Правила за Мега клуб картичка

Page 1

Поволности за лојални потрошувачи МЕГА ДОО за своите потрошувачи промовира МЕГА клуб картичка, со која се обезбедуваат дополнителни поволности, наградни поени и стекнување на вредносен вауер при пазарење. 1. Поим МЕГА клуб картичка=лојалност на купувачите, претставува писмен документ како доказ за одобрување на поволности при пазарење, вредносно собирање на направените сметкопотврди т.е. фактури и здобивање со ваучер/награда на артикли од асортиманот на МЕГА ДОО. 2. Правила и услови за користење на картичка 2.1. Правила значат договорни одредби со кои се уредени условите, правилата и надлежностите што произлегуваат од пристапувањето за употреба на картичка за лојаност и истите претставуваат договорен-обостран однос помеѓу МЕГА ДОО и имателот на картичката. 2.1.2. Рабат за имателот на картичката се пресметува врз основа на реализираните пазарења во согласност со правилата и општите услови за картичка. Секоја сметка се разгледува посебно се одобрува компјутерски рабат. Приказ по колоните на рабатот:

1.ЕКСТРА РАБАТ 2.А РАБАТ 4.МАЛО А

3.МАЛО ЕКСТРА

5.Б РАБАТ

За достигнување на Екстра рабат е потребно потрошувачот до крајот на тековната година да се има здобиено со сметкопотврди т.е. фактури чиј износ изнесува над 610,000 денари. Екстра рабат како и останатите колони на рабат важат за една тековна година, по истекот потрошувачот треба да изврши обновување почнувајќи од најниската колона на рабат за артикли. 2.1.3. Имател на картичка е секое физичко лице кое:(1) има наполнето најмалку 18 години, (2) е целосно и правилно потполнета , потпишана пристапница за картичка, (3) се придржува за Правилата за картичка. 2.1.4. Продажно место се сите салони на МЕГА ДОО со локација (1) населба Карпош Куманово, (2)ул. Јоско Илиевски б.б.(локалитет Циглана) Куманово, (3) булевар Борис Трајковски бр.62( Скопје). 2.1.5. Пристапница (потврда) претствува документ што треба да ја потполни целосно и сообразно со лични податоци секој имател на картичка. Испечатена пристапница со потпис од двете страни (1) имател на картичката и (2) овластено лице од продажба претставува доказ за склучување на таков договор. 3. Стекнување со МЕГА клуб картичка Секој потрошувач има право на стекнување по цена од 100 денари. 3.1. Со потполнување на електронска пристапница во програмот и со нејзино печатење од страна на овластено лице во продажба се пристапува кон потпишување од двете страни. Со потписот на пристапницата, имателот на картичката изјавува дека дадените лични податоци се точни и веродостојни.


3.2. Имателот на картичката лично доаѓа во свое име(или може да ја даде картичката негова на трето,четврто лице...) во продажните салони, задолжително ја покажува картичката или бројот на картичката и со тоа добива поволности во зависност од направениот износ на сметкопотврда, т.е. фактура. При продажба овластено лице во продажба неопходно е да побара картичка или само бројот на картичката за да се регистрира секоја сметкопотврда, т.е. фактура. 3.3. Важност на картичката е 2 години. По истекување на овој период , доколку имателот на картичката не остварил промет под 30,750 денари, картичката автоматски се поништува. Истата може да се обнови по сопствена желба на потрошувачот за износ од 100 денари. Имателите на картичка чиј што остварен промет надминува износ поголем од 30,750 денари , за нив картичка автоматски се продолжува. 3.4. Доколку од било кои причини се одлучите да го вратите купениот производ, добиените поволности (ваучер) при пазарењето ќе бидат сторнирани од ваша сметка. 4. Увид во состојба Со прикажување на мега клуб картичка, овластено лице во продажба на МЕГА ДОО може да провери и да изврши увид во секое време во програмот, колку изнесува реализираниот промет на секој имател на картичка. 5. Ваучер=подарок=награда Чл.7. Закон за заштита на потрошувачот гласи: Трговецот кој при понуда на производот или услугата на потрошувачот му ветува награда, односно дека со купување на производот или давањето на услугата ќе добие награда, должен е таа награда да му ја даде на потрошувачот без одложување. Ваучер претставува непарична награда, т.е. избор на артикал по сопствен избор од продажните салони на МЕГА ДОО, врз основа на реализираниот промет во тековната година. 5.1. Пресметка се однесува доколку имателот на картичката во текот на тековна година има достигнато реализиран промет со своите сметкопотврди т.е. фактури рабатот есктра, А, Мало екстра и Мало А. Пресметувањето не се однесува доколку имателот на картичката ја има достигнато најниската колона на рабат т.е. без рабат. 5.2. Здобивање со ваучер е потребно да се навратиме наназад на сите претходно остварени сметкопотврди т.е. фактури за секој имател на картичка реализиран во тековна година, и врз основа на резултатот да ја пресметаме разликата од веќе постоечкиот рабат до највисокиот Екстра рабат. Пресметката се извршува компјутерски. 5.3. Време на важење на ваучер е 1 година. 5.4. Ваучерот= подарок не може да се подигне, да се префрли, или на друг начин да се направи достапно за кое било друго лице, освен за носителот на МЕГА клуб картичка со негово лично појавување и приложување на документ за лична идентификација (лична карта, пасош, возачка дозвола) во продажните салони на овластено лице во продажба. 6. Ограничување за ваучер 6.1.Не се пресметува ваучер за артикли кои што се веќе на акција или пак на распродажба, како и за градежен материјал. 6.2. Вредносните ваучери не можат да се заменат за пари или други средства за плаќање. 7. Дополнителни информации 7.1. Имателот на картичката одговара за точноста на податоците на сопствената МЕГА клуб картичка, и е должен да го извести овластеното лице во продажните салони на МЕГА ДОО за секоја промена на информациите.


7.2. Со здобивање на МЕГА клуб картичка, имателот изрично и неотповикливо изјавува дека е запознаен е дека е согласен со условите за користење на истата, и дека ќе сноси своја лична одговорност за секое непочитување и злоупотреба. 8. Издавање на картички Овластен издавач на МЕГА клуб картичка е МЕГА ДОО. 9. Губење на картичка 9.1. Доколку најдете МЕГА клуб картичка Ве молиме во најкраток временски рок да ја приложите на овластено лице во продажба во салоните на МЕГА ДОО. 9.2. Имателот на картичката е должен за одржување на картичката во добра состојба. 9.3. Во случај на губење на Мега клуб картичка или истата биде украдена, Ве молиме веднаш да пријавите во нашите салони или веднаш да не контактирате на нашите телефони. На Ваше барање Мега ДОО ќе ви издаде нова картичка која ќе ги наследи сите права стекнати претходно. МЕГА ДОО го задржува правото да ги наплати трошоците за издавање на нова катичка. 9.4. Неовластено корисетње, умножување и преработка на картичката е кривично дело и се казнува според закон. 9.5. Откажување од членство- во било кое време. Добивате писмена потврда во која се нагласува дека своеволно се откажувате од картичка, како и од здобиените поволнисти за добивање на ваучер. За вас ваучерот автоматски ја губи својата важност. 10. Измена на услови и правила 10.1. Издавачот на картичката го задржува правото на промена на условите без согласност на имателот на картичката, објавувајќи ги на сајт www.mega.com.mk. 10.2. Издавачот на картичката има загарантирано право на прекин на важност на МЕГА клуб картичка со претходно известување на секој имател по e-mail порака. 10.3. МЕГА ДОО го задржува правото за повремено објавување на промотивни периоди на бесплатно зачленување или поврзано со купување на производи над одредена вредност на наши продажни места. 11. Заштита на лични податоци Сите информации впишани во пристапница (потврда) за МЕГА клуб картичка, вклучувајќи ги и нивните лични податоци се строго заштитени соодветно на правилата од Законот за заштита на лични податоци како и со соодветните прописи кои се со важност на територија на Република Македонија.


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.