Опис на работни задачи за ангажирање на модератор

Page 1

ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ПЕЛАГОНИСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН

ОПИС НА РАБОТНИ ЗАДАЧИ ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА МОДЕРАТОР ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА РАБОТИЛНИЦА ОД ОБЛАСТА НА ТУРИЗМОТ ДОГОВОРЕН ОРГАН Центар за развој на Пелагониски плански регион (ЦРППР) ПРОЕКТ “Развиено наследство, вектор на односи и основа за регионален идентитет” кој се спроведува во рамките на Програмата за децентрализирана соработка помеѓу Нормандија и Република Македонија НОСИТЕЛ НА ПРОЕКТОТ Центар за развој на Пелагониски плански регион ПАРТНЕРИ НА ПРОЕКТОТ Мешан Синдикат на областа на заливот Мон Сен Мишел–Нормандија ЦЕЛИ НА ПРОЕКТОТ  Развој на регионалниот идентитет на жителите од Пелагонија  Развој на најзначајните елементи од идентитетот и културното наследство во регионот  Создавање на односи помеѓу локалното население, локалната самоуправа, бизнис секторот и невладиниот сектор во Пелагонискиот регион  Зајакнување на капацитетите на локалното население во Пелагонија за локалната историја и локалното наледство  Промоција на вредноста на наследството и неговата улога во привлечноста на територијата ЦЕЛНА ГРУПА Жителите на Пелагонискиот регион и жителите на Мон Сен Мишел од Нормандија (Франција) ФИНАНСИРАН ОД Програмата за децентрализирана соработка помеѓу регионот Нормандија и Република Македонијa


ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ПЕЛАГОНИСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН

ДЕТАЛЕН ОПИС За потребите на горенаведениот проект односно за реализација на активноста Подигнување на капацитетите на локалните понудувачи на туристички производи за работа со туристи, предвидена во истиот, потребно е ангажирање на еден модератор кој ќе модерира дводневна работилница во Битола на тема Работа на понудувачите на туристички услуги од Пелагонискиот регион со домашни и странски туристи. Дводневната работилница во Битола е наменета за чинителите одговорни за развој и промоција на културното наследство и туризмот во Пелагонискиот регион (Мрежа за развој на културата во Пелагонискиот регион, претставници на локална самоуправа од 9-те општини од Пелагонискиот плански регион, претставници од француските партнери во проектот, претставници на културните институции, локалното население, локалните понудувачи на туристички производи, бизнис секторот и невладиниот сектор). Целта на работилницата е да се сензибилизира локалното население од Пелагонија за значењето на регионалниот идентитет и културното наследство во развојот на туристичкиот сектор и да се надградат капацитетите на локалното население во Пелагонија за работа со туристи. На работилницата присутни ќе бидат и француските партнери на проектот кои ќе го пренесат своето искуство и постигнувања на темата на работилницата и ќе презентираат добри практики од Областа на заливот на Мон Сен Мишел. Со тоа, преку оваа работилница ќе се придонесе кон унапредување на процесот на размена на знаења и искуства помеѓу чинителите на туристичкиот развој од двете територии. ЛОКАЦИЈА НА РЕАЛИЗАЦИЈА НА РАБОТИЛНИЦАТА Битола, Р. Македонија ВРЕМЕНСКИ РАСПОРЕД ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА РАБОТИЛНИЦАТА Терминот за реализација на работилницата ќе го определи Договорниот орган во координација со проектниот партнер но истиот нема да биде подоцна од 15 декември 2016 година. РАБОТНИ ЗАДАЧИ НА МОДЕРАТОРОТ За успешна реализација на работилницата, ангажираниот модератор ќе ги изврши следните работни задачи: - Воведување во темите на сесиите од работилницата - Поврзување на работните сесии на работилницата - Запазување на агендата на работилницата - Иницирање на интерактивна дискусија помеѓу учесниците на работилницата - Исполнување на целите на работилницата


ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ПЕЛАГОНИСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН МЕТОДОЛОГИЈА НА РАБОТА Во текот на спроведувањето на работилницата, ангажираниот модератор треба ја користи следната методологија: -

Користење на ИТ алатки за презентација Користење на печатените работни материјали подготвени од експертот на работилницата Иницирање на отворени дискусии

ЈАЗИК НА ИЗВЕДУВАЊЕ НА РАБОТИЛНИЦАТА Македонски јазик и француски јазик. КРИТЕРИУМИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНУВА АНГАЖИРАНИОТ МОДЕРАТОР 1. Завршено високо образование 2. Познавање на француски јазик 3. Искуство во превод од македонски на француски јазик и обратно ДОКУМЕНТИ КОИ ЗАИНТЕРЕСИРАНИТЕ КАНДИДАТИ ТРЕБА ДА ГИ ДОСТАВАТ 1. Кратка биографија во европски формат (EUROPASS) 2. Доказ за завршено високо образование НАДОМЕСТОК Модераторот ќе добие надоместок во висина од бруто износ од 6.000 МКД по реализацијата на работилницата. АДРЕСА ЗА ДОСТАВА НА АПЛИКАЦИИТЕ (доставени во печатена форма) Центар за развој на Пелагониски плански регион Ул.”Томаки Димитровски” бр. 7 7000 Битола P. Македониja или на електронската пошта info@pelagonijaregion.mk jasmina@pelagonijaregion.mk КРАЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ Е 5 ДЕНА ОД ДЕНОТ НА ОБЈАВУВАЊЕ НА ОГЛАСОТ


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.