ГЛОБАЛНА ЗАШТИТА НА ЗЕМЈАТА

Page 13

стратосферата нема вертикални, туку само хоризонтални струења на воздухот. Над стратосферата, исто како и во претходниот случај со тропосферата има еден преоден слој на атмосферата со дебелина околу 5 километри кој е наречен стратопауза. По завршувањето на стратопаузата започнува атмосферскиот слој познат под името мезосфера кој се наоѓа до висина од 80 километри над земјината површина. Во овој слој температурата повторно значително се намалува и се приближува до 1800 К (околу – 900 С). Потоа следи слојот на мезопаузата со дебелина околу 5 километри. На висина од 85 до 500 километри се наоѓа слојот на термосферата во која температурата нагло се зголемува со порастот на висината. Така на пример на висина од 200 километри над земјината површина температурата има вредност од 1 3000 К. Основна карактеристика на овој слој на атмосферата е што има големи температурни разлики во текот на денот и ноќта, кои достигнуваат и 1 000 келвинови степени. По слојот на термосферата следи слојот кој е познат под името егзосфера чија горна граница не може прецизно да се определи. Во овој надворешен слој на атмосферата температурата има вредност од околу 1 8000 К. Со порастот на висината над земјината површина, покрај температурата, по правило се мениуваат и притисокот, концентрацијата и составот на атмосферата. Така на пример, на висина од 8 километри притисокот е помал за трипати, а на висина од 100 километри притисокот е помал за милион пати од познатиот притисок на ниво на морската површина. На висина до 120 километри азотот сè уште е во молекуларна состојба, за разлика од кислородот кој на

таа висина е атомизиран. Со оддалечување од земјината површина брзо се менува и концентрацијата на молекулите и атомите во единица волумен, или со други зборови,

густината на атмосферата. На пример на висина од 400 до 500 километри концентрацијата на молекули во единица волумен на атмосферата е за 1011 пати помала од концентрaцијата на молекулите во единица волумен на ниво на морската површина, а атмосферата речиси целосно е составена од кислород. Со порастот на висината составот на атмосферата се менува. Така на пример на висина од 700 километри атмосферата се состои само од водород и хелиум чија концентрaција постојано се намалува, за да на висина од 1 000 километри во еден кубен сантиметар има само 300 000 молекули и атоми, што за споредба е сто илјади милијарди пати помала концентрaција во истиот волумен на атмосфератa на ниво на морската површина. Надворешните слоеви на атмосферата не формираат некоја јасно дефинирана граница. Над 1 000 километри атмосферата се состои од водород и може да се рече дека Земјата има водородна корона со пречник од неколку земјини радиуси.

13


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.