Детски еко весник „ОКО“ бр.1 (Декември 2012 )

Page 1

ООУ „Димо Хаџи Димов” - Скопје Месечно списание за еколошка едукација Општина

КАРПОШ

Бр. 1, година I, ноември / 2012 година

Уметноста на природата

Мигови за акција!

За доброто на иднината Повик за дружење

Цвеќарница Караман


Рубрика

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски со директорката на ООУ Д. Х. Димов - Зорка Ристова во посета на акцијата Училиштен базар

Наставници и ученици заедно со маскотата на „Д. Х. Димов“, кученцето Чикита

2

број 1, ноември 2012


Уреднички збор

Сетилата му служат на човекот за насетување на стварноста што го окружува. Тие се материјализирани израстоци на душата која, за да се адаптира за живот во светот на објектите, си создала средства за контакт со надворешната околина. И ушите, и кожата, и носот, и очите и‘ служат на душата за да може некако да комуницира со преостанатите души во просторот и во времето. Ушите восприемаат звуци пристигнати од сите агли на просторот, а очите се хендикепирани во тој поглед зашто имаат линеарно преземање на визуелните податоци. Сепак, очите имаат друга предност, користат безгласен код за комуникација кој од поодамна е заборавен од човештвото. Живурка еден скромен број на симболи од тој код. Само животните го имаат зачувано во голема мера тој код, па затоа ни е мошне пријатно во нивно друштво. Тие малубројни симболи полека исчезнуваат под сè поголемата навалица на „цивилизациските“ придобивки. Скоро секој има слушнато дека „Очите се прозорци на душата“ и ретко некој малку повеќе да се задлабочи во таа уште како важна вистина. Тоа значи дека очите се пропустлив проѕирен прозорец кој дава визуелна слика за внатрешната состојба на лицето кое во себе ја чува таа душа. И нечии други прозорци, спроти нас, исто така бидејќи се проѕирни, даваат видливи податоци за нивната душа. Токму преку тие проѕирни помагала душите постојано комуницираат меѓу себе. Од нечии очи можат да се прочитаат најразлични расположенија, разни информации, точност или неточност на информацијата што се дава и сл. Дури и од очите на соговорникот можеме да дознаеме за неговиот карактер, како и за неговата животна судбина. На пример, за да дознаеме дали некој ја зборува вистината, му велиме: „Погледни ме во очи!“ Се загледуваме во неговите очи и многу лесно, без зборови, без да се изнаслушаме изговори и оправдувања, дознаваме за точноста на информацијата што е соопштена. Понекогаш, во нечии очи ќе забележиме напластени грижи, мачно минато, или пак безгрижно поминат живот. Очите во корелација со брчките што понекогаш го брануваат челото, во содејство со подигнувањето на веѓите и паралелно со менувањето на формата на образите, знаат да соопштат каков став има душата за одредено прашање што е предмет на комуникација. Бојата на очите исто така предизвикува некаков впечаток врз соговорниците. Сепак таа не е толку пресудна за комуникацијата, колку што е показател за потеклото на телото во поглед на расниот тип на човекот. Постојат сини очи, зелени, кафени, кафено-зелени, црни. Една иста боја на очи може кај соговорникот да предизвика и среќа и тага, и верба и сомнеж. Она што е пресудно кај човековите очи, но и кај очите на преостанатите животински видови, е тоа дали во тие очи се вселила духовната состојба на љубов. Поинаку гледаат очите полни со љубов. Поубаво милуваат дури и од најнежните раце на светот. Сепак, кога ќе погледнеме едни такви очи, најпрвин треба да утврдиме дали таа љубов има глаголска (движечка) или именска (мирна, сталожена) димензија. Вистинската природа на љубовта е кога таа претставува трајна состојба, а не моментално растрчано расположение. Постојат топли и привлечни очи во чие присуство се чувствуваме мошне удобно и пријатно. Тие очи ни даваат сила, поттик, оптимизам, верба во себе, верба во човештвото воопшто, надеж, нè прават пристојни, крај нив се чувствуваме достоинствено но со голема доза на скромност. Тие очи знаат да се смеат, нè привлекуваат, ни соопштуваат дека животот е убав, дека треба да ги почитуваме најмногу од сè слободата и љубовта. Привлечните очи, без оглед на нивната боја, го чуваат човештвото од „цивилизациските придобивки“ и досега многупати го спасиле од пропаѓање. Денес луѓето сè помалку се гледаат во очи. Се плашат од вистината, зашто ако се гледаат во очи, тие искрени стројници можат сосем невино и експлицитно да соопштаат некаква тајна. Луѓето се суетни, егоистични, за никаде се. За да не се прикажат себеси пред очите на другите дека имаат одредени слабости, престанаа да се гледаат во очи. Затоа е измислен и телефонот: за да престанеме да

ссе гледаме во очи. Да, мобилниот телефон ни е поттребен, ама само колку да си соопштиме нешто итно и важно. Муабетот (сладок разговор - Речник на н м македонскиот јазик) не се прави по телефон, туку в во непосредна близина. Разговорот со очите, од д друга страна, ја доведуваат тишината, а таа, пак, е толку сурова, што лесно ни ги претставува сите д дневни мајмунлаци што сме ги направиле. Тишинатта е најубав медиум додека разговараме со очите. Т Таа ги разбиструва наталожените нечистотии, претсставува најситно сито, најискрен пријател. Денес најскап подарок е погледот од една ттакви искрени очи, преполни со добрина, со љубов, со разбирање. Нема цена за еден таков поглед, нема цена за еден таков знаменит иљач кој е уникатен за сите видови болести на душата. Секој од нас нека наздравува секојдневно со по една голтка од таа духовна напивка што извира од очите, барем трипати пред јадење! Кога и‘ гледаме на вистината во очи, таа во еден момент може да го затвори едното око со цел да ви намигне. Силината од двете очи наеднаш се префрла во тоа едно отворено око и тогаш визуелната порака има двојна моќ. Затоа намигнувањето има голема моќ. Убаво е луѓето да си намигнуваат, но таа силна порака да има убава намера. Отвореното око во намигнувањето може силно да пренесе значајна и тајна информација. Тајна, за да не чуело злото, според македонските верувања. Затоа намигнувањето најчесто се однесува на љубовен излив, зашто љубовта, пак, е толку нежна што многу лесно може да настрада во светот на грубите објекти. Исто толку нежна е и вистината, зашто таа е скроена од ист штоф како и љубовта. Затоа и вистината понекогаш се пренесува со намигнување. Колкупати досега таа била злоупотребувана. Вистината имаше намера да го создаде авионот за луѓето да патуваат од едно место до друго, ама таа вистина беше злоупотребена па сега луѓето го користат авионот и за фрлање бомби. Намигнувајте си, пратете си со едното око по еден силен излив на вистина и на љубов, искористете го окото за нешто убаво, за нешто добро, сакајте се, тоа ви порачува душата што си ја носите во себеси како најзнаменит божји подарок.

* * * Потребата од поубав и подобар свет, потребата за давање љубов без барање возврат, како и зачувувањето на секој сантиметар од природата во неговата изворна форма, ја предизвикува секоја душа да се занимава со зачувувањето на животот. За таа цел со заеднички сили (учениците, наставниците и родителите од ООУ „Димо Хаџи Димов“ - Скопје) решивме да создадеме месечно гласило (во печатена или во електронска форма во зависност од финансиските можности) кое ќе ја подигне на повисок степен човековата свест од областа на екологијата. Ова списание е наменето за секој љубител на природата, без оглед на која возраст се наоѓа, без оглед каде живее, што е по професија, на која религија и‘ припаѓа, без оглед каков став има спрема животот. Мотивите за неговото настанување се сосем разбирливи во ова време на разградување на автентичноста на природата. Новите генерации од човештвото мора да научат да чуваат, да негуваат, да се грижат за секое парче од вселената. Со ова списание ќе имаат можност да се вљубат во една или во повеќе форми на живот. Ако успееме да Ве натераме да се заинетересирате барем за некоја природна знаменитост, ќе се чувствуваме задоволно и ќе добиеме уште повеќе сила за натамошно дејствување во таа насока. Сите ученици од училиштево (постојано), како и сите ученици од Македонија и од светот (повремено) ќе бидат дел од ова списание. И не само учениците, туку и сите возрасни (наставници, родители, старатели, набљудувачи, патеписци..) имаат право на пишан збор во некој од броевите на ова списание. Ќе излегува на 21 секој месец, ќе се занимава со најразлични теми од екологијата и секој број ќе содржи некакво изненадување од најразлична природа. Главен и одговорен уредник, Марјан Костовски, наставник по македонски јазик број 1, ноември 2012

3


Информативна рубрика: еколошки потези и акции

Мигови за акција! учебна година, традиционално, секоја паралелка во учи1лиштетоНизсецела грижи за чистење и за уредување на својата дворна парцела.

Наставникот по Техничко Н Т образование, б Јане Ј Ангеловски, А заедно со 8б одделение во акција за средување на целиот училиштен двор!

По секој наставен предмет и На 10 октомври во нашето училиште беа оддржани едукативни ра2 во одделенска и во предметна на5 ботилници во рамките на проектот Собери Пет за да добиеш пет, Едукастава се употребуваат содржини од торите беа од НВО ОРТ кои се одговорни за едукација на учениците и за лоекологија.

Нашево училиште секоја го3 дина учествува во проектот Ден на дрвото, така што освен во рамките на

калната средина, како и за чување на чистата средина од ПЕТ-амбалажата. Едукацијата беше спроведена во одделенска и во предметна настава.

училишниот двор, група ученици предводени од наставници учествува во садење дрвца во околината на Скопје.

Сите тела во училиштето по4 стојано донесуваат одлуки за зголемување на еколошката свест кај учениците.

Еко-тимот на училиштето на 6 01. октомври одржа состанок на кој беа донесени заклучоци за дејству-

вањето на весникот, радиото и интернетот кои ќе бидат медиуми кои ќе помогнат во зацврстувањето на еко-свеста кај младите и кај возрасните. Сите планирани содржини кои ќе ја опфатат и локалната средина, ќе бидат претставени преку односните медиум. Состанокот беше придружен со бура од уникатни идеи кои беа прифатени со задоволство. Во Еко-тимот учествуваат наставници, ученици и родители.

Комисијата за училишниот еко-весник по одржан анонимен интерен конкурс за името на весникот, донесе одлука ова месечно гласило да се вика ОКО. Рубриките, како и содржинско-организацискиот состав на списанието му беше доверено на наставникот Марјан Костовски.

4

број 1, ноември 2012


Информативна рубрика: еколошки потези и акции

На роденденот на Општина „Карпош“ беше одржано цветно 7 дефиле (цветно претставување) на кое учествуваа и учениците од нашево училиште.

Учениците имаат пријатни катчиња за 8 одвивање на часовите. Во нив хортикултурата дава посебен тон и пријатно расположение.

9

Вредните рачиња создаваат уметност!

10

Еколошката свест е на завидно ниво!

За крај на рубрикава Ви испраќаме све11 жо цвеќе како замена за љубов и пријателство. Се гледаме во наредниот број со нови информации!

број 1, ноември 2012

5


Заштита и согледување на богатството на животинскиот свет

Повик за дружење Ученициците од „Димо“ од Влае се најголемите љубители на домашни миленичиња. Кој ги сака животните, ги сака и луѓето!

Маскотата на „Димо“ од Влае, кученцето Чикита Пред неколку недели едно н рано утро во дворот на учил лиштето од некаде дојде едно мал ло женско кученце кое го гледате н на фотографиите. Најпрвин учен ниците од одделенска настава, а п потоа и учениците од предметна настава н сосем нормално го прифатија ф ова залутано кученце. Секој к ден го хранат, му ставаат вода д во посебни чинии го галат и го милуваат м до бескрај, така што тоа се с чувствува мошне пријатно и важно в во својот удобен дом. Веќе се с има социјализирано и добро ги запозна з сообраќајните правила по п околните улици на населбата. Грижата за него веќе прераснува Г во в грижа на целата населба, и тоа сосем спонтано, без бука и умување. Едно од дечињата го нарече Чикита, па сега така го викаат ова жолто слатко кученце сите во училиштето. Учениците толку го засакаа ова свое милениче, што сега бараат начин како трајно да го присвојат како училишно куче. Чикита нема педигре, нема родовник, ама има толку големо срце со кое ги сплоти сите ученици.

Никола Ефремов од VII 4 со своите петмесечни кученца Бони и Диди од раста пинч. Додека тој е на училиште, за кученцата се грижи баба Сава. Сандра Ивановска од VII 5 со своите мачиња Буцко и Жолтко

Пиги на Ангела Андоновска од VII 2

Симеона Чичева од VII 2 со своето папагалче

Желурокот Стевче на Аника Цветковска од VII 4

Федора Лепческа од VII 2 со својот мачор Марко

6

бројј 1 б 1, ноември 2012


(Фото: Марјан Костовски)

Заштита и согледување на богатството на животинскиот свет

Занимливости: • Денес секој четврти вид од цицачите на земјината топка е на работ на исчезнување поради климатските промени. Кон сето тоа придонесуваат ловокрадството, сечењето на шумите, трговијата со разни видови атрактивни животни кои се употребуваат за комерцијални цели. • Секој ден се колат над педесет милиони животни за исхрана на човекот. • Ако некој навистина сака да стане морален, прва работа која треба да ја направи е да престане да јаде месо, бидејќи месото значи убиство. (Лав Толстој 1828-1910) • Вид медуза (Turritopsis nutricula), откако ќе стапне на зрела возраст, добива способност да изврши трансформација на своите клетки, така што може да се врати назад во времето – во своето детство. • Инсектот лебарка може да живее девет дена без својата глава, дури потоа умира. • Животински видови кои се доведени до опасност од целосно исчезнување: џуџестото прасе (сега се наоѓа само во Асама во Индија); мајорканската жаба; герданската шумска потполошка (ја има само во колумбиските Анди); родригешка летечка лисица (се наоѓа единствено на остов во Индискиот океан)… • Одреден вид птици преселници се надарени со магнетен компас (рецептор, а тоа е посебен орган), така што тие, користејќи ја земјината тежа, добро се снаоѓаат во целокупниот простор. • Китовите и делфините се водни животни кои никогаш не се напиваат вода во текот на својот живот. • Диносаурусите биле огромни влекачи кои ја населувале планетата Земја пред 200 милиони години, а изумираат како вид некаде кон крајот на периодот Креда. Фосили на диносауруси се пронајдени на сите континенти. Имале студена крв, а нивната телесна температуре зависела од воздухот. Живееле крај мочуришта, каде што имало најмногу вегетација. Исчезнале кога се изменила климата, односно кога таа станала сува, по што снемало вегетација. Ладнокрвните животни им го препуштиле просторот на топлокрвните. • Дендробати се малечки жапчиња, најчесто обоени со сина, жолта, црвена и зелена боја. Живеат во тропските области на јужна Америка, а нивните дречливи бои го предупредуваат секој предатор. Кожата на овој вид го содржи батракотоксинот, еден од најсилните отрови на светот. Овој отров најпрвин предизвикува парализа на сите мускули и ја забавува работата на срцето, по што срцето престанува да работи. Овој отров го користат и Индијанците од Амазонија, така што со него ги премачкуваат стрелите со кои ловат. • Мравките се користат со одредени звуци. Утврдено е дека матицата токму

со одредени звуци им издава наредби на мравките работнички. Се смета дека секој звук што се употребува, предизвикува различни реакции, што значи дека јазикот на мравките има разни семиотичко-семантички експликации. • Пчелата Апис меллифера сцутеллата оние што ги напаѓаат нејзините кошници, ги гони и по неколку километри. • Мравката наречена куршум, е стопати поголема од секоја мравка. Името го добила бидејќи, ако ве боцне, нејзиниот бодеж ќе го доживеете како погодок од куршум. • Кртот за една ноќ може да ископа тунел долг 91 метар.

Да погодиме што прави мачето: а) демне врапчиња, б) бега од куче, в) гледа од високо

• Месојадниот торбар, таканаречениот тасманиски ѓавол, живее во дивите предели на островот-држава Тасманија. Има форма на мало куче, доста е мускулест, по боја е црн, крволочен кога се храни. Со оглед на тоа што го напаѓал добитокот, луѓето почнале да го истребуваат, а заштитен е со закон од 1941 година. Моментално, поради загрозеност од еден вид тумор на фацијалниот дел, прогласен е за загрозен вид.

дец веќе се исчезнати видови. Споменатите видови орли некогаш биле постојани животински жители на Македонија. Белоглавиот орел е заштитен со закон, но и со разни спасувачки меѓународни проекти. Македонските сточари, сакајќи да ги уништат волците што им ги напаѓаат стадата, поставиле затруени мрши, од кои се затруле повеќе белоглави орли. Луѓе, оставете ја природата сама да се грижи за себе!

• Клунарот е животно кое живее во вода и на земја на Тасманискиот остров. Претставува загрозен вид, а живее крај бари и мочуришта.

• Поглед во Зоолошката градина во Скопје!

• Змејот комодо е вид гуштер од фамилијата Варанида. Живее на островот Комодо по што го добил и своето име, а и на некои острови во Индонезија. Растат до три метри, а достигнуваат тежина и до 130 кг. Достигнуваат старост до стотина години. Живеат во јами длабоки и до девет метри. Се хранат со мрша но и со малечките од нивниот род. Можат да совладаат и човек, а бидејќи трчаат многу брзо, лесно можат да дојдат до посакуваниот плен.

Волци

(Фото: Влатко Костовски)

• Тасманиското куче е изумрен вид уште од 1933 година. • Тип на морско прасе од островот св. Катерина крај Бразил е вид пред исчезнување. Останати се уште педесетина единки. • Повеќе од 22 проценти од ’рбетниците во Македонија се сметаат за загрозени видови, од кои 17% од ендемичните видови. • Македонија само од собирање и продажба на печурки годишно заработува околу 25 милиони долари. Проблемот е во тоа што печурките не се собираат стручно, поради што се заканува опасност од исчезнување на голем број видови. • Во околината на Демир Капија, во близина наТиквешкото Езеро и по клисурата на Црна Река, во Мариово, на планината Осогово и кај езерото Матка, живее белоглавиот орел мршојадец (Гѕпс фулвус). Се храни исклучиво со мрши, па затоа немаат развиени канџи. Заедно со египетскиот орел се наоѓа пред исчезнување, а брадестиот и црниот мршоја-

Мечка

(Фото: Влатко Костовски)

Лавови

(Фото: Влатко Костовски) број 1 1, ноември 2012

7


Заштита и согледување на богатството на животинскиот свет

Македонско овчарско куче - Караман, легендата од македонските планини

Македонско овчарско куче - Караман (Фото: Влатко Костовски)

Македонското овчарско куче – Кара Караман е загрозен вид на овчарско куче од Македонија кое е на работ на исчезнување. Станува збор за црно по боја овчарско куче, кое во Македонија се одгледува повеќе од четири илјади години. Денес многу ретко може да се сретне по македонските бачила на македонските планини. Тоа куче е неподмитлив чувар на стадото, верен чувар на овчарот и самопожртвувано се бори за сето она што му е доверено на чување. Македонското овчарско куче - Караман е автохтона раса чии прапочетоци се врзуваат за неолитските земјоделско-сточарски населби во Македонија, како и за локалните номадски движења. Континуирано се одгледува како заштитник на стадата во цела Македонија. Македонците негувале посебен култ спрема караманот и тој отсекогаш претставувал нивно митско куче. Неговиот лик зазема видно место во записите на античките поети, на средновековните фрески и иконостаси во македонските манастири, како и во епските народни песни од 19 век. Во чиста форма го зачувале македонските сточари чиј конзервативен живот се одвивал номадски - во постојано движење од летните кон зимските пасишта и обратно. Поради неговата исклучителна храброст и верност, денес се среќава како заштитник на стада, но и како заштитник на лица и чувар на недвижен имот. Македонските народни овчарски лирско-епски песни го чуваат споменот

8

број 1, ноември 2012

за македонскиот караман. караман Во сите нив ова куче се опишува како упорен чувар кој го дава својот живот за стадото и за овчарот. Најзастапени се песните со овчар Пејо:

Овчар Пејо и харамии (Од охридските села, слушана од селски жени аргатки.) Си офчари вечерајет, челник Пејо не вечерат, нешчо му се прислушуат: коњски тропот, турски шепот; и Караман подлауат. Караѓузел подблекнуат. Колку речта не дорече, дофтасале арамии, Караѓузел го заклале, Карамана отепале; го фатиле челник Пеја, си офчари загубиле, челник Пеја го фатиле, го фатиле, го врзале, бели на раце наопаку. Караѓузел го заклале, Карамана го опрале, му забрале силно стадо, да терает в’ онаа Дебра. Шапкарев, А. Кузман, Овчар Пејо и харамии, челник Пејо и хајдути, Избрани дела, приредил д-р Томе Саздов, том трети, песни, Мисла, Скопје, 1976, песна бр. 422, стр.119,120,121; За ова куче денес посебна грижа водат Кинолошки клуб „Македонско ов-

Уметничка слика на ликовниот уметник Влатко Костовски на која се прикажани македонски карамани како и се спротивставуваат на мечка

н и Кинолошкиот чарско куче - Караман“ сојуз на Македонија. За караманот е изработен и Стандард, а се издаваат и родовници. Досега оваа македонска раса на куче учествувала на неколку меѓународни изложби одржани во Македонија. (прилогот продолжува во наредниот број)


Заштита и согледување на богатството на растителниот свет

Занимливости:

Трепет

Учениците уживаат во цветната убавина што го нуди природата! Ова е страница за интерактивен муабет калемен врз основа од љубов

• Во паркот на дворецот Вејкхерст во Западен Сасекс, поточно во милениумската зграда на фондот Wellkome Trust се наоѓа Милениумската банка на семиња која претставува меѓународен проект за заштита и за запазување на растителниот свет под водство на Кралските ботанички градини. Проектот започнал во 2000 година, а до 2009 година собрани се 10% од растителните видови на целиот свет. Складиштето се состои од големи подземни замрзнати комори кои ја чуваат најголемата збирка на семиња од светот. Банката праќа експедиции на сите сувоземни предели во светот кои се во потрага на разни семиња. • Хлорофилот претставува растителен фотосинтетски пигмент со зелена боја. Синтезата на хлорофилот се создава под присуство на сончева светлина и магнезиум.

На кој вид дрво му припаѓаат овие цветови? (Фотографија на Риа Давковска)

• Зелената боја дејствува смирувачки на нервниот систем на човекот. Таа е најспокојната боја за човечкото око. Го подобрува човековот вид, а очите стануваат сосема одморени. • Овошјето и зеленчукот и воопшто целиот растиелен свет содржи ензими кои се уништуваат кога се загреваат до 47 степени Целзиусови. Установено е дека без ензимите нема живот. Токму поради потребата од ензими човекот мора да јаде зеленчук и овошје без термички да ги обработува. • Витаминот Е ги штити клетките од стареење. Најмногу го има во никулците на житните растенија, а во месото се наоѓа сосема незначително.

На кој вид цвеќе му припаѓаат овие цветови? (Фотографија на Риа Давковска)

• Полен - назив за ситниот фин прав составен од машки гаметофити на голосемениците и скриеносемениците.

против• Лимонот е најголем против ник на мастите во организмот. Се препорачува наутро да се испие една чаша вода во која има исцеден лимон. • Луѓето што користат органска храна го намалуваат ризикот од инфаркти, мозочни удари и рак. • Ензимите од коренот на ѓумбирот го подобруваат разложувањето на храната во желудникот. • Тиквата потекнува од Мексико (Тропска Америка). Таму се пронајдени остатоци од тиква кои датираат од пред 7.000 години. Меснатиот дел од тиквата содржи каротин, витамин Е, ензими и многу олиго елементи, а семките содржат доста витамин Б кој ја спречува артериосклерозата. • Научниците од Вашингтонскиот институт Карнегие спровеле научно истражување кое довело до сознанја дека животот во дождовните шуми до 2100 година можеби ќе исчезне поради неонтролираното сечење на шумите и глобалното затоплување. • Витаминот А го има најмногу во морковот, спанаќот, мангото и во папајата. • Квалитетната исхрана треба да биде комплетна и разновдна, а тоа значи дека треба да содржи: јагленохидрати, масти, протеини, минерали, вода и растителни влакна. • Витаминот Б1 во почетокот на 20 век е откриен во интегралниот ориз, кога е откриено дека може да ја лекува болеста бери-бери. • Алшарската темјанушка (Viola Allchariensis) е ендемичен македонски вид кој се среќава единствено кај локалитетот Алшар (кај Кавадарци). број 1, ноември 2012

9


Заштита и согледување на богатството на растителниот свет

Цвеќарница Разговорот го водиме со Јасмина Атанасовска, продавач на цвеќе во цвеќарницата Јасмина во Порта Влае

Кои цвеќиња се продаваат во вашата цвеќарница? Во цвеќарницава се продаваат: хризантема, ружа, орхидеја, гербер, антуриум, астромерија, камелија, магнолија, лале, ирис. Кои од цвеќињата најмногу се продаваат? Најголем пласман имам на ружите и на орхидеите. Ќе предложите ли некаков букет кој најчесто им го нудите на купувачите? Највжно е букетот да биде во тркалезна форма, да има што помалку додатоци за да се истакне природното во него. За каква пригода се одделни цвеќиња ? Цвеќето е за секоја пригода! Но, ружата, на пример, најчесто ја купуваат младите. Сепак, сè зависи од мислењата и од желбите, како и од вкусовите на купувачите. При подарување цвеќе, има ли значење бојата? При подарувањето цвеќе нема значење која бојасе избира, но купувачите начесто ја купуваат црвената за да изразат љубов, но сепак с# зависи од вкусот на купувачите! За какви пригоди се подаруваат разните цвекиња? Цвеќињата се подаруваат за свадби, родендени, крштевки, за кафе-посети, за посета на болен итн.

10

број 1, ноември 2012

Правите ли икебани? Да, секако ! Кои купувачи се најчести, мажите или жените? Купувачите се скоро исто застапени во поглед на полот, но во последно време мажите многу повеќе купуваат разни букети.


Заштита на воздухот, водата и почвата

Спокоен чекор Воздухот во населбата Влае Училиштето „Димо Хаџи Димов” од населбата Влае е установа која соработува со ЈЗУ Центар за јавно здравје. Во една од просториите на училиштето сместена е апаратура која помага во мерење на загаденоста на воздухот. Овој пункт не е случајно избран за мерење на воздушната смеша. Процесот се одвива на тој начин што преку едно црево, кое е споведено надвор од просторијата во која е сместен апаратот, се прибира воздух кој се внесува во течност што се наоѓа во самиот апарат. Вработени од таа институција секојдневно ја земаат таа течност која се носи во лабораторија, каде што се врши анализа на состојките, па со самото тоа и анализа на воздухот на тој мерен пункт.

ПЕТ шишиња Овој прилог се однесува на заштитата на почвата од тешко разложувачки предмети за кои има соодветно решение. Во Македонија од 2007 година дејствува најголемата групација за рециклажа на пластика во југоисточна Европа - Гринтех МК. Оваа фирма е лидер во Македонија во рециклирање на ПЕТ, ПП и ПЕ, а постојано прави напори за ширење на мрежата на добавувачи. Работејќи под мотото „За чиста животна средина” Гринтех МК ја истакнува потребата да се собира, рециклира и повторно да се користи отпадот од пластичната амбалажа, со цел да се заштеди енергија, здрав живот и чиста животна средина за идните генерации. Гринтех МК денес откупува и рециклира околу 500 тони отпадна пластика на месечно ниво од пазарот во Македонија, Албанија, Косово и Црна Гора. Фабриката рециклираше 5.000 тони отпадни ПЕТ шишиња од цела Македонија, собрани во соработка со преку 40 фирми за собирање, комунални претпријатија и откупни центри. При преработката од отпадни ПЕТ шишиња се добиваат перени ПЕТ лушпи во вид на но-

ва суровина. Потоа тие се извезуваат во Романија во една од фабриките на ова групација (GREENTECH) каде што се произведува финале производ – полиестерско влакно. Во Македонија

п постојат фирми кои корис стат полиестерско влакно о од рециклирани ПЕТ шиш шиња како репроматеријал з за своите производи: облек ка, постелнина, мебел, и изолација, во градежн ништвото и сл. Групацијата G GREENTECH го затвора цел лиот циклус: откуп, рец циклажа и финализација. С Со тоа отпадните ПЕТ шиш шиња на кои им требало и д 1000 год. да се разградо д дат, добиваат нов живот во в вид на нов производ. Собирачите собир раат ПЕТ шишиња и ги п пресуваат во бали. Кога б балираните ПЕТ шишиња ќ стигнат во фабриката, ќе с сортираат по боја и на се а автоматска преса се преб балираат во големи бали о 300 кг. Капацитет на од п производството е 500 тона м месечно. Балите со ПЕТ шиш шиња се извезуваат во фаб брика на истава групација ш што е сместена во Роман нија каде што се употребуваат како суровина за производство на финални производи: полиестерски влакна, полиестерска лента и П-гранулат. Прилог на Аника Цветковска – VII 4 број 1, ноември 2012

11


Заштита на воздухот, водата и почвата

Занимливости: • 22 Април е меѓународниот д на планетата Земја. ден • Под водство на д-р Ендрју Бокарсли, група научници од УниБ верзитетот Принстон, во својата лав бораторија откриле дека јаглеродниб от диоксид може да се рециклира, тао ка што може да се престори во течно к ггориво. Занимливо, зар не!

• Клима претставува повеќе годишен режим на времето над помали или поголеми делови од земјината површина. Се определува по долгогодишни набљудувања и проучувања на метеролошките елементи и појави. • Сумерска митологија: божицата на морето Наму најпрвин ги создала небото и земјата во облик на огромна планина. Господар на небото бил Ан, а божица на земјата била Ки. Од нивната љубов се родил богот на воздухот – Енлил кој, пак, ги одвоил небото и земјата со тоа што меѓу нив го поставил воздухот. Така се создал светот. • Воздухот е обвивка од гасови околу земјата (најмногу се присутни азотот, кислородот, аргонот и јаглеродниот диоксид), а во тој состав има водена пара и ситни честички прав. Атмосферата (воздухот) ја заштитува Земјата од големото загревање преку денот од преголемото ладење преку ноќта. • Вулканските огромни ерупции го предизвикале леденото време, што пак, предизвикало исчезнување на голем број животни, растенија и голем број од светското човештво. • Вулканската прашина од големи размери може да ја блокира сончевата светлина па така да ја измени постојната клима. • Група меѓународни експерти открила дека денешниот леден Антартик пред 53 милиони години имал блага и суптропска клима. • Ледениот период траел една милијарда години. • Околу 4 милијарди и 200 милиони хектари почва на земјината топка е покриена со шуми. • Хартиеното марамче се разложува во почвата од две до четири недели, а печатено списание доколку го ставите под земја, ќе му биде потребно време од месец и пол за разложување. Картонска амбалажа се разложува за два месеца, додека кора од јаболко за два месеца и кора од портокал – шест месеци. • Во 1977 година за првпат е објавена тезата на двајцата научници Хоил и Викрамасин од Универзитетот Кардиф во која се укажува на тоа дека многу предизвикувачи на болести доаѓаат од атмосферата на Земјата заедно со комети кои проаѓаат покрај нашата планета. Тоа значи дека преку атмосферата секогаш по-

12

број 1, ноември 2012

Момент од акцијата за собирање на ПЕТ амбалажа

• Кружењето на водата се одн несува на размена на водата меѓу атм мосферата, водните површини, вод дите под земја и оние над земја и р растенијата. Водата испарува од водн ните површини на земјата и во атмосф ферата се претвора во облаци. Водат се транспортира од растенијата во та а атмосферата. Најпосле водата во ф форма на дожд и снег паѓа назад на зземјата.

стои можност да бидат придојдени разни болести од разни делови на вселената. Овие двајца научници тврдат дека облаци од гасови и од прашина од вселената се составени од едноклеточни организми кои, кога паднале на Земјата, се создал животот. Тоа веројатно се случило и на другите планети. • Над Арктикот е установена голема озонска дупка поради што имаат последици некои региони од Европа. Во пролетта 2011 год. загубено е големо количество озон. Поради тоа луѓето од Русија, Монголија и од Источна Европа биле изложени на големо зрачење на ултравиолетови зраци. Озонската дупка е предизвикана од екстремно ниските температури во стратосферата (20 км. над земјата). • Интензитетот на бучва зависи од самиот предизвикувач:шепотењето има 20 децибели, а гласната музика има 110 децибели. Тресокот од експлозив има 190 децибели. • Еден литар гориво содржи 0,5 г. олово, така што секој автомобил на секои поминати 100 км. пат, во атмосферата исфрла 3-4 грама олово. Од вкупното количество олово кое се додава во бензинот, скоро 70% доаѓа во атмосферата. • Обвивката околу земјата, која е составена од разни гасови, се нарекува атмосферата. Атмосферата ги содржи следниве слоеви: тропосфера, стратосфера, мезосфера, јоносфера, егзосфера. • Светскиот ден на водите се одбележува на 22 март секоја година. Денес на светот секој ден поради недостиг на вода или поради загадена вода умираат околу 25.000 луѓе на светот.

Рециклирање и креативност


Заштита на човековата душа

Уметноста на природата

Природа Природата е наша мајка, најсакана на свет, а ние сме ко пчелки разиграни во лет. Поточиња нека течат чисти, та секогаш нека бидат како нашите детски очиња бистри. Во природата зелена шума има цвеќиња рој, а на дрвјата зелени, птици голем број. Немој дете мило природата да ја загадуваш, туку во полињата житни гледај да отпатуваш. Елена Каранфиловска 5в одд.

Екологија Сите да бидеме свесни а не само да пишуваме песни, од хартија само Ќубре правиме во него ќе се удавиме. За хартија да се прави шумата се сече па затоа сонцето постојано силно пече. Андреја Китевска – седмо 5

Мојата околина Мојата околина зелена чиста како свила, не треба ѓубренце во неа да има. За околината треба да се грижиме сите за да ни бидат среќни дните. Лео Шириќ, 5в

Слатки плодови Јас сум во Попоније и јадам овошје. Јас се ладам и зеленчук садам. Зајко грицка морков и го гали Борко. Јас јадам зелка, а мама кити елка. Тато јаде брокула, а мама брокула. дедо јаде слива, а баба плива.

Природа Природата моја мила сите ја сакаме како планинска вила. Езера, мориња, реки, и многу убави површини меки. Сите екологисти треба да бидат за да можат другите луѓе убавината да ја видат. Ана Костадиновска, 5в

Магнолига Огњановска, 4г број 1, ноември 2012

13


Заштита на човековата душа

Детството на пролетта Марта, стани разбуди се, Измиј си го лицето во Сончевината! Украси ја косата со бисерот на росата! Намирисај ги градите со опојот на темјанушките! Запеј ја песната на птиците, засвири на струните на врбите! Заиграј го танцот со палавиот развигор! Ти си убавина, ти си нов живот. Младост си распеана детство разиграно. Детството на пролетта е пролет на детството. Дијана Дурлевиќ, 7-2

14

број 1, ноември 2012

Јаболко

Штедам

Јаболкото има витамин, тоа за нас е прво! Каде, каде расте? Тоа расте на дрво.

Штедам, штедам, услуга си правам, чешмата ја гасам струјата ретко ја палам.

Јаболка: црвено, жолто, зелено, Тие се во строј како семафор. Тоа н# упатува во вистински правец.

Весниците јас ги рециклирам, најлоните не ги употребувам.

Јованова Сара, 4г

Михаела Аговска, 5в


Заштита на човековата душа

Шепот на зелениот лист Честички нечистотија кои најверојатно беа довеани од пределите на човековата недуховна депонија едно утро сосем непристојно паднаа врз еден зелен лист на детската невиност. Како разулавени се растрчаа над секоја педа од достоинството на домаќинот и ја уништуваа секоја видлива трага од насмевката на животот. Таа невкусна непристојност оддекнуваше сè погласно, така што набргу придоаѓаа уште многу други честички што беа од исто таква природа. Зелениот лист ја загуби и најмалата младешка безгрижност, на челото си наталожи далги од видлива грижливост, а на очите некој му сплете некакво перде кое го отежнуваше набљудувањето на спокојот. Му се фати и гласот. Речиси занеме. Колку повеќе се трудеше да каже нешто, толку повеќе се губеше гласот на вистината. Одвај се слушаше некаков шепот. Се прашувате што шепоти овој зелен лист? Замолчете, почнете да слушате со душата, гледајте со срцето, смејте се со очите, бидете внимателни, зашто само така ќе го прочитате секој шепот на љубовта. Откако стивна и најмалата бучава во сообраќајниот метеж на душите, можеше да се слушне тивок поетски шепот:

Изменет крај Премален чекор од постојани обиди, нечиста помисла, исколван сон, обид за прошка, изменет крај. Одот кон бездната наближува тивко, пустина по секој изминат чекор, правлива пропаст, зачадена болка, закрвавено зајдисонце, предвреме свената китка радост, болка завиткана со девет лакти платно, реки тага запрени со планини алчност, ѓубриште место душа, депонија од зли намери. Повикајте ги детските очи, тие ќе го изменат лошото сценарио! Марјан Костовски, наставник број 1, ноември 2012

15


Еколошка етика

З

За доброто на иднината

големувањето на бројот на светското население може да доведе до еколошка катастрофа. Зголемениот број на луѓе ја зголемува потребата за енергија, за храна, се создава повеќе ѓубре, има поголемо загадување по разни основи, трошење на ресурсите, глобално затоплување и разни други последици. Бројот на луѓето кои живеат во градовите е удвостручено. На табелата се гледа една споредбена анализа на Обединетите нации која се однесува на зголемувањето на населението во десетте земји кои имаа најмногубројно население во 1998 год. и кои ќе имаат за педесетина години подоцна. Одговорни сме спрема ид-

лошката етика. Таа, пак, подразбира внимателно пристапување кон природата, зачувување на нејзината изворна состојба, без оглед дали имаме или немаме корист од неа. Техничките пронајдоци, како и целокупниот цивилизациски напредок не смее да предизвика уништување и деструкција. Човекот не е сопственик на природата, таа им припаѓа на сите организми, без оглед дали се свесни или полусвесни. Под поимот природа треба да се подразбере и животот воопшто, како и неговата неприкосновена врвна вредност во постоењето. Со Френсис Бекон (со делото Нов Органон) почнуваат емпириските истражувања како нова ера во современото општество која

ните генерации. Мораме да им оставиме пристојни услови за живот. За таа цел треба да се придржуваме кон принципите на еко-

има намера да ја совлада, да ја искористи и да ја преработи природата за потребите на човештвото. Во тој дух продолжуваат да егзи-

стираат и натамошните периоди од општественото живеење. Игнорирајќи ја еколошката стабилност во светот, денес компаниите се водени од потребата да создадат профит по секоја цена. Така на пример, природните шуми се претвораат во плантажи од дрва, неконтролирано воведувајќи неавтентични видови дрвја за домородниот еко-систем на конкретното подрачје. Со правењето на патишта низ шумите се слабее биодиверзитетот. Понатаму, се создава површинска ерозија на земјиштето, се нарушува хидролошкиот режим, се влошува квалитетот на водата за пиење, а да не зборуваме за уништување на живеалиштата на животните. Неморалноста на човекот доведе до климатски промени кои беа удар за стаклената градина, за озонската обвивка и за глобалното затоплување. Отсуството на човековата етика доведе до уништување на водата и на земјиштето. Се

Правењето јаглен од дрвја среде шума, може да предизвика опожарување од големи размери 16

број 1, ноември 2012


Еколошка етика

намали растителниот и животинскиот свет, скоро се истрошија природните енергетски ресурси. Суетата на човекот, освен желбата за профит, е втората причина која го разградува целиот еко-систем. Тој, воведувајќи одредени животински или растителни видови во неавтентични краишта за нив, со цел да се подобри состојбата на конкретниот простор, се уништува природната средина. Човекот не може да знае повеќе од Природата. Всушност не е попусто речено: Deus sive natura (Бог или природа). Човекот не е стопан во природата, туку само нејзин мал но значаен дел, кој си има проблем со сопствената суета. Така, најзначаен етички став би бил тој што дефинира дека човекот е сосем еднаков (а не над сè) со сите живи битија на планетава, без оглед накој стадиум од умствен развиток се наоѓаат. Токму поради тоа што човекот е најсвесно суштество, треба да води сметка за сите други живи битија. Всушност, примарна афирмација треба да има природата а не општеството на човековата заедница. Па така, во поглед на етиката човекот неизбежно мора да и‘ се приклони на источната цивилизација, а не на етиката на западниот свет преполн со суета што уништува сè што ќе допре. Така на пример, Тукано-индијанците си имале митови со кои го спречувале евентуалниот зголемен лов кој би придонесол до загрозување на животинскиот свет кој им служел за исхрана. Во џаинизмот се верува дека сè што постои има душа па затоа има право на опстанок и на еднаквост со сите други. Ламаистичката религија укажува дека во реките, планините, во езерата, во дрвјата, постојат разни духовни сили кои, ако се нарушат, ќе дојде до суши, епидемии, болести и сл. Оттаму, неисправно е да се повредува природата, зашто така се повредуваме и себеси. На човештвото не му преостанува ништо друго, освен да го смени начинот на размислување. Најпрвин секоја единка мора да восприеми еколошка етика и да ја применува во секојдневното дејствување. Образовните ситеми на сите земји во светот мора здружено и што побрзо организирано да пристапат на едукација на поединецот во поглед на еколошката етика. Немаме избор, зашто животот е убав!

Еко-пораки:

Како може да се купи или да се продаде небото и топлината на земјата. Таквото нешто сосема ни е далечно. Ние не ја поседуваме свежината на воздухот и бистрината на водата, па како да ги продаваме?! (Индијански поглавица, 1854 год., во писмо до Претседателот на САД)

Секогаш да биде на место прво, засадувањето на едно дрво. Една ластовичка не прави пролет. Незагадената почва ќе роди здраво поколение. Насади дрвја, насади цвет - разубави го детскиот свет. Градот со зеленило е град на иднината. Ако имаме чиста вода, ќе имаме здраво поколение. Насади дрвја, вдиши го здивот на иднината. Шумата може да живее без луѓе, а луѓето не можат да живеат без шумите. Планината го чува вистинскиот мир за душата. Каков народ – таква природа. Лесно е да ја исечеме шумата, а многу е мачно да ја чекаме да порасне. Од цвет до цвет, до повеќе ред. Водата е извор на животот. Штедењето вода е услов за продолжување на историјата. број 1, ноември 2012

17


Здрава исхрана

На Скопскиот саем беше одржан 62 Меѓународен ѓ саем за широка потрошувачка, Агрофуд 2012. На овој саем традиционално се изложуваат македонски производи, здрава храна и механизација со што се промовира нашиот земјоделски и производен потенцијал. Агрофуд 2012 траеше 3 дена, од 07 до 10 ноември. Две хали беа доволни да се соберат претставници на: најновите земјоделски машини, садници, вештачки ѓубрива, органска храна, како и штандовите исполнети со автентични, традиционални, македонски производи.

18 8

број 1, ноември 2012


Здрава исхрана

Саемот Агрофуд 2012 го посетија и учениците од ООУ „Димо Хаџи Димов“ со наставничката по билогија, Трајанка

Пирамида на здравата исхрана

број 1, ноември 2012

19


Убавите места од Македонија

Фотографии: Влатко Костовски

Караџица

Масивот Јакупица е составен од пет дела, а еден од нив е Караџица. Планината Караџица има правец на

Караџица – спокојна убавина

20

број 1, ноември 2012

протегање југоисток – северозапад. Во правецот северозапад се спојува со Сува Планина. Западната

страна на планината речиси вертикално се спушта во кањонот на реката Треска. Врвови на оваа п планина се: Караџица (2.473 м.), Попово (2.380 м м.) и Убава (2.350 м.) Геолошкиот состав на з земјиштето е варовник п поради што планината е ц целосно карстна и без п површински водни текови. По зимата најчесто се созд даваат леднички езерца (Салакови Езерца), а на оваа планина се среќаваат п пасиштата: Бегово Поле и Салаково. Препорачуваме д да го посетите планинарскиот дом Караџица, а п патем ќе се сретнете со н населените места Патишка Река и с. Црн Врв.


Убавите места од Македонија

Во врска со масивот Јакупица се споменува едно предание: Пред повеќе од 300 години над Чеплеска Река, на 3-4 км. северно од денешното село Папрадиште, се наоѓало село Чеплез, чии урнатини се се уште видливи и чие име денес го носи домот под врвот Солунска глава (папокот на Македонија) Село Чеплез било разделено со една рекичка на две маала. Во едното живеел Јакуп со своето големо семејство, а во другото Даут, исто така со немалиот род. И двете семејства се занимавале со сточарство и живееле во мир, се додека едните не им го убиле

кучето на другите. Започнала вистинска војна со многу жртви и од двете страни. Малкутемина останати живи се отселиле од проколнатото село. Даут се населил над Орешка планина, која денес се вика Даутица. Јакуп, пак, ја запоседнал територијата на планинскиот масив Мокра Планина, која денес го носи името Јакупица. (Динчев Евгениј, Атанасов Петар, Високите планини на Република Македонија – планински водич, Мултиграф, Скопје, 2001, стр.103)

Планина Чекор по чекор, здив по здив, кога по планината душата оди по теренот немирен крив со себе таа моралот го води. Престојот на планина е престој во божествени предели. Таму здивот е поспокоен, чекорот е пократок, мислата средена, а погледот збогатен со убавини на формата и на бојата. Височините ќе ве потсетат на тоа дека душата треба да се стреми кон нагорниот пат на достоинството и на етичкото растење.

Со воздухот честа плакне од изворот зборови си мие и кога врвовите ќе ги бакне од небесата лазурот го пие. Дрвјата зборуваат во хор како старци со поглед арен, само еден осамен бор е загледан во просторот шарен. На пасиште кавалот свири, стадо во мигот вљубено блее и додека ветерот на мислат пири насекаде чуството се сее. Секоја прашинка во моралот што лежи од снегот на врвови чисти полека паѓа таму кај што тежи Пред врвови испровени ко бисти. Марјан Костовски, наставник број 1, ноември 2012

21


Симпатичната природа на природата

Смешната страна на природата ***

Оделе две мравки по улица, сретнале еден слон па го прашале: - Сакаш ли да се тепаме? - Не е фер – одговорил слонот – вие сте двајца!

***

Малечок комарец за првпат го напуштил родниот собен агол и летнал. Кога се вратил, мајка му го прашала: - Како ти помина првиот лет? - Супер, мамо – одговорило младото комарче – кога луѓето ме видоа, почнаа да ми ракоплескаат.

***

Во кино седнал слонот пред глувчето во претходниот ред, така што глувчето ништо не можело да види. Се налутило и седнало два реда пред слонот. Се звртило и налутено му рекло на слонот: - Да видиш како е кога некој ќе седне пред тебе!

***

Оделе преку еден мост слон и глувче. Од преголема тежина, мостот се скршил та двајцата паднале во реката. Кога излегле на брегот, глувчето му рекло на слонот: - Нели ти реков да одиме еден по еден.

***

Што ќе се добие ако генетски се спојат еж и змија? - Бодликава жица!

***

Зошто петелот мижи кога пее? - Затоа што ја знае песната на памет!

Пронајди ги скриените зборови!

Л

А

В

В

А

Г

Л

А

Л

Е

У

М

И

Г

Г

Е

Р

Е

К

А

Б

Ф

Д

Е

Н

У

И

А

И

А

Е

И

Р

И

Б

А

С

Ш

В

Н

Н

Б

А

Б

Њ

О

К

К

И

А

И

И

Ш

А

Д

А

И

Р

А

Н

Ц

Ј

А

Г

О

Т

К

А

А

Е

А

А

Н

Т

И

Л

О

П

А

Ш

Ќе ги пронајдеш следниве зборови: лав, видра, риба, амфибија, диња, бура, река, јаготка, брег, кит, лубеница, гуска, тиква, крап, антилопа, коњ, оса, грав, алга, киви, ден, рис, габи, крин, нане, лале, ада, лен, арка,

22

број 1, ноември 2012


Импресум

Директор Зорка Ристова Главен координатор Анета Корун Редовен новинарски тим Главен и одговорен уредник: Марјан Костовски, наставник по македонски јазик Заменик на главниот и одговорен уредник Ангелика Недевска, одделенски наставник Технички уредници: Љупчо Михајловски, родител на ученик од училиштево, Ѓорѓи Огненовски, наставник по информатика Новинарска екипа: Аника Цветковска VII 4, Дијана Дурлевиќ VII 2, Димитар Митровски VII 1, Кристијан Макаровски VII 1, Георги Михајловски VII 1, Петар Трајчевски VII 1, Блажо Ковачевски VII 1, Риа Давковска VII 2, Кристијан Стамески VII 4, Марија Танчева VII 2, Јасна Ѓорѓијоска 8а, Олга Дамовска 8а. Надворешни соработници: Влатко Костовски, наставник по ликовно образование Лектура и коректура: Марјан Костовски Седиште: ул. „Ангел Динев“ б.б. Скопје Правен застапник: ООУ „Димо Хаџи Димов“ – Скопје; Општина „Карпош“ Електронска пошта: okomagazin@gmail.com број 1, ноември 2012

23


Рубрика

Боите на есента во општина Карпош 24

број 1, ноември 2012


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.