Гласило ПОРАКА, декември 2021 година

Page 1

CM Y B

CM Y B

CM Y B

CM Y B

Glasilo na Republi~kiot centar za poddr{ka na lica so intelektualna popre~enost

Broj 4 godina XXXIV

Fotogalerija od aktivnosti na lokalnite organizacii na RCPLIP - PORAKA

CM Y B

CM Y B

CM Y B

РЦПЛИП - ПОРАКА е добитник на престижното Признание „Македонски квалитет 2021“, кое традиционално го доделува Сојузот на стопански комори на Македонија под покровителство на Претседателот на Pепублика Северна Македонија, Н.Е. д-р Стево Пендаровски

CM Y B


Гласило на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА

СОДРЖИНА 2 страна - Признание „Македонски квалитет 2021“ за РЦПЛИП - ПОРАКА 3 и 4 страна - Промоција на Извештај за напредокот во имплементацијата на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост „10 ГОДИНИ ПОТОА“ 4 и 5 страна - Одбележување на Меѓународниот ден на лица со попреченост на национално ниво 6 страна - Средба на членките на НСИОМ со Претседателот Пендаровски 7 страна - Активности на Народниот правобранител 8, 9, 10 и 11 страна - Активности на локалните организации за одбележување на Меѓународниот ден на лица со попреченост 12 страна - Премиера на театарска претстава „Волшебникот и пријателите“ 13 страна - Театарска претстава „Ништо не е страшно“ 14 и 15 страна - Меѓународна конференција на ЕАСПД „Иднината е сега: Технологија насочена кон лицето, која ги зајакнува лицата и сервисите за попреченост“ 16 страна - Наша страница Фотогалерија од активности на локалните организации на РЦПЛИП ПОРАКА “ПОРАКА” Гласило на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост - ПОРАКА Декември 2021 г. Број 4, год. XXXIV Гласилото излегува секои 3 месеци Уредувачки одбор: Д-р Василка Димоска Де Јонг М-р Владо Крстовски М-р Маја Гацоска Печати: Дата Понс, Скопје Тираж 1.000 примероци Адреса на РЦПЛИП - ПОРАКА: “Орце Николов” бр. 122, 1000 Скопје; тел.: 329 69 61; факс: 329 69 60 e-mail: poraka@t.mk web: www.poraka.org.mk Според Министерството за култура, со одлука 07-2613/2, за гласилото ПОРАКА се плаќа повластена даночна стапка од 5%. Дадените согледувања и употребуваната терминологија во одредени написи од одредени автори не го одразуваат официјалното мислење и ставови на РЦПЛИП - ПОРАКА.

Страна 2

Признание „Македонски квалитет 2021“ за РЦПЛИП - ПОРАКА Десет национални претпријатија кои се претставници и промотори на македонските успешни бизниси го добија престижното Признание „Македонски квалитет 2021“, кое традиционално го доделува Сојузот на стопански комори на Македонија под покровителство на Претседателот на PCM, Н.Е. д-р Стево Пендаровски. Свечениот настан оваа година се одржа во претседателската резиденција „Вила Водно“ на 27.12.2021 година. Признанието се доделува на национални претпријатија кои придонесуваат кон развојот на македонската економија и го афирмираат македонскиот квалитет во земјата и пошироко. Признанијата ги доделија Претседателот на Република Северна Македонија, д-р Пендаровски и претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија г. Трајан Ангелоски. Добитници на Признанието за 2021 година се „Бонивес“, ПЗУ „Аптеки Виола“, „Агенс Камини“, „Каса Италија“, КМГ ЕОЛ „Квазар“, „Винарија Венец“, „Компјунет Инженеринг“, „Хотел Тимс“, „Еко логистик сервис“, Републички центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА. Претседателот на Сојузот, г. Ангелоски изјави дека успехот на секоја домашна компанија, во границите на нашата држава и интернационално има широк импакт. „Сојузот на стопански комори, години наназад го промовира квалитетот на домашните компании преку доделувањето на традиционалното признание за квалитет. Ова признание е потврда дека одлуките кои овие бизнисмени и претприемачи ги носеле во годините наназад биле вистински, а нивниот ангажман и посветеноста се препознати и вреднувани. Ова секако е и поттик да се продолжи со успешната работа и да се претставува државата со квалитет, доверба, добра пракса“, истакна г. Ангелоски. Претседателот Пендаровски во своето обраќање ги нагласи предизвиците со коишто се соочува домашната економија како последица на светската пандемија. Во тој контекст изрази уверување дека компаниите имаат соодветен одговор на кризата и дека ќе продолжат со успешната работа надградувајќи го квалитетот на производите и на услугите што ги испорачуваат. „Имајќи ја предвид целата ситуација, носителите на Признанието заслужуваат особена почит затоа што во нималку лесни времиња го развиваат својот потенцијал и постигнуваат извонредни резултати задржувајќи висок квалитет на производите и на услугите“, рече Претседателот Пендаровски. Тој понатаму продолжи: „Почитувани, навистина е неблагодарно добитниците да ги споредуваме или да ги оценуваме, особено имајќи предвид дека доаѓаат од различни области. Во секој случај, имаме лепеза од компании кои се од различни стопански гранки, почнувајќи од производство, продажба, трговија, услужна и здравствена дејност, па се до невладина организација која нуди социјални услуги на нашите граѓани. Се надевам дека нема да ми замерат останатите девет ако издвојам еден од добитниците на признанието за Македонски квалитет, а тоа е непрофитната организација којашто се грижи за посебна категорија на наши граѓани. Станува збор за Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА, застапувајќи ги правата и интересите на повеќе од 20.000 лица со интелектуална попреченост во Република Северна Македонија. Преку различни активности и програми, ПОРАКА суштински придонесува за подигнувањето на квалитетот на нивниот живот. Благодарение на ПОРАКА лицата со интелектуална попреченост имаат поголеми можности за вклученост во социјалниот живот и олеснет пристап до сервисни служби, дневни центри и социјални клубови“. Претседателот на РЦПЛИП – ПОРАКА, г. Чедомир Трајковски, истакна дека е огромна чест и задоволство да се добие едно вакво Признание, Признание за Македонски квалитет. Но, во исто време, поттикот што го носи ваквото признание, носи и голема обврска за понатамошно посветено работење на РЦПЛИП – ПОРАКА во унапредувањето на социјалните услуги за лицата со интелектуална попреченост, како и остварување на нивните човекови права и целосна инклузија во општественото живеење.


Гласило на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА

Активности на РЦПЛИП - ПОРАКА

Промоција на извештајот за напредокот во имплементацијата на Конвенцијата на ОН за правата на лица со попреченост

„10 ГОДИНИ ПОТОА“ Во декември 2011 година, водени од хуманите аспекти и придобивки кои ги нуди Конвенцијата, сите пратеници во тогашниот собраниски состав едногласно, без задршки и резерви, го донесоа Законот за ратификација на Конвенцијата и се обврзаа државата да го вгради овој меѓународен договор во националното законодавство. Поминаа 10 години од ратификацијата на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост од страна на Република Северна Македонија. Во декември 2011 година, водени од хуманите аспекти и придобивки кои ги нуди Конвенцијата, сите пратеници во тогашниот собраниски состав едногласно, без задршки и резерви, го донесоа Законот за ратификација на Конвенцијата и се обврзаа државата да го вгради овој меѓународен договор во националното законодавство. Имајќи ја силата на закон со кој се гарантираат сите човекови права на лицата со попреченост на еднаква основа со другите, Конвенцијата стана најважниот договор за човекови права на лица со попреченост кој треба да се почитува и соодветно да се имплементира од националните и локалните власти. Со цел да одговори на прашањето дали државата остана доследна на својата заложба за имплементацијата на Конвенцијата, Извршната канцеларија на РЦПЛИП – ПОРАКА во втората половина на 2021 година спроведе истражување со цел да се увиди што и колку е постигнато за унапредување на правата на лицата со интелектуална попреченост во изминатите 10 години од ратификацијата на Конвенцијата. При тоа, беше употребен комбиниран пристап во прибирањето на потребните информации и податоци, односно десктоп анализа и фокус групи со релевантни чинители: • Компаративен преглед на законодавство, политики, програми, извештаи на релевантни институции кои придонеле за унапредување на правата на лицата со интелектуална попреченост во изминатите 10 години од ратификацијата на Конвенцијата, • Фокус групи со претставници на државни институции, организации, лица со интелектуална попреченост и родители. Како резултат од истражувањето, РЦПЛИП – ПОРАКА подготви извештај за напредокот во имплементација на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост „10 години потоа“ кој содржи компаративен преглед на најзначајните промени во изминатата деценија од ратификација на Конвенцијата, како и препораки за унапредување на правата на лица со интелектуална попреченост. Автори на извештајот се д-р Василка Димоска Де Јонг и м-р Владо Крстовски. Извештајот „10 години потоа“ беше официјално промовиран на централниот настан за одбележување на 3 декември - Меѓународен ден на лицата со попреченост, на тема „Лидерство и учество на лицата со попреченост кон

инклузивен, достапен и одржлив пост COVID-19 свет”, кој Националното координативно тело за имплементацијата на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост и Националниот совет на инвалидски организации на Македонија го одржаа во Владата на Република Северна Македонија. Генералниот секретар на РЦПЛИП – ПОРАКА, Д-Р Василка Димоска Де Јонг во своето излагање на централниот настан ги посочи најзначајните промени во изминатите 10 години од ратификацијата на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост, кои подетално се образложени во текстот на извештајот: • Зголемено е признавањето на човековите права на лицата со интелектуална попреченост и нивното прифаќање како еднакви граѓани во општеството. Постигнат е напредок во подигањето на јавна свест за правата на лицата со попреченост, односно намален е степенот на предрасуди и нивно етикетирање. На попреченоста сѐ повеќе се гледа како на прашање на човекови права.

Страна 3


Гласило на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА

Активности на РЦПЛИП - ПОРАКА • Отпочнат е процесот на креирање систем на функционална проценка на деца и млади со попреченост, во согласност со Меѓународната класификација за функционалност, попреченост и здравје (МКФ) на Светската здравствена организација. • Подобрена е рамката за заштита од дискриминација преку новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација. • Позитивни промени се очигледни во социјалната заштита – овозможени се нови права и зголемени надоместоци за лицата со интелектуална попреченост. Особено е значајно што лицата со тешка и длабока интелектуална попреченост над 26 годишна возраст, конечно, во 2019 година, беа законски утврдени како можни корисници на надоместокот за попреченост. • Во областа на социјалните услуги постои евидентен напредок, но сѐ уште е потребно подобрување на квалитетот на постоечките сервисни служби, нивно надградување за да можат подобро да одговараат на потребите, подобра распределеност на регионално/ локално ниво, како и развој на новите видови услуги кои се зацртани во подобрената законска рамка. Во целиот процес, потребно е граѓанскиот сектор да биде прифатен како рамноправен партнер на државата. • Значителен напредок во развојот на инклузивното образование е постигнат со донесувањето на новиот Закон за основно образование и Концепцијата за инклузивно образование, како основа за поттикнување и конечно вистинско започнување на процесот на образовна инклузија во позитивна насока. Исто така, голем исчекор претставува иницијативата за вработување на 500 образовни асистенти кои ќе дадат поддршка на децата со посебни образовни потреби во редовните училишта во учебната 2021/2022 година. Ефикасноста на оваа иницијатива ќе биде предмет на дополнителна проценка.

Состојбите во областа на вработување останаа непроменети во изминатата деценија од ратификацијата на Конвенцијата, односно сѐ уште е доминантен моделот на вработување на лицата со интелектуална попреченост во заштитни друштва. Во фаза на изработка е целосно нов закон за вработување на лица со попреченост, кој се очекува да донесе значително подобри решенија: воведување на квотен систем и професионална рехабилитација, воведување на моделот на поддржано вработување и подобри можности за вработување на отворен пазар на труд.

Национално одбелелжување на Меѓународниот ден на лицата со попреченост

Одбележан 3 Декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост

„Лидерство и учество на лицата со попреченост кон инклузивен, достапен и одржлив пост КОВИД-19 свет“ Во организација на Владата на Република Северна Македонија, Национално координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лица со попреченост и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија (НСИОМ), беше одржана свечена седница со којашто беше одбележан Меѓународниот ден на лицата со попреченост, 3 Декември. На седницата беше укажано на предизвиците што ги наметна пандемијата со КОВИД-19 во сите сегменти на живеење на лицата со попреченост, а се говореше за теми поврзани со овогодинешната тема на ОН „Лидерство и учество на лицата со попреченост кон инклузивен, достапен и одржлив постковид свет“, која се фокусира на тоа лицата

Страна 4

со попреченост да имаат пристап до здравствена заштита, образование, вработување и да учествуваат во заедницата во услови на пандемија, за што е потребен интегриран пристап, а се со цел да лицата со попреченост да не бидат заборавени и препуштени на себе. Претседавачот на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост Спасе Додевски истакна дека пандемијата со КОВИД-19, како светска неволја, не треба да ја спречи или успори интеграцијата на лицата со попреченост, ниту да влијае на нивната функционалност. Тој истакна дека оваа Влада во изминатиот период го промени курсот на


Гласило на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА

Национално одбелелжување на Меѓународниот ден на лицата со попреченост општеството и заедницата кон видливоста и прифаќањето на лицата со попреченост, го поттикна решавањето на проблемите и ги вклучи лицата со попреченост како луѓе со еднаков потенцијал во стратегијата „Едно општество за сите“. „Инициравме и реализиравме реформи кои сами по себе го менуваат општеството и погледот кон лицата со попреченост. Креиравме нов систем на социјална заштита по мерка на граѓаните. Реализиравме нов образовен, инклузивен систем за учениците со попреченост во кој ученичката средина е еднаква за секое дете со воведување на систем на асистенција“, информираше Додевски. Тој истакна дека со воведување на новиот систем за функционална проценка на децата и младите со попреченост креирана според Меѓународната класификација на функционалноста, директно го менуваме односот кон попреченостa како кон потенцијал, а не ограничување. „Исто така пристапноста ја интегриравме во системски услов за секоја образовна институција која претендира на капитални инвестиции со средства од буџетот“, подвлече Додевски. Сумирајќи го досега направеното, Додевски укажа на приоритетите на кои во иднина треба уште поинтензивно да се работи како што се носење на нов закон за вработување на лицата со попреченост, формирање функционален национален регистар на лица со попреченост кој ќе помогне во креирањето на политиките кон овие лица, обезбедување дигитална пристапност на веб страните на сите министерства и тела во состав на Владата, подобрување на условите за добивање соодветни помагала за сите лица со попреченост кои имаат потреба од нив, обезбедување повисоки стандарди за здравствена заштита, зголемување на бројот и капацитетите на ресурсните центри како регионални бази на сите услуги во образованието, како и зголемен број на дневни и рехабилитациски центри. Претставникот од Министерството за образование и наука Душан Томшиќ истакна дека интензивно се работи на пристапноста на образовните институции при што, неодамна, пристапноста е обезбедена во четири средни и шест основни училишта. Интензивно се работи и на подигнување на јавната свест кај учениците за правата и потребите на нивните соученици со попреченост. „Образовниот процес е поинклузивен со воведување на 500 образовни асистенти во изминатиов период и зголемувањето на буџетот за оваа намена. Работиме и на подобрување на инклузивноста и на средните училишта“, подвлече Томшиќ, и додаде дека се работи и на задолжителни обуки на наставниот кадар преку Бирото за развој на образованието и ќе се инвестира во инклузивните тимови во училиштата.

Претставничката од Министерството за труд и социјална политика Софија Спасовска укажа на процесот на редизајнирање и подобрување на социјалната заштита за лицата со попреченост во однос на паричниот надоместок. Подобрени се и социјалните услуги со отворање на два нови дневни центри во Топанско Поле во Скопје и во Липково, а во завршна фаза се дневните центри во Делчево и Тетово. Услугата лична асистенција стана достапна и за деца до 6 години, а интензивно се спроведува и лиценцирањето на даватели на социјални услуги. Како што истакна, интензивно тече и процесот на деинституционализација преку преселба на возрасните лица со интелектуална попреченост во мали групни домови. „Сите 15 градинки отворени во земјава се целосно физички пристапни, а се предвидува децата со попреченост да имаат приоритет за упис во јавните градинки. Подобрени се и условите за вработување со посебен фонд од околу 4,7 милиони евра за поддршка на вработување на над 210 лица со попреченост, а ќе се стимулира адаптацијата на работниот амбиент и воведувањето на работни асистенти“, истакна Спасовска. Претставникот на Националниот совет на инвалидските организации на Македонија Бранимир Јовановски, во името на сите национални организации – членки на НСИОМ, ги презентираше ставовите и препреките за подобрување на човековите права на лица со попреченост во низа области од секојдневното живеење. Тој нагласи дека овогодинешната тема на ООН за одбележување на меѓународниот ден на лицата со попреченост: „Лидерство и учество на лицата со попреченост кон инклузивен, пристапен и одржлив пост КОВИД-19 свет“, има за цел да укаже дека сите споменати права на лицата со попреченост мора континуирано да се остваруваат во услови на пандемијата со КОВИД-19 и пост КОВИД состојбата. Правата на лицата со попреченост мора да бидат земени во предвид при планирање на мерките за заштита и превенција од КОВИД-19. Исто така, потребно е лицата со попреченост и нивните семејства да се вклучени во мерките на државата за ублажување на последиците од кризата со пандемијата. На настанот, Генералниот секретар на РЦПЛИП – ПОРАКА, д-р Василка Димоска Де Јонг, го промовираше Извештајот за напредокот во имплементација на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост, насловен „10 години потоа“. Извештајот е изработен со цел да се прикаже што и колку е постигнато во измината деценија за подобрување на правата на лицата со интелектуална попреченост, како резултат на имплементацијата на Конвенцијата.

Страна 5


Гласило на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА

Активности на здружените членки во Националниот совет на инвалидски организации

Средба на Претседателот Пендаровски со претставници на националните организации - членки на Националниот совет на инвалидски организации Во рамките на својата програма за одбележување на 3 декември, меѓународниот ден на лицата со попреченост, Националниот совет на инвалидски организации на Македонија организираше средба со Претседателот на Република Северна Макеоднија, Н.Е. д-р Стево Пендаровски. Средбата се одржа во Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“ на 2-ри декември 2021 година. Претставниците на националните организации на лица со попреченост, членки на НСИОМ, го информираа Претседателот Пендаровски за тековните активности што ги реализираат за унапредување на состојбите во секојдневното живеење на лицата со попреченост, ги презентираа и своите приоритети во однос на остварувањето на правата на лица со попреченост во нашата држава, како и препреките и проблемите на кои наидуваат. Присутните претставници на националните организации на лица со попреченост нагласија дека и покрај евидентното унапредување на положбата на овие граѓани, сè уште постојат области во коишто е отежнато нивното функционирање и дека ваквите системски слабости коишто се одамна детектирани, дополнително се нагласени со појавата на пандемијата. Генералниот секретар на РЦПЛИП - ПОРАКА, д-р Василка димоска Де Јонг го запозна Претседателот Пендаровски со најзначајните препораки за унапредување на правата на лицата со интелектуална попреченост, содржани во Извештајот на РЦПЛИП - ПОРАКА за напредокот во имплементација на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост „10 години потоа“. Притоа, фокус беше ставен неопходноста за подобрување на здравствената заштита на лицата со интелектуална попреченост во услови на пандемија со КОВИД-19, за што РЦПЛИП - ПОРАКА во повеќе наврати реагираше до Министерствто за здравство, но се уште не е добиен одговор на барањата. Претседателот Пендаровски се заложи за разрешување на ова прашања и воспоставување на комуникација помеѓу РЦПЛИП - ПОРАКА и раководните лица во Министерствто за здравство.

Страна 6

Охрабрувајќи ги севкупните напори на сите членки на Националниот совет на инвалидските организации за остварување на интересите на лицата со инвалидност, Претседателот Пендаровски ја нагласи неговата лична заложба и безрезервната поддршка на секоја иницијатива, независно од 3 Декември, предизвиците со коишто се соочуваат граѓаните да добиваат континуирано внимание и сериозен пристап во текот на целата година. „Мојата лична заложба е надминувањето на предизвиците со коишто се соочуваат лицата со попреченост да биде континуиран процес, во текот на целата година. Ја имаат мојата безрезервна поддршка за унапредување на нивната инклузија во општеството“ нагласи Претседателот Пендаровски. Во таа насока, Претседателот Пендаровски порача дека е неопходна целосна посветеност и партнерски однос меѓу овие организации и институциите во Северна Македонија. За време на настанот, Националниот совет на инвалидски организации на Македонија врачи Плакета на Македонскиот институт за медиуми за успешната соработка и поддршката за подигнување на јавната свест за правата на лицата со попреченост.


Гласило на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА

Активности на Народниот правобранител

Народниот правобранител го одбележа Меѓународниот ден на лицата со попреченост со потпишување на Меморандум за соработка со организациите на лица со попреченост „Донесувањето на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост во 2006, а особено нејзината ратификација од страна на нашата држава Република Северна Македонија во 2011 година, претставува значаен чекор за препознавање на правата и потребите на лицата со попреченост, а особено за признавањето на обврските на државата за гарантирање на непреченото уживање на овие права. Секоја индивидуа е посебна на свој начин и заслужува еднакви можности за остварување на своите права, и токму во таа насока, Институцијата Народен правобранител години наназад посветено дејствува на полето на заштита на човековите права и слободи на лицата со попреченост, укажувајќи на потребата од конкретни заложби за ефективно остварување на овие права, како и целосно, рамноправно вклучување во креирањето и донесувањето одлуки во општеството, кои ќе значат укинување на бариерите и овозможување на нивен активен придонес и развој во инклузивно општество.“ Ова, меѓу другото, го истакна Народниот правобранител, г. Насер Зибери, во поздравниот говор на отворањето на настанот кој по повод 3 Декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост, го организираше Канцеларијата на Народниот правобранител. На настанот, на тема „10 години од ратификација на Конвенцијата за права на лица со попреченост и предизвиците, научените лекции и за потребата од преземање на идни чекори за ефикасна имплементација“, зборуваше државната советничка, г-ѓа Васка БајрамовскаМустафа, која го презентираше прегледот на основните ставови на организациите на лицата со попреченост. Според нејзе, и по 10 години имаме недоволно обезбедена инклузивна еднаквост на лицата со попреченост, децата и лицата со попреченост се соочуваат со проблеми и потешкотии во остварувањето на своите права, а потребно е создавање услови за имплементација на истите, како и воспоставување на систем и пракса за вклучување и користење на Конвенцијата во работата на органите. „За сеопфатен развој на потенцијалите кај децата со попреченост особено е важно истите да бидат вклучени од најмала возраст во предучилишните установи со цел нивна подготовка за во училиште и со цел искористување

на периодот на рано детство, усогласување на Законот за средно образование и Законот за високо образование со КПЛП, односно инклузија на учениците и студентите со попреченост на сите нивоа на образование, како и подигнување на јавната свест за вработување на лица со попреченост во јавниот и приватниот сектор, како и воведување квотен систем, професионална рехабилитација, поддржано вработување и поддржано работење, обезбедување можности за вработување на отворен пазар на труд“, рече, државната советничка, г-ѓа Васка БајрамовскаМустафа. Програмскиот менаџер на РЦПЛИП – ПОАКА, м-р Владо Крстовски учествуваше на настанот и ги информираше присутните претставници на организациите на лицата со попреченост за подготвениот Извештај за напредокот во имплементација на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост „10 години потоа“ кои ги содржи главните гледишта, приоритети и препораки за унапредување на правата на лицата со интелектуална попреченост во нашата држава. За време на настанот беше потпишан и Меморандум за соработка со 23 невладини организации кои работат на полето на остварување на правата на овие лица. РЦПЛИП – ПОРАКА е една од овие 23 организации, со што официјално стана членка на Националниот механизам за мониторинг на имплементацијата на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост.

Страна 7


Гласило на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА

Активности на локалните организации на РЦПЛИП - ПОРАКА

Активности на локалните организации на РЦПЛИП – ПОРАКА по повод одбележувањето на 3 Декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА Штип по повод 3 Декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост согласно дадените протоколи за заштита од КОВИД-19 реализираше неколку активности. На 25-ти ноември, корисниците на дневниот центар на РЦПЛИП – ПОРАКА во Штип го посетија Народниот театар во Штип за да се запознаат со неговото делување, просториите во театарот и изведоа перформанс со дел од актерите. На 27-ми ноември во соработка со bfit. mk се реализира спортски натпревар „Игри без граници“ во спортската сала на ООУ „Гоце Делчев“. На 29-ти ноември корисниците на дневниот центар во Штип учествуваа на онлајн креативно-уметничка работилница „Подај рака, запеј песна!“ која се реализираше во соработка со Академијата ЕУРОАРТ – Штип и проф. Гордана Тасева. На 30-ти ноември во ОУК Дом на млади – Штип се постави изложба на фотографии од Невенка Митева, корисник на дневниот центар на РЦПЛИП – ПОРАКА во Штип. На изложбата присуствуваа претставници на локалните власти, локалните институции, соработници на ЦПЛИП – ПОРАКА Штип, како и лица со интелектуална попреченост и нивните семејства. Изложбата беше медиумски поддржана од M NET HD. На 1-ви декември корисниците на дневниот центар имаа онлајн работилница со д-р Горица Поповска – Налевска на која корисниците се запознаа со едиција на сликовници, чиј автор е д-р Поповска- Налевска, кои имаат за цел да испратат силна порака од аспект на развивање морални вредности, емпатија и алтруизам. На 2-ри декември, во просториите на дневниот центар во Штип се реализираше креативна работилница со проф. Александра Иванова, а со наслов „Бушави глави“ на која се правеа изработки со помош на волница. На 3-ти декември во посета на дневниот центар на РЦПЛИП – ПОРАКА во Штип беа градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, и претставници на Советот на Општината на која имаа можност да се запознаат со работата на дневниот центар, но и да чујат за потребите и предизвиците со кои се соочуваат лицата со интелектуална попреченост во секојдневното живеење. На 6-ти декември корисниците на дневниот центар заедно со корисниците на дневниот центар на РЦПЛИП – ПОРАКА во Прилеп спроведоа

Страна 8

заедничка онлајн работилница на која изработуваа новогодишни украси. Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА Струмица оваа година го одбележа 3-ти Декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост со неколку активности. Првиот настан беше регионалниот саем за социјално претприемништво во Струмица, кој се одржа на 1.12.2021 година во НУЦК „Антон Панов“ – Струмица. На саемот ЦПЛИП – ПОРАКА Струмица се претстави со свој штанд на кој беа изложени рачните изработки на членовите, како и информативните материјали што се изработија последните години, како брошурата за сработеното во последните 10 години, инфографиците со лесно читливи совети за заштита од КОВИД-19, грижа за општото здравје и слично, гласилата на РЦПЛИП – ПОРАКА и др. Присутните на саемот можеа да ги купуваат ракотворбите и украсите, а собраните средства ќе бидат искористени за набавка на материјали за работа во социјалниот клуб на ЦПЛИП – ПОРАКА Струмица. Вториот настан беше одржан во социјалниот клуб, каде што се организираше ликовна работилница заедно со ученици од ООУ „Видое Подгорец“ – Струмица. Учениците, заедно со членовите на ЦПЛИП – ПОРАКА Струмица, изработуваа цртежи со различни мотиви и пораки, декорации на стаклени предмети и новогодишни украси. Воедно, учениците, со поддршка на нашите членови, ги боеја и боенките изработени од нив од претходните години. Во текот на месец ноември, членовите на социјалниот клуб изработуваа маици со цртежи кои треба да нè потсетуваат на љубов, разбирање, еднаквост и меѓусебна поддршка. Маиците на 2-ри и 3-ти декември беа подарувани на нашите долгогодишни партнери, поддржувачи и пријатели, во знак на благодарност за безрезервната поддршка. Во рамки на оваа мини-кампања, маица со цртеж подаривме и на Градоначалникот на општина Струмица. На краткиот состанок разговаравме и за функционирањето на социјалниот клуб и воопшто ЦПЛИП – ПОРАКА Струмица. Претставници од ЦПЛИП – ПОРАКА Струмица присуствуваа и на инклузивната претстава „Волшебникот и пријателите“, проект на Центарот за култура „Ацо Караманов“ – Радовиш. Исто така, на


Гласило на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА

Активности на локалните организации на РЦПЛИП - ПОРАКА социјалните мрежи на ЦПЛИП – ПОРАКА Струмица, беа споделувани клиповите изработени од минатогодишната кампања за одбележување на меѓународниот ден на лицата со попреченост. Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА Крива Паланка, меѓународниот ден на лицата со попреченост го одбележа согласно насоките дадени од РЦПЛИП – ПОРАКА и следењето на протоколите за заштита од КОВИД-19. Како и секоја година, така и оваа, во соработка со основните училишта во Крива Паланка и Ранковце беше организиран конкурс за ликовни и литературни творби на овогодинешната тема предложена од ОН „Лидерство и учество на лицата со попреченост кон инклузивен, пристапен и одржлив свет пост КОВИД-19“. Најуспешните ученици беа наградени со дипломи, чие доделување оваа година беше во училиштата. ЦПЛИП – ПОРАКА Крива Паланка организираше посета на неколку семејства со член со интелектуална попреченост, на која присуствуваа и Градоначалникот на општина Крива Паланка и директорот на ЈУ МЦСР Крива Паланка. На средбите се разговараше за актуелните состојби со кои се соочуваат овие семејства, а и беа подарени и пакети со храна и хигиенски средства. Исто така, ЦПЛИП – ПОРАКА Крива Паланка организираше и посета во домовите на корисници на дневниот центар во Крива Паланка бидејќи најголемиот дел од нив поради пандемијата не го посетуваат дневниот центар. Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА Радовиш го одбележа 3 Декември, меѓународниот ден на лицата со попреченост согласно насоките и овогодинешната тема на ОН „Лидерство и учество на лицата со попреченост кон инклузивен, пристапен и одржлив свет пост КОВИД-19“. На 1-ви декември се реализираше работилница на која корисниците во дневниот центар заедно со Ангела Јанкулова, ученичка во ООУ „Крсте Петков Мисирков“ твореа на теми од новогодишните празници. Одбележувањето на меѓународниот ден на лицата со попреченост продолжи со изведба на театарската претстава „Волшебникот и пријателите“, во која учествуваа корисници на дневниот центар на РЦПЛИП – ПОРАКА во Радовиш и ученици од гимназијата „Коста Сусинов“. За време на овој настан се прикажа и документарен филм во кој беше прикажан самиот процес на подготвување на театарската претстава. Присутните имаа можност да ги погледнат различните работилници за запознавање на учесниците во претставата, развивање емпатија и меѓусебна соработка, па се до работилниците за подготовка и изведба

на самата театарска претстава. ЦПЛИП – ПОРАКА Радовиш организираше изложба на рачни изработки и сувенири подготвени од корисниците на дневниот центар, а тука беа претставени и творбите од работилницата со Ангела Јакимова. Присутните на изложбата можеа да ги купуваат изложените творби, а собраните средства ќе се искористат за набавка на материјали за работа во дневниот центар. Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА Битола оваа година го одбележа 3 Декември, меѓународниот ден на лицата со попреченост со низа активности. Активностите започнаа со реализација на ликовно креативни работилници со ученици од ООУ „Тодор Ангелески“ и ООУ „Трифун Пановски“ од Битола, како и музички работилници со Александар Грујовски, професор од Државното музичко училиште од Битола. На 1.12.2021 година беше реализирана традиционалната крводарителска акција во просториите на социјалниот клуб на ЦПЛИП – ПОРАКА Битола, наменета за членови од семејствата на лица со попреченост и соработници на ЦПЛИП – ПОРАКА Битола. На 4.12.2021 година на плоштадот Магнолија во Битола, се одржа главниот настан „Свет за сите - зашто љубовта не познава пречки“ на кој се промовираше и презентираше инклузивната сликовница „Свет за сите“ изработена и креирана од корисници во социјалниот клуб и волонтери на ЦПЛИП - ПОРАКА Битола, а во соработка со основни и средни училишта во Битола. Поддршка и учество на настанот и оваа година со дадоа наставниците од ООУ „Тодор Ангелевски“ и ООУ „Трифун Пановски“ Битола со своите ученици, потоа професорот по клавир, Александар Грујевски од Државно музичко училиште во Битола, професор по ликовна уметност Никола Панов од Штип и Јована Талевска - волонтер, ученик во СОМУ „Д-р. Јован Калаузи“ Битола, Горан Митревски – Ганди, познат илузионист од Битола. Музичко литературниот перформанс беше збогатен со изведба на македонска народна музика со учество на корисници во социјалниот клуб на ЦПЛИП - ПОРАКА Битола, а потоа следеа заеднички настапи на корисниците со учениците од основните училишта. На настанот на два штандови беа изложени креативни и новогодишни ракотворби од корисници на социјалниот клуб, ракотворби изработени и со учесниците од креативните работилници, сликовници, гласила ПОРАКА и изработени флаери и плакати. По повод 3 Декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост на соработниците на ЦПЛИП – ПОРАКА Битола им беа доделени благодарници, а се доделија и наградите за избраните творби од конкурсот за изработка на сликовницата „Свет за сите“.

Страна 9


Гласило на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА

Активности на локалните организации на РЦПЛИП - ПОРАКА

Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА Македонска Каменица, по повод меѓународниот ден на лицата со попреченост реализираше средба со новиот градоначалник на Општината, Димчо Атанасовски. На средбата претставниците на ЦПЛИП ПОРАКА Македонска Каменица го запознаа Градоначалникот со потребите и потешкотиите со кои се соочуваат лицата со интелектуална попреченост во секојдневното живеење, како и со потребите за успешно функционирање на организацијата. Тој истакна дека треба да се работи на градење партнерство со организациите на лицата со попреченост, локалната самоуправа и бизнис секторот со што поенергично ќе се делува на рушење на бариерите кон инклузијата и еднаквоста на овие лица. По средбата заедно посетија домови на дел од социјално загрозените семејства со член со интелектуална попреченост, и поделија хуманитарни пакети од Општината. Воедно и сите членовите на ЦПЛИП – ПОРАКА Македонска Каменица добија скромни подароци од Општината. Следејќи ги насоките и препораките на РЦПЛИП – ПОРАКА и Обединетите нации за одбележување на 3 Декември, Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА Скопје реализираше неколку активности. На 30.11.2021 година се одигра премиерата на претставата „Ништо не е страшно“, во Центарот за култура во населба Ѓорче Петров. Во истата учество зедоа и корисниците на услугите на дневните центри на РЦПЛИП - ПОРАКА во Скопје заедно со училишни деца со типичен и атипичен развој од училиштата на територијата на општина Ѓорче Петров. Истата беше режирана и поставена од професионални актери од Центарот за изведувачки уметности и едукација Театар Пи. Во текот на месец ноември

Страна 10

и декември националниот медиум Канал 5 ТВ и новинарот Мирјана Мирчевска - Јовановиќ реализираа серијал под наслов „Војна против КОВИД-19“. Во истиот беше застапена и тема околу вакцинацијата против КОВИД-19 кај лицата со интелектуална попреченост со акцент на лицата со Даунов синдром. Во рамките на овој серијал беше снимено и емитувано интервју со корисник и родител во дневниот центар на РЦПЛИП – ПОРАКА во Аеродром. Во рамките на постојаната програма на Град Скопје – Одделение за спорт и млади на 3-ти Декември, корисниците на услугите од дневните центри на РЦПЛИП - ПОРАКА во Скопје како и нивните родители активно учествуваа во спортските активности кои се организираа во СГГУ „Здравко Цветковски“ на кој учество зедоа и ученици од училиштето во кое се наоѓа спортската сала. Започнувајќи од 29.11.2021 до 3.12.2021 беше поставена онлајн изложба на изработки на корисниците на дневните центри на РЦПЛИП - ПОРАКА во Скопје кои се опфатени со психосоцијална поддршка во домашни услови. На изложбата доминираше темата „Како да им помогнеме на луѓето на кои им е потребна помош“. Иако беше планирано изложбата да биде промовирана преку ФБ страната на ПОРАКА Скопје, истата се реализираше преку размена на фотографиите со помош на viber и whats app интернет апликациите. По повод 3-ти Декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост, Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост - ПОРАКА Виница организираше повеќе креативни работилници. На креативните работилници се изработија разновидни украси, честитки, слики и цртежи во соработка со ученици од СОУ „Ванчо Прќе“ од Виница кои воедно се и активни членови на Младинската организација на Црвен Крст Виница и ученици од ООУ „Гоце Делчев“. Работилниците започнаа во средината на ноември и ќе траат до крајот на декември 2021 година. Планирано е да се одржат неколку продажни акции, а првата беше реализирана на 8-ми декември. Собраните средства од продажбата се наменети за потребите на социјалниот клуб на ЦПЛИП -ПОРАКА Виница. Претставници на ЦПЛИП – ПОРАКА Виница одржаа работна средба со Градоначалникот на Општина Виница, Миле Петков. На средбата Градоначалникот беше запознаен со работата и потребите на ЦПЛИП - ПОРАКА Виница. Градоначалникот потенцираше дека досегашната соработка ќе продолжи и ќе се продлабочи во иднина со нагласување дека ќе продолжи и финансиската поддршка во рамки на можностите на општината.


Гласило на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА

Активности на локалните организации на РЦПЛИП - ПОРАКА

Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА Велес и оваа година активностите за одбележување на 3 Декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост ги креираше и реализираше во согласност со препораките и насоките од Обединетите нации за 2021 година. На 2.12.2021 година членови на ЦПЛИП – ПОРАКА Велес учествуваа на традиционална ликовна работилница во организација на ОУРЦ Маца Овчарова-Велес, која е од инклузивен карактер, а оваа година за прв пат беше организирана и на меѓународно ниво. Ликовни творби подоцна беа изложени во изложбениот простор на театарот НУЦК „ЈХК Џинот“ во центарот на градот Велес. Во периодот од 3-ти до 10-ти декември се дистрибуираа прирачници за инклузивно образование „Инклузивно образование – актуелна состојба – предизвици – препораки“ во редовните основни училишта во општините Велес, Чашка и Градско, а до крајот на годината ќе се дистрибуираат до општините Штип, Пробиштип, Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Св. Николе и Лозово. Целта на прирачникот е да се понудат информации и можности кои ќе бидат наменети, пред сè, за наставно воспитниот кадар од редовните основни училишта, како и за стручните служби од училиштата. Прирачникот појаснува дел од често поставуваните прашања за инклузивниот процес во образованието. По повод 3 Декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА Прилеп организираше низа активности, согласно препораките за заштита од КОВИД-19. На 2.12.2021 година се реализираше заедничка работилница со ученици од ООУ „Кочо Рацин” од Прилеп под наслов „ Нашето музичко небо”. Во текот на настанот се проследи солистички концерт на ученик од училиштето, а потоа следеше заедничка музичка изведба

на песни со ученици од ООУ „Koчо Рацин“. На 3 Декември, во присуство на Градоначалникот на општина Прилеп и претставници на локалната самоуправа, работно се одбележа Меѓународниот ден на лицата со попреченост. Присутните имаа можност да слушнат за активностите што се реализираат во дневниот центар на РЦПЛИП – ПОРАКА во Прилеп, како и за потребите и потешкотиите во нивното секојдневно живеење. Воедно имаа можност и одблизу да се запознаат со потенцијалните и способностите на корисниците разгледувајќи ја поставената изложба на рачни изработки. Васе Матевска, корисник во дневниот центар рецитираше автобиографски песни под заедничко име „Сите сме различни“. На 6-ти декември се реализираше заедничка работилница со корисниците на дневниот центар на РЦПЛИП – ПОРАКА во Штип на која се изработуваа новогодишни украси. На 7-ми декември корисниците на дневниот центар беа во посета на ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ и се запознаат со работата на оваа институција. Во овој период исто така, се реализира и видео записот со зумба активности „За игри без граници“, како и изработката на куќарки наменети за бездомни животни. Меѓународниот ден на лицата со попреченост, Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА Кавадарци го одбележа со работилница на која лицата со интелектуална попреченост, членови на ЦПЛИП - ПОРАКА Кавадарци, правеа рачни изработки. За време на работилницата се разговараше и за пандемијата предизвикана од КОВИД-19, мерките што се преземаат за заштита и дадените препораки од медицинскиот персонал во однос на вакцинацијата. Во периодот околу 3 декември се воспоставија контакти со институциите на локално ниво, културните центри, како и со граѓански организации, при што се укажуваше на потребата од нивно активно учество и изнаоѓање начини за вклучување и зајакнување на лицата со интелектуална попреченост во секојдневното живеење. Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА Гевгелија оваа година 3 Декември, меѓународниот ден на лицата со попреченост го одбележа во соработка со другите организации на лица со попреченост кои делуваат на територијата на општина Гевгелија. На 3 декември беше организиран марш низ улиците на Гевгелија под мотото „Сите сме исти“. Маршот започна пред општинската зграда, а заврши кај Народниот театар. На оваа активност се придружија и Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, членови на Советот на општина Гевгелија, ученици од основните училишта.

Страна 11


Гласило на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА

Вклучување на корисниците на дневните центри на РЦПЛИП - ПОРАКА во културни активности

Премиера на претставата „Волшебникот и пријателите“ Премиера на театарската претстава „Волшебникот и пријателите“ во продукција на Центарот за култура „Ацо Караманов“ – Радовиш во изведба на ученици од СОУГ „Коста Сусинов“ и корисници на дневниот центар на РЦПЛИП – ПОРАКА во Радовиш Театарската претстава „Волшебникот и пријателите“ се подготвуваше изминатиот период во соработка меѓу Центарот за култура „Ацо Караманов“ – Радовиш со СОУГ „Коста Сусинов“ и дневниот центар на РЦПЛИП – ПОРАКА во Радовиш. Ова е заеднички проект финансиран од Министерството за култура во кој за првпат ученици од гимназијата и лица со интелектуална попреченост од дневниот центар се глумци аматери во претстава која се поставува во Радовиш. „Кога ќе тргнеш со ставот дека и јас можам и имам нешто да им (по)кажам на другите околу мене најнормално е дека ќе дојдеш до целта и истата ќе ја оствариш“ истакна Изабела Ангелова, директорка на Центарот за култура, која воедно беше и кореограф во претставата. Со тоа се започна остварувањето на заедничкиот проект во соработка на група средношколци и дел од лицата со интелектуална попреченост, корисници на дневниот центар. Средношколците се најдоа во улога на глумци аматери, некои од нив за прв пат стапнаа на сцена и го совладуваа својот страв/срам од јавен настап. Прв пат соработуваат и совладуваат активности заедно со лица со интелектуална попреченост, корисници од дневен центар. Преку заедничките проби често имаа прилика да се стават во „обувките на другиот” и од друга перспектива да ја градат менталната слика. Ова им помогна да создадат силни и искрени врски и да ја развијат емпатијата кон другиот до себе. Невербалната комуникација и грижата едни кон други додека се заедно на сцената и ги изговараат своите реплики е нешто што ретко може да се види и да се доживее. Возбудата помешана со гордост дека и тие можат е печатот кај лицата со интелектуална попреченост од дневниот центар. Одговорноста со која ги прифаќаат задачите,

Страна 12

упорноста со која ги повторуваат дејствата, нестрпливоста да се дојде на ред и да се одигра својот дел од улогата се за почит. Изградија однос полн со доверба кон средношколците, ги вклучија во својот свет, горди дека се дел од една поголема слика. Знаат дека истата ќе дојдат да ја видат и други луѓе, надвор од нивното вообичаено опкружување. Впечатокот кој го остава оваа аматерска театарска група е дека навистина секој може да оствари нешто повеќе од вообичаеното, само треба да му се даде шанса и да му се отвори просторот. Ќе треба да работиме на одржливост на позитивните искуства и практики а ова е една од нив. Премиерата на театарската претстава беше успешно изведена на 20-ти ноември следејќи ги протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата со КОВИД-19 за одржување настани.


Гласило на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА

Вклучување на корисниците на дневните центри на РЦПЛИП - ПОРАКА во културни активности

Театарска претстава „Ништо не е страшно“ Премиера на театарската претстава „Ништо не е стршно“ во продукција на Театар Пи во изведба на ученици од ООУ „Јоаким Крчовски“ и ООУ „Страшо Пинџур“ и корисници на дневните центри на РЦПЛИП – ПОРАКА во Скопје Театар Пи во изминатиот период реализираше мултимедијална кампања под мотото „Мене ништо не ми пречи“ во соработка со РЦПЛИП – ПОРАКА и неговите сервисни служби во Скопје. Кампањата наменета за подигнување на јавната свест за лицата со попреченост содржеше низа различни активности, меѓу кои работилници за фотографија, музички работилници, како и театарски работилници за подготовка на театарски перформанс. Театарската претстава „Ништо не е страшно“ е последниот дел од кампањата што се реализираше во текот на изминатиот период со наслов „Мене ништо не ми пречи“. Изминатиот период режисерите на претставата Златко Митрески и Македонска Илиевска реализираа низа театарски работилници со корисниците на дневните центри на РЦПЛИП – ПОРАКА во Скопје, а паралелно спроведуваа работилници и со ученици од ООУ „Јоаким Крчовски“ и ООУ „Страшо Пинџур“ кои заеднички ја изведоа актерската игра. Премиерата на претставата се одигра на 30-ти ноември 2021 година во Домот на културата во Ѓорче Петров. Претставата е создадена од текстови на Алан Бол, Олга Токарчук, Милан Кундера, Михаил Булгаков, Фјодор Михајлович Достоевски, Вилијам Шекспир, Давид Албахари, Сања Михајловиќ- Костадиновска и Златко Митрески. „Си имаше еднаш една напуштена железничка станица со само еден стар расипан воз. Оваа претстава низ една забавна игра, со елементи на мистика, трилер, на моменти во хорор жанр како и црн хумор се занимава со цикличноста на животот и смртта. Еднаквоста на типичното и нетипичното кое што се раѓа и умира на ист начин, но сепак додека е живо се третира како непознато, различно, маргинализирано.

Претставата е создадена во процес и анализа врз темата за смртта со ученици за кои беше една табу тема, од една страна, но од друга страна доста поучна и забавна“ – велат авторите на претставата. Мултимедијалната кампања „Мене ништо не ми пречи“ е поддржана од Град Скопје, Министерство за култура, Европска Унија – Europe House и амбасадите на Чешка и на Полска во земјава.

Страна 13


Гласило на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА

Активности кои произлегуваат од членството на РЦПЛИП - ПОРАКА во ЕАСПД

Меѓународна конференција „Иднината е сега: Технологија насочена кон лицето, која ги зајакнува лицата и сервисите за попреченост“ Европската асоцијација на обезбедувачи на сервисни служби за лица со интелектуална попреченост – ЕАСПД, во периодот 12 – 15 октомври 2021 година ја организираше првата конференција со физичко присуство на тема „Иднината е сега: Технологија насочена кон лицето, која ги зајакнува лицата и сервисите за попреченост“. Во рамките на конференцијата беше одбележана 25-годишнината од делување на ЕАСПД, како и заминувањето во пензија на Генералниот секретар на ЕАСПД Luk Zeldreloo. По повод 25 годишнината, ЕАСПД ја организираше меѓународната конференција „Иднината е сега: технологија насочена кон лицето, која ги зајакнува лицата и сервисите за попреченост“. На конференцијата, која се одржа во Брисел во периодот од 12-ти до 15-ти октомври 2021 година, учествуваа сите клучни чинители за да се истражат најрелевантните технологии во областа на пружање сервисни служби за лицата со попреченост и како да се реши дигиталниот јаз во контекст на лицата со попреченост. На самиот почеток, пред официјалното отворање на конференцијата, се одржа работилница за ефективно комуницирање пост КОВИД-19. На работилницата се опфатија теми за како да се задржат и одржат онлајн активностите и ангажманот, како да се балансира зголеменото онлајн присуство со капацитетот на персоналот, можностите за профит од онлајн комуникација/ настани, начини за прибирање средства онлајн. Самата тема на работилницата се наметна бидејќи пандемијата со КОВИД-19 ги трансформираше нашите општества и начинот на кој комуницираме едни со други. Како што се намалуваат дел од мерките кои беа имплементирани со цел да се спречува ширењето на КОВИД-19, одредени нови техники и алатки за комуникација што се користеа, ќе останат и понатаму да се користат. Употребата на овие нови технологии заедно со враќањето кон потрадиционалните форми на комуникација, покрена повеќе прашања за тоа како ефективно да се комуницира пост КОВИД-19.

Страна 14

На официјалното отворање на конференцијата присутните ги поздравија и накратко им се обратија James Crowe, претседател на ЕАСПД, Luk Zelderloo, Генерален секретар на ЕАСПД, и Katarina Ivanković-Knežević, Директор за социјални работи, во Генералниот Директорат за вработување, социјални работи и инклузија при Европската комисија. Првиот ден од конференцијата продолжи со работни панели на различни теми. Првиот панел на тема „Дигитална трансформација на сервисните служби за поддршка“. На панелот се говореше за клучните размислувања за дигиталната трансформација на сервисните служби за поддршка. Dr. Gerard Quinn, Специјален известувач на ОН за правата на лицата со попреченост елаборираше за тоа како дигиталните сервиси можат и треба да ги поддржуваат човековите права на лицата со попреченост. Dr. Ramon Daniels, Професор по асистивна технологија во грижата, на Универзитетот за применети науки Зујд, говореше за подготвеноста за иновации, можностите на социјалните сервисни служби да иновираат и зошто е тешко да се придвижиме кон онлајн активности. На панелот се презентираа и наодите од последниот извештај на ЕАСПД за пружање онлајн услуги, а воедно се говореше и за тоа како сервисните служби се трансформирале со дигитализацијата. Вториот панел, кој беше на тема „Пристапност, клучот за дигитална инклузија“ овозможи преглед на тоа како сервисните служби за поддршка можат да го водат патот за развој на пристапна технологија. Панелистите се осврнаа на тоа како сервисните служби можат да ги отстранат препреките за пристап до онлајн поддршка, и за вклучувањето на


Гласило на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА

Активности кои произлегуваат од членството на РЦПЛИП - ПОРАКА во ЕАСПД крајните корисници и како да се направи пристап насочен кон корисникот кој е природен дел од секојдневниот бизнис во развојот на пристапната технологија. Immaculada Placencia – Porrero, од Генералниот Директорат за вработување, социјални работи и инклузија при Европската комисија го презентираше Европскиот Акт за пристапност. По завршувањето на панелите, првиот конференциски ден продолжи со низа работилници на кои се разгледуваа различни теми. На работилницата за технологија во инклузивното образование се говореше за технолошките развитоци и асистивната технологија кои можат да помогнат во постигнувањето на инклузивно образование. Потоа следеше работилница што се фокусираше на развивањето на европска платформа за податоци во здравството. Со овозможување на практични искуства со платформата, работилницата се фокусираше околу она што треба да се земе предвид за да се даде поддршка на работната сила кај обезбедувачите на социјални сервисни служби за поддршка и да се подобри пристапноста за различните корисници. Се повтори важноста на прилагодувањето на технологијата кон животот на лицата со попреченост, Токму за ова се говореше на третата работилница, на кој се потенцираше дека тоа е подеднакво важно и за обезбедувачите на сервисни служби и за лицата со попреченост, а со цел да имаат дигитални вештини што им се потребни. Воедно, технологијата има потенцијал да игра клучна улога во постигнувањето на самостојно живеење за лицата со попреченост и може да служи како добра основа за самостојното живеење на овие лица. Овие размислувања беа темите на кои се говореше на уште една од работилниците за време на конференцијата. Последната работилница од првиот работен ден на конференцијата се осврна на темата „Инклузија и пристапност преку асистивна технологија“. За време на работилницата се разменија мислења и искуства во однос на примената на пристапот за универзален дизајн со цел да се креираат поинклузивни технологии за сите, како вештачката интелигенција може да влијае врз животот на лицата со попреченост од технолошка и етичка перспектива, а се презентираше и алатка за „лесно читање“ и како таа алатка може да им помогне на лицата со интелектуална попреченост при пребарување и читање на интернет. Асистивната технологија е софтвер или опрема која може да се користи од индивидуи, вклучително и лица со попреченост, за да можат полесно да користат/да пристапат до други производи, системи сервиси или дигитална средина. Говорејќи за ова, за време на третиот панел со наслов „Технологии – иднината е сега“, David Banes, се осврна и на тоа дека соодветниот пристап и сервисите за инклузија ќе го потенцираат влијанието на новите технолошки развитоци врз животот на лицата со попреченост. Воедно на овој панел се дискутираше и за стапиците и предностите на асистивната технологија за лицата со попреченост, и како оваа технологија може да промовира активности за игри и рекреација. „Нарушување во социјалната грижа: обликување на трансформативниот ефект на онлајн платформите“ беше темата на уште една од работилниците кои следеа во текот на конференцијата на ЕАСПД бидејќи онлајн платформите имаат свој удел во влијанието врз животот на

лицата со попреченост. Токму затоа на оваа работилница се разговараше за важноста да се увидат можните стапици и предности на овие платформи, а воедно се обрна внимание и на сознанијата за социјалната заштита и грижа и начинот на кој дигитализацијата влијае врз неа. Освен за социјалната заштита, на друга работилница се разгледуваше и влијанието на технологијата врз интегрираната здравствена заштита и социјалната поддршка. Последната работилница од конференцијата беше на тема „Технологија за засилување на иновации и попреченост – Швајцарскиот начин да се дизајнира сервисна служба и технологија со и за лица со попреченост“. На работилницата се презентираше проектот на Фондацијата FRH, и се споделија научените лекции и искуства од истиот. Завршната панел дискусија од конференцијата повторно ги собра сите чинители од европско и национално ниво за да ги истражат рамките во политиките што треба да се развиваат понатаму за да се овозможи пружање сервисни служби за поддршка од утрешнината. На конференцијата „Иднината е сега: технологија насочена кон лицето, која ги зајакнува лицата и сервисите за попреченост“ учествуваа Генералниот секретар и програмскиот менаџер на РЦПЛИП – ПОРАКА. Исто така, Генералниот секретар, како член на Управниот одбор на ЕАСПД, учествуваше на состанокот на Управниот одбор, а како претседавач на Форумот на ЕАСПД за рана интервенција, го водеше состанокот на овој форум. Заедно со програмскиот менаџер, учествуваа на состанокот на Форумот за инклузивно живеење и седницата на Генералното Собрание.

Страна 15


CM Y B

CM Y B

CM Y B

CM Y B

Glasilo na Republi~kiot centar za poddr{ka na lica so intelektualna popre~enost

Broj 4 godina XXXIV

Fotogalerija od aktivnosti na lokalnite organizacii na RCPLIP - PORAKA

CM Y B

CM Y B

CM Y B

РЦПЛИП - ПОРАКА е добитник на престижното Признание „Македонски квалитет 2021“, кое традиционално го доделува Сојузот на стопански комори на Македонија под покровителство на Претседателот на Pепублика Северна Македонија, Н.Е. д-р Стево Пендаровски

CM Y B


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.