Goce Ristovski: Poetska prestolnina na svetot

Page 98

СВП 50 - ГОДИНИ 194

се буди пеењето над водата Награда „Браќа Миладиновци“ 1985

Лилјана Дирјан

Родена е 1953 година во Скопје. Ди­пло­ ми­рала на Филолошкиот факултет. Била на сту­ диски престој во Париз, како стипендист на фран­цуската Влада и Фондацијата Губелкијан. Ги објвила книгите поезија: Природна појава (Мисла 1980), Жива мера (Наша книга, 1985), Пелин поле (Мисла 1989), Champ d’abisinthe, (на фран­цуски јазик), 1996, кај издавачот Ест Љуест Ин­тернатионалес, Париз и Тешка свила (Матица ма­кедонска 1997). Добитник е на наградите Сту­ ден­тски збор (1980) и „Браќа Миладиновци“ (1985). Преведувана е на повеќе јазици и заста­ пена во бројни антологии на македонската современа поезија. Една од оснива­ чи­те и членка на Независните писатели на Македонија.

СЕГАШНОСТ, ДОКУМЕНТИ Би можела ако сакаш да ме опишеш земајќи ми жива мера ми рече сегашноста би можела да им создадеш вртоглавица во главите да ги изместиш од храмовите, театрите, дворците од крвта-мочуриште да ги поткренеш да пуштиш сирени за узбуна во зачепените уши да длабиш под дебелите меса да ги испотиш и замрзнеш триста жати дневно да се раскашават во својата мрсна чорба до коска да ги заболам (ако тие воопшто освен забоболка знаат што е доа) оти не можам да гледам повеќе како ме преправаат за дневна употреба во гримиорните ме проверуваат за сцена да го заменам на штиците старото лошо минато и новата сјајна иднина Лилјана Дирјан

жив сон голем колку небото „Струшките вечери на поезијата“ во 1986 година се здобија со Меѓународната

поетска библиотека во спомен-домот на Миладиновци. Ја отвори претседателот на Сојузот на писателите на Југославија Цирил Злобец. Во 1986 година „Струшките вечери на поезијата“ ја одбележаа 25-годишнината од своето постоење. Јубилејот беше добра пригода да се подвлече она што во изминатиот четвртина век ја карактеризираше оваа манифестација како крупен и значаен интернационален поетски собир, како широкоприфатена можност за меѓусебно запознавање, зближување и дружење на поетите од сите страни на светот, како афирматор на поетските вредности од сите духовни простори, како место на кое сите овие години се воспоставуваше за натаму да се развива жива и плодна меѓународна поетска и поширока културна соработка, како мост за поврзување и зближување меѓу културите и народите. За успесите постигнати на овие планови со кои се потврдија како манифестација со космополитски дух, „Струшките вечери на поезијата“ по повод нивниот сребрен јубилеј добија многукратни и безрезервни признанија. Претседателството на СФРЈ ги одли­ кува СВП со орден, заслуги за народ со златна ѕвезда. Предавајќи го ова високо одликување, претседателот на Претседателството на СРМ Драгољуб Ставрев на свечената седница на Советот истакна дека работејќи предано и сестрано врз афирмацијата и популаризацијата на поетската реч, Струшките вечери се здобија со углед на врвна уметничка манифестација позната и призната во целиот свет и дека сигурно чекорат кон тоа да бидат вистинска културна олим­ пијада. За посебни заслуги со растежот на „Струшките вечери на поезијата“, од Претседателството на СФРЈ беше одликуван и директорот на СВП Јован Стрезовски со Орден на трудот со „Златен венец“. По повод јубилејот, Деветтиот конгрес на Светската организација на писателите, што се одржа во Фиренца, донесе Резолуција за СВП, во која, истакнувајќи ги потребата и важноста од културна размена меѓу народите и земјите како битен услов за прогресот на човештвото, како и придонесот што за зближувањето на народите го дава поезијата, Конгресот ги поздравува СВП и организаторите, кои со великодуш­ ност и се посветуваат на целта на поезијата и им оддава признание како на афирматор на високите вредности во светското поетско творештво, посебно преку доделувањето на наградата „Златен венец“. Резолуцијата ја прочита истакнатиот поет од Луксембург Мимо Морина, секретар на Светската орга­ низација на поетите. Беше отворен и Архивот на поезијата, кој покрај Меѓународната поетска библиотека, претставува извонреден важен сегмент на Меѓународниот поетски центар во Струга. Како зафат од трајно значење треба да го одбележиме и Паркот на поезијата, чиешто формирање започна 1986 година, со чинот на засадување на спомен-дрвја на добитниците на на­ градата „Златен венец“. Во пораката до венценосецот од СВП Ален Гинзберг истакна: Почестен сум со наградата „Златен венец“ и се надевам дека таа ми се доделува за вредностите што јас се обидувам да ги славам во мојата поезија - еден поглед на овој свет како Свет, свет, како голем простор што е осветен од свеста за нашето смртно присуство, со осознавањето на нашите лични страдања и нашата ранливост на кукли од месо, со признавањето на мекото, нежно присуство на другите луѓе во овој жив сон голем колку небото. Слободата на имагинацијата во по­ етскиот говор нè обединува нас со телото на ова нежно широко присуство.

195 СВП 50 - ГОДИНИ


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.