Kako da mu pomognete na srceto

Page 1

ПЗУ Специјална болница по хируршки болести

„ФИЛИП ВТОРИ“

КАКО ДА МУ ПОМОГНЕТЕ НА СРЦЕТО

Прирачник за пациенти со срцева слабост


Најчесто поставувани прашања ►


Што е срцева слабост Срцева слабост не значи дека срцето престанало да работи или дека имате инфаркт, туку дека не може да пумпа доволно крв за потребите на организмот.

Како настанува срцева слабост Настанува поради многу други нарушувања. Некогаш не може да се открие вистинската причина. Најчесто настанува поради: - Коронарна артериска болест (затнување на артериите што го хранат срцето). Многу често луѓето со срцева слабост веќе прележале миокарден инфаркт. - Слабеење на срцевиот мускул ( т.н „кардиомиопатија“) - Висок крвен притисок (хипертензија) - Проблеми со срцевите валвули - Неправилен ритам на срцето (аритмија) - Токсични супстанции (како што е алкохолот) - Вродени срцеви маани - Дијабет - Проблеми со тироидната жлезда

Кои се симптомите на срцева слабост Најчести симптоми на срцевата слабост се: - гушење (особено при физички напор) - гушење при лежење на равно - општа слабост и малаксаност - отоци на нозете ( особено на стапалата и глуждот) - кашлица

Кои испитувања треба да се направат - рентген снимки на белите дробови и срцето - ЕКГ (електрокардиограм) - ехокардиографија на срцето - крвни анализи - коронарографија (по индикација)


Како оди третманот Срцевата слабост не може да се излечи комплетно. Може само да се намалат симптомите и да се подобри квалитетот на живот со лекување на примарната болест. Третманот може да биде оперативен или конзервативен. И во двата случја е потребно промена на начинот на живеење, односно соодветна диета, намалување на физичката активност, а најважно од се е редовното земање медикаментозната терапија..

Кои лекарства треба да ги земам Најчести лекови за срцевата слабост се: ►

АЦЕ инхибиторите (енап, еналаприл, реналаприл, алкадил, капторил, зоркаптил, хемоквин) ги дилатираат (прошируваат) крвните садови, со што се намалува крвниот притисок и се овозможува подобар проток на крвта;

► Диуретиците (ласикс, фуросемид, едемит форте, алдактоне, спиринолактон, хидрохлортијазид) помагаат во излачување на вишокот на вода од телото со што се спречува насобирање течност во белите дробови и се олеснува дишењето; ►

Бета-блокерите (блоксан, атенолол, пропранолол, принорм,

панапрес, пресолол, метопролол, беталок, белок, конкор, дилатренд кориол, карведилол) го подобруваат протокот на крвта и помагаат при проблеми со срцевиот ритам;

► Кардиотониците (ланитоп, плитоп, дигоксин) му помагаат на срцето подобро да пумпа крв; ► Статините (антихиперлипидемици): холеста, василип, синвастатин, атровастатин, аторис и други ги намалуваат маснотиите во крвта. ► Други кои се употребуваат како додатоци на целата терапија: калиум, магнезиум.; Поради земањето поголем број медикаменти е потребно да се прават повремени лабораториски анализи заради контрола на калиумот во крвта како и функцијата на бубрезите и црниот дроб.

Дали треба да ги земам доживотно лековите Некои од лековите можеби ќе треба да ги земате подолго време, што зависи од состојбата на срцето како и од природата на примарната болест. Секогаш консултирајте доктор ако го нема соодветниот лек и прашајте за замена.


Колку често треба да доаѓам на контрола На почетокот контролите се позачестени: може дури и секоја недела за да се видат ефектите од медикаментите. Откако ќе се адаптира терапијата и откако ќе се чувствувате подобро, контролните прегледи може да се редуцираат.

При кои промени треба да контактирам со доктор Контактирајте го вашиот лекар при секоја промена со дишењето, отоци на нозете, покачена телесна тежина за 1-2 килограми во неколку дена, како и секакви прашања околу пропишаната терапија.

Дали треба да си ја мерам телесната тежина Многу е важно да си ја мерите и да си ја запишувате телесната тежина секој ден. Секоја промена значи задршка на течност во организмот и додатно оптоварување на веќе ослабнатиот срцев мускул. Со редовното мерење и запишување, ќе му помогнете на лекарот да ја приспособи диуретската терапија и да се избегнат додатните влошувања и хоспитализации. Известете го лекарот за секоја промена во тежината за 1-2 ки-

лограми во рок од еден ден. Ако не ви се подобри дишењето и не се намали тежината, и покрај зголемената диуретска терапија веднаш, контактирајте со докторот.

Физичка активност Најпрепорачливо е пешачењето. Се почнува со куси прошетки и потоа секојдневно се зголемувуваат, во зависност од општата состојба. Секогаш престанете со физичката активност ако почуствувате гушење, замор, градна болка, ладна пот. Избегнувајте физичка активност при многу ниски или многу високи температури.


Урегентен Дијагностички Центар „ФИЛИП ВТОРИ“


Каква треба да биде исхраната Исхраната треба да биде разновидна. Најдобро е јадење свежа храна (овошје и зеленчук), без конзерванси. Да се избегнува висококалорична исхрана (шеќер и масти) како и алкохол. Најважно е во храната да не се додава сол или, пак, тоа да биде во мошне мали количества. Солта прави задршка на течности во организмот, предизвикува гушење и отежнато дишење.

Што се случува ако заборавам да испијам таблета Никогаш не земај дупла доза ако си заборавил да ја земеш во одреденото време. Продолжи со терапијата како што е одредено од лекарот.

Дали можам да возам

Ако си имал губиток на свест како резултат на аритмија, не треба да возиш. Последната регистрирана вентрикуларна аритмија треба да биде најмалку 6 месеци пред да почнеш да возиш самостојно.

Дали може да примам вакцини

Секако. Препорачливо е да се прима вакцината против грип, како и други вакцини за да спречат белодробни инфекции што може да бидат сериозни кај пациентите со срцева слабост.

Дали може да пушам

Пушењето е најстрого забрането кај сите срцеви болни. Чадот од цигарите содржи карбон моноксид што влијае врз снабдувањето на клетките со кислород.


Неколку предлози за да бидете ,,добар“ пациент: ● Земајте ја терапијата во исто време секој ден ● Проверете како треба да ги земате таблетите (пред јадење, после јадење, со храна итн)

Не ja зголемувајте дозата на своја рака; ● Консултирајте се со лекарот за земањето на секаков вид на витамини и минерали како додатоци на исхраната ● Обидете се да ја земете диуретската терапија наутро за да не се будите ноќе ● Мерете ја телесната тежина секој ден ● Престанете со пушењето ● Не пијте алкохол; ● Консултирајте се со лекар ако забележите промени при земањето на некои лекови- сува кашлица, отоци во подколениците итн. ● Одетее редовно на контролните прегледи: зпишувајте ги прашањата што сакате да му ги поставите на лекарарот.


o o

РЕЧНИК НА МЕДИЦИНСКИ ИЗРАЗИ o Ангина пекторис-стеглива градна болка како резултат на недоволно кислород во срцевиот мускул. Обично е карактеристична кај сигнификантна коронарна артериска болест. o Атеросклероза- стеснување и стврднување на крвните садови предизвикана од таложење плаки од различно потекло. o Крвни садови- во вид на цевчиња што пренесуваат крв: артерии, вени, капилари. o Коронарни артерии- артерии во срцевиот мускул и го снабдуваат со кислород o Коронарна артериска болест (КАБ)- болест на крвните садови што го хранат срцевиот мускул како резултат на стеснување и затнување од различна етиологија. o Дислипидемија- нарушување на вредностите на мастите во крвта. o Ризик фактори за кардиоваскуларни болести- хипертензија, пушење, пиење алкохол,

o

o o o

o

дислипидемија, старост, пол, фамилијарна историја за КАБ. Антихипертензиви лекови- лекови што го намалуваат високиот крвен притисок. Холестерол- супстанција што учествува во формирањето на клетките. При зголемени вредности на холестеролот во крвта настанува таложење на ѕидовите на крвните садови што води до стеснување и прекинување на протокот на крвта. ХДЛ (добар холестерол)- - липопротеин, збогатен со фосфолипиди и холестерол што го пренесува холестеролот до црниот дроб заради разградување. ЛДЛ (лош холестерол)- го пренесува холестеролот од крвта низ целото тело. Триглицериди- друг вид масти во крвта кои, исто така, може да ги затнат крвните садови. Дијабет (шеќерна болест)- зголемени количества шеќер во крвта поради недоволно лачење инсулин (хормон што помага шеќерот да се транспортира во клетките каде што се користи како енергија). Антиоксиданти- супстанции во овошјето, зеленчукот, интегралите жита, семките кои го спречуваат или намалуваат таложењето на холестеролот и другите масти во крвта на ѕидовите на крвните садови. Може да се земат како додаток на исхранат.


o Миокарден инфаркт- - затнување на една или повеќе коронарни артерии, со што се прекинува доводот на кислород што предизвикува оштетување на тој дел од срцевиот мускул o Срцева фреквенција (пулс)број на срцевите контракции во една минута o Метаболизам- хемиски промени во клетките со кој се обезбедува енергијата потребна за виталните функции и активности o Плаки- кога се работи за атеросклероза овој термин ги опишува жолтите делови од внатрешниот дел на крвните садови задебелени поради наталожените масни супстанции (масти и холестерол) и фиброзни ткива. o Ежекциона фракција- количеството на крв што се испумпува од срцето при секоја контракција, односно ја покажува пумпната сила на срцевиот мускул o Аритмија- неправилен ритам на срцето o Антихиперлипидемици-лекови што ги намалуваат мастите во крвта.

Според најновите светски статистики пациентите кои се придржувале кон советите од лекарите, земале редовно терапија, го смениле начинот на живот и знаат повеќе за својата болест имаат подобра прогноза отколку пациентите кои не се придржувале кон правилата. Најпознати web страници на кои може да се информирате повеќе за срцевите заболувања: www.americanheart.org www.heartfailure.org www.hfsa.org www.familydoctor.org


НОВА ДИМЕНЗИЈА ВО МЕДИЦИНСКАТА ДИЈАГНОСТИКА

Kомпјутеризирана томографска коронарографија

Приказ на нормални срцеви артерии


ПЗУ Специјална болница по хируршки болести

„Филип Втори”

www.cardiosurgery.com.mk; ambulanta@cardiosurgery.com.mk


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.