Македонска Ризница 17

Page 1


Македонска Ризница ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК: Благојче Андонов ИЗДАВАЧ: Александар Стеванов ДИЗАЈН: Сашо Гачев РЕДАКЦИЈА: Гоце Панговски

СОРАБОТНИЦИ: Димитар Љоровски Вамваковски Кире Филов Ема Кушевска Димитар Филиповски Светлана Јанчевска Сања Бежовска Владо Јаневски Милица Пашовска Јордан Коцевски Никола Анѓелкоски Билјана Богданоска

Почитувани читатели,

Во декември, дванаесеттата дванаестина од оваа 2013 година ќе ви ја претставиме ризницата од несекојдневни убавини, неоткриени богатства и можности, наречена Македонија. „Кај нас има што да се види. Нема подобар одмор по напорна работна недела од прошетка во природа и птичарење. Успехот да се „улови“ со поглед (уште подобро со двоглед, фото-апарат или камера) некоја птица, причинува огромно задоволство“... “Ние во Македонија речиси и не погледнуваме нагоре кон паралелниот свет на тие прекрасни суштества - птиците! Велам, паралелен свет, зашто тие се тука - покрај нас, секаде околу нас. Тие ја разубавуваат природата, милозвучно пеат, а ние и не сме свесни за нивното присуство. “ Задоволство е и кога создаваш... кога со леснотијата на допирот под твоите дланки создаваш „доживување, приказна“, скулптура со историска вредност. Задоволство е кога создаваш со одговорност. Кога истражуваш и патуваш низ нечие туѓо време... Задоволство е кога во „еден момент, барем на кратко си целосно безгрижен и сфаќаш дека си најсреќниот човек на светот.“ Задоволство е кога го ловиш мигот кој никогаш повторно не ќе се случи и манифестира на ист начин... Задоволство е кога љубиш... Искрено, чисто, во секоја форма и големина... А „ваквите љубови секогаш, секаде создавале приказнии и романи...“ Истражете го секое поле широко и секое море длабоко...зашто најубавите нешта не секогаш се на видно место пред нашите очи... Така драги читатели ве оставам и вие да ја истражите оваа Македонска Ризница. Сања Бежовска

МАКЕДОНСКА РИЗНИЦА


Во овој број ќе читате: Сведоштва на Македонци „Македонската борба”

за

грчките

злосторства

во

текот

Димитар Љоровски Вамваковски ............................................................................................

на 04

Топ 10 листа од македонската историја М-р Кире Филов ...................................................................................................................

15

Фотографии - Ема Кушевска Ема Кушевска.........................................................................................................................

16

Интервју: Димитар Филиповски-скулптор Александар Стеванов .............................................................................................................

30

Трајче Јанчевски - Биографија Светлана Јанчевска ..................................................................................................................

34

Монолози на празното време Сања Бежовска .................................................................................................................

42

Цитат-Џемил Чичек Александар Стеванов ................................................................................................................ 44

Поезија - Сон и допир Владо Јаневски

.................................................................................................................... 46

Поезија- Песна за Илино Милица Пашовска

................................................................................................................. 47

Еден Момент-расказ Јордан Коцевски

................................................................................................................... 49

Птичарење Билјана Богданоска

.............................................................................................................. 50

Портрет карикатура - Иван Хаџи Николов Никола Анѓелкоски

............................................................................................................... 52

Народна носија од Македонија Редакција

............................................................................................................................. 53

Икони од Македонија Редакција

............................................................................................................................. 54


СВЕДОШТВА НА МАКЕДОНЦИ ЗА ГРЧКИТЕ ЗЛОСТОРСТВА ВО ТЕКОТ НА ГРЧКАТА „МАКЕДОНСКА БОРБА“

Со терминот грчка т.н. „Македонска борба“ се означува историскиот период од 1904 до 1908 година, и овој термин територијално опфаќал голем дел од површината на географска Македонија, пред сѐ во нејзините јужни и централни делови. Во суштина таа претставувала паравоена

интервенција на грчката држава против Внатрешната Македонската Револуционерна Организација (ВМРО) и структурите на другите балкански, црковно-национални пропаганди во османлиска Македонија. Во основа андартското движење претставувало


терористичка организација, т.е. паравоена формација на Кралството Грција која дејствувала на делови од османлиска Македонија. Целта била завладување на територии кои веќе биле организирани од страна на ВМРО и користење на терор, насилство и заплашување на месното население во насока на негово враќање или останување во рамките на Патријаршијата. Поимот паравоена организација означува воена структура која е организирана како напоредна воена формација на регуларната армија на одредена држава или на одделни нејзини партии на власт, или на организации блиски до власта, додека нејзината цел е преку субверзивна активност да подготвува терен за завладување на одделни територии. Главни носители на грчката „Македонска борба“ во грчкото кралство, покрај поединци од националистичките кругови во Атина, биле претставниците на официјалната држава, кои имале круцијално влијание во водењето на вооружената борба, како дел од извршната власт или индивидуалци поставени во управата на грчкиот „Македонски комитет“. Од друга страна, андартското движење во османлиска Македонија било координирано и раководено преку Министерство за надворешни работи и грчките конзулати, од офицерите на грчката армија и високото патријаршиско свештенство, во чиј избор влијание имала и грчката влада. Во однос на финансирањето главните трошоци биле покриени од буџетот на Кралството Грција, но и од донации на поимотни грчки државјани, како и од богатата грчка емиграција. Што се однесува конкретно до учесниците во грчкото вооружено движење, т.е. андартите, тие биле класични платеници, кои за својата работа добивале месечна плата. Додека офицерите, кои всушност биле и водачи на андартските групи, за време на нивниот престој во Македонија добивале платено остуство и биле привремено ослободувани од служба во грчката армија. Офицерите за време на престојот на територијата на Империјата без разлика дали биле назначени во грчките конзулати или, пак, биле дел од андартските чети, секогаш во комуникацијата користеле псевдоними, со единствена цел - при евентуално откривање од страна на османлиските власти да не дојде до нивно поврзување со грчката држава. Целокупната дејност на грчкиот „Македонски комитет“ и на грчката влада, посебно нивните меѓусебни врски, во текот на грчката „Македонска борба“ се карактеризирале со

конспиративност. Целта била пред османлиската власт и пред меѓународната јавност да се покаже дека андартското движење било дело на „македонскиот елинизам“ и дека официјална Атина немала никаква поврзаност со грчките вооружени акции во Македонија. Од погореизнесеното заклучуваме дека андартското движење единствено можеме да го третираме како паравоена формација на грчката држава во Османлиската империја. Основниот начин на дејствување на грчката паравоена организација било заплашување и насилство,


односно терор врз месното македонско население. Според грчкиот историчар Димитрис Ливаниос, грчката „Македонска борба“ имала повеќе психолошки отколку воен карактер, чиј почеток се карактеризирал со политичка акција, секако мислејќи на периодот пред почетокот на андартското движење, а кулминирал со вооружено насилство. Идеолозите на „борбата“ сметале дека вооруженото насилство и терор биле единствените начини кои дефинитивно ќе овозможеле црковно, т.е. „национално“ определување на македонското население. Практиката на грчките вооружени групи да спроведуваат терористички акции, чија „вистинска цел е пред сè да

создадат страв меѓу одредени категории од населението на една територија или меѓу сите нејзини членови“, претставувало обид да се принуди „непријателот“, во овој случај ВМРО и македонското егзархиско население, да егзсистира по нивна волја, т.е. да станат „Грци“. Исто така, според Ливаниос, примарната цел на андартското движење била „психолошката експедиција изведена со воени средства“. Во тој случај, користењето на воени средства од страна на грчката пропаганда значело користење на терор и насилство, кои во основа претставувале принуда со која „терористите влијаат врз сознанието (психата) на објектот, со цел негово мотивирање да преземат, или не, некакво дејствие, т.е кон насочување на определено однесување посакувано од терористите“. Од друга страна, теророт и насилството продуцирале страв кој требало да биде одлучувачки фактор во опстојување или кон враќање на одредено село во рамките на Патријаршијата. Како резултат на извршувањето на терористички дејствија, според научникот Георги Стојанов се создава т.н. синдром на последици од насилството, кој се карактеризира со пројави на страв, паника и несигурност. Во такви околности многу полесно било спроведувањето на грчката национална доктрина, односно како што забележал Вардас во писмото до Зимвракакис Епаминондас (Памикос) од 26 јануари 1905 година, дека по нападот на костурското село Либешево и убиството на месниот војвода Костандо Живков, „имавме напредок, шизматичките села Либешево, Жиговишта и Бухин дојдоа со нас“, т.е. се вратија кон Патријаршијата. Андартската организација користела најразлични методи за да го принуди македонското население да се откаже од Егзархијата и да се приклони кон „духовното водство“ на Цариградската патријаршија. Некогаш единствено било доволно андартите да „посетат“ одредено село за да тоа се врати во рамките на Патријаршијата. Процесот бил прилично едноставен. Така, на пример, при посетата на с. Прекопана за време на последната експедиција на П. Мелас во Македонија, во есента 1904 година, најпрвин биле убиени влијателните егзархисти, свештеникот и учителот, кои според логиката на Мелас „имаа важно место во Комитетот“, т.е. ВМРО. Потоа, пишува Мелас, „ги поканив сите селани, посебно старешините кои порано беа православни (патријаршисти, б.н.), и им укажав


со топол пријателски говор да се вратат во православието (Патријаршијата, б.н.)“. Во продолжение водачот ги „замолил“ присутните селани да се изјаснат за нивните црковни и „национални“ чувства, потенцирајќи дека ќе го почитувал нивниот избор, „но дека на никого нема да дозволам да врши притисок врз Грците (патријаршисти, б.н.) и да ги тера насилно да се отцепуваат“. Откако Мелас ја завршил агитацијата, им наредил на жителите на Прекопана „да дадат заклетва за посветеност и верност кон православието и, второ, да поднесат исто таква изјава пред кајмакамот и митрополитот“, но и да побараат од вториот, во рок од 10 дена, да им испрати „грчки“ свештеник и учител. На крај отворено им се заканил на селаните, дека по заклетвата која ја дале, „ако некој од нив отстапи од

ветеното... и човек кој ја погазил својата заклетва, па според тоа и соодветно ќе го казнам“. Ова претставувало само еден од мноштвото на вакви или слични на овие настани кои се случиле во текот на грчката „Македонска борба“. Воочлива е употребата на закани, уцени, насилство и убиства врз месното македонско население, со единствена цел да се влијае врз нивната психа, т.е. да им се всади страв и да им се наметне дека единствено решение било прифаќањето на црковната и „националната“ определба диктирана од грчката пропаганда. Следен метод кој бил практикуван од страна на грчките паравоени формации бил испраќањето на предупредувачко - заканувачки писма. Во нив бил поставен ултиматум, кој доколку не бил прифатен од селаните, тогаш се стапувало во акција, односно кон принуда на македонското население преку ноќ на стане „грчко“. Заканувачките писма биле потпишувани од страна на водачот на андартската чета, адресирани најчесто до највлијателните жители на селото, т.е. кметот, учителот или свештеникот. За подискриптивно претставување на овој вид на притисок ќе пренесеме дел од едно такво писмо, испратени до с. Арапли, Солунско. Писмото датира од 20 март 1908 год., на кое стоел округол печат со натпис „Капетан Апостолис“. Од истото дознаваме дека претходно било испратено уште едно писмо, за кое „капетанот“ констатирал дека селаните не го добиле, „поради што сум принуден повторно да ви напишам, за да разберете дека единствениот ваш спас е да станете Грци“. Откако најпрвин ги прогласил селаните за „Бугари-Македонци“, набрзо ретерирал од својот став и посочил дека такви не постојат, за да веднаш потоа им порачал: „во некое село постојат луѓе кои не се убедени дека се со грчко потекло, тоа, по потреба, ќе ги научиме ние, првин со советување, а потоа и со меч“. Во продолжение на прилично долгото писмо, водачот на андартската чета „најдобронамерно“ им укажал на селаните за нивното „историско потекло“, докажувајќи со „историски факти“ дека тие не се „Бугари“ и дека неговата цел е да ги врати на „вистинскиот пат“, ако треба и со помош на оружјето. Сосема на крај авторот на писмото заклучил: „Штом го примите моето писмо треба да станете Грци, инаку овие дена очекувајте да дојдам за да ве научам дека Бугарите не се Македонци... Ќе ве изгорам и вас и вашите деца... Не ќе оставам ниту еден од вас... Повеќе


не чекам! Или сега веднаш ќе се вратите (под јурисдикција на Патријаршијата, б.н.) или некој ден сите ќе ве убијам. Ќе ви покажам дека Грците можат да чекат, но дека трпението им има граници. Значи, или едното или другото. И чекам брз одговор“. Вака формулираното писмо, полно со закани и уцени, било доволна причина за жителите на засегнатото село да преминат на страна на Патријаршијата, а со тоа и кон елинизмот, посебно ако тие не биле организирани и заштитени од организационата мрежа на ВМРО или нејзината структура во селото била слаба. Андартите употребувале и друг метод, односно од одредено село земале заложници, со што ги принудувале сите селани да станат „Грци“, бидејќи во спротивно заложниците би биле убиени. Во секој случај, најесктремен метод употребуван од страна на грчките формации претставувал класичниот терористички напад на одредено населено место. Тоа се реализирало откако жителите на „избраното“ село се однесувале игнорантски кон заканувачките писма на андартските водачи или, пак, нападот најчесто бил реализиран без никакво претходно предупредување. Во најголем број од примерите изборот паѓал на села кои во дадениот момент, или во минатото, пред сè во Илинденското востание, преставувале значајна база на ВМРО или во кои егзархиската црковна организација имала поголемо влијание. Но, имало и напади на села кои не спаѓале во претходните две категории, додека нивниот избор, а со тоа и напад, требало да претставува предупредување за самите негови жители или на македонското население од околните населени места. Пред реализацијата на конкретниот терористички акт водачите на андартските чети се подготвувале неколку дена. Во тој период тие собирале детални информации за највлијателните жители на селото, а најчесто информациите ги добивале од претставници на грчкото свештенство или поединци од самото село кои биле поткупени од грчката пропаганда. Исто така, доаѓало до групирање на неколку андартски чети, со што бројот на четниците бил значително голем, со цел поефикасно извршување на зададената цел. Терористичкиот чин најчесто бил реазлизиран во доцните вечерни или раните утрински часови и секогаш бил користен факторот на изненадување и неподготвеност за самоодбрана или активирање на селската милиција на

ВМРО од конкретното или околните села. Нападот бил молскавичен и траел неколку часа, сè до оној момент кога андартите сметале дека ја завршиле поставената задача или почуствувале опасност дека можат да бидат нападнати од четите и селската милиција на ВМРО или, пак, од активирањето на османлиската војска, со која секако дека не сакале да имаат никаков вооружен контакт. Вооружениот акт се карактеризирал со насилство и терор врз недолжното население, со убиство на голем број на невооружено население, кои за андартите најчесто биле „вооружени комити“, потоа следеле грабежи, но и убиства на добиток и опожарување на недвижниот имот. Откако ќе завршел нападот, андартските чети се повлекувале на сигурно во своите бази. По неколкудневно криење и чекање да се стабилизира ситуацијата и прогонот од османлиската војска се разделувале и секоја група се враќала во својот реон на дејствување, а некои се повлекувале и на територијата на грчката држава. Класичен пример за овој метод на работа претставуваат нападите на селата Зеленич, Загоричани и Неволјани. Првиот крупен терористички напад се случил на 13 ноември 1904 година, во с. Зеленич (Леринско), во македонската историографија попознат уште како и „Зеленичка крвава свадба“. На тој ден, 36 андарти под водство на водачите Катехакис, Каудис, Пулакас и Вранас, без никаква причина го нападнале селото, а како повод им послужила свадбата на внуката на егзархискиот свештеник во Зеленич. Убиени биле 11 селани, а 4 биле ранети. Најжестокиот напад во текот на грчката „Македонска борба“ се случил на 25 март 1905 год., кога во с. Загоричани (Костурско) околу 200 андарти извршиле типично злосторство врз недолжното македонско население. Убиени биле голем број на селани, а опожарен бил и добар дел од селото. Последниот пример кој ќе го наведеме, за кој во историографијата е малку пишувано, се однесува на нападот на с. Неволјани (Леринско). Овој напад бил сличен како оној во с. Зеленич, т.е. повторно се случил на свадба, а го извршила четата на критјанинот Ефтимијос Каудис. Како и да е, покрај наведените методи и средства кои најчесто биле користени од страна на андартските паравоени формации, биле практикувани и многу други од различен вид. Тие најчесто зависеле од начинот на дејствување и проценките на поедини водачи на грчките


чети,однаредбитекоигидобивалеодсвоитепретпоставени, пред сè „центрите“ на грчката пропаганда во Македонија, од моменталните околности и местоположбата на одредено населено место, од ангажирањето на османлиската власт, како и од присуството на четите на ВМРО и поставеноста на нејзината организациона структура. За оваа пригода, на пошироката јавност во Грција ќе претставиме неколку документи кои биле испраќани од македонски села до претставниците на Големите сили, пред се до руски претставници, во Османлиската империја, преку кои Македонците ги изразувале сите злосторства кои им биле направени од страна на грчките андарти.

1. No 213, 28 март 1905 ДО ГОСПОДАТА РУСКИ И АВСТРИСКИ КОНЗУЛ На 25 март во темни зори една грка разбојничка банда од околу 200 души го нападна нашето село од сите страни. Најанапред слушнавме како свири војничка труба и потоа започнаа да грмат маузерки пушки. Населението мислејќи дека селото ни е заобиколено од војска не мрдна од своите места и замрзна од силен грмеж и на разни места исфрлените динамитни бомби и од куршумите, коишто како град се сосипаа над покривите на замрзнатите и од никаде не подржуваните селани. Со голема сила разбојниците не им дадоа време на несреќните селани да се соземат, и така навлегоа во селото поделени на мали банди од 4 до 8 души... о, Боже!!! Перото е безсилно да ги опише ужасите, злоделата на тие ѕверолики луѓе вооружени од глава до пети. Тие извршија нечуени ужаси до сега во светската историја на човештвото. Започнаа да ги кршат вратите и да влегуваат во куќите, и да убиваат и да собираат се што ќе се испречеше пред нивните крвожедни очи. Без причина убиваа мажи, жени и деца и домашни животни. Во тие критични моменти голем беше плачот и лелекот по целото село! Безпомошното население обземено од паничен страв трчаше по улиците и избезумено бараше прибежиште да се сокрие од куршумите и ножот на тие поклоници на вандализмот! Секој што им падна на нивните немилостиви раце беше трагично убиен!!! Ниту молбите, ниту прекрстувањата, ниту бакнежите на расплаканите

жени, ниту солзите и писоците на истите, на малите и невини деца, ниту паричните наградувања коишто разбојниците ги прифаќаа на драго срце - ништо не беше во состојба да го смекне и смилостиви каменото срце на тие варвари. Првото нивно барање беше „пари“, второ, се наредија по ред, а најпосле смрт – насилничка, смрт ужасна, смрт нечовечна, смрт маченичка!!! Ние сите ќе станевме жртва на грчката злоба, на грчкиот фанатизам чиј водач е костурскиот грчки митрополит (Германос Каравангелис, б.н.), ако не пристигнеше едно одделение војска. При појавата на тоа мало одделение на војска разбојниците се распрснаа и ние останатите се спасивме од јавната смрт. Намерата на тие платени убијци била да го уништат целото село, но провидението не спаси!!! По малку време (разбојниците отворија оган во 10 ½ часот „алатурска“. Аскерот се појави во еден часот и по 1 ½ час борба, во 2 ½ часот бандата отстапи), кога разбојниците дивееја во нашето село, кога извршија злосторства чии што размери јасно личат на приклучените тука таблици. По сето горекажано јасно се гледа каков е нашиот живот – живот страдалнички, живот неподнослив, живот во постојана тревога! Ние, целото население, апелираме кон човекољубивата и хумана Европа, апелираме кон цивилизацијата, којашто веруваме не може да бара по варварски цени – достојни на средните векови, апелираме кон европското општествено мнение, апелираме и кон целата природа и кон сите што се покровители на поробените народи и високо изјавуваме дека сакаме и ние човечки живот и човечки права или смрт!!!... Бараме накажување на виновниците и осигурување на човечкиот живот и човечките права! с. Загоричани 28 март 1905

Од целото население.

Ваше Височество, Долупотпишаните од с. Мокрени, Костурско, доаѓаат да го искажат кон Вас своето неизмерно почитување и да го изјават следното:


Со оглед на неочекуваните злосторства, коишто го снајде ненадејно несречните во с. Загоричани, тукашните жители од страв се разбегаа горе-долу и ништо не мислат друго освен како да се избават од тие напади коишто станаа очигледен факт. Нашите тука работаат заплашени, па поради тоа работата ќе им остане незавршена, а нивните семејства ќе останат гладни. Поради тоа се обраќаме и кон Вас, апелираме и покорно Ве молиме да ја имате предвид нашата состојба и да посредувате пред нашето чесно Правителство за да ја земе посериозно нашата човечка заштита. Уверени впрочем дека ќе ја земете предвид нашата положба и ќе осврните милостлив поглед кон нашата молба, остануваме со најголемо почитување и уважување кон Вас.

дали е уште жив, или е убиен. Од сето се гледа, дека грчката банда го има завлечено овој наш соселанец за да ги присили неговите роднини и пријатели да станат Грци и да преминат во патријаршисти. Од друга страна, секој ден гледаме како се појавуваат непознати личности по полето, па не можеме да си ги прибериме посевите. Затоа најсмирено молиме да и се заповеда на војската што е стационирана во нашето село, да излегува секој ден по полето да ни ги чуват животите. Солун, 1907 28 мај Со почитување, Вашите слуги, Мухтир (потпис) с. Мокрени Старешини на Мокрени Иван Атанасов 29 март 1905 П.с. За неопходно потребно сметаме уште да го Никола Добрев известиме на Ваше знаење тоа, дека во нашето село се Димо Мирчев има загнездено еден Грк, по име Христо. Овој човек беше Дино Димитров порано во селото Ново Село. Како во Ново Село, така и кај Иван Попов нас, тој се занимава навидум со кафеџиство, но во истото тоа Мино Андонов време се занимава и со уредување на грчките комитетски Стерјо Димитров работи, а со извршување на разни престапништва. Димитар Ѓорчев Ние сме со сигурност уверени дека тој Христо има прсти во грабнувањето и на нашиот соселанец Ичо Сеизов. За овој кафеџија Христо имаше многу поплаки од Македонците во Ново Село, затоа и нему му се забрани да 2. No 3388 27 мај 1907 година живее во тоа село. Се додека овој Христо не се тргне од нашето село, ДО НЕГОВОТО ВИСОЧЕСТВО се дотогаш ќе ни се случуваат престапништва од страна на РУСКИОТ ИМПЕРАТОРСКИ ЦИВИЛЕН АГЕНТ Грците. ГОСПОДИНОТ ДЕМЕРИК Молиме да го преземите потребното за да се тргне од нашето село овој шев на грчките банди. Ваше Височество, Потпишаните, од името на македонското население во с.Градобор, Солунско, доаѓаме да му се 3. No 3435, 24 јуни 1907 пожалиме на Вашето Височество за следното: На 18 мај вечерта една грчка банда го плени ДО НЕГОВОТО ВИСОЧЕСТВО ГОСПОДИНОТ ДЕМЕРИК нашиот соселанец, Македонецот Ичо Сеизов, што таа вечер РУСКИ ЦИВИЛЕН АГЕНТ ВО ГРАДОТ се наоѓаше во својата мандра крај селото Сарамурово. Отогаш досега ништо немаме чуено за него, и не знаеме


Ваше Височество, Потпишаните мухтири од името на македонското население во нашите села од Солунско доаѓаме да му се пожалиме на Вашето Височество за следното: Вам ви е познато, дека грчките андарти извршија многу големи насилства врз нас и не присилуваат да преминеме под раководство на грчката патријаршија. Заплашувањата, што ни доаѓаат секој ден од страна на грчките андарти се многу чести. Тие убија многумина од нашите соселани, им ги изгореа куќите на многумина, и сега слободно се движат по полето и ние не можеме слободно да си ги прибериме посевите од нивите. Макар и да сме Ви ги ставиле на Вашето значење сите извршени злодела од страна на грчките андарти, дозволете ни да наброиме овде само неколку од нив по хронолошки ред, што беа извршени околу нас од 1 јануари до денес. 1.На 8 јануари Македонецот Хаџи Марко Костандинов од с. Негован, Солунска епархија, Лагадинска каза, беше убиен од грчки убијци. 2. На 9 јануари Грците му ја потпалија куќата на Македонецот Никола Петров од Ново Село, Солунско. 3.На 17 март Грци убијци го нападнаа близу до Солун Македонецот од Ново Село, Солунско, Ставре Георгиев, со цел да го убијат. 4. На 2 март Македонците од селото Илиџиево, Солунско, добија едно заплашувачко писмо од грчките андарти, со кои се поткануваат да станат патријаршисти. 5. На 12 март преку ноќта една многубројна грчка банда го нападна македонското егзархиско село Горно Куфалово, Солунско, им ги изгореа куќите на 5-мина селани, го убија Констандин Офил Масларов, ја ранија Марија Ив. Масларов и го заробија Георги Гогулев и малолетните дечиња од Ташко Стојанов: Божин, Стојан, Илија и Христо. 6. На 27 прил вечерта една многубројна банда го нападна егзархиското маало во селото Ново Село, Солунско, му ја изгореа куќата на мухтирот Костандин Димитров и го зедоа плен Македонецот Димитар Димов, кого неколку дена потоа најжестоко го убиле. 7. На 17 април дента Македонецот Ставре Георгиев од с. Ново Село, Солунско, беше нападнат во Солун од еден Грк

убиец и му нанесе смртоносни рани. 8. На 25 мај Грци-убијци го нападнаа Македонецот егзархист од селото Даут-Бал, Христо Кабак, и го убија, токму кога си работеше во нивата близу селото. Ваше Височество, Од погорново се гледа дека нас не убиваат и на улицата и во полето. Не напаѓаат во нашите училишта. При таква грозна положба не можеме да си ги гледаме нашите мирни полски работи, а од тоа уште и нашите деца изумираат од глад и вергијата на царштината не ќе можеме да ја исплатиме. Ве молиме најсмирено да благоволите да се застапите за нашава судба и да бидат преземени потребните мерки да ни се запази животот, било со тоа што ќе се постави војска по нашите села, било со тоа што ќе бидат поставени жандари, и да ни биде дозволено да држиме по 20 пушки во нашиве села заради самозаштита. Со почит сме, Вашите слуги од селата: Грдобор, Дудуларе, Ново Село, Арапли, Бугариево. Солун, 18 мај 1907 Грдобор: мухтар Штерјо Попов (печат) Дудулари: мухтар Атанас Панајот (печат) Ново Село: мухтар Дино Митре (печат) Арапли: мухтар Никола Стојанов (печат) Бугариево: мухтар Иван Димитров (печат)

4. No 3575, 18 август 1907 ДО НЕГОВОТО ВИСОЧЕСТВО РУСКИОТ ИМПЕРАТОРСКИ КОНЗУЛ ГОСПОДИНОТ КОХМАНСКИ

Ваше Височество,

Ние долепотпишаните селани од селото Голо (Голи), Ениџевардарско, ополномоштени од целото наше


село, доаѓаме да Ви се поплачиме за зулумите направени врз нас од грчките вооружени банди. 1. На 15 октомври 1905 една вооружена грчка банда ги фати и ги однесе како плен нашите селани Васил Димев и Петре Димев, додека се враќаа од своите полски работи, а селанецо Дионис Георгиев го земаа од неговата сопствена куќа. По 10-15 дена тие беа пуштени, откако несреќниците им ветија дека ќе ја признаат, како тие, така и целото село, грчката Патријаршија. 2. Во месец фебруари 1906 една грчка чета ни влезе во селото на разденување и им ги потпали куќите на нашите соселани Дионис Георгиев и Гоце Николов, при што да се знае дека и целата нивна покуќнина изгоре. Додека бегаше, Дионис Георгиев беше ранет со куршум во ногата, откако беше убиена и кобилата од Мице Арфанос. 3. На 20 април 1906 нашите селани Георги Христов, Доне Мандов, Димитар Божинов и Васил Асарџи беа убиени со штикови од грчка чета по патот Ениџевардар – с. Голо. 4. На 18 септември 1906 на разденување една вооружена грчка банда навлезе во нашето село, предизвика паника со пукотниците од пушките. Ги убија во куќата Мице Арфанос, Митре Атанасов и Камена Митрева. Го убија волот на Ташо Нацев, ја ранија кравата на Мице Јанев, ја потпалија куќата на Мице Иванов, но се изгасна на време. 5. На 9 август 1907 една грчка вооружена банда ни навлезе во селото изутрината рано во 9 ½ часот по разденување, кога некои од селаните се спремаа да станат од сон, а другите спиеја. Андартите беа забележани од селаните од селаните уште оддалеку, додека беа надвор од селото, меѓутоа никому не му падна на ум дека тие се злосторници, бидејќи беа со фесови и со аскерски облеки. Штом влегоа во селото, тие се распраснаа по село и заобиколија неколку куќи и куќата на Васил Динев, кого го имаа фатено жив во 1905, на 15 октомври. Разбудените селани од пред куќите се прснаа да бегаат кој каде му гледаат очите. Петар Крстов на 50 годишна возраст додека бегал бил фатен од злосторниците и врзан со јаже; фатен е исто така и Георги Митрев, на 18 години, и врзан, но бидејќи не се согласувал да оди, тој бил застрелан на местото и убиен; ја ранија жената... Донова, го ранија и Трпче Иванов. Ги фатија и ги врзаа Димитар Иванов и Сотир Динев. Тројцата фатеги одведоа со нив, а понапред фатениот Т. Крстев го

ослободија, а другите двајца ги отераа во блатото. Ваше Височество, Веќе станува петти пат како грчка чета ни го напаѓа селото и осум (8) души наши соселани ни се убиени, шестмина ни се ранети од грчки банди и сето тоа ни се прави нас само и само затоа што сме Македонци и не ја признаваме туѓата духовна власт на грчката патријаршија. За сите случаеви го имаме известено неговото Величество Хилми паша и до господата Цивилни агенти, меѓутоа никаква помош не ни е укажана. Кога се случи нападот на нашето село во месец септември 1906 се поплакавме до неговото Височество Хилми паша, и тој ни даде дозвола да можеме да имаме оружје за да се браниме, но ениџевардарскиот кајмакам одби да го изврши ветувањето што ни беше дадено од Хилми паша. Освен што оружјето не ни беше дадено, туку потоа ениџевардарската војска при претресите на куќите ни одзема пет (5) пушки што ни служеа за одбрана. Со солзи во очите го молиме Вашето Височество да застане зад нас несречните селани, бидејќ секој час ни стои заканата да бидеме ѕверски убивани, опожарувани од нашите крвожедни православни христијани, грчките чети; да ни се дозволи да чуваме пушки за одбрана и да се нареди на царскиот аскер да не го бастисува нашето село ноќно време, бидејќи не можеме да знаеме дали е аскер или се грчки андарти, преоблечени во аскерски алишта. Уверени сме дека на нашата молба ќе и биде обрнато сериозно внимание, остануваме со одлична почит: Солун, 1907 година 14 август Мухтар: Христо Динов Селани: Кољо Мицев, Васил Динев и Камена Димитрова (печат)


5. No 3751, 21 октомври 1907 ДО НЕГОВОТО ВИСОЧЕСТВО РУСКИ ЦИВИЛЕН АГЕНТ ГОСПОДИНОТ ДЕМЕРИК

Ваше Височество,

Потпишаните мухтири од селата Горно Куфалево, Средно Куфалево и Долно Куфалево, Солунско, доаѓаме да му се поплачиме на Вашето Височество за следното: 1. На 10 декември преку ден беа убиени од Грци убијци нашите соселани: 1. Христо Трајков, 2. Димитар Мишев, 3. Георги Николов, 4. Атанас Наков, 5. Георги Митрев, родум во Горно Куфалово. 2. На 15 јули беше убиен од страна на Грци разбојници нашиот соселанец Лазар Петров, родум од с. Горно Куфалово. 3. На 12 декември преку ноќта беше потпален со оган, ставен однадвор, куќата на нашиот соселанец Бербер Лазар, родум од с. Горно Куфалово. 4. Порано, на 4 декември преку ноќта беше пленета и ограбена куќата на нашиот соселанец Иван Ванчул во с. Горно Куфалово. Ваше Височество, Нас не’ убиваат по патиштата; нам нашиот живот и нашиот имот не ни е сигурен во нашите сопствени живеалишта; најсмирено молиме да се застапите за нашава судбина и да го направите потребното да ни се дозволи да имаме по четворица души свои падари во селото, кои што да имаат право да носат свое оружје и да ги чуваат нашите живеалишта, нашите имоти и нашите животи, барем внатре во нашите села. Тоа го молиме, бидејќи секој ден добиваме заплашувачки писма и известувања од грчките андарти што не заплашуваат со убиство ако не се откажеме од Егзархијата и ако не преминеме под туѓата за нас грчка Патријаршија. Ние длабоко веруваме, дека, кога ќе имате предвид дека нас не убиваат и не ограбуваат грчки андарти само затоа што сме Македонци ќе благоволите да ни ја задовоолите молбава да имаме право да си одбереме

четворица чесни пред Правителството селани, на кои да им се дозволи да носат оружје за да ни го бранат животот и живеалиштата внатре во селото. Солун, 20 декември 1907 година Со почитување, Мухтар на Горно Куфалово, Псорозли Никола, Никола Далјан и Стојан Орешков (печат) Мухтар на Долно Куфалово, Иван Златан, Христо Џамбаз (печат) Мухтар на Средно Куфалово, Георги Трајан, Никола Гонов (печат) Димитар Љоровски Вамваковски


ТОП 10 ЛИСТА ОД МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА ВО ИЗБОР НА М-Р КИРЕ ФИЛОВ 1. Битката кај Херонеја 338 г.п.н.е. Воспоставуањето на хегемонија во Елада (Грција). Филип ги поразил здружените војски на Атина и Теба. Во знак на победата подигнал споменик кај Херонеја, симболот на македонската кралска лоза, лавот. 2. Создавањето на Охридската книжевна школа 886 година, од страна на Климент Охридски и другите ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Карактеристично е тоа што кирилицата овде започнала да се применува дури во XII век. До тогаш била негувана глаголицата. Тука се направени првите преводи на светите писма, а биле створени и автентични ракописи, како Асеманово евангелије, Синајски псалтир итн. 3. Основањето на Охридската архиепископија. Нема точни податоци кога настанала, но се смета дека со доаѓањето на Апостол Павле во Македонија, почнале да се градат првите цркви на македонска територија. За време на царот Јустинијан I (527-565), Митрополитот на Скупи бил издигнат во ранг на Архиепископ. Прв архиепископ бил Кателијан. Својата кулминација Архиепископијата ја доживеала во времето на Самоил, кога била издигната во ранг на Патријаршија, а со тоа биле проширени границите на нејзината јурисдикција.

4. Сердарот. Е најпознато дело на македонскиот преродбеник Григор Прличев. Поемата е напишана 1860 година на грчки јазик. Истата година Прличев учествува на конкурс во Атина за најдобра поема и со Сердарот ја освоил првата награда, Ловоров венец. Направил обиди за превод на поемата на македонски јазик. Денес е сочуван дел од преводот на поемата. 5. Создавањето на Македонската револуционерна организација. Со создавањето на МРО во 1893 година во Солун, започнува организираната борба на македонскиот народ за ослободување. Треба да се спомене дека борбата започнала многу порано, со Разловечкото, Кресненското и другите помали востанија, преку кои македонскиот народ го изразувал својот револт кон долгогодишното турско ропство. МРО е создадена во Солун 1893 година од страна на 6 млади патриоти: Даме Груев, д-р Христо Татарчев, Петар Поп Арсов, Христо Батанџиев, Иван Хаџи Николов и Андон Димитров. Организацијата веднаш добила на масовност, па за кратко време (до средината на 1894 година) имала свои комитети скоро во сите градови на Македонија. Особено силен подем бележела по стапувањето во членство и во раководењето на Гоце Делчев, Пере Тошев, Ѓорче Петров, Јане Сандански и други. Организацијата е формирана со единствена цел: Ослободување и независност на Македонија. Под раководство на МРО е кренато едно од најпознатите востанија во Македонија, Илинденското востание кое е едно од ретките востанија од Македонија


кое ќе наиде на одзив во светската јавност, највеќе заради бруталноста на турската војска врз цивилното население. 6. За Македонцките работи. Книга на Крсте Петков Мисирков, печатена 1903 година во Софија, создадена во Русија. Тоа е првата книга на современ литературен македонски јазик, со фонетски правопис. Поделена е во во пет глави, а четири од нив се говорите кои Мисирков ги читал на состаноците на Македонскиот литературен кружок во Санкт Петербург.

8. Методија Шаторов Шарло. Македонски комунист, национален деец. До деведесетите години на минатиот век беше оцрнет како предавник на македонското движење во текот на Втората светска војна. Под негово раководство се извршени првите диверзантски акции на територијата на цела Југославија (2 јуни 1941 година). Под негово раководство е формиран првиот партизански одред (Скопскиот партизански одред, 22 август 1941 година). Неговата рехабилитација започнува по распадот на Југославија.

7. ВМРО (Обединета).

9. АСНОМ 1944 година.

Била македонска револуционерна организација, формирана врз основа на принципите на Мајскиот Манифест на ВМРО, под влијание на Балканската комунистичка федерација и со поддршка на Коминтерната и македонските комунисти. Нејзе и се приклучиле членовите на Илинденската организација, на бившата Серска група , на бившиот Емигрантски комунистички сојуз, бившата Македонската федера­тив­на организација и други прогресивни групи. Нејзини основачи и членови биле Димитар Влахов, Павел Шатев, Панко Брашнаров, Владимир Поп Томов, Методија Шаторов – Шарло, Ризо Ризов и други. ВМРО (Обединета) ја претставувала левицата во Македонското револуционерно движење. По завршувањето на Втората светска војна, поради своите национални ставови, најголем дел од овие дејци ќе завршат во затвор, на Голи Оток, дел ќе бидат убиени под сомнителни околности.

Одржано на 2 август 1944 година. На Првото заседание на АСНОМ е родена модерната македонска држава во составот на југословенската федерација. Донесени се неколку важни решенија кои ја дефинираат Македонија како рамноправна република во Југословенската федерација. Се одржале вкупно три заседанија на АСНОМ во периодот од 2 август 1944 до 16 април 1945 година. 10. 8 септември 1991 година. Македонскиот народ на референдум се изјасни за самостојна и независна македонска држава. Важен е фактот што Македонија единствена од другите југословенски републики, од заедничката држава излезе по пат на мирен начин, без војна. Следеа тешки времиња за младата македонска демократска држава. Меѓутоа, вољата и желбата за самостојна и независна држава беше поголема од сите проблеми. Република Македонија ги помина сите премрежја што ги носеше времето.


Ема Кушевска професија фотограф на сликарското Како вљубеник во уметноста, од мали нозе, со години своите емоции ги преточував платно. Потоа кистот го заменив со фото-апарат, љубов која ми је пренесе

мојата мајка уште во основно училиште, но последниве десетина години почнав многу повеќе да го надградувам своето основно познавање од фотографијата и професионално да се занимавам со неа. Оваа проблематика се учи цел живот - секогаш има нешто ново за учење, откривање, изразување. Мојата одлука да се преселам на брегот на нашето преубаво Охридско Езеро, уште повеќе ги зголемува моите пориви и мојата инспирација и не го оставам апаратот да мирува. Темите се неисцрпни, природата богата, секогаш со нова, поинаква убавина. Кога би ме прашале кое годишно време би го издвоила, навистина не би можела да се одлучам. Дали пролетта, со будење на животот; летото со убавините на езерото и мојот посебен предизвик - подводната фотографија; есента со богатството на бои или сино-белата слика на зимата. И флората и фауната ги сакам подеднакво, како и прекрасните пејзажи. Тука се запознавам со законите на природата, ја имам привилегијата да се „спријателам“ со живиот свет, нивниот ланец на исхрана, ги препознавам предвесниците на секое годишно време. Веројатно постои некаква интеракција меѓу нас, веројатно ја препознаваат мојата љубов и грижа кон природата, па многу често ми дозволуваат да им пријдам многу блиску, да направам уникатни фотографии. За објавување на целото мое фото-творештво се потребни најмалку три животи. Би сакала сите луѓе да минуваат повеќе време во природа, да уживаат во неа, а нашите ученици, од рана возраст да учат и осознаваат за неа преку сопствени искуства, во директен контакт. Ќе се изненадат колку сите живи суштества чувствуваат, имаат душа, колку се благородни и питоми, дури и оние за кои имаме предрасуди, за кои сме учеле или слушале дека се „опасни“. Значи, родители и наставници, водете ги што почесто вашите деца на настава во природа и научете ги да ја засакаат и фотографијата. Ема Кушевска















ИНТЕРВЈУ: Димитар Филиповски-скулптор


Одговорноста е потешка од физичката тешкотија. Постои одговорност при изработката на скулптури со историски контекст. Подеднакво внимателно приоѓав и кон анахронизмот на Цар Самоил, но и кај релативно кусата временска дистанца од годината на смртта на Ченто. 2. Несомнено при изработката на скулптурата на Методија Андонов - Ченто се имате послужено со фотографски материјал. Од каде го набавивте и дали можеби имавте помош од неговите потомци и институциите? Имав прекрасни и уникатни фотографии од Ченто и тоа од сите периоди на неговиот живот благодарејќи на неговиот син Илија Андонов. Навистина многу ми помогнаа. Дополнително, имав и материјали од Државниот архив. Димитар Филиповски е македонски скулптор, автор на поголем број на скулптури ширум Македонија. Средното уметничко училиште го завршува во Скопје каде што подоцна дипломира на Факултетот за ликовни уметности, на вајарски оддел, во класата на проф. Драган Попоски-Дада. По дипломирањето извесен период работи во студиото на академик Томе Серафимовски. Дел од скулптурите на Филиповски се: Дивокоза, Шмизла, Еееј, Заљубени, Цар Самoил, Методија Андонов - Ченто... Во 2004 година Филиповски ја добива наградата „Димо Тодоровски“ доделена од ДЛУМ, а од 2006 година работи како професор во Средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје. 1. Вие сте автор на модерни, но и на скулптури на историски личности. Која е тежината при изработката на првите, а која при изработката на оние вторите? Не постои тежина при изработка на скулптура. За мене тоа е доживување, приказна. Може некоја скулптура без оглед на нејзината тематика, само да ме мачи физички, доколку треба да моделирам клекнат или легнат во чудна позиција.

3. На повеќето фотографии, кои што можат да се видат во историските книги, Ченто е во униформа. Зошто вие како автор на неговиот споменик во Скопје одлучивте да го претставите во градска облека? Ченто никогаш не бил партизан. Не бил учесник во НОБ, во битки. Нема ни еден испукан куршум. За време на војната бил во логор, во Чучулигово, Бугарија. По војната Ченто на митинзите што се одржувале низ македонските градови каде што тој држел говори е облечен во граѓанска облека. И најважно од сè тој бил човек од народот. Не на партијата, не на војската. Сите ги мами онаа фотографија на Ченто во униформа која е направена во фото-студио и со одредена намена. Вистината е друга. Фотографиите кои ексклузивно ги добив говорат сè. 4. Дел од потомците на Ченто беа незадоволни од реализацијата на скулптурата на Ченто во Прилeп. Како регираа на вашата скулптура? Најголемата грутка од моето срце се симна во моментот кога синот на Ченто, Илија после неколку доаѓања во моето атеље обвиен со сериозност и силен, студиозен поглед, во еден момент ми рече: -Ајде сега да пиеме по една ракија... Го погоди! За мене тоа беше огромна сатисфакција. Подоцна кога и останатите роднини го видоа и им се допадна, јас прилично


се успокоив. Имав голем притисок самиот врз себе. 5. Означува ли можеби нешто симболично трупчето на скулптурата на Ченто или пак единствена причина за неговото поставување е стабилноста на самиот споменик? Тоа е единствено заради тоа што Италијаните инсистираа на него. 6. За скулпурата на Ченто сте можеле да користите фотографски материјал како би го претставиле поверодостојно, но што е со статуата на царот Самоил?

Користев она што можев да најдам и нормално својата фантазија. Имав доста материјал од разни автори. Јован Скилица би го издвоил како и црквата Св. Ахил во Преспа каде што е закопан Цар Самоил. 7. Како тече подготовката за изработка на една скулптура на историска личност? Претпоставувам дека не е доволно само да се погледнат негови фотогафии, туку и да се прочита нешто повеќе за неговиот живот како би се видело каква личност тој бил. Се разбира. Без читање не може да се дојде до сознанија, особено ако се работи за личност од која нема


фотографии или слики. Но, мислам дека најбитна улога има сенсот за создавање скулптура. 8. Освен за овие две дали можеби како скулптор се пријавивте на конкурсите од проектот Скопје 2014 за изработка на скулптури на други личности од македонската историја? Не можам да Ви дадам прецизен одговор. Едноставно, не се сеќавам на колку сè конкурси сум се пријавил. 9. Покрај вашите скулптури, според вас, кои други скулптури од проектот Скопје 2014 би ги издвоиле според нивната уметничка вредност и квалитетот на изработката? Сметам дека сите споменици се коректно изработени. Барем во занаетчискиот дел. За мене споменикот на Карпош е еден од најсветлите моменти во проектот 2014. Јас навистина се восхитувам на свежината и на поетиката на овој споменик, кој иако е копија на Аугустинчиќ сепак плени. 10. Постои ли можеби кај вас посебна желба за изработка на скулптура не некоја друга значајна личност од македонската историја? Да. Но, не на личност од револуционерното минато. Во мене гори желбата за изработка на 2-метарска скулптура на Јонче Христовски. Засега имам направено само 50 сантиметарска макета. Авторот на „Македонско девојче“ и многу други песни кои се душата на македонскиот народ заслужува да има свој паметник. Здравје...ќе бидам среќен доколку успеам во тоа во текот на следната година! Александар Стеванов


Трајче Јанчевски - Биографија Трајче Јанчевски е роден на 29 јануари 1928 год. во Куманово, во скромно семејство како трето дете. Неговиот татко Коста имал сопствена пекарница (во приземјето на семејната куќа) во која правел вкусни и убаво декорирани пецива, сомуни и леб, а мајка му Павлина била домаќинка. Топлината од пекарницата како да се пренесувала на некој магичен начин и на жителите во куќата. Во нивниот дом владееле љубовта, хуморот и семејната хармонија (која подоцна Јанчевски ја пренесува и во својот дом и на своето семејство, а сето тоа ќе се проткајува во неговото творештво си до денес). Ваквиот хармоничен живот придонесувал и ја поттикнувал креативноста на сите членови од семејството секој на свој начин, која родителите сесрдно ја поддржувале. Од најраното детство малиот Трајче го развива чувството за моделирање. Тие почетоци ќе се случат во пекарницата, каде што заедно со својот брат и сестрите ќе го учи татковиот занает. Со своите мали рачиња ќе го меси и обликува мекото тесто. Развојот на креативноста го продолжил цртајќи со ќумурчињата од печката на вреќите од брашно, што подоцна преминало во цртање

на посериозни цртежи и портрети. Неговите родители и посетителите на пекарницата биле воодушевени од неговата дарба и го поттикнувале да продолжи со цртањето, а ова дејствувало и многу мотивирачки на него. Пред Втората светска војна, кога само што го започнал своето школување, еден од семејните пријатели му подарил на татко му сандак полн со книги, што ја поттикнало неговата љубопитност за читање авантуристичка, уметничка, научна и класична литература. Сето тоа придонело за развој на неговата бујна фантазија и на авантуристичкиот дух. Прв и најголем впечаток му оставила книгата “Јуриш во вселената” од Пјер Мерин. Таа ќе му го отвори патот и ќе му ги разгори соништата за летањето, вселенските летала, крилјата (бидејки паралелно со сликарството тој имал и голема желба да биде пилот). Иако Јанчевски во својата најблиска околина важел за мирно и тивко дете, тој всушност во себе криел еден немирен дух. Во тие години ќе се здобие со прекарот Хари, според еден од јунаците на авантуристичките филмови, Хари Пил. Во овој период ги збогатува своите цртежи (акварели) во училиштето и со вонземни елементи.


Фасцинираноста од авантуристичката литература на Џек Лондон и Карл Мај го испровоцирала да почне да црта и егзотични предели, џунгли, прашуми, Амазон ... Веднаш по започнувањето на школувањето, неговата дарба била забележана од учителот по цртање Кирил Караџа, кој со текот на времето сè повеќе стекнувал доверба во него и го оставал да ги коригира цртежите на неговите соученици на часовите по ликовно воспитување. Во тоа време тој сè повеќе ги откривал тајните на “волшебниот” ковчег и дошол до книгите “Воскреснати богови” од Мерешковски, каде што за прв пат се среќава со големите ренесансни мајстори Леонардо, Микеланџело ... и со животот на Борџиите, Франсоа И ... Во него наоѓа и дела на повеќе класици : Балзак, Ги де Мопасан, Александар Дима, Достоевски, книга за животот на Рембрант ... што сè повеќе ја провоцирало неговата бујна фантазија и неговата

желба за самодокажување. Во училиштето веќе се прочуло за неговата дарба и управата се заинтересирала неговите творби да се врамат. Овие творби, изработени со темперни бои, им оставале голем впечаток и насоучениците така што една била украдена од некој што имал желба да црта (на што и ден денес тој се сеќава со големо задоволство). Големата поддршка што ја имал од неговите професори Кирил Караџа и Трајко Муфтински (сликар/ зограф) кулминирала кога професорот Караџа му предложил и им советувал на неговите родители да го прекине школувањето во петти клас (од тогашни осум) и да го пратат на приемен испит во Средното уметничко училиште во Скопје. Тој бил пресреќен, а неговите родители, иако не многу образовани и финансиски ситуирани, ја сфатиле сериозноста на овој предлог и значењето на образованието во тоа време. Така благородниот, но авантуристички настроен Јанчевски, пристигнал во Скопје (1945 г.) со едно писменце препорака од професорот Караџа до Никола Мартиновски, кој тогаш бил директор на Средното уметничко училиште. По пристигнувањето во училиштето веднаш почнал да црта портрет на приемниот испит кој требало да трае три дена. По неколку часа Мартиновски ја увидел неговата дарба и го ослободил од тридневното полагање, при што


го известил дека е примен во училиштето. Со оглед на тоа што доаѓал од друг град и немал каде да престојува, професорот го повикал служителот Антон и го замолил да се погрижи за неговото сместување. Добродушниот Антон, иако сиромашен, го зел во својот дом извесно време. Јанчевски бил фасциниран од помислата дека ќе учи од двајца големи мајстори какви што биле Мартиновски, кој му го предавал предметот портрет, и Личеновски (кој бил шеф на катедрата во тој период). Скромниот и тивок Јанчевски бил веднаш прифатен и од соучениците и од професорите. Со големо воодушевување се сеќава на своите професори кои се грижеле за него како за сопствено дете. За време на школувањето неговата дарба со помош на големите мајстори-учители почнала да се надоградува. Неговиот матурски труд “Акт” бил награден со парична награда од училиштето. Ова дејствувало многу мотивирачки на него. Мартиновски и Личеновски го издвоиле во групата

студенти на кои им дале дозвола да одат да студираат, бидејќи поради недостаток на кадри, во тоа време имало закон според кој сите што завршувале средно уметничко училиште морале да се вработат како предавачи во училиште.Така во 1949 година Јанчевски заминал во Белград со својот награден акт и веднаш бил примен на Академијата заедно со Петар Мазев, Јордан Грабуловски, Иван Велков ... Со пристигнувањето во овој велеград, тие се нашле во една сосема поинаква средина која во првите моменти кај нив предизвикала чувство на несигурност. Тоа било резултат на нивната младост и неискуство, но сето тоа набргу исчезнало бидејќи во Белград веќе живеел неговиот брат Јован кој работел како предавач во училиште за моделарство и изработка на чевли. Јанчевски почнува да се надоградува во сликарството благодарение на големите мајстори на академијата: Миленко Шербан, Павле Васиќ, Антон Хутер, Винко


Грдан, Иван Табаковиќ (акварел, цртеж), Ристо Стијовиќ (вајарство) ... Полекапочнува да навлегува и во боемските кругови благодарение на својата романтична душа, смисол за хумор, дарба за свирење гитара и за танцување. Професорите на Академијата, задоволни од неговата работа, му дозволиле паралелно да студира и на отсекот сценографија и на отсекот применета уметност. Во тоа време професорот Антон 5051 Хутер кој предавал вечерен акт ‡ го поставил за демонстратор на неговите предавања. Иако престојувал во Белград, тој не бил заборавен од своите професори од Скопје. Во една прилика, додека се одвивал часот по акт на кој биле присутни неговите белградски професори Шербан и Васиќ, ненадејно пристигнал професорот Личеновски, со цел да се распраша за напредокот на својот ученик. Васиќ и Шербан се изразиле најпофално за него, поради што Личеновски бил воодушевен, а пак Јанчевски пресреќен (особено поради тоа што Личеновски и неговата сопруга Зоја ги чувствувал како родители). Во 1954 година Јанчевски го завршува студирањето во Белград со десетка и се враќа во своето родно Куманово, преполн со ентузијазам, задоволен од успехот на Академијата и од убавиот

студентски живот. Тогаш ја запознава љубовта на својот живот, неговата муза и верна сопатничка - сопругата Даче. Љубовта што пламнала уште на првата средба, траела со истиот интензитет сè до крајот на нејзиниот живот. Во 1955 година се случиле две значајни работи во неговиот живот. Го назначуваат за професор по ликовно воспитание во Куманово и ја крунисува својата љубов со брак. Љубовта, топлината, хармонијата и хуморот кој во своето детство ги чувствувал во домот на своите родители, Јанчевски сега ги пренесува и во својот дом. Следната 1956 година се раѓа и плодот на нивната љубов, ќерката Светлана Цеце. Мотивиран и задоволен од приватниот живот, тој се вклучува во повеќе активности. Тој е иницијатор на првата ликовна група во градот ‡ “Кумановци”, која подоцна се развила во ДЛУК, а тој ќе биде и нејзин прв претседател. Работел на реставрација на голем број икони и фрески во црквите низ Македонија (сè до средината на 60-тите): Св. Пантелејмон во Нерези, Св. Богородица и Св. Спас во с. Кучевиште, Св. Ѓорѓи во Старо Нагоричане, Св. Никола во с. Псача, Лесновски Манастир, Св. Софија во Охрид, Св. Никола Болнички во Охрид, Св. Јован Канео во Охрид (каде што, како раководител на екипата во 1963 година во црквата која веќе била сондирана, прв открива дел од живопис во куполата на главната апсида, еден ден пред катастрофалниот земјотрес, поради што веднаш се враќа во Скопје). За време на реставрирањето, младиот уметник бил маѓепсан од делата на старите мајстори. Во тој период многу често, заедно со Коста Балабанов, понесени од желбата за откривање на тајните на овие дела, по завршувањето на работниот ден, до доцна во ноќта (некогаш и цели ноќи) копирале детали или цели композиции, сè со цел да ја откријат техниката и магијата на колоритот на фреските и иконите. Во 1957 година, по барање на тогашното Министерство за просвета и култура, тој е назначен за сценограф во тогашниот Младинско-детски театар (денешен Драмски театар, каде што работи сè до пензионирањето во 1988 година). Поради вработувањето, следната 1958 година се сели со своето семејство во Скопје. Покрај редовните обврски во театарот (моделирање специфични кукли, правење сценографии, костими за претстави), тој продолжува со разновидни активности врзани за градот. За новогодишните празници




За новогодишните празници впечатливи биле неговите сценски претстави на приказни и бајки, цели детски гратчиња, што претставувало голема радост за најмалите. Сето тоа се случувало на Плоштадот во центарот на градот, повеќе години по ред. За време на студискиот престој во Париз (1964/65) тој се воодушевува од градот на светлината и од можноста да ги гледа во живо делата на старите мајстори, кои го фасцинирале уште од најрано детство. Неговата прва промоција во светската јавност е на Петтата интернационална изложба на современа уметност во Њу Делхи, каде што беше единствен претставник од Македонија меѓу големите светски имиња како Пикасо, Шагал, Руо, Брак, Леже, Поликов ... Оваа изложба која траеше една година, на секои три месеци беше презентирана во повеќе големи градови во Индија : Бомбај, Калкута ... Од тогаш па до денес, следат бројни признанија, награди, благодарници, пофалници кои и денес го мотивираат да работи со големо задоволство и ентузијазам во мирот и тишината на своето ателје. Тој и ден денес има чувство дека е недоискажан во своето творење. И во миговите кога го слика своето дело, во неговите мисли секогаш е зародишот за наредната слика. Светлана Јанчевска Монографија “60 години творештво”- С. Јанчевска 2009

www.trajcejancevski.mk



Монолози на празното време - Сања Бежовска Монолози на празното време (1) Сања Бежовска е родена на 11.09.1987 година во Скопје. Дипломиран економист на Економскиот факултет во Скопје при Универзитетот Св. Кирил и Методиј. Целиот свој живот пишува поезија и проза, но активно во последните четири години. Во ноември 2011 година за прв пат настапува на поетско читање во Дамар, а потоа и во емисијата „Свирачиња“ на радио Канал 103. Веќе наредната недела имаше радио емисија посветена на нејзината поезија и проза. Потоа следат поетските читања во Ла Кања, Менада, Поетското Маркукуле во Прилеп, Кафе Љубов, Парадокс кафе, Поетското читање на Асоцијацијата Јадро: Оправдано присутни и искуства на слободата,… Учествува и на конкурсот за печатење книга од ГЕМ Центарот во Менада со насловот „Приказни со почетоци и краеви“ а исто така и на работилницата за креативно пишување со професорот Ричард Беренгартен на ПЕН Центарот. При учеството на конкурсот за поезија по повод светскиот ден на книгата во 2011 во домот на културата „Илинден“ во Демир Хисар таа освојува специјална награда за песната „Нејзиното име е прегратка“. Најчеста инспирација и се љубовта, животот, луѓето,…Тагата, болката и разделбите..

Повторно ми натежнуваш. Не ќе е прв, не ќе е последен пат. Пишуванка, писмо, зборови... веќе не ги бројам. Немам што да бројам. Само празни денови нижам. Празни се како лушпи од бисери, како јатка без плод. Само утро и мрак, ден и ноќ се разликува само поради очиве, кои гледаат, а не здогледуваат нов почеток. И снегови не дочекаа, како кога се сретнавме, а одговори сеуште немам. До кога, кажи ми? До кога не ќе ги знам одговорите, а прашања се` повеќе? До кога ќе дозволиш да талкам по улиците и да пишувам тешки зборови, тешки вистини, тешки, претешки пранги за душава да ги понесе на некое наредно патување...? Зашто да не болат зборовите и оние сoмнежи и чуства длабоко закопани, но испливани на површина, само поради осаменоста и времето кое иако не чека, ги брои спомените наназад... *** Ми затрепери гласот кога читав за тебе. Ми затрепери душата кога одново ги доживеав сите наши моменти. Ме боли болката како што страста ја гори душата во моментот на дожиуввање. Пред толку многу луѓе гласот ме издаде, гласот ми затрепери, се доживеав повторно во моментот на создавање на болката и едвај преживеав на сцена. Умрев пред другите. Сите ја почуствуваа смртта во мојот глас, смрт без спас, само смрт, само жега во градиве и темнина од сиви облаци. Голтнав жар на живо, го ставив врел под јазикот, го проматкав низ устата и го голтнав. Ми застана во грлото. Ме гушеше. Умирав. А сите и` аплаудираа на мојата свечена смрт. Умрев пред сите за тебе. Одамна не сум починала така. Да можев да се струполам на земи, да се претворев камена плоча, едно единство со мермерот. Да можев. Морав да се поклонам пред мојата публика, мртва за сите во потрага по слободата. Пеперутките немаа крила. Им се исушија. Папрат сторени, гореа во мигот каде сите останати имаа лица воодушевени од метафората за раѓањето, слободата


и животот, токму на нив, пеперутките. А тие мртви, како и јас. *** Не плаши се од заборав. Ваквите љубови остануваат навек заклучени во сегашноста, не даваат мир ниту на живи, ниту на умрени. Ваквите љубови секогаш, секаде создавале приказни, романи... Сме живееле многу пред нашето време, ќе умираме долго после нас, но никогаш не ќе заборавиме. Знам дека барам премногу. За тебе премногу, за мене - само секунда мир, кој нема да го добијам. Ова е фарса претворена во живот. Така те чуствувавм. Живеам. Се смеам. Усниве љубат други, а болат сите бакнежи. Заробени нежности не се нежности. Мртво студенило не е среќа. Мртвите неможат да ти дадат ништо, неможат да ти земат ништо. Можат само да бидат оплакувани. Можат да убијат други само затоа што тие се мртви.

Монолози на празното време (2)

Ова не е човекот во кој се заљубив. Ова не е времето во кое те љубев. Ова не е времето на вечни сонца и галаксии. Ова е невреме. Нечовек. Непостоење. Негирана негација на едно постоење. Ти не си повеќе тоа што беше. Ти не си светлина која зрачеше. Ти не си драма од неколку чина. Ти си театар. Маска. Налудничаво, блудно, забрането овошје. Оган. Ми ги изгоре сите страсти. Ми ги пеплоса сите насмевки. Ме испразни како да сум шаржер од веќе неупотреблив пиштол. Пукај. До крај испукај ги сите чаури. Убиј ме. Стојам пред тебе дојдена по одговорите. Пукај директно во срцето. Ќе издржиме се`. Убиј ме! да не дишам повеќе во оваа празнина. *** Најлесно е да умреш, наместо да преживееш. Најлесно е да убиеш, наместо да се соочиш. Најлесно е да избегаш, наместо да гледаш распаѓања. Најлесно. Најтешко. Што е она што тебе ти е најлесно, а што е она што ти е најтешко?. Не е ова прашање. Имам неколку одговори, повеќе би рекла заклучоци. Разубеди ме. Да

не мислам дека можеби грешам. Најтешко и најлесно ти паѓа сопствениот успех. Неговото одржување. Неговото создавање и oдржлив раст на сопственото его. *Луѓето создаваат луѓе. Луѓето создаваат его. Луѓето го хранат егото. Луѓето што се вљубеници во одредено создавање го хранат растот на човекот и егото и создаваат видни луѓе во општеството. Луѓето создаваат слика на она што сакаат да го видат. Луѓето создаваат слика на она што не постои во другите, но сакаат да им биде. Ете така, сакаат сликата да им биде близу срцето, да си ја галат, да си ја величат, да си уживаат во неа... хранејќи го вечниот гладник. Таква е човековата природа. Проста праволиниска функција: лични квалитети помножени со возбуда на публиката = напумпано его ака атомска бомба. Разорна дефиниција при секое нуклеарно нарушување на атомите во јадрото. *** Еј, врати се овде. Овде сме само ние. Ти. Јас. Без театралности, те молам. Без драми, сцени, инсталации. Ние сме сосема обични смртници. Јадеме од истатат чинија на тајната вечера. Пиеме од истото вино, јас од твоите усни, ти од моите. Имаме стар лист папирус, неколку капки мастило и милион некажани зборови. Истата крв ни тече низ вените. Во истиот век живееме, моето постоење, за бројот на месецот на раѓањето, помало од твоето. Но, тоа не ме прави нималку помала од тебе. *** Ама знаеш, луѓе сме. Луѓето создаваат слика на она што сакаат да го видат. Луѓето создаваат слика на она што не постои во другите, но сакаат да им биде. Ете така, сакаат сликата да им биде близу срцето, да си ја галат, да си ја величат, да си уживаат во неа. Сања Бежовска




Сон и допир Понекогаш Си мислам Допирот сум јас Сонот си ти Заедно сме Несекојдневна Лудост заробена Во чаша црвено вино (Пред спиење) Наскоро Ќе си заминам Несонуван Во удолу длабоко Ти остануваш Недопрена Во угоре високо Ти се јавувам Со пишан збор Бидејќи не му верувам На својот глас Тој е мојот Верен предавник Полн со неискажани Мисли и вешто Скриена тага На маргините На секогаш друга тема Меѓу нас останува Само невидување До следната здравица Со чаша црвено вино Владо Јаневски


Песна за Илино Паѓа ноќ. Притаен шепот разнесува. Ѕвезди рој ,продупчиле небо, чинам му притежнале, и тоа жално над ридови се наведнало. Со илјадници мириси, душа ми опива, ветер понесен од незнани падини, туку така занесен, онака разигран. Убавината низ мечти ти ја замислувам, во ноќи бессони, слушам ме повикуваш, име смело ми прозиваш. На падини твои,чинам, денот се раѓа и умира. Таму ги пронаоѓам сите почетоци на крајот, ги среќавам сите твои потомци и предци, се запознавам со несреќните љубови на каменот и реката. Tајно низ совршени стихови те барам, те творам и гаам со зборови и слогови и потајно те зачувувам меѓу нив. И чинам, часови и минути не постојат во Илино времето како да запрело. Се зашеметило, и престанало да чекори. Денот се буди, и сите копнежи и страсти со него се пробудиле. Сите сетила и искри се расониле, и патот се чини краток тогаш кога љубовта е бескрајна. Милица Пашовска


Еден момент По четврт пат се наоѓаше во истата просторија – и тоа поради истата причина како и претходните три пати. Ништо не се имаше сменато од првиот пат кога беше тука. Истото светло, кое на секоја минута почнуваше да трепка доволно долго за да го иритира нервозниот чекач. Истата бледо-жолта фасада која сосема малку, но доволно силно да биде неподносливо, мирисаше на мувла можеби затоа што сега веќе беше распукана и имаше две големи дамки од влага на двата ќоша. Дури и стариот крцкав кревет беше тука, заедно со сега веќе застарената опрема веднаш до него. А и истите луѓе беа присутни во собата, двајца мажи, една жена, и неговата прекрасна невеста. Сега веќе се беше навикнал на врескањето на неговата жена и не се грижеше многу за болката која таа ја чувствуваше. Знаеше дека набрзо сè ќе биде готово. Дури и вообичаените навреди и пцовки упатени на негова сметка, сега не го повредуваа и не ги сфаќаше лично. Тие беа дел од процесот. Единственото нешто што беше променато беше самиот тој. Наместо веднаш до креветот сега беше застанал до прозорецот. Всушност тогаш и забележа дека тргнатите темно зелени завеси беа истите тие кои го покриваа прозорецот минатите три пати. Овај пат изгледаа почисти од претходно. За разлика од претходните пати, овој пат врнеше снег. Се загледа во крупните снегулки кои се брзаа да го допрат тротоарот пред зградата. Тротоарот беше покриен со снег, дури и трагите кои тој ги направи одејќи по него до влезот сега веќе не се познаваа. „Зарем помина толку долго? Или пак паѓа премногу снег?“ се запраша себе си. Тогаш повторно погледот го упати кон снегулките. Како да сакаше нив да им ја каже својата мака, но тие не беа спремни да слушаат некој давеж кој ќе ги гњави со неговите проблеми и брзаа да го одминат. Неговиот поглед не беше оној весел и среќен како на почетокот. Отсутно гледаше низ прозорецот. Тагата јасно се оцртуваше во неговите очи и покрај тоа што очните капаци ги имаа затскриено на пола. Во нив немаше повеќе сјај, немаше ниту најмала искра. Неговото чело беше збрчкано како она

на најголемиот мислител на светот, но само затоа што премногу грижи беа натежнале на него. Усните му беа суви и испукани –во последните неколку месеци од како ја доби веста сите грижи ги потопуваше со вино. Уште еден сведок за тоа и неговата истоштеност беа темните подочњаци. На прозорецот го бараше одразот на оној весел, енергичен, полн со живот човек, кој се радуваше на секоја мала ситница. Оној оптимист чија рефлексија ја виде во прозорецот првиот пат кога беше во собата. Но него го немаше, можеше да види само човек кој е победен од секојдневните грижи. А сега, денес, во овој момент, тие ќе бидат уште поголеми. Неговото двократно работење повеќе нема да обезбеди доволно храна за сите. Сега ќе мора да ги жртвува и најмалите желби и соништа кои му беа останале, за доброто на семејството. Не ќе може да си ја купи јакната за која штедеше цела година. Со истите износени алишта, низ кои студот без проблем продираше до неговите коски, ќе мора да ги помине и двете смени во ладниот, просторен погон на фабриката. Повеќе не ќе може да ужива во слободното време кое го поминуваше со своите три деца за време на викендите. Нема да може да одат на сладолед во најдобрата слаткарница во градот, ниту пак да ги купи ветените нови книги и сликовници. Повторно ќе мора да бара користени. Помисли и на сопствени „луксузи“ што му беа останати, саботното пладневно кафе со пријателите, спортските вечери со пиво и кикирики, одењето во кино еднаш месечно. Вечерва се збогуваше со сето тоа и затоа беше тажен. Го проколна денот пред не цели девет месеци, кога реши дека може да продолжат без „заштита“ затоа што не сакаше да ја расипи атмосферата. „Ќе го извадам навреме. Будала!!!“ –помисли во себе. - Две здрави машки близначиња господине. –рече еден од докторите држејќи ги бебињата в раце, упатувајќи се кон него. – Вие сигурно сте најсреќниот човек на светот. „Најсреќниот човек… Ха, жими газов.“ –помисли прифаќајќи ги бебињата во своите раце, упатувајќи му кисела насмевка на докторот. Потоа се наведна и се огледа себе си во нивните блескави, невини очиња. Беа гласни и


бучни, но сепак толку бескрајно мили. Не можеше повеќе да го задржи очајот и се насмевна искрено. Неговите мисли престанаа, препуштајќи се на нежноста на моментот. Се почувствува како да се топи, како повеќе да не е во светот во кој беше пред само неколку секунди. Ги сопре солзите кои почнаа да виреат во неговите очи од среќа. Тој беше мажиште и немаше да плачи пред соба полна со луѓе. Инстиктивно ги допре кревките, мали рачиња, прво на едното, а потоа и на другото бебе, при што второто силно го стегна неговиот показалец со неговите ситни дланки. И тогаш не можеше повеќе да ги задржи солзите. Во тој момент, барем на кратко беше целосно безгрижен и сфати дека тој навистина е најсреќниот човек на светот. Јордан Коцевски


Птичарење Интересот за птиците кај човекот постои отсекогаш. Нивната убавина, необичните шарени пердуви, вклопеноста во природата, пеењето и чрчорењето пријатно за слушање, а особено способноста за летање се причините поради кои им се воодушевуваме. Во светот, хобито наречено „птичарење“ се појавува во XVIII, односно XIX век. Првичниот интерес во XVIII век бил поттикнат од престиж, кога богати колекционери ги користеле своите контакти да добијат примероци од целиот свет. Во почетокот тоа биле колекции од јајца и предуви, подоцна и кожи, додека при крајот на XIX век повикот за заштита на птиците започнал да води кон популаризирање на набљудувањето живи птици. Терминот „набљудување птици“ за првпат се појавил како наслов на книгата „Набљудување птици“ од Едмунд Селоус, но бидејќи тој можел да се протолкува и како „лов на птици“, во 1918 година бил заменет со терминот „птичарење“. Денес, двата термина се употребуваат синонимно, но повеќето учесници го претпочитаат терминот „птичарење“, бидејќи не го исклучува слушниот аспект, како и затоа што нема негативни конотации. Во минатото, од птиците бил фасциниран големиот Леонардо да Винчи. Тој често го проучувал нивниот лет за да може да направи направа за летање. Моцарт, пак, на блискиот пазар купил сколовранец кој испеал негова мелодија што сè уште не била никаде изведувана (веројатно слушајќи ја додека ја компонирал). Толку се приврзал до своето милениче, што кога починало му приредил специјален погреб. Бетовен, почетокот на својата најпозната Деветта симфонија ја напишал инспириран од пеењето на жолтогрлата стрнарка. Додека во светот, со векови наназад, голем број научници ги набљудуваат, проучуваат, класифицираат и систематизираат родовите, видовите и подвидовите птици, a птичарите патуваат и уживаат во „ловот“ со двоглед на секој нов вид; ние во Македонија речиси и не погледнуваме нагоре кон паралелниот свет на тие прекрасни суштества птиците! Велам, паралелен свет, зашто тие се тука - покрај

нас, секаде околу нас. Тие ја разубавуваат природата, милозвучно пеат и најчесто се корисни во уништувањето на штетните инсекти, а ние и не сме свесни за нивното присуство. За жал, во Македонија има многу малку литература за птиците, но благодарение на проектот Википедија во нашето училиште, учениците од СГГУ „Здравко Цветковски“ под менторство на професорката Билјана Богданоска ги преведоа и адаптираа статиите за сите видови птици во Македонија. Така, покрај едноставното сознание за присуство на десетина вида птици кои често ги среќаваме: врапчиња, ластовички, чавки, гулаби, штркови, патки, јастреби, косови; сега може да се запознаеме со сите 330 вида птици во Македонија. Односно, со шеесетината различни фамилии во кои има по неколку вида. На пример, во фамилијата ластовици има пет различни вида: брегова, карпеста, селска, даурска и градска, секоја различна, секоја со свои посебности. Најчесто ја среќаваме градската, и не знаеме дека бреговата ластовичка гнезди во големи колонии, во дупки на земјени брегови крај езера и реки; дека карпестата живее на карпи и во пештери; дека даурската има црвен лик и врат; и дека селската има металносина боја и многу изразена чаталеста опашка. Дел од сите овие 330 вида птици се размножуваат кај нас, а зимно време одат на југ, но голем дел остануваат преку целата година. Има и такви кои доаѓаат од Сибир да зимуваат во Македонија, но и такви што само минуваат и се одмараат тука на патот кон Африка. Кај нас има што да се види. Прекрасни се чапјите што живеат во мочуриштата и крај езерата, интересни се и кормораните кои сè уште се користат за риболов во дојранско, импозантни се пеликаните во преспанско, галебите и рибарките во охридско и многубројните патки, лебеди и шатки по езерата, штрковите со седалата по бандерите, јастребите, ејите, орлите, соколите, мршојадците што надлетуваат по прериите, шарените клукајдрвци по старите шуми, чучурлигите и стрнарките по нивите, елегантните тресиопашки по калливите патчиња,


музикалните дроздови по градовите, селата и планините, враните по игралиштата, сврачињата исперчени на некоја висока гранка, многубројните разновидни трскарчиња, грмушарчиња, муварчиња, сипки и врапчиња насекаде. Нема подобар одмор по напорна работна недела од прошетка во природа и птичарење. Успехот да се „улови“ со поглед (уште подобро со двоглед, фото-апарат или камера) некоја птица причинува огромно задоволство. Потребна е само желба, а знаењето и познавањето на птиците, нивниот облик, боја и звук што го испуштаат, ќе се здобива постепено. Многу брзо се стекнува распознавањето на разните песни, на специфичниот лет, на карактеристичните места каде што се движат и живеат. И откако еднаш ќе влезете во паралелниот свет на птиците, со задоволство засекогаш ќе останете таму. Птичарењето како хоби е многу популарно низ светот. Птичарите во САД, 2001 година потрошиле речиси 32 милијарди долари, а во Турција, на езерото Куш, привлечени се птичари кои трошеле над еден милион долари годишно. Турите за набљудување птици со водич се голем бизнис, а просечно патување во помалку развиена земја чини околу 4000 долари за човек. Македонија би можела да биде добра птичарска дестинација. Имаме одлични предуслови, особено крај Преспанското Езеро. Таму веќе постои птичјиот резерват Езерани, и со малку труд и не многу големи инвестиции, би можел да се поткрене, речиси изумрениот туризам во Отешево и околината. На Дојранското Езеро, исто така, а за љубителите на недопрената природа идеален е резерватот Јасен, кој веќе нуди разновидни посетителски тури, во кои може да се вметне и птичарењето. Билјана Богданоска


Иван Хаџи Николов македонски револуционер 18611934 ( портрет карикатура, молив во боја на хартија Никола Анѓелкоски


Мавровска и галичка носија, Македонија


Икони од Македонија

Воскресението Христово, 1887 година, зограф Димитар Андонов Папрадишки. Подарок на Музејот на Македонија од авторот во 1946 година.


Св. Никола со житието, прва четвртина на XVII век, непознато потекло, Музеј на Македонија.


Овде можете да ги прочитате сите претх

Секоја од насловните страници претставува линк до содржи


ходни изданија на Македонска ризница

ината на соодветниот изминат број на Македонска ризница


Мoжете: да споделите – да умножувате, дистрибуирате, јавно да го прикажувате или јавно дигитално да го прикажувате делото. Под следните услови: Наведи извор — Морате да го наведете изворот на ист начин како што тоа го направил авторот или давателот на лиценцата (но не на начин кој би сугерирал дека тие ве поддржуваат вас или вашето дело). Некомерцијално — Не смеете да го користите ова дело за комерцијални цели. Без адаптирани дела. — Не смеете да го промените, трансформирате или да го адаптирате ова дело. Е-ПОШТА: makedonska.riznica@yahoo.com


Медиумски покровители:


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.