориија (6 Gb RAM препорачано);  5 Gb слободен простор на хард дискот (препорачано е да се обезбедат

дополнителни 10 Gb простор за секој комплексен проект кој ќе се изработува);  Минимална резолуција од 1024x768 (1280x1024 препорачано);  OpenGL/DirectX 9 компатибилни графички картички со видео меморија од мин. 256 Mb. Задоволството да се поседува Archicad 16 се очекува да чини околу 3.500 евра. Тоа е пред се цена која се одржува постојана во последните неколку години. За повеќе информации, погледнете ги прилозите и обемните видео материјали на www.graphisoft.com.

3

18 мај 2012 ПОРТА

49


експерт

УШТЕ 2012 ЧАСА ДО ЛОНДОН 2012!

Олимпискиот стадион е со капацитет од 25 илјади постојани и 55 илјади монтажни седишта, кои наредени еднододруго би се протегале на должина од 50 километри. Кровната конструкција на стадионот е кабловска и штити 2/3 од седиштата, а може да носи тежина од 34 празни двокатни лондонски автобуси.

В

о присуство на 40 илјади посетители на 5 мај годинава, во Лондон се одржа свеченото отворање на Олимпискиот стадион (Olympic Stadium). Со церемонијата организирана во рамки на манифестацијата „Уште 2012 часа: Вечер на атлетика и забава“ (2012 Hours to Go: An Evening of Athletics and Entertainment), освен свеченото отворање на Олимпискиот стадион се одбележа и почетокот на одбројувањето на преостанатите 2012 часа до официјалното отворање на овогодишните Олимписки игри Лондон 2012 (London 2012 Olymic Games). Над 30 реномирани естрадни уметници и спортисти земаа учество во овој настан,

50

3

ПОРТА

18 мај 2012

д-р Владимир Б. Ладински, дипл.инж.арх. (Велика Британија) меѓу кои и раперот и композиторот Чипманк (Chipmunk), имитаторот Џон Кулшоу (Jon Culshaw), пејачката Мелани Си (Melanie C), двајца од најпрославените британски олимпијци Сер Стив Редгрејв (Sir Steve Redgrave) и Марк Фостер (Mark Foster), актерот Хју Боневил (Hugh Bonneville) и комичарот Џек Вајтхол (Jack Whitehall). Од 19 часот посетителите бea во можност да уживаат во последните 90 минути од Виза атлетското првенство на отворен простор на Организацијата за спорт на британските универзитети и колеџи (British Universities and Colleges Sport (BUCS) Visa Outdoor Athletic Championships), еден од низата натпревари за тестирање на олимпискиот стадион во рамките на подготовките (London Prepares) на олимпискиот комплекс

за претстојните игри. Манифестацијата беше збогатена и со низа настапи на британските естрадни ѕвезди и познати атлетичари кои земаа учество во пригодни игри и натпревари, како на пример штафета со велосипед, за да освојат награди за присутните гледачи. Церемонијата водена од водителите Вернон Кеј (Vernon Key) и Габи Логан (Gabby Logan) кулминираше во пеењето на националната химна од страна на групата „Жени на војниците“ (Military Wifes) заедно со публиката, и особено во самиот чин на свеченото отворање. Последново, веројатно ќе биде запомнето по фактот што честа за свеченото отворање на стадионот и активирање на часовникот, преку кој ќе се одбројуваат последните 2012 часа до свеченото отворање на


експерт олимписките игри, не припадна ниту на политичар, член на кралското семејство или јавна личност, туку на претставник од публиката, деветгодишната Ниам Кларк-Вилис (Niamh Clarke-Willis) од Хакни (Hackney) придружена од Лорд (Себастиан) Кое (Lord 'Sebastian' Coe), претседавачот на организациониот одбор на игрите. За да се избере претставникот од публиката, организаторот побарал сите лица кои купиле билети да ги пријават децата на возраст од 8 до 14 години што ќе присуствуваат на настанот, при што првите сто пријавени деца биле земени предвид како можни кандидати. Стрелецот и носителот на параолимпискиот златен медал Даниел Браун (Danielle Brown), преку истрелување стрела во низа од подвижни мети, всушност го „извлекла“ претставникот на публиката што ќе го отвори стадионот. Лорд Кое ја истакна важноста на овој настан од повеќе причини, велејќи дека да ги види атлетичарите по прв пат на атлетската патека ќе биде специјален момент за него и дека пречекувањето на 40 илјади лица во стадионот во сабота навечер ќе претставува клучен момент. Овие посетители не само што ќе го отпочнат нивното олимписко патешествие само недели пред отпочнувањето на игрите, туку ќе одиграат и значајна улога преку помошта во проверка на објектот и стекнување на потребната лиценца за користење на стадионот. Тој, исто така,

истакнал дека е многу горд на овој објект, и дека истиот е подготвен да биде домаќин на најголемиот спортски настан во светот. Олимпискиот стадион ќе биде домаќин на Олимписките игри Лондон 2012, кои ќе се одржат од 27 јули до 12 август, и на Параолимпсиките игри кои ќе се одржат во периодот од 29 август до 9 септември. Објектот е испроектиран од страна на глобалнато архитектонско и дизајнерско биро „Популус“ (Populous). Изградбата на објектот по цена од 486 милиони фунти (околу 583 милиони евра), отпочнала во мај 2008 година, а завршила на 29 март 2011 година со полагањето на последното парче тревник од страна на Претседавачот на Организацијата за реализација на олимпијадата (Olympic Delivery Authority ODA Chairman), Џон Армит (John Armitt). Стадионот е со капацитет од 25 илјади постојани и 55 илјади монтажни седишта, кои наредени еднододруго би се протегале на должина од 50 километри. За да се реализира објектот, било потребно 800 илјади тони земја да се извадат и однесат, за да може да се отпочне изградбата на стадионот, што е доволна количина постојниот објект на Ројал Алберт Хол (Royal Albert Hall) девет пати да се исполни со земја. Големите земјани работи делумно се резултат на еден од концептите на објектот, што е испроектиран како вкопана чинија во чие дно се наоѓа теренот и атлетските патеки, а по страниците

постојаните седишта. Објектот е висок 62,7 метри, што е половина од висината на „Лондонското око“ (London Eye) и еднакво на висината на централниот распон на мостот „Тоуер бриџ“ (Tower Bridge). Објектот како шилци на круна го красат 14 кули за осветлување на теренот и патеките поставени по обемот на објектот. Кровната конструкција на стадионот е кабловска и е покриена со 28 метри длабока покривна конструкција по обемот на целиот објект. Таа штити 2/3 од седиштата и може да носи тежина од 34 празни двокатни лондонски автобуси. Објектот, исто така, е опкружен со текстилна завеса, која обезбедува дополнителна заштита на гледачите. Според Џон Армит, лондонскиот олимписки стадион е испроектиран да биде различен. Според него, „Тимот стадион“ направил извонредна работа во однос на сложената проектна програма преку иновативен проект, кој ќе обезбеди Олимпискиот стадион не само да биде фантастична спортска арена во 2012 година, но исто така ќе обезбеди и одржливо наследство за локалната заедница која ќе живее околу него. Со оваа церемонија на 2012 часа пред почетокот на церемонијата на официјалното отворање на Олимписките игри, се потврдува не само официјалното отворање на олимпискиот стадион, туку и подготвеноста на организаторот за претстојните игри.

3

18 мај 2012 ПОРТА

51


екологија

Новите истражувања предлагаат нов тренд во исхраната

Да јадеме помалку месо, во Според некои проценки, во наредните години во богатите земји побарувачката на месо ќе порасне до 89 килограми месо по глава на жител годишно, односно 37 килограми по глава на жител годишно во земјите во развој. Ваквиот тренд, коментираат експертите, ќе придонесе за многу посериозни последици од промените во климата. Сашо Кузмановски

Љ

убителите на месо во развиените земји ќе треба да јадат многу помалку месо, односно ќе треба да ја намалат потрошувачката на продуктите од животни за 50 проценти за да се избегнат најлошите последици од климатските промени, неодамна пренесе британски „Гардијан“. Ѓубривата што се користат во земјоделството се одговорни за голем дел од глобалното затоплување што ги менува климатските шеми. Како што пренесува „Гардијан“, новата студија објавена во Environmental Research Letters предупредува дека се потребни драстични промени во производството на храна и во подготовките на семејниот ручек до 2050 година за да се спречат катастрофалните климатски промени. Останува предизвикот 52

3

ПОРТА

18 мај 2012

како да се намалат емисиите на штетните стакленички гасови од индустриите за производство на храна, додека во исто време се трудиме да произведеме доволно количество храна за да ја нахраниме светската популација која се очекува да достигне бројка од девет милијарди жители кон средината на овој век. „Гардијан“ пренесува дека резултатите од истражувањето до кои дошол Ерик Дејвидсон, директор на Истражувачкиот центар Вудс Хол во Масачусетс, САД, покажуваат дека развиениот свет ќе треба да ја намали потрошувачката на ѓубрива во земјоделството за 50 отсто и да ги убеди консументите во развиените земји да престанат да јадат толку месо. Дејвидсон нагласува дека тоа е тешка задача. Месото е неодвоив дел од режимот на исхрана во развиениот свет, а во економиите во развој, како што се Кина и Индија, побарувачката

на месо во последниве години пораснала пропорционално со развојот на земјите. „Сметам дека е голем предизвикот да се убедат земјите од Западот да ги намалат порциите со месо или месото да биде што поретко застапено на нивната трпеза. Јадењето месо засега е дел од нашата култура“, ја пренесува „Гардијан“ изјавата на Дејвидсон. Во последниве неколку години голем број истражувачи ја насочуваат својата работа врз влијанието на земјоделството и сточарството врз климатските промени. Некои научници се обидуваат да произведат вештачко месо со што ќе се избегне употребата на различните ѓубрива и изметот што се едни од причинителите на промените во глобалната клима. Азотните оксиди што се испуштаат од ѓубривата и од животинскиот измет се најмоќните стакленички гасови. Обединетите нации


екологија

име на климатските промени

веќе повикаа да се направат напори значително да се намалат емисиите на тие гасови. Одгледувањето житарки за исхрана на крупниот добиток и на свињите продуцира многу повеќе од тие емисии отколку житарките што директно се вклучуваат во исхраната на човекот. Јадењето помали количества месо ќе ја намали побарувачката за ѓубрива, а ќе се намали и количеството измет што се произведува на фармите за добиток. Според некои проценки, во наредните години во богатите земји побарувачката на месо ќе порасне до 89 килограми месо по глава на жител годишно, односно 37 килограми по глава на жител годишно во земјите во развој. Ваквиот тренд, коментираат експертите, ќе придонесе за уште посериозни последици од климатските промени. Како што пишува „Гардијан“, Дејвидсон не вели луѓето

целосно да се откажат од јадењето месо. - Решението на проблемот не е во тоа сите да станеме вегетаријанци. Едноставно, ако поретко консумираме месо или ги намалиме порциите, правиме промена на долги патеки - коментира Дејвидсон.

РАСТЕ БРОЈОТ НА ЖИВОТНИ ВО ФАРМИТЕ

Меѓу 1980 и 2010 година, бројот на говеда, свињи, кози и овци во светски рамки се зголемил за 23 проценти, од 3,5 милијарди на 4,3 милијарди грла, според истражувањето на Институтот „Ворлдвоч“ (Worldwatch Institute). Анализирајќи ги овие бројки експертите коментираат дека трендот на пораст на бројот на животни во животинските фарми има штетно влијание врз животната средина, јавното здравје и врз развојот. И производството и побарувачката на животинските

продукти во последниве години расте во земјите во развој. Во извештајот на „Ворлдвоч“ се нагласува дека: - Меѓу 1980 и 2005 година потрошувачката на млеко по глава на жител во земјите во развој пораснала двојно, потрошувачката на месо се зголемила трипати, а потрошувачката на јајца петпати. - Околу 75 отсто од модерните болести што го погодуваат човекот имаат потекло во продуктите од животни, меѓу 1999 и 2009 година. - Сточарството е голем причинител за загуба на шумите, сточните фарми се одговорни за околу 80 отсто од загубата на шумите во Амазонската прашума, а земјите на југот на Африка расчистуваат огромни површини под шума и друго земјиште за да одгледуваат житарки кои се користат во исхраната на добитокот, како што се пченката и сојата.

3

18 мај 2012 ПОРТА

53


екологија

УРБАНИЗАЦИЈАТА И КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ Никола Нешкоски, дипл.инж.на жив.средина/еко-менаџер

Р

азвојот и климатските промени еволуираат истовремено, и на таков начин што популациите присутни во густо населените области ќе се соочат со последиците од климатските промени, како и со други социјални и проблеми поврзани со животната средина. Спасот е во приспособувањето, но и во спречувањето на последиците од нашето постоење. Главните извори на гасови од антропогено потекло кои придонесуваат за глобално затоплување се: енормното зголемување во користењето на енергија, неодржливата употреба на земјиште, транспортот и емисиите од индустриски активности. Помеѓу 1970 и 2004 година, приходот на граѓаните во светски рамки се зголемил за околу 77 %, додека растот на популацијата е зголемен за цели 69%, факти кои се директно одговорни за зголемувањето на емисиите на стакленички гасови (GHG - Green House Gases). Сигурно ќе се

54

3

ПОРТА

18 мај 2012

запрашате како е можно зголемувањето на приходот и популацијата директно да се поврзани со климатските промени. Одговорот е следен: побарувачка и потрошувачка. Колку овие параметри се поголеми, односно колку повеќе се зголемуваат, правопропорционално се зголемуваат и производствените процеси, односно искористувањето на природните ресурси и потрошувачката на енергија. Аналогно на ова, се произведуваат сè поголеми емисии на штетни гасови со кои се деградира животната средина. Друг интересен податок претставува и фактот што иако градовите низ светот заземаат само 2% од целокупната земјена маса, истите се одговорни за испуштање на повеќе од 75% од светските емисии на стакленички гасови во атмосферата. Според одредени податоци, развиените земји и градовите - метрополи се ужасни потрошувачи на енергија и ресурси, но тука не треба да ги заборавиме и земјите во развој што, за жал, поради своите амбиции за развивање и следење на светските

трендови тотално ја занемаруваат животната средина и здравјето на својот народ. Но, не секоја држава (или град) придонесува исто во поглед на емисиите на стакленички гасови. Според статистиките од пред неколку години, развиените земји броеле 18% од целата светска популација, и испуштале 47% од вкупната количина на јаглероден диоксид. Од друга страна, земјите во развој броеле 82% од вкупната светска популација, и испуштале 53% од вкупната количина на јаглероден диоксид. Во превод: земјите во развој генерираат во просек околу 25% од емисиите по жител, во споредба со развиените земји. Разликата е повеќе од очигледна. Дефинитивно балансот е нарушен, нели? Урбанизацијата и просторното планирање претставуваат клуч кој или може да придонесе кон решавање на проблемот со климатските промени, или пак да ги зголеми негативните последици. Како пример ќе го земам нашиот главен град, каде сите сме сведоци на сè поголемиот замав што го зема урбанизацијата.


екологија Навидум се изгледа убаво, модерно, но дали сè од изграденото е поставено на право место? Сигурно постарите скопјани добро паметат кога низ Скопје било честа појава струењето на свеж воздух, нешто што за жал ние помладите го немаме осетено, барем не засега. Нашиот главен град полека, но сигурно стана роб на урбанизацијата, појава која не води кон среќен крај. Интензивната урбанизација значи дека во блиска иднина можеме да очекуваме дека Скопје ќе ги осети климатските промени, и тоа мошне интензивно! Но, добро е што барем знаеме што може да не снајде... , или не?

Интензитет на емисиите на стакленички гасови на светските економии

3

18 мај 2012 ПОРТА

55


хортикултура

Вила Д'Есте

П

овеќе од 500 години не може да се разјасни мистеријата за магијата со која плени прочуената вила Д'Eсте. Лоцирана во градот Тиволи, на триесетина километри одалеченост од Рим, и натаму не избледува славата на ова рајско место. Паркот на вилата не е составен во еден дизајнерски план. Одделни елементи неочекувано се мешаат во една целина, што го поттикнува посетителот да остане подолго време и да се препушти на темелно набљудување на фонтаните, базените, рибниците, статуите... И во дизајнот и во одделните детали кои се наоѓаат во градината нема ништо случајно. Напротив, секој објект е создаден за да внесе илузија за двосмислената природа на светот, за креативната граница помеѓу стварниот и имагинарниот свет.

56

3

ПОРТА

18 мај 2012

Вила Д'Есте е прогласена за културно наследство и е заштитена од УНЕСКО. Taa е изградена за задоволување на потребите на исклучително богатиот и високообразован кардинал Иполито Д'Есте (1509–1572), син на славната Лукреција Борџија. Принуден да живее надвор од Рим, тој барал мир во изградба на еден импресивен дворец, при што решително инвестирал огромно богатство во вилата Д'Есте. Од таа причина, голем број историчари на уметноста му оддаваат почит на кардиналот, затоа што со своето инвестирање придонел во голема мерка за развој на ренесансната уметност, како и за остварување на некои од најимпресивните инженерски остварувања во тоа време. Вила Д'Есте е ремек-дело на италијанската архитектура и пејзажниот дизајн. Позиционирана е на највисоката

Филип Филипоски, дипл.шум.инж.

точка во дворецот, а градината каскадно се спушта до брегот. Главниот архитект, кој ја создал оваа беспрекорна композиција, е италијанскиот сликар Ливио Агрести (1508-1580). Од 1550 до 1572 година, тој ја создал палатата со прекрасен каскаден дворец на површина од 4,5 ха, во ренесансен отмен стил, со што во целост ја искористил стрмната падина на која е позициониран овој дворец. Пиро Лигорио (1510–1583), архитект, сликар и градинарски дизајнер, црпејќи инспирација од вила Адријана (му служела на императорот Адријан за одмор), и која се наоѓа во близина на вила Д'Есте, ја применил римската техника во хидрауличното инженерство, создавајќи една фантастична градина, која преставувала склоп на архитектонски елементи и вода.


хортикултура Фонтаната со маскарони

Божицата на плодноста Diana Efesina

Фонтаната со оргули

Фонтана со оргули

Изградбата на оваа фонтана започнала во 1568 година, а конечниот изглед го добила во 1611 година. Оваа фонтана се разликува од останатите поради тоа што е изработена со барокни елементи, додека останатите објекти во дворецот се изградени во ренесансен стил. Во неа се вградени оргули, кои функционираат со помош на хидрауличен механизам, а своето музичко шоу го презентираат секој ден од 10.30 наутро на секои два часа. Вила Д'Есте го претставува животниот стил на познатите и богатите во ренесансата. Градината на своите посетители им овозможува прекрасно уживање во беспрекорната композиција на архитектура и пејзаж. Во 16 век фонтаните во градината поради својата грандиозност биле сметани за осмо светско чудо.

3

18 мај 2012 ПОРТА

57


арт инфо

ГАЛЕРИЈА „ОСТЕН“

Пикасо во Скопје

М

акедонската публика за првпат имаше можност да види повеќе од четириесет уметнички остварувања од славниот шпански уметник Пабло Пикасо, на изложбата што се отвори во галеријата „Остен“ на 8 мај. Изложените графики, цртежи и керамички предмети припаѓаат на збирката на дела од Пикасо, сопственост на галеријата „Остен“, која опфаќа 66 парчиња од повеќе творечки периоди. Интересот на посетителите, очекувано, беше голем, но тоа не предизвика „метеж“ пред сликите на големиот уметник. Напротив, атмосферата беше релаксирана, а луѓето што дојдоа да ѕирнат во делото и животот на Пикасо беа истите оние што постојано ги гледаме на културните случувања. Најмногу дела имаше од колекцијата на познатиот издавач и трговец со уметничи дела Амброаз Волар, човекот што ја овозможил првата самостојна изложба на Пикасо во Париз, во 1901 година. Поголемиот дел од графиките од збирката на Волар ја носат темата „Ателјето на скулпторот“ и се своевидно автобиографско прикажување на Пикасо како скулптор и како љубовник. Дел од нив се одраз на љубовната врска што Пикасо во тоа време ја имал со Мари-Терез Волтер. Посетителите можеа да видат и дела од синиот и розовиот творечки период на Пикасо, кога негова преокупација беа маргинализираните групи на луѓе, преку кои тој прикажува длабоки човечки чувства: очај, отфрленост и изолација. Меѓу цртежите и графиките имаше и неколку керамички предмети изработени од славниот уметник, најчесто обликувани во животински форми и во форми на женско тело.

58

3

ПОРТА

18 мај 2012

Кате Антевска, историчарка на уметност


спортски храмови

СТАДИОН „БУНИОДКОР“ - Ташкент

Германски дизајн на спортски парк во Ташкент

Сашо Кузмановски

Е

ден од новите богаташки клубови од земјите на поранешниот Советски Сојуз, узбекистанскиот шампион Буниодкор, ова лето треба да го добие својот нов дом. На клуб кој пред неколку години ја најави револуцијата со ангажман на познатите фудбалски имиња во екипите од азискиот континент, секако му беше потребен и нов фудбалски храм, кој ќе го зголеми капацитетот за врвните натпревари во aзиската Лига на шампиони, но исто така ќе добие стандардизиран стадион според критериумите на ФИФА. Името на новиот стадион засега останува само „Буниодкор“, исто како и името на клубот. Новиот стадион се гради на местото на досегашниот стадион „ЈАР“, кој беше мал, со капацитет од 8.500 места. Тој беше урнат, за на негово место да почне да се гради новата спортска убавица. „Буниодкор“

на располагање во моментов има уште еден голем стадион, стадионот „МХСК“, кој останува во функција со 21.000 место, затоа што беше реновиран пред 5 години. Новиот стадион „Буниодкор“ ќе има

капацитет од 33.000 места и, секако, ќе биде еден од најубавите во регионот. Цената на градба се проценува на 65 милиони евра, а потписот зад авторското дело го ставија архитектите на GMP architects од Хамбург, Германија. Истите оние што работат и на изградбата на два стадиони во Бразил за потребите на СП 2014. Тоа се стадионите во Бело Хоризонте и во Бразилија. И долниот и горниот дел од стадионот ќе бидат покриени. Трибините ќе се издигнуваат на три нивоа, а покрај стадионот, во околината се гради и комплетен спортски парк, во кој ќе бидат сместени неколку тениски игралишта како и шест помошни фудбалски игралишта.

ФАКТИ за СТАДИОН „БУНИОДКОР“ - Ташкент Капацитет: 33.000 Период на изградба: 2008 - 2012 Цена на градба: 65 милиони евра Придружни објекти: 3 тениски игралишта, 6 помошни фудбалски терени Дизајн: GMP architects Хамбург Инвеститор: Zeromax GmbH

3

18 мај 2012 ПОРТА

59


записи

ДАЈ МИ ГИ ТВОИТЕ ПАРИ! Ангел Ситновски, дипл.инж.арх.

М

едиумите се составен дел на нашите животи и на нашето секојдневие. Нивното влијание е најсилно во големите урбани центри. Кај нас во Скопје, ова е најизразено. Тука уличните „outdoor“ медиуми стануваат практично дел на некаква улична уметност, а поставките се менуваат речиси секоја недела. Комуникацијата преку овие улични медиуми ги допира и влијае врз сите граѓани, без оглед на нивниот начин

60

3

ПОРТА

18 мај 2012

на живот и нивното образование. Колку ли само реклами нè дочекуваат во секојдневното живеење: по весниците, на телевизија, на нашите компјутери, на улица? Колку ли само купи, потроши, заштеди, гласај, освои, осигурај, летувај... Некој излегува пред вашите очи и ви дава наредби, ве советува, ви нуди сè и сешто, но без оглед на сè, пораката е единствена: ДАЈ МИ ГИ ТВОИТЕ ПАРИ! Иако природната функција, која билбордот или огласното пано ја извршува е интернационална и општа, постојат многу специфичности врзани за

земјата и луѓето во која се поставуваат. Огласните паноа и билбордите се на секој чекор, и оние што се одговорни и го дозволуваат нивното поставување, се чини, како воопшто да не водат сметка за тоа каде тие ќе бидат поставени, за околината, за архитектурата, за попречувањето на видиците во градот. Рекламите и огласите на нашите телевизии, компјутери и весници и не мораме да ги гледаме, но кога ќе излеземе на улица ги гледаме на секој чекор, и тие како некакви паравани ги кријат фасадите на објектите, го менуваат


записи

изгледот на улиците по кои секојдневно проаѓаме. Некои од овие рекламни паноа се предимензионирани, прекриваат цели згради, го прекриваат урбаниот идентитет на градот. Додека во светот се заштитуваат не дозволувајќи билбоардите да се шират во историските јадра на градот, или пред објекти кои се обележје на градот, кај нас како да се трудат да го искористат секое парче на јавниот простор, кое овозможува земање пари. Проблемот на јавното огласување има неколку слоеви. Треба да се запрашаме сите, од каде некому воопшто право да го

продава јавниот простор, кој ни припаѓа на сите нас? Ова е нешто како зонското паркирање, каде секоја слободна површина се користи за автомобилите, за земање пари, а пешаците мора да се снаоѓаат одејќи по улиците? Но, тоа е друга тема! Прашањето ми е, ако некој зема пари за продавање на јавниот простор, колку зема и каде одат тие пари? Не гледам дека се користат за разубавување на градот, за подобрување на животот во градските средини? Да бараме, како граѓани, да се сведат огласните паноа и билбардите

на разумен број и да не се поставуваат пред архитектонски вредни објекти, училишта, болници и други јавни објекти. Таму каде што се веќе поставени, да им порачаме на градските власти да ги тргнат. Не можеш да направиш добра фотографија на градот, а во кадарот да не ти се уфрли некаков билборд! Се обидов да поставам една тема која мене како архитект и човек кој се занимава со фотографија многу ме засега. За неа, треба да дискутираме и сите заеднички да најдеме прифатливо решение.

3

18 мај 2012 ПОРТА

61


совети

ОРГАНИЗИРАЊЕ ПЕРАЛНА

П

росторијата може да се организира и опреми со плакари кои ќе ѝ дадат убав изглед, а воедно ќе ги соберат сите потребни машини и работи неопходни за одржување на алиштата на едно семејство. Ѕидот десно од влезот се покрива со плакари во медова боја на јаворов фурнир од под до таваница. Во првиот елемент од 60 см се сместуваат машината за перење и сушење. Вториот елемент од 40 см е со полици и во него се складираат средствата за перење. Во двокрилниот плакар од 80 см се сместуваат чистите алишта, а воедно тука е

62

3

ПОРТА

18 мај 2012

Ја реновираме куќата, а еден од зафатите ќе биде преуредување на бањите и кујната. Просторот меѓу нив би го адаптирале за перална. Како да го организираме просторот? Семејство Јакимовски, Скопје

сместена и даската за пеглање што по потреба се расклопува. Како убав детаљ во обликувањето на лицето од плакарот може да бидат засеците во црна боја, што ќе дадат илузија на отвори за вентилација. Вистински вентилациони отвори има на долниот дел од елементите. Инаку, просторот се вентилира преку прозорецот на челниот ѕид. Во нишата спроти плакарите се сместува длабок ростфрај мијалник. Под него има место за подвижна кошница за нечисти алишта. Билјана СТЕВКОВСКА-САВИЌ, дипл.инж.арх.

bsavic@porta3.com.mk


најчудни градби

Kуќа - замок градена 40 години стана ремек-дело

Драган Ристов

П

овеќе од 40 години, Џим Бишоп го гради замокот на западните планини во централниот дел на сојузната држава Колорадо во САД. Вели дека сакал да направи нешто од мерак, но за тоа не сакал ничија помош. Едноставно, куќата што и официјално го носи името „Замокот на Бишоп“ ја прави сам, со секој заштеден долар. Од 1969 година до денес, Бишоп има собрано и поставено над 1.000 тони камења за да ја креира оваа камено-железна

тврдина во средината на недојдија. Токму затоа и Бишоп го нарекуваат „споменик на вредните луѓе“ или „најголемиот мал човек“. - Отсекогаш сум посакувал замок. Секој маж сака замок. Нема дете кое не пораснало со приказни за принцови и принцези, за авантуристички битки со змејови во средновековни замоци. Таквиот сон го носам и денес, и ова е моја икона, моја визија за живот во бајка - вели Бишоп. Неговата замок-куќа е висока 70 метри. Има уникатна форма, и претставува неверојатна комбинација на камен, цемент и железни конструкции. Сè изгледа убаво,

избалансирано, неоптоварено и едноставно кажано уметнички. Независно дали објектот се гледа одблиску или оддалеку, сосема е јасно дека содржи извесна магија, нешто што повеќе го сместува во уметничките творби, наместо во модерниот кич. Работата не била воопшто лесна. Во повеќето од оние 40 години, Бишоп бил ангажиран во трчање и во легална битка со бирократите во Вашингтон, што му забранувале да користи карпи од Сан Изабел - Националната шума која го опкружува замокот. Бишоп сметал дека камењата се сопственост на природата и одбивал да ѝ плаќа на државата за секој камион карпи. Втор момент е и одбивањето на Стопанската комора на Колорадо да го стави замокот-куќа на листата на атракции во својот официјален туристички водич. За среќа, оние лути години се минато. Сега и државата признава дека креацијата на Бишоп е дел од понудата и пазарот, и дека тој ги трансформирал карпите во чисто туристичко злато. Замокот е популарно и навистина посетено место. Целта на Бишоп е да го заврши неговиот замок пред да умре. Тој не мислел на забава. Иако замокот главно изгледа како шупливи школки на цементирани карпи и украсни железни форми, тој е и негов дом. Земјата на која го изградил замокот ја купил кога имал само 15 години за сума од 1.250 долари. Неговите идни планови вклучуваат ров и подвижен мост, потоа тобоган монтиран на надворешниот ѕид на замокот, балкон доволно голем за еден помал оркестар да држи концерт, и по можност изградба на помал, втор замок за неговата сопруга Фиби. Во 2005 година, Бишоп поставил голема метална мрежна купола на врвот на замокот, која ротира кога посетителите се качени во неа. Технички, замокот-куќа не може да се опише едноставно. Изгледа како средновековна цитадела, посебно од страната на чиј врв е поставена и гигантска глава на змеј. На тој начин, двете кули даваат ефект на крилја на змејот. Од спротивната страна, објектот изгледа како мала куќарка зад која е сокриена тврдина. Опколен со шума, со мала пештера и полукружна основа во вид на мексиканска хациенда на главниот ѕид, ова е објект во кој секој посетител несебично ќе ужива.

3

18 мај 2012 ПОРТА

63


излог

15 години Salone Satellite (претставување на млади дизајнери)

i Saloni 2012, милано 5

1. roller ламба од avinash Shende 2. Работно биро од Studio lievit 3. Столица во облик на дрво од Blue design 4. Ламба од руското дизајнерско студиo artFuture 5. Синергија на природни материјали и бои претставени од infinitda подготви: Сандра ДоНЧева ТеоХарова, дипл.инж.арх.

3

4 64

3

ПОРТА

18 мај 2012


излог 1

3

18 мај 2012 ПОРТА

2 65


јавни набавки за гинекологија, Клиника за онкологија и радиотерапија и Хируршките клиники согласно усвоен идеен ИСПРАВКА НА ОБЈАВА ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ проект. Основен проект 1 (25.4.2012) НА ДОГОВОР ЗА за реконструкција и ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ЈАВНА НАБАВКА адаптација на објект ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ во кои функционираат СОПСТВЕНОСТ НА БРОЈ: 07-04/2012 РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Хируршките клиники Назив на договорниот ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО согласно Законот за орган: Градба (“Сл. Весник ЈАВНО НАДДАВАЊЕ Агенција за државни на РМ“ бр. 59/2011 и ЗА ИЗГРАДБА НА А1 – патишта, ул. “Даме Груев“ “Сл. Весник на РМ“ бр. СЕМЕЈНО ДОМУВАЊЕ бр. 14, 1000, Скопје. 13/2012), Основен проект ВО СТАНБЕНИ КУЌИ ПРЕДМЕТ: за реконструкција и Изработка на техничка ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ адаптација на објектот документација на во кои функционира НА ДОГОВОР ЗА ниво на проект за Клиниката за детски ЈАВНА НАБАВКА Инфраструктура и болести и реконструкција Основен проект за и адаптација на објектите БРОЈ: 23/2012 магистрален патен во кои во моментот правец А3, делница Охрид Назив на договорниот функционираат орган: – Пештани, врска на А3 Институтот за Министерство за со Охрид (бензинска трансфузиологија и здравство, ул. “50пумпа) и врска на А3 Клиниката за хематологија та Дивизија“ бр. 6, со Р1301 (Пештани). кои ќе бидат преместени 1000, Скопје. Контакт тел/факс: во новиот клинички ПРЕДМЕТ: 3118-044, 3220-535, блок за потребите на Архитектонско лице за контакт: детска хирургија. урбанистички проект Жаклина Стефановска Контакт тел/факс: на целиот комплекс на Богдановска. 02 3176-076, 02 3113Универзитетски Клиники Јавно отворање на 014, лице за контакт: согласно Законот за понудите на ден Славица Т Николовска. Градба (“Сл. Весник на 18.06.2012 год. Пријавите за учество да РМ“ бр. 59/2011 и “Сл. Весник на РМ“ бр. 13/2012) се достават најдоцна до: 30.05.2012 во 14.00 часот. и Законот за просторно и СЛУЖБЕН ВЕСНИК урбанистичко планирање БР. 55/2012 (“Сл. Весник на РМ“ бр. 60/2011), три варијанти СЛУЖБЕН ВЕСНИК на идејни решенија за ОБЈАВА БР. 58/2012 новиот клинички блок, ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА идеен проект за избрано ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ варијантно решение за СОПСТВЕНОСТ НА ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА новиот клинички блок, НА ДОГОВОР ЗА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО Основен проект за ЈАВНА НАБАВКА изградба на нов клинички ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА ОБЈЕКТИ ЗА блок на Универзитетските БРОЈ: 36/2012 клиники Скопје согласно ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА Назив на договорниот Законот за Градба (“Сл. ВО ОПШТИНА КАРПОШ Весник на РМ“ бр. 59/2011 орган: Министерство за и “Сл. Весник на РМ“ бр. 13/2012) со функционално транспорт и врски, ул. “Црвена скопска поврзување со Општина“ 4, 1000, Скопје. објектите на Клиника СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 54/2012

66

3

ПОРТА

18 мај 2012

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 56/2012

ПРЕДМЕТ: Изградба на примарна и секундарна канализациона мрежа во населено место Петровец,. Фаза 1, општина Петровец, по принципот “клуч во раце“. Контакт тел/факс: 02 3145-451, 3226-392, лице за контакт: Ѓунул Сали. Јавно отворање на понудите на ден 31.05.2012 год. БРОЈ: 07/2012 Назив на договорниот орган: БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје, бул. “8-ми Септември“ бб, 1000 Скопје. ПРЕДМЕТ: Изведба на звучна изолација за подобрување на акустика во Арената во комплексот на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ во Скопје. Контакт тел/факс: 071 248-951, лице за контакт: Роберта Теова. Јавно отворање на понудите на ден 28.05.2012 год. БРОЈ: 48/2012 Назив на договорниот орган: Општина Карпош, Бул. “Партизански Одреди“ 68, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Реконструкција на зградата на О.У. “Братство“, населба Тафталиџе. Контакт тел/факс: 02 3066378, 02 3079-694, лице за контакт: Ѓорѓи Бундалевски. Јавно отворање на понудите на ден 28.05.2012 год.


рубрика

ОБЕЗБЕДЕТЕ СИ НОВ КВАЛИТЕТЕН ДОМ во СКОПЈЕ, ОХРИД и СТРУМИЦА

КУПЕТЕ ЕЛИТЕН СТАН ШТО ВИ ШТЕДИ ПАРИ!

ОХРИД - Билјанини Извори

СКОПЈЕ - Под Водно

– Лист за предбележување на градба бр. 55295 КО Центар 2 Станови : 53, 70, 77, 81, 90, 110, 114, 127 м2 Деловен простор: 73, 80, 96, 144, 162, 300, 620 м2

- Лист за предбележување на градба бр. 90014 КО Охрид 4 Станови : 50, 55, 59, 63, 73, 81, 86, 126 м2 приземје со дворно место

СТРУМИЦА - Парк

- Имотен лист бр. 16815 КО Струмица Станови : 52, 73, 83, 91, 95, 125 м2 Деловен простор : 59, 104, 143, 247 м2

Преку проектот “КУПИ КУЌА, КУПИ СТАН“

Деловни простории - Имотен лист

- АДОРА Инженеринг-Скопје според пропишаните услови на проектот “КУПИ КУЌА, КУПИ СТАН“, Ви овозможува да бидете сопственик на високо-квалитетен функционален стан изграден по светските стандарди за квалитет и животна средина, со енергетска ефикасност и сеизмичка стабилност. - АДОРА Инженеринг е лидер на градежништвото на овие простори. Нуди најквалитетна опрема, што штити од студ и сонце, фотоволтажен систем за производство на струја, сопствен паркинг простор и препознатливост по примена на најсовремените технологии и стандарди во градежништвото.

СКОПЈЕ -Ново Лисиче

СКОПЈЕ -Карпош

СКОПЈЕ- 50 Дивизија

СКОПЈЕ- Ѓорче Петров

- АДОРА Инженеринг со енергетската ефикасност на објектите Ви заштедува пари секој месец. - АДОРА Инженеринг Ви нуди СÈ на едно место: проектирање, изведба и продажба.

СКОПЈЕ - Аеродром

СКОПЈЕ -50 Дивизија

СКОПЈЕ-Црниче

- АДОРА Инженеринг Ви овозможува среќен, топол, современ и сигурен ДОМ. Во ова кризно време донесете паметна одлука за траен влог за Вашата безгрижна иднина!

Резиденција со 8 (осум ) елитни станови (83 м2)

Адора Инженеринг, Орце Николов 182 А, Карпош, Скопје Скопје 072 204024, 070 365738, 075 240003, 02 5215215 Охрид 075 244244, 072 204024, 070 365738 Струмица 034 523335, 072 228026

sales@adora.com.mk info@adora.com.mk

18 мај 2012 ПОРТА3 www.adora.com.mk

67



Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.