Карпош Урбан бр.61

Page 1

Весник на локалната самоуправа септември 2017 • бр. 61 • година 8

ПРВАЧИЊА, СРЕЌНО!


Кон крајот на август започна со работа темелно реновираната детска градинка „Бумбарче“ која се наоѓа во урбаната заедница „Кузман Јосифовски – Питу“, во населбата Козле. Станува збор за нов предучилишен објект - „клон“ на градинката „Пролет“, кој е заедничка инвестиција на Општината Карпош и Министерството за труд и социјална политика. Притоа, Општината инвестираше во уредувањето на партерниот простор, додека Министерството за труд и социјална политика

НОВА ГРАДИНКА ЗА МАЛИТЕ БАРДОВЧАНИ

Со поставување на камен-темелник, на 13 септември, свечено беше најавена изградбата на новата детска градинка во населбата Бардовци. Оваа претшколска установа ќе биде лоцирана во рамките на училишниот двор на ООУ „Аврам Писевски“ и ќе зафаќа површина од 521 м2. Вкупната вредност за изградба на овој капитален објект изнесува близу 24.000.000 денари, од кои 7.300.000 денари се обезбедени од ИПА-програмата за општински рурални инвестиции, преку Министерството за финансии на Република Македонија. Останатите средства, односно 16.700.000 денари од својот буџет ги обезбеди Општина Карпош. Изведувач на градежните работи ќе биде фирмата „Конструктор“.

ВО ФОКУСОТ

„БУМБАРЧЕ“ – НОВА РАДОСТ ЗА ДЕЧИЊАТА ОД КАРПОШ

Градинката која треба да биде изградена за една година, функционално е организирана како симетричен објект со два тракта, со вкупно четири занимални, заеднички гардероби и тоалети. Ентериерот во целиот објект е според сите важечки градежни и архитектонски норми. Објектот ќе има капацитет да згрижи 78 деца на возраст од две до шест години, а малите бардовчани според возраста ќе бидат распоредени во четири возрасни групи. Од Општината потсетија дека ова е единаесетти објект кој го гради локалната самоуправа и најавија дека догодина Општина Карпош ќе продолжи со изградба на детски градинки во населбите Злокуќани, Нерези и Влае 2. И.Ѓ.

вложи средства за реновирање на внатрешноста на градинката. Ова е трета детска установа во населбата Козле, која ги згрижува најмалите карпошани од двете урбани заедници: „Кузман Јосифовски-Питу“ и „Пецо Божиновски-Кочо“, како и од Средно и Горно Нерези. Објектот зафаќа површина од 160 квадратни метри, и располога со капацитет за прием на 56 дечиња. Директорката на градинката „Пролет“ Вита Јаковлевска, изрази задоволство од проширувањето на капацитетите на детската установа, бидејќи секоја година има сè поголема заинтересираност од запишување на нови дечиња токму во оваа детска градинка. Таа напомена дека во овој клон ќе функционираат три занимални. Во две ќе бидат згрижени дечиња до двегодишна возраст, односно во т.н. група „јасли“, додека во една занимална ќе бидат згрижени деца од две до шестгодишна возраст. Б. Атанасоски

2

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 61 • СЕПТЕМВРИ 2017 • ОПШТИНА КАРПОШ

3


ВО ОВОЈ БРОЈ

МЕЃУНАРОДЕН ФОЛКЛОР ВО КАРПОШ

БЕСПЛАТНИ ИЗЛЕТИ ЗА ОСНОВЦИТЕ ОД КАРПОШ

16 21 23

СПОРТСКИТЕ УЧИЛИШНИ ИГРИ ВО КАРПОШ - МОЖАТ ДА ЗАПОЧНАТ

27

НОВИ 13 ДЕФЕКТОЛОЗИ ЗА УЧИЛИШТАТА ВО КАРПОШ

28

Издава Општина Карпош ул. Радика бр. 9 1000 Скопје, Р. Македонија тел.: 02 / 30-55-901 факс: 02 / 30-71-040 kontakt@karpos.gov.mk www.karpos.gov.mk

Главен и одговорен уредник Виолета Цветковска vikipr@karpos.gov.mk

Издавачки совет Стевчо Јакимовски Томе Груевски

Фотографија Ива Зафировска Амел Амед Игор Ѓуровски Петр Стојановски

Заменик -уредник Игор Ѓуровски igor.gjurovski@karpos.gov.mk

Редакција Игор Ѓуровски Мила Гавриловска Ива Зафировска Живко Трајановски Јоана Станиќ Благојче Атанасоски Лазар Дуковски

ВЕТЕНО-СТОРЕНО

КУЛТУРНО ОСВЕЖУВАЊЕ ВО КАРПОШ

Општина Карпош обезбеди 184 метри ребрест поцинкуван пластифициран лим и 31 метар рамен лим за индивидуалниот станбен објект на ул. Будимпештанска бр.18 во населбата Тафталиџе 2. На овој начин локалната самоуправа им помогна на жителите на оваа куќа да го заменат стариот азбестен покрив, со нов висококвалитетен покрив кој соодветствува со новите градежни стандарди. Сè повеќе граѓани на Општина Карпош се заинтересирани и учествуваат на повикот на локалната самоуправа за замена на азбестните покриви, со еколошки покриви кои се субвенционирани од страна на Општината. Локалната самоуправа и во иднина ќе издвојува финансиски средства од својот буџет за оваа намена. Б. А.

ЗАМЕНА НА АЗБЕСТНИ ПОКРИВИ ВО ТАФТАЛИЏЕ 2 Жителите на ул. Бањалучка бр. 13 (нас. Тафталиџе 2), ќе добијат нов покрив на својот индивидуален станбен објект во должина од 172 м2. Досегашните дотраени салонитни азбестни табли ќе бидат заменети со висококвалитетен бел ребрест лим, кој за нив го донираше Општина Карпош. Овој проект кој го реализира локалната самоуправа за поддршка на карпошани за менување на азбестните покриви на станбените објекти е единствен проект од ваков вид, не само во Македонија

туку и во Европа. Конкретно, набавката на новиот лим за оваа куќа ја чинеше Општина Карпош околу 75.000 денари. Оваа иницијатива е само уште еден доказ за извонредната соработка која функционира меѓу граѓаните и Општина Карпош. Новиот лим ги задоволува современите градежни стандарди, што во моментов се применуваат низ светот и затоа локалната самоуправа планира да ги замени сите азбестни покриви на своја територија до 2020 година. И.Ѓ.

Весник на локалната самоуправа септември 2017 • бр. 61 • година 8

Лектор Ангелина Николовска Технички уредник/ Графички дизајн Ивана Пендовска Вукашиновиќ

ПРВАЧИЊА, СРЕЌНО!

5


Општина Карпош целосно ја реконструираше улицата Иван Цанкар, заедно со нејзините осум краци. Инфраструктурниот зафат опфати асфалтирање на коловозот во вкупна должина од 673 метри, при што беа нивелирани шахтите и беа поставени нови рабници од двете страни на улицата, во должина од 1.570 метри. Локалната самоуправа за оваа инвестиција од својот буџет обезбеди околу 5.000.000 денари, а градежните работи ги изведуваше фирмата „Ексико“. Исто така, во овој дел од населбата Влае 1 се заменија преку 40 светилки, што значи дека овој реон е речиси целосно осветлен. Локалната самоуправа ќе изврши реконструкција на коловозот и рабниците на улицата Корушка, како и на улицата Вангел Дину. Во овој дел на општината Карпош, влаевчани добија нови коловози. Поточно станува збор за улиците Иван Цанкар со сите нејзини осум краци, вбројувајќи ги и улиците: Франц Месеснел, Франц Розман, Езерци, Гари, Ринхини и Петар Чаулев. Наскоро, Општина Карпош започнува со една сериозна градежна иницијатива, која опфаќа асфалтирање на 15 краци од улицата Франце Прешерн. И.Ѓ.

6

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 61 • СЕПТЕМВРИ 2017 • ОПШТИНА КАРПОШ

НОВИ ПАРКИНЗИ ЗА ЖИТЕЛИТЕ НА КОЗЛЕ

Жителите на населбата Козле добија нови паркиралишта. Станува збор за проект вреден 3.753.068 денари, финансиран од страна на локалната самоуправа, со кој партерно се поплочува паркинг-просторот на ул. Јуриј Гагарин бр. 6. Изведувач на градежните работи е фирмата „СМ Компани“, а паркингот зафаќа вкупна должина од 1.968 квадратни метри. Со комплетирањето на оваа инвестиција, од Министерството за економија до населбата Нерези, сите улици, рабници и тротоари се целосно реконструирани и реновирани, а атмосферската и фекалната канализација е заменета. Со тоа, сите обврски кои локалната самоуправа ги има кон граѓаните од овој дел на општина Карпош, целосно се реализирани.

ВЕТЕНО-СТОРЕНО

НОВ ЛИК НА УЛИЦАТА ИВАН ЦАНКАР ВО НАСЕЛБАТА ВЛАЕ 1

Локалната самоуправа ја презема оваа градежна иницијатива за да им овозможи на родителите кои ги носат своите деца во детската градинка „Пролет“ и основното училиште „Владо Тасевски“, прописно да ги паркираат автомобилите. Општина Карпош со сопствени средства го затвори атмосферскиот канал кој претходно се наоѓаше на ова место, иако тоа претставуваше обврска на Градот Скопје. Тој зафат чинеше околу 3.000.000 денари. По асфалтирањето на улицата, поплочени се паркинг-местата, а целокупната инвестиција на затворање на каналот, проектирање и асфалтирање на улицата, како и изградбата на овој паркинг-простор, ја чини локалната самоуправа околу 10.000.000 денари. Б.А.

7


ВЕТЕНО-СТОРЕНО

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕТСКИТЕ ИГРАЛИШТА НИЗ КАРПОШ Месецов, Општина Карпош интензивно ги реконструира детските игралишта кои се наоѓаат на нејзина територија. Овој пат, целосно беше обновено детското забавно катче кое се наоѓа помеѓу бул. Партизански одреди и ул. Волгоградска во населбата Карпош 4, каде што беа поставени нови тобогани, лулашки, клацкалки, заштитна ограда и други урбани реквизити. И.Ѓ.

8

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 61 • СЕПТЕМВРИ 2017 • ОПШТИНА КАРПОШ

ПОТПОРЕН ЅИД ЗА ПОГОЛЕМА БЕЗБЕДНОСТ НА ЖИТЕЛИТЕ ОД КОЗЛЕ Локалната самоуправа поставува потпорен ѕид и започна со пробивање на крак од улицата Ловќенска во населбата Козле. Потпорниот ѕид во должина од 45 метри кој се наоѓа во завршна фаза на изработка, треба да го реши 65-годишниот проблем со надојдените атмосферски води и свлечишта, со кој се соочуваат жителите од овој реон. Новопроектираната улица во должина од 70 метри, треба да им овозможи директен пристап на граѓаните до своите домови, a Општината ја презеде оваа активност, бидејќи со претходните урбанистички планови на неколку семејства, досега им беше оневозможен пристапот до сопствените парцели. Од безбедносни причини, потпорниот ѕид оди длабоко, дури до шест метри во

земја. Целокупната инвестиција заедно со поставување на потпорниот ѕид и асфалтирањето на улицата ја чини општината над четири милиони денари. Се работи за многу тежок терен со голема стрмнина и голема опасност за куќите кои се наоѓаат во овој дел од општината. За реализација на овој проект, Општина Карпош мораше да донесе нов коригиран детален урбанистички план, според кој се вцрта нов пристапен влез во корист за жителите од оваа локација. На овој начин локалната самоуправа ги коригираше недостатоците од стариот урбанистички план и на тој начин го реши горливиот проблем на граѓаните од овој реон, кои се соочуваат со него, дури од далечната 1965 година. И. Ѓуровски

9


ВЕТЕНО-СТОРЕНО

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕТСКАТА ГРАДИНКА „ОРЦЕ НИКОЛОВ“

Прв пат по 41 година, Општина Карпош ја реконструира детската градинка „Орце Николов“, која се наоѓа во населбата Карпош 4. Изградбата на овој објект датира од далечната 1976 година, па затоа локалната самоуправа во соработка со ЈОУДГ „Орце Николов“ презедоа иницијатива за менување на сите прозорци, ролетни, врати, подот и ентериерот во оваа предучилишна детска установа. За оваа инвестиција, Општина Карпош од својот буџет обезбеди парични средства во висина од 4.333.000 денари. Пред извесно време, интензивно се работеше и на реконструкција на делот од покривот на градинката, а во наредниот период следи реконструкција на фасадата на оваа градинка, односно поставување на нова термичка фасада. Заедно со оваа интервенција, висината на инвестицијата која ќе ја реализира Општина Карпош ќе достигне до 7.000.000 денари. Со тоа, најмладите карпошани ќе учат во урбани услови кои ги задоволуваат високите стандарди за престој во градинките. Локалната самоуправа планира наскоро да започне со реновирање на уште три предучилишни објекти кои се наоѓаат во населбите Тафталиџе 1 и Тафталиџе 2. И.Ѓ.

10

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 61 • СЕПТЕМВРИ 2017 • ОПШТИНА КАРПОШ

НОВО ОСВЕТЛУВАЊЕ ЗА ДЕТСКОТО КАТЧЕ ВО ТАФТАЛИЏЕ 1

Општина Карпош го осветли детското игралиште кое се наоѓа на улицата Букурешка, поставувајќи два електрични столба со 70-ватни светилки. На овој начин, локалната самоуправа се погрижи за најмалите карпошани да можат заедно со своите родители да се дружат, да се рекреираат и да го користат игралиштето во вечерните часови. Б.А.

11


Единствена причина за досегашниот застој на изградбата на овој верски храм беше спорот кој постоеше помеѓу Македонската православна црква – Oхридска архиепископија и Јавното претпријатие за управување со спортски објекти. По правосилната пресуда со која МПЦ-ОА го доби на владение земјиштето за градба, интензивно ќе се работи на изградба на сакралниот објект. Ктитор на изградбата на црквата е семејството Антиќ.

ВЕТЕНО-СТОРЕНО

ИНТЕНЗИВНО СЕ ГРАДИ ХРАМОТ „ХРИСТОС СПАСИТЕЛОТ“ По завршувањето на локалните избори, исто така и локалната самоуправа од Карпош ќе донира финансиски средства, бидејќи граѓаните на Карпош 3 и Карпош 4 со децении чекаа на конечна реализација на овој духовен храм. Локалната самоуправа предвидува изградба на верски храмови во населбата Влае пред Порта Влае и во населбата Козле кај споменикот на Кузман Јосифовски – Питу. Б.А.

ОБНОВЕНО ДЕТСКОТО ИГРАЛИШТЕ НА КЕЈОТ ВО КАРПОШ Општина Карпош изврши целосна реконструкција на детското игралиште во близина на Скејт паркот покрај кејот на реката Вардар. Игралиштето е целосно реконструирано и збогатено со разновидни детски реквизити, а најмалите карпошани ќе можат безбедно да го користат во деновите кои следат. Б.А.

12

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 61 • СЕПТЕМВРИ 2017 • ОПШТИНА КАРПОШ

13


ВЕТЕНО-СТОРЕНО

ФИНИШИРА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЧИЛИШТЕТО ВО ГОРНО НЕРЕЗИ

Почнувајќи од оваа учебна година, седум Албанчиња ќе следат настава во реновираниот училишен објект во селото Горно Нерези. Во консултација со месното население, Општина Карпош одлучи да не го руши старото основно училиште кое е изградено во далечната 1937 година, туку истото да го реновира целосно, зачувувајќи го автентичниот изглед. Оваа инвестиција ќе ја чини Општината околу 90.000 евра, а изведувач на градежните работи е фирмата „Мастеф“. Општина Карпош го реконструира ова училиште со сопствени финансиски средства и покрај тоа што обврската за реновирање и изградба на училишта е на Министерството за образование и наука.

14

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 61 • СЕПТЕМВРИ 2017 • ОПШТИНА КАРПОШ

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ИГРАЛИШТА ВО КАРПОШ 3

Локалната самоуправа досега инвестирала околу седум милиони евра за реконструкција на школските објекти кои се наоѓаат на нејзина територија. Градежните работи на училишниот објект започнаа подоцна, бидејќи Општината во тој период не беше во можност да распише јавна набавка за овој проект. Тогашните законски уредби предвидуваа запирање на сите тендерски постапки додека траеше изборниот процес, односно, додека не се формираше Влада. Меѓутоа, Општина Карпош вложува вонреден напор да се забрзаат градежните активности, при што се очекува наставата за учениците да започне кон крајот на овој месец. И.Ѓ.

15


„СО ЉУБОВ ЗА КАРПОШ“ На првата септемвриска вечер, насловена како „Пријателите на Карпош“ заврши годинешното јубилејно „Културно лето Карпош 2017“. Со искрени емоции за своите сограѓани пееја петмината карпошани: Ристо Самарџиев, Лидија Кочовска, Сузана Турунџиева, Гуру Харе и Џина Папас Џокси, на платото во ТЦ „Лептокарија“. Со магични рефрени тие ги пленија карпошани кои ги потпевнуваа нивните најпознати хитови. Тие создадоа незаборавна атмосфера, која ќе остане длабоко врежана во срцата на публиката, како и сите 18 вечери колку што траеше овој културен хепенинг во најурбаната општина во Скопје. За целиот овој период врвни естрадни ѕвезди, музичари, уметници, артисти, сликари им ги осмислуваа и исполнуваа вечерите на жителите на Карпош. Со прекрасна рецитал-изведба на народни песни од фолклорното македонско творештво настапи хорот „Серенада“. Ден потоа Анета Мицевска и групата „Молика“ ги пленија срцата на нашите сограѓани со прекрасната изведба на странски евергрини и македонски староградски песни. Со мистичните звуци на кавалот, тамбурата, гајдата и тапанот, настапи младиот скопски етносостав „Монистра“, а своја незаборавна вечер имаа и Антонија Гиговска и македонската музичка дива Лидија Кочовска. Своја вечер летово во Карпош имаа и реномираните македонски џезери, музичките виртуози „Мартин Ѓаконовски Трио“, придружувани од нежниот баритон-вокал на беспрекорниот Џон Илија Апелгрин, како и „полноќниот каубој“ Јаков Дренковски и мегапопуларните „Стринг форсис“. Раскошниот тенор на Вејчислав Поповски беше скапоцениот камен во круната на светските акварелисти на изложбата од собраните дела на уметниците кои учествуваа на осмиот Меѓународен акварелен симпозиум, кој го организираше Општина Карпош. Оваа традиционална ликовна манифестација се одржа од 21 до 31 август годинава, а на неа учествуваа реномирани акварелисти од Македонија, Франција, Романија, Бугарија, Германија, Индија, Велс и Белорусија. Музичката икона Тамара Тодевска во придружба на својот бенд го раздвижи Карпош во ритамот на своите најпопуларни хитови и успеа да ја собере најбројната публика во рамките на „Културното лето Карпош 2017“. Сите вечери на култура и забава во Карпош беа исполнети со публика до последното место. Од впечатливите лица на карпошани секоја вечер можеше јасно да се забележи дека тие биле дел од уште една прекрасна ноќ која како да повикуваше: „До видување до следното карпошево културно лето“. В.Ц.

Малите ѕвездички блеснаа во Карпош

Карпош пееше со Тамара и Лина

Серенади и наполитански песни

16

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 61 • СЕПТЕМВРИ 2017 • ОПШТИНА КАРПОШ

Карпош пееше со Тамара и Лина

Малите ѕвездички блеснаа во Карпош

КУЛТУРА

Заврши јубилејното Х-то „Културно лето Карпош 2017“

Евергрин вечер со Лидија Кочовска и Антонија Гиговска

„Силата на жиците одекна во Карпош“

Евергрин вечер со Лидија Кочовска и Антонија Гиговска

Серенади и наполитански песни

17


КУЛТУРА

Малите ѕвездички блеснаа во Карпош

Карпошани уживаа со Јаков Дренковски

Акварелен музички спектакал во Карпош

Со љубов од Карпош

Доза хумор и уметност за Карпошани

Карпош пееше со Тамара и Лина

Со љубов од Карпош

18

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 61 • СЕПТЕМВРИ 2017 • ОПШТИНА Етно вечерКАРПОШ во Карпош

Со љубов од Карпош

Концерт за паметење на Анета и група „Молика“

Серенади и наполитански песни

19


КУЛТУРА

АКВАРЕЛЕН МУЗИЧКИ СПЕКТАКЛ ВО КАРПОШ Прекрасни акварели нацртани од рацете на врвни уметници од Македонија и светот, вечерва го красеа платото на ТЦ Лептокарија. Во рамките на претпоследната вечер од „Културното лето Карпош-2017“, беше поставена изложба од собраните дела на уметниците кои учествуваа на осмиот Меѓународен акварелен симпозиум, кој го организираше Општина Карпош. Оваа традиционална ликовна манифестација се одржа од 21 до 31 август годинава, а на неа учествуваа реномирани акварелисти од Македонија, Франција, Романија, Бугарија, Германија, Индија, Велс и Белорусија. Овие десетина дена уметниците престојуваа во Општина Карпош, Охрид и Маврово, каде ги твореа своите дела инспирирани од убавините на нашата земја. За нивното учество на овој симпозиум, вечерва, претседателот на Комисијата за култура при Советот на Општина Карпош, Горан Михајлов, свечено им врачи благодарници.

20

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 61 • СЕПТЕМВРИ 2017 • ОПШТИНА КАРПОШ

МЕЃУНАРОДЕН ФОЛКЛОР ВО КАРПОШ Прекрасната атмосфера за љубителите на уметноста ја надополни раскошниот тенор на Вејчислав Поповски, кој на сцената настапи со изведба на бројни поп-хитови и евергрин песни од познати домашни и светски автори. Б.А.

Кон крајот на минатиот месец на плоштадот „Делфина“ во населбата Влае се одржа 38. Меѓународен студентски фолклорен фестивал. Оваа манифестација на која учествуваа културно-уметнички групи од земјава, од соседството и Европа, помина во организација на АКУД „Мирче Ацев“ и Општина Карпош. Локалната самоуправа секогаш вложувала во културата и уметноста, како значаен сегмент на општественото живеење, притоа промовирајќи го македонскиот етнофолклор. Пред карпошани со свои танци и традиционални ора се претставија и културно– уметничките друштва од соседна Бугарија и Полска, кои успеаја да ја презентираат својата автохтона етнокултурна традиција. Б.А.

21


Под покровителство на Општина Карпош, во организација на Детскиот ликовен центар, на 15 септември започна единаесеттата Меѓународна детска ликовна колонија „Св. Пантелејмон 2017“. Учениците од десетте основни училишта од општината Карпош, заедно со своите врсници од трите збратимени општини, Травник (БиХ), Тиват (Црна Гора) и Нови Београд (Србија), ја пренесоа на платно својата инспирација од преубавиот манастирски комплекс „Св. Пантелејмон“ (Горно Нерези) и „Македонско село“. На дводневната ликовна колонија учествуваат 30 основци кои во акрилна и комбинирана акварелна техника ќе ги изразат своите уметнички импресии од околните историски и традиционални куќи. Помошник-раководителката на Секторот за дејности од јавен интерес при Општина Карпош, Гордана СтојчевскаЗафировска ја поздрави оваа долгогодишна манифестација која е плод на пријателство и одлична соработка со збратимените општини во делот на културата и уметноста. На учесниците им беа доделени благодарници како награда за нивното учество на единаесеттата детска ликовна колонија „Св. Пантелејмон 2017“. И. Ѓуровски

БЕСПЛАТНИ ИЗЛЕТИ ЗА ОСНОВЦИТЕ ОД КАРПОШ Околу 365 ученици и 36 наставници од ООУ „Лазо Трповски“ утрото на 13 септември заминаа на бесплатен еднодневен есенски излет во излетничкото место во село Кучково. Со самиот почеток на новата учебна година, учениците од сите десет основни училишта од општината Карпош ќе одат на еднодневни излети на повеќе излетнички места на територија на град Скопје. Оваа активност локалната самоуправа ја спроведува со сопствени буџетски средства, како дел од програмскиот проект „Бесплатни излети за учениците од прво до седмо одделение“ - есен 2017. Оваа иницијатива се реализира во рамките на Програмата за образование при Општина Карпош за 2017 година. И.Ѓ.

КУЛТУРА

ПОДДРШКА ЗА ОСНОВЦИТЕ

22

ДЕТСКА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА НА ПАДИНИТЕ НА ВОДНО

23


СПАСУВАЧИТЕ ОД КАРПОШ НА ОБУКА ВО ЦРВЕНИОТ КРСТ - СТРУГА

Делегација од Општина Карпош на 22 август, положи свежо цвеќе на споменикот подигнат во чест на формирањето на првиот скопски партизански одред на бул. Илинден. По повик на Комунистичката партија на Југославија на 22 август 1941 година, партизанските востаници, го формирале скопскиот одред за борба против

Припадниците на Просторната единица за заштита и спасување на Општина Карпош, на 9 септември заминаа на петдневна обука и едукација во центарот за обука „Солферинo“ при Црвениот крст во Струга. Во рамките на обуката, спасувачкиот тим од Општина Карпош се стекна со нови теоретски и практични знаења за спасување на отворени и затворени води, справување и евакуација на населението при евентуални природни непогоди како на пример: земјотреси,

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 61 • СЕПТЕМВРИ 2017 • ОПШТИНА КАРПОШ

германскиот и бугарскиот фашистички окупатор. Партизанската борба, резултирала со формирање на македонска држава три години подоцна, на 2 август во 1944 година. Локалната самоуправа секоја година, достојно го одбележува овој исклучително значаен историски датум од антифашистичката борба на македонскиот народ. Б.А.

ВЕСТИ

24

КАРПОШ СЕ ПОКЛОНИ ПРЕД СПОМЕНИКОТ НА БОРЦИТЕ ОД СКОПСКИОТ ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД

урнатини, пожари и поплави. Професионалната обука ја реализираа неколку државни инструктори од Црвениот крст – Скопје и еден меѓународен инструктор кои го обучија стручниот тим од Карпош за делење на хуманитарна помош и укажување неодложна прва медицинска помош. Општина Карпош е единствена локална самоуправа во Република Македонија, која располага со сопствена Просторна единица за заштита и спасување. И.Ѓ.

25


СПОРТСКИТЕ УЧИЛИШНИ ИГРИ ВО КАРПОШ - МОЖАТ ДА ЗАПОЧНАТ

Финалниот дуел во фудбал на песок кој се одигра на терените на кејот на реката Вардар, помина во голема неизвесност, во кој основците од OOУ „Димо Хаџи Димов“ во пенал завршница ги совладаа своите ривали од ООУ „Братство“ со резултат 5:4. Натпреварот помина во динамична атмосфера со многу шанси на обете страни и израмнет резултат во постигнати голови (3:3). Сепак влаевчани беа поконцентрирани во изведбата на пенал ударите од белата точка, по што се промовираа во нови шампиони на училишниот фудбалски турнир на песок кој го организира Одделението за култура и спорт при Општина Карпош. Во борбата за третата позиција, фудбалерите од ООУ „Лазо Трповски“ беа поуспешни од своите соперници од ООУ „Јан Амос Коменски“, совладувајќи ги со резултат 2:1. Традиционалниот турнир во фудбал на песок се одржува по четврти пат, а во него учествуваат основците од десетте училишта од Општина Карпош.

Одбојкарките од ООУ „Владо Тасевски“ се победнички на турнирот во одбојка на песок, кој се одржа на теренот на СРЦ „Никола Карев“. Во финалето, тие ги совладаа врсничките од ООУ „Војдан Чернодрински“ со 2:1 во сетови. Вкупно осум училишта од територијата на општина Карпош се натпреваруваа на овој турнир кој се одржува традиционално, по четврти пат. Третото место го освоија ученичките од ООУ „Христијан Тодоровски–Карпош“, победувајќи ги одбојкарките од ООУ „Лазо Трповски“ со 2:0 во сетови.

СПОРТОРАМА

ШАМПИОНИТЕ И ШАМПИОНКИТЕ ОД СПОРТСКАТА ПЕСОЧНА АРЕНА

Во присуство на голем број ученици, наставници и спортски работници од сите основни училишта од Општина Карпош, на 18. септември во СЦ „Форца" свечено беа отворени училишните спортски игри. И оваа година, основците од Карпош ќе се натпреваруваат во фудбал, кошарка, ракомет, одбојка, тенис и шах. На овој начин, локалната самоуправа ги охрабрува момчињата и девојчињата активно да се занимаваат со спорт, се со цел, токму некој од нив, еден ден да прерасне во спортски репрезентативец кој ќе ги брани боите на Македонија. Најдобрите ученици-спортисти и оваа година ќе одат на наградно десет дневно патување во спортскиот камп „Скурас" во соседна Грција. На спортската манифестација присуствуваше и раководителот на одделението за култура и спорт при Општина Карпош, Патрик Поповски кој истакна дека, Општината ги организира овие спортски игри веќе деветта година по ред, и дека истите придонесуваат за поттикнување на спортскиот дух, како и за надоградување на талентот кај основците. Како што нагласи Поповски, Општина Карпош и градоначалникот Јакимовски, вложува во најдобрите карпошови спортисти, и истите ги мотивира и понатаму да продолжат професионално да се занимаваат со спорот. Најдобрите од нив добиваат спортски стипендии и наградни патувања во текот на летото, во соседните држави. Б.А.

Раководителот на Одделението за култура и спорт Патрик Поповски им додели пехари и медали на првите три најдобро пласирани тимови на фудбалскиот турнир на песок за момчиња и одбојкарскиот турнир на песок за девојчиња. Локалната самоуправа постојано вложува во развојот на спортот и не случајно, спортските тимови од училиштата во Карпош, освојувале бројни награди и медали на градски и државни натпреварувања. Б. Атанасоски

26

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 61 • СЕПТЕМВРИ 2017 • ОПШТИНА КАРПОШ

27


СПОРТОРАМА

Општина Карпош секогаш ги помагала, а и понатаму ќе ги помага талентираните спортисти и ученици. На свечената манифестација, во просториите на основното училиште „Братство“ во присуство на директори, ученици и родители беа доделени вкупно 57 стипендии за талентирани ученици и спортисти од кои 29 се наменети за талентираните ученици, додека 28 се за талентирани спортисти од училиштата кои се наоѓаат на територијата на локалната самоуправа. Со стипендирање на учениците и спортистите од училиштата во Карпош дополнително се стимулираат надарените талентираните млади жители на нашата Општина, со надеж дека еден ден овие деца

28

ќе бидат вистински амбасадори и промотори на нашата општина и видни професори, уметници,репрезентативци со кои ќе се гордееме сите. Б.А.

СТАРТУВАШЕ УЧЕБНАТА ГОДИНА ЗА МЛАДИТЕ КАРПОШАНИ

Звуците на училишното ѕвонче весело одекнаа во школските дворови низ Карпош и ги повикаа основците да дојдат на првиот училишен час, годинава. Кон школските клупи се упатија и љубопитните првачиња, кои за првпат ќе се запознаат со тајните на знаењето. По тој повод, учениците од ООУ „Петар Поп Арсов“ со свечена приредба, многу музика и театарски перформанс ги пречекаа најмалите соученици. Општина Карпош, токму за ова училиште обезбеди посебни дидактички средства и најсовремена компјутерска технологија, што значи дека ова е првото училиште на територија на локалната самоуправа која спроведува настава по најсовремените образовни методи. Општината продолжува со поддршка на учениците и во таа

насока, основците од прво до петто одделение ќе добиваат бесплатни ужинки, а сите ученици ќе посетуваат бесплатни еднодневни екскурзии. Покрај наградите и стипендиите кои ги добиваат основците, ова е уште еден дополнителен стимул, тие вредно и истрајно да учат и да се изградат во комплетни личности. Локалната самоуправа им приреди пријатно изненадување на првачињата, доделувајќи им информативно-едукативни боенки, кои за нив ги изработи Одделението за образование при Општина Карпош. Основците, како што велат тие – на пријателот на сите дечиња, градоначалникот Стевчо Јакимовски, му доделија благодарница за вложениот труд и несебичната помош за унапредување на наставно-образовниот процес. И. Ѓуровски

Општина Карпош во соработка со UNDP и Агенцијата за вработување на Република Македонија, како и со директорките на осум основни училишта од општината, потпиша Меморандум за реализација на проектот „Карпош за еднаквите во училиштата“. Станува збор за 13 дефектолози, стручни лица образовни и лични асистенти кои ќе бидат ангажирани со овој проект и ќе примаат месечен надоместок од 6.200,00 денари, додека Општината со свои финансиски средства ќе го покрива превозот за стручните лица. Проектот ќе се спроведе во период од 1 октомври 2017 година до 31 мај 2018 година, по што

ќе следува евалуација на истиот. Осум, од вкупно десет училишта кои се наоѓаат на територијата на локалната самоуправа ќе учествуваат во проектот изјави раководителката на Секторот за дејности од јавен интерес Анета Марковска-Илиевска. Основните училишта: „Братство“, „Владо Тасевски“, „Димо Хаџи Димов“, „Аврам Писевски“, „Јан Амос Коменски“, „Петар Поп Арсов“, „Лазо Трповски“ и „Вера Циривири –Трена“, се осумте училишта од oпштината Карпош кои го потпишаа меморандумот и ќе учествуваат во спроведувањето на овој проект. Б. А.

ОБРАЗОВАНИЕ

КАРПОШ ГИ СТИМУЛИРА ТАЛЕНТИТЕ

НОВИ 13 ДЕФЕКТОЛОЗИ ЗА УЧИЛИШТАТА ВО КАРПОШ

29


@branchebananche Ме остави на seen Гарант љупи пиперки

Општина Карпош: ДЕТСКА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА НА ПАДИНИТЕ НА ВОДНО

@guacha66moxxa -Не можам да дишам без тебе... -Јас на инхалатор ли ти личам бе?

Aneta Manchevska: Честитки... многу родители ќе задоволите, а воедно решавате голем проблем - се зголемува капацитетот за згрижување на нашите дечиња. Поздрав и само напред Општина Карпош Dijana Simjanovska: Gradonacalnikot sto ke kaze i sto e vozmozno da se napravi go pravi. Snezana Kuzmanoska: Kako i sekogash, reshenie za sekoja situacija... Neka raste natalitetot ima koj da gi zgrizi i kade.Bravo za gradonacalnikot Jakimovski, nezamenliv vo sekoj slucaj. Tatjana Talevska: Sekoja cest! Vprocem i toa lici na Gradonacalnikot Jakimovski, bidejki sekogas vetenoto bilo storeno, osobeno koga se odnesuva na mladata populacija vo Karpos.

Апликација за Android и iPhone, Стевчо Јакимовски/Stevco Jakimovski

КАРПОШ КОМУНИЦИРА

ПОСТАВУВАЊЕ КАМЕН ТЕМЕЛНИК НА НОВАТА ГРАДИНКА ВО НАСЕЛЕНОТО МЕСТО БАРДОВЦИ

10:20

Под покровителство на Општина Карпош, во организација на Детскиот ликовен центар, денеска започна единаесеттата Меѓународна детска ликовна колонија „Св. Пантелејмон- 2017". Vesna Mirkovska: Cestitki, bravo Jadranka Klisarova: Cestitki, ubava aktivnost. ООУ „ДИМО ХАЏИ ДИМОВ“ ПОБЕДНИЦИ НА ФУДБАЛСКИОТ ТУРНИР НА ПЕСОК

Денешниот финален меч во фудбал на песок кој се одигра на терените на кејот на реката Вардар, помина во голема неизвесност, во кој основците од „Димо Хаџи Димов“ во пенал завршница ги совладаа своите ривали од ООУ „Братство“ со резултат 5:4. Marija Krstevska: Bravo samo napred i mnogu pabedi ponatamu!!! БЕСПЛАТНИ ИЗЛЕТИ ЗА ОСНОВЦИТЕ ОД КАРПОШ

designed by Zee Que | designbolts.com

@vikohyeah Ако праиш добро со добро ќе ти се врати. Изглеа моето добро го фатиле лошите, го истепале и му ги зеле парите! @4_pilos Криза е кога после ручек у кафана ќе му кажеш на конобарот: -Дечко завиткај го ова шо остана...за кучето @glinenaa Како знаете дека е љубов? Можда е само некој гаден стомачен вирус @The__Zorro Сакам богата женска шо ќе ме вработи у фирмата на татко и да куцам текстови у ворд @marincencence Кога ќе застанеш да пиеш вода на фонтана обавезно има некој пред тебе што пие 5 минути, се замива, вади шампонот... @Shisharka Маж ко маж, ќе ги запомни имињата и броевите на сите фудбалери од пет лиги, ама годишнината ќе ја заборави. @trkaljofka Ја сам од времето кд тост сас шунку беше 25 денара

Околу 365 ученици и 36 наставници од ООУ „Лазо Трповски“ утринава заминаа на бесплатен еднодневен есенски излет во излетничкото место во с. Кучково. Nadica Mitevska: Секоја чест за идејата и реализацијата од страна на општината и градоначалникот, а дечињата среќни и насмеани! Marija Delevska: Bravo

И. З.

@4_pilos Ако мешаш алкохол ќе те боли глава, 1 ден. Ако мешаш бетон ќе те боли СВЕ, цела недела. Па ти бирај сеа... @trkaljofka Кој прв ќе га има iPhone X? - Шваљерка

@abeLejdibe Што работиш?! Информатичар, нема информација што не ја знам. @mnogufina Постојат два вида на луѓе на плажа 1. Излагај од вода да не се дерам народ да ме слуша 2. ИЗЛЕЗИ ОД ВОДА СЕА ЌЕ ГО ВИКНАМ ТАТКО ТИ, ИЗЛАГАЈ

TWITTER ХУМОР

30

Општина Карпош:

@IvoCmon Боље е двајца во единечен кревет него сам на брачен @neutralen_ - Мамо знаеш за ураганот Ирма? - Како да не знам, од твојата соба настана. @Vajldy Жена ко жена, ќе запомни што си кажал во кавгата од 2011 година, ама нема да запомни дека во вторник и среда од 20.45 има лига на шампиони. @trkaljofka Предлог јазик за тројазичност? - Кумановски @darkojovcevski1 - Имаш ли искуство во кујна? - Да - Што знаеш? - Знам да јадам @Shisharka_ -Мамо, имам симпатија. -Леле, колку години има? Од каде е? Што работи? Леле, треба влезнава врата да ја смениме, чеизот да го дополнам, леле... @darkojovcevski1 Во банка: - Дечко чекаш ред? - Не, чекам да ја пуштат Деспасито и да направиме кореографија.

И. З.

31


ЕНЕРГЕТИКА И ЕКОЛОГИЈА

HEATHER (CALLUNA VULGARIS) - ВРЕС

ЕКОБЛАГОДАРНИЦА ЗА ОПШТИНА КАРПОШ Двете друштва за управување со отпад во Македонија, „Нула отпад“ и „Пакомак“, му врачија благодарница на градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на свечената промоција на едукативната детска игра за селекција на отпад, насловена како „Грин гејм“ (GREEN GAME), која се одржа на почетокот на месецот во „Скопје сити мол“. Првиот човек на општината го доби ова признание за поддршката на локалната самоуправа во реализација на повеќе еколошки проекти, како и за особениот придонес на Општина Карпош во областа на заштитата и унапредувањето на животната средина. Во рамките на оваа манифестација присуствуваше и неговата екселенција, амбасадорот на Кралството Холандија, Ваутер Пломп, кој исто така доби благодарница за поддршка на еколошкиот проект „Грин гејм“. Екодруштвата „Нула отпад“ и „Пакомак“ ја организираат оваа игра, согласно потребата да се направи едукација на населението, пред сè започнувајќи од децата. Целта е најмладите да стекнат навика за редуцирање, селектирање и рециклирање на искористените батерии, акумулатори и отпадната електрична и електронска опрема. Играта претставува нов концепт, наедно и креативна едукација кај најмладите, кои што треба да го селектираат отпадот низ игра и забава. И.Ѓ.

Heather се препорачува на личности кои се толку преокупирани со себе и со сопствениот живот, со болести, со ситуации, што веќе не се способни да одржуваат врски со други личности, без разлика дали се работи за фамилија, пријатели или колеги. Овие личности имаат екстремна потреба да бидат во центарот на вниманието и секој разговор и тема ја префрлаат на себе, зборуваат само за себе и на тој начин другите бегаат од нив. Се чувствуваат изгубено кога се сами и затоа постојано бараат публика. Претеруваат во опис на секој симптом, ситуација, збиднувања, а од секоја ситница се прави голема и важна работа. Постои потреба да се говори, да се наметнува свое мислење, а тоа преминува во монолог во кој се опишуваат сопствените проблеми до детали, без да им дадат шанса на другите да дојдат до збор. Често зборуваат брзо и во близина на лицето на другите, а речиси секоја реченица им почнува со „јас“. Heather личностите не сакаат да бидат сами, но не ни забележуваат дека другите личности избегнуваат контакт со нив, бидејќи им е напорно само да слушаат туѓи проблеми, без интерес да се слушне туѓо друго мислење. Вообичаено се работи за личности кои во детството добивале многу малку внимание, често се оставани сами и не добиле доволно признанија, љубов и време. Од тој недостаток на позитивна емотивна енергија и препуштеност на самиот себе, личноста се обидува да им го привлече внимание на другите и со постојаната приказна за себе ќе добие чувство дека е присутна: слуша сè, други слушаат, значи тука е. Позитивниот потенцијал на капките „Heather“ е враќање на способноста за слушање на другите. Повторно може да им се помоге на други луѓе и се враќа разбирањето за проблемите на другите. Се разбира дека и другите луѓе имаат свои проблеми и потреба да зборуваат за нив, а не само да слушаат. Речиси секоја личност поминува барем еднаш во животот во heather состојба, кога е толку многу зафатена со својот проблем и има потреба и желба со другите да разговара за тоа. Со земање на препаратот, личноста почнува да го слуша соговорникот, да го разбира. Развива емпатија. Ги почитува другите. Почнува сама да се соочува со своите проблеми. Постигнува емоционална независност и нема повеќе страв од осаменост. Личностите во негативна heather состојба може да боледуваат од: астма, подждригнување, иритабилен колон, нехармоничен од, хипертензија, кожни болести, хипохондрија, вртоглавица, несоница, клаустрофобија, хистерија.

АЛТЕРНАТИВНА МЕДИЦИНА

32

Бахова цветна терапија

Јоана Станиќ

33


34

Влае 1

Нерези

Карпош 2

Влае 2

Владо Тасевски

Карпош 3

Тафталиџе 2

Кузман Јосифовски Питу

Карпош 4

Пецо Божиновски Кочо

Злокуќани

Телефон за контакт: 072/268-052 е-mail: karpos4@karpos.gov.mk Адреса: ул. Љубљанска бр.6

Телефон за контакт: 078/486-925 и 078/486-959 Телефон за контакт:078/486-923 е-mail: pecobozinovski@karpos.gov.mk е-mail: zlokukjani@karpos.gov.mk Адреса: ул.Стрезово бр.7 Адреса: ул.Скупи бб.

Тафталиџе 1

Одделение за месна самоуправа,

Бардовци

Телефон за контакт: 02/3068-754 и 078/486-929 Телефон за контакт: 072/268-053 е-mail: vlae1@karpos.gov.mk е-mail: karpos1@karpos.gov.mk Адреса: ул. Фјодор Достоевски бр. 2 Адреса: ул. Иван Аговски бр.2

ЗА МЕСЕЦ ОКТОМВРИ 2017 ОВЕН - Во овој период ќе ви се подобри финансиската состојба, па можете и да инвестирате во нови работи. Зделките ви се позитивно аспектирани. Во љубовта ќе имате особено поволен период, поминувајте повеќе време со саканата личност. Здравје: Oдлично, насочете ја енергијата кон фамилијата и пријателите. БИК - На работен план ќе ви цветаат рози и искористете го периодот за подобра соработка со колегите и за склучување на нови зделки. Љубовта ќе ви донесе голем број предизвици, можност за нови познанства. Здравје: Добро, но потребен ви е повеќе сон и поквалитетна храна. БЛИЗНАЦИ-Посебно плоден период доколку работите односи со јавност или продажба. Позитивни преговори и патувања, соработка со странци. Во љубовта ќе ви биде потребен простор само за себе, но потрудете се да му овозможите и доволно внимание и грижа на партнерот. Здравје: Посветете внимание, телото ви реагира затоа што сте под голем емоционален притисок. РАК - Напорен период во кој нема да знаете како да ги синхронизирате обврските. Ќе треба да донесете големи одлуки. Ќе ги подобрите односите со партнерот. Зголемениот стрес ќе влијае врз здравјето, затоа најдете време и да одморите. ЛАВ - Со партнерот ќе ви треба многу трпение и можно е заладување на односите. На работен план, нема да се одвиваат работите како што сте планирале, можно е доцнење на роковите за извршување на обврските. Напорната работа ќе се одрази на вашето здравје, спортувањето ќе ве релаксира. ДЕВИЦА - Во овој период покрај напорната работа која ќе вроди со плод, неопходно е да играте паметно и да направите баланс меѓу трошењето и штедењето, со вистински потези осигурана ви е финансиска добивка. Во љубовта повеќе компромис и

Карпош 1

внимание кон партнерот. Обидете се да се опуштите и да најдете активност која ќе ве ослободи од стресот и вратете си ја духовната рамнотежа. ВАГА - На работен план сите видови на комуникација ви носат успех. Во љубовта обидете се што повеќе да комуницирате со партнерот, тоа ќе ги подобри вашите односи. Можни се преговори за нови почетоци или ново работно место. Здравје: Одлично. СКОРПИЈА- Креативноста ќе ви биде изразена, искористете ја за подобрување на работењето. Периодот ќе ви донесе убави мигови со партнерот и подобро комуницирање. Здравје: Внесете повеќе витамини и чувајте се од настинки. СТРЕЛЕЦ - Изобилството на енергија кое ќе го имате ќе се прелее во сите сфери на вашиот живот. На работен план, многу контакти и позитивни успеси, а во љубовта незаборавни мигови со партнерот. Здравје: Добро, обезбедете си повеќе сон. ЈАРЕЦ - Нема да бидете задоволни од работните резултати. Тешко ќе успевате да ги завршите обврските кои имаат рокови. Партнерот нема да има многу слух за вашата премореност, па најдете време да му се посветите и нему. Здравјето чувствително, работете на профилакса. ВОДОЛИЈА - Во работата ќе имате предизвици и не ги сфаќајте работите лично, исклучете ги емоциите. Љубовта ви носи предизвици, нови познанства и интересни мигови во двојка. Здравјето добро, но сепак потрудете се стресот да не ве совлада. РИБИ - Нема да имате многу промени на работен план, но во љубовта ќе имате многу љубовни осцилации. Ќе се преиспитувате за многу нешта во односите со партнерот. На здравствен план можна е исцрпеност поради емотивните осцилации. Релаксирајте се. Јоана Станиќ

Телефон за контакт: 02/3071-246 и 078/486-955 Телефон за контакт: 072/268-056 е-mail: vlae2@karpos.gov.mk е-mail: karpos2@karpos.gov.mk Адреса: ул.Сливовска бр.1 Адреса: ул. Бранислав Нушиќ бр.4

Телефон за контакт: 078/486-922 е-mail: nerezi@karpos.gov.mk Адреса: ул. Ванчо Мицков бр.19

Телефон за контакт: 078/486-927 е-mail: vladotasevski@karpos.gov.mk Адреса: ул.Дрезденска бр.52

Телефон за контакт: 072/268-054 и 078/486-919 Телефон за контакт: 078/486-928 и 078/486-921 Телефон за контакт: 078/918-030 е-mail: taftalidze2@karpos.gov.mk е-mail: kjpitu@karpos.gov.mk е-mail: karpos3@karpos.gov.mk Адреса: ул. Копенхагенска бр.5 Адреса: ул.Стрезово бр.7 Адреса: ул. Радика бр.9

Телефон за контакт: 072/209-685 е-mail: taftalidze1@karpos.gov.mk Адреса: ул. Букурешка бр.2

Раководител, Миле Стевков Телефон за контакт: 3078-116 и 070/235-790 е-mail: mile.stevkov@karpos.gov.mк

Телефон за контакт:078/486-931 е-mail:bardovci@karpos.gov.mk Адреса: с. Бардовци

Кабинет: 02/3061353 Сектор за правни работи: 02/3055-900 Сектор за дејности од јавен интерес: 02/3055-939 Сектор за односи со јавноста: 02/3055-920 Сектор за развој на општината: 02/3068-151 Сектор инспекторат: 02/3055-931 Сектор за финансиски прашања: 02/3055-923 Архива: 02/3055-954

Сектор за урбанизам: 02/3055-900 Сектор за уредување на градежно земјиште и комунални работи: 072/214-354 Сектор за екологија и енергетска ефикасност: 072/273 986 Одделение за утврдување и наплата на даноци, такси и други надоместоци: 02/3055-942 Одделение за заштита и спасување на граѓаните и материјалните добра: 02/3067-055

Поважни телефони Полиција Противпожарна бригада Брза помош Управување со кризи АМСМ - помош на патишта АМСМ - информативен центар Авто помош на пат (нон - стоп) Царина Матична служба - ГУВР Сала за венчање

192 193 194 195 196 155 55 9159 197 3117 037 3118 250

e-mail: gradonacalnik@karpos.gov.mk e-mail: sekretar@karpos.gov.mk официјален e-mail: kontakt@karpos.gov.mk

ПТТ - услуги Будење Точно време Информации Воена полиција Пазарен инспекторат Водовод и канализација - дежурна служба Комунална хигиена - дежурен диспечер Оџаци - оџачарски услуги

180 185 988 3227 700 975 3073 010 3224 961 2440 293

Сообраќај Меѓуградска автобуска станица Македонија сообраќај Железничка станица Аеродром Скопје

2466 313 2402 388 3234 255 3148 333

Дежурни поликлиники Букурешт Неуромедика

3064 088 3133 313

Дежурни аптеки Зегин (МНТ-подрум) Реплек - аптека бр.4

3117 614 3130 170

Здравствени објекти Клиничка болница Градска општа болница Болница 8-ми септември Детска болница - Козле Неуромедика Клиника „Мајчин дом“ Стоматолошки клинички центар Гинеколошкo - акушерска клиника Гинекологија и акушерство - Чаир ПЗО Систина медикал

3147 147 3235 000 30 87 400 3085 761 3130 000 3147 004 3299 000 3147 147 2611 033 3073 335

Дежурни поликлиники Букурешт Идадија Ѓорче Петров Јане Сандански Драчево Чаир Шуто Оризари Ченто Бит Пазар Неуромедика

3064 088 3113 033 2031 022 2463 277 2795 112 2611 506 2651 696 2522 351 3134 534 3133 313

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

ХОРОСКОП

УРБАНИ ЗАЕДНИЦИ

35


ИСТОРИСКА ПОБЕДА НА КАРПОШ СОКОЛИ ВО КОШАРКАРСКАТА ЛИГА НА ШАМПИОНИ Во вториот квалификациски натпревар од кошаркарската ФИБА Лига на шампиони, кошаркарите на Карпош соколи на гости во Талин забележаа историски успех, совладувајќи го естонски Калев Крамо со резултат 81:78. На овој меч, дури четворица кошаркари на Соколи имаа двоцифрен број на поени, Браун постигна 19, Соколов, Николовски и Мекфејден по 16 поени.


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.