Отчет на градоначалникот на Општина Пехчево - 2 години градоначалник Драган Тренчовски

Page 1

2 години

ГРАДОНАЧАЛНИК Драган Тренчовски

ОПШТИНА ПЕХЧЕВО


Драги сограѓани и сограѓанки,

Локалните избори се демократска придобивкана граѓаните кои одлучуваат со својот глас за својата иднина и иднината на местото во кое живеат. Реалниот живот исполнет со секојдневието и проблемите со кои се соочува секој човек се решаваат во нивната општина. За тоа е потребно првиот човек на општината, Градоначалникот да биде човек од народот, кој ги разбира проблемите на своите граѓани и кој знае да помогне. Јас ви ветив дека должноста како Градоначалник ќе ја извршувам чесно, одговорно, со голема љуов и посветеност. Градоначалник за сите, кој ќе се раководи од потребите, барањата и проблемите, а не од лични и политички интереси. Нема да правам никакви поделби, нити по етничка, верска или партиска определба, ниту пак според социјалната, половата или старосната припадност. Почитувани сограѓани, Затекнав доста непосакувана состојба во општината, блокирана општинска сметка, огромен долг од 57.000.000 денари како основен долг и камата од над 30.000.000 денари. Со средства обезбедени од Владата на РСМ успеавме да раздолжиме 32.000.000 денари, а поради добрите преговори успеавме над 20.000.000 да отпшеме камати. Драги сограѓани, Сега е мотив повеќе ние како нови генерации да се избориме за нови работни места, за економски просперитет, да се избориме младите да останат и да работат дома. Минатото не води до сегашноста, а сегашноста е влог во нашата иднина. Со почит, Градоначалник на Општина Пехчево Драган Тренчовски


Проект: Одржливо управување со природните ресурси во микро регионот „Пијанец-Малеш“ втора фаза Во рамки на проектот Одржливо управување со природните - ресурси во микро регионот „Пијанец-Малеш“ втора фаза, спроведени се активности за подобрување на туристичката понуда во микро регионот Пијанец-Малеш


ИНФРАСТРУКТУРА: Изградба, реконструкција на патишта, улици и комунална инфраструктура Проект: “Изградба на дел од Ул. “1” во индустриската зона „Чуката“ Пехчево - Изведбата на дел од Ул. “1” во индустриската зона подразбира асфалтирање на индустриска улица со ширина на коловозот од 7 м. и должина од 120 м. со тротоарски патеки од двете страни на патот Вредност: 4.000.000 денари Донатор: Центарот за развој на Источен плански регион – Штип со финансиски средства обезбедени преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2018 год. на Биро за регионален развој, Министерство за локална самоуправа и дополнително кофинансирање од страна на општина Пехчево.


Проект: Реконструкција на регионален пат Р1302, делница Делчево – Пехчево Вредност: 1.000.000.00 евра Донатор: Влада на РСМ, преку Министерство за транспорт и врски


Проект: Реконструкција на улица во село Црник - се реконструира горниот строј од коловозната конструкција, со нов асфалтен слој од 5см, крпење на дупки и поставување на каналетки на дел од улицата за одвод на водата во должина од 457 метри Вредност: 2.860.040 денари Донатор: Министерството за транспорт и врски со Одлука за распределба на средства од Буџетот на РСМ за 2018 година за подршка на имплементација на декадата и Стратегијата на Ромите, преку Акциониот план за ромите во општина Пехчево


Проект: Општина Пехчево го подобрува квалитетот на јавните услуги - Набавката на трактор со приклучна механизација (предна тракторска даска за снег, задна четка за чистење на улици, мулчер состранично хидраулично исфрлање и тракторска соларка)

Вредност: 26 000 евра Донатор: Програмата за развој на Обединетите нации и општина Пехчево


Проект: Тампонирање на полскиот пат помеѓу с.Робово, општина Пехчево и с.Мачево, општина Берово - Проектната активност за тампонирање на полскиот пат с.Робово – с.Мачево подразбира

тампонирање на постоечки земјен полски пат помегу двете населени места со што ќе се олесни пристапот на земјоделците до обработливите површини, односно се врши порамнување на подтлото на патот, насипување, валирање и тампонирање со кршен камен на пат со должина од 1.200 м. и ширина од 3,5 м.

Донатор: Програмата за капитални субвенции за развој на планските региони во областа на земјоделството и руралниот развој на Министертвото за земјоделство, шумарство и водостопанство, односно е дел од проектот “Подобрување на руралната патна инфраструктура преку изградба на пристапни патишта во подрачја со земјоделска дејност и обработлива површина во Источен плански регион” на Центарот за развој на Источен плански регион”.


Проект: Изградба и рехабилитација на осум улици во градот - Извршивме доизградба на трите улици во градот Пехчево кои беа во склоп на проектот Изградба и рехабилитација на осум улици во градот, изградивме и тротоари, а поставивме и огради на сите осум улици Вредност: 260.000 евра, од кои 1.744.818 денари се исплатени од Општина Пехчево

Донатор: Европската унија преку ИПА претпристапните фондови, а истите се администрирани според правилата на Светска банка


Проект: Изградбата на канализационен систем и пречистителна станица за отпадни води - Изградбата на комуналната инфраструктура, поточно изградба на канализационен систем и пречистителна станица за отпадни води во должина од 1892 метри, а ќе се градат два дела во населбата, односно 5 крака Вредност: 11.650.570 денари Донатор: Владата на РСМ, преку Министерството за транспорт и врски, ЕИБ и општина Пехчево


ЗАЧУВУВАЊЕ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА: Проект: Чистење на дива депонија во Пехчево

- Чистење на градежниот шут и на останатиот отпад кој со години наназад нелегално се депонирал. Се работи за просторот од ЈКП „Комуналец“ на улицата Јулија Веселинска се до спојот на улица Кадиица до место викано „Мандрата“. Донатор: Општина Пехчево


ОБРАЗОВАНИЕ И КУЛТУРА: Проект: „Платформа за меѓуграничен фестивалски туризам“ - фестивалска сцена со комплетно озвучување и опрема, како и современ туристичко-информативен центар Вредност: 450.000 евра Донатор: Интерег ИПА прекуграничната програма Бугарија - Македонија


Проект: Отпочна со работа „Едукативниот центар за зачувување на природата“ во село Негрево - Основната цел на Едукативниот центар е да придонесе кон зачувување на природата во Брегалничкиот регион, преку едукација и подигање на јавната свест, како и промоција на одржливото користење на природните ресурси Вредност: 200 000 Швајцарски франци

Донатор: Програмата за зачувување на природата во Македонија, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), кој е координиран од Фармахем


Проект: Реконструкција на домот во село Панчарево - Со реконструкцијата на домот се изврши препокривање на целата кровна конструкција, демонтажа и монтажа на прозорци и врати на делот кај салата и изградба на нов плафон на истиот дел кај салата Вредност: 2 141 622 денари Донатор: Бирото за регионален развој и општина Пехчево


Проект: Инсталирање на фотоволтаични системи на три јавни општински објекти - Општинското основно училиште „Ванчо Китанов“, детската градинка „7 Септември“ и спортската сала „Јане Сандански“ се јавните објекти на кои во Пехчево се поставени фотоволтаични системи согласно Програмата за подобрување на инфраструктурата во руралните средини, поддржана од Европската Унија. Донатор: Министерството за финансии, преку Проектот за подобрување на општински услуги преку ИПА-компонентата на Европската Унија


Проект: Реконструкцијата на внатрешноста во ООУ.„Ванчо Китанов“ - Станува збор за реконструкција и молерисување на ходниците во училиштето, поставување на ламинат, замена на старите врати во училниците, целосна реконструкција на училишната библиотека, нови шкафчиња во училниците, замена на дел од старите табли со нови интерактивни табли, поставување на веницијанки, се фарбаат радијаторите, се уредува дворот, а се изврши и изградба на летниковец за настава во природа. Донатор: Буџет на ООУ„Ванчо Китанов“ и Општина Пехчево


Проект: „Заедно до поголеми детски насмевки” во село Црник - уредување на дворот пред детската градинка во село Црник, каде беа поставени и детски реквизити

Донатор: НВО КХАМ од Делчево и општина Пехчево во рамки на иницијативата „Мрдни со прст“


Проект: Училишен прибор на секое прваче - 1500 денари еднократна финансиска помош на секое прваче


Настани од областа на културата: Фестивал на дувачки оркестри Пехчево Донатор: Општина Пехчево, приватни спонзорства и Министертсво за култура


СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА И ДОНАЦИИ: Проект: Ореови садници од сортата Џендлер донирана од страна на Претседателството на Турксата агенција за соработка и координација при Владата на Република Турција

- Доделени над 1000 садници од сортата Џендлер која е позната по високиот приход и квалитетен плод


Пехчево на точак OFF ROAD ADVANTURE 2019 Традиционалното одбележување на големиот христијански празник Богојавление - Водици 2 Mothers Brothers Месец на книгата Новогодишен концерт Новогодишен огномет Одбележување на празникот на градот 7 Септември Изложби Проекција на филмот „Медена земја“ Финале Куп на Македонија во фудбал (жени) Подршка на турнири кои се организираат во целата општина Подршка за промоција на книги Презентација на проектот „Успешни жени во минатото и денес“




Проект: Посета Дневниот центар за лица со посебни потреби и Центарот за лица без родители од Берово - На сите деца кои ги посетуваат овие центри од страна на градоначалникот им беа доделени пригодни подароци новогодишни пакетчиња


Проект: Нови социјални услуги во општина Пехчево 2

- Целта на проектот е подобрување на квалитетот и квантитетот на мерките на социјална заштита во општина Пехчево, односно менторирање на деца со проблеми во следењето ,и совладувањето на наставата во основното образование и подршка на работата на ОЈУДГ „7 Септември“ – Пехчево и помош и нега на стари лица во домашни услови.


Проект: Европската недела на имунизација „Заштити, спречи, вакцинирај“ одбележана во Пехчево - Европската недела на имунизација во соработка со ЈЗУ Здравствениот дом – Пехчево и НВО ,, КХ АМ “ – Делчево организираше посета на семејствата на деца родени во периодот од април 2017 до април 2018 година

Донатор: Општина Пехчево во соработка со НВО КХАМ од Делчево и ЈЗУ Здравен дом – Пехчево - Доделување на секое новороденче парична помош од 4000 денари од општина Пехчево -Доделување на 6000 денари на секое првороденче во општина Пехчево -Финансиска подршка на најдобрите ученици во општината кои добиле награди на државно ниво


Почитувани, Изработивме и голем број на техничка документација во вредност од над 4.000.000 денари за капитални проекти кои во текот на следниот период преку разни програми и други извори ќе ги имплементираме. Се работи за битни ,капитални проекти кои ќе ги подобрат условите за живот на нашите сограѓани и ќе го направат Пехчево подобро место за живеење, а се работи за изработка на техничка документација за реко нструкција и рехабилитација на горен строј на локални патишта и улици и изградба на улици во сите населени места во општината.

Идни проекти за реализација во 2020 година: -

Реконструкција и рехабилитација на горен строј на патот с.Робово -с.Умлена (должина:2.5км ) Реконструкција и рехабилитација на горен строј на патот с.Црник-спој со Р523 (должина:2км ) Реконструкција и рехабилитација на горен строј на патот с.Панчарево -спој со Р523 (должина:3.5км )


Изградба на локални улици: Изградба на улица во с.Чифлик Изградба на улица во с.Црник Изградба на две улици во с.Умлена Изградба на две улици во с.Робово -Изградба на локален пат од Пехчево до с.Спиково -Изградба на атмосферска канализација за Пехчево -Заштита на горниот тек на река Брегалница со изграба за канализациони системи во с.Панчарево и с.Негрево -Доградба на трапезарија детска градинка ,,7 ми Септември,,Пехчево -Санација на ударни дупки во Пехчево -Реконструкција и ревитализација на водопади на туристичката населба ,,Равна Река,,Пехчево

Како што ветивме остануваме отворена и услужна општина за сите,со истите принципи на транспарентност и отчетност. Со ентузијазам и посветеност,одговорност и желба за подобро Пехчево. Одиме напред,продолжуваме, Заедно за модерно, просперитетно, Европско Пехчево.


ops na_pehcevo@t.mk www.pehcevo.gov.mk 033/441-321


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.